КОЛКУ МАЛКУ ТРЕБА ЗА СРЕЌА?
02/30 70 700 Главен и одговорен уредник Јулијана Прчковска jp@division.mk Маркетинг marketing@division.mk Графички уредник Дарко Ќурчиевски dw@division.mk Лектор Верица Неделкоска Редакција и соработници Дејан Зафировски Александар Марковски Жарко Петровски Мартин Јованчевски Милан Крстевски Ивица Анѓелески Драгана Анѓелеска Чедомир Димитровски Мирослав Димитровски Иван Јанкиевиќ Мартин Јовчески Игор Петрушевски Списанието кое сите го разбирате излегува секој месец во текот на целата учебна година
Постојани соработници
контакт: enter@division.mk www.enter.net.mk Печати Гинис Принт ДОО Прилеп
Издава
Директор Благоје Ѓорѓевиќ Дивисион ДООЕЛ ул. Наум Наумовски Борче бр.40, 1000 Скопје тел/факс: 02/30 70 700 Жиро сметка: 300000002892091 Комерцијална банка АД, Скопје Даночен број: МК 4032009500689 Дистрибуција: Фокус
Д
а беше жив Стив Џобс и да видеше што се случува во неговата сакана компанија, најверојатно сите инволвирани во проектот Apple Maps ќе ги наредеше во ќошињата на големиот кампус во Купертино и ќе ги оставеше таму казнети до крајот на кариерата. Или, евентуално ќе ги испратеше пеш да берат јаболка во Тетово и Ресен опремени само со Apple Maps. Па, нека го најдат патот... 2012, како и претходните години, ја одбележа рецесијата. Иако информатичката индустрија бележи успеси и големи приходи на светлата страна, на онаа другата, темната, го имаме цехот. Големите компании, со цел да ги задржат своите позиции, почнаа радикално да кратат од најголемите вредности што ги поседуваат – кадрите и квалитетот. И ако HP се лидери кога е во прашање кратењето на работни места, Apple е дефинитивно најголемиот лузер за оваа година, кога е во прашање квалитетот. Желбата да се задржи контролата во свои раце и да не се дозволи конкурентот да има значаен удел во дефинирањето на корисничкото искуство, сигурно била главната водилка при дефинирањето на идејата за Apple Maps. Но, крајниот резултат, кој сите корисници го добија со автоматската надградба на новиот оперативен систем, ни оддалеку не ги задоволуваше основните стандарди што ги има поставено оваа компанија. Се чини, во трката за профит, и стадиумот „добро“ стана доволен за Apple, па тие најпрво се избрукаа, па се извинија и јавно ветија дека набрзо ќе ги поправат грешките во апликацијата. И ако навистина го стореа тоа и ги поправеа грешките, се чини, овој проблем ќе беше набрзо заборавен и сите ќе беа среќни, весели и ќе ги имаа вистинските дирекции. Но, фактот дека на почетокот на декември, наместо нова верзија на Apple Maps, корисниците ги добија старите Google Maps, укажува дека во Купертино е подигнато бело знаме и дека во оваа битка гигантот од Маутан Вју ја однесе победата, а најголемите придобивки ги имаат корисниците. Ако реално погледнеме на работите, задоволството на корисниците е најважно, но во овој случај и сеирот е голем, па некако не смеевме да го пропуштиме ;-). Јулијана Прчковска
ХАРДВЕР iPad mini vs. ASUS Nexus 7 vs. Amazon Kindle Fire HD
БИТКА ВО НИСКОБУЏЕТНАТА ПРОДУКЦИЈА Ќе направиме споредба помеѓу Apple iPad Mini, ASUS Nexus и Amazon Kindle Fire HD. Некој можеби ќе рече дека има и други уреди со слични димензии кои имаат некоја дополнителна опција или подобра цена, но сепак мора да напоменеме дека ова се единствените уреди чија продажба се брои во милиони.
6
ВЕСТИ
СОФТВЕР
- Нема да има повеќе 64-битна Огнена лисица? - ThinkPad X1 Carbon Touch - Archos објави 13,3-инчен семеен таблет - Sharkoon X-Tatic Air безжични гејминг-слушалки
36 Windows 8 Инсталиравте Windows 8. И сега што? (Прв дел)
НАСТАНИ 8 Визија 10
18 Canon PowerShot SX50 HS
Јубилејната, десетта ВИЗИЈА на „Мајкрософт“
Моќен зум и за најситните детали
Традиционално, кон крајот на октомври, „Мајкрософт“ ја организира една од најголемите технолошки конференции што се одржуваат во Република Македонија.
Ако некогаш сте се обидувале од прозорец да ја фотографирате згодната девојка која живее на еден километар од вас или, пак, сте биле извонредно љубопитни да дознаете што пишува на етикетата на јакната на некој згоден тип, повеќе нема да има потреба да им се доближувате за да добиете добри фотки и одговор на прашањето.
9 Code Camp 2012 Code Camp 2012 – Најдобриот Code Camp досега Веќе четврта година по ред Македонската .NET корисничка група, која содржи сè поголем број членови-ентузијасти, го организира Code Camp, настан кој може да го вброиме меѓу најголемите конференции за и од програмерската заедница во Македонија.
ХАРДВЕР 10 Лаптопи со екран на допир Лаптоп. Каде што големината е важна! Животот, каков што го живееме во денешницата, се заснова на четири основни принципи: храна, облека, дом и поврзаност. Токму поврзаноста и потребата постојано да бидеме „во врска“ прави продажбата на преносни уреди да биде на рекордно ниво.
За Windows 8 веќе сите знаете. Со нас е веќе подолго време, а меѓу „обичните смртници“ официјално е од 22 октомври. Реални се неснаоѓањата со новиот „плочкест“ интерфејс на почетокот, но уште пореални се очекувањата да бидете брзи и ефективни во работата како со претходните системи, на пример со „седмицата“.
21 2.4G Wireless Fly Mouse Remote Control Глушец за Сѐ!!!!! Новата перспектива во влезните уреди, наречена Fly Mouse, е комбинација на безжично глувче и тастатура, која наликува на малку поголем далечински управувач.
МОБИЛНИ 24 HTC 8X и HTC 8S Windows револуција или само уште еден обид... 8X претставува одличен телефон кој со својот интересен дизајн ќе им се допадне на многумина, но ќе има и многу корисници на кои нема да им се допадне малата меморија.
40 Најпиратирани во 2012 Најдобри или најскапи? Најпиратирани! И најмалите деца знаат кои апликации се први на листата на најпиратирани апликации и секако – зошто, но има и изненадувања кои тешко може да се објаснат.
41 Windows 8 Бесплатни Windows 8 апликации што мора да ги имате Откако ви објаснивме како полесно да се снајдете со новиот оперативен ситем од „редмондовци“, логично е да ви претставиме неколку Windows 8-based MetroUI програмчиња што мора да ги имате. Згора на сè, бесплатни!