Enter 53

Page 1


Збор-два од уредникот 02/511 99 77 Главен и одговорен уредник Горан Ѓорѓевиќ Уредник Ивица Анѓелески - ia@division.mk Маркетинг Катерина Тотовска - kt@division.mk marketing@division.mk Графички уредник Дарко Ќурчиевски - dw@division.mk Лектор Верица Неделкоска Редакција и соработници Дејан Зафировски - dz@division.mk Гоце Спасовски Кирил Кироски Христијан Мирчески Жарко Петровски Елена Спасевска Мартин Јованчевски Милан Крстевски Драгана Миладиновиќ Списанието кое сите го разбирате излегува секој месец во текот на целата учебна година

Постојани соработници

контакт: enter@division.mk www.enter.net.mk Печати Друштво за печатење на весници печатница „Мисирков“ ДОО Скопје Издава

Директор Горан Ѓорѓевиќ Дивисион ДООЕЛ ул. Миладин Поповиќ бр. 13, 1000 Скопје тел/факс: 02/511 99 77 Жиро сметка: 300000002892091 Комерцијална банка АД, Скопје Даночен број: МК 4032009500689 Дистрибуција: Плус продукција Тел: 02/2580020

Компјутерот беше за...? За почеток, од името на целата редакција на „Ентер“ ви посакуваме среќна Нова година полна со успеси на секое поле. Нека 2011-та биде годината во која ќе напредувате со вашите ИТ знаења, а за тоа ќе се потрудиме виновникот да биде токму „Ентер“. Кога пред седумнаесетина години прв пат се сретнав со компјутер, тогаш за мене компјутерите беа наменети за игри. Нема да кажам дека беа наменети за извршување на пресметки, зачувување информации и нивно преземање и да ви „мачкам очи“, затоа што возраста ми налагаше да ги гледам како направа за забава. Но, неспорно е дека тие се користеа и како замена за машините за пишување од страна на тетките во државните институции кои имаа можност да си дозволат таква „направа“. Масовно, тоа беше нивната целна група: за играње игри, пишување на текстови, табели и поретко за некои напредни функции како инженерски пресметки. Денес, кога ќе погледнеме, компјутерите не ја промениле својата основна намени, но што се случува со графичарите? Што со аудиофилите? Што со сметководителите? До вчера тие правеа пресметки на хартија и калкулатор, правеа музика директно врз лентите и цртаа и коригираа директно на машините за печатење. Компјутерите ја раширија својата намена до недоглед. Ајде да му го забраниме компјутерот на графичарот. Веројатно тој би се откажал од својата професија и би работел нешто сосема друго. Враќање нема. Компјутерот е движечката сила на планетата Земја. А да наброиме работни места каде што нема потреба од компјутер? Земјоделец, физички работник, фризер, водоинсталатер, шофер... хм, не можам да се сетам на други. А останатите? Келнер? Па, и тој треба да знае основна работа на компјутер. Продавачка? И таа внесува производи на компјутер. Се надевам дека ја разбирате поентата. Едноставно, нема работно место кое не бара познавање на компјутерски алатки (помалку или повеќе). Од друга страна, интересен факт е дека компјутерот сè уште се користи за забавни цели. Покрај толку многу плејстејшни, нинтенда и останати конзоли, тој цврсто се држи до гејмерската публика. Се прашувам дали Стив Џобс, кога го правеше својот прв Apple компјутер од дрво, потајно се надеваше дека и тој ќе може да изигра некоја игра на него. И како што графичарот заработува работејќи на компјутер, во некои земји и гејмерите заработуваат затоа што ја претставуваат својата држава на светските сајбер-првенства. А вие? Сигурно оние од вас кои се вработени имаат тесна врска со компјутерот, а богами и оние кои бараат работа се дружат со него, благодарејќи на големиот број страници на кои се поставуваат огласи за вработување. Не сакам да го повторувам клишето „технологиите одат напред“, туку се прашувам кога земјоделецот, фризерот и шоферот ќе почнат да работат од дома. Технологиите треба да ги сфатиме како меч со две острици. Доброто е што секој може да работи „од дома“, но од друга страна – каде е социјализацијата? Во „фејсбукот“? Ако одамна луѓето одеа на работа во фабриката и цртаа на иста маса, сега секој работи осум часа во денот на компјутер во своја канцеларија и разговара со колегите барем 60-70% помалку. Компјутерот треба да го сфатиме како алатка за работа, а не пријател или нешто без кое не можеме да живееме. Дружба е дружба, но служба си е служба. Добро, оправдано е да се дружиме со компјутерот ама со усул. И... да! Да одговориме на прашањето во насловот. Намената на компјутерот е за... хм... за СÈ! Ивица Анѓелески


ТЕМА НА БРОЈОТ 14

Телевизори и технологии Периодот околу Нова година е многу „тежок“ за трговците и купувачите. Трговците се на голема мака како да успеат да ги услужат сите муштерии додека потрошувачите имаат слатки маки околу изборот на уред. Ретки се оние што не го почувствувале чувството кога сакаат да купат нешто, а има толку голем избор на производи.

> Вести 8

> МОБИЛНИ

30 Motorola DEFY ДЕФИниција за квалитетен телефон

- Зелени Barracuda дискови - Pioneer BDXL снимач - Три терабајти од Hitachi - Nokia со отпуштања

> настани

10 Кевин Митник во Македонија Упад во Македонија Најпознатиот светски хакер, Кевин Митник, на 15 и 16 декември во хотелот „Александар палас“ имаше свои предавања на кои ги презентираше хакерските техники кои се достапни на хакерите, а со тоа покажа колку се ранливи компјутерските системи.

> настани

11 Philips со нови екрани Philips повторно голем играч на пазарот

На 21 декември се одржа презентација на монитори од марката Philips од страна на „ТДК компјутери“ – овластениот увозник на овој бренд. На презентацијата беа претставени новите модели со коишто Philips треба да се врати во трката за потрошувачи.

> Интервју со...

12 Кевин Митник Најслабата алка - човекот

Иако пред неколку години, преку наши тогашни соработници, добивме интервју од овој човек, сепак чувството е сосема поинакво кога ќе седнете лице в лице со него, кога спроти вас ќе седи некогаш најдобриот а сега и најпознат (поранешен) хакер. Кога спроти вас ќе седи лично Кевин Митник, тогаш веќе знаете дека интервјуто слободно можете да го именувате како – ексклузивно. Почитувани читатели, повелете, уживајте!

> ХАРДВЕР

18 BenQ MK2443 24” LCD TV Дизајниран само за вас

BenQ го претставува MK2443, монитор и дигитален ТВ приемник во едно. И не само што е одличен FullHD 24-инчен монитор, тој е и FullHD телевизор со одлични технички карактеристики. Ја поседува ексклузивната Senseye технологија која нуди вистински одговор на потенцијалот на човечкото око.

20 Lexmark X2670 За почеток – одлично!

Робусната надворешност на DEFY и одличните технички карактеристики „под хаубата“ го прават овој модел на Motorola сестран – тој е одличен избор било да сте спортист кому му треба издржлив телефон отпорен на удари и паѓање или, пак, обичен корисник кој често сака да ужива во мултимедијални содржини додека е во движење.

Најевтиното не мора да значи достапно за секого и обратно. Затоа Lexmark произведе најдостапен и најевтин печатач кој обединува печатач, копир и скенер. Зборуваме за печатач со одлични перформанси за цената по којашто се нуди.

23 ASUS N53Jf-sz216 Пет ѕвезди за ASUS N53Jf

Чиста петка за перформансите и за дизајнот на ASUS N53Jf! Одличен производ направен без грешка, вклучувајќи ги повеќето напредни технолошки достигнувања. Процесор Intel Core i5 во комбинација со nVidia GeForce GT 425M, 6 GB DDR3 RAM и 640 GB HDD, а згора на сето тоа и 1080 p FULL HD LED екран. Верувајте, сигурно ќе посакате да го запознаете одблизу.

24 Toshiba Satelite A665D-S6059 То шиба ко лудо

Замислете ситуација: со денови разгледувате лаптоп, а во план сте да купите нешто квалитетно што ќе ги реши „проблемите“ и потребите барем во следните три години. Македонскиот ИТ пазар е преполн со разни модели на лаптопи кои за најмала нијанса не ви одговараат... И одеднаш некој ви нуди лаптоп во кој се препознавате себеси... Ќе одолеете или не?

26 Apple New iPod nano Лесно како песна

iPod nano со Multi-Touch е дизајниран да биде лесен за користење, убав и забавен – како што е музиката. Сега тој е уште помал од претходно за да биде уште посладок подарок за најблиските.

31 LG Cookie T300 & T320 3G Нови колачиња од „пекарницата“ на LG Семејството „колачиња“ (Cookie) од LG е проширено за уште два члена со (речиси) идентични технички карактеристики, кои се разликуваат единствено во изгледот, јачината на камерата и опцијата 3G која ја има моделот T320. Според сите карактеристики, ова се телефони на кои тешко може да им одолее кој било тинејџер.

> СОФТВЕР

46 Dropbox 1.0 Drop It Like It’s Hot

Колку компјутери користите секојдневно? Мислиме на различни компјутери, на пример, еден на работа, еден дома, еден лаптоп или можеби таблет PC.

47 Бесплатни антивирусни софтвери За ИЧ пари

За време на новогодишните празници постојано нешто се купува, се подарува, се снижуваат цените, сè е во знакот на убавите мигови со опуштена атмосфера.


НАСТАНИ

Кевин Митник во Македонија Најпознатиот светски хакер, Кевин Митник, на 15 и 16 декември во хотелот „Александар палас“ имаше свои предавања на кои ги презентираше хакерските техники кои се достапни на хакерите, а со тоа покажа колку се ранливи компјутерските системи. Екипата на „Ентер“ имаше чест да присуствува на овие предавања и да направи екслузивно интервју кое ќе го прочитате на страниците на овој број на списанието.

Упад во Македонија! ДЕН 1 Првиот ден беше посветен на техниките на социјалниот инженеринг. Публиката можеше да увиди која алка е најслаба во целиот тој синџир од луѓе, компјутери, мрежи и сл. Ние нема да ви откриеме, но многу набрзо ќе сфатите доколку го прочитате понатамошниот текст. Во своето излагање, господинот Кевин Митник направи неколку презентации кои ја воодушевија присутната публика. За да не ве држиме во неизвесност, ќе ви прикажеме неколку техники кои беа претставени на самите предавања. Пример 1 Вие работите во компанија и пронаоѓате USB мемориски стик. Што ќе направите? 1. Ќе го приклучите на некој компјутер на кој ќе го исформатирате? 2. Би сакале да погледнете што има во него? 3. Ќе го барате сопственикот на стикот?

Деведесет проценти од луѓето би го вметнале во својот компјутер да ја прегледаат содржината, а токму тоа е она што не треба да го сторите. Зошто? Митник и покажа на публиката како само со вметнување на стикот во USB портата на компјутерот тој има инстантен пристап до сите ваши податоци, преглед на мрежата, па сè до слушање на микрофонот на компјутерот (доколку поседува). Пример 2 Добивате повик од број од вашата компанија. Вашата компанија е голема и не ги знаете сите вработени. Соговорникот се претставува како ваш колега и бара доверливи информации. Митник покажа како едноставно може да се лажира бројот со кој повикувате, а останатото ќе го заврши природата на луѓето која налага секогаш да се помогне на свој колега кој има некакви побарувања. Едноставно,

Митник покажа дека е исправно да кажете „НЕ“, доколку се сомневате во соговорникот и неговите барања. ДЕН 2 Вториот ден беше посветен на техичките напади и алатки кои се користат за упади во компјутерите. Секако, социјалниот инженеринг и овде е од големо значење затоа што тој е најлесниот и наједноставниот начин да се пробие нечија корисничка сметка или компјутерска заштита. Пример 3 Ви пристигнува СМС-порака од вашиот директор во која пишува: „Напиши ми ја лозинката за администраторски пристап до нашиот веб-портал? Не вознемирувај ме, на состанок сум“. Што ќе направите? Секој би го исполнил она што го бара неговиот претпоставен. Ова ни го презентираше Кевин Митник кога успеа да испрати порака на еден доброволец од публиката со број од друг доброволец. Пример 4 Кевин можеше да си купи лаптоп за пет долари (само еден клик на Finnish го делеше од новиот компјутер). Покажа колку е битна енкрипцијата на податоците и во онлајн продавниците. Тој посети една интернетпродавница во која одбра лаптоп од 2.195 долари. Со измена на некои податоци при изборот на производот, Кевин успеа овој лаптоп

10

www.enter.net.mk

да го набави за пет долари со што покажа дека ниедна област не е 100% сигурна. Пример 5 Наоѓате бесплатна безжична мрежа. Се приклучувате на неа и се регистрирате на вашиот Фејсбук и имејл-профил. Со неколку алатки, Митник беше во можност да се логира на корисничките профили кои ја користеа безжичната мрежа. Со овие предавања, Митник докажа дека сé уште се носи рамо до рамо со денешните хакери и дека тестирањето за ранливост на системите е најдобрата одбрана од нападите кои може да ви се случат токму вам. Ивица Анѓелески Редакцијата на „Ентер“ ги презентира горенаведените примери за автентично да го долови настанот и се оградува од нивната примена од страна на трети лица. Како што наведе и самиот организатор, сите техники кои беа наведени во презентациите се со цел да се прикаже ранливоста на системите и да се подигне свеста за подобра заштита на информациите.


Интервју со... Кевин Митник

Иако пред неколку години, преку наши тогашни соработници, добивме интервју од овој човек, сепак чувството е сосема поинакво кога ќе седнете лице в лице со него, кога спроти вас ќе седи некогаш најдобриот а сега и најпознат (поранешен) хакер. Кога спроти вас ќе седи лично Кевин Митник, тогаш веќе знаете дека интервјуто слободно можете да го именувате како – ексклузивно. Почитувани читатели, повелете, уживајте!

Најслабата алка - човекот

Иако нема потреба од претставување, сепак Ве молам со ваши зборови претставете им се на нашите читатели.

Се викам Кевин Митник. Кога имав 16 години бев фасциниран од телефоните и компјутерите и поради тоа полека навлегував во она што се вика phone phreaking (хакирање на телефони и телефонски централи – н.з.), како и во хакирање на компјутери и компјутерски мрежи, со цел подобро да ги разберам овие технологии. Конкретно, за компјутери почнав да се интересирам кога имав 17 години бидејќи една голема телефонска компанија почна да вклучува компјутерска опрема

во своето работење и тогаш прв пат се најдов во неволја поради хакирање бидејќи практично им го хакирав компјутерскиот систем. Тоа ми овозможи да добијам некои поситни привилегии во врска со телефонирањето, а тоа го правев, пред сè, од забава. Следеше хакирање на најголемите производители на мобилни телефони како што беа Nokia, Motorola, Fujitsu и слични, а моја цел беше да го пронајдам изворниот код на тие системи и да разберам како работат. Поради сето тоа си создадов многу проблеми, бев бегалец на правдата неколку години и кога Владата конечно ме пронајде, и служев како пример пред јавноста. Една година бев во самица бидејќи

сметаа дека можам преку телефон да лансирам нуклеарно оружје, а потоа бев уште пет години во затвор. Потоа Владата на САД ме замоли за помош, сведочев и пред Конгресот на САД. Потоа започна мојата кариера на етички хакер. Како таков им помагам на компаниите да ги пронајдат сигурносните пропусти во своите системи и држам предавања низ целиот свет за теми поврзани со компјутерската сигурност и безбедност. Кружат многу приказни за тоа што сè направил и кого сè хакирал Кевин Митник. Дали можете да ни кажете што од тоа е вистина и дали има нешто за кое сте чуле дека сте го направиле, а со сигурност можете да кажете дека не е точно? Дека сум го хакирал NORAD (North American Aerospace Defense Command). Тоа сигурно не сум го направил. Сето тоа потекна од

новинарот Џон Маркоф кој работи како новинар во „Њујорк тајмс“ и тој започна да ги шири тие гласини. Сето тоа доби на популарност, па дури и денес ако го „изгуглате“ моето име можете да прочитате дека во 1993 година сум го хакирал NORAD. И поради тоа, како што спомнав, завршив една година во самица бидејќи властите ме сметаа за опасност за националната безбедност. И сето тоа само поради еден новинарски текст? Па, не поради тој новинарски текст, туку поради тоа што Владата поверува во тоа. Кажете ни нешто за периодот пред да Ве уапсат. Како беше да се биде бегалец на правдата? Гледавме на филм, читавме во книги. Можете ли да ни кажете како лично го доживеавте сето тоа? Кога бев бегалец, живеев под друг идентитет и го познавав системот толку добро што воопшто не се вртев постојано назад за да видам дали

12

www.enter.net.mk


Тема на бројот Телевизори и технологии

Периодот околу Нова година е многу „тежок“ за трговците и купувачите. Трговците се на голема мака како да успеат да ги услужат сите муштерии додека потрошувачите имаат слатки маки околу изборот на уред. Ретки се оние што не го почувствувале чувството кога сакаат да купат нешто, а има толку голем избор на производи. Многумина имаат вакви „маки“ околу изборот на нов телевизор. LCD, LED, плазма, 3Д… Ако сето ова ви е измешано во главата, во понатамошниот текст ќе се обидеме да го потсредиме и да дадеме појасна слика за тоа што сè се нуди на нашиот пазар.

Во светот на боите Време е да го купите вашиот нов телевизор или, пак, се расправате со некој пријател која технологија е подобра? Луѓето многу често не прават разлика помеѓу плазма, LCD, LED, па сите тие телевизори за некои се плазми, а за некои LCD. LCD Доколку во домот сè уште користите телевизор со катодна цевка, не значи дека немате LCD екран. Зошто? Затоа што LCD екраните се многу стара технологија која се користи во електронските уреди како дигитални часовници, рачни часовници, микробранови печки, аудиоопрема и многу други електронски направи. LCD екраните се многу потенки од оние со катодна цевка и имаат многу помала потрошувачка на енергија. LCD е кратенка од „Liquid Crystal Display“ што ни дава до знаење дека за создавање на сликата се користи течен кристал. Помеѓу два слоја од поларизирани стаклени плочи е вметнат течен кристал кој има специфични карактеристики кои

14

www.enter.net.mk

му овозможуваат тој да врши пропуштање или, пак, блокирање на светлината низ стаклените плочи во зависност од струјата која се доведува на електродите. Ова е принципот на работа на едноставните LCD екрани, но како функционираат колорекраните? Начинот е сличен, но овде на почетокот на целиот систем има извор на светлина, а по него следуваат двете поларизирачки плочи кои имаат три филтри во црвена, зелена и сина боја, со што би се добила бојата на тој пиксел. Од овие три потпиксели се добиваат повеќе илјади или милиони нијанси во зависност од можноста за контрола на секој филтер посебно. (слика 1) + постигнување на големи резолуции, нема опасност од „изгореници на сликата“; достапни во различни големини - прилично висока цена за поголемите екрани, нивото на црната боја не е онолку добро како кај плазма-технологијата, мал агол на видливост.


LED Работата на овој тип екрани се базира на LCD технологијата со тоа што LED е заднинското осветлување што го користат овие уреди, па не може да кажеме дека тие се целосно LED. Затоа, правилниот назив е LCD LED екран. Ударот на оваа технологија врз пазарот е моментален и екраните станаа хит веднаш по нивното појавување затоа што имаа значително пониска потрошувачка, зголемено осветлување и подобар контраст во однос на своите претходници. Аналогно на ова, ваквите монитори имаат намалена дисипација на енергијата и генерираат значително помалку топлина. Екраните може да бидат RGB LED, каде што за секој пиксел постои засебно LED осветлување (осветлувањето може да биде селективно – само на одреден дел од екранот), White Edge LCD, каде што постои едно единствено осветлување по рабовите на екранот, па тоа осветлување со помош на специјални дифузори се дистрибуира до секој пиксел (осветлувањето е едно единствено и не може да се изврши селекција на дел кој ќе биде осветлен и дел кој не е осветлен) и последната варијанта на осветлување е full-array, каде што за секој пиксел постои посебно осветлување (целата матрица е приклучена на еден извор на енергија, па е невозможно да се направи селективно осветлување на делови од екранот). + одлични нијанси на црната боја во однос на LCD екраните, голема енергетска ефикасност, тенок дизајн - висока цена, лимитирана големина (до 40-тина инчи), мал агол на видливост

Плазма-технологија Плазма-дисплеј е тип на панел (најчесто големи формати на екрани) чиј пиксел се заснова на плазма ќелии, или попознати како флуоресцентни ламби. Секој панел има милиони мали ќелии кои се заробени помеѓу две стаклени плочи. Во секоја од овие ќелии се заробени благородни гасови и мало количество на жива, исто како и кај неонското осветлување. Кога живата ќе испари и на ѕидовите од ќелијата ќе се донесе одреден напон, гасот во ќелијата создава плазма (бројни честички кои реагираат многу силно на електромагнетни полиња и електрични полнежи), па така овие „облачиња“ од гасови формираат јонски снопови. Со протокот на струја, некои електрони удираат во честички на жива која, пак, со зголемувањето на својата енергија ослободува UV фотони. Потоа овие фотони паѓаат врз фосфорната заднинска плоча на екранот која рефлектира светлина која е 40% видлива, додека останатата светлина се инфрацрвени зраци. Плазма-екраните не треба да ги мешаме со LCD екраните затоа што принципот на работа е сосема поинаков, како што веќе прочитавте. Негативно кај овие екрани е тоа што постои можност од „изгореници“ на сликата доколку на екранот се прикажува статична слика. Тоа значи дека логоата и сликите кои се фиксни може да останат на екранот и по исклучувањето на уредот. Ова е особено изразено во првите стотина часови користење кога е препорачливо да се смали контрастот под 50%. + најдобри нијанси на црната боја, одличен квалитет на сликата за домашно кино, широк агол на видливост - можност за „изгореници“ на екранот,

(слика 1) помала резолуција во споредба со LCD екраните со иста големина за entry класата на телевизори Резолуција Резолуција е бројот на пиксели што ги поседува еден екран. Кај фотоапаратите, резолуцијата често се зема како една бројка која е резултат од бројот на хоризонтални, помножен со бројот на вертикални пиксели, додека резолуцијата на мониторите се прикажува како број на хоризонтални по вертикални пиксели. Резолуцијата на екраните често пати се поврзува и со термини како добропознатите Full HD, HD Ready, VGA, XGA итн. Во табелата може да ги погледнете термините со резолуциите соодветно на екраните (Табела 1). Назив

Резолуција

Аспект

QVGA

320 x 240

4:3

VGA

640 x 480

4:3

WVGA

800 x 480

5:3

SVGA

800 x 600

4:3

XGA

1.024 x 768

4:3

HD 720

1.280 x 720

16:9

WSXGA+

1.680 x 1.050

16:10

HD 1080

1.920 x 1.080

16:9

WUXGA

1.920 x 1.200

Доколку оваа фреквенција е поголема, окото нема да забележи доколку некоја од тие слики е променета. Но, колку фреквенцијата е поголема, толку окото има помал замор. Во моментов се произведуваат телевизори со максимални 200 Hz кои се наменети за 3Д екраните затоа што оваа технологија бара двојно поголема фреквенција на емитување поради фактот дека во еден момент, човековото око треба да гледа две слики. Повеќе за оваа технологија може да прочитате во изминатите броеви на „Ентер“. Оддалеченост и големина на екран За да не ги заморувате вашите очи и да имате природен поглед кон екранот, треба да направите избор на големина и резолуција која ќе одговара на просторот во кој ќе се користи телевизорот. Со помош на следната табела може да го направите вистинскиот избор за големината на екранот. Големина на екран

Далечина за гледање 720 p

1080 p

26"

1-1,75 m

0,7-1,2 m

32"

1,25-2,1 m

0,8-1,4 m

16:10

37"

1,3-2,25 m

0,9-1,5 m

1,75-2,5 m

1,2-1,7 m

QXGA

2.048 x 1.536

4:3

40"

QSXGA

2.560 x 2.048

5:4

46"

1,8-3,2 m

1,2-2 m

52"

2,1-3,4 m

1,4-2,25 m

(Табела 1) Контраст Контраст е визуелна големина која е разлика помеѓу два или повеќе дела од екранот кои се гледаат симултано или, пак, одделно. Тоа е разликата помеѓу најосветлената и најтемната точка на целиот екран. Контрастот може да се мери во размер како 10.000 : 1, 1.000.000 : 1 итн. Фреквенција / Refresh rate Човековото око е способно да регистрира 25 слики во секунда.

На следните страници направивме избор од 12 телевизори кои се карактеристични за нашиот пазар со сите нивни технички спецификации, цени и наш избор за „best buy“ телевизор. Се надеваме дека ги разграничивме термините LCD, LED и плазма, така што во иднина нема да ги правите овие грешки, а доколку сте во потрага по нов телевизор, табелата што следува сигурно ќе ви помогне околу изборот. www.enter.net.mk

15


ХАРДВЕР

BenQ MK2443 24” LCD TV

Дизајниран само за вас BenQ го претставува MK2443, монитор и дигитален ТВ приемник во едно. И не само што е одличен FullHD 24-инчен монитор, тој е и FullHD телевизор со одлични технички карактеристики. Ја поседува ексклузивната Senseye технологија која нуди вистински одговор на потенцијалот на човечкото око. Ако ви е потребен практичен телевизор за употреба низ целиот дом, тогаш ова е совршениот кандидат.

BenQ MK2443 не само што ни нуди FullHD слика која ќе нè остави без здив, тој е и напреден мултимедијален центар кој има вграден H.264 видеокодек кој поддржува голем број видео и аудиоформати со цел да ви ја олесни работата, но и да ви ја подобри забавата. Ова е ефикасна технологија за компресирање видео која овозможува да гледате „свежа“ и чиста видеослика и со многу помали фајлови. Од друга страна, пак, технологијата Senseye е вистинскиот одговор на потенцијалот што го има човечкото

18

www.enter.net.mk

око, па благодарејќи на неа, овој монитор има многу подобрени бои, голема јасност и висок контраст на сликата. Воедно, прави измазнување при брза промена на сликите преку оптимизација на движењата, а крајниот резултат е слика со живописни бои и видливо побогати детали. Технологијата Senseye прави автоматска или индивидуална калибрација на боите. Боите се многу поефикасно контролирани, со што се избегнува ефектот на бледа слика, а секоја нијанса е прикажана со максимална уникатност и чистота. Со големина од 24 инчи и димензии

од 567 x 443 x 216 mm, овој монитор одлично би се вклопил во која било просторија бидејќи нема да ви одземе премногу простор, а ќе ви понуди комфор да го користите како два уреда – телевизор и монитор. Во однос на дизајнот, концептот е стандарден, овојпат инженерите се потрудиле повеќе да работат на подобрувања на техничките перформанси за сметка на дизајнот, што е и оправдано. Резолуцијата на панелот е 1920 x 1080 FullHD и ни нуди чист 1080p 24-херцен сигнал за природен и висок квалитет, ветувајќи оригинален филмски квалитет на перформансите на сликата. Контрастот е подобрен до максимални 60.000:1, па кога осветлувањето се намалува и соодносот на контрастот се зголемува, ќе се подобри острината на деталите, а темните делови од сликата ќе бидат јасно претставени. Времето на одѕив на панелот е 5 ms (Gray-to-Gray) што е сосема солидно за игри во кои има многу брзи реакции. Освен веќе стандардните SCART, HDMI, DVI, VGA, компонентен, S-Video и композитен приклучок, BenQ MK2443 поседува и еден USB 2.0 приклучок кој ќе ги препознае сликите директно од USB флешдрајвот за полесно споделување фотографии, а воедно ќе добиете и дигитална фоторамка со голема дијагонала. Од останатите приклучоци, поседува еден аудио и еден оптички SPDIF приклучок

и еден PCMCIA приклучок. Се разбира, како монитор кој може да функционира и како LCD телевизор, има интегрирани звучници, овојпат со јачина од 2 x 5 W, кои ни нудат SRS TruSurround HD звук со задоволителен квалитет. Сè на сè, BenQ MK2443 e одличен ТВ монитор со цена што е прифатлива за секого. Неговите технички перформанси го прават да биде одличен избор за поширока група на корисници, од почетници до напредни корисници, графичари и страсни играчи. BenQ MK2443 го поддржува стандардот Vesa 100x100, така што можете да го закачите на ѕид за максимална заштеда на работниот простор. Останува уште да појдете до салоните на „Анхоч“ и на самото место да се уверите во неговите можности. Драгана Миладиновиќ

BenQ MK2443 24” LCD TV Големина: 23,6“ (16:9 формат) Резолуција: 1920 x 1080 px Осветленост: 300 cd/m2 Контраст: 60.000:1 Време на одѕив: 5 ms

Конектори: VGA, DVI, HDMI, USB2.0


Чиста петка за перформансите и за дизајнот на ASUS N53Jf! Одличен производ направен без грешка, вклучувајќи ги повеќето напредни технолошки достигнувања. Процесор Intel Core i5 во комбинација со nVidia GeForce GT 425M, 6 GB DDR3 RAM и 640 GB HDD, а згора на сето тоа и 1080 p FULL HD LED екран. Верувајте, сигурно ќе посакате да го запознаете одблизу.

Пет ѕвезди за ASUS N53Jf Кога за тест ќе добиеме преносен компјутер, често се случува финалната изработка да ни навести што нè очекува понатаму. Уште по првиот контакт со АSUS N53Jf-sz216, знаевме дека ќе си имаме работа со сериозна „направа“. Станува збор за преносен компјутер кој е помал брат на добропознатата серија N73 на ASUS, но помал само поради фактот дека има помала дијагонала на екранот (инаку, двете серии имаат главно исти спецификации). А, кога има толку многу напредни технологии сплотени во едно, човек навистина треба да се подзамисли од каде да започне. Пред сè, ќе му дадеме еден голем плус на ASUS затоа што ја отстранија сјајната пластика која не се покажа како многу практична. Во случајов, куќиштето на ASUS N53Jf е изработено од алуминиум во

комбинација со висококвалитетна матирана пластика, што претставува полн погодок. Кога сме кај надворешниот изглед и изработката на куќиштето, ASUS се погрижиле да вметнат Full QWERTY тастатура која работи тивко и е многу удобна за користење. Стандардно, под тастатурата е поставена мултитачподлога, а над тастатурата се поставени повеќе копчиња за брз пристап. Екранот, веројатно, е следниот на листата „привлекувачи на вниманието“ – 15,6” LED екран со FULL HD 1920 x 1080 p резолуција. Да, добро прочитавте! Системот е базиран на Интеловиот Ibex Peak-M HM55 чипсет во комбинација со процесор Core i5 460M со работен такт од 2,53 GHz. Поседува 6 GB DDR3 1066 MHz RAM меморија со латенции 8-7-7-20 и 640 GB хард-диск кој работи со 5.400 rpm. ASUS N53Jf ја

поддржува технологијата nVidia Optimus, па така освен интегрираната Интелова GMA HD графичка картичка, системот поседува и nVidia GeForce GT 425M графичка картичка со 1 GB DDR3 VRAM. Oд останатото, поседува 2.0 MP веб-камера, која има практичен преклоп кој ја отвора или затвора леќата на веб-камерата. На овој начин леќата е заштитена од прашина или од несакани погледи низ неа. Вграден е и читач на мултимедијални картички кој ги поддржува повеќето формати, а од можностите за поврзување најинтересни се 1 x HDMI, 1 x E-SATA и 1 x USB 3.0 порта, преку која е овозможен десет пати побрз трансфер од USB 2.0. ASUS N53Jf има интегрирана 802.11 b/g/n WLAN картичка и вграден Bluetooth V2.1. Големо внимание е посветено и на аудиосистемот кој го сочинуваат вградените Bang & Olufsen ICEpower звучници кои нудат беспрекорно квалитетен и чист аудиосигнал. Откако ги разгледавме неговите спецификации, ни преостана да го тестираме целосниот систем. ASUS N53Jf-sz216 доаѓа без фабрички инсталиран оперативен систем, па ние инсталиравме Windows 7 Professional 64 bit. Системот го тестиравме со EVEREST v5.50.2100 со бенчмаркмодул 2.5.292.0. Резултатите што ги добивме беа 7.503 MB/s брзина на читање од меморијата, 7.355 MB/s брзина на запишување во меморијата, 7.772 MB/s брзина при копирање од меморијата и 104,0 ns доцнење на меморијата.

ASUS N53Jf-sz216 Овие резултати ги добивме кога системот беше нагоден да работи со максимални перформанси, но тогаш е поголема и потрошувачката на батеријата. Кога системот го користевме економично (Green Power ON), резултатите беа 4.828 MB/s брзина на читање од меморијата, 5.105 MB/s брзина на запишување во меморијата, 5.104 MB/s брзина при копирање од меморијата и 158,6 ns доцнење на меморијата. Системот го тестиравме и со 3DMark06 кој ни даде максимален резултат од 5.333 поени, ако системот е нагоден да работи со максимална FullHD 1920 x 1080 резолуција, на резолуција од 1.440 x 900 вкупниот резултат е 6.577 поени, а на 1.280 x 1.024 вкупниот резултат е 6.571 поен. Направивме тестирање и со SiSoftware Sandra Professional Home 2011 при што добивме резултат од 36,59 GOPS за моќноста на процесорот при извршување на аритметички операции и 8,46 GB/s за брзината на меморијата. Резултатите од тестирањата ни даваат право да заклучиме дека станува збор за стабилен систем чии перформанси се на исклучително завидно ниво, систем кој одлично би ги опслужил бизнис-корисниците, напредните гејмери, но и сите кои сакаат да дадат некој денар повеќе за да имаат напреден компјутерски систем. Затоа, ASUS N53Jf-sz216 добива еден ГОЛЕМ ПЛУС од нас. Позајмено од „АМЦ“. Драгана Миладиновиќ ASUS N53Jf-sz216 Монитор: 15,6“ FullHD LED (1920 x 1080 p) Чипсет: Mobile Intel® HM55 Express Chipset Процесор: Intel Core i5 460M (2,53 GHz, 3M) TurboBoost Меморија: 6 GB DDR3 RAM Хард-диск: 640 GB HDD @5400 rpm

Графичка картичка: Intel GMA HD / nVidia GeForce GT425 1GB DDR3 Безжично поврзување: Wireless 802.11 b/g/n + BT V2.1 Приклучоци: 1 x Mic-in, 1 x Headphone-out (S/PDIF) 1 x VGA/Mini D-sub 15-pin, 1 x USB 3.0, 2 x USB 2.0, 1 x RJ45 LAN, 1 x HDMI, 1 x WLAN On/Off Switch, 1 x E-SATA (USB 2.0 Combo) Останато: DVDRW, 2 MP веб-камера Батерија: 6-ќелиска: 4.400 mAh 47 Whrs www.enter.net.mk

23


ХАРДВЕР Apple New iPod nano

iPod nano со Multi-Touch е дизајниран да биде лесен за користење, убав и забавен – како што е музиката. Сега тој е уште помал од претходно за да биде уште посладок подарок за најблиските.

Лесно како песна iPod nano е комплетно редизајниран вклучувајќи ја технологијата MultiTouch, истата што е применета кај iPhone, iPad и iPod. За половина е помал од претходно, па сега е уште полесен за користење. Лизгањето и допирот со прстите ве делат од она што сакате да го слушнете од него. Мазното алуминиумско куќиште сега е достапно во седум бои. Сега, несомнено, сте подготвени за добра музика. Албумите, песните, фотографиите и останатото се прикажуваат на 1,5-инчниот дисплеј со резолуција од 240 x 240 пиксели. Навистина е мал новиот iPod nano.

26

www.enter.net.mk

Новиот вграден механизам, популарната штипка, ќе ви олесни да бидете во секаков ритам со музиката, па дури и кога џогирате, возите велосипед или вежбате аеробик/фитнес. Прикачете го плеерчето на јакната, фармерките или ранецот и музиката ќе биде таму каде што сте вие. Популарниот 30-пински конектор ви овозможува да го поврзете iPod nano со компјутер, аудиосистем, преносни звучници или, пак, да го прикачите во автомобил. Новиот iPod nano е за 46% помал, за 42% полесен и е 100% направен за уживање во музиката. Интересен е за користење благодарејќи на технологијата Multi-Touch. Има совршени димензии за користење со една рака, а тоа ќе им се допадне на вашите прсти. Доколку повлечете налево по површината на екранот, ќе ги погледнете дополнителните икони. За да се вратите на почетниот екран, само повлечете надесно со прстот по екранот или притиснете и држете

каде било на екранот неколку секунди. Допрете за да изберете песна, повлечете горе или долу за да изберете албум, ротирајте го екранот со два прста или, пак, допрете два пати последователно за зголемување на фотографии. Допрете на албумот за да ги појави песните во него. Повлечете налево за да ги отворите контролите Repeat, Genius и Shuffle или само протресете го iPod nano за да изберете песна по случаен избор. Допрете на Genius Mixes за да слушнете одлично претопување помеѓу сличните песни или креирајте Genius листа од песни што вие ги сакате. Толку посакуваното радио е повторно меѓу нас, овој пат во минијатурната изведба на новиот iPod nano. Допрете за да се појават контролите за радиото. Повлечете налево или надесно за да ја одберете станицата, а може и да допрете на избраната за да ја ставите во листата на омилени. Едноставно, само повлечете налево за да се појават контролите Live Pause. Најдобрите работи во животот се проследени со песна, па токму затоа

новиот iPod nano блеска. Променете го редоследот на иконите на почетниот екран онака како што сакате, и тоа само со допирање и лизгање со прстите. Вградената литиумска батерија ви нуди ни помалку ни повеќе, туку точно 24 часа непрекината репродукција на песни. Логично, треба време да се преслушаат илјадниците песни зачувани во новиот iPod nano. Достапен е во две изведби, со 8 GB и 16 GB. Гоце Спасовски – Стручњак Apple New iPod nano Димензии: 37,5 mm x 40,9 mm x 8,78 mm Тежина: 21 грама Капацитет: 8 GB / 16 GB Дисплеј: 1,54-инчен TFТ, 240 x 240 px Фреквенција: од 20 Hz до 20.000 Hz

Аудиоформати: AAC, HE-AAC, MP3, MP3 VBR, AAX, AAX, AIFF, WAV Јазици: 29 VoiceOver Интерфејс: USB 2.0 port


LG Cookie T300 & T320 3G

Нови колачиња од „пекарницата“ на LG Овие мали, лесни и сестрани телефони сигурно ќе го најдат своето место во џебовите на помладата популација, којашто е зависна од разговарање на мобилен и постојана проверка и ажурирање на профилите на социјалните мрежи. Т300 и Т320 се изработени од пластика, што е причина за нивната мала тежина. Екраните со големина од 2,4 и 2,8 инча се доволни за добро функционирање на тач-скринот дури и кога корисникот има малку подебели прсти. Бидејќи се работи

за резистивен тач-скрин, понекогаш ќе треба да притиснете малку појако за допирот да биде детектиран, но ова е разбирливо со оглед на цената и квалитетот на изработката. Што се однесува до корисничкиот интерфејс, и тој е во стилот на самите телефони – изгледа младешки, па на моменти дури и детски :). И двете „колачиња“ располагаат со два Home екранa на кои можете да поставувате виџети (меѓу кои e и оној за социјални мрежи) или, пак, неколку контакти со коишто често

комуницирате. Бирањето броеви и пишувањето пораки се одвива преку виртуелната тастатура (која функционира и во portrait и во landscape режим), а има и поддршка за препознавање на ракопис. Сепак, доколку се решите рачно да пишувате, ви препорачуваме употреба на специјалното пенкалце, т.е. Stylus. Имајќи ја предвид големината на T300 и T320, стандардната 3,5 мм аудиопорта и сосема задоволителниот аудиоплеер кои може да функционираат во „заднина“ и во него да правите плејлисти со омилените нумери, овие телефони може слободно да ги користите и како мобилни MP3 плеери. Имаат и ФМ радио, чија програма дури можете и да ја снимате директно на мемориската картичка. Камерите од 1,3 и 2 MP немаат ни автофокус ни блиц, но да бидеме реални, тие се сосема доволни да се „штракате“ и да си испраќате MMS пораки со пријателите и не треба да очекувате премногу од квалитетот на сликите (1.280 x 1.024 пиксели кај моделот Т300 и 1.600 x 1.200 пиксели кај моделот T320 3G). За пофалба е Li-Ion батеријата од дури 900 mAh

Семејството „колачиња“ (Cookie) од LG е проширено за уште два члена со (речиси) идентични технички карактеристики, кои се разликуваат единствено во изгледот, јачината на камерата и опцијата 3G која ја има моделот T320. Според сите карактеристики, ова се телефони на кои тешко може да им одолее кој било тинејџер.

која со оглед на карактеристиките на двата модела е доволна да ги држи оперативни и по неколку дена без потреба од полнење. Имајќи ја предвид динамичноста, а богами и „изветреаноста“ и на целната група на корисници на овие „колачиња“, тоа е одличен потег од LG. Не остана којзнае што да се каже за овие два модела – единствената разлика е незначително поголемиот екран и квалитет на камерата кај моделот Т320, како и поддршката за 3G конекција. Кој било модел да го изберете, нема да згрешите – особено доколку барате модерен и евтин телефон со тач-скрин кој претставува и идеална замена за MP3 плеер. Милан Крстевски

LG Cookie T300 & T320 3G 2G: GSM 850 / 900 / 1800 / 1900 Димензии: 95,8 x 50,5 x 11,9 mm (Т300) и 103 x 57 x 11,9 mm (Т320 3G) Тежина: 77 грама (Т300) и 92 грама (Т320 3G) Екран: TFT резистивен тач-скрин, 256K бои, 240 x 320 пиксели, 2,4 инчи (T300) и 2,8 инчи (T320 3G)

Камера: 1,3 MP, 1280 x 1024 пиксели (Т300) и 2 MP, 1.600 x 1.200 пиксели (T320 3G) Батерија: Li-Ion 900 mAh

www.enter.net.mk

31


ИНТЕРНЕТ Социјални мрежи

Adware ---} advertisingsupported software

Напад врз социјалните мрежи Во последно време забележително се зголемува интересот за социјалните мрежи како Twitter и Facebook, што е сосема очекувано, со оглед на нивната популарност и интеграцијата со апликации од трети лица. Ваквата „флексибилност“, меѓутоа, уште еднаш ги отвори вратите на стариот непријател...

34

www.enter.net.mk

Adware е софтверска апликација која автоматски и без ваше знаење и одобрување прикажува огласи од најразличен тип и во најразлични форми. Во зависност од вашата активност на интернет, адверот може да прикажува реклами кои би ве заинтересирале, при што со секое кликнување авторот на адверот добива одредени приходи. Авторот на ваквата апликација би можел и да ве одведе на сомнителни сајтови кои, за возврат, ќе се потрудат да украдат ваши сметки, пари од кредитни картички, важни податоци или, пак, едноставно да го заразат компјутерот со вируси. Кога се работи за хакерски напади врз дигиталното богатство, адверот е моќна алатка која, во последно време, ги задоволува апетитите и низ социјалните мрежи. Апликации од трети лица Facebook е моќна социјална мрежа која располага со безброј апликации од трети лица. Се мисли на апликации чии автори ја користат платформата Fаcebook (на пример, Farmville е осмислена од Zynga и, според тоа, апликацијата

(Farmville) од трето лице (Zynga) ја користи платформа (Facebook) за да функционира. Но, апликации или содржини од трети лица не се само игри, туку и видеоматеријали, плеери, па дури и најразлични известувања кои содржат линк. Се разбира, апликацијата Farmville е „безбедна“ онолку колку што може да биде, но многу други апликации го користат Facebook како дигитална земја со неограничени можности. Во таквата експлоатација, една опција на Facebook е особено корисна. Likejacking „Најгрозниот фустан за матурска вечер“. „Девојка се самоубила откако го видела ова“. „Гола слика од пејачката на Парамор“. Слични натписи се појавуваат на Facebook или Twitter. Откако ќе кликнете на линкот, ќе се отвори страница каде што пишува дека за да ја видите сликата или видеото, потребно е да кликнете за да потврдите дека имате 18 години. Откако ќе кликнете, најверојатно нема да го видите тоа што сакате, но затоа сите ваши пријатели ќе добијат известување дека линкот со девојката или пејачката ви се допаѓа. И бидејќи пријателите ви се љубопитни и тие ќе кликнат на линкот и ќе го направат истото, а адверот цвета ли, цвета... На кој начин доаѓа до ова?

Кога кликнувате да потврдите дека имате над 18 години, всушност кликнувате на невидливо копче кое му кажува на Facebook дека ви се допаѓа страницата (се мисли на копчето like). Ова, нормално, се прикажува на вашата Facebook страница каде што може да се забележи, сподели и прошири од вашите пријатели. Twitter се злоупотребува на сличен начин, со разни известувања за бесплатни програми или, да биде поверодостојно, со попусти на популарни програми, како Office, кои се движат од 15 до 70%. Гореспоменатите известувања кај Facebook, исто така, не се исклучок. Внимавајте на што кликнувате! Адверот е голем безбедносен проблем, особено во комбинација со спајвери и вируси, но тоа не значи дека треба да бидете параноични. Од техничка гледна точка, имајте инсталирано антивирус и adblocker кои ќе бидат постојано ажурирани со најновите дефиниции. Во поголемиот дел, заштитата ќе спречи преземање и инсталирање на адвер, но не заборавајте да користите здрав разум – не кликнувајте на сè и сешто и користете проверени страници и програми. Мартин Јованчевски


Веб-селектор

Празнично хоби и релаксација Доколку за време на новогодишните празници имате слободно време, но не знаете што да правите, ви подготвивме неколку интересни интернет-дестинации каде што можете на забавен начин да си го исполните времето. Desura – Клиент за игри и модови Desura (http://www.desura.com) е мини-апликација која ги поврзува страсните гејмери со огромен број игри и модови. По година дена функционирање во затворена бета-верзија, Desura неодамна ги отвори вратите на сите гејмери и им овозможи бројни бесплатни и комерцијални игри, како и огромен број модови. Клиентот располага со неколку категории, од кои посебно ја истакнуваме заедницата (каде што можете да се

вклучите во стотици дискусии), но и можноста да поставувате ваши модови и игри. Доколку развивате игри, Desura е платформа која може да ви помогне да ја осмислите играта во правилен правец и тоа преку разновидни алатки, туторијали и бета-тестирања. Овој клиент може и да ја продава вашата игра на гејмерите кои ќе ја посетат дигиталната продавница. Според нашите проценки, клиентот е сè уште „зелен“ и не може да се споредува со гигантите како Steam, но тимот на Desura прекувремено работи да ги исправи сите недостатоци и да го подобри искуството на гејмерите. Доколку не сакате да инсталирате клиент, но сте заинтересирани за дел од услугите како кај Desura, повелете на http://www.moddb. com/. Picnik – Фотографии на вистински начин За време на празниците, камерите стануваат неопходни направи за овековечување на скапоцени моменти. Доколку собравте купче од дигитални фотографии, но не сте задоволни од нивниот квалитет или, пак, сакате да додадете некои работи, ви препорачуваме интересен веб-сајт. Picnik (http://www.picnik. com/) располага со едноставен уредувач за слики, без притоа да бара инсталирање на апликации. Покрај скромните можности

за автоматско поправање на сликите, ротација, изострување, отстранување на ефектот на црвени очи и слично (кое се наоѓа во категоријата Edit), Picnik располага и со една друга категорија која е особено корисна за новогодишните празници. Во категоријата Create се наоѓаат неколку поткатегории кои ќе ви овозможат да создадете новогодишна честитка така што ќе вметнете празнични рамки, текст и ефекти. Откога ќе завршите со нагодувањата, можете директно да ја испратите честитката на саканите е-адреси. Веб-сајтот располага и со интересни рамки и ефекти за сите поважни празници низ текот на целата година. Picnik овозможува и инстантно споделување на фотографиите преку најразлични мрежи за социјализација и за споделување слики, а за полесна манипулација може да се интегрира во прелистувачот Chrome. За негово користење не се бара регистрација, но тоа (како и можноста за претплата) е пожелно доколку барате подобри услуги.

Christmas carols Што и да работите за време на новогодишните празници, потрудете се амбиентот да биде збогатен и со соодветна божиќна и новогодишна музика. Во тоа ќе ви помогнат бројните онлајн радиостаници, како на пример, http://www.xmasmelody. com/. Овој веб-сајт располага со онлајн радио кое ги емитува најпознатите песни поврзани со магичната зимска доба. Сајтот можеби изгледа пренатрупано, но сè што треба да направите е во десната горна страна да изберете плеер и квалитет на песните, а потоа музиката се емитува од избраниот плеер. На интересни новогодишни песни ќе наидете и на http://tinyurl.com/radio53 каде што музиката се емитува директно преку прелистувачот. Секако, не пропуштајте ја можноста да го посетите и сајтот http://www. accuradio.com/holidaysradio/. Тука имате на располагање неколку категории, а музиката се пушта во зависност од вашиот вкус. Merry Christmas and Happy New Year! :) Мартин Јованчевски

www.enter.net.mk

35


СОФТВЕР

Бесплатни антивирусни софтвери

За ИЧ пари За време на новогодишните празници постојано нешто се купува, се подарува, се снижуваат цените, сè е во знакот на убавите мигови со опуштена атмосфера. Така е и во светот на софтверот, хардверот, во светот на единиците и нулите, а посебно

во софтверскиот свет, каде што гигантските компании, па и оние што не се толку познати, се трудат да им ја понудат најдобрата опција на своите корисници. Од попусти до 50 проценти до пакети на повеќе софтвери со цел да се продаде „најдобриот“

производ по скромни, па и атрактивни цени. Но, ние овој пат нема да ви ја претставиме најдобрата понуда ниту најдобрата онлајн продавница за купување на софтвер, туку ќе ви ги претставиме антивирусните софтвери кои во текот на

целата година се бесплатни. Во меѓувреме имаат нови верзии, лансирани токму пред Нова година, а ваше е да седнете и да прочитате. Microsoft Security Essentials 2.0, Ad-Aware Internet Security 9 Free и COMODO Internet Security 2011 се тука само за вас.

„скриени“ подобрувања. Така, на пример, ќе може да ја намалите „потрошувачката“ на процесорот додека ги прави скенирачките процеси. По дефиниција, таа вредност е 50 проценти, но вие може да ја намалите таа бројка. Тука е и можноста за автоматско бришење на карантираните фајлови по некој

одреден интервал кој претходно ќе го дефинирате. Безбедноста пред сè. Ако MSE 1 беше еден од најдобрите бесплатни антивирусни софтвери, зошто тоа да не биде случај и со втората верзија. Задоволните корисници само го потврдуваат сето тоа. Продолжуваме понатаму со...

Microsoft Security Essentials 2

По пет месеци бета-тестирања, пред неколку дена излезе второто големо издание на добропознатиот бесплатен антивирусен софтвер од Microsoft, наменет за обичните корисници и малите компании (до десет компјутери). Кога сме веќе кај малите компании, оваа верзија на MSE го вклучува безбедносниот софтвер Forefront Endpoint Protection кој врши скенирање на серверите во реално време. Атрактивното е тоа што можат да го користат до десет компјутери во мрежа, додека поголемите бизнискомпании ќе мораат да одвојат некој денар повеќе за интеграција на Vole во нивните системи.

46

www.enter.net.mk

Оваа верзија изгледа речиси исто, а и функционира како претходната верзија која беше лансирана во септември 2009 година, со тоа што сега има неколку значајни подобрувања и „подлабока“ интеграција во безбедносните технологии на самите Windows системи. Новина во MSE 2 е хеуристичниот скенирачки енџин кој ги скенира непознатите заканувачки процеси, врз основа на претходно дефинираните „патеки“ по кои се движат малициозните софтвери. Отсега ќе може и самата датотека да ја скенирате директно од контекстуалното мени од Windows Explorer. Оваа апликација отсега се интегрира во вградениот Windows Firewall што значи дека ќе можете да вршите и firewall мониторинг во реално време. Уште една новина е Network Inspection System, функција со чија помош се заштитувате и од интернетзаканите. Оваа, втора верзија на Microsoft Security Essentials има и


Ad-Aware Free Internet Security 9

Ad-Aware е една од првите апликации кои имаа задача да ги убиваат досадните спајвери и малвери и до ден- денес претставува синоним за ефикасност, стабилност и квалитет. Оваа, деветта верзија го продолжува прогресот што го имаше оваа апликација со претходната верзија, но овојпат Ad-Aware не нуди само малвер и спајвер заштита, туку и антивирусна заштита, лиценцирана токму од Subnelt, креаторите на антивирусниот софтвер Vipre. Koмпанијата Lavasoft почна да го менува својот заштитен енџин пред околу една година, во верзијата 8.1, кога всушност го претстави енџинот

Genotype. Технологијата базирана на хеуристика ги наоѓа идентичните фрагменти кои се наоѓаат во кодовите во повеќе мутации на самите закани. Во верзијата 9 на помош на Genotype му доаѓа и Dedicated Detection, енџинот кој првин го анализира кодот, па креира модел по кој ќе ги пронаоѓа фамилиите, односно сличните верзии/мутации на малициозниот софтвер. Од Lavasoft истакнуваат дека со оваа технологија ќе се намалат false positive алармирањата. Вториот нов енџин, кој се нарекува MagmaShield, е проактивен. Ги емулира инструкциите на процесорот, ги споредува операциите на процесорот со оние кои не се дефинирани во слојот на некоја апликација/фајл. Ова значи дека агресивно сака да дознае како фајлот е во интеракција со процесорот и што, односно колку, искористува од него. Во поглед на антивирусното и малициозното детектирање на фајлови, AdAware Free Internet Security 9 ја

нуди опцијата TrackSweep која се интегрира во Google Chrome, Internet Explorer, Opera и Mozilla Firefox и ги брише сите траги од вашето сурфање на интернет. Тука е и добропознатата опција AdWatch Live!, која во реално време ги скенира сите процеси. Иако поседува повеќе функции од типот

на заштита на регистрите, фајловите и од IP адресите кои се на црната листа на Lavasoft, сепак ќе треба да ја купите верзијата Pro за да ги „отклучите“ овие опции. Квалитет надалеку познат и ефикасност позната само за AdAware. Оваа апликација ќе ја најдете на нашето DVD.

COMODO Internet Security Premium 5

Оваа апликација е моќен пакет за безбедно крстосување по интернетводите, но и за локално шетање низ улиците на вашиот компјутер. COMODO Internet Security Premium 5 вклучува антивирусен енџин, двонасочен firewall и компонентата Defense+ која автоматски ги „крие“ фајловите кои не и се познати или не им верува во околината Sandbox, сè додека не бидат анализирани. Софтверот користи Default Deny Protection (DDP) технологија која го комбинира антивирусниот енџин

и огнениот ѕид, за да го заштити вашиот систем од нови и непознати апликации/ закани. Кога сме веќе кај огнениот ѕид, може да контролирате кои апликации да се врзуваат на интернет, автоматски креира правила во филтрирањето на пакетите и ги прикажува активните конекции директно во самиот интерфејс. Интересно е тоа што во текот на инсталирањето бевме запрашани дали се наоѓаме на некоја јавна мрежа или во домашни услови, т.е. во нашата компанија. Притоа имавме опција да избереме да бидеме невидливи за надворешниот свет, т.е. како DNS сервери, да ги користиме сигурните COMODO DNS сервери. Прилично потребна опција, на која налетуваме за првпат. Секоја чест! Компонентата Defense+ алармира

секогаш кога некоја апликација нема да се покаже како што треба. COMODO Internet Security Premium 5 е моќна апликација која зазема малку системски ресурси, се грижи за вашиот компјутер и ве пушта безбедно да чекорите во сивиот и мрачен свет на интернетот. Всушност, со овој софтвер сè е розово! Верувајте ни!

Кој софтвер и да го инсталирате во вашиот систем, нема да погрешите. Бесплатното понекогаш знае да биде и подобро од купеното, а за тоа се пример и овие антивирусни софтвери. Сурфајте, преземајте, креирајте, уживајте. И не заборавајте да се сакате! Среќни празници! Дејан Зафировски

www.enter.net.mk

47


Бионички контактни леќи

иднината денес_

Светлина на иднината

Контактните леќи кои може да прикажуваат слики во висока резолуција и да го следат здравјето на корисникот сè повеќе се доближуваат до реалноста. Клучните истражувања треба да започнат оваа година со тестирање на веќе создадениот прототипмодел. Сигурно во некој од холивудските филмови сте гледале како некој лик користи леќи со електроника кои му овозможуваат супермоќ, вклучувајќи и супервид. Во реалноста, најдоброто што може да се постигне е поставување на двоглед или, пак, систем за ноќно гледање. Но, полека работите се менуваат и научниците започнаа да истражуваат кои се можностите да се вметнува електроника во самите леќи. Досега, вакви леќи биле успешно тестирани на животни, но нивниот развој е веќе во стадиум кога истражувачите тврдат дека овие

52

w w w.enter.net.mk

леќи се сигурни за употреба од страна на луѓето. Бабак Парвиз (Babak Parviz) од универзитетот „Вашингтон“ во Сиетл веќе неколку години работи на оваа технологија и неодамна јавно ги презентираше патентите на својот тим. Професорот вели дека неодамна успеале да постават сензори на контактните леќи и во тек се тестирања за активноста на овие сензори. Целта на ваквите леќи е да се овозможи следење на здравствената состојба на корисникот, а воедно и дисплеј кој би покажувал одредени параметри. На почетокот споменавме проектирање на слики во висока резолуција, но тоа се само планови за во иднина затоа што засега леќите може да проектираат само неколку пиксели. Дизајнот на леќите останува непроменет со оглед на тоа дека кој било друг облик на надворешно тело во окото би бил неприфатлив. Секој кој има залемено електронски елементи ќе се запраша „Како е возможно оваа електроника да биде сигурна во окото?“. Парвиз вели дека за да ја избегнат топлината и хемиските реакции тие ги составуваат сите потребни електронски делови на самата леќа и подоцна тие се поврзуваат со помош на процес наречен „самоповрзување“. Материјалите од кои се изработени овие леќи се од биолошко потекло и воопшто не се опасни за луѓето, а сепак се прифатливи за електрониката која се вградува во нив. Во леќите се вметнати извор на светлина, радио и антена, како и напојување за овие уреди кое се врши безжично, преку радиобранови. Пред истражувачите кои работат на овој проект стојат голем број пречки, како вметнување на батерии за напојување и развивање на сигурносен систем за преносот на информациите кои се оддаваат од предавателот. Чувството додека овие леќи се користат е исто како

да се користат конвенционални тврди контактни леќи, но тие бараат месечна замена. Дисплејот на сликата ќе биде полупровиден за корисникот да не се соочи со пречки во видот при секојдневните обврски. Како и секоја технологија која ви ја прикажуваме во оваа рубрика, така и комплетните придобивки од оваа технологија како што се проектирање на слики во висока

резолуција, испраќање на e-mail порака до вашиот доктор и слично се гледаат во далечна иднина. Но, како што знаеме, доволна е искра која ќе го поттикне истражувањето во некоја област, а времето ќе биде соработник на оние кои истражуваат. Истражувањето на оваа технологија е прилично скапо и затоа овој тим има поддршка од Фондацијата за наука на Америка и од Microsoft. Ивица Анѓелески


хардвер_

Доволно побрза Како што се очекуваше, GeForce GTX 580 е побрза од својот претходник. NVIDIA немаше потреба да понуди нешто драстично побрзо, туку да го спакува својот производ со подобар однос помеѓу перформансите и потрошувачката, самото јадро да биде поисплатливо за производство, како и температурата и вкупната потрошувачка да бидат во границите

на некоја прифатлива нормала. Во превод, Fermi 2 не смееше да има поголема температурна моќност од својот претходник, а секако, мора да има поголема работна фреквенција и шејдерски јадра, за да постигне поголеми перформанси. Во ИТ индустријата тоа често се решава многу „лесно“, бидејќи Моровото правило го прави своето. Во поситен производствен процес може да се изработи помоќен чип, а притоа да се запазат сличните рамки кога се во прашање потрошувачката и топлотната дисипација. Сепак, производителот на чиповите не успеа до крај да го усвои поситниот процес од веќе актуелната 40-nm литографија, така што правилата за Fermi 2 останаа исти како оние

56

w w w.enter.net.mk

кои важеа за нејзиниот претходник. Свесни за оваа ситуација, AMD со својата нова серија на Radeon HD6000 картички мораа да останат во игра со едноставна и паметна оптимизација. Нешто слично направија и во NVidia – тргнаа од поголемото јадро, GF100, ги исфрлија блоковите кои се покажаа како пасивни или помалку важни и го добија GF110, кој во никој случај не е помалку моќен од претходникот. Всушност, GF110 има ист број на шејдерски, односно CUDA единици, со подобро испеглан дизајн на новиот чип и подобра искористливост на комплетниот сет шејдерски блокови. Затоа кај чипот GF110 во картичките GeForce GTX 580, сите 512 CUDA единици се во функција. Кај GF100, исто така, постоеја 512 шејдерски единици, но еден блок беше деактивиран, па јадрото заврши со 480 CUDА единици. NVidia не требаше да се грижи дали ќе остане на првата позиција кога AMD го најави своето Radeon HD6800 семејство картички бидејќи веќе

беше познато дека тие ќе понудат исти перформанси како и серијата HD5800, но за помалку пари. На крајот, кога Radeon HD6800 излегоа и побавни од претходникот, но и чинат значително помалку, тоа што NVidia ја натера да побрза со својот најнов производ е најавата за серијата картички Radeon HD6900, кои својата промоција ја доживуваат деновиве со задоцнување од еден месец. GeForce GTX 580 GPU е само оптимизирана верзија на

претходникот која нуди повисоки перформанси и ефикасност, а истовремено е помал потрошувач и има потивок разладен систем. Теселерацијата сега се извршува на подобрени единици кои се многу поефикасни, а измени во архитектурата се извршени и на текстурната единица, како и подобрување на Z-cull алгоритамот. Бидејќи GeForce GTX 580 е тука да ја замени GeForce GTX 480, ја презема и препорачаната пазарна цена од


Тема на бројот Arcania: Gothic IV

Ако баравте добра RPG акциона игра во отворен свет во изминативе неколку месеци, тогаш вашата потрага може да заврши со Arcania: Gothic 4. Фактот дека ова е четврто продолжение во серијалот воопшто не треба да ве одврати од оваа игра. И покрај тоа што таа не донесува ништо револуционерно во RPG жанрот, сепак нуди интересна авантура, која одлично ќе им дојде на сите оние кои се гладни за акциона RPG игра. 62

// ЕНТЕР GAMING EDITION


Во изминатите години серијалот Gothic се здоби со легија од посветени фанови низ целиот свет. Но, тој никогаш не успеа да и се доближи со квалитетот на директната конкуренција претставувана од Elder Scrolls, или серијалите Neverwinter Nights. Сепак, серијалот Gothic е еден од најдобрите RPG серијали на сите времиња, познат по тоа што не постои граница за она што можете да го направите во играта. RPG сцената се измени премногу од првата игра Gothic. Тоа беше игра која во себе имаше некој чуден шарм кој привлече огромен број играчи, кои долго време не можеа да ја остават. Gothic 2, несомнено, е еден од најдобрите акциони RPG наслови на сите времиња – игра која се играше со денови и ноќи сè додека не се истражеше и последното делче од фантазискиот свет и не се завршеше и најбезначајниот „quest“ побаран од NPC-ата. Играта постигна огромен успех и покрај фактот што Elder Scrolls 3: Morrowind веќе беше на пазарот и беше директен конкурент на Gothic 2. И двете игри нудеа огромен свет за истражување, солидна структура на мисии и одлична приказна. Имајте предвид дека во тоа време приказните во игрите беа малку поинакви. Најголемиот дел од разговорите помеѓу ликовите беа базирани на текст, па немаше потреба од ангажирање на големи актерски имиња да ги позајмуваат гласовите на ликовите. Денес, работите целосно се изменија. Издавачите на големите игри најмуваат звучни холивудски имиња да им ги позајмуваат гласовите на ликовите, што е одличен додаток во гејмерското искуство. Но, ништо од ова нема да биде битно, ако развивачите на игри потфрлат во еден од најбитните аспекти во игрите – гејмплејот. Откако креаторите на серијалот Gothic потфрлија со Gothic 3, издавачот Dreamcatcher Interactive одлучи новото продолжение на играта

да им го додели на Spellbound Entertainment. Тимот кој стоеше зад Gothic 1, 2 и 3 се распадна и дел од нив направија еден интересен Gothic клон, наречен Risen, кој постигна навистина солиден успех. Затоа, Spellbound со четвртото продолжение, пред сè, сакаа да му дадат свеж почеток на серијалот, но и да се обидат да му ја вратат старата слава. Но, за жал, Arcania: Gothic 4 толку многу се обидува да ги направи работите исправно, што го доведува во прашање својот идентитет (па затоа и не донесува ништо ново, ако некој од вас тоа го очекуваше). Можеби најголема новост е тоа што за првпат, освен на РС, Gothic се појавува и на конзолите. Дејството на играта се одвива десет години по случувањата во Gothic 3, но приказната е целосно нова и од вас не бара да ги имате играно претходните игри за да знаете што се случува. И во оваа, како и во претходните игри Gothic, ќе ја преземете улогата на нов безимен херој (да не речеме незнаен јунак :)).

Тој живее среќен живот на мирниот остров Feshyr, заедно со својата свршеница. Но, војната што се шири низ целата земја наскоро ќе го стигне и неговото село. Додека тој е на пат, војските на злобниот крал Rhobar ќе го уништат целото негово село и ќе ја убијат неговата свршеница и сите што ги знае. Тој се заколнува на одмазда и тргнува во мисија да ја најде мистериозната наковална, скриена во планините, со која ќе се здобие со моќ да го симне од тронот лудиот монарх Rhobar. Во оваа авантура тој ќе пропатува до секој дел од островот, помагајќи им на селаните на кои им треба помош, истражувајќи зандани и убивајќи еден куп брборливи гоблини. Очигледно е дека приказната, но и ликовите во играта, не се оригинални, но тоа воопшто нема да ве спречи да уживате во неа. Иако дејството на играта, како и во другите игри Gothic, е сместено во Arcania, сепак светот кој порано беше населен со интересни ликови, во оваа игра е заменет со лошо одглумени, еднодимензионални ликови, кои по цел ден и ноќ стојат на едно исто место. Тие постојано имаат по некоја нова мисија за вас, од кои голем дел можат да ви бидат и досадни. Мисиите најчесто се во стандарден облик: направи го ова нешто за мене, а јас ќе ти дадам клуч кој ја отвора вратата на колибата на еден човек кој чува нешто специјално, кое нема да ти го даде, освен ако не му донесеш нешто друго... и така до

бесконечност. Во претходните игри Gothic, кога некој лик ќе ви здодееше, едноставно, можевте да го убиете, со што приказната со него завршуваше и можевте да си бркате поинтересни работи. Чудно е тоа што во оваа игра е отстранета оваа можност. Можеби за новите играчи во серијалот ова нема да значи ништо, но за оние кои ги играле претходните игри е навистина забележливо. Во играта ќе можете да играте на неколку нивоа на тежина, од Easy до Gothic (многу тешко). Гејмплејот во играта е стандарден hack-and-slash со поглед во трето лице и поглед на камерата кој може да се нагодува. Значи, гејмплејот се состои во добивање мисија и дестинација, убивање мноштво непријатели и откако ќе ја завршите задачата се враќате да си ја соберете наградата, која се состои од пари, „experience“, специјално оружје и слично – стандардна RPG рутина, која беспрекорно функционира и во оваа игра. Брзиот и добро направен борбен систем од претходните игри ќе им биде добро познат на љубителите на овој жанр. Со лев клик на глувчето ќе ги извршувате борбените и нападите со магија, додека со десен клик ќе блокирате или избегнувате напади. Менијата се навистина одлично дизајнирани и интуитивно направени, па никој нема да има тешкотии да се снајде низ нив. Во „инвентарот“ (inventory) ќе можете да влезете во секој момент, со што акцијата ќе се паузира, а вам ќе ви овозможи да се поткрепите со напитоци или, пак, да ги смените оружјата, штитовите и оклопот. ЕНТЕР GAMING EDITION //

63


рецензија

PC

The Sims 3: Late Night Ако мислевте дека претходните игри The Sims беа премногу фокусирани на животот во предградието, тогаш Late Night е токму за вас. The Sims 3: Late Night е воедно и надградба и експанзија. Таа нуди огромно количество нови содржини, кои се страшно заразни и одлично имплементирани, а воедно и измени во гејмпелјот, кои се повеќе од добредојдени. Играчите ќе го посетат бессониот град Bridgeport, кој е преполн со гламур, славни личности, ноќни клубови и еден куп интересни работи, кои ја прават оваа експанзија една од најдобрите експанзии за Sims што воопшто сме ги играле.

The Sims 3: Late Night е третата експанзија за многу популарниот серијал Sims 3. И покрај фактот што оваа игра излегува само четири месеци по претходната експанзија, таа е преполна со нови содржини и дополнително ќе го продолжи алтернативниот живот на фановите на овој серијал. Како што можете да забележите, „фановите“ е напишано со задебелени букви, со што сакаме да нагласиме дека оваа игра, исто како и претходните експанзии, нема да направи да ја засакаат оние што не ја сакаат оваа франшиза. Значи, оваа игра е наменета исклучително за фановите на Sims и за нив таа има повеќе од доволно работи за да уживаат. Late Night ќе ви овозможи нова облека, фризури и опции за декорирање, но овие работи ги има и во сите други експанзии. Можеби една од најинтересните работи во оваа игра се неколку елементи, „украдени“ од експанзии на постарите верзии на франшизата. На

66

// ЕНТЕР GAMING EDITION

пример, една од најзабележливите особини на оваа игра е системот на славни личности, кој последен пат беше виден во The Sims 1: Superstar. Ова значи дека вашите мали луѓе ќе можат да станат и славни личности, во зависност од нивите кариери и социјализирањето со другите Simови. Во зависност од тоа колку се славни, тие ќе бидат оценети со една до пет ѕвездички. Славните личности себеси се гледаат над останатите луѓе во соседството, па претставуваат предизвик за социјализирање, бидејќи ќе мора да ги импресионирате пред да направите што било повеќе од барање на нивни автограм. Играњето како славна личност има свои придобивки, но и предизвици, за разлика од Sims 1: Superstar. Ако сте славни, ќе добивате бесплатни пијалаци, како и слободен влез на многуте настани што се случуваат секојдневно низ градот, вклучувајќи и некои ексклузивни собири, на кои обичните луѓе немаат пристап, бидејќи обезбедувањето

на влезот не го дозволува тоа. Но, славните личности постојано се следени од папараците, што може да ве доведе до незгодни ситуации, па да се најдете и во жолтиот печат. Ако се случи такво нешто, ќе треба да си го обелите образот во следните неколку Sim-денови, бидејќи ќе станете мета на исмејување во соседството, па дури може да го изгубите слободниот влез на журките

и бесплатните пијачки. Системот на славни личности е навистина одличен додаток и е забавна диверзија од секојдневните работи. Соседствата во градот Bridgeport се преполни со ноќни клубови. Секој од нив има свои услови, кои треба да ги задоволувате за да можете да влезете. Некои од нив се јавни и во нив може да се влезе без проблем, а други пак бараат


да имате одреден статус на ѕвезда или, пак, некое друго побарување. Она што е заедничко за секој клуб е шанкерот, кој ќе ги слуша вашите проблеми или, пак, ќе ви го отстапи местото и ќе ви дозволи да измешате некој ваш коктел (ако ги поседувате вештините Mixologist). Баровите се одлично место за наоѓање пријатели и контакти и тие привлекуваат многу повеќе Sim-ови од кое било друго место во градот. Ова навистина го подобрува социјализирањето во играта, што е можеби и најсилната страна на франшизата. Додаден е и механизам на групирање, па кога ќе излегувате навечер, со вас ќе доаѓаат и вашите пријатели. Во Late Night ќе можете да направите и своја рокгрупа со пријателите и да правите свирки низ градот и на тој начин да заработувате. Формирањето група е многу едноставно, но закажувањето настапи е целосно надвор од ваша контрола. Многу често ќе мора да чекате додека да ве повикаат, што може да доведе до банкрот на вашиот Sim. Откако ќе го формирате бендот и ќе набавите инструменти, ќе слушнете навистина одлични звуци од нив и ќе ја видите публиката како се собира и ве бодри. Единствениот проблем е долгото чекање додека да станете препознатливи, што е малку поинаку од досегашното брзо напредување низ кариерата на коешто сме навикнати. Создавањето успешен бенд може да се рече дека е напредна кариера, со која треба да се зафатите само ако сте долгогодишен фан на серијалот и имате челични нерви. Ако сето ова што досега го кажавме ви изгледа премногу нормално, тогаш треба да знаете дека во Late Night има и вампири. Во Sims 2 постоеше традиција Electronic Arts да додаваат по некое чудовиште во секоја експанзија, а сега Sims 3 изгледа ја продолжува таа традиција, откако веќе видовме мумии во World Adventures и роботи во Ambitions. За вампирите не важат истите правила што важат за обичните Sim-ови. Тие можат да учат нови вештини и се движат побрзо, но нивна мана е тоа што не можат да бидат активни преку ден, па како резултат на тоа, не можат да имаат „вистинска“ кариера. Вампирите може да ги претвораат

другите Sim-ови во вампири, со цицање на крв од врат или од рака. Воведувањето на вампирите во играта не го нарушува гејмплејот на ниту еден начин и нивното постоење е одлично имплементирано во постојната игра. Уште една новост во оваа експанзија се апартманите коишто, иако се добро имплементирани, им недостасуваат некои особини што ги видовме во The Sims 2: Apartments. Наместо да фрлате пари за нова куќа, можете да изнајмите апартман во една од многуте згради во соседството. За жал, секоја зграда има само по еден апартман за изнајмување, иако во нив ќе видите многу врати и лифт, кој ќе ве носи до вашиот апартман. Ова значи дека ако контролирате неколку фамилии, кои сакате да ги вселите, тие или ќе мораат да делат еден апартман во иста зграда или, пак, ќе мора да ги сместите во посебни згради, што значи дека нема да бидат соседи. Може да се каже дека апартманите се ставени во играта повеќе од естетски, отколку од стратегиски причини. На пример, вашите соседи нема да се жалат ако тропате на вашите тапани во 3 наутро, што би било навистина реалистично и интересно, доколку било применето. Уште една новост е тоа што ќе може да најмите батлер, кој ќе ви ги завршува домашните работи, ќе ви чисти, ќе ви готви оброци и слично. Но, бидејќи во основа живее со вашето семејство, ќе мора да му обезбедите соба и кревет. Исто така, ако правите некоја забава дома,

ќе можете да најмите шанкер, со што гостите ќе можат да пијат и да се релаксираат, а ваша единствена задача ќе биде да се социјализирате со нив. Овие две промени, иако се мали, се многу корисни за оние играчи кои најмногу сакаат да се социјализираат. Колку и да се добри овие новости во гејмплејот, Late Night има еден голем недостаток – семејството со кое ќе играте може да биде дел само од едно соседство. Соседствата се поделени во две категории: предградија и Late Night соседства, помеѓу кои нема никакви интеракции. Соседствата што сте ги креирале пред оваа експанзија се означени како предградија, а тие немаат вампири, славни личности, клубови итн. Ова значи дека на секое соседство или семејство што сте го направиле од претходните експанзии ќе треба да му посветите време за преправки, ако сакате да ги добиете новите особини или, пак, ќе треба целосно да започнете од почеток, со нов Sim. На интернет може да се најдат и финти за да се заобиколи овој хендикеп, но сепак мислиме дека ова е чекор назад за една експанзија како целина, бидејќи префрлањето на старите save-ови треба да биде една од основните работи што треба да ги содржи. Во поглед на звукот и графиката, играта има одреден напредок, што е и очекувано од една експанзија. Новата музика во ноќните клубови е соодветна, интересна и одлично се вклопува со новите анимации на „шизење“ на подиумот. Новите објекти и околини изгледаат добро, но не очекувајте ништо спектакуларно. Можеби една позабележлива работа е начинот на кој се креираат ликовите. Сега не е важно дали вашиот лик е дебел, слаб, набилдан или мекуш – сега ќе можете да ја одредите дефиниција на мускулите независно од телесната тежина. Ова значи дека можете да направите ликот да биде слаб како Ганди или сумо-борач и сепак да има стомачни мускули. Исто така,

за женските ликови сега може да се нагодува и големината на градите, без притоа да им се зголеми телесната тежина. Late Night ја крева границата на она што можеме да го очекуваме од една Sims експанизија и донесува навистина многу интересни работи. Играта има и многу недостатоци и некои од работите можеле да бидат и подобро изведени, но сепак ова е уште една квалитетна Sims 3 игра, која на своите фанови ќе им понуди многу часови забава. Жарко Петровски

Минимална конфигурација: оперативен систем: Windows® XP / Vista Процесор: Процесор: Intel Pentium IV 2.0MHz / AMD Athlon 2000+ RAM: Nvidia FX 5900 / Ati Radeon 9500 со 128MB VRAM Графичка картичка: Nvidia FX 5900 / Ati Radeon 9500 со 128MB VRAM

Препорачана конфигурација: оперативен систем: Windows® XP/Vista Процесор: Процесор: Intel Pentium IV 2.4MHz / AMD Athlon 2400+ RAM: 1.5 GB RAM Графичка картичка: Nvidia FX 5900 / Ati Radeon 9500 со 128MB VRAM

8 ГРАФИКА: ГЕМПЛЕЈ: ЗВУК: МУЗИКА: Мултиплеер: Произведува: The Sims Studio Издава: Electronic Arts Жанр: Симулација Платформа: PC

ЕНТЕР GAMING EDITION //

67


рецензија

PS3

Gran Turismo 5

а е одличн 5 o m is r дува Gran Tu која вове нти а р г и а к леме тркач кувани е а с о п а н лајн трки н одам о о к а к , лот о во серија и и веродостојн ч а за 16 игр ње на бројните а у ваа т оште в бата на о у а х д о п о, и возила. Н а игра се кријат н с ... прекра остатоци д е н и л а м

GT5 Gran Turismo 5 е игра која нема воведено револуционерни промени во тркачкиот жанр, но она со што располага е повеќе од доволно. Имате огромен број возила, терени, предизвикувачка вештачка интелигенција, но и бројни модови кои гарантираат впечатлива забава.

72

// ЕНТЕР GAMING EDITION

Меѓутоа, новитетите делумно се потиснати од дежа ву чувството кое се јавува поради премногу сличните модели на повеќето стандардни возила, па и терените на кои се одвиваат трките. Графичкиот енџин понекогаш знае да ги прикаже трките во непривлечно светло, со застарени текстури и недоволно импресивни анимации и ефекти. Ова, иако може

да го намали задоволството на попребирливите виртуелни-тркачи, не е премногу страшна работа. GT Life career mode Кариерата ја започнувате од нула и со ограничени финансиски средства кои нема да ви дозволат да бидете премногу пребирливи

при избирањето на вашиот прв автомобил. Поради тоа, ќе купите половен, „стандарден“ автомобил. Стандардните автомобили се подложни на помалку оштетување, при што, во зависност од возењето и ударите, ќе бидат видливи траги од кал, гребнатинки и вдлабнатини. Доколку возите вакви автомобили, имате стандардни фарови, а


извлечете кога се натпреварувате со вистински возачи во мултиплеерот, но пред да се втурнете во таквите модови да споменеме и за... Додатни можности во GT5 За разлика од претходните игри, таканаречените license tests во GT5 се изборни, но особено корисни ако сакате подобро да се запознаете со разните возила и одредени техники при тркањето. Достапни се и специјални настани каде што се натпреварувате на повеќе начини без да имате можност да го избирате или нагодувате возилото. Аркадниот мод, пак, ви овозможува да се тркате на разни терени и во разни услови (ден/ноќ, суво/дождливо време) во соло-мод или со уште еден играч, при што екранот се дели на два дела. Доколку во аркадниот мод се тркате со вештачката интелигенција, можете да одредите неколку нивоа на тежина: beginner, intermediate, или professional. Но, ако не сте задоволни од потенцијалите на AI, променете ја брзината и упатете се кон... Мултиплеерот во GT5 немате камера во внатрешноста на автомобилот. Од друга страна, „премиум“ автомобилите не страдаат од вакви ограничувања. Плус, оштетувањата се подетални, фаровите ви го осветлуваат патот со кратки и долги светла, а доколку паѓа дожд или снег, можете да ги вклучите бришачите. Нормално, до премиум-возилата не се доаѓа лесно. Потребно е да го зголемите вашето ниво преку собирање искуствени поени и пари, односно комплетирање предизвици и трки. Како што напредувате, така отклучувате помоќни возила, но и попредизвикувачки трки. За подобра претстава, ќе споменеме и дека во GT5 имате 1031 (!) автомобил, од кои само 20 проценти се премиум. Што е со терените на коишто се одвива сето тоа?

Нека започне трката! GT5 ви дозволува да се восхитувате на 26 разновидни локации, односно 71 различен терен во Велика Британија, Токио, Италија и слични места кои се препознатливи по своите впечатливи терени, но и по различните услови на коишто се одвиваат трките. Терените се интересни и доволно предизвикувачки. Одредени терени се премногу слични со тие од претходните игри и, доколку сте фан на GT, би можеле да бидете малку разочарани од преголемата сличност во одредени моменти. Со оглед на големиот број автомобили, повеќето стандардни возила како да се, едноставно, импортирани од претходните игри, заедно со застарените, груби и непривлечни

текстури. Ова, нормално, не се однесува на премиум-возилата кои се целосно во согласност со денешните моќни можности на енџинот. Паметните противници веродостојно се тркаат, па дури и симулираат грешки во одредени места каде што теренот е предизвикувачки, реалистично го задржуваат правецот и ги престигнуваат останатите возила без да се трудат по која било цена да ве исфрлат од патот. Доколку сте нов во тркачкиот жанр и сакате порелаксирано тркање, во играта автоматски се вклучени можности за олеснително управување (како traction control и driving line). Тука е и можноста skid recovery force, која ви овозможува подобро да ги фатите кривините и полесно да се вратите на нормала секојпат кога ќе изгубите контрола врз возилото. Подразбирливо, трките стануваат попредизвикувачки без овие опции, но потребно е да бидете исклучително внимателни бидејќи една мала грешка може да резултира со пораз. Добро е тоа што таквите грешки скоро секогаш се случуваат поради ваше невнимание или слаби рефлекси, а не поради лошата интелигенција на останатите возачи. За да ги зголемите шансите за победа, можете да ја нагодувате ефикасноста на вашиот автомобил со разни надградби. Секако, најверодостојно искуство ќе

За прв пат во серијалот, GT5 ја воведува можноста за трки со 16 вистински играчи и тоа на начин кој ќе овозможи трките да се одвиваат онака како што е замислено од авторите. Имено, сите оние кои одат во рикверц за да удрат некого или да го блогираат патот за останатите, ќе станат транспарентни, а останатите играчи ќе поминат преку нив. Една друга опција, пак, ќе ги забави сите возачи кои сакаат да играат валкано и да се удираат во другите возила (оваа опција може да се активира само од лицето кое ја има започнато сесијата). Она што не ни се допадна е немањето автоматски matchmaking систем, при што мора директно да барате трки преку скромен систем за филтрирање. Меѓутоа забавата е загарантирана независно од тоа на кој начин ќе одлучите да уживате во овој наслов. Мартин Јованчевски

8,25 ГРАФИКА: ГЕМПЛЕЈ: ЗВУК: МУЗИКА: Приказна: Произведува: Polyphony Digital Издава: Sony Computer Entertainment Жанр: Racing Платформа: PlayStation 3

ЕНТЕР GAMING EDITION //

73


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.