Informator za respiratorna terapija na pacienti so HOBB

Page 1

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА

ФИЛИП ВТОРИ

ИНФОРМАТОР ЗА РЕСПИРАТОРНА ТЕРАПИЈА КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ХОББ 02/ 3091- 484; www.cardiosurgery.com.mk


Што е хронична обструктивна белодробна болест(ХОББ)? ХОББ (хронична обструктивна белодробна болест) е заболување каде што е отежнат протокот на воздух во дишните патишта, а тој процес е неповратен. Отежнатиот проток на воздух е резултат на заболување на малите дишните патишта (обструктивен бронхитис) или на оштетување на белодробно ткиво (емфизем). Хроничен бронхитис е клиничка дијагноза што означува долготрајна и продуктивна кашлица во тек на три месеци. Во текот на болеста се создаваат лузни во дишникот и дишните патишта, што го оневозможува протокот на воздух кон помалите дишни патишта. Емфиземот е заболување на белите дробови, каде воглавно се зафатени и оштетени алвеолите (белодробни меурчиња, основна градба на белите дробови). Кај емфиземот овие меурчиња ја губат еластичноста и со тоа се намалува способноста за исфрлање на воздухот од белите дробови. Астмата е воспалително белодробно заболување кое се карактеризира со прекумерна реакција (хипереакција) на дишните патишта од надворешни надразнувачки агенси, а се карактеризира со стеснување (спазам) на

дишните патишта.

Причини Во најголем број случаи ХОББ се јавува кај пушачи, луѓе изложени на прав и хемикалии на работните места, на аерозагадување, зложени на пасивно пушење како и пациенти со чести белодробни инфекции во раното детство. Сите овие причини водат до оштетување на белодробна функција.

Симптоми ХОББ е прогресивно заболување кое во почетокот е без клинички симтоми, иако тестовите на белодробната функција покажуваат постоење на болест. Доминантен симптом е утрин-


ската кашлица со жилав секрет кој тешко се искашлува. Подоцна се јавуваат болки во градите со упорна надразнувачка кашлица и чувство за недостиг на воздух. Како што напредува болеста, зачестеноста и тежината на симптомите се зголемуваат. Постои недостиг на воздух при напор, придружен со замор и општа слабост, намалено ниво на кислород (О2) во артериска крв, цијаноза, губиток на телесна тежина и утрински главиболки (заради зголемено ниво на јагленороден диоксид (CO2) во крвта. Како последица на тоа се јавуваат разновидни срцеви пореметувања. Со напредувањето на болеста, периодите во кои нема тегоби се се пократки!

Светска класификација на ХОББ според тежината на болеста Стадиум 0: зголемен ризик Хронична кашлица со продукција на искашлок. Белодробната функција е сеуште нормална. Стадиум I: блага ХОББ Лесно ограничување на протокот на воздух. Хронична кашлица со продукција на искашлок. Стадиум II: Средно тешка ХОББ Влошување на протокот на воздух, прогресија на симптомите, отежнато дишење во напор. Стадиум III: тешка ХОББ Пречки во протокот навоздух

од тежок степен, респираторна инсуфициенција и со клинички знаци за слабост надесната страна од срцето. Тестовите на белодробните функции (спирометрија) се најважна дијагностичка метода за докажување на ХОББ.

Лекување и пулмонална рехабилитација Откажувањето од цигарите е најефикасна и најекономична мерка за намалување на ризик за настанување на ХОББ и забавување на нејзиниот напредок !

Лекување со лекарства Лековитеги ублажуваат симптомите, ја намалуваат зачестеноста и тежината на болеста, а со тоа ја подобруваат здравствената состојба и толеранцијата на физичкиот напор преку смалување на напнатоста на мазните мускули во помалите и поголемите дишни патишта и олеснување и подобрување на протокот на воздух. Муколитици се средства кои ја смалуваат количината на излачениот секрет и го олеснуваат искашлувањето. Најчесто користен муколитик се топлите напитоци. Кортизонските препарати го намалуваат воспалнителниот процес и отокот на слузницата во дишните патишта. Аеросол терапијата („пумпица“ или „спреј“) е техника на респираторна терапија. Аеросолни


лекот е многу побрзо, локално, а тераписките дози се значително пониски. Перкусија (тапкање) и вибрации се техники со кои се овозможува прочистување на дишните патишта од насобраниот секрет. Вежбите на дишење ја зголемуваат силата, издржливоста и ефикасноста на респираторните мускули, го намалуваат напорот при дишењето и ја зголемат толеранцијата кон вежбите. За оваа цел се користат и посебни помагала (Triflow, Duoflow, Mediflow). Ова помагало со максимален напор при вдишување овозможува распоредување на воздухот во белите дробови. Притоа е битно пациентот правилно да ги изведува вежбите со Triflow: полека да го вдишува воздухот, да го задржи дишењето 1 - 2 секунди, а потоа бавно да издишува. Препорачливо е пациентот да прави најмлку 15 - 20 вдишувања на секој саат. Ова помагало овозможува максимален напор при издишувањето и полесно исфрлање на собраниот секрет, а истовремено спречува слепување на белодробните меурчиња (алвеолите). Целта на респираторната терапија е намалување на симптомите, намалување на ризикот од респираторни инфекции, подобрување на квалитетот на живот, како и враќање на пациентот во секојдневните животни активности.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.