ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.6 Ноември 2017
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.6 Ноември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.6 Ноември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
Јавен повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Р. Македонија Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источниот плански регион, општина Штип и Регионална стопанска комора, организираа инфо сесија за Јавниот повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Република Македонија - О2 ПРЕДИЗВИК (http://www.fitr.mk/O2predizvik/) Информативната сесија се одржа на 21.11.2017 година (вторник) во 13:00 часот, во затворениот дел на салата на Советот при општина Штип. О2 Предизвикот овозможува поширок опсег на натпреварувачи да се вклучат со свои идеи во решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот во урбаните средини, а во исто време претставува пилот-проект за дизајнирање и воведување на нов Инструмент на Фондот за иновации и технолошки развој насочен кон организирање натпревари и предизвици за изнаоѓање на иновативни решенија од општествен интерес. О2 предизвикот е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност, претпријатие и/или здружение. Вкупниот буџет за О2 предизвикот изнесува 6.000.000 денари. Наградувањето ќе се врши согласно со рангирањето на предлог- проектите сé до исцрпување на вкупниот износ на буџетот. За О2 предизвикот Фондот обезбедува финансирање до 90% (деведесет) проценти од вкупниот буџет за предлог-проектот. Преостанатиот паричен износ од вкупниот буџет за проектот се обезбедува од страна на натпреварувачот. Пријавувањето на О2 предизвикот трае заклучно со 30.11.2017 година, до 23:59 часот. Теми на настанот беа: - Презентација на правилата и процедурите за аплицирање на О2 предизвикот; Презентација на обрасците: Проектна апликација и буџет на проектот.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.6 Ноември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
Јавен повик - Повик за изразување на интерес ("Повик за ИИ") за добивање на консултантска помош за ЕУ финансирање Министерството за економија објавува Јавен повик - Повик за изразување интерес ("Повик за ИИ"), кој се реализира во рамки на проектот финансиран од ЕУ "Ревизија на индустриската политика 2009-2020; FWC BENEF 2013 Лот 10 2017/384799/1", со цел да се обезбеди краткорочна помош - on job assistance - на 3 избрани организации, за да се олесни нивното активно вклучување во проектите финансирани од ЕУ. Краткорочната помош - on job assistance - ќе биде обезбедена од страна на експерт од ЕУ и ќе биде реализирана во периодот од декември 2017 до април 2018 година во период од 5 работни дена во просториите на апликантите, со работа на предложениот проект. 1. Изборот на кандидати ќе продолжи во едно фазна постапка. Кандидатите кои сакаат да учествуваат на овој јавен повик се бара да го достават Формуларот за изразување на интерес ("EoI") и Изјава со која потврдуваат дека ќе бидат на располагање деновите кога консултантот ќе ги реализира договорените активности (Declaration of Availability). Документите, треба да се приложат на e-mail адреса: jasmina.majstoroska@economy.gov.mk и blerim.zllatku@economy.gov.mk. 2. Краен рок за доставување на бараните документи е 06.12.2017 до 16:00 часот. 3. Сите формулари треба да бидат пополнети на англиски јазик, бидејќи и соработката со експертот ќе се реализира на англиски јазик. За повеќе информации можете да се обратите на тел. 02 3093 492. Повеќе информации за повикот на следниот линк http://economy.gov.mk/doc/2218 Public Invitation - Call for Expression of Interest (“Call for EoI”) for receiving on job assistance on EU funding The Expression of Interests Form (EoI/Application Form) Declaration of Availability
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.6 Ноември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
Јавен Повик за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија - Велес (ЗФР) и Европското движење (ЕД) го спроведуваат проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ финансиран од Делегацијата на Европската унија во Скопје преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и програмата за медиуми 2015. Проектот претставува сет од мерки за зајакнување на граѓанските организации во процесот на нивно создавање како кредибилни, отчетни и независни чинители во процесот на пристапување кон Европската унија. Грантовите ќе бидат доделени на проекти кои ќе придонесат кон главната цел на проектот: зајакнување на улогата на граѓанските организации за ефективно учество во креирање на јавни политики на локално ниво. Ќе бидат поддржани иновативни идеи за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации (ГО) и локалните самоуправи (ЛС). Овие иницијативи треба да се насочени кон промовирање на транспарентноста и отчетноста на локалните самоуправи, продлабочена соработка помеѓу ГО и ЛС и промовирање на локалната демократија. Повикот е наменет за граѓанските организации кои ќе предлoжат иновативни проекти за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи. Со таа цел апликантите задолжително треба имаат партнер локална самоуправа или Центар за регионален развој. Во прилог е линкот со повеќе информации од отворениот јавен Повик за финансиска поддршка на граѓанските организации: http://www.alda-europe.eu/newSite/news_dett.php?id=2058. Крајниот рок за достаување на пријави е 24 декември 2017 година, до 17:00 часот. Доколку имате прашања поврзани со повикот за финансиска поддршка на граѓанските организации можете да ги доставите на адресата: cso.democracy@aldaintranet.org, најдоцна до 10.12.2017 година.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.6 Ноември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
Одлука за престанок и давање на времено користење на движна ствар на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Службен весник на Република Македонија, Број 156, од 3 ноември 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)
Решение за престанок на службата на нотарот. Службен весник на Република Македонија, Број (www.slvesnik.com.mk)
157,
од
6
ноември
2017,
понеделник
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија, У.бр.9/2017 од 1 ноември 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 157, од 6 ноември 2017, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и годишниот приход на давателите на водни услуги остварен од давање на водни услуги за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 158, од 7 ноември 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Одлука за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 158, од 7 ноември 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 158, од 7 ноември 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Решение за давање на дозвола за работење на брокер. Службен весник на Република Македонија, Број 159, од 8 ноември 2017, среда (www.slvesnik.com.mk) Одлука за определување на вредност на поенот за пресметување на годишниот надоместок за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 160, од 9 ноември 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk)
Објава за движењето на индексот на цените на мало во Република Македонија за месец октомври 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 160, од 9 ноември 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.6 Ноември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
Закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација. Службен весник на Република Македонија, Број 161, од 10 ноември 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)
Упатство за изменување и дополнување на Упатството за спроведување на Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања. Службен весник на Република Македонија, Број 161, од 10 ноември 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)
Одлука за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Службен весник на Република Македонија, Број 162, од 13 ноември 2017, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
Закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита. Службен весник на Република Македонија, Број 163, од 14 ноември (www.slvesnik.com.mk)
2017,
вторник
Закон за дополнување на Законот за заштита на децата. Службен весник на Република Македонија, Број 163, (www.slvesnik.com.mk)
2017,
вторник
од
14
ноември
Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор. Службен весник на Република Македонија, Број 164, од 15 ноември 2017, среда (www.slvesnik.com.mk)
Решение за ставање во примена на базата на податоци од дигиталните катастарски планови . Службен весник на Република Македонија, Број 164, од 15 ноември 2017, среда (www.slvesnik.com.mk)
Закон за изменување на Законот за јавните набавки. Службен весник на Република Македонија, Број 165, од 16 ноември 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.6 Ноември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
Програма за капитални трансфери за невладини организации во областа на земјоделството и руралниот развој. Службен весник на Република Македонија, Број 166, од 17 ноември 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)
Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 166, од 17 ноември 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)
Програма за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 166, од 17 ноември 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)
Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 167, од 20 ноември 2017, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
Објава за стапката на трошоците на живот и платите за месец октомври 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 167, од 20 ноември 2017, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Програма за изменување на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017. Службен весник на Република Македонија, Број 168, од 21 ноември 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk) Програма за изменување и дополнување на Програмата за надом.на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата и за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2017г. Службен весник на Република Македонија, Број 168, од 21 ноември 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Програма за изменување на Програмата за развој на туризмот за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 169, од 23 ноември 2017, (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
четврток
Месечен E-БИЛТЕН бр.6 Ноември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВААТ ВО МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2017 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Декември Рок
Образец
до 7-ми во месецот
ПДДМИ/ИС
до 10-ти во месецот
МПИН
Даночен обврзник
Опис
Исплатувач на добивки од Поднесете образец “ПДД-МИ/ИС” преку следната е-пошта посебни игри на среќа info.nis@ujp.gov.mk, за исплатените приходи - добивки од игри на среќа и за (казино, обложувалница пресметаниот и платен данок по одбивка за претходниот месец. и автомат клуб) Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти Декември
МДБ
Фирми
Немате обврска до УЈП да доставите образец “МДБ“ за извршена пресметка на месечните аконтации на данокот на добивка. Имате обврска да платите месечна аконтација на данокот на добивка доколку не сте правно лице со посебен даночен статус (заштитно трговско друштво, стопанска единица на Казнено поправна установа или корисник на технолошка индустриска развојна зона).
до 25-ти Декември
ДДВ-04
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
Граѓани (трговецпоединец, занатечија и сл.)
Ако остварувате приходи од самостојна дејност и не сте во состојба да водите деловни книги, поради определени околности, можете да поднесете образец “ПДД-П”, заради паушално плаќање на персоналниот данок на доход.Барањето за паушално оданочување се поднесува секоја година најдоцна до крајот на годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот.
до 31-ви Декември
ПДД-П
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/12
WWW.INVESTINEASTREGION.MK