Автори Сара Делгадо Елвира Фабрицио Уккедду Жонаш Жорже Вал Борче Василески Даме Димески Марина Трајковска
Превод Кате Петкоска Маја Тромпеска Христијан Јорданоски Марјан Наумоски
Дизајн на корици
Дизајн
Сара Делгадо Елвира
Сара Делгадо Елвира Учениците од графичка насока при С.О.У. „Р. РИСТЕСКИ - РИЧКО“
Главен и одговорен уредник Жонаш Жорже Вал
4- Инфо Фронт 5- Критична Маса 7- "Let's stop disagree and wonder together" тренинг во Битола 8- Зошто да одите на ЕВС? 9- Импресиите на едно момче 10- Дневникот на Жонаш 11- Loesje постер 12- Промовирање на млади локални уметници
ИНДЕКС
14- Loesje постер 15- Loesje постер 16- Мојата земја 17- Моменталната ситуација во Шпанија 18- Португалските претседателски избори 2016 19- Боробудур 20- Политичкиот активизам во музиката во Сетубал 22- Поетско катче 24- Стрип 26- Loesje постер
Здружението на млади „Инфо фронт – Прилеп“ е младинска невладина организација која има за цел да ги информира младите во врска со програмата Еразмус+ на Европската Комисија, Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС), да стимулира креативност, креативен активизам, мобилност на младите, неформално образование, културни размени и размена на информации. Нашата главна цел е да се обезбедат можности за едукација на младите, како би биле поконкурентни на пазарот на труд. Здружението организира меѓународни семинари, тренинг курсови, младински размени, дебати, преку кои младите се информираат за можностите за мобилност на млади и неформално образование. Проектите кои ги имаме организирано и кои ги припремаме во иднина се на тема претприемништво, родова еднаквост, уметност и култура, креативно пишување, животна средина, Европска свест итн. „Инфо фронт – Прилеп“ е формирана во 2011 год., претставува македонска гранка на организацијата Loesje International и има акредитација за Организација- испраќач, Организацијакоординатор и Организација- домаќин за Европскиот Волонтески Сервис од 2012 год. - 2015-1-MK01-KA110-002670.
4
Kритична Mаса Што е критична маса? Критична маса е возење точак! Се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно се возат по улиците од нивниот град. Критична маса нема раководство. Тоа е возење каде никој не е главен. Секој е одговорен за себе и за Масата. Почетоци на Критична маса Првото возење „Критична маса“ (КМ) било во септември 1992 година во Сан Франциско и во него учествувале 48 велосипедисти. На почетокот од 1993 имало 500 велосипедисти и настанот станал добро познат помеѓу велосипедистите во градот. Приказната зад името Името „Критична маса“ е земено од документарецот на Тед Вајт „Return of the Scorcher” (1992) - „Враќањето на велосипедот“ (Scorcher е сленг име за велосипед од 19 век). Во филмот, Џорџ Блис опишува типична сцена во Кина, каде што велосипедисти не можат да поминат крстосници бидејќи има премногу автомобили, а нема семафори. Полека полека, сè повеќе велосипедисти се собираат чекајќи да преминат, и кога ќе има доволен број од нив (критична маса) , благодарејќи на својата бројност, можат да го пробијат патот. 20-тина години подоцна Денес критична маса се организира во над 300 градови во светот. Нема лидери, нема формална организација. Најмасовната КМ се одржала во Будимпешта, Унгарија во 2008 година, кога учествувале 80.000 велосипедисти. Како се организира Критична маса 1. Разбери ја структурата на Критична маса (КМ). КМ нема водичи. Тоа е настан, не организација. Не ти треба никој да го одобри возењето. Само вози. 2. Перспектива Критичната маса може да биде забавна, но сама за себе Критична Маса нема да смени ништо. КМ е ефективна само кога е комбинирана со вистинско застапување – како лобирање до локалните и државни власти за велосипедски патеки и прогресивни закони.
5
3. Се одлучва периодично време, ден и почетна локација Критичната маса се случува во константно време и место секој месец за луѓето секогаш да знаат каде и кога е истата. 4. Не се бара дозвола Поентата на Критична Маса е во тоа што возењето велосипед е право, а не привилегија. На автомобилите не им требаат дозволи за да возат на улиците, не би требало ни за велосипедите. 5. Не мора да се избере патека на возење Повеќето критични маси немаат конкретна патека на возење – тие поминуваат низ центарот на градот по случаен избор, со било кој што се наоѓа во првите редови водејќи го патот. 6. Сообраќајните закони треба да се знаат Ако настанот привлече поголем број на велосипедисти, може да се очекува внимание од полицијата. Повеќето градови бараат велосипедистите да ги почитуваат истите закони како и автомобилите: осветлување за возење откако ќе се стемни или ограничување за колку велосипедисти можат да возат еден до друг во линија. 7. Дали да се блокира сообраќајот? КМ треба да биде прослава во чест на велосипедизмот, а не можност да се види колку можеш да им пречиш на другите. КМ е за воспоставување на твоите права на патот, а не да им ги одземеш правата на другите. Остави барем една сообраќајна лента слободна. 8. Соочување со мотористи Многу луѓе кои учествуваат во КМ се трудат да бидат пријателски расположени кон возачите на автомобили, како насмевнување и поздравување, дури насмевнување и поздравување и кога возачите на автомобили им свират или пцујат. 9. Биди креативен Критична Маса може да биде празничен и весел настан. Многу возачи носат костуми или екстравагантно ги декорираат нивните велосипеди. Употребија твојата фантазија. Тоа ги прави возењата позабавни.
- Д. Димески
6
"Let's stop disagree and wonder together" Од 5-ти до 12-ти мај во Битола се одржа тренингот “LET'S STOP DISAGREE AND START WONDER TOGETHER”, на тема миграција, бегалци и инклузија. Целта на тренингот беше да се истражи подлабоко процесот на принудна миграција, која што игра голема улога во секое општество, која влијае на младите во многу сфери на животот, како што се: вработување, интеграција, разбирање, социјален дијалот итн. Зголемувањето на компетенциите на младинските работници и младинските лидери во врска со факторите за миграција, причините и последиците од истата и како да се спречат негативните ефекти во општеството (маргинализација), како да се развијат нови проекти поврзани со интеграција на млади луѓе со мигрантска позадина итн. се само дел од поентите на тренинг курсот кои се директно поврзани со поттикнување на активно граѓанство, борба со невработеноста и стимулирање на социјален дијалог.
Задачите на тренингот беа: - размена на искуства и пракси поврзани со процесот на миграција; - обука на младински работници и лидери за наоѓање на решенија за справување со миграцијата во општеството како целина; - подигнување на компетенциите на младинските работници за спречување на негативните ефекти; - соочување со ситуацијата во нашите земји; - развивање на нови проекти и иницијативи за интеграција на бегалци и мигранти, во рамките на програмата Еразмус+. Овој тренинг курс вклучи младински работници од 7 земји: Германија, Македонија, Грузија, Словенија, Палестина и Ерменија.
7
Зошто да одите на ЕВС? Зошто да одите на ЕВС ? Има многу одговори на ова прашање. Но ако прашате други луѓе кои веќе биле на ЕВС, нивниот одговор ќе биде дека тоа беше едно од нивните најдобри искуства во нивниот живот или барем тие што ги прашав ми го дадоа тој одговор. Да откриеш нови пејзажи, нови лица, други јазици,други навики, различни животни стилови, различни начини на размислување... Напуштањето на сопствената комфорна зона да експериментираш, вкусиш, сакаш.. Но понекогаш напуштањето на нашата комфорна зона е тешко или страшно. Секогаш ќе има некој кој ќе ви каже дека вие сте луди или дека не вреди, но што ќе изгубите ако пробате? Програмата ги покрива сите патни трошоци, киријата за куќата, трошоците за сметки, комплетно здравствено осигурување и ви се дадени доволно пари за храна дури и плус џепарлак за секој месец. Што друго треба да направите за да се убедите самите себе си? Без размислување најдобриот дел од овој експеримент ќе биде да го споделите со луѓе кои исто како вас се осмелиле да ја напуштат нивната удобна зона затоа што нивното адвантуристичко „јас“ било посилно од стравот од непознатото и тие ќе пораснат заедно со вас. Ќе пораснете, ќе бидите понезависни, но во исто време посвесни за тоа колку е добро да се дели и да се работи како тим. Ќе бидете потолерантни. Ќе бидете почовечни. Нема да одрекувам дека првата недела беше тешка, но јас не можев да бидам посреќна од тоа што одбрав да го правам моето ЕВС во организацијата Инфо фронт - Прилеп. Ако некој од вас планира да се лансира во базенот од Еразмус+ и волонтирањето, најдобар совет што можам да ви го дадам е да пронајдете проект во кој активностите се поврзани со вашето хоби и вашите интереси. На тој начин вашето искуство ќе биде поисплатливо за вас и за вашето лично развивање. Не само што ќе се вратите со едно од вашите најдобри искуства во вашиот живот, но исто така тоа ќе биде совршен додаток за вашето CV во период кога ќе одлучите да влезете во пазарот на трудот.
8
- С. Делгадо
Дневникот На Едно Момче Не сум сигурен кога започна, не знам кога нешто во мене се промени... но после средно школо јас с è повеќе и повеќе се чуствував празно и добивав неконтролирана желба да избегам и да оставам с è ... Посакував да изгубам контакт со реалноста. Сеуште не знам дали е проблемот во мене или во глобалниот систем. Овoј екстремен капитализам што одредува што е добро и убаво, а што е лошо и грдо... Изгледа како да постои избор, но вистински можете да ги изберите само опциите што овој систем ги нуди. Не можете да излезете надвор од системот, ова не е слобода. Мора да учите за да имате поголема култура, за да се стекнете со поголема самосвесност или само за да заработите повеќе пари. Парите се многу битен факт за овој систем, но ние не сме само банкарски сметки. Ги поминав последните четири години убедуваќи се себе си дека на студиите по хемиско инженерство ќе се стекнам со прикладно знаење, но прикладно за што и кого?! Луѓето ширум светот наоѓаат бројни мотиви за да продолжат да се збогатуваат од производството на оружје и предизвикуваат војни, а не наоѓаат срдства да ги нахранат луѓето кои секојдневно гладуваат... Јас се сеќавам дека убивме човек, го распнавме на крст бидејќи не ги прифаќавме неговите зборови и мисли. Го убивме него бидеќи многу добро знаевме дека неговите зборови се многу посилни од било кое оружје... Но и сега, ние луѓето сме со телефоните во раце и сеуште ги имаме истите проблеми... и сеуште убиваме мажи и жени, ги убиваме своите блиски за многу погрешни причини. Ксенофобијата, расизмот, хомофобијата нè затвораат ментално, градејќи ѕидови околу нас... луѓето, светот мора да се променат и да научат да не ги прифаќа одлуките на власта. Кое е решението за подобар свет? Јас не верувам дека решението е дикататорски режим кој ќе ни ја наметнува еднаквоста. Јас верувам дека сите ние, секој човек може да разбере дека бојата на кожата, религијата или расата не го менува нашето вистинско “јас”, никој не е нешто повеќе или помалку од другиот. Јас сум роден во Италија, една од најцивилзираните земји во светот, но што е цивилизација ако и во мојата земја исто така постојат проблеми како што се: борбата за моќ, нееднаквоста и емоционалната отапеност. Можеби стравувам дека и јас ќе станам како и другит луѓе или пак веќе сум полош од сите други... па со многу голема желба да придонесам за подобар свет ... јас сум овде во Прилеп, Македонија, благодарение на ЕВС програмата. Мислам дека овае е една од ретките добри можности кои овај систем сеуште може да ми ги понуди. Имам можност да запознаам нова средина и другиот јас, како и вистински и подобро да разберам дека сите ние сме граѓани на светот, а не граѓани на една држава. Без граници, беа религија и без ограничувања како синглот од John Lennon. Па ја напуштив мојата земја на шест месеци и се обидувам да се изгубам себе си повторно и повторно за да го пронајдам вистинскиот јас. Потребно ми е да разберам како да бидам корисен за светот, но најпрво треба да се променам себеси. Револуцијата вистински започнува во нас самите. Ако и вие исто така, некогаш имате размислувано на оваа тема, тогаш сите ние и не сме навистина сами. Сеуште се надевам за подобар свет. Затоа сум овде, во Прилеп во заедно со добри и посебни луѓе кои што ме учат на почит и споделување и сето тоа придонесува да се чуствувам подобро и го исполнува моето срце со радост. Се чуствувам како гостин, како посебен гостин и сакам секој во светот да се чуствува како што се чуствувам јас сега. Светот не припаѓа никому ако не припаѓа секому. Ми се допаѓа љубезноста и гостопримството на луѓето во Прилеп и повторно помислувам дека сепак би можеле да го промениме светот тргнувајќи од самите себи, од овде. Навистина сум благодарен за можност како и за искуството кое ќе го стекнам во наредниве шест месеци, ви благодарам прилепчани и со љубов ве поздравувам.
9
ДНЕВНИКОТ НА ЖОНАШ Поминаа скоро две недели откако пристигнав во Прилеп.Се сеќавам
на првата ноќ кога пристигнав со моите нови состанари,нашите ментори ни ги дадоа клучевите од куќата и ни ја покажаа куќата. Сите беа многу уморни и малку срамежливи и со оглед на тоа решивме да ги одбереме собите по случаен избор. Да бидам искрен, јас само сакав да спијам ,бидејќи бев многу уморен. Следните денови функционираа многу добрo при кршење на мразот. Започнав да дознавам повеќе за Сара и Фабрицио, ја започнав мојата авантура со овие две прекрасни личности. Исто така научив многу повеќе за „менторите“, меѓутоа во стварноста нив ги сметам како колеги и пријатели,прекрасни искрени луѓе кои што направија од самиот момент да се чувствувам удобно и прифатено, што според мене е многу важно за еден европски волонтер. Во текот на првите денови исто така не запознаа со градот Прилеп. Град кој што предизвикува љубопитност,град кој што има свои карактеристики. Како на пример фактот дека во сабота околку пладне е невозможно да се пронајде место за кафе или независно колку одредено место е одалечено, луѓето секогаш ќе ти кажуваат не е повеќе од 10 минути пешки. Но тоа што го сакам најмногу за овој град и луѓето, е тоа што кога ќе седнете во некој бар, голема е можноста да ви се придружи некој во наредните минути. И ако останеш таму доволно долго, ќе завршиш со половина бар слободен за тебе. И се разбира храната. И покрај тоа што немам пробано половина од работите, а планирам да ги пробам, работите кои што ги пробав досега ги обожавам. Повеќето од храната е направена со секојдневните продукти, бидејќи тие го консумираат најповеќе тоа што го произведуваат (за разлика од некои држави во Европа,вклучувајќи ја Португалија,каде што тоа што се конзумираат увезени продукти), исто така има и многу пецива. Но недостигот на различности воопшто нема негативен ефект на квалитетот на храната. Почнувајќи од плескавици полнети со сирење и пецива полнети со сирење (дали спомнав тие имаат одлично сирење?), сè е вкусно и плус големите порции кои те тераат да се опцуеш себе си заради тоа што си изел премногу. Сè на сè, нешто ми кажува дека овие 6 месеци ќе бидат луди, досега се случија многу чудни работи,а поминаа само две недели. Возбуден сум! Ж. ВАЛ
10
Имам 18 години, живеам во Прилеп и скоро две години се занимавам со театар. Желбата за театар ни самиот не знам од каде ми дојде, сè се случи спонтано кога се појавив на аудицијата. Член сум на Младинското Драмско Студио – Театар “Чин 4 Сцена 5” каде што досега имам играно во четири претстави и две претстави имам режирано.
Дебитирав со тинејџерската претстава “Ангел”, која беше еден вид на мјузикл. Потоа претставата “Ништо” која што ја прикажуваше реалноста за спиритуалната и емоционалната празнина на луѓето. Како актер повторно се појавив во претставата “Огнен” со која што пренесовме порака колку влијаат на тебе луѓето што се околу тебе. Моја прва режирана претстава беше “Како научивме да стоиме под сонцето”. Преку еден поинаков вид на театар, односно мешавина на театарот на апсурд и постмодернизмот пренесовме порака за младешката бунтовност и исфрлањето на револт против машината во која што живееме денес. Во мојата последна претстава “Жените на Џејк” во која бев и режисер, и актер во главна улога, на публиката и го поставивме прашањето “Што е кариерата без љубов?”.
12
Голем дел од моето време го поминаувам на сцена, бидејќи таму се пронајдов себеси и таму се чувствувам исполнет. Театарот како уметност го сакам бидејќи овозможува повеќе уметности да се случуваат истовремено на исто место. Кога седиме во публиката гледаме луѓе кои плачат, се смеат, љубат, мразат, живеат и во истиот момент нивната приказна ја чувствуваме како своја. Тоа е и убавината на театарот, затоа што ти овозможува да дишеш во иста просторија заедно со приказната која ја следиш.
- Б. Василески
13
Мојата земја Сардинија е втор по големина остров во Медитеранот после Сицилија и е автономен регион на Италија. Овој дел од Италија има богата историја и поради географската положба и климатските услови бил освојуван безброј пати. Сардинија има одиграно важна улога во историјата на Медитеранот, цивилизациите на Пуните и Феникијците извршиле влијание најпрво на сардиниската цивилизација и култура а потоа и на римската. Каљари е главниот град на Сардинија, оригинално основан од Картагинците и долго време бил собиралиште на многу различни култури благодарение на местоположбата, близината на морето и пристаништето. После овој период, брегот на Сардинија станал трн во око на секој колонизер. Како основна информација за Сардинија која теба да се знае, е дека пружила отпор на римските освојувачи и дека никогаш не ја освоиле целосно. Во периодот после илјадитата година, Сардинија потпаднала под Шпанска власт, под власт на Арагонците и ова извршило големо влијание на традицијата, културата и латинските јазици. Подоцна, во 19 век, Сардинија придонесла за обединувањето на Италија. Сардинија е прекрасен остров, планините и планинските врвови кои не се многу високи се распространети по должината на бреговите и плажите. Пештерите издлабени од реките уште од античко време се убави места за посета и заедно со планинските врвови и морето, креираат спектакуларна панорама. На овој остров можете да најдете 80 % од светската вегетација благодарение на температурата и тропската клима. Градовите се антички и мистериозни, Каљари е издигнат на ридот на плажата и секоја година привлекува голем број на туристи. Типично за сардиниската популација е да биде љубезна со туристите, а тоа е причина плус да го посетите островот. Во случај да не ви се допадне пејсажот, можеби ќе посакате да готвите со вкусовите на островот. Каљари исто така нуди можност за студирање на факултет, а истовремено е центар за културни средби. Неколку италијански писатели ја опишуваат Сардинија како рај на земјата. Доколку сте во можност, посетете ја Сардинија, нема да зажалите.
- Ф. Уккедду
16
Моменталната ситуација во Шпанија Како и сите европски земји, Шпанија во моментот се наоѓа во економска криза започнувајќи од 2008 година, а најголемо влиjание сето тоа има кај младите луѓе. Мојата генерација порасна со мислењето дека со завршувањето на факултетот ќе имаме подобра можност за вработување, за создавање дом каде ќе основаат семејство и на тој начин ќе имаат некоја стабилност. Јас ги започнав студиите во 2007 година и паралелно со тоа одев на курс за кратење на буџетот, приватизација за подобрувањето на јавните услуги, неправедните реформи донесени од страна на владата... влада чии членови започнаа да се појавуваат на вестите за кражба на јавните пари и други криминали. Во 2016 година, повеќето од младите помеѓу 20 и 30 години кои се вистински квалификувани за работа во нивното поле продолжуваат да живееат во домовите на нивните родители кои исто така имаат несигурна работа (во тој случај си еден од среќниците ако имаш работа). Но, не само овој дел од популацијата има потешкоти во нашето опшество. Кратењето на буџетот има влиание и на постарите луѓе кои што живееат со помала пензија и во многу случаи треба да ги подржуваат семејствата на нивните деца. Популацијата е разочарана од политичарите и тоа се рефлектира на последните претседателски избори кои се одржаа на 20.12.2015. На тие избори беше невозможно да се создаде влада затоа што никој од нив немаше доволно гласови и во текот на изминативе месеци не можеа да дојдат до договор и веројатно ќе треба да гласаме повторно во јуни. Барем луѓето во Шпанија имаат смисла за хумор, без размислување стереотипот на љубители на забава во глобала е вистина. Иако со малку пари во нашите џебови сакаме да излегуваме и да испиеме по некое пиво со нашето семејство или пријатели и да уживаме во доброто време. Во секој регион од државата постојат многу традиционални фестивали поврзани со нашата култура, со музиката, театарот... кои што вобичаено се атрактивни за странците. Можеби кога ќе помислите на Шпанија прво на што помислуватае е борбата со бикови. Сеуште ја имаме оваа традиција во која што биковите исчезнуваат и покрај борбата за правата на животните. Но сеуште ја имаме ”los San Fermines” каде што во текот на една недела се пуштаат пет или шест бикови на улиците од Памплона (во северниот дел од државата) а сето тоа е опасно затоа што истовремено луѓето трчаат по улуците. Во мојот град Лорка, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Шпанија еден од поважните фестивали кој се одржува е на католички Велигден. Земајќи во предвид дека е интернационален настан, во текот на годината голем број луѓе се ангажирани околу подготовка на настанот. Постојат два тима плав и бел и секој од нив има различни ликови од библијата кои што се прикажувани во текот на парадата. Во текот на овај ден сите се во својата најдобра облека и носат марами со бојата на својот тим. Според мене ова е најдобриот момент да го посетите мојот град. Можете да ја посетите мојата земја поради овој тип на фестивали, вкусната храна ,
доброто време, луѓето ... Шпанија е добра дестинација за вашиот одмор.
- С. Делгадо
17
Португалските претседателски избори 2016 Смешно е како половина од популацијата не e заинтересиранa за моменталната политичка состојба на државата. Истото тоа се случи во Португалија, за време на претседателските избори во 2016-та година. Иако десничарската партија победи со својот претставник Марсело Ребело де Соза , 51.16% од популацијата не излезе на гласање. Тоа е повеќе од половина популација што не гласала! Но ајде најпрво да разговараме за „нашиот” професор. Марсело де Соза е многу интелигентна личност. Или пак можам да кажам е итар? Бидејќи изминатите шестнаеест години се појавуваше во медиумите, особено на телевизија, зборувајќи за сите моментални национални и интернационали случувања. Кажувајќи го сето она што луѓето сакаат да го слушнат иако самото тоа понекогаш има контрадикторно значење. Правејќи се самиот себе си популарен и со тоа истовремено лицето кое што го претставува народот. Но сето тоа е во ред. Во денешно време тоа е прифатливо во политичкиот бизнис. Што е многу тажно. И да... бизнис, ајде да се соочиме со тоа, политиката е еден вид на бизнис. Бизнис во кој што големите компаниите се кандидираат, а во тоа не се сомневам. Па за земја која што била во фашизам, неколку револуции и многу потешки периоди, се прашувам зошто половина од нацијата не гласа? Фрустирачки е кога ќе слушнам како тинејџерите на моја возраст велат „не е вредно“ или „не сакам да го напуштам домот“. Луѓето треба да “espabilar” (да се разбудат/ освестат, како што се кажува на шпански). Тие треба да се борат за своите права. Ве замолувам да ги искористите сите ваши права. Не дозволувајте вашето постоење да биде залудно. Ако видите нешто погрешно, исправете го сами!
18
Борободур, патувај до средината на духовноста Борободур е најголемиот Будистички храм во светот и затоа е познат како планината на „боговите“. Се наоѓа на централна Јава, на 40 километри оддалеченост од Јојакарта и 90 километри од Семаранг. Најдоброто време за посета на Борободур е во текот на Весак. Весак е најважниот фестивал во будизмот бидејќи го слави раѓањето и смртта на Буда. Овој празник нема одреден ден и зависи од тоа кога е полна месечина и вообичаено се случува во Мај. Буда значи “оној кој е буден”, просветлен. Па се очекува светлината да го прочисти протагонизмот и тоа е главната причина поради која на овој ден доаѓаат следбеници од секаде на светот. Храмот е изграден со повеќе од два милиони камења, потекнува од деветтиот век и е висок 35 метри. Навечер се изведуваат театарски претстави и истовремено можат да се видат луѓе кои медитираат. Во текот на прославата за Весак, пред изгревањето на сонцето завршува ритуалот наречен Парикрама. По завршувањето на ритуалот Парикрима, монасите медитираат и истовремено го обиколуваат храмот три пати. Секој верник ја пали својата хартија и ја пушта заедно со фенерите кон небото. Признат од UNESCO како културно наследство, храмот содржи 2672 панели со резби и 594 статуи од Буда кои со години се покриени со пепел бидејќи Боробудур е опкружен со вулкани. С. ДЕЛГАДО
19
Политичкиот активизам во музиката во Сетубал Доаѓам од просечен португалски град наречен Сетубал. На само педесет километри оддалеченост од главниот град Лисабон, нормално е да се случуваат повеќе културни настани за кои што поголем дел од популацијата е заинтересирана. И не само поради тоа што е блиску до главниот град, со години Сетубал е еден од најуметничките градови во Португалија вклучувајќи ги и ликовните уметници, музичарите, писателите, фотографите или било кој друг вид на уметност, каде што едно од најважното поле е музиката. На музичката сцена постои еден сосема различен спектрум почнувајќи од „пимба“- фолкорна поп музика со нереална содржина, но доволно чудна (или пак не) и навистина популарна, па сè до хардкор. Музичарите и артистите вообичаено се поврзуваат со политичката конотација, без разлика дали е тоа директно или индиректно. Така да ако ги комбинирате политичкиот и социјалниот активизам со португалскиот хардкор ќе добиете активни бендови како Somber Rites, Dimension, Shape, Ash Is A Robot и ајде да споменеме некои групи од „старата школа“ од 80те/90те: OsCensurados, Mata Ratos, Tara Perdida, пренесувајќи порака за тоа да ги искористе своите права и да верувате во тоа ако сакате да промените нешто можете да го направите самите, а истовремено ментално да го промовирате претприемништвото помеѓу младите луѓе, се разбира свирејќи одлична,агресивна и енергична музика. Одделив од моето време и од времето на Somber Rites за да ги прашам неколку прашања. Тие беа доволно љубезни да одговорат во сооднос на слободното време што го имаа.Подолу ќе го видите интервјуто. -Најпрво, која е пораката што сакате да и ја пренесите на публиката? Somber Rites е тоа што се случува кога четири различни луѓе ќе се здружат заради нивната љубов кон хардкорот, за самите себе си, за животот кој што вреди да се живее. Од наша гледна точка светот е многу чудно место. Каде и да погледнеш има неправда, корупција, смрт и страдање. Колку и да се лоши работите во Португалија, благословени сме да живееме како што живееме. Така да нашата порака е тоа дека секој од нас може да превземе нешто за тоа. Преку начинот на кој што го живееме животот, начинот на кој што комуницираме со другите. Не мора да биде само политички активизам. Начинот на кој што ги третирате другите се смета како долг процес. Во овие модерни времиња да бидеш чесен може да биде политички акција. Нашата порака е само тоа : биди свесен, да бидеш подобра личност, чесен, паметен, да учиш и да разбереш дека светот може да биде ладно и тешко место, па затоа треба да даваш исто онолку колку што земаш.
20
Кое е вашето мислење за португалската хардкор сцена во однос на политичката интервенција? Повеќето од нас во бендот не се толку млади колку другите момци во хардкор бендовите. Тоа не мора да значи ништо покрај фактот дека имаме многу видено на хардкор сцената. Имаме видено бендови кои што доаѓаат и заминуваат. Политички и неполитички бендови. Луѓето се менуваат а исто така и чувствата за хардкор. Сега можеби е да е најдоброто време да се биде политички свесен и да се каже нешто. За нас хардкотот не е само агресија заради самата агресијата. Цел овој бес и гнев треба да биде искористен и претворен во нешто подобро. Ја имаме видено ултра политичката хардкор сцена од 90-те и почетокот на 2000-те. Исто така имаме видено како поголем број од луѓето во тоа време му го свртија нивниот грб на сето тоа и исчезнаа. Истовремено видовме како после овој момент хардкорот беше само музички стил. Треба да има рамнотежа помеѓу музиката и потребата да се каже нешто. Мислам дека работите се добиваат на тој начин. Но луѓето секогаш ќе ја видат оваа форма на ескапизам. Сепак на крајот, Португалија секогаш била една од најактивните сцени во Европа. Имаше сопствени падови и подеми, но сцената е онакава каква што сакаат децата па затоа никогаш нема да нè слушнете да се пожалиме за тоа. И конечно дали имате песна што ве претставува на тој начин ? Започнавме со бендот веднаш после објавувањето на ЕП од 6 песни. Мислам дека сите песни го претставуваат она зад што стоиме.Се дадовме себе си во ЕП-то. Очигледно дека "Bystanders" имаше најголемо влијание бидејќи направивме и видео запис со него. Станува збор за една од најголемите хуманитарни кризи која светот ја видел до сега. Ја претставува сликата како сите ние само гледаме. Како Европските влади само ги отфрлаат проблемите, правејќи економски договори со Турција со цела да го скриаат хаосот во кој што се наоѓаме. Но мислиме дека сите наши песни стојат зад споствениот став и дека ако одделите дел од вашето време да го прочитате текстот ќе разберете во која насока одиме со нив. Тие не се само „вистината“, туку и она што го чувствуваме.
Ж. ВАЛ 21
22
23
24
25
ЗДРУЖЕНИЕ НА МЛАДИ ИНФО ФРОНТ - ПРИЛЕП Адреса: Андон Слабејко бб. 7500 Прилеп, Македонија Тел: +38970719945 / +38970764064 е-пошта: infofrontprilep@gmail.com Facebook страна: www.facebook.com/infofrontprilep
Статиите содржани во списанието ги отсликуваат личните ставови на авторите и не ги одразуваат мислењата или ставовите на членовите на здружението на млади Инфо фронт – Прилеп или на самото здружение.
„Поддршката од Европската Комисија за издавањето на оваа публикација не се состои во прифаќање на содржините кои ги одразуваат единствено ставовите на авторите, и Комисијата не може да биде одговорна за било какво користење кое може да произлезе од информациите содржани во истата.“
НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ
27