Петар Карпош (с. Војник, 1655 - 1689) попознат само како Карпош — предводник на големото народно востание од 1689 година на македонскиот народ против Османлиското Царство, познато во историјата како Карпошово востание. Пред востанието Карпош бил долгодишен ајдутин, а подоцна и ајдутски арамбаша. Со востанието бил прогласен за „Крал на Куманово“.
Додека корените на востанието лежеле во повеќе вековната потчинетост на македонскиот народ, како и неговата незавидна економска и општествена положба, под османлиска власт, непосреден повод била втората опсада на Виена [1] од страна на Османлиското Царство во 1683 година.