Борис Костадинов Сандански е писател, фолклорист, поет, новинар и историчар. Роден на 16 април 1934 во Ново село, град Кресна, Пиринска Македонија. Потекнува од родот на македонскиот револуционер Јане Сандански. Завршил средно образование во економскиот техникум „Иван Илиев“ во Благоевград 1953 година. Периодот 1955 - 1957 го поминал во бугарската касарна во тенковско одделение, каде што бил командир на тенк. Работeл на повеќе места како сметководител и другo. Учествувал во повеќе самоорганизирани театарски претстави. Повеќе од 20 години бил во управата на читалиштето „Култура“, во кое направил музеј во 1978 година. Симпатизер е на организацијата на Макеоднците ОМО ИЛИНДЕН - ПИРИН. Во 1984 година создава нумизматичко друштво „Нејне“, на кое е и претседател. За културна дејност е награден со орденот „Св.св.Кирил и Методиј“.