Enter 47

Page 1


02/511 99 77 Главен и одговорен уредник Горан Ѓорѓевиќ Уредник Гоце Постоловски - gp@division.mk Заменик уредник Ана Симоновска - as@division.mk Маркетинг marketing@division.mk Графички уредник Дарко Ќурчиевски - dw@division.mk Лектор Верица Неделкоска Фотографија Благоје Ѓорѓевиќ - bdj@division.mk Графичка подготовка Глигор Постоловски Редакција и соработници Дејан Зафировски dz@division.mk Гоце Спасовски Кирил Кироски Христијан Мирчески Ивица Анѓелески Жарко Петровски Мартин Јованчевски Милан Крстевски Драгана Миладиновиќ Списанието кое сите го разбирате излегува секој месец во текот на целата учебна година

Постојани соработници

контакт: enter@division.mk www.enter.net.mk Печати Друштво за печатење на весници печатница „Мисирков“ ДОО Скопје Издава

Директор Горан Ѓорѓевиќ Дивисион ДООЕЛ Миладин Поповиќ бр. 13, 1000 Скопје тел/факс: 02/511 99 77 Жиро сметка: 300000002892091 Комерцијална банка АД, Скопје Даночен број: МК 4032009500689 Дистрибуција: ПЛУС ПРОДУКЦИЈА Тел: 02/2580020

ЗБОР-ДВА ОД УРЕДНИКОТ Вака-така ја истуркавме и оваа зима. Со чудни топли денови во јануари, со снегови во март, но самите сме си виновни. Зборуваа луѓето дека глобалното затоплување се случува денес и овде и дека „2012“ можеби нема да се случи во обем како на филмот, ама климата (а со тоа и сè околу нас) ќе претрпи значителни промени, а тоа ќе влијае на сите нас и ќе треба да почнеме да се привикнуваме на тоа. И ние, во „Ентер“, се привикнувавме. Брзо се аклиматизиравме и успеавме да склопиме уште еден број на „Ентер“, овој пред вас, со реден број 47. А не ни беше баш наједноставно. За настаните во Македонија така-така, се снајдовме некако, но Хановер, Германија, беше посебна приказна. Бевме дури до ладниот север на Германија да видиме што имаше на овогодишниот CeBIT, најголемиот светски саем на компјутерска и телекомуникациска опрема. И не се покајавме. Беше студено, беше огромно и имавме малку време, па моравме да трчаме постојано, но она што го видовме (и што ви го пренесуваме како тема на бројот) ги неутрализираше и заморот и студот. Во огромно пространство беше распоредена сегашноста и иднината на информатичката технологија. Уреди кои до неодамна беа само во НФ-филмовите, штандови кои зафаќаа простор колку целиот наш Скопски саем, новитети на секој чекор и љубезни соговорници кои со нас (а со тоа и со вас) ги споделуваа новитетите што ги нуди нивната компанија на пазарот или ги развива во лабораторија. Некако успеавме да го собереме најважното низ страниците за интервју и темата на бројот и да направиме една интересна репортажа која, веруваме, ќе го привлече вашето внимание. Оставивме простор, се разбира, и за она што го имаме тука, што нашите вредни застапници и дистрибутери го донеле од светски познатите производители. Тука, пред сè, мислиме на хардверот и тоа во секој вид. Лаптоп-машини и модерни монитори, SSD дискови, но и интересни звучници. Го разгледавме и iPad и дадовме наше гледање на она што требаше да биде револуција во мобилните е-уреди. Колку ќе биде така, ќе покаже времето и купувачите, но вака, од прв поглед, и не ветува којзнае колку. На страниците наменети за софтвер опишавме решенија за графички дизајн и работење со дигитални фотографии, а кога станува збор за такво нешто, се знае кои се производителите: Adobe и Corel. И двете компании лансираа интересни производи, па вие оценете која повеќе ќе ги задоволи вашите барања. Преминот до делот ПРО и овој пат е преку применетите технологии и мобилните телефони. Посебно интересни се овие последните, за кои и не знаеме дали може уште да се нарекуваат телефони бидејќи во себе имаат толку многу функции, но и хардверски компоненти кои слободно може да им парираат и на дел од мобилните компјутери. А, секцијата ПРО и во „Ентер 47“ е дом на најновите технологии кои ги очекуваме во иднината и дел од оние кои почнаа да се применуваат во практиката. Тука сместивме и рецензии на серверски системи, како и на дел од најмоќните парчиња хардвер. Стандардно, тука е часот по програмирање, а веднаш потоа малку релаксација и тоа преку секцијата Gaming. А таму – хит до хит. Тема на бројот – Bioshock 2, Dark Void и најновата S.T.A.L.K.E.R како рецензии за PC и Heavy Rain и Army of Two како претставници на конзолските игри. Најавуваме и неколку наслови кои очекуваме да се појават наскоро и да доживеат успех, а сето ова го завршуваме со редовната рубрика Друштвени игри. Од она што го нудиме во нашето бесплатно dual layer DVD, ќе издвоиме: гејминг-хитовите Dark Void и Men of War: RedTide, потоа софтверските алатки и апликациите за заштита и оптимизација на вашиот систем, а како „јаготка на врвот“ е пробната верзија на CorelDraw Graphic Suite X5 која само што се појави и навистина има што да покаже. Толку од нас засега, бидете поздравени, уживајте во пролетта што се буди, но најдете време и да ја ажурирате вашата база на ИТ знаења и вештини... со „Ентер“, се разбира. Гоце eAbacus Постоловски


8

ВЕСТИ

Samsung Go N315

26

ЕНТЕР НА CEBIT

Samsung претстави нов нетбук во својата понуда. Ознаката на моделот е Go N315, a овој минијатурен преносник доаѓа со дијагонала на екранот од 10 инчи.

12

Следува специјална репортажа! Посебна, ексклузивна и уникатна поради фактот што во неа ќе имате можност да дознаете од прва рака како си помина на CeBIT тимот на нашата редакција. Следуваат нашите импресии од најголемиот технолошки саем во светот.

НАСТАНИ Покен

Покен пристигна во Македонија. Вашата нова социјална визит-картичка пристигна спакувана во стилски и откачени дизајни, во две верзии и тоа „ПокенСПАРК“ и „ПокенПУЛС“ кој покрај контактите, ви нуди и 2 гигабајти простор за складирање дигитални податоци.

14

ВЕСТИ

Глувчето на Фродо

Кога би постоеле модерни верзии на „Господарот на прстените“ или на „Гуливеровите патувања“, без сомневање во нив би имало некоја реченица од типот: „И тогаш кралот на Лилипутанците го зеде глувчето в рака и почна да клика за побрзо да бидат испукани топовите кон Гуливер.

16

ТЕМА НА БРОЈОТ

ИНТЕРВЈУ СО...

Изложувачи на CeBIT 2010

CeBIT 2010 беше извонредна можност да се сретнеме со претставници на големи брендови во индустријата, да поразговараме со нив и да добиеме информации од прва рака.

ИНТЕРНЕТ 20 Веб-селектор www.zivototemojotfilm.com.mk www.blip.tv 24 Чудната страна на блогот

Сакајќи да зборуваме за блогови кои обработуваат невообичаени теми, направивме избор од пет интересни места. Некои од блоговите се трогателни, некои морбидни, а некои едноставно – чудни, но ниеден од нив не нè остави рамнодушни.

36 Ни 1, ни 2, туку i3

ASUS K52JR е создаден за совршено да одговара и за работа и за забава. Опремен со најновиот процесор од Intel Core фамилијата, ќе ви овозможи извонредни перформанси за мултитаскингработење, мултимедиумска забава и поголема продуктивност.

38 Размрдајте ги прстите, па да почнеме

Multi-Touch технологијата не е некоја новост во компјутерскиот свет и покрај тоа што од неодамна се вградува во повеќето нови производи.

40 Формулата за победа

Acer постигна одличен успех со својата Aspire One линија, покривајќи речиси 40% од светскиот ИТ пазар, благодарејќи на Intel Atom процесорот како примарна карактеристика на нетбук-производите.

42 Фати го новиот бран

Денешницата е незамислива без безжичните технологии. Огромен број корисници сè повеќе го преферираат овој тип на врски со оглед на сè подобрата заштита, достапност и слободното движење во просторот.

ХАРДВЕР

30 Звучникот-вазна

Дали некогаш сте имале потреба со себе да понесете звучник кој нема да има потреба од напојување или, пак, звучник кој треба да го украси вашето работно биро? Pleomax го нуди токму тоа во звучникот со модел PSP-5000B или популарно наречен Vase (вазна).

КАКО ДА...

46 Ја„средам“ мојата Gmail сметка (2. дел)

Ве закачаше ли некој додека го чекавте новиот број на„Ентер“, а со него и новите техники и мајстории за вашата Gmail-сметка? Ако одговоривте потврдно и ако по ова„предавање“ не можете вие први да зададете некој удар, тогаш ќе мора да ви го пратиме и Чак Норис на помош.

32 SSD – кога брзината е битна

Конечно и во Македонија! Првиот SSD-диск е достапен во продажба благодарејќи на „Анхоч“.

34 Стилски, компактен, моќен

Мониторите на Philips отсекогаш биле со стилска изведба и со неприкосновен квалитет. Во последно време многумина корисници ги исполнуваат своите мегаломански апетити со набавка на 22-инчен (па и повеќе од 22) монитор, но никој не прави избор според своите потреби.

48

ГАЏЕТИ

Card Scan Personal

Доколку вашата работа бара од вас да присуствувате на голем број конференции, сигурно имате голема „колекција“ на визит-картички чиишто информации чекаат на ред да бидат рачно внесени во адресарот во вашиот компјутер.

СОФТВЕР

50 Големиот брат учи од помалите Најновата верзија на професионалниот софтвер на Apple, наменет за обработка и организирање на фотографии, нуди околу 200 новитети во однос на претходната, а се појавува во вистинско време

61 WARNING! A virus has been detected!

Конечно, Avast! излезе со нова, петта верзија. Добропознатиот антивирусен софтвер, кој со својата „домашна едиција“ може да се пофали со многу задоволни фанови

63 Дојди, види, фотографирај… Corel

Достојна алтернатива или реален противник на Adobe Photoshop? Се работи за Corel PaintShop Photo Pro X3, софтверот кој сигурно нема да остане незабележан од страна на дигиталните уметници.

МОБИЛНИ

66 Мултимилионерски телефон

При своето појавување на пазарот, во ноември 2009 година, iPhone 3G Supreme беше најскапиот телефон во целиот свет. Само неколку месеци подоцна, тoj го ослободи тронот за достојниот наследник, Rose.

68 Првиот змеј кој сака„крофни“

Acer напаѓа со уште еден паметен телефон во чии гради бие змејско срце. Приспособен за оперативниот систем Android и опремен со импресивен екран и брзина, Acer Liquid ќе ја намачи конкуренцијата во борбата за тронот.

72 Камера со добар мобилен телефон

Основната намена на PDA уредите е првенствено за зборување, квалитетно организирање на вашите активности и вмрежување преку што повеќе протоколи – 3G, WiFi, Bluetooth, GPS итн. Vivaz ги има сите овие карактеристики, плус и оние на еден повеќе од пристоен дигитален фотоапарат и камера.


Покен

Подај рака Покен пристигна во Македонија. Вашата нова социјална визит-картичка пристигна спакувана во стилски и откачени дизајни, во две верзии и тоа „ПокенСПАРК“ и „ПокенПУЛС“ кој покрај контактите, ви нуди и 2 гигабајти простор за складирање дигитални податоци.

Покен најкратко може да се опише како социјална визит-картичка со која веќе нема да постои јазот помеѓу реалниот свет и вашите идентитети и профили на социјалните мрежи. Овој модерен и стилски убаво дизајниран гаџет ги складира информациите за вашите профили на голем број социјални мрежи (Facebook, Skype, Twitter, LinkedIn и сл.) и што е уште поважно – овозможува нивно споделување само со допир на вашиот Покен со оној на личноста со која сакате да се поврзете. Благодарејќи на патентираната радиофреквентна технологија со мала моќност, размената на податоците ќе се изврши за само неколку секунди и вие веќе ги имате контактите од сите социјални мрежи кои се внесени во гаџетот на другата личност, како и основните информации за него (име и презиме, слика, е-адреси и сл). Со тоа веќе нема потреба од размена на класични визит-картички, дополнителни напори да се најдете и поврзете преку некоја социјална мрежа на која и двајцата имате кориснички сметки слично. Доволно е само да се „покнете“. Прегледувањето на виртуелните визиткартички и уредувањето на профилот се одвива на многу едноставен начин и

нема потреба од инсталирање дополнителен софтвер. Едноставно, треба да го вметнете вашиот Покен во USBпортата и да се најавите на www.poken.com/go. Таму најпрвин дефинирате свој профил во кој ги внесувате информациите за вас, а потоа можете да го поврзете со профилите на социјалните мрежи што ги користите и од едно место да ги менаџирате сите. Податоците се енкриптираат и се чуваат на сигурно, така што речиси не постои опасност некој да навлезе и да ги злоупотреби овие информации. Исто така, оттука во временска лента се редат и виртуелните визит-картички на лицата со кои сте си „подале рака“. Интерфејсот е модерно дизајниран и прегледен, а пред сè корисен, затоа што со помош на временската лента точно ќе знаете со кој кога сте се запознале и сте оствариле контакти. Оттука во секое време можете да ги ажурирате и вашите информации и тие веднаш се ажурираат и кај другите со кои имате остварено контакт.

Малку историја Покенот е дизајниран од страна на Стефан Дутрија од Канада кој овој производ го лансирал во 2009 година бидејќи му било „здодеано од пренатрупаноста на социјалните мрежи и желбата на лесен начин да остане во контакт со луѓето без да се прашува на која мрежа се членови“. За многу кратко време Покен почнува да се продава во 25 земји, а таа бројка постојано се зголемува. Растечката популарност на Покен ја потврдуваат и големиот број светски признанија кои овој уред и неговиот производител сè уште ги добиваат за иновативност, но пред сè за практичноста и импактот што го има во реалниот свет.

12

www.enter.net.mk

Покените не се само функционални гаџети. Нивните многубројни дизајни во различни бои ги прават и совршени подароци и „гик - аксесоари“ кои можете да ги носите околу врат или, пак, како приврзок за клучеви. Достапни се во два модела и тоа ПокенСПАРК и ПокенПУЛС, а разликата е во тоа што верзијата ПУЛС има и дополнителни 2 GB меморија со која можете со себе да ги понесете и датотеките и податоците кои можат да ви притребаат додека сте излезени. Покенот е достапен и кај нас, во Македонија, а за повеќе ин-

формации за тоа од каде можете да го набавите и колку ќе ве чини, посетете ја страницата www.poken.mk. Гоце Постоловски


Кампања за безбедност на децата на интернет

Безбедно на интернет По повод „Европскиот ден за побезбеден интернет“, а во организација на Microsoft Македонија, се одржа Првата кампања за безбедност на децата на интернет. Во оваа пригода, за време на официјалното обраќање, министерот за образование и наука, Никола Тодоров, и директорот на Microsoft Македонија, Илијанчо Гаговски, го потпишаа Меморандумот за разбирање за почетокот на програмата Партнери во Учењето. На настанот се обратија господинот Никола Тодоров, министер за образование и наука на Република Македонија, Илијанчо Гаговски, директор на Microsoft Македонија, Mairead Keigher, Citizenship Manager, Microsoft CEE и Тео Милев, раководител за програмата „Партнери во учењето“ за ЦИЕ, седиште на Microsoft за ЦИЕ. Министерот за образование и наука, г. Никола Тодоров, и директорот на Microsoft Македонија, г. Илијанчо Гаговски, за време на официјалното обраќање го потпишаа Меморандумот за разбирање за почетокот на програмата Партнери во Учењето (Microsoft Partners in Learning). Овој Меморандум ја дефинира рамката на нивната меѓу-

себна соработка со што тие покажуваат дека ја препознаваат потребата за подобрување на пристапот и употребата на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во основните и средните училишта. За време на настанот, ученици од основни училишта ја тестираа и оценија „Играта за учење“ која е развиена за децата до 14 години, како можна алатка за обезбедување одржливост на иницијативата. Кампањата оваа година ќе се фокусира на претставување на клучните теми за да се разберат ризиците на кои се изложени младите на интернет, заедно со практичните совети за заштита на децата на интернет и да се претстават технолошките алатки што ќе помогнат

во намалувањето на изложеноста на децата на несоодветна содржина и потенцијални ризици. Во оваа кампања свое учество зеде и Дирекцијата за заштита на личните податоци и Министерството за внатрешни работи - Сектор за компјутерски криминал, со цел да се нагласат

државните иницијативи и активности во насока на создавање на побезбедна средина за работа на компјутер за децата во нашата земја. Настанот беше поддржан од Ротари клуб-Камен мост и Зона Медиа кои ја развија играта за учење која ќе ја засили безбедноста на децата на интернет.

Регионална конференција

„Иновации во образованието“ Во првата седмица на март се одржа регионалната конференција „Иновации во образованието“. За прв пат тимови составени од професори и ученици од Македонија, Црна Гора, Косово и Албанија ги споделија своите визии за идното училиште пред претставници од министерствата за образование и наука од четирите земји.

На конференцијата беа презентирани победничките проектни идеи од државните натпревари во четирите земји. Проектните тимови, преку користење иновативни технологии и методи, работеа на две теми: „Управување со училиштето“ и „Процесот на учење насочен кон потребите на ученикот“. Целтa нa конференцијата е да се даде придонес кон институционалните промени преку споделување на разработените проектни идеи со претставници од Министерствата за образование и наука и преку

создавање дијалог помеѓу вклучените страни. На настанот беа присутни и се обратија директорите на Британскиот совет во Македонија и на Microsoft Македонија, како и високи претставници од министерствата за образование од четирите земји. Конференцијатa беше збогатена и со присуство на претставник од НЕСТА, водечка институција за експертиза за иновации во Обединетото Кралство, коj го сподели своето искуство за иновациите во училиштата.

www.enter.net.mk

13


Кого видовме во Хановер?

CeBIT 2010 беше извонредна можност да се сретнеме со претставници на големи брендови во индустријата, да поразговараме со нив и да добиеме информации од прва рака. Ви пренесуваме само мал дел од овие разговори, колаж од она што нам ни остави впечаток, а што сметаме дека ги отсликува трендовите на овогодишното издание на саемот во Хановер.

Apacer - Goran Sovilj, Account Manager Mоето име е Горан Совиљ. Јас сум одговорен за продажбата, маркетингот и сите работни активности за Apacer во поранешна Југославија, Албанија и Македонија. Првин, би сакал да ви објаснам кои се Apacer, што работиме и како би сакале да се поставиме... Во поранешна Југославија нашите односи се добро воспоставени. Само во последните две години 15 до 20 проценти од севкупните продажби се одвиваат таму. Во Македонија скоро секоја продавница во Скопје располага со нашите производи, што е навистина добро нешто. Што очекуваме во годините што следуваат? Пазарот со меморија ќе биде во побарувачка затоа што очекуваме количината на производите да се намали. Тоа значи дека достапноста ќе биде намалена, а побарувачката ќе остане да биде стабилна, дури и поинтензивна отколку што е сега. Ние, како Apacer, би сакале да посветиме внимание и на други стоковни и електронски производи, така што во скоро време ќе забележите сè повеќе и повеќе производи како камери, глувчиња и надворешни хард-дискови. Чувствуваме дека на овој начин нашата свест како продавачи значително ќе

16

www.enter.net.mk

ASUS - Slobodan Peruncic, Marketing Manager зајакне, а со тоа и нашата позиција на пазарот со стоковни производи. AL460 е еден од нашите поексклузивни уреди што ги нудиме моментно. Се работи за медијаплеер со целосна HD поддршка, а тоа значи дека репродуцира видеоматеријали во висока дефиниција. Ова е производ кој е навистина пријатен за користење. Едноставно, префрлете некој филм на USB или надворешен хард-диск. На располагање имате два приклучока кои ви овозможуваат инстантна репродукција на телевизија. Ова е нашиот главен уред кој сакаме да им го претставиме на потрошувачите во Македонија.

Компанијата ASUS е основана пред 20-тина години и до скоро беше позната само по тоа што е најголем светски производител на матични плочи, но од пред неколку години портфолиото на производи и решенија сè повеќе и повеќе се усложнува и проширува. Така, денес фокусот е насочен кон системите и преносните компјутери. Најпознат претставник од оваа категорија на производи е Eee PC, а токму овде, на CeBIT, посетителите можат да ја видат најновата генерација на Eee PC. Во последно време, ASUS посебно внимание посветува на заштитата и зачувувањето на природната околина, како и заштедата на енергија. Тоа најдобро е илустрирано преку Bamboo серијата на преносни компјутери кои се изработени од бамбус, можеби едно од најраспространетите растенија во светот. Ова се дел од

новитетите коишто, заедно со дизајнот, можеме да ги издвоиме како подобрувања и придвижување нанапред во работењето на ASUS коишто се претставени тука. А, кога станува збор за дизајнот, морам да ја споменам и соработката што ја имаме со познатите индустриски дизајнери Карим Рашид и Дејв Луис кои активно учествуваат во создавањето на новите производи од нашата компанија.


Изложувачи на CeBIT 2010 Avira - Stefan Schiffert, Chief Technical Officer Здраво, моето име е Стефан Шиферт, јас сум одговорен за развојот и квалитетот на апликацијата, како и нејзините можности за детекција на вируси. Целта на одделот во кој работам е детално испитување на малициозните софтверски апликации и осмислување соодветна заштита. Во поглед на заканите што постојат на интернет, сметам дека нивниот број значително ќе се зголеми, не само преку е-пошта, туку и преку други начини кои неуморно ги експлоатираат слабостите на вашиот компјутер и автоматски преземаат и инсталираат малициозен софтвер. Ние нудиме додатна заштита со десеттата верзија на Avira, ја подобривме можноста за родителска контрола, а со тоа ја зголемивме заштитата на децата додека сурфаат. Притоа, осмисливме техника за отстранување вируси дури и откако тие ќе се вдомат во вашиот компјутер. На тој начин нема потреба да го реинсталиратe опeративниот систем и непотребно да губите време. Нашата бизнис-едиција располага со firewall и подобрени антивирусни решенија.

Роботи – Martin Ring, студент Здраво, моето име е Мартин Ринг, студент сум на Универзитетот Бремен во Германија. Работиме на универзитетски проект во соработка со Германскиот институт за вештачка интелигенција. Она на што работиме, всушност, е играње фудбалски игри со мали, компјутерски управувани роботи. Потоа ќе видите една игра која ќе ја прикаже функционалноста на роботите. Да, роботите можат да играат фудбал. Во поглед на техничките можности, роботите поседуваат камера која ја користат за снаоѓање во околината, потоа ултразвучни сензори за препознавање пречки, како и сензори во нозете за подобро извршување на движењата. Со информациите што ги добиваат, роботите изградуваат слика за светот во кој се наоѓаат и се способни да планираат за време на играта.

ROLAND - Cord Brandis, Chief Product Manager Здраво, моето име е Стефан Шиферт, јас сум одговорен за развојот и квалитетот на апликацијата, како и нејзините можности за детекција на вируси. Целта на одделот во кој работам е детално испитување на малициозните софтверски апликации и осмислување соодветна заштита. Во поглед на заканите што постојат на интернет, сметам дека нивниот број значително ќе се зголеми, не само преку е-пошта, туку и преку други начини кои неуморно ги експлоатираат слабостите на вашиот компјутер и автоматски преземаат и инсталираат малициозен софтвер. Ние нудиме додатна заштита со десеттата верзија на Avira, ја подобривме можноста за родителска контрола, а со тоа ја зголемивме заштитата на децата додека сурфаат. Притоа, осмисливме техника за отстранување вируси дури и откако тие ќе се вдомат во вашиот компјутер. На тој начин нема потреба да го реинсталиратe опeративниот систем и непотребно да губите време. Нашата бизнис-едиција располага со firewall и подобрени антивирусни решенија.

Intel Master Extreme - Christian Brand, PR Manager Добре дојде, Македонијо, на CeBit 2010. Се наоѓаме во халата 23 каде што се наоѓаат финалистите на Intel Extreme. Најдобрите професионални гејмери од сите краишта на светот дојдоа во Хановер да се натпреваруваат за парична награда во износ од 530.000 долари. Учесниците го покажуваат своето знаење во игрите Counter Strike 1.6, World of Warcraft и Quake Live, но и некои други игри како Avalon Heroes – новата мултиплеерска игра. Ова е четвртата сезона на Intel Extreme Masters. Првпат започнавме во август 2009 година за време на Гејмском – најголемиот гејмерски саем во Келн, Германија, а исто така, гостувавме и на разни настани во Канада, Дубаи, Тајван, па дури и во Кина. На овој начин успеавме да ги привлечеме најдобрите гејмери во светот да учествуваат во овој возбудлив турнир. Ова е еден од најдобрите натпревари што сме ги организирале досега и нуди можности за он-лајн и оф-лајн пресметки, како и неколку други забавни изненадувања за сите нас.

www.enter.net.mk

17


Ентер на CeBIT Следува специјална репортажа! Посебна, ексклузивна и уникатна поради фактот што во неа ќе имате можност да дознаете од прва рака како си помина на CeBIT тимот на нашата редакција. Следуваат нашите импресии од најголемиот технолошки саем во светот. Вовед CeBIT, најголемиот саем за информатичко-комуникациски технологии, кој од 1986-та година, традиционално, се одржува на почетокот на март во Хановер, и оваа година понуди неколкудневна возбудлива програма. Огромни хали, исполнети со големи имиња од светот на технологијата. Разновидие од содржини на кое не можат да му најдат мана ниту оние најпребирливите. На CeBIT се пееше и свиреше, се играа игри на најмоќните конфигурации на денешнината, се направија милионски зделки, се разменија милиони информации, се извадија асовите од џеб, се измерија понудите на ривалите. Иако во последните неколку години го загуби сјајот од времето кога беше во својата полна сила, сепак CeBIT сè уште цврсто стои на врвот на листата на атрактивни саемски дестинации, а за тоа јасно зборуваат и бројките. Распослан во над 20 тематски дифиренцирани хали, CeBIT понуди низа промоции, нови содржини, богата конференциска програма... Стотици илјади посетители можеа да допрат, видат и почувствуваат што е она што ќе ги формира технолошките трендови во периодот што следува. Како клучни теми се издвоија – Business IT, ICT Infrastructure и Future ICT. И оваа година на големо се зборуваше за „зелената“ технологија, примената на технологијата во јавниот сектор, здравството, безбедноста, деловните процеси, а секако, многу прашина се крена и околу 3Д ТВ технологиите.

Шпанија земја-партнер Како земја-партнер, Шпанија имаше значајна улога на CeBIT 2010. Дури 100 изложувачи дојдоа од оваа земја, со цел да ги покажат потенцијалите на ИКТ секторот и да ја потврдат позицијата на Шпанија како една од водечките ИКТ нации во Европа. „CeBIT Sounds!“ успешно ја спои музичката

26

www.enter.net.mk

индустрија и ИКТ секторот, а таа улога ќе ја извршува и во идните изданија на саемот. Темата на годинашното главно обраќање на CeBIT беше Connected Worlds, која, секако, го следи трендот на поврзување на различните сегменти на човековото живеење во еден, интегрален „веб-екосистем“, преку примена на современи технолошки решенија.


CeBIT 2010 ICT – Infrastructure Интересни, разновидни и освежувачки беа халите посветени на ИКТ инфраструктурата. Таму беа изложени популарни групи на производи – ноутбук и мобилни уреди, компоненти и корисничка електроника, аксесоари, периферни уреди, решенија за

Gigabyte го претстави Thin Note M1024 нетбукот, „придвижуван“ од Intel Atom N270 процесор, а компанијата Acer го покажа новиот Acer beTouch E200 паметен телефон. АSUS блесна со full HD 3D дисплеи со високи перформанси, кои ќе ги зашеметат гејмерите, а Kodak, пак, ја претстави својата нова i4000 серија на скенери, наменети за малите и средни претпријатија. MSI се истакна со три модели од познатата U100 серија од линијата Wind нетбук компјутери, а го претстави и новиот ултратенок лаптоп со ознака X-Slim X360, базиран на Intel Arrandale платформата.

Македонски национален штанд

графика и звук, 3Д и дисплеј-технологии и многу, многу друго. Токму тука беше забележително присуството на изложувачи од азиските земји, кое, според официјалните извештаи, годинава беше уште поинтензивно во однос на минатите изданија на CeBIT. Направивме ексклузивно интервју со претставник на ASUS, кој меѓу другото, ја потенцира промоцијата на новата линија на Eee PC и заложбите на ASUS на полето на зелената технологија. Како претставници на медиум, имавме право да ѕирнеме и што се случува во секцијата Planet Reseller, вообичаено затворена за обичните смртници, а наменета за дистрибутери, произведувачи, индустриски асоцијации и други чинители на секторот. Токму ова е локацијата што во изминатите неколку години се стекна со статусот најважно место за средби и остварување деловни контакти во едно продуктивно опкружување. IBM беше едно од поголемите имиња што ги видовме на CeBIT. Слоганот под кој годинава настапи оваа компанија на саемот беше Smarter Together, или „Попаметни заедно“. Во понудата се најдоа кориснички ориентирани решенија за, како што велат од IBM, попаметни градови, инфраструктура, одлуки, работа и безбедност. Тие имаат за цел да ги интегрираат луѓето, процесите и системите во градовите, суштински вмрежувајќи ги меѓусебно, притоа обезбедувајќи попаметни и попријатни за живеење градски средини.

На саемот, обединети под „капата“ на националниот штанд, а во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, осум македонски компании, членки на комората, му се претставија на светот. Arthaus, Axeltra, Bransys, Ein – Sof, Infinite Solutions, Neocom, Pexim и Seavus – имаа што да покажат. Во тоа се уверивме и самите за време на нашата посета на штандот, кој патем кажано, изгледаше импресивно и беше магнет за посетителите. Според МАСИТ, CeBIT претставуваше уникатна можност за промоција на Македонија како земја на информатичари, индивидуалци и компании кои имаат несомнени компаративни предности пред останатите конкуренти и претставуваат доверлив партнер и за најсложени и обемни проекти од областа на ИКТ во јавните установи или на корпорациско ниво. Таргет-групи на македонските фирми на саемот беа корисниците од индустријата, големопродажниот и малопродажниот сектор, трговците, банките, услужниот сектор, владините агенции, науката и сите корисници посветени на технологија. Целите на учеството на македонските ИКТ компании на CeBIT 2010 беа промоција на македонските фирми во западна Европа и зголемување на извозот, етаблирање на Македонија како ИТ бренд и привлекување странски инвестиции.

Open source software Слободниот софтвер кој веќе подолго време се труди да им докаже на корисниците дека не мора да платат за да имаат добар производ, беше присутен и тука и тоа во неколку хали, во зависност од категоријата на производот и корисниците за кои беше наменет. Паралелно се одржуваа и голем број презентации на кои на посетителите им беше овозможено одблизу да се запознаат со концептот на слободен софтвер, а можеа да купат некоја од едициите по симболична цена од само неколку евра. Ние посетивме поголем број од нив и се потрудивме да ги натераме пред вас да кажат збор-два за она што го презентираат, но се покажа дека не се баш толку слободни како софтверот што го застапуваат. За среќа, не сите. Пример за тоа беа претставниците на Mozilla, кај нас позната, пред сè, по интернет-прелистувачот Firefox. Малиот штанд беше претесен да ги прими сите заинтересирани кои доаѓаа и се распрашуваа за некои од проектите што ги работи оваа организација, која, како што истакна нивниот претставник, е многу активна и во Македонија.

Future parc Нашата следна дестинација беше ни помалку, ни повеќе – иднината. Да, токму така, имавме ексклузивна можност преку специјалниот простор од 6.000 квадратни метри, наречен future parc, да ѕирнеме дел од она што веќе на големо се подготвува во најголемите светски истражувачки центри и да видиме како тие достигнувања и решенија ќе ни го олеснат животот и работењето, ќе ни ја подобрат забавата или, пак, ќе ги спојат сите овие работи во едно. Веднаш штом влеговме, знаевме дека сме на вистинското место. Пред нас беше презентер со чудна маска на главата кој седеше пред компјутер и со мислите контролираше дел од неговите функции. Само што помисливме дека во внатрешноста на огромната хала ќе видиме и можеби некој вселенски брод, сепак, тоа не се

случи. Наместо него видовме штандови на голем број универзитети, научно-истражувачки центри и групации коишто на заинтересираните надолго и нашироко им елаборираа за она на што работат во моментот. Оние, пак, чии проекти веќе се во завршна фаза, имаат донесено и по некој прототип кој на посетителите им овозможуваше за момент да се преселат во иднината каде што, според нивните очекувања, ова ќе биде реалност. Пример за тоа беше еден велосипед кој однадвор по ништо не се разликуваше од обичен собен реквизит за вежбање. Но, кога истиот беше вклучен и поврзан со компјутер и сензори, тогаш тој се претвораше во целосно опремен фитнес-центар кој не само ќе ве релаксира и ќе ги размрда мускулите на вашето тело, туку ќе ви даде и точни податоци и информации за тоа во која состојба е срцето, колку калории трошите, а додека го правите тоа, можете да разговарате и на телефон. Вистинско решение за оние кои мораат да бидат во канцеларија, а не сакаат тоа да им се одрази на здравјето. Само што се разочаравме дека нема да видиме некој лик од научно-фантастичните филмови, кога пред нас се појавија студентите од Бремен, Германија, и два посебни лика – Леонард и Шелдон. Посебни затоа што тоа беа роботи и тоа не какви било, туку фудбалери. Иако не беше предвидено, двајцата роботи, повторно специјално за Ентер, одиграа и еден фудбалски натпревар еден-на-еден.

Промоции Од промоциите што се случија на CeBIT ќе издвоиме само неколку. Токму на саемот, Nokia и официјално го претстави моделот C5, оптимизиран за социјално вмрежување и споделување, a со тоа и новата C-серија на паметни телефони. www.enter.net.mk

27


Business IT Една од клучните теми на CeBIT беше Бизнис ИТ, па разбирливо беше што огромен дел од саемскиот простор беше резервиран токму за деловно ориентираните решенија. Огромен беше и бројот на понудените производи – сервер-технологии, виртуелизација, open source решенија, софтвер и систем-менаџмент, решенија за управување со документи, сервис ориентирана архитектура, комуникации, управување со човечки ресурси и уште многу, многу друго. Широката лепеза на производи претставува рефлексија на современото деловно работење. Компаниите ја разбираат важноста на примената на модерни технолошки решенија со цел да ја подобрат својата ефикасност, да ги намалат производствените трошоци и да го зголемат квалитетот. Големата посетеност на штандовите во бизнис-халите на CeBIT јасно зборува дека ваквите технолошки решенија се наоѓаат во врвот на листата на приоритети за инвестиција. На CeBIT, за прв пат, беа објавени резултати од студија спроведена од еден од институтите на истражувачката организација Fraunhofer. Според нив, софтверот и услугите се едни од главните двигатели на растот на германската економија. До 2030 година, ИКТ секторот ќе продуцира годишна вредност од 90 милијарди евра, а над 450 илјади работни места ќе се отворат во софтверскиот сектор и ИТ услугите. Ова, несомнено, можеме да го сметаме и како индикатор на еден поглобален тренд, кој судејќи според бројките, допрва ќе зема замав.

Security World Заштитата и безбедноста на податоците и информациите, како и зачувувањето на приватноста се и

28

www.enter.net.mk

ќе бидат топ-тема секогаш, без разлика на актуелните ИТ трендови. Токму затоа незамисливо беше саем од рангот на CeBIT да си дозволи да го занемари овој непобитен факт, посебно не денес кога бизнисот, банките и комуникацијата скоро целосно се базирани на битови и бајтови. А тие, нели, секогаш се цел на оние кои сакаат да спечалат нешто набрзина, да ѕирнат во туѓите животи и финансиски податоци или, едноставно, да напакостат затоа што не знаат ништо друго. Но и производителите не седат со скрстени раце. Секоја година, па и неколку пати годишно, најголемите од нив, но и оние коишто се трудат да си го најдат своето место под сонцето издаваат по неколку едиции заштитен софтвер кој се труди и најчесто успева во чекор да ги следи сајбер-криминалците. Штандовите, ако може така да се кажат многуте квадратни метри кои беа обоени во боите на многуте производители на комерцијални и бесплатни заштитни решенија, беа претесни да ги примат сите оние кои сакаа да ги видат најновите едиции или да присуствуваат на предавањата и презентациите што постојано се одржуваа.

Gaming Кога веќе бевме сигурни дека видовме од сè по малку и дека ништо повеќе не може да нè изненади, тргнавме кон

една хала во која, според мапата и водичот, имаше нешто што се нарекуваше Intel Extreme Masters. Теоретски знаевме дека се работи за нешто гејмерско, но како што испеа еден стар рокер – малку поинаку е во практиката. Малку поинаку беше многу благо кажано, а нашето изненадување беше огромно кога влеговме во халата која однадвор изгледаше исто како другите. Пред нас беше светот на гејмерите, оној за кој читавме дека постои во развиените земји каде што е-спортот е на исто ниво со класичните спортови, а сега можевме со свои очи да се увериме дека е навистина така. Инаку, Intel Extreme Masters е еден од најголемите турнири каде што најдобрите тимови од три континенти се соочуваат меѓу себе играјќи некоја од официјалните игри кои ги определува организаторот, и тоа за


CeBIT 2010

награди чиј фонд достигнува половина милион долари. Останавме уште малку да ги разгледаме најмоќните мобилни компјутери во светот, Alienware, кои беа официјални машини за играње обезбедени од Dell и нивниот надалеку познат вонземски бренд. Сакајќи малку да се одмориме од адреналинот кој можеше со нож да се сече, тргнавме

накај халата во која се одржуваше CeBIT Sounds, новитет на CeBIT, место каде што се среќаваат музиката и новите технологии. Но, можете да го замислите нашето изненадување кога и овде првото нешто што го видовме беше гејминг-арена и тоа обезбедена од Acer. Моќните гејмерски лаптоп и десктоп-машини беа запоседнати од гејмери кои сакаа да почувствуваат како е да се игра на машини кои, народски кажано, се вистински ѕверови, изградени од моќни хардверски компоненти, а однадвор дизајнирани така што единственото што може да се каже е – браво, секоја чест. Како што кажа и нашиот соговорник, 3Д технологијата е хит во денешно време, па и ние имавме можност да ѕирнеме малку преку специјално дизајнираните тродимензионални очила коишто, буквално, даваат друга димензија на играњето видеоигри.

CeBIT Sounds! Како што веќе напоменавме, на CeBIT освен што се направија сериозни, мултимилионски договори и се покажа кој е кој во ИКТ секторот, имаше можност и да се чуе добра музика. CeBIT Sounds! ја спои музиката и ИКТ индустријата, понуди инструменти, музички хардвер и софтвер, а се претставија и популарни социјални мрежи и провајдери на нови, дигитални канали за дистрибуција и маркетинг. Претставници од индустријата имаа можност да разменат идеи во врска со најновите трендови во дигиталната продукција и дистрибуција на музиката, во форма на серија разговори, панел-дискусии и презентации. Овие бизнис-ориентирани разговори беа проследени со музички настапи во живо, па посетителите можеа да ја видат малку

поопуштената, забавна страна на оваа индустрија. Покрај германската асоцијација на независни музички компании, овој фестивал на музичкиот бизнис, како што беше наречен CeBIT Sounds!, претставуваше привлечна дестинација за имиња како MySpace, Musicload, Roland Instruments, Yavido и musiXcard. Самата хала не беше пренатрупана, па лесно можеа да се забележат и лоцираат звучните брендови.

Бројки. Трендови за идната година. Последното издание на саемот беше доказ за силата и виталноста на CeBIT, така барем се вели во соопштението објавено на официјалниот сајт на овој технолошки саем. Што велат бројките? 4.157 компании од преку 68 земји биле присутни на CeBIT 2010. Просечната дневна посетеност била за три проценти

поголема во однос на минатата година. Една петтина од посетителите на CeBIT дошле надвор од Германија. Опаѓањето на бројот на американски посетители, се вели во соопштението, било на некој начин компензирано со зголеменото присуство на посетители од Азија, а интересот на Европејците бил на нивото од минатата година. Забележан е пораст од 21 процент на посетеноста на CeBIT Global Conferences. Во истото соопштение се наведуваат и насоките во кои ќе се развива и што може да се очекува идната година на CeBIT. Во 2011 година, саемот ќе донесе неколку новитети, согласно актуелните „струи“ во ИКТ индустријата, фокусирајќи се на огромниот иновативен потенцијал на дигиталниот сектор. „CeBIT pro“ ќе ги адресира професионалните корисници, „CeBIT gov“ ќе го таргетира владиниот и јавниот сектор, „CeBIT lab“ ќе биде дом на интернационални истражувачки институции и универзитети, а „CeBIT life“ ќе им се „обрати“ на таканаречените prosumer-и, кои ефективно служат како трендсетери и двигатели за иновација, се наведува

во соопштението од CeBIT. Нам ни останува да почекаме една година и да видиме што и како ќе биде реализирано од најавено. Ако го земеме CeBIT 2010 како репер, нема зошто да не очекуваме нешто импресивно.

Заклучок На крајот на ова наше патување бевме сигурни во две работи – дека колку што физички се изморивме, толку ментално се нахранивме или што би рекле старите – ги исплакнавме очите. Видовме, а се надеваме и вам ви доловивме, еден свет кој не признава вери, граници, раси и нации. Свет во кој иновацијата е движечка сила во работењето, свет во кој виртуелното и реалното се така измешани што границата помеѓу нив на моменти и не постои. Свет кој иако беше погоден од глобалната економска криза, сепак брзо заздравува и се враќа на старите патеки на славата. Тимот на „Ентер“ www.enter.net.mk

29


Pleomax PSP-5000B

Звучникот-вазна Дали некогаш сте имале потреба со себе да понесете звучник кој нема да има потреба од напојување или, пак, звучник кој треба да го украси вашето работно биро? Pleomax го нуди токму тоа во звучникот со модел PSP-5000B или популарно наречен Vase (вазна).

„Вазната“ е производ на корпорацијата Samsung и може да се каже дека е најстилскиот звучник со мали димензии. Благодарејќи на „Анхоч“ имавме можност да се запознаеме со него и да ги почувствуваме неговите квалитети, како стил-

ски, така и звучни. Уредот доаѓа спакуван во кутија само со упатство за употреба, но не и со оптички медиум што ни кажува дека тој нема потреба од користење драјвери. Долниот дел, столбот, е изработен од црна пластика со пијано-завршница, додека капакот

30

www.enter.net.mk

е со сребрено огледална боја. На средината се наоѓаат три сребреникави прстени кои служат за контрола на звукот. Долниот прстен служи за регулација на ниските тонови, средниот за нивото на јачина на звукот и горниот прстен за регулација на високите тонови. Кабелот за поврзување на уредот при крајот се дели на два дела: еден за аудиоприклучок (3,5 mm, „банана“) и еден USB кој служи за напојување, а вкупната должина на кабелот е околу 1,5 метри што е сосема доволно да се постави на кое било место на работното биро. Откако го приклучивме уредот на USB и на аудиопортата, не добивме звук, ниту каква било негова реакција. Очигледно беше дека таму некаде се крие некаков on/off прекинувач. Откривме дека тој се наоѓа на врвот на уредот (огледалната површина) и требаше да се притисне за да се вклучи. Звучникот веднаш почна да работи, а на наше големо изненадување, четири портокалови лед-диоди го осветлуваа просторот помеѓу телото и врвот кој е обоен во бисерна боја и светлината ја прекршува во сите правци. На овој начин се добива прекрасен украсен звучник кој несомнено би ги привлекол погледите на вашите пријатели или соработници кон вашето работно биро. Од долната страна се наоѓа звучникот кој емитува ниски и средни фреквенции, додека во просторот под капакот има звучник за високи фреквенции. Нагодувањето е многу едноставно, а сè

Pleomax PSP-5000B Број на драјвери: 1 tweeter + 1 low and middle Моќност: 3 W RMS при 4 Ω Поврзување: 1 x USB и 1 x 3,5mm аудио Нагодување: Јачина, ниски и високи фреквенции Поддржани OС: Сите оперативни системи

што треба да се направи е да се заротираат трите прстени и да се нагоди саканата јачина и ниво на ниски и високи тонови. Не треба да се очекува дека звукот ќе биде како

на големите звучници во кутија, но сепак, за својата големина и изведба, Pleomax звучи одлично. Имено, се работи за два 4-омски звучници кои имаат тотална моќност од 3W RMS и фреквентно подрачје од околу 80 Hz – 18 kHz. Значителен факт кој треба да се спомене е дека звучниците се магнетно заштитени со што не би имале проблеми доколку се постават во близина на CRT монитор. Според начинот на работа, секој оперативен систем ги поддржува овие звучници, а наша идеја е доколку немате компјутер во близина, може да се искористи адаптер со USB напојувачки приклучок и кој било уред кој има 3,5mm аудиопорта (iPod, mp3 плеер, мобилен телефон...). Поставете го Pleomax на работното или на домашното биро и ќе го имате вниманието на секој ваш посетител додека истовремено уживате во звукот од овој уред. Цената за која може да го набавите е минимална во однос на она што ќе добиете! Ивица Анѓелески


Gembird Notebook stand

Дувна ветре gembird-овче При подолго користење на преносниот компјутер, доколку тој не е соодветно поставен, доаѓа до негово загревање кое често може да биде непријатно за вашите дланки, а уште повеќе за самиот компјутер. Во последно време, користењето подлога за преносен компјутер е веќе стандардна опрема која треба да се користи при долготрајна работа на него. На пазарот може да се најдат многу уреди од овој вид, но нивната цена во однос на улогата што ја вршат може да биде навистина висока, па затоа „Анхоч“ ни нуди одлично решение кое воопшто нема да удри по вашиот џеб. Gembird Notebook stand Материјал: Транспарентен плексиглас Вентилатори: 2 вентилатора од по 8 cm Напојување: USB со кабел од 50 cm Димензии: 310 x 265 x 50 mm Проблемот со прегревање може да биде многу голем имајќи предвид дека ладењето е една од основните функции која треба да се извршува за нормална работа на уредот. Преносните компјутери најчесто воздухот за разладување го вшмукуваат од долниот дел на компјутерот, па преку канали, со помош на вентилатор, тој се спроведува низ разладната решетка и се исфрла во околината од левата, десната или од задната страна на уредот. Типичен пример за неправилна поставеност на уредот е кога тој е поставен на мека подлога (ткаенина и сл.) која ги затвора отворите за циркулација на воздухот и може да дојде до несакани последици. Само кај многу мал дел од новите преносни компјутери системот за циркулација на воздухот не е од долната страна на уредот, па доколку сакате да го земете лаптопот во постелата или да го поставите на нозете, ви препорачуваме да користите подлога за него. Црни,

бели, жолти, црвени и проѕирни, подлогите за преносни компјутери може да се најдат во многу бои, изведби и дополнителни опции, но сите ја имаат истата улога: обезбедување нормална циркулација на воздухот од околината. Доколку не сте заложник на модата и на стилски изработениот хардвер, ви ја препорачуваме Gembird Notebook подлогата која покрај одличната цена, има и одличен дизајн. Изработена е од проѕирен плексиглас во форма на правоаголник со страни свиткани

кон внатрешноста. Во средината се наоѓаат двата вентилатора од по 8cm кои имаат и по две сини лед-диоди и создаваат одлична визуелна слика при својата работа. Кабелот за приклучок е долг 50 cm што е сосема доволно да се дофати која било USB порта на компјутерот, а за таа да не се узурпира, USB приклучокот е така дизајниран што поратата во која се вклучува останува слободна за користење со помош на екстензионен адаптер. Од долната страна може да се забележи дека предните потпори на подлогата се подолги

од задните што прави поставеноста на компјутерот да биде на околу 10° од хоризонталата. Работата на вентилаторите е прилично тивка, така што нема потреба од грижи дека тие би создавале бучава која би пречела при работата. Лед-диодите се насочени кон вентилаторите, па во ноќни услови на користење се создава одличен амбиент под вашиот преносен компјутер. Димензиите на подлогата се 310 x 265 x 50 mm што би било сосема доволно за нетбук или, пак, ноутбук со големина до 16”. При користењето на уредот увидовме дека двата вентилатора се прилично ефикасни, со голем проток на воздухот и разликата на температурата на процесорот на компјутерот кој го користевме беше околу 6°C. Со оглед на ниската цена и одличниот дизајн, срдечно ви ја препорачуваме Gembird подлогата. За подетални информации можете да се обратите во продажните салони на „Анхоч“. Ивица Анѓелески

www.enter.net.mk

33


Фати го новиот бран

Денешницата е незамислива без безжичните технологии. Огромен број корисници сè повеќе го преферираат овој тип на врски со оглед на сè подобрата заштита, достапност и слободното движење во просторот. Производите со кои секојдневно се среќаваме се Bluetooth уреди, WLAN (Wireless Local Area Network), GSM уредите, Infrared и др. Во понатамошниот текст ќе се насочиме кон новините во безжичната технологија кои во последно време имаат сè поголемо влијание на користењето на овој тип на поврзување.

42

www.enter.net.mk

Wireless N Овој стандард значително ги подигна границите на брзина на трансфер и растојанието на поврзување во однос на претходните 802.11 a, b и g стандарди. Овој стандард е наследник на IEEE 802.11-2007 каде што со комбинација од 1 a и g стандардите значително е зголемен трансферот од 54 Mbps на теоретски 600 Mbps со користење на четири одделни канали со фреквенциски опсег од 40 MHz. Уредите од овој тип се служат со т.н. MIMO (multiple input, multiple output) технологија која наместо една, користи повеќе антени со цел кохерентно да ги разложи информациите што треба да се пренесат. Друга применета технологија е SDM (Spatial Division Multiplexing) која просторно ги мултиплексира засебните податоци кои се пренесуваат симултано преку еден

спектрален канал. Тие овозможуваат работа на фреквенција од 5 GHz за разлика од претходните 802.11 уреди кои функционираа на 2,4 GHz. Бројот на симултани stream-ови (трансфери) многу зависи од бројот на антени што ги имаат двата поврзани уреди, а компатибилноста на овие системи со сите претходни 802.11 стандарди е целосна. Поради големите достигнати брзини, за овој стандард во последно време сè повеќе се одлучуваат гејмерите и корисниците кои често се служат со „стрим“ на мултимедијални содржини. Од друга

страна, N-стандардот овозможува и поврзување при вертикална одвоеност на двата уреда што не беше случај кај уредите со 802.11a, b и g стандардите. Употребата на овој стандард кај уредите од февруари 2010 година треба да биде веќе целосно застапена со оглед на тоа дека примената чини исто толку како и кај постарите стандарди.


Безжични технологии Bluetooth 4.0 Bluetooth е технологија со која се сретнуваме речиси секојдневно. Со нејзина помош ги поврзуваме нашите мобилни телефони, автомобилите и многу други уреди. Bluetooth SIG групацијата неодамна ја најави новата верзија, 4.0 Bluetooth, а на саемот Cebit и официјално ја претстави оваа технологија. Третата верзија на Bluetooth речиси не ја сретнавме во јавноста. Таа беше најавена во април 2009 година, но не беше популаризирана со оглед на тоа дека имаше само зголемена брзина на трансфер, но не и намалена потрошувачка на енергија. Најголемото подобрување во однос на претходната, трета верзија е драстично намалената потрошувачка на енергија која досега беше важен фактор при употребата на Bluetooth со оглед на тоа дека голем дел од уредите кои имаат вградено Bluetooth се придвижувани од батерии. На многу уреди од областите на медицината, спортот, фитнесот, обезбедувањето и домашната забава

сега ќе им се овозможи да функционираат во период подолг од една година, а да се напојуваат од само една мала (coin) батерија. Работата на уредите е поделена на три режими и тоа ultra-low peak, average и idle. Ниската цена на уредите е другата предност поради која овие уреди ќе бидат многу барани на пазарот. Растојанието на поврзување со помош на оваа технологија е околу 100 метри во видното поле, а брзината на трансфер би требало да изнесува околу 1 Mbps во ultra-low peak режимот на работа. Фреквенцијата на работа останува како и кај претходните верзии на Bluetooth, односно 2,4 GHz, со тоа што во 3.0 верзијата доцнењето не би требало да биде повеќе од 3ms и за тоа време треба да се овозможи пристап од едниот до другиот уред. Од друга страна, досега многу корисници беа загрижени околу сигурноста на врската со оглед на тоа дека со претходните 2.0, 2.1 и 3.0 верзии таа не беше запазена, така

што можевме често да слушнеме за уреди од кои биле украдени информации и сл. Bluetooth 4.0 го подигнува нивото на сигурност користејќи целосна AES 128-битна енкрипција која се служи со CCM за да направи автентикација на податочните пакети. Оваа технологија користи 32-битна адреса за пристап на секој пакет овозможувајќи огромен број на истовремено поврзани корисници. Bluetooth 4.0, кој има ниска потрошувачка, има два типа на примена во уредите: сингл-мод и дуалмод. Во дуал мод low energy функционалноста е интегрирана во постојниот Bluetooth контролер, додека сингл-мод користи минијатурен уред за ултраниска потрошувачка на енергија. Производителот на мобилни уреди Nokia сериозно работи на примена на оваа технологија во своите нови уреди.

Milimeter Wave Гигантот Sony покажува дека не седи со скрстени раце, а доказ е новата технологија наречена Milimeter Wave. Малкумина од нас ќе дојдат во директен контакт со оваа технологија бидејќи таа е наменета за интра конекција во самите уреди. Технологијата ќе помогне за создавање уреди со многу помали димензии, како и за поедноставување на самата електронска плоча. Оваа технологија е резултат на сè поголемите потреби од брзина на трансфер во самите уреди, а таа е невозможна или, пак, прескапа за изведување земајќи во обѕир дека за високи брзини се користат повеќе податочни канали за кои се користат сложени и големи интегрални кола. Така, Milimeter Wave треба да ги замени сите жици што досега се користеа за меѓусебното поврзување на електронските плочи. Се користат електромагнетни бранови во фрек-

вентен опсег од 30 GHz, па сè до 300 GHz кои се со должина од 1 до 10 mm и благодарејќи на нив се овозможуваат ултрависоки брзини на пренос од 11 Gbps и сето тоа извршено со помош на многу мали антени со димензии од 1 mm. Оваа технологија би требало да биде применета во многу електронски уреди како телевизорите, DVD уредите, играчките конзоли и слично од страна на Sony во текот на оваа година. Ивица Анѓелески

Предности на новите технологии

Wireless N

Bluetooth 4.0

Milimeter Wave

Зголемена брзина на трансфер од 600 Mbps

Зголемена брзина на трансфер од 600 Mbps

Поедноставување на електронските плочи

Зголемено растојание на поврзување

Поголема сигурност со користење на 128-битна енкрипција

Зголемена брзина на трансфер Пониска цена на уредите www.enter.net.mk

43


По долгите шпекулации за конечниот изглед и карактеристиките, на 27 јануари 2010 година Apple конечно го претстави долгоочекуваниот таблет наречен, едноставно, iPad. Во продажба треба да сe појави во текот на март и април оваа година (во зависност од карактеристиките), а дотогаш ни останува да ви ги претставиме неговите најавени карактеристики, како и дел од контроверзиите што се кренаа околу него.

Според Стив Џобс, извршниот директор на Apple, iPad е зачетник на една сосема нова категорија на уреди кои своето место на пазарот би го нашле некаде помеѓу паметните телефони (smartphones) и лаптопите. Судејќи според она што може да го видиме, iPad е токму тоа – поголем од телефон, помал и помалку робусен од класичен лаптоп, со функции кои би нашле примена кај буквално секој корисник. Но, очекувањата на Apple се едно, но што е реалноста, барем засега? Да почнеме со ред. Надворешниот изглед на овој таблет е нешто што би го очекувале од дизајнерите на Apple – тој е едноставен и елегантен, а не може да не се забележи дека наликува на зголемена верзија на популарниот iPhone/iPod Touch. На страните се наоѓаат неколку порти и тоа: стандарден Apple 30-пински конектор преку кој се полни батеријата и на кој може да му се приклучи екстерна тастатура, како и порта за слушалки. Од страните, исто така, се наоѓаат минијатурни звучници и микрофон. Се забележува недостаток на USB порт(и), како и порта за SD картичка, што корисниците го дочекаа на нож. Ова значи дека префрлувањето на податоци од еден на друг iPad или, пак, од вашиот компјутер или фотоапарат на iPad-от ќе мора да се одвива исклучително безжично, што во превод значи значително побавен трансфер. Димензиите на iPad се 24,3 cm x 19 cm и дебелина од 1,3 cm, а располага со заднински осветлен (со LED технологија) IPS LCD XGA дисплеј со дијаметар од 9,7 инчи (25 cm). Резолуцијата на сликата е 1024 x 768 пиксели во размер 4:3, што веднаш предизвика негативна реакција бидејќи размерот 16:9 е повеќе или помалку стандарден кај сите дисплеи денес, а го користат и iPhone/iPod Touch. Земајќи предвид дека една од предвидените намени на iPad-от (според презентацијата) е гледање филмови и You Tube видеа

44

www.enter.net.mk

Чудо на технологијата, или не?


Apple iPad

во HD резолуција, навистина е чудна одлуката на Apple да се решат на 4:3 размер на екранот. Инаку, користењето на екранот, односно мултитач потезите се идентични како оние кај iPhone/ iPod Touch, со тоа што технологијата е приспособена за значително поголем екран. Една од позитивните страни на iPad-от е тоа што кога ќе се појави на пазарот, за него веќе ќе постојат голем број апликации кои ќе можат да се купат преку App Store-от на Apple. Причината за тоа е што Apple на својот официјален сајт за преземање го нуди SDK (Software Development Kit – пакет за развивање на софтвер) на iPad, така што програмерите ќе имаат доволно

време да ги конвертираат своите веќе постојни апликации или да создадат нови. Ова го става iPad во добра позиција кај идните купувачи. Уште една причина повеќе за оние кои би го користеле за канцелариска намена (преглед и изработка на документи, презентации и бази на податоци) е најавата за најновата верзија на iWorks, наречена iWorks 2010 која ќе ги поддржува сите тач-скрин опции што ги нуди iPad-от, а која треба наскоро да се појави на пазарот. Кога сме веќе кај апликациите, што сè доаѓа со овој уред кога ќе го купите? Според презента-

цијата на Apple, iPad-от ќе располага со интернет-пребарувачот Safari, е-mail апликација, потоа апликација за преглед на фотографии, како и видео и You Tube плеер. Инсталиран ќе биде и добропознатиот iTunes, како и iPod апликација која ќе служи за преслушување на вашата омилена музика, исто како на iPod. Преку App Store продавницата ќе можете да купувате апликации (кои засега ги има над 140.000), а преку апликацијата iBooks ќе можете да ги читате „виртуелните“ книги кои ќе се купуваат преку iBookstore-от на Apple. Тука до израз доаѓа уште една намера на Apple – да станат голем играч на пазарот на книги каде што засега водач е уредот Kindle и продавницата на виртуелни книги на Amazon. Дали ќе успеат во тоа, ќе покаже времето – сепак е рано да се зборува и прогнозира кога iPad-от уште не е ни пуштен во продажба. Од останатите инсталирани апликации, тука се и календарот (или календарите, секој корисник може да си има свој), апликацијата за запишување забелешки (Notes), како и апликацијата Contacts која, претпоставувате, служи за организирање на контактите

од вашиот адресар. Сето ова звучи одлично „на хартија“, но колку ќе може да се искористи во практиката? Споменавме дека на iPad има инсталирано интернет-пребарувач и You Tube плеер. Меѓутоа, самиот iPad не ја поддржува Adobe Flash технологијата за приказ на содржини. Тоа значи дека сите оние сајтови кои се изработени во Flash или, пак, дел од содржините (обично видеата) им се прикажуваат преку Adobe Flash плеерот нема да можете да ги отворите. Ова претставува сериозен хендикеп (и покрај негирањата на Apple) и дефинитивно корисниците

ќе бидат ускратени за голем број содржини доколку не се изнајде некое прифатливо решение. You Tube, пак, е во голема мера зависен од Flash технологијата бидејќи со нејзина помош ги прикажува видеата. Во бета-издание е верзијата на You Tube која видеата ги прикажува во новиот html5 стандард, но оваа верзија нуди ограничувања од типот на неприкажување видеа со вметнати реклами од спонзори. Уште едно ограничување на iPad е непостоењето на мултитаскинг. Иако на дел од корисниците ова можеби и нема да им пречи, сепак се работи за уред чија намена би била токму тоа – правење неколку работи истовремено без да има потреба да вклучувате компјутер. Доколку, на пример, сакате кратко време да сурфате или, пак, да си ја проверите е-поштата и истовремено во заднина да ви свири радио или вашите омилени плејлисти, тоа нема да биде возможно. Најосновниот модел кој ќе се појави прв на пазарот (се очекува во март) ќе биде со хард-диск од 16 GB и ќе располага со WiFi конекција, по цена од 500$ (околу 370 евра). Подоцна на располагање ќе бидат и модели со 32 GB и 64 GB хард-диск, како и со WiFi, 3G или комбинирана конекција (најскапиот модел со WiFi+3G и 64 GB хард-диск би чинел 830$ (610 евра). Крајниот заклучок е дека iPad, земајќи ги предвид сите добри, но и лоши страни, претставува навистина еден храбар потег на Apple. Тие и досега се појавувале со производи кои веќе постоеле на пазарот (пред iPod веќе на големо се продаваа mp3 плеери од други компании) и за краток период ја заземале челната позиција, така што не би нè изненадило тоа да биде случај и со iPad-от (и покрај неколкуте најавени таблети од други компании како HP, Asus и други). Намената на iPad-от е широка – од обичните домаќинства

каде што мајките и татковците на него ќе можат да ги читаат он-лајн изданијата на дневните весници, до маркетингагенции каде што на секој клиент ќе му се дава по еден iPad на кој ќе може да ја следи презентацијата и интерактивно да влијае на неа. Дали недостатоците што ги напоменавме ќе му ја запечатат судбината на овој долгонајавуван уред како „чудо на технологијата“ или, пак, ќе поминат незабележано кај потенцијалните купувачи, времето ќе покаже. А вие сигурно ќе добиете еден подетален опис на iPad-от откога буквално ќе ни падне в раце . Милан Крстевски

www.enter.net.mk

45


Adobe Photoshop Elements 8

Елементарна (НЕ) погода Со дваесетгодишно искуство на пазарот, Adobe Photoshop е апликација за која веруваме дека нема потреба да ја споменуваме, а буквално сите знаеме за што може да ја искористиме. Нејзината помлада, алтернативна, „елементарна“ сестра, или Photoshop Elements, зачекори низ вратата со својата осма инкарнација. Со комбинација на моќ и едноставност и низа нови и подобрени функции, Photoshop Elements 8 ја оправдува пониската цена за разлика од својата постара сестра. Прочитајте зошто мислиме вака.

Уште од 2001 година, кога се појави на пазарот, па сè до денешно време, Adobe Photoshop Elements е синоним за квалитет, брзина, моќ и едноставност. Брзо се етаблираше во тие помоќни кругови на „евтин“ софтвер и рејтингот како таков сè уште (барем за сега) го нема намалено. Прилично тешката инсталација од 1,17 GB навестуваше и до некаде професионална алатка. Веднаш по инсталацијата ќе ве пречека прозорец кој ве прашува дали ќе пристапите кон организирање на вашите фотографии (Organize) или ќе сакате веднаш да почнете да ги уредувате (Edit). Претпоставуваме дека досега сте немале некоја постара верзија од Photoshop Elements, па препорачливо е првин да ги организирате фотографиите.

62

www.enter.net.mk

Новина во организаторот е функцијата Auto-Analysis со чија помош ќе бидат скенирани сите фотографии во библиотеката кои содржат лица. Откако ќе заврши овој процес, ќе можете да ги означувате (tag) сите личности во фотографијата. Доволно е да испишете некое име во полето Search и сите фотографии на коишто ја има таа личност (или објект или било што друго) ќе бидат пронајдени. Во Adobe Photoshop Elements 8 е подобрена функцијата Photomerge Exposure. Ви овозможува да избирате повеќе фотографии со различен квалитет или како што кажува самиот збор, изложеност на светлина, и да ги вметнете во една иста композиција. Нормално, не мора секогаш да станува збор за слични фотографии, туку можете и да експериментирате со додавање разни ефекти на „споените“ композиции. Слична функција има и Photomerge Group Shot, со која ќе имате практична примена во креирањето панорамски фотографии, односно избирање на подобриот дел од едната фотографии и вметнување во другиот подобар дел на втората фотографија. Функцијата Recompose, пак, е одлична и интересна опција со која можете да ги тргате елементите од дадената фотографија, без притоа да се изгуби квалитетот, т.е. заднината на фотографијата. Со привршувањето на вашите креации, можете да пристапите

кон табот Create во десниот горен агол, каде што ќе најдете повеќе секции од типот на Photo Book, Photo Calendar, Greeting Card, Photo Collage или да направите омот за вашите оптички медиуми. Можете да пристапувате кон повеќе интернет-сервиси за нивно креирање и споделување, а можно е и да ги зачувате исклучително на вашиот компјутер. За крај, да кажеме дека верзијата Basic нуди 2 GB капацитет за он-лајн споделување, додека верзијата Plus нуди 20 GB слободен простор. Доколку сте во потрага на спојување на HDR фотографии и нивно едноставно уредување, ова е програма напра-

вена токму за вас. Adobe Photoshop Elements 8 e продолжување на успешната лоза вклучувајќи напредни и подобрени, веќе докажани функции. Не ви ја претставивме без причина. Уживајте и креирајте! Дејан Зафировски

Adobe Photoshop Elements 8 Произведувач: Adobe Tип : Уредување фотографии Платформа: Windows / XP / Vista / 7 / Mac OS X Големина: 1,17 GB

Цена: 79,99 $


Corel PaintShop Photo Pro X3

Дојди, види, фотографирај…

Corel

Достојна алтернатива или реален противник на Adobe Photoshop? Се работи за Corel PaintShop Photo Pro X3, софтверот кој сигурно нема да остане незабележан од страна на дигиталните уметници. Тука сме и ние да ви го претставиме одблизу, а дали ќе ја има приоритетната улога во уредувањето на фотографиите, барем кај вас дома или на работа, останува вие да одлучите. Новина до новина, подобрување до подобрување. Вреди да прочитате што напишавме за него.

Лошо е секогаш да бидете во нечија сенка, барем ако некој постојано ви дава таква неблагодарна „титула“. Огромните и валкани јазици отсекогаш знаеле да кажат дека Corel e постојано втор во поглед на Microsoft и Adobe. Затоа, со оваа, нова верзија од Corel PaintShop Photo Pro од компанијата решија да им ја затворат устата на сите оние кои не им мислат добро. Веднаш по самата инсталација ја стартувавме програмата. По дефиниција, се отвора организаторот на вашата библиотека од фотографии, од каде што потоа, само со двоен клик на фотографијата која се наоѓа во долниот дел, пристапувате кон Full Editor. Оттука нема многу да „забегувате“. Иако има многу опции, сепак интерфејсот е прилично едноставен и прегледен. Лесното и брзо уредување на фотогра-

фиите може да го направите преку влез во менито Enhance Photo и да изберете One Step Photo Fix. Автоматски ќе ги „среди“ фотографиите, коригирајќи ги светлината, контрастот, бојата и острината на самата фотографија. Иако во повеќето случаи треба да ви помогне оваа опција, сепак тука е и опцијата Smart Photo Fix за мануелна корекција на фотографиите во поглед на веќе кажаните вредности, но и на фокусот, нивото на белата и црната боја итн. One Step Noise Removal автоматски ќе се ослободи од несаканите пиксели или група на пиксели како резултат на некаква компресија на дадената фотографија. Промената на температурата на боите се остварува преку Color Balance со што вашите фотографии ќе изгледаат „поладни“ или „потопли“. Corel PaintShop Photo Pro X3 ви нуди и природна поддршка за RAW форматот, додека со зголемувањето на бројот на DSLR камерите кои можат да снимаат во HD е вметната новината за креирање слајд-шоуа комбинирајќи видеоматеријали со HD квалитет и HDR фотографии. Уште една новина е

Smart Carver. Лесно, брзо и едноставно можете да го тргнете секој објект за кој сметате дека не доликува да биде на фотографијата. Избирате дебелина на четката, го „боите“ тој објект и за еден миг него го нема. Слична опција ви нуди и Object Extractor, меѓутоа тука се работи за навистина моќна алатка која со само неколку клика го прави сето она за што се наменети lasso или pen tool во Photoshop. Практична примена би требало да има, пред сè, при работењето со објектите кои имаат влакна или крзно. Исто така, интересна е и можноста за мултиуредување, што значи дека доколку вметнете повеќе HDR фотографии, тие ќе бидат уредени во реално време, токму како и првата на која го извршувате тој процес. Corel PaintShop Photo Pro X3 ви стои на располагање и ако се занимавате со веб-дизајн, благодарејќи на оптимизаторот за .JPG, .GIF и .PNG формати. Тука е и генераторот на HTML код, со што многу лесно ќе ја поставите

вашата фотографија некаде низ вебстраницата, претходно знаејќи ги нејзините димензии и ограничувањата во просторот. Corel PaintShop Photo Pro Project Creator е „надворешната“ апликација со која споделувањето на интернет, креирањето колажи, албуми, пренесувањето на вашите мобилни уреди или снимањето на оптички медиум никогаш не било полесно. Ќе ги споменеме само Flickr, Facebook и YouTube и веќе сме кажале сè. Нема да претеруваме со фалбите дека е добар, дека треба да го купите... Испробајте го и самите одлучете! Дали му се доближува на Photoshop и дали и овој пат е негова алтернатива, тоа ќе го покажат и докажат времето и дигиталните уметници. Но, според нас, Corel PaintShop Photo Pro X3 дефинитивно вреди за парите! Дејан Зафировски

Corel PaintShop Photo Pro X3 Произведувач: Corel Tип : Уредување фотографии Платформа: Windows XP / Vista / 7 Големина: 436 MB

Цена: 99,99 $

www.enter.net.mk

63


Во втората четвртина на 2010 година нè очекуваат две интересни, мини-верзии на популарната XPERIA X10 од Sony Ericsson. Sony Ericsson XPERIA X10 mini ќе располага со слични карактеристики како тие на поголемиот брат, но сместени во помали димензии. TFT екранот ќе биде отпорен на гребнатинки и отпечатоци, а ќе располага и со сензор за автоматска ротација на корисничкиот интерфејс со име Timescapе. Со малите димензии, телефонот остава впечаток на неодолива, исклучителнo моќна направа. Впечатокот е дополнително засилен од 3G можностите за поврзување во мрежа и пренос на податоци, а се очекува камерата да понуди ист, ако не и подобар квалитет, особено кога ќе се земе предвид застапеноста на блиц, автофокус и геоозначување. Мини-чудовиштето ќе се испорачува со 1,6-та верзија на Android оперативниот

Sony Ericsso

n XPERIA X

10

систем и ќе биде напојувано од Qualcomm процесор на 600 MHz. Мултимедијалните корисници ќе уживаат во омилените радиостаници и музички нумери благодарејќи на вграденото радио и плеерите, а тука ќе биде и интеграцијата со најпознатите апликации за социјализација. Вториот модел, кој го носи додатокот pro во името, најмногу ќе се разликува по целосната qwerty тастатура дискретно сместена под екранот. Со двата телефона следува подарок надворешна картичка од 2 GB, како и можност за приклучување картичка со капацитет до 16 GB. „Мини“ ќе се испорачува во шест колорваријанти, бела, црна, розова, зелена, црвена или сребрена, а про-верзијата само во црна или црвена колор-варијанта.

Мартин Јованчевски

mini Мрежи: GSM 850 / 900 / HSDPA 850 1800 / 190 0; / 1900 / 21 00 Димензии : 83 x 50 x 1 6 mm, 88 g Екран: TFT капацитиве н 2,55 инчи, 16М бои, 2 тач-скрин, 40 x 320 пиксели Вградена м еморија: 1 28MB, над решна до во16 GB Камера: 5 MP, 2560 x 1920 пикс ели Батерија

батерија

66

: Стандард

www.enter.net.mk

на Li-Po


Најава

Samsung

S5620 Monte S5620 Monte e 3G паметен телефон кој Samsung го подготвува да се појави заедно со уште два телефона, кои ќе го носат зборот Monte во своето име. S5620 се одликува со карактеристичен Touchscreen bar дизајн. На предната страна, веднаш под секундарната камера, се простира TFT екран на кој се прикажува втората верзија на корисничкиот интерфејс TouchWiz. Благода-

рејќи на соодветните сензори, екранот го ротира интерфејсот во зависност од положбата на телефонот, се придржува до претходнопоставени параметри за отклучување на екранот или негово исклучување за време на зборување. Примарната камера од 3,15 MP располага со геоозначување и детекција на насмевки, но не и со блиц. Поради слабата камера, очекувајте и соодветен

квалитет на фотографиите и видеоматеријалите, кои се со квалитет од 15 фрејмови во секунда. S5620 Monte нуди и стерео радио, соодветни мултимедијални плеери, како и најразлични апликации за патување (GPS и мапите на Google). Останатите два телефона, предвидени да се појават во исто време со S5620 Monte, се посиромашните алтернативи: Samsung C3200 Monte Bar и Samsung E2550 Monte Slider. Како што кажуваат нивните имиња, првиот телефон го задржува кенди бар дизајнот, а другиот припаѓа на карактеристичната група слајдери од Samsung. И двата телефона, меѓутоа, ќе бидат лишени од напредните опции што ги поседува S5620 Monte. Поради тоа, телефоните нема да имаат 3G мрежа и екрани чувствителни на допир, а камерите ќе бидат значително послаби.

Мартин Јованчевски

Samsung S5620 Monte Мрежи: GSM 850 / 900 / 1800 / 1900; HSDPA 900 / 2100 Димензии: 108,8 x 53,7 x 12,4 mm, 92 g Екран: TFT капацитивен тач-скрин, 3,0 инчи, 256К бои, 240 x 400 пиксели Вградена меморија: 200 MB, надворешна до 16 GB Камера: 3,15 MP, 2048 x 1536 пиксели

Батерија: Стандардна Li-Ion од 960 mAh www.enter.net.mk

67


iPhone 3G Supreme

iPhone 3G Supreme Мрежи: GSM850, GSM900, GSM1800, GSM1900, UMTS850, UMTS1900, UMTS2100 Димензии: 62,5 x 116 x 13 mm Екран: TFT тач-скрин, 320 x 480 пиксели, 3,5 инчи Камера: 3,15 MP, 640 x 480 Батерија: Стандардна литиум-јонска батерија

При своето појавување на пазарот, во ноември 2009 година, iPhone 3G Supreme беше најскапиот телефон во целиот свет. Само неколку месеци подоцна, тoj го ослободи тронот за достојниот наследник, Rose. Но, за тоа, потоа. Сега, да се запознаеме со ексклузивецот од семејството iPhone.

Мултимилионерски телефон На инает на економската криза, Стјуарт Хјуис му го понуди на светот најскапиот и воедно најимпресивниот телефон. iPhone 3G Supreme донесува одличен спој од трите најскапоцени материјали – злато, дијаманти и платина. Набљудувајќи го од предната страна, едноставно, нема да знаете на кој елемент повеќе да се восхитувате. 136-те дијаманти кои ги истакнуваат елегантните рабови на предниот дел од телефонот се со вкупна вредност од 68 карати, додека копчето за навигација е направено од исклучително редок дијамант од 7,1 карат. Останатата површина е покриена со 271 грам 22-каратно злато. Но, пријатните изненадувања не завршуваат тука, туку на задната страна. Логото на Apple е изработено од чисто злато и 53 беспре-

70

www.enter.net.mk

корни дијаманти. Сето ова уредно се испорачува во уникатно, гранитно пакување. iPhone 3G Supreme е телефон чиј изглед ќе предизвика завист и кај тврдокорните нематеријалисти, но како што неретко е случајот со ваквите телефони, внатрешноста е сосема просечна за денешните стандарди. Најдоброто нешто, можеби, е мултитач навигацијата преку 3,5-инчниот TFT екран чувствителен на допир и 3G можностите за поврзување. Квалитетот на 3,1-мегапикселната камера е просечен и нема да ги задоволи попребирливите корисници. Максималната резолуција на фотографиите изнесува 2048 x 1536 пиксели, а видеоматеријалите се со квалитет од 30 фрејмови во секунда. Телефонот ја

има третата верзија на оперативниот систем Apple iPhone OS, а за брзо извршување на командите се има погрижено ARM Cortex-A8 процесор кој работи на 600 MHz. На корисниците кои сaкаат да го прошетаат светот со овој ексклузивен телефон им стои на располагање вградениот GPS со мапи од Google, како и дигитален компас. Среќните сопственици и тест-корисници се немаат пожалено на работата на телефонот, но сосема е очигледно дека Supreme e првенствено замислен да плени со изгледот, а потоа и со тоа што се наоѓа под површината. На компанијата и требаа десет месеци да го направи телефонот и со цената од над 3 милиони долари iPhone 3G Supreme стана најскапиот

телефон во светот. Телефонот, меѓутоа, не можеше долго да ужива во оваа позиција. Веднаш по Нова година, компанијата исфрли на пазарот уште поимпресивно и поскапо решениe кое во името го носи додатокот Rose. Во поглед на техничките спецификации и изгледот, iPhone 3G Supreme Rose не се разликува премногу од постариот брат. Наместо 136 дијаманти, рамката од Rose e рачно изработена од платина и 130 дијаманти, а поголемиот дел од површината е покриен со жолто, бело или розово злато. Телефонот се испорачува во рачно направено, луксузно чантиче. Овој модел чини 3,02 милиони долари, додека претходникот, iPhone 3G Supreme, моментно се продава за 2,9 милиони долари. Мартин Јованчевски


Апликации за Android

App organizer Името на оваа апликација ја кажува нејзината намена – служи за организирање на инсталираните апликации на вашиот Android мобилен телефон. По стартувањето на App organizer, во јазичето Apps се појавува листа од сите пронајдени инсталирани апликации, додека во јазичето Labels се наоѓаат категориите во коишто можете да ги сместите апликациите. Така, на пример, сите месинџери, клиенти за е-пошта, генерално, сите апликации кои се конектираат на интернет можете да ги ставите во категоријата Internet, сите аудио и видеоплеери во категоријата Media итн. Инаку, една апликација може да припаѓа на повеќе категории истовремено. Доволно е иконата за брз пристап до App organizer да ја поставите на основниот екран на вашиот телефон за постојано да имате пристап до која било апликација од која било категорија. Апликацијата можете да ја преземете бесплатно од http://sites.google.com/site/ appsorganizer/

Borrow Buddy Сигурно повеќе пати сте се нашле во ситуација потполно да заборавите дека нешто сте позајмиле некому, а не се сеќавате ниту кому точно? Borrow Buddy е апликација која ќе ви биде од огромна помош следниот пат кога ќе го имате овој проблем. Пред да позајмите што било, со нејзина помош можете да го фотографирате предметот и во полињата наменети за тоа да го впишете датумот на позајмување, личноста на којашто позајмувате, како и датумот кога очекувате (или ќе се договорите) предметот да ви биде вратен. Апликацијата води евиденција и за сите „позајмувања“ на кои им поминал рокот за враќање, така што лесно можете да видите кој од вашите пријатели или соседи често заборава, намерно или случајно :) Бесплатната верзија на Borrow Buddy го ограничува бројот на трансакции на две по контакт и временското траење на трансакцијата може да биде максимум 30 дена. Платената верзија нема никакви ограничувања. Апликацијата можете да ја преземете бесплатно од http://slideme.org/application/borrow-buddy

Slide Screen Основниот (home) екран на оперативниот систем Android е функционален и ги нуди најосновните информации. Slide Screen е апликација која служи за зголемување на неговата функционалност со тоа што ќе ви пружа многу повеќе и поразновидни информации. По инсталирањето на Slide Screen и внесувањето на вашата локација и други информации, ќе ви биде понудено Slide Screen комплетно да го замени вашиот основен екран или, пак, да си остане како апликација која засебно ќе ја активирате. Slide Screen е во состојба да ви ја прикаже временската прогноза за локацијата што сте ја внеле, бројот на испуштени повици, примени SMS пораки и слично, потоа најновите информации од RSS вестите на коишто сте се „претплатиле“, најновите „твитови“, потсетници од Google Calendar итн. Slide Screen нуди и мени кое ги содржи иконите за брз пристап до осумте апликации кои најчесто ги користите и преку коешто можете да ги активирате. Бесплатната верзија покажува оглас на долниот дел на екранот, додека платената верзија го елиминира. Апликацијата можете бесплатно да ја преземете од http://slidescreenhome.com/ со посета на линкот преку вашиот телефон.

Astrid Доколку ви треба потсетник кој ќе ви помогне да си ги организирате обврските, Astrid е одлична Android апликација која располага со голем број опции, а најдоброто е тоа што е бесплатна. Како и во секој добар организатор, во Astrid можете да внесете колку што сакате задолженија на коишто ќе треба да бидете потсетени во точно определен момент (на пример, за пиење лек) или, пак, некој одреден ден во одреден период од неколку часа. Можна е и интеграција на Astrid со Google Calendar, така што задолженијата ќе се појавуваат и на двете места. Ова е одлична опција доколку календарот го делите со повеќе луѓе со кои често одржувате работни или приватни состаноци. Задолженијата можете и да ги групирате во категории – работни, приватни итн. Апликацијата можете бесплатно да ја преземете од http://weloveastrid.com/

Aloqa Во ситуација кога сте во некој град којшто не го познавате добро, а сакате да го најдете најблискиот ресторан, бензинска пумпа или шопинг-центар, имате две опции: да прашате некој случаен минувач кој е расположен за разговор или да ја активирате апликацијата Aloqa и бараните локации самите да ви се покажат на мапата. Секако, втората опција е многу попрактична :) Aloqa, преку GPS чипот во вашиот телефон, автоматски ја пронаоѓа вашата локација, како и сите објекти и настани во нејзина близина, доколку се означени на Google maps или на некој друг начин. Објектите и настаните се во категории наречени „Channels” (канали), како што се ресторани, пицерии, бензински пумпи, болници, театри, кина итн. За секој од овие канали можете да ја нагодите апликацијата да ве „предупредува“ на различен начин кога ќе им се доближите. На пример, доколку се доближувате до некоја пумпа, телефонот може да даде звучен сигнал. Кога сте до некој ресторан „Мекдоналдс“, телефонот може само да вибрира итн. Оваа апликација, несомнено, треба да биде задолжителна на вашиот Android уред секогаш кога ќе патувате. Милан Крстевски

www.enter.net.mk

71


Хардвер_ Моќен штедливец Мали трошоци за работење, мала потрошувачка на енергија, мал простор и ниска бучава. Ова се ветувањата што ги дава Fujitsu Siemens Computers за својата Primergy TX линија на сервери.

82

84 с о ф т в е р _

PERFECTDISK PROFESSIONAL 11

Попаметна дефрагментација 76 к о л у м н а _

Постојат програми кои ги забележавме одамна и со радост ја тестираме секоја нивна нова верзија и ви ја презентираме вам, почитувани читатели. Една од нив е PerfectDisk Professional, која полека но сигурно дојде до верзијата 11. Иако некој ќе каже„па што може да има ново во дефрагментацијата“, сепак не е така. Имаме низа факти кои ќе ве разубедат дека ова не е само уште еден дефрагментатор, а во продолжение следуваат некои од нив.

ДИГИТАЛЕН АКТИВИЗАМ (ТРЕТ ДЕЛ) Во претходните два дела зборувавме за тоа што претставува феноменот/појавата дигитален активизам, ги утврдивме типовите, т.е. профилите на луѓе кои се учесници во оваа појава, ја разгледавме употребата на различните зборови/термини што се користат за да 85 и н т е р н е т _ се означи појавата и ги споредивме нивните различни ПРОДАЖБА НА ПОДАТОЦИ значења. Чекор напред? 78 и д н и н а т а д е н е с _ Додека Facebook и Twitter стојат релативно мирно настрана, NVIDIA OPTIMUS воздржувајќи се од конкретни акции, MySpace го направи Nvidia Optimus првиот чекор на полето на продажба на пакети кориснички Од неодамна, на пазарот може да се најдат компјутери со информации. интегрирана графичка картичка, но со можност за користење 86 п р о г р а м и р а њ е _ дополнителна, дискретна, која во секој поглед е помоќна од ACTION SCRIPT интегрираната. Зачувување слики 80 т е х н о л о г и ј а _ Сигурни сме дека сите сте виделе некоја боенка која работи како DATA DEDUPLICATION флеш-апликација. Можеби се сеќавате на флеш-апликацијата Дедупликација што ја изработивме пред некое време каде што вашиот лик беше Под притисок на растечката планина од податоци, компаниите прикачен на тело од некое животинче... гледаат на технологијата за дедупликација како на начин да ги намалат трошоците за складирање податоци и за зголемување на ефикасноста.


вести_

„Зелен“ DDR3 од Samsung Samsung известува дека ќе започне со масовно производство на 40-нанометарски DDR3 чипови од линијата Green Memory, која овозможува мемориски модули со поголем капацитет и ниска потрошувачка на енергија. Производството започна со 4-гигабитни чипови, кои овозможуваат и производство на модули со максимален капацитет од 32 GB (за сервери), со 83 отсто помала потрошувачка на енергија во однос на старите 60-нанометарски DDR2 чипови од 1 GB. Новите мемории поддржуваат напони од 1,5 и 1,35 V, a освен очигледната предност за серверите и работните станици, овозможуваат и поголеми мемориски примени и во „домашни“ услови. Покрај RDIMM модулите од 16 и 32 GB, Samsung најавува и SODIMM мемории за преносници со капацитет до 8 GB, со што значително ќе се прошири и онака ограничениот капацитет на работна меморија во преносниците.

Светлосна комуникација помеѓу чиповите Според пишувањата на страниците на Hot Hardware, истражувачите од IBM успеале да направат уред кој користи светлина како медиум за комуникација меѓу чиповите и другите микрокомпоненти во електронските уреди. Намерата (прилично успешна) била да се најде начин како со светлосните пулсови да се заменат електричните сигнали кои патуваат по бакарни водови меѓу компонентите. Уредот кој го овозможува ова се нарекува „светлосен детектор на нанофотонска лавина“ (nanophotonic avalanche photodetector) и наводно би можел да направи вистинска револуција во ефикасната енергетска комуникација. Може да прими оптички сигнали со проток од 40 GB/s и симултано да ги умножи десет пати. Исто така, овој уред работи на напон од 1,5 V, што значи дека може да го напојува и една класична алкална батерија, додека постарите фотодетектори од овој тип користеа напон од 20 до 30 волти.

Microsoft MultiPoint Server 2010 Microsoft претстави софтвер наречен MultiPoint Server 2010 кој е првенствено наменет за училишните или образовните институции, со чија помош со само еден компјутер би се овозможила истовремена работа на повеќе студенти со соодветна терминална опрема. Софтверот е базиран на Windows Server 2008 R2, а овозможува работа на 10 независни точки (студенти) кои имаат монитор, тастатура и глувче. Сите точки се поврзани со главниот компјутер со помош на USB интерфејсот и преку соодветни графички картички со повеќе влезови за монитори. Од Microsoft истакнуваат дека освен во училиштата, лабораториите или библиотеките, овој систем овозможува и евтин пристап кон еден компјутер во помалите претпријатија. Софтверот веќе им се испорачува на производителите на хардвер, а и од Microsoft истакнуваат дека веќе соработуваат со независни производители на софтвер, со што само дополнително би требало да се прошират можностите на оваа платформа.

Најмоќниот рутер од Cisco Cisco го претстави својот најмоќен рутер првенствено наменет за најголемите даватели на интернет-услуги. Уредот наречен CSR-3 нуди 12 пати поголем капацитет и три пати е побрз од својот претходник, CSR-1, кој беше претставен во 2004 година. Според изјавите од Cisco, во оптимална конфигурација која содржи 72 такви рутери, CSR-3 може да обработи 322 терабита податоци во секунда, што во превод значи дека може да се пренесат сите филмови воопшто направени во историјата, за само четири минути или да ги поврзе сите 1,3 милијарди жители на Кина во видеоконференција. Цената на основниот модел од овој рутер изнесува 90.000 долари, а според зборовите на Џон Чемберс, CEO на Cisco, овој рутер би требало да биде основата на следната генерација на интернет-пазарот за споделување и гледање видеоматеријали.

w w w.enter.net.mk

75


иднината денес_

Nvidia Optimus Од неодамна, на пазарот може да се најдат компјутери со интегрирана графичка картичка, но со можност за користење дополнителна, дискретна, која во секој поглед е помоќна од интегрираната. Ова е случај и кај десктоп и кај мобилните компјутери, а технологиите за избор на графичката картичка се наменети, пред сè, за преносните компјутери, со оглед на тоа дека тие се оние кои треба да имаат помала потрошувачка. Досега, нивното користење се сведуваше на мануелно избирање на адаптерот што треба да се користи преку BIOS менито, додека во поново време истото тоа се врши со помош на софтверски алатки или hotkeys кои по кратко треперење на екренот и негово калибрирање, за неколку секунди ја прават промената на графичкиот процесор. Меѓутоа, Nvidia не застана само на мануелно избирање на графичкиот процесор и со тоа ја најави новата Optimus технологија која масовно треба да ја видиме во идните неколку месеци.

Опис Постарата (switchable) технологија која беше користена за мануелен избор на графичкиот процесор се користеше за неколку цели. Најглавна примена беше намалување на потрошувачката на енергија при што со исфрлањето во употреба на новите CULV (Consumer Ultra-Low Voltage) процесори од Intel, кои драстично ја намалија потрошувачката а со тоа го продолжија работниот циклус на преносните компјутери, па графичкиот дискретен уред беше оној кој најмногу ја оптоваруваше батеријата. Switchable технологијата на избор беше проследена со неколку претходни „подготовки“ кои требаше да се извршат, како исклучување на сите дополнително вклучени процеси и активирање на софтвер за промена или притискање на hotkey за овој процес, а кај некои случаи дури беше потребно рестартирање на системот за комплетна промена на изборот, за на крај сето ова да се повтори доколку сакаме да ги вратиме претходните поставки. Nvidia Optimus е технологија во која целиот овој процес на избор на графички процесор се врши автоматски со „on the fly“ брзина во зависност од моменталните потреби на корисникот. На пример, доколку сурфаме на интернет или работиме со канцелариски апликации, Optimus ја ангажира интегрираната графика која црпи многу помалку енергија сè до моментот кога би вклучиле некое парче видео или игра која има потреба од поголеми перформанси при што автоматски се избира дискретната графичка картичка.

Switchable технологија – хардверска имплементација Од дијаграмот на сликата може да се заклучи дека switchable технологијата е прилично сложена бидејќи за секој излез посебно се вградуваат „миксери“ кои во зависност од моменталната работа пропуштаат сигнал од дискретната односно интегрираната графичка картичка. Сите овие „миксери“ дополнително ја усложнуваат структурата затоа што на истите порти за мониторот / HDMI / VGA излезите треба да се пушти сигнал од две различни места со што и самата плоча би била поскапа за производство, а сигналот може да изгуби на квалитет што би се одразило негативно кај професионалната употреба и кај големите екстерни монитори. Затоа при префрлувањето од IGP (Integrated Graphic Processor) на dGPU (discrete Graphic Processing Unit) овие физички миксери го исклучуваат екранот и сите програми кои во моментот барем малку имаат потреба од графичките перформанси.

Nvidia Optimus – хардверска имплементација На самата слика се гледа дека Nvidia Optimus е многу поедноставна и ги нема миксерите кои беа користени кај switch-технологијата. Во овој случај кога се користи IGP, dGPU воопшто не функционира, додека не се јави потребата од dGPU. Тогаш тој директно ги предава своите сигнали на IGP кој, всушност, треба да игра улога на тунел кој само треба да ги предаде сигналите понатаму. Но, тука се јавува еден проблем кој инженерите на Nvidia одлично го решиле. Станува збор за тоа дека IGP секогаш настојува да биде оној кој ќе раководи со излезниот сигнал, па така неговата немоќ да се справи со посилната dGPU, всушност, се одразува со забавување на целиот процес.

78

w w w.enter.net.mk


Nvidia Optimus

Како работи Nvidia Optimus е овозможена благодарејќи на комбинација од хардверски и софтверски алатки. Таа се базира на Optimus Copy Engine кој е вграден во сите 40nm картички на nVidia како GeForce 200M, 300M и идните Fermi чипови. Во претходната користена технологија на Nvidia, Hybrid SLI, се овозможуваше IGP да го прикаже сигналот од dGPU каде што елементи од 3Д тунелирањето беа користени за копирање на frame баферот до IGP. Ова користење на 3Д тунелите (pipelines) предизвикуваше застој при DMA операциите, но со помош на copy engine-от на Nvidia овој застој веќе не се случува. Како што кажува и самото име, работата на copy engine-от е да копира дел од frame баферот на dGPU преку PCI Express интерфејсот до системската меморија каде што се презема од IGP и се пренесува до соодветниот дисплеј. Кога бил претставен овој систем на работа се претпоставувало дека ќе се случуваат големи задоцнувања поради времето што е потребно да се копира баферот, да се достави до системската меморија и да биде преземен од IGP. Но, Nvidia тврди дека тие задоцнувања се помали од 3ms при работа од 60 Hz. Optimus технологијата во овој момент може да работи само со оперативниот систем Windows 7 со оглед на тоа дека само тој оперативен систем овозможува симултана работа на повеќе графички драјвери. Nvidia, исто така, имплементира неколку додатоци во своите драјвери кои се оптимизирани за работа со Optimus технологијата. Софтверот кој функционира во заднина детектира дали одредена операција има зголемена побарувачка на графички перформанси и автоматски го вклучува dGPU. Овој процес на препознавање операции кои треба да бидат извршени од дискретната или интерната графика е потпомогнат од одредени профили во самите драјвери на картичката. На пример, кога апликацијата ја вклучуваме и нејзиниот профил вели дека таа досега се служела со дискретната графичка картичка, Optimus ја вклучува истата, и обратно. Интересно е тоа што оваа технологија комплетно ја исклучува дискретната картичка доколку нема потреба од неа и на првите тестови кои биле извршени, кога таа не се користела била извадена од системот, додека конфигурацијата работела најнормално, а подоцна била вратена на своето место и без проблем вклучена од Optimus кога се јавила потреба. Така, слободно може да кажеме дека имаме еден вид Plug-and-play на графичка карта што досега било незамисливо.

Но, потрошувачката кога се користи дискретната графичка во Optimus и во Hybrid режим на работа е приближно еднаква што е сосема нормално. Истото тоа може да се каже и за интегрираната картичка доколку се користи во Optimus и Hybrid режим. Многумина кои се сретнале со оваа технологија првично помислиле дека Nvidia ја зголемиле ефикасноста на дискретните картички, но тоа е заблуда. Значи, целото намалување на потрошувачката е забележано доколку имаме промена на потребите на корисникот. Така, на следниот приказ може да забележите колкаво е намалувањето на потрошувачката во зависност од потребите на корисникот.

Потрошувачка на енергија Како што може да се заклучи од целиот текст, Optimus технологијата овозможува зголемен работен циклус на батеријата и зголемени перформанси на дискретната картичка. Тоа може да се забележи од следниот дијаграм:

Резултатите се добиени со помош на тестирање на два преносни компјутера од кои едниот е со овозможена Optimus технологија додека на другиот промената се врши со Switch-ување помеѓу двете картички. Тие се оставени кратко да работат во idle мод, а подоцна да функционираат под полна пареа. Просечната потрошувачка е средната вредност помеѓу максималната и минималната потрошувачка соодветно во idle и full load режим на работа. Од сето ова излагање може да се заклучи дека во иднина сите преносни компјутери кои имаат интегрирана и дискретна графика ќе забележат огромна ефикасност на комплетниот систем во однос на потрошувачката и перформансите. Досега овој избор многумина од нас го правевме пред да го набавиме преносниот компјутер со тоа што однапред требаше да се определиме за тоа дали ќе купиме компјутер кој ќе биде наменет пред сè за мобилност и долг работен циклус на батеријата на сметка на намалените перформанси или, пак, компјутер со одлични перформанси, но во нив ќе уживаме два до три часа кога не сме приклучени на напојување. Со Optimus ќе ги имаме максималните перформанси и минималната потрошувачка во еден уред, а сепак ние самите ќе го одредиме времетраењето на батеријата. Ивица Анѓелески

w w w.enter.net.mk

79


хардвер_

Моќен штедливец Мали трошоци за работење, мала потрошувачка на енергија, мал простор и ниска бучава. Ова се ветувањата што ги дава Fujitsu Siemens Computers за својата Primergy TX линија на сервери.

82

w w w.enter.net.mk

„Новите Primergy сервери на клиентите кои се свесни за трошоците им обезбедуваат високи перформанси во спрега со разновидност и доверловост на системите“, ова се зборовите на Ричард Меккормак, потпретседател за серверски и бизнис-решенија во Fujitsu America. „Флексибилноста и моќноста на серверите Primergy TX150 S7 и RX100 S6 ги прави идеални за генерална употреба и тие се достапни за да бидат атрактивни за клиентите во малиот и средниот сектор“.

Оваа нова генерација на еntry-level сервери е специјално дизајнирана да ги искористи предностите на последниот Intel Xeon 3400 процесор, како и dual-core 32nm процесорите кои досега беа познати под кодното име Clarkdale. Овде се вклучуваат Intel Pentium G6950, Intel Core i3-530 и моделите 540. Fujitsu се најбрзи од производителите на сервери кои истовремено промовираат двопроцесорски сервери со најновиот Интелов Clarkdale процесор. Познати под името Primergy TX150 S7 и RX100 R6, тие се наменети за два различни пазари. Базирани на стандардна индустриска архитектура, нудат лесно проширливо повеќекорисничко серверско решение за клиенти кои сакаат ценовно да ја оптимизираат ИТ инфраструктурата и да ја подобрат оперативната ефикасност. Двата сервера ја користат втората генерација на PCI-E слотовите, SAS 2.0 интерфејсот и можноста за надградување до 32 GB RAM меморија. Тие, исто така, продолжуваат да го користат Cool-Safe методот за ладење на Fujitsu. Cool Safe дизајнот на PRIMERGY и PRIMEQUEST серверите ја зголемува ефикасноста на ладењето, а со тоа се намалува количеството енергија потребно за разладување на серверите во податочниот центар. Водени од слоганот „Inspired by the nature“, со посебна важност кај тауер- системите е новиот саќест дизајн на предната маска. Иако ова на прв поглед не изгледа како голема иновација, хексагоналните отвори пропуштаат повеќе ладен воздух отколку кружните. Ова ја зголемува доверливоста на системот, а ги зголемува и перформансите на системот со тоа што дозволува функционирање на поголеми брзини. Тоа е мало, но ефикасно подобрување. Постои и верзија со течно ладење каде што ладилниците се подигнати над протокот на воздух кон меморијата и останатите компоненти. TX150 S7 е тауер-модел дизајниран како dual-core и quad-core еднопроцесорски систем за децентрализирана инфраструктура и може да се користи како сервер за генерална употреба или како доверлив database

сервер. Истовремено, тие имаат доволно капацитет кој дозволува проширување на меморијата. За еднопроцесорски систем, TX150 S7 нуди пристојно ниво на проширливост, достапност и скалабилност. Една од особините што Fujitsu најмногу ги потенцира е присуството на најновите Интелови Clarkdale процесори, кои нудат поголема процесирачка моќ, интегрирана графика и енергетска ефикасност. Ова ги отвора вратите кон помоќни и поразновидни еднопроцесорски сервери кои можат да се фатат во костец со зголемените процесирачки побарувања. Новата архитектура има интегриран мемориски контролер во процесорот, со што се подобрува протокот на информации низ целиот систем. Самиот процесор е значително помоќен од претходната генерација на Xeon процесори. Како резултат на тоа, вооружен со Clarkdale процесорот, Fujitsu сега го има за цел пазарот со повисоки перформанси за разлика од порано, со еднопроцесорските системи. Споредено со претходното решение на ова поле, Fujitsu го зајакнува својот потенцијал, поддржан од најновиот Интелов процесор со поголем капацитет, меморија и скалабилност. Според нивното уверување, задачите кои досега можеше да се завршат само со скапите quad-way машини, сега функционираат сосема солидно и на dual-socket системи. Clarkdale процесорите овозможуваат овие процесирачки операции да се изведуваат на еднопроцесорски сервери. Неодамна Fujitsu PRIMERGY TX150 S7 моносерверот е прогласен за енергетски најефикасен во својата класа во целиот свет. Овој модел неодамна постави нов светски рекорд во економична потрошувачка на електрична енергија на „SPECpower ssj2008“ стандардниот тест на глобалната независна организација за проценка и потврда на перформансите „SPEC“ (Standard Performance Evaluation Corporation). На овој тест е постигнат резултат од 2.187 операции со потрошен 1 ват електрична енергија (1 W). Овој тест е развиен со цел да се добие независна потврда на карактеристиките на потрошувачката


Fujitsu Siemens Primergy TX150 S7

опција 8 x 2,5” за SAS / SATA / SSD. Со системот стандардно доаѓа 350 W напојување кое има голема енергетска ефикасност до 85%. Како опција постои и Hot plug напојување од 450 W со енергетска ефикасност од 89%. Декларираното ниво на бучава е 24 dB во состојба на мирување и максимални 33 dB при максимално оптоварување на системот. Ако ви треба сервер за документи, за лесни или средни оптоварувања и ако сте мала компанија или голема со многу одделни мали канцеларии, тогаш TX120 може да биде токму тоа што го баравте. Тој е тивок, неупадлив и ќе се вклопи во секоја канцелариска околина. Иако на прв поглед цената може да ве натера да се подзамислите, бидете уверени дека заштедите што ќе ги донесе преку својата енергетска ефикасност ќе бидат повеќе од доволни да ги надминат ценовните разлики во однос на конкурентните сервери од истата класа. Христијан Мирчески - Кицо

и перформансите на серверите кои се во сериско производство. Со новиот резултат Fujitsu повторно ги поместува границите за употреба на моносерверите и покажува дека овие системи можат да се користат за пософистицирани намени, како на пример, за сервери за виртуелизација или сервери за база на податоци. Со примена на напредни и ефикасни единици за напојување со електрична енергија, интегрирано управување со потрошувачката на енергија, со унапредената архитектура на матични плочи, напредниот избор на компоненти Fujitsu Siemens Primergy се стекнаа со сертификат на комплетната класа на овие сервери според ENERGY STAR 1.0 стандардите. Ова претставува дополнителна потврда дека иновациите на компанијата Fujitsu придонесуваат за значително подобрување на перформансите

и ефикасноста на ова семејство на сервери, а со самото тоа и на нивната вредност за крајните корисници. Основата на системот е матична плоча со Интеловиот 3420 чипсет. Покрај наведените Xeon и Core I5 процесори, за корисниците кои немаат големи побарувања за процесирачка моќ се нуди и опција за вградување Celeroн G1101 процесор. Постојат шест мемориски слота за DDR3 меморија со ЕСС заштита со минимални 1 GB и максимални 32 GB меморија. Под интерфејс можат да се набројат: 10 USB2.0 порти, 1 VGA порта, две сериски, 1 Gb мрежна картичка и една сервисна LAN порта. Постојат две опции за интегрирани RAID решенија. Тоа се RAID 1/0 и RAID 5/5 за SAS дискови. Во куќиштето можат да се сместат 4 х 3м5”дискови SAS или SATA или како w w w.enter.net.mk

83


програмирање_

Зачувување слики

Сигурни сме дека сите сте виделе некоја боенка која работи како флеш-апликација. Можеби се сеќавате на флеш-апликацијата што ја изработивме пред некое време каде што вашиот лик беше прикачен на тело од некое животинче... Да не набројуваме, постојат многу моменти кога вие ќе сакате да ја овековечите моменталната слика на вашиот екран. За разлика од другите веб-апликации каде што само притискате полиња и кликате копчиња, кога работите со флеш-апликациите често посакувате слика од нив. Ова е возможно со помош на ActionScript 3 и PHP. Воопшто не е комплицирано и не бара премногу умствена работа. Заземете удобна позиција на вашиот работен стол, списанието „Ентер“ до вас и почнете да пишувате. Долго размислувавме дали да ви дадеме само пример за зачувување слика или претходно да направиме (нацртаме) нешто, а дури потоа да го зачуваме во .jpgформат. На крајот решивме да направиме вака: прво ќе направиме едно моливче со кое ќе чкртате нешто, а дури подоцна ќе го зачувате. Направете четири леери (слоеви). На првиот слој подоцна ќе внесеме малку код, на другите три ќе наместиме рамка, моливче и копче кое, кога ќе го притиснеме, ќе ни ја зачува сликата. За да видите како изгледа, (погледнете на слика1). Клипот со моливот ќе добие референца „pencil“, додека на копчето за зачувување му ја дадовме референцата „save_btn“. Најпрво ќе направиме моливот да може да пишува. Во највисокиот слој додајте го ова парче код: import flash.display.Sprite; import flash.events.MouseEvent; stage.addEventListener(MouseEvent.MOUSE_MOVE, moveCursor); Mouse.hide(); function moveCursor(event:MouseEvent):void { pencil.x = event.stageX; pencil.y = event.stageY; } var canvas_mc:MovieClip = new MovieClip() addChildAt(canvas_mc, 0); canvas_mc.swapDepths function sketch() { canvas_mc.graphics.beginFill(0xFFFFFF); canvas_mc.graphics.drawRect(0, 0, 250, 210); canvas_mc.graphics.endFill(); canvas_mc.addEventListener(MouseEvent.MOUSE_DOWN, startDrawing); canvas_mc.addEventListener(MouseEvent.MOUSE_UP, stopDrawing); canvas_mc.addEventListener(MouseEvent.MOUSE_MOVE, makeLine); } function startDrawing(event:MouseEvent):void{ canvas_mc.graphics.lineStyle(1, 0, 1); canvas_mc.graphics.moveTo(mouseX, mouseY); canvas_mc.addEventListener(MouseEvent.MOUSE_MOVE, makeLine); } function stopDrawing(event:MouseEvent):void{ canvas_mc.removeEventListener(MouseEvent.MOUSE_MOVE, makeLine); } function makeLine(event:MouseEvent):void{ canvas_mc.graphics.lineTo(mouseX, mouseY); } sketch();

86

w w w.enter.net.mk

(слика 1) Со помош на функцијата moveCursor го придвижуваме курсорот. Потоа, во зависност од положбата на тастерите од глувчето ги повикуваме функциите startDrawing, stopDrawing, makeLine за притискање, за отпуштање тастер и за движење на курсорот. Првата, startDrawing, ги поставува стилот и почетната точка на линијата што ќе ја цртаме, makeLine ја исцртува линијата според координатите на покажувачот и stopDrawing го трга лисенерот со што го оневозможува цртањето. Најважно е да споменеме дека сè што цртаме го цртаме на празниот movieClip canvas_mc, кој подоцна ќе го конвертираме во слика. (слика2) Сега доаѓа моментот кога треба да го зачуваме нашето дело. За декодирање на слики потребна ни е додатна библиотека која не доаѓа во стандарниот Adobe пакет. Одете на Google каде што има многу код, или поточно „http://code.google.com/p/as3corelib/“. Сместете ги во истиот фолдер каде што се наоѓа апликација и додајте (направете импорт на JPGEncoder класата) import com.adobe.images.JPGEncoder; Потоа додајте го следниот код: var serverPath:String = ""; function createJPG(m:MovieClip, q:Number, fileName:String) { var jpgSource:BitmapData = new BitmapData (m.width, m.height); jpgSource.draw(m); var jpgEncoder:JPGEncoder = new JPGEncoder(q); var jpgStream:ByteArray = jpgEncoder.encode(jpgSource); var header:URLRequestHeader = new URLRequestHeader ("Content-type", "application/octet-stream"); trace(serverPath) var jpgURLRequest:URLRequest = new URLRequest ( serverPath+"jpg_ encoder_download.php?name=" + fileName + ".jpg"); jpgURLRequest.requestHeaders.push(header); jpgURLRequest.method = URLRequestMethod.POST; jpgURLRequest.data = jpgStream; var jpgURLLoader:URLLoader = new URLLoader(); //jpgURLLoader.load(jpgURLRequest); navigateToURL(jpgURLRequest, "_blank"); }


Action Script save_btn.addEventListener(MouseEvent.CLICK, saveBtnPress); save_btn.addEventListener(MouseEvent.ROLL_OVER, saveBtnOver); save_btn.addEventListener(MouseEvent.ROLL_OUT, saveBtnOut); function saveBtnPress(e:Event):void { createJPG(canvas_mc, 90, "sketch"); } function saveBtnOver(e:Event):void { Mouse.show(); pencil.visible = false; } function saveBtnOut(e:Event):void { Mouse.hide(); pencil.visible = true; }

Сето тоа нема да функционира локално на вашиот компјутер. Потребно ќе биде да го прикачите на некој сервер кој, се разбира, поддржува PHP. Ние го направивме тоа и на слика3 може да видите како изгледа. Мислам дека нема потреба да дискутираме понатаму. Сега останува уште можноста за печатење. Отворете нов документ (може и во истиот), направете ново копче со референтно име по ваша желба и додајте го во продолжение ова парче код во првиот слој каде што е сместен и останатиот код: aa.addEventListener(MouseEvent.CLICK, printMe); function printMe(e:Event):void { var my_pj:PrintJob = new PrintJob(); if (my_pj.start()) { try { //ова ќе отпечати сè што има на екранот //доколку не сакате да испечатите сè //во функцијата addPage како аргумент //додајте го клипот што сакате да се испечати my_pj.addPage(this); } catch (e:Error) { //во случај на грешка можеби е најдобро да //испечатите нешто или да закачите некој popUp } //го пуштаме да се печати my_pj.send(); } }

(слика 2) Со овој код, со помош на библиотеката што претходно ја презедовме, правиме слика во .jpg-формат, или подетално кажано, ќе го обработиме нашиот MovieClip кој претходно го именувавме како sketch_mc. Со цел да го искористиме JPEGEncoder-от, нашиот MovieClip прво треба да стане Bitmap. За да го направите ова, ние ја користиме BitmapData класата. На конструкторот од оваа класа му пуштаме два аргумента: ширина и висина. Бидејќи ние сакаме нашата JPEG да биде со иста големина како sketch_mc, ги користиме ширината и висината за креирање на новиот .jpg-фајл. Сега, кога sketch_mc е во Bitmap форма, може да го користиме JPGEncoder-от. Кога креирате нова инстанца од оваа класа, потребно е да го одредите нивото на компресија кое се движи во границите од 1 до 100, па дури потоа да го создадете нашиот JPEG. Методот на кодирање на JPEG се врши преку ByteArray, бидејќи во AS3 класите полесно се обработуваат бинарни податоци. Следен чекор е зачувување на таа слика. Но, како што знаеме, од безбедносни причини флеш-апликациите не може да се запишуваат на хард-диск, па затоа ќе мора да одиме преку PHP страна. Сега ќе биде потребно да направите и PHP-фајл во кој ќе се повика функција за зачувување на сликата. Ништо страшно. Отворете нов текст-документ кој ќе го именувате како „ jpg_encoder_download.php “. Сега отворете го и додајте го следниот код:

(слика 3) Со осум реда код – вие ќе можете да печатите (слика4). Но, да не заборавиме дека голема заслуга за ова има вградената класа PrintJob која е новитет во AS3. Се надевам дека сте задоволни од досегасработеното. Со овие примери уште еднаш ја докажавме креативноста на Adobe и причината за нивниот голем успех во изминатата деценија. Колку е поголема нивната креативност, толку е поголема нашата мака за избор на тема. Но, на крајот сè убаво се завршува! Кирил Кироски

<?php if ( isset ( $GLOBALS["HTTP_RAW_POST_DATA"] )) { // get bytearray $im = $GLOBALS["HTTP_RAW_POST_DATA"]; // add headers for download dialog-box header('Content-Type: image/jpeg'); header("Content-Disposition: attachment; filename=".$_GET['name']); echo $im; } else echo 'An error occured.'; ?>

(слика 4) w w w.enter.net.mk

87


ТЕМА НА БРОЈОТ

90

98 најава PC KANE & LYNCH 2: DOG DAYS

Првенствено замислен да понуди револуционерна акција во кооперативната кампања и во мултиплеерот, производот на Io Interactive, Kane & Lynch, не успеа да го најде патот кон гејмерите и заталка во слепа улица да ги дружи останатите просечни наслови.

90 Тема на бројот BIOSHOCK 2

Ако мислевте дека е грешка што се направи продолжение на BioShock, сте погрешиле. Оригиналната игра им се допадна скоро на сите и сите ја обожаваа, па затоа беа загрижени кога се појави можноста за продолжение.

94 рецензија PC DARK VOID

Dark Void е визуелно импресивна игра која располага со солидна глума, извонредна музичка подлога и интересни воздушни битки. Но, тоа не е доволно бидејќи она што се крие под облаците и во дното на оваа темна празнина ќе го разочара секој посериозен играч.

96 рецензија PC S.T.A.L.K.E.R. CALL OF PRIPYAT

Во поглед на сите аспекти во играта, забележително е дека авторите сериозно ги имаат земено предвид советите на загрижените фанови кои, со бројни начини, го подобруваа искуството во грешките кај претходниците.

100 рецензија PC HEAVY RAIN

Слоганот на Heavy Rain e „Што сè ќе направите за да спасите некој што го сакате?“, но вистинското прашање што го поставува оваа игра е „Колку далеку може да ги помести границите една игра, пред да стане нешто сосема друго?“.

102 Рецензија XBOX 360 ARMY OF TWO: THE 40TH DAY

Доколку сте љубител на FPS игрите, тогаш сигурно името Army of Two за вас претставува синоном за забава и добра тимска борба.

106 Најава XBOX 360 SINGULARITY

Singularity е еден од потенцијалните хитови на Raven Software кои треба да се појават во продажба оваа година. Raven Software, за оние кои не знаат, е креатор на мегахитот Soldier of Fortune .

108 ДРУШТВЕНИ ИГРИ СВЕТОТ НА ZENDIKAR СЕ БУДИ!

Древни сили почнуваат да се будат предизвикувајќи светот на Zendikar да го истури сиот свој бес врз населението.


ВЕСТИ

EndWar 2 на стаклени нозе EndWar требаше да биде предводник на нов правец во жанрот на RTS игрите, со оглед на тоа што поддржуваше можност за гласовно контролирање на единиците на мапата. Но, за жал, тоа не се случи, пред сè, поради големиот број пропусти во другите делови на гејмплејот во играта. Сепак, минатото лето беше најавено дека се работи на продолжение на оваа игра. Тогашниот лидер на целиот проект, Мајкл де Платер, најави дека ова продолжение ќе донесе огромен број промени, кои играта ќе ја направат позабавна и притоа ќе се елиминираат недостатоците што ги имаше првата игра. Но, изминативе денови беше објавено дека развојот на EndWar 2 е прекинат. Во моментов не се јасни причините поради кои Ubisoft се откажале од понатамошно финансирање на проектот, ниту дали ќе се бара нов финансиер и дали воопшто оваа игра некогаш ќе го види светлото на денот. Со нови информации за EndWar 2 во некој друг број на „Ентер“.

Детали за Crysis 2 Продолжението на Crysis е најавено за крајот на оваа година, но деталите за оваа игра сè уште ни доаѓаат капка по капка. Навистина е многу итро на неколку месеци да се открива по некој мал дел од играта. Еве што во моментов е познато за Crysis 2. Дејството на играта ќе се одвива во Њујорк и на располагање ќе ни биде нов костим со нови способности, кои ќе наметнат повеќе експериментирање и поголем број различни пристапи до проблемите. Вонземјаните се повторно главни противници, а борбите со нив би требало да бидат „катастрофално прекрасни“, благодарејќи на надградениот енџин. Со оглед на тоа што приказната во првиот дел речиси ја немаше, сега авторите вложуваат многу труд токму во правењето добра приказна и тоа би требало да резултира во 15-20 часа играње во сингл-плеер кампањата. Секако, Crysis 2 ќе содржи и мултиплеер, но во моментов за него нема никакви информации.

Alan Wake за PC официјално откажан

Steam во бројки Иако многумина не веруваа во нивниот успех и стратегија, Steam секоја година бележи раст во продажбата во однос на претходната година. Според конкретните бројки што ги објави Valve (чиј сервис е Steam), Steam во моментов нуди неколку илјади игри од стотина различни компании, додека продажбата во однос на претходната година им пораснала дури за 205%. Во однос на корисниците, тие наводно имаат 25 милиони активни, од кои дури 10 милиони имаат профил на Steam-заедницата. Како што може и да се очекува, најголем дел од корисниците се пријавиле во текот на декември, пред сè, поради празничната грозница, кога Steam навистина нудеше огромни попусти на скоро целата понуда. Ако сè уште не сте запознаени со концептот на Steam, можете да ја разгледате нивната официјална страница http://store. steampowered.com/.

Најавена Prison Break-игра Видовме CSI, Lost, Grey’s Anatomy, Desperate Housewives (секоја полоша од другата), House M.D. e, исто така, во изработка, па затоа и не е никакво изненадување тоа што се прави игра според серијата Prison Break. Навистина е чудно што не се појави порано, бидејќи темата за бегство од затвор е идеална за видеоигра. Од она што може да се види од сликите на интернет, направена е одлична дигитализација на ликовите од серијата, а нивните гласови ќе ги позајмуваат и актерите од серијата. Играчите нема да играат како Мајкл Скофилд, туку како извесен Том Пакстон, агент на озлогласената „Компанија“, кој во затворот Fox River влегува како лажен осуденик кој треба да ги шпионира браќата Скофилд/Бароус. Играта се однесува само на првата сезона на серијата (и единствената добра сезона), а играчот ќе има можност да се сретне со сите главни ликови, да учествува во клучните сцени од серијата, да се тепа со T-Bag, да вежба со C-Note, да се спријателува со останатите затвореници со цел да собере делови од тетоважата на Мајкл и да открие детали за бегството. Играта треба да се појави во текот на 2010 година.

Microsoft официјално ги откажа плановите за Alan Wake за РС, што ги уништи надежите на гејмерите, кои очекуваа дека оваа игра, која според сите ќе биде огромен хит, нема да остане Xbox 360 ексклузива. Кога првпат беше објавена работата на оваа игра пред пет години, таа всушнот беше најавена за РС, па дури беше и најавувана како првата игра за Vista која ќе користи DirectX 10, но Remedy минатиот јули најави дека ќе го менува фокусот на играта кон Xbox 360. Оттогаш беше нејасно дали воопшто ќе излезе PC верзија на играта. Сега Microsoft ги потврди сомневањата. Интересен е и изговорот на Microsoft за откажувањето на PC верзијата. Според нив, РС платформата е „премногу интимна“ и некои игри биле подобри да се врзуваат за РС, а други за играње на кауч пред голем LCD екран. Но, што е со оние гејмери како мене кои најчесто играат РС игри на LCD телевизор? Очигледно, Microsoft не мисли на сите. Излегувањето на Alan Wake официјално е закажано за 21 мај оваа година.

70% од WOW играчите се откажуваат пред десеттото ниво Blizzard неодамна објави дека дури 70% од претплатниците се откажуваат од играње на World of Warcraft пред да го достигнат десеттото ниво. Колку за појаснување, во моментов има 11 милиони претплатници, кои плаќаат месечен надомест и се имаат надградено далеку над десеттото ниво. Според Blizzard, само 30% од играчите кои ја пробале бесплатната пробна верзија на играта продолжиле да играат и понатаму. Компанијата се надева дека ќе ги подобри овие бројки со новата експанзија – Cataclysm, но 70% е навистина неверојатна бројка, кога ќе се земе предвид колкав е бројот на играчи што остануваат да ја играат играта. Ако само уште 10% од луѓето би останале да ја играат, уште колку милиони луѓе се тоа?

Жарко Петровски ЕНТЕР GAMING EDITION //

89


TЕМА НА БРОЈОТ BioShock 2

Ако мислевте дека е грешка што се направи продолжение на BioShock, сте погрешиле. Оригиналната игра им се допадна скоро на сите и сите ја обожаваа, па затоа беа загрижени кога се појави можноста за продолжение. Но, сите сакаа да доживеат уште една игра со исто толку високо ниво на зрелост, ремекдело во раскажување на приказната и со огромен број уникатни, несекојдневни идеи, кои многу тешко можеа да се повторат. Иако сите очајно посакуваа повторно да го посетат подводниот град Rapture, како да се сомневаа дека тоа ќе го наруши тематското значење што го имаше првото патување таму. По помалку од три години во развој, тимот на BioShock успеа да направи уште едно ремек-дело. Ова е продолжение што ја проширува митологијата, но воопшто не губи од мистеријата. Продолжение кое воведува фасцинантни нови околини и ликови, но не ги заборава или запоставува претходнопоставените. Продолжение кое им дава на играчите многу моќи, но ги балансира со нови стравови.

За оние од вас кои играат игри подолго време, сигурно не е никакво чудо Irrational Games да направат одлична игра. Ова развојно студио го прави тоа уште од System Shock 2. Она што не можеше да се знае е како момците од 2K Marin, основани од членовите кои работеа на оригиналната BioShock, ќе се справат со продолжението. Излезе дека тие завршиле повеќе од одлична работа. BioShock 2, за разлика од својот претходник, е поделена на сингл-плеер и мултиплеер дел, па во тој поглед претставува поголем наслов. Гејмплејот е во основа ист, што значи дека ќе користите комбинации од оружја и специјални моќи, наречени плазмиди, за да се справите со лудите непријате-

90

// ЕНТЕР GAMING EDITION

ли, во потрага која ве води во длабочините на Rapture, притоа откриваќи многу морбидни тајни. Начинот на напредување низ мисиите, исто така, останува ист, па и сега во различните области од Rapture ќе ви бидат давани задачи што треба да ги завршите пред да дојдете до кулминацијата на приказната. Иако ова на прв поглед изгледа премногу познато, нема да помине многу време пред да почнете да ги забележувате промените што ги направиле 2K Marin, кои се навистина добредојдени и многу помагаат да се подобри гејмплеј-формулата и да се направи подобро играчко доживување. Дејството на приказната е сместено се случува десет години по настаните во


првата игра. Веќе нема да играте со несреќникот Џек од првата игра. Овој пат ќе ја преземете улогата на „Субјектот Делта“, прототипот за Big Daddy чуварите, кои беа заштитен знак на првата игра. Но, вие не сте како другите. За разлика од нив, вашиот лик поседува супериорна брзина и интелигенција, како и слободна волја. Вие сте поврзани со вашата „Мала сестричка“ Eleanor, со љубов, која може буквално да ве убие. Big Daddy ќе направи сè да ја спаси својата „Мала сестричка“. Откако ќе биде убиен и ќе ја изгуби Eleanor, по десет години тој мистериозно се буди и неговата единствена главна мисија е да ја најде својата сестричка. Ваша заедничка желба е повторно да бидете заедно, но Eleanor е сега заробеник на својата мајка, Sofia Lamb, која е новата господарка на Rapture. Таа е дијаметрално спротивна од претходниот господар на Rapture, Andrew Ryan, човекот кој го основал Rapture како место кое нема да биде ограничено од ниски морали, политика и религии. Таа можеби ја нема харизмата на Ryan, но нејзината лична филозофија и лудилото што го поседува ја прават одличен главен негативец. Исто како и во првата игра, и овде клучната компонента е начинот на раскажување на приказната, која е скоро исто толку моќна како и во првиот дел, но сепак не е без мани. Првата игра повеќе се фокусираше на самиот град Rapture и мистеријата за неговото уништување, додека BioShock 2 скоро воопшто не ги допира овие аспекти, па ако не сте ја играле првата игра, нема целосно да разберете што, всушност, се случува. Низ менијата ќе можете да најдете материјали за читање, но тие се премногу скриени за да го привлечат вашето внимание. Она што мене најмалку ми се допадна во приказната е тоа што авторите воопшто не се потрудиле да дадат објаснувања во врска со ликот со кој игра играчот, како на пример, фактот зошто само вие од сите Big Daddy-ја можете да користите плазмиди. Помеѓу вас и вашата „Мала сестричка“ стои „Фамилијата“ - полурелигиозниот култ сплајсери, кои се поранешни жители на Rapture и кои ги командува Sofia Lamb. Поради долгогодишното користење на генетски засилената дрога наречена ADAM, тие имаат суперчовечки моќи, но за цена на тоа се целосно полудени. Изминатите десет години ги направиле сплајсерите уште погрди и поизобличени. Но, тие истовремено се и многу поопасни,

бидејќи научиле нови предаторски вештини и начини на преживување. Повеќето сплајсери со кои ќе се сретнувате ќе им бидат познати на оние кои ја играле првата игра, како пајаколиките сплајсери кои можат да се качуваат по ѕидови или, пак, телепортирачките худини сплајсери. Ним сега им се придружуваат и грдите сплајсери-дивјаци, кои може да ве

соборат како кула од карти. За полесно да се справите со овие опасни накази, немате друг избор, освен да почнете да користите ADAM за да станете појак и да добиете нови особини. Токму тука работите стануваат интересни. Како што веќе знаете од претходната игра, токму морничавите „Мали сестрички“ се оние кои собираат ADAM со своите шприцови од лешовите на мртвите

сплајсери (кои тие ги нарекуваат „ангели“). Ако не сте запознаени со фикцијата во BiosShock, секоја сестричка ја чува по еден Big Daddy кои, сакале вие или не, ќе мора да го убивате за да продолжите низ играта. Откако тие ќе бидат разделени, останува на вас да одлучите што ќе направите со малото девојче кое ќе плаче за својот сурогат татко.

ЕНТЕР GAMING EDITION //

91


TЕМА НА БРОЈОТ BioShock 2

Бидејќи и вие самите сте еден од овие оклопни чудовишта, ќе можете да ја качите на рамена и да ја посвоите, да ја ослободите од нејзината морбидна состојба или, пак, безмилосно да ја убиете за да добиете ADAM и да се надградите. Со ова е создаден навистина силен систем на морални одлуки. Ако одлучите да ја посвоите сестричката, ваша задача ќе биде да ја играте улогата на другите Big Daddy-ја кои можете да ги видите низ Rapture и да чувате стража додека таа собира ADAM од мртвите и да ги уништите сите сплајсери, кои сакаат да го прекинат овој процес. Колку и да ја чувате сестричката, само ја одложувате големата одлука што треба да ја направите. Дали ќе бидете себични и ќе ја убиете за ADAM? Или, пак, ќе одлучите да бидете несебични и да ја ослободите? Секој од овие избори ви нуди различно количество ADAM како награда, но без разлика што ќе одлучите, ќе ве стигне казната од „Големите сестри“. Овие пораснати мали сестрички се опремени со оклоп, исто како и нивните поранешни чувари, и се многу брзи, моќни и лути на вас што си играте со нивните полусестри. ADAM-от со кој се здобивате може да се троши за добивање нови плазмиди, како на пример, можноста да фрлате огнени топки, да исфрлате рој од пчели од рацете, телекинетски моќи и слично. Исто така, ќе можете да купувате и генетски тоници, со кои ќе се здобивате со пасивни надградби, кои ќе прават да бидете потивки, побрзо да се движите, да станете имуни на елекрицитет и слично. Сите овие генетски мутации ќе можете да ги користите преку вашата лева рака, додека десна-

92

// ЕНТЕР GAMING EDITION

та е резервирана за едно од големиот арсенал на оружја. Ваше основно оружје како Big Daddy е големата метална бургија, а ќе имате можност да користите и автоматска пушка, фрлач на ракети, кој се монтира на вашиот грб, сачмарка, смртоносниот spear gun и многу други. Секое од оружјата може да користи неколку типа на муниција, која ќе можете да ја менувате за да ви одговара во одредена ситуација. Очигледно е посветено и многу внимание на начинот на кој се надградуваат оружјата и плазмидите. Првите две надградби ги прават оружјата поефективни во борба, а следната отклучува специјална функција, како на пример, можност да ги зашеметувате непријателите со електрицитет, да ги палите со оган и слично. Изменет е и начинот на кој се надградуваат плазмидите, па тие имаат и секундарни и тернарни својства. На пример, плазмидот „рој од пчели“ иницијално ќе ги зашеметува непријателите. Ако целосно го надградите, пчелите ќе може да ги убиваат непријателите и секој што е убиен од

инсектите ќе се претвори во еден вид на жива бомба, исфрлајќи инсекти врз другите непријатели што поминуваат покрај лешот. Овие работи може не се некоја сензационална промена, но донесуваат многу свежина во гејмплејот и прават играњето да биде многу поинтересно. Во секоја ситуација во која ќе се најдете постојат неколку начини на кои можете да и пристапите. Ако немате премногу трпение, а имате полн healthbar, можете да се опремите со омиленото оружје и плазмид и да почнете да разнесувате сè околу себе. Ако, пак, сакате повнимателно да и пристапите на ситуацијата, можете непријателите да ги фатите неподготвени и да ги неутрализирате пред да сфатат што се случува. Со хипнотизирачките плазмиди ќе можете да ги свртувате непријателите еден против друг, а ќе можете да ги хакирате безбедносните системи да ги напаѓаат. Мини-играта со местење цевки со кои се хакираа апаратите и безбедносните системи во првата игра е исфрлена. Сега, сè што треба да направите кога хакирате е да


спектакуларно како што изгледаше оригиналната игра во 2007 година, но Rapture и сега е одлично дизајнирано место. Овој подводен град е навистина прекрасен. Водата што тече низ ѕидовите и плафоните ќе го замаглува вашиот поглед, како потсетник на вашата несигурна позиција и магловите сфаќања на случувањата во градот кој, како што изгледаат работите, требало да биде уништен многу одамна. Звукот во играта, исто така, е одлично измешан со остатокот од работите, а силната гласовна глума им дава реалистичност на ликовите со кои комуницирате. Bioshock 2 е навистина одлична игра, но не е без мани. PC верзијата на играта нема никаква поддршка за гејмпад, а авторите дури и немаат намера да го поддржат. Уште еден пропуст е тоа што играта нема вистинска поддршка за

запрете движечка стрелка на некоја од зелените испрекинати линии со различна дебелина. Откако ќе ја завршите сингл-плеер кампањата, која трае околу 12 часа, ќе можете да продолжите на мултиплеер режимот на игра, кој како подлога има интересна приказна, сместена пред случувањата во првата игра, за време на падот на Rapture. Вие ќе играте како еден сè уште неполуден сплајсер, кој се приклучува на програмата за тестирање на експериментални оружја и плазмиди, а потоа ќе станете дел од војната помеѓу Andrew Ryan и неговиот соперник Atlas. Најголемиот број од мултиплеер мечевите поддржуваат до десет играчи и тие имаат многу побрзо темпо од сингл-плеер играта, па можеби ќе ви биде потребно и одредено време додека да се привикнете. Структурата на надградување и отклучување награди наликува на Modern Warfare. Со секоја битка ќе ви се зголемува ранкот и ќе ви се отклучуваат многу оружја, плазмиди и тоници (дел од нив ги нема во сингл-плеер играта), кои ќе ве направат помоќни во битките. Мултиплеерот се состои од седум режими на игра, кои се сместени во еден неразрушен Rapture. На пример, во „Capture the Sister“ ќе мора колку што е можно подолго на своите рамена да носите сестричка која постојано плаче и вреска, пред да ве убие некој друг играч тој и да ја киднапира. Во друг мод, ќе можете да станете Big Daddy ако најдете костим кој се наоѓа на произволно место на мапата. Мултиплеер играта во BioShock 2 е навистина забавна и ќе ви пружи многу часови забава откако ќе го завршите сингл-плеер делот. Визуелно, BioShock 2 не изгледа толку

widescreen монитори и телевизори, па таа е отсечена слика на оригиналниот 4:3 формат. Ова е навистина чудно, ако се земе предвид дека и претходникот на оваа игра боледуваше од истата болест, пред да биде поткрепен со закрпа. И покрај своите мани и големиот број сличности со оригиналот, BioShock 2 нуди многу подобрувања во гејмплејот и има пофокусирана приказна, што ја прави многу поигрива. Ако барате FPS игра која нуди многу повеќе од едноставност, стереотипни ликови и copy/ paste заплети, BioShock 2 е вистинската игра за вас. Ова е игра во која приказната, околината и гејмплејот се експертски споени и создаваат искуство кое е исто толку провокативно колку што е забавно. Жарко Петровски

Минимална конфигурација:

9,0

. Windows® XP / Vista / Windows 7 . Процесор: Athlon 64 3800+/ Pentium 4 3,0 GHz . 1 GB RAM за XP, 2 GB за Vista или Windows 7 . Графичка картичка: Nvidia 7800 / Ati Radeon X1900 Pro со 256MB VRAM

ГРАФИКА:

Препорачана конфигурација:

АТМОСФЕРА:

. Windows® XP / Vista / Windows 7 . Процесор 2,6 GHz Core 2 Duo или AMD еквивалент . 3 GB RAM . Графичка картичка: Nvidia 8800 / Ati Radeon HD4830 со 512 MB VRAM

ГЕМПЛЕЈ: ЗВУК: МУЗИКА:

ПРОИЗВЕДУВА: 2K Marin ИЗДАВА: 2K Games ЖАНР: FPS ПЛАТФОРМА: PC, XBOX 360, PS3

ЕНТЕР GAMING EDITION //

93


РЕЦЕНЗИЈА

PC

Dark Void

Dark Void е визуелно импресивна игра која располага со солидна глума, извонредна музичка подлога и интересни воздушни битки. Но, тоа не е доволно бидејќи она што се крие под облаците и во дното на оваа темна празнина ќе го разочара секој посериозен играч.

Кога се наоѓате во некоја ситуација или доживувате празно чувство кое не вреди да се забележи или опише, би го употребиле зборот „void“. Токму овој збор ни изгледа најсоодветен додека размислуваме како да го опишеме начинот на кој е реализирана приказната, како и поголемиот дел од останатите елементи на гејмплејот. Кампањата во Dark Void има осмислено приказна која, за жал, поради слабата реализација, нема да остави позитивен впечаток врз повеќето гејмери. Додека го прелетувате Бермудскиот триаголник за време на Втората светска војна, ќе бидете префрлени во друг свет наречен Void. Карактеристично за една научно-фантастична приказна, спротивно од името (Void – празнина), светот изобилува со вонземски раси и луѓе кои се впуштени во меѓусебни конфликти. Немајќи преголем избор, вашиот лик, Вилијам Августус Греј (William Augustus Grey), се приклучува на фракцијата Survivors и вложува напори да се врати во светот од којшто дошол. За таа цел, ќе ви биде пружена помош од останатите ликови кои имаат заеднички интереси, но и од познатиот научник Никола Тесла и неговите изуми. Многу

94

// ЕНТЕР GAMING EDITION

ситуации и клучни пресврти бесрамно се преземени од некоја друга игра или филм, а истото се однесува и за дијалозите. Единствена светла точка е солидната глума која до некој степен ги намалува фрустрациите со овој оддел. Не можејќи правилно да бидеме мотивирани од приказната, го насочивме вниманието кон останатите аспекти од играта, а таму - на секоја позитивна забелешка произлегуваат по неколку негативни. Dark Void поседува задоволителен систем при користењето оружја, интеракција со околината и соочување со непријателите, но по неколку часа играње задоволството исчезнува само за да биде заменето со неиздржлива монотонија. Имате неколку оружја на располагање, непријателите се разновидни и предизвикувачки, а melee и headshot ликвидирањето знае да ви измами насмевка. Во што е тогаш проблемот? Во повторувањето. Имате повеќе од доволно ситуации да ги повторите сите движења одново и одново. Откако ќе бидете запознаени со гејмплејот и контролите, а тоа се случува екстра брзо, играта го губи шармот и не знае како да го направи искуството наградувачко и


интересно. Често ќе се наоѓате себеси како се прикривате зад некои предмети, пукате со стандардните оружја и претрчувате од една до друга точка сериозно сомневајќи се во сопствениот вкус и начинот на кој сте решиле да го поминете слободното време. Повторувањето е забележително и во локациите. Низ кампањата, зад секое ќоше се крие дежа-ву, а многуте неинспиративни комплекси и предели се повторуваат со мали или никакви промени во изгледот. Благодарејќи на jet-pack-от, кој ќе го добиете по неколку часа играње, покрај стандардниот систем за прикривање, авторите имаат осмислено и вертикален систем на прикривање, лебдење, како и летање. Воведувањето jet-pack е најдобриот елемент во гејмплејот без кој оваа игра ултрабрзо би пропаднала во уште една празнина, но овојпат - на заборавот. Откако ќе го добиете вашиот jet-pack, монотонијата привремено исчезнува, а играта станува значително позабавна. За време на летањето, чувството за брзина е навистина задоволително, особено воздушните акробации што ги правите со jet-pack-oт, но и соочувањето со непријателските воздушни единици. Спротивно на едноличниот амбиент на земјата, воздушните локации одземаат здив со нивната визуелно совршена реализација, зраците на сонцето се прекршуваат и пробиваат меѓу облаците, а акцијата е динамична и интересна, иако контролите се предизвикувачки и бараат повеќе време за навикнување. Монотонијата, за жал, има пуштено корени и во овој дел и откако ќе ги доживеете сите движења што ги замислиле авторите, не ви останува ништо друго освен да го повторувате истото нешто. Најголемиот минус во Dark Void е немање мул-

типлеер, што е навистина тешко да се поверува, особено кога ќе се земат предвид огромните потенцијали на воздушните битки. Авторите имаа одлична можност да ја оправдаат цената што се бара за играва барем со достоен мултиплеер, но како што е случајот со останатите аспекти, така и овој заигра руски рулет и изгуби. Dark Void се рекламира како целосна тродимензионална игра доколку, се разбира, располагате со соодветниот хардвер, но ова е точно само ако ја поседувате PC верзијата на играта. Гејмерите кои ги очекуваат истите благодати преку својата конзола и играта ја купиле најмногу поради таа функција ги очекува многу непријатно изненадување. Најсветлите точки кај овој просечен полуфабрикант се должат на глумата, извонредната музичка подлога и првобитната, но краткотрајна забава за време на епските воздушни битки. Сето останато се провлекува, првин како иритирачко дете, а потоа како егоцентричен старец кој не знае како да го води разговорот за да не ве убие од здодевност. Dark Void е една од оние игри кои ќе ги сакате само доколку сте трпеливи и подготвени за компромиси. Играта можеби изгледа убаво, но начинот на кој се реализирани клучните елементи ќе ги разочара и најмалку пребирливите гејмери само по неколку часа играње. Доколку имате екстра време за убивање, Dark Void може да се наметне како интересно решение за инстантна, но краткотрајна забава. Во случај да барате содржински побогат наслов кој долго ќе се памети откако ќе се заврши, најдобро би било целосно да ја прескокнете оваа игра. Мартин Јованчевски

6,2 ГРАФИКА: ГЕМПЛЕЈ: ЗВУК: МУЗИКА: ПРИКАЗНА: ПРОИЗВЕДУВА: Airtight Games ИЗДАВА: Capcom ЖАНР: Action, Third-person shooter ПЛАТФОРМА: PC, XBOX 360, PS3 ЕНТЕР GAMING EDITION //

95


РЕЦЕНЗИЈА

PC

S.T.A.L.K.E.R. Call of Pripyat

Како трета игра која ги опишува настаните во радиоактивната зона, S.T.A.L.K.E.R. Call of Pripyat успева да ги задржи сите интересни работи од претходните две игри, а да ги замени или исфрли повеќето елементи што ги фрустрираа гејмерите.

Во поглед на сите аспекти во играта, забележително е дека авторите сериозно ги имаат земено предвид советите на загрижените фанови кои, со бројни начини, го подобруваа искуството во грешките кај претходниците. Call of Pripyat (COP во долните редови) се состои од истата забава без да воведува некои револуционерни новини. Грешките се исправени, графиката е испеглана, а реалноста е издигната на сосема ново ниво. Постепеното градење тензии во свет кој постојано се менува и никогаш не е предвидлив се двата елемента кои се доведени до совршенство. Но, не е сè беспрекорно и по неколку часа играње зоната открива неправилности и недостатоци кои би можеле да им пречат на одредена група играчи. COP се надоврзува на настаните од првата игра, но овој пат не играте како „stalker“, туку како воено лице, Алекс Дегтјарев, чија цел е да дознае што се случило со воените хеликоптери што биле испратени во зоната. Потрагата по одговорите ќе ве одведе до напуштениот град Припјат, но за да дојдете таму, првин ќе прошетате низ предели

96

// ЕНТЕР GAMING EDITION


кои се смртоносни колку што се убави и ќе се соочите со непријатели кои ќе ве препотат уште пред да го испукате првиот куршум. За разлика од првите две игри, во COP е вложено повеќе труд во меѓусеквенците и дијалозите, но и покрај тоа, приказната не успева целосно да ве мотивира. Доколку издржите до последните часови од кампањата, работите стануваат поинтересни, особено откако ќе почнат да се вклопуваат деловите од сложувалката и да ги добивате бараните одговори. Дури и со вообичаената приказна, COP има што да понуди. Покрај главната цел, низ играта ќе сретнете бројни NPC ликови кои ќе ви понудат најразлични мисии. Некои од ликовите, се разбира, за соодветна цена, ќе ви продаваат оружје и опрема, ќе извршуваат поправки и/или надградби. И покрај сите поправки и надградби што можете да ги извршите, играта е предизвикувачка, особено ако ја играте на потешко ниво. Непријателите се екстра внимателни и повеќето од нив користат воени тактики, уникатна способност или комбинација од двете. Па, така, едно од новите суштества, со име „the burer“, користи телекинетички моќи да фрла предмети кои се во неговата близина или, пак, да ви го влече оружјето со кое пукате. Друго суштество, наречено „химера“, демне ноќе и напаѓа брзо и немилосрдно кога најмалку го очекувате тоа. Иако самите битки

се доволно импресивни, најдобрата страна кај COP се неизвесните моменти пред започнувањето на битката. Никогаш не можете да знаете кога, од што и на кој начин ќе бидете нападнати. Каде и да се свртите во огромниот свет, секоја насока изгледа полна со непредвидливи опасности, а морничавите звуци уште повеќе го потенцираат чувството дека секој момент може да се случи нешто лошо. За зголемување на неизвесноста придонесува и нестабилната околина, односно случајните радиоактивни аномалии кои можат да експлодираат во кој било момент и предвреме да ви го скратат престојот во зоната. Инвентарот со кој располагате, исто така, има доживеано промени и изгледа попрегледен и поедноставен за користење. Артефактите и понатаму се од особена важност, се наоѓаат на исклучително опасни места и поради тоа нивната моќ ќе биде ваша само доколку детално го планирате секој чекор и располагате со соодветна опрема. Ваквата претпазливост при играњето би можело да иритира одредени играчи кои сакаат да завршат нешто набрзина, но сите останати ги очекува пријатно чувство на исполнетост кога конечно ќе зграпчат некој артефакт. Успехот на модот Complete 2009, за првата игра од серијалот S.T.A.L.K.E.R, покажува дека графиката во COP би можела да биде подобра, дури и со вклучените опции за DirectX 11. COP е една од ретките игри кои ги користат потенцијалите на најновата верзија на DirectX, иако нема да забележите огромни подобрувања во графиката. Но, и вака како што стојат работите, играта е визуелно чудо кое на моменти изгледа и загрижувачки реално. Временските услови, особено невремето, влијанието на ветрот,

сонцето и анимациите на флората и фауната се мајсторски изработени и често пати не би сакале да работите ништо друго освен да истражувате и да се восхитувате на убавините околу вас. Меѓутоа, ненаметливата музичка подлога во комбинација со веродостојните аудиоефекти се секогаш тука да ве потсетат дека убавината и опасноста одат рака под рака. Играњето беше проследено со мали и привремени визуелни недостатоци (како застарени текстури) и никакви сериозни грешки, што сведочи дека COP е најзрелиот производ на овој украински тим досега. Најголемиот недостаток, ако може да се каже така, е малиот број револуционерни новини. COP е игра која покажува како би требало да изгледаат првите две игри од серијалот. Наместо да воведат клучни промени кои ќе го прошират искуството во радиоактивната зона, авторите

имаат посветено повеќе време затегнувајќи ги сите добри елементи и исфрлувајќи ги лошите. Поради тоа, ако ги имате поминато Shadow of Chernobyl и Clear Sky, Call of Pripyat може лесно да ви здосади. Или, пак, уште повеќе да ви се допадне. Нема да знаете сè додека не навлезете во зоната уште еднаш, каде што песната на ветрот преколнува да биде слушната, а суштествата трпеливо се кријат во сенките и будно го чекаат вашето приближување. Мартин Јованчевски

8,25 ГРАФИКА: ГЕМПЛЕЈ: ЗВУК: МУЗИКА: ПРИКАЗНА: ПРОИЗВЕДУВА: GSC Game World ИЗДАВА: GSC World Publishing ЖАНР: FPS, RP, Survival Horror ПЛАТФОРМА: PC ЕНТЕР GAMING EDITION //

97


НАЈАВА

PC

Kane & Lynch 2: Dog Days

Првенствено замислен да понуди револуционерна акција во кооперативната кампања и во мултиплеерот, производот на Io Interactive, Kane & Lynch, не успеа да го најде патот кон гејмерите и заталка во слепа улица да ги дружи останатите просечни наслови. Авторите на серијалот Hitman дадоа сè од себе да ја променат лошата судбина на нивното новопечено чедо и не сакајќи целосно да се откажат од двата симпатични антихерои, најавија продолжение насловено како Kane & Lynch 2: Dog Days. Од она што можевме да го видиме, среќната ѕвезда задоволно им се насмевнува.

Во несреќната игра од 2007 година гејмерите се запознаа со ново смртоносно дуо. Здружувајќи ги силите, платеникот Кејн и харизматичниот психопат Линч отворија пекол на земјата и поминаа низ него со огромна размена на олово и пцости. На крајот од играта, двата антихерои се разделија, при што Кејн се врати кај својата ќерка, додека Линч, барајќи ефикасно засолниште, пребегна во Шангај. Шангај е динамичен град населен од 20 милиони жители. Многу работи можат да се случат

98

// ЕНТЕР GAMING EDITION

во една таква метропола. Особено ако сте лудак. А, ако ја следевте приказната во првата игра, тогаш знаете дека на Линч очајно му требаат другарчиња во бели мантили. Не можејќи да започне мирен живот, Линч се враќа на старите патишта и го повикува Кејн да му помогне во една „профитабилна“ операција. Со тоа, вратите на пеколот повторно се отвораат, а кучешките денови започнуваат. Целата кампања во Kane & Lynch 2: Dog Days е замислена да се одвие за 48


часа. Во сингл-плеер режимот играте како Линч на најразлични локации во Шангај. Иако целото дејство е концентрирано само во еден град, авторите изјавија дека гејмерите во ниеден момент нема да искусат еднолични локации. Шангај е град кој изобилува со препознатливи богати и сиромашни квартови, како и помалку населени локации, кои драстично ќе се разликуваат меѓу себе. Бидејќи се работи за ко-оп игра, кампањата ќе можете да ја поминете со уште еден познаник во оф-лајн режим на игра, при што екранот се дели на два дела, или пак во он-лајн режим. Вашиот партнер, ветија од Io, ќе игра клучна улога во одредени

ситуации и ќе биде од непроценлива помош при извршување мисии кои бараат активна соработка од двајцата играчи. Тимот беше срамежлив на ова поле и не изјави ништо повеќе, но очекуваме слична меѓусебна соработка како во Resident Evil 5 каде што едниот играч ќе направи нешто за да може другиот да помине некоја пречка и слично. За време на кампањата, акцентот е на акцијата, при што имате на располагање најразлични оружја и можности за прикривање. Контролите и системот на прикривање, според амбициозниот тим, имаат доживеано промени за 180 степени и сите лоши работи од првата игра ќе бидат подобрени со цел на играчите да им се пружи флуидно играње. Двајцата ликови со коишто играте можеби имаат неплатени сметки со разумот, но тоа никако не ги прави непобедливи. Поради тоа, често ќе морате да се прикривате зад кревките ѕидови и предмети. Откако ќе бидете сериозно повредени, ќе ви биде понуден избор да се довлечкате зад некој предмет или, пак, да се соочите со супериорниот непријател пред да падне завесата и да се појави екранот за вчитување. Непријателите,

патем, внимателно ќе се поставуваат во зависност од локацијата, ќе се прикриваат и пукаат од зад ѕидовите, а и често ќе се трудат да ве опколат. Така барем ветуваат авторите, но повеќето од вас можеби се сеќаваат на истите овие ветувања кои самоуверено ја бомбардираа гејмерската свест уште пред да излезе првата игра. Поради тоа, научивме да бидеме скептични по природа и ветувањата да ги прифаќаме со резерва, барем додека не го заиграме демото или финалната верзија. Она што навистина ни се допадна е оригиналниот начин на прикажување на акцијата. Имено, Io решија да се поистоветат со бројните аматерски

видеоматеријали кои секојдневно ја оптоваруваат YouTube мрежата за да создадат реално искуство. Камерата е позиционирана зад вашиот играч, но не е фиксирана како во повеќето игри, туку се движи како вистински човек да трча зад вас и да ја снима целата акција. Поради тоа, за време на пресметките камерата се тресе како да се наоѓа во раце на преплашен граѓанин и секој погодок визуелно ќе биде регистриран на камерата. Снимката

трепери, се изобличува при експлозии или, пак, целосно се прекинува на моменти, а крвта која се распрскува се лепи на камерата и го заматува видикот. Деталите се огромни и иако ваквото нешто ќе биде пречекано со негодувања од некои гејмери, повеќето уште сега искажуваат нетрпение да ги искусат пресметките на таков начин. Io се задоволни од промените, особено кога ќе се земе предвид дека на тој начин нивната игра добива уникатен шмек, а сите недостатоци на застарениот енџин вешто се прикриваат. Целата забава ќе биде префрлена и во мултиплеерот и зачинета со некои ин-

тересни модови. Одлично замислениот мод од првата игра, Fragile Alliance, повторно ќе стапи на сила, но со интересни промени и додадоци кои, засега, се држат во тајност. За неупатените, Fragile Alliance е игра во која гејмерите се поделени на крадци и полицајци. Како крадец имате можност да им го свртите грбот на “колегите” и да го задржите целиот плен за вас, но откако ќе ги убиете соучесниците, тие ќе се појават на страна на полицијата и екстра ќе се заангажираат да ви организираат средба со судија или свештеник. Вештите крадци, кои стратешки ќе ги измамат соучесниците, ги очекуваат одлични награди. Тимот кој стои зад Kane & Lynch 2: Dog Days има децениско искуство кое вроди ултрапопуларни наслови, од кои го издвојуваме серијалот Hitman. Но, слабиот успех на првата игра од авантурите на Kane & Lynch фрла вознемирувачки сомнеж кој не остава премногу простор за предвремено радување. Од понудените материјали се забележува дека тимот ја научил лекцијата и дека се стреми кон добитна формула. Останува да видиме до која мера ќе се остварат ветувањата. Мартин Јованчевски

ПРОИЗВЕДУВА: IO Interactive ИЗДАВА: Eidos Interactive ЖАНР: Third-person shooter ПЛАТФОРМА: PS 3, XBOX 360, PC

ЕНТЕР GAMING EDITION //

99


РЕЦЕНЗИЈА

PS3

Heavy Rain

Слоганот на Heavy Rain e „Што сè ќе направите за да спасите некој што го сакате?“, но вистинското прашање што го поставува оваа игра е „Колку далеку може да ги помести границите една игра, пред да стане нешто сосема друго?“. Оваа игра ќе ви понуди едно од најемотивните доживувања што можете да ги почувствувате играјќи видеоигра. Играњето на Heavy Rain ќе ве направи тажни, гневни, среќни, задоволни и нетрпеливи на онаков начин како што мал број на игри го направиле тоа.

100 //

ЕНТЕР GAMING EDITION

Видеоигрите најчесто започнуваат со убиство. Помеѓу почетокот и крајот најчесто има уште многу убиства и тоа на најразлични начини, а и крајот завршува со некакво убиство. Heavy Rain е една поинаква игра за убивање, со таа разлика што кога ќе го повлечете чкрапалото (ако го повлечете чкрапалото), тоа ќе предизвика последици. Во Heavy Rain може и да умрете, но наместо притоа да го загубите прогресот во играта, ќе загубите можности. Проблемот со најголемиот број модерни игри е тоа што постои голема празнина помеѓу тоа што го доживува ликот во играта и тоа што го доживува играчот. Иако многу игри успеваат да извлечат емоции од своите играчи, Heavy Rain се обидува да ја спои оваа неверојатна празнина помеѓу емоциите и физичкото – и брилијантно успева во тоа. Ретко која игра досега толку реалистично ги пренела чувствата на нервоза, нетрпеливост, љубов, страв и која било друга емоција што ќе ви падне на памет – од телевизорот директно во мозокот на играчите. Heavy Rain го прави тоа

преку неконвенционалната контролна шема со која неверојатно пренесува како некој навистина би реагирал врз основа на својата емоционална положба. Во медиум каде што вашето виртуелно постоење е толку евтино, што најголемиот број од игрите не се ни грижат да ве казнат што го трошите залудно, Heavy Rain сака да ве натера да научите да го цените човечкиот живот. Целата брилијантност е поврзана со одличната приказна, во која ќе треба да го испреплетете и вашиот личен морал и да донесувате одлуки по ваше лично убедување, а не по тоа што играта сака да направите. Играта започнува малку бавно. Ќе бидат потребни неколку часа пред работите да постигнат кулминација, а кога таа е постигната, постојано ќе бидете на работ на столчето и до самиот крај на играта нема да сакате да го оставите контролерот. Со

други зборови, ако имате малку трпение, Heavy Rain ќе ви пружи незаборавно доживување какво што ретко може да се види во видеоигрите. Во играта ќе можете да играте со четири лика. Целата приказна започнува со младиот архитект, Ethan Mars. Во една несреќа тој ќе загуби еден од своите двајца синови, а тој ќе остане во кома. Кога по две години ќе се разбуди од комата, тој се оддалечува од својата жена и од синот Shaun и обвинувајќи се себеси за тоа што се случило, постојано седи затворен дома. Набрзо работите ќе тргнат од лошо кон полошо за Mars, кога Shaun ќе биде киднапиран од „Убиецот Оригами “, сериски убиец кој киднапира деца и ги дави во дождовница неколку дена подоцна, а потоа ги остава телата на пусти места. Така, Mars започнува брутално патување, кое ќе ја тестира неговата ментална сила под притисок, неговата решителност


и посветеност да го спаси својот единствен син. Приказните на останатите ликови со кои ќе играте се испреплетуваат со онаа на Mars. Scott Shelby е поранешен полицаец кој сега работи како приватен детектив. Тој е најмен од семејствата на жртвите на „Убиецот Оригами“ и прави паралелна истрага со онаа на полицијата, бара траги и докази што полицијата ги пропуштила. Norman Jayden е FBI изработувач на профили, испратен да и помогне на локалната полиција во истрагата. Негова специјалност е користење на една специјална направа наречена ARI, која му овозможува да ги истражува местата на злосторствата на еден уникатен начин. На локалната полиција не и се допаѓаат ниту неговото присуство ниту, пак, методите на работа, па тој се бори што побрзо да ги спои делчињата докази, пред да биде предоцна. На крајот, тука е и 27-годишната фоторепортерка Madison Paige. Таа пати од хронична несоница и кошмари, па затоа најчесто спие во локалните мотели, бидеќи тие се единственото место каде што може да се одмори и да се релаксира. Иако, на почетокот таа нема директна врска со случајот на „Убиецот Оригами“, таа наскоро ќе се најде длабоко заплеткана во истрагата и ќе се стави себеси во голема опасност за да ја најде вистината. Играчите ќе маневрираат низ околината, користејќи ја несекојдневно направената контролна шема. На екранот ќе ви се појавуваат икони за копчињата што треба да ги притиснете во секвенца, ќе го движите десниот аналоген стик за да правите движења, ќе го тресете контролерот и многу повеќе, за да имате интеракција со сцените на екранот. Секоја секвенца на копчиња или движења со гејмпадот што треба да ги направите е пропорционално тешка со задачата што треба да се изведе, па ако вашиот лик е уплашен или е под притисок, иконите на екранот се појавуваат треперејќи и побрзо. Оваа несекојдневна контролна шема прави фантастична работа да ве поврзе со ликовите и со нивната емоционална состојба. Вашите постапки се пренесуваат на ликовите и многу често краткото време што го имате да направите некоја одлука во некоја новонастаната ситуација ќе се преслика на нивното време за реакција. Во играта има доволно акција во форма на брутални и насилни тепачки, бркотници и смртоносни престрелки, но дури и обичните работи, како миење на забите или нишање на бебе да заспие, се зачудувачки интересни и ви помагаат да ја зацврстите врската со ликовите. За разлика од другите игри, Heavy Rain не го следи вашиот прогрес во однос на успех или неуспех. Не постои вистински или погрешен начин да се игра оваа игра, па така без разлика каков е вашиот исход, играта ќе продолжи понатаму и ќе се адапти-

ра на последиците на вашите постапки. Вашата изведба низ играта може да има низа различни ефекти, од мали промени во завршувањето на некоја сцена до многу поголеми промени. Цели настани може да не се појават ако вашите постапки и одлуки направиле дејството во играта да се разграни во различна насока. Возможно е дури и да умрат главните ликови, притоа елиминирајќи ги придонесите во приказната што ги направиле тие. Без разлика што ќе ви се случи низ играта, приказната ќе се приспособи на тоа, што го прави Heavy Rain лична сума од вашите искуства. Иако одличната приказна на Heavy Rain е нејзина најјака страна, таа е и нејзина најголема мана, кога станува збор за преигрување на играта. Неверојатните десет часа игра се преполни со разгранети заплети и пермутации, но тешко дека некој повторно ќе сака да ја преигра играта на различен начин, штом еднаш ја завршил. Како што споменав претходно, приказната е премногу лична, па откако ќе ја завршите играта, таа е веќе раскажана и ликовите со кои сте се врзале, во кои сте се пресликале себеси и кои ви се блиски, нема да бидат истите, ако ги правите работите различно. Во играта има и мени од кое можете да изберете поглавје во играта, каде што ќе можете да преиграте некое „што ако“ сценарио, но овие сцени ретко ќе ви остават ист впечаток при второто преигрување. Од сцена во сцена, играта прави одлична работа да ве внесе во

емоции, а одличната гласовна глума го комплетира човечкиот елемент во играта и задоволството го прави уште поголемо. Heavy Rain e неверојатна игра. Во неа ликовите не само што изгледаат, се однесуваат и зборуваат како луѓето што секојдневно ги сретнувате на улица или во автобус, туку нивните постапки и чувства се толку доближени до реалноста, што често ќе имате проблем да издвоите за кого ги донесувате одлуките – за себеси или за ликот во играта. Дали сакате приватниот детектив Scott Shelby да го запре крадецот во продавницата да не го убие сопственикот, дали ќе го нападнете или ќе разговарате со него? Што би направиле вие лично да се најдете во истата ситуација? Дали ќе останете настрана и ќе чекате работите да се одиграат како вие да не сте таму? Или, што е уште поважно, дали ќе можете да живеете со одлуката што сте ја направиле? Heavy Rain е смел и визионерски чекор напред во медиумот на интерактивно раскажување. Исто како одличен филм или книга, оваа игра ќе направи луѓето да зборуваат за неа долго време откако ја завршиле. Навистина е вистинска штета што е PS3-екслузива, па играчите на Xbox 360 и PC нема да имаат можност да ја играат. Жарко Петровски

приказната и во умовите на ликовите. Сепак, има неколку дупки во заплетот и недоследности. На пример, има неколку очигледни траги и клучни делови од доказите во случајот со „Убиецот Оригами“ за кои полицијата воопшто не е свесна. Исто така, во зависност од тоа како ја играте играта, може да ја завршите без да знаете што се случило, а и необично е тоа што ликовите кои никогаш не се сретнале се познаваат меѓусебно. Друга забелешка што ја имам за играта е непостојаноста на фрејмрејтот и грешките во текстурите, особено ако загледате нешто одблизу. Но, и покрај овие проблеми, Heavy Rain е игра која изгледа фантастично. Визуелниот дизајн на различните околини е беспрекорен и количеството детали употребени да се направи секоја сцена во играта е неверојатно. ГРАФИКА: Моделите на ликовите ГЕМПЛЕЈ: се хиперреалистични, особено начинот на ЗВУК: кој се движат и комуницираат со околинаМУЗИКА: та. На многу начини АТМОСФЕРА: тие ги изразуваат своите чувства како вистински луѓе. ОдличПРОИЗВЕДУВА: Quantic Dream ната музичка подлога ИЗДАВА: SCEA е клучна за атмосферата, а во Heavy Rain ЖАНР: Авантура е направена така што на вистински начин се ПЛАТФОРМА: PLAY STATION 3 вклопува со вашите

9,0

ЕНТЕР GAMING EDITION //

101


РЕЦЕНЗИЈА

XBOX360

Army of Two: The 40th Day

Доколку сте љубител на FPS игрите, тогаш сигурно името Army of Two за вас претставува синоном за забава и добра тимска борба. Пред некое време излезе и вториот дел од оваа игра со наслов „The 40th Day“ кој претставува побивање на теоријата дека секоја втора игра се продава поради успехот на својот претходник. Ако сакате вистинска забава и FPS, тогаш The 40th Day е играта за вас.

Доколку некому не му е јасно, Army of Two: The 40th Day спаѓа во жанрот на пукачки игри во трето лице. Целта на оваа игра е едноставна, а таа гласи „Get out of Dodge“. Зошто целиот град е опколен со ракети? Кој го направил тоа? Зошто гинат невини цивили? Но, дали тоа е навистина важно во оваа игра?! Вие може да го обоите вашето оружје како што ќе си замислите, а потоа со него да ги разнесувате мозоците на непријателите што ќе ви застанат на патот. The 40th Day претставува одличен спој на жестока акција и одлично избалансиран

102 //

ЕНТЕР GAMING EDITION

гејмплеј. Оваа игра, како и нејзиниот прв дел, нуди одлична можност за забава во која ќе бидат вклучени и вашите најблиски пријатели со кои ќе се обидете да уништите сè што може да се уништи. За првиот дел од оваа игра не може да кажеме дека бевме воодушевени или дека беше лош. Едноставно, првиот дел од Army of Two беше просечен. Иако беше поздравен со овации и имаше солиден број на корисни техники, не постигна позначаен успех. Сите убави работи од првиот дел останаа непроменети и во овој дел. Влечењето на телата,

оживувањето на вашиот соиграч, гледањето преку ѕидови... Но, да не се задржувам на работи за кои веќе сме зборувале (имавме најава на првиот дел со убаво објаснување за секоја позначајна карактеристика). Gunplayот од The 40th Day, како и самата механика на движење, е доработена и сега може слободно да се каже дека е повеќе од солидна. Некои работи при бодувањето на акцијата и развојот на моралот се недоработени, но сето тоа паѓа во сенка на одличната брутална акција. Со други зборови, второто продолжение на Army of Two

дава многу причини да ги потрошите вашите пари и време на него. Војската во оваа игра ја сочинуваат двајцата платеници, Rios и Salem, кои играат репризна улога и во ова продолжение. Дејството на The 40th Day повторно е базирано на кооперативниот режим на игра или, поинаку кажано, мора да соработувате со вашиот сооиграч за да успеете да заработите пари. Доколку играте на една конзола, ќе добиете поделен екран, или цел екран доколку се игра он-лајн. Приказната во оваа игра не е којзнае колку голема. Имено,


те текстура за вашето оружје. Но, немојте да заборавите дека изборот на оружје ГРАФИКА: не е избор на моден ГЕМПЛЕЈ: детаљ за вашиот платеник. НајважЗВУК: но е да одберете нешто ефикасно и МУЗИКА: корисно. Негативна ПРИКАЗНА: работа е малиот број секундарни оружја во играта. Мислам ПРОИЗВЕДУВА: EA Montreal дека три пиштоли воИЗДАВА: Electronic Arts општо не се доволни. Кога ви кажав дека ЖАНР: FPS вештачката интелигенција на вашиот ESRB: ЗА ВОЗРАСНИ соиграч во солорежим на играње е прекрасна, заборавив да напоменам Позитивни дека таа е подеднакво добра и кај карактеристики: вашите противници. Па, така, тие често ќе можат да ги прочитаат вашите . брутална и заводлива механика на намери и да ви создадат навистина пукање (gunplay) непријатни ситуации. Ако изборот на . одлично приспособување на оружје е делот кој ми остави најсилен оружјето впечаток, тогаш делот со заложни. разовидна околина, богата со ците е она што ме натера да изгубам детали многу време пред мониторот. Имено, . одличен replay луѓето во оваа игра се наречени Негативни „noncombatants“ и додаваат одлична повторлива интеракција со вашиот карактеристики: платеник. Тие се честа мета на вашиот . кратки кампањи непријател, па поради тоа и голем . опцијата Weird Dabbling во моралот дел од кампањите се состојат од нив. 1 GB RAM но ослободување. Но не е секогаш . мал број видови на непријатели важно само да останат живи. Ќе мора да внимавате да останат смирени и ќе може да ги забележите сите детали задоволни од вашата реакција, во коишто ги има насекаде околу вас. спротивно нема да ги добиете парите Околините се прекрасно изработени, или новото оружје што ви го ветиле. а рака на срце, и многубројни. Звукот За пофалба се Comic-book-style е несекојдневно уживање за секој сцените кои го одржуваат во живот гејмер, но не и за околината која не детето во секој играч. Честитки за сака насилство... Како и да е, топло тимот кој ги смислил и создал овие ви ја препорачувам. Можеби не е сцени. Не знам дали е потребно да најдобрата FPS игра што може да ја зборувам за графиката. Како и во купите, но убеден сум дека има многу првиот дел, така и овде е сè беспренешта да понуди. корно исполирано. Вам ви останува Кирил Кироски само да имате одличен екран на кој

8,5

овие двајца ликови се наоѓаат во градот Шангај и треба да поминат низ непријателските сили кои, всушост, се платеници – колеги на нашите ликови. Механиката на пукање (или Gunplay) е остра и задоволителна, а движењето низ просторот е едноставно и интересно додека се лизгате на рамните подлоги, трчате преку пречките... Но доколку не внимавате, секогаш може да завршите на некоја опасна позиција каде што животот на вашиот лик е ставен во голема неизвесност. Со други зборови, движењето низ играта е прекрасно искуство, но бидејќи помина многу време од првиот дел, потребно е повеќе време за да може да изведуваме флуидни движења. Доколку се решите за соло-мисија, вашиот соиграч ќе биде компјутерот и неговата вештачка интелигенција. Кога веќе зборуваме за вештачката интелигенција, мора да дадам позитивни критики бидејќи навистина е за пофалба. Доколку не разбирате што зборувам, сè ќе ви стане јасно кога вашиот соиграч ќе ви го спаси животот, понекогаш ризикувајќи го сопствениот. Независно од тоа дали ќе играте соло или во кооперативен режим на игра, тактиката што ја креирате е директно поврзана со крајниот резултат. Имено, едниот платеник речиси секогаш треба да го привлече вниманието на непријателот за подоцна неговиот колега без многу маки да се ослободи од досадните непријатели. Доколку се спасуваат заложници, акцијата треба да биде детално осмислена и, се разбира, беспрекорно реализирана ако воопшто сакате да добиете „кеш“ или некоја нова надградба. Се разбира, постојат и други тактики како што се предавањето (клекнување на колена) за подоцна кога ќе се појави вашиот колега брзо да го извадите пиштолот (секундарното оружје) и да му ја разнесете главата на непријателскиот

платеник. Ќе може да застанете грб со грб и притоа вртејќи се во круг да средите сè околу себе, или едноставно, едниот да бега, а другиот да пука со снајпер... Со други зборови, оваа игра нуди вистински и несекојдневен вкус на гејмерска акција. Нешто навистина карактеристично (ако не и најоригинално во вториот дел) е приспособувањето на оружјето. Оваа опција постојано ви е достапна. Па, така, со неа ќе може да отклучувате нови оружја, да пронаоѓате нови во текот на борбата, да купувате и да ги модификувате по ваша сопствена желба. Доколку менувате оружје во борба, потребно ќе биде вашиот соиграч да ве чува, бидејќи начинот на купување оружје е замислен како дејство кое се извршува во реално време. Може да купувате автоматски пушки, сачмарки, снајперски пушки и слично. Имате одличен избор на надградби, придушувачи, нишани... Со текот на борбата ќе имате повеќе место за бомби, ќе заработувате големи суми на пари (бидејќи сте платеник по професија ) при што ќе може да направите сопствени оружја (doit-yourself) цевка каква што сакате вие, сандак за муниција по сопствен вкус, доколку ви треба може да додадете и придушувач и што ли уште не, за да на самиот крај одбере-

ЕНТЕР GAMING EDITION // 103


НАЈАВА

XBOX360

Singularity

Singularity е еден од потенцијалните хитови на Raven Software кои треба да се појават во продажба оваа година. Raven Software, за оние кои не знаат, е креатор на мегахитот Soldier of Fortune или, со други зборови, ова студио е мајстор за одлични FPS наслови. Singularity е нешто што допрва ќе треба да се докажува. Ние ги имаме сите детали за оваа игра, па затоа продолжете да читате. Момците од Raven Software вложуваат многу во оваа игра со цел да воведат малку свежина во FPS жанрот. Кога почнувам да зборувам за дејството на некоја игра, обично конкретно кажувам во кој период се случува и на кое место... Но, овој пат (и за првпат) можам да кажам дека дејството се одвива во два периода и тоа истовремено. Да! Добро прочитавте, не се работи за никаква печатна грешка. Имено, дејството се одвива во 1950 и во 2010 година. Знам дека не ви е баш јасно, но продолжете да читате. Значи, вие ќе може да манипулирате со времето, а

104 //

ЕНТЕР GAMING EDITION

притоа дизајнот на самото ниво ќе зависи од времето и локацијата каде што се наоѓате во моментот. Главната улога во оваа приказна ја има Nate Renko кој е ипратен во минатото (поточно во 1950 година) со цел да ги истражува и следи сомнителните случувања на руската армија за време на Студената војна. Тој е пилот кој летајќи кон базата забележува некаков електронски облак (или топка) која ќе го избрише за миг неговото помнење. Наеднаш тој ќе се најде во еден непознат простор... Местото каде што се движи нашиот јунак се нарекува Katarga-12 и


претставува остров каде што руските научници вршат секакви експерименти, некои корисни, а некои премногу ризични... Како што веќе кажавме, Singularity се темели на променливата физиономија на самиот остров. За да може Nate да го направи ова, потребно му е TMD, или Time Manipulation Device (уред со чија помош манипулирате со времето). Иако ова звучи скромно, ветува многу. Морам да признаам дека вакво нешто досега немаше во FPS насловите. Рака на срце, можевте да го стопирате времето, да го забавите, да патувате низ времето, но вакво нешто - дефинитивно не. Со користење на TMD, вие ќе креирате непредвидливи ситуации. Да не ме сфатите погрешно, не може да го вратиме целиот остров назад во времето или да забавиме некое дејство, туку едноставно, даден предмет може да ја врати својата форма онаква каква што била некогаш. Така, на пример, доколку најдете неколку даски и притоа на нив го употребите TMD, тие ќе се спојат во одредена кутија која подоцна ќе може да ја отворите и во неа да најдете муниција или храна за вас. Ќе може да разрушите некои скали за да поминете низ нив, за потоа да го вратите времето кога тие биле целосно функционални за да може да се искачите на следниот кат од некоја зграда. Многу ќе биде интересно ако го примените TMD на вашите мутирани непријатели – тие ќе го добијат обликот што го имале пред да бидат инфицирани. Сите овие особини и даваат голема предност на Singularity пред другите игри од овој тип. Ваквиот пристап на гејмплејот ќе направи големо поместување на FPS монотонијата што владее долго време. Искрено, со душа ја очекуваме оваа игра да се појави и да видиме како ќе се игра бидејќи навистина ветува многу, многу забава. При играњето ќе се среќаваме со многу загатки или сложувалки. Не грижете се, не се премногу тешки. Имено, ќе треба да пронајдете по некој предмет и да го сместите онаму каде што му е местото (каде што недостасува), а притоа TMD ќе ви биде од огромна помош во одредени ситуации. Се разбира дека овие загатки се

само дел кој ќе придонесе за поголема игривост и за повеќе потрошено време на Singularity. Авторите на оваа игра ветуваат дека приказната ќе се развива во текот на целата игра, а не само преку мултимедијални секвенци. Ова ќе донесе поголема концентрација и желба на играчите за совладување на соодветното ниво и напредување низ нивоата сè додека не ја завршат целата игра. Ќе треба да пронаоѓате видео и аудиоленти, кои подоцна ќе може да ги пуштите и да видите што се случило во минатото. Одвреме-навреме целиот остров ќе има флеш-бек ефекти (или Singularity ефект) и низ тие навраќања ќе дознаете многу информации односно ќе добиете бледа слика за даденото место и за опасностите што демнат. Се разбира дека со ваквата линеарност доаѓаат и неколку негативни работи. Па, така, поради ваквиот развој на приказната, играчот ќе нема премногу слобода на движење, што и не е некој страшен проблем. Сè на сè, малку линеарност и добар гејмплеј воопшто нема да ни дојде лошо. Интеракцијата со објектите е премногу детално разработена, така што во зависност од вашата креативност, ќе можете да им приредувате секакви незгодни ситуации на вашите непријатели. Внимавајте: „Секој предмет во играта ќе може временски да се менува“ или барем така се фалат издавачите. Еве еден добар пример за креативност. Вашиот непријател се

наоѓа зад некој бетонски столб и чека вие да му излезете пред очи. Вие го земате TMD во рака, го враќате времето на столбот (правите тој да остари), тој станува послаб и се срушува, а подлогата што ја држи паѓа врз него. Овој пример имавме можност да го видиме од кратките филмови со кои Raven Software ја најавија оваа игра. Ова би сакале и ние да го пробаме. Според досега виденото, графиката е добро сработена, впрочем, не се очекува ништо помалку кога зборуваме за дело од Raven Software кои воедно ветија дека вештачката интелигенција ќе биде вистински предизвик дури и за професионалните FPS играчи, а на неа сè уште се работи. Малку знаеме за непријателите со кои ќе треба да си ги

информации за нив, освен тоа дека се добро измоделирани ;) За успехот на оваа игра да биде што поголем, се подготвува и мултиплеер-режим на игра каде што TMD ќе придонесе за многу поинакво искуство со вашите реални непријатели. Бидејќи ќе биде употребен Unreal 3 енџинот, може да очекувате огромни пространства и заразна мултиплеер-акција. Иако оваа игра требаше да се појави минатата година како верзија за PC, Xbox 360 и PS3, премиерата беше презакажана за оваа година. Нè делат само неколку седмици од моментот кога ќе го почувствуваме ова несекојдневно Singularity-искуство. Сигурни сме во нејзиниот успех и слава. Ова ќе биде уште една потврда за тоа дека ситниците го гарантираат

одмериме силите. Досега ни се познати успехот. Освен тоа, Raven Software стои само Zeks суштествата или заразените зад неа, па вие – размислете! Ако ви е советски војници кои одвреме-навредоста читање, може да побарате некој ме можат да станат недопирливи и трејлер за играта. Видете за што ви Phase-летачките суштествата кои на зборував досега! својот грб, во мали торбички, носат Кирил Кироски E99 кој ќе може да го врати вашиот лик назад во времето. Доколку ги заробите овие суштества, ќе може да ги користите ПРОИЗВЕДУВА: Raven Software како нагазни мини за ИЗДАВА: Activision непријателот. Знам дека ќе има уште ЖАНР: FPS многу непријателски расположени суштестПЛАТФОРМА: XBOX 360 ва, но немам никакви ЕНТЕР GAMING EDITION // 105


НАЈАВА

XBOX 360 / PS3

Fable III

Доколку го прашате Питер Молино (Peter Molyneux), главниот човек на оваа игра, за што станува збор во новото продолжение на Fable III, тој без да одолговлекува, ќе ви одговори дека носечката тема на оваа игра е моќта. Поточно, Fable III е игра која ќе направи играчот да се чувствува навистина моќно. Како го замислиле тоа создавачите на оваа игра и дали успеале да го реализираат – прочитајте во следните редови текст. Можеби е малку рано да се зборува за оваа игра, но бидејќи се работи за нешто навистина интересно, ние решивме да ги споделиме сите информации поврзани со Fable III. Дејствотото е сместено педесетина години по завршувањето на претходниот дел на

106 //

ЕНТЕР GAMING EDITION

оваа игра. Иако таму вие бевте само обичен херој, во овој дел директно ќе се борите за освојување на кралскиот трон. Приказната започнува со детето на главниот лик во Fable II, кој на почетокот е обично момче или девојче, кое постепено созрева и се развива, за некаде на крајот да стане крал. Имавме

можност да фрлиме поглед на демоверзијата (но, морам да кажам дека ја немаме пробано бидејќи официјално не се дистрибуира, освен за саемски презентации). На почетокот, претходниот херој се појавува на сцената, камерата пополека се спушта надолу... Интересен момент кој никој не го

очекуваше. Херојот станал татко и сега има прекрасна ќеркичка која му прави друштво по шумската патека... Шефот од Lionhead, Питер Молино, најави дека новото продолжение нема да има стандарден „health bar“. Наместо тоа ќе имаме заматување на екранот, нешто што го видовме во Modern Warfare 2. Повторно изненадување, и така ред по ред сè додека не ја прочитавме неговата последна изјава: „Fable III нема да биде стандарден RPG“. Дали ви се верува?! Некој конечно сфати дека мора да има револуција во овој жанр. Питер смело изјави дека не може нешто што


постои повеќе од 20 години да биде сè уште интересно и примамливо. Аплауз од нас. Поради оваа изјава, ние имаме големи очекувања од оваа игра (се разбира, веруваме и во тимовите кои работат на оваа игра, Microsoft Game Studios и Lionhead ). Од демото можевме да ги потврдиме гласините дека Fable III е едно ниво над другите игри од овој жанр кога зборуваме за механиката на играње, а да не заборавиме дека таа сè уште се доработува. Ќе се послужам со зборовите на Питер за во кратки црти да ви го опишам жанрот на оваа игра: елементи на RPG жанр со совладување левели при што се прави комбинација на акциона авантура со нагласок на визуелните ефекти и емотивната приказна. Да не заборавиме дека оваа игра собра поени како RPG, но сега со малку поедноставен гејмплеј сигурно нема да добие негативни поени од своите фанови. И уште една ситница: Fable 3 e X360-ексклузива и треба да пристигне до крајот на оваа година.

оваа игра нема да има две исти оружја. Како што ќе напредувате во борбите, така вашето оружје ќе станува поголемо и ќе добива по некој уникатен белег. Да споменам дека вашето оружје подоцна ќе може да го продадете онлајн на друг играч. Но, да се вратиме на најважното. Со самото тоа што оружјето ќе се надградува, вашиот лик ќе станува се помоќен и понезапирлив во својата намера. Визуелниот дел на самото оружје е многу добро осмислен. Од примерите што ги видовме, заклучивме дека доколку правите многу злодела со вашиот нож или сабја, на неа засекогаш ќе остане црвена дамка од крв. Но, доколку со секира кршите и убивате скелети и зли демони, дршката ќе добие изглед на `рбетен столб на некое човечко суштество. Друга важна карактеристика во оваа игра е спријателувањето и држењето за рака. Малку е чудно за олку насилна игра да има вакви нежни работи (но продолжете да читате). Доколку сакате да се спријателите со некој лик кој ќе ви се најде на патот, ќе треба пред него да изведете некој танц, за подоцна да може да го фатите за рака и да продолжите заедно да освојувате. Се разбира дека ова е потребно. Ако сакате да станете владетел, ќе мора да соберете моќ. Па, една од најмоќните работи е

начин. Со тоа ќе постигнете една од многуте важни работи во оваа игра – добивате приврзаници кои постојано ќе бидат со вас. Само со нивна помош вие ќе стигнете до кралскиот престол. Остана неразјаснета дилемата дали овие ликови ќе ви помогнат при борба или ќе се сокријат додека да помине густото. Како што се развива играта, така станува сè поинтересна. Набрзо вие ќе станете крал и ќе треба самите да донесувате одлуки за вашето

(убива недолжни луге) ќе изгледа навистина страшно. Во текот на борбата светнуваат неговите трајбал-тетоважи, од грбот му излегуваат големи демонски крилја... Не знам дали би згрешил ако кажам дека ликот што го видовме изгледаше како ѓавол. Ликот кој се бори со лошите ликови е сосема спротивен од овој црвенокож демон. Тој има сина боја, бели крилја, свети леденобело... Сè на сè, борбата во Fable III изгледа импозантно и драматично.

Врз основа на малкуте инсерти што ги видовме, се чини дека Fable III ќе се игра на речиси ист начин како и Fable II, со копчиња наменети за маѓија, проектилно оружје и примарно оружје. Интересен и иновативен е арсеналот на оружје. Замислете, понудата не е голема, а секој ваш избор е уникатен. Што значи тоа? Вие ќе можете самите да креирате свое оружје. Мислам дека ова е вистински погодок. Замислете, во

пријателството. Значи, освен што ќе тепате, вие и ќе се спријателувате. Иако вака изгледа лесно, во практиката нема да може веднаш да ја добиете наклонетоста и довербата од секој лик. Некои ќе ви бидат наклонети бидејќи добро се борите, на други ќе треба да им помогнете во неволја, за некои ќе треба да го одврзете ќесето, други пак ги привлекуваат лошите работи. Значи, мора да се потрудите на вистинскиот

кралство. Се разбира дека ќе имате огромно богатство кое ќе ви биде ставено на располагање. На вас останува да решите дали златото ќе го трошите за креирање војска која подоцна ќе тргне во поход или, едноставно, ќе ги нахраните сиромашните и гладните во целото вашето царство. Со други зборови, ќе треба да ги одржувате луѓето среќни. Не прашувајте зошто! Тоа е вашата работа. Ликот кој врши злодела

Засега тоа е сè што знаеме за оваа игра. Мора да признаете дека и вие едвај чекате да ја пробате. Lionhead ветија дека на својата веб-страница секој месец ќе изнесуваат по една нова работа за оваа игра. Па, доколку ве заинтересира, побарајте ја нивната страница. А ние ќе почекаме да излезе играта и да видиме дали момците убаво си ја завршиле работата.

Кирил Кироски

ПРОИЗВЕДУВА: Microsoft Game Studios ИЗДАВА: Lionhead Studios ЖАНР: Role-Playing ПЛАТФОРМА: Q4 2010 ЕНТЕР GAMING EDITION //

107


ДРУШТВЕНИ ИГРИ Magic:The Gathering– Worldwake

Светот на Zendikar се буди! Древни сили почнуваат да се будат предизвикувајќи светот на Zendikar да го истури сиот свој бес врз населението. Овој егзотичен и непредвидлив свет станува уште поопсен, но и попривлечен за авантуристите и planeswalker-ите кои сакаат да ги зграпчат неговите богатства. Zendikar сега беснее и руши сè пред себе како да е живо суштество, буквално уништувајќи ги оние на површината. Дали имате вештина, мудрост и храброст да преживеете?

Пред неполн месец излезе Worldwake, најновата едиција од најпопуларната стратегиска игра со карти во светот, Magic:The Gathering, која е продолжение на приказната од светот на Zendikar, свет кој сосема го измени начинот на играње. Во исто време со илјадниците Prerelease турнири во целиот свет, кои го најавуваат излегувањето во продажба на оваа едиција, се играше и кај нас, поточно во играчницата „Гоблин“ во Т.Ц. Буњаковец. Два гејмерски викенда со неколку големи турнири беа посветени за прославување на официјалното деби на ова најново издание. Како што кажува и самата кованица во името на Worldwake, светот навистина се буди. Играчите веќе не се ограничени на напаѓање само со своите суштества, туку тоа можат да го прават и со земјите, кои досега најчесто служеа само за произведување „мана“. Неколку карти од типот enchantment, наречени Зендикони, како на при-

108 //

ЕНТЕР GAMING EDITION

мер, Vastwood Zendikon, можете да ги „закачите“ на земја и со нив веднаш да нападнете, што и дава на играта сосема нова димензија и го прави секој потег многу понеизвесен, овозможувајќи им на играчите ненадејни напади. Со оглед на тоа што едицијата Worldwake, а и целиот блок заедно со Zendikar се посветени на земјите, има и многу други интеракции освен напаѓањето со нив. Со новата механика landfall само со спуштање на земји можете да ги појачувате суштествата и да изиграте многу посилни магии. Што е уште помоќно, има неколку суштества со способноста landfall, како на пример, Admonition Angel, кои имаат неверојатно силни ефекти

само со спуштање на земји! Кога веќе ги имате земјите во игра, не би било лошо и да имате за што да ја искористите „маната“ што тие ја произведуваат. Затоа тука одлично се вклопува новата механика multikicker, која ви дозволува да играте суштества и магии за различна цена. Ако, на пример, го имате во рака Skitter of Lizards на почетокот на партијата, можете да го изиграте како 1/1 суштество за само една „мана“, кое веднаш може да напаѓа (haste), но ако го извлечете подоцна, кога имате многу повеќе земји во игра, тој ќе биде многу поголем, како 3/3 или дури 4/4! Сепак, не би било фер да не се спомне убедливо најсилната карта во Worldwake, моќниот Jace, The Mind Sculptor, кој е единствениот

planeswalker во едицијата. Поради многуте опции што ги дава само оваа карта, Jace на берзите на карти на интернет веќе достигна цена од 50 евра!!! Сè на сè, Worldwake е одлична едиција, како за почетници, така и за искусни играчи, која ќе внесе многу нови карти во постојните шпилови, но сигурно ќе биде и инспирација за нови, посилни шпилови.

Н: 40.000 долари за Симон Герцен! Германецот Симон Герцен е освојувач на првото место на првиот професионален турнир годинава, Pro Tour San Diego, во кој беа дозволени картите од новата едиција Worldwake, а се одржа од 19 до 21 февруари. Герцен го играше моментно најпопуларниот шпил, црвено-зелено-црн Јунд, а во финалето играше против ист таков шпил во таканаречен „мирор мечап“. Ова беше првиот од трите професионални турнири годинава. Следни станици се Сан Хуан во Порторико и Амстердам, пред големото финале, Светското првенство во Чиба, Јапонија, на крајот од годината.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.