е-Билтен бр.22 - Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во

Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

E-БИЛТЕН бр.23 Април 2019

Во овој број ...

1

НОВОСТИ

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

3

ЛЕГИСЛАТИВА

4

ИЗВЕСТУВАЊЕ

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.23 Април 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.23 Април 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

1

НОВОСТИ Информативна сесија и презентација на Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации – Фондот за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источeн плански регион и Регионална стопанска комора, организираа Информативна сесија и презентација на Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. Информативната сесијата се одржа на 22.04.2019 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот во малата конференциска сала на Општина Штип. Целта на инструментот е да поттикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и приватниот сектор со високообразовните и научноистражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации. Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) се до предкомерцијална (пред-пазарна) фаза.

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.23 Април 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

Инструментот е наменет за микро, мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие, установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност или ПЗУ. Инструментот нуди финансиска поддршка на претпријатија и ПЗУ регистрирани во Република Северна Македонија со цел да развијат и имплементираат иновативни решенија, вклучувајќи поддршка на претпријатија и ПЗУ со висок потенцијал за раст. Јавниот повик се однесува на кофинансирање на предлог проекти до максимален износ на финансиска поддршка од страна на Фондот до 325.000,00 (три стотини дваесет и пет илјади) евра при што зависно од големината на правното лице апликант максималниот износ на процентот на кофинансирање од страна на Фондот е:  70% (седумдесет проценти) за микро и мали правни лица; и  60% (шеесет проценти) за правни лица со средна големина. Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 15.05.2019 година, до 23:59 часот. За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок. На следниот линк можете да го погледнете Јавниот повик http://www.fitr.mk/inovacii/#toggle-id-1

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.23 Април 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

2

ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2019 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година I.

ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки: ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ НА БАРАТЕЛОТ

Код на мерка

Назив на мерка

121

Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства

121.4 II.

Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник до 3.500.000 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник

Набавка на трактори

КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти: Субјекти Код на мерка Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

Мерка 121

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.23 Април 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА Средствата се наменети за инвестиции за набавка на трактор, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година. Напомена: Јавниот повик се однесува само за инвестиции во набавка на трактори, додека набавка на приклучна земјоделска механизација не е прифатлив трошок во овој јавен повик! Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.4 изнесува 3.500.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво. IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година. Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни: - Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура и - Минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0419-12116-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето Крајниот рок за доставување на барањата е 30.05.2019 година. Јавниот повик можете да го погледнете на следниот линк: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=483

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.23 Април 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

3

ЛЕГИСЛАТИВА  Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање;

Службен весник на Република Македонија, Број 67, од 1 април (www.slvesnik.com.mk)

2019, понеделник

 Одлука за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад; Службен весник на Република Македонија, Број 68, од 1 април 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за потврдување на Годишна пресметка за 2018 година на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството; Службен весник на Република Македонија, Број 68, од 1 април 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата; Службен весник на Република Македонија, Број 68, од 1 април 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk)  Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација и начинот за стекнување квалификувано учество во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво и друштво за застапување во осигурување; Службен весник на Република Македонија, Број 69, од 2 април 2019, вторник (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за запишување на правото на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Северна Македонија во катастарот на недвижности; Службен весник на Република Македонија, Број 70, од 4 април 2019, четврток (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.23 Април 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ИЗВЕСТУВАЊА

4

УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ МАЈ 2019 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Обрасци кои се поднесуваат во месец Мај Рок

Образец

Даночен обврзник

Опис

до 10-ти во месецот

МПИН

Работодавaчи

Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.

до 25-ти Мај

ДДВ-04

Фирми и граѓани

Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

до 31 Мај

ПДДГДП

Граѓани

Доколку сте оствариле доход кој подлежи на оданочување со данокот на доход (плата, регрес за годишен одмор, закуп на недвижен имот, дивиденда и сл) должни сте да ја потврдите точноста на податоците од Пополнетата годишна даночна пријава или да ја коригирате пријавата

Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/5

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.