2014
Информатор Бр. 5
ФАКОМ ИНФО
Нов челичен мост ФАКОМ изработи и монтира челичен мост за општина Берово
ФАКОМ АД—Скопје го монтира првиот мост од проектот „Адаптибилни челични мостови“ на ФАКОМ, специјално дизајниран од инженерски тим на ФАКОМ а наменет за општините во Репубила Македонија. Проектот предвидува изградба на мали мостови (од 10 до 25м) од неколку типови: F1, од еден дел, F2 –модуларни и FU- урбан. Со овој проект се нудат сообраќајни решенија за руралните и помалите урбани општини во државата. Мостот е до должина од 17,5 метри , ширина 2,5 метри и носивост од 5 тони осовински притисок. Монтиран е на реката Брегалница во Близина на селото Митрашинци на местото викано Чифлик. За монтирање на конструкцијата претходно се поставени бетонски стопи, додека пак самиот проект предвидува тампонирање на пристапниот пат Берово—Виница до мостот како и на дел од патот после мостот. По целата должина на патот поставена е заштитна челична ограда.