ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.7 Декември 2017
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.7 Декември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.7 Декември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
Eднодневна работилница на тема: „Јакнење на капацитетите и значењето на регионалниот развој – воспоставување на кординација помеѓу ЛЕР одделенијата во општините од Источниот плански регион и ЦРИПР“ Центарот за развој на Источен плански регион на ден 13 Декември, 2017 година (среда) во Хотел “ИЗГРЕВ” во општина Штип организираше еднодневна работилница на тема: „Јакнење на капацитетите и значењето на регионалниот развој – воспоставување на кординација помеѓу ЛЕР одделенијата во општините од Источниот плански регион и ЦРИПР“. Целта на работилницата беше присутните да имаат можност да се запознаат со значењето на регионалниот развој, работата и функционирањето на Центарот за развој на Источен плански регион, изработените анализи, студии и технички документации значајни за регионот, како и со отворените можности и извори за финансирање на регионални проекти. На настанот присуствуваа претставници од: Лер одделенијата од општините од Источен плански регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Регионалната комора на занаетчии, Креатива - Кластерот за креативна индустрија и Центарот за развој на Источен плански регион.
Теми на настанот: Презентација на: Законот за рамномерен регионален развој на Р.М.; Стратегија за рамномерен регионален развој на Р.М.; Програма за развој на Источен плански регион 2015-2019; Работата и функционирањето на ЦРИПР; Стратешките документи со регионално значење; Изработените анализи и студии значајни за регионалниот развој и Источниот плански регион; Изработени технички документација од страна на ЦРИПР за Источниот плански регион; Програмата за рамномерен регионален развој на Р.М; ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу МК-БГ 2014-2020; Програма за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој;
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.7 Декември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
Јавен повик за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта Предизвик за млади истражувачки и истражувачи Една од целите на современите образовни системи е да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Истовремено е важно да се негува детската љубопитност за осознавање на светот на начин кој ќе ги преиспитува однапред дефинираните вистини. Да се поттикнат наставниците и наставничките, ученичките и учениците да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на остварување на заеднички цели. Само така ќе можеме да израснеме генерации кои ќе го унапредат начинот на кој размислуваме, начинот на кој ги практикуваме секојдневните активности и меѓусебно комуницираме. Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за образование и наука (МОН) Ве повикуваат да учествувате на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи. Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување. Времетраењето на истражувачкиот проект не треба да надминува 6 (шест) месеци. За да се пријави на Предизвикот за млади научници секој натпреварувач треба да: поднесе пополнет, потпишан и печатиран образец за проектна апликација со буџет на проектот и изјава дека се согласува со условите на Фондот (преземи документи). поднесе кратки биографии на наставникот/чката/ците – лидери на проектот поднесе тековна состојба од централниот регистар не постара од 6 месеци. Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и во PDF формат да се испратат на следната e-мaил адреса: predizvikzamladi@fitr.mk Пријавувањето на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи трае до 15.02.2018 година заклучно со 23.59 часот. За доделување награди ќе бидат земени предвид само оние предлог –проекти кои се пополнети во обрасците определени за овој предизвик од страна на Фондот, доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок. За повеќе информации можете да се обратите на тел. 0 2 322 3373 Повеќе информации за повикот на следниот линк http://www.fitr.mk/predizvikzamladi/#toggle-id-10
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.7 Декември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
Одлука за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад. Службен весник на Република Македонија, Број 175, од 1 декември 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)
Одлука за формирање на Совет за развој на пазарот на капитал. Службен весник на Република Македонија, Број 175, од 1 декември 2017, петок (www.slvesnik.com.mk) Одлука за започнување на постапка за доделување на концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини. Службен весник на Република Македонија, Број 177, од 5 декември 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Одлука за престанок и за давање на времено користење на движни ствари на Службата на Собранието на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 177, од 5 декември 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Решение за именување членови и определување претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот за иновации и технолошки развој. Службен весник на Република Македонија, Број 177, од 5 декември 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Одлука за именување претседател и членови на Советот за безбедност на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 177, од 5 декември 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Правилник за дополнување на Правилникот за условите за ставање во промет на одделни видови животни и начинот на вршење на официјални контроли при ставање во промет на животни. Службен весник на Република Македонија, Број 178, од 6 декември 2017, среда (www.slvesnik.com.mk) Правилник за изменување на Правилникот за одржување на катастарот на недвижностите. Службен весник на Република Македонија, Број 179, од 7 декември 2017, четврток
(www.slvesnik.com.mk) Тарифник за изменување и дополнување на Тарифникот за висината на надоместокот за запишување на недвижности кои останале со незапишани права и запишување на промени во катастарот на недвижности и катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катаста рот на недвижности. Службен весник на Република Македонија, Број 179, од 7 декември 2017, четврток
(www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.7 Декември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации. Службен весник на Република Македонија, Број 179, од 7 декември 2017, четврток
(www.slvesnik.com.mk) Правилник за дополнување на Правилникот за спроведување на Законот за акцизите. Службен весник на Република Македонија, Број 180, од 11 декември 2017, понеделник
(www.slvesnik.com.mk) Одлука за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Службен весник на Република Македонија, Број 180, од 11 декември 2017, понеделник
(www.slvesnik.com.mk) Одлука за влегување во сила на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 180, од 11 декември 2017, понеделник
(www.slvesnik.com.mk) Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цената на годишната претплата на Регистарот на прописи на Република Македонија за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 181, од 12 декември 2017, вторник
(www.slvesnik.com.mk) Одлука за утврдување на цената на Годишната претплата на службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“ за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 181, од 12 декември 2017, вторник
(www.slvesnik.com.mk) Одлука за утврдување на цената на Годишната претплата на Регистарот на прописи на Република Македонија за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 181, од 12 декември 2017, вторник
(www.slvesnik.com.mk) Одлука за одбивање на иницијативата за започнување на постапка за детални геолошки истражувања. Службен весник на Република Македонија, Број 183, од 14 декември 2017, четврток
(www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.7 Декември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
План за распределба на меѓународните транспортни дозволи за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 184, од 15 декември 2017, петок (www.slvesnik.com.mk) Одлука за менување на лиценца за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт - трговија на големо со Еуродизел БС (Д-Е V), Еуросупер БС 95, Еуросупер БС 98, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и Течен нафтен гас (ТНГ). Службен весник на Република Македонија, Број 185, од 18 декември 2017, понеделник
(www.slvesnik.com.mk) Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт - трговија на големо со мазут (М-1). Службен весник на Република Македонија, Број 185, од 18 декември 2017, понеделник
(www.slvesnik.com.mk) Решение за престанок на службата на нотарот. Службен весник на Република Македонија, Број (www.slvesnik.com.mk)
186,
од
19
декември
2017,
вторник
Правилник за измена и дополнување на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд. Службен весник на Република Македонија, Број 188, од 21 декември 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk)
Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд. Службен весник на Република Македонија, Број 188, од 21 декември 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk)
Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 188, од 21 декември 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk)
Програма за изменување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 189, од 22 декември 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.7 Декември 2017 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАA ВО МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2017 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваa во месец Декември Рок
Образец
до 7-ми во месецот
ПДДМИ/ИС
до 10-ти во месецот
МПИН
Даночен обврзник
Опис
Исплатувач на добивки од Поднесете образец “ПДД-МИ/ИС” преку следната е-пошта посебни игри на среќа info.nis@ujp.gov.mk, за исплатените приходи - добивки од игри на среќа и за (казино, обложувалница пресметаниот и платен данок по одбивка за претходниот месец. и автомат клуб) Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти Декември
МДБ
Фирми
Немате обврска до УЈП да доставите образец “МДБ“ за извршена пресметка на месечните аконтации на данокот на добивка. Имате обврска да платите месечна аконтација на данокот на добивка доколку не сте правно лице со посебен даночен статус (заштитно трговско друштво, стопанска единица на Казнено поправна установа или корисник на технолошка индустриска развојна зона).
до 25-ти Декември
ДДВ-04
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
Граѓани (трговецпоединец, занатечија и сл.)
Ако остварувате приходи од самостојна дејност и не сте во состојба да водите деловни книги, поради определени околности, можете да поднесете образец “ПДД-П”, заради паушално плаќање на персоналниот данок на доход.Барањето за паушално оданочување се поднесува секоја година најдоцна до крајот на годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот.
до 31-ви Декември
ПДД-П
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/12
WWW.INVESTINEASTREGION.MK