Enter 46

Page 1


02/511 99 77 Главен и одговорен уредник Горан Ѓорѓевиќ Уредник Гоце Постоловски - gp@division.mk Заменик уредник Ана Симоновска - as@division.mk Маркетинг marketing@division.mk Графички уредник Дарко Ќурчиевски - dw@division.mk Веб уредник Ирена Постоловска - ip@division.mk Лектор Верица Неделкоска Фотографија Благоје Ѓорѓевиќ - bdj@division.mk Графичка подготовка Глигор Постоловски Редакција и соработници Дејан Зафировски dz@division.mk Гоце Спасовски Кирил Кироски Христијан Мирчески Ивица Анѓелески Жарко Петровски Мартин Јованчевски Милан Крстевски Драгана Миладиновиќ Списанието кое сите го разбирате излегува секој месец во текот на целата учебна година

Постојани соработници

контакт: enter@division.mk www.enter.net.mk Печати Друштво за печатење на весници печатница „Мисирков“ ДОО Скопје Издава

Директор Горан Ѓорѓевиќ Дивисион ДООЕЛ Миладин Поповиќ бр. 13, 1000 Скопје тел: 02/511 99 77, факс:02/511 97 97 Жиро сметка: 300000002892091 Комерцијална банка АД, Скопје Даночен број: МК 4032009500689 Дистрибуција: ПЛУС ПРОДУКЦИЈА Тел: 02/2580020

ЗБОР-ДВА ОД УРЕДНИКОТ Поминаа празниците (барем тие најважните), веќе сме во вториот месец од оваа година и така отрезнети и полни со елан и енергија решивме за овој број на „Ентер“, 46-ти по ред, да направиме нешто скоро невозможно. Да направиме еден преглед на ИТ-светот во последните 10 години и да се обидеме да ви го доловиме тој развиток во декадата што помина, која ако се суди според она што се случуваше во неа, слободно можеме да ја наречеме револуционерна. На почетокот, идејата ни беше таа тема да ја обработиме само во Темата на бројот, но откако видовме со што сме се зафатиле (а познати сме по тоа дека никогаш не се откажуваме), направивме нов план, па така, сегменти од тој развиток сега ќе може да прочитате низ скоро сите рубрики и составни делови на овој наш, а пред сè ваш, „Ентер“. Колку успеавме во тоа, ќе ни кажете вие. Сега да се вратиме малку назад, во 2010 година, кон она што во моментов е најново и најдобро, односно топ-тема во светот, а е од областа на интернетот, хардверот, софтверот, мобилните телефони, новите технологии и гејмингот. Да, токму тоа се повторно нашите рубрики, различни според тематиката, но сите еднакво актуелни и секогаш интересни. Така, во интернет-секцијата се задржуваме на неколку веб-локации, кои се вредни за споменување, ви пренесуваме неколку интересни сервиси и алатки кои можат многу да ви се најдат при работењето, а тука е и неизбежниот Twitter, за кој секогаш има нешто интересно да се сподели, а за кој можеби најдобро важи онаа народната „Мал, мал, ама...“. Во хардверскиот „излог“ повторно мелем за очи за сите корисници. Една од најмоќните графички картички ни беше на гости и ни ја раскажа целата приказна за себе, за тоа што може и што знае. Друштво и правеше еден млад господин лаптоп, скромен според цената, но со многу таленти кои е спремен да ви ги стави на располагање, како и еден од истата група (лаптоп), но вообразен, и тоа со причина, бидејќи се работи за претставник на линијата најмоќни лаптопи во целиот свет. Зависниците од уредите кои порано се викаа мобилни телефони (а сега со нив, покрај другите функции, можете и да се јавите) ќе бидат воодушевени од пресекот што го направивме за овој месец. Ексклузивните модели блескаа во сиот свој сјај, други пак се фалеа со многуте функции и брендот што гордо го носат на себе, додека оние што ги викаме PDA се сметаат за посебни, па како такви и се претставуваат, по малку замерувајќи ни што ги ставаме во групата на мобилни телефони, можеби и со право, со оглед на функциите што ги нудат. Главен знак на делот ПРО во „Ентер“ 46 е технологијата. Како онаа од пред 10 години, така и најновата. Покрај неа сместивме и нови процесори, а место најдовме и за најновата лекција по програмирање. Доколку редовно ги читате и применувате овие лекции, би требало веќе да бидете добар кандидат за одличен програмер. И секцијата Гејминг е тука некаде. И овде има преглед на најдобрите игри од декадата што измина и голем број најнови наслови. Оние што се излезени се претставени со рецензија, додека другите со најава, а има за сите платформи и вкусови. Токму такво се трудевме да биде и новото ДВД, се разбира, со идентичен број - 46. Тука ставивме игри за возачи (DIRT 2), за потенцијални крим-техничари (CSI Deadly Intent) и за вљубеници во фантастични бајки и епски битки (Divinity II< Ego Draconis). Тука е и Linux дистрибуцијата и голем избор на Windows алатки и програми, мали игри и специјалната секција за овој број – Graphic Design Software, или во превод – одличен сет алатки за графичко обликување, анимирање и публикување на веб на вашите идеи и замисли. Тоа беше од нас. Остануваме во контакт. Уживајте! Гоце eAbacus Постоловски


12

НАСТАНИ

CES 2010 Иновативно во новата деценија

Јануари. Лас Вегас. Време и место за CES, еден од најголемите и највлијателни саеми за корисничка електроника на глобално ниво.

14

IT НИЗ БРОЈКИ

384 милиони Кинези на интернет Со завршетокот на минатата година, знаеме колку изнесува бројот на Кинези кои имале пристап на интернет. Тој број е 384 милиони и во споредба со минатата година претставува раст за 30%.

16

ИНТЕРВЈУ СО...

26

ТЕМА НА БРОЈОТ

ИТ (Р)ЕВОЛУЦИЈА Теоретски едноставна, но практично скоро невозможна задача. Така накратко може да се опише нашата желба на неколку страници да ви го претставиме најинтересното од декадата што измина, а се однесува на ИТ светот, се разбира. Навидум малку години, но секоја приказна сама за себе, секоја носеше по некоја револуција и ако сега се свртиме назад и погледнеме каде беше ИТ светот тогаш, а каде е сега, изгледа скоро неверојатно дека поминале само десет години.

Валентино Скендеровски

Тој важи за еден од најдобрите и најплодните македонски музички продуценти, со богато и, пред сè, квалитетно портфолио, со какво што не можат да се пофалат многумина и со подолг животен и работен стаж.

18

ВЕСТИ Италијанска онлајн диктатура

Mногу построги правила за интернет корисниците во Италија e новиот план на владата на Берлускони, според кој секој оној што ќе сака да аплоадира видео, било на Јутјуб, Фејсбук или на сопствен веб сајт, најнапред ќе мора да побара дозвола од Министерството за комуникации.

ИНТЕРНЕТ 20 Веб-селектор www.openphoto.net www.kerpoof.com 24 „Насилства“ врз Twitter

Во време кога сајбер-криминалот зема замав, големите компании сè повеќе се изложени на најразлични напади. Twitter, со својата победничка политика и општа прифатеност од масите, дефинитивно не е исклучок.

ХАРДВЕР 30 Големиот, брзиот и сигурниот

Kingston е производител на мемориски уреди за кој нема потреба да дискутираме затоа што долгата традиција и постоењето на пазарот го држат на врвот во класата.

32 Ултимејт борец

Оваа графичка картичка ќе го разбуди гејмерското во секој корисник и ќе направи играњето да биде вистинско 3Д доживување.

34 Подготвени за нов филм

5.1-канален аудиокомплет со моќен засилувач и префинет опкружувачки звук се епитетите со кои може да го пофалиме овој DVD уред и звучници. Тој има можност за читање на USB мемориски стикови од кои може да се репродуцираат DivX и DVD филмови, mp3 и WMA аудио и JPEG фотографии.

36 Сладок како чоколадо

Благодарејќи на„АМЦ“, овој пат го имаме преносниот компјутер ASUS K50AD со ознака SX034. Покрај одличниот и елегантен дизајн, поседува процесор и графичка картичка со кои овој компјутер добива предност пред своите конкуренти со слична цена.

38 Повеќе од лаптоп

Дали Alienware M17x е најмоќниот лаптоп во универзумот? Одговорот е одамна познат, а ние подолу ќе ви образложиме зошто е тоа така.

40 Диода е во мода

Acer произведе нов еколошки LCD монитор во светот познат како S243HLbmii. Овој 24-инчен монитор знае да ја штеди енергијата трошејќи само 17W при работа, благодарејќи на новата LED технологија.

42 Нова приказна во AMD-светот

MSI NF750-G55 е матична плоча со NVIDIA nForce 750 SLI чипсет, кој дозволува да се направи комбинација од најновата генерација на процесори од AMD со multi-GPU SLI, a притоа да не зададете силен„удар” на вашиот џеп.

44 Повеќе моќ за помалку енергија

Apple не произведуваат само лаптопи и покрај тоа што тие им се приоритет. За овој број на„Ентер“, прочитајте нешто ново од Apple. Станува збор за најбрзиот сервер кој штеди повеќе енергија отколку што сте очекувале.

КАКО ДА...

46 Го оптимизирам Windows 7

Речено - сторено! Минатиот месец ви ветивме дека во овој број ќе продолжиме со советите за тоа како да го оптимизирате вашиот најнов оперативен систем, Windows 7.

47 Ја„средам“ мојата Gmail сметка Сите имаме една или повеќе е-маил адреси. Gmail сервисот, се чини, како да е најбезбедниот. Но, ако знаете дека во Google имаат и лабораторија во која макотрпно се работи, можеби ќе ви„светне“ дека би требало да има и некои револуционерни апликации, корисни опции или можеби и игри.

50

ГАЏЕТИ

Во мое време..

Последната декада ја одбележаа неколку гаџети кои „на времето“ претставуваа вистинско чудо на технологијата кое не можеше баш секој да си го дозволи, а денес веќе скоро секој ги има во својот џеб, дома или во возилото. Некои од нив се и премногу познати, а за некои можеби и ќе се зачудите колку многу напредувале за само неколку години.

СОФТВЕР

61 Каспер за вашиот компјутер

Поддршка за Blu-ray дискови, природна работна околина во Windows 7 и неговата Bitlocker функција, робусен но флексибилен и лесен за употреба.

62 Есенцијална заштита

Сите сакаат да имаат максимално безбеден компјутер. Но, понекогаш тоа „максимално“ значи и комплетно испразнување на вашиот џеб. Од Microsoft се решија на еден за многумина изненадувачки потег – да направат антивирусен софтвер кој вреди „ич“ пари.

63 Стар лисец

Зошто токму Firefox 3.6 заслужи место во оваа страшна конкуренција на нови софтвери и надградби на најпознатите светки производители?

МОБИЛНИ

68 Од„цигла“ в џеб до iPhone 3GS

Во изминатава декада хардверската и софтверската технологија која се употребуваше за изработка на мобилните телефони напредуваше со огромна брзина. Скоро е неверојатно колку се разликуваат уредите стари само десет години – погледнете што сè се случуваше во периодот помеѓу Ericsson t36 и Apple IPhone 3GS.

72 Пресвртницата на Motorola

На времето Моtorola беше една од позначајните компании кои произведуваа мобилни телефони. Со текот на времето, ја изгуби таа позиција, а последниве години речиси и не видовме нешто значајно од производните линии на Motorola. Meѓутоа, во 2010 година тоа може да се смени.


Талентот, пред сè Тој важи за еден од најдобрите и најплодните македонски музички продуценти, со богато и, пред сè, квалитетно портфолио, со какво што не можат да се пофалат многумина и со подолг животен и работен стаж. Години наназад е директно инволвиран во едукативниот процес, а денес како универзитетски професор на катедра за звучен инженеринг ги обликува идните музички сили во Македонија. За музиката и компјутерите, за тоа што донесе дигиталното и технологијата воопшто во оваа уметност, поразговаравме со Валентино Скендеровски...

Како преминот од аналогно кон дигитално влијаеше на музиката? Предности – недостатоци? Во почетокот, кога за прв пат се појави компакт-дискот како медиум, сите бевме изненадени од фактот дека нема „шум“, за подоцна да стасаме до сознанието дека нешто не звучи онака како што сме навикнати да ни звучи убаво снимената музика. Се работи за проблем, за кој би требало да се наведе опширно објаснување, а многу луѓе не би имале време ниту потреба да го читаат, па наједноставно е квалитетот на дигиталниот тонски запис на CD-то да го споредиме со квалитет на слика кој би го добиле со дигитален фотоапарат произведен некаде околу 2000 година. За жал, компакт-дискот продолжи да претставува стандард за носач на звук, па така и звучната резолуција која може да ја понесе на себе остана апсолутно несовршена. Не само аудиосветот, туку и филмската и видеопродукција, како и фотографијата претрпеа огромен пораз со појавата на дигитализацијата. Од друга страна, пак, знаеме дека олеснувањата и сите останати привилегии што ги добивме со појавувањето и развојот на дигиталната технологија се незаменливи во однос на брзото работење, неверојатно евтиното архивирање, можноста за

16

www.enter.net.mk

копирање (клонирање) без никакви загуби – ова се придобивки од кои ниеден нормален професионалец, а ниту аматер не би се откажал. Полека но сигурно, преодот од аналогната кон дигиталната технологија донесе и нејзин молскавичен развој, па сведоци сме на секојдневно „бомбардирање“ со нови таканаречени идеални решенија. Факт е дека сите големи рок-бендови сè уште ги снимаат своите најнови остварувања на аналогна лента, за да подоцна го префрлат снимениот материјал во DAW (Digital Audio Workstation) каде што обработката претставува задоволство, а компјутерите се доволно моќни и брзи, па времето кое би го потрошиле со „аналогецот“ можеме да го искористиме за таканареченото време за креативност. Имено, еден тонски инженер или продуцент има одредено количество на концентрација во денот, за кое мора да внимава на што ќе го потроши. Доколку компјутерската програма како помагало овозможува работата да се заврши за тројно пократко време, отколку кога би се работело со аналогни помагала, тогаш истото тоа време што сме го „ќариле“ ни останува да го искористиме за креативност. Заклучокот е следниов: Имаме не толку „топол“ и пријатен звук како кога би го работеле целиот процес по аналоген пат, а сепак добиваме многу повеќе алатки и помагала

како што се перфектните компјутерски програми, безброј плагини, виртуелни музички инструменти, како и уште многу други неограничени можности, кои зависат од самата креација на авторот. Прашањето е - во што се чувствувате попријатно? Во памук или во синтетика?

За музиката и компјутерите. Како развојот на технологијата го промени креативното изразување? Предности – недостатоци? Се работи за сосема нови времиња, кои со себе носат неверојатно голем број на промени, начини на живеење, осознавање на нештата итн... Добрата музика никогаш не зависела од секојдневната трка по најновите технички помагала. Се разбира, секогаш постојат исклучоци, но поимот „добра песна“ едноставно не признава ниту временски ниту технолошки граници. Една од предностите што ги донесе компјутеризацијата во музиката е фактот дека денес навистина секој може да искреира свое сопствено парче музика на еден најобичен компјутер со помош на соодветен софтвер, за подоцна да ја аплоадира на интернет. Еден од недостатоците е фактот дека, за жал... премногу луѓе го прават тоа. Консументите се филтер кој не дозволува лесно да биде изманипу-

лиран, но ова не подразбира дека вкусот на публиката одлучува што е добро, а што не е. Стадо-синдромот кој одамна ги мачи народите на Балканов, е вирус со длабоко всадени корени и нема лесно да се ослободиме од него .

Кои карактеристики треба да ги има модерниот и современ музички продуцент?

Паааа, пред сè, треба да е млад! :))))) Ова е професија за која знаеме дека креативецот кој зависи од развојот на дигиталната технологија, едноставно, мора да си ги обновува знаењата доколку не сака неговиот професионален пат да има кратка километража. Според мене, за да еден музички продуцент остане информиран, неопходно е секојдневно слушање нова музика, следење настани, анализирање нови изданија, комуницирање со професионалци низ целиот свет итн. Едноставно, не смее да си дозволи да му застане часовникот, што воопшто не е лесно.

Знаења, вештини? Софтвер, хардвер? Талент? Талентот, пред сè! Софтверот е нешто што се учи полесно или потешко, меѓутоа, тајната се наоѓа во експериментирањето и секојдневните нови обиди, кои не секогаш се продуктив-


Валентино Скендеровски

ни. Хардверот, пак, е нешто за кое треба да се одвои одредена сума на материјални средства, а евтин хардвер во овој бизнис, едноставно, не брка работа. Колку пари – толку музика! Слободоумноста во креацијата, како и храброста да се создаде нешто ново, на поинаков начин, со несекојдневна или понова боја на звук, се сегментите кон кои треба да се стреми секој уметник од оваа област. Генијалноста лебди тука некаде околу нас секогаш на дофат, а сè што е потребно за да ја зграбиме е ум ослободен од негативна енергија.

Вашето мислење за интернетмрежата како платформа за едукација на креативните музичари, промоција и пласман на трудот, вмрежување со останатите чинители на овој сектор од забавната индустрија? Музиката се продава на интернет веќе цела деценија. iTunes и идејата за ваков сервис придонесе за достапноста до делата на сите

музичари. На овој веб-сајт една песна се купува за еден долар, а да не ги спомнувам безбројните нелегални сервиси од каде што секојдневно се симнуваат хексабајти со музика... бесплатно. За големите ѕверки е лошо, меѓутоа за малите и анонимните е неверојатна можност за презентирање на ново дело. Интернетот може да послужи за многу корисни нешта, меѓутоа, за жал, секојдневното негово злоупотребување е факт кој не смееме да го игнорираме. Јас имам навика да кажам: „Да не постоеше интернетот, немаше да бидам ни половина од ова што сум“. Ова се однесува на сите сознанија со кои се стекнав во изминативе 15-тина години, сите комуникации што ги остварив со многу креативци ширум светот, сите најнови информации што ги добив на тацна, со едно обично кликање на одреден линк. По мене се гледа дека, помалку или повеќе, сум зависник од интернетот и од компјутерската технологија, меѓутоа да бидам искрен, да не беше така, денес немаше да бидам универзитетски професор на катедра за звучен инженеринг. Целото мое знаење му го должам на интернетот од каде што можев секојдневно да се брифирам и усовршувам. Моја стара изрека која многу често ја употребувам гласи: „Интернетот е она што си ти!“ Имено, интернетот е море од информации и податоци од кое секој го црпи тоа што му е потребно. Некој чита книги, слуша музика, можеби гледа филмови, добри или лоши... зависи од секој од нас како ќе го потрошиме времето поминато на интернет. Секој од нас има различен критериум за убаво, полезно, добро и лошо, па можеби

доколку анализираме што правиме на интернет, би можеле да добиеме една релевантна слика за себе. Ана Симоновска

www.enter.net.mk

17


Статистика за посетеност на сајт

Доколку имате сопствен веб-сајт и сакате да имате детален увид во тоа каков успех постигнувате со него, односно каква е посетеноста и колкав интерес буди кај посетителите, постојат повеќе начини да го сторите тоа. Една од алатките кои можат да ви завршат работа, квалитетно, едноставно и сосема бесплатно, ни доаѓа од Google. Дозволете ни да ви ги претставиме можностите на Google Analytics, кои со сигурност ќе ви ги решат сите проблеми околу контролата на посетите на вашата страна, но и многу повеќе од тоа.

СЛЕДЕТЕ ГО СВОЈОТ УСПЕХ Најпрвин регистрирајте ја корисничката сметка со вашата Gmail адреса. Во првиот чекор пополнувате mail, лозинка и потврдувате дека се согласувате со условите за користење. Потоа треба да ги внесете информациите за вашиот веб-сајт, нормално, адресата, името на корисничката сметка, а тука се и информациите за часовната зона. При самиот крај од нагодувањата треба да ги додадете и личните генералии за вас, како име и презиме и место на живеење. За крај, следува најважното. Пред вас ќе се генерира HTML код кој треба да го вметнете во почетната index страна на вашето веб-претставување. Откако ќе го направите тоа, по некое време Google ќе го регистрира и ќе започне да собира и обработува податоци од скоро секоја активност на

22

www.enter.net.mk

вашата веб-страна. Како изгледаат тие резултати? Со една сметка можете да следите статистика на неограничено многу веб-страни, а

за секоја од нив ќе се генерира посебен извештај. Извештаите се богати, како визуелно, така и со податоци и информации. Во левиот дел од работната површина се сместени менија коишто ги кријат главните категории според кои можете да ја следите посетеноста. Така, во делот Visitors ќе можете да погледнете колку посетители сте имале во одреден период, колку од нив се нови, а колку се враќаат повторно, потоа колкумина се задржале на веб-страната и со кои прелистувачи ја гледале. Во Traffic Sources, пак, ќе ги погледнете информациите за тоа од каде најмногу ви доаѓа интернет-сообраќајот. Дали директно, дали преку интернет-пребарувач или, пак, можеби преку некоја страна која ве препорачала. Content ќе ви покаже што од

вашиот веб-сајт најмногу ги заинтересирало посетителите. Кои страници најмногу ги посетиле и најмногу се задржале на нив, како и тоа кои биле последните страници што ги гледале и по кои решиле да ја напуштат вашата веб-локација. Покрај овие, има уште мал милион поткатегории според кои се генерираат и прикажуваат нумерички и графички извештаи кои ќе ви дадат комплетна слика за тоа каде сте и колку навистина ви успеала промоцијата на сајтот или, пак, можеби треба да се претставите малку поагресивно. Сладете се на својот успех и навреме реагирајте ако видите дека посетеноста опаѓа. Алатката ја имате, на вас останува да бидете интересни и да заслужите некој да дојде и да потроши време на вашиот сајт. Гоце Постоловски


Google vs China Објавата на Google дека доколку Кина не сопре со цензурата на интернет-пребарувањата ќе се повлече од оваа земја, која брои над 1,3 милијарди жители и претставува еден од најголемите и највредни пазари, одекна како бомба во он-лајн светот. Давајќи отпор на комунистичкиот режим, компанијата зема лик на борец за слободата на говорот, иако поранешната одлука да прикажува само ограничени резултати беше проследена со критицизам на сметка на Google.

Google заоѓа на исток? Кон средината на јануари, од Google изјавија дека заедно со уште 20 други биле жртви на „високософистициран и таргетиран напад“, со потекло од Кина, а цел биле електронските сметки на кинеските активисти за човекови права. Без да обелоденат детали, од Google изјавија дека при нападот е украдена интелектуална сопственост. Како резултат на ова, компанијата повеќе не сака да се покорува на барањата на кинеската Влада за филтрирање на одредени пребарувања, што беше еден од условите што требаше да ги исполни Google пред да влезе во оваа земја. Компанијата изрази желба да разговара со Владата во врска со можноста да нуди нефилтрирани пребарувања во Кина, а доколку тоа не се случи, Google ќе разгледа и други алтернативи, кои подразбираат и гаснење на локалниот сајт, па дури и целосно затворање на канцелариите. Од 2006 година, кога Google започна да работи во Кина, сè досега, илјадници термини беа „жртви“ на цензура, но само неколку часови по споменатата објава Google.cn започна да исфрла резултати за чувствителни теми. Одлуката на Google да ги филтрира своите резултати многумина ја оценија како една од најконтраверзните во историјата на пребарувачот, чиј слоган е „Don't be evil“ и кој активно се залага за слободен пристап кон информации. Од компанијата тогаш се правдаа дека и делумен пристап е подобар од никаков пристап кон информации. Но, според Google, спротивно од нивните очекувања, Кина станува сè порестриктивна и тие повеќе не се во можност со чиста совест да продолжат со цензура на резултатите. Сепак, додека едни ја поздравуваа храброста на гигантот, други се прашуваа дали можеби причините за овој потег се повеќе од финансиска отколку од слободољубива природа. Според некои колумнисти, финансиите речиси

сигурно имале своја улога во оваа игра на „сè или ништо“. Google не успеа да доминира на пазарот на пребарувачи во Кина, како што е случајот со остатокот од светот, а мораше да се задоволи со само 19 проценти, драстично заостанувајќи зад водечкиот Baidu. Аналитичарите велат дека помалку од два процента од приходот на Google доаѓа од Кина, што отвора простор за шпекулации дека можеби од компанијата сфатиле дека бизнисот никогаш нема да успее да го постигне задоволувачкото ниво. Хакерскиот инцидент е одлично оправдание за Google да си замине од Кина, а притоа да си го

зачува образот. Сепак, многумина сметаат дека деловниот успех на Google во Кина е потценет и ги оценуваат како цинични тврдењата дека пребарувачот си оди поради пари. Според нив, компанијата имала континуиран пораст на кинескиот пазар и постигнувала добар профит. Освен тоа, пазарот за мобилни телефони со раширени раце го дочека нивниот оперативен систем Android, што отвори нови бизнис-перспективи. Од своја страна, Кинеската влада тврди дека работи на промоција и развој на интернетот и дека интернетот во земјата е отворен и ги поканува странските компании да ги водат своите бизниси

легално во Кина. Ова недвосмислено укажува на тврдите ставовите на „завојуваните“ страни. Гуо Ке, комуникациски професор во Шангај, изјави дека за Владата на Кина нема никаква разлика дали Google ќе се повлече од земјата или не. Меѓутоа, Google ќе претрпи огромни финансиски загуби ако се одлучи да го спроведе најавеното. Доколку се случи тоа, вистинските жртви и губитници ќе бидат интернеткорисниците во Кина. Останува да видиме каков ќе биде исходот од оваа борба помеѓу овие два гиганта. Ана Симоновска

www.enter.net.mk

23


ИТ (Р)ЕВО Теоретски едноставна, но практично скоро невозможна задача. Така накратко може да се опише нашата желба на неколку страници да ви го претставиме најинтересното од декадата што измина, а се однесува на ИТ светот, се разбира. Навидум малку години, но секоја приказна сама за себе, секоја носеше по некоја револуција и ако сега се свртиме назад и погледнеме каде беше ИТ светот тогаш, а каде е сега, изгледа скоро неверојатно дека поминале само десет години. Едноставно, се случија премногу работи, а ние ќе се обидеме да ви ги доловиме најважните.

Ви го нудиме десктопсистемот со процесор Pentium III со работен такт од неверојатни 1000 MHz, 128 MB SDRAM, хард-диск од 20GB ATA-66 (Ultra), 3.5” Floppy, CD-Rom и Windows 98. Да!!! Така звучеше понуда за десктоп компјутер кон крајот на 1999 година и почетокот на 2000 година. Гледајќи ги перформансите и достигнувањата на денешните компјутери, имаме огромна разлика, а од горенаведениот систем нè делат само 10 години. Во следниот текст ќе се обидеме накратко да ја опфатиме еволуцијата на хардверските компоненти во текот на последната декада.

Пред „многу, многу“ години во еден ИТ свет Сите со возбуда ја чекавме 2000 година, пред сè, поради фактот дека сме една од ретките генерации кои можат да се пофалат дека биле сведок на преминувањето од еден во друг милениум. Дел од она што порано го гледавме во емисии од типот „по 2000-та“ сега се случуваше. Сè уште немаше автомобили што летаат, ниту роботи коишто изгледаат исто како нас, но сепак се случуваше една револуција во светот на компјутерите и телекомуникациите која започна во 80-тите години на векот кој измина и галопирачки грабаше напред. Растот беше секојдневен, а резултатите видливи насекаде. Компјутерот стана персонален, интернетот веќе не беше привилегија само на одбраните, а мобилните можеа да се носат в џеб. Сè изгледаше совршено, луѓето се подготвуваа да го преминат прагот кон 2000-та и да уживаат во придобивките на иднината, кога наеднаш се рашири приказната за фамозната „милениумска бубачка“. Почна да се крева општа паника. Дали компјутерите на кои само што им дозволивме да влезат во сите пори на живеењето, на кои им ги доверивме тешко спечалените пари, сето насобрано знаење, па дури и здравје, едноставно, ќе се вратат 100 години наназад и дали во светот ќе завладее информативен мрак? Прогнозите беа различни, а инженерите во најголемите светски ИТ компании, корпорации и банки молскавично работеа и размислуваа што може да се случи, или поточно како да се спречи најлошото. Се издаваа закрпи, се делеа совети, но никој со сигурност не можеше да каже дека опасноста поминала. Се до 00:01 на 01.01.2000 година. Откако сите си честитавме и си посакавме сè убаво, се сетивме на „милениумската бубачка“. Ги вклучивме компјутерите, ги проверивме сметките во банка. Сè си беше на место. Успешно влеговме во новиот век, од кој денес можеме да кажеме дека веќе ја потрошивме првата декада. Декада на раст и невиден напредок во технологијата. Револуција во индустријата за која порано беа потребни многу десетици години, па дури и векови. ИТ светот во сите свои сегменти доживеа ренесанса каква што ни најсмелиот прогнозер не можеше да предвиди. Еве дел од неа.

26

www.enter.net.mk

- Процесори

2000 година беше во знак на долгонајавуваниот Pentium 4 кој имаше работен такт од 1,3 GHz и брзина на магистралата од 400 МТ/s (мегатрансфери во секунда). Првите производствени технолошки процеси на овие процесори беа од редот на 180nm за подоцна технолошкиот процес да се намали сè до 65nm. Pentium 4 „згаснаа“ во 2008 година со максимални постигнати 3,8 GHz работен такт и магистрала со брзина од 1066 МТ/s. При крајот на владеењето на P4 веќе можеа да се забележат новите повеќејадрени процесори кои драстично ги кренаа границите на нивната пресметковна моќ. Последната година на пазарот веќе може да најдеме процесори за комерцијална употреба со четири јадра и 45 nm технологија на изработка, а типични претставници се Intel Core i7. Паралелно со Intel, AMD во 2000 година ги исфрли во употреба процесорите од серијата K7 чии претставници беа Athlon, Duron, Sempron, а подоцна преку К8 и К9 да дојде серијата К10 каде што повеќејадрените процесори, исто така, се новитет. Најновите примероци од AMD се Phenom II генерацијата процесори со четири јадра.


Тема на бројот

ОЛУЦИЈА - Системска меморија

Со почетокот на новиот милениум, SDRAM мемориите веќе се исфрлија од употреба, а на нивното место дојдоа DDR мемориите од првата генерација. Тогашните 200 MHz работен такт на DDR1 меморијата беа голем скок во однос на SDRAM мемориите, а подоцна веќе можеа да се забележат и мемории со работен такт од 266, 333 и 400 MHz. DDR1 беше „пензионирана“ од

- Оптички уреди

страна на DDR2 која имаше зголемен работен такт каде што во последната година достигна до 1066 MHz. DDR2 меморијата е сè уште актуелна, но на пазарот веќе може да се забележат DDR3 мемориите кои имаат значително намалена потрошувачка на енергија и многу поголеми латенции од редот на 9-9-9-24 за мемориите со работен такт од 1600 MHz.

CD-ROM-овите за комерцијална употреба владееја сè до 2000 година кога почнаа да се произведуваат првите Combo DVD читачи со можност за снимање на CD медиуми. Подоцна, опцијата за снимање на DVD медиуми беше возможна и кај комерцијалните уреди и сè до денес се користат и се актуелни овие уреди.

- Хард-дискови - Графички картички

графички картички од Nvidia GTX 2xx со работен такт до 2 GHz, меморија до Пред 10 години, веќе актуелната Nvidia 1,8 GB и 896-битна магистрала. Од друга страна, ATI исто така ифрла Riva 128 со 8 MB меморија почна да излегува од мода благодарејќи на RIVA во употреба графички картички кои TNT, па Riva TNT 2 и првата GeForce со конкурираат на Nvidia. Вечната битка помеѓу овие два производитела не ознака 256. Оваа картичка имаше 32 престанува исто како и кај производиMB DDR меморија со работен такт на телите на процесори. чипот од 120 MHz. По неа се појавиja GeForce 2 MX, GeForce 3 и GeForce 4 MX440 која имаше огромен подем кон крајот на 2002 година со своите 128 MB меморија и 275 MHz работен такт на јадрото. Подоцна дојдоа FX, NV3x и NV43 и 44 графичките процесори. Со минувањето на годините, перформансите на графичките картички се зголемува, па сега се достапни

Еволуцијата на хард-дисковите е многу често критикувана затоа што брзиот развиток на останатите хардверски компоненти бараше соодветно зголемување на перформансите и на хард-дисковите, но производителите на овие уреди не го постигнаа тоа. Кај овие компоненти драстично е зголемен капацитетот кој од тогашните 20-тина MB, сега достигнува до 1-2 TB.

www.enter.net.mk

27


DVD Surround Philips HTS 3180

5.1-канален аудиокомплет со моќен засилувач и префинет опкружувачки звук се епитетите со кои може да го пофалиме овој DVD уред и звучници. Тој има можност за читање на USB мемориски стикови од кои може да се репродуцираат DivX и DVD филмови, mp3 и WMA аудио и JPEG фотографии. Philips одамна може да се пофали со квалитетни DVD читачи и одлични опкружувачки (surround) системи. DVD читачот HTS 3180 од предната страна е во пијано-финиш изработка со голем воочлив потенциометар за контрола на јачината на звукот. Лево од потенциометарот се наоѓа LCD дисплејот на кој се наоѓаат неколку контроли за play, stop, source и копчето за отворање на вратичката за дискот. На крајната лева страна е копчето за вклучување/ исклучување, додека на крајната десна страна се наоѓа USB приклучокот до кој лесно може да се пристапи. Од задната страна се наоѓаат приклучоците за аудиовлез и видеоизлез, како и FM антена и SCART приклучокот. Тука се наоѓаат и приклучоците за звучниците кои имаат едно иновативно решение бидејќи каблите не се приклучуваат со вметнување на секој вод посебно па да се притискаат со навртка или пружина, туку се буквално решени како Easy Fit конектори кои како пинови се приклучуваат, а целата работа дополнително е олеснета бидејќи секој звучник е обележан со конектор во различна боја. Кога станува збор за оптичките медиуми и формати што може да ги репродуцира овој уред, тие се CD, VCD, SVCD, DVD+R\RW, DVD-R\RW и сите двослојни DVD оптички медиуми. Уредот го приклучивме преку SCART кабелот на ТВ-уредот и најпрво го искусивме аудио FM тјунерот кој при првото вклучување самостојно ги пребара расположливите станици. Откако заврши пребарувањето, вклучивме една станица и преку далечинскиот

34

www.enter.net.mk

Подготвени за нов филм?

управувач ги променивме опциите за еквилајзерот и surround опциите. Тука може да се прелистаат фабрички нагодените еквилајзери за rock, classic, jazz, sports и night, додека surround обработката на звукот дава опции за Dolby Pro Logic II , Stereo и SLA Stereo. Со оптимално нагодување на овие опции може да се добие совршен surround звук од најобичен стереоаудио. Подоцна, во читачот поставивме DVD диск со DivX филмови со преводи кои уредот без проблем ги репродуцираше, како видеото, аудиото и македонските преводи со оглед на тоа дека во поставките во менито може да се нагоди типот на преводот (латиничен, кириличен, грчки, централноевропски...). Иста репродукција имавме и со поставен USB мемориски стик од кој одлично беа репродуцирани фотоалбумите со slide-show опција додека во заднина свири некоја од песните од истиот мемориски стик. Во менито може да се нагодат и аудио/ видео опциите, скрин-сејвер, sleep и родителската контрола. Звучниците-сателити се изработени во црна пијано-финиш завршница додека сабвуферот е од црно обоена дрвена конструкција со странично поставен драјвер и бас-рефлекс цевка од предната страна. Сите звучници се пасивни што значи дека засилувачот за сите нив се наоѓа во централниот DVD уред. Сабвуферот е со големина од 6,5

инчи и е од редот на високоосетливи и ефикасни драјвери кој може да репродуцира звук со фреквенција од 45-150 Hz. Предните, задните и централниот звучник се еднакви (со исклучок на должината на кабелот соодветно за сечии потреби) со 3-инчни драјвери со фреквенциски опсег од 150 до 20.000 Hz. Битно е да се напомене дека сите звучници се магнетно заштитени што значи дека корисниците на CRT ТВ уред нема да имаат проблем со поставување на звучниците во негова близина. Максималната моќност што ја има засилувачот е 300 W rms за сите звучници со однос на сигнал\шум >60dB. Овој уред го тестиравме и ви го презентиравме благодарејќи на „АМЦ“ кој е овластен увозник на производите на Philips. Потрагата по квалитетен DVD уред со одличен звук нека заврши тука – со набавката на HTS 3180. Ивица Анѓелески

DVD Philips HTS 3180 Конфигурација на звучници: 5.1 Тотална аудиомоќ: 300 W rms Фреквенциски опсег: 45-20.000 Hz Поддржани медиуми: CD, DVD-R\ RW, DVD+R\RW, DVD_DL Тјунер: FM со 10 меморирани станици

Поддржани формати: DivX, DVD, VCD, SVCD, JPEG, Mp3, WMA Интерфејс: Gigabit LAN, Wi-Fi 802.11 b/g/n Додатоци: Далечински управувач, батерии, CVBS видеокабли и упатство



Microsoft Security Essentials

Есенцијална

заштита Моро Беј, мало рибарско гратче на брегот по патот од Лос Анџелес до Сан Франциско. Ако сте биле веќе среќен патник натаму, сигурно знаете дека постои огромна гранитна карпа на почетокот од пристаништето, која „гледа“ сè што се случува во тој град веќе милиони години. Неслучајно кодното име на овој софтвер е токму Morro, синоним за заштита која Microsoft сакале да им ја обезбедат на сите корисници во годините што доаѓаат. Сепак, кодното име не е задржано, но вреди да се спомене од каде му се „корените“ на Microsoft Security Essentials. Инсталацискиот пакет тежеше околу 5 MB, па очекувавме дека и самото отпакување и копирањето во системот (околу 170 MB) ќе заврши навистина брзо. Веднаш бевме запрашани за валидноста на нашиот оперативен систем, па веднаш бевме префлени на следниот чекор. Инсталацијата траеше педесетина секунди, по што мораше да

62

www.enter.net.mk

извршиме Quick Scan, а со тоа и да се преземат и потребните дефиниции. Значи, мора да поседувате интернет-конекција, што можеби би бил и дополнителен проблем за корисниците без интернет. Доколку сте корисник на Windows Vista или 7, првично инсталираниот Windows Defender ќе биде оневозможен (но не избришан) за функционирање. Оттука заклучивме дека станува збор за „помоќен“ софтвер од Defender. Оваа апликација е базирана на кодот на Forefront Client Security софтверот, но поседува нов систем за malware детекција и централизирани функции за менаџирање и превенција на нападите. Исто така, го вклучува и истиот antimalware енџин или Microsoft Protection Engine. Иако MSE не поседува Firewall заштита, сепак добро се држи при убивањето на разните штетници од спајвери, тројанци, црви, па сè до руткитови. Тие се бришат автоматски, што

Сите сакаат да имаат максимално безбеден компјутер. Но, понекогаш тоа „максимално“ значи и комплетно испразнување на вашиот џеб. Од Microsoft се решија на еден за многумина изненадувачки потег – да направат антивирусен софтвер кој вреди „ич“ пари. Долгоочекуваниот наследник на Live OneCare, конечно, излезе. И, не само што е тука, бесплатен е, потребен е, но и работи! Неговото име е Microsoft Security Essentials и ја задоволува есенцијалната потреба на секој корисник да се чувствува сигурно со својот систем. Го испробавме и мислиме дека вреди да прочитате што напишавме за него. Видете што сè можете со него.

може да претставува и не толку прифатлива опција за некои корисници. Сепак, интернетзаедницата е прилично задоволна од можностите на овој софтвер. Веќе можеме да забележиме на официјалните сајтови кои се занимаваат со истражување и тестирање на антивирусни софтвери дека MSE е некаде околу врвот со своите постигнати резултати. Сепак, овие резултати се базирани на бесплатните антивирусни програми, па повеќемина ќе ги земат како здраво за готово. Нормално, предрасудите за скапо и евтино, отсекогаш постоеле и ќе постојат. Во поглед на перформансите немаме некои поголеми забелешки, поради фактот што и скенирањето во реално време, но и самиот процес на скенирање на комплетниот систем не зазема некои поголеми хардверски ресурси. Единствено ќе се пожалиме на бавната реакција при скенирачкиот процес. Иако тој ги опфаќа сите архивирани, компресирани, кабинет-фајлови, како и множеството регистри, сепак во

следните апдејди на MSE тоа би можело да биде и малку побрзо. Бесплатно, корисно и ефективно антивирусно решение. Microsoft Essential Security, иако користи само основни функции и техники, без проблем може да се држи рамо до рамо со своите „снобовски“ конкуренти. Испробајте го и уверете се! Вреди за „парите“. Дејан Зафировски

Microsoft Security Essentials Произведувач: Microsoft Tип: Антивирусен софтвер Платформа: Windows XP / Vista / 7 Големина: Windows XP 32-bit (8,61MB) Windows Vista /7 32-bit (4,28 MB) Windows Vista /7 64-bit (4,71 MB) Цена: Бесплатен


Mozilla Firefox 3.6

Стар лисец Зошто токму Firefox 3.6 заслужи место во оваа страшна конкуренција на нови софтвери и надградби на најпознатите светки производители? Од две причини. Прво, затоа што одамна не сме пишувале за некој толку добар прелистувач и второ, затоа што иако не е нова верзија, сепак има некои визуелни и функциски промени кои, несомнено, заслужуваат внимание.

Mozilla Firefox 3.6 Произведувач: Mozilla Tип: Интернет прелистувач Платформа: Windows / Linux / Mac OS Големина: 7.9 MB Цена: Бесплатен

Нешто што сите го знаеме Mozilla и нивниот Firefox одамна се одомаќинија на скоро секој компјутер во светот. Се појавија срамежливо пред неколку години кога суверено владееше Internet Explorer, се наметнаа со едноставност и слобода во нагодувањето и користењето и набрзо станаа единствен избор на постарите и единствена солуција за оние кои тогаш се запознаваа со ИТ светот. Оттогаш поминаа многу години. Имаа светли моменти, имаа многу проблеми (посебно со алокација на работна меморија), но во секоја нова верзија (а ги имаше многу) имаа многу подобрувања и нови функции. Со тоа секогаш гладните консументи ја задоволуваа својата „зависност“ од нови и помоќни опции, а паралелно добиваа и брз и сигурен прелистувач. Така, полека, полека стигнавме до верзијата 3.6. Да не заборавиме, иако 3.5 се чини многу блиску, сепак меѓу овие верзии има многу разлики така што секоја слободно можело да биде означена како посебна верзија. Но, како што споменавме погоре, момците од Mozilla се скромни, па оваа верзија ја именуваа само како 3.6. А, еве што има различно.

Она што треба сите да го знаеме Mozilla Firefox 3.6 навидум не се разликува скоро во ништо од претходните верзии, но тоа е така само доколку не ја искористите најновата опција, Personas, која во основа ви дозволува да го менувате изгледот на работната површина и да го направите прелистувачот колку што е можно поблизок до вас како корисници. Активирањето е брзо, а веднаш потоа во менито Tools се појавува посебна секција, Personas, каде што се сместени преку 40.000 нови скинови и изгледи за коишто ќе ви треба многу време само за да ги прегледате и да се одлучите. Друга работа која вреди да се спомене, а делумно се однесува на изгледот на програмата, е опцијата за проверување на plugin-ите што ги имате инсталирано. Со клик на опцијата Plugin Check, прелистувачот ќе ги провери сите додатоци, т. е. plugin-и кои ги имате инсталирано и ќе ви даде информација за тоа колку од нив се со постар датум на издавање и треба да ги надградите. За работата да биде уште подобра, имате и линк директно до производителот на застарениот додаток од каде што ќе можете да ја преземете новата верзија. Оваа опција не е добра само од

визуелен аспект. Застарените plugin-и се одлична можност за сите злонамерници да искористат некој нивни недостаток и да се обидат да ви наштетат со крадење податоци или, пак, со пуштање малициозен софвер. Затоа оваа новина можеме да ја гледаме и како сигурносно подобрување. Следно што треба да го знаете во врска со Mozilla Firefox 3.6 е неговата брзина. Според информациите од производителите, а и од практичните тестови што ги спроведовме, можеме да заклучиме дека оваа верзија работи три пати побрзо од Firefox 3.0, додека од 3.5 е побрза за 15-20%. Овој податок ви го кажуваме бидејќи денешните сајтови се претворија во вистинско мултимедијално царство со користење многу технологии и мултимедијални можности, па затоа од големо значење е брзината со која се рендерира, т.е. се прикажуваат овие веб-локации. За крај, само ќе кажеме дека на Firefox 3.6 подеднакво ќе му се израдуваат и корисниците и развивачите на софтвер коишто сега добиваат уште една моќна алатка со која ќе го прегледаат сработеното и ќе ги отстранат сите грешки и недоречености пред да го презентираат на оној кој треба да го оцени. Гоце Постоловски

www.enter.net.mk

63


Sony Ericsson Hazel

– лешник со зелено срце Sony Ericsson Hazel припаѓа на GreenHeart серијата од телефони. Како и неговите „колеги“, така и Hazel ја зел предвид заштитата на природата и поради тоа квалитетниот, ергономски дизајн е изработен од рециклирани делови. Среќните корисници, кои имаа можност да го тестираат телефонот искажуваат огромно задоволство при работата со TFT екранот. Големината на кристално јасниот екран изнесува 2,6 инчи, а резолуцијата е од 240 х 320 пиксели. Покрај акцелометар за авторотација, површината на екранот е покриена со минерално стакло кое додатно го штити од гребнатинки и отпечатоци. Примарната камера од 5 MP, во комбинација со автофокус, геоозначување и блиц е одличен избор за овековечување на најважните моменти на вистинскиот начин, а за воспоставување видеоповици телефонот има и секундарна камера. Постои можност за снимање видеоматеријали и тоа со квалитет од 30fps. Нека не ве излаже скромниот изглед на Hazel. Оваа направа е целосен 3G телефон, така што сите стандардни начини за вмрежување и разменување податоци се земени предвид. Исто така, ќе наидете на солидни мултимедијални плеери, радио со RDS поддршка, како и GPS со A-GPS поддршка, Wisepilot навигација и Google мапи. Од останатите, еднакво импресивни функции би ја споменале можноста за поништување на шумот при разговарање, SensMe, Track ID, како и корисни апликации за подобро и позелено утре (Walkmate, CO2 Calculator).

Sony Ericsson Hazel Мрежи: GSM 850 / 900 / 1800 / 1900; HSDPA 900 / 2100 Димензии: 102 x 49,5 x 16 мм, 120 грама Екран: TFT, 2,6 инчи, 16М бои, 240 x 320 пиксели Вградена меморија: 319 MB, надворешна до 16 GB Камера: 5 MP, 2560 x 1920 пиксели

Батерија: Стандардна Li-Po 1000 mAh

70

www.enter.net.mk


Најава

Samsung S7070 Diva

– оружјето на Купидон Samsung S7070 Diva Мрежи: GSM 850 / 900 / 1800 / 1900 Димензии: 101 x 54,8 x 13,4 мм, 94 грама Екран: TFT, 2,8 инчи, 16М бои, 240 x 320 пиксели Вградена меморија: 40 MB, надворешна до 8 GB Камера: 3,15 MP, 2048 х 1536 пиксели

Батерија: Стандардна Li-Ion 960 mAh

Со својот уникатен женски изглед и останати слични карактеристики во интерфејсот и апликациите, Samsung S7070 едноставно вреска: „дива!”. На предниот дел од телефонот доминира TFT resistive тач-скрин со големина од 2,8 инчи и резолуција од 240 х 320 пиксели. Камерата од 3,15 MP ќе овозможи просечни фотографии со максимална резолуција од 2048 x 1536 пиксели. Покрај автофокус, камерата се одликува со дигитален стабилизатор против тресење како и детектор на лица и насмевки. За жал, Samsung S7070 Diva е 2G телефон и поради тоа, дамите кои ќе се одлучат за овој телефон нема да можат да уживаат во бенефициите на 3G мрежата, a за пренос на податоци ќе мора да се потпрат на GPRS, EDGE, Bluetooth и USB. Внатрешната меморија изнесува 40 MB, а надворешната е до 8 GB. Корисничкиот интерфејс е TouchWiz, а визуелната тема, Feminine, само уште еднаш потврдува за која група корисници е осмислен овој телефон. Корисничкиот интерфејс има доживеано додатно шминкање во скоро сите оддели, не исклучувајќи ги мултимедијалните плеери, како и радиото со RDS поддршка. За полесна навигација ќе наидете и на соодветни миниапликации – Wigets, а тука се и бројните апликации за социјална интеракција со вашите познаници. Доколку сакате да ја освоите вашата сакана, нема потреба од љубовни напивки или божествени интервенции. Доволно ќе биде да и подарите Samsung S7070 Diva.

Мартин Јованчевски

www.enter.net.mk

71


Те х н о л о г и ј а _ Технологии на деценијата Во понатамошниот текст ќе се задржиме на десет технологии применети кај хардверските компоненти кои, според нас, вредат да бидат во листата на технологии кои ја одбележаа минатата деценија. Голем број од долуспоменатите технологии можеби биле како концепти или, пак, во тек на реализација пред новиот милениум, но ги презентираме како технологии од минатата деценија затоа што тогаш обичните корисници за прв пат имаале контакт со нив.

78 84 с о ф т в е р _

GLARY UTILITIES 2.19

Лекот чини пет клика

76 к о л у м н а _ ДИГИТАЛЕН АКТИВИЗАМ (ВТОР ДЕЛ) Во првиот дел, посветен на оваа тема, ја разгледавме дефиницијата за тоа што претставува дигиталниот активизам и од кои делови, т.е. елементи е составен (самите дигитални активисти, градителите и мислителите).

80 т е х н о л о г и ј а _ SERIALATA 6 GB/S

Недостижен стандард

При првата средба со SerialATA 6 Gb/s стандардот, тој не оставa некој посебен впечаток, без оглед на тоа што во моментот нема ни соодветен хард-диск за тестирање. Новите хард-диск стандарди на корисниците им се наметнуваат многу време пред моментот кога од тие новитети може навистина да се почувствува некој бенефит.

82 х а р д в е р _

INTEL CORE I5 661 И P57 Intel во LOW-END пазарот По апсолутната доминација во премиум-класата на процесори со моделите Core i5 и Core i7, Intel сега се обидува да лансира производ во сегментот во кој апсолутна доминација има неговиот најголем конкурент.

Нема совршен и безгрешен систем, не постои систем на кој не му треба нагодување и помош за да работи правилно. Доколку се согласите со овие тврдења, вие сте го направиле првиот чекор кон обезбедување сигурна и стабилна алатка (систем) кој ќе ви помогне при работењето и забавата и ќе ве служи со полн капацитет секој ден.

85 и н т е р н е т _

СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

Влијанието врз светот

Во изминатиот месец светот беше сведок на неколку големи случувања, кои предизвикаа интензивни бранувања на сцената на социјалните медиуми. Несомнено најмногу прашина кренаа заканата на Google дека ќе го повлече својот бизнис од Кина и земјотресот во Хаити, кој беше прогласен за хуманитарна и логистичка катастрофа, каква што досега не е видена.

86 п р о г р а м и р а њ е _ ACTION SCRIPT

Каде што има чад, има и програмирање

Веќе некое време во нашата земја се применува еден европски закон. Не, тоа не е законот за паркирање, туку оној кој ви забранува да пушите цигари речиси секаде. Добро, нема да го користиме овој ценет простор за поплаки, тука за креативни дела.


Социјални медиуми

интернет_

Влијанието врз светот Во изминатиот месец светот беше сведок на неколку големи случувања, кои предизвикаа интензивни бранувања на сцената на социјалните медиуми. Несомнено најмногу прашина кренаа заканата на Google дека ќе го повлече својот бизнис од Кина и земјотресот во Хаити, кој беше прогласен за хуманитарна и логистичка катастрофа, каква што досега не е видена. Активноста на Google го врати вниманието врз една горлива тема која со години неодминливо е асоцирана со интернет-слободата во Кина, додека уништувањето на Хаити мобилизира илјадници луѓе да ги отворат своите срца и паричници.

Исто како што тоа го стори кризата поврзана со изборите во Иран, овие случувања ги мотивираа луѓето да направат повторна проценка за импактот што социјалните медиуми го имаат на светот. Јасно е дека новата генерација на демократски медиуми има моќ да влијае на светските политики и на животите на милиони луѓе. Сепак некои отидоа предалеку во врска со тоа што, всушност, можат да сторат социјалните медиуми. Многумина ја потенцираат потребата од правилно разбирање на моќта на современите медиуми, со цел тие ефективно да се користат за социјална добросостојба. Ќе наведеме неколку примери за импактот на социјалните медиуми на светската сцена, а потоа ќе ги погледнеме во поширок контекст на мобилизација и светска дискусија.

Изборната криза во Иран За време на летото 2009 година, очите на глобалната јавност беа насочени кон Иран, поточно на претседателските избори во оваа земја. Нерегуларностите кои беа забележани и кои наведуваа на местење на изборниот процес предизвикаа масовни протести кои ја „проголтаа“ оваа исламска нација. Улогата на социјалните медиуми во иранските избори започна со #CNNFail, но тоа само го навести она што се случуваше потоа. Како резултат на затегање на информативниот обрач и зајакнувањето на цензурата од страна на Иранската влада, Twitter, Facebook, Flickr и YouTube станаа главните медиуми кои донесуваа информации од внатрешноста на земјата во конфликт, како и за ширење и размена на белешки помеѓу дисидентите. Клучните моменти беа снимани, а потоа дистрибуирани со огромна брзина до јавноста, креирајќи силна поддршка за протестантите. Колку и да беа важни, на крајот социјалните медиуми не соборија ниту една влада, иако потпомогаа во промена на политичката клима во Иран.

е сè така совршено. Собраните пари, споредено со сумите кои доаѓаат од владите на разни земји, претставуваат мал процент, а освен тоа, донациите се соочуваат со 90-дневно доцнење. Сепак, социјалните медиуми за социјално добро стануваат сè поефективни со секоја криза.

Google/Кина Заканата на Google дека ќе се повлече од Кина имаше силен ефект на социјалните медиуми, но и во политичките кругови. Политички, Кина е ставена под притисок, бидејќи Американската влада му даде силна поддршка на Google, иако многумина се сомневаат дека ќе има директна инволвираност. Она што за многумина е поважно, социјалните медиуми се користат за да се подигне кинеската цензурна „прекривка“. Социјални алатки се користат да се мине преку големиот кинески „огнен ѕид“, алатки за кои се верува дека сепак можат да направат „undo“ на цензурата во Кина. Иако напорите на Google повторно ја разгореа дебатата во врска со цензурата, сепак малкумина веруваат дека токму тие конечно ќе ја урнат бариерата.

Земјотресот во Хаити

Глобален импакт

Откако земјотресот со огромна јачина и неколку последователни удари речиси буквално го уништија Хаити, социјалните медиуми станаа значајни канали за „ширење на зборот“. Интернет-мрежата, социјалните сервиси и микроблогинг-платформи беа преплавени со драматични фотографии од Хаити, додека технолошките гиганти се мобилизираа. Најимпресивниот дел од влијанието на социјалните медиуми на Хаити беше добротворната кампања, која успеа да собере над десет милиони долари за жртвите на оваа катастрофа, преку донации направени со текстуални пораки. Социјалните медиуми „зборуваа“ за тоа, а технологијата направи тоа да биде можно. Сепак, не

Во сите три случаи, социјалните медиуми имаа големо влијание и важна улога. Комуникациските платформи овозможија инстантно пласирање и размена на информации речиси во реално време и ја подигнаа свеста на ниво кое досега не сме го виделе. Сепак, реално гледано, новите медиуми нема да ја сопрат цензурата, нема да ги урнат угнетувачките режими, ниту пак ќе ги излечат луѓето во Хаити. Социјалните медиуми ги трансформираа комуникациите и трансмисијата на информации, но сè уште се потребни луѓе на земјата да ги извлечат луѓето од земјата или да се борат за слобода. Социјалните медиуми се само збирка на алатки. Нам, како на луѓе, ни останува да го направиме вистинското влијание на нашиот свет. Ана Симоновска

w w w.enter.net.mk

85


ТЕМА НА БРОЈОТ

92

98 рецензија PC AVATAR: THE GAME

Како што очекувавме, филмот на Џемс Камерон доживеа огромен успех. Истото го очекувавме и за играта, но она што го добивме е полупроизвод со симпатична графика, но лоши анимации, немотивирачка приказна, катастрофална дигитална глума и лоша изведба на контролите и камерата.

90 10 Години ИТ НАЈДОБРИТЕ ИГРИ ЗА 2000-2010

Измина првата декада на 21. век. Игрите направија квантни скокови во подобрувањето на графиката, но и гејмплејот стана пософистициран, додека линиите кои ги дефинираа жанровите станаа си помалку видливи. Популарноста на масивните он-лајн игри, едноставно, експлодира, менувајќи го начинот на кој комуницираме меѓу себе.

92 Тема на бројот MASS EFFECT 2

Mass Effect 2 ветуваше дека ќе биде најдобрата игра на канадскиот развивач на игри BioWare. Ветувaше дека ќе биде кинематско доживување во видеоигрите какво што не сте виделе досега.

96 рецензија PC THE SABOTEUR

Како да се искористи една стара, илјада пати рециклирана тема за да се понуди свежа и забавна игра? Неодамна затвореното Pandemic Studios го даде одговорот преку својата најнова и последна игра – The Saboteur.

100 најава PC ALPHA PROTOCOL

Од Obsidian Entertainment, создавачите на Fallout 2, Neverwinter Nights и Knights of the Old Republic II, наскоро доаѓа Alpha Protocol. Без разлика кое е вашето мислење за претходноспоменатите игри, мора да признаете дека Obsidian си ја знаат работата кога станува збор за RPG игри.

102 Рецензија XBOX 360 BAYONETTA

Според грчката митологија, патот до подземјето би ве чинел една златна паричка која треба да му ја дадете на скелеџијата за да ве доведе до пеколот.

106 Најава PS3 DANTE‘S INFERNO

Иако официјалниот почеток на оваа игра е закажан за февруари следната година, тимот на SEGA се одлучи ...

108 ДРУШТВЕНИ ИГРИ AMERITRASH И EUROGAMES

Игрите на табла претставуваат основна и најстара „сорта“ на аналогна забава.


РЕЦЕНЗИЈА

PC

The Saboteur

и ист ти р а о иск ада п а да а е ј з с да а, ил ема бавн ото о т а к р Ка а ста ана а и з орен е р ж в д н ед икли све а зат го да та и ц ре онуд амн dios своја – The а у п од tu се ? Не ic S прек а игр а н em т игр and воро след ur. P го te по од ва и Sabo јно на

ата атор игин В р и ја ист и о ко ор есен во не к р ја ие, ор инте гледа ав в , з а н и е к , го ко еде о с ојс а в влин ти: r ка о на ретк т u а е e к Д або ќе ot а, н што анс н Sab војн ков рм е Шо три р пове што e е а а h г к к е T тс н м то тоа ете ди од све начи ра. иран чие и пора ете ш на е Мож акате н г и и о с ц п т. е и в б л га но све што е оку Ире сам а у у др из е како адот лба д есна орен тите днит во р Па ајќи ате гр и же интер о отв рабо поре ства За игр етув жени вата ива в е, да те и с осед јска. и да а с с по ање, и. Пр е одв сакат авни ите та во она, иите трк манц ата с што ате гл ини. С анска ата з окац ка. Гер казн каде етир и нач герм иран ето, л техни ои и пр одите омпл личн и од окуп грањ noir три б Вакда а ги к а раз иран лежи ри и , film ните тер. ично п п и д сии н оку е обе нтот -бела стве т фил е одл а да е а с ие с и но един елио тот ки. З им из о д мб е т цр м р Па уелн ри а и во на се рно-б на св то би ели ал а б виз подо тавен а и си из ц вање дење а да ј арсен се н се претс жолт ваат кажу ри во треб ејќи а да ом се вена, ојаву а при но п ство, орист ај не а во г е се е н ч д п к р н е м б у е Ц се ин осо ос ска сл ја и ате иет кои т нач ран, дно с а вој еден ејќи о игр е скр брзо т т вио лизи ите е нска во ни а бид којш а ќе с аено реа обод ерма итоа цијат от со т ког обич но го како осл ате г ја. Пр муни рец енто нево чител оа ни аИ р ни оруж те за тва. о мом вjето и зна т, но т лок би а с и е д о риж лич о, а в здра абот лнос ите и о ког ста, , и заг и ко лесн дмет две р а реа Мис и шт ално би . лем дава ј пре Овие ото з евна ислен на ре што е е пр неко ува. увств здод осм ание колку грата в зад обно аат ч грата ачин вним ла от во и и н е в а а и е с алу ави аков веќ рир рир те. те да ект нам ја пр на т о по руст руст дува оже у дир жи л ф не те се тува е би ф што икра сија м Прек е дви ра. и с к р ци посве овеќ . Она се п ја ми чина што при одисе ата п авна те да секо ни на ва сè да се и, да ски игр а заб роба ur на глав е уби е. За идов рман е ѕ л би а ќе п abote а два то с увањ е по ите ге рија ш ког The S ите н при икрад чуват рист о тео Во стап ање, у пр се ка да ко тем в ѓ к и пр напа , пре те да , пак, т сис о к и е о а н ,п ож и ил акви или ате, м крив ако в дув о по и. И м п те фор 96 // ЕНТЕР GAMING EDITION уни


РЕЦЕНЗИЈА

XBOX360

Bayonetta Има игри кои задолжително се држат до претходно воспоставени стандарди и со тоа сигурно играат на пазарот. А има и игри кои влечат инспирација од најдлабоките, најморбидните и најперверзните провалии на имагинацијата. Во 2007 година Platinum Games ја продадоа душата на ѓаволот. Bayonetta е резултатот од таа спогодба.

Добро, можеби малку претеравме со воведот, но не премногу. За креирање на вакво првокласно чудо од игра е потребно влијание од некои наднормални сили. Уште од самиот почеток ќе забележите дека играта зрачи со посебен и оригинален стил кој, доколку сте подготвени да го прифатите со отворен ум, ќе знае како да ве награди. Bayonetta е еден радикален чекор понапред од серијалот Devil May Cry. И двете игри имаат допирни точки (името Hideki Kamiya стои зад двете игри), но кога би се обиделе детално да ги анализирате тие точки, ќе забележите дека сличноста е само површинска. Приказната во Bayonetta има историја подолга од 500 години, уште од времето кога владееле Umbran вештерките и мудреците Lumen. Арно

102 //

ЕНТЕР GAMING EDITION

ама, кога древното богатство наречено „The Eyes of the World“ мистериозно ќе исчезне, нивната моќ умира, а со тоа и корисниците на таа моќ, освен младата и убавата вештерка која бледо се сеќава на клучниот настан (не треба да кажеме со кого играте вие :). Она што вештерката Bayonetta памети е дека треба да го најде изгубеното богатство, а за да успее во тоа, потребно е многу ангели да паднат. Вештерка која убива ангели? Хм, пред да помислите дека ова е чудно, почекајте да видите на кој начин ги убива ангелите. Кога се работи за правење колекција од ореоли на ангели, Bayonetta располага со шокантни комбинации кои во најмала рака ќе ви го одземат здивот. Имате бројни комбоа при блиска или далечна борба, потоа најразлични, луди и сосема неочекувани комбинации за ликвидирање, но и мачење. Девојката користи четири пиштоли, не еден или два туку четири. Два пиштола

во рацете и два внимателно поставени на нозете за да ги дополнувате нејзините, ehem, егзотични високи потпетици . Колку и да звучи апсурдно, ваквите комбинации функционираат, а верувајте, кога ќе ги видите останатите комбоа, користењето четири пиштоли ќе ви се чини како сосема нормално. Она што сè уште успева да нè изненади се техниките за мачење на ангелите, односно користење модифицирани средновековни справи или некои сосема нови за немилосрдна ликвидација. Кога зборуваме за справи за мачење, мислиме на гилотини, железни дами и многу други. Она што справите сами по себе претставуваат не е ништо во споредба со тоа како се искористени од надарената вештерка. Брутално, перверзно и ненормално, а сепак не заборава да го плени играчот

со морбидна сатисфакција. Секој убиен ангел остава зад себе ореоли кои ги собирате, а подоцна ги користите за купување подобрувања (надградби) и оружја. Покрај користењето ваши, сопствени оружја, можете да ги користите и оние на непријателите или, пак, да извршувате одредена акција со нив. А во моментот кога ќе го избегнете нападот од непријателите се активира Witch Time (ака Bullet Time), уникатна моќ за забавување на времето и ултрабрзо извршување на вашите напади и комбоа. Избегнување на ударите и користење Witch Time се два особено важни последовни елементи кои одлично се реализирани и без кои играта не би била ни половина од тоа што е. Исто така, во моменти кога условите го дозволуваат тоа, моќната вештерка може да добие облик на крволочен пантер, да скокне подалеку со џиновски крилја како на пеперутка или да лебди во воздух преземајќи ја формата на птица-грабливка. Покрај тоа, надарената вештерка може да повикува демони да и помогнат во битките или да ослободи пекол со нејзината коса (like super cool, right?). А кога месечината е полна и видлива,


НАЈАВА

PS3

Dante’s Inferno

Според грчката митологија, патот до подземјето би ве чинел една златна паричка која треба да му ја дадете на скелеџијата за да ве доведе до пеколот. Но денес не мора да се трошите толку. Стрпете се уште малку и набавете ја Dante's Inferno која ќе ви овозможи прошетка низ пеколот. Ќе имате можност да се запознаете со Данте кој е бестрашен воин и, верувале или не, ни самиот не си ја знае силата. Овој херој ќе ја убие Смртта, ќе се прошета низ деветте круга на пеколот...

Dante's Inferno е базирана на Алигиериевата „Боженствена комедија“ (срамота за оние што не ја прочитале!). За една олку амбициозна приказна да се вметне во една видеоигра, бил потребен ангажман на вистински тим од експерти во оваа област. Еден од нив е Вил Рокос, сценаристот на Monster's Ball. Сигурно сте слушнале за деветте круга на пеколот кои треба да ги помине грешната душа. Токму тоа е главната тематика во Dante's Inferno. Во уводното сценарио на играта ќе биде претставен животот на Данте додека тој сè уште бил крстоносец и притоа може да се добие некој совет за гревовите на Данте. Откако ќе се добие краток вовед и објаснување за Крстоносната војна, акцијата започнува. Во почетокот Данте е вооружен само со голема коса кој се нарекува хелебрада, но бидејки тој е храбар воин, без никакви пречки им се спротивставува на непријателите. Хелебрадата е вистинско дизајнерско дело. Наместо стап, има ‘рбет на некое големо животно, а сечилото е навистина остро и тешко. Дејството започнува во гратчето Acre, недалеку од Ерусалим. Откако Данте ќе победи еден куп војници, доаѓа до момен-

106 //

ЕНТЕР GAMING EDITION

тот кога треба да се соочи со својот атентатор. Овој пат нашиот херој е тој што ќе падне на земја. Потоа Данте ќе треба да се подготви за борба со нејзиното височество - Смртта. Да, добро прочитавте. Нели тоа не е фер-борба? Со само неколку успешни блокирања,

а подоцна три-четири замавнување со косата на Данте, Смртта ќе моли за милост. Но Данте е суров и ја распарчува на два дела. Ова е моментот што многу ми се допадна во демо-верзијата која имавме можност да ја играме веднаш по новогодишните празници. Воедно,

Смртта е првиот главен лик во оваа игра. Дали може да претпоставите што сè треба да помине нашиот јунак ако сака да ги помине сите девет круга? Тука се поставува едно прашање кое не знам дали некој може да го одговори. Што се случува кога смртта ќе умре?



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.