Enter 50

Page 1


ЗБОР-ДВА ОД УРЕДНИКОТ 02/511 99 77 Главен и одговорен уредник Горан Ѓорѓевиќ Уредник Гоце Постоловски - gp@division.mk Маркетинг Катерина Тотовска - kt@division.mk marketing@division.mk Графички уредник Дарко Ќурчиевски - dw@division.mk Лектор Верица Неделкоска Редакција и соработници Дејан Зафировски - dz@division.mk Глигор Постоловски Гоце Спасовски Кирил Кироски Христијан Мирчески Ивица Анѓелески Жарко Петровски Елена Спасевска Мартин Јованчевски Милан Крстевски Драгана Миладиновиќ Бобан Ристевски Списанието кое сите го разбирате излегува секој месец во текот на целата учебна година

Постојани соработници

контакт: enter@division.mk www.enter.net.mk Печати Друштво за печатење на весници печатница „Мисирков“ ДОО Скопје Издава

Директор Горан Ѓорѓевиќ Дивисион ДООЕЛ Миладин Поповиќ бр. 13, 1000 Скопје тел/факс: 02/511 99 77 Жиро сметка: 300000002892091 Комерцијална банка АД, Скопје Даночен број: МК 4032009500689 Дистрибуција: ПЛУС ПРОДУКЦИЈА Тел: 02/2580020

Дојдовме и до тој магичен број – 50. Кога почнавме, пред 5-6 години, се чинеше толку далечен како футуристичките автомобили и роботи што ги гледавме во емисијата „По 2000-та“. Но, по многу години макотрпна работа, проблеми, но и многу убави моменти, конечно, дојдовме до 50-ката. Се погоди истиот да ни биде и прв број по летниот одмор, така што имавме многу време да размислуваме и планираме како да го направиме уникатен, најдобар од сите досега и да поставиме нови патеки и стандарди по кои ќе се движиме и во оваа сезона. Да почнеме со ред. Многу промени во концептот нема, освен што стандардно го освеживме графички, да биде уште помодерен и во тек со најновите трендови од оваа област. Светски познати компании презентираа новитети и соработка со македонски фирми, па нормално, ние бевме таму и го пренесуваме она што го видовме. Преку ексклузивното интервју со еден од извршните директори на светки познатиот „Касперски“, задолжен за овие простори, ќе се обидеме од прва рака да ве информираме за самиот бренд, неговите производи и концепти и неговите планови за во иднина. Така стигнуваме до темата на бројот. А за неа моравме нешто специјално и посебно. Сепак е број 50, нели? Затоа се спуштивме во рудникот со информации за сè и сешто, кај народот попознат како интернет, и успеавме да пронајдеме 50 интересни факти за ИТ светот, за кои сметаме дека повеќето од Вас сè уште не ги слушнале. Голем дел од нив беа новитети и за нас, а ние секојдневно сме во тој рудник, нели? Хардверите од локалните компании и овој пат имаат што да кажат за себе. Се трудевме изборот да биде колку што е можно поразновиден, да има за секого по нешто, од нетбук, преку лаптоп, монитор, па сè до прожектор. Тука се и печатачите и другата придружна опрема, па повелете, „исплакнете очи“, а ако нешто од ова ви треба, сега знаете каде да го купите. Првата половина од списанието ја завршивме со софтверот, а таму покрај заштитното решение од еден светски производител, соочивме и два интернет-прелистувачи. Едниот го знаат сите, а вториот само половина планета (популарен е во Кина). Кој не може да погоди за што станува збор, без грижа. Пишува подолу. Вториот дел од „Ентер“ 50 го започнуваме со мобилните. Дел се опфатени со рецензија, дел со најава, а тука се и апликациите коишто ги има сè повеќе, на општа радост на сите кои телефонот го користат и за други работи, не само за јавување. Делот „Про“ повторно почнува со вести и „Иднината денес“, а завршува со задолжителниот час по програмирање. Во средина, технологија и хардвер. Процентуално гледано, според бројот на страниците, слободно можеме да кажеме дека гејмингот е во самиот врв. А и тоа е малку. Два месеца не пишувавме ништо и сега бевме на слатки маки да избереме што да оди како рецензија, која да биде темата на бројот, а бидејќи не живееме само за денес, туку мислиме и на утре, требаше да пронајдеме и добри најави. Што направивме, погледнете и оценете самите. И за крај, но никако помалку важно – Ентер ДВД. И тоа е јубилејно. Педесет софтвери кои секој треба да ги има дома и педесет игри кои можеби ќе ви одземат многу време, но ќе успеат да ве отргнат од не секогаш пријатната сегашност и реален живот. Таму за гејмерите ја спакувавме и Mafia II, а за веб-дизајнерите, тука е Flash CS5. Има и уште нешто, но за тоа – потоа. Тоа е сè засега, драги мои читатели. Бидете поздравени, уживајте и понатаму со „Ентер“, не менувајте го тимот што победува за заедно да го направиме „Ентер“ уште подобар и да го зацементираме на местото што природно му припаѓа – на врвот. Гоце eAbacus Постоловски


ТЕМА НА БРОЈОТ 18

50 ФАКТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ИТ СВЕТОТ Како поубаво да го одбележиме овој наш јубилеј (50 број) освен да му ја посветиме темата на бројот на редниот број на списанието.

> ВЕСТИ 8

> СОФТВЕР

32 Сестран медијa-плеер и организатор

- Нема телефон од Facebook - Концертот на HTC Mozart - Филм од Nokia

Најновата верзија на iTunes, иако според бројката би требало да носи некои револуционерни промени ако не во перформансите, тогаш барем во изгледот, тоа сосема малку го исполнува.

- Третото и најсилно невреме на BlackBerry

> НАСТАНИ

10 Hewlett Packard семинар

33 Тотално (Bit)ен заштитник

На 16 септември во просториите на хотелот „Холидеј Ин“ се одржа семинар во организација на HP, чии главни теми беа печатачките технологии и оригиналната опрема од компанијата Hewlett Packard.

Комплетна заштита за вашиот компјутер. „Напумпан“ со додатоци кои само го „зачинуваат“ и онака убавиот вкус кога ќе го пробате овој софтвер.

34 Војната започна… конечно!

> ИНТЕРВЈУ СО...

12 Гари Кондаков, извршен директор на Kaspersky за ЕМЕА регионот

Internet Explorer 9 Beta

35 Прелистувачот од „другиот свет“

> ХАРДВЕР

22 Вашиот нов придружник

За сите љубители на мали нетбук преносни компјутери овој пат имаме еден интересен модел. Hyundai Smart Book 901 ќе ви понуди Intel Atom N270 процесор во комбинација со 1GB DDR2 RAM и 160GB хард-диск.

23 Голем играч на големото платно

> ИНТЕРНЕТ

14 Веб-селектор http://moodstream.gettyimages.com http://waterlife.nfb.ca http://www.gettheglass.com 15 Легалното е поевтино Поновите игри можат да достигнат цена и до 50 евра, а пиратските верзии на истите игри се скоро бесплатни.

> ГАЏЕТИ 48

- USB Itching Removal Instrument – електронски „лек“ против чешање - MamaRoo Bouncer – футуристичко креветче за бебиња - Philips AirFryer – фритеза „на воздух“ која готви здрава храна

Колку често сте имале потреба од голем екран за презентација, за уживање во вашиот омилен филм или, едноставно, да ги задоволите своите мегаломански потреби за работа на голем простор?

24 Елегантен и модерен

Ако сакате да добиете сè што ви треба за прифатлива цена, со новиот HP G62-XC692EA преносен компјутер ќе го направите вистинскиот избор.

25 Не е сè во големината Philips 222EL

26 Пратен од иднината DELL XPS ONE 24

28 Квалитетен и достапен Lexmark Pro905

30 Apple и сè е ново

Apple TV, iPod Nano и iPod Touch

Maxthon 3

> МОБИЛНИ

45 Сè подобри и подобри вести од Nokia

На 14 и 15 септември во Лондон се одржа конференцијата Nokia World 2010, каде што финскиот гигант најави неколку нови модели кои треба да излезат до крајот на годинава.

46 „Чист“ телефон

На голем дел од корисниците на мобилни телефони, особено на постарите, доволно им е со телефонот да можат да праќаат пораки, да се јавуваат и да примаат повици и ништо повеќе.

47 Аcer во потокот на Android Acer Stream


ИНТЕРВЈУ СО...

Гари Кондаков, извршен директор на Kaspersky за ЕМЕА регионот

Сакаме да сме блиску до вас Фактот дека Македонија полека но сигурно станува дел од рутата на првите луѓе на познатите светски ИТ компании е најдобар показател дека, барем од тој аспект, сме на вистинскиот пат и се движиме во вистинската насока. И посетата на високата делегација од „Касперски“, предводена од Гари Кондаков, извршен директор задолжен за ЕМЕА (Источна Европа, Среден Исток и Африка) е факт кој го потврдува ова тврдење. А каде што има нешто интересно, таму е и „Ентер“, па во продолжение, прочитајте го ексклузивното интервју што г. Кондаков го даде за нас и вас, се разбира. 12

www.enter.net.mk

Ве молам, на почеток претставете им се на нашите читатели. Моето име е Гари Кондаков и сум извршен директор задолжен за регионот Источна Европа, Среден Исток и Африка. Овој регион е една од четирите големи територии на кои е поделен пазарот кој го покрива Касперски, а јас сум одговорен токму за него. Оваа територија е составена од 100 држави, осум локални канцеларии во кои работат повеќе од 150 луѓе кои, всушност, го поддржуваат нашето работење на овие простори. Приходите од овој регион се 25% од вкупниот приход на компанијата Касперски. Јас сум, исто така, и дел од менаџерскиот тим на компанијата, како и член на бордот на директори. Кажете ни нешто за „Касперски“. Зошто токму „Касперски“? По што „Касперски“ се разликува од другите производители на заштитен софтвер? Добро прашање. Мислам дека има две или три причини поради што ние сме различни од другите. Безбедноста е многу специфична работа. Ние не

продаваме каква било програма туку продаваме безбедност и сигурност. За да можеме да го обезбедиме тоа, ние мора вистински да сме посветени и да го разбереме проблемот, а за тоа треба тим од експерти кои ќе можат да ги разберат опасностите, да предвидат што ќе се случува во иднина и да дејствуваат проактивно. Ние сме токму тоа. Тим од експерти кои се признаени и од нашите конкурентски компании и по што, според мене, ние се издвојуваме од другите. Другата причина е поврзана со нашиот бренд и со тоа колку ние се трудиме да го промовираме и да го доближиме до обичниот корисник. Иако сè уште се случува во различни земји луѓе да го изговараат различно, како на пример: Капјерка, Капјекраја, сепак сите го знаат или слушнале за него. Третата причина е поврзана со локалната достапност. Наша политика е да бидеме колку што е можно подостапни. Иако не можеме во сите земји да сме исто присутни и да пружиме иста поддршка, сепак се трудиме да сме локални колку што можеме повеќе. Во врска со ова ваше прашање, сакам да ви


Легалното е поевтино Пиратската верзија на Call of Duty: World at War се продава за смешни 50 денари. Но, не ги содржи најновите закрпи кои поправаат многу грешки и воведуваат интересни елементи. А, за да ги ставите, мора додатно да ги преземете од интернет (тежат околу 2 GB). Со тоа мора да се обезбеди и нов крак за да се пробие заштитата од закрпите, а за да играте, мора да сте исклучени од интернет. Повеќето кракови не вршат добра работа и авторите ви се одмаздуваат со неиздржливо аудио чкрипење кое ве спречува во играњето. Маките добиваат сосема нова форма кога би сакале да го пробате мултиплеерот. Од друга страна, пред неколку месеци оваа игра можевте сосема легално да ја купите за пет евра, со сите закрпи и со бројни други предности што ги нуди заедницата на Steam. Дали пиратеријата вреди?

попусти од 50%, 66%, многу често и од 75%. Секоја недела имате Midweek Madness и Weekend Deal каде што можете да купите одлични игри за смешни суми. Од друга страна, дигиталната продавница GamersGate ви овозможува да спечалите поени со оценување и пишување рецензии/ walkthrough за купените игри, одговарање прашања на сајтот,

Поновите игри можат да достигнат цена и до 50 евра, а пиратските верзии на истите игри се скоро бесплатни. Дали, тогаш, легалното се исплаќа? Многу! Во овој број ќе ви објасниме како можете да се здобиете со врвно и, пред сè, легално гејмерско искуство кое, во одредени ситуации, ќе ве чини многу поевтино од пиратеријата.

(Tropico 3 за 250 денари), особено MMORPG (Champions Online и многу други за околу 250 денари). Сите игри од овие три продавници можете да ги преземете, да ги снимате на медиум и да ги

Предности! Кога ќе купите легална игра од некоја дигитална продавница, сите идни закрпи и додатоци за таа игра ви стојат на располагање, без никакви проблеми и со максимално искуство во мултиплеер. Кога ќе купите игра од Steam добивате многу повеќе од ова. Сите закрпи автоматски се преземаат и инсталираат, имате различни достигнувања, интегрирано in-game интернетпрелистување и сеопфатна заедница за споделување на заеднички интереси, организирање натпревари или ко-оп играње. Најдоброто од сето тоа? Продавницата организира големи

инсталирате безброј пати, под услов да не се работи за одредена DRM заштита која овозможува одреден број инсталирања (како заштитата Tages). дури и за купувањето одредена игра ќе ве наградат со поени кои подоцна ги користите како куповна валута. Direct2Drive (една друга продавница) целиот септември нуди попусти на интересни игри

Недостатоци? Колку и да е евтино, сепак мора да дадете пари, но треба и да имате можности да остварите дигитално плаќање (Visa). Исто така, кога ќе излезе некоја игра што ви се допаѓа,

мора да чекате попуст за да можете да ја купите и играте, а факт е дека новите и популарните игри многу често не добиваат голем попуст. Овие два фактора не би требало да бидат пресудни и да ве принудат да гледате на легалното како на нешто недостижно. Ако вие немате Visaкартичка, вашите родители можат да пуштат кредит на вашата сметка со своите картички (Steam и GamersGate), а верувајте, само за еден месец следење ќе најдете многу интересни и евтини игри кои ќе ве забавуваат додека поомилените игри не добијат попристапна цена. Згора на тоа, со секоја легално купена игра го поддржувате и охрабрувате понатамошното работење на авторите, а самото тоа е непроценливо. Мартин Јованчевски Steam http://store.steampowered.com GamersGate http://www.gamersgate.com Direct2Drive http://www.direct2drive.com

www.enter.net.mk

15


ТЕМА НА БРОЈОТ

50 факти кои треба да ги знаете за ИТ светот

Како поубаво да го одбележиме овој наш јубилеј (50 број) освен да му ја посветиме темата на бројот на редниот број на списанието. За вас ги пронајдовме 50-те најинтересни факти за дел од најважните ИТ компании, личности и за самите составни делови на таа индустрија (интернет, софтвер, занимливости).

18

www.enter.net.mk

Ако не сте знаеле Microsoft, Apple, интернет, хардвер, хакирање... Колку пати дневно ги слушате овие поими? Во зависност од тоа со што се занимавате, сигурно најмалку еднаш. Доколку, пак, сте во ИТ индустријата, тогаш тие се главна

тематика во текот на работниот ден. Така е и кај нас, во „Ентер“. Ги спомнуваме, ги користиме, пишуваме за нив... и мислиме дека знаеме сè. Но, не било така, верувајте. Во потрага по интересни

факти од ИТ индустријата, наидовме на огромен број такви за кои прв пат слушнавме и прочитавме и, нормално, решивме да ги споделиме со вас. Како што кажавме и погоре, на број се вкупно педесет, во чест на јубилејот.


Интересни факти за Google 31. Google претставува број кој го сочинува една единица (1) и сто нули (0). Терминот за прв пат е употребен од Милтон Сирота, внук на американскиот математичар Едвард Касне. 32. Вработените во Google се охрабруваат 20% од своите работни часови да ги искористат за работење на свои проекти. Google News и Orkut се такви проекти кои почнале како лични, а сега се под капата на гигантот. 33. Копчето „I`am feeling lucky“, иако никој никогаш не го користи, сепак креаторите на Google одлучиле дека е подобро да не го тргаат бидејќи на тој начин ќе се осиромашело корисничкото искуство. 34. Креаторите на Google, Сергеј Брин и Лари Пејџ, немаат асистенти. Според нив, би било многу неблагодарно да стават некого кого

ќе го бомбардираат со барања и мејлови. Сите менаџери се поврзани во посебен систем така што, според нив, потребите за комуникација се задоволени. 35. Секој ден Google добива барања од сите земји во светот, вклучувајќи го и Антарктик. Нивниот број на дневно ниво изнесува повеќе од една милијарда. 36. За да ги задоволи барањата на корисниците, Google користи 450.000 сервери поврзани во кластери и распоредени низ целиот свет. 37. Првиот сервер на Google, кој започнал како истражувачки проект на неговите сегашни сопственици, бил составен од четири хард-диска со капацитет од по 10 GB, а куќиштето било изградено од лего-коцки.

38. Почетната страна на Google може да се погледне на 88 различни јазици вклучувајќи ги латинскиот и урду-јазикот. 39. Google има најголема мрежа на преведувачи во светот.

40. Првиот твит на Google беше I’m 01100110 01100101 01100101 01101100 01101001 01101110 01100111 00100000 01101100 01110101 01100011 01101011 01111001 00001010, што во превод значи „I’m feeling lucky“

47. Првиот твит бил испратен на 21 март 2006 година од страна на Џек Дорси кој напишал „Just setting up my twittr“.

Најбројна група посетители било оние од 35 до 49 години и нивниот број изнесува 42% од вкупниот број на посетители.

48. Регистрирани се преку 75 милиони Twitter кориснички сметки од кои само 2.546 се верификувани.

50. Просечниот Twitter корисник го посетува сервисот просечно по 14 пати дневно, а на него се задржува вкупно седум минути. Гоце Постоловски

Интересни факти за социјалните мрежи 41. Повеќе од 500 милиони луѓе активно користат Facebook. Ако Facebook беше држава, таа ќе беше третата држава според популација во светот, веднаш по Кина и Индија.

44. Twitter е стартуван во 2006 година и во првите три години приходите на компанијата изнесувале 0.

42. Една третина од луѓето кои објавиле нешто на Facebook подоцна зажалиле поради тоа. Доколку се работи за познати личности, тој процент достигнува до 90%.

45. На почетокот Twitter бил замислен како SMS канал преку кој група другари ќе комуницираат. Поради ограничувањето од 140 карактери по порака, никој не очекувал дека некој ќе го користи.

43. Facebook е обоен во сино бидејќи неговиот автор не може да гледа црвена и зелена боја.

46. Преку Twitter дневно се разменуваат по 65 милиони пораки или 750 во секунда.

49. Twitter не е само за млади.

www.enter.net.mk

21


ХАРДВЕР HP G62

Ако сакате да добиете сè што ви треба за прифатлива цена, со новиот HP G62-XC692EA преносен компјутер ќе го направите вистинскиот избор. 15,6” екран, Intel P6000 процесор, 3GB RAM меморија и ATI Mobility Radeon HD5470 графичка картичка во комбинација со модерен дизајн е одличен избор за вашите секојдневни потреби.

Елегантен и модерен

HP G62 е вистинска промена за HP во однос на нивните стандарди за дизајнот на еден преносен компјутер. Релјефно гравираната пластика во внатрешниот дел и на надворешниот капак навистина изгледа модерно. Можеби не е најдобриот преносен компјутер во понудата, но секако е еден од подобрите за таа цена, а тоа го прави совршен за завршување на вашите секојдневни задачи. HP G62 e преносен компјутер со сега веќе стандардна големина на дисплејот од 15,6” кој е со HD ready резолуција од 1366 x 768 пиксели и дава убави и остри бои. Системот го придвижува Intel DualCore P6000 процесор со работен такт од 1866 MHz и поседува 3 GB системска меморија. Графичката картичка која ќе ви овозможи и повеќе од само гледање на филмови и основно процесирање на фото и видеозаписи е Ati Mobility Radeon HD5470 со 1 GB GDDR3 меморија. Понуден е и солиден хард-диск од 320 GB на кој ќе имате сосема доволен простор за складирање. HP G62 нуди можности за поврзување преку VGA, HDMI и LAN приклучок, a поседува и SD-MS/Pro-MMC-XD читач на мемориски картички како и три USB порти и стандардните приклучоци за микрофон и слушалки. Што се однесува до изработката на самото куќиште во кое е сместен системот, може само да се каже дека е елегантно и софистицирано, без многуте hot key копчиња кои во поново време обично се вградени насекаде по внатрешниот дел на куќиштето. Овој

24

www.enter.net.mk

пат има само едно елегантно копче за вклучување и ништо повеќе, што е и сосема доволно. Mouse pad-от е во иста висина со куќиштето и е централно поставен под тастатурата, а покрај него има и обележан простор со мала точка каде што има сензор со кој лесно ќе го вклучите или исклучите. За да не биде „осакатен“ поради немање на Hot key копчиња, тие се додадени најлево, вертикално, во склоп на тастатурата, така што имате директен пристап до калкулаторот, прелистувачот, печатачот и слично. Непрактично е што на ваков начин е заземен простор и воедно е оставен доволен простор од левата и десната

страна на самата тастатура, со што е оневозможен простор за поставување на нумерички пад. Инаку, системот доаѓа без инсталиран оперативен систем, па

за да го тестираме, инсталиравме Windows 7 Professional. Брзините на читање, запишување, копирање и доцнење на меморијата добиени со EVEREST Ultimate edition се следните: 7143 MB/s, 7179 МB/s, 6853 МB/s и 105,6 ns, соодветно. Единствен мал проблем што би го имале корисниците е тоа што системот е наменет за хрватското говорно подрачје, така што layout-от е со хрватска поддршка (QWERTZ), па при користење на англискиот јазик како основен за пишување ќе ви биде потребен мал период додека се навикнете бидејќи местоположбата на буквите и знаковите е иста, но доколку погледнете во неа, има

сосема други знаци кои може да ве збунат. Овој модел има 6-ќелиска батерија со која може да работите и до четири часа, во зависност од тоа колкави ресурси ви се потребни за вашата работа. Сè на сè, HP G62 е солиден систем кој би ги задоволил потребите на поголемиот број корисници. HP G62 го препорачуваме на сите оние што сакаат да имаат солиден преносен компјутер од реномиран светски производител којшто може да го добијат за пристапна цена. Одблиску со него може да се запознаете во „АМЦ“ од каде што го позајмивме. Драгана Миладиновиќ

HP G62 Монитор: 15,6“ 1366x768 Процесор: Intel DualCore P6000 Меморија: 3GB DDR2 Хард-диск: 320 GB Графичка картичка: ATI Mobility Radeon HD5470 3GB VRAM


Philips 222EL

Philips со овој модел нè зближува со можностите и квалитетот на HD резолуцијата поради фактот дека неговата цена е под 10.000 денари. Досега беше навистина реткост да се купат монитори со оваа резолуција за ваква цена.

Не е сè во големината Предвидувањата се дека еволуцијата на мониторите за момент ќе подзастане со достигнувањето на HD резолуцијата, додека од друга страна може сè уште да се „експериментира“ со големината на екранот. Philips 222EL е монитор со дијагонала од 21,5 инчи, но тоа не е толку битно кога ќе ја погледнете сликата од вашиот десктоп/лаптоп во резолуција од 1920 x 1080 пиксели. Однадвор, уредот е во црна, пијано-финиш варијанта, со големо лого Philips на долниот средиштен дел, додека на горните страни се испишани моделот и LED технологијата на осветлување на екранот. Во долниот десен дел се наоѓа знакот за вклучување и исклучување на уредот, но не и прекинувач што веднаш ни дава на знаење дека контролата и нагодувањата на екранот се вршат на тач-панел кој е невидлив сè додека не поминете со раката врз тој дел. Тогаш тој се осветлува од заднината што го прави многу „фенси“, но за некои конзервативни корисници би претставувало тешкотија додека се навикнат на овој панел. Од друга страна, пак, опциите за нагодување се користат многу ретко, па ова не би требало да претставува голем проблем за корисниците кои не се снаоѓаат со нив. Перформансите се нешто на што може само да се восхитуваме и ако ги споредиме со цената по која може да го купиме овој уред, ќе заклучиме дека „АМЦ“ во соработка со Philips завршиле одлична работа. Со воведувањето на LED технологијата на осветлување, контрастот веќе не е предмет на дискусии од причина што уредот има контраст од 1.000 000:1 единици. Брзината на одѕив е 5 ms, а во тоа се уверивме и самите со помош на софтвер со кој може да се увиди pixel persistence во кој неколку коцки се движат со различна брзина низ екранот. Не забележавме „доцнење“ на

пиксели ниту при брзина од 800 пиксели во секунда, па со ова може да им дадеме на знаење на гејмерите дека уживањето во нивната пасија ќе биде комплетно. Од задната страна на уредот се наоѓа приклучокот за VGA кабел, но не и DVI приклучок што е сосема разбирливо имајќи ја предвид неговата цена. За да се избегнат несакани ефекти на сликата од надворешни влијанја врз VGA кабелот, пожелно е да се користи доставениот кабел од Philips кој е со дополнителен заштитен слој и гарантира дека зрачењата во околината на кабелот нема да

вршат значајни и видливи промени во сигналот. Сите корисници на CRT монитори би требало да размислат за набавка на LCD екран кој од една страна е „поздрав“ уред за очите, а од друга страна, заштедува многу простор. Затоа топло им го препорачуваме ним, а и на корисниците на подзастарени 17 и 19-инчни LCD кои во споредба со Philips 222EL се светлосни години наназад. Како што напоменавме, „АМЦ“ ни овозможува да го купиме овој уред и да уживаме во неговите можности. Ивица Анѓелески

Philips 222EL Дијагонала: 21,5 инчи Резолуција: 1920 x 1080 Контраст: 1.000.000 :1 Време на одѕив: 5 ms

Осветлување: LED Густина на пиксели: 96 p вертикално и 96 p хоризонтално

www.enter.net.mk

25


СОФТВЕР Internet Explorer 9 Beta

Војната започна… конечно! Нов компјутер, нов инсталиран Windows оперативен систем, многу апликации кои се потребни и непотребни. Се разбира, вие пристапувате на интернет, го вклучувате Internet Explorer и следното што го пребарувате е Chrome, Firefox или Opera. Да, тоа беше така досега, но дали новата, деветта, верзија на прелистувачот од Редмонд ќе ги измени вашите навики, останува да видиме. Првата бета-верзија нуди брзина, минимализам во сите погледи, нови, но и подобрени функции. Ние бевме прилично изненадени, но дали ќе бидете и вие?

Пет public platform preview-и во последниве шест месеци, наменети за програмерите на веб-дизајн и развивачите на новите вебстандарди. Резултатот е првата бета-верзија на Internet Explorer 9. Стандардно, по секоја инсталација на IE моравме да го рестартираме компјутерот, па дури потоа да зачекориме и да ги видиме „убавините на интернетот“ („Beauty of the Web“ е, всушност, мотото на IE9). Промените во интерфејсот се повеќе од очигледни. Линијата за алатки сега ја нема, контролите за

34

www.enter.net.mk

навигација и полето за адреси се истакнати лево. Кога сме веќе кај линијата за адреси, да кажеме дека сега е дури три пати помала во однос на претходните верзии, па може да кажеме и од другите пребарувачи. Како составен дел влегуваат копчињата Compatibility View, Refresh и Stop, а секој новоотворен таб оди во иста линија со полето за адреси. Десната страна е наменета за копчињата Home, Favorites и Tools и тоа е тоа. Новина во Internet Explorer 9 beta се таканаречените Pinned Sites. Сега, во комбинација со Jump List од Windows 7, вашите омилени интернет-страници ќе се однесуваат како апликации. Најлесно на свет! Го влечете табот долу во таскбарот

и веќе имате shortcut за вашиот омилен сајт. Некои од популарните сајтови имаат вметнато опција за Jump List, па така, ако сакате веднаш да „скокнете“ и да видите што имате во пораки, какви настани, вести или можеби да побарате некој пријател на Facebook, доволно е само да притиснете десен клик на „апликацијата“ FB. Го споменавме FB како еден од најпознатите сајтови во последно време, но компатибилни со Jump List се и Gmail, Twitter, eBay, Amazon, Wired и многу други. Кога ќе ја вклучите апликацијата, горе ќе го забележите логото на веб-сајтот, додека копчето Home е изоставено. Ова е така бидејќи логото сега по дефиниција е Home копче. Разликата помеѓу Application Shortcuts од Google Chrome e тоа што во IE9 Beta ќе може да отворате и нови табови, а нема да бидете ограничени на само една веб-страница. Полето за адреси сега има повеќе можности. По дефиниција пребарувате со Bing, но можете да одредите тоа да бидат Google, Wikipedia, Facebook и други пребарувачки енџини. Она што е интересно кај OneBox e дека во реално време се прикажуваат информациите од дадената област, т.е. збор или фраза, директно во полето за адреси. Конечно добиваме и вистински Download Manager. Она што сакате да го преземете од интернет, повторно, се појавува како pop up прозорче од каде што понатаму ви сугерира дали датотеката е малициозна, дали треба да и верувате (trusted publisher) или не. Во поглед на перформансите, со сигурност ќе кажеме дека IE9 Beta е голем чекор понапред од претходните верзии. Ќе ги споменеме трите главни компоненти во оваа верзија коишто се клучни за импресивните перформанси: JavaScript Chakra енџинот кој ги искористува можностите на

повеќејадрените процесори, нативната поддршка за HTML5 стандардот и Hardware Acceleration. На официјалната Test Drive страница на Microsoft, http://ie.microsoft.com/ testdrive/Default.html, може да ги пробате хардверските можности на IE9, но и на останатите конкуренти. Само Mozilla Firefox 4 Beta 6 се држи рамо до рамо со пребарувачот од Редмонд, со оглед на тоа што за Google Chrome се најавува хардверска поддршка во седмата верзија. Пробајте го, па потоа коментирајте. Дали ќе стане ваш омилен прелистувач или тоа ќе останат да бидат Chrome, Firefox или Opera, е само работа на вкус и навика. Реално гледано, оваа верзија има што да им понуди на крајните корисници. Internet Explorer 9, те чекаме! Дејан Зафировски Internet Explorer 9 Beta Произведувач: Microsoft Tип: Интернет-прелистувач Платформа: Windows Vista SP2 и Windows 7 Големина: 18,9 MB Цена: бесплатен


Maxthon 3

Прелистувачот од „другиот свет“ Комбинација од најдоброто од конкуренцијата понекогаш може да значи и подобро остварување од она што го постигнала конкуренцијата. Maxthon 3 е вебпрелистувач кој (барем) се обидува ова да го почувствуваат на своја кожа крајните корисници. Дали е навистина така, ќе дознаете ако продолжите со читање на редовите што следуваат.

Малку историја Maxthon е интернет-прелистувач кој оригинално е дизајниран од Чангу (Changyou), кинески програмер кој сакал да го измени својот Internet Explorer. Овој прелистувач е базиран на MyIE. Имено, поголемиот дел од кодот за MyIE Чангу го оставил на својот BBS (Bulletin Board System) компјутер, пред да го напушти проектот во 2000 година, за на негово место да дојде Џеф Чен, кој го продолжил неговото „дело“. Развојот на новата верзија, MyIE2, бил навистина брз, токму поради многуте корисници кои работеле во областите на плагините, скиновите и неговото дебагирање. Во 2004 година MyIE2 бил преименуван во Maxthon. Неговите развивачи добиваат финансиски средства од првиот Skype инвеститор, Мортен Лунд, и WI Harper Group во 2005 година, а подоцна, во 2006 година, и од Charles River Ventures, капитална компанија со седиште во САД. Maxthon е еден од дванаесетте прелистувачи кои беа презентирани од страна на Microsoft на BrowserChoice. eu на корисниците од

Европската економска зона и на корисниците на оперативните системи Windows во 2010 година. Интерфејс, Dual Dislpay енџин, Super Drag & Drop… Како што веќе кажавме на почетокот, овој прелистувач е комбинација на најдоброто од својата конкуренција. Интерфејсот (барем) на прв поглед наликува на Google Chrome со тоа што има и дополнителна интересна опција која може да ја најдете во Opera или Safari, а тоа е можноста Speed Dial за брз пристап до вашите најомилени вебстраници. Исто така, можете да ги синхронизирате и омилените страници (favorites) и со други компјутери, а сигурно веќе ја знаете оваа опција ако користите Chrome. Секако, за тоа ви треба и корисничка сметка, а за да направите свој профил на Maxthon, треба да ја кликнете сината „смајли“ икона, која ќе ја забележите горе, во левиот агол. Maxthon 3 вклучува два рендерирачки енџина. Вебстраниците се прикажуваат навистина брзо, благодарејќи на Trident, енџинот кој го користи

IE, и на компатибилноста со неговите базирани вебстраници и Webkit – за подобри перформанси, енџин кој го користат Safari и Chrome. Една од поинтересните можности кај овој прелистувач е опцијата Super Drag & Drop. На пример, селектирате некој збор и сакате да го пребарате низ некој од познатите пребарувачки енџини. Прво треба да го копирате, па дури потоа да го залепите (paste) зборот или фразата во полето на пребарувачот. Сега е доволно само да го селектирате зборот и да го „повлечете и фрлите“ во полето. Навистина практична „особина“ на Maxthon 3. Surf by mouse, AD Hunter, Maxthon Multi Search Првата опција сигурно веќе ја знаете од Opera, a за оние што се помалку упатени ќе кажеме дека повеќето од функциите на Maxton 3, од refresh па сè до нов таб, ќе може да се остваруваат преку движењата што ги правите со вашето глувче. АD Hunter е навистина потребна опција бидејќи ги блокира здодевните реклами и pop-up прозорчиња. Maxthon Multi Search во нашата

редакција ни се виде како прилично интересна функција. Станува збор за пребарување со сите пребарувачки енџини што ги знаеме, во реално време. Заклучок Менување на интерфејсот од Ultra во Retro режим, вграден но напреден downloader и брз JavaScript (V8) енџин, вклучувајќи ги и претходните опции што ги опишавме, ветуваат многу кај Maxthon 3. Иако не поседува хардверско забрзување, сепак добро и брзо се снаоѓа со гладните страници. Ако речиси цела Кина го користи него, зошто не би го користеле и ние. Ние ви го препорачавме, па вие како што сакате. Дејан Зафировски

Maxthon 3 Произведувач: Maxthon International Tип: Интернет-прелистувач Платформа: Windows XP / Vista / 7 Цена: Бесплатен

www.enter.net.mk

35


МОБИЛНИ LG GD550 Pure

„Чист“ телефон LG GD550 Pure е „чист“ телефон во секој поглед – почнувајќи од изгледот и изработката, па сè до она што го нуди. За разлика од повеќето нови (и скапи) телефони кои нудат тач-скрин, WiFi, интеграција со социјалните мрежи итн., овој модел на LG намерно го изоставува сето ова бидејќи неговата целна група се оние луѓе на кои им се потребни најосновните работи – праќање и примање пораки и телефонирање. Но, и покрај тоа, LG GD550 располага со солидна камера од 5 мегапиксели (ова колку што е добро толку е и лошо – ќе прочитате во заклучокот), а работи и на 3G мрежата. Телефонот е навистина компактен и квалитетно изработен.

46

www.enter.net.mk

Станува збор за slide модел кој располага со тастатура со големи копчиња и бројки – нешто што е од исклучителна важност, особено кога се работи за мал телефон кој е наменет за претежно постари корисници кои често пати имаат проблем да ги прочитаат бројките/ буквите на апаратите кои имаат мали копчиња. D-Pad-от, којшто е централно поставен, е голем и квалитетно изработен, па и оние со подебели прсти нема да имаат проблем при навигацијата. Што се однесува до корисничкиот интерфејс, тој е поедноставен до крајни граници така што не би требало да имате никаков проблем со привикнувањето на овој телефон, од проста причина што речиси и не постои шанса нешто да згрешите или да направите погрешно :) Менијата/ командите се јасно претставени, како и изборот на тоа што можете да направите со нив. LG GD550 располага со именик кој тешко дека некогаш ќе го искористите во целост – собира дури 1.000 контакти. Тие можат да бидат претставени

класично, во листа или, пак, со фотографија за секој контакт. Покрај SMS и MMS, овозможено е и примање/праќање на e-mail пораки (преку POP3 или IMAP протокол) со помош на вградениот клиент кој е сосема доволен за основна употреба. Организаторот ги нуди стандардните опции како кај повеќето телефони – календар, аларм, калкулатор, диктафон, како и конвертoр на мерни единици. Со прегледувачот на документи можете да отворате Word, Excel, PowerPoint и PDF фајлови (без можност да ги едитирате). Покрај неколкуте игри, во апликациите е присутна и Google Maps, но нејзиното користење е ограничено поради тоа што телефонот нема вграден GPS чип. Мултимедијалните способности се на ниво на сето останато кај LG GD550 – во границите на основното. Галеријата, видео и музичкиот плеер и радиото располагаат со основните опции, без некои големи можности за нагодување, но и тоа што го нудат е сосема доволно за еден ваков апарат. Батеријата од

900 mAh нуди повеќе од пет часа зборување (без полнење) и над 300 часа во stand-by, што значи дека е можно да заборавате да го полните:) Земајќи ги предвид сите опишани карактеристики, LG GD550 е одличен телефон доколку спаѓате во целната група за којашто е наменет – со една забелешка: камерата од 5Mpix нема да му биде премногу потребна на еден таков корисник, а токму таа значително ја подига цената. Милан Крстевски

LG GD550 Pure Мрежи: 2G : GSM 850 / 900 / 1800 / 1900 3G : HSDPA 2100 Димензии: 105,5 x 51 x 12,4 mm Тежина: 132 грама Екран: TFT, 65K бои, 240 x 320 пиксели, 2,4 инчи Камера: 5 MP, 2560 х 1920 пиксели, автофокус, видео 720x480@30fps

Батерија: Li-Ion 900 mAh


МОБИЛНИ

Acer Stream

Acer, иако се релативно нов „играч“ на пазарот на паметни телефони или PDA уреди, со моделот Stream (поток) покажуваат дека знаат добро да „изиграат“. Acer Stream е уред со одлични перформанси и карактеристики, а можностите за надградба на Android системот му даваат уште толку силина на течението на овој „поток“.

Аcer во потокот на Android Acer Stream на прв поглед изгледа моќно, што и во практиката се покажува како точно. Големиот 3,7-инчен AMOLED тач-скрин кој дава слика во 16 милиони бои, камерата од 5 мегапиксели, портите за приклучување на стандардни слушалки и HDMI кабел за да го споите со ТВ уред, како и посебни копчиња посветени исклучително за контрола на мултимедијални содржини, оставаат впечаток на уред кој навистина не е ограничен во својата намена. Stream работи на оперативниот систем Android 2.1, но освен стандардниот Android UI (кориснички интерфејс), можете да го користите и интерфејсот развиен од Acer за којшто ќе ви треба време да се навикнете. За разлика од widget-ите, shortcutите и „домашните екрани“ кај Android UI, нив ги нема кај Аcer UI. На долниот дел на екранот се наоѓа дел каде што ги сместувате кратенките до омилените апликации, додека над него (на средината

на екранот) е делот каде што се прикажуваат разните известувања. Под часовникот во горниот лев агол, лево и десно, е делот од екранот кој можете да го скролувате за да пристапите до листата од претходно користените апликации или, пак, до медија-панелот преку којшто пристапувате на мултимедијалните содржини (фотографии, видеа или музика). Оранизаторските способности на Acer Stream се на завидно ниво – можностите на именикот се обемни и нема да имате никаков проблем да ја вметнете секоја потребна информација за контактите, а прегледувањето и испраќањето на секаков тип на пораки (SMS, MMS и e-mail) е максимално олеснето преку прегледниот кориснички интерфејс. Со инсталираните апликации во организаторот можете да отворате Word, Excel, PowerPoint и PDF фајлови (истото важи и за e-mail attachmentите од овој тип, бидејќи апликациите се интегрирани со e-mail клиентот), меѓутоа за нивно уредување и за создавање нови, ќе мора да ги купите целосните верзии на овие апликации. На располагање имате календар со task manager кој известувањата за вашите дневни обврски ги покажува како нотификација на главниот екран, а има и аларм и калкулатор. Acer Stream не заостанува ни во

мултимедијалната страна – постои плеер за сите типови на содржини, а можете да снимате и видеа со резолуција од 1280 x 720/24 fps. Мултимедијалните содржини преку Acer Media Server-от можете да ги споделувате со вашите пријатели преку безжична конекција (било на друг мобилен уред, било на лаптоп), доколку ја одберете опцијата Share content, а покрај инсталираните Facebook и Twitter апликации, имате слобода да преземете која било друга од Android Market-от, што отвора уште повеќе можности на овој уред. Секако, Acer Stream има вграден GPS чип со чија помош преку Google Maps можете да се снајдете во просторот каде и да се наоѓате во моментот. Иако моментално е навистина „густо“ на пазарот на Android уреди, Acer Stream добро се држи во однос на својата конкуренција.

За почетник на пазарот (каков што е Acer), тоа е одлична вест, како и за сите потенцијални потрошувачи – тоа значи дека сè повеќе компании ќе влегуваат во „битката“ со што ќе се зголемува конкуренцијата, а тоа ќе се резултира со повисок квалитет на уредите и со попристапни цени. Милан Крстевски Acer Stream Мрежи: 2G: GSM 850 / 900 / 1800 / 1900 3G: HSDPA 850 / 900 /1900 / 2100 Димензии: 119,5 x 63 x 11,2 mm Тежина: 140 грама Екран: AMOLED капацитивен тач-скрин, 16M бои, 480 x 800 pix, 3,7 инчи Камера: 5 MP, 2560 х 1920 пиксели, автофокус, видео 720p@24fps

Батерија: Li-Ion 1400 mAh

www.enter.net.mk

47


МОБИЛНИ Android апликации

First Aid First Aid е исклучително корисна апликација која се надеваме дека нема никогаш да ви затреба, но дефинитивно вреди да ја имате инсталирано. Таа ќе ви помогне да пружите прва помош во скоро секоја ситуација – дали се работи за повреда на главата, проблеми со дишењето, скршеница или истегнување на мускул, срцеви проблеми, труење и слично. Начинот на којшто First Aid се користи е оптимизиран за што побрзо да се дојде до посакуваната информација којашто може да спаси нечиј живот – на почетниот екран е потребно да ја одберете категоријата на којашто се однесува итната ситуација, за потоа

да ви бидат покажани илустрации како да ја изведете спасувачката процедура. Доколку тие не ви се доволно јасни, на располагање ви е опцијата да погледнете You Tube видеа кои ја илустрираат одбраната процедура. Постои и опција да проверите кои процедури се ефикасни, а кои се всушност „митови“ (на пример, ставање на путер или лед врз изгореница, кои можат да предизвикаат спротивен ефект). Преку опцијата „Call“ (повикај), пак, можете да повикате некој од претходно меморираните итни телефонски броеви (полиција, пожарна, брза помош итн.). Имајќи предвид дека First Aid бесплатно

може да се преземе од Android Market-от, не гледаме причина да не ја инсталирате – никогаш не се знае дали (и кога) ќе ви притреба.

Vlingo: Words to Action Контролирањето на вашиот мобилен телефон преку гласовни команди во денешно време веќе не е никаква новост, иако само пред неколку години тоа се чинеше како извадок од некој научно-фантастичен филм. Vlingo е апликација наменета токму за тоа – со нејзина помош вашиот Android телефон ќе може да ја изврши (скоро) секоја команда: да повикува контакти, да испраќа мејлови и SMS пораки, да пребарува на интернет, да активира некоја друга апликација, па дури и да твитува на Twitter. За сето ова да биде возможно,

потребно е претходно да ја нагодите апликацијата како да ги извршува овие команди, на одреден збор да се активира соодветната апликација (на пример, кога ќе речете „Call“ тоа значи дека треба да повика некого, т.е. името што следно ќе го кажете). Сето ова ви е достапно преку опциите, така што не би требало да имате никакви тешкотии, освен можеби да научите потечно да го зборувате англискиот јазик :). Апликацијата можете бесплатно да ја преземете од Android Market-от.

Drunk Blocker Сигурно ви се случило кога сте биле излезени и сте испиле некоја чашка повеќе :) во „ниедно“ време да вртите на некои ваши пријатели или, уште полошо, бивши партнери. Последиците од тоа никогаш не се позитивни, така што следниот ден имате уште неколку проблеми над глава (покрај мамурлакот:). Drunk Blocker е апликација наменета токму за спречување на вакви ситуации и во тоа е мошне ефективна. За да ја користите, потребно е прво да ја нагодите од колку до колку часот ќе биде активна, на кои броеви ќе

ви биде отежнато вртењето, како и тежината на тестовите што ќе треба да ги поминете за да ви биде одобрено вртењето. Тестовите се од типот на (релативно едноставни) математички проблеми кои треба да ги решите или, пак, да го напишете точниот број на цртички прикажани на екранот. Апликацијата можете бесплатно да ја преземете од Android Market-от. Според поговорката, „подобро е да се спречи отколку да се лечи“, без двоумење ви ја препорачуваме. Милан Крстевски

48

www.enter.net.mk


хардвер_ ПРИКЛУЧИ МЕ НЕЖНО Веќе одамна не се поставува прашањето дали е потребно да се вмрежат компјутерите, туку како тоа да се направи на оптимален начин. Вмрежувањето преку електричната мрежа е едно од поинтересните решенија коешто сериозно треба да се разгледа.

56

52 к о л у м н а _ ВИДЕОАКТИВИЗМОТ И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА Како продолжение на темите за дигиталниот активизам и за Зеитгеист, ќе ја опфатиме и темата за видеоактивизам, посебна гранка од општественото дејствување, која, како што може да се забележи, е присутна во сè поголеми размери.

53 и д н и н а т а д е н е с _ ЗБОГУМ, МЕТАЛИ! ЗДРАВО, ПОЛИМЕРИ! Колку време металот е единствениот материјал кој се користи за производство на ладилни тела? Зарем не помина доволно време за да очекуваме дека покрај сите иновации и напредокот во останатите технологии, оваа гранка еден ден ќе биде предмет на напредно изучување и ќе бидат направени значајни промени? Одговорот е: ДА!

50

w w w.enter.net.mk

54 т е х н о л о г и ј а _ МАЛА КАТОДНА ЦЕВКА Како дел од сите презентации и евалуации на компјутерски монитори и HD телевизори, клучна улога игра видот и квалитетот на заднинското осветлување.

58 п р о г р а м и р а њ е _ ФИЗИКА За овој број сакавме да ви претставиме нешто забавно, несекојдневно и оригинално. Размислувајќи на таа тема, се потсетивме на „физичките закони“ и дојдовме до една одлична идеја и... ја реализиравме. Решивме да направиме свет од полигони кои ќе бидат креирани со код и притоа ќе имаат реални физички својства.


програмирање_

За овој број сакавме да ви претставиме нешто забавно, несекојдневно и оригинално. Размислувајќи на таа тема, се потсетивме на „физичките закони“ и дојдовме до една одлична идеја и... ја реализиравме. Решивме да направиме свет од полигони кои ќе бидат креирани со код и притоа ќе имаат реални физички својства.

Час по физика

Не е едноставно. Ако почнеме да ви пишуваме сè, ќе треба да завршиме во 2020 година, а можеби и тогаш нема да бидеме готови. Затоа некои фини момци ги создале класите Box2DFlashAS3. Што е тоа? Box2DFlashAS3 е отворен извор ActionScript 3,0 кој лесно може и самите да го преземете од интернет (http://box2dflash.sourceforge.net/) и претставува одлична конверзија на веќе направен код во C++, а не е ништо друго туку физички модел на коцки, кругови и други форми во 2D. Ние сме многу импресионирани од структурата на кодот и од лесниот начин на имплементирање карактери. При реализацијата на овој код научивме неколку нови работи кои засекогаш ќе го променат погледот на читање код од веќе постојни датотеки. Се согласуваме со вас доколку мислите дека тие имаат ограничени ресурси, но да не брзаме со заклучоците („Ве молиме, погледнете го изворниот код од примерите што се веќе направени за да добиете идеја за тоа како да се користи Box2DFlash во вашите проекти“. Ова е README.txt што доаѓа со него...). Мислевме дека би можеле да ви дадеме одличен пример и прошетка низ кодот чекор по чекор. Убавината е во фактот кој говори дека не мора да се разбере како функционира надворешната класа за таа добро да се искористи. За да се направи нешто со Box2DFlash, ќе треба да се вклучат повеќето (ако не и сите) датотеки. За почеток го додаваме следниов код: import Box2D.Dynamics.*; import Box2D.Collision.*; import Box2D.Collision.Shapes.*; import Box2D.Dynamics.Joints.*; import Box2D.Dynamics.Contacts.*; import Box2D.Common.*; import Box2D.Common.Math.*;

58

w w w.enter.net.mk

Сега треба да се создадеме нов b2World објект (изворниот код на класата е во Box2D/Dynamics/b2World.as). За полесно да се разбере, ќе кажеме дека мозокот на системот е b2BroadPhase.as, а срцето е функцијата Step () Сега продолжуваме со пишување на код: Конструкцијата на b2World се состои од следните три чекори: 1) Креираме координатен систем во форма на класа b2AABB, 2) Вектор кој ја дефинира гравитацијата. Тоа ќе биде во форма на b2Vec2 објект и 3) Логичка променлива која ќе покажува дали објектот мирува или не.

(Слика 1)

креирано преку код. За да додадете топчиња и кутии или какви било полигони или // Креираме world AABB други форми, var worldAABB:b2AABB = new b2AABB(); треба да worldAABB.minVertex.Set(-1000.0, -1000.0); создадеме „Body worldAABB.maxVertex.Set(1000.0, 1000.0); Definitions“ за нив. // Дефинираме вектор на гравитација „Body Definitions“ var gravity:b2Vec2 = new b2Vec2(0.0, 300.0); се состои од var doSleep:Boolean = true; неколку клучни m_world = new b2World(worldAABB, gravity, doSleep); карактеристики. 1) Дефиниција на кривата (обликот), За да функционира механиката 2) Стартна (x, y) позиција. на играта, ќе треба да креираме По желба може да додадете: функција која ќе се повикува постојано, т.е. на ENTER_FRAME евент. 3) Ротација (во радијани) и 4) Претходно направен Sprite објект. Со други зборови, вметнете го Во примерот што ви го следниов код: претставуваме ќе addEventListener(Event.ENTER_FRAME, Update, false, користиме некои 0, true); попрости форми public function Update(e:Event):void{ како, на пример, m_world.Step(m_timeStep, m_iterations); правоаголник, } квадрат или некој друг полигон. Свесни сме дека звучи забегано, но Со извршување на функцијата овој пат се трудиме да создадеме Step (), секоја рамка ќе ги ажурира еден свет кој ќе биде исцртан своите „Body Definitions“ што единствено од АS3 код. Се разбира, корисникот ги прави во истиот подоцна на сето тоа да додадеме и момент. На почетокот сè е празно. малку физика. За разлика од поранешните За да преминеме понатаму ќе мора примери, сега нема да имаме ниту да ви го објасниме поимот „Shape еден елемент во библиотеката. Definition“ кој е многу важен за Сè што ни е потребно ќе биде

понатамошно развивање на овој код. Имаме три типа на „Shape Definition“ и сите тие наследуваат од основната b2ShapeDef класа. Доколку веќе ја имате главната b2BoxDef класа, еве што треба да знаете за неа. Таа има четири важни својства: 1) Extents – Всушност, ова е вектор кој оди од еден агол на полето, па сè до центарот. Со други зборови, половина од ширината и висина. (2) Density или густина - при судир имаме равенка каде што ја пресметуваме густината При густина еднаква на 0 (нула) ќе го направи објектот статички и никогаш нема да се придвижи, па дури ни во случај на судир или дејство на гравитацијата. 3) Friction или триење – ова се користи за пресметување на триењето помеѓу два предмета. Вие треба да го задржите меѓу 0,0 и 1,0. 4) Restitution – ова е отскокнување? на објектот. Се движи исто така помеѓу 0,0 и 1,0. b2PolyDef има низа од (максимум осум) темиња наместо физички радиус. Овие вертикали се само дb2Vec2 вектор објекти. Доволно објаснување, сега додаваме еден куп предмети во нашиот измислен свет:


64 Тема на бројот STARCRAFT II: WINGS OF LIBERTY

Развивачите на видеоигри постојано се обидуваат да воведат новини и да остават уникатен белег во жанрот на играта што ја создаваат. Пример за тоа е динамичкиот систем на прикривање кој го прифатија сите акциони игри во трето лице или, пак, автоматското полнење на енергија кај сите FPS игри.

62 Гејминг-настани

LARA CROFT AND THE GUARDIAN OF LIGHT

„ЕНТЕР“ и оваа година беше дел од шестото по ред Национално првенство во е-спорт, WCG2010, кое се одржа при крајот на август на Градскиот плоштад „Македонија“, овозможено од T-Home и Т-Mobile, со поддршка од Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт, а во организација на Македонската е-Спорт Федерација.

Во потрагата по револуционерни и динамични наслови, наидовме на вистински бисер помеѓу игрите. Lara Croft and the Guardian of Light е револуционерна поради бројните промени во поглед на целиот серијал Tomb Raider, а динамична поради вртоглавата аркадна акција.

68 Рецензија PC

74 Рецензија Xbox360

KANE & LYNCH 2: DOG DAYS

ASSASSIN‘S CREED: BROTHERHOOD

Во нашата најава прочитавте за сите ветувања на авторите за Kane & Lynch 2: Dog Days. Дојде на ред да видиме до која мера и на кој начин се реализирани сите тие елементи. Какво влијание има невообичаената камера и дали играњето крадци и полицајци е подеднакво забавно искуство?

Криењето во темни ходници и плашењето на најблиските наскоро може да престане благодарејќи на најновиот наслов кој ќе ви даде шанса да јавате коњ, да прошетате и уредите огромна територија и да извршите атентати на крајно оригинален начин... во мултиплеер!

70 Рецензија PC

60

72 Рецензија Xbox360

WCG 2010 MACEDONIA

76 Друштвени игри

MAFIA II

MAGIC:THE GATHERING - SCARS OF MIRRODIN

Вообичаено, кога ќе излезе некоја игра која ќе има одличен прием од играчите, 100% е сигурно дека набрзо ќе излезе и нејзино продолжение. Но, тоа не беше случај со Mafia II, која излегува дури осум години по оригиналот.

Со излегувањето на новата едиција Scars of Mirrodin, светот на Magic:The Gathering се враќа на едно од најозлогласените места во мултиверзумот - металната планета Mirrodin!

// ЕНТЕР GAMING EDITION


ГЕЈМИНГ-НАСТАНИ

WCG 2010 MACEDONIA „ЕНТЕР“ и оваа година беше дел од шестото по ред Национално првенство во е-спорт, WCG2010, кое се одржа при крајот на август на Градскиот плоштад „Македонија“, овозможено од T-Home и Т-Mobile, со поддршка од Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт, а во организација на Македонската е-Спорт Федерација.

Beyond the game

Меѓу главните помагатели на WCG2010 Macedonia беа Samsung, TnT IT Market, Enternet, школото за странски јазици Wizard и Netgear. Ова воедно беше и најмасовното национално првенство досега. Присутни беа повеќе од 1.000 љубители на сајбер-спортот, а учествуваа 60 тима кои меѓусебно се натпреваруваа во најпопуларната дисциплина – Counter Strike. Стандардно, првиот ден започна со прес-конференцијата на која, пред многубројните медиуми и посетители во Experience Café, се обратија претседателот на Македонската е-Спорт Федерација, градоначалникот на Град Скопје,

62

// ЕНТЕР GAMING EDITION

раководниот директор за продажба на T-Home и претседателот на Агенцијата за млади и спорт. Претседателот на Македонската е-Спорт Федерација, Бобан Тотовски, кој го отвори првенството, потенцира дека за Македонија е позитивно тоа што навреме е формирана оваа федерација која наскоро ќе стане членка на европските и светските е-спорт федерации. Тој додаде дека со тоа ќе започне и процесот на верификации на е-спортот кај нас. Градоначалникот Коце Трајановски изјави дека сајбер-игрите стануваат сè попопуларен спорт во Македонија. Тој додаде дека иако овој вид на спорт не е класичен, сепак е популарен меѓу младите и обожавателите

на компјутерската технологија. На овој начин градоначалникот Трајановски уште еднаш ја манифестираше поддршката што Градот Скопје по втор пат и ја дава на Македонската е-Спорт Федерација. Раководниот директор за продажба во АД „Македонски Телеком“, Огнен Фирфов, потенцираше дека една од

целите и вредностите на Т-брендот е постојан развој и унапредување на информатичкото општество. „За таа цел постојано инвестираме во нови технологии, а како резултат на тоа успеавме да го зголемиме користењето на интернетот во Македонија на многу повисоко ниво од останатите земји во регионот. Со тоа сакаме да им овозможиме на младите да се поврзат меѓу себе, без оглед на географската оддалеченост, да комуницираат, да разменуваат информации и да се дружат“, изјави Фирфов. „Иако не се работи за физички спорт, сепак претставува одлична форма за дружење меѓу младите и за натпреварување кое од година во година во светски и европски рамки сè повеќе се развива“, рече Диме Спасов, директорот на Агенцијата за млади и спорт. Тој им препорача на младите гејмери да поминуваат помалку време пред компјутерите и да бидат повеќе физички активни.


ТЕМА НА БРОЈОТ StarCraft II: Wings of Liberty

Развивачите на видеоигри постојано се обидуваат да воведат новини и да остават уникатен белег во жанрот на играта што ја создаваат. Пример за тоа е динамичкиот систем на прикривање кој го прифатија сите акциони игри во трето лице или, пак, автоматското полнење на енергија кај сите FPS игри. Ова е знак на прогрес, со кој секоја нова игра се гради врз добрите идеи и основи на претходните игри. StarCraft 2 како да не верува во прогрес. Таа ги занемарува новите работи кои по StarCraft од 1998 година станаа стандард (уникатните херојски единици, поедноставеното собирање на ресурси...) и се враќа на основите. Буквално изгледа како Blizzard да биле изолирани од надворешниот свет последниве десетина години и ја креирале StarCraft II врз основите на стариот рецепт создавајќи игра која е една од најдобрите real time стратегии на сите времиња.

64

// ЕНТЕР GAMING EDITION


РЕЦЕНЗИЈА

PC

Kane & Lynch 2: Dog Days

Во нашата најава прочитавте за сите ветувања на авторите за Kane & Lynch 2: Dog Days. Дојде на ред да видиме до која мера и на кој начин се реализирани сите тие елементи. Какво влијание има невообичаената камера и дали играњето крадци и полицајци е подеднакво забавно искуство?

Есента е нирвана за повеќето страсни гејмери. Заминувањето на горештините и доаѓањето на постудени врнежливи денови се предуслови за одлични гејмерски моменти. Но, за такво нешто ви е потребна игра чиј заразен гејмплеј и освежителна графика ќе ве вовлечат во нејзиниот универзум и ќе ја остварат врвната цел – да бидете забавени! Кога би нè прашале дали Kane & Lynch 2: Dog Days е една таква игра, не би можеле да ви дадеме брз и одлучен одговор затоа што сè е некаде на половина со оваа игра. Еден аспект е забавен, но е премногу краток. А, ако не е премногу краток, тогаш или има непростливи грешки или, пак, за кусо време го отстапува местото на монотонијата. Но, да почнеме од почетокот. Првороденчето Kane & Lynch: Dead Men беше релативно лоша игра кога излезе во 2007 година, а работите не се променија на подобро ни со текот на времето ни откако авторите го најавија нејзиното продолжение. Од пепелта на разрушената репутација на авторите кои ни го дадоа серијалот Hitman произлезе еден нов, посмел, посилен и побрутален феникс чие патешествие е кратко, но полно и со пријатни и со непријатни доживувања.

68

// ЕНТЕР GAMING EDITION


РЕЦЕНЗИЈА

PC

Mafia II

Вообичаено, кога ќе излезе некоја игра која ќе има одличен прием од играчите, 100% е сигурно дека набрзо ќе излезе и нејзино продолжение. Но, тоа не беше случај со Mafia II, која излегува дури осум години по оригиналот. Долгото чекање за некои луѓе можеби значеше дека треба премногу да се очекува од играта, па затоа и останаа малку разочарани. Но, за сите останати, Mafia II е вистинско освежување и е една од поинтересните игри што имавме можност да ги играме оваа година, со приказна која, иако не е премногу оригинална, е многу интересна, со одличен гејмплеј и графика.

Приказните за мафијата секогаш се поврзани со потрагата по американскиот сон. Вообичаено, тоа се приказни за луѓе кои се обидуваат да зграпчат дел од богатството на светот што ги опкружува и да се издигнат од сиромаштијата во која живеат. Најчесто, во ваквите приказни за мафијата овие награди се плаќаат за висока цена. Во Mafia II, нашиот херој ниту сака да биде дон, ниту пак е гладен за моќ. Тој води ваков живот бидејќи верува дека тоа е единственото нешто за што го бидува. Тој, едноставно, сака да заработи што е можно повеќе пари, работејќи ја единствената работа што ја знае. Приказната во Mafia II го следи животот на Вито Скарлета, чии родители емигрирале

70

// ЕНТЕР GAMING EDITION

од Сицилија во САД уште кога тој бил дете. Вито е човек кој постојано паѓа во неволји, а тоа се случува откако како дете станува најдобар пријател со Џо Барбаро. Како резултат на тоа, по еден грабеж, тој е фатен од полицијата и е испратен назад во Италија, да се бори во инвазијата на Сицилија. Откако е повреден, го враќаат назад во САД, каде што дознава дека неговиот татко починал и нему, на мајка му и сестра му им оставил долг од 2000 долари кај некој лихвар. Во 40-тите години 2000 долари било огромна сума, па затоа Вито решава да влезе во организираниот криминал и да започне живот како гангстер. Како и многу други игри и филмови чија тема е мафијата, приказната на Mafia II не е премногу оригинална, но сепак има доволно заплети и пресврти кои длабоко ќе ве внесат во неа. Со ова, Mafia II успева да отепа две муви со еден удар, бидејќи иако е игра, дејството се одвива како во филм. Начинот на кој е раскажана приказната е навистина одличен. Ние сме големи љубители на мафијашки филмови како „Кум“, „Добри момчиња“, „Казино“, па гледајќи ги доживувањата на Вито и Џо, како одат од работа до работа, се забавуваат со девојки и елиминираат непријатели, навистина имавме интересно доживување. Играта се состои од 15 поглавја и

го покрива периодот од 1943 до 1957 година. За да се доближи до реалноста, автомобилите и музиката во играта се менуваат со годините и соодветствуваат на периодот во кој играте. Но, ова не се единствените работи кои се направени за играта да биде пореалистична. Верувале или не, се менуваат и цените на работите, поради инфлацијата . На пример, комплет за обивање на брави на почетокот на играта е 7$, за подоцна во играта да биде 10$, што е навистина интересно и покажува колку креаторите внимавале на деталите. Mafia II ќе ја споредуваат со Grand Theft Auto, а за тоа има и причина. Дејството се одвива во огромен град, Empire Bay, и времињата на вчитување се

минимални. Можете буквално да трчате (или да возите) од едниот крај на мапата до другиот, без притоа да има какви било „loading...“ екрани. Самиот дизајн на градот е инспириран од Сан Франциско и Њујорк во 40-тите и низ него ќе најдете многу соседства, згради и други работи кои потсетуваат на градовите во САД од тоа време. Севкупниот дизајн е можеби и најдобрата особина на играта, па целата нејзина конструкција е многу реална. Во оваа игра нема да видите една зграда ископирана илјадници пати, како во некои слични игри. Градот е преполн со луѓе, полиција, автомобили и списанија Playboy. Тој на прв поглед изгледа како отворен свет, преполн со споредни мисии


РЕЦЕНЗИЈА

XBOX360

Lara Croft and the Guardian of Light

Секако, забележавте дека комбинацијата од зборовите Tomb Raider ја нема никаде во насловот на оваа игра. И со добра причина! Технички, ова не е Tomb Raider игра. Ова е претставување на главниот лик и универзумот од серијалот Tomb Raider во малку поинаква перспектива – изометриска (како Diablo, Titan Quest). Овојпат Лара ќе ги исполнува своите аспирации за носење тесна облека во древни гробници со изометриски поглед на пресметки, загатки и... тесна облека и древни гробници :). Девојката нема да биде сама туку со уште еден лик кој може да се контролира од друго лице преку ко-оп. Ваквите клучни промени во гејмплејот влијаеја на авторите да ја одделат играта од серијалот ТР. Лара и чуварот на светлината Сметајќи дека приказната е света работа која не смее премногу да се чепка без да се ризикува гневот на легијата фанови, авторите останаа делумно верни и ја внесоа препознатлива свежина која е карактеристична за серијалот. Пишуваме „делумна“ затоа што, иако сè е во склоп на ТР универзумот, заплетот и дијалозите се предвидливи и наивни. Од друга страна, тука се најразличните предизвикувачки непријатели и босови во детално разработени локации кои ќе ги посетитете откако хиперактивната Лара ќе дознае дека невообичаено моќен артефакт се наоѓа на полуостровот Јукатан. Работите се комплицираат откако објектот ќе ослободи древен демон кој, како што е случајот со повеќето демони, има невообичаена желба за доминација преку уништување на сè што ќе му го привлече вниманието. За да го спречите, ќе поминете низ огромен и разновиден свет кој плени со убавината и бројните можности за истражување. Подразбирливо, таквото нешто има цена. Светлата страна на археологијата Светот во Guardian of Light е полн со живописни и впечатливи мапи на кои демнат опасности кои се грубо поделени на две области. Потребно е да се соочите со бројни непријатели односно стандардни противници и босови.

72

// ЕНТЕР GAMING EDITION

Во потрагата по револуционерни и динамични наслови, наидовме на вистински бисер помеѓу игрите. Lara Croft and the Guardian of Light е револуционерна поради бројните промени во поглед на целиот серијал Tomb Raider, а динамична поради вртоглавата аркадна акција. Изометриска камера, предизвикувачки пресметки и загатки и помош од древен воин. Во кратки црти, така би се опишало враќањето на симпатичната Британка.


РЕЦЕНЗИЈА

XBOX360

Assassin’s Creed: Brotherhood

Криењето во темни ходници и плашењето на најблиските наскоро може да престане благодарејќи на најновиот наслов кој ќе ви даде шанса да јавате коњ, да прошетате и уредите огромна територија и да извршите атентати на крајно оригинален начин... во мултиплеер! Дами и господа, Assassin's Creed: Brotherhood.

Како трета игра во серијалот Assassin's Creed, Brotherhood повеќе се води како значително приширување на втората игра отколку како посебна, трета игра. Ознаката „III“ авторите ја чуваат за во блиска иднина кога планираат да исфрлат игра со нов атентатор и клучни промени во гејмплејот. Но, таквото нешто ќе го оставиме за друга пригода. Сега ќе го посветиме вниманието на Brotherhood и ќе ве известиме дека приказната се

74

// ЕНТЕР GAMING EDITION

надоврзува на настаните од Assassin's Creed II и животните патешествија на Ezio Auditore, човекот чија желба за одмазда ќе го одведе зад ѕидините на Рим – градот кој се наоѓа на несигурна крстосница помеѓу крволочна моќ и незаситна корупција. Еден за сите и сите за еден Во Brotherhood, Езио можеби е постар и позрел, но тоа никако не

значи дека неговите авантури се завршени. Опасните професии знаат како да го стават главниот атентатор во незавидни ситуации и Езио нема да ужива предолго во својата титула – Master Assassin. Monteriggioni е нападнат од војската на Боргија и откако Езио ќе се потруди да го спречи нивниот напредок и катастрофално ќе изгуби, дејството се префрлува во Рим, град каде што се наоѓа целта на неговата одмазда. За да ја сруши куќата на Боргија и

твргоглавото мешање на темпларите, Езио ја има поддршката на целото братство. Како главен атентатор, можете да примате нови членови во братството и да го зголемувате нивното искуство така што ќе ги праќате на мисии низ Европа. Кога чувствувате дека ви е потребна помош, можете да ги повикате членовите од братството, доколку, се разбира, не се претходно пратени на „специјализација“ низ Европа. Интересно е тоа што со сите


ДРУШТВЕНИ ИГРИ MAGIC:THE GATHERING - SCARS OF MIRRODIN

Со излегувањето на новата едиција Scars of Mirrodin, светот на Magic:The Gathering се враќа на едно од најозлогласените места во мултиверзумот - металната планета Mirrodin!

ПРОМОЦИЈА ВО ГОБЛИН Н: За секој купен шпил, бесплатен бустер! Продавницата за друштвени игри Гоблин во ТЦ Буњаковец ви овозможува да влезете во светот на Magic:The Gathering и за тоа да бидете наградени. Затоа, секој што ќе купи Intro Pack (составен од шпил карти + бустер) до крајот на ноември ќе добие уште еден бустер бесплатно! Сега е вистинската можност да видите зошто Magic:The Gathering е убедливо најпопуларната стратегиска игра со карти во светот!

76

// ЕНТЕР GAMING EDITION

Самото име на сетот, кој е во продажба од 1 октомври, веднаш потсетува на „лузните“ што ги остави првата посета на овој метален свет. Кога пред осум години првпат се појави блокот Mirrodin (составен од едициите Mirrodin, Darksteel и Fifth Dawn) направи вистински бум во Magic светот. За огромен број фанови на Magic, Mirrodin е омилениот сет од сите досега излезени во историјата, а тоа јасно се виде и со продажбата на картите од оваа едиција. Mirrodin е убедливо најпродаваниот сет на Magic уште од излегувањето на играта во 1993 година, но сето тоа имаше и своја темна страна... Тоа што случувањата беа сместени на метална планета подразбираше и вклучување на голем број артефакти во едициите кои беа во Mirrodin блокот. Некои од овие артефакти беа толку „нефер“ што во тој период се појави еден единствен доминантен дек (шпил) Ravager Affinity, кој никој не можеше ни да помисли да го победи. Поради

тоа на турнирите низ целиот свет имаше само два архетипа на декови - Affinity и дек направен специјално за да го победи Affinity. Тоа предизвика одбивност и бегање на играчите од Magic, што досега е најголем егзодус во историјата на играта. Последица на тоа беше и огромен пад на продажбата, по што играта дури беше и доведена на прагот на изумирање! Поради ваквите екстремни случувања околу Mirrodin, првпат во историјата на Magic, тимот на производителите Wizards of the Coast реши да се врати на една планета во мултиверзумот која веќе била посетена! Името на новата едицијата, Scars of Mirrodin, веднаш потенцира дека овој пат ќе се обидат да ги исправат грешките од минатото, но истовремено да го

повторат незаборавното и единствено играчко искуство што го донесе Mirrodin. И овој пат ќе доминираат атрефактите, но Миранците (жителите на Mirrodin) сега се во конфликт со најголемите негативци во историјата на Magic - Phyrexia! Жителите на планетата која многу одамна беше уништена се хуманоидни машини кои ги води само една цел - асимилација на сè што ќе видат пред себе. Така, во Scars се враќа една од заборавените тематики – Poison, што претставува нов начин за убивање на противникот, додека од Mirrodin остана единствено способноста Imprint. Нов аспект кој го немаше во Mirrodin се картите Planeswalker, кои во Scars се неверојатно моќни! Само времето ќе покаже дали оваа едиција ќе се памети по добро или лошо, иако едно е сигурно – дефинитивно нема да предизвика толкав потрес во Magic како првата посета на Mirrodin.


100% МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД ЦЕНОВНИК

ЗА

РЕКЛАМЕН

ПРОСТОР

Лого на насловна страница Втора или трета корица Четврта корица Двојна страница Двојна средишна страна Комерцијална презентација по страници Инсертирање на флаер Цела страница Половина страница Третина страница Четвртина страница

ВО

1000 € 800 € 1000 € 800 € 1000 € 700 € 500 € 500 € 300 € 200 € 100 €

За првите 5 страници пред содржината цената се зголемува за 30% Форматот на списанието изнесува 220 x 295 mm и димензиите се однесуваат на обрежан формат. Во припремата на рекламата додадете по 5mm кон надворешниот дел од страната, а кон внатрешниот 7-10mm. Рекламите доставувајте ги во следниве формати: EPS, TIFF, JPG, PSD... (CMYK, 300 dpi)

Лого на DVD-то Брендирање на DVD-то Видео реклама до 30 сек. во DVD-то Банер во DVD -тo 640x60 Банер во DVD -тo 128x128

500 € 1000 € 500 € 250 € 150 €

СПИСНИЕТО

цела страница 220 x 295

двојна страница 440 x 295

половина страница 110 x 295 220 x 147

третина страница 73 x 295 220 x 98

четвртина страница 110 x 147 220 x 74

За изработка на рекламата во нашето студио, со доставен материјал се наплатува 20% повеќе од цената на рекламирањето

Списанието излегува последната недела од месецот, со тираж од 6.000 примероци на 80 страни во полн колор, со подарок - мултимедиално DVD.

Ц Е Н О В Н И К

З А

Р Е К Л А М Е Н

П Р О С ТО Р

В О

Е М И С И Ј АТА

40 € / секунда 500 € / неделно 1000 € / неделно

Емитување на рекламен спот Поп-ап во траење од 20 секунди Емаркет презентација во траење до 45 секунди Емисијата се емитува премиерно секоја сабота во 17:45 ч. на Канал 5 телевизија Во цените не е пресметан ДДВ.

ценовник #6, важност од 01.09.2010

www.enter.net.mk | marketing@division.mk | тел/факс: 02 511 99 77


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.