Заедно за развој - ебилтен бр.19, декември 2018

Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

E-БИЛТЕН бр.19 Декември 2018

Во овој број ...

1

НОВОСТИ

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

3

ЛЕГИСЛАТИВА

4

ИЗВЕСТУВАЊЕ

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.19 Декември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.19 Декември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

1

НОВОСТИ

Одржана Осма свечена седница на Совет за развој на Источен плански регион

На ден 26.12.2018 година се одржа Осмата свечена седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Чешиново-Облешево. На Седницата се усвои Финансискиот план на Центарот за развој на источен плански регион за 2019 година и се донесе годишниот Акционен план за 2019 година за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019. Планираните активности за 2019 година предвидуваат зголемување на бројот на проекти кои ќе се реализираат низ целиот Источен плански регион, од кои 90% претставуваат капитални инвестиции.

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.19 Декември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

Објавен нов јавен повик од ИПАРД 2, поддршка за инвестиции во преработувачки капацитети

Објавен е јавен повик за мерката „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, од европската ИПАРД 2 програма. Со овој јавен повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка. Притоа, 75 отсто од средствата кои ќе бидат кофинансирани ќе бидат обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на европската унија ИПАРД 2014-2020, а 25 отсто од средствата ќе бидат кофинансирани од Буџетот на Република Македонија. „Ефикасното искористувањето на парите од ИПАРД Програмата е наш врвен приоритет, затоа што вложувањето на овие средства значи модернизирање и зголемување на конкурентноста на македонското земјоделство. Нашите политики веќе даваат резултати. Само за првиот повик од ИПАРД 2 се склучени околу 940 договори во вредност од 18 милиони евра, што е и повеќе од целиот програмски период за ИПАРД 1. Затоа, со предлог Буџетот за 2019 година го зголемивме националното кофинансирање за ИПАРД од 60 милиони денари за 151 милиони денари“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Крајниот рок за поднесување на барањата е 14-ти јануари 2019 година, а вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик над 13,2 милиони евра.

Повеќе информации за јавниот повик на следниот линк: http://mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=269

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.19 Декември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

3

ЛЕГИСЛАТИВА  Одлука за изменување на Одлуката за користење на повластена тарифа на електрична енергија произведе-на од обновливи извори на енергија; Службен весник на Република Македонија, Број 223, од 6 декември 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Решение за изменување на Решението за стекнување на статус на повластен производител на елек-трична енергија произведена од об-новливи извори на енергијa; Службен весник на Република Македонија, Број 223, од 6 декември 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, макси-малните износи и начинот на директните плаќања за 2018 година; Службен весник на Република Македонија, Број 224, од 7 декември 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Програма за изменување и дополнување на Програмата за статис-тички истражувања за периодот 2018-2022 година; Службен весник на Република Македонија, Број 224, од 7 декември 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Програма за изменување на Програмата за научно-истражувачката дејност за 2018 година; Службен весник на Република Македонија, Број 224, од 7 декември 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Правилник за критериумите за склучување договори, утврдување на постапката за определување на месечниот износ на средства и на-чинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат обезбедување на осигу-рените лица со лекови на рецепт од листата на лекови кои паѓаат на то-вар на Фондот во примарна здрав-ствена заштита; Службен весник на Република Македонија, Број 224, од 7 декември 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.19 Декември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

3

ЛЕГИСЛАТИВА

 Програма за дополнување на Програмата за финансиска под-дршка во земјоделството за 2018 година; Службен весник на Република Македонија, Број 225, од 10 декември 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)  Програма за изменување и допол-нување на Програмата „Здравје за сите" за 2018 година; Службен весник на Република Македонија, Број 231, од 18 декември 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)  Програма за изменување и допол-нување на Програмата „Здравје за сите" за 2018 година; Службен весник на Република Македонија, Број 231, од 18 декември 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)  Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансис-ка поддршка во земјоделството за 2018 година; Службен весник на Република Македонија, Број 231, од 18 декември 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)  Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година; Службен весник на Република Македонија, Број 231, од 18 декември 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)  Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година; Службен весник на Република Македонија, Број 231, од 18 декември 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.19 Декември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ИЗВЕСТУВАЊА

4

УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Обрасци кои се поднесуваат во месец Декември Рок

до 10-ти во месецот

до 25-ти Декември

до 31-ви Декември

Образец

Даночен обврзник

Опис

МПИН

Работодавaчи

Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.

ДДВ-04

Фирми и граѓани

Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

ПДД-П

Граѓани (трговецпоединец, занатечија и сл.)

Ако остварувате приходи од самостојна дејност и не сте во состојба да водите деловни книги, поради определени околности, можете да поднесете образец “ПДД-П”, заради паушално плаќање на персоналниот данок на доход.

Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/12

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.