ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.21 Февруари 2019
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.21 Февруари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.21 Февруари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, одржана на 20.02.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“
Првата форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се одржа на 20.02.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа започнува со идентификација на проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2018-2020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.21 Февруари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
Имајќи ја во предвид потребата за подобрување на капацитетите на центрите во подготовката, управувањето и имплементацијата на иновативни регионални проекти како и зголемување на транспарентноста и одговорноста на регионалните совети се пружа одлична шанса во координација и соработка со релевантните засегнати страни приватниот сектор, академската заедница, и граганското општество да се одлучува за она што е приоритет и потреба во регионот. Една од активностите на овој проект е токму организирација на форумски сесии. Вкупниот буџет наменет за реализирање на оваа активност, а кој што ке биде доделен на успешните плански региони изнесува 842.000,00 CHF, односно 45.658.000,00 денари чие доделување ке биде согласно Одлуката за степенот на развиеност на планските региони за квалитетни предлог проекти. Средствата што нашиот регион може да ги обезбеди се на максимален износ од 95.158 CHF, за проекти од областа на туризмот, животната средина, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија. Во рамките на првата форумска сесија се дискутираше за проблеми кои го засегаат регионот и се нудеа решенија од кои произлегоа проектни идеи/концепти за предлог проекти. Во наредните сесии од овие концепти за предлог проекти, учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните, кои ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд, а на последната сесија ќе се даде повратна информација за реализацијата на избраниот / избраните форумскиот проект/и и препораки.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.21 Февруари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
Втора форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, одржана на 27.02.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ Втората форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се одржа на 27.02.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа започна со идентификација на проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2018-2020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација. На ден 20.02.2019 година (среда) се оддржа Првата форумска сесија на која се дискутираше за проблеми кои го засегаат регионот и се нудеа решенија од кои произлегоа проектни идеи / концепти за предлог проекти. На Втората форумска сесија која се оддржа на ден 27.02.2019 година (среда), учесниците имаа свои презентации и дискусии со што ги претставија своите предлог проекти на форумот со цел за да на наредната форумска сесија се изберат најприоритетните. Откако ќе се изберат најприоритетните предлог проекти на третата форумска сесија, најприоритетните предлог проекти што ќе се изберат ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд, а на последната сесија ќе се даде повратна информација за реализацијата на избраниот форумскиот проект.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.21 Февруари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
Јавен повик за директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии Предмет на јавниот повик е субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци согласно условите за субвенционирање за следните подмерки: I. Финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија во вкупен износ од 21.000.000,00 денари. (линк до Услови и потребни документи за аплицирање) II. Финансиска поддршка за женско претприемништво во вкупен износ од 2.500.000,00 денари. (линк до Услови и потребни документи за аплицирање) III. Субвенционирање на трошоци на занаетчии во износ од 4.000.000 денари (линк до Услови и потребни документи за аплицирање ) Еден апликант може да користи субвенција само за една од горенаведените подмерки. Барањата за субвенционирање ќе ги разгледува Комисија формирана од министерот за економија. Во случај да поднесеното Барање за субвенционирање е некомплетно, односно недостасува некој од потребните документи наведени во Условите и потребните документи за аплицирање за конкретна подмерка, Комисијата писмено ќе побара од апликантот да го дополни Барањето со документите кои недостасуваат, во определен рок. Со цел запазување на принципот “прв дојден, прв услужен“, за Барањата со некомплетна документација, како датум на поднесување на Барањето ќе се смета датумот и часот на последното дополнување на Барањето преку архивата на Министерството за економија, односно датумот кога Барањето за субвенционирање ќе биде целосно комплетирано. Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е до 31.05.2019 година. Повеќе информации за јавниот повик на следниот линк: http://www.economy.gov.mk/doc/2521
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.21 Февруари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
Закон за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој Службен весник на Република Македонија, Број 27, од 5 февруари 2019, вторник (www.slvesnik.com.mk) Спогодба за утврдување на најнис-ката плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност Службен весник на Република Македонија, Број 27, од 5 февруари 2019, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Уредба за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија.
Службен весник на Република Македонија, Број 29, од 5 февруари 2019, вторник (www.slvesnik.com.mk) Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година Службен весник на Република Македонија, Број 29, од 5 февруари 2019, вторник (www.slvesnik.com.mk) Програма за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2019 година Службен весник на Република Македонија, Број 29, од 5 февруари 2019, вторник (www.slvesnik.com.mk) Правилник за дополнување на Правилникот за лиценца за вршење на геодетски работи Службен весник на Република Македонија, Број 29, од 5 февруари 2019, вторник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2019 година Службен весник на Република Македонија, Број 34, од 8 февруари 2019, петок (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.21 Февруари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ МАРТ 2019 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Март
Рок
до 10-ти во месецот
до 15-ти Март
до 15-ти Март
Образец
Даночен обврзник
Опис
МПИН
Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
ПДД-ДБ
Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност
Трговци поединеци и самостојни вршители на дејност (нотари, адвокати, стоматолози, занаетчии, сметководители, уметници и др.), за остварената добивка/загуба од вршење на дејност поднесете образец “ПДД-ДБ” по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk
Фирми
Доколку сте правно лице/резидент на Република Македонија - кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или постојана деловна единица на нерезидент - која остварува добивка од вршење на дејност на територија на Република Македонија и доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате поднесено во електронаска форма, поднесете Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), заради утврдување на данокот на добивка.
ДБ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.21 Февруари 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
до 15-ти Март
до 15-ти Март
до 25-ти Март
до 31-ви Март
Б
ДБ-ВП
ДДВ-04
ДД-01
Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност
Трговци поединеци и самостојни вршители на дејност (нотари, адвокати, стоматолози, занаетчии, сметководители, уметници и др.), за остварената добивка/загуба од вршење на дејност поднесете образец “Б” по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk
Фирми
Доколку ги исполнувате условите за влез во „поедноставениот даночен режим за трговски друштва“ за оданочување со данок на вкупен приход односно сте оствариле вкупен приход во претходната година до 3 милиони денари на годишно ниво или пак од 3 000 001 до 6 000 000 денари на годишно ниво и сакате да се определите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход, и доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма, поднесете образец “ДБ-ВП“.
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
Фирми
Доколку сте правно лице кое во изминатата година остварило финансиска загуба во Билансот на успех, поднесете образец “ДД-01“ со цел да остварите право на намалување на даночната основа во идните пресметковни периоди.
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/3
WWW.INVESTINEASTREGION.MK