E bilten final br 9 fevruari

Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

E-БИЛТЕН бр.9 Февруари 2018

Во овој број ...

1

НОВОСТИ

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

3

ЛЕГИСЛАТИВА

4

ИЗВЕСТУВАЊЕ

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.9 Февруари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.9 Февруари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

1

НОВОСТИ

Информативна кампaња за потенцијални кандидати по Вториот повик за поднесување на предлог проекти по Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка БугаријаМакедонија 2014-2020 Центарот за развој на Источен плански регион на ден 21-ви Февруари, 2018 година (среда) во Хотел “ОАЗА”– Штип зема учество на информативната кампања за Вториот повик за поднесување на предлог проекти по Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020. На ден 09.02.2018 год. објавен е Вториот повик за поднесување на проектни предлози на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија, чија цел е подобрување на прекуграничната соработка помеѓу двете држави. Програмата е кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош II на Европската унија. Општата цел на Програмата е зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите во регионот со цел заедничко справување со заедничките предизвици и користење на неискористениот потенцијал за развој на прекуграничниот регион преку ефикасно користење на ресурсите. Вкупниот износ на Поканата за проектни предлози е 6.917.631,00 евра. Крајниот рок за доставување на проектни предлози е 17:00 часот по локално бугарско време (ЕЕТ) на 11 мај 2018 год. Поднесувањето на проектните предлози ке се врши исклучиво по електронски пат преку електронскиот систем: https://bp.ipa-cbc-007.eu/beneficiary_reg/registration/add Теми на настанот: -

Преглед на Вториот повик (интерактивна игра) Практична обука – Партнерство и соработка (интерактивна игра) Практична обука – Развој на предлог проект (интерактивна игра) Практична обука – Електронско аплицирање (интерактивна игра)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.9 Февруари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

1

НОВОСТИ

Форум: „Јавните капитални инвестиции и регионалниот развој, со осврт на улогата на меѓуопштинската соработка“ Центарот за развој на Источен плански регион на ден 21-ви Февруари, 2018 година (среда) во Ресторан Воденица-Мулино, Скопје зема учество на Форум: „Јавните капитални инвестиции и регионалниот развој, со осврт на улогата на меѓуопштинската соработка“. Платформата за тековната национална политика за регионален развој беше развиена во периодот 2007-2009 година. Нејзини клучни елементи се воспоставувањето на осумте плански региони, дефинирање на стратешки цели и мерки за намалување на регионалните диспаритети и пропишано издвојување на финансиски средства за регионален развој од централниот буџет во висина од 1% од бруто домашниот производ (БДП). Во текот на ноември и декември 2017г. УНДП и МЛС ја изработија анализата „Јавните капитални инвестиции и регионалниот развој, со осврт на улогата на меѓуопштинската соработка“ која се фокусира на прашањето за изградба на систем на владеење со јавните капитални инвестиции кој би обезбедил дека тие ќе придонесуваат кон рамномерен регионален развој. Целта на овој Форум беше да се презентира анализата и да се нотираат ставовите и мислењата на клучните групи на чинители во областа на регионалниот развој заради создавање на нови политики и мерки за зголемување на регионалните инвестициски вложувања. Теми на настанот: -

Воведна сесија: Како јавните капитални инвестиции придонесуваат кон регионалниот развој? Теми за дискусија: Како до создавање повеќе проекти од регионално значење и улогата на центрите за развој на планските региони Кон нови политики: огледи од денешните дискусии.

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.9 Февруари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинства за 2018 година Опис на јавниот оглас Со цел стимулирање на домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално го загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени на жителите кои ќе купуваат печки на пелети, Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 50%, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност, се до искористување на предвидените средства во Буџетот на Република Македонија за оваа намера, под услов купувачите досега да не користеле средства од Буџетот на Република Македонија за купување печки на пелети во својот дом. Барање за искористување на правото на надоместок Право на учество на овој јавен повик ќе имаат купувачите кои имаат купено печки на пелети во своите домови по денот на објавувањето на Јавниот оглас заклучно со 31 август 2018 година и кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото на надоместок. За надоместување на дел од трошоците, барателот до Министерството за економија задолжително ги доставува следните документи: - Потполнет образец за барање кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обеди преку интернет страната на Министерството: www.economy.gov.mk - Доказ во оригинал дека е извршено купувањето на печки на пелети и тоа: - фискална сметка, или фактура со извод од деловна банка по денот на објавувањето на огласот. - Изјава заверена на нотар дека барателот досега нема искористено средства од Буџетот на Република Македонија за купување на печки на пелети. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок. Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен“. Кон барањето потребно е барателот да ја достави и следната документација: - фотокопија од лична карта на барателот и податоци за трансакциската сметка на барателот. Повеќе информации за повикот на следниот линк http://www.economy.gov.mk/doc/2340

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.9 Февруари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

Втор повик за поднесување на проектни предлози на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија На ден 09.02.2018 год. е објавен Вториот повик за поднесување на проектни предлози на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија, чија цел е подобрување на прекуграничната соработка помеѓу двете држави. Програмата е кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош II на Европската унија. Општата цел на Програмата е зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите во регионот со цел заедничко справување со заедничките предизвици и користење на неискористениот потенцијал за развој на прекуграничниот регион преку ефикасно користење на ресурсите. Вкупниот износ на Поканата за проек тни предлози е 6.917.631,00 евра. Проектните предлози треба да одговараат на една од следните приоритетни оски и специфични цели на Програмата:  Приоритетна оска 1. ЖИВОТНА СРЕДИНА o Специфична цел 1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС; o Специфична цел 1.2. Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природните и предизвиканите од човекот опасности и непогоди во географскиот регион на ПГС.  Приоритетна оска 2. ТУРИЗАМ o Специфична цел 2.1. Зголемување на туристичкиот потенцијал во регионот преку подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство; o Специфична цел 2.2. Подобрување на конкурентноста на туристичката понуда на регионот за ПГС; o Специфична цел 2.3. Поттикнување на соработката помеѓу партиципиентите од регионот во сферата на одржливиот туризам.  Приоритетна оска 3. КОНКУРЕНТНОСТ o Специфична цел 3.1. Подобрување на конкурентоста на регионалните бизниси. Повеќе информации за повикот на следниот линк http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/second-call-application-stage-news/vtor-povik-za-podnesuvanje-na-proektnipredlozi-na-interreg-ipa Крајниот рок за доставување на проектни предлози е 17:00 часот по локално бугарско време (ЕЕТ) на 11 мај 2018 год. Поднесувањето на проектните предлози ќе се врши по електронски пат преку електронскиот систем: https://bp.ipa-cbc-007.eu/beneficiary_reg/registration/add

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.9 Февруари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЛЕГИСЛАТИВА

3

Закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Службен весник на Република Македонија, Број 21, од 2 февруари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) 

 Закон за изменување на Законот за инспекцијата на труд. Службен весник на Република Македонија, Број 21, од 2 февруари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) Закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. Службен весник на Република Македонија, Број 21, од 2 февруари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) 

Закон за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 21, од 2 февруари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) 

 Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации. Службен весник на Република Македонија, Број 21, од 2 февруари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Закон за дополнување на Законот за класифицирани информации. Службен весник на Република Македонија, Број 21, од 2 февруари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Закон за изменување и дополнување на Законот за полиција. Службен весник на Република Македонија, Број 21, од 2 февруари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Уредба за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 21, од 2 февруари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) Програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 21, од 2 февруари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) 

 Програма за промоција и поддршка на туризмот за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 21, од 2 февруари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за донесување на Енергетскиот биланс на Република Македонија за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 23, од 5 февруари 2018, понеделник

(www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.9 Февруари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЛЕГИСЛАТИВА

3

Стратешки план за работа на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот 2018 – 2020 година. Службен весник на Република Македонија, Број 24, од 6 февруари 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) 

Правилник за начинот на полагање на стручниот испит на работниците кои ќе вршат сервисен преглед и контролно испитување на апаратите за гаснење на пожари. Службен весник на Република Македонија, Број 24, од 6 февруари 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) 

Одлука за давање согласност на Програмата за работа и Финансискиот план на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 27, од 9 февруари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) 

Одлука за изменување на Одлуката за висината на надоместоците за спроведување на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните. Службен весник на Република Македонија, Број 27, од 9 февруари 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) 

Одлука за потврдување на Финансискиот план за 2018 година на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Службен весник на Република Македонија, Број 28, од 12 февруари 2018, пoнеделник 

(www.slvesnik.com.mk)  Одлука за формирање на Совет за управување со јавни финансии. Службен весник на Република Македонија, Број 28, од 12 февруари

2018,

пoнеделник

(www.slvesnik.com.mk) Одлука за изменување на Одлуката за намалување на цената на становите во општествена сопственост. Службен весник на Република Македонија, Број 28, од 12 февруари 2018, пoнеделник 

(www.slvesnik.com.mk) Годишна програма за реализација на стратешкиот план на Агенцијата за катастар на недвижности за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 28, од 12 февруари 2018, пoнеделник 

(www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.9 Февруари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ИЗВЕСТУВАЊА

4

УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ МАРТ 2018 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Обрасци кои се поднесуваат во месец Март Рок

Образец

Даночен обврзник

Опис

до 10-ти во месецот

МПИН

Работодавaчи

Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.

ПДДГДП

Граѓани / Трговецпоединец / Самостоен вршител на дејност

Ако покрај плата и пензија, приходи од самостојна дејност, приходи од земјоделска дејност, сте оствариле и други приходи (приходи од закупнина, дивиденда, кaпитална добивка и сл.) во претходната календарска година, поднесете Годишна даночна пријава образец “ПДД-ГДП”.

ПДД-ДБ

Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност

Трговци поединеци и самостојни вршители на дејност (нотари, адвокати, стоматолози, занаетчии, сметководители, уметници и др.), за остварената добивка/загуба од вршење на дејност поднесете образец “ПДД-ДБ” по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk

Б

Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност

Трговци поединеци и самостојни вршители на дејност (нотари, адвокати, стоматолози, занаетчии, сметководители, уметници и др.), за остварената добивка/загуба од вршење на дејност поднесете образец “Б” по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk

до 15-ти Март

до 15-ти Март

до 15-ти Март

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.9 Февруари 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

до 15-ти Март

до 15-ти Март

до 25-ти Март

до 31-ви Март

ДБ

ДБ-ВП

ДДВ-04

ДД-01

Фирми

Доколку сте правно лице/резидент на Република Македонија - кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или постојана деловна единица на нерезидент - која остварува добивка од вршење на дејност на територија на Република Македонија и доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате поднесено во електронаска форма, поднесете Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), заради утврдување на данокот на добивка.

Фирми

Доколку ги исполнувате условите за влез во „поедноставениот даночен режим за трговски друштва“ за оданочување со данок на вкупен приход односно сте оствариле вкупен приход во претходната година до 3 милиони денари на годишно ниво или пак од 3 000 001 до 6 000 000 денари на годишно ниво и сакате да се определите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход, и доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма, поднесете образец “ДБ-ВП“.

Фирми и граѓани

Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

Фирми

Доколку сте правно лице кое во изминатата година остварило финансиска загуба во Билансот на успех, поднесете образец “ДД-01“ со цел да остварите право на намалување на даночната основа во идните пресметковни периоди.

Повеќе информации на следниот линк www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/3

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.