E bilten final br 3 avgust

Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

E-БИЛТЕН бр.3 Август 2017

Во овој број ...

1

НОВОСТИ

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

3

ЛЕГИСЛАТИВА

4

ИЗВЕСТУВАЊЕ

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.3 Август 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.3 Август 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

1

НОВОСТИ

Изградба на спомен-обележје на местото на загинувањето на Никола Карев – Свиланово Беше извршено воведување во работите за изградба на спомен-обележјето на местото на загинувањето на Никола Карев – Свиланово. Градежните работи ќе ги извршува „Евроградба Инженеринг“ ДООЕЛ с.Владиевци, Василево. Изведувачот е избран преку Центарот за развој на Источен плански регион, а надзорот е на „Венци Проект“ ДООЕЛ Кочани. - На површина од 460 м2 ќе биде поставено спомен-обележје на Никола Карев. Околината ќе се уреди со три настрешници. Комплексот содржи четири амфитеатрални реда поставени кон југ, кон спомен-обележјето. Во центарот на комплексот ќе биде поставена и сегашната споменплоча, а ќе бидат изградени и патеки и шеталишта. Од источната страна се планирани седум паркинг-места – информира Александар Гицов, раководител на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во Општина Кочани. Целта е овој дел од Осоговските Планини да биде привлечен за посетителите и да ги збогати туристичките содржини. Тоа ќе придонесе и за нови инвестиции во туристичката инфраструктура и за изградба на нови сместувачки капацитети. Едновремено спомен-обележјето ќе му даде достојано значење на претседателот на Крушевската Република – Карев во месноста Свиланово, кај кочанското село Рајчани. Вкупната вредност на изведбените работи, согласно склучениот Договор помеѓу Центарот за развој на Источниот плански регион и Изведувачот изнесува 5 милиони 647 илјади 017 денари, од кои 5 милиони 197 илјади 515 денари се обезбедени од Министерство за локална самоуправа – Биро за рамномерен регионален развој, а по 224 илјади 751 денари – од општините Кочани и Чешиново-Облешево. Според планираното, работите ќе бидат завршени до крајот на оваа година. Одржувањето на ова спомен-обележје ќе биде одговорност на општините Кочани и Чешиново-Облешево.

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.3 Август 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

ЈАВЕН ПОВИК за поддршка за зголемување на конкурентноста на македонската индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар Предмет на Јавниот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловен субјект, за развој на производ и развој на пазар за кои се предвидени вкупно 900.000,00 денари за следните активности: 1.1.1 Изработка на нови организациони модели врз основа на ИКТ; 1.1.2 Изработка на техничка документација за нов производ односно за подобрување на постојниот производ; 1.1.3 Изработка на идејно решение и/или печатење на: нова амбалажа, етикетирање, лого на производ и промотивни печатени материјали; 1.1.4 Изработка на студии за истражување на пазарот и/или маркетинг стратегија и/или активности за развој на бренд; 1.1.5 Изработка на проекти за енергетска ефикасност и/или воведување на стандард за енергетски менаџмент ISO 50001 и 1.1.6 Изработка на проекти за зголемување на продуктивноста, ефикасноста и ефективноста. Министерството за економија надоместува дел од трошоците во висина од 75% од докажаните трошоци на барателот, но не повеќе од 180.000,00 денари поединечно за секој барател. Износот на делот на трошоците на барателот кои ги надоместува Министерството за економија ќе се зголеми за процентот на учеството на државната помош за регионален развој на соодветниот регион на кој припаѓа барателот, согласно член 3 од Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеноста за периодот 2013-2017 („Службен весник на РМ“ бр 88/2013): 2. Право на учество на јавниот повик имаат деловните субјекти за вршење на производствени дејности во рамки на секторот Преработувачка индустрија, согласно Национална класификација на дејности рев 2 (Службен весник на Република Македонија бр.147/2008 и 4/2013), со претежна дејност/главна приходна шифра во секторот Преработувачка индустрија, без оглед на големината на деловниот субјект. Еден барател може да поднесе само една пријава и барање (и тоа само за една активност). Краен рок за доставување на барањата: 30 септември 2017 година. Повеќе информации за повикот на следниот линк http://www.konkurentnost.mk/DokumentiJavenPovik/Javen%20povik%20za%20delovni%20subjekti %202017.pdf

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.3 Август 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на советодавни услуги во рамки на програмската активност “Ваучерски систем на советување“ Предмет на јавниот повик е субвенционирање на советодавни услуги за малите и средните претпријатија и потенцијалните претприемачи кои имаат намера да користат одредени советодавни услуги од страна овластени советници регистрирани во Каталогот на советници за претприемништво во АППРМ. Согласно точка 1 – Ваучерски систем на советување (ВСС) од Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2017 година (Службен весник бр.192/2016) за оваа намена, вклучително и административната надокнада за Фондациите за поддршка на претпримеништвото, односно Организациите за деловна поддршка преку кои на регионално ниво се реализира оваа програмска активност, предвидени се 900.000,00 денари. Право на учество на јавниот повик имаат следните целни групи: A) Активни мали и средни претпријатија. Главни услови за вклучување во програмата се: - Активното претпријатие да има потреба од советување од областа на деловните функции на претпријатието и/или изготвување на развојни програми и проекти, - Активното претпријатие да не е во стечајна постапка, постапка на присилно поравнување или ликвидација. - Претпријатијата од областа на земјоделието, шумарството, ловот и риболовот се исклучени од програмата на ваучерско советување. Документи кои теба да се приложат: (1) Регистрација на претпријатието, (2) Финансиски извештаи за последната година (биланс на успех и состојба), (3) Изјава од законски застапник (Прилог 9 од ВСС), во случај на прифаќање на пријавата. Б) Потенцијални претприемачи / невработени лица (пријавени во Агенција за вработување на РМ, со намера за самовработување). Повеќе за начинот на вклучување во Програмата, советодавните услуги, издавање на фактури, барања за исплата на субвенцијата и друго може да добиете од наведените фондации или од WEB страната на АППРМ, односно: http://www.apprm.gov.mk/VOUCHER.ASP Јавниот повик е отворен од 01.03.2017 – 30.10.2017 година. Повеќе информации за повикот на следниот линк http://www.apprm.gov.mk/vest.asp?id=348&lang=mk

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.3 Август 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

3

ЛЕГИСЛАТИВА

 Правилник за мерките за заштита од пожар и експлозии. Службен весник на Република Македонија, Број 99, 3 август 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за давање на согласност на Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Службен весник на Република Македонија, Број 100, 3 август 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за давање согласност на Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари. Службен весник на Република Македонија, Број 100, 3 август 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 100, 3 август 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Правилник за дополнување на Правилникот за поблиските критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој. Службен весник на Република Македонија, Број 101, 4 август 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на дел од територијата на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 102, 5 август 2017, сабота (www.slvesnik.com.mk)  Правилник за форматa и содржинатa на барањето за доделување на јавно овластување на Занаетчиска комора. Службен весник на Република Македонија, Број 104, 7 август 2017, понеделник (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за определување највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Службен весник на Република Македонија, Број 104, 7 август 2017, понеделник (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на Националната номенклатура на индустриски производи. Службен весник на Република Македонија, Број 105, 9 август 2017, среда (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за менување на Лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 109, 13 август 2017, недела (www.slvesnik.com.mk)  Програма за изменување и дополнување на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 116, 23 август 2017, среда (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.3 Август 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ИЗВЕСТУВАЊА

4

УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВААТ ВО МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2017 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Обрасци кои се поднесуваат во месец Септември Рок

Образец

Даночен обврзник

Опис

до 7-ми во месецот

ПДДМИ/ИС

Исплатувач на добивки од посебни игри на среќа (казино, обложувалница и автомат клуб)

Поднесете образец “ПДД-МИ/ИС” преку следната е-пошта info.nis@ujp.gov.mk, за исплатените приходи - добивки од игри на среќа и за пресметаниот и платен данок по одбивка за претходниот месец.

до 10-ти во месецот

МПИН

Работодавaчи

Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.

до 15-ти Септември

МДБ

Фирми

Немате обврска до УЈП да доставите образец “МДБ“ за извршена пресметка на месечните аконтации на данокот на добивка. Имате обврска да платите месечна аконтација на данокот на добивка доколку не сте правно лице со посебен даночен статус (заштитно трговско друштво, стопанска единица на Казнено поправна установа или корисник на технолошка индустриска развојна зона).

До 25-ти Септември

ДДВ-04

Фирми и граѓани

Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку еДаноци http://etax.ujp.gov.mk

Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/9?highlight=7

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.