Збор-два од уредникот
АЛО ИНТЕРНЕТ? Помош! 02/511 99 77 Главен и одговорен уредник Горан Ѓорѓевиќ Уредник Ивица Анѓелески - ia@division.mk Маркетинг Катерина Тотовска - kt@division.mk marketing@division.mk Графички уредник Дарко Ќурчиевски - dw@division.mk Лектор Верица Неделкоска Редакција и соработници Дејан Зафировски - dz@division.mk Гоце Спасовски Кирил Кироски Христијан Мирчески Жарко Петровски Елена Спасевска Мартин Јованчевски Милан Крстевски Драгана Миладиновиќ Списанието кое сите го разбирате излегува секој месец во текот на целата учебна година
Постојани соработници
контакт: enter@division.mk www.enter.net.mk Печати Друштво за печатење на весници печатница „Мисирков“ ДОО Скопје Издава
Директор Горан Ѓорѓевиќ Дивисион ДООЕЛ ул. Миладин Поповиќ бр. 13, 1000 Скопје тел/факс: 02/511 99 77 Жиро сметка: 300000002892091 Комерцијална банка АД, Скопје Даночен број: МК 4032009500689 Дистрибуција: Плус продукција Тел: 02/2580020
Со пролетта пристигна и априлскиот број на „Ентер“ или поточно, неговиот 56. број. Во изминатиот месец се случија и неколку настани кои не смееме да ги заборавиме. Секако, мислиме на CeBIT. Најголемиот саем во светот кој секоја година во Хановер ги обединува големите компании од областа на ИТ светот и презентира нови технологии и достигнувања. Нашата екипа, како и секоја година, присуствуваше на саемот од 1 до 5 март и токму затоа темата на бројот ја посветивме на овој настан. Од друга страна, еден од позначајните немили настани беше катастрофата што се случи во Јапонија. Можеби ќе се запрашате каква е врската помеѓу катастрофата и информатичките технологии? Голема! Интернетот и ИКТ одиграа голема улога во спасувањето на голем број животи. Јапонија, една од технички највисоко развиените земји, со помош на ИКТ реагираше молскавично брзо со испраќање на милиони СМС, e-mail и интернет-пораки за евакуација на луѓето од погодените региони. Тој ден, Google имаше издадено предупредување за цунами на главната страна на својот пребарувач, а по катастрофата активираше и апликација Person Finder преку која може да се пребаруваат имињата на луѓето од погодените региони. Така, интернетот прераснува во алатка која служи и за спасување на животи, цел која никогаш не била земена предвид при самите почетоци на глобализацијата. Тука е и Facebook со својата значајна бројка на корисници. Колку е неповолен за приватноста, толку тој може да послужи за навремено информирање и алармирање. И одеднаш социјалните мрежи добиваат една посебна намена, добиваат можност вистински да помогнат на човештвото. Многумина се конзервативни кон новините во ИТ индустријата како алатки кои се неморални и ја кршат приватноста, но мора да признаеме дека тие се несомнено алатки кои помагаат. Затоа пронаоѓањето на разумен компромис (колку и да звучи клише во последно време) помеѓу корисните и штетните влијанија на интернетот е вистински погодок. Со секој следен број на „ЕНТЕР“ максимално се трудиме да ви укажеме на работите на кои треба да внимавате, но и на корисните работи што ги нуди глобалната мрежа и се надеваме дека успеваме во тоа. Во овој број, покрај големиот број хардверски компоненти меѓу кои и рецензија за алатките на денешницата, таблет-компјутерите, ќе најдете и неколку занимливи информации околу блогерајството. Дали оваа алатка, која е една од најпочитуваните социјални мрежи помеѓу напредните корисници, е во изумирање и дали таа го губи здивот против Facebook? Делот за софтвер комплетно го посветивме на трите најнови верзии на интернет-прелистувачите со целосна споредба во секој поглед – Firefox 4 vs Chrome 10 vs IE9. Во делот за технологии нашите соработници од Природно-математичкиот факултет обработија одлична тема која е актуелна – пресметување со високи перформанси, додека за гејмерите имаме неколку рецензии на игри кои со сигурност ќе ве задржат пред нашето списание. Нашата работа продолжува. Мотив за уште поголема посветеност на работата ни дадоа и луѓето од „МК Брендови“. По направената анализа на пазарот и успешноста на брендовите во нашата држава, „МК Брендови“ решија да ни врачат диплома за најуспешен МК бренд за 2010 година на полето на информатичките технологии и информирањето. Затоа насловната страница од овој број па понатаму ќе ја краси логото „МК Бренд“ што ќе биде потврда за нашата успешна работа. Ќе се обидиме и оваа година да го оправдаме ова признание и ќе продолжиме со нашата успешна работа! Ивица Анѓелески
ТЕМА НА БРОЈОТ 10
CeBIT 2011 Благодарение на уникатната комбинација од излагачи, конференции и корпоративни настани, CeBIT e бесконкурентна алатка за деловно работење и склучување договори. Повеќе од 4.200 компании од околу 70 земји зедоа учество на овогодишниот CeBIT. Тој е идеално позициониран како светска движечка сила на секое поле на дигиталниот живот и работа. CeBIT 2011 уште еднаш потврди колку силно бие срцето на дигиталниот живот.
> МОБИЛНИ
> Вести 6
36 HTC Thunderbolt Молњата на HTC
- AKG GHS-1 – слушалки за гејмери - AOL отпушта 20% работници - DreamBook ePad H10 HD - Интернетот го престигна печатениот медиум - Македонија добива свој CeBIT и Dreamhack
> АКТУЕЛНО
8 Google vs Microsoft Кој е појак?
Во последно време сè почесто гледаме како големите компании си поднесуваат тужби меѓусебно поради украден софтвер, технологија или ограничени можности на крајните корисници.
> Хардвер
14 Таблет-компјутери Дигиталните таблички
Таблет-компјутерите го заземаат приматот како најкористени преносни компјутери на планетата Земја. Идејата за вакви уреди е многу постара отколку што може да претпоставите (повеќе од 40-тина години), но до пред две години нивниот развој се одвиваше со многу бавно темпо.
18 Silicon Power SSD E20 SP064GBSSDE20S25 Време за драстични промени
Силиконската моќ на E20 SSD серијата на Silicon Power доаѓа како здив на свеж воздух. E20 нуди разни можности, како вградена DDR2 DRAM Cache меморија, сензори за струјните кола, поддршка на технологијата за самонадзор, анализа и дојавување (S.M.A.R.T.), TRIM команди и технолошка поддршка за Garbage Collection.
22 ACER HS244HQ 3D Од фантазија до реалност
Новиот свет, поубав од нашиот, тукушто пристигна. Повелете, влезете! Acer ви нуди ретка можност да уживате во невиденото, нечуеното, недопреното. Посакајте му добредојде на првиот 3Д монитор со Full HD поддршка.
24 Point of View Mobii TEGRA 10.2” Tablet Сосема нов поглед
Таблет-компјутерите се фантастична иновација, особено откога се склучи „бракот“ помеѓу мобилните системи и оперативниот систем Android. Ви претставуваме уште еден член од таблет-семејството, моделот Point Of View Mobii кој има 10,2” дијагонала на екранот, 512 MB DDR2 + 512 MB NAND Flash меморија и е придвижуван од Dual core Cortex A9 процесор со работен такт од 1 GHz.
26 Acer Iconia Допирот на иднината
Acer го произведе, а ние ви го претставуваме лаптопот на иднината. Два екрана, целосна површина осетлива на допир и сосема ново доживување на поимот „лаптоп“. Тоа ви го нуди Iconia.
28 Apple iPad 2 Потенко значи најлесно
Две камери, HD видеоснимки, двојадрен чип, батерија која трае десет часа... Сето ова во ново, уште потенко и полесно куќиште. Новиот iPad е подготвен да освои голем број симпатии.
30 Apple MacBook Pro MacНово
Да се дојде на врвот не е тешко, но да се остане таму – воопшто не е лесно. Формулата на Apple за опстанок на врвот сè уште функционира одлично. Нов доказ за тоа е континуитетот на моќни лаптопи кои секој пат се во ритам со технологијата.
32 Trust 2950 keyboard All in Trust
Trust KB-2950 е безжична тастатура со вграден trackball контролер со два тастера, вградено скрол-тркалце и 16 мултимедијални тастери – идеално решение за Media Center PC платформите.
32 HP V5560u camcorder Вашите посебни моменти во FULL HD Снимете ги убавите моменти од вашите животи во FULL HD 1080p видеоформат за многу поволна цена.
HTC Thunderbolt е одамна најавуваниот модел на HTC кој моментно го рекламираат како уред што мора да се поседува. Се работи за моќен телефон со добри технички карактеристики, кој за жал, се сомневаме дека ќе го видиме во скоро време кај нас, бидејќи работи исклучително на 3G или 4G мрежа (не и на GSM). Не ни останува ништо друго освен „на хартија“, во кратки црти, да објасниме што сè нуди оваа „молња“ на HTC и дали помпезните најави и прогнози биле реални или се работи само за добар маркетинг.
> Интернет
37 Foursquare Социјално истражување
Foursquare е социјална мрежа која на интересен начин ве поврзува со пријателите. Притоа, го прави излегувањето позабавно, а и не заборава да ве награди со поени и значки. За што се работи?
> Софтвер
46 Војната на интернет-прелистувачите Победник: НАВИКАТА!
Март беше голем месец за интернет-заедницита, всушност за корисниците на интернетот. Знаеме дека без интернет-прелистувач нема да можете да направите ништо ако сакате да зачекорите по трнливиот или можеби убавиот и розов пат на (за многумина) буквите кои живот значат WWW (World Wide Web). Прво излезе стабилната, десетта верзија на Google Chrome, па Internet Explorer 9, за на крај, на 22 март, да биде лансирана толку многу очекуваната четврта верзија на Mozilla Firefox. Дефинитивно ова се најдобрите и најбрзите верзии досега коишто ги следат трендовите на интернет-заедницата, па редно беше да напишеме нешто за нив.
АКТУЕЛНО Patriot Rage 16GB
Бесниот патриот Иако на повидок се USB 3.0 уредите, ниската цена на USB 2.0 е сè уште актуелна, па потегот на Patriot да произведе уред кој ќе нуди податочен трансфер од 25 MB/s е за поздравување. Patriot Rage XT со капацитет од 16 GB го имавме на тест и еве што имаме да кажеме за него. На прв поглед, овој USB мемориски стик изгледа како гејмерски уред, пред сè, поради неговото лого и карактеристичниот механизам на извлекување. Технологијата на која е
базирана работата е Quad Channel конфигурација со што се овозможува симултано запишување на 4 NAND чипови што резултира со многу побрз податочен трансфер, особено
при запишување. Нашите тестови со Crystal Disk Mark ни дадоа резултат од 29 MB/s при читање и 20 MB/s при запишување, додека HD Tune ни покажа просечни 27 MB/s. Можеби ова не се споредливи резултати со USB 3.0 уредите, но поголемиот дел од USB 2.0 може само да им завидуваат на брзините што ги постигнува овој уред. Ваквите мемории Patriot ги нуди со капацитети од 8, 16, 32 и 64 GB. Она што треба особено да се напомене е доживотната гаранција што ја нуди производителот. За да бидете сигурни дека нема да го оштетите уредот, тој е изработен од гумена обвивка, а со тоа и гребаниците ќе оста-
нат невидливи. Како што може да се забележи од тестовите, дури и запишувањето на фајлови од 512 kb не е голем проблем за USB стикот и ги запишува со брзина со која запишуваат просечните мемории во секвенци.
Google vs Microsoft
Кој е појак? Во последно време сè почесто гледаме како големите компании си поднесуваат тужби меѓусебно поради украден софтвер, технологија или ограничени можности на крајните корисници. Microsoft и Google се две компании кои навидум одлично функционираат заедно, но под површината стојат многу недоразбирања. Еве некои од нив.
Google сака монопол?! Ако досега Microsoft беше компанијата која ретко преземаше правни мерки против другите, сега тие се оние кои сè почесто се жалат, а таков е случајот и со пребарувачот на Google и нивниот сервис YouTube. Неодамна, Google го забрани целосниот прис-
8
www.enter.net.mk
тап до YouTube на корисниците на Windows Phone 7 платформата, како и резултатите од пребарувањата. Исто така, Google го оневозможил пристапот и до неколку издавачи на книги и нивни податоци. Сето ова доведе до тужба од Microsoft во која се вели дека Google со своите потези планира да го монополизира користењето на интернет-сервисите. Но, дали Google не ја научиле лекцијата од Microsoft кога тие сакаа Internet Explorer да биде основен прелистувач на секој Windows оперативен систем, останува да видиме во иднина. Битката за Android Во последните шест месеци Microsoft таргетираше неколку партнери на Google кои развиваат алатки за Android оперативниот систем, со тврдење дека тие крадат патен-
ти од нив. Но, сепак, за да дојде до нив, Microsoft треба да мине преку Google. Последниот случај е кампањата против Barnes & Noble. Имено, Microsoft велат дека тие го имаат украдено нивниот патент во Nook (e-book reader) кој ја користи Android платформата. Ова не било доволно, па затоа Microsoft покренал и правна постапка против Foxconn и Inventec кои се компании кои произведуваат хардвер за претходно споменатиот Nook. Од Microsoft се бранат дека ударот не е директно врз Google туку дека е против производителите на хардвер. Тие велат дека Android платформата користи нивни бројни патенти, а компаниите кои произведуваат Android уреди треба да го почитуваат правото на интелектуална сопственост. По сè изгледа дека по појавувањето на Android и iOS оперативните системи за мобилните уреди, Microsoft ја губи битката на пазарот.
Останува да видиме дали нивната Windows Phone 7 платформа во комбинација со Nokia ќе вроди со плод и уреди кои ќе бидат компатибилни со Android. Ивица Анѓелески
Гламур и престиж Apacer AH129 Limited Edition
Apacer AH129 Limited Edition е USB меморија, кој ќе ве направи уникатни, привлечни, модерни и „дигнати“. Изгледа ексклузивно и луксузно, токму онака како што би сакале повеќето жени. Добро, ајде, сите жени! Фенси-додаток за сите мајки, ќерки, студентки, деловни жени, за вашата, мојата, секоја жена! Ако сте машко, не срамете се ако ве фатат додека го читате текстов, извадете се дека ќе и купите токму ваков уред на вашата најубава и префинета половина. Кога последен пат сте избирале USB меморија која ќе изгледа елегантно, привлечно, модерно, луксузно, најубаво а различно од сите други? Ако сте читател од машката популација, ќе кажете веднаш во лаконски стил или како од пушка: „Никогаш!“. Но, ако сте претставник на понежната половина од светот, веруваме дека внимавате на секој детаљ на вашиот уред со кој се претставувате пред јавноста, без разлика дали сте деловна жена, професорка, студентка и без разлика за каков уред станува збор. Сепак, вашата USB меморија
ја чувате и ја носите секаде со вас, претпоставуваме и како приврзок на клучевите, па реално е тој уред да биде вашиот заштитен белег пред останатиот свет. Аpacer AH129 Limited Edition, всушност, е надградена верзија на „оригиналниот“ AH129 модел, кој ја освои наградата Taiwan Excellence Award 2011 за најпродавана USB меморија. Овој уред е изработен од квалитетен материјал, а романтично црвената (Romantic Fuchsia) боја во комбинација со блескавиот кристал кој се наоѓа на металик-синџирчето, само го прават максимално еye-catching овој USB драјв. Дополнително, ќе најдете и шест пара самолепливи дијамантчиња, на кои можете да им ја менувате местоположбата на куќиштето во зависност од вашето расположение или стил. Apacer AH129 Limited Edition може да го најдете во верзии
од 4 до 16 GB, a вреди да се спомене и COB (Chip-on-Board) технологијата која го прави отпорен на удари, прашина и вода. Тука е и софтверот ACE Compressor за квалитетна компресија/декомпресија и енкрипција на вашите фајлови. Бидете секогаш со стил, следете го
трендот и никогаш не заостанувајте зад другите! Со Apacer AH129 Limited Edition секогаш ќе бидете во предност. Дејан Зафировски
Тема на број CeBIT 2011
Срцето на дигиталниот живот
Благодарение на уникатната комбинација од излагачи, конференции и корпоративни настани, CeBIT e бесконкурентна алатка за деловно работење и склучување договори. Повеќе од 4.200 компании од околу 70 земји зедоа учество на овогодишниот CeBIT. Тој е идеално позициониран како светска движечка сила на секое поле на дигиталниот живот и работа. CeBIT 2011 уште еднаш потврди колку силно бие срцето на дигиталниот живот.
Саемот ги зближува луѓето и претставува платформа за презентирање на нови иновации како и промоција на бизнис. Бизнисот е голем адут на овој саем и алатка за склучувања договори, а доказ за тоа се 6,2 милиони контакти остварени за петте дена на CeBIT, што е голема причина за генералните менаџери од големите корпорации да присуствуваат на оваа уникатна платформа. Секоја година, CeBIT има земјапартнер која со своето присуство придонесува за успехот на овој настан, а оваа година тоа беше Турција која имаше свои репрезентативни штандови во пет различни хали. Групата од 90-тина турски излагачи го оценија своето присуство како успешно со остварувањето на огромен број бизнис-средби и договорени соработки.
Сфери за кои се излагаше CeBIT оваа година беше поделен на четири различни сфери од областа на ИТ: Cebit Pro, Government, Life и Lab. Позициониран како највисоко рангиран саем од водечките компании во оваа индустрија, CeBIT Pro покажа многу иновативни решенија за сите економски сектори. Компаниите кои излагаа во оваа сфера беа сместени од 2. до 6. хала. Тука можеа да се видат индустрии кои помагаат во оптимизација на процесите и намалување на трошоците. Банковниот и финансискиот сектор обработуваа теми од областа на менаџмент на ризици, банковен менаџмент, технологии на употреба на кредитните картички, мобилни апликации во банкарството, како и сигурносни решенија. Бизнис-комуникации и мрежи – како да се подобри ефикасноста на компаниите користејќи интегрирани комуникациски процеси. Тука беа прикажани комуникациски системи кои користат отворени интерфејси и стандардни протоколи за соединување на телефонијата, e-mail и instant messaging. За да се натпреварувате на денешниот пазар, компаниите мора брзо и ефикасно да го менаџираат својот бизнис. Затоа во бизнис ИТ просторот, излагачите ги претставија своите иновативни апликации за менаџирање со ниски трошоци на интернационалните посетители. На CeBIT може да ја најдете и работата на својот живот. Да! Излагачите од многу компании на саемот бараат и нов квалификуван персонал. Job and career маркетот е отворен за секој кој бара вработување, па ако вие сте еден од нив, повелете следната година и пробајте си ја среќата. Којзнае, можеби ќе работите за некоја од светски познатите компании.
Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Реџеп Таир Ердоган го отворија саемот CeBIT во присуство на околу 2500 VIP гости од разни земји во светот. Planet Reseller е единствениот дел посветен на дистрибутерите, па така пристапот во овој дел е ограничен и може да присуствуваат само оние кои имаат сериозни намери да склучат договори за соработка и бизнис. CeBIT security world беше маркетот за ИТ сигурност. Во овој дел се добива комплетна слика за оваа индустрија, без разлика дали сте заинтересиран за анализа на пазарот на сигурносен софтвер или сакате да ги погледнете најновите иновации во полето на сигурноста. Мобилизирајте го вашиот бизнис. Telematics and Automotive World е местото каде што понудувачите и корисниците на услуги склучуваат договори поврзани со последните производи и решенија за следење, менаџмент на возила, помош при управување со возила, навигација и комуникации – сè што може да понудат информатичките технологии во служба на возилата. Големината на просторот во кој се одржува овој настан е нешто што треба да се доживее, а не се раскажува. За да добиете подобра претстава, секоја хала на саемот Deutche Messe има приближно 20.000 квадратни метри корисен простор, нивниот број е 27 хали. Дополнителни сервиси кои го услужуваат саемот се конференциска сала, прес-центар, ресторани, а верувале или не, во склоп на саемот има и религиозни објекти за луѓе од разни верски припадности.
10
www.enter.net.mk
Излагачите на CeBIT government, пак, беа сместени во халите 8 и 9. Во оваа сфера беа претставени решенијата за јавниот сектор како и виталната улога на ИТ системите во модернизирање на владите и јавната администрација. Тука беше и секторот TeleHealth кој се фокусира на новите технологии за лекари, ординации, болници и аптеки. Влијанието на иновативните информатички и комуникациски технологии во нашиот живот и работа беа прикажани во CeBIT Life, додека CeBIT Lab беше директната врска помеѓу идеите и комерцијалните апликации. Местото каде што визиите се претвораат во прототипи. Како што веќе забележавте, ова е саем кој го покрива целокупниот личен, бизнис и јавен живот со презентација на информатички и комуникациски технологии кои може да ја олеснат работата и животот. Приказната за „облакот“ не изостана и на овој саем, па така слоганот „Work and Life with the Cloud“ беше вистинска тема во вистинско време. Беа прикажани огромен број апликации кои само ја зголемија прифатливоста на оваа технологија, а со тоа беа склучени бројни договори за нејзино применување. Огромниот потенцијал на Cloud Computing-от беше одлично прикажан за времетраењето на саемот. Оттука беше и поттикнат фору-
мот на кој присуствуваа неколку високи претставници на компании кои произведуваат антивирусни софтвери, а кои разговараа за сигурноста и за облакот. Меѓу другите беа и Ната-
лија Касперски – главниот и извршен директор на Kaspersky и Ричард Марко – извршниот директор на ESET. Тие нагласија дека големите компании сè повеќе ги префрлаат своите сервиси на облакот и дека тие сè повеќе се потпираат на таа инфраструктура.
CLOUD Computing Како што напоменавме, една од главните теми на CeBIT 2011 е и технологијата во облак – име кое настана како метафора за она што се случува на интернетот, а може да биде не-
која услуга во облик на софтвер, на пример, бизнис-апликација или во облик на хардвер, на пример, уред за складирање на податоци. Корисникот не знае, ниту пак му е важно,
Дали во иднина може да гледаме фудбал помеѓу екипи од роботи?
каде се наоѓа серверот и затоа за крајните корисници технологијата во облак е апстрактен облак. На CeBIT 2011, институтот Fraunhofer за системи за отворена комуникација од Берлин претстави решенија за да се обезбеди оваа технологија од аспект на ефикасност и безбедност. Компаниите и организациите нема да имаат потреба да купуваат сервери и софтверски решенија, бидејќи тие самите можат да изнајмат онолку капацитет колку што им е потребен од страна на професионални добавувачи и воедно плаќаат само за она што тие го користат. Компаниите особено позитивно ја прифатија технологијата во облак. Па, така, многу компании од Германија ги трансферираа своите податоци и мрежи на сервери управувани од Amazon, Google, IBM или Microsoft. Но, веројатно, прашањето кое многумина си го поставуваат е колку е сигурен ваквиот вид на податок? Одговорот на ова прашање е од особен интерес за јавниот сектор или организации кои ракуваат со чувствителни лични податоци. На CeBIT 2011, експертите од институтот Fraunhofer дадоа објаснувања за придобивките на технологијата во облак и воедно објаснувања за тоа како всушност може да се обезбеди сигурноста на оваа технологија. Посетителите на CeBIT 2011 добија вистински увид во начинот на работа на технологијата на облак. За тоа се погрижија и Siemens IT Solutions и Services, Microsoft Германија и Combrionic кои направија демонстрација на тоа како дигиталниот облак може да се искористи за да се пресели работното место на модерната влада брзо и лесно само со еден клик на маусот. IBM, преку технологија базирана на мрежен и интелигентен пристап, и понуди на индустријата бизнис-ориентирани пакетни услуги за оваа технологија како и интегрирани производи за по-
На CeBIT се запознавме и со луѓето од Google Enterprise коишто ни ги претставија своите сервиси. Тhomas Кuczek ни ја покажа разликата помеѓу апликациите за крајните корисници од една страна и Google Enterprise од друга страна. Ако Google Apps и Google mail се апликации кои ви овозможуваат да пишувате e-mail од вашиот интернет-прелистувач, сервисите на Google Enterprise побаруваат само прелистувач и ништо повеќе. Тие се независни од тоа кој прелистувач го користите, па затоа нивниот производ функционира на Chrome, Firefox, Internet Explorer или, пак, Opera, Safari... Она што тие го нудат се апликации кои овозможуваат онлајн превод. Така, доколку добиете некој e-mail во јазик кој не го разбирате, во вашиот e-mail клиент има копче „Translate this“ и само со притискање може да ја прочитате пораката на вашиот мајчин јазик. Ова е одличен сервис кој помага во комуникацијата помеѓу луѓето кои зборуваат различни јазици. Главна предност е тоа што вие може да го користите вашиот e-mail, па така не мора да го користите ime. prezime@gmail.com, туку може да го користите ime.prezime@email-от на компанијата. Ова е главната разлика помеѓу Enterprise и производите за крајните корисници. големите претпријатија, но и такви за средната класа – односно приватен, јавен или хибриден облак. IBM понуди напредни технологии и различни апликации за развој на софтвер од десктоп-управување со електронска соработка или, пак, со електронско управување на податоците. IBM своите решенија поврзани со технологијата во облак ги претстави во халите 2 и 9 кои веројатно беа едни од поинтересните локации за бројните посетители. www.enter.net.mk
11
Хардвер Таблет-компјутери
Дигиталните таблички
iPad беше вистински погодок и од неговото појавување па до денес секој нов таблет-компјутер се споредува со него. За „белјата“ да биде уште поголема, во март оваа година беше претставен и новиот iPad 2 кој дополнително им создаде вртоглавици на производителите на вакви уреди. Пред набавката на таблет-компјутер најпрво размислете дали вреди со
оглед на тоа дека нетбук-компјутерите веќе нудат одлични перформанси за многу пониска цена. Точно е тоа дека таблет-компјутерите нудат многу подобро корисничко искуство од мобилните телефони, но тоа се уреди кои не ги собира во вашиот џеб. Исто така, голема е заблудата дека со таблет-компјутерот би биле многу попродуктивни отколку со лаптоп.
Затоа, пред набавката на таблеткомпјутер, запрашајте се дали би ви пречела батеријата која не се менува, некомпатибилноста со Flash кај некои модели, ограничената можност за печатење или неможноста да се инсталираат бизнис-алатки? Ако сепак решивте да купите таблет-компјутер, да преминеме на нивниот опис.
Оперативен систем
Разгледувајќи ја понудата на нашиот пазар, ќе забележите дека најголемиот дел од таблет-компјутерите имаат оперативен систем Android, но тука се и iOS и Windows. iOS
Windows
Android
Позитивно: голем избор на апликации, интеграција со кој било уред кој има iOS оперативен систем, одлична мултимедијална поддршка, мултитач поддршка, одлична оптимизација на апликациите со хардверот. Негативно: нема поддршка за Flash, ограничена хардверска поддршка, корисниците мора да го купуваат софтверот од Apple.
Позитивно: Добро познат интерфејс за поголемиот број корисници, мултитаскинг, поддршка за Flash, поддршка за различни големини на екранот. Негативно: Windows не е оперативен систем кој е оптимизиран да работи на допир, долго подигање на оперативниот систем, многу поранлив од вируси во однос на Android и iOS.
Позитивно: Огромна база од апликации од коишто повеќето се бесплатни, брзо подигање на системот, целосна компатибилност со Google mail и останатите сервиси. Негативно: Голем дел од верзиите се наменети за паметни телефони, некои апликации дизајнирани за телефони може да бидат лошо прикажани и несоодветно скалирани, уредите се ажурирани селективно, така што има и такви кои нема да го поддржуваат Android 3.0.
OSM Ipad-A08 Овој уред поседува Dual Core процесор од 800 MHz. Придвижуван е од оперативниот систем Android 2.2 кој е инсталиран на 4 GB NAND меморијата со 256 MB DDR2 системска меморија. Дијагоналата на екранот е 8 инчи и има резолуција од 800 х 480 пиксели. Таблет-компјутерот има USB приклучок за меморија или, пак, дополнителна тастатура. Ограничувањето кај него е тоа што има големина на екранот која е некаков компромис помеѓу џебен компјутер со екран од 5 инчи (Dell Strike) и класичен таблет-компјутер. Според тоа, него нема да може да го сместите во вашиот џеб, а за да го понесете ќе мора да носите дополнителна
14
www.enter.net.mk
Таблет-компјутерите го заземаат приматот како најкористени преносни компјутери на планетата Земја. Идејата за вакви уреди е многу постара отколку што може да претпоставите (повеќе од 40-тина години), но до пред две години нивниот развој се одвиваше со многу бавно темпо. Меѓу првите таблет-компјутери кои наликуваат на денешните беше Samsung Q1, а потоа HP TouchSmart 2 и Apple iPad. Како што може да забележите, разликата во развојот на таблеткомпјутерите е огромна и за само неколку години тие стануваат доминантни преносни уреди на пазарот.
По iPad сите сакаат да изгледаат како него.
Point of View Mobii 7” торбичка. Резолуцијата на екранот е карактеристична за паметните телефони, така што за 8-те инчи е мала, па има мал број пиксели по инч. Цената на овој уред е околу 10.800 денари. Оценка 7/10.
И ова е еден таблет-компјутер со кој производителот се обидел да најде средина помеѓу мобилните телефони и таблет-компјутерите. Процесорот е со работен такт од 600 MHz, но изненадува фактот дека одлично се снаоѓа со апликациите и интернет-прелистувачот. Уредот има 4 GB меморија и работи на Android 2.1 што е разбирливо
во однос на неговите перформанси и нема поддршка за Flash. Другото ограничување поради слабите перформанси е неможноста да се инсталираат повеќето апликации од Android маркетот. Има резистивен екран на допир од 7 инчи со резолуција од 800 х 480 пиксели. Неговата цена изнесува 9.800 денари. Оценка 6/10.
MSI Windpad 100W Во претходниот број на „Ентер“ го претставивме овој таблет-компјутер. Карактеристично за него е тоа што работи на Windows 7 оперативен систем, а е придвижуван од Intel Atom Z530 процесор во комбинација со 2GB DDR2 системска меморија. За складирање користи 32 GB SSD, додека за поврзување има WiFi и Bluetooth. Екранот на овој уред е со големина од 10 инчи и е капацитивен. За пофалба е можноста да се користат SIM картички со што е овозможено користење на мобилните мрежи и
интернет без дополнителни 3G адаптери. Има две камери (предна и задна) и можност за поврзување со телевизор преку mini HDMI приклучок. Во текот на нашето тестирање уредот покажа одлични перформанси со оглед на тоа дека се работи за Atom процесор кој придвижува Windows 7 оперативен систем. Сè е совршено кога ќе работите со овој таблет-компјутер освен неговата цена која изнесува нескромни 33.000 денари. Оценка 8/10.
iPad Претставен пред само една година, овој таблет-компјутер ги постави критериумите за тоа што значи квалитет и оптимизација помеѓу хардверот и софтверот. Работи на оперативниот систем iOS, а е придвижуван од Apple A4 1GHz процесор. Моделот што ние го позајмивме од „TnT IT Market“ беше со капацитет на дискот од 64 GB. Секако, дискот е SSD, а работи со 256 MB системска меморија. Дисплејот има дијагонала од 9,7 инчи, резолуција од 1.024 x 768 пиксели и има LED заднинско осветлување. Сензорот за контрола со допир е капацитивен, а дополнително се вградени и акцелерометар, дигитален компас и сензор за приближување. Батеријата има капацитет од 25 Wh и во текот на нашето повеќечасовно користење забележавме дека со едно полнење ќе може да работите повеќе од десетина часа. Уредот се подига за 30-тина секунди и сурфањето на него е вистинско
Point Of View Mobii 10.1 Ова е таблет-компјутерот кој има можеби најдобри перформанси меѓу ваквите уреди на нашиот пазар. Во него е вграден Cortex A9 двојадрен процесор кој работи на 1 GHz, a на помош доаѓа и со 1 GB системска меморија. Како што се гледа од името, екранот е со дијагонала од 10,1 инчи и има резолуција од 1.024 x 600 пиксели. За разлика од останатите Android таблет-компјутери, овој има капацитивен екран и поддршка за мултитач. Сето ова е придобивка од инсталираниот Android 2.2. Уредот има и USB порти за приклучување на тастатура, а за поврзување со видеоуред тука е и HDMI конекторот. И овој уред има можност за приклучу-
вање на SIM картичка со цел да се искористат поволностите на мобилните мрежи. Вградениот читач на картички е резервиран за картичката која е гратис во пакувањето со таблетот и има капацитет од 4 GB. Во текот на тестирањето наидовме на мали проблеми со инсталацијата на апликации од алтернативниот Android маркет, додека таблет-компјутерот се извади со одличното сурфање на интернет и брзото прелистување на страните. Според нас, ова е најдобрата алтернатива на iPad во моментов, а чини 22.500 денари. Оценка 9/10.
OSM GPad10 задоволство. Прелистувањето на интернет-страните е толку мазно како да прелистувате реални предмети. Целокупното искуство со овој таблеткомпјутер беше совршено. Цената на овој примерок беше околу 58.800 денари. Уредот ќе го оцениме со 9/10 поени поради релативно високата цена.
Ова е таблет-компјутер кој, исто така, може да се најде на нашиот пазар. Од предната страна изгледа комплетно идентично како и iPad со тоа што овој таблет-компјутер има и предна камера. Како што забележувате на фотографијата, од неговата десна и горна страна се наоѓаат огромен број контроли и поврзувања како Ethernet порта, USB и HDMI порти и отвори за micro SD мемориски картички. Екранот е со дијагонала од 10 инчи со резолуција од 1.024 x 600 пиксели и е резистивен, но нека не ве разочара овој факт. Во текот на неколкудневното користење забележавме дека осетливоста на екранот е на многу високо ниво, па во еден момент можеби и ќе се запрашате дали работите на капацитивен или резистивен екран. Таблет-компјутерот работи со оперативен систем Android 2.1 и од нас има минус во поглед на под-
дршката за Flash содржини којашто недостасува. Она по кое се разликува овој таблет-компјутер е GPS приемникот кој функционира одлично со Google maps или која било апликација која може да се најде на Android маркетот. Работи на 1 GHz процесор и има 256 MB меморија. За безжично поврзување е вграден и Wifi приемник. Цената на овој уред е околу 11. 300 денари. Oценка 7/10. Ивица Анѓелески
www.enter.net.mk
15
Хардвер Најтенкиот монитор на пазарот, моделот 2290V од LG, е веќе достапен и во Македонија. Имавме можност лично да се запознаеме со неговите перформанси и еве што забележавме.
LG E2290V
кој има голема моќност, а благодарејќи на ова – и екстра тенок дизајн. EZ Cabling е нова технологија која овозможува сите приклучоци на мониторот да се сокријат во држачот, а се достапни од задната страна на постаментот. Единственото што се забележува се четири светлечки диоди на постаментот кои се всушност и контролите осетливи на допир, додека прекинувачот за вклучување LG E2290V Дијагонала: 21,5 инчи Тип на осветлување: LED LCD Резолуција: 1.920 x 1.080 пиксели Осветлување: 250 cd/m2 Време на одѕив: 5 ms
Мониторот е комплетно изработен од алуминиум со сребрена завршница и има дебелина од само 7 mm. Напредната технологија која е користена во овој производ овозможува контрола со само еден чип
Приклучоци: D-SUB, HDMI, DVI-D, слушалки Димензии (со постаментот) : 511,4 x 135 x 399,3 mm
Cooler Master V6GT Cooler Master V6GT е масивен ладилник од новата линија на ладилници и е дизајниран во Vизведба на разладните цевки. На прв поглед е масивно „чудовиште“ кое ќе се смали откако ќе ги отстраните двата DynaLoop вентилатора. Во пресек на разладното тело најдобро може да се забележи поставеноста на топлопроводните цевки која е во V-изведба и со тоа овозможува подобро отстранување на топлината. Дополнително за ова придонесуваат и густо поставените алуминиумски „ребра“ кои се закосени во однос на нормалата на вентилаторот така што овозможуваат подобар контакт со воздухот. Ова можеби е мал проблем затоа што автоматски се намалува и проточната моќ на воздухот, но затоа од предната страна е ставен 12 cm вентилатор кој вшмукува, додека на задната страна има ист таков вентилатор кој издувува воздух. Масата на кулерот е 939 грама, а материјалот од кој е направен е бакарна основа за процесорот со алуминиумски топлопроводни цевки и алуминиумски ребра. Двата вентилатора имаат работен век од 40.000 часа и работат со брзина од 800 до 2.200 вртежи при што генерираат бучава од 15-38 dBA. Потрошувачката по вентилатор е околу 0,5 A, а за напојување, покрај 4-пинскиот приклучок, кулерот се приклучува и на дополнителен молекс од напојувањето. Го тестиравме на intel Core 2 Quad Q6600 четиријадрен процесор со TDP од 105 W во просторија со температура
16
www.enter.net.mk
од 18 Целзиусови степени. Во idle режим на работа на процесорот, неговата температура не надмина 20 степени, додека при максимално оптоварување измерената температура по пет минути беше 38 степени. Во овие услови вентилаторите работеа со максимални вртежи. Она што нам не ни се допадна беше сложената процедура за инсталација затоа што за негова монтажа е потребно да се извадат двата вентилатора. За соодветен простор ќе ви биде потребно најмалку midi tower куќиште. Визуелниот ефект го дополнува средишната линија која свети во неколку различни бои кои може самите да ги изберете со притискање на големото копче Cooler Master на средината. Поддржаните лежишта за процесори се LGA 775/1156/1366 и AMD AM3/AM2/AM2+. Уредот го позајмивме од „СЕТ Компјутери“.
и исклучување е во долниот десен агол и е, исто така, осетлив на допир. Екранот е со големина од 21,5“ и има Full HD резолуција (1.920 x 1.080). За поврзување, на располагање се сите можни приклучоци – HDMI, DVI и VGA. Во постаментот е и приклучокот за напојување кој се поврзува преку адаптер, а тоа значи дека мониторот нема да се загрева поради напонскиот дел, а од друга страна би можел да се користи како преносен монитор, што навистина би било штета ваков монитор да се „упропасти“ во некое возило. Доколку мониторот го поврзете преку HDMI кабел, ќе може да приклучите и слушалки преку кои би можеле да слушате аудио. За пристап до нагодувањата доволно е да допрете некоја од командите и во долниот дел на екранот ќе забележите помошни прозорчиња кои покажуваат што значи секоја контрола одделно. Мониторот со својот fancy изглед одлично би се вклопил во модерен простор. Единствена наша замерка е широкиот постамент – па зошто тогаш толку тенок екран? Мониторот го позајмивме од „Ривер Софт“.
Gigabyte G-Power 2 PRO
Наидовме и на кулер кој нè изненади со својата ефикасност во ослободувањето на топлината во однос на неговите спецификации. Gigabyte G-Power 2 PRO е кулер со еден 12-сантиметарски вентилатор и има маса од скоро 600 грама. Базата за процесорот е од бакар, додека топлопроводните цевки и ребра се од алуминиум. Вентилаторот на кулерот е поставен на 85 степени закосеност во однос на матичната плоча, а со тоа овозможува лесно ослободување на топлината ако го поставите со разладните ребра кон задниот дел од куќиштето, и дополнително ладење на деловите од матичната плоча. Кога сме кај куќиштето, за инсталација на овој кулер ќе ви биде потребна минимална ширина од 20 cm, а за напојување е доволен само 4-пинскиот конектор за поврзување на вентилатор. Ладилникот е дизајниран за Интеловите LGA 775 и AMD AM2 (+) лежишта на процесори. За тестирање искористивме Intel Q6600 со TDP од 105 W. Земајќи ја предвид помалата маса во однос на другите „хај-енд“ кулери и тоа што работи со само еден вентилатор, G-Power 2 PRO се покажа како вистински Давид во битката со останатите Голијати. Имено, во текот на нашето тестирање при собна температура од 18 степени, имавме температура на процесорот од 20-тина степени во idle режим на работа, додека во 100% оптоварување температурата не надмина 35 степени. Како Gigabyte успеале да создадат толку ефикасен кулер, сè уште не ни е јасно. Уредот го позајмивме од „Макс Компјутери“. Ивица Анѓелески
Елеганција
во движење
Dell inspiron 15R (N5010) Поедноставете си го вашето секојдневие со квалитетен лаптоп кој ќе го оправда секој денар издвоен за него. Преносен компјутер кој е создаден да ви ја направи секојдневната работа полесна од кога било досега. За оваа намена ги поседува сите потребни перформанси, а и многу повеќе од тоа.
Dell inspiron 15R (N5010) Дијагонала: 15,6“ (1.366 x 768) Процесор: Intel i3-380M Чипсет: HM 57 РАМ: 4 GB DDR3 Хард-диск: 500 GB (5.400 rpm)
Графички адаптер: Intel интегрирана HD графичка карта Камера: 1,3 MP Влезно/излезни порти: 3 x USB 2.0 1 x eSata, HDMI, VGA, 10/100 LAN, 7 во 1 читач на картички Оперативен систем: Windows 7 Home premium 64bit
Во последно време преносните компјутери на Dell се позабележливи на пазарот на вакви уреди затоа што имаат висок квалитет, тригодишна гаранција и сето тоа со разумна цена. Од друга страна, дополнително
кога го отворате дисплејот. Она што нам ни се допадна од долната страна беше целосното куќиште на кое не се забележуваат отвори за хард-дискот, за системската меморија, ладилникот за процесорот и сл. Ова за некои можеби е недостаток , но со оглед на познавањата на поголемиот дел од корисниците, вака нема да се случи некој љубопитен „мајстор“ да го „поправи“ својот компјутер. Нема потреба да ги набројуваме портите кои се наоѓаат на овој уред затоа што тие се наведени во табелата, но она што нам не ни се допадна е тоа што од десната страна нема USB порта, па така оние кои сакаат да користат жичено глувче ќе мора да го поврзат од задната страна на уредот. Тастатурата е комплетно алфанумеричка додека над и под неа нема дополнителни hotkeys – очигледно било дека производителот не сакал
И моделот Inspiron 15R е достапен во неколку бои
влијаат на корисниците и козметичките детали како колоритните капаци и фенси-металната завршница. Според тоа, и моделот Inspiron 15R е достапен во неколку бои, а при првиот контакт со лаптопот, новиот дизајн на шасијата кој наликува на брусен алуминиум, го прави веднаш посакуван. За разлика од многуте блескави, пијано-финиш лаптопи, Dell Inspiron 15R не фаќа толку многу прашина поради специфичниот слој и антистатичкото крпче кое се наоѓа во пакувањето. Онаму каде што другите „попуштаат“, овој модел изгледа одлично изработен. Во споевите помеѓу горната и долната плоча не може да се забележи никакво отстапување, а механизмот за подигање на екранот има одлично пресметан отпор со што нема потреба од придржување на телото за да не се подигне
да ја „шара“ убавата метална завршница која во секој момент го одзема погледот. Копчето за вклучување кое се наоѓа во горниот лев агол и останатите LE диоди за сигнализација на работата светат дискретно во бела боја и воопшто не пречат при работата што е случај со многу други лаптопи кои наликуваат на Las Vegas :). Под шасијата се крие Интеловиот Core i3 380M процесор кој работи на
Препорака за сите оние кои сакаат квалитетен сопатник со екстра дизајн, солидни перформанси и долг век на батеријата 2,53 GHz и има 3 MB кеш-меморија. Во комбинација со четирите гигабајти системска меморија која работи на 1.066 MHz и хард-дискот од 500 GB, тој е подготвен да одговори и на мно-
Гаранција: 3 години
Цена:
HHHHH
Дизајн:
HHHHH
Перформанси:
HHHHH
Опции:
HHHHH
Мoбилност:
HHHHH
ОЦЕНА:
HHH
H
гу посложени задачи од Word и Excel. Единствена „кочница“ може да биде интегрираната графичка картичка, а во преносните компјутери со вакви перформанси се вградуваат и дискретни графички картички со многу подобри перформанси. Но, тука Dell Inspiron 15R N5010 им ја затвора устата на сите критичари со долгиот работен циклус на батеријата со едно полнење. Шестќелиската батерија од 48 Wh обезбедува близу четири часа при нормална работа. Оттука може да ја дефинираме и намената на овој модел од Dell. Би го препорачале за сите оние кои сакаат квалитетен сопатник со екстра дизајн, солидни перформанси и долг век на батеријата. Гаранцијата на Dell од три години уште еднаш ја потврдува доминацијата на квалитетот кој се нуди во нивните производи. Ивица Анѓелески
www.enter.net.mk
17
Хардвер
Point of View Mobii TEGRA 10.2” Tablet
Сосема нов поглед ија, особено нтастична иновац фа се е ит ер ут пј ите системи и Таблет-ком т“ помеѓу мобилн ко ра „б чи лу ск аме уште еден откога се d. Ви претставув oi dr An ем ст си f View Mobii оперативниот , моделот Point O то во ст еј ем -с ет R2 + 512 MB член од табл ранот, 512 MB DD ек на ла на го ја Cortex A9 кој има 10,2” ди ван од Dual core жу ви ид пр е и ја ри NAND Flash мемо тен такт од 1 GHz. процесор со рабо
Таблет-компјутерите, на кои во овој број им посветивме неколку страници, се најпопуларните гаџети на денешницата. Како такво, пакувањето на еден мобилен уред има големи предности, иако не е идеално за секакви потреби. Многумина, пак, ги доживуваат како моден детаљ, но сеедно, во која било смисла, тие се многу практични уреди. Со други зборови, таблет-компјутерите, особено оние кои користат оперативен систем Android, се особено потребни на оние корисници на кои во секое време им е потребен компјутер покрај себе, па може да го користат во секој момент или само за задачи кои немаат големи побарувања. Ако се пронаоѓате себеси во таа група на луѓе, тогаш ви преостануваат уште две работи – да го изберете вистинскиот модел и да Моќен ARM 9 одвоите одредеCortex процесор на сума на пари за него. Новиот Point Of View Mobii Tegra ќе ви го олесни поминувањето преку овие две пречки. Сите минијатурни уреди кои
Предност: моќен двојадрен процесор, голем мултитач екран, HDMI приклучок, 3G поддршка
24
www.enter.net.mk
Нова nVidia Tegra платформа
сосема комотно ќе може да изгледате и филм и без проблем да ставите титлуван превод кој ќе може лесно да го читате. Податокот дека скоро 90% од хардверот кој е интегриран во овој таблет-компјутер е на nVidia, доволно кажува. Графиката на овој таблет-компјутер е доволно јака за да гледате филм преку HDMI кабел директно на вашиот телевизор или, пак, да ги играте игрите за на Android коишто ги има во сè поголем број. Теgra,
се актуелизираа во последниов пе- всушност, е име на новата платформа риод се со релативно поволна цена, која ги обединува графиката, мемоно се далеку помалку функционални рискиот контролер, southbridge и токму поради далеку помалиот екран northbridge во едно готово решение за разлика од стандардните компјуте- кое го прави таблет-компјутерот еден ри и лаптопи. Веќе за 10-инчни мали вистински компјутер, особено во слууреди може да се каже дека чај кога ќе се додаимаат доволно голем екран. 10,1” капацитивен де ARM процесор. Па, дури и ако се работи помултитач екран Oвие процесори се делено на две страни, еден идеални за суперза виртуелната тастатура, а друг за телефоните, како на пример, iPhone, преглед на текстот кој е внесен, може а таблет-компјутерите трошат искда се каже дека сè уште е доволно го- лучително малку струја, но сепак се лем за да може нормално да се рабо- доволно јаки за сите класични аплити. Point Of View Mobii Tegra поседува кации (оперативниот систем Android токму 10,1” екран кој има природна на нив функционира фантастично). резолуција од 1.024 x 600 каква што Кога веќе го споменавме процесорот може да се сретне кај нетбук-компју- ARM 9 Cortex кој има две јадра, вреди терите. Со оваа големина на екранот, да се спомене дека е идентичен со оној кој се наоѓа во таблет-компјуНедостаток: терот iPAD 2. Тоа значи дека ако не сте обожавател на Android слободно повисока цена, мал капацитет може да инсталирате Windows 7 како на интерната меморија, не кај класичен компјутер, бидејќи саподдржува Wireless N миот процесор е втор по ред според
моќност во споредба со сите останати процесори наменети за мобилни уреди што моментно се достапни на пазарот. Android-от од друга страна, пак, функционира одлично. Ви дозволува одеднаш да отворите дури десет апликации и да ги користите со леснотија работејќи буквално сè што ќе ви падне на памет. Од останатите спецификации, за пофалба се 512MB RAM меморијата како и 512MB NAND интерната меморија со кои брзината на оперативниот систем и инсталираните програми на тој половина гигабајт ќе функционираат како кај компјутер кој користи SSD диск, додека другите медиуми и непрограмски податоци може да ги складирате на мемориска картичка (во случајов е вклучена 4GB SD картичка). Освен HDMI приклучокот кој веќе го споменавме, Mobii Tegra поседува и USB 2.0 приклучок, WiFi 802.11 b/g адаптер, интегрирана 1,3 MPx веб-камера и 2 x 1W звучници. Ако вашите секојдневни потреби може да ги задоволите со PC таблет, Mobii Tegra е токму она што ви е потребно. А ако ја споменеме и забавата што ќе ви ја овозможи таблет-компјутерот при користење на мултитачекранот, тогаш станува збор за полн погодок во секоја смисла, буквално за секого. Позајмено од „АМЦ“. Драгана Миладиновиќ Point of View Mobii TEGRA 10.2” Tablet Екран: 10.1“ 1024x600, capacitive multi touch Процесор: Dual core Cortex A9 1GHz, chipset nVidia Tegra 250 Меморија: 512MB DDR2 + 512MB NAND Поврзување: WiFi 802,11 b/g, HDMI, USB 2.0 + Bluetooth, 3G Останато: веб-камера 1.3MPx
Оперативен систем: Android 2.2 Батерија: 3.300 mAh Цена:
HHHHH
Дизајн:
HHHHH
Перформанси:
HHHHH
Опции:
HHHHH
Мoбилност:
HHHHH
ОЦЕНА:
HHHH
Хардвер Apple iPad 2
Потенко значи најлесно
Две камери, HD видеоснимки, двојадрен чип, батерија која трае десет часа... Сето ова во ново, уште потенко и полесно куќиште. Новиот iPad е подготвен да освои голем број симпатии.
Apple iPad 2 Димензии: 241 x 185 x 8,8 mm
Откако еднаш ќе го земете в раце, верувајте, нема да ви биде лесно да го оставите. Тука лежи целата идеја на производителот, наспроти новиот дизајн. Тој е многу потенок и уште толку полесен во споредба со својот претходник. Тоа ќе им се допадне на вашите раце. Сурфање на интернет, проверка на имејл, гледање филмови, читање електронски книги,... сето ова е толку природно изведено кај новиот iPad, што на моменти ќе заборавите дека имате неверојатна технологија под вашите прсти. Моќните јадра на A5 чипот двојно го забрзуваат времето на извршување на процесите. Ќе ги забележите очигледните разлики дури и при сурфање на интернет, гледање филмови, видеоразговори или, пак, при играње игри. Генерално, сè е побрзо кај iPad 2, апликациите се стартуваат побрзо и сè функционира како подмачкано. Една од значителните промени на подобро кај iPad 2 е токму гејмплејот. ПодобреТој е многу потенок и ните перуште толку полесен форманси во споредба со својот сега нудат уште попретходник. добар и пореален гејминг, а брзиот графички процесор овозможува поквалитетна репродукција на видеоматеријали. Ова ќе го почувствувате додека прелистувате во библиотеката со фотографии, додека уредувате видеоматеријали со помош на iMovie или додека прегледувате анимации во Keynote. iPad 2 го има задржано истиот капацитет на батеријата и покрај ултратенкиот дизајн. Батеријата повторно трае неверојатни десет часа. Тоа е доволно за филмски маратон преку цела ноќ. Штедливиот A5 чип и iOS оперативниот систем се грижат
28
www.enter.net.mk
многу повеќе за батеријата од вас. Дали ги гледате двете камери на iPad 2 – една на предната, а друга на задната страна? Тие се навистина минијатурни, но одлично си ја извршуваат должноста. Дизајнирани се
е буквално паметна магнетна технологија која се претвора во одличен потпирач за вашиот iPad 2, а тој истовремено се претвора во одлична заштита за екранот на iPad. iPad 2 има, пред сè, голем и убав дисплеј со висока резолуција. Дијагоналата од 9,7'' и заднинското LED осветлување ќе ве остават без коментар. Впрочем, и нема место за коментари, едноставно, препуштете се на неверојатно чистата и кристална слика со одлични бои. iPad нема нормална и грешна положба на држење. Тој, сè што ќе посакате ќе го прикаже во вертикална или хоризонтална положба. Дисплејот има максимални 178 степени агол за FaceTime видеокомуникација и на гледање, па затоа не бидете сефункционираат истовремено, така бични, споделете дел од убавата што можете да разговарате со оми- глетка со пријателите околу вас. лените пријатели, а истоЗа крај, остана да Моќните јадра на времено да ги гледате како споменеме за безви се смешкаат во заднина. A5 чипот двојно го жичната технолоПредната камера ве поста- забрзуваат времето гија, која секако вува лице до лице со вашиот на извршување на не е последната пријател во комуникацијата од многуте со кои процесите преку интернет. Користете може да се пофаја често опцијата за промена на ка- ли iPad 2. Безжичниот адаптер брзо мерата, така што ќе им овозможите и лесно препознава безжична инна пријателите да погледнат каде се тернет-мрежа, а на неа се прикачува наоѓате, во чие друштво сте, како и уште побрзо доколку вие му го одотоа што се случува околу вас. Каме- брите тоа. iPad 2, исто така, располага рата од задната страна снима во HD со 3G поддршка со што се прошируформат, па затоа е убаво да ја искористите за квалитетно меморирање на најубавите моменти. Или, пак, направете по некоја фотографија во Photo Booth. Има толку многу насмевки околу вас што вредат да ги регистрирате во вашиот фотоалбум. iPad 2 и iPad Smart Cover се создадени еден за друг. iPad Smart Cover
Мемориски капацитет: 16 GB, 32 GB, 64 GB Безжичен интерфејс: Wi-Fi N + 3G Дисплеј: 9,7” LED, 1.024 x 768 Процесор: A5 dual-core 1 GHz
Батерија: 10 часа Цена:
HHHHH
Дизајн:
HHHHH
Перформанси:
HHHHH
Опции:
HHHHH
Мoбилност:
HHHHH
ОЦЕНА:
HHHHH
ваат безжичните можности. Ова ви овозможува да пристапите на интернет во секое време и од секое место. Многу вредни работи сместени во елегантно решение. Во ниеден момент не се посомневавме во авторитетниот производител. По којзнае кој пат на дело се гледа тоа, а во моментов одличен доказ е iPad 2. Можеби го препознавте новиот дигитален пријател? Гоце Спасовски – Стручњак
МОБИЛНИ HTC Thunderbolt
Молњата на HTC Претставување на HTC Tunderbold во USA
Дизајнот на HTC Thunderbolt не нуди ништо ново во однос на некои претходни модели од овој производител – уште на прв поглед веднаш ќе препознаете дека се работи за модел на HTC. Димензиите му се 122 x 66 x 13 mm и иако куќиштето е изработено од пластика, тежината му е „пристојни“ 164 грама, што особено се забележува (и пречи) доколку го носите в џеб. На задната страна се наоѓа функционален додаток во вид на лента која се извлекува и служи како држач на телефонот кога тој е поставен на маса во хоризонтална положба – што со оглед на неговите димензии и тежина ќе најде голема примена кај корисниците. Големиот ТFT капацитивен екран од 4,3 инчи со резолуција од 480 x 800 пиксели и 16М бои го зафаќа поголемиот дел од куќиштето, а тука се и стандардните touch-sensitive кратенки до одредени функции на Androidот, кој е во верзија 2.2.1 (Froyo). Корисничкиот интерфејс е добропознатиот HTC Sense, кој на располагање ви нуди неколку
На задната страна се наоѓа функционален додаток во вид на лента која се извлекува и служи како држач на телефонот home-екрани кои може да ги полните со виџети, кратенки до апликации и сл. Бројот на сцени (scenes) каде што виџетите и апликациите веќе се групирани според некоја тематика (бизнис, социјални, забавни итн.) и теми (Skins) е доволен за да изгледот
36
www.enter.net.mk
HTC Thunderbolt е одамна најавуваниот модел на HTC кој моментно го рекламираат како уред што мора да се поседува. Се работи за моќен телефон со добри технички карактеристики, кој за жал, се сомневаме дека ќе го видиме во скоро време кај нас, бидејќи работи исклучително на 3G или 4G мрежа (не и на GSM). Не ни останува ништо друго освен „на хартија“, во кратки црти, да објасниме што сè нуди оваа „молња“ на HTC и дали помпезните најави и прогнози биле реални или се работи само за добар маркетинг.
и функционалноста на оперативниот систем ја нагодите во 30 разни комбинации, па без сомневање ќе ја пронајдете онаа што ќе ви се погоди :) Сè во врска со овој телефон е масивно, вклучувајќи го и адресарот и можностите за негово нагодување, синхронизирање со вашите facebook, twitter, gmail, excange и останати контакти, а истото важи и за организаторот и апликациите во него (календар, e-mail апликацијата итн.). Интернет-прелистувачот е базиран на технологијата Webkit и може да отвора и Flash содржини, што со оглед на перформансите на Thunderbolt (процесор од 1 GHz и RAM од 768 MB), воопшто не е изненадувачки. Најјаката страна на овој модел е неговата брзина при користење на интернетот преку 4G, која кај овој уред е тестирана на провајдерот Verizon. Првичните тестови дале резултати од скоро 12 Mbps download и 6,5 Мbps upload што е навистина импресивно. Доколку, пак, ја искористите можноста телефонот да го користите како модем и преку него да поврзете уште осум уреди преку WiFi, тогаш трансферот (кај тие уреди) се намалува до 10 Mbps download/3 Mbps upload. И мултимедијалните перформанси се на ниво на останатото – примарната камера од 8 MP дозволува сликање во резолуција од 3.264 x 2.448 пиксели и снимање видео во 720p, со тоа што поради немање на HDMI порта, овие материјали директно од теле-
фонот може да ги гледате на голем телевизор само доколку тој поддржува стриминг преку WiFi. Музичкиот плеер, пак, е подобар од stock Android плеерот Најјаката страна на кај другиовој модел е неговата те HTC модели, што брзина при користење секако е на интернетот преку 4G добредојдено. Земајќи ги предвид сите овие перформанси (особено големиот екран и 4G мрежата), можете да замислите колку оваа „молња“ ја „цица“ батеријата (која е од 1400 mAh, што е премалку за еден ваков уред). Одговорот е – премногу. Со релативно „нормално“ дневно користење од неколку повици, малку сурфање, проверка на e-mail и користење на социјалните апликации, телефонот веќе мора да го ставите на полнач по 5-6 часа. Иако може да се купи појака, сепак не е фер од страна на HTC што буквално го осакатиле овој уред со недоволно јака батерија, со тоа значително намалувајќи го првичниот впечаток за овој нивни, сега-засега, носечки модел. Милан Крстевски
HTC Thunderbolt Мрежи: 2G: CDMA 800 / 1900
3G: CDMA2000 1xEV-DO / LTE 700 Димензии: 122 x 66 x 13 mm Тежина: 164 грама Екран: TFT капацитивен тач-скрин, 16M бои, 480 x 800 px, 4.3 инчи Камера: 8 MP, 3.264 x 2.448 пиксели, автофокус, dual LED flash, геоозначување, детекција на лица, видео 720p@30fps, секундарна 1,3 MP
Батерија: Li-Ion 1400 mAh
ИНТЕРНЕТ Foursquare
Социјално истражување „Foursquare го охрабрува споделувањето мислења за местата што ги посетувате…“
вуваат на некое место и не се срамежливи во искажување на своите мислења или совети. Foursquare го охрабрува споделувањето мислења за местата што ги посетувате, односно дали ви се допаѓаат и што најмногу би препорачале на пријателите. Ова е додатно олеснето со безболната интеграција помеѓу вашите Twitter следбеници и Facebook пријатели. Имено, секој пат кога ќе се „Привлекувате и регистрирате на некое место, вашите задржувате муштерии преку следбеници и пријатели ќе бидат из- организирање натпревари или вестени. разни промоции и попусти“. Но, да се навратиме на Superuser статусот. Тој има три нивоа и нуди одредена слобода вивачите воведуваат разновид(1 – најмала, 3 – најголема) при интеракција и про- ни игри, подобри прегледи мена на одредени податоци поврзани со посетено- на информациите, како и интересни визуелни пото место. Преку инсталираната апликација Foursquare и по- магала. Најновата, трета врзување со социјалните мрежи (како Facebook) верзија на апликацијата лесно забележувате каде се вашите пријатели и се одликува со нови и покако им поминува времето. Ако некое место не е добрени функции за Анавтоматски регистрирано од апликацијата, можете дроид и iPhone кориснивие да го внесете, а за сите освоени поени и значки ците, нов Explore таб, но ви стои на располагање детален преглед на офи- и подобрен преглед за цијалниот сајт. Ова, секако, нуди одлични профи- одделите Leaderboards табилни можности за бизнисите што ги посетувате и Special. Секако, за подетален опис на аплиили, пак, поседувате. кацијата за iPhone погледнете го и текстот Бизнисмените што го подготвивме Доколку поседувате некој во одделот „апликабизнис, Foursquare може ции за iPhone“. Мартин Јованчевски да ви помогне полесно да
Foursquare е социјална мрежа која на интересен начин ве поврзува со пријателите. Притоа, го прави излегувањето позабавно, а и не заборава да ве награди со поени и значки. За што се работи? „… каде се вашите
Муштериите
пријатели и како им поминува времето“.
За да уживате во предностите на Foursquare потребна ви е GPS-овозможена направа (како iPhone или Android/ Symbian/ Blackberry направа), авантуристички дух и волја за истражување. Имено, секој пат кога ќе посетите некое место, како ресторан, кино, концерт или аеродром, можете да ја пријавите вашата моментна местоположба преку интернет. Притоа, за секое пријавување освојувате поени и значки. А за додатно мотивирање можете да бидете избрани како градоначалник на местото што најмногу го посетувате или, пак, да уживате во таканаречениот Superuser статус. Вашата градоначалничка фотелја, меѓутоа, лесно може да биде преземена од други лица кои почесто го посетуваат местото. Што се однесува до квалификацијата Superuser, таа се доделува на лица кои често се прија-
се здобиете и да задржите муштерии. Сè што треба да направите е да креирате бесплатна сметка и да го пронајдете или регистрирате вашето место. Во моментот кога ќе го направите ова, привлекувате и задржувате муштерии преку организирање натпревари или најразлични промоции и попусти, при што ги наградувате најверните посетители или, пак, лицето кое ќе стане новиот градоначалник. Она што е навистина непроценливо е бескрајниот прилив од податоци и известувања кои се понудени од посетителите. Ваквите анализи ќе ви помогнат да добиете подобар увид за тоа што е популарно, а што не, како и да дознаете кои посетители се најлојални. А за поголема забава и функционалност, раз-
Интересни податоци за Foursquare Сајтот стапи на сила на 11 март 2009 година Компанијата брои околу 50 вработени Според податоците од февруари 2011 година, Foursquare има околу 6,5 милиони корисници Креаторот Dennis Crowley го основа проектот Dodgeball, кој беше купен од Google во 2005 и затворен во 2009 година само за да биде заменет со Google Latitude. www.enter.net.mk
37
СОФТВЕР
Војната на интернет-прелистувачите
Победник: НАВИКАТА!!! Март беше голем месец за интернет-заедницита, всушност за корисниците на интернетот. Знаеме дека без интернет-прелистувач нема да можете да направите ништо ако сакате да зачекорите по трнливиот или можеби убавиот и розов пат на (за многумина) буквите кои живот значат WWW (World Wide Web). Прво излезе стабилната, десетта верзија на Google Chrome, па Internet Explorer 9, за на крај, на 22 март, да биде лансирана толку многу очекуваната четврта верзија на Mozilla Firefox. Дефинитивно ова се најдобрите и најбрзите верзии досега коишто ги следат трендовите на интернет-заедницата, па редно беше да напишеме нешто за нив. На трите најголеми играчи на пазарот им зададовме „слатки маки“ во реализирањето на нашите тестови, а останува да прочитате кој излезе како севкупен победник. 46
www.enter.net.mk
Интерфејсот
Google Chrome го започна трендот на минималистичкиот интерфејс кај интернет-прелистувачите. Знаејќи дека секој пиксел е важен кај малите преносни компјутери со просечна резолуција од 1.366 х 768 пиксели и дека секоја веб-страница ќе изгледа поубаво, пораскошно и почитливо кога
пред себе имате цел екран, отколку три четвртини од просторот наменет за нивно прикажување (заедно со file менијата, обележувачите и разните линии со алатки), и другите прелистувачи решија да го следат овој пример од Google. Највоочливи се разликите кај Internet Explorer 9. Линијата за алатки сега ја нема, контролите за навигација и полето за адреси се лево
истакнати. Кога сме веќе кај линијата за адреси, да кажеме дека сега е дури три пати помала за разлика од претходните верзии, па дури и од другите прелистувачи. Ист е примерот и со Firefox 4. Ова е најубавата верзија на Firefox гледано од визуелен аспект досега. Портокаловото копче Firefox, кое служи за пристап до опциите на овој прелистувач, е поставено горе лево, од каде што од неговата десна страна се поставени отворените табови, а под него се наоѓаат копчињата back и forward. До нив се наоѓаат копчињата plugin, па потоа следува линијата за адреси и полето за пребарување каде што се користат веќе познатите пребарувачки енџини. Да се разбереме, секој корисник ќе може да си ги има своите обележувачи во новите интерфејси, но и менијата со
апатки. Колку за споредба, главниот горен дел на интерефејсот, без менито со алатки и без линијата со оележувачи во вертикала кај Google Chrome 10 изнесува 61 пиксел, кај Internet Explorer 9 - 54 пиксели, а кај Firefox 4 таа бројка изнесува 64 пиксели. Победник: Internet Explorer 9
Менаџирање на табовите Кога последен пат ви се случило да имате само еден отворен таб во вашиот интернет-прелистувач? Секоја вест, секој нов линк му кажуваат добредојде на средниот клик, или опцијата open in new tab. Така, понекогаш е тешко да бидете организи-
Меморија Google Chrome 10 107,922k Firefox 4 567,020k Internet Explorer 9 66,118k рани кога се табовите во прашање. Firefox 4 имаат ново, уникатно решение за овој проблем, наречено Tab Panorama. Со едноставно кликање на тоа копче кое се наоѓа горе десно ќе добиете приказ на сите отворени табови. Потоа е навистина лесно. Доволно е да направите нов фолдер (исто како кога селектирате фајлови) и да ги „фрлате“ таму табовите што ви се потребни. За подобра организираност може да ги именувате, а како екстра можност е пребарувачкиот енџин, со чија помош ќе ги најдете отворените табови. За жал, оваа суперопција ќе ви користи само кога
Изразено во милсекунди (помалку е подобро)
вие ќе го користите Firefox 4. Секое рестартирање на апликацијата ве носи чекор назад – повторно организирање на табовите. Се надеваме дека во следните апдејти ќе го исправат овој мал, но сепак голем проблем. Во Firefox 4 можете и веб-сајтот кој најмногу го посетувате (на пример, enter.net.mk) да го направите апликација од која брзо ќе и пристапувате од левата страна на линијата за табови. Доволно е со десен клик на сајтот да ја изберете опцијата Pin as App Tab. Слична опција постои и кај Chrome – десен клик на сајтот и треба да изберете Pin tab. За разлика од двата претходни прелистувачи, во IE 9, кога ќе отворите нов таб ви се прикажуваат сите претходно затворени табови и оние сајтови/табови кои најчесто сте ги посетувале. Слично, повторно како и кај Google Chrome. Можноста за менување на местоположбата на табовите ја имаат сите прелистувачи, но во Firefox 4 тоа поместување остана како и кај претходните верзии. Табовите не се поместуваат лево или десно во зависност од тоа каде сакате да го сместите, туку визуелно ви е прикажана само една стрелка, па понекогаш е тешко да забележите каде е сместен саканиот таб во низата. Победник: Firefox 4, поради Panorama Tab, a второто место му припаѓа на IE 9, поради можноста за враќање на историјата на веќе отворените табови и нивно групирање.
Приватност: И трите прелистувачи нудат широка лепеза на сигурносни сетинзи кои лесно може да се нагодуваат. Firefox 4 ја има функцијата „do not track“ со која можете да им забраните на избраните сајтови понатамошно „следење“ на вашите активности на интернет, доколку сметате дека тие сајтови ја загрозуваат вашата приватност. Internet Explorer оди чекор понапред, па можете да преземете
Повеќе е подобро
Tracking Protection List, со што самиот IE 9 одлучува кои сајтови се безбедни. Да не ги заборавиме опцијата InPrivate browsing кај IE 9, можноста „incognito“ кај Google Chrome 10 и „private browsing“ кај Firefox 4. Со овие опции не се зачувува историјата или колачињата од сајтовите што ги посетувате. Победник: Internet Explorer 9, поради листата Tracking Protection, а на второто место е Firefox 4, поради опцијата „do not track“.
Нови опции Трите прелистувачи доаѓаат со многубројни, но и ексклузивни и уникатни новости и функции. Веќе ја споменавме уникатната функција Tab Panorama и можноста за „закачување“ на табовите во Firefox 4. Но, да не заборавиме да ја споменеме и Web конзолата која им овозможува на развивачите и веб-дизајнерите не само да го видат кодот кој се прикажува на страницата, туку и да извршат промени или можеби да
Графика Интернет прелистувач
webGL Aquarium
FishIETank
WebVizBench
Google Chrome 10
35 fps
2 fps
5,77 fps
Firefox 4
19 fps
38 fps
9,06 fps
не е поддржано
53 fps
24, 01 fps
Internet Explorer 9
тестираат свои скрипти во реално време. Chrome 10 сега ја има опцијата Google Cloud Print, услуга која ви овозможува да печатите документи преку интернет, на секој компјутер кој има инсталирано Google Chrome и претходна синхронизација со Google сметката. Тука е и неверојатниот (наш фаворит) Google Instant, опцијата која автоматски ја прикажува веб-страницата што претходно била запишана во историјата на пре-
лени интернет-страници ќе се однесуваат како апликации. Најлесно на свет! Го влечете табот долу во таскбарот и веќе имате кратенка за вашиот омилен сајт. Некои од популарните сајтови имаат вметнато опција за Jump List, па така, ако сакате веднаш да „скокнете“ и да видите што имате во пораки, какви настани, вести или можеби да побарате некој пријател на Facebook, доволно е само да притиснете десен клик на „апликацијата“
Стартување на апликациите
Warm Boot
Cold Boot
Google Chrome 10
2,3 s
3,6 s
Firefox 4
3,1 s
7,2 s
Internet Explorer 9
1,7 s
4s
листувачот, без да го испишете целиот линк, ниту да мора да притиснете Enter на тастатурата. На пример, со испишувањето на буквата F, прелистувачот веднаш ве упатува кон Facebook, или еn, веќе знае дека сме отишле на нашиот сајт. Иако и другите прелистувачи имаат autocomplete, односно autosuggesting опции, сепак треба да притиснете Enter за да почне да се прикажува страницата. Доколку забележите дека прикажувањето на страниците не е автоматски и брзо, имајте на ум дека оваа опција е исклучена по дефиниција. Новина во Internet Explorer 9 се таканаречените Pinned Sites. Сега, во комбинација со Jump List од Windows 7, вашите оми-
FB. Го споменавме FB како еден од најпознатите сајтови во последно време, но компатибилни со Jump List се и Gmail, Twitter, eBay, Amazon, Wired и многу други. Кога ќе ја вклучите апликацијата, горе ќе го забележите логото на веб-сајтот, додека копчето Home е изоставено. Ова е така, бидејќи логото сега по дефиниција е Home-копче. Победник: Google Chrome поради сервисот Google Cloud Print и опцијата Google Instant, а на второто место е IE 9 токму поради својата новина наречена Pinned Sites. www.enter.net.mk
47
хардвер_
ФУЗИЈА, КОНЕЧНО
Интересен е фактот дека AMD долго раскажуваше за Fusion како нешто што ќе ги задвижува сите компјутери на иднината, но официјално не го претставија и првиот процесор кој на едно парче силициум поседува CPU и GPU дел. Таа чест му припадна на нивниот најголем ривал, Intel, кој Sandy Bridge архитектурата ја претстави еден ден порано. Сепак концептот на овие два процесори е многу различен – додека Интеловиот Sandy Bridge е наменет за повисоката класа и десктоп-околина, како и преносните компјутери од повисоката класа, Bobcat (како што беше развојното име на овој концепт) целеше кон најниската класа, во која денес царува Интеловиот Atom. Сепак, како што се приближуваше
56
w w w.enter.net.mk
терминот за официјалното претставување на оваа платформа, се појавија информации дека овие процесори ќе се најдат во многу класи на производи. Овие најави може да значат само едно – дека OEM производителите на матични плочи се многу задоволни од тоа што може да го понуди AMD, бидејќи ваквиот пристап кон изработката на процесори многу го олеснува процесот на дизајнирање на матичните плочи и компјутери, но и ги намалува трошоците, бидејќи е потребно да се вгради и лади само еден чип. До појавата на платформата Brazos ,AMD за сите пазарни сегменти, од најевтините мобилни па до најскапите серверски процесори ги покриваше со една процесорска архитектура.
Веќе повеќе од четири години скоро на секоја официјална презентација на AMD стојат зборовите „The Future is Fusion“, а на почетокот на 2011 година таа иднина пристигна во форма на платформата Brazos и процесорите Zacate E-350. Уште од моментот кога AMD го купи ATI, еден од најголемите производители на графички чипови, се шират гласини за новата генерација на графички процесори, кои на едно парче силициум ќе ги искомбинираат CPU и GPU делот.
Иако ова не е сјајно решение, во секој случај беше разумно, едноставно немаа доволно ресурси за паралелен развој на дијаметрално различни процесори. Сепак успехот што го постигна Intel со Atom процесорите и целиот пазар кој произлезе од еден ваков процесор со слаби перформанси, но и мала потрошувачка, едноставно го натераа раководството на AMD да размислува пазарно и да посвети посебно внимание на мобилниот сегмент. Бидејќи во времето на креирањето на Atom Intel беше ограничен со можностите на тогашните производствени процеси (45nm), единствен начин да се произведе процесор со мала потрошувачка беше со примена на архитектурата In-Order (прва по процесорите Pentium), што автоматски значеше и многу послаби перформанси во однос на актуелните
процесори, кои се претставници на Out-of-Order организацијата на чипот, во која инструкциите се извршуваат во зависност од пристигнатите податоци, а не според првобитниот ред со цел да се намалат периодите во кои процесорот губи значајни циклуси чекајќи на податоците. Со оглед на фактот дека AMD, доцни две години зад првата генерација на ATOM процесорите и има пристап кон понапреден производствен процес, имаше можност да проектира чип кој користи Out-of-Order архитектура, но сепак да задржи многу ниска потрошувачка. Во архитектурата Bobcat се интегрирани Athlon II (со површина од 117 mm²) процесорите, кои се изработуваат во 45nm производствен процес,
AMD Bobcat: Brazos + Zacate со нив се испорачуваше и AMD RS880 чипсетот, како и SB820 SouthBridge. Од друга страна, тука е интегриран GPU со цели 80SP, на ниво на Cedar чипот кој го претставува срцето на Radeon HD5450 графичките картички со површина од 59 mm². Сите овие компоненти AMD успеа да ги спакува во еден чип со површина од 75 mm² и потрошувачка од 18 W. Секако, тајната на овој дизајн е во исклучително малата површина на јадрото Bobcat, кое аналитичарите го проценуваат на 5-7 mm², бидејќи на вкупната површина на чипот е сместен и GPU делот, вкупно 1 MB L2 кешмеморија, мемориски контролер, видеодекодер и сл. Ако ја разгледуваме архитектурата, Bobcat јадрото поседува една 64-битна integer единица со два 64-битни пајплајни, 64КB L1 кеш-меморија, вкупно 512KB L2 кеш-меморија, како и поддршка за SSE, SSE2, SSE3 и 64-битни инструкции. Првите чипови ќе имаат вакви јадра како и GPU компатибилен со DirectX 11 API, што го прави прво такво интегрирано графичко решение. Како една од главните ставки во овој пазарен сегмент, потрошувачката, во ова јадро се имплементирани многу техники наменети за заштеда на ова поле. Освен промената во самиот дизајн, во јадрото се вградени и можности за фино нагодување на работната фреквенција, како и можност за гасење на одредени делови со цел да се заштеди определено количество енергија. Од AMD наведуваат дека ова јадро е способно за потрошувачка помала од 1 W, иако засега не е познато во кои ситуации се случува тоа како ни кога овие модели ќе се појават на пазарот. Секако, освен CPU, GPU и L2 кеш-меморијата, модерниот процесор поседува и други карактеристики, а пред сè интегриран мемориски контролер кој во моментот е едноканален доде-
ка во иднина очекуваме да видиме и двоканален контролер. Незаобиколен дел од процесорот кој се користи во мултимедијални компјутери е интегрираниот декодер за видеосодржина. Во првиот Fusion
процесор AMD ја имплементираше третата генерација на својот декодер UVD 3.0, кој поседува поддршка за H.264, VC-1 и MPEG-2. Хардверот е способен да ги декодира без проблем сите видеосодржини кои циркулираат по неофицијалните канали на интернет. Кога се разгледуваат опциите за поврзување може да се заклучи дека во AMD посветиле многу внимание, па Brazos поддржува DVI, HDMI и D-Sub. Секако, во еден момент може да се користат максимално две од понудените три опции.
И покрај високото ниво на интеграција, првиот Fusion процесор сепак не претставува System-on-Chip од повисока класа бидејќи за нормално функционирање му е потребно уште едно дополнително силициумско парче, кое под кодното име Hudson, ќе има задача да комуницира со периферните уреди: SATA, USB приклучоци, мрежен конектор, аудио кодек, но и поврзување на четири PCIE линии кои можат да бидат искористени за најразлични намени. Во согласност со политиката на AMD за максимално искористување на сите парчиња кои ќе излезат од производствениот процес, овие чипови иницијално ќе се продаваат во најмалку четири верзии. Серијата Е е декларирана на потрошувачка од 18 W, поседува Radeon HD6310, како и едно или две Bobcat јадра. Овие чипови се наменети за преносните компјутери од средната и ниската класа, поскапите нетбукови и слични апликации. Верзијата на чипот која ќе се појави под името C е декларирана на потрошувачка од само 9 W, што значи дека ќе биде главен конкурент на новите верзии на ATOM процесори. Постојат верзии со едно или две Bobcat јадра Radeon HD6250. Можеме да заклучиме дека AMD има платформа со голем потенцијал која во моментов нема вистинска конкуренција на пазарот. Сепак, важен дел за платформата Brazos ќе биде и софтверската поддршка посебно кога Stream процесорите ќе можат да се искористат за други работи освен за играње, GPGPU. Свесни за ова, AMD веќе го промовираат AMD Fusion Developer Summit како и најавениот AMD Fusion Fund Program низ кој ќе се спонзорираат компании и проекти кои промовираат синергетско работење на CPU и GPU делот од чипот. Христијан Мирчески - Кицо w w w.enter.net.mk
57
Тема на бројот Dragon Age 2
Dragon Age 2, без сомнение, е најдобрата RPG игра од фантазиската франшиза на Bioware, гледано од технолошки аспект. Гејмплејот, корисничкиот интерфејс и системот на водење дијалози се целосно модификувани, па сега играта е многу побрза, пофункционална и позабавна од порано. Сепак, и покрај сите овие подобрувања, играта сè уште има некои проблеми, кои се провлекуваат од порано. За среќа, тие не може да го нарушат целокупниот впечаток за играта, кој е одличен. 62
// ЕНТЕР GAMING EDITION
Dragon Age стана популарна токму поради одличната приказна што ја раскажуваше, неверојатниот фантазиски свет кој одлично ја надополнуваше, но и поради ликовите за паметење и фактот дека се борите за кауза во која вистински верувате. За да ја создадат приказната, BioWare ги ангажираа своите најдобри сценаристи. Сепак, и покрај овие факти, првата игра, заедно со експанзијата, не го искористи во целост фасцинантниот свет кој беше креиран. BioWare ги слушнаа поплаките од своите ко-
рисници, па затоа Dragon Age 2 ја направија токму како што треба. Таа и овојпат е комплексна RPG епика, па ќе ви бидат потребни околу 50 часа за да ја завршите. Ова е игра преполна со одлични мисии во свет со политични интриги и огромен број на интересни ликови. Dragon Age 2 гордо ја носи митологијата поставена од Origins, за од вас да креира епски херој. Низ оваа долга авантура ќе се соочите со гигантски змејови, злобни волшебници и алчни трговци со робови, но
Немој по глава
Низ оваа 50-часовна авантура ќе се соочите со гигантски змејови, злобни волшебници и алчни трговци со робови, но ќе имате можност и да ја обликувате приказната преку одлуките што ги носите. ќе имате можност и да ја обликувате приказната преку одлуките што ги носите. Промените во Dragon Age 2 се видливи уште кога ќе ја вклучите играта. Некои од вас можеби ќе бидат и малку разочарани кога ќе се појави екранот за креирање на ликови. Сега веќе не е возможно да избирате раса, бидејќи целата приказна на играта е базирана на фактот дека сте човек, па ви дава само да изберете пол и една од трите класи: warrior, mage или, пак, rogue. Исто така, слично како во Mass Effect, на вашиот лик му е дадено и презиме – Hawke (покрај името што го внесувате по ваш избор), па сега тој е целосно гласовно одглумен и
сите дијалози во кои ќе учествувате ќе бидат со звучна подлога. Приказната во Dragon Age 2 е раскажана на невообичаен начин за видеоигрите – уште на почетокот ќе дознаете дека ликот со кој ќе играте на крајот ќе биде прогласен како „Заштитникот на Kirkwall“. Како дошло до тоа, ќе треба да дознаете низ многуте часови игра. Семејството на Hunt избегало од својот дом во Lothering, откако ордата Darkspawn го запоседнува градот, па како бегалци тие доаѓаат во Kirkwall. Светот е на работ на војна, а Chantry – главната религиска фракција во универзумот Dragon Age е пред распад. Играта започнува практично од моментот кога ќе пристигнете на брегот на Kirkwall. Тука го започнувате својот живот како бегалец, но полека почнувате да ги зголемувате финансиите и својот статус преку завршување на огромниот број мисии низ играта. Приказната не е директно продолжение на Dragon Age, но сепак
Змејовите се секогаш интересни за убивање
та икона е љубезната опција. Понекогаш, вашиот избор нема да има последици во гејмплејот, па само ќе ви дава илузија на избор и ништо повеќе. Ова значи дека без разлика што ќе изберете во дијалогот, работите се одвиваат на ист начин, што понекогаш знае да биде и малку транспарентно. Сепак, во оваа игра ќе треба да донесете многу повеќе важни одлуки, отколку во претходната и тие ќе влијаат на вашиот напредок на фантастични начини – некои од нив суптилни, а некои не. На пример, ако низ играта сретнете збунет тинејџер со магични способности, кој сака да избега кај самовилите и му помогнете, тогаш тој лик подоцна во играта може да контактира со вас, нудејќи ви мисија со која ќе се прошири приказната за него. Во зависност од тоа кои ликови од вашата дружина се со вас за време на водењето на одреден разговор, дијалогот може да отиде во различни правци. Тој би се одвивал различно, доколку тие други ликови се со вас додека го водите дијалогот.
под стандардната дефиниција за до- на „Fade“. Стоичката, роглеста раса бро или лошо. Ова е делумно поради Quanari пати од сличен прогон, па политички и тие можеби Во играта ќе можете да обоената клиќе ги освојат ма, која влавашите симпакреирате лик само од дее во Kirwall. тии, и покрај Семејните врфактот што вие човечката раса, што за ски можеби и вашето сенекои играчи можеби ќе мејство за нив и н и ц иј а л н о ќе направат аутсајдери. биде малку разочарувачки. сте Минимална првично да Постојат гоконфигурација: се соживеете со протерувањето на лем број сличности со религиите од волшебниците, кои сакаат да ги ос- вистинскиот свет и актуелните поли. Windows® XP/Vista лободат своите браќа и сестри од тички конфликти, но сепак, најголе. Процесор: Dual Core процесор стегите на „Кругот“. миот број работи што ќе ги сретнете . 1,5 GB RAM Низ играта ќе ги во играта се типични за фантазиските . Графичка: Nvidia GeForce сретнете безвол- светови. Очекувајте да видите еле7900GS / Ati Radeon HD 2600 со ните поранешни менти и теми кои се истражувани во 256VRAM волшебници, кои наслови како „Господарот на прстебиле „замолчени“ – ните“, „Тркалото на времето“, „Песната Препорачана им била отстранета за мразот и огнот“ и слично. Како и конфигурација: врската со светот да е, ќе морате да избирате како да . Windows® XP/Vista на соништата по- реагирате на настаните во играта, ко. Процесор: Quad Core знат како „Fade“. Ќе ристејќи го тркалото на дијалог, кое процесор имате можност и многу јасно го означува вашиот став Дружината на Hawk во акција . 4 GB RAM да се соочите лице во разговорот и кое е многу слично . Графичка: Nvidia 8800GTS / Ati има одредени работи кои ќе ја повр- в лице со хоророт на крвавата ма- на она во Mass Effect. Црвената икона Radeon 5850 со 512MB VRAM зат оваа игра со претходната. Играта гија и моќното влијание на демоните е агресивната опција, додека зеленанема добро дефиниран централен заплет, ниту пак главен негативец, што ја прави длабочината на приказната се малку бледа, во споредба рата г и о со првата игра. о ите в цион к Битк а Како резултат о зи и п д Dragon на тоа, припобр ни о казната е малку тира н е ns. и расфрлана, со ор Origi : e g A серија од мисии и настани без вистински фокус. Можеби н а ј д о б р и те моменти во играта ќе ги доживеете во некои од споредните мисии фокусирани на некои од членовите на вашата дружина, каде што ќе доживеете загуба, љубов и предавство. И покрај овие недостатоци во приказната, нема да останете разочарани, бидејќи мисиите се навистина интересни. Најсилниот дел од раскажувањето на приказната е елементот на одлуки. Dragon Age 2 е поделен на три поглавја и во секое од нив ќе правите тешки одлуки. Ниту една од нив не спаѓа Расата Quanari ЕНТЕР GAMING EDITION //
63
рецензија
PC
Test Drive Unlimited 2
Неповторл ивата и еди нствена Tes Unlimited д t Drive оби ново п родолжени можевме д е. Ние не а спиеме м ирно, па ре веднаш да шивме го тестирам е. Прочита нашите впе јте какви се чатоци. Доколку сте љубители на автомобили, а пасија ви се игрите со возење, тогаш оваа игра е дефинитивно за вас. Првото нешто што фасцинира е обвивката од пакувањето на дискот, но подоцна малку ќе се разочарате. TDU 2 не е класична аркадна игра со возење. Таа сега прераснува во MMO. Барем досега тоа се покажа како добитна комбинација. Впрочем, погледнете ја World of Tanks која во моментов има над 1,1 милиони претплатници. Со ваквиот потег се дојде до впечаток дека Atari не може да погреши, но рака на срце, се чини дека не успеа во тоа што го очекуваше. Приказна За сите оние што не знаат, развивачите на TDU 2, за разлика од претходникот, поработи на сингл-делот, а особено на приказната. Замислете си дека се наоѓате на преубав остров каде што насекаде околу вас има Кенови и Барбики кои живеат единствено за забава. Па, што има лошо во тоа? И вие сте еден од нив! Островот што се споменува во приказната е прекрасната Ибица. Изборот не е случаен. Приказната ќе ја започнете како некој непознат лик кој во моментот вози некој искршен стар автомобил. Изборот на автомобили во почетокот може да се направи помеѓу Lancia Delta HF Integrale, Lotus Esprit или стар Mustang. Понатаму треба да возите, да собирате пари... со цел на крајот да си купите едно ново „ферари“ или некоја друга луда ѕверка за самите да
68
// ЕНТЕР GAMING EDITION
станете главна фаца. Вие ќе добивате мисии, кои не се ништо друго туку класични трки од типот на „пренеси го патникот од местото А до местото Б“. Има и такви ситуации кога една де-
војка ќе ве замоли да ја пренесете до дома, но притоа да не возите пребрзо бидејќи може да ви поврати :) Смешно, зарем не? Ве очекуваат преку 60 нивоа кои се поинакви од оние во пр-
виот дел од овој серијал. TDU 2 нуди огромен простор кој ќе може да го истражувате, да возите пополека, да се перчите низ маалото итн. А доколку сакате трка, само затрубете и веднаш Препорачана конфигурација: OS: Windows XP SP2, Vista SP2, Windows 7 CPU: Intel Core 2 Duo 2.2GHz / AMD Athlon X2 4400+ RAM: 2GB VGA: Nvidia GeForce 8800 / ATI Radeon HD 3870 HDD: 14 Gb ќе најдете некој што сака да се трка со вас. Оваа игра ќе ви понуди и офроуд трки и многу места што ќе треба да бидат разоткриени. Ќе треба да про-
наоѓате салони за автомобили, станови, болници за пластични операции, а како најкорисна мислиме дека ќе биде мисијата за пронаоѓање на аеродромот кој ќе ве одведе до Хаваи. Ако не се разбравме, некоја поконкретна приказна... не постои. Воведните секвенци често ќе го иритираат играчот бидејќи се бедно направени, долги се и немаат можност да се прекинат. Технички дел Како се игра TDU 2? Најпрво добро ќе се измачите со инсталацијата на оваа игра. Потребни ќе ви бидат неколку часа за сè да ви профункционира. Е, сега, да објасниме како се игра. Ништо поинакво отколку во првиот дел. Возите и освојувате поени. Да, дури и кога лутате, а притоа не правите судири, ќе заработите по некој долар. Важно е да споменеме дека се отстранети иритирачките трки со мотори. Иако се работи за PC верзија, маусот воопшто не ви е потребен. Контролите се преосетливи при самото возење што придонесува за севкупна лоша оценка. Не знаемe зошто, но имавме чувство дека доколку имаме добар џојстик со аналогни команди, возењето ќе беше многу попријатно. Можеби сето тоа се должи на фактот што оваа игра е, пред сè, наменета за конзоли? Графиката на TDU 2 е далеку од солидна и разочарува во поглед на сето она што
беше ветено пред нејзиното излегување. Околината е солидна како и моделите на автомобилите. Особено ни се допадна целиот кокпит (таблата) на автомобилите. Рака на срце, ова е далеку од игрите што може да се најдат на пазарот. Ако се направи споредба на графиката од верзијата за конзоли со онаа за PC, нема да се забележи
речиси никаква разлика. Ова не би требало да биде така и во реалноста бидејќи јака машина може да издржи свет полн со детали. Што се однесува до судирите – без гајле. Купете автомобил, гас до даска и залетајте се колку што можете! Ако не може да свртите, тука ќе се најде некој пред-
мет, автомобил, дрво, куќа, што ќе ви помогне во тоа. И да, се разбира, без посериозни оштетувања на вашиот автомобил! Гејмплеј При секоја трка, освен пари, вие заработувате и поени за искуство кои ви служат за надградба на една од четирите категории. Играта е убаво избалансирана и богата со елементи за надградба кои ниту во еден момент не изгледаат префорсирано. Возењето во оваа игра пати од некои детски болести. Имено, вештачката интелигенција е сведена на минимум. Во почетокот вие не мора да се мачите околу трките. Иако возите значително послаби и побавни автомобили од конкуренцијата, без проблем ќе стигнете на првото место. Со други зборови, изгледа дека сè е наместено за вие да станете победник. Како што напредувате, играта станува малку потешка, но не благодарејќи на вештачката интелигенција, туку поради комплексноста на патеките. Како светла точка во сето ова е мултиплеер компонентата која донекаде ја занемарува вештачката интелигенција. Друго што нè
разочара се возните својства. Atari се потрудиле да направат некаква комбинација на квази-сим и тотална аркада. За жал, овој пат не успеале во тоа. Да ги пофалиме и терените по коишто ги возиме своите миленици: прекрасни полиња, живописни зајдисонца, песочни плажи, многу дрвја и пасишта... Сè на сè, ова воопшто не е игра за која вреди да ги потрошите вашите пари. Бидете стрпливи, на пат се многу подобри игри за кои сигурно ќе вреди да се зачува и онака малиот џепарлак. Кирил Кироски
8.0 ГРАФИКА: ГЕЈМПЛЕЈ: ЗВУК: МУЗИКА: АТМОСФЕРА: ПРОИЗВЕДУВА: Eden ИЗДАВА: Atari ЖАНР: Возење ПЛАТФОРМА: PC
ЕНТЕР GAMING EDITION //
69
рецензија
PlayStation 3 Killzone 3
„Killzone 3, како една од најубавите игри за Playstation 3, нуди внимателно осмислени локации во кои се соочувате пеш, управувајќи џет-пак или тешки оклопни возила“.
. Колку повеќе играте толку поголема станува желбата Killzone 3 е како енергетски пијалак без негативни последици и се шансите дека ќе сакате да ја играте оваа игра. за понатамошно напредување. Доколку поседувате PS3, голем 3Д и Playstation Move нема да ви остават друг избор. Неверојатната графика и гејмплеј, зачинети со поддршка за Зачудувачки е колку напредуваат пукачките игри во прво лице. Најдобрите елементи не само што се усовршуваат, туку и постојано се воведуваат нови можности за реализација на пакетот од експлозии, врескање и брутална елиминација. Третата игра во познатиот серијал ги користи сите предности на денешната технологија и нуди извонредно искуство кое ги преточува часовите во минути и заводливо ви шепоти дека ништо не е важно освен борбата што ја доживувате на екранот. Hail Helghast!? Зошто е играта толку интересна? Дефинитивно не е поради приказната. Дејството во Killzone 3 продолжува онаму каде што застанавме во претходната
8.75 ГРАФИКА: ГЕЈМПЛЕЈ: ЗВУК: МУЗИКА: ПРИКАЗНА: ПРОИЗВЕДУВА: Guerrilla Games ИЗДАВА: Sony Computer Entertainment ЖАНР: First-person shooter ПЛАТФОРМА: PlayStation 3
72
// ЕНТЕР GAMING EDITION
игра, но овој пат имате впечаток дека приказната е на стероиди, но не на добар начин. Авторите како да се сомневале во веродостојноста на заплетот и ја користат секоја можност да ве преплават со бројни политички размислувања, неверодостојни нацистички ставови и дијалози кои се сретнуват во секој втор нискобуџетен филм. Немојте да сфатите погрешно – глумата е добра, презентацијата уште повеќе, но она што се глуми ќе ве принуди да ви заиграат прстите и нетрпеливо да погледнувате накај копчето за прескокнување на сцените. Навистина сакаат да се грижите за групата од ISA војници, кои се оставени во непријателскиот свет на фракцијата Helghast, но шансите дека ќе бидете импресионирани од овој аспект се многу мали.
Убиствени зони Тоа беше единствената забелешка што ја имаме за Killzone 3. Остананатиот текст се сведува на море од пофални реченици за локациите, маестралната графика, како и извонредниот гејмплеј во сингл и мултиплеер. Одиме со најсуптилните разлики на коишто ќе наидете – управување со вашиот лик. Трчањето, нишанењето, репетирањето и промената на оружјата е дотерано до таа мера што мислите дека се наоѓате таму. Во тоа, секако, помагаат и уникатните локации кои се исполнети до најситните детали. Додајте на ова постојани експлозии и зуење на куршумите и ќе добиете целосен хаос. Едноставно, не знаете дали да се восхитувате на графичката реализација или да се спротивставувате на непријателите. Killzone 3, како една од најубавите игри за Playstation 3, нуди внимателно осмислени локации во кои се соочувате пеш, управувајќи џет-пак или тешки оклопни возила. Интересно е тоа што на секоја локација и пристапувате на малку поинаков начин, при што се намалуваат шансите дека ќе ви здосади кампањата. На пример, во некоја мисија ќе користите одредено оружје, како снајпер, во друга ќе се прикрадувате и тивко но брутално ќе елиминирате војници, во трета ќе управувате со оклопно возило, а во четврта ќе летате од една до друга точка со џет-пак (нормално, комбинирањето на две-три работи не е исклучено). Сето ова, пак, се одвива во локации кои драстично се разликуваат, како разрушени, мрачни локации, светли џунгли или, пак, непрегледни, снежни предели. Ставете 3Д очила и добивате уште поверодостојно искуство. Kога би имале и Playstation Move… слушнавме дека Killzone 3 е одлично поддржана од ова технолошко чудо. Вештачка интелегенција Војниците се навистина паметни, се приспособуваат на локациите и знаат каде е најдоброто место за прикривање. Ова оди во два правци и се однесува и за вашите и за противничките војници. Иако понекогаш се забележителни пропусти во нивните
офанзивни и дефанзивни тактики, многу често помислувате дека војниците се управувани од вистински лица, особено кога се во поголем број и кога теренот дозволува примена на попредизвикувачки тактики. Забавата е уште поинтересна благодарејќи на маестрално осмислените оружја, од кои би ги потенцирале импресивните sci-fi алтернативи. Со едно оружје можете да испукувате зелена, енергетска сфера која уништува сè што ќе допре; друго, пак, располага со два мода кои се одлични за артилериска поддршка. Мултиплеер Со оглед на популарноста на овој серијал, би се очекувало и онлајн мод за ко-оп кампањата, но тоа не е случајот со Killzone 3 и доколку сакате да поминете низ кампањата со другарче, ќе мора да го повикате на гости или вие да отидете кај него. Во тој случај, меѓутоа, екранот се дели на два дела, а уживањето е три пати помало. Навистина штета, особено бидејќи кампањата може да биде исклучително интересна за оние кои сакаат игра со повеќе играчи, но не во меѓусебни пресметки. Од друга страна, мултиплеерот е поделен на три мода и покрај стандардниот Team Deathmatch ќе можете да го тестирате тактичкото знаење и рефлекси во модови каде што е потребно да се исполнат неколку задачи за да се издвои победа. Интересно е тоа што во Killzone 3 поените што ги собирате не ги трошите за да отклучувате работи кои се својствени за вашата класа, туку ги користите за купување што било. На истата група
од гејмери, кои не сакаат пресметки со вистински лица, им препорачуваме да започнат меч со ботови, но тоа не е тоа... Краток преглед Со малкуте недостатоци и, како што забележавте, бројните предности, Killzone 3 се издигнува како достоен наследник на серијалот. Одреден број гејмери можеби не би се согласиле и би претпочитале да плукаат на приказната и малиот број новини, но ние не се здобивме со таков впечаток. Killzone 3 е, можеби, графички најисполнителната игра што може да се најде на пазарот, а локациите нема да ве остават рамнодушни со нивните раскошни, но сурови предели. Згора на тоа, подобрените контроли и реалното користење на оружјата, во зависност од тежината и функцијата, како и импресивната вештачка интелигенција, ќе ве принудат да им простите за разблажената приказна и целосно да се препуштите на вртоглавата забава. A, кога тоа ќе ви здосади, мултиплеерот ќе ве пречека со раширени раце. Мартин Јованчевски Реинкарнација на старото и модификација на новото
„Со оглед на популарноста на овој серијал, би се очекувало и онлајн мод за ко-оп кампањата, но тоа не е случај со Killzone 3“.
На 22 февруари излезе првото DLC за Killzone 3 насловено како Retro Map Pack: Reclaimed Territory. Како што кажува долгото неинспиративно име, додатокот се одликува се двете најпопуларни мапи од претходната игра, а нивните имиња се Salamun Market и Blood Gracht. На 24 февруари авторите најавија дека второто DLC ќе го носи името Steel Rain и ќе им понуди на играчите две целосно нови мапи за мултиплеер, кои се инспирирани од локациите во сингл-плеер кампањата.Latitude. ЕНТЕР GAMING EDITION //
73