СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА
ФИЛИП ВТОРИ
www.cardiosurgery.com.mk; 02/ 3091- 484
ДИЈАБЕТИЧНО СТOПАЛО ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА ДИЈАБЕТИЧНО СТОПАЛО Дијабетичното стoпало е болест која се јавува како последица oд оштетувањето на крвните садови и нервите поради долготрајно покачено ниво на шеќер во крвта. Дијабетичното стопало како компликација на шеќерната болест се манифестира со прогресивното пропаѓање прво на малите а потоа и на поголемите крвни садови што се завршува со сериозни и по животот опасни проблеми . Лошо регулираниот шеќер во крвта со тек на време предизвикува оштетување на нервите на стопалото и намалена остливост на болка и притисок како и намалено лачење на пот и маснотии што ја прави кожата тенка и склона кон повреди и рани кои лесно се инфицираат. Шеќерната болест го прави организмот повеќе склон кон инфекции намалувајќи ја одбрамбената способност-имунитетот. Стапалото на изглед е топло, натечено со набрекнати вени што
Dijabetichno stapalo.indd 1
првично може да ја прикрие реално слабата циркулација во тој дел. Оштетените крвните садови го намалува доводот на свежа крв а со тоа и на кислород во тој дел од стопалото како и на антибиотската терапија со што инфекцијата лесно се шири до појава на гангрена со одумирање на ткивото и потреба од ампутација т.е хируршко отстранување на истото. Превенцијата и раната дијагностика на болестите на крвните садови кај луѓето болни од дијабет е од суштинско значење. Дијабетичкото стопало се јавува кај секој петти пациент кој има шеќерна болест, а 10-30% од нив завршуваат со ампутација на заболениот екстремитет. Ампутација на екстремитети е 15 пати почеста кај дијабетичарите отколку кај останатата популација.
30.01.2013 09:09:41