ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.25 Јуни 2019
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.25 Јуни 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.25 Јуни 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ ЗА ДАВАЊЕ НА ЈАВНИ УСЛУГИ ОД ОБЛАСТА НА ЗДРАВЈЕТО НА РАСТЕНИЈАТА I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Растенијата како добро од општ интерес имаат посебна заштита утврдена со Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15, 39/16 и 83/18). Нарачател на јавниот конкурс е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа. Право на учество на јавниот конкурс имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат општите услови од член 60 од Закон за здравјето на растенијата и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011). II. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС Предмет на јавниот конкурс е издавање на дозволи за давање на услуги во областа на здравјето на растенијата. III. ВИД НА ЈАВНА УСЛУГА ЗА КОЈА СЕ ИЗДАВА ДОЗВОЛАТА Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа издава дозволи за вршење на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата и тоа за следните видови на услуги: интервенирање во случај на ненадејни појави на карантински штетници на растенијата, каламитетни појави и епифитоции на штетни организми; 1.2. обезбедување метеоролошки, биолошки и други податоци за целта на следењето и прогнозирањето на појавата на штетни организми; 1.3. едуцирање на сопствениците и други лица вклучени во спроведување на активностите поврзани со здравјето на растенијата; 1.4. издавање на пасоши за растенија; 1.5. спроведување на научно-истражувачки развојни активности и 1.6. вршење дезинсекција, дезинфекција и дератизација заради здравјето на растенијата. Заинтересираните субјекти можат да поднесат пријава за сите или поединечни активности од горенаведените точки. 1.1.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.25 Јуни 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
Рокот за поднесување на понудите е десет (10) работни дена од денот на неговото објавување. Пријавите се доставуваат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Фитосанитарна управа, ул. Аминта Трети бр.2 1000 Скопје. На следниот линк можете да го погледнете Јавниот повик http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=526
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ НА ЗДРУЖЕНИЈА ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ОДРЖЛИВО КОРИСТЕЊЕ НА ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ ВО СЛИВНОТО ПОДРАЧЈЕ НА РЕКА БРЕГАЛНИЦА Референтен број 05-229/2 Центарот за развој на Источен плански регион објавува повик за учество на Здруженија кои се регистрирани во хидролошкото сливно подрачје на реката Брегалница согласно Законот за здруженија и фондации, кои имаат активен статус и имаат претходно искуство во спроведување на проектни активности во областа на одржливо управување со природните ресурси. Целта на Јавниот повик е преку реализација на проекти да се поттикне одржливо користење на природните ресурси во регионот, односно кон воспоставување и практикување на одржливо користење на геодиверзитетот, геонаследството, биолошката и пределската разновидност, преку употреба на традиционани знаења, иновации, најдобри практики. За да биде подобен за финансирање, предложениот проект мора во целост да се реализира во област која физички е дел од хидролошкото сливно подрачје на реката Брегалница. Јавниот повик е отворен до 03.07.2019 година до 15 часот, до кога сите заинтересирани апликанти треба да ги достават потребните документи до просториите на Центарот за развој на Источен плански регион. Реализацијата на проектните концепти од овој Јавен повик се поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија - фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Јавниот повик можете да го погледнете на следниот линк: http://eastregion.mk/118-mk/новости/1129-javen-povik-za-predlozi-na-zdruzhenija-za-implementiranjena-proekti-za-odrzhlivo-koristenje-na-prirodnite-resursi-vo-slivnoto-podrachje-na-reka-bregalnica
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.25 Јуни 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА
Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година; Службен весник на Република Македонија, Број 113, од 3 jуни (www.slvesnik.com.mk)
2019, понеделник
Програма за изменување на Годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2019 година; Службен весник на (www.slvesnik.com.mk)
Република
Македонија,
Број
114,
од
5
jуни
2019,
среда
Програма за изменување на Годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2019 година; Службен весник на (www.slvesnik.com.mk)
Република
Македонија,
Број
114,
од
5
jуни
2019,
среда
Правилник за начелата на внатрешна организација на центар за социјална работа; Службен весник на (www.slvesnik.com.mk)
Република
Македонија,
Број
116,
од
7
jуни
2019,
петок
Закон за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија; Службен весник на Република Македонија, Број 124, од 18 jуни (www.slvesnik.com.mk)
2019, вторник
Правилник за формата и содржината на потврдата за стекнати знаења, вештини и компетенции на практикантот, описот на практикантската работа и времетраењето на практикантската работа; Службен весник на Република Македонија, Број 127, од 21 jуни 2019, петок (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.25 Јуни 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ ЈУЛИ 2019 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Јули Рок
до 10-ти во месецот
до 25-ти Јули
Образец
Даночен обврзник
Опис
МПИН
Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
ДДВ-04
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/7
WWW.INVESTINEASTREGION.MK