02/511 99 77 Главен и одговорен уредник Горан Ѓорѓевиќ Уредник Гоце Постоловски - gp@division.mk Заменик уредник Ана Симоновска - as@division.mk Маркетинг Катерина Тотовска - kt@division.mk marketing@division.mk Графички уредник Дарко Ќурчиевски - dw@division.mk Лектор Верица Неделкоска Фотографија Благоје Ѓорѓевиќ - bdj@division.mk Редакција и соработници Дејан Зафировски - dz@division.mk Глигор Постоловски Гоце Спасовски Кирил Кироски Христијан Мирчески Ивица Анѓелески Жарко Петровски Мартин Јованчевски Милан Крстевски Драгана Миладиновиќ Бобан Ристевски Списанието кое сите го разбирате излегува секој месец во текот на целата учебна година
Постојани соработници
контакт: enter@division.mk www.enter.net.mk Печати Друштво за печатење на весници печатница „Мисирков“ ДОО Скопје Издава
Директор Горан Ѓорѓевиќ Дивисион ДООЕЛ Миладин Поповиќ бр. 13, 1000 Скопје тел/факс: 02/511 99 77 Жиро сметка: 300000002892091 Комерцијална банка АД, Скопје Даночен број: МК 4032009500689 Дистрибуција: ПЛУС ПРОДУКЦИЈА Тел: 02/2580020
ЗБОР-ДВА ОД УРЕДНИКОТ На почетокот на ова обраќање, сакам да споделам со вас, почитувани читатели, една парадоксална ситуација со која се соочуваме пред креирањето на секој нов број на „Ентер“. Од една страна го имаме ИТ светот којшто можеби е најживиот и најразновидниот од сите, каде што нешто постојано се случува, а од друга страна сме секогаш во недоумица што да одбереме, како најдобро да ги пополниме страниците што следуваат, а притоа да ја оправдаме вашата доверба и да ве задржиме како читатели. Парадоксално е тоа што има многу, има многу добро, а сепак ние најголем дел од времето го поминуваме во планирање и барање на она вистинското. Секако, не секогаш успеваме целосно во тоа, но сметаме дека сепак огромен дел од она што е актуелно и што се покажало како добро нашло место на нашите страници. Слична беше со ситуацијата со iPad-от на Apple кој се појавуваше кога го подготвувавме претходниот број. Тогаш во нашата рецензија ние (а и огромен дел од стручната јавност) изразивме скептицизам за тоа што се нуди за толку пари, но во изминатиот период сме сведоци на демант на нашите стравувања, и тоа од тие најповиканите – крајните корисници. iPad-от веќе го нема, за него се чека месеци, а на црниот пазар достигнува цена и до 5.000 долари. Токму затоа во овој, „Ентер“ 48, кој со гордост ви го најавувам и претставувам, одвоивме два текста во две рубрики, специјално наменети за софтверот и придружните хардверски компоненти коишто се наменети за она што веќе е феномен – iPad-от. Понатаму, вниманието ни го сврте еден интересен јубилеј – 20 години од првиот Photoshop. Иако роденденот беше пред некој месец, сепак ние сакавме да почекаме да се појави CS5, па да заокружиме една револуција која почна како обична програма за средување на битмапслики, а денес веќе се заканува да остави без работа многу дизајнери. Зошто? Прочитајте во темата на бројот која ја посветивме на оваа специјална годишнина, а многу наскоро ќе можете да прочитате и сè за Creative Suite 5 кого со нетрпение го очекуваме на тест. Домашните дистрибутери на хардвер повторно беа агилни и ни обезбедија пристап до некои од своите најдобри и најнови парчиња кои сакаат да ви ги претстават вам. Ние, како посредници, ги зедовме и тестиравме, им најдовме добри страни, но и по некоја замерка и сето тоа го склопивме во рецензиите што ќе ги најдете во делот хардвер. Тука најдоа место многу монитори, потоа преносни компјутери од кои еден е претставник на класата најмоќни лаптопи во светот, а другиот многу добро реагира на допир. Повелете, прочитајте кои се тие! Активноста на производителите на разновиден софтвер нè доведе до гореспоменатата ситуација да не знаеме што да избереме, за што попрво да пишуваме. Затоа се решивме за еден „стигматизиран“ софтвер како што е uTorrent кој секогаш се поврзува со нешто лошо и незаконско, со што се заборава на неговата основна функција за која ќе прочитате подолу. Пишувавме и за новото Nero, но да не откриваме сè. Мобилниот свет е збогатен со многу нови претставници, а оние најдобрите и најексклузивните, оние кои се разликуваат од другите и со тоа се гордеат, ги сместивме на нашите страници наменети за мобилните комуникатори. Вака-така стигнавме и до делот за гејминг во којшто ќе ви ги најавиме македонските квалификации за WCG 2010, потоа ќе ви ја презентираме Butterfield: Bad Company како тема на бројот, а како најава ќе ја издвоиме Civilization V. Има и други, нормално, а завршуваме повторно со друштвените игри коишто стануваат сè попопуларни и кај нас, а ние сме горди што сме дел од таа популаризација. И, се разбира, тука е и новото DVD. Стандардно – двослојно, со гејминг-наслови како што е Just Cause 2, потоа низа мали, но многу заразни игри на кои „вистинските гејмери“ гледаат одозгора со подбив, но сепак обичните корисници ги сакаат и играат, а тука е и уште една Linux дистрибуција која би требало да ви даде алтернатива кога станува збор за оперативен систем. Има и програми и заштитни алатки, но за нив ќе мора да го ставите оптичкиот медиум во читачот. И да уживате! Гоце eAbacus Постоловски
8
ВЕСТИ
Transcend StoreJet 25D3
26
ОД ФОТОМАНИПУЛАЦИЈА ДО МАГИЈА
Компанијата Transcend претстави 2,5-инчен преносен хард-диск со име StoreJet 25D3. Дискот поседува USB 3.0 приклучок, а доаѓа во сјајно куќиште кое има можност за внатрешна суспензија на удари.
12
Ретки се оние програми во ИТ светот што доживеале толкав успех, постоеле и постојат толку време, а според она што го покажува во најновите верзии, уште не сме виделе сè од неа. Се работи за Photoshop, поим кој го користат сите графички дизајнери и дел од аматерите кога сакаат да звучат сериозно.
НАСТАНИ
Подобра гаранција, цени и производи
Кон средината на април, во хотелот „Stone Bridge“, во Скопје, компанијата LG на македонскиот пазар ја промовира програмата LG Zero Pixel Guarantee и моделот LG E50 од новата серија монитори од овој произведувач.
13 Lotuspherе Comes to You 2010
Во средината на април во Македонија за прв пат се одржа „Lotuspherе Comes to You 2010“, една од најпрестижните конференции, посветена на деловна соработка и комуникациски платформи. Настанот беше во организација на ИНет, дистрибутер на IBM софтвер за Македонија, Косово и Албанија.
16
36 Сафирот на Acer
Новиот Acer Aspire 5536G е дел од Gemstone серијата на преносни компјутери на Acer, а е придвижуван од AMD Athlon 64 X2 QL-65 процесор и 3GB DDR2 системска меморија.
38 Марс напаѓа
Alienware M17x го испита теренот на Земјата и по успешната експедиција си го пронајде својот сопственик. Тоа придонесе за нова инвазија и сега Alienware испрати нов претставник од својата раса.
ИНТЕРВЈУ СО...
Маријана Марушиќ
Во време на интензивна дигитализација на сите сфери на човековото живеење, личниот податок и приватноста на човекот, воопшто, стануваат сè поранливи категории.
40 Допирањето е во мода
Лаптоп со мултитач-екран? Да, тоа, всушност, е она што го вметна Acer кај новите модели на серијата Aspire PZG. Компанијата по секоја цена останува во тренд со сите следни модели, па така и со Aspire 5738PZG-434G32MN.
ИНТЕРНЕТ 20 Веб-селектор www.thekaraokechannel.com www.flixtime.com 24 Пролетно чистење
42 Во друга димензија
Колку пати во последните недели го слушнавте изразот„3Д“? Секој од вас барем еднаш се сретнал со овој термин во изминатите денови, а во иднина тоа ќе се случува сè почесто бидејќи во моментов има огромен подем на овој вид репродукција на видеоматеријали, така што технологијата веќе може да се најде и во домашните киноуреди.
Отворете ги вашите блогови и подгответе ги за пролетно чистење. Инспирирани од вeбсајтот AllBlogTools.com, ќе ви претставиме низа интересни алатки и трикови. Прочитајте, одберете, применете.
ХАРДВЕР
30 Филмот кој ќе го премотате наназад
КАКО ДА...
46 Направам заштитна копија
Повеќето од корисниците на компјутери помислуваат на бекап-процесот (правење заштитна копија) најчесто десет минути откако ќе се случи несаканата катастрофа. Чекањето од неколку часа (во зависност од вашиот систем) и конфигурирањето за помалку од една минута, прави овој процес да биде навистина брз, лесен, а и повеќе од продуктивен.
Со помош на овој уред ќе исфрлите од употреба многу стари уреди околу вашиот телевизор, а ќе вметнете големи новини кои ќе го направат ТВ уредот комплетна мултимедијална станица.
32 Големина за сечиј вкус
Ви претставуваме три BenQ монитори, секој приказна сама за себе. BenQ G922HDАL – првиот 18,5” LED екран во чии бои ќе се вљубите на прв поглед, BenQ E910E
34 Нека биде светлина!
Убедливо најсветлиот екран со кој сме се сретнале досега. Живописните бои, големиот контраст и одличното осветлување се должат на LED-заднинското светло на панелот.
ТЕМА НА БРОЈОТ
48
ГАЏЕТИ
Bionaire Odor Grabber Litter Box
Сите оние кои чуваат мачка дома (а богами и нивните пријатели) знаат колку често домот знае да им мириса непријатно доколку нивниот домашен миленик ги врши своите физиолошки потреби во кутија во некоја од собите.
СОФТВЕР
50 Тазе апликации, повелете!
Иако неодамна се појави на пазарот, веќе има грст апликации за „новороденчето“ на Apple, односно iPad-от.
61 Добриот граѓанин μTorrent 2
По речиси четири години од дебито на еден од најпознатите BitTorrent клиенти на денешнината, конечно, челниците и програмерите решија да ни подарат уште едно чудо за масивно споделување на големи фајлови.
63 12-тиот величествен
ACD Systems ја претстави најновата, 12. верзија на својот популарен менаџер, едитор и организатор на дигитални фотографии – ACDSee Photo Manager.
МОБИЛНИ
66 Акробатски шампион
Motorola BACKFLIP беше најавен уште на почетокот на годината како телефон кој ќе се одликува со импресивни и уникатни можности.
68 Првороденче
XPERIA X10 е првиот мобилен телефон / организатор од Sony Ericsson со оперативниот систем Android. Дали можеби тие доцна го„фатија возот“ и колку овој модел може да се носи со јаката конкуренција во оваа класа? Продолжете да читате за да го дознаете одговорот.
70 Samsung I9000 Galaxy S Галаксија во мало пакување
Токму така би можел да се опише најновиот производ на Samsung кој сè уште не е излезен од работилницата на овој корејски произведувач.
70 Апликации за Android
Cardio Trainer Топлото време е идеално за возење ролерки или велосипед, трчање по кејот со добра музика или, пак, за долга прошетка или планинарење со пријателите.
Личниот податок во новото време Во време на интензивна дигитализација на сите сфери на човековото живеење, личниот податок и приватноста на човекот, воопшто, стануваат сè поранливи категории. За оваа проблематика, актуелни прашања, состојбата во Македонија од аспект на заштитата на личните податоци и многу друго, разговаравме со г-ѓа Маријана Марушиќ, директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци во земјава.
Што претставува личен податок во светот на дигиталното? Кои од овие лични податоци се сметаат чувствителни и уживаат посебна заштита? Секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува е личен податок. Името и презимето, матичниот број, адресата на живеење, полот, возраста, бројот на банкарската сметка, бројот на кредитната картичка се лични податоци. Сите лични податоци не уживаат еднаков степен на заштита. Повисок степен на заштита уживаат чувствителните лични податоци. Тоа се податоци што откриваат расно и етничко потекло, политичко, верско и филозофско уверување, здравствени, генетски и биометриски податоци или податоци кои се однесуваат на сексуалниот живот. Без сомнение, личните податоци во дигиталниот свет овозможуваат да се остварат правата и интересите на секој поединец, на побрз и поедноставен начин, со што дигиталниот свет станува сè повеќе наша реалност. Затоа, воспоставените правила во реалниот свет, едноставно мора да се применуваат и во дигиталниот свет. Дали македонската легислатива, која ја третира оваа проблематика, е во чекор со современите технолошки случувања? Брзиот развој на информатичката технологија придонесува за глобализација и виртуелизација на општеството. Новите информатички
16
www.enter.net.mk
технологии се третираат позитивно од гледна точка на развојот на комуникациите и слободниот проток на информациите, но овој развој предизвикува загриженост во врска со безбедноста и почитувањето на основните права на човекот, а особено на приватноста. Ризикот од загрозување на приватноста никогаш не бил поголем од денес, особено поради можностите што ги нудат новите технологии. Создавањето култура на почитување на приватноста е вистинска придобивка на едно демократско и технолошки развиено општество. За да се постигне ова, меѓународните и националните прописи што ја уредуваат заштитата на лични податоци се темелат на основните стандарди пропишани од страна на Обединетите нации, Советот на Европа и Европската Унија. Како илустрација, иако се изминати речиси три децении од донесувањето на Конвенцијата 108 на Советот на Европа, прашањата за правото на заштитата на лични податоци што се уредени со неа, не губат од својата актуелност. Напротив, во сите европски земји, но и многу пошироко, се гради систем кој ќе биде гаранција за почитување на правото на заштита на личните податоци, што се заснова на начелата на оваа Конвенција. Македонската легислатива во областа на заштитата на личните податоци е усогласена со легислативата во останатите европски земји и е применлива врз современите технолошки случувања. Начелото на техничка неутралност подразбира применливост на одредбите на Законот за заштита на личните податоци, без оглед на постојаниот развој на
современата информатичка технологија. Но, факт е дека развојот на современата технологија е секогаш чекор понапред од легислативата што ја третира оваа проблематика. За веб-страниците како средство за собирање лични податоци и вршење таканаречен профајлинг? Свесноста на граѓаните за опасноста од нивна злоупотреба? Информатичките и комуникациските технологии овозможуваат едноставно и лесно собирање на огромен обем на податоци, вклучувајќи ги и личните податоци на корисниците кои најчесто ги впишуваат на разни
веб-страници и портали без да размислуваат за што можат да бидат искористени или евентуално злоупотребени. Од собраните податоци се гледа движењето на корисниците на интернет од алатките за пребарување, до навиките за купување преку интернет. Податоците собрани на овој начин се споредуваат, класифицираат и продуцираат профили кои може да се користат за најразлични цели, најчесто за директен маркетинг. Дирекцијата е особено загрижена за недоволно развиената свест кај младата популација во однос на тоа дека нивните лични податоци кои ги изнесуваат на интернет можат
Маријана Марушиќ да бидат злоупотребени. Ретко кој размислува за својата приватност, сè до моментот кога ќе биде директно засегнат. Каква е состојбата со постоењето на „Политика на приватност“ кај македонските сајтови? (владини, забавни и информативни сервиси) Воопшто, каква е состојбата со заштитата на личните податоци на интернет во Македонија? Постоењето, познавањето и почитувањето на политиката на приватност се клучните елементи кои треба да обезбедат адекватна заштита на личните податоци на интернет. Поставувањето на политика на приватност е обврска на секој провајдер. Секој корисник на интернет треба да биде свесен за тоа што ќе се случува со неговите лични податоци пред да одлучи во кој обем ќе ги изнесе на некој портал за социјална интеракција или веб-страница. Политиката на приватност мора да биде лесно достапна, но и лесно разбирлива за корисниците, а истовремено да нуди најразлични поставки кои ќе гарантираат соодветно ниво на заштита на личните податоци. За жал, многу малку од македонските веб-страници имаат политика на приватност, но дури и тогаш кога ја има, ретко кој ја чита. Најчеста причина за злоупотреба на личните податоци на интернет е неинформираноста и несвесноста на корисниците за можностите за злоупотреба. Преку одржување на обуки во основните и средните училишта и издавање на брошури континуирано ги запознаваме учениците, родителите и наставниот кадар со препораките за побезбедно користење на интернет, посебно за порталите за забава и дружење. За Дирекцијата. Што претставува, какви обврски и овластувања има? Дирекцијата за заштита на личните податоци како самостоен и независен државан орган има улога да обезбеди транспарентност и информираност на граѓаните во Република Македонија за правото на заштита на личните податоци, но и да обезбеди заштита на ова право од какви било злоупотреби при обработката на личните податоци на граѓаните. Оваа година се одбележуваат пет години од нејзиното основање, а воедно и од отпочнувањето на примената на Законот за заштита на личните
податоци. Една од основните функции на Дирекцијата, која во континуитет се остварува, е вршењето на инспекциски надзор над обработката на личните податоци. Не помалку значајна е грижата на Дирекцијата за доследна примена на прописите за заштита на личните податоци, главно преку дадените стручни мислења од кои најголемиот дел се однесуваат на предлог-закони, подзаконски акти и меѓународни договори, акти со коишто се уредуваат техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита при обработка на личните податоци, како и мислења со кои се оценува степенот на заштита на личните податоци во државите каде што се врши пренос. Дирекцијата особено внимателно се фокусирa на постапувањето по барања на граѓани за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци. Доколку се спореди состојбата во областа на заштитата на личните податоци пред пет години, кога беше донесен Законот, со денешната состојба во оваа област, многу
проблеми кои постоеја во тоа време, денес се надминати. Граѓаните стекнаа доверба во Дирекцијата и ни се обраќаат секогаш кога сметаат дека нивното право на заштита на личните податоци е повредено или кога некоја институција или компанија неовластено открива или злоупотребува лични податоци. Практиката покажува дека најголем број на повреди на ова право се резултат на недоволно развиена јавна свест и непознавањето на начелата за заштита на личните податоци, но има и намерни злоупотреби и неовластени откривања на лични податоци. Состојбата ќе се подобри доколку граѓаните повеќе внимаваат на кого и во колкав обем ќе ги откриваат
своите податоци. Во секој случај, воспоставувањето на законската и институционалната рамка за заштита на личните податоци претставува своевидна револуција во воспоставувањето и практикувањето на правото на приватност. Какви поплаки стигнуваат до вас? На што најмногу се жалат граѓаните, од аспект на злоупотреба на личните податоци на интернет? Граѓаните кои се обраќаат до Дирекцијата најмногу се жалат поради крадење на идентитет, неовластено користење на нивните матични броеви од страна на правни лица, неовластено користење на лични податоци за вршење директен маркетинг и собирање на поголем обем на лични податоци во однос на целта што треба да се оствари. Во последно време граѓаните се жалат и на откривањето на поголем обем на лични податоци од страна на медиумите во однос на целта што треба да се постигне со објавување и пренесување на одредена информација. Интернетот е област за која во Дирекцијата се пријавени најголем број на злоупотреби на личните податоци. Пријавените злоупотреби на интернет се однесуваат особено на креирање лажни профили во туѓо име на веб-страници за социјално вмрежување, објавување туѓи лични податоци (фотографии и видеоматеријали) без согласност на лицето кое се наоѓа на фотографијата, односно видеоматеријалот, злоупотреба на лозинка на профили и електронски
адреси. Дирекцијата воспостави практика да упатува барања за отстранување на лажните профили, фотографии објавени без согласност на субјектот на личните податоци или спорни содржини и во случаи кога се пријавени злоупотреби на личните податоци на веб-страници и портали регистрирани во други држави по однос на кои редовно добива позитивни одговори од административните тимови на вебстраниците или порталите на кои е сторена злоупотребата. Генералната препорака што ја упатува Дирекцијата до корисниците на интернет е секогаш да бидат свесни за условите за користење на порталите за социјална интеракција, да ја читаат и почитуваат политиката на приватност, доколку таа е понудена на веб-страницата, но и сами да се грижат за својата приватност на интернет. Секој треба да има на ум дека доброто однесување во реалноста подразбира добро однесување и на интернет, што се остварува преку грижа за својата приватност, но воедно и грижа да не се повреди приватноста на другите. Ана Симоновска
www.enter.net.mk
17
Реален приход од виртуелни добра Долар за модерни очила во виртуелниот свет Second Life, уште толку за виртуелен подарок за вашиот омилен Facebook-пријател или можеби подобар трактор на FarmWille. Можеби звучи инфантилно и несериозно, меѓутоа реалните приходи кои се остваруваат преку продажба на виртуелни добра ни оддалеку не се смешни. Напротив, веќе се прават милијарди, а предвидениот пораст на оваа индустрија звучи прилично сериозно.
2009-та беше година која, според многумина, го дефинира социјалниот гејминг. Побарувачката на корисниците за бесплатни он-лајн игри беше во пораст, а воедно виртуелните добра беа прифатени како оправдан гејминг-трошок. Ова го етаблира социјалниот гејминг како легитимен жанр со потенцијал за интензивен раст. Во извештајот од истражувањето на компанијата Viximo се сумираат досегашните резултати, а се фрла поглед и на идните трендови во оваа релативно млада индустрија на социјален гејминг и виртуелни добра, која рапидно го менува пејзажот на гејминг-пазарот, воопшто.
До 2012 – виртуелен производ вреден милион долари
Виртуелни добра во политички кампањи
Едно од предвидувањата на Viximo е дека во 2012 година ќе биде продаден првиот виртуелен „производ“ вреден еден милион долари. Виртуелните добра вообичаено се продаваат за релативно мали суми, како на пример, виртуелните подароци во социјалната мрежа Facebook кои чинат долар или слично. Сепак, забележителен е порастот на расположението на корисниците да го „одврзат“ ќесето и да одвојат позначителни износи. Статистиката зборува дека секои 2-3 години се поставува нов рекорд за „Најскапиот виртуелен предмет“, со пораст од 200 проценти во однос на претходникот. Во декември минатата година, еден корисник платил 330 илјади долари на јавна аукција за Crystal Palace Space Station во Entropia, масивен мултиплеер он-лајн универзум, дизајниран од шведската софтверска компанија MindArk. Врз основа на оваа стапка на раст, како и на растечката свесност за потенцијалот на виртуелните добра да го монетизираат он-лајн гејмплејот и да донесат вистински пари, Viximo предвидува дека до 2012 година оваа индустрија ќе ја забележи првата продажба на виртуелно добро вредно еден милион долари.
Како што се заматува линијата која ги разграничува реалните од виртуелните трансакции, Viximo предвидува дека следната природна експанзија на оваа појава ќе се случи во политичката арена. Како што е случајот со виртуелните добра поврзани со добротворни акции, корисниците ќе гледаат на донирањето пари во политичка кампања како на уште една социјална трансакција која ја покажува самоидентификацијата и статусот. Тие ќе бидат заинтересирани за споделување на нивната политичка ориентација во социјалните кругови, социјалните игри и виртуелни светови, преку купување на релевантни виртуелни добра. Се предвидува дека во блиска иднина политичките партии ќе почнат да ги употребуваат социјалните игри како маркетинг-механизам, а до 2012 година, кога треба да се случат следните претседателски избори во САД, политичарите активно ќе ги користат виртуелните добра и социјалните игри во кампањите, со цел да соберат средства или да допрат до потенцијалните гласачи.
22
www.enter.net.mk
Виртуелни добра и социјален гејминг
Facebook Credits Овозможена од Facebook Connect, валутата во оваа социјална мрежа, Facebook Credits, ќе стане легитимен начин за микроплаќање низ виртуелните светови и социјалните игри и ќе ја обликува индустријата на неколку начини. Многу е веројатно дека Facebook Credits ќе експандираат хоризонтално низ сајтовите за е-комерција и ќе станат метод за плаќање на музика или филмови. Понатаму, Facebook ќе им дава „кредити“ на огласувачите влегувајќи во натпревар со мрежи, како што се Super Rewards, Trial Pay и Offerpal. Успехот на Facebook Credits ќе ја потенцира потребата од тоа сите социјални мрежи да почнат со употреба на сопствени виртуелни валути со цел успешна монетизација на корисничката активност.
Рапиден раст на уделот Според резултатите од истражувањето на пазарот, спроведено од компанијата Viximo, до 2012 година, 20 проценти од вкупните приходи врзани за играчкиот софтвер во САД ќе бидат остварени со продажба на виртуелни добра во игрите. Овие предвидувања се темелат на очекувањата дека продажбата на виртуелни добра ќе расте побрзо од севкупната индустрија на играчкиот софтвер. Во текот на 2009 година, вкупните приходи од продажбата на игри за конзоли и компјутери во САД изнесувале 10,5 милијарди долари, што претставува пад од 11 проценти во однос на 11,7 милијарди долари приход генериран во текот на 2008 година. Иако придонесот на виртуелните добра не е вклучен во овие пресметки, Inside Virtual Goods тврди дека тие генерирале 1,04 милијарди долари во САД. Ова изнесува девет проценти од вкупниот приход од игри во 2009 г. Се очекува дека приходите од продажбата на виртуелни добра во игрите ќе го достигнат износот од 1,6 милијарди долари во тековната година, а веќе следната ќе пораснат на повеќе од две милијарди долари. Во следните 12 до 18 месеци Viximo смета дека падот забележан во минатата година ќе се стабилизира, а продажбата ќе се врати на нивото од 2008 г. Индустријата на виртуелни добра не е засегната од лошата економска ситуација, па се предвидува дека ќе порасне за 51 процент во 2010 година, зголемувајќи го својот удел во вкупниот приход од продажба на игри на 20 проценти до 2012 година. Овој рапиден раст на виртуелните добра ќе има бројни последици, особено во созревањето на моделот на дистрибуција на социјалните игри. Развивачите веќе бараат алтернативи на дистрибутивниот канал што во моментов им го нуди Facebook. Ана Симоновска www.enter.net.mk
23
ОД ФОТОМАНИПУЛАЦИЈА
ДО МАГИЈА еале о дожив поред т ш т о т е с во ИТ св олку време, а т ограми т р е п н ја е о е т т и с н ш о по и, у Ретки се ех, постоеле и е верзи м т и и о в п о , p п јн ус о на osho t в o а h в P у толкав а ж з го пока работи и дел од она што е сè од неа. Се зајнери поим кој и д и к ч л и е , сме вид стат сите граф учат сериозно отографии и в ф з р и о а н к д л о т а г а т кој сака секој диги а а г н о к е е њ т а знат за аматери ним за уредув , поим кој е по е а ти но ади тр стана си афички елемен јутер. Две дек о изв д, а гр на комп популарен про лескава к и други и н с и мега н кор ваа б просече азвојот на овој ен пресек на о годарност д р ла е б растот и жение следува н придонес и е л м о о во прод наш скр а“, како р е . и и р р а к „ еато вите кр до него
Светот пред Photoshop Иако од оваа перспектива можеби е тешко да се замисли светот без Photoshop или некоја друга достапна програма за работа со дигитални графички елементи, сепак и пред 20-тина години светот постоеше, луѓето колку-толку користеа компјутери, а оние кои се занимаваа со фотографија се затвораа во темните комори и се трудеа да ја подобрат бојата или светлината на своите фотографии. Токму такви беа и членовите на семејството Нол (Knoll) кое според профилите на неговите членови: таткото Глен и синовите Томас и Џон, како да беше предодредено да почне да ја создава иднината во дигиталната уметност. Синовите беа „задоени“ од таткото кој голем дел од своето време поминувал во темната комора развивајќи ги своите фотографии, академски се наобразуваа во престижните американски универзитети и собираа искуство работејќи со визуелни ефекти. Резултат на сето тоа знаење и искуство беше една програма која на почетокот успеваше само да ги конвертира монохроматските фотографии во grayscale и тоа на еден од првите Mac компјутери што тогаш се појавуваа на пазарот. Предокот на денешниот Photoshop се викаше, едноставно, Display. Многу наскоро оваа програма почна да работи со елементи во боја, а со тоа се воведуваа и новите опции кои полека почнаа да го дефинираат костурот на денешниот Photoshop. Во 1988 година програмата беше преименувана во ImagePro, по што започна процесот на нејзина комерцијализација. Многу компании се заинтересираа за новиот производ, но најконкретни беа од Adobe и... ѕвездата беше родена.
26
www.enter.net.mk
20 години Photoshop
Photoshop низ годините
1990 Photoshop 1.0
Успешната приказна започна пред две декади, а оттогаш Photoshop доживеа низа промени и подобрувања со цел да им се олесни работата на дигиталните уметници. Еден од виновниците за револуцијата во светот на дигиталната уметност, како што споменавме, е Џон Нол. Тој ги напиша „специјалните“ ефекти за програмата, кои отпрвин не беа прифатени со раширени раце од страна на вработените во Adobe, кои, пак, ефектите ги оценија како премногу „итри“. Браќата, сепак,
најдоа начин да ги протнат во Photoshop како помошни програми или plug in-и, иницирајќи нешто што денеска претставува огромна индустрија. Томас беше под постојан притисок од страна на својот брат и колегите во Adobe да работи на подобрувања до финалното лансирање на производот. На почетниот екран на првата верзија на Photoshop беа наведени имињата на само четворица програмери. Во секоја следна верзија листата постојано растеше, за во најновите изданија таа да се ограничи само на лица кои дале посебен придонес.
1991 Photoshop 2.0
Во Photoshop 2.0 беше вклучена алатката Path, која им овозможи на корисниците да направат „пат“ околку одреден објект и да го сочуваат за понатамошна употреба. Зад овој новитет стоеше Марк Хамбург, кој беше етикетиран како „Path Man“. Втората верзија на Photoshop вклучи и можност за растеризирање на Illustrator фајлови, поддршка за CMYK бои, што доведе до широка прифатеност на софтверот од страна на печатарската индустрија, а застапена беше и алатката Pen. Photoshop 2.5, лансиран во 1992 година, е значаен по тоа што е првото издание наменето за оперативните системи Windows. За да се постигне оваа цел, беше потребно комплетно да се промени кодот, што резултираше со малку побавно решение. Во оваа верзија беа додадени поддршката за 16-битни фајлови и палетите, а филтрите добија сопствено мени. Изданието 2.5 имаше таканаречен мемориски пропуст, кој беше коригиран во верзијата 2.5.1.
1996 Photoshop 4.0
Двете позначајни можности кои беа претставени со оваа верзија се таканаречените adjustment слоеви, за аплицирање на еден ефект врз група други слоеви, и макроата, со чие активирање се иницираат најчесто користени операции или множество од команди запишани како засебен фајл, што им овозможи на корисниците да извршуваат покомплексни операции за помалку време. Една од најзначајните промени во 4.0 беше унификацијата на корисничкиот интерфејс со останатите решенија од Adobe, практика која компанијата ја задржа до денешен ден. Ова, иако најпрвин не наиде на одобрување од стрaна на корисничката заедница, сепак значеше еден чекор помалку во кривата на учење на софтверските решенија од Adobe, па на крајот и најголемите „плачковци“ по старото ги увидоа предностите од овој пристап.
1999 Photoshop 5.5
Photoshop 5.5 ја претстави опцијата Save For Web, која, како што недвосмислено укажува и самото име, им дава можност на корисниците да ја сочуваат сликата во „пресет“ специјално дизајниран за интернет, соодветно адаптирајќи го нејзиниот квалитет. Оваа верзија беше „врзана“ со ImageReady, самостојна програма, која беше наменски изработена за работа со веб-графика. Повеќето од можностите на ImageReady подоцна беа вклучени во Photoshop, а идејата за поедноставен софтвер најде своја материјализација во Photoshop Elements, две години подоцна, во 2001 година.
1994 Photoshop 3.0
Главната приказна поврзана со Adobe Photoshop 3.0 беа слоевите. Токму слоевите се од животна важност за кој било покомплексен дизајн, бидејќи ги распоредуваат различните графички елементи на различни нивоа, што овозможуваше работа врз кој било од нив, без да се загрозат останатите. Пред нивното појавување, дизајнерите сочувуваа различни верзии на дизајнот, за да можат подоцна да се вратат и да ги земат, ако имаат потреба од тоа. Слоевите ја направија оваа практика редундантна. Томас Нол, оригиналниот креатор на Photoshop, беше одговорен за нивниот развој. Други инженери во Adobe направија подобрувања во перформансите на програмата, донесувајќи ја верзијата за Windows на истото ниво како онаа што беше наменета за Mac системите. Во третото издание на Photoshop прв пат се појавија и палетите со табови.
1998 Photoshop 5.0
Во „петката“ беа претставени можностите за уредување на текстуалните елементи (editable type), како и можноста за повеќекратно поништување на акциите (undo) во палетата History. И претходните верзии на Photoshop нудеа опција за внесување текст, но сето тоа не даваше атрактивни резултати при примена во печат и на веб. Исто така, можноста зa повеќекратно undo значително им помогна во работата на дизајнерите, чии проекти од ден на ден стануваа сè покомплексни. Color Management го имаше своето деби во 5.0, а ја имаше истата судбина како и останатите клучни промени во Photoshop. Корисниците истовремено ја критикуваа и фалеа. Ова огромно подобрување овозможи менаџирање со боите во апликацијата, наместо тоа да зависи од алатки развиени од трети страни. Алатката magnetic lasso прв пат се појави во оваа верзија на Photoshop, исто така, олеснувајќи го селектирањето на одредени делови од приказот што се потребни за работа. www.enter.net.mk
27
2000 Photoshop 6.0
Панелот layer styles, претставен во верзијата 6.0, уште повеќе ја олесни работата со слоевите. Во ова издание беа додадени и векторските облици, што предизвика огромно задоволство кај корисниците, како и нова custom shapes палета, која им овозможи на „графичарите“ да цртаат користејќи векторски облици, наместо линии. Новитет во оваа верзија беше можноста за впишување текст директно врз фотографиите, наместо во текстуална „коцка“. Во Photoshop 6.0 за прв пат се појави функцијата multi-layer, беше претставено менито Blending Options, a алатката за сечење, crop, се оддели од алатката marquee.
2001 Photoshop Elements Зголемувајќи ја комплексноста на алатките, Photoshop ризикуваше да изгуби значителен дел од пазарот, кому не му беа потребни, ниту, пак, ги разбираше напредните функционалности на софтверот. Photoshop Elements беше одговор на потребите на просечниот корисник, со скромни побарувања во однос на работата со фотографии.
2002 Photoshop 7.0
Version 7.0 ги претстави целосно векторски базираните алатки за текст и healing brush, а воедно и новиот менаџер на датотеки, кој им овозможи на дизајнерите едноставно да ги пребаруваат фолдерите и да ги лоцираат бараните графички елементи. Достапна беше и функцијата Batch Rename, за групно преименување на фајловите, како и низа команди кои го олеснија работењето на големи проекти. Можеа да се креираат работни простори или таканаречени workspaces, за специфични видови работа.
2003
Photoshop CS
Новитет во Photoshop CS беше поддршката за скриптирање за повеќе веб-јазици, вклучувајќи го и JavaScript. Во оваа верзија беа претставени групите со слоеви, функција која овозможуваше групирање на различни слоеви со цел полесно аплицирање на ефекти врз некои од нив или врз сите. Подобрувања се забележуваа и во File Browser-от, кои го направија поедноставен за работа. CS им понуди многу на дизајнерите кои постојано работат со големи слики и фотограферите, а беше претставена и нова галерија со филтри, како и можноста за поставување текст врз path или во shape.
2008 Photoshop CS4
Палетата со четки доживеа низа промени, исто така – нова healing brush алатка, потоа patch алатка, а беше додадена и можноста за креирање сопствени четки. Подобрувања имаше и во алатката за внесување текст со додавањето на опцијата Spell check и Find and Replace. Една од најзначајните надградби во 7.0 се криеше под површината. Имено, оваа верзија беше оптимизирана за употреба со Mac OS X, елиминирајќи ги „кршењата“ при работа со големи фајлови.
2005
Алатката за отстранување на ефектот на црвени очи, ексклузивитет за Photoshop Elements, стана доволно популарна да го најде своето место во CS2. Тука беше претставена и можноста за селектирање повеќе слоеви истовремено, како и опцијата smudging. Vanishing Point им овозможи на корисниците да работат со фотографиите во перспектива. Збунувачки новитет беше сместувањето на алатката Paint Bucket под Gradient, како и други позначајни визуелни промени на корисничкиот интерфејс. Променет беше изгледот на слоевите и палетата со слоеви. Колумната links беше отстранета, беше додадено копчето link, а претставена беше можноста Smart Object, која им овозможи на корисниците да ги зголемат димензиите на одреден слој, без значителна загуба во квалитетот.
CS4 донесе значително поедноставен кориснички интерфејс. Поддршката за документи со табови придонесе кон полесно користење, а главните алатки беа попристапни. Во пределот со панелите се овозможи брз пристап кон често изведувани акции. Меѓу другото, Photoshop CS4 овозможи „помазно“ панирање и зумирање, а со тоа побрз пристап кон деловите од сликата што му се потребни на корисникот. Работата со маските беше олеснета со додавањето на панелот Masks and Adjustments, а воедно CS4 поефикасно се справуваше со рабовите на маските. Голем чекор напред беше забележан во однос на корекцијата на боите.
28
www.enter.net.mk
Photoshop CS2
2007 Photoshop CS3
Едно од најзначајните подобрувања во верзијата од 2007 година е брзината на нејзиното подигнување. Креативната енергија на развивачите од Adobe во случајот на CS3 беше насочена повеќе на подобрувањето на постојните отколку на креирање сосема нови алатки. Еден од позначајните новитети беше графичката оптимизација за мобилни уреди, за што особено беа благодарни веб-дизајнерите насочени на мобилниот дизајн. Оваа верзија доживеа надградби на Adobe Camera RAW, доби Quick Select алатка, промени во командите Brightness and Contrast, како и во Black and White конверзијата. CS3 се испорачуваше во две едиции – Standard и Extended. Втората беше наменета за напредни корисници. Подобрените перформанси за Intel-базирани Mac системи значајно ја зголемија брзината на Photoshop, а причини за задоволство имаа и Windows корисниците. Новата Quick Selection алатка ги засрами сите постојни алатки за селекција во Photoshop, нудејќи едноставна селекција на објекти во еден или два потега. И клонирањето стана полесно со CS3, со раѓањето на палетата Clone Source, која ги зголеми опциите на Clone Stamp.
20 години Photoshop
Photoshop денес Најновата верзија на Photoshop, која само што почна да ја покажува својата сила, ја носи ознаката CS5, како и најголем дел од апликациите на новото креативно студио коешто нема никаква конкуренција на многу полиња од графичкиот и веб-дизајнот, па и во специјалните ефекти и видеомонтажата. Според она што досега можевме да го видиме (наскоро очекувајте обемна
рецензија во „Ентер“), Photoshop CS5 нуди огромен број на подобрувања на постојните и низа на нови алатки кои работат со неверојатна прецизност и користат напредни алгоритми за максимално да го олеснат подобрувањето на снимените фотографии и креирањето на дигиталните графики и композиции. Photoshop CS5 доаѓа во 32 и 64-битна верзија, а имајќи ја предвид
достапноста на моќните хардверски компоненти, ние ја препорачуваме 64-битната верзија во која одредени функции работат и до 60% побрзо од 32-битната верзија. Но, не е брзината главната причина поради која треба да размислувате за набавување на ова „чудо од софтвер“. Во продолжение ќе споменеме само неколку од нив. Првата подобрена алатка кон која сакаме да го свртиме вашето внимание е Content Aware Fill. Што, всушност, работи таа? Едноставно кажано, прави работите да исчезнат од дигиталната фотографија, но таа да изгледа како никогаш да не ни постоеле. Шегата настрана, оваа можност е навистина импресивна. Сега доволно е само да го означите делот кој сакате да го отстраните и само со еден клик не само што се брише објектот, туку на тоа место се реплицираат боите и формите што го опкружувале со што се заменуваат часови работа на клонирање на бои и текстури од
околината. Иако можеби не секогаш совршено ќе ја заврши работата, сепак Content Aware Fill ќе го подготви „теренот за работа“ на кој ќе треба да вложите само малку труд за сè да биде како што треба. Друго место на коешто може да ја искористите оваа „свесност за околина“, како што приближно би звучела преведена на македонски оваа опција, е ретуширањето на фотографии. Така, со префрлање на Spot Healing Brush во новиот Content Aware режим на работа, добивате моќно оружје во отстранувањето на разни недостатоци од фотографиите. За ова има уште многу да се пишува, но за тоа во некоја друга пригода. Сега доволно е да кажеме дека и на 20-годишна возраст (што претставува цела вечност во животот на една софтверска апликација), Photoshop сè уште покажува сила не само да се носи со конкуренцијата, туку и да поставува стандарди кои тешко дека некој ќе успее да ги достигне.
ина рабрите прогн д и о в op те иту најх Photosh еможно да се предаввиатдши.тНо ќе има веопсрлеетдснтиавена
на н бид пост нависти луваат да прет латка ќе дека е невозЕ, ова е е е ст или а с м о м с н и о л ж е с о с и м м а не то од на нозери и, пак, која нов то она што ние на што повеќе го е ќ е о л ш в , и а о е о и верзи еби зат дуваат сериозн а и подобри, ти како т на. Мож е р во идни е веќе го разгл се автоматизи о претставуваа ти ег да и и т с , н а а в у ш можно, к а е ки ека нем не го оч столовс Гоце По тврдат д она што никој с в оно ка ат, Ана Сим тестира вод. из нов про www.enter.net.mk
29
Големина за сечиј вкус Ви претставуваме три BenQ монитори, секој приказна сама за себе. BenQ G922HDАL – првиот 18,5” LED екран во чии бои ќе се вљубите на прв поглед, BenQ E910E – мултинаменски екран за сите носталгичари по стариот „квадратен“ екран и BenQ MK2442 монитор и телевизор во едно, за сите кои сакаат да заштедат на простор.
BenQ G922HDАL
BenQ E910E
BenQ MK2442
Големина на екранот
18,5" (16:9)
19" (5:4)
23,6" (16:9)
Природна резолуција
1366 x 768
1280x1024
1920x1080
Контраст
1000:1 / 5.000.000:1 (Dynamic)
1000:1 / 2.500:1 (Dynamic)
1000:1 / 10000:1(ACE)
Време на одѕив
5 ms
5 ms
5 ms
Максимален агол на гледање
170 / 160
170 / 160
170 / 160
BenQ G922HDАL Овој монитор е со најмала дијагонала, споредено со останатите два монитора што ќе ви ги претставиме. За него може кратко и јасно да кажеме дека е совршениот монитор за сите оние кои знаат за што служи еден монитор – за одлична слика! А дали го споменавме и LED заднинското светло? Сите пофални зборови и наброени карактеристики кои се претставени дека ги поседува овој BenQ монитор се оправдани. Доволно е само да го поврзете и веднаш ќе ја воочите разликата. Една од неговите најдобри особини е тоа што дава одличен приказ на текст што сигурно ќе им биде важно на оние кои поминуваат многу време читајќи книги во електронска форма или читајќи разни статии он-лајн, како што тоа го правам и јас. Затоа, впрочем, и разликата беше веднаш воочлива. LED-заднинското осветлување, во основа, ги прави боите многу поживи, посветли, поинтензивни, а екраните ги прави многу потенки од претходните генерации и една од најдобрите придобивки е совршениот контраст кој се добива. Сите овие позитивни карактеристики го прават читањето на теvкстови на екран многу полесно, елиминирајќи ги главоболките со кои сигурно сте се соочиле со сегашниот монитор или со некој од претходните. Освен за читање,
32
www.enter.net.mk
поради големиот контраст кај овој монитор, подеднакво подобрување се забележува и при гледањето филмови или при играњето игри. Поради големиот скок во контрастот со LED-заднинското осветлување, овој пат секој темен агол ќе биде кристално јасен. Па, ако некојпат сте „изгубиле“ некој од деталите низ игрите или филмовите, овој пат секој детаљ загарантирано нема да ви избега од видик. Што се однесува до максималната резолуција од 1366 x 768 пиксели што ја нуди, за екран со должина на дијагоналата која изнесува 18,5”, тоа е релативно висока резолуција која сигурно ќе ги задоволи критериумите и на најпребирливите. Единствена мана што би ја навеле е немањето HDMI можност за поврување, но со користење на едноставен DVI адаптер многу лесно може да се реши и овој „проблем“. BenQ G922HDAL им го препорачуваме на сите оние кои се во потрага по нов монитор кој ќе зазема малку простор на нивното биро, а на кои квалитетот на сликата им е најважен.
3 BenQ монитори од „Анхоч“
BenQ E910E Сите оние кои сè уште се приврзани за стариот формат на монитори и тешко им оди адаптацијата на новиот wide формат, сигурно се соочиле со тешкотија да начекаат во продажба монитор со такви димензии. Овој пат, за среќа на сите вас кои сте во потрага по таков монитор, ви го претставуваме BenQ E910E кој е со дијагонала од 19”, а форматот на екранот е 5:4. Природната резолуција на овој монитор е 1280 x 1024, а поврзувањето со вашиот компјутер може да го направите VGA или DVI кабел, зависно од можностите на вашиот компјутер или вашата желба. И кај него изостанува HDMI приклучокот, но и тој проблем може да се реши со обичен адаптер. Практично е тоа што самиот монитор има и два вградени
звучника од по 1 W, па тие се сосема добредојдени ако решите на екранот да погледате малку телевизија преку вашата ТВ картичка или да слушате музика додека работите. Доколку не сакате да ја вознемирувате вашата околина додека работите, а сепак сакате да слушате музика, тогаш практично ќе ви дојде и приклучокот за слушалки што ви го нуди овој монитор. Екранот има одѕив од 5 ms, максималните агли на видливост по хоризонтала и вертикала се 170°/160°, а контрастот на екранот е 1000:1, односно 2500:1 за динамичкиот контраст. Овој екран одлично би се вклопил на вашето работно биро, без да зазема многу простор и притоа со сигурност ќе ги задоволи вашите барања.
BenQ MK2442 Овој модел претставува монитор и телевизор во едно. Па, така, може да заштедите простор доколку се решите да се подновите со ваков монитор кој секојпат кога ќе посакате може да го трансформирате во телевизор. BenQ MK2442 не само што има вграден дигитален ТВ тјунер, туку ги поседува и сите конекции за кои би очекувале дека ги поседува еден ваков уред. Почнувајќи од аналоген VGA, дигитален DVI/Dsub, HDMI 1.3, сет од компонентни влезови, па и SCART-приклучок кој нуди одличен квалитет на сликата. Екранот е со големина на дијагоналата од 23,6” со поддршка за full HD 1920 x 1080 резолуција и има одѕив од 5 ms. BenQ MK2442 на корисниците им нуди и репродукција на 1080p 24Hz сигнал. Доаѓа со Senseye Human Vision технологија, која има капацитет за подобрување на квалитетот на сликата, подобрувајќи ја интензивноста и длабочината на боите и како и контрастот на боите. Контрастот на екранот е 1000:1, односно 10000:1 динамички и има одѕив од 5ms. Една од ексклузивните технологии што ги поседува е токму оптимизацијата на контрастното ниво со автоматско нагодување на заднинското светло, а резултатот е јасно
и длабоко дефинирана црна боја. BenQ MK2442 би бил одличен избор за монитор за сите корисници. Единственото нешто на што треба да внимавате е да имате доволно простор да го сместите бидејќи екран со големина од 23,6” не може да биде спакуван во мало пакување. Цената е сосема достапна, а со оглед на тоа дека ќе добиете одличен квалитет и два уреда спакувано во едно, тогаш цената е и повеќе од оправдана. Заклучок: Да се направи споредба помеѓу овие три монитори е невозможно затоа што секој монитор има своја намена, па не би сакале да мешаме „баби и жаби“. Секој има различна големина, намена и перформанси коишто ги изложивме во одделните прегледи, па секој кој има потреба од нов монитор/ТВ уред ќе го пронајде совршениот уред за него. Доколку сè уште постојат дилеми, останува да се погледнат овие монитори во некои од продажните салони на „Анхоч“, од каде што ги позајмивме за да ви ги претставиме. Драгана Миладиновиќ
www.enter.net.mk
33
Тазе апликации, повелете!
Иако неодамна се појави на пазарот, веќе има грст апликации за „новороденчето“ на Apple, односно iPad-от. Ќе ги избегнеме вообичаените Twitter, Facebook и слични апликации кои и без да ви кажеме, сигурно први ќе ги инсталирате и ќе ви опишеме неколку корисни и забавни апликации кои може да ги преземете преку сервисот iTunes.
Pages Дел од новиот iWorks 2010 пакет кој наскоро треба да се појави на пазарот, Pages, е одличен текст-процесор за iPad кој дефинитивно ќе ја најде својата примена кај корисниците на овој таблет. Апликацијата ги има скоро истите опции како и десктопверзијата – преку виртуелната тастатура на iPad-от го внесувате текстот за кој ви се понудени неколку опции за негово форматирање. Секако, во него можете да вметнувате и слики
(преку апликацијата Photos) и да им додавате ефекти како што се сенки, рамки итн. Крајниот резултат можете да го прикажете на самиот iPad преку целиот екран или, пак, безжично да го префрлите на вашиот десктопкомпјутер преку Mail, iWorks.com или iTunes File Sharing. Цената од 5 американски долари е незначителна во однос на можностите што ги нуди Pages. Несомнено, една од задолжителните апликации за iPad.
Autodesk Sketchbook Pro Добропознатата апликација на Audotesk за дигитално сликање и во својата iPad варијанта го има задржано истиот квалитет. Дури има и поголема примена на iPad-от, поради неговата мобилност и можност во секое време со себе да имате дигитален „блок“ за сликање или скицирање. Со Sketchbook Pro можете да цртате и сликате на дигиталното „платно“ со помош на 75 вида на четки, маркери, пастели, маслени бои,
Pianist Pro Претходната апликација беше наменета за ликовните уметници, а оваа за музичките. Pianist Pro е виртуелно пијано, ритам-машина и секвенцер (сето ова во поедноставени верзии) што ќе му се најде на секој што се занимава со музика. Доколку, на пример, сте во воз и ненадејно добиете инспирација за некоја мелодија, доволно ќе биде да го извадите iPad-от од ранецот и мелодијата да ја отсвирите во Pianist Pro. Потоа, снимениот фајл ќе можете да го експортирате во MIDI-формат и подоцна да го вчитате во некоја професионална апликација за аудио-
50
www.enter.net.mk
продукција. Инаку, поддржана е и мултитач опцијата, така што можете истовремено да притиснете на десет клавиши на пијаното и Pianist Pro сите ќе ги отсвири. Ритам-машината нуди неколку готови шаблони коишто може да ги искористите како ритам-подлога на вашата композиција, а покрај звуците на пијано, понудени ви се и звуци од неколку типа на органа, синтисајзери и гитари. За 10 долари, колку што чини оваа апликација, ќе ви биде загарантирано дека никогаш нема да ви побегне некоја добра музичка идеја.
акварел и останати техники и сето тоа со техника чувствителна на допир, да ја зумирате сликата до дури 2.500 % и да ја експортирате како Photoshop PSD фајл (во максимално шест слоја) за потоа да ја дообработувате, ако има потреба за тоа. И сето ова за само 8 долари. Доколку имате iPad и студирате ликовна уметност или, пак, тоа ви е хоби, треба со закон да ве казнат доколку ја немате инсталирано оваа апликација
Apple iPad апликации
Bento Уште една десктоп-апликација успешно конвертирана за iPad. Имајќи предвид дека iPad-от поголемиот дел од времето постојано ќе биде со вас, имањето адресар, потсетник и база на податоци постојано на дофат на рака, несомнено, ќе ви се најде во многу ситуации. Доколку не сте запознаени, Bento е една од поквалитетните Macапликации и е наменета за организирање на вашиот живот – во Bento можете да изработувате адресари, потсетници за домашните и работни обврски, бази на податоци на вашиот
домашен инвентар, на финансии итн. Сето ова можете да го изработувате од „нула“ или, пак, да искористите некои од 25-те обрасци кои доаѓаат со апликацијата. Bento е можно да го синхронизирате со неговата десктоп-верзија, но имајте предвид дека некои бази на податоци од десктоп-клиентот нема да можете да ги користите на iPad-от доколку се преголеми. За само 5 долари Bento е одлична апликација која ќе ви помогне да бидете поорганизирани во вашата работа.
iDisplay Оваа необична апликација го претвора iPad-от во додатен дисплеј кој (за жал) можете да го користите само доколку имате Mac-десктоп или лаптоп. За да функционира, покрај инсталираната клиент-апликација на iPad-от, потребно е истата, но во серверска варијанта, да ја инсталирате и на десктоп или лаптоп Mac-от. Бидејќи ова е прва верзија на апликацијата, таа „боледува“ од неколку грешки (од типот на менување на резолуцијата на екранот на десктопот/лапто-
пот доколку е означена опцијата Mirrored displays), но со правилно нагодување на опциите тие лесно се отстрануваат. Апликацијата iDisplay може да ви помогне да го искористите просторот на вашиот десктоп/ лаптоп монитор целосно за работа и да ги префрлите помалку важните апликации како месинџерите, медија-плеерите и слично на iPad-от. Едноставна идеја која значително ќе ја подобри вашата функционалност – за 5 долари.
Instapaper+ Instapaper+ e одлична и исклучително корисна апликација која особено ќе им се најде на сопствениците на iPad со WiFi конекција. Зошто? Оваа апликација служи за веб-сајтовите на коишто сурфате да ги снимите на вашиот iPad и да продолжите да сурфате на нив, но во оф-лајн варијанта. Значи, наместо да чекате да се вчитуваат страните (а тоа може да оди многу бавно, особено ако WiFi сигналот е послаб), откога ќе се преземе целиот сајт, ќе можете „на раат“ да го разгле-
дувате, и тоа без да сте конектирани на интернет. Форматот на страниците се задржува, со тоа што некои слики се намалуваат (поради оптимизирање на просторот на хард-дискот на iPad-от), но тоа не претставува никаков проблем бидејќи со притисок на само едно копче можете повторно да го отворите сајтот во он-лајн варијанта, кога ќе имате на располагање интернет-конекција. За 5 долари ја добивате истата апликација, но во верзија и за вашиот iPhone/iPod Touch.
Need for Speed Shift А сега нешто за разонода. Дали воопшто има потреба од опис на оваа „апликација“? За 15 долари ја добивате оваа феноменална игра каде што можете да се тркате против времето, компјутерот или со вашите пријатели, преку WiFi или Bluetooth конекција. Со помош на
вградениот акцелерометар, вашиот iPad се претвора во волан со којшто го управувате возилото. Контролите се суперосетливи, така што внимавајте да не се „заборавите“ со ротирањето на iPad-от. Заклучок: брзина, брзина и само брзина! Милан Крстевски
www.enter.net.mk
51
Nero Multimedia Suite 10
„Пржење“ со многу зачини и додатоци
Години наназад Nero не е веќе онаа едноставна алатка што сите ја користевме за снимање на нашите оптички медиуми. Со текот на времето таа еволуираше до комплетен пакет за видеомонтажа, видеосподелување, креирање резервни копии на системот, враќање на стари и избришани фајлови од хард-дискот и што ли уште не... А, да, сè уште постои и опцијата за снимање на оптички медиуми. Со новата верзија, Nero Multimedia Suite 10, Германците им се доближуваат на корисниците со уште покреативни опции коишто истовремено се и полесни за ракување, нешто што не беше случај во претходните верзии. Прочитајте на што мислиме.
Уште на почетокот да кажеме дека она што во Nero 9 беа посебни апликации и алатки, сега, во новата верзија, се стандардни алатки во целокупниот пакет. Значи, Nero Multimedia Suite 10 сега е комбинација од Nero Vision Xtra, Nero BackItUp и нормално, Nero Burning ROM. По преземањето на оваа апликација од официјалниот сајт, која воедно тежи 292 MB, пристапивме кон инсталирањето кое траеше околу половина час, додека капацитетите на хард-дискот беа испразнети за околу 1,5 GB. Како прва апликација, а воедно и како единствената која ги инкорпорира сите, ама буквално сите алатки во овој пакет, е Nero StartSmart 10. Интерфејсот нема претрпено некои драстични измени, што значи дека од левата страна повторно се поставени брзите команди за снимање на оптички медиуми, додека во горниот таб, во потсекции можете да ги најдете опциите што вам ви се најпотребни. Новина во Nero Multimedia Suite 10, како дел од Vision Xtra, освен Nero Vision, е и Nero MediaHub. Имено, оваа апликација претставува комплетна мултимедијална алатка за гледање филмови, рипување, конвертирање и слушање музика, гледање фотографии, креирање слајд-шоуа и индексирање на мултимедијалните датотеки. Кога сме веќе кај креирањето на слајд-шоуа, мора да истакнеме дека е лесно како два и два. Избирате фотографии,
вметнувате некоја заднинска мелодија и барате некоја тема од скромната локална (но глобално голема) архива од Nero-заедницата. По завршувањето на овој процес, следен е пристапот кон нивно споделување со пријателите. Стандардниот метод со снимање на оптички медиум сите го знаеме, но во последно време сите наши пријатели се поврзани со нас преку социјалните мрежи на интернет. Па, така, на располагање ви стојат MyNero, YouTube, Flickr, MySpace и секако, Facebook. Благодарејќи на оваа MediaHub алатка, веќе стариот Nero Show Time плеер e вметнат во самата апликација. Тоа значи дека доволно е само да кликнете на веќе индексираното видео и подготвени сте за вистинско филмско уживање. Велиме вистинско токму поради широкиот дијапазон на поддржани формати меѓу кои се QuickTime, MP4, HD WMV, FLV и MKV. Ист е случајот и со музичките, односно форматите за фотографиите. Комплетна поддршка речиси на сите формати што ги познавате. Nero Vision 10 e алатката која ве носи во светот на монтажата. Секако, таа е лесна и брза и нема да ја сфатиме како професионална, бидејќи
не е и замислена како таква. Прилично е моќна и брза, но е наменета пред сè за аматерите и домашните корисници. Креирајте AVCHD на MemoryStick или SD мемориски картички, потоа снимете Blu-ray диск и што ли уште не со оваа алатка. Во апликацијата наречена BackItUp 10, oсвен што ќе можете едноставно да креирате резервна копија, туку ќе наидете и на Nero Rescue Agent 10, алатка која поседува способност да ги враќа веќе избришаните фајлови од хард-дисковите или надворешните уреди. Nero Multimedia Suite 10 иако можеби би требало да биде само едноставна алатка со едноставни апликации и можности, таа сепак го прави спротивното. Таа е, пред сè, едноставна алатка со многу опции и можности кои изгледаат и можат да се носат со епитетот професионални. Нема да прогнозираме многу, но конкуренцијата треба уште многу да учи од Германците. Нивната химна и тоа како се отсликува на овој софтвер. Nero Über Alles! Дејан Зафировски
Nero Multimedia Suite 10 Произведувач: Nero AG Tип: Мултимедијален софтвер и снимач на оптички медиуми Платформа: Windows XP (SP3), Windows Vista (SP1) и Windows 7 Големина: 292 MB Цена: 99,99 $
62
www.enter.net.mk
ACDSee Photo Manager 12
12-тиот ВЕЛИЧЕСТВЕН ACD Systems ја претстави најновата, 12. верзија на својот популарен менаџер, едитор и организатор на дигитални фотографии – ACDSee Photo Manager. Брзината, но и многуте опции и најновите он-лајн можности го прават овој пакет совршен за сите фотографиаматери и ентузијасти.
Помина многу време откако се запознавме со првите претставници на семејството производи ACDSee, кои од година во година еволуираа и благодарејќи на нивните перформанси и посветеноста на нивните креатори, успеаја да се издвојат од конкуренцијата и да создадат бренд кој е препознаен кај голем број вљубеници во дигиталната фотографија. Интерфејсот, кој е првото нешто со што се соочува секој корисник, од верзија во верзија се подобруваше и стануваше побогат со функции и опции, секогаш вистински распоредени така што и најголемиот лаик би можел многу брзо да се снајде во него. Така е и овој пат со ACDSee Photo Manager. Со четирите главни табови: Manage, View, Edit и Online, сместени во горниот десен агол, максимално се поедноставува пристапот до многуте расположливи опции распоредени токму во овие четири главни категории. Manage е делот во којшто секоја од фотографиите која се наоѓа некаде низ хард-дисковите, надворешните уреди или, пак, е снимена со камера, ќе си го најде вистинското место и ќе и се доделат вистинските атрибути според кои подоцна ќе биде полесно пронајдена. Со помош на многуте можности за обележување и дефинирање на дополнителни информации за секоја фотографија посебно, вие во иднина никогаш повеќе нема да лутате и да пребарувате, туку брзо и едноставно ќе пристапите до сите фотографии, без
разлика колку ги има и каде се сместени. Прегледувањето предлагаме да се одвива преку View каде што на лента се редат мали сликички (thumbnails) од фотографиите во фолдерот, а тука се и опциите за зумирање, ротирање и селектирање на дел од фотографијата. Доколку по прегледот не сте задоволни од виденото, повелете во Edit. Толку среден и едноставeн едитор за фотографии не сме сретнале одамна. Наизглед премногу едноставен бидејќи нема „милион“ менија и ленти со алатки, но доколку внимателно се погледне левиот дел од работната површина, ќе видите дека има сè што ви е потребно за да подобрите или отстраните некој недостаток од дигиталната фотографија. Со само еден клик ќе можете да го отстраните ефектот на црвени очи, да ги дотерате боите и светлината, да интервенирате во острината, а можете и да додадете некој едноставен визуелен ефект или текст. Но, сето ова не е најдоброто што можете да го очекувате од ACDSee Photo Manager 12. Она што го разликува од претходниците се драстично подобрените опции за споделување и он-лајн складирање. Секој корисник може да складира до 2 GB фотографии на заеднички сервер на ACD Systems и да пристапи до нив од секое место. Сè се сведува на креирање корисничка сметка и вие веќе имате свој личен простор за складирање каде што можете да креирате, бришете
и преместувате фотографии и цели албуми. Опција којашто исто така е интересна за споменување е и онаа која ви дозволува да „закачите“ фотографии директно на некој оддалечен сервер преку FTP протокол. Едноставно, креирате свој профил во кој ги внесувате генералиите потребни за успешно креирање на една ваква конекција и веднаш можете да започнете со префрлање на фотографиите во оној фолдер на оддалечениот сервер, во кој сакате да бидат сместени. А доколку, пак, имате профил на Flickr, тогаш работата е уште поедноставна, пред сè, поради опцијата за поставување на средените фотографии директно на овој сервис, само со логирање со вашата корисничка сметка. Има уште многу нешта што може да се кажат за ACDSee Photo Manager 12. Опциите за печатење и креирање на слајд-шоу и презентации, како и можноста за снимање на оптички медиум не ги ни споменавме бидејќи за ACDSee ова е стара вест. Едноставно, има премногу нови, а сето ова погоре е само дел од нив. Гоце Постоловски
www.enter.net.mk
63
Motorola BACKFLIP Motorola BACKFLIP беше најавен уште на почетокот на годината како телефон кој ќе се одликува со импресивни и уникатни можности. Неодамна, телефонот излезе на пазарот и од она што можеме да го забележиме, BACKFLIP не само што го има исполнето ветеното, туку има отидено и неколку чекори понапред.
Акробатски
шампион По огромниот успех на Milestone, Motorola реши ништо да не ризикува и да продолжи во истиот правец. Како резултат на тоа, на пазарот се појави исклучително интересна направа која нуди нови начини за навигација низ телефонот. Притоа, не заборава да ги понуди повеќето актуелни технолошки достигнувања во габаритно, и, во најмала рака, невообичаено пакување. За кристално јасна слика, производителите поставиле TFT капацитивен тач-скрин кој ги поседува стандардните сензори за автоматско исклучување на екранот и ротација на корисничкиот интерфејс. Првиот невообичаен хардверски додаток е BACKTRACK тач-панелот кој се наоѓа на задната страна од екранот. Со помош на овој панел можете да управувате во оперативниот систем и да прегледувате мултимедијални фајлови без да го попречувате видикот со прстите. Навигацијата на ваков начин е збунувачка, но по одредено време, не би сакале работите да бидат различни. Второто невообичаено нешто се однесува на тастатурата. Целосната QWERTY тастатура не го зазема вообичаеното место под екранот, туку ја дели задната страна од телефонот со камерата и блицот. Ваквиот распоред има неколку предности, а се истакнува едноставноста при фотографирањето автопортрети. Невообичаениот распоред овозможува одлична примена на уште неколку функции како поставување на телефонот во table-top mode и овозможување попрактичен аларм или динамична и дигитална фоторамка каде што вашите фотографии автоматски се прелистуваат во одредени временски интервали. Интересно, практично и квалитетно изработено. Солидната камера од 5MP, покрај споменатиот блиц, се одликува и со автофокус, геоозначување и снима видеоматеријали со квалитет од 30
66
www.enter.net.mk
фрејмови во секунда. Motorola се одлучија да го испорачуваат Backflip со колачето на Android, т.е. Cupcake, верзија 1,5, но и со можноста подоцна да го доградите оперативниот систем во втората верзија. Телефонот е вистинско чудовиште во поглед на поврзување во 2G и 3G мрежа, како и споделување податоци преку GPRS, EDGE, WLAN и Bluetooth. Корисниците се задоволни и од понудениот дигитален компас, интегрираниот GPS систем, можноста за намалување на „шумот”, како и одличната интеграција со најпознатите мрежи за социјализација. Сето ова е овозможено од моќниот Qualcomm MSM7201A процесор на 528 MHz и RAM од 256 MB, а е напојувано од издржлива Li-Ion батерија од 1400 mAh. Она што не ни се допадна е недостатокот на радио, мултитач навигација и неподдржувањето на популарните видеоформати DivX и XviD. Одредени корисници замеруваат на квалитетот на репродукција на аудиофајловите, како и на ограничените функции на камерата. Сето ова не го прави Motorola BACKFLIP лош телефон, туку насочува кон малите недостатоци кои го спречуваат да го заземе местото како еден од најсовршените телефони што се имаат појавено во последно време. Мартин Јованчевски
Motorola BACKFLIP Мрежи: GSM 850 / 900 / 1800 / 1900; HSDPA 850/ 900 / 1900 / 2100 Димензии: 108 x 53 x 15,3 mm; 133cc Екран: TFT капацитивен тач-скрин, 256K бои, 320 x 480 пиксели, 3,1 in Камера: 5 MP, 2560 х 1920 Батерија: Li-Ion 1400 mAh
Amosu Curva
Безвременската вредност на Curve 8900 Одамна докажаната британска компанија донесе неочекувана преродба на сè уште актуелниот паметен телефон од BlackBerry. Amosu Curva е BlackBerry Curve 8900, но со нов, божествен облик. Со никакви технички разлики, а со бројни естетски подобрувања, цената на овој уникатен телефон изнесува неверојатни 180.000 евра.
Alexander Amosu Ltd.
Компаниите кои со огромно знаење и уметност создаваат луксузни направи се вистинска реткост. Една од таквите компании му припаѓа на амбициозниот Британец, Александар Амосу. Со години наназад, компанијата Alexander Amosu Ltd. макотрпно работи да произведе или преработи најразлични технолошки направи, па дури и облека само за да понуди портфолио со најлуксузни и најскапи предмети. Во BlackBerry Curve 8900 компанијата виде нов предизвик и подготвено се нафати да го преработи овој телефон. По 350 часа работа, Amosu ја понудија на светот најлуксузната и најскапата BlackBerry направа.
Amosu Curva
Amosu Curva ги поседува истите технички карактеристики како и BlackBerry Curve 8900. Се работи за истиот квалитетен TFT екран и qwerty-тастатура, како и за истата камера од 3,2 MP која, покрај можноста за автофокус, геоозначување и стабилизатор на сликата, поседува и блиц и можност за снимање видеоматеријали. Оперативниот систем, BlackBerry OS, и понатаму работи на истиот процесор на 512 MHz и располага со истите 2G можности за поврзување во мрежа и пренос на податоци преку GPRS, EDGE, WLAN и Bluetooth. Паметниот телефон, исто така, се одликува со добропознатите софтверски апликации, мултимедијални плеери и GPS можности. Предностите како поддршката за DivX/XviD видеоматеријали се присутни, но и недостатоците како немање радио, 3G и посолидна камера. Сето ова е потполно исто затоа што Amosu Curva не е телефон кој е изграден од нула. Она што Alexander Amosu Ltd. имаат направено е драстично збогатување на изгледот на BlackBerry Curve 8900 со поставување 4.459 дијаманти на 18-каратна површина од чисто жолто злато. Поради можноста за поставување име или лого на некоја компанија на телефонот и 29-каратните дијаманти, цената на овој телефон изнесува
240.000 долари. Со цел уште повеќе да се зголеми вредноста на овој телефон, Alexander Amosu Ltd. му ја наметнаа етикетата Diamond Limited Edition и пуштија во продажба само три телефони. Компанијата изјави дека еден од телефоните веќе е купен од страна на мистериозен клиент од Средниот Исток, што значи дека сè уште не е доцна да станете
горд сопственик на еден од двата преостанати телефони :). Со новиот, освежен, но исклучително скап изглед, Amosu Curva покажува дека мобилните телефони не се исклучок во борбата за луксузни направи и сè додека се цени убавината, луѓето ќе можат да уживаат во вакви ретки и импресивни достигнувања. Мартин Јованчевски
Amosu Curva Мрежи: GSM 850 / 900 / 1800 / 1900 Димензии: 109 x 60 x 13,5 mm; Екран: TFT, 480 x 360 пиксели, 2,4 in Камера: 3,15 MP, 2048 x 1536 px Батерија: Стандардна Li-Ion батерија 1400 mAh
www.enter.net.mk
67
Хардвер_ Противникот пристигна, битката може да почне Конечно, по повеќе од една година бурни шпекулации, безброј лажни навестувања, бесцелни дискусии и недостиг од веродостојни информации, NVIDIA ја промовира GF100 архитектурата.
82
84 с о ф т в е р _
PROCESS MONITOR 2.9
Секогаш будно куче-чувар 76 к о л у м н а _
THE ZEITGEIST MOVEMENT (ОД ЛИЧЕН АСПЕКТ) Филмот „Zeitgeist“ се појави пред извесно време и многу е веројатно дека сте го забележале како наслов или сте слушнале како другите околу вас зборуваат за тоа (иако можеби не сте го ни погледнале, особено доколку не сте многу по филмовите, како на пример, јас)...
78 и д н и н а т а д е н е с _
НОВ МАТЕРИЈАЛ ВО ХАРДВЕРОТ
Силициумот ќе стане демоде?
Според последните резултати и тврдења што може да се забележат на глобалната мрежа, силициумот полека но сигурно ќе биде исфрлен од употреба како средство за производство на транзисторите и процесорите.
80 т е х н о л о г и ј а _
ATI EYEFINITY Празник за очи Две седмици пред официјалната презентација на семејството графички картички Radeon 5800, АТI„фрли бомба во индустријата” со најавата за новата технологија која овозможува приказ на 3Д-игрите на три или повеќе монитори.
Process Monitor 2.9 е бесплатна, мала и многу корисна алатка посебно за систем-администраторите и развивачите на апликации бидејќи нуди увид во она што се случува во фајлсистемот, регистрите и процесите на секој Windows систем и тоа во реално време.
85 и н т е р н е т _
СИСТЕМ ЗА ЛОЗИНКИ – GAIA
Напад врз најскапоценото
Во иницијалната изјава на компанијата Google во врска со минатогодишните напади беше наведено дека се случила кражба на нејзина интелектуална сопственост и дека се верува оти нападот потекнува од Кина.
86 п р о г р а м и р а њ е _ ACTION SCRIPT
Обојте го светот!
Сè уште сме под импресии од излегувањето на новите Adobe алатки, кои многу ќе ни ги поедностават нашите секојдневни обврски и графички желби. За тоа колку е добар целиот CS5 пакет ќе има на некоја друга страница, се разбира, во списанието кое сите го разбираат - ЕНТЕР.
вести_ DVR за професионалци SnapStream DVR е производ наменет за професионална употреба во телевизиските куќи, а според зборовите на произведувачите, претставува најголемиот DVR (Digital Video Recorder) уред во светот. SnapStream DVR поседува вкупно осум Xeon процесори поврзани во кластери и 136 TB слободен простор за податоци, односно 102 TB во RAID конфигурација. Овој уред може истовремено да снима 50 различни телевизиски канали и вкупно да сними дури 115.200 часа програма, материјал кој би бил достапен за 13 години прикажување. За функцијата за продажба на видеоматеријал и негово брзо пребарување, овој DVR може да се поврзе на интернет и тоа со брзина до 10 гигабити во секунда, за uplink. Цената на SnapStream DVR тргнува од 2.000 долари, па нагоре.
Двојадрен Pinewiew на 1,5 MHz Како што се ближи времето за претставување на новите модели на Atom процесорите од Intel, наменети за нетбук-компјутери, така сè повеќе и повеќе се шират информациите за нивните технички карактеристики. Веќе најавениот модел N475 кој е со едно јадро, „знаеме“ дека ќе биде со такт од 1,83 GHz, ќе поседува поддршка за DD3 работна меморија и ќе користи 6,5 W енергија. Сепак, Intel дава многу малку информации за најзанимливиот чип – двојадрениот процесор досега именуван како N5000. Процесорот и натаму ќе биде во 45-нанометарски производствен процес и ќе биде со работен такт од 1,5 GHz. Вкупната моќност ќе биде, исто така, на прифатливо ниво, од 8,5 W, значи вкупно за CPU-то и графичкото јадро, кое е применето на истиот чип, кај овaa Pineview генерација од Atom.
Light Peak – наследник на USB 3.0? Intel ја демонстрираше својата старо-нова технологија најавена уште минатата година, со име Light Peak. Се работи за протокол кој користи светловоди и моментално може да постигне брзина на трансфер од 10 Gb/s. На Intel Developer Forum во Пекинг, Intel претстави преправен преносник кој користи стандардна USB порта и вградена електроника, со чија помош би можел да се користи и како USB и како Light Peak порта. Токму големата пропусност овозможува истовремено користење на повеќе протоколи како што се USB, SATA и други само преку една линија. За да ја докажат неговата ефикасност, преку оваа порта биле поврзани docking станица, монитор, Blu-ray видео и сигналот од некоја HD камера, а содржината од овие извори била прикажувана на посебни монитори. Сепак од Intel оваа технологија не ја сметаат за директна конкуренција на USB 3.0 протоколот, туку како негов наследник. Исто така, тие сметаат дека оваа технологија би можела да се развива и во наредните десет години, а брзината од моменталните 10 Gb/s би можела да порасне и до 100 Gb/s. Останува да видиме.
AMD процесорите – мета на оверклокерите Неодамна претставениот нов процесор од AMD кој го носи називот Phenom II X6, освен помалите промени во архитектурата и додавањето на дополнителни две јадра, имаат и добри можности за оверклокување. Ова посебно се однесува на Black Edition варијантите, како што е моделот Pnenom II X6 T1090 BE. Со оглед на фактот дека основниот работен такт на овој 6-јадрен процесор изнесува солидни 3,2 GHz, сепак некој оверклокер, кому му го знаеме само прекарот – Лука, успеал овој модел да го оверклокува до импресивни 6,29 GHz. Нормално, за успешно да го добие овој резултат при ваков висок такт, тој користел ладење со течен азот, а остатокот од конфигурацијата ја сочинуваат матичната плоча од ASRock со AMD 890GX чипсет, интегриран Radeon HD 4290 и еден гигабајт DDR3 меморија од Kingston.
Хард-дискови за во автомобил Компјутерите не се единствените уреди на коишто им требаат хард-дискови. За тоа се свесни од Toshiba, кои решиле да понудат 2,5-инчни модели наменети за вградување во автомобилите. Во иднина корисниците ќе можат да се одлучат помеѓу двата модела кои се со капацитет од 100 и 200 GB, чија плоча ќе врти со 4.200 вртежи во минута. Просечното време за пребарување на податоците би изнесувало 12 милисекунди, максималната бучава што ќе ја произведува во режим на работа изнесува 23 децибели, додека опсегот на температурата во којшто произведувачот гарантира непречена работа, се движи од -30 до 85 целзиусови степени. Во масовно производство овие хард-дискови влегуваат некаде во текот на август.
w w w.enter.net.mk
75
софтвер_
Process Monitor 2.9
Секогаш будно куче-чувар Process Monitor 2.9 е бесплатна, мала и многу корисна алатка посебно за систем-администраторите и развивачите на апликации бидејќи нуди увид во она што се случува во фајл-системот, регистрите и процесите на секој Windows систем и тоа во реално време. Едноставниот интерфејс и напредните можности ја прават идеална и за секој оној кој сака да знае што се случува со неговиот компјутер во секој момент.
84
w w w.enter.net.mk
Мониторирањето на она што се случува во заднина на системот и на мрежата понекогаш знае да биде пресудно за навреме да се забележи некој проблем или опасност, да се интервенира во работењето на некоја апликација или процес, со цел да се избегнат подоцнежни можни проблеми и хаварии. Од таа причина е потребен алат кој нема да биде тежок и комплексен ниту за инсталација, а подоцна ниту за користење и со чија помош секој напреден корисник лесно ќе може да ја идентификува секоја активност на системот што го набљудува. Токму таков е Process Monitor 2.9, дел од сетот апликации Windows Sysinternals кој започна како независен проект и беше таков сè до 2006 година кога компанијата беше преземена од Microsoft и оттогаш низата апликации и алатки за подобрување на ефикасноста и безбедноста на системите и апликациите е дел од алатките што ги нуди гигантот од Редмонд. Но, да се вратиме на Process Monitor 2.9. Оваа алатка не само што бесплатно може да се преземе, туку и не мора да се инсталира. Едноставно, распакувајте ја архивата, стартувајте ја извршната датотека и тоа е тоа. Веднаш се стартува апликација со малко ретро-изглед којашто не е направена да изгледа убаво, туку да биде практична и брза. А дека е таква, ќе се уверите веднаш. Освен една листа со менија и лента со алатки, друго нема, но тоа е сосема доволно. Најголемиот дел од интерфејсот е резервиран за информации за сите
активни процеси, операции со регистри и системска и мрежна активност кои постојано се набљудуваат и се информира за нив. На прв поглед изгледа збунувачки и сè се случува пребрзо, но благодарејќи на опциите за филтрирање, обележување и дефинирање на тоа што да се набљудува, за многу кратко време работите ќе станат појасни. Самите можете да дефинирате дали ве интересира фајл-системот или можеби регистрите, дали сакате детални информации за активните процеси или, пак, за сообраќајот што вашиот компјутер го прави преку мрежа. Видливоста на овие информации можете да ја дефинирате доколку само ги вклучите и исклучите опциите за видливост на саканата категорија. Бидејќи листата постојано се зголемува и тешко дека некој може рачно да скролува и да ја следи, ви препорачуваме да го вклучите Auto Scroll, со што најдолу ќе се прикажуваат најновите случувања. Со
десен клик на секој настан поединечно се отвора контекстуално мени од каде што можете да изберете дали сакате да ги погледнете неговите карактеристики или, пак, можеби да побарате помош на интернет каде што подетално ќе се запознаете со неговата функција. Доколку сакате тој тип на настан да биде обоен со друга боја, тоа можете да го направите со Highlights, а тука е можноста да ги исфилтрирате сите настани од тој тип и тоа според неколку дополнителни параметри и само тие да бидат видливи. Токму Filter е последната опција кон која сакаме да го свртиме вашето внимание. Всушност, станува збор на повеќе опции на филтрирање и тоа според колоната во која се сместуваат информациите, но и според карактеристиките на системот и апликациите со што се добиваат прочистени и „рафинирани“ резултати коишто брзо и ефикасно ќе ви ја прикажат информацијата што ја барате. Иако Process Monitor 2.9 е наменет, пред сè, за ИТ професионалците, сепак би било добро и секој оној кој сака да научи нешто повеќе да го тестира и подобро да го запознае системот на кој работи или, пак, мрежното опкружување во кое се наоѓа. Гоце Постоловски
Систем за лозинки – Gaia
интернет
Напад врз најскапоценото Во иницијалната изјава на компанијата Google во врска со минатогодишните напади беше наведено дека се случила кражба на нејзина интелектуална сопственост и дека се верува оти нападот потекнува од Кина. Никакви детали во врска со кражбата не беа објавени тогаш, но сега во јавноста излегуваат информации дека „жртва“ бил скапоцениот камен на компанијата, системот за лозинки – „Гаја“, којшто го контролира пристапот на милиони корисници низ светот кон речиси сите компаниски веб-сервиси вклучувајќи го клиентот за електронска пошта и бизнис-апликациите.
Софтерот за кој Google само еднаш јавно дискутираше на технолошка конференција, пред четири години, има задача да им овозможи на корисниците да се логираат само еднаш, а да користат низа сервиси од палетата на Google веб-апликации. Натрапниците, се чини, не украле никави лозинки на Gmail-корисници, а компанијата набрзо по упадот интензивно започна со спроведување на значителни промени во безбедноста на нејзините мрежи. Независни компјутерски експерти велат дека е отворена можноста напаѓачите да најдат некоја „ахилова пета“, за која во Google можеби не се ни свесни. Новите детали во приказната значително ја интензивираат дебатата во врска со безбедноста и приватноста на големите компјутерски системи, како што е оној на Google, кои централизираат лични податоци на милиони индивидуи и бизниси. Токму поради фактот дека огромно количество на дигитални информации се складирани во компјутерски кластери, еден единствен упад би можел да резултира со катастрофални загуби. Програмата, која го носи името на грчката божица на земјата, Гаја, бил молскавично нападнат во декември минатата година. Кражбата започнала со инстант-порака која била испратена
на вработен во Google во Кина преку Microsoft Messenger. Лицето кликнало на линкот и било поврзано со „заразниот“ веб-сајт, па со тоа несвесно им дало дозвола на напаѓачите да преземат контрола врз неговиот компјутер, а потоа и врз компјутерите на критична група софтверски развивачи во централата на Google. Конечно, напаѓачите можеле да го контролираат софтверскиот репозиториум кој го користел развивачкиот тим. Интересен е фактот дека напаѓачите имале точни податоци за имињата на софтверските развивачи на „Гаја“, па токму нивните компјутери биле први на удар. Бил применет сет од софистицирани техники кои на крајот ги довеле злонамерниците до изворниот код. Украдениот софтвер привремено бил сместен на компјутерите на Rackspace, компанија од Тексас која нуди веб-хостинг услуги, а оттаму му се губи трагата. Деталите околу кражбата на софтверот се строго чувана тајна. Google прв пат јавно прозборе за упадот на 12 јануари, кога објави дека компанијата ја менува политиката кон Кина, како резултат на отуѓувањето на неидентификувана интелектуална сопственост и компромитирањето на корисничките сметки за електронска пошта на двајца активисти за заштита на човековите права во Кина. Обвинувањата станаа значаен извор на тензии помеѓу САД и Кина, па дури и Хилари Клинтон побара од земјата да спроведе „транспарентна“ истрага во врска со нападот. Остатокот од приказната ни е добро познат. Google продолжува да го користи системот „Гаја“, сега познат како Single Sign-On. Неколку часа по
објавата за упадот, од компанијата рекоа дека ќе активираат нов слој на енкрипција за Gmail, како и зголемување на безбедноста на податочните центри и комуникациските линкови помеѓу сервисите на Google и корисничките компјутери. Не се знае какви се или можат да бидат во иднина последиците од кражбата.
Самиот пристап кон изворниот код би можел да им го даде потребното знаење на хакерите, кои би стекнале увид во ранливоста на „Гаја“. Разбирањето на алгоритмите на кои е базиран софтверот може да им биде од голема корист на напаѓачите кои бараат „дупки“ во системот. Ана Симоновска
w w w.enter.net.mk
85
ТЕМА НА БРОЈОТ Battlefield: Bad Company 2
Нема никаков сомнеж во експертизата на DICE, кога станува збор за мултиплеер-пукачките игри. Со својот уникатен стил на мапи и возила, тие се на врвот, помеѓу најдобрите од најдобрите, заедно со Infinity Ward и Bungie. Сепак, за разлика од Halo и Call of Duty, на серијалот Battlefield му треба уште многу ако сака да им се доближи, кога станува збор за сингл-плеер доживувањето. И претходниците на Bad Company 2, Battlefield 2: Modern Combat, и оригиналната Bad Company содржеа сингл-плеер кампањи, но сепак тие многу заостануваа зад гејмплејот што го нудеше Master Chief или капетанот „Soap“ MacTavish. За жал, DICE сè уште не свртеле нова страница во сингл-плеер дизајнот со Bad Company 2, но затоа во мултиплеерот – играта блеска.
92
// ЕНТЕР GAMING EDITION
Помина една третина од 2010 година и како што изгледа, оваа година ќе биде една од најдобрите за гејмерите. Electronic Arts повторно се здружија со DICE и ни нудат уште една игра која не треба да се пропушти. Battlefield: Bad Company 2 ги зголемува напнатоста и визуелното мајсторство на својот претходник и во исто време испорачува едно од најдобрите доживувања што ќе ги најдете на пазарот на видеоигри во моментов. Но, уште на почетококот ќе ве предупредам – ако планирате да ја купите Bad Company 2, само за сингл-плеер кампањата, залудно ќе фрлите пари. Ова не значи дека синглплеер камањата е толку лоша, но сама по себе не може да се издвои како незаборавно доживување. Значи, уште еднаш, мултиплеер-делот е ѕвездата на шоуто Battlefield. Battlefield: Bad Company 2 очигледно сака да биде алтернатива за неприкосновениот џин во овој жанр на игри – Modern Warfare 2. Една од главните сличности помеѓу овие два наслова, се разбира, е модерната војна – „добрите“ Американци мораат повторно да го спасат светот од „лошите“ Руси. Но, онаму каде што Modern Warfare 2 е бомбастичен во кампањата, таму Bad Company 2 е само просечен, каде што Modern Warfare 2 се издвојува во раскажувањето на приказната, Bad Company 2 цврсто се држи за основите и не нуди ништо спектакуларно. Синглплеер кампањата ја следи приказната на група американски војници (Sarge, Marlowe – со кого ќе играте вие, Sweetwater
и Haggard), кои патуваат низ светот во потрага по мистериозно оружје за масовно уништување, кое по никоја цена не смее да падне во рацете на Русите. Приказната е навистина веќе видено клише, но таа ќе ве одведе на навистина голем број на локации – од замрзнати планини до зелени џунгли и жешки пустини. Овие прекрасни локации се првото нешто што ќе ви падне в очи, кога ќе ги започнете битките. Пејзажите изгледаат скоро фотореалистично во многу ситуации, а DICE завршиле одлична работа во спојувањето на објектите во околината со статичната заднина. Резултатот на сето тоа е длабочина, што ретко може да ја понуди некоја друга видеоигра. Се разбира, самото тоа што околината е графички прекрасно направена, нема да ве спречи да посакате да ја разнесете. Bad Comany 2 нуди скоро целосно уништлива околина. Тоа значи дека ќе можете да разрушите сè што гледате наоколу. Употребете доволно огнена моќ и ќе видите како се рушат згради, дрвја, мостови, барикади и слично. Не само што е неверојатна забава да се уништуваат работи, туку тоа е многу важен дел за успехот во мисиите. Значи, ако непријателски војник се крие на трети кат во некоја зграда и оттаму ве напаѓа, тогаш сè што треба да направите е да земете ракетен фрлач и да ја разнесете целата соба во која се крие или евентуално да го срушите ѕидот пред него. Треба да знаете дека деструкцијата е меч со две острици, бидејќи на ист начин како што вие ги неутрализирате или ги разоткривате непријатели-
те од нивните места за криење, истото можат и тие да ви го сторат. Навистина, бројот на објектите што можат да бидат уништени е огромен, а најдоброто е тоа што ова станува дел од стратегијата со која ќе ги завршувате мисиите. Графичкото доживување делумно може да го расипе големиот број графички грешки, текстури кои недостасуваат и слично, но тоа нема да Ви го расипе целокупниот впечаток за одличната графика во играта. Оние од вас кои ја играле првата игра на некоја од конзолите, веднаш ќе забележат многу подобрувања од првата игра, најголемиот дел од нив „украдени“ од Modern Warfare. Па, така, најголемата промена доаѓа во кинематскиот пристап кон акцијата во играта. Дијалогот е помалку глупав, нуди помалку глуп хумор, а дизајнот на нивоата изгледа помалку линеарен (иако е целосно линеарен). Не треба да биде никакво изненадување тоа што една Battlefield игра има одлична гејмплеј-механика. Оружјата одлично реагираат и звучат фантастично. Возилата релативно добро се управуваат и прават да се чувствувате како крал на бојното поле. Respaw-нувањата и прва помош-инјекциите од претходната игра се заменети со стандардни контролни точки и регенеративен health bar (како во Modern Warfare), што први војната да изгледа колку-толку пореалистична. Вештачката интелигенција на вашиот тим е на релативно високо ниво, па тие ќе се однесуваат како вистински војници во битка. Тие ќе напаѓаат кога вие напаѓате и ќе ве покриваат кога се криете зад некоја пречка и чекате да закрепнете. Сепак, многу брзо ќе сфатите дека вашиот тим е составен од еднодимензионални ликови, чија главна задача е да ви соопштат која е вашата следна цел. Навистина е многу тешко да се соживеете со нив (како со оние од Modern Warfare), особено кога ќе видите како ги погаѓа ракета од ракетен фрлач и по неколку секунди стануваат на нозе како ништо да не било и продолжуваат да се борат. Иако акцијата во играта е динамична, сепак од Bad Company 2 нема да добиете „епско“ чувство, кое очигледно креаторите сакале да го создадат. Дел од проблемот лежи во лошата режија на анимираните сцени, кои ве воведуваат во мисиите и кои траат премногу долго и се релативно досадни за гледање.
ЕНТЕР GAMING EDITION //
93
ТЕМА НА БРОЈОТ Battlefield: Bad Company 2 Според мене, најголемиот проблем во играта лежи во обидот да се направи нон-стоп напнат гејмплеј. Така, во едно исто ниво ќе можете да снајпирате, да пукате со пушкомитралез од хеликоптер, да возите тенк, па и да повикувате воздушни напади – и сето тоа едно по друго. Вие сте, всушност, некој Рамбо (да не речам Чак Норис) супервојник, кој е запознаен со секој аспект од војната и може да прави сè што сака. Со постојаната акција, едноставно, се губи чувството на тензија во играта. Гејмплејот е навистина разновиден, но сепак целото тоа не е искомбинирано на вистинскиот начин за синглплеер кампањата да биде првокласно доживување. Во кампањата ќе можете да играте со преку 30 оружја, од кои најчесто ќе изберете 2-3 и со истите ќе играте во скоро секоја мисија од играта. Јас, на пример, со мене во сите мисии си носев снајпер со кој многу лесно ги неутрализирав непријателите. Кога ќе ви снема муниција, на патот ќе наоѓате пакети со оружје и ќе можете да се наполните со муниција или, пак, да замените некое од оружјата што ги носите. Кампањата и таква каква што е премногу кратка, па ќе ја завршите за помалку од шест часа мрзеливо играње. Откако ќе ја завршите, тешко дека ќе добиете потреба пак да ја заиграте. За многумина од играчите недостатоците на кампањата воопшто нема да бидат важни. Тоа се оние гејмери што ја играат оваа игра за мултиплеер он-лајн играта, која е одлична во Bad Company 2. Тука уништливата околина од кампањата добива ново значење. Вашата мета тука може да ве чека во некоја колиба или, пак, непријателски тим може да користи некоја кула како место за напад. Сето ова може да се промени со само неколку добро поставени експлозиви, со што буквално ќе можете да го срамните со земја бојното поле. Ова додава дополнителен слој стратегија во играта, па ќе мора да го адаптирате вашиот пристап кон борбата, додека светот околу вас се руши. Ова е само првото ниво на стратешко планирање, кое оваа игра им го нуди на оние играчи
94
// ЕНТЕР GAMING EDITION
кои знаат добро да соработуваат. Battlefield е добропознат кај гејмерите, како франшиза која нуди епски он-лајн битки со огромни размери и огромен број возила, кои ќе можете да ги земете во битка. Ваквата традиција продолжува и во оваа игра. Така, ќе можете да управувате џипови, оклопни возила, моторни чамци, тенкови, хеликоптери и слично, а секое од овие возила има свој посебен и уникатен смртоносен потенцијал. Возилата можат многу брзо да го сменат текот на битките. Она што ја истакнува оваа игра пред другите е тоа што е дизајнирана да ги поттикне играчите да работат заедно, да соработуваат. Тоа најдобро се гледа по тоа што ако соработувате со своите сотимци, ќе бидете наградени со дополнителни поени. Освен за помагање на сотимците, поени ќе можете да добивате и за убивање на непријателите, како и за добивањето медали за храброст. Собирањето поени ви овозможува да отклучувате нови оружја, направи, како и специјалности. Некои од нив се специфични за секоја класа, додека другите може да се додадат на кој било војник, со што се создава одредена флексибилност помеѓу класите. Четирите класи во Bad Company 2 се добропознати: војник – обучен за автоматски пушки, фрлачи на гранати и слично; инженер – кој може тивко да убива непријатели, како и да саботира и поправа возила; лекар – кој може да ги оживува повредените сотимци, но е вешт и со машинските пушки и снајперист – специјализиран за убиства оддалеку, како и поставување експлозиви. Отклучувањето нова опрема не само што ве прави помоќни, туку овозможува и повеќе начини за да бидете ефективни во борбите. Најимпресивен дел од Bad Company 2 е токму флексибилноста на мултиплеер играта. Класниот систем ви овозможува да го изберете пристапот кон борбите. Секоја од класите има свои оружја и уникатни алатки, кои овозможуваат секој поединец да биде мал, но значаен дел во успехот на тимот. Ова е игра која бара ладна глава и отвореност за комуникација, што ја прави победата уште послатка. До 24 играчи ќе можат да се натпреваруваат во неколку различни модови. Во Rush, тимот што напаѓа се обидува да уништи две позиции на не-
пријателскиот тим. Ако напаѓачите успеат во тоа, тогаш се отвораат уште две позиции за освојување, а истовремено и целосно нов дел од бојното поле. Овие прогресивни натпревари се навистина жестоки и интересни, бидејќи секоја нова област нуди нови предизвици, на кои мора да се приспособат и двата тима. Во модот Conquest, два тима се обидуваат да освојат и заштитат три контролни точки. Исходот и текот на борбата е многу непредвидлив, бидејќи контролните точки може да се освојат и само од еден војник, но и од цел доброопремен тим. Овие бојни полиња се пофлуидни и бидејќи акцијата не се движи како во Rush, тие остануваат скоро целосно разрушени на крајот на секој меч. Последниот мод, Squad Deathmatch, става во војна четири тима да се борат едни против други во еден потрадиционалнен, но сепак многу интересен натпревар. Секој од овие модови нуди различен пристап во борбите, што овозможува огромна разновидност во начинот на кој војувате. Технолошката совршеност на Bad Company 2 е во полн ефект во мултиплеер играта, а огромните, одлично дизајнирани мапи се совршена сцена за војување. Има густи снежни шуми, пустини, крајбрежни индустриски комплекси, села во мочурливи џунгли, како и населби покрај река и сите тие се одлично место за напнатите битки. Мапите се многу различни и нудат разновиден терен и огромен број згради и објекти за уништување.
Одличните мапи ги надополнува неверојатниот звук, кој е многу побитен во мултиплеерот околку во кампањата. Далечен татнеж од рафал ќе ви стави до знаење дека непријателски снајперист се обидува да ве погоди, звукот на чекори во некоја зграда може да ви каже каде да фрлите граната, а сотимците ве предупредуваат ако некоја зграда е пред срушување за да излезете навреме. Единствена замерка што ја имам за мултиплеер-модот е неможноста да се ползи. Навистина не ми е јасно зошто креаторите на играта ја отстраниле оваа едноставна механика, која во игра каде што се гине многу лесно, може да ви го спаси животот. Според креаторите, оваа одлука е направена за играта да се направи подинамична и да ги натераат играчите постојано да се движат, ако сакаат да преживеат, наместо да легнат на земја и да го избегнат непријателскот напад. Јас, сепак, претпочитам можност за ползење. Bad Company 2 не е Modern Warfare, иако на многу начини се труди да биде тоа. Сингл-плеер кампањата не е ни приближно интересна како онаа во Modern Warfare и верувам дека ќе ве разочара. Но, затоа со мултиплеер модот стои рамо до рамо со Modern Warfare. Ова е игра што може да ја гледате како мултиплеер игра, со која како бонус добивате сингл-плеер кампања. Ако барате незаборавно мултиплеер доживување, Bad Company 2 е токму за вас. Жарко Петровски
8,6 ГРАФИКА: ГЕМПЛЕЈ: ЗВУК: МУЗИКА: АТМОСФЕРА: ПРОИЗВЕДУВА: Digital Illusions CE ИЗДАВА: Electronic Arts ЖАНР: First Person Shooter ПЛАТФОРМА: PC, XBOX 360, PlayStation 3
Минимална конфигурација: . Windows® XP / Vista / Windows 7 . Процесор: Core 2 Duo 2.0 GHz+ . 2 GB RAM . Графичка картичка: Nvidia 7800GT / Ati Radeon X1900 со 256MB VRAM
Препорачана конфигурација: . Windows® XP / Vista / Windows 7 . Кој било Quad Core процесор . 2 GB RAM . Графичка картичка: Nvidia GTX260+ / Ati Radeon HD5850 со 512MB VRAM
ЕНТЕР GAMING EDITION //
95
РЕЦЕНЗИЈА
PC
Metro 2033
Многу е природно да се прави компарација помеѓу Metro 2033 и S.T.A.L.K.E.R., пред сè, бидејќи дел од тимот кој го создаде Metro 2033 претходно работеше во GSC, компанијата која го создаде S.T.A.L.K.E.R. Друга работа што ги прави слични овие две игри е тоа што како инспирација го земаат рускиот научно-фантастичен хорор и постнуклеарните заедници. Но, и покрај сличностите што навидум постојат помеѓу овие две игри, тие всушност воопшто не се слични. Па, ако сте некој S.T.A.L.K.E.R. фан кој сака да ја игра Metro 2033 во надеж дека ќе го добие истиот фикс, ќе се разочарате.
96
// ЕНТЕР GAMING EDITION
Кога некој ќе земе некоја новела и ќе ја претвори во филм или видеоигра, вообичаена забелешка е дека производот не може да го долови истото како книгата од која бил инспириран. Еден од главните проблеми е во тоа што филмовите и игрите немаат толку многу простор за градење на приказната, светот и развојот на ликовите колку што имаат книгите. Развивачите на видеоигри немаат толку време да посветат на секој детаљ, што прави светот пренесен во видеоиграта делумно да се разликува од оној во книгата. Metro 2033 е базирана на руската новела на Димитриј Глуковски. Новелата има 800 страници, така што е разбирливо дека тоа е преголема содржина за да се вклопи во осумчасовно гејмерско искуство. Затоа, премногу работи во играта изгледаат нафрлени и недообјаснети. По нуклеарна катастрофа која го уништила скоро целиот свет, луѓето од Москва се повлекле во подземјето на московското метро за да преживеат и станиците од метрото ги претвориле во пренаселени гратчиња. Светот во кој ќе влезете изобилува со мутанти, опасни аномалии и голем број натприродни појави. Во целиот овој метеж, вие ќе го контролирате младиот Атриом, кому му е доделена многу важна мисија – да пренесе кодирана порака до една од станиците на метрото. Атриом наликува на Гордон Фриман од Half-Life. Тој низ целата игра нема да прозбори ниту збор и скоро сите случувања во Metro 2033 се од негова гледна точка. Без да навлегувам премногу во приказната, ќе ви кажам дека таа е прилично интересна и изобилува со многу изненадувања и
но стакло или конзерва, бидејќи тоа веднаш ќе ги извести непријателите за вашето присуство. Во играта има и делови во кои ќе мора да го напуштате подземјето и да одите на површината. Тука ќе бидете принудени да носите гас-маска. Секоја гас-маска има филтер, кој е ефективен само одредено време и потоа ќе мора да го промените. Затоа често ќе мора да гледате во часовникот за да видите уште колку време ви преостанува пред да го смените филтерот. Без гас-маска нема долго да останете живи, па затоа кога собирате оружја и муниција, паметно е да собирате и гас-маски или барем филтри. Во жешките борби морате да бидете внимателни бидејќи маската може да се оштети. Тогаш на екранот ќе гледате пукнато стакло, слично на пукната шофершајбна на автомобил,
фантастични заплети и расплети. Сево нив. Најјаката страна на играта е пак, мислам дека креаторите на играта нејзината одлична атмосфера. Како што споменав претходно, играта е требало повеќе да се потрудат за да создадена од украински тим, па како објаснат некои работи во играта, пред сè, бидејќи најчесто сме навикнати да резултат на тоа, атмосферата е приличиграме игри кои доаѓаат од Западот, па руската перспектива нема да им биде многу позната на поголемиот дел играчи. Наместо соодветно и полека да ве запознае со светот, играта само ќе ве фрли таму и ќе ве остави да претпоставувате. Ништо не е објаснето во детали. Зошто има нацисти во Москва? Која е природата на заканата од мутантите? Играта ќе ја завршите без притоа да откриете голем број мистерии, кои низ играта изгледаат многу важни, но на крајот воопшто не се објаснети. На пример, Атриом пати од чудни халуцинации, во кои гледа некои фигури кои наликуваат на вонземјани. Исто што е многу реалистично доловено. Во така, низ тунелите на метрото ќе ги но уникатна и многу поразлична од играта има два типа на муниција со кои слушате другите луѓе како зборуваат она што може да се види во игрите кои морате многу внимателно да правите за „Темните“, кои би требало да бидат доаѓаат од Западот. Ако сакате, играта баланс, бидејќи муницијата во исто огромна закана за луѓето, а кои се тие, ќе можете да ја играте и на руски јазик, време игра улога на валута во подземдали воопшто постојат и дали имаат со англиски превод, што во одредена ниот свет. Првата муниција е наречена врска со халуцинациите на Атриом, мера додава автентичност. Тонот е „валкана“ и е направена во подземјето, воопшто не е откриено и тие немаат мрачен и зад секој агол ве очекува по постапокалиптичните настани, дозначајна улога во акцијата. Недостатострав и неизвесност. Едноставно, ќе се дека втората – „првобитна“ (светкава) кот од наративна постојаност во играта соживеете во постапокалиптичниот во одредена мера влијае и на самиот свет. Додека се движите низ околината, муниција е висококвалитетна муниција од поранешниот свет. Светкавата гејмплеј, кој е прилично стандарден во секогаш треба да бидете на штрек од муниција е многу ретка и затоа ќе FPS игрите. За оние кои сè уште сакаат она што ве опкружува. Непријателите мора да размислите како најдобро да да најдат сличности на оваа игра со имаат поставно стапици на многу ја употребите. Ако ја користите како S.T.A.L.K.E.R., може да кажам дека саместа, кои ќе ги предупредат ако некој обична муниција за неутрализирање мата структура на Metro 2033 е сосема им се приближува. Кога се движите на непријателите (оваа муниција е различна од онаа во S.T.A.L.K.E.R. Metro низ некој темен тунел, треба да бидете помоќна од „валканата“), подоцна нема 2033 е линеарна игра, базирана на нипретпазливи да не паднете во некоја да може да ја користите како валута и воа, додека во S.T.A.L.K.E.R. можете да дупка, да не стапнете на некое скршешетате слободно низ светот Минимална и нелинеарно да земате мисии. Во Metro 2033 не е конфигурација: така и тука од едно ниво ГРАФИКА: . Windows® XP / Vista / Windows 7 одите директно во следното. . Процесор: Core 2 Duo 2.0 GHz+ Ова е во одредена мера и ГЕМПЛЕЈ: . 1 GB RAM добра работа, бидејќи го по. Графичка картичка: Nvidia ЗВУК: добрува раскажувањето на 8800GT / Ati Radeon X1900 со приказната и го зголемува МУЗИКА: 256MB VRAM чувството на клаустрофоАТМОСФЕРА: бија до одредено ниво, но се Препорачана разбира, го ограничува гејмконфигурација: плејот. Најголемиот дел од ПРОИЗВЕДУВА: 4А Games . Windows® XP / Vista / Windows 7 акцијата е низ темни тунели, . Кој било Quad Core процесор кои навидум не се интересИЗДАВА: THQ . 2 GB RAM на локација за играње, но ЖАНР: First Person Shooter . Графичка картичка: Nvidia верувајте ми на зборот, овде GTX260+ / Ati Radeon HD5850 со се одлично направени и е ПЛАТФОРМА: PC, XBOX 360 512MB VRAM многу забавно да се борите
8
да купувате работи што ќе ви требаат. Муницијата ја има во мали количества, па затоа е паметно да ги пребарувате сите лешеви од непријателите во потрага по муниција. Борбите во Metro 2033 се нејзината најслаба точка. Главната причина лежи во оружјата со кои ќе се борите. Проблемот кај оружјата не е во нивниот дизајн, кој е мешавина од реални оружја и рачно составени оружја, туку во тоа колку неадекватно изгледа нивното користење. Без разлика каква муниција ќе користите, непријателите многу тешко се убиваат. Најчесто ќе ви бидат потребни дури шест истрели да убиете еден непријател, а она што најмногу фрустрира е тоа што погодоците в глава на непријателот се скоро небитни. Изгледа како да е многу полесно непријателите да ве убијат вас, отколку вие нив. Ако ова се искомбинира со недостатокот на „quick save“ и тоа што контролните точки се случуваат по неколку инстанци на големи борби, може да се исфрустрирате и да решите да се откажете од играње. Друг дел во играта кој може да ве изнервира се stealthмисиите, каде што треба да поминете незабележани, во кои AI-то на непријателите не следи постојани правила. На пример, ако тивко фрлите нож кон некој чувар што не ве гледа и притоа промашите (или го погодите, а не го убиете), тогаш сите чувари во областа веднаш ќе бидат известени и точно ја знаат вашата локација од каде што сте нападнале. Артиом може да носи само по едно оружје од секоја класа оружја (пиштоли, автоматски и тешки оружја), но исто така може да носи мал асортиман на разни направи, ножеви, експлозиви, гас-маската за која зборував претходно и очила за ноќно гледање. Посебно интересни се пневматските оружја, кои мора да се напумпаат пред да се користат. Постапокалиптичниот свет на Metro 2033 е одлично доловен и изобилува со многу детали, полутранспарентна прашина, реалистични рефлексии од стакло и вода и слично. Ова го прикажува во вистинско светло 4А енџинот, кој ја движи играта. Звуците во играта се многу морничави и ја надополнуваат одличната атмосфера во играта. Играта изобилува и со многу грешки, па многу често ќе се случува да се заглавите на огради и ѕидови кои не постојат или, пак, да се борите со невидлив непријател кој не може да се убие. Верувам дека овие грешки наскоро ќе бидат поправени со закрпите на играта кои веќе би требало да бидат излезени кога ќе го читате овој текст. Одличната атмосфера и уникатниот дизајн на Metro 2033 за некои гејмери ќе бидат доволни за да ја заиграат оваа игра, а големиот број проблеми што ги набројав погоре може да одвратат многумина. Сепак, ако сте фан на постапокалиптични приказни и можете да ги толерирате овие проблеми, треба да и дадете шанса. Жарко Петровски ЕНТЕР GAMING EDITION //
97
РЕЦЕНЗИЈА
PC
Warhammer 40,000: Dawn of War II – Chaos Rising
Dawn of War II Chaos Rising е чистокрвна експанзија која ќе ве втурне во кошмарните воени зони на темната технолошка доба и ќе ви го покаже вистинското лице на корупцијата. Додека хаосот се појавува на хоризонтот, вашите воедни единици се впуштаат во битката да го сочуваат единственото вредно нешто – сопствената душа.
Dawn of War 2 Chaos Rising раскажува приказна не само за најсуровите и најкрвавите битки за доминација во универзумот и искористување на ресурсите, туку и за внатрешните битки на војниците и за тоа колку е тенка границата помеѓу доброто и злото. Преку воведување на фракцијата Chaos, вешти заплети и интригантни дијалози, авторите покажуваат дека во борбата да ги уништите монструозните чудовишта постои огромен ризик и вие самите да станете еден од нив. Надоврзувајќи се онаму каде што заврши приказната во основната игра,
98
// ЕНТЕР GAMING EDITION
имате можност да продолжите со истиот тим и да го достигнете триесеттото ниво. Chaos Rising е самостојна експанзија, но поради причините што ќе ги наведеме подолу, секогаш е подобро да ја имате инсталирано и основната игра. Новата кампања се состои од десет долги мисии во кои ќе ја извалкате почвата на планетите со крвта на Орките, Елдарите и Тиранидите, но и со фракцијата Chaos – група од елитни војници кои храбро му служеа на императорот пред да подлегнат на темната страна на хаосот. Борејќи се против фанатиците на фракцијата Chaos набрзо ќе дознаете дека во вашите редови се наоѓа предавник. Поради тоа, покрај протерувањето на непријателската војска, ќе биде потребно да го пронајдете неверникот кој тајно работи против вашите интереси. Најголемата промена во кампањата на Chaos Rising е воведувањето на системот за корумпираност. Тоа значи дека и самите можете лесно да
преминете на темната страна, борејќи се со непријателот, особено доколку користите корумпирана воена опрема, деструктивни моќи предадени од боговите на хаосот или, пак, долго се изложувате на темните енергии и работите против целта на вашите браќа. Ваквите активности ве наградуваат со таканаречените корумпирани поени и доколку гласовите на темната страна често ви се чинат неодоливи, ве очекува различен крај од оној кој е предвиден за играчите чија верба во императорот сè уште е силна. Со
воведување два алтернативни завршетока, Relic обезбедија задоволително финале во зависност од вашиот вкус на играње, иако би било многу поубаво таквата флексибилност да ја следеше целата игра. Во текот на мисиите, корумпираноста е важен движечки мотив кој вродува најразлични последици, но не и целосно нови мисии како резултат на некоја ваша одлука, што е навистина штета. Во поглед на останатите аспекти во гејмплејот, играта нема претрпено скоро никакви промени. И понатаму про-
должувате да играте со истите ликови од основната игра и неколку нови како моќниот библиотекар Jonah Orion. И овој пат, градењето база е потиснато на сметка на подинамични пресметки во реално време со претходно одредени водови. Пред започнување на мисијата имате можност да ги чуете размислувањата на вашите водачи на водови и претпоставени, да одберете со кого ќе ја започнете мисијата, какви оружја и опрема ќе понесете и за какви моќи ќе ги искористите стекнатите искуствени и корумпирани поени. Chaos Rising е навидум безмилосна игра за сите кои по првпат навлегуваат во универзумот на Warhammer. Играта, всушност, не е премногу тешка, но се препорачува почетниците да почнат со основната игра, а потоа да се префрлат на експанзијата. На тој начин, многу работи во приказната ќе им станат јасни и полесно ќе се справуваат со бројната орда непријатели. Сите мапи се уникатни на некој начин и се дизајнирани да понудат неколку можни пристапи кон главната цел, што е одличен начин за намалување на монотоноста. Она што на повеќето нема да им се допадне е тоа што за да ја сочувате мисијата потребно е да излезете од играта. Иако нема да ги изгубите искуствените и корумпираните поени, следниот пат кога ќе слетате на планетата ги започнувате пресметките од почеток. Ваквиот систем повеќе фрустрира отколку што придонесува за пореално играње и често ќе ве принудува да ја завршите мисијата до крај наместо да се откажете. Chaos Rising располага со освежен мултиплеер кој ќе ги израдува гејмерите со неколку нови мапи и можност да заиграте со фракцијата Chaos. За да играте на мултиплеер-мапите со некоја од четирите познати фракции, потребно е да ја инсталирате основната игра. Тоа е задолжително и доколку сакате да заиграте со првите три херои во модот The Last Stand. Доколку ја
поседувате само експанзијата, во The Last Stand можете да заиграте само со двата нови лика, the Tyranid Hive Tyrant и Chaos Sorcerer. За оние кои не се запознаени, The Last Stand овозможува вие и уште два хероја во еден ко-оп меч да се спротивставите на опасната непријателска војска. Притоа собирате искуствени поени и по секое отворено ниво добивате исклучително корисна воена опрема. Двата нови лика се повеќе од добредојдени, но не ни се допадна тоа што пресметките и понатаму се одржуваат на истата мапа. Мали подобрувања се забележителни во поглед на графиката, особено на ледените површини при што епските битки додатно се засилени од контрастот помеѓу крвта и снегот. Анимациите и визуелните ефекти се беспрекорни и ветуваат впечатливи моменти дури и доколку ја заиграте оваа игра по пет години. Со воведувањето
маестрални и динамични музички нумери, аудиоефекти и дигитална глума, Relic го поставува својот производ за неколку места погоре од повеќето стратегии во денешно време. Chaos Rising е пример за тоа како треба да изгледа една експанзија. Нова кампања која може да се игра ко-оп со уште еден познаник, нова интригантна фракција со предизвикувачки непријатели и моќи, како и раздлабочен мултиплеер за сурови пресметки и масовна доминација врз останатите играчи. Целиот Dawn of War II проект на одличен начин го прикажува постојаниот судир помеѓу моќта на технологијата и вербата, како и желбата за мир која е потисната од вресокот на поразените и од смеењето на лудите богови. Мартин Јованчевски
8,75 ГРАФИКА: ГЕМПЛЕЈ: ЗВУК: МУЗИКА: ПРОИЗВЕДУВА: Relic Entertainment ИЗДАВА: THQ ЖАНР: Real-time strategy ПЛАТФОРМА: MICROSOFT WINDOWS ЕНТЕР GAMING EDITION //
99
или карпа во близината и како тоа може да ја сврти битката во ваша корист. Секоја единица е послаба или појака од некоја друга и ќе мора да внимавате каде ги поставувате и со кои непријатели ги внесувате во борба. На пример, една од стратегиите кои се земаат за пример во раните историски периоди е поставување копјаници на предната борбена линија и стрелци веднаш зад нив. Поради подолгото време потребно за тренирање, единиците ќе бидат поиздржливи, ќе бидат надградувани со моќни бонуси во различни дефанзивни и офанзивни аспекти, но во ниеден случај нема да можат директно да бидат поставени во градовите и да ги бранат од непријателскиот окупатор. Овој пат одбраната на градовите е препуштена на самите нив и тоа во зависност од нивото на развојот на градот, бројот на жителите и поставените одбранбени оружја. Она што можете да го правите со војската што ја имате на располагање е внимателно да ја поставите околу
клучните градови и да се надевате дека судирот ќе биде завршен тука и нема да се прошири до ѕидовите на вашите епски престолнини. Единиците ќе располагаат и со неколку други можности како инстантно сменување на позициите во полињата. На пример, стрелците се одлични за оддалеку, но исклучително слаби во тесна борба. Секој пат кога посилна непријателска единица им се приближува, ќе можете да го замените полето со соодветна единица, под услов истата единица да се наоѓа во непосредна близина на стрелците. Иако нема да можете секогаш да избегнувате воени судири, во поголемиот дел од времето ќе можете да ја изградите вашата империја на мирен начин, доколку, се разбира, сакате да играте на таков начин. Системот за дипломатија ќе биде проширен со нови интересни можности, но и понатаму ќе мора да имате предвид дека добрите односи со еден ваш сосед се можни услови за лоши односи со другиот. Поради тоа, ќе мора да
барате одреден баланс преку предвидување можни последици за некоја ваша одлука и прифаќање ризици. Нешто што ќе ги израдува повеќето Civ ентузијасти е тоа што во „петката“ лидерите нема да зборуваат неразбирливо, туку на автентичен јазик. Па, така, секој пат кога ќе посетите некој светски лидер, ќе бидете префрлени во неговите простории, кои се разликуваат во зависност од неговата локација (канцеларија или воен шатор), ќе ги впивате неговите реални изрази на лицето и ќе ги чуете размислувања на лидерот преку јазикот на таа нација. За засилување на односите со некоја нација, можете да започнете заеднички развој на одредена технологија. Ова, секако, ќе биде проследено со негодувања и ултиматуми од страна на одредени нации кои се против соработката. Границите ќе се развиваат посуптилно и во зависност од примарниот интерес на одреден град. Имено, во зависност од културата што ја произведува вашиот град, границите нема да се прошируваат како големи
концентрични кругови, туку шестоаголник по шестоаголник и тоа во правец кој најмногу одговара на градот. На пример, границите на земјоделско развиениот град ќе се прошируваат кон туѓата територија која располага со најблиското поле со пченица. Исто така, системот со религија ќе биде заменет со нов поинвентивен и поинтересен систем. Играта ќе располага и со мултиплеер, заедница и алатки за модификација на играта, но повеќе за ова во една од емисиите на „Ентер“. Од она што го забележавме, Civilization V е таква игра што откако ќе ја исклучите ќе забележите дека ноќта заминала, а вие сте длабоко навлезени во новото утро. Желбата да заиграте „само“ уште еден потег пред да го исклучите компјутерот може да биде неодоливо привлечна и сериозно да го загрози социјалниот живот. Есента доаѓа, а со неа и новата можност да се ставите во чевлите на најголемите војсководци и да изградите цивилизација која ќе го издржи тестот на времето. Мартин Јованчевски
ПРОИЗВЕДУВА: Firaxis Games ИЗДАВА: 2K Games ЖАНР: Turn-based strategy game ПЛАТФОРМА: Microsoft Windows
ЕНТЕР GAMING EDITION //
101
РЕЦЕНЗИЈА
PS3/ XBOX 360
Final Fantasy XIII
Final Fantasy XIII е одлична игра која го освежува RPG жанрот со впечатливи ликови, невообичаен систем за борба и огромен свет. Со оваа игра, бројот 13 добива ново симболично значење и го претставува најновото продолжение во серијалот Final Fantasy како задолжителна лектира за сите сопственици на PS3 или Xbox 360.
Секако, би било нерационално да очекуваме дека некоја игра може да биде совршена во сите аспекти. Како што ќе прочитате во долните редови, мали недостатоци можат да ги спречат попребирливите играчи целосно да уживаат во најновиот производ на Square Enix, особено страсните поклоници на Final Fantasy X. Шансите се, меѓутоа, целосно да бидете вовлечени во магичниот универзум и да се предадете на одличната приказна и останатите елементи од гејмплејот. Приказната во Final Fantasy XIII има долга историја која е испреплетена со многу крвави битки, заговори и пропаганди на два различни света. Следејќи низа невообичаени ситуации, ќе се
102 //
ЕНТЕР GAMING EDITION
најдете себеси управувајќи со шест исклучително симпатични ликови кои се мотивирани да извршат одредена цел од божествените суштества fal'Cie. Проблемот е тоа што инструкциите на fal'Cie доаѓаат преку нејасни визии и ликовите со кои управувате нема да знаат дали да застанат на страната на небесниот град, Cocoon, на страната
на градот Pulse, чија локација е на Земјата или, пак, да ризикуваат и да се спротивстават на волјата на супериорните божества. Потребно е повеќе време за целосно да се разбере приказната, а во тоа не помагаат бројните збунувачки зборови како l'Cie, fal'Cie, Cie't и слично. Со понатамошно објаснување на приказната ризикуваме да откриеме интересни работи и поради тоа само ќе потенцираме уште еднаш дека авторите се имаат надминато себеси во овој дел и успеале да креираат ликови кои се толку веродостојни што често пати ќе се поистоветувате со нив и ќе ги преживувате нивните емоции. Нема да се разочарате ни со борбениот систем во играта. Во FFXIII директно можете да управувате само со еден лик, додека останатите се управувани автоматски или преку таканаречениот Paradigm system. Системот, всушност, ви овозможува
индиректно да управувате со секој член од вашата група без да се намали динамичноста на битките. Сè што треба да направите е да изберете за секој член посебно една од шесте можни улоги како Commando, Medic, Synergist и уште три уникатни улоги. Секоја улога овозможува слепо придржување до одреден стил за офанзивна или дефанзивна борба. Доколку за некој лик ја изберете улогата Commando, ликот ќе се сконцентрира само на напад и нема да води сметка за други стратегии при борбата, додека основната цел на ликот со улога Medic е да ги лечи останатите членови и ништо повеќе. Нормално, додека траат битките, можете да ги менувате улогите на вашите сопатници. Спротивно од мислењето дека ваквиот начин не е доволно интересен, системот Paradigm постојано ве принудува да применувате најразлични стратегии во зависност од бројот и јачината на непријателите, особено кога се спротивставувате со предизвикувачките „босови“. Секој лик може да повика уникатно, но за жал, недоволно силно суштество кое ќе се потруди да ги олесни битките. Суштествата, или Eidolons, располагаат со две форми. Првата форма се бори рамо до рамо со вас, а втората се трансформира во невообичаено превозно средство кое го возите/јавате. Мал недостаток е тоа што ликовите кои ве придружуваат не можат да го повикаат суштеството – за такво нешто мора директно да го контролирате ликот. Со секој паднат непријател добивате crystogen поени кои се витални за купување нови вештини и подобрувања во Crystarium. Секој лик поседува различен Crystarium, а
оружјата и додатоците што ги поседувате, исто така, се подобруваат со корисни делови. Локациите во кои патувате драстично се разликуваат една од друга и во ниеден момент нема да помислите дека некои елементи се повторуваат. Графичкиот енџин одлично ги пренесува убавините на разновидниот свет без притоа да ве оптоварува со непотребни детали и бои. FFXIII е една од најубавите и најживописни игри во последно време, особено верзијата за PS3 која, за разлика од верзијата за Xbox 360, располага со поголема резолуција, а со тоа и поголема прегледност. Визуелното искуство е маестрално надополнето со професионална дигитална глума, аудиоефекти и музички нумери кои одлично се вклопуваат во севкупната епска атмосфера. Она што некому може да му пречи е огромната линеарност која ја уништува секоја желба за подетално истражување, особено тесните долги локации кои посочуваат само на еден правец во движење – напред. За чудо, ваквата реализација воопшто не ја намалува забавата, дури би можело да се каже дека на моменти ја збогатува и одржува динамична бидејќи нема да можете да заталкате во спротивен правец и да се вртите во круг, што често знае да се случува со лошо дизајнирани локации во некои други игри. Некаде на половина од играта ќе забележите дека креативноста во мисиите се намалува, како авторите да не знаеле на кој начин да ја продолжат играта, но таквото чувство набрзо исчезнува и по одредено време сјајот на кампањата се враќа посилно од кога било, ве вовлекува уште подлабоко во имагинативниот свет и ве држи во хипнотизирачка блаГРАФИКА: госостојба сè до самиот крај. Final Fantasy XIII е ГЕМПЛЕЈ: пријатно и незаборавно ЗВУК: патување кое храбро ги истражува границите на МУЗИКА: имагинацијата. Би било штета да се прескокне ПРИКАЗНА: овој наслов, дури и ако никогаш не сте сакале ПРОИЗВЕДУВА: Square Enix JRPG игри.
8,75
ИЗДАВА: Square Enix
Мартин Јованчевски
ЖАНР: Role-playing game ПЛАТФОРМА: PlayStation 3, XBOX 360
ЕНТЕР GAMING EDITION // 103
филмска приказна преполна со античка тематика. Во играта нè води гласот на пророчицата Linte Hunt која ја поврзува новата приказна со приказните од претходните два дела. Во вториот дел Кратос склучи сојуз со војската на титаните и со заеднички сили се упатија кон Олимп за да ги одмерат силите со останатите богови. Зевс, врховниот бог на Олимп, ја голта гордоста бидејќи гледа дека Кратос претставува голема закана за неговото владеење и воопшто – постоење. Затоа ги повикува останатите богови, Посејдон, Хелиос, Ад и Хермес, да ги остават несогласувањата за подоцна и да се подготват за последната битка против полудениот спартанец и неговата војска од титани. Веднаш по првата епска сцена следува еден многу практичен дел за сите оние кои првпат ќе се сретнат со оваа игра во врска со основната употреба на командите, а претставен е како краток и корисен туторијал. Што се однесува до самите контроли, ништо битно се нема променето. Според веќе испробаниот рецепт, играта започнува така што Кратос ги има развиено до максимум сите способности (впрочем, секој играч кој ќе ја завршеше GOW2 ги поседуваше сите способности). Откако ќе го завршите (не баш) краткиот туторијал при што ќе ги испробате сите трикови на главното оружје, Blades of Exile, започнува борбата со првиот „ШЕФ“. А тој е ни повеќе ни помалку, туку богот на морето – Посејдон. По некое време играта добива познат тек на настаните – сите заработени души, оружја, здравје и магија ќе му бидат одземени на Кратос. Тој ќе биде фрлен полумртов во длабочините на Ад. Целата игра добива свежина и добар заплет. GoW 3 почнува да го открива своето вистинско лице. Но, нема да ви го откривам дејствието на целата игра. Мојата цел е да ве насочам кон ситниците и многубројните детали кои ја прават оваа игра единствена и уникатна. Најубавиот дел во оваа игра, борбата, остана непроменет. Кратос повторно е вооружен со два огнени меча кои се врзани со синџир за неговите подлактици што му овозможува фасцинантни убиства на неговите противници. Да не заборавам, насилство, бруталност, пцости и крв до подлактици (не до колена) – ОВА НЕ Е ИГРА ЗА ДЕЦА ПОД 18 ГОДИНИ! Покрај многубројните начини на убивање, Кратос има можност да ги фати малите противници и со нив да тргне во напад или, пак, да ги користи како штит. Се разбира, тука се деловите каде што Кратос полека но сигурно ги крцка главите на противниците, за подоцна сурово да ги истегне до искинување, а сето тоа е убаво прикажано до најситниот детаљ. Се разбира дека нашиот Кратос не може да го изведе ова со секого. Малку разочарува фактот дека спектакуларно најавениот Титан-гејмплеј не беше реализиран во целост. Освен тоа што телото може да го користите како борбено поле, контролирањето на титаните воопшто го нема. Сепак, добрата акција ја има во огромни количества. Совладувањето група од противници, константно присутната драматика
и филмските сцени не оставаат место за лоша вкупна оценка за оваа игра, па макар да ја играме и на најлесното ниво... Откако ќе го победите Ад, Кратос ќе се врати на светата планина Олимп за да продолжи со својот лов на богови. По патот ќе се сретне со многу непријатели кои имаат нешто против него и би направиле сè за да го спречат во неговата одмазда. Освен киклопите, ќе ги сретнете и волшебничките, се разбира, доколку претходно осветлите со пламенот на Хелиос. Како и во претходните делови, така и во овој дел имате директни летови од точката А до точката Б. Интересен е патот помеѓу горниот свет и подземјето кој се поминува со летање покрај „Chain of Balance“ кој, како што кажува самото име, ја одржува рамнотежата помеѓу двата света. Други платформски елементи кои треба да се споменат бидејќи се поинтересни се ловот на брзиот Хермес и ползењето по ѕидови. Додека се забавувате со оваа игра, вие ќе се сретнете со многу познати ликови од грчката митологија. Меѓу поинтересните е Дедал кој ги исполнува сите желби на Зевс со цел да го добие назад својот изгубен син Икар. Добро е познато дека добрите игри секогаш одат во пакет со голем арсенал на оружје. Како што Кратос ги совладува страшните „шефови“, така неговиот арсенал се зголемува. Меѓу поинтересните се главата на Хелиос, Хермесовите чизми... Некои новодобиени оружја се неизбежни доколку сакате да поминете одредено нивo. Тука ќе ги споменеме Посејдоновата маска која овозможува дишење под вода
и Бореосовата ледена молња која го смрзнува секој извор на топлина. За мене најдобро оружје е Адовата канџа која освен што задава смртоносни удари, со нејзина помош повикуваме различни чудовишта да ни се придружат во нашата борба. Она што ја прави динамична оваа игра е приказот на елементите. Брзата и динамична промена на перспективата не му даваат ни секунда одмор на играчот. Тој мора да биде целосно сконцентриран на дејството на екранот, а останатите во собата мора да го почитуваат тоа доколку сакаат и тие да дојдат на ред. Со еден збор, ваквиот приказ прави играта да изгледа спектакуларно. Да напоменам: во оваа игра камерата воопшто не забегува. Оценка за камера од 1 до 10 ќе биде 12. Добриот баланс на борби, сцени и елементи за размислување, секогаш му даваат време на играчот да ги олади прстите по брзото притискање на тастерите. Секој противник е максимално детализиран, полн со живост и преполнет со разни светлечки ефекти. Погледнете ги само Кратосовите мускули и жили, погледнете ги „шефовите“ или погледнете насекаде околу Кратос. Тоа е глетка која ве остава без здив. Освен графиката, и звукот во оваа игра е одличен, да не кажам маестрален. Се разбира дека некои од гласовите се позајмени од славните холивудски имиња – Кевин Сорбо го глуми својот омилен лик, Херкулес, а Кратос и понатаму го синхронизира Т. С. Карсон. Дејството во играта е солидно. Имено, тоа е повеќе од десет часа активна игра, но со отклучување на модот „Challenge of the Olympus“ добивате екстра часови игра. Откако ќе дојдете до крајот (сигурно веќе погодувате каков ќе биде крајот макар и да не сте ја играле оваа игра), ќе посакате повторно да ја свртите играта. За сите сопственици на PS3 оваа игра е „must have“. Верувале или не, овогодишен победник во категоријата „ексклузива за PS3“. А доколку немате PS3, можеби оваа игра ќе ве натера да потрошите дел од вашата заштеда.
Кирил Кироски
ПРОИЗВЕДУВА: Sony Santa Monica St. ИЗДАВА: SCEA ЖАНР: Акциска авантура ПЛАТФОРМА: PS3, XBOX 360 ЕНТЕР GAMING EDITION // 105
НАЈАВА
PS3 / XBOX360
Halo: Reach
106 //
ЕНТЕР GAMING EDITION
Играта што ја донесе популарноста на Xbox конзолата, играта која зарази и остави ненаспани милиони играчи ширум светот, играта за која мислевме дека е совршена – ни доаѓа со ново и уште подобро продолжение. Дали светот е подготвен за Halo 3 или поточно Halo: Reach? Знам дека ве интересира што има ново, па затоа продолжете да читате.
Штотуку бев спремен да кажам дека трилогијата Halo го достигна својот максимум, Microsoft повторно ме изненади со нешто ново од овој серијал. Искрено, не верував дека за кусо време момците ќе произведат нешто ново, ама изгледа тие не спијат многу, туку работат за да ни сервираат нешто многу привлечно. За оние кои не знаат (а сигурен сум дека се во многу мал број), Halo е пукачка игра во прво лице (или FPS) која нивото на адреналинот го крева до максимално дозволената граница кај секој оној кој ќе потроши барем половина час на неа. Замислете, креаторите на Halo ни соопштија дека допрва доаѓаат на сцена „вистинските работи“... Да не заборавам да ве прашам: дали знаете која е најпродаваната игра за Xbox? Да, да, погодувате – Halo. Значи, јасно ви е зошто Microsoft толку многу вложува во неа. Првите зборови на креаторите во врска со оваа игра беа следните: Halo: Reach е потенцијален блокбастер за 2010. Ова продолжение се планира да излезе на пазарот оваа есен. Reach ќе донесе голем број новитети со што се планира зголемување на и онака големиот број зависници од оваа игра. Со ваквиот потег Microsoft сака во целост да ја уништи конкуренцијата на SPS3 особено на нивниот најголем хит кој се појави неодамна – God of War 3, а да не заборавиме дека наскоро треба да се појави и извонредниот Call of Duty 7. Ваквите големи очекувања се поткрепени со аргументи. Вложениот труд во мултиплеер-компонентата ќе донесе огромно уживање кај секој
играч. По сè изгледа дека оваа година конкуренцијата на мултиплеер FPS игрите ќе стане брутална. Замислете, прво треба да пристигне на пазарот Bad Company 2 од Battlefield, потоа Halo: Reach, за на крајот да се појави Call of Duty 7. Ова значи дека издавачите и развивачите ќе мора да дадат сè од себе ако сакаат да придобијат играчи (и да не ги изгубат старите) или со други зборови - нè очекува добра пукачка година. Креаторите несебично одделија малку од своето скапоцено
како член на Noble Six одделението на спартанци кои тренираат на Reach. Овој тим се разликува од Master Chief по тоа што тие се спартански модел 2, а Noble е модел 3. Или попросто кажано, тие се технолошки помалку напредни од Master Chief. Ова ќе биде прва Haloверзија каде што вие воопшто нема да играте како Master Chief. Тимот ни е речиси познат, со исклучок на Jorge кој е единствениот што може да носи тешко огнено оружје и единствениот спартанец кој може да стане модел
време и се пофалија со многу убави работи за новото продолжение на Halo. Имено, дејствието на ова продолжение ќе се одвива на планетата која се нарекува Reach. Оваа планета е многу важна за човечката раса бидејќи таа е последната линија на одбрана на Земјата од окупаторскиот сојуз, а воедно е дом на спартанската програма каде што се произведуваат „Master Chief“. Приказната во оваа игра е мрачна и страшна, а сè се врти околу честа и жртвувањето. Вие ќе играте
2 (но никогаш нема да стане Master Chief). Креаторите го користат Reach за да истражат некоја непозната заднина на спартанците, како и за воведување тимска игра која почнува со „eлити“. Со новото продолжение на овој серијал, играчите ќе можат повеќе да го респектираат непријателот бидејќи со секое појавување на екранот тој ќе предизвика страв и огромна желба за борба. Старите непријатели ќе бидат појачани, но ќе има и такви што воопшто не сте ги сретнале во серијалот Halo
бидејќи со текот на борбата тие исчезнале од планетата Reach. Lehto, главниот дизајнер на оваа игра, ги објасни сите поважни детали за играта. Имено, стариот енџин од Halo е расклопен и преработен со цел да може да се вметнат повеќе детали, поголем свет за борба и многу подобри анимации и звучни ефекти. Многу се подобрени моделите на ликовите што се забележува уште на прв поглед. Ваквите преправки ќе донесат подобрување во борбата или поточно – ваквиот пристап донесува битки со огромни размери. Па, така, во отворениот свет на Halo ќе може да сместите четворица спартанци, десет маринци и дури 30 непријателски војници. Може да замислите колкава возбуда е тоа. Мултиплеерот е приказна за себе. Ние имавме можност виртуелно да присуствуваме на една мултиплеер-презентација. Имено, борбата се одвиваше на мапата Power House. Оваа мапа, како и сите други, може да се најдат во сингл-мод авантурите. Во текот на презентацијата можевме да се увериме во јачината на звукот на новиот Halo. Навистина има огромен напредок. Звучните ефекти ги забележавме веднаш по испукувањето на првите куршуми. Сега ми е јасно зошто новото продолжение донесува многу повеќе драматика отколку која било друга игра. Во досегашните продолженија секој предмет што ќе го најдевте можеше да биде употребен неограничен број пати. Но, овој пат работите ќе бидат строго ограничени, за играчот да има додатни проблеми при совладувањето на пречките. Со новата верзија на Halo ќе има и нов, многу побогат начин на приспособување. Ќе може да ја менувате маската, да и додавате светилки, боја, стакло. Ќе го нагодувате оружјето според вашиот вкус... Нешто што не можевме да го видиме, а многу е фалено од страна на Bungie, е вештачката интелигенција на непријателите и на вашиот тим. Се разбира дека и досегашната не беше лоша, но сега ми е многу нејасно што да очекувам... Наскоро треба да се појави и бета-верзијата на оваа игра, па доколку и вие сте еден од оние закоравени фанови на Halo, ќе може да си ја набавите и да се уверите зошто е една од најочекуваните за оваа година. Пред самиот крај да не заборавам да споменам дека пред Xbox продавниците во Њујорк се појавија првите купувачи на оваа игра. Замислете за колкава зараза станува збор!
Кирил Кироски
ПРОИЗВЕДУВА: Bungie Software ИЗДАВА: Microsoft ЖАНР: FPS ПЛАТФОРМА: XBOX 360 ДАТУМ НА ИЗЛЕГУВАЊЕ: Септември 2010 г. ЕНТЕР GAMING EDITION //
107
ДРУШТВЕНИ ИГРИ Jamaica: Fast & Furious на Карибите во 17. век
По успешната и прочуена пиратска кариера, капетанот Хенри Морган во 1675 година решава да се „пензионира“ и успева да се уфрли на позицијата гувернер на Јамајка. Како бивш пират и актуелен гувернер, во чест на старите добри денови тој организира голема трка околу островот, во која учествуваат неговите бивши колеги пирати, со своите бродови. Победникот ќе биде награден со значително количество злато.
Jamaica е фамилијарна игра (што значи за сите возрасти и типови на играчи), во која учесниците се тркаат со своите пиратски бродови околу веќе споменатиот остров. Меѓусебните средби и борби, кои се случуваат попатно, потребно е да бидат избалансирани со брзината на движење и собирањето на потребните намирници, оружја и богатство. За да се достигнат одредени
полиња (по текот на патеката) потребно е да се плати извесна сума во злато или, пак, одредено количество други ресурси (храна). Играта завршува кога првиот натпреварувач ќе помине низ целта, односно ќе сврти полн круг околу Јамајка. Победникот на трката добива многу злато, кое се собира и во текот на самата трка, а победник во играта е
играчот кој по завршетокот ќе има во свој посед најголемо количество од овој скапоцен метал. Едноставни битки и многу фрлање коцки, при движење и битка, се главните некомплицирани дејствија кои ја прават оваа игра прифатлива и за најмалите. Но и возрасните играчи, соочувајќи се со интересни одлуки, нема да се досадуваат, бидејќи ќе увидат дека и стратегиското одлучување не недос-
тасува. Тропската атмосферата од 17. век на едреници, пирати... е одлично доловена со прекрасните компоненти за кои играва доби неколку признанија. Доколку пиратите навистина се тркале со своите едреници, веројатно би изгледало како во Jamaica. Брзината на самото играње придонесува оваа трка да трае нешто повеќе од еден час, време за кое нема да почувствувате кога поминало.
број на играчи: 2-6 возраст: 8+ времетраење: 30-69 минути цена: 2.690 денари
Награди и признанија ) минација n Ace (но e ld o G 9 - 200 gy ily Strate Best Fam 0 0 1 s e m - 2009 Ga ро место) о Game (вт ака) (препор es Jahres d l ie p S - 2008 о место) der (прв e F r e n e 8 Ess eek - 200 Golden G ameGeek n (прво место) G rd a o B 8 ntatio - 200 ork/Prese Best Artw ада рва нагр x belge (п ri p r e k - 2008 Jo ата) к од публи ) инација d'Or (ном c ra T c ri - 2008 T
108 //
ЕНТЕР GAMING EDITION