Карпошово востание — вооружено востание дигнато во 1689 г. на територијата на Македонија. Востанието го носи името по својот водач Карпош. Непосреден повод и охрабрување за подигање на востанието дала големата Австро-турска војна, а неговите корени лежеле во незавидната економско-општествена и политичка положба на македонскиот народ. Во 1683 година Османлиите по вторпат се обиделе Опсада на Виена (1683)да ја заземат Виена. Меѓутоа по двомесечна опсада, на градот му пристигнала помош од Австрија австриската, а исто така и полската војска предводена од полскиот благородник Јан Собјески, па турската војска претрпела пораз што довел до огромни територијални, материјални и човечки жртви. Набргу потоа, во март 1684, против Османлисото Царство била создадена Света лига, во која покрај Австрија и Полска, влегле и Венеција, а подоцна и Русија. Продирајќи постепено кон југ, Австријците стигнале дури до Македонија. Веќе на 25 октомври 1689 тие, предводени од генералот Силвио Пиколомини, влегле во Скопско.