АВТОРИ р. санчез домингез u. нзуа j. aджиоска х. jорданоски ф. jовески д. димески т. наумоска-димески
j. терзиоски а. настески х. даноски а. карапеев с. михajловска
ПРЕВОД к. петкоска
ДИЗАJН х. jорданоски j. терзиоски а. настески с. делгадо елвира
ИНДЕКС
4. Инфо фронт - Прилеп 5. Како да го преживеете Торино 7. Loesje постер 8. Магичен викенд во Валенсија 10. Како да ги поттикнеме тинејџерите 12. Младинска размена “The Right Bubble” 13. Тренинг курс “Youth Actually” 14. Пловдив 15. Шпански графички дизајнери кои треба да ги следите на Инстаграм 16. Кога ќе се вратам 18. Loesje постер 19. Loesje постер 20. Младинска размена “Поврзани преку културата и обичаите” 21. Младинска организација Ричко 22. ПрилепНаТочак: Визијата за Македонија на точак 24. Тренинг курс “iCandidate” 25. Loesje постер 26. Стрип секција на Сара Делгадо Елвира 28. Loesje постер 29. Loesje постер 30. Промоција на млади уметници: Јован Терзиоски 32. Промоција на млади уметници: Андреј Настески 34. Loesje постер
Инфо фронт - Прилеп
Здружението на млади „Инфо фронт – Прилеп“ е младинска невладина организација која има за цел да ги информира младите во врска со програмата Еразмус+ на Европската Комисија, Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС), да стимулира креативност, креативен активизам, мобилност на младите, неформално образование, културни размени и размена на информации. Нашата главна цел е да се обезбедат можности за едукација на младите, како би биле поконкурентни на пазарот на труд. Здружението организира меѓународни семинари, тренинг курсови, младински размени, дебати, преку кои младите се информираат за можностите за мобилност на млади и неформално образование. Проектите кои ги имаме организирано и кои ги припремаме во иднина се на тема претприемништво, родова еднаквост, уметност и култура, креативно пишување, животна средина, Европска свест итн. „Инфо фронт – Прилеп“ е формирана во 2011 год., претставува македонска гранка на организацијата Loesje International и има акредитација за Организација- испраќач, Организацијакоординатор и Организација- домаќин за Европскиот Волонтески Сервис од 2012 год. - 2015-1-MK01-KA110-002670.
КАКО ДА ГО ПРЕЖИВЕЕТЕ ТОРИНО Добро прашање. Воглавно е многу едноставно, сега ќе ја споделам тајната со вас: кој јазик и да го збрувате, најважно е да ја завршите реченицата со „Nè“. Фрлете ги мапите, Том Том, GPS и туристичките водичи, Торино е град кој што треба да се открие шетајќи. Со сигурност луѓето најпрво ќе ве посоветуваат да ги посетите „ Piazza Castello“, плоштадот во срцето на историскиот центар, богат со музеи како: the Armeria Reale и Palazzo Madama. Оттука 4 патишта водат кон: Виа Гарибалди, стар колку градот. Се смета како втор најдолг пат во Европа; Виа По што води директно преку ридот; ВиаРим кој ги поврзува Piazza Castello со станицата Porta Nuova, крстен како Нов пат; и последниот пат Виа Пиетро Мика, кој ги сече другите. Секој пат ве води во античко/модерно место. Римскиот Четириаголник е добро место за средба, за оние кои ја сакаат тишината: мал квартал во кој е возможно е да се ужива во добра храна, аперитиви и музика, скриени мали патчина во кои единствениот компас е небото, мали плоштади и непроменети улички од времето на Римјаните. Поминувајќи низ патот кој води до ридовите со сигурност ќе застанете да се восхитувате на еден од најголемите плоштади во Европа : Piazza Vittorio Veneto. Местото каде што се среќаваат младите, после Олимписките игри во 2006 година. Плоштадот има добиено важна улога, не само за ноќниот живот туку и за прикажување на фудбалските натпревари на големи екрани, се организираат панаѓури и концерти, исто така е совршено место за поставување на изложба за ретро автомобили и мотори. Има многу различни можности за забава, да се пие и јаде, во анимирани места и во близина на реката; совршено место каде можете да одмарате и да шетате во текот на ноќта.
5
Утрото кога вашиот паричник ќе биде полесен, започнете со добро кафе (3 или 4 ќе бидат доволни) и одете кон „Пиаца де ла Република“, позната како „Порта Палацо“- поранешниот квартал за јужните имигранти сега е мешавина од странски гласови од Европа, од Африка до Азија, интеркултурен и пријатен квартал. Пазарот во центарот на плоштадот, кој секоја втора недела во месецот просторот му го ослободува на „Гран балон“ од 1985, античкиот пазар на керамика, книги, старински продукти и рачни изработки. Цената се намалува а бројот на производите се зголемува. Дозволено е да дремнете еднаш без претерување, бидејќи ве очекува пријатна посета во највисоката зграда во урбаниот центар од градот: „Mole Antonelliana“. Таа е особено убава и естетска, внатре е сместен Националниот Музеј на Киното, и не само тоа. На мистериозен и античко-историски начин ги претвора гласовите, кои се однесуваат на езотеричните култови- бела магија и црна магија. Се поштедува работничката сила бидејќи Торино е врзан во триаголник на белата магија со Лион и Прага и кон црната магија заедно со Сан Франциско и Лондон. Со „ Тура во Магичниот Торино“ , секој сомнеж ќе изчезне, секој турист кој што е заинтересиран за ова поле,со само една тура која ги прикажува сите споменици, статуи и места кои станале езотериски и масонски симболи. Но магијата не е завршена, дали би ми поверувале ако ви кажам дека можете да патувате околу градот 15 метри под земјата ? Добро е, пробајте ја „Подземната Тура во Торино“ , да видиме дали ќе преживеете ...
U. Нзуа 6
BE MORE ACTIVE THAN THE PIXELS ON YOUR SCREEN The kidbrother of
macedonia@loesje.org
facebook.com/loesjemacedonia
Магичен викенд во Валенсиjа
Замилсете имате три дена. Три слободни денови, во лето. Со неколку пријатели и евтин лет до Валенсија, Шпанија. Ајде да одиме! Ќе го земете утринскиот петочен лет со само еден ранец (не заборавајте да земете крпа, костум за капење, лето е!) и само после два и пол слатки часови сте пристигнале на аеродромот во Валенсија. Таму можете да купите билет за метро. 10 патувања доволни се за еден викенд и можете да одите во вашиот апартман (Ел Кармен, блиску до центарот). Не грижете се ако се потите кога ќе пристигнете во апартманот, тоа е сосем нормална состојба во овој град. Оставете ги вашите ранци, подгответе ги основните работи (крем за сончање, камера, вода) и ајде да започнеме. За почеток најдобро е да останете во „El Carmen“ една од најдобрите области во градот; и јадете тапас (особено лигњи и „patatas bravas“). За пиење без двоумење: пиво и сангрија ќе станат ваши најдобри пријатели во текот на викендот. Попладнето е време да ги откриете улиците, различни стилови на графити на ѕидовите, традиционални градби, мали продавници, убави плоштади и стотици барови каде можете да направете пауза во текот на прошетката. За оваа вечер имате две опции: да останете во „El Carmen“, со многу опции на алтернативна музика, пијалоци на улица и многу странци; или одете во „Ruzafa“ друга модна област на Валенсија со неколку ресторани каде што можете да јадете добра храна (евтина) и многу дискотетки каде можете да танцувате до следното утро.
8
Buenos días (добар ден), веќе е сабота! Вкусете го оригиналниот сок од портокал од Валенсија и јадете некое пециво, денес ќе биде долг ден. Најпрво посета на центарот од градот - има неколку бесплатни тури за да подобро да се запознаете со историјата на ова место. Најодобар план за ручек е пикник на реката Туриа: повеќе од 8 километри на зелени градини и паркови. Потоа можете да изнајмите велосипед: време е да го посетите градот на Уметностите и Науките со големи модерни бели згради и многу опции за истражување. Вратете се во апартментот, одморете малку, истуширајте се и подгответе се за пристаништето. Таму можете да вечерате, шетате наоколу и да се забавувате (долга забава, верувајте ми). Следното утро ќе бидете изморени, два долги дена (и особено ноќи), неколку километри испешачени, премногу сангрија во вашето тело. Не грижете се, ова е вашето последно патување, ќе биде релаксирано. Утрото одете до плажата. Да, плажата! Таму можете да одморите, пливате, сончате и играте со топка на песокта. И на крај време е за paella! Најпознатото јадење од Валенсија, со жолт ориз и пилешко месо или риба. Има многу добри ресторани во Пинедо каде можете да пробате една добра паеја, само прашајте ;) Завршната обиколка на градот е со најдобриот можен поглед, Албуфера. Ако немате слушнато, ве молам одете на Гугл и побарајте неколку слики. Тоа е неверојатен природен парк, целосно бесплатен и е задолжително да го посетите. Сега, тажно е... викендот заврши. Имате нов град во вашиот живот, стотици слики, четири или пет кила повеќе и потемнета кожа. Ќе сакате да се вратите и тоа во март кога во Валенсија ја прославуваат најважната забава „Fallas“. Се гледаме таму, amigo.
Р. Домингез Санчез
9
5 НАЧИНИ КАКО ДА ГИ ПОТТИКНЕМЕ ТИНEJUЕРИТЕ ВЕРУВАЈТЕ ИМ Давањето шанса да бидат веродосдтојни е моќна алатка која ќе им помогне да веруваат во своите инстикти и способности. Дискутирајте очекувања и граници. Веродостојноста создавајте ја преку нивните претходни успеси и зголемете ги можностите во кои ќе покажат колку одговорни се . Важно е да верувате во вашите родителски способности – дека сте ги научиле да разликуваат што е правилно, а што погрешно и дека ги добиле вештините што им се потребни да бидат веродостојни.
ДОЗВОЛЕТЕ ИМ ДА ДОНЕСУВАТ ОДЛУКИ Како што растат, децата треба да добијат шанса да донесат одлуки кои ќе имаат влијание на нивниот живот. Дај те им можности секогаш кога имате прилика. Помогнете им да ги разгледатаат позитивните и негативните страни на потешките избори со цел да стекнат вештини за донесување на одлука. Како што растат ќе се соочуваат со поголем број на надворешни влијанија и тие ќе треба да бидат способни да разликуваат што е добро за нив, а што не. Со постепеното нивно внесување во донесувањето на одлуки за нивниот живот ќе се зајакне нивната способност да го прават тоа.
ДОЗВОЛЕТЕ ИМ ДА СЕ СООЧАТ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ Учењето од сопствените грешки е најмоќниот метод – без дебата, единствениот начин преку кој учиме на подлабоко ниво. Кога нашите тинејџери донесуваат лоши одлуки треба да се спротиставиме на нашиот нагон да скокнеме и да ги поправиме работите.Наместо тоа треба да им дозволиме да ги искусат последиците. Треба да знаат дека кога прават избор со тоа ги прифаќаат и последиците, без разлика дали се лоши или добри. Ќе пораснат и ќе созреат преку нивните искуства, исто како и ние.
1О
НАУЧЕТЕ ГИ ДА БИДАТ ПРЕБИРЛИВИ Кажете им на вашите деца дека е важно и потребно да изберат пријатели кои ќе ги воздигнат и ќе ги ценат,почитуваат нивните гледишта и одлуки и пријатели кои ќе имаат слични вредности , бидејќи пријателите имаат влијание над нив. Иако тие треба да бидат љубезни и со почит кон другите, научете ги вашите деца дека е во ред да бидат пребирливи кога станува збор за нивните пријатели. За нив е охрабрувачки да знаат дека не треба да потклекнат на притисокот од т.н „пријатели“, да прават работи кои што не сакаат да ги прават. НАУЧЕТЕ ГИ ДА СЕ ГРИЖАТ ЗА СЕБЕ СИ Учејќи да се стават себе си како приоритет во нивните животи, им дозволува на младите да знаат дека се важни и вредат за целиот труд! Научете ги да имаат добри навики за јадење и спиење, како да ги изразуваат нивните емоции, како да кажат не на нештата што не сакаат да ги прават , кажат или гледаат. Одржувајќи се себе си во здрава емотивна и психичка состојба, ќе им помогне да развијат здрава сексуалност. Поттикнати со силно чувство на самопочит и самодоверба нашите деца ќе бидат способни да ги издржат притисоците со кои ќе се соочат, кога ќе се
J. Aджиоска
11
Mладинска размена The Right Bubble На 15.10.2016 се одржа младинска размена “The Right Bubble”во Лорка, Шпанија, на тема мигранти и човекови права. Целта на проектот беше да се изработат стрипови преку кои ќе може се да научи повеќе за ситуацијата со бегалците. Проектот се одржуваше од 15 до 23 октомври, во кој беа вклучени тимови од Македонија, Латвија, Полска, Романија, Шпанија и Унгарија. Секој тим беше составен од четири членови и еден ментор. Бевме сместени во хостел каде што имавме шанса повеќе да се дружиме и запознаваме со другите партиципанти. Појадокот ни беше од 9 до 10 часот, и потоа почнувавме со активностите до 11:30. Исто така имавме и паузи за кафе помеѓу активностите. После ручекот имавме 2 часа слободно време, познатата шпанска сиеста до 4 часот и потоа пак се продолжуваше со активности. По вечерата сите имавме слободно време за да се дружиме едни со други, одевме во центарот на градот итн. Имавме слободен ден, и го искористивме за посета на плажата во градот Агилас. Во преостанатите денови ги завршивме проектите, а денот пред заминување го посетивме замокот во Лорка. Од овој проект ние се стекнавме со нови знаења, усовршување на англискиот јазик, нови искуства и нови пријателства. За прв пат искусивме како е да учествуваме на младинска размена, да учествуваме во работилници за тим билдинг, да работиме во мешани интернационални групи. Резултат од овие работилници беа стрипови на различни теми, како стереотипи, предрасуди, мултимедија и манипулација на младите преку медиумите итн. и како младите луѓе и младинските работници би се бореле против овие проблеми.
12
J. Терзиоски А. Настески А.Карапеев С. Михаjовска
Тренинг курс Youth Actually Кој заедничкиот интерес на младите работници денес во Европа? Дали знаат да се адаптираат кон промените на опшеството,на маните на миграцијата? Дали знаат да се справат со говорoт на омраза кон имигрантите, исламофобија итн. Која е нашата улога во сето ова? Во која насока треба да се развиваме како професионалци да ги вклопиме младите мирно и позитивно кон овие промени? Кои вештини ни се потребни? Ова се прашањата кои што се обидовме да ги одговориме во текот на обуката што се одржа помеѓу 27.10 и 02.11.2016 во Лорка, убва мал град во југоисточниот дел на Шпанија. Во овој проект покрај нас двајцата од Македонија, учествуваа 27 млади работници од 12 други држави (Германија, Словенија, Франција, Италија, Грција, Латвија, Полска, Португалија, Романија, Турција, Јордан и Мароко). Секој учесник во дискусиите придонесе со сопственото искуство, работејќи со мигранти, азиланти како и нивните приказни, со тоа што повеќето од нив се имигранти. Во текот на многуте работилници, истраживме различни реалности, ситуации со мигрантите и бегалците и нивната перцепција во локалните опшества. Разменавме добри практики за тоа што е направено во нивните области и развивме различни планови за акција за тоа како да ја подигнеме свеста за оваа тема на локално ниво помеѓу младинските работници и другите луѓе од нашите заедници, но и глобално со развивање на #disablethelabel за подобра визуелност и прифаќање од луѓето без разлика на расата, полот, религијата, етничка припадност, политичка определеност и социјален статус, сексуална ориентација итн. Ги одредивме вештините кои се потребни за градење на интеркултурен дијалог, заедничко разбирање и мирољубива состојба помеѓу младите. Ги одредивме улогата и алатките на младинските работници во процесот на развивањето на овие вештини и ги сместивме во Манифестот на Младинскиот Работник. Група на квалитети кои секој од нас треба да ги процесира без разлика на предметот на кој работиме или целта која што сакаме да ја достигниме.
Ф. Jовески
13
ПЛОВДИВ Пловдив, вториот по големина град во Бугарија, со историја долга 8000 години, спаѓа во најстарите европски градови, а постар е од Атина, Рим и Истанбул. Градот брои 377425 жители според пописот во 2007 година. Сакам да ви кажам нешто карактеристично за него. Пловдив се наоѓа на 6 брегови: Небет тепе, Џамбаз тепе, Таксим тепе, Сахат тепе, Џендем тепе и Бунарџик, а низ него тече реката Марица. До почетокот на 19-ти век постоел и седми брег- Марково тепе, но е уништен. Некои од знаменитостите што ми значат мене, кои мора без размислување да ги посетите доколку го посетите Пловдив, се:
- црквата „Успение Богородично“ или „Света Богородица“
- фонтаната што пее
14
- Амфитеатарот
- споменикот Аљоша
J. Аджиоска
ШПАНСКИ ГРАФИЧКИ ДИЗAJНЕРИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ СЛЕДИТЕ НА ИНСТАГРАМ
Во денешно време, светот е на интернет и една од најпознатите држави на него е Инстаграм. Колку од вас имаат прoфил на овoj социјален медиум? Инстаграм е апликација и социјална мрежа каде се споделуваат слики и илустрации со целиот свет. Ја користат многу познати актери и спортисти, пејачи, политичари... и особено некои фотографери и дизајнери. Денес сакам да ве запознаам со некои од најдобрите шпански илустратори и графички дизајнери преку нивните Инстаграм профили. •Alex Trochut (Barcelona) Instagram: @trochut Минималистички дизајнер кој фокусот го става на малите детали. Има работено за најголемите интернационални брендови. На неговиот профил можеме да видиме многу добри дизајни, па најдобрите од нив можат да бидат изложени во музеј. •Jorge Lawerta (Valencia) Instagram: @lawerta Графички дизајнер со долга кариера во Шпанија.Свеж и младешки стил со кој прави оригинални илустрации за различни теми.Комбинира дигитални дизајни(илустратор) со рачно изработени цртежи. •Hermanos Mingarro (Barcelona) Instagram: @brosmind Овие браќа се многу креативни, со илустрации и слики многу смешни. На нивниот профил можете да видете некои од нивните проекти и исто така слики од нив на работа. •Paula Bonet (Valencia) Instagram: @paulabonet Таа е кралицата во илустраторскиот свет во Шпанија, со повеќе од 200 К следбеници.Стана позната поради Инстаграм и сега таа ја изложува својата работа во Берлин,Токио или Њу Јорк. Таа исто така има објавено книга и маици и постери со нејзините дизајни. •Ricardo Cavolo (Madrid) Instagram: @ricardocavolo И да завршам со Топ 5, ќе го истражуваме Рикардо Каволо. Неговиот инстаграм е чиста инспирација и покрај тоа што работи со некои брендови како Convers, неколку години има соработувано со наставници. Дали ви се допаднаа овие профили? Можеби еден ден ќе бидете како некој од нив и да ги споделите вашите дизајни со светот.
Р. Домингез Санчез
15
КОГА КЕ СЕ ВРАТАМ Да се опишат сопствените промени после едно искуство во странство е многу тешко. Тешко е да се разбере дали сне се промениле позитивно или негативно,секако за нас пологично е да го помислиме првото,затоа што во било кои услови, така е. Мојата верба ја ставив во моите пријатели и роднини, да ми одговорат на ова прашање и ова се резултатите кои ги добив. Кога ќе се вратам. Се чуствувам како да се враќам од Недојдија. Моето гледиште е отпревртено, јас сум различна,многу... Понекогаш се чувствувам ангаржирана,посветена и горда. Понекогаш себична, сакам само да создадам нови пријателства и да откријам нови работи, обидувајќи се да дадам смисла, користејќи ги искуствата како емотивна заштита (котва) на мојот живот. Целта е да се разбере како да се употребат постигнатите способности и да се трансформираат во нешто корисно за сопствените проекти. 1. Независност 2. Самодоверба 3. Критикувачки способности за размислување 4. Страст за учење Кога ќе се вратам повторно ќе започнам да посетувам цркви, музеи, уметнички галерии со цел да ја вратам возбудата за учењето. Од моментот кога одлучив да одам во странство, мојот живот се претвори во микс на емоции, целосно ја заборавив „рутината“, ја избришав од вокабуларот и започнав нова. Нови места, нови навики, нови луѓе. Посензитивна сум, навистина започнувам да ја почитувам различноста, која може да се разбере само ако ти и луѓето од државата на домаќините со различна култура сте во истото опшество. Кога ме прашаа моите пријатели како помина моето патување, одговорот беше борба помеѓу среќа и посрамување. Тешко е да се започне, бидејќи ќе заврши многу далеку, обидувајќи да се кажат некои работи е толку подобро и возможно да изгледаат понеобично отколку кажани во два збора. Несвесно започнувам да зборувам седум различни јазици, начини на изговарање и знаете што восхитувачки е да бидеш разбран од твоите пријатели или уште повеќе да го разбереш сопствениот јазик.
16
Во првите денови сум недостапна, животот без телефон изгледа попродуктивен ,да ја употребуваш твојата странска сим картичка и друго е сеуште е досадна задача. Анксиозноста што ми ја доведува опшеството: нормалноста, перфекционизмот, алтуризмот. Тие изгледаат толку измешани и лажни, кога работите што се обидувам да ги достигнам се стимулираат, вестите и придобивките, за мене, за тебе, за вас, за нив. Јас не сум нормална! Способна сум да разберам што е добро за мене без никаков страв затоа што : сама ги правам моите избори, сама ги оставрувам моите соништа и сама ја создавам мојата иднина. Се е создадено и стимулирано од мене. Нема потреба бидеме згушени од стравот да се почуствуваме сами и исклучени,светот е голем и ако чувствуваме дека треба да откриваме нови и различни нешта, нормално и здраво. За мене и за тие што се околку мене. Патувањето е потреба, а не излез.
U. Нзуа
17
LEVITATE WHILE YOU CAN GRAVITY WILL EVENTUALY GET YOU The grandpa of
macedonia@loesje.org
facebook.com/loesjemacedonia
THE BEST REMEDEDY FOR DISCRIMINATION - ASIAN CUISINE - AFRICAN DANCE - AMERICAN COFFEE - EUROPEAN MUSIC - AUSTRALIAN WEATHER macedonia@loesje.org facebook.com/loesjemacedonia
ПОВРЗАНИ ПРЕКУ КУЛТУРАТА И ОБИЧАИТЕ „Поврзани преку културата и обичаите“ беше нашата последна младинска размена ,која ја организиравме и оддржавме во Прилеп од 10-15 ноември 2016 година. Проучивме многу интересни теми, воглавно да им покажеме на младите дека културата и обичаите можат да ги поврзат младите кои што доаѓаат од различни земји, позадини, религии и истовремено да ги едуцираме младите луѓе за нивните и другите култури и обичаи. Ова беа нашите цели : - да ги информираме и едуцираме младите луќе како да ги запознаат другите култури/обичаи - да им дадеме информации на младите како за сопствената, така и за туѓите култури и обичаи; - да го надминеме недостигот на информации кој создава нетолеранција; - да ги надминеме предрасудите за другите култури и религии бидејќи тие се причината за нетолеранција; - да ги пронајдеме и посочиме сличностите; - да покажеме дека голем број на географски одалечени земји ги делат истите или слични обичаи и традиции; - да прикажеме дека културата и обичаите можат да ја премостат празнината помеѓу различните националности; - да прикажеме дека обичаите, традициите, кујната итн. треба да бидат едни од причините кои што ќе направат младите луѓе да се чувствуваат удобно, да го скршат мразот, да ги поврзат, а не да се расправаат меѓусебно на кого му припаѓаат. Ние сме многу задоволни со истражувањата и резултатите, бидејќи успеавме да ги поврзиме младите од 6 држави: Бугарија, Грција, Унгарија, Латвија, Турција и Македонија и сфативме дека имаме многу елементи на култура и традиција кои можат да нè поврзат уште повеќе и да обезбедат одлична комуникација и соработка. Ако сте заинтересирани да бидете дел од ваков тип на размена, слободно контактирајте нè на: infofrontprilep@gmail.com
2O
Х. Jорданоски
МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИJА РИЧКО
Како и секоја година така и оваа, локалната младинска организација Ричко при Средното општинско училиште „Ристе Ристески-Ричко“ организира хуманитани настани, учествува вонастани органиизрани од другите младински и слично. Еден од поважните настани беше и хуманитарната забава која беше организирана по повод 3-ти декември, Светскиот ден на лицата со посебни потреби. Избраната кафетерија “Virus“, беше претесна да ги собере сите млади во кои доминира хуман дух. На забавата настапија прилепскиот бенд ,,The Hounds” и DJ David Kay кои се вклучија и го поддржаа настанот. Собраните средства се наменети за Здружението за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија. Во оваа забава помогнаа и членовите на Здружението за епилепсија, како и младинската организација “Инфо фронт – Прилеп”.
Исто така, МО Ричко учествуваше во хуманитарната акција која се организираше со цел да им се помогне на децата и возрасните кои се сместени во камповите во нашата земја „Винојуг“ и „Табановце“, односно мигрантите кои се сместени во Куманово и Гевгелија. Оваа година Младинската органиизација со средства кои беа обезбедени од училиштето ја накити новогодишната елка за првпат после долго време и таа им донесе голема радост на учениците, а исто така и на професорите!!!
Х. Даноски
21
ВИЗИJА ЗА МАКЕДОНИJА НА ТОЧАК #ПрилепНаТочак
Нашата визија е Македонија да стане највелопријателска земја на Балканот, земја во која велосипедот станува рамноправен учесник во сообраќајот во градовите во Македонија, а започнува и поврзување меѓу населените места со велосипедски патеки. Градовите нудат услови за велосипедот да биде префериран избор за превоз на граѓаните при завршување на секојдневните обврски. Радикално се намалуваат жртвите во сообраќајот. Драстично се намалува и загадувањето. Населението ужива во здрави, пријатни, безбедни и квалитетни места за живеење со повеќе пешачки, велосипедски патеки и зелени јавни простори. Крајно време е сериозно да му се пристапи на проблемот и урбаниот велосипедизам да се стави примарно во категорија транспорт, а дури потоа во спорт, рекреација или туризам. Општи проблеми (моментална состојба) - моментално нашето општество се соочува со неколку проблеми од голем размер кои директно се поврзани со начинот на транспорт низ населените места и третманот кој различните типови транспорт го добиваат од институциите; - небезбедност во сообраќајот и жртви; - сообраќаен метеж - здравствени проблем кај населението (проблеми со загадување, недостиг од физичка активност, итн.) Крајно време е сериозно да му се пристапи на проблемот и урбаниот велосипедизам да се стави примарно во категорија транспорт, а дури потоа во спорт, рекреација или туризам.
22
Предлог-мерки 1. Отворени институции Процесот на планирање на сообраќајот, законите за безбедност и урбанистичко планирање, правилникот за велосипедски патеки, но и сообраќајните проекти за поединечни улици, мора да бидат отворени за граѓаните, стручните лица и велосипедските организации да го дадат својот придонес и повратна информација. 2. Инфраструктура - рамноправен третман на сите учесници во сообраќајот; - дизајн на комплетни улици за поголема безбедност и спроведување на патни диети. - напуштање на автоцентричниот пристап на решавање на проблемите во сообраќајот; - иновирање на побезбедни сообраќајни решенија од страна на советите за безбедност во сообраќајот и учење од позитивни примери; - задолжително решение за безбеден привремен премин за велосипедски сообраќај во услови на градежни работи; - комбинирање на велосипедскиот со железничкиот сообраќај преку овозможување превоз на велосипеди во железница, обезбедување вело-паркинзи на железничките станици, креирање пристап за точаци од/до станиците од/до самите возови; - комбинирање на велосипедскиот со градскиот јавен превоз. 3. Едукација Велосипедот да се врати во образовниот процес и да се возобноват и активираат велосипедските полигони во училиштата. Заклучок Последните неколку години има значителен пораст на користењето на велосипедот како средство за градски превоз, но уште поголем е бројот на оние граѓани кои што ги поддржуваат чекорите во насока на подобрување на условите за безбедно сообраќање со велосипед. Дополнително, придобивките од повеќе велосипеди во сообраќајот ги чувствуваат сите останати граѓани (почист воздух, помала бука, помал сообраќаен метеж, итн.).
Д. Димески Т. Наумоска - Димески
23
iCandidate ТРЕНИНГ КУРС Од 17-ти до 23-ти oктомври 2016 година, Инфо Фронт-Прилеп беше дел од одличен семинар за дигитални алатки во Мадрид, Шпанија, организиран од страна на нашиот партнер, невладината Организација„ Building bridges“ . Ќе ви ги наброиме некои од алатките кои ги истражувавме, според тематиката. РАКОВОДЕЊЕ СО СОДРЖИНИ: - WeTransfer, Netvibes, Pocket, Flipboard, Issuu; СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ : - Knowem, Hootsuite, Tweriod, Social Mention, Buzzsumo; ВНАТРЕШНА И НАДВОРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА - Jing, Camtasia, Vcita, QR Kaywa, Ustream; ТИМСКА РАБОТА И ПРОЕКTНО РАКОВОДСТВО - Mindmeister, Padlet, Trello; ВЕБ, СЛИКИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ И ВИДЕА - Prezi, Wideo, Canva, Powtoon, Bannersnack, Iconfinder; РАНГИРАЊЕ - Pingdom, Google Page Speed Insights, Google Trends. Ве охрабруваме да ги пробате овие алатки,што е можно побрзо. Сигурни сме дека ќе бидат многу корисни за вашата секојдневна работа. За нас беа многу практични. Ако сте заинтересирани да бидете дел од овие семинари,сободно контактирајте не : infofrontprilep@gmail.com
Х. Jорданоски
24
I’VE ALWAYS LOVED THE IDEA OF NOT BEING WHAT PEOPLE EXPECT ME TO BE the kidbrother of www.loesje.org loesje@loesje.org
CONSUMING MEDIA DID YOU READ MEDIA’S INGREDIENT LIST
www.loesje.org loesje@loesje.org
PREJUDICES DO WE ENJOY WATCHING TV JUST BECAUSE THE MIRROR IS MUTE
www.loesje.org
loesje@loesje.org
ПРОМОЦИЈА НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ JоВАН ТЕРЗИОСКИ Здраво на сите. Имам 17 години, и сум IV година во средно училиште, графички дизајнер. Моето хоби е играње видео игри, гледање ТВ серии, но најмногу цртање. Заинтересираност за цртање започна на 8 годишна возраст. Најпрво започнав со цртање на мртва природа, па со текот на времето интересот и способноста за цртање на посложени теми растеа. Моментално сум насочен кон цртање на графити, најразлични карактери, апстрактно цртање итн.
3О
31
ПРОМОЦИJА НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ AНДРЕJ НАСТЕСКИ Здраво. Јас имам 17 години и моментално учам графички дизајн во средно училиште (IV година). Моето слободно време го исполнувам со играње видео игри, слушање музика и пред сè цртање. Уште од мала возраст цртам ликови или предмети нацртани од други артисти, односно пробувам да имитирам туѓи дела со цел да ја подобрам својата вештина во цртање. Исто така во последниве неколку години цртам свои осмислени ликови и карактери. За во иднина имам за цел да го усовршам и да го направам поспецифичен мојот стил на цртање.
32
33
SEE OVERSEAS TO SEE WHAT THEY SEE
www.loesje.org loesje@loesje.org
ЗДРУЖЕНИЕ НА МЛАДИ ИНФО ФРОНТ - ПРИЛЕП Андон Слабеjко бб. 7500 Прилеп infofrontprilep@gmail.com +389 70 719945
Статиите содржани во списанието ги отсликуваат личните ставови на авторите и не ги одразуваат мислен.ата или ставовите на членовите или на самото здружение.
“Поддршката од Европската комисиjа за издаван.ето на оваа публикациjа не се состои во прифакан.е на содржините кои ги одразуваат единствено ставовите на авторите и Комисиjата не може да биде одговорна за било какво користен.е кое може да произлезе од информациите содржани во истата.”
НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ