ЗБОР-ДВА ОД УРЕДНИКОТ 02/511 99 77 Главен и одговорен уредник Горан Ѓорѓевиќ Уредник Ивица Анѓелески - ia@division.mk Маркетинг Катерина Тотовска - kt@division.mk marketing@division.mk Графички уредник Дарко Ќурчиевски - dw@division.mk Лектор Верица Неделкоска Редакција и соработници Дејан Зафировски - dz@division.mk Глигор Постоловски Гоце Спасовски Кирил Кироски Христијан Мирчески Жарко Петровски Елена Спасевска Мартин Јованчевски Милан Крстевски Драгана Миладиновиќ Бобан Ристевски Списанието кое сите го разбирате излегува секој месец во текот на целата учебна година
Постојани соработници
контакт: enter@division.mk www.enter.net.mk Печати Друштво за печатење на весници печатница „Мисирков“ ДОО Скопје Издава
Директор Горан Ѓорѓевиќ Дивисион ДООЕЛ Миладин Поповиќ бр. 13, 1000 Скопје тел/факс: 02/511 99 77 Жиро сметка: 300000002892091 Комерцијална банка АД, Скопје Даночен број: МК 4032009500689 Дистрибуција: ПЛУС ПРОДУКЦИЈА Тел: 02/2580020
Ноември. Месецот кога сите се подготвуваме за зимската „хибернација“. Не велам дека комплетно запираме со сите обврски, но мразот што го гледаме низ прозорецот има огромно влијание врз нас, луѓето, па така многумина се припиваат во удобните фотелји и си бараат занимации со коишто ќе го минуваат слободното време. Во овој век компјутерот е првата алатка која асоцира на занимација. А што може да биде занимација на компјутер? Интернет и игри. Времето што корисниците го поминуваат пред овие мали „машинчиња“ драстично се зголемува, па многумина се во потрага по ново милениче. Затоа, ние се обидовме да им помогнеме на сите оние кои се во потрага по нов компјутер со тоа што ќе им укажеме на деталите на кои треба да внимаваат. Токму тоа е и темата на бројот: лаптоп или десктоп? Кои се предностите на едниот во однос на другиот и како да бидете сигурни што точно ви треба. Водич кој со сигурност ќе им помогне на корисниците при изборот на компјутер. Напредните корисници навидум ќе кажат дека тоа се работи кои горе-долу ги знаат, но во целост, ретки се оние што посветуваат внимание на сите детали, кои во овој број на „Ентер“ се собрани на едно место. Изминатиот месец беше исполнет со неколку настани. Меѓу нив беше и „Визија“, конференција која секој октомври ги обединува компјутерџиите на едно место. „Ентер“ присуствуваше и известуваше за она што Визија го понуди на посетителите. На конференцијата ја запознавме Паула Јанушкјевич. По нејзиното излагање, веднаш знаевме со кого ќе го направиме интервјуто за овој број. Ни потенцираше колку е важно податоците да се чуваат енкриптирани и колку луѓето ја потценуваат вредноста на својата компанија со користењето несигурни и непроверени софтвери за безбедност. Да бидеме реални. Колку од нас енкриптираат податоци и користат легален софтвер? Секој од нас во некој момент изгубил мемориски стик или картичка со битни податоци и тогаш сфаќа какви последици може да има кражбата на тие податоци. Паула се обиде да ни ги објасни токму тие работи. Во делот за интернет продолжуваме со мини-серијалот за интернет-купување, додека на страниците за софтвер ќе може да прочитатe за последните изданија на системската алатка System Mechanic 10 и Windows Live Essentials 2011. Не можевме да го одминеме исфрлањето во употреба на најновиот антивирусен софтвер, Kaspersky 2011. Тука се и страниците со хардвер во кои може да прочитате рецензии за преносни компјутери, глувче и телевизор. Како некое непишано правило, претставуваме уреди кои имаат одлични перформанси или, пак, се нудат за прилично ниска цена. Така, ласерското глувче од Logitech е претставник на една софистицирана генерација на хај-енд ласерски глувчиња, додека телевизорот Quart е од групата евтини телевизори со задоволителни перформанси, уред кој потполно ќе ги задоволи вашите барања. И во овој број нема да ги занемариме зависниците од игри. Ви звучи примамливо насловот Fifa 11 vs Pro Evolution Soccer2011? Кралевите на фудбалските симулации гради в гради со сите свои предности и недостатоци. Направивме комплетна споредба и по неколку одиграни меча на едната и другата игра, веќе имавме свој фаворит. Кој? Прочитајте самите. Гејминг-делот не завршува со овие две игри. Тука се и Civilization V, Dead Rising 2, Enslaved и Two Worlds 2. Игри кои ќе ви го пополнат времето поминато дома во овие сиви и депресивни денови. „Ентер“ сè уште не го печатиме во 3Д, но како што ги следам технологиите, прашање на време е кога списанијата ќе почне да се печатат во ваков формат. Дотогаш, ќе ви додаваме „инфузија“ од информации како и во овој број. Ако до вчера поимот „3Д“ беше поврзуван со телевизор и црвено-сини очила, од утре најверојатно ќе ги нема очилата. Прочитајте за оваа технологија во делот PRO, како и за објаснувањето на поимот „сервер“ и за програмирањето во Action Script. За крај, ви посакувам пријатно дружење со „Ентер“ и ви закажувам повторна средба за еден месец. Ивица Анѓелески
ТЕМА НА БРОЈОТ 18
ЛАПТОП ИЛИ ДЕСКТОП? КОЈ Е ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР? Ќе ви помогнеме да го направите вистинскиот избор при купување на компјутер. Поделбата нема да ја направиме само на десктоп и лаптоп компјутери, туку ќе навлеземе и многу подлабоко во секое разгранување на овие два поима...
> ВЕСТИ 8
> СОФТВЕР
32 Microsoft Office: Mac 2011
- Samsung GT-P1010. Galaxy Tab без 3G - Sony Ericsson PlayStation телефон
Пакетот Microsoft Office веќе со години е неприкосновен крал на office апликациите на Windows.
- BlackBerry Bold 9780 – официјално
> НАСТАНИ
33 Механички брзо, ефикасно и професионално
10 Microsoft Визија 8 Уште една визија за иднината 8.0
Заштедете време и нерви доколку имате проблеми со вашиот компјутер! Истото важи и за оние кои секојдневно инсталираат апликации...
На 13 и 14 октомври се одржа осмата по ред „Microsoft визија“, најголемата технолошка конференција во Македонија.
34 Добре дојдовте во „зелената“ зона
> ИНТЕРВЈУ СО... 12 Паула Јанушкјевич (Paula Januszkiewicz)
Производите на Kaspersky Lab отсекогаш биле некаде на врвот, според своите задоволни корисници.
> ХАРДВЕР
22 Уметничко лизгање на стакло
Logitech Anywhere Mouse MX е ласерско глувче со најновата Darkfield ласерска технологија на Logitech.
23 Вистинско богатство кое треба да го имате
> ИНТЕРНЕТ
Под едноставниот екстериер на Acer Aspire 5741-6823 се крие брз и експедитивен систем базиран на Intel Core i5. 500 GB хард-диск, 4GB DDR3 меморија и 15.6” HD LED дисплеј.
14 Веб-селектор www.sparknotes.com www.gutenberg.org/wiki/Main_Page www.triond.com
24 LED телевизор за секого
15 „Дигитален шопинг“ за гејмери
25 Паметен лаптоп за паметен избор
Во вториот текст за легално, но дигитално купување, преземање и играње игри, решивме малку да го прошириме она што го започнавме во претходниот број.
16 Aвтоматскa доставa до вашиот компјутер
Од темата што ја одбравме за овој број ќе имаат корист и блогерите и останатите корисници кои имаат потреба од едно место да ги читаат сите идни текстови на омилените блогови/сајтови. Ќе објасниме што значи фамозната наставка RSS и ќе претставиме една интересна програма и еден веб-сајт.
vs
Quart LD23 е 23-инчен Full HD телевизор со два HDMI приклучоци, USB приклучок, супертенок дизајн и одлична цена.
35 И облаците не се многу далеку Windows Live Essentials 2011
> МОБИЛНИ
45 Прва генерација на Win7 уреди HTC (HD 7, Trophy, Mozart, Pro) Dell Venue, Samsung (Omnia, Focus), LG Optimus
46 Најдоброто од Nokia
Одамна најавуваното„чудо“ од Nokia, наречено N8, конечно се појави на пазарот и тоа во делот каде што има опасно добра конкуренција. Дали N8 е достоен противник на конкуренцијата или, пак, е обратно?
ASUS U30Jc e најновиот 13-инчен преносен компјутер на ASUS кој ја нуди технологијата NVIDIA Optimus.
26 Доме, сладок доме!
LG DP1B Home Theater Multimedia Player
28 Допирот е семоќен Acer T231Hbmid
30 Иднината е во деталите Apple A4 Processor
48 За младите и оние кои се чувствуваат така
Zylo e типичен претставник на Walkman-серијата на телефони од Sony Ericsson.
НАСТАНИ Microsoft Визија 8
На 13 и 14 октомври се одржа осмата по ред „Microsoft визија“, најголемата технолошка конференција во Македонија, која ги обединува програмерите, ИТ професионалците и менаџерите на едно место – хотелот „Александар Палас“.
Уште една визија за иднината 8.0 добиете на вашиот екран. Така неодамна беше прикажана играта World of Warcraft на iPad, кој нема перформанси да ја стартува, но со помош на „облакот“ таа беше процесирана на друго место и со stream можеше да се игра на овој уред. Во секоја компанија треба да се одлучи кои сервиси треба да се мигрираат на облакот, а што да остане во кругот на компаниската мрежа. Доколку ја пропуштивте оваа „Визија“, се надеваме дека следната година ќе присуствувате, затоа што тоа е настан кој не смее да се пропушти. Ивица Анѓелески Како и секогаш досега, екипата на „Ентер“ ја следеше оваа конференција на која присуствуваа еминентни домашни и странски предавачи. Беа претставени нови производи, технологии, како и долгорочните стратегии на Microsoft, а беа разменети мислења и знаење. Конференцијата ја отвори директорот на „Microsoft Македонија“, господинот Илијанчо Гаговски, со објава на програмата BizSpark, која служи за помош и поддршка на нови ИТ компании. Во ова излагање учество зедоа и г. Радмил Поленаковиќ, професор на Машинскиот факултет во Скопје, кој е прв мрежен партнер за спроведување на оваа програма, и г.Радован Антиќ, директор на првата македонска компанија која ги искористи поволностите на оваа
10
www.enter.net.mk
програма. Подоцна, амбасадорот на Соединетите Американски Држави, господинот Филип Рикер, ја истакна важноста на иновациите и употребата на новите технологии во малите бизниси, со што би се зголемил бројот на работни места, не само во Македонија, туку и на глобално ниво. Тој истакна дека се надева дека со помош на поддршката од САД за иновацискиот центар на Македонија ќе помогне во внесувањето на нови идеи во малите и средни претпријатија во нашата држава. На конференцијата, исто така, беше промовиран и проектот за електронски индекс и електронско менаџирање на студиите на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. За ова говореше ректорот на
универзитетот, господинот Саша Митрев, кој истакна дека ова е многу значаен проект и дека студентите имаат големи придобивки од него. Мора да се напомене дека овој проект е прв во светот во којшто е употребена картичка на база на Microsoft-платформа и дека проектот треба да биде пример за оние кои во иднина планираат примена на ваков систем. На „Визија“ учествуваа реномирани предавачи и експерти на Microsoft, како Дамир Диздаревиќ, Дејан Форо, Паула Јанушкјевич, Томислав Бронзин, Александар Талев, Ненад Трајковски, Серџ Лука и многу многу други. Голем дел од проектите и самата конференција ја поддржаа неколку познати македонски компании како „Сивус“, брендот „Т“, „Анхоч“, „Интек системи“, „Гемалто“, „Логин системи“, „Канон“ и други. Настанот беше посветен на „cloud“ компјутингот кој станува сè поприсутен во интернетот како технологија која е во голем подем и има големи можности. За „облакот“ зборуваше Димитар Грозданов од „Мајкрософт Македонија“ и објасни како сервисите што ги користиме се процесуираат на интернет, а не на компјутерот на корисникот, како што беше досега. Наједноставно, „cloud“ компјутингот може да се објасни како извршување на операциите на различно место од вашиот компјутер, а со помош на глобалната мрежа резултатот да го
„Дигитален шопинг“ за гејмери Во вториот текст за легално, но дигитално купување, преземање и играње игри, решивме малку да го прошириме она што го започнавме во претходниот број. Имено, ја допревме површината на главните предности и недостатоци, а овојпат ќе отидеме малку подлабокo и ќе наведеме неколку алтернативни продавници на гигантите Steam, Direct2Drive и GamersGate, како и сајтови чија цел е да ги прикажат сите зделки на едно место. Моќта на изборот Трите гореспоменати сајтови се одлични во поглед на попусти и поддршка. Постојат уште неколку продавници, како тие во табелата 1, но сите нови игри од овие дигитални системи за дистрибуција многу ретко се со попусти поголеми од 10 отсто. Доколку сакате да купите нова игра со попусти еднакви или поголеми од 50 отсто, потребно е да посетите продавница за клучеви кои се активираат во Steam, EA Manager или некој друг клиент. Дел од таквите сајтови се претставени во табелата 2. Меѓутоа, зад продавници за клучеви обично стојат индивидуални лица кои купуваат игри по една цена, а ви ги препродаваат по друга. Иако
Зделки за преземање трите наведени се сигурни, постојат сајтови кои во одредени ситуации можат да побараат ваш скениран пасош или слична легитимација. Исто така, секогаш бидете сигурни дека клучот кој го купувате може да се активира во некој од саканите клиенти. Од наведените продавници за клучеви, најмногу корисници се задоволни од keys4.me, додека најмалку од G2Play. Но, од каде го знаеме сево ова? Во ловот на најдобрите зделки ни помогнаа непроценливи интернет-сајтови, односно нашата следна стратегија во обидот да ве асимилираме да купувате легални игри.
Во табелата 3 се наоѓаат вебсајтови чија цел е благовремено да ве известат за сите дигитални зделки кои се појавуваат во дигиталните продавници и системи за дистрибуција. Steam Unpowered се има појавено поради непопуларната политика на Steam да продава игри без да ја балансира промената во валути (на пример, една игра во Америка се продава за 5 долари, а во Македонија за 5 евра, што според повеќето, не е во ред, 1€ ≠ 1$) На овој сајт ќе ги најдете сите продавници што ги наведовме, но и многу други, заедно со форум кој содржи бројни совети, предупредувања или, пак, воени препирања помеѓу корисниците и продавниците на клучеви. Еднаш неделно, обично во петок, сајтот ги прикажува најдобрите зделки за викендот и/или неделата. Вториот и, според нас, најопфатен и најпрегледен сајт е Deals4Downloads. Овој веб-сајт молскавично брзо ги поставува сите зделки во моментот кога ќе се појават во продавниците, независно дали директно на веб-сајтот, преку Facebook или Twitter. Ако се појави некоја зделка, ова е веб-сајтот каде што зделката ќе биде поставена, во соодветна категорија, која зависи од попустот, заедно со детален опис за играта, метакритичка оценка и линк од каде што може да се купи. Како и Steam Unpowered, Deals4Down-
loads постојано ги освежува своите листи, не само за најдобрите зделки во (текот на) неделата, туку и листи со бесплатни игри, статистички податоци и најразлични текстови поврзани со дигиталното купување и преземање.
Што понатаму? Визите в раце и нека започне ловот! :) Како што споменавме во претходниот број, постои огромна предност во легалните игри, задоволство кое не може да се искуси со пиратеријата, особено доколку сте страстен гејмер. За жал, постојат и одредени недостатоци кои ги загрижуваат играчите. Тие недостатоци, заедно со детални примери и објаснувања, ќе бидат нашата цел во следниот и последниот текст од овој минисеријал. Мартин Јованчевски Останати продавници и дигитални системи за дистрибуција Impulse - http://impulsedriven.com/ Games Planet - http://uk.gamesplanet.com/ Get Games - http://www.getgamesgo.com/
Продавници за клучеви Keys4.me - http://www.keys4.me/ G2Play - http://www.g2play.net/ GameKeyDistrict http://www.gamekeydistrict.com/
Веб-сајтови за зделки Steam Unpowered -http://steamunpowered.eu/ Deals4Downloads http://www.deals4downloads.com/ Cheap Ass Gamer http://www.cheapassgamer.com/ Savy Gamer - http://savygamer.co.uk/ www.enter.net.mk
15
ТЕМА НА БРОЈОТ
Направете го вистинскиот избор при набавка на PC
Лаптоп или десктоп? Кој е вистинскиот избор? Ќе ви помогнеме да го направите вистинскиот избор при купување на компјутер. Поделбата нема да ја направиме само на десктоп и лаптоп компјутери, туку ќе навлеземе и многу подлабоко во секое разгранување на овие два поима. Прочитајте и дознајте што, всушност, ви треба!
vs
Првото и најважно прашање што треба да си го поставите пред купувањето на нов компјутер е „За што ќе го користам?“ Ако вам ви треба компјутер за основно користење како интернет, музика, филмови и канцелариска работа, тогаш не ви треба хај-енд машина. На графичарот му треба поголем монитор, на гејмерот – графика и звук. За да ја добиете совршената машина за вас, потрошете ги вашите
18
www.enter.net.mk
пари на компоненти кои најдобро ги исполнуваат вашите потреби. Има многу добри причини да се набави лаптоп, но исто толку добри и за набавка на десктоп-конфигурација. Прашањата што се поставуваат при купување на лаптоп се: Дали патувате многу? Дали имате ограничен простор на работното биро? Дали сакате компјутерот да го користите во различни соби од
домот? Дали ви треба компјутер кога сте надвор од домот? Ако на две или повеќе од овие прашања одговоривте потврдно, тогаш изборот треба да биде лаптоп. Од друга страна, за набавка на десктоп-компјутер се поставуваат следните прашања: Дали сте гејмер? Дали ви треба голем монитор?
Дали имате голема потреба од перформанси? Ако имате повеќе потврдни одговори на овие прашања, тогаш ќе сфатите дека лаптопот не е секогаш одговор за сите побарувања. Овој тип на PC има неколку недостатоци како неможноста за надградба, сервисот и цената. Следуваат неколку фактори кои треба да се земат предвид при изборот на нов компјутер.
Цена Секогаш треба да имате предвид дека за лаптоп ќе платите повеќе отколку за десктоп-компјутер. Прашањето е: „Колку можам да си дозволам да потрошам?“ Кога веќе сте ја поставиле максималната сума што ќе ја потрошите, искуството ни кажува дека не треба да брзате и да ја набавите првата добра понуда. Цените секогаш се предмет на измена и добро би било секојдневно
цена е повисока од плочите со LGA775 и на таа сметка набавите послаб процесор и помалку системска меморија, би имале за нијанса послаби перформанси од моќен LGA775 процесор и големо количество системска меморија. За една година, кога ќе посакате да ја заиграте најновата игра и да го надградите вашиот компјутер, ќе ја почувствувате разликата и ќе увидите дека сè уште имате актуелна конфигурација која со мала инвестиција гордо ќе се носи со конфигурациите од тоа време. Ова правило треба да се применува кај десктоп и лаптоп компјутерите.
Куќиште – форма Лаптопот не е секогаш решение за одлична мобилност на компјутерот. Постојат „сè во едно“
да ги следите промените на цените во фирмите кои нудат компјутери, а септемвриските, новогодишните и летните попусти секогаш треба да се почекаат (доколку ви дозволува времето). Дали поседувате компјутер? Дали во иднина би го користеле или би го „пензионирале“ кога ќе дојде времето на новиот? Има многу компоненти кои му пркосат на времето и се „евергрин“ како: куќиштето, DVD снимачот, тастатурата и глувчето. Овие делови значително може да го променат изборот на компонентите доколку купувате десктоп-компјутер и на нивна сметка може да земете делови со подобри перформанси.
Технологии Без разлика кој е вашиот профил на купувач (канцелариски, напреден, гејмер), секогаш имајте на ум дека новата технологија значи подолго користење на компјутерот. Зошто нови технологии? Со технолошкиот развој се појавуваат нови приклучоци и лежишта за компонентите кои ги исфрлаат од употреба старите. Ако набавите матична плоча со лежиште за процесор LGA1156 и DDR3 системска меморија, чија
според намената и според времето што ќе го поминуваме пред него. Без разлика дали компјутерот го користите за бизнис-дејности и работите со голем број апликации истовремено (мултитаскинг) или го користите за интернет и музика, во никој случај не размислувајте за 17-инчен монитор. Мониторот е уред кој има долг работен век и во текот на неговата експлоатација може да смените две или три конфигурации, а тој сè уште верно да ве служи. Наша препорака е да набавите монитор од 20 или повеќе инчи. Не сакаме да звучиме мегаломански, туку тоа го кажува нашето искуство. Сите оние кои користеле екрани со помали димензии и се префрлиле на голем екран ја почувствувале „преродбата“. ТВ-тјунерот е дополнителен уред кој може да се најде во мониторот и може да биде многу корисен доколку во работната соба немате телевизор. Резолуцијата на голем дел од мониторите во денешницата
е во Full HD и препорачуваме вашиот избор да биде токму тој. Во табелата може да погледнете неколку монитори кои се продаваат на нашиот пазар и кои би можеле да се најдат на вашето биро.
куќишта со монитор кои за да функционираат, им треба само електричен приклучок. Исто така, постојат и портабл-компјутери со минијатурни димензии кои се многу помали и од лаптоп-компјутерот и може да се користат во домот и на работното место. Разликата помеѓу овие уреди и лаптопот е потребата од електрична енергија, а лаптопот може да функционира и на батерии. Единственото нешто што треба да го знаете е дека помало куќиште = помала можност за надградување.
Монитор Ако вашиот избор е десктоп или мини-десктоп компјутер тогаш мониторот е многу битен фактор кој треба да се земе предвид, како и неговата цена. Големината на мониторот треба да се избере Модели на Full HD монитори
Дијагонала
Контраст
Бои
Осветлување DVI
HDMI
Звучници
ТВ-тјунер
Цена
Samsung 2243 SN
21,5 инчи
15.000:1
16,7 M
300 cd/m²
не
не
не
не
7.980 ден.
BENQ T2210
21,5 инчи
10.000:1
16,7 M
300 cd/m²
да
не
да
не
8.280 ден.
HYUNDAI N240WDS
24 инчи
2.000:1
16,7 M
400 cd/m²
да
не
да
не
8.800 ден.
Philips 221 T1SB
22 инчи
50.000:1
16,7 M
250 cd/m²
не
да
да
да
13.990 ден.
ACER H223HQAbmid
21,5 инчи
20.000:1
16,7 M
300 cd/m²
да
да
да
не
9.765 ден.
Benq G2420HDB
24 инчи
40.000:1
16,7 M
300 cd/m²
да
не
не
не
10.280 ден.
www.enter.net.mk
19
ХАРДВЕР
Logitech Anywhere Mouse MX Logitech Anywhere Mouse MX е ласерско глувче со најновата Darkfield ласерска технологија на Logitech. Со него добивате брза и прецизна контрола на курсорот работејќи на каква било подлога, па дури и на стакло, каде што останатите ласерски глувчиња отпаѓаат од конкуренцијата.
Уметничко лизгање на стакло 22
www.enter.net.mk
Како одговор на новата BlueTrack ласерска технологија на Microsoft, која гарантира одлична работа на каква било подлога, освен на стакло, Logitech излегоа со новата Darkfield ласерска технологија. Компјутерското глувче Logitech Anywhere MX ја поседува токму таа технологија. Покрај гаранцијата дека може да работи на каква било подлога, импресионира фактот дека тоа работи и на стакло, исто како и на сите останати работни подлоги. Технологијата Darkfield работи на принцип што ја блокира светлината која се прима во централниот дел, за сметка на тоа што ја прима под одреден агол странично. На ваков начин е овозможено полесно да се детектираат абнормалностите на подлогата. Овозможува и голема точност, прецизност и брзина при работењето, а воедно и непрекината работа на подлога со прашина, гребаници и други абнормалности. Бидејќи е дизајнирано првенствено да се користи со преносен компјутер, глувчето Logitech Anywhere нема масивен дизајн, а за него Logitech во пакувањето обезбедил и соодветна футрола. Неговиот дизајн се одликува со комфорност и ергономија, така што добро лежи на секоја дланка. Темното тело, кое е изработено од пластика и гума, го прави уште покомфорно и атрактивно. Logitech Anywhere Mouse MX доаѓа во комбинација со мал USB безжичен приемник кој работи на 2,4 GHz фреквенција и ќе ви даде можност да го оставите на некоја од USB-портите од преносниот компјутер, без да имате потреба секој пат да го исклучувате. Ги поседува стандардните лев и десен клик, плус дополнителен клик за напред и дополнителен клик за назад. Поседува и стандардно скрол-тркалце кое дополнително може да се движи налево и надесно, а поставено е и копче Windows кое, кога ќе го притиснете, ќе ви ги прикаже сите отворени прозорци во флип 3Д дизајн. При користењето на глувчето не се појави никаква грешка. Logitech Anywhere Mouse MX одлично функционираше на сите подлоги на коишто го тестиравме, па дури и на стакло. Единствено треба да напоменеме дека стаклото треба да има минимална дебелина од 4 mm за да се овозможи нормално функционирање. Покрај тоа, возможни се и многу дополнителни практични карактеристики. На пример, и покрај тоа што глувчето стандардно работи на две AA батерии, тоа сепак може да работи и со една – одлична опција ако некогаш се најдете во незгодна ситуација. Дополнително, ако го притиснете scroll-тркалцето, се преминува во хипербрз режим на работа, па ова е практично при листање на долги документи. Притиснете го повторно scrollтркалцето и ќе се вратите во нормален режим на работа. Logitech Anywhere Mouse MX во моментов претставува врвен производ и нема многу голема конкуренција, освен можеби Microsoft Wireless Mobile Mouse 4000, но сепак со него немате поддршка за работа на стаклена површина. Сите карактеристики на овој уред се завидни и за пофалба, но сумата што ќе треба да ја одвоите за него е околу 3.500 денари. Според нас, за оваа цена би требало да се вгради Bluetooth конективност наместо 2,4 GHz конекција. Секако, ако може да си дозволите ваков луксуз, уште веднаш треба да се најде на вашата „mouse must have“ листа. Позајмено од „Анхоч“. Драгана Миладиновиќ
Acer Aspire 5741-6823
ВИСТИНСКО БОГАТСТВО Под едноставниот екстериер на Acer Aspire 57416823 се крие брз и експедитивен систем базиран на Intel Core i5. 500 GB хард-диск, 4GB DDR3 меморија и 15.6” HD LED дисплеј, ова треба да биде одличен предизвик да прочитате нешто повеќе за него.
КОЕ ТРЕБА ДА ГО ИМАТЕ
Acer Aspire 5741-6823 Монитор: 15.6” HD LED LCD Процесор: Intel Core i5-450M 2.26GHz Меморија: 4GB DDR3 Хард-диск: 500 GB Графичка картичка: Intel HD Graphics
Безжично поврзување: 802.11 b/g/n Линијата Аcer Aspire 5741 е претставена преку низа од повеќе преносни компјутери кои во основа базираат на исти клучни елементи. Овојпат ви го претставуваме моделот Acer Aspire 5741-6823 кој е совршен за оние што сакаат солиден лаптоп со кој ќе може да изведат скоро секаква задача, со исклучок на посериозните игри. Станува збор за 15,6-инчен лаптоп чија основа е процесор Intel Core i5-430M со работен такт од 2,26 GHz. Поседува SATA хард-диск со капацитет од 500 GB со 5400 rpm (вртежи во минута), 4 GB DDR3 RAM меморија и Intel HD интегрирана графичка картичка која може да користи максимални 1755 MB од системската меморија. Дисплејот е со LED заднинско осветлување, а неговата природна резолуција е HD Ready (1366 x 768). Производителот се потрудил да
долови такво чувство како да сте на кино додека гледате во него. Според нас, екранот е сепак стандарден и не отстапува од конкурентите од оваа класа. Компонентите се сместени во пластично куќиште без некои особени подобрувања во дизајнот. Она што е достапно за поврзување се VGA, LAN, HDMI, 1 x USB и аудиопорти од левата страна, Kensington lock, оптички уред и две USB порти од десната страна и читач на картички од предната страна. Во куќиштето е сместена целосна QWERTY тастатура и нумеричка подлога со chiclet дизајн којшто е препознатлив за Acer. Тастатурата е конструирана така што има 2 мм простор помеѓу копчињата, па сметаме дека е многу комфорна за користење, но е потребно малку време додека да се навикнете на неа. Сметаме дека е направено
подобрување во однос на подлогата за глувче која сега е мултинаменска, па со лесни потези со два прста може да правите зумирање и одзумирање (начин кој е карактеристичен за iPhone), а и лесно ќе скролувате низ документите, единствено што е со малку помали димензии од стандардните. Сигурно досега се запрашавте и за цената. Кога станува збор за овој уред, таа е некаде над просекот. Секако, конфигурацијата донекаде го оправдува тоа, но мора да напоменеме дека системот фабрички доаѓа со инсталиран Windows 7 Home Premium лиценциран оперативен систем, што во потполност ја оправдува цената. Системот го тестираме со Еverest Ultimate Edition 4.20 и ги добивме следните резултати: брзина на читање од меморијата 7342 MB/s, брзина на запишување
во меморијата 7438 MB/s, брзина на копирање од меморијата 8634MB/s и доцнење на меморијата од 87,2 ns. Батеријата што доаѓа во пакет Acer 5741 e 6-ќелиска литиум-јонска и со неа ќе може континуирано да работите до максимални четири часа со едно полнење, што е одличен плус. Заклучокот би бил дека за цената, Acer Aspire 5741-6823 e мало богатство што треба да го поседувате. Добивате брз процесор, добра поддршка од останатите компоненти и ќе ви овозможи одлична брзина при извршување на различни задачи. Голем плус е и лиценцираниот Windows 7 Home Premium оперативен систем кој е вклучен во цената. Позајмено од „Анхоч“. Драгана Миладиновиќ www.enter.net.mk
23
ХАРДВЕР
AMC Quart LED TV LD23
LED телевизор за секого
Quart LD23 е 23-инчен Full HD телевизор со два HDMI приклучоци, USB приклучок, супертенок дизајн и одлична цена. Веруваме дека оваа реченица доволно ве заинтересира, па затоа прочитајте нешто повеќе за овој LED телевизор. Кога сме во потрага по нов телевизор, секогаш го бараме најдоброто во класата што им соодветствува на нашите потреби – да биде што подобро „поткован“ од технички аспект, да поседува квалитетен панел, да има убав дизајн и уште низа други работи. Но, кога веќе бараме сè да биде нај-нај, тогаш и цената знае да биде малку повисока. Овој пат решивме да ви го презентираме најновиот модел на LED телевизор од производителот Quart, кој во последно време знае да изненади со солиден квалитет на производите и многу конкурентна цена. Quart LED TV LD23 не би го сместиле во високата класа, но секако спаѓа меѓу оние кои навистина има што да понудат за цената, па дури и повеќе од тоа. Quart LD23 има 23-инчен екран сo LED заднинско осветлување, висок динамички контраст, времето на
24
www.enter.net.mk
одѕив на панелот е 5ms и има FULL HD 1920 x 1080p резолуција. Од можностите за приклучување, кај Quart LED TV LD23 достапни се два HDMI, еден S-Video, еден SCART и еден VGA приклучок. Освен стандардните, има и USB приклучок, кој има практична намена. Имено, со приклучување на каков било USB стик на приклучокот, откако во менито ќе одберете за влез да ја користи таа порта, ќе може да ги исчитате сите фотографии од стикот, да ги гледате во слајд-шоу на екранот, а освен тоа, имате можност и да ги вчитате mp3 фајловите и да слушате музика од вашиот USB стик директно на телевизорот. Бидејќи дизајнот на телевизорот е со елегантна пијано-црна завршница и воедно е навистина тенок, само 1,5 cm, кога не го користите активно, може одлично да ви послужи и како рамка за слика. Ставете неколку
квалитетни фотографии на USB стик, поврзете го USB стикот на телевизорот и претворете го Quart LD23 во уметничка слика. Освен како телевизор, користете го паралелно и како монитор за вашата десктопконфигурација. Искористете ја неговата VGA порта и заштедете простор. Додека го тестиравме, го користевме и како телевизор и како монитор. Квалитетот на сликата што ја покажа беше на задоволително ниво. Резолуцијата на екранот е потполно веродостојна во HD резолуција, но панелот на екранот не ни покажа висок контраст и забележавме дека има помала острина на боите. Но, ако добро ги нагодите поставувањата во менито, ќе добиете задоволителен квалитет на приказот. Quart LD23 поддржува и VESA 200x200 стандард за монтирање на ѕид, па ако сакате да го закачите, дополнително
обезбедете си соодветен држач за него. Ако на сето ова додадеме дека е достапен по цена од 12.990 денари и дека има фабричка гаранција од две години, тогаш Quart LED TV LD23 е навистина најдобрата понуда во овој момент. Доколку посериозно се заинтересиравте за Quart LD23, побрзајте во салоните на „АМЦ“, затоа што побарувачката за овој LED телевизор е навистина голема. Драгана Миладиновиќ Quart LED TV LD23 Резолуција: FullHD 1920x1080 Дијагонала: 23 инчи Време на одѕив: 5ms Приклучоци: HDMI, S-Video, Scart, VGA, USB Репродукција: mp3, Video, jpeg, bmp
Цена: 12.990 ден.
Asus U30Jc Меѓу клучните карактеристики кои би го издвоиле овој преносен компјутер од неговите конкуренти, секако, е технологијата NVIDIA Optimus, која ќе ви го овозможи најдоброто согласно вашите потреби. Ќе можете наизменично да користите две графички картички и тоа NVIDIA GeForce 310M со 512MB GDDR3 RAM и интегрирана Intel GMA HD графичка картичка. На овој начин е овозможено да се направи голема
Паметен лаптоп за паметен избор
ASUS U30Jc e најновиот 13-инчен преносен компјутер на ASUS кој ја нуди технологијата NVIDIA Optimus. Освен тоа, може да се пофали со Intel Core i3-370M процесор, NVIDIA GeForce 310M графичка картичка и 3GB DDR3 RAM меморија. Сè на сè, преносен компјутер за кој вреди да одделите малку време и да прочитате нешто повеќе. заштеда во однос на потрошувачката на батеријата, поради фактот што потрошувачката на двете графички картички е многу различна, а воедно се прави и оптимално користење на ресурсите. Под ова се подразбира да не се користи залудно една графичка картичка со завидни перформанси при пишување на обичен текстдокумент или гледање на филм, па за тие моменти е обезбедена интегрирана графичка картичка, но затоа пак за какви било напредни потреби, тука е нејзината замена која би требало да стапи на сцена. Она што го прави посебен овој преносен компјутер се и соодветните димензии за навистина да може да се нарече преносен, но сепак моќен. Поседува 13,3” WXGA екран со LED заднинско осветлување, 16:9 формат и природна HD Ready резолуција (1366 x 768). Процесорот кој го придвижува системот е од новата Core i3 генерација на Intel процесори, поточно Intel Core i3370М со работен такт од 2,4 GHz. ASUS U30Jc поседува 3GB DDR3 RAM меморија и 320 GB хард-диск со 5400 rpm (вртежи во минута). Освен одличната конфигурација, вниманието го привлекува и алуминиумската завршница на куќиштето која е отпорна на гребаници. За удобност при работата е вградена голема Chiclet-тастатура и перфектно осмислена подлога за глувче, којашто одговара и за поголеми дланки. Подлогата за глувче е ELAN модел кој нуди ограничен број на мултитач можности. Во куќиштето се вградени Altec Lansing звучници, чија положба е малку незгодна бидејќи се наоѓаат на долниот дел, што резултира со помалку квалитетен звук ако лаптопот е поставен на нерамна или мека површина. Во таков случај ви предлагаме да користите слушалки. Од можностите за поврзување,
ASUS U30Jc од левата страна поседува Kensington lock слот, VGA, HDMI, 2 x USB и аудиоприклучоци. Од десната страна е оптичкиот уред, 1 x USB, LAN и приклучок за напојување. Од задната страна е батеријата, а од предната страна се диодите за активност и SDHC слотот за картичка. ASUS U30Jc доаѓа без инсталиран оперативен систем. За да го тестираме, инсталиравме Windows 7 Home Premium и притоа го користевме Everest Ultimate Edition 4.20. Брзините на читање од меморијата, запишување во меморијата, копирање од меморијата и доцнење на меморија се 7797 MB/s, 7764 MB/s, 8464 MB/s и 79,6 ns, соодветно. Поради тоа што мобилноста е најважна карактеристика на преносните компјутери, ASUS се погрижиле да обезбедат 6-ќелиска батерија која со оптимално користење со едно полнење ќе ви овозможи до осум часа непрекинато работење. ASUS U30Jc, освен од технички аспект, конкурентен е и со цената. Преносните компјутери од оваа класа вообичаено се наменети за посериозни корисници, па така и изработката е над просекот, што нормално ја покачува и цената. ASUS U30Jc е добар пример за компромис меѓу цената и техничките перформанси. Позајмено од „АМЦ“. Драгана Миладиновиќ ASUS U30Jc Монитор: 13.3” WXGA LED 1366x768 Процесор: Intel Core i3-370M 2.4GHz Меморија: 3GB DDR3 Хард-диск: 320 GB, 5400 rpm Графичка картичка: nVIDIA GeForce 310M 512MB GDDR3 / Intel GMA HD (nVIDIA Optimus поддршка)
Безжично поврзување: Wireless 802.11 b/g/n + BT www.enter.net.mk
25
System Mechanic Professional 10
Механички брзо, ефикасно и професионално Заштедете време и нерви доколку имате проблеми со вашиот компјутер! Истото важи и за оние кои секојдневно инсталираат апликации, ги тестираат (меѓу кои сме и ние), но и за професионалните корисници кои знаат што сакаат од својот компјутер. Сигурно погодувате, нели? Новата, јубилејна, десетта верзија од System Mechanic Professional 10 нуди досега невидени функции, како што се Program Accelerator, CRUDD Remover и импресивната можност за лиценцирање на сите домашни (во мрежа) компјутери без никакви ограничувања (со само една лиценца). Овие, а и уште многу подобрени функции, чекаат на вас. И да не заборавиме, додека го читате текстов, „прочепкајте“ ja оваа апликација која ќе ја најдете во Ентер DVD 51.
Ако досега сте имале инсталирано System Mechanic сигурно веќе го знаете неговиот интерфејс. Оваа верзија не се разликува премногу од претходните, освен што се додадени новите опции и iolo System Status гаџетот во Windows Vista или Windows 7. Да ве потсетиме, доколку имате лиценцирана верзија на System Mechanic 9.5, треба само да направите надградба и веќе ја имате комплетно лиценцираната десетта верзија, без никакви дополнителни плаќања, што е навистина позитивна карактеристика. Кога сме веќе кај лиценците, претходно ја спомнавме и програмата Whole Home Licensing која ви нуди можност да ја инсталирате System Mechanic Professional 10 на кој било компјутер во вашиот дом. Секако, треба да бидете поврзани мрежно за оваа апликација да може да ги препознае сите компјутери кои „црпат“ од единствената лиценца. По инсталирањето на System Mechanic Pro 10 и нејзиното стартување, наидовме на панелот „home“, односно Overview, каде што требаше да го анализираме нашиот систем. Почнавме со таа постапка. Со оглед на тоа дека на тестниот систем и претходно имаше инсталирано софтвери кои беа тестирани за „Ентер“, беа пронајдени еден тон грешки во регистрите, во Startup програмите, на хард-дисковите и слично. Иако беше објаснето каков импакт може да имаат тие грешки во нашиот компјутер, сепак не можевме да добиеме детален приказ/листа
на тоа што го бришеме. Можеби паранојата владее кај нас, меѓутоа секогаш треба да бидеме сигурни во ефикасноста на автоматскиот процес на бришење и „средување“ на нашиот компјутер од страна на овој софтвер. Новина во оваа верзија е CRUDD Remover чиешто име е акроним од Commonly Redundant or Unnecessary Decelerators and Destabilizers. Оваа опција ги анализира и брише апликациите кои содржат некој антивирусен или малициозен код. Ни беше предложено да избришеме две апликации бидејќи, според System Mechanic 10 Professional, тие претставуваат потенцијална опасност за нашиот систем. Ние го знаеме тоа, но доколку ви кажеме дека тоа беа Mozilla Firefox и Google Chrome, сигурно и вие ќе добиете добра претстава зошто ние имавме „кисела“ насмевка. Опцијата EnergyBooster ги исклучува непотребните програми и сервиси кои работат во заднина или не сте ги користеле доволно долго во текот на работењето со вашиот компјутер. Не бевме особено задоволни од оваа опција, поради самиот факт што ги исклучи Windows Live Messenger 2011, Skype 5.0 и Windows Aero сервисот. Реално, веќе подолг период не ги користевме првите две апликации, меѓутоа не би требало да се случи такво нешто. Ако ги занемариме овие „негативности“, прилично бевме задоволни од опцијата NetBooster која ја зголеми брзината на нашата интернет-конекција за 31 отсто. Тука е и функцијата Program Accelerator која ги анализира фајловите од една
апликација и местото каде што се сместени на хард-дискот. Ова значи дека ги консолидира овие датотеки, со што се забрзува процесот на стартување на една апликација. Search And Recover е веќе позната функција во System Mechanic Professional, а за оние што не се доволно упатени, да споменеме дека станува збор за опција која ги враќа избришаните фајлови од вашиот диск, на брз, лесен и ефикасен начин. За разлика од неа, тука е Drive Scrubber, кој засекогаш ги брише останатите фајлови од дискот, без потреба од форматирање кога евентуално би му го дале или продале вашиот компјутер некому. Сепак, вашите документи треба да бидат приватни, пред сè. Сума сумарум, System Mechanic Professional 10 е апликација која ги решава сите проблеми на сите корисници кои не знаат што се случува во заднина на нивниот компјутер. Автоматски, брзо и лесно! Секако дека и ние ќе продолжиме да ја користиме, но нема толку многу да и веруваме. Најдете ја во нашето DVD, инсталирајте ја и бркајте работа! Дејан Зафировски System Mechanic Professional 10 Произведувач: iolo technologies, LLC Tип: Utility софтвер Платформа: Windows XP, Vista и Windows 7 Големина: 63,3 MB Цена: 49,95 $ www.enter.net.mk
33
СОФТВЕР
Kaspersky Internet Security 2011
Добре дојдовте во „зелената“ зона Производите на Kaspersky Lab отсекогаш биле некаде на врвот, според своите задоволни корисници, а и според компаративните тестови со другите заштитни софтвери, направени од некои независни компании. Меѓутоа, последниве две години беа критикувани дека Kaspersky Anti-Virus и Kaspersky Internet Security трошат премногу ресурси, дека стартувањето на системот е забавено и слично. Ефикасноста никогаш не била тема на дискусии, затоа што секогаш сме/сте му верувале на Kaspersky. Но, оваа година, со новата 2011 верзија, Kaspersky Internet Security навистина има што да понуди и да остане во чекор со своите конкуренти. Дали е тоа навистина така, останува да прочитате.
Промената на интерфејсот на Kaspersky Internet Security 2011 e незначителна доколку сте ги користеле претходните верзии или сте ги читале нашите рецензии во изминатите години. Се работи само за визуелна промена на која преовладува зелената боја, додека главните опции се поставени од левата страна, а за пристапување до нив ви служи главниот средишен панел. Новина во оваа верзија е начинот на алармирање при инсталирање, т.е. стартување на некоја апликација за која Kaspersky смета дека не треба да ја користите. Да се разбереме, овој систем ве предупредува преку pop-up прозорче дека повеќето корисници не ја означиле
34
www.enter.net.mk
таа апликација како лажна, а доколку нема таква информација, ве прашува дали му верувате на тој софтвер. Иако овој систем првпат го видовме кај Norton Internet Security 2010, односно во Insight I SONAR 2 енџините, тој е повеќе од добредојден и во Kaspersky Internet Security 2011. Исто така, една од поважните новини е и Safe Run for Websites, која всушност е Safe Run од верзијата 2010, но на „стероиди“. Да, ако во Safe Run бевте сигурни дека ниту една апликација што ќе ја инсталирате во тој „затворен“ простор нема да му наштети на вашиот компјутер, сега исто така ќе бидете сигурни дека ниедно шетање по интернет-светот нема да му наштети на вашиот ценет компјутер. Само ја активирате опцијата и зелената рамка околу интернетпрелистувачот ви дава до знаење дека понатаму сте под „закрила“ на Kaspersky Internet Security 2011. Позитивно е тоа што веќе нема да имате потреба и од кликање по копчињата на виртуелната тастатура, доколку се логирате на вашите сметки во банка или купувате нешто. Означете ја веб-адресата од вашата банка, т.е. од страницата на која се логирате за пристап до вашата сметка и секогаш кога ќе треба повторно да пристапите до неа, автоматски ќе се отвори овој, зелен прозорец. Geo Filter e уште една новина со која може да ги блокирате IP адресите кои доаѓаат од земјите
за кои вие сметате дека имаат голем број инфицирани сајтови. Навистина интересна опција, која може да им помогне на многумина. Скенирањето Vulnerability, т.е. ранливоста на апликациите, сега е како посебна акција, што значи дека отсега нема да мора да чекате да се заврши комплетниот скенирачки процес, па да ги средите (Fix it) овие навидум мали проблеми. Во секцијата Tools, или поточно со опцијата Rescue Disc, отсега ќе може да правите заштитен диск и на некое USB стикче. Во комбинација со оваа опција добро ќе ви се најде и опцијата System Restore со чија помош ќе го вратите системот, доколку претходно имало некоја несакана малициозна активност. Напредниот и двонасочен „firewall“ нема да го споменуваме со оглед на тоа дека си ја врши истата функција како и другите огнени ѕидови, но мора да ги споменеме родителските контроли. Мислиме дека доволно ќе биде ако кажеме дека Texas HoldEm Poker на Facebook ја генерираше како „коцкарски веб-сајт“, потоа некои од поновите филмови на бокс-офисот како „weapons“ (оружје) и „violence“ (насилство). Иако овие резултати во повеќето случаи се покажаа како
точни, сепак може да ве иритира кога сурфате по некои сајтови што вие ги познавате, а вам ви покажува дека станува збор за страница со порнографска содржина. Како и да е, вашите деца сигурно нема да сакаат да сурфаат по страниците по кои „шетате“ вие , па понекогаш е подобро да се спречи, отколку да се лечи. Во поглед на скенирачкиот и антиспам-процесот, оваа апликација не заостанува многу зад своите конкуренти, меѓутоа зема околу 65 MB од работната меморија, што е за 15 MB помалку во просек, во споредба со Norton Internet Security 2011. Нема да ви препорачаме да го купите овој софтвер, од единствена причина – можете да го најдете на нашето DVD. Инсталирајте го, видете дали ви одговара, а ние ви гарантираме дека ќе бидете безбедни со него. Kaspersky Internet Security 2011 останува уште кај нас, во редакцијата, но дали ќе го користите и вие? Дејан Зафировски
Kaspersky Internet Security 2011 Произведувач: Kaspersky Lab Tип: Антивирусен софтвер Платформа: Windows XP, Vista и Windows 7 Големина: 105 MB Цена: 59,95 $
На 1 октомври беше претставен долгоочекуваниот, нов Windows Live Essentials пакет од Microsoft, верзија 2011, кој ни доаѓа преполн со новини и услуги за уште поквалитетно корисничко, а пред сè, социјално искуство. Ќе ви ги прикажеме најважните новини со кои може да се пофали овој пакет, а почнуваме со најраспространетата апликација, Windows Live Messenger.
Windows Live Essentials 2011
И облаците не се многу далеку
Windows Live Messenger Можеби најважната новина во оваа верзија на Live Messenger е интеграцијата со опцијата Facebook Chat. Сега може директно да „чатувате“ со вашите пријатели од Facebook, преку Messenger, без никаква потреба од отворен таб или отворен интернет-прелистувач. Втората новина е самиот интерфејс, кој сега е поделен на „социјален“ и стандарден. Што значи ова? Кога веќе се имате поврзано со вашите пријатели, редно е да знаете и што прават тие во моментот. Па, во „социјалниот“ панел, освен тоа што ќе можете да ги видите статусите на вашите пријатели од Facebook, да ги гледате нивните фотографии и видеа, да коментирате, да ставате „ми се допаѓа“ и слично, тоа ќе може да го гледате и преку „врзување“
со вашите сметки на YouTube, MySpace, LinkedIn, Twitter и многу други социјални сајтови. Сето тоа во еден прозорец и во реално време. Во прозорецот во кој разговарате со вашиот пријател ќе може да ги споделувате фотографиите, линковите, видеата во тој ист прозорец, повторно без да имате потреба од посетување на YouTube, на пример. Новина е и муабетењето во табови, при што сите отворени прозорци од вашите контакти ќе бидат убаво организирани само во еден прозорец. Ова беше навистина барана опција од корисниците и во минатото, која конечно го доживеа светлото на денот. Доколку имате Windows Vista или Windows 7 можеби и веќе го имате инсталирано новиот Live Messenger, a ако не е така,
ви препорачуваме веднаш да го направите тоа. Windows Live Photo Gallery Оваа апликација не е наменета за професионалците, но ги „средува“ фотографиите на професионално ниво. Првата новина е во автоматското организирање на вашите фолдери со фотографии, а потоа и нивното означување според географската присутност. Тука е и новината за препознавање на лица, па секое ново препознаено лице ќе биде лесно и брзо означено во „својата“ категорија. Изменувањето на фотографиите не било никогаш полесно од манипулацијата со боите, контрастите, па сè до групирањето и креирањето на панорамска фотографија. Споделувањето, исто така, е брзо, а вие самите одлучувате на кој сервис ќе го направите тоа. Првично, на располагање ви стојат SkyDrive, Facebook, YouTube, Flickr и LiveGroups, а можете да го направите и на другите сервиси доколку ги преземете соодветните дополнителни компоненти (plug-ins).
која ќе содржи исклучително фотографии. Прегледувањето на фотографиите е посебна приказна. Нив ќе може и да ги коментирате или да ги означувате, опција која е добредојдена во комбинација со Windows Live Photo Gallery. Windows Live Mesh Windows Live Mesh ја користи вашата Windows Live корисничка сметка за да се синхронизирате со дури девет компјутери низ целиот свет. Благодарејќи на SkyDrive, ќе можете да ги синхронизирате вашите фолдери и документи до 5 GB, па така, ако ви притреба некој документ, а компјутерот дома ви е исклучен, тоа значи дека без никаков проблем ќе може да пристапите до него. Со помош на Mesh, исто така, ќе имате далечински пристап до вашиот компјутер. Секако, за ова ќе треба да биде вклучен „роб“компјутерот.
Бидејќи го исполнивме предвидениот простор, ќе оставиме останатите три претставници од овој пакет самите да ги проучите. Верувајте дека не се помалку важни од овие за коишто пишувавме. Windows Live Essentials 2011 го нуди сето она што го посакува секој корисник – контрола на своите социјални профили во реално време, а истовремено и продуктивност. Корисниците на Windows XP можеби ќе бидат разочарани што ќе го немаат пакетот на своите компјутери, но реално гледано, време е XP да отиде во заслужена пензија. Дејан Зафировски
Windows Live Mail Windows Live Mail е бесплатен е-mail клиент од Мicrosoft кој не е член на пакетот Office. На прв поглед е впечатлива визуелната промена на сметка на претходната верзија. Станува збор за палетата Ribbon, од каде што многу полесно ќе може да навигирате низ сандачињата и креираните e-mail кориснички сметки. Втора новина е групирањето на пораките од еден корисник, за подобра прегледност, а тука е и можноста за прикачување на фотографии, т.е. албуми „тешки“ до 10 GB на сервисот SkyDrive, односно 25 MB за само една електронска порака,
www.enter.net.mk
35
МОБИЛНИ Nokia N8
Одамна најавуваното „чудо“ од Nokia, наречено N8, конечно се појави на пазарот и тоа во делот каде што има опасно добра конкуренција. Дали N8 е достоен противник на конкуренцијата или, пак, е обратно?
Најдоброто од Nokia Финските инженери, несомнено, дале сè од себе при изработката на овој модел – почнувајќи од изгледот, па сè до технологијата што е вградена во него. Куќиштето е алуминиумско и исклучително квалитетно, а и изборот на боите не е лош – дури шест. AMOLED тачскрин капацитивниот екран е со големина од 3,5 инчи, во 16К бои и HD резолуција, а за првпат кај Nokia уредите ја поддржува и мултитачтехнологијата. Она што го издвојува Nokia N8 од конкуренцијата (iPhone 4, Samsung Galaxy S итн.) се неговите мултимедијални способности – особено камерата од дури 12 МPix со Carl Zeiss оптика, автофокус и Xenon флеш, со која можете да снимате и HD видеа со квалитет од 720p@25fps и сето ова да го гледате во висока резолуција на голем екран преку microHDMI портата. Леќата е 28mm и широкоаголна, а квалитетот на сликите може слободно да се спореди со оној на професионалните дигитални фотоапарати. Фотографиите воопшто не ги изобличува и не им ја додава онаа
добропознатa виолетова светлина на рабовите на објектите, што им дава реалистичен и природен изглед на сликите. Воедно, постои и опција за Macro фотографирање кое, исто така, дава одлични резултати. Сето ова го поставува Nokia N8 на тронот како телефон со најдобра камера, додека досегашниот шампион, Samsung Pixon 12, паѓа на второто место. Што се однесува до софтверскиот дел, Nokia N8 работи на оперативниот систем Symbian^3 кој е најдобар досега од сите тач-скрин базирани Symbian системи, но реално гледано, сепак не е на нивото на iOS или Android. Новитет во делот со контактите е тоа што, покрај стандардните информации за контактот, сега можете и да го поврзете со неговите профили на Twitter или Facebook. SMS/MMS/е-mail клиентите, како и
сите апликации на организаторот (календар, калкулатор, аларм итн.) се на стандардното ниво како кај сите уреди од Nokia – на завидно. Што се однесува на квалитетот, Nokia никогаш не потфрлиле на тој план. Останатите мултимедијални способоности (покрај камерата), исто така, не се за занемарување. Покрај медијаплеерите за секаков тип фајлови, Nokia N8 располага со ФМ радиоприемник, но и со предавател, што значи дека музиката од мобилниот можете да ја слушате преку streaming, на пример, на радиото во вашиот автомобил, при што е потребно само да пронајдете фреквенција која не е зафатена од некоја радиостаница. Дијапазонот на мрежите и сите видови конекции со коишто располага N8 е импресивен: ги поддржува GPRS, EDGE и 3G HSPA (10.2 Mbps HSDPA и 2.0
Mbps HSUPA) мрежите, каде што 3G мрежата ги покрива фреквенциите 850 / 900 / 1700 / 1900 / 2100 MHz. Преку microUSB 2.0 портата можете и да го полните уредот, а пренос на податоци се врши и преку Bluetooth 3.0 или WiFi (WirelessN) конекциите. Мора да ја спомнеме и интегрираната Ovi Store апликација преку којашто можете да преземате додатни апликации или игри за мобилниот. Сепак, немојте да имате преголеми очекувања во поглед на изборот. Како што можете да заклучите и самите, Nokia N8 е моќен уред и тоа на сите полиња, а 12-мегапикселната камера го крева на едно скалило погоре во однос на конкуренцијата. Хардверски, Nokia N8 е беспрекорен уред и најдоброто што го нуди Nokia во моментот, но би сакале Финците барем еднаш да експериментираат со Android. Тешко дека некој би можел да одолее на една таква комбинација, а тоа би значело дефинитивно враќање за Nokia на врвот на најквалитетните производители на мобилни телефони. Милан Крстевски Nokia N8 Мрежи: 2G: GSM 850 / 900 / 1800 / 1900
3G : HSDPA 850 / 900 / 1700 / 1900 / 2100 Димензии: 113,5 x 59,1 x 12,9 mm Тежина: 135 грама Екран: AMOLED капацитивен тач-скрин, 16M бои, 360 x 640px, 3.5“ Камера: 12 MP, 4000 x 3000 пиксели, Carl Zeiss оптика, автофокус, Xenon flash, video 720p@25fps
Батерија: Li-Ion 1200 mAh (BL-4D)
46
www.enter.net.mk
МОБИЛНИ
HTC (HD 7, Trophy, Mozart, Pro) Dell Venue, Samsung (Omnia, Focus), LG Optimus Наскоро пазарот ќе биде преплавен со уреди кои ќе работат на најновиот оперативен систем на Windows за мобилни телефони – долгоочекуваниот и озборуваниот WP7. Кои производители први ќе ја започнат трката?
Прва генерација на WP7 уреди HTC напаѓа со цела „армија“ од уреди: HD 7, HTC 7 Trophy, HTC 7 Mozart и HTC 7 Pro. Сите овие уреди (освен Тrophy и Mozart, кои ќе се малку послаби) ќе имаат процесор од 1 GHz , меморија од 576 MB и камера со квалитет од 5 MP. Разликата ќе биде во големината на екраните и хард-дисковите.
LG Quantum и Optimus се WP7 моделите на LG, со следниве карактеристики: Snapdragon процесор од 1 GHz, камера од 5 MP, 256 MB меморија (Quantum) и 512 MB меморија (Optimus) и TFT екрани, со тоа што Quantum моделот има и хардверска QWERTY тастатура.
Dell Venue е „првенчето“ на Dell на пазарот за мобилни телефони, па ќе биде интересно да видиме како ќе се позиционира. Технички, Venue ќе биде на рамниште со уредите на HTC во поглед на процесорот, меморијата и камерата. Она што го издвојува е големата хардверска QWERTY тастатура на извлекување, која според фотографиите (а и првичните извештаи на оние што го имале Venue в рака), изгледа импресивно.
Samsung настапува на сцената со два модела, Omnia и Focus. Focus ќе располага со WVGA Super AMOLED екран, камера од 5 MP и MicroSD слот (до 16 GB). Omnia ќе има Super AMOLED дисплеј, Snapdragon процесор, камера од 5 MP и хард-диск од 8 или 16 GB.
Слободно можеме да кажеме дека WP7 ќе има одличен старт – со олку „лута“ конкуренција не е возможно да биде поинаку. Да се надеваме дека наскоро ќе имаме некое од овие „ѕверчиња“ в раце и ќе овозможиме неколку „надолго и нашироко“ напишани рецензии. Милан Крстевски
www.enter.net.mk
45
хардвер_
СЕРВЕРИ – ОСНОВНИ ПОИМИ Постојано слушаме за серверите. Знаеме дека можат да „паднат“ бидејќи обично тогаш нешто не ни работи. Знаеме дека понекогаш треба да ја пронајдеме и внесеме нивната адреса која „баш вчера ја забележавме на очигледно место“, кое сепак излегува дека и не е баш толку очигледно. Што се, воопшто, серверите и за што служат? Сервер, клиент, корисник Во златната доба на mainframe компјутерите и терминалите исполнети со зелен текст, 60-тите и 70-тите години на минатиот век, беше лесно да се направи разлика помеѓу сервер и клиент. Сервер е онаа голема застрашувачка направа која ‘ржи и бревта во посебна климатизирана просторија, за која само мистично посветените имаа клуч, додека сите останати седеа пред кутиестите монитори со соодветни тастатури, очигледно во улога на корисници на таа повеќеглава компјутерска хидра. Во таа ситуација, серверот несомнено беше интелигентниот дел од системот, додека терминалите само го овозможуваа користењето на услугите на серверот и не бараа
56
w w w.enter.net.mk
апсолутно никаква компјутерска моќ. Во целата таа хиерархија, единствено интелигенцијата на корисникот била непозната величина. Во 80-тите години работите веќе малку се комплицираат. Почнуваат да се појавуваат службени, па дури и домашни компјутери, доволно јаки за да можат да покренат и некои сервиси кои дотогаш беа резервирани само за mainframe компјутерите, а притоа на нив и добро да се поигра. Малку понатаму, околу 90-тите години, доаѓа до експанзија на РС платформата, со поголема компјутерска моќ од онаа што ја поседувале ѕверовите од пред десет години и кои вределе повеќе од стотина илјади долари. Да забрзаме уште малку... Веќе е 21. век. Компјутерите достигнуваат некогаш незамислива брзина. Поголемиот
број на сервиси кои ги опслужуваат корисниците ширум светот можат да се стартуваат со обичен компјутер, кој постои во скоро секој дом. Серверите станаа реликти на минатото, надминати и заборавени... или можеби не е така? За да сфатиме за што, всушност, служат серверите, мора да расјасниме што е тоа сервер. Накратко, сервер е ентитет кој пружа одредена услуга на клиентскиот ентитет со крајна цел да го задоволи барањето што го поставил клиентот. Дали е тогаш серверот компјутер? Одговорот би бил – и да и не. Серверот е компјутер, првенствено поради тоа што програмата која имплементира одреден сервис мора да се изврши на некој хардвер. Но, серверот е во основа софтвер, како што и клиентот е софтвер. Сега, кога го расчистивме тоа, станува јасно дека не постои никаква пречка да се извршуваат и серверската и клиентската програма на истиот компјутер. Сепак, како што денес интернетот е глобален феномен, присутен насекаде и скоро секој компјутер е истовремено поврзан со сите останати, серверската програма може да биде на потполно другиот крај од светот. Значи, кога велиме „сервер“, мислиме на програма или
компјутер на кој се извршува таа програма, а кој пружа специфична услуга на клиент-програмата која се извршува на истиот или на друг компјутер во мрежата. Клиентсервер архитектурата е модел кој ги разделува функциите на клиентот и серверот кои можат да се извршуваат на ист компјутер или на различни компјутери во рамки на мрежата. Тој модел е главен елемент на модерните оперативни системи, софтверот и дизајнот на мрежата. Во стандардниот однос клиент- сервер, серверот е активен и чека на барањата од клиентот, додека клиентите се стартуваат кога треба да се изврши некоја задача и го повикуваат серверот кога ќе се јави потреба за неговите услуги. Вообичаено е повеќе клиенти да го делат сервисот на една серверска програма, а клиентот и серверот заедно да прават една функционална целина која исполнува некаква улога. Која е тогаш улогата на клиентот во рамката на оваа архитектура? Клиентот применува интерфејс кон корисникот и ги проследува барањата кон серверот, а потоа покажува повратна информација на корисникот. Типичен пример за ова е веб-прелистувачот, кој на иницијатива на корисникот му праќа
Сервери 1, 2, 3 – (1)
Клиент
Корисници
Сервер
Корисник кој работи директно на сервер
на веб-серверот барање за одредена страница и потоа му ја прикажува на корисникот бараната веб-страница која ја добил од серверот. Специфичности на серверот Иако денешните персонални компјутери се доволно моќни да покренат серверски програми, па во многу случаи тоа и го прават, сè уште постои многу голем пазар за специфичен серверски хардвер. Зошто е тоа така? За почеток, кој било сервер кој истовремено опслужува повеќе корисници, многу брзо станува сè погладен и погладен за ресурси. Веб или серверите за бази на податоци денес умеат истовремено да обработат повеќе стотини или илјади барања, операција која класичниот персонален компјутер многу брзо би го оптоварила и би довела до слаб одѕив или во најлош случај до неисполнување на некои од барањата, поради недостиг на некој од основните ресурси како што се процесорско време или меморија. Очигледно е дека приоритетите при проектирањето и склопувањето на клиентскиот и серверскиот компјутер воопшто не се исти. На серверот за почеток воопшто не му е битен графичкиот потсистем, освен во основна варијанта, со цел да се овозможи инсталација
и одржување на софтверот. Од друга страна, во зависност од побарувањата на сервисот кој им се овозможува на клиентите, како и нивниот број, процесорот, меморијата, брзината на дисковниот потсистем и доверливоста стануваат многу поважни елементи отколку кај класичната десктоп-конфигурација. Затоа за некои сервери веќе одамна се користат специјални матични
плочи со повеќе од едно подножје за процесор, како и повеќе слотови за меморија, која многу често е од видот ECC (Error Correcting Code), што значи дека има вградено хардверска проверка на грешка во самиот мемориски модул. Тука се и hot-swap дисковите (овозможуваат промена на хард-дискот без исклучување на компјутерот) кои многу често работат во некој од
RAID модовите кои ја зголемуваат безбедноста на податоците. Покрај поинаквите хардверски побарувања, се поставуваат и поинакви барања пред оперативниот систем. Така, серверските верзии на оперативните системи мора да поддржуваат повеќе процесори и поголемо количество на меморија, како и да овозможат централизирана и сигурна администрација на корисниците и право на пристап, автоматизирани опции за бекап на податоци, како и оптимизиран систем кој им дава предност на сервисите пред активните апликации. Microsoft, на пример, многу одамна има посебни верзии на своите оперативни системи наменети за серверите, почнувајќи од Windows NT, па сè до најновата актуелна верзија Windows 2008 Server, кој повторно доаѓа во повеќе подваријанти, каде што основни се: Standard, Enterprise и Datacenter, при што секоја постои во 32-битна и 64-битна верзија. На пример, Datacenter во 64-битната верзија поддржува систем со максимално 64 процесори и 2 ТВ рам-меморија. Linux дистрибуциите, приспособени за серверски задачи се, исто така, интересно решение, особено кога ќе се земе предвид дека Linux-от, како дериват на Unix-от, од него ги наследил сите особини коишто во старт се замислени да опслужуваат повеќекорисничко мрежно опкружување. Христијан Мирчески - Кицо
Mainframe
Терминал Терминал w w w.enter.net.mk
57
ГЕЈМИНГ НАСТАНИ Големото финале WCG 2010
Пред неколку недели заврши големото финале во е-спортови, а град-домаќин беше Лос Анџелес. Таму оваа година WCG го прослави својот десетти роденден.
Beyond the game Традицијата на овој фестивал во е-спортови започна да се негува уште во далечната 2001 година во градот Сеул, Кореја, каде што за првпат голем број гејмери од светски рамки ги одмерија своите гејмерски способности. Во изминатите
девет години фестивалот во електронски спортови се одржа на повеќе континенти, а минатата година град-домаќин беше Ченгду во Кина. Оваа година престолнината на е-спортот се пресели на американско тло, и тоа во Холивуд. По одржувањето
на националните натпревари кои стандардно се одржуваат во периодот од март до октомври во голем број држави, беа познати земјите-учеснички на Големото финале WCG2010. Оваа година имаше 450 гејмери од 60 држави ширум светот за разлика од
минатата година во Кина каде што се натпреваруваа околу 700 гејмери од 70 држави. Главна причина за ваквото драстично опаѓање е глобалната економска криза која никого не поштедува. Од 30 септември до 3 октомври, во Лос Анџелес, е-спортистите
од целиот свет се натпреваруваа во повеќе дисциплини. Од седумте игри за PC најголемo внимание во Европа привлекува мегапопуларната Counter Strike, но во Лос Анџелес, игрите за Xbox се на прво место по популарност. Официјалните игри на Големото финале беа: За PC – Counter Strike, Carom 3D, FIFA 2010, StarCraft, TrackMania, Warcraft III, за Xbox – Forza Motorsport 3, Guitar Hero 5 и Tekken 6. Во категоријата мобилни игри беше застапена само Asphalt 5. Слично како и претходната година, имаше промотивни игри кои за првпат се одиграа токму во Лос Анџелес. Такви беа League of Legends, Last Saga и Quake Wars Online. Како што доликува на една олимпијада, претставниците на сите држави гордо ги изнесоа знамињата на сцената да нè потсетат дека, сепак, станува збор за спортски настан.
Македонското знаме и оваа година беше дел од оваа церемонија. Традиционално, на крај беше подигнато и знамето на WCG, како и на домаќинот, САД. На церемонијата се обратија претставници на организаторот и на домаќинот и беше потврдено големото значење на е-спортот. Оваа година ќе биде добро запаметена во македонската е-спорт историја, не само поради тоа што бевме дел од 10-годишнината на WCG, туку поради првата победа на Македонија на WCG во Counter Strike, најтешката екипна дисциплина. Како непишано правило, Македонија неколку години по ред се паѓа во група со едни од најјаките репрезентации на светско ниво. Години наназад искуството и подготвеноста на нашите гејмери не биле доволни за соочување со големите гејмингрепрезентации. Оваа година Македонија влезе во групата А заедно со Романија, Шпанија и Данска. Првиот натпревар што го одигравме беше против Данска. Нашите гејмери оптимистички влегоа во игра и со надеж за победа. Сите го посакувавме тоа, а најмногу нашата репрезентација. Текот на натпреварувањето се одвиваше релативно брзо и со многу изненадувања од двете страни. Македонската е-спорт репрезентација не попушташе пред офанзивните напади на Данска. По неколку успешни рунди и мало водство, нашите гејмери успеаја со предност да го завршат полувремето. Така и продолжија во второто полувреме. За кратко време центарот на вниманието беше токму Македонија. Толку посакуваната победа на WCG беше на прагот. По крајниот исход, македонската е-спорт
репрезентација на чело со тимот Entity ја донесе првата победа на Македонија. Full Gaming од Данска, едноставно, не можеа да поверуваат на моменталната ситуација. За
момент и ние бевме збунети, но едно беше јасно – Македонија ја порази Данска. Сè тргна според планот и ни беше потребна уште една победа за да се пласираме во понатамошниот дел од натпреварите. Следниот ден, нашата е-спорт репрезентација опуштено влезе
во дуелите со Шпанија и Романија. Преголемиот оптимизам донесе разочарување бидејќи за кратко време го доживеавме и првиот пораз од Шпанија и тоа со неверојатен резултат од 16:0 на полувреме и 29:1 на крајот. Потоа дојде на ред и дуелот против Романија, кој исто така го изгубивме со голема разлика. Правилото дека противникот не смее да се потценува се покажа како точно. Сепак докажавме дека во Македонија има квалитетни гејмери и дека вреди да се инвестира во развојот на е-спортот кај нас. Не е лесно да се игра со големите држави, но сепак нашите кантерџии заработија неповторливо искуство кое ќе ги бодри следната година. Несомнено, ќе биде запаметена првата победа на Македонија против Данска и можноста да се најдеме во дуел со големите тимови во светски рамки. Гоце Спасовски – Стручњак
ЕНТЕР GAMING EDITION //
63
ТЕМА НА БРОЈOT FIFA 11 vs Pro Evolution Soccer 2011 таат за т се сме е игри е в с т о чки ови во игра година а. r и FIFA лации. Секоја која е подобр e c c o S n т у а io м t и ж и г с а lu ие ок Pro Evo фудбалските за да д етрпен ѓу себе ја година со н рафиката. е и на в м е о л п а т г р о к ти ваа сек вие ревару е игри јмплејо се натп те на овие дв рувања во ге орит помеѓу о ака б в и с а в о и о д ф г н о ј о а п о Ф св ите накв е имате кој аат нов ј подед очекув е дека сите ви стои некој ко свој фаворит да о м е е а п м м в е е а у д н м р Ве оби си и би и ја ќе се и. . Може а игра. И ние и и з р н г е и ц е е т р сн дв га а и дру во оваа понепристра и еднат а го кажеме и но ж о м е то ма д сега не идеме колку ш б
64
// ЕНТЕР GAMING EDITION
Двете најголеми фудбалски франшизи во видеоигрите – FIFA на ЕА и Pro Evolution Soccer (PES), која порано беше позната како Winning Eleven, се натпреваруваат меѓу себе повеќе од една декада. Секоја од овие игри се стекна со закоравени фанови, помеѓу кои ривалството секоја година се зголемува. Па, да видиме кој ќе излезе како победник во најновата рунда... Да започнеме со FIFA 11... Минатогодишната, FIFA 10, можеби беше и најдобрата во серијалот. Таа направи огромни чекори нанапред кога станува збор за гејмплејот и дизајнот. Таа за првпат ни ги донесе движењата на играчите за 360 степени, што беше огромен напредок во однос на традиционалното движење во осум насоки. Исто така, го добивме Virtual Pro, кој овозможуваше да креираме играч, да го распоредиме во тим и потоа да гледаме како напредува низ различните модови во играта. FIFA 11 е FIFA 10, ама подобра :). Промените во овогодишниот наслов не се веднаш забележливи, но се добредојдени и ја прават играта многу подобра и пореалистична. Една од најголемите промени се дуелите помеѓу играчите, кои постојано меѓусебно се препираат за топката, независно дали е тоа во напад или одбрана. Ова има големо влијание на гејмплејот, со што е ставен акцент на силата и брзината на играчите, правејќи ја нивната меѓусебна интеракција поактивна и создавајќи голем реализам. Во играта, исто така, има многу варијации и во додавањата и шутевите, па нема постојано да гледате изведување на исти удари, а теренот, временските услови и фактот дали играте на гости или дома вистински ќе влијаат на играта. Постигнувањето голови е, исто така, потешко од порано. Причина за ова можеби се подобрените голмани, кои многу потешко може да се совладаат од оние во FIFA 10, и шутевите кон голот, а посебно лобирањата многу ретко ќе ви успеваат. Најголема новост во FIFA 11 e Personality +.
Ова е систем од механизми кои влијаат на вештините на играчите, односно колку прецизно ја додаваат топката, каква контрола имаат врз неа, колку се добри во воздушните дуели, но тоа е воедно и механизам со кој играчите ќе прикажуваат автентични емоции на теренот. Ова, пред сè, се однесува на звучните имиња во овој спорт, па кај помалку познатите играчи овие особини се незабележливи. Ако следите фудбал само на секои четири години, кога е Светското првенство, тогаш предностите на Personality + за вас нема да бидат видливи. Вистинските фудбалски фанови веднаш ќе забележат дека Кристијано Роналдо многу поинаку игра од, на пример, Карлос Тевез. На овој начин ќе можете да ги искористите силните страни на одредени играчи. На пример, со играч како Вејн Руни многу полесно ќе постигнете гол одблизу, а за разлика од него, Стивен Џерард е добар за шутеви оддалеку. Personality+ може да се забележи и кога некој играч ќе даде гол. Тогаш со притискање на копчето А на гејмпадот ќе видите славење што е карактеристично за поединечниот играч. Системот навистина добро функционира и тоа ќе го забележите на теренот. Еден од проблемите кој со години се провлекува во овој серијал, а тоа е вештачката
интелигенција на играчите, ни овде не е искоренет. Иако играчите во FIFA 11 подобро се распределуваат на теренот и се многу поактивни, сепак тоа не е ни приближно до она како се однесуваат вистинските играчи. Многу често не се трудат да примат додавање кое не е наменето за нив и покрај фактот што топката оди кон нив, а противнички играч може да ја пресретне. Тие изгледаат несвесни за она што се случува на теренот, освен ако топката не е во нивна близина. Ниту еден од овие проблеми не претставува ништо ново за играта, но е навистина штета што толку долго време не се исправени. Севкупно гледано, гејмплејот е навистина солиден, но очигледно е дека најголем дел од него се потпира на FIFA 10. Единствен нов мод во FIFA 11 е „Career“, кој ги комбинира „Be a Pro“ и „Manager“ и им додава подобра визуелна презентација. Во овој мод ќе ја започнете вашата 15-годишна кариера како играч, менаџер или комбинација од двете. Како играч ќе можете да контролирате одреден член од некој тим, како на пример, вашиот Virtual Pro играч или, пак, да играте со цел тим. Ова ќе можете да го менувате на секој натпревар, што ќе ја направи кариерата многу интересна. Како менаџер ќе морате да носите млади таленти во клубот и да се грижите играчите да се
здобиваат со искуство на теренот и секогаш да бидат во добра форма. Има одредени подобрувања во менаџерскиот дел, како новиот систем на календар, кој ви дава да симулирате натпревари, како и делот на преговори во две фази, кој вклучува дискусии со играчите. Овој мод навистина ги има подобрено постојните модови преку нивното соединување – одлично е презентиран, имате поголема флексибилност преку можноста за игра во различни улоги, а истовремено можете да ги споредувате онлајн вашите достигнувања со пријателите. Уште една новост е можноста да играте како голман. Можеби ова на прв поглед нема да ви звучи многу интересно, но контролите се интуитивно направени што го прави играњето како голман забавно. Тука, камерата е поставена зад самиот гол, што ви дава поглед од трето лице на вашиот терен. Програмерите од ЕА сфатиле дека дремењето на гол не е баш интересно, па затоа ќе можете да земете делумна контрола врз другите играчи и да им кажувате кога да додаваат, шутираат или да се вкрстуваат, но нема да имате директна контрола врз нивните движења. Играњето како голман е добредојдена новост во серијалот иако е малку веројатно дека некој од вас ќе сака да изигра цела кариера како голман, но затоа е интересно одвреме-навреме да се игра како голман во онлајн- натпреварите. Уште еден интересен додаток во FIFA 11 е Creation Centre. Тој им овозможува на гејмерите да креираат играчи, тимови и тактики на ЕА веб-сајтот и потоа да ги симнат на нивната конзола. Исто така, ќе можете да создавате ваши навивачки песни и химни за тимовите, а потоа истите да ги импортирате и да ги доделите на различни ситуации во играта. ЕНТЕР GAMING EDITION //
65
ИГРИ НАЈАВА XBOX360 / PS3 / PC
XBOX360
Two Worlds 2
Враќањето во двата света Поради комплексниот систем за борби, магии и интеракција во огромен и прекрасен свет, Two Worlds 2 е игра која ветува инвентивни промени во класичниот RPG жанр. Дали конечно ќе пристигне убиецот на Oblivion и Dragon Age? Додека го исчекуваме одговорот, многу е важно да не заборавиме една работа…
Без предрасуди! Искуството што им го понуди Two Worlds на сите RPG фанови кои решија да навлезат во тој свет беше полно со багови. Ретките кои беа задоволни од апсурдната дигитална глума и превод беа пресретнати од бројни багови, додека верзијата за Xbox 360 имаше повеќе проблеми (како тие во интерфејсот), произлезени од одлуката на издавачот Two Worlds да се приспособи и за Xbox 360 откако PC верзијата навлезе во длабока развојна фаза. Сето ова предвремено ги отфрли сите можности за слава
74
// ЕНТЕР GAMING EDITION
која не можеше да се врати ни со сите последователни додатоци и исправки. Но, од она што го видовме, Two Worlds 2 најмногу го дели името со оригиналот, а најмалку амбициозноста затоа што ова е наслов кој има потенцијали да воведе интересна револуција во долгогодишното рециклирање на RPG елементи. Спојот на имагинарните светови На површина, Two Worlds 2 се претставува како класична RPG игра чија цел е да понуди огромен свет
и бројни можности за доградби и интеракција. Формулата е таа, но начинот на кој тимот се потрудил да ги реализира овие елементи е на границата помеѓу инвентивното и револуционерното. Огромниот свет на Antaloor е поделен на четири острови. Секој остров драстично се разликува од останатите, во поглед на флората и фауната, како и временските услови и бројните ликови со кои се сретнувате. На еден од овие острови почнува вашето патешествие, како затворен херој чија единствена желба е да ја спаси својата сестра. Група од некогашна непријателска
раса, Orcs, го спасуваат херојот и му нудат можност уште еднаш да ја истражи темната страна на светот, да се издигне од поразот и да ја најде загубената сестра. Авторите признаа дека научиле вредна лекција со оригиналот и дека имаат преземено соодветни мерки за приказната да биде осмислена од професионални писатели и преведувачи. Но, тоа, се чини, не е единствената лекција што ја научиле. Челик и магија Во (скоро) сите RPG игри земате оружје (меч/лак и стрела/копје/
штит) и убивате сè додека не најдете поубаво/поефикасно оружје или опрема. Она што порано сте го користеле или го фрлате или го продавате. Иако имате можност истите работи да ги направите во Two Worlds 2, авторите се стремат кон еден поинаков систем, а тоа е расклопување на оружјето и користење на неговите делови да доградите и направите оружје кое нема да биде само подеструктивно, туку и естетски попривлечно. Со овој чекор, тие се надеваат дека монотонијата и проблемите со простор во инвентарот значително ќе се намалат. Секако, RPG не значи само добра кондиција при користење оружја, туку и полнење и активирање мистична, разорна сила наречена „мана“. Кога сме кај ова, класичните игри имаат одредено количество „мана“ кое го црпат за фиксни магии како, на пример, огнена топка. Нормално, деструктивната моќ на топката може да се зголемува, но ефектот е секогаш предвидлив. Во Two Worlds 2 вие ги правите магиите, во зависност од вашето познавање и можности. Имено, секоја магија зависи од главната карта и шест споредни кои влијаат на главната. Така, ако главната карта е огнена топка, споредните може да предизвикаат топката на половина пат да се подели на три еднакво моќни топки, кои ќе се тркалаат/ одбиваат од пречките или, пак, ќе се трансформираат во крволочни слуги. Ова е интересно за во синглплеер играње, особено ако е добро изведено, но авторите не сакаат да застанат тука. Оваа, според нив, добитна формула, ќе биде префрлена и проширена во уште два мода. Кооперативно дружење Видовме дека убивањето на Orcs, Elves и останатите жители во Two Worlds 2 ќе биде со стил, но има нешто уште подобро од тоа, односно убивање со уште еден ваш познаник. Според официјалните
Зошто Two Worlds 2 ќе биде подобра од оригиналот? 1. Најважните елементи во гејмплејот, не исклучувајќи ја графиката, се значително подобрени, особено анимациите при комбо-движењата, како и комплексниот систем за магии. 2. Една кампања за еден играч, сосема друга за двајца. Три мултиплеер мода. 3. Уште во самиот почеток, авторите паралелно ги развиваат верзиите за PC, Xbox 360 и PS3. 4. Од сопствените грешки најдобро се учи. Авторите направија доволно грешки за да знаат во кој правец да ја развијат оваа игра. податоци, авторите ќе внесат во играта посебна кооперативна кампања која ќе се разликува од кампањата за еден играч. Во оваа кампања ќе играте со друг лик во сосема поинаков свет. Од друга страна, доколку сакате искуството да го проширите со повеќе од еден играч, мултиплеер модот располага со три интересни мода како Adventure, Player vs. Player и Village. Иако првите два мода не се револуционерни, третиот мод се чини како интересна можност. Во него создавате село кое е посетувано од останатите.
Имено, вие и останатите решавате квестови во селото и ја подобрувате економијата. Доколку вие го поседувате селото, можете да решите дали да се произведуваат и продаваат оружја, опрема (оклопи) или, пак, нешто сосема друго. Маркетиншки трик или RPG чудо? SouthPeak Games се сè уште во подем. Поради тоа, да се каже дека се амбициозни би
Werbeast
Хибрид од врколак (werewolf) и други диви животни. Неверојатно брзи и безмилосни суштества кои произлегле од ноќта, но лесно се приспособиле и во денот. Се движат во групи.
Velocis
Ова смртоносно суштество, во форма на џиновски црв и обраснато со канџи, ни доаѓа од топлите пустински области. Поради бавното движење, грдотијата претпочита да демнее и ненадејно да ги напаѓа жртвите.
Scythe
Агилно суштество кое располага со две остри сечила. Вонземски череп зад чии очи се крие древна интелигенција и зло во најчистата форма. Го привлекуваат темни пештери и зандани, но тоа не значи дека нема да наидете на него и сред бел ден. - Многу други (зомбија, џиновски оси/пајаци и слично). било потценување, но да се каже дека ќе направат вистински бум во гејмерските кругови би било преценување. Од демото може да се забележи дека значително напреднале од своите последни проекти. Енџинот „grace“ е одлично оптимизиран и реално ги прикажува анимациите, а борбениот систем, како и бројните комбо-движења се повеќе од импресивни. А, да не се навраќаме на интересните можности со оружјата и магиите. Меѓутоа, во моментот кога ќе ги земете предвид нивните претходни полупроизводи, нема да можете целосно да се предадете на нивната пропаганда, независно дали се работи за предрасуда или, пак, здрав разум. Поради тоа, држиме среќа и оставаме времето да ги покаже вистинските потенцијали на овој наслов. Несомнено е дека двата света повторно ќе ги отворат портите, но дали ќе сакаме да навлеземе во нив и, ако навлеземе, колку долго ќе решиме да останеме? Мартин Јованчевски ЕНТЕР GAMING EDITION //
75