>е-Билтен бр.20 - Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во

Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

E-БИЛТЕН бр.20 Јануари 2019

Во овој број ...

1

НОВОСТИ

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

3

ЛЕГИСЛАТИВА

4

ИЗВЕСТУВАЊЕ

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.20 Јануари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.20 Јануари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

1

НОВОСТИ

Потпишан Договор за „Истражувања и подготовка на досие за апликација на геопарк Лесново за членство во Глобалната мрежа на геопаркови при УНЕСКО“

Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Македонија во рамки на номинацијата на Геопарк Лесново во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО. На 23 јануари 2019 година во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се потпиша договор за истражување и подготовка на досието за аплицирање на Лесново за членство во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО. Универзитетот „Гоце Делчев“ во својот експертски тим вклучува и експерти од Природно-математичкиот факултет од Скопје и МАНУ сѐ со цел подготовка на што поквалитетна апликација и во текот на октомвриноември 2019 година преку официјалниот канал за комуникација ќе се поднесе апликацијата до Советот за геопаркови на УНЕСКО. Во рамки на оваа програмска активност, во соработка со општина Пробиштип и општина Кратово се предвидува и изведување на инфраструктурни проекти кои заедно со богатото геолошко наследство и културните традиции во регионот ќе придонесат кон прогласувањето на Лесново за прв геопарк во Република Македонија.

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.20 Јануари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

Јавен повик за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта - ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување. Времетраењето на истражувачкиот проект не треба да надминува 6 (шест) месеци. Предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати, како што се на пример истражувачки есеј, изработка на проектна задача, изработка на прототип, аудио-визуелен материјал, дигитален материјал и слично. Предложените истражувачки проекти треба да бидат комплементарни на наставните програми и да соодветствуваат со когнитивните способности на возрасната група. Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 2.500.000 (два милиони и петстотини илјади) денари. Ќе бидат доделени награди во две категории: • Категорија 1: Истражувачки проекти во основното образование • Категорија 2: Истражувачки проекти во средното образование Повикот се однесува на сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија кои имаат креативни ученички и ученици со желба да истражуваат и освојуваат награди.

Пријавувањето на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи трае до 31.03.2019 година заклучно со 23:59 часот.

Повеќе информации за јавниот повик на следниот линк: http://www.fitr.mk/predizvikzamladi2/#toggle-id-8

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.20 Јануари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

3

ЛЕГИСЛАТИВА  Годишна наредба за здравствена заштита на животните во 2019 година; Службен весник на Република Македонија, Број 3, од 9 јануари (www.slvesnik.com.mk)

2019, среда

 Програма за задолжително здравствено осигурување на државјаните на Република Македонија кои не се задолжително здравствено осигура-ни за 2019 година; Службен весник на Република Македонија, Број 4, од 10 јануари 2019, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на плати-те на државните службеници за 2019 година; Службен весник на Република Македонија, Број 4, од 10 јануари 2019, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Програма за организирање и унап-редување на крводарителството во Република Македонија за 2019 година Службен весник на Република Македонија, Број 4, од 10 јануари 2019, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Решение за ставање во примена на базата на податоци од дигиталните катастарски планови Службен весник на Република Македонија, Број 4, од 10 јануари 2019, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата во Ре-публика Македонија за 2019 година Службен весник на Република Македонија, Број 9, од 16 јануари 2019, среда (www.slvesnik.com.mk)  Правилник за ненавремено пренесување на придонеси Службен весник на Република Македонија, Број 9, од 16 јануари (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK

2019, среда


Месечен E-БИЛТЕН бр.20 Јануари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

3

ЛЕГИСЛАТИВА  Правилник за измена и дополнува-ње на Правилникот за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови Службен весник на Република Македонија, Број 9, од 16 јануари 2019, среда (www.slvesnik.com.mk)  Исправка на Правилник за членство во задолжителен пензиски фонд Службен весник на Република Македонија, Број 9, од 16 јануари (www.slvesnik.com.mk)

2019, среда

 Програма за контрола и превентива на одделни физички, хемиски и биолошки опасности во определени видови или категории храна за 2019 година Службен весник на Република Македонија, Број 13, од 21 јануари 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за давање согласност за пренос на Договорот за концесија за вода за изградба на мали хид-роелектрични централи за произ-водство на електрична енергија со бр.127348/4 од 16.7.2009 година Службен весник на Република Македонија, Број 16, од 24 јануари 2019, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за давање на согласност на Годишната програма за работата на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Маке-донија за 2019 година Службен весник на Република Македонија, Број 16, од 24 јануари 2019, четврток (www.slvesnik.com.mk)  нцијата за планирање на просторот во 2019 година Службен весник на Република Македонија, Број 18, од 28 јануари 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk)  Програма за заштита на природата за 2019 година Службен весник на Република Македонија, Број 18, од 28 јануари 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.20 Јануари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ИЗВЕСТУВАЊА

4

УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2019 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот. Обрасци кои се поднесуваат во месец Февруари Рок

Образец

Даночен обврзник

Опис

до 10-ти во месецот

МПИН

Работодавaчи

Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.

до 15-ти Февруари

ДД-И

Фирми

Доколку вршите исплата на приходи на странски правни лица кои се оданочиви по задршка (“данок на задршка”), должни сте да поднесете образец “ДД-И”.

до 25-ти Февруари

ДДВ-04

Фирми и граѓани

Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

Фирми

Доколку сте правно лице/резидент на Република Македонија - кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или постојана деловна единица на нерезидент - која остварува добивка од вршење на дејност на територија на Република Македонија, поднесете Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), заради утврдување на данокот на добивка.Доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма, рокот за доставување на “ДБ“ е до 15-ти Март.

до 28-ми Февруари

ДБ

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.20 Јануари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

до 28-ми Февруари

ДБ-ВП

Фирми

Доколку ги исполнувате условите за влез во „поедноставениот даночен режим за трговски друштва“ за оданочување со данок на вкупен приход односно сте оствариле вкупен приход во претходната година до 3 милиони денари на годишно ниво или пак од 3 000 001 до 6 000 000 денари на годишно ниво и сакате да се определите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход, поднесете образец “ДБ-ВП“.Доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма, рокот за доставување на “ДБ-ВП“ е до 15-ти Март.

Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/2

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.