ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.22 Март 2019
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.22 Март 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.22 Март 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
Трета форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, одржана на 06.03.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ Третата форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се одржа на 06.03.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа ги идентификуваше проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 20182020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација. На Третата форумска сесија која се оддржа на ден 06.03.2019 година (среда), учесниците имаа свои кратки презентации и дискусии со што ги претставија своите предлог проекти со деталниот буџет на форумот со цел за да се изберат најприоритетните.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.22 Март 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
На оваа форумска сесија се гласаше, кои концепти влегуваат и се рангираат во првите 5 (пет). Модераторот објасни дека првите 5 (пет) рангирани проекти, односно концептите за истите ќе се презентираат на Советот за развој на Источен плански регион. Откако Советот за развој на Источен плански регион ќе ги одобри првите 5 (пет) концепти, Центарот за развој на Источен плански регион првите 3 (три) концепти ги испраќа во Министерството за локална самоуправа и Проектната единица. Советот го има во предвид мислењето од граѓаните. Модераторот ја презентираше и оценката од спроведената евалуација од II (вториот) форум. Прво рангираните концепти се следните: Реконструкција на ски-лифтовите на Пониква; Партерно уредување на Пехчевски водопади; Доградба и реконструкција на дом за стари лица – Берово; Подобрување на можноста за развој на езерски туризам во Источниот плански регион; 5. Создавање на просторни услови во Теракота Виница; 1. 2. 3. 4.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.22 Март 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ Известување за консултанти самовработување 2019
Програмата за самовработување како дел од оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година на Владата на Република Македонија, се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика, УНДП, Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) како и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ (АППРМ). Улогата на АППРМ, во реализација на мерката самовработување, е во делот на изработка на бизнис планови како и поддршка преку обуки, совети и други информации во текот на првата година од работењето на новоформираните претпријатија, што се реализира преку Фондациите за поддршка на претпријатијата, односно регионалните центри (РЦ) и овластените советници во Програмата на ваучерското советување. Советниците кои се овластени за изработка на бизнис план и кои се регистрирани во ваучерскиот систем на советување, имаат можност да бидат вклучени во Програмата за самовработување 2019 при што треба да изработат бизнис план за селектираните невработени лица кои се дел од оваа програма. Во врска со реализација на средбите во наведените термини Ве известуваме за следното: 1. Пријавувањето за овој циклус за петта фаза е најдоцна до 19.04.2018 година до 23:59 часот потребно е преку соодветниот софтвер да се пријавите за ваше можно ангажирање на наведените локации и термини. При изборот на локациите и термини на настаните (средбите со клиентите) ВЕ МОЛИМЕ ДА ВНИМАВАТЕ ЗА МОЖНОТО ПРЕКЛОПУВАЊЕ НА НАСТАНИТЕ. 2. После Вашето пријавување на наведените локации и термини, невработените лица имаат можност да одберат соодветен советник. 3. Листата на апликанти кои Ве одбрале не е конечна и може да претрпи измени од страна на АППРМ доколку за тоа има потреба. - По добивањето на информациите од претходните точки, АППРМ, ќе Ве информира дали ќе бидете ангажирани и на која локација најдоцна еден ден пред отпочнување на предвидените средби со клиентите.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.22 Март 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
Средбите помеѓу советниците и клиентите ќе се организираат во просториите на Центрите за вработување каде Вие како потенцијални изработувачи на бизнис плановите би се запознале со клиентите, односно би отпочнале со процесот на советување и изработка на бизнис план. За овој дел од Програмата за самовработувањето каде АППРМ се вклучува со Ваучерскиот систем за советување, преку изработка на бизнис планови, важи Прирачникот на процедури за спроведување на програмата за ваучерско советување со кои се имате согласено. Рок на завршување на бизнис плановите е: во прва фаза е 14 МАЈ во втора фаза е 28 МАЈ во трета фаза е 12 ЈУНИ во четврта фаза е 02 ЈУЛИ во прва фаза е 15 ЈУЛИ Апликација за пријавување на советници Потребни документи за изработка на бизнис план НАПОМЕНА: 1. Доколку сте вклучени како тренер во обуките за самовработување 2019, НЕ МОЖЕ да бидете вклучени и како советник за изработка на бизнис план во местото каде сте биле тренер. Доколку, како овластен советник во Каталогот на советници на АППРМ, не сте добиле електронска пошта со Ваше корисничко име и лозинка може да се обратите до АППРМ, односно до: -
Никола Таневски 3 120 132 лок 103 (nikola@apprm.gov.mk) Маријан Стојчев 3 120 132 лок 113 (marjan@apprm.gov.mk)
Повеќе информации за јавниот повик на следниот линк: http://apprm.gov.mk/news_selected/ERR/62683/56723/180
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.22 Март 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА
Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на одобрение за локација за поставување на објект на водна површина и формата и содржината на одобрението за локација за поставување на објект на водна површина; Службен весник на Република Македонија, Број 51, од 7 март 2019, четврток (www.slvesnik.com.mk) Одлука за издавање на Лиценца за пробна работа за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија; Службен весник на Република Македонија, Број 51, од 7 март 2019, четврток (www.slvesnik.com.mk) Одлука за еднострано времено укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на Република Азербејџан; Службен весник на Република Македонија, Број 53, од 11 март 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за еднострано времено укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на Тајван; Службен весник на Република Македонија, Број 53, од 11 март 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2019 година; Службен весник на Република Македонија, Број 53, од 11 март 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk Решение за ставање во примена на базата на податоци од дигиталните катастарски планови; Службен весник на Република Македонија, Број 53, од 11 март 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.22 Март 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ АПРИЛ 2019 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Aприл Рок
до 10-ти во месецот
до 25-ти Април
Образец
Даночен обврзник
Опис
МПИН
Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
ДДВ-04
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/4
WWW.INVESTINEASTREGION.MK