Аортокоронарен бајпас

Page 1

Специјална болница по хируршки болести

Аортокоронарен бајпас, зафат при стеснети коронарни артерии

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ НА ПАЦИЕНТОТ

Податоци за пациентот налепница

Операцијата е планирана за датум __________________

Испитувањето на срцето покажа дека кај Вас постои заболување на коронарните артерии, кое треба да се третира оперативно. Пред зафатот со Вас ќе разговара лекарката/лекарот и ќе Ве информира за неопходноста и можностите на операцијата. Вие морате да ги знаете непосредните и типичните ризици и последици од планираниот зафат, за да можете да се одлучите и да ја одобрите операцијата. Овие основни информации би требало да Ви помогнат да се подготвите за разговорот и да се документираат важните работи.

Каква функција имаат коронарните артерии?

Снабдувањето на срцевиот мускул со кислород и хранливи материи се одвива преку коронарните артерии. Човечкото срце има два главни крвни сада, кои што се расчленуваат на повеќе гранки. Тие излегуваат од главниот крвен сад (аорта) и оттаму водат кон десната и кон левата срцева комора (сл. 1). Ако дојде до стеснување на овие крвни садови, тоа влијае на снабдувањето со крв во срцевиот мускул.

Како доаѓа до стеснување на коронарните артерии? Артериосклерозата (задебелување на артериите) може да нападне повеќе артерии во телото. Фактори кои допринесуваат за настанување на ваквите промени се високиот крвен притисок, зголемени вредности на маснотии и шеќер во крвта како и пушењето. Стресот и прекумерната телесна тежина исто така можат да играат значајна улога. Ако се нападнати коронарните артерии (коронарно срцево заболување), тоа доведува до задебе-лување на ѕидот на артериите, може да дојде до стеснување на садот, па се до потполно зачепување. Срцевите болки (Ангина пекторис = чувство на стегање во градите) се чести знаци на намалено снабдување на срцевиот мускул; крајна последица е изумирање на срцевата мускулатура (срцев инфаркт). Често, ова резултира во лузна на тоа место. Во овој предел може да дојде до растегнување на срцевиот ѕид (анеуризма). Во зависност од положбата на инфарктот може и некоја срцева валвула да биде онеспособена за затворање. Генерално, намаленото снабдување со крв на срцевиот мускул може да предизвика намалена способност за пумпање како и нарушувања на ритамот на срцето, опасни по живот.

Кои други можности за лекување постојат?

За подобрување на снабдувањето со крв на срцето постојат различни методи: ► давање на лекови. ► отстранување на стеснетите места со растегнување со балон-катетер (балон-дилатација) и евентуално стабилизирање, со помош на стент. ► отстранување на стеснетото ткиво со помош на специјален срцев катетер или ласерски . После разгледување на сите можности, во Вашиот случај, најпогодна метода на лекување е операција на премостување (бајпас). Blok vo desna koronarna arterija

Regija vo srceto kade nema dotok na krv

испитувањето на срцето покажа дека кај Вас постои заболување на коронарните артерии, кое треба да се третира оперативно. Пред зафатот со Вас ќе разговара лекарката/лекарот и ќе Ве информира за неопходноста и можностите на операцијата. Вие морате да ги знаете непосредните и типичните ризици и последици од планираниот зафат, за да можете да се одлучите и да ја одобрите операцијата. Овие основни информации би требало да Ви помогнат да се подготвите за разговорот и да се документираат важните работи.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.
Аортокоронарен бајпас by Blagica Hadzipetrova - Issuu