Анастасија Чадо која боледува од церебрална парализа докажа дека за нејзините соништа не постојат изговори, со што ја промовираше својата прва колекција во целост поддржана од модната куќа Елена Лука.
Девет жени од различни општествени сфери, меѓу кои повеќето од шоу бизнисот ги носеа нејзините уникатни модели инспирирани од темата – Вода, како што и беше насловена колекцијата.
Во име на заедничкото пријателство и соработката, Елена Лука реализираше специјален каталог кој ќе сведочи за овој значаен настан за Анастасија која со сигурност во иднина ќе биде и нов креативен ум на македонската модна сцена.