MYG issue 9

Page 1


МИГ АВТОРИ:

КЕИРА АКОРД ЛАУРА РОДРИГЕЗ РОМАН ЛОРЕНЦО ДИ КАРЛО ВЛАДИМИР КОНЕСКИ ПЕТАР ЈАНКОСКИ АЛЕКСАНДРА СТЕВАНОСКА

ПРЕВОД: АЛЕКСАНДРА СТЕВАНОСКА ПЕТАР ЈАНКОСКИ ВЛАДИМИР КОНЕСКИ

ДИЗАЈН: ЛАУРА РОДРИГЕЗ РОМАН ПЕТАР ЈАНКОСКИ ХРИСТИЈАН НИКОЛОСКИ

ФОТОГРАФИИ: ЛАУРА РОДРИГЕЗ РОМАН КИРИЛ КАРАКАШ ДИМИТАР АТАНАСОСКИ


ИНДЕКС

6

ХРАНАТА ВО ИТАЛИЈА

17

ШИРДЕН

8

ШПАГЕТИ КАРБОНАРА

18

МЛАДИНСКА РАЗМЕНА

9

БРЗИ КНЕДЛИ

20

ТРЕНИНГ КУРС

10

КУЈНАТА ВО ПОЛСКА

21

ОВОШЕН ОШАВ

12

ЗДРАВА ИСХРАНА

22

КВИЗ

15

ОМЛЕТ ОД КОМПИРИ

24

ПРОМO НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

16

04

АЈВАР


Здружението на млади „Инфо фронт – Прилеп“ е младинска невладина организација која има за цел да ги информира младите во врска со програмата Еразмус+ на Европската Комисија, Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС), да стимулира креативност, креативен активизам, мобилност на младите, неформално образование, културни размени и размена на информации.

Нашата главна цел е да се обезбедат можности за едукација на младите, како би биле поконкурентни на пазарот на труд. Здружението организира меѓународни семинари, тренинг курсови, младински размени, дебати, преку кои младите се информираат за можностите за мобилност на млади и неформално образование. Проектите кои ги имаме организирано и кои ги припремаме во иднина се на тема претприемништво, родова еднаквост, човекови права, уметност и култура, креативност, креативен активизам, креативно пишување, животна средина, Европска свест итн. „Инфо фронт – Прилеп“ е формирана во 2011 год., претставува македонска гранка на организацијата Loesje International и има акредитација за Организација- испраќач, Организација- координатор и Организација- домаќин за Европскиот Волонтески Сервис од 2012 год. - 2015-1-MK01- KA110-002670.


ВОВЕД Драги читатели,

Акцентот на ова издание ќе биде ставен на храната, која

очигледно е актуелна и позната тема за сите нас, со оглед на тоа што секогаш имаме потреба од неа и често имаме нови идеи за различни видови на подготовки на јадења. Исто така ќе наидете на инспиративни рецепти и идеи, а воедно ќе се запознаете со различни кујни од неколку делови од светот, кои ЕВС волонтерите сакаа да ги споделат со вас, и ќе имате

можност да прочитате нешто за здравиот начин на исхрана. Затоа што храната не претставува само задоволство, таа е есенцијален и составен дел кој влијае врз нашите тела и треба да сме запознаени со неа повеќе од било кога. Освен проблемитиката околу исхраната која ја подготвивме за

вас, како и во претходниот број, и во овој ќе можете да прочитате за проектите кои се организирани од Инфо-Фронт Прилеп, организација која работи во рамките на Еразмус+ програмата и приказна за еден млад уметник кој сакаше да ја сподели својата пасија во овој магазин и живее не толку далеку од нас. Се надеваме дека ќе уживате во нашите текстови, ќе се инспирирате и откриете нови идеи и можности. Продолжете да читате!

ТИМОТ НА МИГ


ХРАНАТА ВО ИТАЛИЈА Храната во Италија е многу важна. Ние сме горди на нашите рецепти, а воедно е и една од најпознатите кујни во светот. За жал, поради тоа, најчесто рецептите се модифицираат со цел да се прилагодат на вкусовите од земјите каде се подготвуваат и тоа ги прави Италијанците да се ежат кога ќе го видат тоа.

Главните оброци во италијанска кујна се: доручекот, кој за разлика од другите земји е многу едноставен. Обично е нешто слатко, со млеко или овошен сок, проследен со бисквити или леб со џем или еурокрем. Кафето доминира со различните подтипови како капучино, кафе лате или познатото еспресо. Во некои посебни прилики, како што се неделите или празниците, може да има и печиво.

Ручекот е најважниот оброк во денот па така ако е комплетен се состои од три до четири дела: предјадење, кое се состои од различни избрани и претходно исечени типови на месо, сирење и зеленчук. Типично како прво јадење е чинија со паста, ориз или супа. Второто вклучува месо, риба, сирење или сланина и чинија со зеленчук. Десертот е нешто слатко или пак овошје. Денес ваков целосен ручек, обично се ставува за време на празници или недели, додека останатите денови се јади само еден оброк. Редоследот на вечерата е скоро ист како и оној за ручекот, со исти или слични јадења. Денес, за разлика од ручекот, вечерата и доручекот остануваат оброци кои се јадат кога имаш друштво, обично тоа е со фамилијата. Се ова може да се варира во зависност од традициите и развојот на регионот.

6


"PERFECT FOR PARTIES AND Навистина е тешко да се одбери најдоброто јадење од италијанската кујна затоа што има илјадници избори Италија е поделена на дваесетесет региони и секој регион си има свои CELEBRATIONS" Ужините не се главен оброк, но се важни за да се намали гладта помеѓу оброците. Тие се лесни и се состојат од овошје, леб и џем, и во лето тука спаѓа и сладоледот. ,

.

рецепти кои можат да бидат различни па дури и од еден град до друг. Меѓутоа, ќе ви го кажам менито кое мојата мајка го спрема за време на празници и можам да ве убедам дека е супер вкусно:

Како предјадење обично на масата се ставаат различни избрани и претходно исечени типови на месо како сланина, колбаси, мортадела,сирење итн. Потоа,како прво јадење , “Timballo teramano” е нашиот омилен избор. Тоа е карактеристично јадење од мојата област кое наликува на лазања, но верувајте ми, е 1000 пати подобро. Во зависност од пригодата, може како прво јадење да има шпагети “spaghetti alla chitarra”, кое е исто така карактеристично за мојот регион. Тоа се шпагети со доматен сос и мали ќофтиња, мошне вкусно. Како второ јадење обично имаме месо како “cotoletta”, кое е парче пржено месо, или “spezzatino di agnello”, јагнешко месо сечено на мали парчиња со вино, зачини и многу често и доматен сос. Очигледното виното си е засебено и е задолжително додека се јаде. На крај обично се јаде овошна торта, колачи и други благи работи, кои се домашни и се совршен десерт за крај.

Разликата помеѓу Македонија и Италија е тоа што пиеме јак алкохол после јадењето за да помогне при варењето, а тука почнува да се пие ракија пред почетокот на јадењето, и кога за прв пат го видов тоа, ми беше чудно.

Да го напишам текстов беше тешка задача, затоа што ми недостасува италијанската храна, па се надевам дека ви се допадна.

7


ШПАГЕТИ КАРБОНАРА Состојки за 4 лица: Шпагети- 400гр. • Јајца- 2 • Панцета- 100гр •

Овчки кашкавал-100гр • Сол по вкус • Црн бибер •

Постапка: Во тенџере, оставете водата да зоврие и додадете малку сол. Откако водата ќе зоврие ставете ги шпагетите. Додека пастата се готви, почнете да го правите сосот. Исечете ја панцетата на ленти и испржете ја во тава. Скршете ги јајцата во сад и изматкајте ги. Потоа додадете го кашкавалот, малку црн бибер и повторно изматкајте. Исцедете ги шпагетите и префрлете ги во тавата со панцетата и додадете ја маснотијата која ја испуштила панцетата.

Префрлете ги шпагетите со сланината во садот со јајцето и добро измешајте. Веднаш сервирајте ја карбонарата, со малку црн бибер и рендан кашкавал. П.С. Наместо панцета исто така може да користите сланина, а наместо овчи кашкавал- пармезан. Уживајте!

8


БРЗИ КНЕДЛИ Време: 30мин. Сложеност: лесна Порции: 2-4 Состојки: • 300 гр. Урда • 1 јајце • 1 лажица брашно од компири • 1/3 чаша бело брашно Постапка: Ставете ја урдата заедно со јајцето во сад, измешајте ги и потоа измесете го тестото. Исто така можете да го исецкате сирењето и да го измешате со мелено месо и потоа да го измешате со јајцето. Набрашнете ја масата со пченично брашно, ставете го тестото, ставете малку брашно од компир, потоа повторно пченично брашно и повторно измесете го тестото. Ако е потребно додадете повеќе пченкарно брашно, затоа што колку е помеко сирењето, толку повеќе е потребно брашно. Поделете го тестото на два дела кои ќе ги развлечете во цилиндрична форма и пресечете ги на парчиња. Ставете ги во вода која врие и оставете ги 1 до 3 мин. до моментот кога ќе се кренат на површината на водата. Потоа извадете ги и исушете ги кнедлите и сервирајте ги, на пример со лебни трошки пржени со путер. Уживајте!

9


КУЈНАТА ВО ПОЛСКА Традиционалната полска кујна не треба да се нарекува многу здрава, таа е многу мрсна и калорична, но и многу вкусна или можеби најмногу е така меѓу странците. Најважниот оброк во Полска традиционално се јаде околу 13 или 14 часот или подоцна и тешко е да се одлучи дали е повеќе како ручек или вечера. Според времето, треба да го наречеме ручек, но поради важноста и големината на порцијата, Полјаците порано го викале вечера. Целиот оброк може да биде составен од две или дури три јадења. Првиот оброк обично е супа. Супите, особено оние со зеленчук, се многу популарни во Полска. Еден меѓу најпопуларните е rosół, кој се базира на варено месо, обично пилешко и освен зеленчук, исто така, содржи и тестенини. Останатите се “барши”, чија главна состојка е цвекло, “крупник” со жито, “pomidorowa” со домати,” kapuśniak” со зелка или “ogórkowa” базирано на кисели краставички. Второто, главно и најважно јадење, е често национално и речиси секогаш содржи месо, а и не ретко и некои видови тестенини од брашно и полнети кнедли. Освен нив, на полската кујна доминираат и компирите, кои најверојатно се најчестата состојка за вечера. Некои видови жито што ги нарекуваме каза (каша) исто така се добра алтернатива. Веројатно најпопуларното јадење со месо е kotlet schabowy (свинско месо). Исто така ценети се и многуте видови колбаси, но ретко се служат како вечера. Може да се јадат ладни наместо шунка или други месни производи. Последна состојка која се користи е зеленчук или мешавина од нив. Миксот е сличен на салата, но во Полска, се вика surówka, што значи мешавина од сурови состојки. Всушност, состојките можат да бидат и кисели, како кисела зелка, за разлика од остатокот од главното јадење и има специфична форма. Во Полска еквивалент на салата е sałatka кој во моментов е популарна и се јаде во различно време од денот. Се разбира, понекогаш зеленчукот е и варен. Тоа може да биде грашок со морков - многу популарна мешавина, грав или цвекло.

10


Други традиционални јадења кои вредат да се споменат се gołąbki - вид на зелка полнета со ориз и месо, bigos направени исто така од зелка, колбаси и печурки, компир палачинки, pasztet - паста направена од мелено месо, маст и обично зеленчук, oscypek - пушено сирење направено од солено овчо млеко со потекло од планините Татра или компир со урда наречено twaróg, слично на кисела павлака и не содржи сол како и млеко, тоа е карактеристично јадење за регионот на Велкополска (Wielkopolska).

Последното јадење е слатко, често се јаде како посебен оброк или сладок додаток помеѓу главните оброци. Има многу традиционални колачи во полската кујна и речиси сите се печени и домашни, но за нивната подготовка треба многу време. Постои sernik- торта базирана на сирење, која може да се биде и како печена, варена или студена. Makowiec е ролат-торта со семе од афион и е многу популарна за време на празниците. Божиќните празници доминираат со gingerbreads (колач со ѓумбир), а пак за Велигден едноставни колачи наречени babki.

11


ЗДРАВА ИСХРАНА Здрав начин на живот, како што и сè во денешниот свет, постојано е под влијание на модата и трендовите. Всушност, тешко е да се каже кој тренд во моментов е попопуларен: здрава исхрана или лесна исхрана чии корисници обрнуваат внимание само на вкусот и достапноста на храната. Во оваа статија, сепак, јас ќе се обидам да ви го објаснам феноменот на здрава исхрана и како да ја подобрите вашата исхрана, со цел да се чувствувате подобро и да му помогнете на вашето тело да остане здраво. Суштинскиот чекор во здравата исхрана е да се следи нутриционата пирамида. Треба се следи кога купувате производи, подготвувате храна, избирате што да јадите во рестораните и за

време на други активности поврзани со исхраната. На пример, ако треба да јадете нешто и се мислите да земите пакет чипс или други закуски, размислете колку зеленчук и други категории на храна од пирамидата сте јаделе денес и да донесете соодветна одлука. Понекогаш, се разбира, немаме доволно време да подготвуваме зеленчук и друга храна која бара време, па затоа треба да се обидеме да го испланираме нашиот ден за да најдеме време за подготовка на нешто самостојно, бидејќи независно од тоа колку ќе пробаме да ги најдеме најздравите алтернативи од готови оброци, тие никогаш нема да ја заменат свежата и природна храна. Ако поголем дел од времето го поминуваме надвор, не само што треба да јадеме домашна храна пред да изезиме туку и потоа , но и да земеме домашна храна со нас. На почетокот ќе биде тешко, но всушност, тоа е прашање на време додека да се навикнеш.

12


Освен следењето на пирамидата на исхрана, треба да запомнеме и дека во една категорија на храна постојат многу разни работи што треба да се јадат и треба редовно да се консумираат сите или барем повеќето од нив. Секој ден нашето мени треба да биде различно, дури и ако пропорциите на видови на храна се исти. Тоа ќе ни помогне да го обезбедиме нашиот организам со сите витамини, минерали и елементи, и исто така ќе ги направиме нашите оброци попривлечни и вкусни. Очигледно, можеме да направиме вечера или салата за два дена и да го задржиме скоро истиот појадок, но треба да запомниме дека освен јаболка и банани постојат и други плодови, и лебот не е единствената опција за храна од житарици и цели житни култури. Во меѓувреме, рибите не се вид месо и јајцата не можат целосно да ги заменат млечните производи. Но не е сè до јадењето разновидна храна. Времето кога јадеме и колку големи паузи правиме меѓу нашите оброци, се исто така се важни. Всушност, треба да имаме пет оброци дневно, бидејќи јадењето често, но во помали порции, е најдобро решение за нашето тело, особено за дигестивниот систем. Исто така, ќе ни помогне да не јадеме нискохранливи закуски меѓу главните оброци. Очигледно, треба да почнеме со појадок, дури и ако немаме апетит во утринските часови. Вториот и четвртиот оброк можат да бидат мали, понекогаш само овошје, но може да биде и едноставна салата или здрав "десерт" базиран на јогурт или млеко. Главниот оброк, вечерата или ручекот треба да содржат месо или риба, или пак барем јајца. Треба исто така да се сетите дека треба да јадете најмалку пет порции овошје и зеленчук дневно и најмалку три порции зеленчук, па затоа би било лоша идеја да ги прескокнете пред главниот оброк. Особено затоа што обично се повкусни со месо или риба и друга храна. Од категоријата житни и цели зрна, која всушност е

13


проширена и на мешунките и на некој друг зеленчук, би избрале или тестенини, жито, ориз, но исто така и компири, производи од пченка или грав. Вегетаријанците и луѓето кои не јадат месо посебно треба да обрнат внимание на оваа храна како мешунки, и да се сеќаваат на замена на месо со соја или риба. Процесот на подготовка и обликот во кој се служи нашата храна исто така има големо влијание врз нашето здравје, но и врз вкусот на храната. Најдобриот начин за подготовка на храна што не треба да се консумираат суровa, е на пареа или правење супа. Најчестa грешка која се прави е истурање на водата во која се готвел зеленчукот. Полна е со витамини и треба да ја употребуваме и наједноставниот начин за тоа е правењето на супа. Може да се вари зеленчукот заедно со месото, не само што е полесно, туку месото ја прави супа вкусна. И, се разбира, не заборавајте да додадете многу различни зачини, меѓу кои секогаш треба да има куркума и ѓумбир кои се особено корисни, но не додавајте сол! Солта воопшто не е потребна за да се направи супа или било која друга храна вкусна. Треба да консумираме до пет грама сол (една мала лажичка) дневно затоа што веќе има повеќе сол во сите готови производи, па дури и млечни производи кои секојдневно ги јадеме. Во однос на останатитеоброци кои ги подготвуваме сами, правилата за здрава подготовка и вкусниот ефект се многу слични. Во случај на готвење на пареа, можеме да додадеме зачини и на самата храна и на водата. Дури и не ви е потребна некоја посебна опрема за готвење храна над вода. Пржењето секогаш ќе биде лош начин за подготовка на храна, независно од тоа колку се обидуваме да го избереме најдоброто масло. Секоја маст не е совршена и, всушност, повеќето од нив честопати чаделе, што значи дека се појавуваат некои супстанци на труење. Меѓутоа, ако повремено пробаме да следиме некои едноставни правила, тоа не треба да има лошо влијание врз нашето здравје. За маснотии, можеме да користиме кокосово масло, семе од репка или сончогледово масло. Никогаш не користете ниту маслиново масло, бидејќи почнуваат да чадат многу брзо. Како и да е, треба да испржете нешто што е можно пократко и - ако е можно - да ја мешате храната цело време.

14


ОМЛЕТ ОД КОМПИРИ Инструкции:

состојки:

Излупете ги и исчистете ги компирите и кромидот. Откако ќе ги излупите

компирите, пресечете ги на тенки парчиња или мали коцки, и убаво исечкајте го кромидот. Ставете го малсиновото масло во голема тава да се загрее на средна

температура. Ставете го исечканиот кромид и оставете го да се пржи 5 мин. Потоа, додадете го компирот, малку сол и постојано мешајте за миксот да биди еднакво зготвен и да се избегни загорување на тавата или храната. Оставете да се готви 15 до 20 мин., додека компирот не е добро зготвен.

Целта е да се омекнат компирите и кромидот без да станат кафеави или темни. Кога компирите се меки, турете ја содржината од тавчето во цедалка. Оставете ја неколку минути за да се исцеди од маслото и да се излади мешавината. Во меѓувреме, изматкајте ги јајцата во голема, длабока чинија со малку

сол. Додадете ја сувата мешавина и измешајте брзо за топлината од компирот да не ги свари јајцата. Кога ќе се подизлади, оставете ја мешавината на страна околу 5 мин. за компирот да го прими јајцето. Во истата тава за пржење, која претходно ја користевте, додадете

малку од маслиново масло кое го користевте да ги испржите компирите, и загрејте го на средна или ниска температура. Додадете ја мешавината и израмнете ја. Оставете ја мешавината и не ја допирајте се додека и јајцето не се зготви . Со помош на голема чинија, превртете ја тортиљата и оставете ја да се готви на другата страна. Кога и двете страни се добро испржени, готови сте! Можите да ја проверите текстурата ако на средината забодете чепкалка

за заби. Ако излези чиста, јадењето е готово, иако некои ја сакаат не толку добро зготвена. Само не ја оставајте да се препржи бидејќи ќе биде сува. Можете да ја јадите жешка, топла или ладна. Послужете ја со доматен сос или мајонез, по избор. Ќе биде вкусна дури и следниот ден. Професионален совет: Ако не сакате да употребите 5 јајца, можете да

замените едно со пола чаша млеко. Ќе биде иста, само малку полесна. Уживајте!

15

големи компири 1 кромид 5 јајца ½ литар маслиново масло ½ чаша млеко (по избор) сол 3-4


АЈВАР

Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и води потекло од Македонија. состојки: 1 вреќа црвени пиперки(околу 25-30кг) 2 литри масло 100 грама шеќер околу 50мл винска киселина сол по вкус Ајварот се припрема на традиционален начин (на отворен простор - пиперките се печат на шпорет на дрва), поради што потребна е доста напорна рачна работа. Најчесто се подготвува кон крајот на летото и во почетокот на есента. Во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки (кои може да бидат и лути и благи) се печат, а потоа се ставаат во пластични кеси за да набабрат, зашто на овој начин потоа полесно може да се излупат. Потоа следува внимателното лупење, при кое треба да се отстранат семките и собирањето во мрежести вреќи во кои пиперките ја поминуваат ноќта. Следниот ден тие се сечат на ситни парчиња, мелат и пржат на тивок оган. Треба да се забележи дека различни семејства, различно го подготвуваат својот ајвар. Така, некои во смесата додаваат мелени домати, некои моркови, а најчесто се користи модриот патлиџан како најефективен додаток на традиционалниот ајвар. Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, зашто само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката што го гарантира чистиот вкус на ајварот. Тој е редовен и постојан дел од зимницата зашто најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината.

16


ШИРДЕН

Најпрво се сечат јунешкото и свинското

Потребни состојки :

месо на ситни коцки на кои подоцна ке им

• 150

гр јунешко месо

Црвена пипер

се додаде кромидот.

• 150

гр свинско месо

Вегета

Се пржат заедно неколку минути. Откако

Сол и црн бибер

Кромид

Масло за готвење

Ориз

ке се изладат му се додава малку ориз и се полна веќе добро исчистените црева ширдени), и се затвораат со чепкалки за

(

заби. Се печи 4 часа на температура од постепено.

150C

Кога ќе биде готово можете да додадете она што ви сака душата.

17


МЛАДИНСКА РАЗМЕНА

“Natural Peace”-

Еразмус+ Младинска размена

вантурата која сега ќе ви ја раскажам, беше на прекрaсното место Boldogkovaraljara во Унгарија. Ако мислите дека комплицирано се пишува, ве предизвикувам да пробате да го изговорите! За оние кои не знаат што е тоа младинска размена, мојот одговор би бил дека тоа е нешто кое ќе ви го промени животот . Накратко, тоа е програма која обединува луѓе од неколку земји на едно место, каде што се водат дискусии на различни теми кои се актуелни и не засегаат сите нас. Па така, нашата “мала” авантура започна на 27-ми април и заврши на 7-ми мај. Јас и уште пет средношколци се качивме во авион за еден од најубавите градови во Европа, Будимпешта. Кога стигнавме таму, преноќивме во хостел во центарот на градот, а потоа следниот ден имавме неколку часа да прошетаме, пред да се упатиме кон железничката станица за да се качиме на возот кој одеше до Boldogkovaraljara. За повеќето од децата, веќе беше неверојатно патување затоа што многу од нив за прв пат летаа со авион и се возеа со метро. После 3 часа во воз, стасавме на местото каде бевме пречекани од организаторите,а воедно бевме и првата група која пристигна. Останатите земји- учеснички беа: Грција, Турција, Унгарија, Романија и Бугарија и сите пристигнаа истиот ден како и ние. Првите неколку дена од размената беа составени од забавни игри за запознавање, team-building активности, поставување на правиле и распределување на некои одговорности како кој ќе биде задолжен за energizers, ќе води сметка за времето и сите да бидат присутни на време, ќе води дневник за се што се случува во текот на проектот и др. После тие неколку дена, започнавме со посериозна работа. Секој ден после energizer-ите и таблата за како секој од нас е расположен, имавме дискусии и работилници на различни теми како дискриминација, стереотипи,предрасуди и пробувавме да изнајдиме потенцијални решенија. A

18


Покрај презентациите на Јацинт и Моника (организаторите), секоја земја имаше можност да направи по една работилница на одредена тема. На почетокот, многу не се чувствуваа слободни за да го изразат своето мислење и исто така им беше страв за да не згрешат во изговорот или кажат нешто погрешно, но после одредено време работилниците и дискусиите станаа толку продуктивни што на крајот немавме доволно време да ги довршиме, па затоа често знаевме да доцниме за ручекот или вечерата! Покрај работилниците кои ги правевме, секоја земја учесник, ја претставуваше својата земја на интернационалната вечер, со презентирање на локална храна, пијалаци, обичаи и танци. Исто така на 1-ви Мај, го посетивме замокот Boldogo, каде што можевме да гледаме борби со мечови, презентација за историјата на замокот, но и да пробаме опрема која се користела во средниот век. Времето помина многу брзо и наскоро дојде крајот на проектот и беше време да се вратиме назад, само овој пат не се враќавме само шест, туку скоро сите учесници на проектот заминавме заедно за Будимпешта со истиот воз, а таму заедно шетавме и се забавувавме. Имам толку многу за кажување, но како заклучок ќе изнесам само дека заминавме од тоа мало место со многу нови пријатели, знаење, искуство и нови вештини. Исто така научивме дека без разлика на која религија припаѓаш, националност или со која позадина си, сите ние ги делиме истите вредности и на крајот на денот, не сме толку различни колку што мислевме. И за крај, голема благодарност до НВО Инфо-Фронт Прилеп за дадената можност да учествуваме на овој прроект!

19


ТРЕНИНГ КУРС Еразмус+ тренинг курс. Don’t lecture about erasing borders / Become the eraser имаше за цел да им овозможи на младите мигранти и млади луѓе со мигрантско потекло да стекнат знаења и да го зголемат учеството на младите мигранти во постојните структури, места , за учество во носењето на одлуки, борбата против радикализацијата и застапувањето за нивните права. Учесниците кои беа поканети на овој курс се младински работници, лидери и едукатори кои доаѓаат од различни средини и работат со мигранти и бегалци, кои се соочуваат со предизвици како инклузија и радикализација на истите. Земјите учеснички беа Германија, Либан, Бугарија, Македонија, Шпанија, Албанија и Турција. За време на проектот, ги имавме сите услови за да може да се спроведи дискусија за една од најактуелните теми во последниве неколку години, а тоа е темата за мигранти и бегалци, благодарение на многуте активности кои беа конкретно наменети за постигнување на тие цели. На пример, една од активностите беше да се направи презентација за секоја земја-учесничка во проектот, и им беше од корист да оваа размена на податоци и статистика за реалната ситуација во секоја земја. Исто така имаше и две мултимедијални групи, една беше за создавање на низа на слики и кратко видео за овие теми, другото беше креирање и водење на страница за проектот, учење како се уредуваат страни преку веб-сајтот наречен "Canva" и пишување статии . Уште еден важен дел од секој ден беше делот или времето за рефлексија, каде што учесниците беа поделени во мали групи и каде што можеа да дадат мислење за тоа што им се допаднало, а што не, да предлагаат работи за како да се подобри проектот итн. Четвртокот на 03.05, беше ден на Loesje, и според учесниците, еден од најдобрите денови во проектот, како и обично, каде што учесниците создадоа цела нова серија постери и се запознаа со методите на Loesje. Беше продуктивна работилница и всушност се направија повеќе од 20 постери на англиски и шпански, а некои од нив веќе се преведени на италијански јазик. Како заклучок, ова беше многу успешен проект, што е и карактеристично за Loesje Берлин и нашата организација Инфо фронт.

20


ОВОШЕН ОШАВ Овошен печен чај Вака спреманата мешавина од овошките многу подсетува на коктелот кој го правиме со рум додавајки разни врсти на овоштие... Може да се приготви и од замрзнато овошје. 1. Насецкајте го овошјето кое го имате, измешајте со шеќерот, ставете во рерна предходно загреана на 180 тепени и печете (карамелизирајте) го. Овој процес е околу 1 час. Пред да биде готово, додадете ги зачинките измешајте и вратете повторно во рерната. 3. Испечено овошјето извадете го од рерната, залијте со румот - добро разбркајте и соберете веднаш во тегли. Затворете, завиткајте во крпа, оставете да се капачките вакумираат или пак постапете на начин на кој што вие го правитге тоа за да се капачките затворат. 4. 1-2 лажици од вака спреманото овошје залијте со 200 -250 мл. врела вода, разбкајте - уживајте во чајот - за да на крај дното од чашата ви стане нај интересен... овде е веќа овошјето кое ќе е круната на чајот. 2.

Совет - Шеќерот слободно можете да го намалите - зависи од овошјето кое што сте го ставиле, особено ако има модра слива, шеќерот намалете го до 800 гр. - Јас го спремав од излупени круши и јаболка, додадов малини, малку плод од боздел, модри сливи, половина лупени портокал и лимон, а останатата половина нелупени и исецкани заедно со кората, додадов и мандарини. Шеќер ставив 700 гр. затоа што повеќе ставив модри (подобар е чајот ако сливите се во помала количина). - Вториот пат кога го правев додадов повеке малини, рибизли, капини, малку сливи, лимон, портокал, јаболка, круша, малку банана, исто така добро и ставив околу 800 гр. шеќер, но сепак тоа е инвидидуално - кој колку сака да му е благо.

21


КВИЗ Квиз- Колку знаете за здрава исхрана Веројатно веќе знаете дека јадењето здраво не е најлесната работа во светот и треба да вложите труд за да се грижите за вашиот организам, но знаењето за како тоа да го направитетоа всушност не е едноставно. Постојат неколку правила што треба да ги следиме во нашата секојдневна исхрана, но исто така има и многу трикови кои можат да ја направат здравата исхрана полесна, поубава и привлечна. Некои од одговорите ќе ги најдите во овој квиз. Дадете се од себе! Најважното правило за здрава исхрана е: a) Јадење на многу зеленчук и овошје b) Да се внимава со внесувањето на калории c) Одржување на баланс и разновидност во исхраната d) Јадење на три оброци на ден 1.

Која е првата гатегорија на храна според нутриционистичката пирамида? a) Леб и житарици b) Овошје и зеленчук c) Месо и млечни производи d) Риба и масла

Треба да пиеме околу 1,5-3,5 литри на вода секој ден. Од што зависи точната количина? a) Зависи колку јадиме и која е нашата тежина b) Колку сме физички активни и температурата каде живееме c) Колку сол користиме d) Сите одговори се точни 6.

2.

Како можи да ја замениме солта? a) Со други зачини b) Со сос од соја c) Со шеќер d) Не треба да ја замениме затоа што и треба на нашето тело 7.

Како можиме да го замениме шеќерот? a) Кафеав шеќер b) Фруктоза c) Карамел d) Мед 3.

Колку оброци дневно,треба да јадиме? a) Зависи колку се големи оброците b) 5 оброци c) 4 оброци d) 3 оброци 4.

Кој начин на подготовка на храна е најздрав? a) На пареа b) Варено c) Пржено d) Печено 5.

22


Кое масло е најдобра опција за пржење? a. сончогледово масло б. маслиново масло в. путер d. кокосово масло 9.

Што треба да се избегне во листата на состојки на прехранбени производи? a. шеќер и сол б. палмово масло, конзерванси, емулгатори, шеќер и сол в.масло од репка, конзерванси, емулатори, шеќер, ароми d. бактериски култури, шеќер, емулатори 8.

Прашања и точни одговори: 1-в; 2-б; 3-d; 4-б; 5-а; 6-d; 7-а; 8-а; 9-б;

9-10 поени: Честитки! Вие сте експерт! Докажувте дека навистина знаете многу за здравата исхрана и сте подготвени да го вежбате вашето знаење! 6-8 поени: Ти си прилично добар во знаењето за здрава исхрана и веројатно сте свесни за нејзината важност, но треба да проверите некои прашања уште еднаш. 4-5 поени: Вие не знаете премногу за здравата исхрана и треба да дознаете повеќе за да го подобрите вашиот животен стил 0-3 поени: За жал, вашето знаење за здрава храна е навистина мало и треба да пребарате некои информации за тоа, ако сакате да му помогнете на вашето тело.

23


ПРОМO НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ Јас сум Димитар Атанасоски, имам 16 години и сум ученик во втора година во С.О.У. “Ристе Ристески - Ричко“ - Прилеп, графичка струка, со што ја продолжувам љубвта кон фотографијата. Уште од најмали нозе често го земав стариот апарат во раце и фотографирав предмети околу мене. Како што растев, така растеше и љубовта кон фотографијата. На 15 години го добив мојот прв професионален фотоапарат и почнав да завлегувам во фотографијата и да ги учам нејзините уметнички правила. Да се биде фотограф не е само љубов и желба, туку и едно искуство кое те прави многу поразличен од сите други, тоа е слобода да креираш нешта кое засекогаш останува и ќе се докажува со генерации. Член сум во Фото кино клубот во Прилеп, каде изучувам многу повеќе во врска со фотографирањето, споделувам искуства, совети и критики со другите фотографи што многу повеќе ми помагаат да успеам. Во клубот имам учествувано на една изложба со две уметнички фотогафии.Исто така оваа година имам учествувано и во изложба на фотографии од фотографската секција од моето училиште. Моја омилена категорија на фотографија се портретите но сакам да фотографирам и некои луди спортови .Се чуствувам среќен кога ке го доловам вистинскиот момент на нештото кое го фотографирам. За да добиеш добра фотографија треба да се начека добар момент .Затоа јас скоро секогаш кога излегувам на прошетка го носам со мене мојот фотоапарат па можеби ќе наидам на нешто интересно и ке го фотографирам па ке излезе добра фотографија.

24






Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.