Елена Лука, инспирирана од потребите на модерната жена, со љубов и посветеност ја создаде својата нова „Бизнис“ колекција за престојната есен/зима 2014-2015 година.
Колекцијата е составена од: кошули, панталони, здолништа, фустани, кардигани, блејзери и капути.
Материјалите кои се користени во изработка на креациите се висококвалитетни, а нивната палета е составена од: брокат, штоф, пуплин, жоржет, сатен, чоја.
Повеќетo креации ја негуваат Вашата смелост во трансформациите на деталите.
Едни од носечките парчиња на новата „Бизнис“ колекција која изобилува