MYG 8 MK

Page 1


PAS SP

ORT

АВТОРИ: КЕИРА АКОРД ЛАУРА РОДРИГЕЗ РОМАН ЛОРЕНЦО ДИ КАРЛО ВЛАДИМИР КОНЕСКИ МАРИНА ТРАЈКОВСКА ПЕЦЕ КАДИНЕЦ ДАМЕ ДИМЕСКИ ТОДОРКА НАУМОСКА-ДИМЕСКИ ПЕТАР ЈАНКОСКИ

ПРЕВОД: АЛЕКСАНДРА СТЕВАНОСКА ПЕТАР ЈАНКОСКИ ЗВОНКО ДИМОСКИ

ДИЗАЈН: КЕИРА АКОРД ПЕТАР ЈАНКОСКИ ЛАУРА РОДРИГЕЗ РОМАН ХРИСТИЈАН НИКОЛОСКИ


ИНДЕКС: ИНФО ФРОНТ ----------------------------------- 4 ВОВЕД ------------------------------------------ 5 НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ----------------- 6 МЛАД. РАЗМЕНИ ВО ЕСТОНИЈА И ГРУЗИЈА --- 7 ДНЕВНИКОТ НА КЕИРА ------------------------- 9 ДНЕВНИКОТ НА ЛОРЕНЦО --------------------- 12 ДНЕВНИКОТ НА ЛАУРА ------------------------- 14 ПРИЛЕП #НАТОЧАК ---------------------------- 16 ПОСТЕРИ ---------------------------------------- 18 ИНТЕРВЈУА ------------------------------------- 22 ТУРИЗАМ ВО АБРУЦО -------------------------- 26 НЕПОЗНАТИТЕ ДЕЛОВИ НА ШПАНИЈА --------- 28 ШТО ДА СЕ КАЖЕ ЗА ПОЛСКА ------------------ 30 КВИЗ -------------------------------------------- 33 ЛИБАН ------------------------------------------ 36 ПРОМОЦИЈА НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ ---------- 38


Здружението на млади „Инфо фронт – Прилеп“ е младинска невладина организација која има за цел да ги информира младите во врска со програмата Еразмус+ на Европската Комисија, Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС), да стимулира креативност, креативен активизам, мобилност на младите, неформално образование, културни размени и размена на информации. Нашата главна цел е да се обезбедат можности за едукација на младите, како би биле поконкурентни на пазарот на труд. Здружението организира меѓународни семинари, тренинг курсови, младински размени, дебати, преку кои младите се информираат за можностите за мобилност на млади и неформално образование. Проектите кои ги имаме организирано и кои ги припремаме во иднина се на тема претприемништво, родова еднаквост, човекови права, уметност и култура, креативност, креативен активизам, креативно пишување, животна средина, Европска свест итн. „Инфо фронт – Прилеп“ е формирана во 2011 год., претставува македонска гранка на организацијата Loesje International и има акредитација за Организација- испраќач, Организација- координатор и Организација- домаќин за Европскиот Волонтески Сервис од 2012 год. - 2015-1-MK01KA110-002670.




Естонија и Грузија Здраво на сите, јас сум Пеце имам 19 години и доаѓам од Прилеп, Македонија. Благодарение на Инфо Фронт организацијата, имав можност да заминам на проект во Естонија и Грузија. Овој проект беше за тоа како да преживееш во шума или во планина, заедно со други волонтери од други држави. Името на проектот беше “Оди надвор, остани надвор”.Тоа значи да запознаеш нови пријатели и да стекнеш нови искуства. Естонија е суверена држава во Северна Европа. На север се граничи со Финскиот залив , со Финска од другата страна и на запад со Балтичкото Море. Многу острови во Естонија нудат шарм и античка историја, а најпопуларните естонски острови се Сааремаа, Хиумаа, Кихну, Руну и Вормси. Естонските острови се одлични за пешачење, возење велосипед или возење со автомобил во потрага по стари цркви и тврдини оставени од пагански-естонски воини, германски витези и советска војска. Низ Балтичкото Море се наоѓа Шведска на запад и Финска на север. Територијата на Естонија се состои од копно и 2.222 острови во Балтичкото Море. Македонија не е многу далеку од Естонија. Патувавме со авион од Скопје, главниот град на Македонија, но моравме да слетаме во Виена и од Виена до Талин, главниот град на Естонија. Ние останавме една вечер и следниот ден отидовме во куќата во шумата, во областа наречена Сааријци. Ние останавме таму 10 дена и имавме многу активности.Во Естонија нашето прво искуство беше како да се најде добро место каде можеме да го направиме кампот, како да направиме оган без нанесувајќи штета во шумата. Кога сте во шума, мора да носите нож, медицинска помош и храна, и да знаеш како да филтрираш вода за пиење. Исто така ново искуство беше како да го ставиме чамецот преку реката и тоа беше најдоброто искуство на мојот живот!


Грузија е земја во кавказскиот регион на Евроазија. Лоцирана на крстопатот на Западна Азија и Источна Европа, таа се граничи со Црното Море, Русија, Турција и Ерменија и Азербејџан. Главниот и најголемиот град е Тбилиси. Грузија била првата земја која го прифатила христијанството и нивната религија е православна, па така имаше многу цркви.

Луѓето таму се отворени за нови работи и идеји и се исклучиво пријатни . Во Грузија има високи планини, а традиционален пијалaк е виното.

Патувавме од Грција до Инстанбул со авион. Од таму заминавме за Тбилиси, главниот град на Грузија. Останавме една вечер во хотел и следниот ден отидовме во Рача, каде што кампувавме една недела. Бевме лоцирани до реката и направивме камп. Имавме многу активности и правевме различни работи како на пример скали од дрво, се искачувавме по планините, посетивме многу цркви. Исто така заминавме на место каде што најдовме минерална вода. После тоа имавме два слободни дена и посетивме многу цркви и успеавме и да го видиме водопадот во Тбилиси.






Моите очекувања беа апсолутно погрешни кога станува збор за ова место. Очекував непријатни и запоставени луѓе, а наидов на многу љубезни, секогаш подготвени да помогнат. Сите кои досега имав можност да ги запознам се грижливи, особено поврзаните со организацијата и мојата заменска фамилија. Иако самиот град е прилично стар, е прекрасен и шармантен. Лично јас, се уште го немам истражено градот, но тоа се должи на мојата мрзеливост и лошата ориентација. Всушност јас уште првиот ден кога морав да одам во канцеларија се изгубив три пати, иако патот до таму е едноставно прав, без никакви скршнувања. Нашата прва недела беше одлична, ни објаснаа што ќе правиме, а втората недела веќе стана малку потешка бидејќи почнавме со работата. Првиот ден разговаравме за списаниево и направивме поделба на обврските и потоа го имавме првиот час по македонски јазик. Професорката е многу пријатна (како и повеќето луѓе тука) и веќе почнав да учам по нешто. Од вторникот почнавме да одиме во средното индустриско училиште каде предаваме јазици. Јас имам два часа италијански и два часа англиски јазик, што значи дека седмицата е целосно исполнета. Младинците од училиштето, барем на моите часови, се навистина заинтересирани да се подобрат, затоа мислам дека ова ќе биде едно добро взаемно искуство. Засега тоа е сé, ќе ве известувам што ќе се случи во иднина. До следното читање!






SPACE TRAVEL

BUT I HAVEN’T EVEN BEEN TO AFRICA YET loesje@loesje.org www.loesje.org


MONEY CAN TRAVEL EVERYWHERE SO WHY CANÂ’T PEOPLE loesje@loesje.org www.loesje.org

P.O. box 1045 6801 BA Arnhem The Netherlands


IF YOU COUNT ALL THE KM TRAVELLED BETWEEN YOUR HOUSE AND WORK

loesje@loesje.org www.loesje.org

PO Box 910138 12413 Berlin Germany

YOU COULD ALSO BE IN HAWAII


BANANAS TRAVEL EVEN MORE THAN I DO

P.O. Box 910138 12413 Berlin Germany

www.loesje.org loesje@loesje.org


















Здраво! Јас сум Петар Јанкоски, имам 17 години и сум ученик во средното општинско училиште Ристе Ристески – Ричко – Прилеп, и Графичката струка. Го сакам графичкиот дизајн исто колку и Фотографијата! Фотографијата за прв пат ми го завзеде вниманието кога пред една година на изложбата за Арт Фотографија ги забележав сите тие неверојатно замрзнати моменти насликани на парче хартија која од тој момент ке биде зачувана за целиот живот. Потоа започнав да истражувам за видовите на фотографија и како и јас да можам да создавам такви неверојатни дела, кога колегата на мојот татко ми кажа за фото кино клубот во Прилеп каде што се собираат сите оние кои ја љубат фотографијата и тие кои би сакале да научат повеќе за неа. Со тоа јас уште следниот состанок имав желба да присуствувам. И така полека но сигурно се надоградував и сеуште се надоградувам со постојано проучување на фотографијата и начините со кои може да се направи истата. За ова време имам учествувано на неколку изложби за Арт фотографија со мои фотографии. Кога фотографирам најважно за мене е да го имам зацртано конечниот изглед на фотографијата и преостанува само вистинскиот момент за да се улови и идеја која ќе раскажува некој момент или некоја приказна. Немам омилена категорија на фотографија бидејќи секоја си има посебни начини на искажување на моментот. Како што имаат кажано многумина за добра фотографија не е потребен добар фотоапарат туку самиот фотограф бидејќи тој е оној којшто ја компонира, создава фотографијата и го чека вистинскиот момент за да го напраави сето тоа, но за тоа потребно е да се излезе надвор да се начека моментот и едноставно да се фотографира.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.