е-Билтен бр.26 Јули 2019 - Заедно за развој

Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

E-БИЛТЕН бр.26 Јули 2019

Во овој број ...

1

НОВОСТИ

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

3

ЛЕГИСЛАТИВА

4

ИЗВЕСТУВАЊЕ

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.26 Јули 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.26 Јули 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

1

НОВОСТИ

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА TЕНДЕР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ФАЗА. II И III Во рамки на проектот финансиран од Европската унија “Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавен е јавен тендер (Референтен број: 2019/CSAPC/FOMCD/102054) за извршување на “Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија Фаза. II и III - Планирање на распределба на земјиште и дизајн на интервенции во земјоделска инфраструктура во Соколарци, Спанчево, Оптичари и Логоварди”. Врз основа на резултатите од физибилити студиите неодамна спроведени во горе-надеведите четири консолидациони подрачја, тендерираните услуги што ќе треба да се спороведат во рамки на оваа нова проектна фаза, вклучуваат: проценка на вредноста на земјиштето, технички дизајн на земјоделската инфраструктура во согласност со Законот за консолидација на земјоделско земјиште и друга релевантна легислатива, подготовка на планови за распределба преку процес на партиципативно преговарање со сопствениците и корисниците на земјиште, изработка на геодетски истражувања, обележување на границите на новите земјишни парцели во проектното консолидационо подрачје. Геодетските компании кои се заинтересирани да учествуваат треба да бидат регистрирани во Регистарот на вршители на работи во функција на консолидација на земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со член 9-а од Законот за консолидација на земјоделско земјиште. Со цел да имаат пристап до тендерските документи и да можат да поднесат понуда, заинтересираните компании треба прво да се регистрираат на Порталот на Обединети Нации за глобален пазар - United Nations Global Marketplace portal (УНГМ-UNGM) на: https://www.ungm.org/Vendor/Registration, бидејќи само регистрираните компании ќе имаат право да учествуваат. После успешна регистрација компаниите ќе можат да пристапат до тендерските документи и да ги поднесат своите понуди преку истиот UNGM портал (https://www.ungm.org/Account/Account/Login). Крајниот рок за поднесување на понуди за тендерот е понеделник, 5 Август, 2019 до 08:30 часот (по централно европско време). На следниот линк можете да го погледнете Јавниот повик http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=568

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.26 Јули 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА СТАРТ-АП БИЗНИСИ ЗА РАЗВОЈ НА ЕКОТУРИЗАМ И ПРОМОЦИЈА НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА Референтен број 05-287/2 Центарот за развој на Источен плански регион објавува повик за млади невработени лица со постојана адреса на живеење во општините во рамки на Источниот плански регион, кои имаат претприемнички дух и визија за започнување на сопствен бизнис. Целта на Јавниот повик е да се зајакне соработката со приватниот сектор преку поддршка на старт-ап бизнис идеи поврзани со развој на еко туризам и промоција на регионот како туристичка дестинација, во согласност со Стратегијата за развој на туризам во Источен плански регион со Акционен план 2016-2025). Постапката за избор на бизнис идеите ќе се одвива во фази. Во првата фаза заинтересираните апликанти електронски треба да ги достават концептите за бизнис идеи, со краток опис на бизнис идејата, локацијата каде истата ќе се реализира, како и потенцијалните корисници на услугата или производот кој се предложува. За најдобрите бизнис идеи ќе се овозможи техничка поддршка (обука за подготовка на бизнис план и водење на бизнис). Селектираните апликанти заедно со експертите ќе разработат бизнис план и детален опис на бизнис идејата. Во втората фаза на селекција ќе бидат избрани 15 разработени бизнис планови кои ќе добијат финансиска поддршка за реализација. За да бидат подобни за финансирање, предложените бизнис идеи мора да се реализираат на територијата на Источниот плански регион. Јавниот повик е отворен до 30.08.2019 година до 14 часот, до кога сите заинтересирани апликанти треба да ги поднесат своите бизнис концепти до Центарот за развој на Источен плански регион. Реализацијата на бизнис идеите во рамките на овој Јавен повик се поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија - фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Јавниот повик можете да го погледнете на следниот линк: http://eastregion.mk/118-mk/новости/1145-javen-povik-za-poddrshka-na-start-ap-biznisi-za-razvojna-eko-turizam-i-promocija-na-istochen-planski-region-kako-turistichka-destinacija

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.26 Јули 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

3

ЛЕГИСЛАТИВА

 Одлука за давање согласност на Правилникот за барањата за условите и хигиена за производство и ставање во промет на храната од животинско потекло наменета за директно снабдување, локализирана активност, во географски или економски ограничувања, како и општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики; Службен весник на Република Македонија, Број 139, од 9 jули 2019, вторник (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за давање согласност на Правилникот за изменување на Правилникот за инструментот за поддршка - Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста; Службен весник на Република Македонија, Број 139, од 9 jули 2019, вторник (www.slvesnik.com.mk)

 Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт; Службен весник на Република Македонија, Број 144, од 15 jули 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk)  Листа на стручни лица и тренери кои учествувале во работата за остварување на спортските резултати на категоризирани спортисти во Република Северна Македонија; Службен весник на Република Македонија, Број 144, од 15 jули 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во Јавното претпријатие за државни патишта за 2019 година; Службен весник на Република Македонија, Број 144, од 15 jули 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.26 Јули 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ИЗВЕСТУВАЊА

4

УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ АВГУСТ 2019 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Обрасци кои се поднесуваат во месец Август Рок

Образец

Даночен обврзник

Опис

до 10-ти во месецот

МПИН

Работодавaчи

Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.

до 25-ти Август

ДДВ-04

Фирми и граѓани

Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/8

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.