е-Билтен бр.8 - Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во И

Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

E-БИЛТЕН бр.8 Јануари 2018

Во овој број ...

1

НОВОСТИ

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

3

ЛЕГИСЛАТИВА

4

ИЗВЕСТУВАЊЕ

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.8 Јануари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.8 Јануари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

1

НОВОСТИ

Eднодневна работилница во врска со доделување на подгрантови во вториот повик за грантови на проектот за „Локална и регионална конкурентност“ Центарот за развој на Источен плански регион на ден 10-ти Јануари, 2018 година (среда) во “Еуро” Хотел, Градче – Кочани зема учество на еднодневна работилница во врска со доделување на подгрантови во вториот повик за грантови на проектот за „Локална и регионална конкурентност“. Целта на работилницaта беше потенцијалните апликанти подетално да се запознаат со специфичните развојни планови кои што ќе бидат основа за доделување на подгрантови во вториот повик за грантови на проектот за „Локална и регионална конкурентност“, како и да се утврдат мисијата и визијата за вашата дестинација Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) претставува четиригодишен проект кој се финансира со грант од Европската унија (ИПА 2). Развојната цел на ПЛРК е да го зајакне придонесот на туризмот во локалниот економски развој и да ги унапреди капацитетите на институциите со цел да се поттикне развојот на туризмот и да се олесни управувањето со дестинациите. Единицата за спроведување на проектот за локална и регионална конкурентност пред објавувањето на вториот повик за доделување на подгрантови за поддршка и развој на туризмот организираше циклус работилници во сите дестинации низ Р.Македонија со цел клучните чинители во дестинацијата да се запознаат со концептот, методите и бенефитите од управување со дестинации. Теми на настанот: -Презентација и краток преглед на проектот, -Вовед во процесот на управување со дестинации, -Преглед на засегнатите страни, структури и процеси во управување со дестинации, -Преглед на развојниот план за дестинацијата, -Визија и цели на дестинацијата, -Преглед на содржината на развојниот план, -Типови на развој потребни за да се адресираат недостатоците, -Интерактивна сесија за развој на пазарот и производите со цел да се адресираат недостатоците во дестинацијата.

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.8 Јануари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

Јавен повик бр. 01/18 за запишување во евиденција на Локалната акциона група (ЛАГ) Предмет Предмет на овој јавен повик е доставување на барања за запишување во евиденцијата на Локалната акциона група (ЛАГ), со цел поттикнување на локален развој на руралните средини, согласно член 89 став 6 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17) преку мерките наменети за поддршка на: -реализација на стратегии за локален развој на рурални средини, -реализација на стратегии за рурален развој на единиците на локалната самоуправа со седиште на рурална средина и –работата на ЛАГ за развој на руралните средини и за вклучување на жителите на територијата на ЛАГ за развој на руралните средини. Право на учество Право на учество имаат ЛАГ-овите основани како трговско друштво, задруга или здружение на граѓани или фондација основана за една територијална целина на една или повеќе рурални средини каде живеат не помалку од 5.000 жители. Рок на доставување на барање Рок на доставување на барањето е 45 дена од објавувањето на јавниот повик во дневен весник и на службената интернет страница на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот ро нема да бидат разгледани. За повеќе информации можете да се обратите на тел. 02 3 144 477 лок.113. Повеќе информации за повикот на следниот линк http://www.mzsv.gov.mk/files/%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA_01-18.pdf

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.8 Јануари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЛЕГИСЛАТИВА

3

Правилник за престанување на важењето на Правилникот за формата и содржината на стандардните тендерски документации и стандардните технички спецификации и начинот на нивно користење од страна на договорните органи. Службен весник на Република Македонија, Број 1, од 3 jaнуари 2018, среда (www.slvesnik.com.mk) 

Одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Националната установа Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип. Службен весник на Република Македонија, Број 2, од 4 jaнуари 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) 

 Оглас од Советот на јавните обвинители на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 3, од 9 jaнуари 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Службен весник на Република Македонија, Број 3, од 9 jaнуари 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) 

Решение за продолжување на важноста на решението за стекнување на привремен статус на повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергијa. Службен весник на Република Македонија, Број 3, од 9 jaнуари 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) 

 Програма за финанасиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 4, од 10 jaнуари 2018, среда (www.slvesnik.com.mk) Тарифник за дополнување на тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на стручна оцена (ревизија) на геолошка документација и рударските проекти. Службен весник на Република Македонија, Број 5, од 11 jaнуари 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) 

 Решение за престанок на службата на нотарот. Службен весник на Република Македонија, Број 5, од 11 jaнуари 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.8 Јануари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЛЕГИСЛАТИВА

3

Годишен план на приходи и расходи за финансирање на јавните здравствени установи за остварување на правата од здравственото осигурување за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 5, од 11 jaнуари 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) 

Одлука за определување на висината на трошоци за вршење обука на заинтересирани контролори и обработувачи. Службен весник на Република Македонија, Број 5, од 11 jaнуари 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) 

 Објава за движењето на индексот на трошоците на животот во Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 5, од 11 jaнуари 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Објава за движењето на индексот на цените на мало во Република Македонија за месец декември 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 5, од 11 jaнуари 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) 

 Годишна наредба за здравствена заштита на животните во 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 7, од 12 jaнуари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за пуштање во оптек кована пара за колекционерски цели. Службен весник на Република Македонија, Број 8, од 15 jaнуари 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)  Закон за изменување и дополнување на Законот за архивски материјал. Службен весник на Република Македонија, Број 11, од 18 jaнуари 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Закон за изменување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа. Службен весник на Република Македонија, Број 11, од 18 jaнуари 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.8 Јануари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЛЕГИСЛАТИВА

3

 Правилник за изменување на Правилникот за почетна обука. Службен весник на Република Македонија, Број 11, од 18 jaнуари 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Закон за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Службен весник на Република Македонија, Број 12, од 18 jaнуари 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) 

 Програма за остварување на социјалната заштита за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 13, од 22 jaнуари

2018,

понеделник

2018,

понеделник

 Програма за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 13, од 22 jaнуари 2018,

понеделник

(www.slvesnik.com.mk)  Програма за развој на дејноста за заштитата на децата за 2018 година Службен весник на Република Македонија, Број 13, од 22 jaнуари

(www.slvesnik.com.mk)

(www.slvesnik.com.mk) Одлука за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Службен весник на Република Македонија, Број 13, од 22 jaнуари 2018, понеделник 

(www.slvesnik.com.mk) Одлука за користење на повластена тарифа на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 13, од 22 jaнуари 2018, понеделник 

(www.slvesnik.com.mk) Решение за стекнување на статус на повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 13, од 22 jaнуари 2018, понеделник 

(www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.8 Јануари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

4

ИЗВЕСТУВАЊА

УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАA ВО МЕСЕЦ ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ 2018 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Обрасци кои се поднесуваa во месец Jaнуари Рок

Образец

Даночен обврзник

Опис

до 10-ти во месецот

МПИН

Работодавaчи

Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.

ПДД-И/ЗП

Организатор на зелен пазар

Tрговецот кој организира зелен пазар заради пресметување на персоналниот данок на доход за 2018 година е должен до УЈП да достави Извештај (образец "ПДД/ГИ-ЗП") до 15 јануари, за корисниците на продажните места на зелените пазари.

до 15-ти Јануари

до 15-ти Јануари

ДДВ-01Б

Фирми и граѓани

Ако вршите стопанска дејност и сте регистрирани за целите на ДДВ, можете по истекот на 5 години од почетокот на регистрацијата за ДДВ, да се дерегистрирате со поднесување на образец “ДДВ-01Б”, ако ги исполнувате законските одредби за дерегистрација/прекинување на регистрацијата.

до 15-ти Јануари

ДДВ-01

Фирми и граѓани

Доколку сте обврзани или пак сакате доброволно да се регистрирате за целите на ДДВ, задолжително поднесете пријава за регистрација за ДДВ на образец “ДДВ-01”.

Фирми

Ако набавите и воведете во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете образец “ПДД-02”, заради користење на даночно олеснување од персонален данок на доход во Годишниот даночен биланс за персонален данок на доход (образец “ПДД-ДБ“).

Фирми

Ако набавите и воведете во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете образец “ДД-07”, заради користење на даночно олеснување од данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“).

до 20-ти Јануари

до 20-ти Јануари

ПДД-02 (со ГПРС)

ДД-07 (со ГПРС)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.8 Јануари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

до 25-ти Јануари

ДДВ-04

Фирми и граѓани

Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

до 31-ви Јануари

ПДД-ГИ

Фирми (исплатители)

Поднесете го образецот “ПДД-ГИ” за сите остварени бруто приходи, пресметаниот и платениот персонален данок на доход и придонеси по одбивка и за вкупно исплатените нето приходи во претходната календарската година. Исто така, должни сте на обврзникот при секоја исплата да му издадете примерок од пресметката за аконтацијата на данокот и наплатените придонеси, како и збирен податок најдоцна до 25 јануари за вкупно платената аконтација во претходната година.

до 31-ви Јануари

ПДД-ГИ/ОЗП

Фирми (исплатители)

Поднесете образец “ПДД-ГИ/ОЗП“ за сите исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица во претходната календарска година.

ПДД-ПЗ

Физички лица (земјоделци)

Ако остварувате приходи од земјоделска дејност и вкупниот приход кој сте го оствариле во претходната календарска година не го надминува износот од 1.300.000 денари, поднесете Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“). Барањето за паушално оданочување се поднесува секоја година. За прва регистрација или промена на податоци или дерегистрација на даночниот обврзник, во прилог на овој образец задолжително се поднесува и образецот “УЈП-РДО/З“.

ПДД/ГИ-ЗП (важи до 31.01.2018)

Организатор на зелен пазар

Tрговецот кој организира зелен пазар е должен до УЈП да достави Годишен извештај (образец "ПДД/ГИ-ЗП") до 31 јануари, за корисниците на продажните места на зелените пазари во претходната календарска година.

Фирми (исплатители)

Поднесете образец “ПДД-ГИ/ОЦО” за сите исплатени приходи при откуп на цврст отпад од физички лица во претходната календарска. Исто така, должни сте на обврзникот при секоја исплата да му издадете примерок од пресметката за аконтацијата на данокот, како и збирен податок најдоцна до 25 јануари за вкупно платената аконтација во претходната година.

до 31-ви Јануари

до 31-ви Јануари

ПДД-ГИ/ОЦО

Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/1

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.8 Јануари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

Обрасци кои се поднесуваат во месец Февруари Рок

Образец

Даночен обврзник

Опис

до 10-ти во месецот

МПИН

Работодавaчи

Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.

до 15-ти Февруари

ДД-И

Фирми

Доколку вршите исплата на приходи на странски правни лица кои се оданочиви по задршка (“данок на задршка”), должни сте да поднесете образец “ДД-И”.

до 25-ти Февруари

ДДВ-04

Фирми и граѓани

Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

Фирми

Доколку сте правно лице/резидент на Република Македонија - кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или постојана деловна единица на нерезидент - која остварува добивка од вршење на дејност на територија на Република Македонија, поднесете Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), заради утврдување на данокот на добивка.Доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма, рокот за доставување на “ДБ“ е до 15-ти Март.

Фирми

Доколку ги исполнувате условите за влез во „поедноставениот даночен режим за трговски друштва“ за оданочување со данок на вкупен приход односно сте оствариле вкупен приход во претходната година до 3 милиони денари на годишно ниво или пак од 3 000 001 до 6 000 000 денари на годишно ниво и сакате да се определите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход, поднесете образец “ДБ-ВП“.Доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма, рокот за доставување на “ДБ-ВП“ е до 15-ти Март.

до 28-ми Февруари

до 28-ми Февруари

ДБ

ДБ-ВП

Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/2

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.