ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.27 Август 2019
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.27 Август 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување.` Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.27 Август 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
ПРАШАЛНИЦИ ЗА ЕВРОСКЕПТИЦИЗАМ И ИМЕ НА МРЕЖА НА ГРАДОВИ Општина Штип е партнер на Општина Аксаково (Бугарија) во реализација на проектот „Иднината на Европа“ (Future of Europe - Reload) кој ќе се релизира од април 2018 до мај 2020 година. Општина Штип со уште шест градови од шест држави членки на ЕУ ќе биде дел од мрежа на градови во кои ќе се дебатира за иднината на ЕУ и евроскептицизмот. На долните два линка, како дел од проектот, Општина Штип спроведува истражување и бара Ваше мислење за одредени теми од доменот на ЕУ. Едниот линк содржи неколку прашања, додека вториот е Ваш избор од неколкуте предлзи за име на новата мрежа на градови. Ви благодариме за учеството ! Eurosceptisizm – our past or our future? (Questionnaire)
The name of the “Network of towns” - what it should be? (Public Discussion) На следниот линк можете да го погледнете http://stip.gov.mk/index.php/mk/proekti/3416-eurosceptisizm-our-past-or-our-future
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.27 Август 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ МАНИФЕСТАЦИИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА I. Предмет на јавниот повик Доставување на барање за користење на средства, проследено со предлог за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации за промоција на земјоделски производи во Република Северна Македонија од областа на земјоделството, руралниот развој, шумарството и водостопанството (во понатамошниот текст: предлог за користење). II. Право на учество во постапката Право на учество на јавниот повик имаат единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството, руралниот развој, шумарството и водостопанството регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, стопански комори основани согласно закон, задруги регистрирани за вршење на земјоделска дејност и/или за трговија со земјоделски производи согласно Закон за задруги и/или Законот за земјоделски задруги и/или јавни претпријатија регистрирани за вршење на дејност организирање на саеми и саемски манифестации. III. Содржина на предлогот и потребна документација Предлогот за користење треба да ги содржи следниве елементи: Податоци за предлагачот; Назив и резиме на предлогот; Опис на предлогот; План на активности со временска рамка за реализација на предлогот по активности и методологија за нивна реализација; 5. Финансиски план на трошоците, временска рамка за нивно настанување и извори на финансирање; 1. 2. 3. 4.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.27 Август 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
6. Банкарска сметка на која треба да се исплати поддршката; 7. Наведено одговорно лице за настанот; 8. Влијание на предлогот во смисла на понатамошна одржливост на активностите, целна група односно опис на директни и индиректни корисници на резултатите од активноста, понатамошна примена на резултатите и очекувани ефекти за корисниците; 9. Доказ за континуирано одржување на манифестацијата во последните три години, со исклучок на манифестациите кои се организираат за прв или втор пат . Потребна документација: 1. Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија; 2. Препораки или други докази за претходна имплементација на други сродни предлози; 3. За апликантите правни лица: потврда за евиденција во ЕРЗС (ако се занимаваат со примарно земјоделско производство), доказ од Централен регистар дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка и доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки; 4. За здруженија и стопански комори: годишна програма за работа со вклучени активности од предлогот усвоена согласно статутарните акти; IV. Доставување на предлогот Предлогот се доставува во еден оригинален примерок потпишан од овластено лице на предложувачот. Еден корисник може да учествува во постапката за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на манифестации за промоција на земјоделски производи во Република Северна Македонија од областа на земјоделството, руралниот развој, шумарството и водостопанството само со еден предлог за користење. Предлозите може да се поднесуваат од денот на објавувањето на јавниот повик на интернет страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со краен рок за поднесување до 31.08.2019 година. Јавниот повик можете да го погледнете на следниот линк: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=624
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.27 Август 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА
Програма за дополнување на Програмата за проширена репро- дукција на шумите за 2019 година; Службен весник на Република Македонија, Број 160, од 05 август 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Програма за изменување и допол- нување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2019 година; Службен весник на Република Македонија, Број 160, од 05 август 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Решение за престанок на службата на нотарот; Службен весник на Република Македонија, Број 160, од 5 август 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште; Службен весник на Република Македонија, Број 161, од 5 август 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk Закон за изменување на Законот за Возила; Службен весник на Република Македонија, Број 161, од 5 август 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk Закон за изменување и дополнување на Законот за возила; Службен весник на Република Македонија, Број 161, од 5 август 2019, понеделник (www.slvesnik.com.mk Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за составот, квалитетот и кројот на униформата и ознаките на униформата на полицијата; Службен весник на Република Македонија, Број 163, од 7 август 2019, среда (www.slvesnik.com.mk
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.27 Август 2019 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Септември Рок
Образец
Даночен обврзник
Опис
до 10-ти во месецот
МПИН
Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
до 25-ти Септември
ДДВ-04
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/9
WWW.INVESTINEASTREGION.MK