ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.18 Ноември 2018
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.18 Ноември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.18 Ноември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
Инфо сесија за ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источeн плански регион, Регионална стопанска комора и Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, организираа инфо сесија за ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спиноф“. Информативната сесија се одржа на 13.11.2018 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во Кампус 2, во свечената сала на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Инструментот има за цел да го поттикне нивото на иновативност преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности на истражување и развој на „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија. Дополнително се очекува со овој инструмент да се поттикне културата на преземање на ризик и иновација, и да се обезбеди поддршка за претпријатијата кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес или услуга. Инструментот е наменет за финансирање на новоосновани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) –„старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија. Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 11.12.2018 година, до 23:59 часот. Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/startapuvaj со клик на копчето „Аплицирај“. Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.18 Ноември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 Врз основа на член 9 став 1 точка б од Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европските Заедници за правилата за соработка во однос на финансиската помош од ЕК на Република Македонија и спроведување на помошта според компонента V (ИПАРД) од инструментот за претпристапна помош (“Сл. весник на РМ“ бр. 38/2016), врз основа на Дел II мерка Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи точка 11 од Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2014-2020 (“Сл. весник на РМ“ бр. 177/2016), и врз основа на член 6 од Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од програмата ИПАРД 2014-2020 (“Сл. весник на РМ“ бр. 64/2016) Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 30 ноември 2018 година објавувa: ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 Крајниот рок за поднесување на барањата е 14 Јануари 2019 година Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 13.178.668,00 евра или 810.422.183,74 ден.
Повеќе информации за јавниот повик на следниот линк: http://mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=266
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.18 Ноември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА Решение за давање на дозвола за работење на брокер; Службен весник на Република Македонија, Број 200, од 1 ноември 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Одлука од Советот на јавните обви-нители на Република Македонија; Службен весник на Република Македонија, Број 200, од 1 ноември 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Одлука за изменување и дополну-вање на Одлуката за утврдување на обрасците предвидени во Правил-никот за содржината и начинот на остварување на правата и об-врските од задолжителното здрав-ствено осигурување; Службен весник на Република Македонија, Број 200, од 1 ноември 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Одлука за изменување и дополну-вање на Одлуката за висинатa на надоместокот за активности и офи-цијални контроли на храна и храна за животни која се увезува во Република Македонија и активности и официјални контроли на храна и храна за животни која се произве-дува и става во промет како и на-чин на нивна наплата. Службен весник на Република Македонија, Број 202, од 6 ноември 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за изменување и дополну-вање на Одлуката за висинатa на надоместокот за активности и офи-цијални контроли на храна и храна за животни која се увезува во Република Македонија и активности и официјални контроли на храна и храна за животни која се произве-дува и става во промет како и на-чин на нивна наплата. Службен весник на Република Македонија, Број 202, од 6 ноември 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) Изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 207, од 14 ноември 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.18 Ноември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА
Закон за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски. Службен весник на Република Македонија, Број 209, од 15 ноември 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Закон за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Службен весник на Република Македонија, Број 209, од 15 ноември 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Одлука за утврдување на цената на годишната претплата на службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“ за 2019 година. Службен весник на Република Македонија, Број 209, од 22 ноември 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Одлука за утврдување на цената на годишната претплата на Регистарот на прописи на Република Македонија за 2019 година. Службен весник на Република Македонија, Број 209, од 22 ноември 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Уредба за знаците за тревожење, начинот и процедурите за тревожење и постапките на населението. Службен весник на Република Македонија, Број 217, од 27 ноември 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) Програма за изменување на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 218, од 28 ноември 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.18 Ноември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Декември Рок
до 10-ти во месецот
до 25-ти Декември
до 31-ви Декември
Образец
Даночен обврзник
Опис
МПИН
Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
ДДВ-04
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
ПДД-П
Граѓани (трговецпоединец, занатечија и сл.)
Ако остварувате приходи од самостојна дејност и не сте во состојба да водите деловни книги, поради определени околности, можете да поднесете образец “ПДД-П”, заради паушално плаќање на персоналниот данок на доход.
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/12
WWW.INVESTINEASTREGION.MK