10- MANAGER

Page 1

БРОЈ 10 l 29 октомври 2021 петок l година 1

ЕУ БАРА ОД ЕУ ДА СИ ГО ОДРЖИ ЗБОРОТ

ИНТЕРВЈУА

COVER STORY ПСИХОЛОГИЈАТА ЗАД ЕФЕКТИВНАТА КРИЗА НА ЛИДЕРСТВОТО

МЕТОДИЈА МИНОСКИ ПРОКРЕДИТ БАНКА

НИНА АНГЕЛОВСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА Е-ТРГОВИЈА

SPACE APPS CHALLENGE ЗАПОЗНАЈТЕ ГО МЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ ТИМ ШТО ОСВОИ НАГРАДА НА СВЕТСКИОТ ХАКАТОН НА NASA

МАЈА АЦЕСКИ ТЕКСТИЛ СОЛУШН

ИНТЕРВЈУ

БОРИС ВУЈЧИЌ

гувернер на Хрватската народна банка

ИНФЛАЦИЈАТА Е ПРАШАЊЕ НА СИТЕ ПРАШАЊА ЗА ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКАРИ КОЛУМНА МЕРИ КУЧЕРА-ИЛИЕВСКА AMCHAM, ORACLE

МЕНАЏЕР ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE ФУДБАЛЕРОТ И ИСТРАЖУВАЊЕТО


Elegance is an attitude Simon Baker

The Longines Legend Diver Watch


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

14

4

ВО ФОКУС

Спектакуларен раст на Tesla Компанијата на Илон Маск влезе во клубот на „трилионери“

ИНТЕРВЈУ

Борис Вујчиќ гувернер на Хрватската народна банка

Инфлацијата е прашање на сите прашања за централните банкари

20

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Европски извештај за напредокот на Македонија ЕУ бара од ЕУ да си го одржи зборот

СОДРЖИНА

3

6

COVER STORY

Нови парадигми на менаџментот Психологијата зад ефективната криза на лидерството

28

24

ИНТЕРВЈУ

Методија Миноски

раководител на Одделот за управување со животна средина во ПроКредит Банка Со помош на нашите кредитни линии многу компании можат да станат енергетски ефикасни

ВО ФОКУС Спектакуларен раст на Tesla...............................4

Компанијата на Илон Маск влезе во клубот на „трилионери“ COVER STORY Нови парадигми на менаџментот.....................6

Психологијата зад ефективната криза на лидерството ИНТЕРВЈУ Борис Вујчиќ, гувернер на Хрватската народна банка...............................................................14

Инфлацијата е прашање на сите прашања за централните банкари ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Европски извештај за напредокот на Македонија.............................................................20

ЕУ бара од ЕУ да си го одржи зборот

ИНТЕРВЈУ

Нина Ангеловска

претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија Пандемијата поттикна троцифрен раст на онлајн трансакциите кон домашни е-трговци – предизвикот е тој тренд да се задржи

ИНТЕРВЈУ

Методија Миноски раководител на Одделот за управување со животна средина во ПроКредит Банка......24

Со помош на нашите кредитни линии многу компании можат да станат енергетски ефикасни ИНТЕРВЈУ

Нина Ангеловска претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија......................................28

32

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Space Apps Challenge

Запознајте го младиот македонски тим што освои награда на светскиот хакатон на NASA

ИНТЕРВЈУ Маја Ацески, основач и менаџер на „Текстил Солушн“................................................38

Мисијата ни е да го замениме лонпроизводството со наш сопствен бренд СО АМЧАМ НА ТЕМА... Мери Кучера-Илиевска, член на комитетот за Дигитална трансформација на АмЧам и директор на канцеларијата на Oracle во РСМ..........42

Растежот на економијата на податоци

Пандемијата поттикна троцифрен раст на онлајн трансакциите кон домашни е-трговци – предизвикот е тој тренд да се задржи

Рекоа за.......................................................................44 Криптовалутите

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА Space Apps Challenge..................................................32 Запознајте го младиот македонски тим што освои награда на светскиот хакатон на NASA

МЕНАЏЕР ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE Марк Било...................................................................46 Фудбалерот и истражувањето

ЛИДЕРИ


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

ВО ФОК УС

4

TESLA НА ИЛОН МАСК ВЛЕЗЕ ВО КЛУБОТ НА „ТРИЛИОНЕРИ“

Т

Tesla Inc., производителот на електрични автомобили чијшто основач и директор е фамозниот Илон Маск, ја премина пазарната вредност од еден трилион (илјада милијарди) долари откако акциите на компанијата се тргуваа за повеќе од 1.000 долари на Волстрит во понеделникот. Така, Tesla се приклучи на одбраното друштво американски корпорации што имаат поголема пазарна капитализација од еден трилион долари, во коешто се Apple, Microsoft, Amazon.com и Alphabet (Google) во моментов. И Facebook беше дел од оваа група, но цената на неговите акции во меѓувреме се намали. Вредноста на Tesla сега е поголема од следните девет автомобилски компании на

листата најголеми на светот, собрани заедно. Инвеститорите ја турнаа акцијата на Tesla преку магичната граница откако Hertz Global Holdings објави дека нарачале 100.000 автомобили за својот рентакар бизнис, што отвора можност возилата на овој производител да се приближат уште повеќе до мејнстрим возачите. Вредноста на Tesla се вивна до границата од 1.000 милијарди долари невообичаено брзо. За помалку од две години нејзината пазарна вредност порасна од 100 милијарди долари до сегашната вредност, што значи десеткратно. Колку за споредба, на Amazon му требаа повеќе од осум години за да ја достигне оваа граница.


a Новиот Audi А3 За светот кој постојано се менува.

Audi Македонија Бул. Босна и Херцеговина 4 1000 Скопје Телeфон: 02 26 26 266 Email: office@porsche.com.mk www.audi.mk

РАТИ

%

КАМАТА


MANAGER.MK MANAGER

COVER STORY:

COVER S TORY

6

БР ОЈ 1 0 I OK ТОМВРИ I 202 1


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I OK ТОМВРИ I 202 1

НОВИ ПАРАДИГМИ НА МЕНАЏМЕНТОТ

Поголемиот дел од штетата што ултра – капитализмот ја прави доаѓа преку менаџментот, односно преку неспорната пракса на дехуманизираниот поглед на тоа како менаџментот всушност функционира и треба да функционира. Тоа е инструментално стојалиште кое се смета за технолошки вид, средство за постигнување на цел, алатка за максимизирање на ефикасноста, усогласеноста и перформансите – дури и кога навидум делува дека се грижи за луѓето. Занемарува се’ што не е поврзано со перформансите, а неговото влијание оди толку длабоко што често го користиме да управуваме и со самите себеси, на пример, секој пат кога си велиме дека треба да спиеме, вежбаме или читаме книга за да бидеме попродуктивни на работа, а не заради тоа што така сме поздрави, побогати и послободни.

7 COVER S TORY

ПСИХОЛОГИЈАТА ЗАД ЕФЕКТИВНАТА КРИЗА НА ЛИДЕРСТВОТО


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I OK ТОМВРИ I 202 1

COVER S TORY

8

Непријатноста што многумина ја чувствуваат на работа изминативе недели и месеци, па и години, а најмногу сега, среде глобалната здравствена, економска и општествена криза, не е поради неспособноста на менаџерите да ја подготват организацијата за иднината. Туку е поради неволноста на менаџерите да размислуваат за немањето на своја сопствена иднина, што станува се’ поочигледно. Немањето на иднина коешто го засега менаџментот како идеја и како пракса, а не само како судбина на индивидуалните менаџери.

К

аде се новите менаџмент теории?“, ме праша акутен набљудувач на менаџмент трендовите на едно големо собирање на директори, научници и новинари, фокусирано на иднината на работните процеси. Тоа се случи пред неколку години, и никој не ни очекуваше дека иднината ќе дојде толку бргу како што дојде, или на начин на којшто дојде. Го имав слушнато ова прашање и претходно – тоа е своевиден декор на сите вакви собири – но за него почнав да размислувам многу откако работата каква што ја знаевме дојде до својот крај. Теориите ги спојуваат анализата и акцијата, и особено во време на промени, кога иднината станува непредвидлива, а нервозата расте, на менаџерите им требаат теории што ќе ги разбистрат нештата и ќе донесат поголема извесност. Научен менаџмент. Меѓучовечки релации. Конкурентска предност. Максимизација на вредноста за акционерите. Иновации што носат големи потреси на пазарот. Ова се само дел од теориите што го движеа менаџментот изминатиов век, нудејќи му рационален пристап, четиво, а неретко и оправдување за самите акции. Тие го обликуваа менаџментот, исто така, создавајќи слика за тоа кои всушност треба да бидат менаџерите. Еве да го земеме како пример научниот менаџмент – најмногу познат како Тејлоризам – веројатно една од најдолготрајните менаџмент теории воопшто. Таа вели дека менаџерската задача е да се зголеми ефикасноста во производниот систем. Тогаш, менаџерот, олицетворен во сликата на Др. Тејлор, мора да биде самостоен инженер којшто нурка низ податоци со цел да го најде најчестиот извор на грешките: луѓето. Јас лично треба да знам за новите теории, со оглед дека сум на крајот на краиштата, професор по менаџмент. Но, овој пат немав идеја. За волја на вистината, не недостигаа некакви нови менаџмент изблици дури и пред да се случи кризата поради пандемијата изминативе неколку месеци. Приказните за менаџментот опфаќаат цел опсег од епско преку

комично до потполно трагично. Директорите имаат визии, за залагаат за верност кон доказите, па дури и кон пишаните манифести. Но, нови теории? Како да ги нема никаде на видикот. Дури и научниците од менаџмент сферата се збунети, сомневајќи се дека старите менаџмент теории сè уште се применливи во организациите што сега се водени од некакви алгоритми, и прашувајќи се дали некој работи на развивање на нови.

Криза на средовечноста Но, овој недостиг на нови теории не ме загрижува само мене, мојот пријател од конференцијата, многумина менаџери и авторите што штотуку ги цитирав. Ве засега и вас исто така. Без оглед на вашата возраст, дали сте менаџери или не, вие сте фатени во она што можам да го наречам средовечна криза на менаџментот. Знаците на оваа криза се препознаваат низ секојдневните искуства. Можеби се чувствувате непријатно и вознемирено, чувствувајќи дека нема да се вратиме на „нормала“ на работното место, и тоа ако го имаме сè уште. Или пак се чувствувате заглавени помеѓу фрустрацијата и очајот, прашувајќи се кој е сега одговорен и што следи допрва. Чувствувате и гнев кон системот, да не ја спомнувам и недовербата исто така. Чувствувате осаменост и отсуство на било какво значење. Тоа не се само знаци на тага по начинот на живот што моравме да го промениме последниве неколку месеци – нашата тешкотија и очај се “крчкале“ уште долго пред тоа. Меѓутоа, колку што повеќе посегнуваме по нови теории, толку повеќе се чувствуваме непријатно и заглавено. Тоа е така затоа што прашањето на средовечната криза не наликува на повеќето од предизвиците што менаџментот е подготвен да ги анализира и решава. Тоа е егзистенцијално. И мора да се соочиме со него, затоа што нашиот живот зависи од тоа. Тоа е прашање на смртта – и прашање што всушност да се прави со тоа што ни останало од слободата, времето и енергијата.



MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I OK ТОМВРИ I 202 1 Потребен ни е навистина човечен менаџмент, таков што ќе остави простор за нашите тела и души покрај нашиот интелект и вештини. Којшто се грижи за тоа што работата нам ни значи, какви чувства ни предизвикува и какви последици остава, а не само за тоа што можеме ние како работници да направиме на своето работно место. Менаџмент којшто ќе се одрекне од немилосрдната потрага по ефикасност и складност – и ќе ги велича, или едноставно да ги признае само недоследностите што нè прават луѓе.

COVER S TORY

10

Да, добро прочитавте. Тврдам дека непријатноста што многумина ја чувствуваат на работа изминативе недели и месеци, па и години, а најмногу сега, среде глобалната здравствена, економска и општествена криза, не е поради неспособноста на менаџерите да ја подготват организацијата за иднината. Туку е поради неволноста на менаџерите да размислуваат за немањето на своја сопствена иднина, што станува сè поочигледно. Немањето на иднина коешто го засега менаџментот како идеја и како пракса, а не само како судбина на индивидуалните менаџери. Вакво негирање на реалноста, сè уште присутно во многу организации, е опасно и несреќно. Средовечните кризи се често непријатни, но продуктивни теми. Смртта, кога можеме да се соочиме со неа, нè присилува да размислиме околу тоа, не само како живееме, туку и зошто всушност постоиме. Таа го мобилизира нашиот интелект и имагинација кон наоѓање подобри начини за решавање на големи прашања. И додека почнува како отсуство на значење и надеж, средовечната криза може да биде извод и на двете состојби. Може да нè преобрази – менувајќи не на опсежни и постојани начини. Може да нè ослободи – помагајќи ни да не робуваме повеќе на навиките и дневните обврски. А може и да не очовечи – да ни ги продлабочи врските со останатите луѓе и со самите нас. Оваа хуманизација е повеќе од потребна, како што многумина имаат посочено, но мора да оди многу подалеку одошто вообичаената реторика на целисходното лидерство која подразбира полирање на хуманизмот за да менаџментот изгледа поубаво. Не, туку мора да стане негова есенција. Има многу работа, ако сакаме да ја пребродиме оваа криза. Но, првин да видиме од каде доаѓа сето ова.

Дали капитализмот каков што го знаеме е мртов?! Кризата на средовечноста не треба да биде одбележана преку сфаќањето на концептот на нашата реална, физичка смрт. Таа треба да се истакне преку свесноста дека светот каков што го знаевме, или светогледот што нам ни бил омилен, едноставно исчезнува. Средовечната криза избувнува на своите егзистенцијални пресвртни точки, помеѓу состојбата што не е повеќе видлива и онаа што сè уште не е „зачната“. Гледан на овој начин менаџментот ја доживува својата криза на средовечноста веќе некое време. Бидејќи капитализмот – светогледот што повеќето менаџмент теории и алатки веќе долго време го поддржуваат и унапредуваат – е на егзистенцијална раскрсница во моментов. Повеќе не се прашуваме само како да

направиме нештата да функционираат. Сега многумина се прашуваат зошто (и за кого) постои капитализмот. Некои пак, се прашуваат и дали е одржлив понатаму. „Капитализмот каков што го знаеме е мртов“, рече Марк Бениоф на почетокот од 2020 година. Зборувајќи од главната сцена на преполниот аудиториум на Светскиот економски форум во Давос годинава, шефот на Salesforce направи своевиден епитаф на капитализмот. Бениоф ги повика своите „колеги“ во бизнисот да го пратат во историјата ултра – капитализмот којшто се занимава само со самиот себе, опседнат со раст и профити, и слеп, ако не и непријателски настроен кон неговиот социјален и еколошки контекст. Можеме сега да дебатираме дали ултра – капитализмот е мртов или не. Но, како што планетава „гори“, нееднаквоста расте, луѓето страдаат, а геополитиката станува сè понапната, тогаш барем може да се согласиме дека е смртоносен. Поголемиот дел од штетата што ултра – капитализмот ја прави доаѓа преку менаџментот, или да бидам попрецизен, преку неспорната пракса на дехуманизираниот поглед на тоа како менаџментот всушност функционира и треба да функционира. Тоа е инструментално стојалиште кое се смета за технолошки вид, средство за постигнување на цел, алатка за максимизирање на ефикасноста, усогласеноста и перформансите – дури и кога навидум делува дека се грижи за луѓето. Занемарува сè што не е поврзано со перформансите, а неговото влијание оди толку длабоко што често го користиме да управуваме и со самите себеси, на пример, секој пат кога си велиме дека треба да спиеме, вежбаме или читаме книга за да бидеме попродуктивни на работа, а не заради тоа што така сме поздрави, побогати и послободни. Еве, да ги земеме за пример, повеќето од менаџмент истражувањата или популарните менаџмент трудови. Се поаѓа од тоа дека менаџментот, кога е добро практикуван, е начин за предвидување и решавање на практични проблеми. И посветен е на тоа да пронаоѓа и нуди “рецепти“ за менаџерите за да ги адресираат овие проблеми. Како да донесам одлуки? Како да бидам слушнат? Како да останам продуктивен? Како да му помогнам на мојот тим да успее? Во многу околности, теориите и алатките што помагаат во одговор на инструменталните прашања се доволни. Но, тие малку вредат кога излегуваат на површина егзистенцијални прашања, како на пример, уште колку време ќе бидеме тука? Дали сме битни? Дали сме одговорни? Ова се прашања карактеристични за средовечноста, за секој поединечно. И ова се истите прашања што ги поставуваме во контекст на менаџментот и овој егзистенцијален крстопат.


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I OK ТОМВРИ I 202 1

Овие прашања стануваат сè погласни, и оние што требаа да го погребат ултра – капитализмот, ако ништо друго, брзаат на неговата смртна постела за да го оживеат тврдејќи дека нивниот претходен успех ги чини најподобни за решавање на општествени болести или го распродаваат нашето здравје и приватноста заради профит. Сакајќи да го промениме светот без да сакаме да го промениме нашиот сопствен свет е класичен знак за средовечна криза и вообичаен одбранбен механизам кога нашите светогледи колабираат. Само нудење на испружена рака и средства може да биде начин некој да се осигури дека е вреден и центар на внимание дури и во новиот свет. (Исто така е и начин да се тргне кон ултра – капиталистичките аспирации – револуција без револуционери). „Сè мора да се промени за сè да остане исто“, изустува Принцот од Салина во ремек – делото „Леопард“ на Џузепе Томази ди Лампедуза. Сум чул како овој цитат се користи како позитивен пример за менаџерски прагматизам, но во новелата, ликот на принцот наговарајќи го своето семејство да ги лажира односите со армиите на ривалскиот монарх и семејството на бизнис лидерот е олицетворение на менување на обликот на моќта. Тој е заинтересиран само работите да останат какви што се и одложување на пропаста додека тој не си замине. Неговите зборови, се плашам дека нема да им бидат туѓи на оние што се залагаат за нови идеи и алатки, но само за да останат на своите позиции. Овој пристап, меѓутоа, не е доволен за крајната цел. Ако сакаме да го промениме светот, треба прво да го

промениме нашиот сопствен свет. Ова значи дека оние што претендираат да му дадат нов лик на капитализмот мора прво да го елиминираат стариот имиџ на менаџментот. Кога велам дека треба да го убиеме менаџментот, не мислам на елиминирање на менаџерите, на луѓето. Заменувајќи ги со алгоритми, на пример, ризикувате да го направите менаџментот повеќе инструментален одошто е. Работна околина водена од вештачка интелигенција постигнува нивоа на контрола што ги надминуваат и најлудите соништа на Фредерик Тејлор (американски инженер од почетокот на 20 век, познат по стремежот да ја подобри индустриската ефикасност, н.з.). Замената на старите менаџери со нови исто така нема да го реши проблемот. Ќе биде бескорисно, доколку новите раководители ги применуваат истите принципи, само на различен начин. Наместо тоа, кога јас велам да се убие менаџментот, мислам да се стопира начинот на којшто ние портретираме и практикуваме менаџмент. Ние, јас и вие, луѓето што се собираат на конференции и читаат трудови за иднината на работните процеси, како и сите други што го отелотворуваат менаџментот преку зборови, пишувајќи, или во нивната секојдневна работа – треба да ја промениме нашата концепција за менаџмент, за неговата функција во било која компанија. Со што да го замениме? Потребен ни е навистина човечен менаџмент, таков што ќе остави простор за нашите тела и души покрај нашиот интелект и вештини. Којшто се грижи за тоа што работата нам ни значи, какви чувства ни предизвикува и какви последици остава, а не само за тоа што можеме ние како работници да направиме на своето работно место. Менаџмент којшто ќе се одрекне од немилосрдната потрага по ефикасност и

Моj Банкар Нова услуга за правни лица Професионална Персонализирана Постојана поддршка

Лојалноста пред се! Закажете состанок: mojbankar@unibank.com.mk Инфо центар : 02/ 3 204 323 02/ 3 111 111

11 COVER S TORY

Ако сакаме да го промениме светот, прво треба да го промениме својот сопствен свет


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I OK ТОМВРИ I 202 1

COVER S TORY

12

складност – и ќе ги велича, или едноставно да ги признае само недоследностите што нè прават луѓе. Менаџмент којшто егзистенцијалниот раст ќе го следи подеднакво страствено како и инструменталниот раст – т.е. оној што ќе ја следи експанзијата на нашата свесност паралелно со нашите моќи. Менаџмент којшто ќе биде целосно хуман, со сите наши контрадикторности, во плуралистички институции. Хуманиот менаџмент ќе настојува да искажуваме грижа за слободите и благосостојбата на оние со коишто менаџираме, исто колку и за нивната продуктивност; дека ќе ги разгледуваме и еколошките, исто колку и економските ефекти на нашите стратешки избори; дека ќе престанеме да се правиме немоќни пред тиранијата на технологијата и ќе преземеме одговорност да ги одбиеме технологиите што ја овозможуваат тиранијата. Таков тип на менаџмент може да го унапреди капитализмот и да ги направи систем заснован на љубопитноста и емпатијата, значи подобар во иновациите и инклузивноста одошто е во моментов. Зачетоци на ваков човечен поглед на менаџментот веќе може да се забележат. Може да ги забележите кај директорите коишто спомнуваат грижа за заедницата исто колку и за профитот. Може да ги забележите кај луѓето што се заинтересирани за своето значење во заедницата и како може да придонесат за нејзината благосостојба. Но за да не останат овие заложби и напори залудни, за да не останат овие гласови неслушнати, менаџментот каков што го знаеме мора да умре, навистина. Нема друг начин. Затоа што, за волја на вистината тој нема проблеми. Тој самиот е проблем.

Психоанализа за менаџментот

Предизвик за менаџментот сега не е недостигот на нови теории, туку силината на старите. Невозможно е да се изгради иднина користејќи ги скиците од минатото. Тоа е исто како да одиме на пластичен хирург за да го промениме својот лик, а треба всушност да одиме кај психотерапевт за да го ослободиме својот ум. Токму ова му е потребно на менаџментот деновиве, за што се залагав и во еден мој скорешен труд. Повеќе психоанализа, тоа е. Не се шегувам со вас. И тоа делот од психоанализата што се занимава со системите на организација и искуствата на луѓето во организациите. Треба да се работи на идентификување на дисфункционалните култури во организациите и фасцинацијата на луѓето од невротичните лидери, со што ќе се ослободиме од стегите на минатото. Може да ја наречете психоанализата теорија, или алатка. Нема да противречам. Но тука ја користам како помош за една субверзивна конверзација. Однос којшто ни помага да откриеме зошто се плашиме од тоа што го сакаме и колку нè чинат нашите теории кога ќе станат верувања. Тоа е, кога решенијата на старите проблеми стануваат причини за нашата заглавеност во едно место. Гледано низ оваа призма, есенцијата на кризата на средовечноста е заточеноста. Теориите коишто претходно сме ги научиле, и коишто ни помагаат да одиме понатаму, сега всушност нè заробиле. За секој од нас, ова се обично лични теории за тоа како да се однесуваме. Мора секогаш да работиш напорно. (Зошто?) Може да здивнеш по следното унапредување на работа. (Навистина?) Докажи дека ова можеш да го направиш сам. (Но, зошто?) Секогаш гледај да се вклопиш во средината. (По која цена?) За менаџментот, ова се теории што сме ги научиле во школо, од книги, и од оние што ни давале пример на нашето работно место. Тоа се популарни теории како оние што ги спомнав претходно, или повеќе локални во нашите организации. Менаџерите требало да ги стават

Можеме сега да дебатираме дали ултра – капитализмот е мртов или не. Но, како што планетава ‘гори’, нееднаквоста расте, луѓето страдаат, а геополитиката станува сè понапната, тогаш барем може да се согласиме дека е смртоносен.

акционерите на прво место, и да ги држат работите под конец. Овие теории може да не држеле во безбедна зона и да нè направиле успешни, во одреден момент. Тие ни користеле нам, а и ние на нив. Сè додека нивната магија престанала, обично поради тоа што не сме можеле да се менуваме, сме биле соочени со смртта, или и двете. Овие теории нè изневериле подоцна бидејќи не покажувале како да одиме напред без да ни објаснат зошто. Кога е потребна промена или смртта е на видикот, ова нема да ни помогне. Прашањето што треба да си го поставиме не е повеќе “што најдобро делува?“; сега прашањето е „за што вреди да се живее?“ Психоанализата го поставува ова прашање и со тоа нè ослободува кога стегите ќе станат преголеми. „Луѓето доаѓаат кај психотерапевт – или избираат некого за да разговараат – кога ќе сфатат дека повеќе не може да чуваат тајна“, вели ценетиот британски психоаналитичар Адам Филипс. „Она што некогаш било интимно, станало неподносливо.“ Средовечната криза е еуфемизам за сфаќањето дека инструменталните одговори што теориите ги генерираат врз основа на податоците не одговараат на егзистенцијалните прашања. Теориите без некаква цел, се само со ограничена употреба. Тие, на крајот, се неподносливи. Како што стана неподнослив и менаџментот којшто го негуваме веќе цел век. Еве зошто егзистенцијалните закани, кога ќе се соочиме со нив, може на крајот да ни помогнат. Тие го прошируваат нашиот хоризонт, потсетувајќи нè дека ни требаат повеќе од теории и дека ние сме повеќе од само алатки. Со правилно согледување и поддршка, често од средовечната криза излегуваме со многу поширок поглед на тоа кои сме, со поголем капацитет за простување, повеликодушни, поодлучни и потолерантни, со поголема веројатност да балансираме помеѓу природата, моралот и последиците на нашите дејства. Ако менаџментот може да се соочи со својата средовечна криза, тогаш, менаџментот може да биде на работ од својата вистинска трансформација. Дури може и да ја искористи моменталната здравствена и економска криза како шанса да ја демонстрира, а не само пропагира, својата посветеност на човештвото.

ЏАНПИЕРО ПЕТРИЉЕРИ

INSEAD бизнис школаза Harvard Business Review



MANAGER.MK

INTERVIEW MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

БОРИС ВУЈЧИЌ ГУВЕРНЕР НА ХРВАТСКАТА НАРОДНА БАНКА

ИНТЕРВЈУ

14

ИНФЛАЦИЈАТА Е ПРАШАЊЕ НА СИТЕ ПРАШАЊА ЗА ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКАРИ Скокот на инфлацијата е прашање на сите прашања за централните банкари. Централните банкари генерално сметаат дека ова е минлив феномен бидејќи растот на цените не е широко распространет меѓу стоките и услугите, туку е ограничен на неколку пазари каде што постои неусогласеност помеѓу понудата и побарувачката, дека очекувањата за инфлација се стабилни, како и дека повисоките цени не се прелеваат и во раст на платите. Сепак, знаеме дека инфлациските очекувања може брзо да се променат и дека тие самите потоа можат да влијаат на инфлациските трендови, дури и ако нема фундаментални причини. Ние од поранешна Југославија, кои имавме можност да бидеме сведоци на хиперинфлација, тоа особено добро го знаеме.


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

ИГОР ПЕТРОВСКИ

С

о Борис Вујчиќ, гувернерот на Хрватската народна банка, имавме прилика да разговараме за време на неговата неодамнешна посета на Скопје, кога со гувернерката на Народната банка на Северна Македонија, Анита Ангеловска – Бежоска потпишаа Меморандум за разбирање со којшто се проширува досегашната соработка помеѓу двете институции. Го прашавме г-дин Вујчиќ за повеќе актуелни теми од финансиската сфера во моментов – влијанието на кризата врз банкарскиот сектор, очекувањата за економските трендови, жешката тема – криптовалутите, но како еден од главните преговарачи своевремено при влегувањето на Хрватска во ЕУ, тој коментираше и за предизвиците во самиот процес на преговарање, како и за огромните придобивки што земјата ги доби со членството.

Каква е општата состојба на банкарскиот систем во Хрватска по тешкиот период на Ковид-19, кој за жал сè уште нема дефинитивен крај? Колку кризата го зголеми процентот на лоши кредити кај банките? Само осум дена по прогласувањето на глобалната пандемија на 11 март 2020 година, ХНБ предложи прилагодена регулаторна рамка за одредување на кредитниот ризик, што им овозможи на банките да одобрат мораториум без потреба од усвојување закон за мораториум (за разлика од соседните земји). Денес се покажа дека оваа флексибилност во утврдувањето на потребата од мораториум од страна на банките им овозможи на клиентите на банките временска рамка прилагодена на нив, со значителна државна поддршка, да го приспособат своето работење на пандемиските услови и да го задржат статусот на добри клиенти. Истовремено, банките го избегнаа нереалното еднократно негативно влијание врз одредувањето на нивото на лошите кредити. Дека состојбата во банкарскиот систем денес е задоволителна покажуваат и податоците за учеството на лошите кредити на крајот на јуни годинава. И покрај тоа што добивката на банките во 2020 година се преполови поради исправките на вредности на нивните пласмани, банките првите шест месеци од оваа година ги завршија со 50% поголема добивка, а учеството на лошите кредити е на прифатливи 5,1%. Со висока краткорочна ликвидност на системот (186%) и висок коефициент на адекватност на капиталот (25,4%), можеме да сметаме дека банките се подготвени за нов циклус на кредитирање. Сепак, ХНБ сè уште

очекува банките да негуваат внимателен пристап кон кредитирањето првенствено врз основа на идните парични текови, без оглед на расположливите колатерали за заштита на кредитниот ризик. Колкав дел од кредитокорисниците од категоријата домаќинства и компании ги користеа мерките за одложување на обврските? Од април 2020 година, редовно собираме податоци за состојбата на мораториумот, новите кредитни изложености и другите мерки за кредитно реструктурирање во банките поврзани со поддршка на клиенти чиј бизнис беше погоден од пандемијата. Така, во самиот врв на спроведувањето на мерките (јуни - август 2020 година) забележавме дека мерките се побарани за речиси 57.000 партии на кредити за домаќинства, нешто над 13.300 партии за правни лица и речиси 5.000 партии за земјоделски стопанства и занаетчии. Банките интензивно се справуваа со пристигнатите барања, па соодносот на барани и одобрени мерки варираше и во екот на примената на мерките се движеше од 64% до 80%. Највисокиот износ на бараните мерки беше постигнат во јуни 2020 година, кога изнесуваше 81,9 милијарди куни (10,9 милијарди евра, н.з.), со просечно пондерирано оптоварување на изложеноста на системот од околу 10%. Во текот на целиот период на примена на мерките, мораториумите одиграа нагласена доминантна улога, додека новите изложености и другите мерки за реструктурирање беа значително помалку застапени. Треба да се истакне дека со бројот на барани и одобрени мерки предничеше населението, а со износот на барани и одобрени мерки правните лица. Во средината на оваа година, мораториумите кои сè уште се на сила учествуваа со 3,4% од вкупните кредити, што е за повеќе од половина помалку одошто кон крајот на 2020 година, кога изнесуваа 7,7%. Според проекциите на банките на крајот на годината, тие треба да изнесуваат само 0,1% од вкупните кредити.

Централните банкари генерално сметаат дека оваа инфлација е минлив феномен Кои се најголемите предизвици за ХНБ периодов, со оглед дека коронакризата предизвика пад на хрватскиот БДП, веројатно и зголемување на буџетскиот дефицит, итн. Колку сето тоа влијае врз финансиската стабилност на земјата? Природата на предизвиците за централната банка се менуваше многу брзо за време на пандемијата. Откако главните предизвици на почетокот на кризата беа стабилизирањето на девизниот курс и пазарот на државните хартии од вредност, одржувањето поволни услови за финансирање на економијата и

15 ИНТЕРВЈУ

разговара


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

ИНТЕРВЈУ

16

загриженоста за можните ефекти од пандемијата врз банкарскиот сектор, фокусот на централната банка забрзано се поместува кон следење на брзината и интензитетот на закрепнувањето и можната промена на монетарната политика. Во исто време, ризиците за финансиската стабилност остануваат константни, иако и тука има одредена промена на фокусот. На пример, сè помалку сме загрижени за можниот раст на нефункционалните кредити на компаниите чиј бизнис е погоден од пандемијата, додека ризиците поврзани со пазарот на недвижности се зголемуваат бидејќи станбените кредити и цените на станбените недвижности сето ова време не заостанаа значително. Иако зголемувањето на јавниот долг ја зголемува и ранливоста на економијата и финансискиот систем, којшто е изложен кон државата, овие ризици во моментов се ублажуваат со исклучително поволните услови за финансирање. Дури и во случај на влошување на условите за задолжување на државата, поради релативно долгата просечна рочност на јавниот долг, ќе биде потребно извесно време за ова да се прелие во зголемените трошоци за сервисирање на долгот, што ќе им даде одредено време на фискалните власти да ги направат потребните прилагодувања. Какви се вашите очекувања за светските економски движења на краток и среден рок и како тоа ќе влијае на економиите во регионов? Имаме ситуација на целосно отворање на западните економии (но и страв од нови затворања), недостиг на страната на понудата (пр. микрочипови потребни во многу индустрии), страв од инфлација... Оваа криза беше буквално како ниедна друга. Ова се однесува на силината на падот на економијата, која по избувнувањето на пандемијата свесно беше ставена во состојба на „индуцирана кома“, како и брзината и интензитетот на закрепнување на кои бевме сведоци изминативе година дена, што ги надмина сите претходни очекувања. Таквото малку френетично закрепнување на побарувачката во комбинација со пренасочување на побарувачката од услужниот сектор - каде што епидемиолошките ограничувања и претпазливоста на потрошувачите сè уште донекаде ја ограничуваат побарувачката - кон потрошувачката на стоки, ги донесе сите проблеми што ги спомнавте. Скокот на инфлацијата е прашање на сите прашања за централните банкари. Централните банкари генерално сметаат дека ова е минлив феномен бидејќи растот на цените не е широко распространет меѓу стоките и услугите, туку е ограничен на неколку пазари каде што постои неусогласеност помеѓу понудата и побарувачката, дека очекувањата за инфлација се стабилни, како и дека повисоките цени не се прелеваат и во раст на платите. Сепак, знаеме дека инфлациските очекувања може брзо да се променат и дека тие самите потоа можат да влијаат на инфлациските трендови, дури и ако нема фундаментални причини. Ние од поранешна Југославија, кои имавме можност да бидеме сведоци на хиперинфлација, тоа особено добро го знаеме. Затоа централните банкари треба внимателно да го следат она што се случува и брзо да реагираат во случај знаците на инфлација да станат потрајна појава. Што се однесува до регионот, гледаме подеднакво брзо закрепнување како и во развиените економии. Во исто време, локалните економии се помалку вмрежени во глобалните синџири на вредност, така

што дури и стресовите предизвикани од проблемите во трговијата со стоки не ги засегаат домашните производители толку силно како оние во поразвиените економии. А откриените слабости во производните синџири би можеле да ги поттикнат производителите во развиените европски земји географски да приближат одредени производствени процеси од прекуокеанските земји, што секако е голема шанса и за нашите земји. Сметате ли дека моментално хрватскиот банкарски сектор е доволно консолидиран во смисла на големина на пазарот или сè уште се можни групирања, аквизиции, итн.? Во изминатите неколку години имаше тренд на опаѓање на бројот на банките, но тоа не се должи на структурните проблеми во нивното работење, туку поради фактот што економиите на обем и оптимизацијата на процесите играат важна улога во инвестициските одлуки на сопствениците на банките што се одразува и на окрупнувањето на банкарскиот сектор. Сè уште има простор за консолидација, но се очекува да биде со помал интензитет отколку во претходните години. Херфиндал-Хиршмановиот индекс на средства (HHI) на хрватскиот банкарски систем е 1.618 и според одредени скали сè уште укажува на умерена концентрација. Затоа, во секој случај постои одреден потенцијал за понатамошна консолидација на системот, но ХНБ не донесува оцена за тоа во кој момент пазарот ќе биде „доволно“ консолидиран.

Хрватска е на чекор до воведување на еврото Колку е блиску Хрватска до влегување во еврозоната? Кога очекувате воведување на еврото во земјата, односно кои услови сè уште останува да се исполнат? Доста сме блиску, благодарение на фактот што на 10 јули 2020 година хрватската куна се приклучи кон европскиот механизам за девизен курс II (ERM II). Имено, со тоа Хрватска направи клучен чекор на патот кон членство во еврозоната. На тоа му претходеше консолидација на јавните финансии и елиминирање на прекумерните макроекономски нерамнотежи, како и исполнување на 19 реформски мерки во 6 области. Би сакал да истакнам дека истовремено со приклучувањето кон механизмот на девизниот курс, Хрватска преку воспоставување на тесна соработка со Европската централна банка влезе во банкарската унија. Остатокот од патот (по влегувањето во ERM II) до воведувањето на еврото е јасен. Учество во ERM II најмалку две години, а притоа да се одржува стабилен курсот на куната во однос на еврото, е еден од условите за воведување на еврото. Другите услови се однесуваат на стабилноста на цените, одржливоста на јавните финансии и конвергенцијата на долгорочните каматни стапки. Имајќи ги предвид трендовите и прогнозите, како и фактот дека поради пандемиската криза во ЕУ фискалните правила се привремено суспендирани, очекуваме веќе следната година да добиеме позитивна оценка за исполнување на критериумите за воведување на еврото. Покрај исполнувањето на споменатите критериуми за конвергенција, до воведувањето на еврото Хрватска сè уште треба да ги спроведе реформските мерки на кои се обврза при пристапувањето во ERM II. Станува збор за 8 мерки во 4 области - зајакнување на рамката за борба против перење пари, натамошно намалување


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ РИЗИЦИТЕ ПОВРЗАНИ СО ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ ВО ХРВАТСКА Фокусот на ХНБ забрзано се поместува кон следење на брзината и интензитетот на закрепнувањето и можната промена на монетарната политика. Во исто време, ризиците за финансиската стабилност остануваат константни, иако и тука има одредена промена на фокусот. На пример, сè помалку сме загрижени за можниот раст на нефункционалните кредити на компаниите чиј бизнис е погоден од пандемијата, додека ризиците поврзани со пазарот на недвижности се зголемуваат бидејќи станбените кредити и цените на станбените недвижности сето ова време немаа некое позначително забавување. на административното и финансиското оптоварување на стопанството, подобрување на корпоративното управување во државните претпријатија и зајакнување на националната рамка за стечај. Нивната имплементација е во тек и планираме да ги завршиме до март 2022 година. На крајот, пред нас е спроведување на серија активности и прилагодувања предвидени со Националниот план за замена на хрватската куна со еврото, кои се неопходни за сите сегменти на општеството да бидат подготвени да се префрлат на новата валута. И овие активности се веќе во полн ек. Севкупно гледано, иако имаме уште многу напорна работа пред нас, сите активности се одвиваат според планот и верувам дека успешно ќе ја исполниме нашата амбиција да бидеме целосно подготвени за воведување на еврото на 1 јануари 2023 година. За што разговаравте со гувернерката на Народната банка на Северна Македонија и нејзиниот тим при вашата неодамнешна посета на Скопје? Какви видови соработка договоривте со македонските колеги? Најпрво сакам да кажам дека имаме долгогодишна исклучително добра соработка меѓу нашите две институции, на сите нивоа. Оваа соработка особено се интензивираше со пристапувањето на Хрватска во ЕУ, а како добар пример за успешноста на оваа соработка можам да ги наведам двата реализирани твининг проекти за НБРСМ во кои учествуваа експерти од ХНБ.

Во однос на соработката, која понекогаш симболично се претставува меѓу централните банки во форма на Меморандум за разбирање, би сакал да истакнам дека ХНБ и НБРСМ потпишаа еден таков Меморандум за разбирање во јули оваа година, со којшто ги проширивме областите од нашата соработка. Имено, покрај „традиционалните“ области на централното банкарство (монетарна политика, финансиска стабилност, банкарска регулатива, платни системи, заштита на потрошувачите и улогата на централните банки во процесот на интеграција во ЕУ), во рамките на кои ќе продолжиме да разменуваме искуства, соработка помеѓу нашите две централни банки, во наредниот период соработката ќе се прошири во дополнителни области, како што се климатските промени, зелените финансии и финансиските иновации. Тоа се теми кои добија на значење во последните година - две, а со нив денес интензивно се занимаваат голем број централни банки, но и меѓународни финансиски институции. ХНБ сигурно ќе продолжи да дава силна поддршка на НБРСМ на нејзиниот пат кон Европскиот систем на централни банки.

Апсолутно се исплатува трудот околу влезот во ЕУ Хрватска е членка на ЕУ веќе осум години, Македонија за жал сè уште чека датум за почеток

ИНТЕРВЈУ

17


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

ИНТЕРВЈУ

18

ТРГОВИЈАТА СО КРИПТОВАЛУТИ ВО ХРВАТСКА ГО СТИГНА ПРОМЕТОТ СО АКЦИИ НА БЕРЗА Прометот на менувачниците за виртуелни валути веќе го достигна прометот со хартии од вредност на пазарите на капитал во Хрватска. Категоријата на крипто средства е многу интересна за малите инвеститори бидејќи нуди можност за неспоредливо високи приноси или брзо збогатување. Но, сепак се работи за нерегулирана инвестиција, односно речиси и да не нуди заштита на малите инвеститори. Од друга страна, пазарите на капитал се зрели и високо регулирани области на финансискиот сектор и вклучуваат значителни регулаторни трошоци, кои потоа се пренесуваат на инвеститорите преку вкупната цена.

на преговорите... Како еден од главните хрватски преговарачи со ЕУ во тоа време – што значи човек со долгогодишно искуство во поглед на европските интеграции на Хрватска, што би ѝ препорачале на Македонија во моментов, - како да се однесува? Пред сè, потребно е да се вооружите со трпение, бидејќи преговорите кога еднаш и ќе почнат, тие имаат своја специфична динамика. За земјите кои денес се во процес на пристапни преговори, тој процес трае многу подолго отколку што беше за Хрватска, а за Хрватска беше потребно повеќе време отколку за земјите кои пристапија во ЕУ во првата деценија на 2000-тите. Ова не е изненадувачки со оглед на тоа што регулативата на ЕУ во меѓувреме беше надградена, што е особено видливо во сегментот на законодавството што го регулира финансискиот систем. Исто така, Хрватска беше првата земја за која беше воведена практиката на поставување одредници за отворање и затворање поглавја (т.н. opening and closing benchmarks), односно условите што ги постави Европската унија за една земја кандидат да отвори и/или затвори конкретно поглавје за преговори, што го направи целиот процес покомплексен и подолготраен. Во периодот до почетокот на преговорите, важно е да се направи добра подготовка, бидејќи тоа овозможува низок старт, или релативно побрзо движење откако ќе почнат преговорите. Познати се областите за преговарање, како и законодавството што треба да се прилагоди. Најголем дел од работата е поврзана со техничките прилагодувања на законодавството, а помал дел со реалните преговори за условите за пристапување. Во оваа смисла, важно е земјата да има подготвено тимови од експерти во секоја област на преговорите кои се добро запознаени со материјата и законодавната рамка во нивните области. Покрај тоа, кога станува збор за вистински преговори, на политичко ниво потребно е многу точно да се утврдат кои се стратешки важните работи за земјата за кои ќе биде потребно да се бара отстапување од правото на ЕУ, односно национална дискреција и период на транзиција, секако во области каде што има простор и оправданост. Секако, цело време треба да се има предвид дека спроведувањето на реформите и законските прилагодувања, од кои некои може да се направат и пред почетокот на преговорите, сами по себе ѝ носат корист на земјата, особено кога станува збор за градење административни капацитети и подобрување на квалитетот на институциите. Сега, после осум години членство во ЕУ, што може да кажете, кои се најголемите бенефити за земјата? Се исплатува ли сета таа мака околу пристапувањето во Унијата? Трудот околу влезот во ЕУ апсолутно се исплатеше. Со влезот во ЕУ беа отстранети често пати невидливите неценовни бариери кои го откочија извозот на хрватските компании, а во исто време Хрватска стана поинтересна туристичка дестинација. Во однос на извозот на стока, во периодот 2013-2019 година неговиот раст беше посилен отколку во споредливите земји (во просек 8% годишно наспроти 6%), што го подобри својот пазарен удел на светскиот пазар за дури 33%. Со тоа се компензираа дел од загубите од претходниот период, а се зголеми и трговската отвореност на домашната економија. Ваквите движења во трговијата во комбинација со силниот раст на приходите од туризмот го туркаа салдото на тековната сметка во зона на стабилен суфицит, па за неколку години надворешниот долг беше значително намален


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

Крипто средствата не се нов вид на пари, туку шпекулативен инвестициски инструмент без покритие Шефот на ХАНФА (хрватскиот регулатор на финансиските пазари, н.з.) неодамна изјави дека прометот во крипто – менувачниците наскоро ќе го достигне нивото на берзанскиот промет во земјата. Што лично мислите за влијанието на овој тренд врз пазарот на капитал генерално? Има ли тоа влијание врз динамиката на растот на депозити во банките? Прометот на менувачниците за виртуелни валути веќе го достигна прометот со хартии од вредност на пазарите на капитал во Хрватска. Категоријата на крипто средства е многу интересна за малите инвеститори бидејќи нуди можност за неспоредливо високи приноси или брзо збогатување. Но, сепак се работи за нерегулирана инвестиција, односно речиси и да не нуди заштита на малите инвеститори. Од друга страна, пазарите на капитал се зрели и високо регулирани области на финансискиот сектор и вклучуваат значителни регулаторни трошоци, кои потоа се пренесуваат на инвеститорите преку вкупната цена. Во врска со можниот негативен ефект врз побарувачката за банкарски депозити, депозитите во Хрватска континуирано растат силно, и покрај фактот што во последниве години бевме сведоци на зголемен интерес на граѓаните за криптовалути. Една од причините лежи во фактот што пазарот на

19 НА 1 ЈАНУАРИ 2023 ГОДИНА ОЧЕКУВАМЕ ДА ГО ВОВЕДЕМЕ ЕВРОТО Пред нас е спроведување на серија активности и прилагодувања предвидени со Националниот план за замена на хрватската куна со еврото, кои се неопходни за сите сегменти на општеството да бидат подготвени да се префрлат на новата валута. И овие активности се веќе во полн ек. Севкупно гледано, иако имаме уште многу напорна работа пред нас, сите активности се одвиваат според планот и верувам дека успешно ќе ја исполниме нашата амбиција да бидеме целосно подготвени за воведување на еврото на 1 јануари 2023 година.

криптовалути е сè уште премал за сериозно да го загрози депозитното работење на банките. Како всушност ХНБ реагира на состојбата на зголемен интерес за криптовалутите кај граѓаните? Дали давате некакви препораки, совети, предупредувања и слично со оглед на тоа дека се работи за ризични и крајно нестабилни средства? Како прво, се обидуваме да ја запознаеме јавноста дека не се работи за нов вид пари, туку за шпекулативен инвестициски инструмент без покритие, кој не го издаваат јавните власти и чии можности за заштита на депозитите се минимални. Граѓаните често ги мешаат поимите криптовалути или дигитални пари со многу широкиот опфат на терминот крипто средства. Затоа, преку соопштенија за јавноста, како и со повторување преку јавни настапи укажуваме дека е неопходно да се користи голема доза на претпазливост при тргување со крипто средства и дека постои висок ризик од губење на инвестицијата. Истовремено, се вклучуваме и во трендовите на ниво на Европската Унија, како и на глобално ниво, во однос на испитувањето на оправданоста на воведувањето на дигиталната валута на централната банка, како дигитална валута наменета за граѓаните директно гарантирана од централната банка.

ИНТЕРВЈУ

(преку 30 процентни поени од БДП). Следствено, оценката за надворешните ранливости на земјата е значително ублажена. Покрај пристапот до заедничкиот европски пазар, важна економска придобивка од членството во ЕУ е и можноста за користење на фондовите на ЕУ за Хрватска. Износот на средствата што Хрватска ги добива годишно значително ги надминува уплатите во заедничкиот европски буџет. Така, само во 2020 година на хрватските крајни корисници од европските фондови по различни основи биле исплатени 2,4 милијарди евра, што претставува 4,8 отсто од БДП, додека уплатите на Хрватска во заедничкиот буџет на ЕУ изнесуваат околу 500 милиони евра или 1,1% од БДП. Средствата од фондовите на ЕУ се генерално видлива придобивка за пошироката популација, како што е потврдено од анкетите кои сугерираат дека двојно повеќе луѓе имаат позитивно мислење за последиците од пристапот на Хрватска во ЕУ отколку оние со негативно мислење. На крајот, би сакал да го истакнам придонесот што членството во ЕУ го има за стабилноста и издржливоста на економијата. Потврда за тоа е токму одговорот на ЕУ на кризата предизвикана од избувнувањето на пандемијата. Имено, договорот за долгорочниот буџет на ЕУ и Механизмот за закрепнување и издржливост е историски договор и единствена можност за ЕУ како целина да излезе посилна од пандемијата, со изменети и отпорни економии подготвени за идните предизвици и нови можности и вработувања. Ова е одлична можност и за Хрватска, бидејќи има на располагање бесповратни средства во приближна вредност од 6,3 милијарди евра и заеми во приближен износ од 3,6 милијарди евра, што ја става на врвот на земјите -членки на ЕУ според односот на расположливите средства и БДП. Затоа, се очекува токму европските фондови да бидат важен фактор во очекуваното економско закрепнување како главен извор за финансирање на голем инвестициски циклус.


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

20

ЕВРОПСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА

ЕУ БАРА ОД ЕУ ДА СИ ГО ОДРЖИ ЗБОРОТ Исклучителната комплицираност во начинот на којшто функционира Европската Унија уште еднаш се гледа најдобро преку Извештајот за напредокот на Македонија. Таму едно од телата на ЕУ - Европската комисија недвосмислено бара одржување на Првата меѓувладина конференција со официјално Скопје веднаш, оти земјава ги има исполнето сите услови. Проблемот е во другото тело – Европскиот совет, каде што поради принципот на консензус, која било од членките од каква било причина може да каже дека барањето или ставот на Комисијата не важи и дека нема зелено светло за официјален старт на преговори. Во нашиот случај таа членка е Бугарија, а причините се далеку од европски.

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

И

склучителната комплицираност во начинот на којшто функционира Европската Унија уште еднаш се гледа најдобро преку Извештајот за напредокот на Македонија. Таму едно од телата на ЕУ - Европската комисија недвосмислено бара одржување на Првата меѓувладина конференција со официјално Скопје веднаш, оти земјава ги има исполнето сите услови. Проблемот е во другото тело – Европскиот совет, каде што поради принципот на консензус, која било од членките од каква било причина може да каже дека барањето или ставот на Комисијата не важи и дека

нема зелено светло за официјален старт на преговори. Во нашиот случај таа членка е Бугарија, а причините се далеку од европски. Оттука, легитимни се коментарите на многумина дека извештаите за напредокот стануваат само глас на немоќ на самата Комисија пред Советот (ЕУ пред ЕУ) и дилемите дали ваквите наоди воопшто имаат веќе кредибилитет и во земјите за коишто се однесуваат и во самата Унија. Македонските власти, сепак, немаат дилема – велат дека оценките од Брисел се потребни и полезни за подобро детектирање на слабостите дома, мапирање на реформскиот пат и исполнување на задачите, што првенствено се прават за подобрување на животот на самите граѓани. Во Извештајот се вели дека Северна Македонија


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

Што всушност содржи Извештајот? Во однос на политичките критериуми, Брисел нотира дека Северна Македонија ги продолжила своите напори за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, како и со активирање на постојните механизми на проверка и контрола и преку опфаќање на клучните политички и законодавни прашања. Земјата ја покажала својата посветеност да постигне резултати во клучните области на фундаменталните права, вклучително и преку агендата „Европа дома“ и „Акциониот план 21“ за борба против корупцијата. Во документот се наведува дека Владата треба да го задржи реформскиот импулс и да се фокусира на имплементација на постојната правна рамка, наместо да започне спорадични нови иницијативи. Навременото и суштинско спроведување на реформската агенда бара постојана поддршка од општеството во целина. Се препорачува земјата да го зајакне капацитетот за парламентарен надзор над разузнавачките служби. Северна Македонија во моментов ја разгледува законодавната рамка за управување со човечки ресурси преку ревизија на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавните служби и воведува нов Закон за врвни менаџерски услуги. Новата рамка треба да го подобри управувањето со човечките ресурси во администрацијата и ќе придонесе за обезбедување на подобра почит за вработувања, унапредувања и отпуштања засновани на заслуги, вклучително и на високо ниво на менаџмент. Во однос на уште еден комплициран систем – оној на судската власт, се забележува исто така умерена подготвеност. Се вели дека е постигнат одреден напредок во однос на имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудството, со што дополнително се разгледале препораките од Венецијанската комисија и групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото. Сѐ уште се потребни напори за да се обезбеди систематско спроведување на ажурираниот акционен план за стратегијата за реформи во судството и стратегиите за човечки ресурси за судството и обвинителството. „Важно е да се продолжи со имплементација на правната рамка и стратешките планови поврзани со реформата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Новиот предлог закон за Академијата за судии и обвинители треба да ја одржува Академијата како единствена точка за влез во судството и обвинителството и треба да обезбеди фер и

21 ДЕЈВИД ГИР

НИКОЛА ДИМИТРОВ

Во однос на отворањето преговори за пристапување, комесарот и извештајот потврдуваат дека одложувањето на отпочнувањето на преговорите имаат негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ.

Ова е јасна и недвосмислена потврда дека во време на сериозни предизвици и во однос на фокусот во битката против пандемијата, но и во специфичните политички предизвици со кои се соочуваме, со посветеност и упорност успеавме да задржиме високо ниво на подготвеност за членство.

амбасадор на ЕУ

вицепремиер за европски прашања

транспарентен пристап до овие професии“, се наведува во извештајот. Во Извештајот се наведува дека Северна Македонија е умерено подготвена во превенција и борба против корупцијата. Постигнат е одреден напредок, бидејќи земјата продолжила да го консолидира својот учинок за истрага, гонење и судење на неколку случаи на корупција, вклучително и на високо ниво, и ја зајакна својата институционална рамка, особено Државната комисија за спречување корупција и Обвинителството за организиран криминал и корупција. „Случаите иницирани од поранешното СЈО продолжија да напредуваат, со што се утврди одговорност за незаконските прислушувања. Голем број случаи беа предмет на првостепени пресуди и беа отворени нови случаи врз основа на истражен материјал од поранешното Специјално обвинителство. Државната комисија за спречување корупција беше проактивна во спречувањето на корупцијата и отвори неколку случаи, вклучително и против службеници на високо ниво. На Државната комисија ѝ беа доделени нови простории. Како и да е, напорите за подобрување на нејзиното функционирање треба да продолжат, особено со доделување дополнителни средства за регрутирање стручен кадар“, се вели во извештајот. Во извештајот се додава дека треба да се направи повеќе за да се подобри ефикасноста на спроведувањето на законот во борбата против одредени форми на криминал, како што се перење пари и финансиски криминал. Во него се нотира и дека е постигнат одреден напредок и во борбата против тероризмот и спречување насилен екстремизам. „Забележано е подобрување во однос на вклучувањето на родот и правата на жените, иако жените се меѓу категориите што се најтешко погодени од пандемијата.

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста заложба да продолжат по европскиот пат. „Земјата задржа постојан и одлучен тек во напредувањето во делот на европските реформи и ги зголеми своите напори за испорачување на конкретни резултати и натаму“. Но, таму нема само пофалби, туку и загриженост за земјата. Европската Комисија е задоволна што Северна Македонија продолжува да ги исполнува критериумите за зачленување на ЕУ и што властите покажуваат јасна проевропска ориентација. Но, таа предупредува дека „одлагањето на официјалниот старт на преговорите за членство има негативни последици врз кредибилитетот на ЕУ. Поради тоа, билатералните прашања меѓу Софија и Скопје мора приоритетно да бидат решени.“ Комисијата наведува дека со нетрпение очекува и ја истакнува важноста од постојано имплементирање на Договорот од Преспа и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија од сите страни.


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1 Во однос на уште еден комплициран систем – оној на судската власт, се забележува исто така умерена подготвеност. Се вели дека е постигнат одреден напредок во однос на имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудството, со што дополнително се разгледале препораките од Венецијанската комисија и групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото. Сѐ уште се потребни напори за да се обезбеди систематско спроведување на ажурираниот акционен план за стратегијата за реформи во судството и стратегиите за човечки ресурси за судството и обвинителството.

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

22 Препораките на европските и меѓународните тела за човекови права, особено во врска со третманот на притворените и осудените лица мора целосно да се спроведат без одлагање. Исто така, е важно за земјата да го зајакне спроведувањето на законодавството за говор на омраза и националниот акционен план за спроведување на одредбите од Истанбулската конвенција. Цивилниот механизам за надворешен надзор над полицијата не е целосно функционален, а отсуството на вистински независни иследници ги попречува напорите да се одговори на неказнивоста на полицијата и ефективното гонење. Земјата треба да продолжи да ја подобрува состојбата во затворите и дополнително да ги зголеми алтернативите на притворот“, се вели во извештајот. Во областа на медиумите се потенцира значењето на саморегулацијата заедно со конкретни резултати за напредок во професионалните стандарди на новинарството. Треба да се обезбеди поголема транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции и политичките партии. Властите треба да ги зголемат своите напори за реформа на јавниот радиодифузен сервис, обезбедувајќи ја неговата независност и финансиска одржливост. Во однос на економските критериуми, се оценува дека С. Македонија постигнала одреден напредок и е на добро ниво на подготовка во развојот на функционална пазарна економија. Владата, се наведува, спровела силен фискален одговор за да го ублажи влијанието на кризата врз домаќинствата и фирмите. Фискалниот дефицит се зголемил на 8,2 % од БДП во 2020 година, додека нивото на јавниот долг нагло се зголемил на 60,2 % од БДП, бидејќи требало да се покријат дополнителните финансиски потреби. Капиталните расходи биле намалени при ревизија на буџетот за да се создаде простор за трансфери поврзани со кризи, но сепак тие биле многу недоволно извршени. Во него се наведува дека е потребен поголем напредок во наредната година во однос на внатрешниот пазар, имено слободното движење на стоки, услуги и капитал, интелектуална сопственост и политика за конкуренција, бидејќи е релевантен за подготовките на С. Македонија да ги исполни барањата на внатрешниот пазар на ЕУ и за развојот на Заедничкиот регионален пазар.

За властите Извештајот е потврда за реформскиот курс За претставниците на власта, наодите од Извештајот се

доволна потврда дека земјава го држи реформскиот курс и останува посветена на својата европска агенда – во некои области дури и со подобри оценки од некои држави коишто веќе преговараат (Црна Гора и Србија). На денот на презентацијата на Извештајот, евроамбасадорот Дејвид Гир го повтори ставот од Европската комисија дека првата Меѓувладина конференција би требало да се одржи кон крајот на годинава, оти наодите на Европската Комисија се јасни: „Јасно е дека има одлука да се почнат преговори и сите треба да се потрудат сега работиме на тоа до крајот на годината и во иднина да продолжиме со работа како што се отвораат групи и поглавја и како што се водат преговорите. Целта останува целта е да се отворат преговори што поскоро, во надеж дека тоа ќе биде до декември“, истакна Дејвид Гир. Вицепремиерот Никола Димитров рече дека Македонија ги исполнува условите за почеток на преговорите дури и повеќе од некои земји кои веќе ги почнале преговорите. Сепак потсетува дека за почеток на преговорите потребен е консензус од сите земји членки на Унијата. Блокадата од Бугарија на тој пат, според него нема влијание само врз меѓусебните однос, туку и на кредибилноста на самата Унијата: „Тоа се разбира влијае на нас, влијае на македонскобугарското пријателство и влијае на политиките на целата Европска унија кон целиот регион. Кога една земја членка поради прашања што немаат тесна поврзаност со копенхашките критериуми ќе го стопира процесот, а Европската комисија вели време е да се направи чекор тоа се разбира влијае на релевантноста“, посочи Никола Димитров. Изминатата недела на темата поврзана со македонските евроинтеграции во јавноста се предизвикаа и бурни реакции по изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеи, кој одговарајќи на прашања на европратеници на Комитетот за надворешни работи рече дека Андреј Ковачев му е таен советник во решавањето на прашањето со Македонија. На ова еврокомесарот Гир се обиде да најде објаснување со коментар дека изјавата на Вархеи е во насока дека одржува контакти со сите за да се реши ова прашање. Вицепремиерот Димитров деликатно одби да ги толкува зборовите на Вархеи, но не пропушти да каже дека за нас е важно што во моментов во однос на Бугарија вклучени се самата Урсула Фон дер Лајен и Шарл Мишел, инсинуирајќи дека дипломатското ниво е кренато над Вархеи и дека позициите на ЕУ секако не зависат од личните ставови на еврокомесарот.


Добра ноќ на грижите.

За вашето осигурување не размислувате често, но секој ден живеете со спокојот што ви го дава.

0800 02 222 02 5102 222

Триглав комплет + Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете до 40% со новиот пакет Триглав комплет+

Сè ќе биде во ред.

triglav.mk


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

ИНТЕРВЈУ

24

МЕТОДИЈА МИНОСКИ РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО ПРОКРЕДИТ БАНКА

СО ПОМОШ НА НАШИТЕ КРЕДИТНИ ЛИНИИ МНОГУ КОМПАНИИ МОЖАТ ДА СТАНАТ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

Р

азговаравме со Методија Миноски, одговорен за управување со животната средина во ПроКредит Банка, една од организациите пионери во државава според користењето на обновливи извори на енергија за потребите на секојдневното работење, но и активен промотор на инсталирањето на фотоволтаични системи меѓу компаниите на нашиот пазар преку специјалните кредитни линии наменети за набавка на ваква опрема.

На кој начин им пристапувате на клиентите? Во нашите секојдневни контакти со клиентите увидовме дека на пазарот недостасуваат основни информации за изводливост на самата инвестиција т.е. почнувајќи од тоа дали постои регулатива со која се дозволува поставувањето на централа на кров, потоа дали на нашиот пазар постојат фирми со техничка подготвеност кои ќе можат да ја инсталираат фото централата, па се до тоа дали е дозволено вишокот електрична енергија да се продава. Затоа, уште на самиот почеток склучивме договори за соработка со неколку од најискусните фирми изведувачи на фотоволтаици на нашиот пазар, со

25 Во моментов струјата на меѓународната берза се тргува и до три пати повеќе од минатата година. Овој ценовен шок на електричната енергија силно ќе се почувствува кај компаниите кои купуваат струја на отворениот пазар и веќе новите сметки за струја ќе бидат најмалку двојно повисоки од минатите години. Од овие причини, сите компании кои имаат расположлива кровна површина треба да размислуваат за поставување на фотоволтаична централа. Ако централата е оптимално дизајнирана, за да може поголем дел од производството да го користи за сопствени потреби, повратот на инвестицијата по просечни тековни цени на струја би бил меѓу 3-5 години, што е исклучително атрактивно од економска гледна точка. Дополнително намалување на трошоците за струја на долг рок ќе влијае и на зголемување на конкурентноста на компанијата, особено доколку станува збор за енергетско интензивна дејност.

цел заеднички да се промовира инвестицијата, а на клиентите да им се понуди комплетна изведба по принципот “клуч на рака”. При тоа дизајниравме финансиска понуда која во целост го прати текот на инвестицијата, а преку заштедите од производството на сопствена струја, се сервисираат ратите за кредитот. Во Банката изработивме алатка преку која индикативно на клиентите може да им пресметаме, во зависност од годишната потрошувачка на електрична енергија и расположливата кровна површина, колку би бил оптималниот капацитет на централата, колку би чинела инвестицијата и кој би бил периодот на поврат на инвестицијата. Притоа на секој состанок со тековен или потенцијален клиент, темата за инвестиции во фотоволтаични системи за сопствена потреба е редовен дел од дискусијата, каде нашите вработени можат да ги пресметаат и презентираат економските бенефити и можностите за техничка реализација на оваа инвестиција. Истовремено започнавме со одржување на едукативни работилници, на кои во разни градови низ Македонија

ИНТЕРВЈУ

Г-дин Миноски, ПроКредит Банка веќе подолго време активно ја промовира идејата за инвестиции во фотоволтаични системи за сопствена употреба, па како започнавте и од каде мотивите за една ваква кампања? Веќе трета година активно водиме кампања со која ја промовираме инвестицијата во фотоволтаични системи за сопствена употреба меѓу компаниите на нашиот пазар. Во ПроКредит се трудиме да го контролираме влијанието, кое ние како институција го имаме или инвестициите кои ги финансираме можат да го имаат на животната средина. Кога станува збор за кредитирањето на нашите клиенти, свесни сме дека инвестициите во обновливи извори на енергија имаат значајно влијание во намалување на емисијата на стакленички гасови на нашиот енергетски систем, а со тоа и силно придонесуваат во борбата против климатските промени. Со последните законски промени од пред околу 3 години се отвори патот за поедноставна постапка во поставување фотоволтаични системи на кровна површни, кои ќе произведуваат енергија наменета за сопствена употреба, а вишокот на енергија ќе имаат можност да го продаваат на отворениот пазар. Нашето позитивно искуство од користењето на фотоволтаиците на кровот на зградата на нашата Дирекција, како и искуството од досега финансираните централи, сакавме да им го пренесеме на нашите клиенти бидејќи истиот ќе резултира во значајни економски и еколошки придобивки за нив. Во прилог на ова одеше и континуираниот пад на инвестициските трошоци во годините наназад, додека цената на електричната енергија имаше тренд на зголемување. Овој тренд ги направи овие инвестиции да се економски атрактивни со релативно краток рок на поврат. Истовремено на пазарот се издвоија неколку искусни компании кои нудат изведба на инвестицијата по принципот клуч на рака со што се исполнија сите предуслови за да ги промовираме овие инвестиции и да овозможиме нивно финансирање под поволни услови.


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

ПроКредит Банка го споделува позитивното искуство од користењето на фотоволтаиците на кровот на зградата на дирекцијата, како и искуството од досега финансираните централи, со клиентите, преку едукативни работилници, во разни градови низ Македонија, на кои ја презентираме инвестицијата од аспект на техничка изведба, регулатива и секако пресметка на економската исплатливост.

ИНТЕРВЈУ

26 во континуитет организираме презентација на инвестицијата од аспект на техничка изведба, регулатива и секако пресметка на економската исплатливост. Овој месец имавме два вакви настани во Скопје, претходно во септември во Тетово а во наредниот период се предвидени работилници и во Струмица и Битола. Овие настани најчесто ги водиме поканувајќи некои од фирмите изведувачи на централите со што во целост можат да одговорат на сите прашања од технички карактер поврзани со изведбата на инвестицијата, приклучокот на мрежа и ставањето во употреба. Каква е реакцијата на нашите компании, колку се заинтересирани за инвестиција во оваа инвестиција? Компаниите природно тежнеат да ги оптимизираат своите трошоци, а ставката за електрична енергија станува се’ позначајна особено во моментов. Затоа навремена инвестиција во сопствено производство на енергија, но и во мерки за енергетска ефикасност ќе ја намали ранливоста на фирмите од тековните, но и од идните ценовни шокови на пазарите на електрична енергија. Евидентно е дека колку повеќе се дискутира на оваа тема, се поголем е интересот меѓу компаниите за оваа инвестиција што го констатираме преку растечкиот тренд на реализирани проекти меѓу клиентите во нашето портфолио. До сега имаме финансирано неколку десетици кровно поставени фотоволтаични централи. Постапката за клиентите е едноставна и започнува со добивање на понуда за изведба на централата по принципот клуч на рака од страна на фирмата изведувач. Следно, врз база на таа понуда во Банката го одобруваме барањето за кредитот. На крајот, клиентот потпишува договор за изведба, а средствата од кредитот се користат наменски за реализација на инвестицијата. Нашите очекувања се дека интересот со уште позасилен интензитет ќе продолжи да расте во иднина со што инвестициите во фотоволтаични централи за сопствена потреба не само што ќе имаат значаен економски бенефит за фирмите, но и ќе придонесат во процесот на енергетската транзиција и борбата против глобалното затоплување. Цените на електричната енергија се во значаен пораст последниов период, како го коментирате овој тренд во насока на инвестицијата која ПроКредит Банка ја промовира? Со исклучок на 2020 година кога заради Ковид пандемијата побарувачката и потрошувачка на

енергија беше во пад, цената на електрична енергија во претходните неколку години имаше тренд на благ пораст. Тоа што се случува во моментов е дека струјата на меѓународната берза се тргува и до три пати повеќе од минатата година, ги надмина сите очекувања и е резултат на повеќе фактори: зголемена побарувачка, зголемена цена на природниот гас, ефектот на топлотниот бран во Европа, на производство на енергија од обнoвливи извори, пораст на цената на дозволите за емисии на стакленички гасови, како и трендот на енергетска транзиција која забрзано се спроведува насекаде. Овој ценовен шок на електричната енергија силно ќе се почувствува кај компаниите кои купуваат струја на отворениот пазар и веќе новите сметки за струја се најмалку двојно повисоки од она што беше во минатите години. Очекувањата се дека и од кога ќе заврши овој ценовен шок, цената не електричната енергија ќе има пад, но мала е веројатноста дека ќе се врати на ниво од пред пандемијата. Од овие причини, секоја една компанија која има расположлива кровна површина е сосема исправно да размислува за поставување на фотоволтаична централа. Ако е оптимално дизајнирана централата да може поголем дел од производството да го користи за сопствени потреби, повратот на инвестицијата по просечни тековни цени на струја би бил меѓу 3-5 години што е исклучително атрактивно од економска гледна точка. Дополнително намалување на трошоците за струја на долг рок ќе влијае и на зголемување на конкурентноста на компанијата, особено доколку станува збор за енергетско интензивна дејност.



MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

ИНТЕРВЈУ

28

INTERVIEW

НИНА АНГЕЛОВСКА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА Е-ТРГОВИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ПАНДЕМИЈАТА ПОТТИКНА ТРОЦИФРЕН РАСТ НА ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИТЕ КОН ДОМАШНИ Е-ТРГОВЦИ – ПРЕДИЗВИКОТ Е ТОЈ ТРЕНД ДА СЕ ЗАДРЖИ


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

Р

ИГОР ПЕТРОВСКИ азговаравме со д-р Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, околу подготовките за претстојната четврта по ред Годишна конференција за е-трговија и за тоа што се’ ќе може да се слушне и научи на настанот кој што ќе се одржи во хибридна форма, на 12 ноември во Скопје. Г-ѓа Ангеловска, како течат подготовките за претстојната Годишна конференција за е-трговија? Кои се најголемите предизвици со коишто се соочувате при организацијата? Подготовките се во полна пареа, ни следат уште три недели исполнети со “организиран хаос” кој e составен дел од организацијата на ваков настан. Секоја година се трудиме да биде подобра од претходната, да направиме повеќе, да ги надминеме очекувањата и себе си со организацијата. Целиот циклус е многу напорен и бара добро лидерство и комуникација, беспрекорна тимска соработка како на клучниот тим во организација така и со сите соработници кои се вклучени во организација, а тоа се над 100-тина луѓе. Ако организацијата на конференцијата ја споредиме со сложувалка, потребни се многу делчиња - секој треба да го испорача својот дел, а ако едно потфрли резултатот нема да биде целината која сте ја замислиле - ова е еден од клучните предизвици, односно секоја работа не зависи директно од вас, затоа внимателно ги одбираме говорниците, соработниците и сите вклучени страни. Предизвик е да се креира квалитетна програма и секако да се обезбедат врвни говорници согласно замислата, темите и нивото. Важен е секако личниот контакт, а покрај конференцијата за привлекување иницијален интерес со потенцијалните говорници споделуваме на некој начин и “sales pitch” со причини зошто да ја посетат Македонија со оглед дека речиси сите говорници кои ги носиме секоја година не биле претходно. По иницијалниот интерес следи интензивна комуникација за утврдување на темата, што ќе опфатат во нивната презентација, логистички аспекти и сл. Посветуваме многу внимание на грижа за говорниците и комуникацијата со нив пред доаѓањето, за време на нивниот престој и по завршување на конференцијата. Истото се однесува и за спонзорите и партнерите на конференцијата без чија поддршка конференцијата не би била тоа што е. Благодарни сме за довербата која ни ја даваат а тоа што голем дел од нив се наши партнери секоја година не радува- Mastercard е главен партнер на конференцијата од самите почетоци, А1 Македонија е дигитален партнер веќе трета година, Касис златен партнер втора, а оваа година златни партнери се и Скопска Пивара, Пејтен и Кара5. Најавивте интересни говорници од компании како Viber, Alibaba, Spotify, итн. Може ли да издвоите нешто од содржините што се спремаат за конференцијата? Што ќе имаат посетителите да слушнат и научат годинава? Да се надоврзам на компарацијата со “сложувалка” квалитетната програма е едно од клучните делчиња од истата (едно од оние во средината на сложувалката). Секоја година посветуваме многу внимание на програмата и изборот на говорниците - согласно потребите на пазарот, очекувањата на учесниците

Пандемијата поттикна троцифрени стапки на раст во реализираните онлајн трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци. Овие стапки на раст беа забележани од вториот квартал на 2020 година односно рестриктивните мерки и забраните за движење стимулираа зголемени онлајн продажби, плаќање на сметки и користење на дигитални услуги. Прашањето е дали и со каков интензитет ќе се задржи овој раст. Според најновите податоци на НБРСМ, позитивно е што растот се задржува и иако од повисока основа, во првото полугодие од 2021 изнесува 77% споредено со истиот период лани - се работи за онлајн трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци.

и актуелните трендови. Така оваа година агендата тргнува со темата “Дигитализација и дигитална нација” - бидејќи тоа е предуслов за развој на е-трговијата. Потоа во вториот дел насловен “COVID-19 поттикот врз е-трговијата” ќе опфати презентација на состојбата кај нас и прогресот и во Европа, а ќе имаме прилика да слушнеме и примери за влијанието и стратегиите кои ги преземале водечката холандска маркетплјес платформа (Bol.com) и Coca Cola. Безбедноста и довербата се клучни за е-трговијата па третиот дел е посветен на “Безбедни и иновативни е-плаќања” кој вклучува две презентации и една панел сесија која ќе го обработува “триаголникот” на довербата, регулативата и технологијата. Инклузивноста и еднаквоста се потребни за раст и развој на секое поле, па така четвртиот дел вклучува една панел дискусија насловена “Повеќе жени за подобри перформанси: Како и зошто поголема вклученост на жените?”. И петтиот дел кој всушност претставува речиси половина од целата програма е посветен на “Дигиталниот маркетинг и новите трендови”. Во денешниот свет на брзи промени потребно е постојно учење, менување и примена на нови алатки и тактики. Овој дел се состои од шест презентации од главните говорниците кои ги споменавте, а тоа се Alibaba Group, Viber, Spotify како и Air Serbia, A1 Македонија и Kara5. Темите на говорниците се внимателно одбрани во соработка со говорниците со цел учесниците да може да слушнат корисни тактики и совети кои може да ги применат во нивните компании за раст на бизнисот. Овој дел вклучува и панел дискусија со регионалните водечки маркетплејс платформи кои ќе зборуваат од нивно искуство за што функционира, а што не на пазарот на кој работат. На крајот секако конференцијата традиционално ќе ја завршиме со гејмификација, односно квиз-натпревар со вредни награди за победниците кој е спонзориран од A1 како дигитален партнер на конференцијата. Поради добро познатата ситуација со ковид пандемијата, годинава, за разлика од лани, кога Конференцијата ја организиравме целосно онлајн, настанот ќе биде во хибриден формат. Тоа значи со физичко присуство во хотел Хилтон за ограничен број на учесници согласно протоколите, а дополнително

29 ИНТЕРВЈУ

разговара


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

и онлајн издание за сите учесници кои сакаат виртуелно да ја следат конференцијата од нивниот дом, канцеларија или каде и да се. Иако енергијата е поинаку може да се пренесе кога сте присутни во салата, ќе се потрудиме максимално да направиме да се чувствуваат како да е таму и оние кои ќе не следат преку платформата.

ИНТЕРВЈУ

30

Ако направите едно сублимирање на работата на АЕТМ досега, кои се според вас најголемите постигнувања? Со што сте неизмерно задоволна како претседател на АЕТМ, а што останува понатаму како предизвик на којшто треба да се работи? Како ко-основач на првата платформа за е-трговија лансирана во 2011 година која одигра клучна улога во раздвижување на е-трговијата, Grouper.mk и како човек кој практично го “дише” пазарот на е-трговија над 10 години, задоволство ми е да ја водам Асоцијацијата за е-трговија на Македонија чија мисија е да креира поволна клима за раст и развој на е-трговијата во земјава. Пречките со кои се соочувавме при развивањето на Grouper.mk беа главниот поттик за основање на првата Асоцијација за е-трговија пред 4 години. Низ годините имав прилика да се запознам и да научам како работат асоцијациите за е-трговија во развиените земји, често бев гостин на нивни настани, а контактите кои ги остварував благодарение на глобалната Недела на е-трговија во Женева, организирана секоја година од УНКТАД беа клучни за да ми се искристализира уште повеќе сликата за каква ќе биде улогата, работата и придонесот на македонската асоцијација. Благодарна сум што имам одличен и динамичен тим кој ја дели визијата и енергијата, со кој сме секогаш подготвени за нови иницијативи и туркање кон промени - Виктор како генерален секретар и Филип како заменик-претседател кои се од самите почетоци во АЕТМ, потоа Марија како проектен менаџер и Бојана како маркетинг асистент. Управниот одбор на АЕТМ, го сочинуваат искусни професионалци во своите области, на кои сум им благодарна што придонесуваат со нивната експертиза. Денес, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија е силна организација која го претставува гласот на е-трговијата во земјава. Посебно сум благодарна на сите членки и засегнати страни кои ја поддржуваат нашата работа, како и на приватниот сектор со чија поддршка реализираме бројни проекти. Улогата и придонесот на АЕТМ уште повеќе дојдоа до израз за време на пандемијата, кога е-трговијата одигра исклучително важна улога. Горди сме на сработеното, но има уште многу предизвици пред нас. Има уште многу работа, но тоа и секогаш ќе биде така. И во развиените земји имаат предизвици и работа пред нив, но има голема разлика во видот и природата на тие предизвици. Е-трговијата има навистина голем потенцијал, а кај нас се уште сме на самите почетоци на отклучување на тој потенцијал. Така пред нас предизвиците се ниските дигитални вештини, едукацијата на пазарот, кревањето на свеста, градење на доверба, борбата со нелојалната конкуренција, дигитализирање на процесите, унапредување на доставата и платежните солуции и сл. Имаме многу работа и на страната на побарувачката (населението) така и на страна на понудата - македонските деловни субјекти се меѓу последните во Европа во имање на веб страна, онлајн каталог на производи и продавање онлајн. Програмата на иницијативи и проекти која ја креираме

И годинава, како и претходните три конференции за е-трговија, се потрудивме да донесеме релевантни и интересни говорници, па така имаме високи менаџери од Alibaba, Spotify, Viber и други компании. Ќе ги опфатиме содржините како дигитализација и дигитална нација; безбедноста во е-трговијата; дигиталниот маркетинг и новите трендови; инклузивноста и еднаквоста во развојот на дигитализацијата...

на годишно ниво е базирана на потребите на членките и пазарот, мапираните бариери и состојбата. Будно го следиме движењето на пазарот преку годишните сеопфатни анализи кои ги изработуваме, ги мапираме бариерите и формираме препораки кои може да послужат како насоки за делување на сите засегнати страни вклучително владините, невладините институции, интернационалните организации, донаторите, како и сите кои имаат волја и можност да придонесат кон елиминирање на бариерите и креирање на поповолна клима за развој на е-трговијата. Како би ја окарактеризирале состојбата со е-трговијата во Македонија во моментов? Каде сме во споредба со земјите од окружувањето, а колку сме далеку/блиску до развиените економии во поглед на развојот на е-трговијата? Пандемијата поттикна троцифрени стапки на раст во реализираните онлајн трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци. Овие стапки на раст беа забележани од вториот квартал на 2020 година односно рестриктивните мерки и забраните за движење стимулираа зголемени онлајн продажби, плаќање на сметки и користење на дигитални услуги. Структурата на вкупните онлајн трансакции значително се промени во такви услови во полза на домашните е-трговци. Бидејќи едно од главните прашања кое се поставува е дали и со каков интензитет ќе се задржи овој раст, ги анализиравме податоците за платежна статистика согласно последно објавените податоци на НБРСМ. Позитивно е што растот се задржува и иако од повисока основа, во првото полугодие од 2021 изнесува 77% споредено со истиот период лани - се работи за онлајн трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци. За да направиме споредбата на состојбата со е-трговијата со другите земји потребно е да погледнеме повеќе индикатори. Така за да може да купуваат онлајн граѓаните треба да се поврзани на интернет. Во С. Македонија 81% од населението има интернет пристап во 2020 година, додека во развиените земји тоа е речиси 100%. Што се однесува до деловните субјекти 97% имаат интернет пристап, што е на ниво на европскиот просек, но само 55% имаат веб страна, а од нив само 39% имаат каталог на производи онлајн ставајќи не речиси на крајот на рангирањето споредено со европските земји. Само 6% примаат нарачки онлајн, со што сме најслаби во овој дел од сите европски земји (просекот во ЕУ е 21%). Во 2020 година 40% од населението со интернет пристап направило нарачка онлајн во последната година спрема 36% во 2019 година. Значи бележиме некој прогрес но важно е да се споредиме за да знаеме


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

дали е задоволителен тој прогрес, како што нагласивте и во прашањето. Така компаративно со другите земји бележиме назадување, односно ако во 2019 година бевме подобри од Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Бугарија и Романија во 2020 година сме подобро рангирани само од Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека Србија и Косово го зголемуваат местото во рангирањето на европските земји. Од анализата “Преглед на е-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји, 2021” која наскоро ќе биде објавена може да се забележи дека земјите од Западен Балкан се меѓу последните европски земји во процент на население кое купува онлајн. Важно е само да спомне дека согласно методологијата на Евростат, прашалниците се однесуваат на првото тримесечје, па ефектот од COVID-19 пандемијата не е отсликан.

ИНТЕРВЈУ

Каков е профилот на просечниот е-купувач во земјава? Просечниот Македонец прави онлајн нарачки еднаш до два пати во 3 месеци, најчесто во износ до 50 евра, купува најмногу облека и спортска опрема и купува онлајн најмногу од домашни е-трговци (Евростат). Што се однесува до соседите Косово е најнапред со интернет употреба од 96% од популацијата на возраст од 1574 години. Србите (48%) и Косоварите (47%) најмногу купуваат онлајн како процент од интернет корисниците, споредено со другите земји од Западен Балкан. Споредено со соседните земји интернет корисниците од Косово кои купуваат онлајн тоа го прават најмногу од домашни продавачи (98%), имаат највисок дел од е-купувачи кои купуваат 3 до 5 пати во три месеци (15%) и највисок процент во нарачки од 100 до 499 евра (22%). Србите и Македонците најмногу купуваат до 50 евра, а Косоварите од 100 до 499 евра. Покрај за онлајн купување, македонскиот е-корисник на ниво на цела Европа најмногу го користи интернетот за ставање на содржини (текст и фотографии) на апликации и веб страни. Македонците во 2020 година се значително над европскиот просек во користење на интернетот за телефонирање и видео повици, за разменување на инстант пораки по Skype, Messenger, Whatsup, Viber и за учество во социјални мрежи. Дури 91% од корисниците на интернет телефонираат преку интернет, 87% споделуваат лично креирана содржина и 86% учествуваат во социјалните мрежи. Значително под европскиот просек, Македонците го користат интернетот за праќање меил, наоѓање информации за производи и услуги, гледање видео содржини, интернет банкарство, продажба на производи и услуги и др.

31

Просечниот Македонец прави онлајн нарачки еднаш до два пати во 3 месеци, најчесто во износ до 50 евра, купува најмногу облека и спортска опрема и купува онлајн најмногу од домашни е-трговци. Покрај за онлајн купување, македонскиот е-корисник на ниво на цела Европа најмногу го користи интернетот за ставање на содржини (текст и фотографии) на апликации и веб страни.


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

НАУК А И ТЕ ХНОЛОГИЈА

32

SPACE APPS CHALLENGE

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО МЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ ТИМ ШТО ОСВОИ НАГРАДА НА СВЕТСКИОТ ХАКАТОН НА NASA


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

НАУК А И ТЕ ХНОЛОГИЈА

33

Македонскиот тим „Devilish“ учествуваше во предизвикот наречен „Artfully Illuminated Asteroids “, во кој од тимовите се очекуваше преку било која форма на уметност да ја прикажат истражувачката мисија на вселенската сонда „Lucy“ на NASA, со цел да се информира, инспирира, заинтересира и запознае пошироката јавност со истражувањето на астероидите и ја освои наградата „Best Use of an Open Source 3D Engine.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Н

а почетокот на октомври годинава се одржа најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge кој овој пат, поради КОВИД-19 пандемијата, втора година по ред, беше целосно онлајн. Иако пандемијата ги наруши сите нормални функции на општеството, можеби еден позитивен исход е тоа што луѓето можат лесно да се поврзуваат онлајн, насекаде низ светот. Можеби, еден таков пример би бил и токму овој хакатон каде што луѓе од Македонија се пласираа на глобално ниво во средина на натпросечно успешни и талентирани млади луѓе, каде за нивните вештини беа оценувани од судии и менторирани од луѓе што доаѓаа од најголемите вселенски агенции како NASA, JAXA, ESA… Самиот хакатон е во форма на 48 часовен предизвик за


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

НАУК А И ТЕ ХНОЛОГИЈА

34

Македонскиот тим одлучил најнапред да направи истражување за патеката по која ќе се движи вселенската сонда „Lucy“ и за тоа кои вселенски објекти ќе ги пресретне и истражува за време на својата мисија. Потоа одлучиле дека ќе изработат 3D модели со помош на кои ќе креираат 3D анимација во која ќе ги прикажат најважните моменти од истражувачката мисија на „Lucy“, како и да изработат тематска песна која би ја искористиле во финалното видео.

кодери, научници, дизајнери, раскажувачи, технолози, каде секој тим ги користи јавните информации на NASA за да предложи решение за проблем во вселената или на Земјата. Тимовите не знаат која ќе им биде конкретната задача, заради недостиг на податоци, сè до објавувањето на почетокот на хакатонот и воедно се оценуваат и за умешноста да соработуваат во тимот и со менторите, нивната креативност и критичкото размислување. Македонскиот тим „Devilish“ учествуваше во предизвикот наречен „Artfully Illuminated Asteroids “, во кој од тимовите се очекуваше преку било која форма на уметност да ја прикажат истражувачката мисија на вселенската сонда „Lucy“ на NASA, со цел да се информира, инспирира, заинтересира и запознае пошироката јавност со истражувањето на астероидите и ја освои наградата „Best Use of an Open Source 3D Engine.“ „Натпреварот, односно хакатонот NASA Space Apps Challenge е премногу значаен, барем за мене. Во него учествувам во различни форми сè од 2014 година, кога за прв пат се пријавив да учествувам. Таа година земавме прво место, локациски. Од 2015 станав млад ментор, а

веќе во 2019 се приклучив на Организацискиот тим на Кливленд во Америка.“, вели Мартина Димоска, којашто оваа година, стана и организатор (Local Lead) на NASA Space Apps Challenge во Кливленд, Охајо, САД. Димоска додава дека убавината на оваа локација е што е можеби единствената локација што толку блиску соработува со NASA Glenn Истражувачкиот Центар, со тоа што кога има физичка локација (наместо онлајн поради COVID-19 пандемијата), овој хакатон се одржува во самиот NASA Glenn Истражувачки Центар, секоја година.

Тимска работа „Нашиот тим одлучи најнапред да направи истражување за патеката по која ќе се движи вселенската сонда „Lucy“ и за тоа кои вселенски објекти ќе ги пресретне и истражува за време на својата мисија“, изјави 22 годишниот, Ивица Бузлевски од Ресен, дел од тимот. „Потоа се одлучивме дека ќе изработиме 3D модели со помош на кои ќе изработиме 3D анимација во која ќе ги прикажеме најважните моменти од истражувачката мисија


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

ИВИЦА БУЗЛЕВСКИ

ЖАРКО ВАНЕСКИ

Роден сум во Ресен 1999 година, и од мали години сум бил привлечен кон процесот на дизајнот, што би се рекло, го обожувам процесот кога ќе се направи нешто од ништо, од повеќе видови на елементи, аспектот ми е многу важен, затоа што не секој гледа од повеќе агли, го фокусирам максималниот детаљ на конструкцијата од дизајнот, дали тоа било графички дизајн, илустрација, анимација, 3D моделирање, 3D анимација, Web дизајн итн. Во слободно време вложувам максимален импакт на моите таленти/ вештини, секоја мала ситница, секоја мала промена, може да биди голема разлика. Секоја вештина што ја имам, ја подобрувам и обновувам секојдневно, а како тоа добивам знаење за овие вештини е многу едноставно, на интернетот имаме се’ што сме истражувале од целокупното човештво, се што треба е само да се отвори Google и да се истражи тоа што ти влече внимание. Што би рекол јас 'The Motion is Flow, let me Shine & Glow' , пред година - две, се насочив кон 3D технологијата и многу ми се допадна тоа како може да се манипулира, што се може да се прави со тоа, баш тоа ме инспирираше да правам тешки и комплексни проекти за клиенти, баш поради тие тешки и комплексни проекти сум научил многу, од тешко кон лесно, кога веќе го знаеш тешкото, лесното е easy peasy.'

Јас сум студент на трета година на Машинскиот Факултет во Скопјe, при УКИМ. Уште од најмала возраст покажував интерес за технологијата, науката, анимирањето и начинот на кој тоа се изведува, функционира и работи. Мојата љубов и интерес кон технологијата како и анимирањето започна со гледање на анимирани цртани, кои уште од мали нозе ми наметнуваа се поголема љубопитност за начинот на кој е изработен проектот како и самата личност како единка која ја извршува целата реализација. Имав милион прашања, но немав ни еден одговор. Со текот на годините, како и стручната определба во оваа област и образованието, во која воедно се насочив, почнав да истражувам и осознавам за одговорот на прашањата кои си ги имав поставувано уште од најмала возраст. При определбата за Машинскиот Факултет, имав можност да запознам прекрасен колега, кој подоцна ми стана близок пријател и заедно ги откривме заедничките интереси и љубопитност кон технологијата и се што носи модерното време. За успехот што го постигнавме ,покрај Машинскиот факултет , најголемо влијание имаше и моето дополнително ангажирање и посветеност во оваа област. Предизвикот беше голем и тежок, но со доволно посветен труд и работа, успехот ќе биде постигнат. Затоа, сум подготвен да се соочам со сите проблеми и тешкотии кои што ќе бидат поставени на мојот пат, патот кон успехот.

член на тимот „Devilish”,одговорен за 3D технологијата

на „Lucy“, како и да изработиме тематска песна која би ја искористиле во финалното видео. Дизајнерите на нашиот тим работеле во три различни софтверски програми: „Blender“, „Maya“ и „Solidworks“, од кои причини се соочиле со големи проблеми на некомпатибилност на 3D моделите при составувањето на финалниот проект. „Меѓутоа, и покрај тоа успеавме да се справиме со ситуацијата и да го завршиме проектот на време. На судиите им се допадна фактот дека успешно сме се справиле со софтверските проблемите и сме изработиле интересен видео материјал“, вели Бузлевски. Музиката во видеото е тематски изработена за проектот, кој се вика „Lucy Ascending“. Ја изработи Драган Мојсовски од Скопје 30 годишен, магистер по право, кој освен за музиката бил задолжен за истражување, решавање на проблеми и општа поддршка на членовите на тимот. 3D моделите на астероидите, текстурите за другите елементи и надминувањето на сите неочекувани софтверски проблеми во врска со алатките, било задача на Виктор Пановски од Скопје, ентузијаст за технологија,

член на тимот „Devilish“,задолжен за креирањето на моделите на ракетата Atlas v 401 и сателитот Lusy

НАУК А И ТЕ ХНОЛОГИЈА

35


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

НАУК А И ТЕ ХНОЛОГИЈА

36 ДРАГАН МОЈСОВСКИ

ВИКТОР ПАНОВСКИ

Магистер сум по право, вработен во својата струка, но уште од мали нозе сум покажувал голем интерес и страст и кон науката и кон уметноста. Музиката и видеоигрите се моите главни хобија, преку кои всушност се запознав со дел членовите на овој тим. Како најстар член во тимот кој нема доволно познавања од областа на 3D моделирање и 3D анимирање, бев задолжен за детално истражување на мисијата на вселенската сонда Lucy со цел пронаоѓање на што повеќе фотографии и информации споделени од страна на НАСА за оваа мисија, кои би ни помогнале при изготвување на нашиот проект, и за координација на активностите на останатите членови на тимот кои се одлични 3D дизајнери, како и за снимање на тематска песна која беше искористена во финалниот проект кој претставува 3D анимација- видео во кое се прикажани најважните моменти од мисијата на вселенската сонда Lucy.

На страна од секојдневната работа како агент за корисничка поддршка, за да одржувам фокус, креативност, и продуктивност, во слободно време се трудам да научам што повеќе корисни вештини. Во оваа желба за едукација спаѓаат поголем број дигитални/технички вештини, кои знаат и често да се надоврзат една над друга. Овде спаѓаат креативни дигитални вештини како Web development, Game development... како и практични вештини како механика, електроника, и нивна интеграција преку програмирањето. Моите вештини не се стекнати од ниеден факултет, туку на основа од книги и едукативни видеа, кои ни се достапни благодарение на интернетот. Оваа основа е надградена со помош на курсеви од приватни академии, кои се професионалци во струката и не водат кон правилно насочување на знаењето. Најмногу, тие се резултат од пракса, обиди и грешки, преку кои емпириски се докажува што функционира, а што не функционира.

члена на „Devilish“ тимот, задолжен за музиката во видеото

члена на тимот „Devilish“, задолжен за 3D моделите на астероидите и текстурите за другите елементи

механика и наука. Создавањето на ракетата Атлас v 401 и сателитот Луси било задача на Жарко Ванески, студент по машинско инженерство од Скопје.

Хакатонот секогаш привлекува фасцинантни индивидуи Мартина Димоска, како организатор и ментор вели дека NASA Space Apps Challenge секогаш претставувало можност да се решат и надминат проблеми и да се генерира личен раст и развој преку истите. „Ваквиот хакатон секогаш привлекува фасцинантни индивидуи од кои што, последователно се гради една многу интересна и динамична заедница каде што ништо не е невозможно, секој успех е високо награден, а секој неуспех е покана да пробаш повторно. Низ годините, стекнав огромно искуство, од учесник до координатор, и ова навистина помогна да можам светски да се пласирам на пазарот на труд. И верувам дека тоа не е така само за мене, туку и за многу други.“, истакнува Димоска. Овогодишната локација на хакатонот е посебна особено затоа што го превзема водството славејќи неколку специјални пригоди. Имено, NASA Space Apps Challenge слави јубилеј, 10 годишнина, и поради тоа темата годинава беше „Моќта на десетката“ (The Power of Ten) што ги претставува десетте вселенски агенции вклучени и импактот и посветеноста која се прави преку #SpaceApps Challenge кон проширување на ова семејство на иноватори и сонувачи сè повеќе и повеќе како би станале што поголем и разновиден колектив. „На сите нас е да изградиме подобра и посветла иднина.


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

МАРТИНА ДИМОСКА

организатор (local lead) на NASA Space Apps Challenge во Кливленд, Охајо, САД

Натпреварот, односно хакатонот NASA Space Apps Challenge е премногу значаен, барем за мене. Во него учествувам во различни форми сè од 2014 година, кога за прв пат се пријавив да учествувам. Таа година земавме прво место, локациски. Од 2015 станав млад ментор, а веќе во 2019 се приклучив на Организацискиот тим на Кливленд во Америка. Ваквиот хакатон секогаш привлекува фасцинантни индивидуи од кои што, последователно се гради една многу интересна и динамична заедница каде што ништо не е невозможно, секој успех е високо награден, а секој неуспех е покана да пробаш повторно. Низ годините, стекнав огромно искуство, од учесник до координатор, и ова навистина помогна да можам светски да се пласирам на пазарот на труд. И верувам дека тоа не е така само за мене, туку и за многу други.

1. NASA Space Apps Challenge слави јубилеј, 10 годишнина, и заради тоа овогодишната тема на хакатонот беше „Моќта на десетката“ (The Power of Ten) што ги претставува десетте вселенски агенции вклучени и импактот и посветеноста која се прави преку #SpaceApps Challenge кон проширување на ова семејство на иноватори и сонувачи сè повеќе и повеќе

Дополнително, темата на дизајн и одбележување на годинешниов NASA Space Apps Challenge Cleveland беше да се одбележи 80 годишнина од постоењето на NASA Glenn истражувачкиот центар со кој што блиско соработуваат“, додава Димоска. Димоска во организацијата настапи со тим на Македонци кои тесно соработуваа со aмериканскиот тим, и без кои овој настан немаше да биде возможен, и тоа: Рената Наумовска (финансиски советник), Давид Мука Димовски (дигитални комуникации), Боби Софронијоски (дата архитект), Андреј Јаневски (мултимедиа специјалист) и Ана Атанасовска (ментор лид). Целата ситуација со „онлајн“ функционирањето, како и разноликоста на водечкиот тим на Кливленд годинава придонесе во разноликоста на самиот настан. Од друга страна, учеството и застапеноста на жените на овој настан беше во значителен пораст, и имаше еднаквост на сите полиња, од организациско ниво, па се до ментори, судии и учесници. Кливленд брои максимална бројка на тимови што некогаш ја имал, но и во духот на Space Apps годинава, имаше огромен акцент на интернационална соработка и со учесници на тимови од секаде низ светот на оваа култна локација. Дванаесетте тима кои учествуваа се:

3D ASTEROIDS

(Artfully Illuminated Asteroids)

2. COMPILATION ERROR (Drones and Satellites for Urban Development) 3. CONSTELLATION ANIMATIONS (Artfully Illuminated Asteroids) 4. ISU ICONS (Space Quest: The Game) 5. LAUNCHPAD (Unlocking the Secrets of the Sun) 6. PLASTITRACKER (Leveraging AI/ML for plastic marine debris) 7. SPACE TRASH PANDAS (Mapping Space Trash in Real-Time) 8. SPACE WOLVES (Let It Go (Without A Bang)) 9. SPACE WOLVES (Virtual Planetary Exploration v2.0) 10. STARFLOCK (COVID-19: Calculate the Risk) 11. TEAM DEVILISH (Artfully Illuminated Asteroids) 12. TEPPER PEPPERS (Measuring the Value of Earth Observations)

НАУК А И ТЕ ХНОЛОГИЈА

37


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

ИНТЕРВЈУ

38

Компанијата првично стартуваше со изработка на стандардна ХТЗ опрема, но, за брзо време тимот препозна можност за имплементирање на специфична ‘швајс технологија’, поради недостиг на таква услуга на нашиот пазар и пошироко. На тој начин креиравме нова услуга која компанијата ја издига на малку повисоко ниво во однос на другите компании кои работат во доменот на ‘лон’ – услугата. Целокупниот производ е за извоз, бидејќи во моментов немаме сопствен производ, но, веќе некое време размислуваме на таа тема и целиме кон нејзина реализација.

МАЈА АЦЕСКИ ОСНОВАЧ И МЕНАЏЕР НА „ТЕКСТИЛ СОЛУШН“

МИСИЈАТА НИ Е ДА ГО ЗАМЕНИМЕ ЛОНПРОИЗВОДСТВОТО СО НАШ СОПСТВЕН БРЕНД


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

Кажете ни повеќе за новата технологија, за каков иновативен производ се работи? Технологијата во која што ние како компанија инвестиравме и ја имплементиравме е наречена Seam Sealing tehnology или во буквален превод лепење на шевовите, што во нашата индустрија е познато како „Швајс технологија“. Швајс артиклите се производ на оваа технологија која што моментално е присутна во областа на текстилната индустрија и преставува гранка која што сè повеќе е застапена на пазарот. Со швајс технологијата се изработуваат артикли кои што се користат, меѓу другото, и во делот на заштитна облека која штити од сите надворешни влијанија според зададени стандарди. Швајсувањето преставува процес на спојување на два слични или различни материјали со употреба на електрична струја и притисок, односно термопластика со употреба на висока топлина за да се стопат деловиве заедно и да се остават да се изладат предизвикувајќи фузија. Процесот на швајсување ткаенини се користи бидејќи создава силни врски помеѓу парчињата ткаенина со што се спречува кинење и протекување кај готовиот производ, а со тоа се продолжува животниот век на производот. Добивате трајна и целосна водоотпорност, оптимизирана можност за дишење, плус многу повеќе придобивки со високи перформанси. За кого се наменети производите сошиени со оваа технологија? Нашите технологии се за производи со високи перформанси, се наоѓаат во јакни и панталони и во многу други различни артикли. Произведуваме производи со високи перформанси кои ја надградуваат вашата удобност и заштита. Швајсуваната облека ги штити корисниците од надворешни влијанија дожд, снег, ветер и од тие причини е сè поатрактивна и барана на пазарот, како за специфични намени како работни одела на работници на отворено, но уште повеќе примена наоѓа во спортската опрема за многу популарните спортови скијање, планинарење, едрењe, рибарење, трчање, голф и други. Квалитетната и издржлива облека за работа може да направи вистинска разлика во секојдневната употреба за носителот. Удобноста, леснотијата на движење, практичноста и издржливоста се од голема важност кога станува збор за работната облека. Иако практичноста на работната облека се сведува

првенствено на дизајнот на облеката издржливоста и удобноста се сведуваат на користените материјали и технологијата на изработка. Спортската облека не е само за логото на брендот однапред, туку за она што се случува во материјалот, засекот и шевовите и од таа причина е многу битна комплетната изработка . Дали тоа значи дека во иднина наместо евтини кинески производи, нашето МВР, АРМ или противпожарните единици може да користат домашни квалитетни производи, креирани според нивните потреби? За поттикнување на промена и давање помош во креирање на спецификациите и техничка поддршка за јавните повици воспоставивме соработка со професори и експерти од Технолошкиот факултет и консултиравме експерти за безбедност. Тоа ни е навистина голема желба , нашиот слоган е „Ја облекуваме иднината, го облекуваме светот“. Кога веќе делуваме глобално со нашата услуга и производ со полно срце би сакале сите поединци кои што работат во јавниот сектор на позиции кои што се под влијание на надворешни фактори да добијат униформи кои што ќе им бидат додадена вредност кога ќе ги извршуваат нивните работни задолженија, а не пречкa. Менаџерскиот тим од самиот почеток има висока свесност за важноста на континуирано информирање и следење на сите технолошки и технички скокови. Од таа причина иако сме средно претпријатие гордо може да се пофалиме дека во нашиот тим имаме два инженери технолози кои што имаат дипломирано на Технолошкиот факултет и сме на постојана линија со таа институција па и од тука и заедничката заложба да направиме промена и да дадеме наша помош и искуство во креирање на спецификациите и техничка поддршка на артиклите кои што би требало да се користат во нашите институции. Го даваме на располагање целото наше стекнато знаење, искуство и долгогодишна интернационална пракса да се креираат нови стандарди во изборот на заштитни одела. Раскажете ни малку повеќе за самата компанија нејзините почетоци, развој, предизвици... Компанијата „Текстил Солушн“ е основана во 2016 година од амбициозен, но исто така многу искусен менаџерски тим, којшто 20 години професионално се остварувал во текстилната индустрија. Се работи за компанија предводена од мене и Дарко Ацески. Дарко Ацески е претприемач и има дваесетгодишно искуство во компанијата „Златекс“, коja е од истата дејност. Професионалниот „бекграунд“ го мотивира да создаде нова компанија којашто ќе биде флексибилна, иновативна и храбра да имплементира нови технологии и да понуди нови услуги. И така почнува приказната за „Текстил Солушн“ којашто пред сè создава имиџ на социјално освестена и одговорна компанија. Компанија која што покрај тоа што ќе обезбеди нови работни места каде што ќе се остваруваат месечните приходи на вработените ќе креира и заедница каде што сите ќе имаат чувство на припадност и вредност. Јас сум дипломиран технолог-конфекционер на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, веќе 19 години успешно ја развивам кариерата во текстилната индустрија. Како инженер, сосема сум свесна дека таа работна позиција е јадрото во сите производствени процеси.

39 ИНТЕРВЈУ

К

валитетната заштитна облека е еден од предусловите кои ги наметнуваат денешните високи безбедносни стандарди за работа. Зависно од дејноста и нејзините специфики, секоја компанија која се грижи за здравјето и безбедноста на своите вработени, треба да обезбеди квалитетна заштитна опрема според највисоките стандарди. Македонската текстилна компанија „Текстил Солушн“, е специјализирана токму за оваа категорија на производи, и веќе успешно ги пласира и на странскиот пазар. Произведува водоотпорни, огноотпорни одела, опрема за заштита од ниски температури, по иновативна технологија – таканаречена “швајс технологија“ за шиење и изработка на работни одела и заштитна работна облека. Нејзиниот потенцијал го препозна и поддржа и ФИТР, убеден во иновативноста на технологијата. По тој повод разговараме со Маја Ацески, основач и менаџер на оваа компанија.


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

ИНТЕРВЈУ

40

Технологиите на Текстил Солушн се за производи со високи перформанси, се наоѓаат во јакни и панталони и во многу други различни артикли. „Швајсуваната“ облека ги штити корисниците од надворешни влијанија дожд, снег, ветер и од тие причини е сè поатрактивна и барана на пазарот, како за специфични намени како работни одела на работници на отворено, но уште повеќе примена наоѓа во спортската опрема за многу популарните спортови скијање, планинарење, едрењe, рибарење, трчање, голф и други. Како продукциски и извршен менаџер во неколку текстилни компании, знам колку е битна визијата и јаснотијата за да се постават и делегираат процесите и луѓето. Ова искуство и знаење одлучив да го насочам во „Текстил Солушн“ и да развијам со Дарко компанија којашто ќе стане доследен конкурент на сите интернационални компании од овој сектор. Веќе и неколку години исто така пружам и консултантски услуги во делот на креирање и спроведување процеси во текстилни производства.

препозна можност за имплементирање на специфична „швајс технологија“, поради недостиг на таква услуга на нашиот пазар и пошироко. На тој начин креиравме нова услуга која компанијата ја издига на малку повисоко ниво во однос на другите компании кои работат во доменот на „лон“ – услугата. Целокупниот производ е за извоз, бидејќи во моментов немаме сопствен производ, но, веќе некое време размислуваме на таа тема и целиме кон нејзина реализација.

Дали извезувате дел од производството и какви се плановите во таа насока? Како приоритетна дејност на компанијата е заштитна облека. Таа сè уште работи по концептот на „лон“ – услуга, која е најзастапена во моментов во целата текстилна индустрија во нашата држава. „Лон“ - услугата значи дека компанијата не дизајнира и не креира производ, туку на веќе верификуван производ од странска фирма-соработник ја извршува услугата шиење и во нашиов случај и специфичната доработка швајсување на шавовите. „Текстил Солушн“ првично стартуваше со изработка на стандардна ХТЗ опрема, но, за брзо време тимот

За каква конкретна цел ги наменивте средствата добиени како поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој? Колку е тешко/лесно да се добијат пари за развој во Македонија во моментов? Како компанија секогаш сме вложувале напори да бидеме постојано во тек со сите иновации, едноставно мора да одите постојано напред и технички и организациски. Не е баш едноставно и лесно технички – технолошки, а посебно финансиски, да се креира и да се имплементира ваков вид на проект. Сепак, менаџерскиот тим пронајде можност за кофинансиран грант преку Фондот за иновации и технолошки развој,


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

Користите ли и други извори на финансирање? Не. Ако се изостави помошта од ФИТР, целокупните инвестиции кои ги прави фирмата се од 100 % приватен капитал, а да се инвестира од сопствениот генериран приход не е баш лесно. Со оглед дека сме млада компанија, истовремено се трудиме да го олесниме процесот на работа, да обезбедиме сигурен прилив на средства, да ги подмириме трошоците за работа, да се прилагодуваме и на барањата на клиентите и сето тоа да се одвива во хармонија согласно потребите и барањата и на персоналот. Затоа, како и секоја компанија, се стремиме кон соработка со други фирми со кои делиме исти вредности, се со цел компанијата да чекори по, ако може да се рече континуиран и стабилен пат на самофинансирање, колку што дозволува пазарната економија и условите на кои е подложна. Кои се најголемите предизвици со коишто се соочувате како текстилна компанија? Како компанија која што е во трудово интензивна дејност се соочуваме со тешкотии и предизвици на пазарот на трудот. Развојот и растот на нашата компанија зависи од развојот и растот на вработените, којшто е сè потешко е да се најдат. Затоа се трудиме на различни начини да мотивираме и привлечеме потенцијални работници. Исто така, просечната старосна граница кај нас е некаде околу 50 години. Сега кога се инвестира во нови машини, кои се автоматизирани, тоа значи дека би било пожелно да се вработи некој помлад, каде технологијата е поблиска до него. Но, се трудиме да отвориме и нови работни места, и ние сме секојпат желни за човек плус, заради тоа што нашата индустрија може само да се развива напред и да расте доколку имаме повеќе и повеќе луѓе, заради тоа што секое парче зависи од човек плус. Дополнителна неизвесност ни донесе и пандемијата од коронавирусот. Истовремено мораше да размислување и за заштита на здравјето на вработените, но и на финансискиот аспект, за потенцијални идни соработки, а не се знаеше до кога ќе трае „локдаунот“ во кој се најде и

41 ИНТЕРВЈУ

за да го отвори патот за имплементација на „швајс“ технологијата. Грантот од ФИТР подразбира заедничко инвестирање. Прво, компанијата успева да набави машини, но исто така и комплетен „know-how“ за оваа технологија. Фондот пак „покрива“ 70 проценти од вкупниот износ. Како компанија која преку личен пример сака да придонесе кон подобрување на целокупниот имиџ на текстилната индустрија, цениме што Фондот ја препозна и поддржа нашата идеја за технолошки развој. Иако како предводници на „Текстил Солушн“ сме со дваесетгодишно искуство, ова е прва наша шанса за пристап до финансиска поддршка кон компанијата од надвор. Леснотијата и пристапноста до ФИТР – грантовите е нешто што нè изненади, но истовремено и нè мотивира да ја оствариме замислата за развој на нашата компанија. За грантовите на ФИТР се информиравме преку консултантската куќа ГСИ која што има големо искуство со реализирани проекти. Откако ги добивме сите потребни насоки и информации за условите и постапката за аплицирање пристапивме кон креирање на проектот. Целата постапка за апликација е многу лесна, сè е транспарентно посочено што е потребно да се набави од документи. Сето тоа е објавено на официјалната страна на ФИТР. Откако аплициравме за брзо време го добивме повратниот потврден одговор и веднаш започнавме со реализација на проектот со префрлањето на финансиските средства од страна на Фондот.

Како продукциски и извршен менаџер во неколку текстилни компании, знам колку е битна визијата и јаснотијата за да се постават и делегираат процесите и луѓето. Ова искуство и знаење одлучив да го насочам во Текстил Солушн и да развијам со Дарко компанија којашто ќе стане доследен конкурент на сите интернационални компании од овој сектор.

текстилната индустрија. На нас како младо, средно претпријатие каква било помош ни е добредојдена, особено преку лесно пристапни фондови, што ќе придонесе, многу порелаксирано да се посветиме на нашата мисија и визија, да фатиме чекор со трендовите и да придонесеме кон целокупно подигање на текстилната гранка во земјава. Но сепак сме среќни и задоволни што како млада компанија успеваме да опслужуваме многу големи европски компании. Кои се вашите планови за иден раст и развој? Идните планови се континуирано подобрување на нашата услуга и целиот know-how да го насочиме и да креираме наш производ. Целиме кон тоа да се позиционираме интернационално како компанија која има високо квалитет производ каде преку неговото интернационално пласирање ќе ја исполнуваме нашата мисија како компанија. Но, во исто време да бидеме пример дека успехот и професионалноста не зависат од местото каде што доаѓате туку од изразувањето на личниот и тимскиот потенцијал кој што сите го имаме само треба да го поттикнеме и насочиме во правец на мисијата која ќе си ја поставиме.


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

НА ТЕМА СО АМЧАМ...

42

РАСТЕЖОТ НА ЕКОНОМИЈАТА НА ПОДАТОЦИ Податоците, исто како и другите суровини, минуваат низ различни фази на зрелост. Нивното откривање и создавањето на уште поефикасни начини за нивно ‘копање’ и собирање ја навестува нивната природна вредност. Но, нивната вистинска вредност дојде до израз во моментот кога луѓето почнаа да ја користат оваа суровина за да креираат одредени предмети или услуги. Сега, кога тие начини на користење на податоците достигнаа такво ниво на вредност за бизнисот, тие стануваат предмет на построги стандарди и контроли за да се заштити нивната вредност и расположливост, истовремено осигурувајќи нивно одговорно користење.

К

ога Тим Бернерс – Ли ги прогласи податоците за „нова суровина на 21-от век“ уште во 2011 година, тој совршено ја опишуваше насоката кон која беа тргнале многу економии – од индустријата, до спознавањето и разузнавањето. Но, во тие десет години, податоците го прескокнаа уредниот начин на кој бројни други видови суровини се придржуваат

кон економските принципи што времето ги има потврдено. За разлика од другите суровини, колку поизобилни стануваа податоците, уште толку им растеше вредноста. Колку и да се суровина, посакувани се како скапоцени метали, а соодветно и вреднувани, поради нивната можност да ги трансформираат бизнисите и да инспирираат иновации што ги движат бизнисите – а тоа ќе го прават и со генерации.


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

КОЛУМНА Некои сè уште сметаат дека вреднувањето поврзано со нешто толку неопипливо како податоците е незамисливо, па дури и невкусно. Други, пак, побрзаа да предвидат уште еден меур што ќе пукне. Но, во најголем дел, бизнисите препознаа дека вредноста на податоците не е само реална и оправдана, туку и нешто што треба да се препознае, а не да се сомнева во неа или да се доведува во прашање. Искуството кое ние во Оракл (Oracle) го имаме кажува дека податоците со кои располагаат бизнисите се разликата помеѓу тоа дали компаниите ќе ги согледаат новите можности кои ги нуди пазарот или ќе гледаат како конкуренцијата ја превзема предноста. Овие податоци може да им помогнат на компаниите да идентификуваат какви можности за намалување на трошоци имаат или какви можности за настап на нови пазари им се нудат. И токму затоа тие податоци имаат вредност која што не само што треба да биде земена предвид, туку и да се документира и пресмета. Затоа и не е чудно што бизнисите богати со податоци, односно оние компании кои имаат податоци со висока вредност за тргување, се купуваат. Тоа не е резултат на она што тие го прават, туку на она што го знаат. Тоа е причината поради која што и берзите кои тргуваат со податоци станаа бизниси профитабилни сами по себе, исто како и берзите кои тргуваат со метали или валути.

Растеж на регулативата Kако што финансиите на секој бизнис се предмет на внимателна ревизија, документирање, следење и регулирање, доаѓаме до момент во кој податоците го добиваат истиот третман. Доброто управување со финансиите на бизнисите е тесно поврзано со нивната вредност. Истото може да се каже и за податоците. Имајќи го предвид токму овој аспект, ние во Оракл сме сведоци дека податоците, исто како и другите суровини, минуваат низ различни фази на зрелост. Нивното откривање и создавањето на уште поефикасни начини за нивно ‘копање’ и собирање ја навестува нивната природна вредност. Но, нивната вистинска вредност дојде до израз во моментот кога луѓето почнаа да ја користат оваа суровина за да креираат одредени предмети или услуги. Сега, кога тие начини на користење на податоците достигнаа такво ниво на вредност за бизнисот, тие стануваат предмет на построги стандарди и контроли за да се заштити нивната вредност и расположливост, истовремено осигурувајќи нивно одговорно користење.

Поставување стандарди со GDPR Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ (The EU General Data Protection Regulation, GDPR), што стапи во сила на 25 мај 2018 година, беше најнов законодавен потег за да се стандардизира и заштити користењето податоци. GDPR воведе регулатива за користење и преносливост на личните

Мери КучераИлиевска член на комитетот за Дигитална трансформација на АмЧам и директор на канцеларијата на Oracle во РСМ

Искуството кое ние во Оракл (Oracle) го имаме кажува дека податоците со кои располагаат бизнисите се разликата помеѓу тоа дали компаниите ќе ги согледаат новите можности кои ги нуди пазарот или ќе гледаат како конкуренцијата ја превзема предноста. Овие податоци може да им помогнат на компаниите да идентификуваат какви можности за намалување на трошоци имаат или какви можности за настап на нови пазари им се нудат. И токму затоа тие податоци имаат вредност која што не само што треба да биде земена предвид, туку и да се документира и пресмета.

податоци во рамки на ЕУ и нивно извезување од регионот. Таа им даде на луѓето повеќе контрола околу тоа како се користат нивните податоци, и постави јасни правила како тие податоците може да се користат. Од врвна важност е бизнисите што делуваат во рамки на ЕУ, или со партнери и клиенти од ЕУ да се свесни за импликациите и барањата што ги поставува GDPR. Овие бизниси треба да работат за да обезбедат усогласеност – и иако усогласеноста можеби традиционално е збор што е синоним за трошоци и комплексност, или пак администрација и бирократија, наместо да превртуваат со очи при споменувањето на усогласеност, на бизнисите би им било поумно да размислат за можностите. GDPR и сличната регулатива покажуваат колку порасна економијата на податоци. Притоа, оваа регулатива е навремена бидејќи препозна дека податоците се движат побрзо, подалеку и послободно од кога и да е. Ова се трендови на кои бизнисите би требало да капитализираат. Со растот на вештачката интелигенција и машинското учење се намалува потребата од мануелно ракување со податоци, поради што е неопходно да се воспостават јасни стандарди врз основа на кои ќе се дефинираат матрици за автоматизација на процесите во бизнисот. Со цел да се максимизира вредноста на податоците и да се минимизират идните негативни ефекти стандардите кои ќе бидат поставени мора да бидат скалабилни и применувани низ целиот свет.

Користење на можностите на економијата на податоци Можностите за користење на економија на податоци се отвораат со преминувањето во нова фаза на зрелост и зголемената софистицираност на компјутерското работење во облак (cloud computing), како на ниво на инфраструктура така и како платформа и софтвер. Способноста да се комбинираат и анализираат податоци со неверојатна големина и брзина е овозможена со сеприсутноста на технологијата на облак и нејзината можност да поврзе претходно различни системи, процеси и силоси податоци, преку заеднички, безбедни платформи. Ние во Оракл веруваме дека не е случајност што вредноста на податоците експоненцијално порасна со поширокото end-to-end усвојување на технологиите во облак. Доколку податоците се новата суровина што ќе ги движи бизнисите и иновациите на иднината, тогаш поврзаните технологии во облак ќе бидат начинот за извлекување и целосно истражување на потенцијалот и вредноста на таа суровина. Имајќи го сето ова предвид, бизнисите треба да гледаат на GDPR како на можност подобро да ги уредат своите организации. Регулативата за заштита на податоци допрва ќе стане повеќе нијансирана, а јасното гледиште за тоа како се движат податоците помеѓу бизнисите ќе биде клучно за да се биде чекор понапред и ќе им помогне на компаниите да работат поефикасно. Засега, може да е доволно само да се усогласат со GDPR, но доколку гледаат на ова долгорочно, компаниите може да бидат чекор пред другите и да се фокусираат на сопственото диференцирање на пазарот во однос на конкуренцијата.

43 НА ТЕМА СО АМЧАМ...

Брзорастечката вредност на податоците


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

РЕКОА ЗА...

КРИПТОВАЛУТИТЕ

ЛИДЕРС ТВО

44

Додека биткоин повторно „збесна“ периодов и достигна вредност над 66.000 долари, да видиме што познатите светски претприемачи, поборници за блокчејн и криптовалути, но и нивни противници имаат кажано за дигиталните валути и технологијата што стои зад нив.

Биткоин е исклучително криптографичко достигнување и способноста да се креира нешто што не може да се дуплицира во дигиталниот свет има огромна вредност.

Побитната работа околу биткоин не е биткоин сам по себе, туку што таа децентрализирана технологија навистина може да придонесе.

ЕРИК ШМИД

поранешен директор на Google

ЕШТОН КУЧЕР

американски глумец и продуцент

Мислам дека биткоин се првите енкриптирани пари што имаат потенцијал да го сменат светот.

Биткоин ќе им го направи на банките тоа што и-мејл им го стори на поштите.

ПИТЕР ТИЛ

ко-основач на PayPal.

РИК ФАЛКВИНГ

лидер на шведската Пиратска партија

Силно верувам дека земји како САД би можеле и би требало да се движат кон дигиталните валути, иако има битни предизвици како што се приватноста, сајбер – безбедноста. Но, секако овде има и многу предности.

ЏОЗЕФ СТИГЛИЦ нобеловец по економија

ВИТАЛИК БУТЕРИН

Наместо да го исфрли таксистот од бизнисот, блокчејн го исфрла Убер од бизнисот, со тоа што им овозможува на таксистите директно да работат со клиентот. Вака сликовито би ја објаснил блокчејн технологијата.“

ко-основач на Етереум.

Бегајте подалеку од тоа. Тоа е фатаморгана, во основа. Во поглед на криптовалутите, генерално, ќе кажам дека со сигурност нема да завршат добро.

Секој што се смета себеси за добро информирана личност мора да знае за биткоин, затоа што криптовалутата можеби е едно од најважните достигнувања во светот во моментов.

ЛЕОН ЛОУ,

јужноафрикански автор и говорник

ВОРЕН БАФЕТ

инвеститор и милијардер



MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

LE MONDE DIPLOMATIQUE

МЕНАЏЕР ВО СОРАБОТК А СО

46

ФУДБАЛЕРОТ И ИСТРАЖУВАЊЕТО МАРК БИЛО

Директор за истражување во CNRS, Центар за истражување на канцер во Лион. Авторот зборува во негово лично име, а не во име на CNRS.

С

лучајностите понекогаш се поучни. На 10 август, дневниот весник Ле Монд известува дека платата на фудбалерот Лионел Меси во клубот Пари Сен Жермен ќе изнесува 40 милиони евра нето годишно, додека пак просечната плата на шефовите на CAC 40 ќе се зголеми од 3,8 милиони евра во 2020 година до 5,3 милиони во 2021 година. Неколку страници понатаму, откриваме дека годишниот буџет на Меѓувладината панелна група експерти за климатски промени (GIEC) изнесува 6 милиони евра

годишно. Така, платата на една фудбалска ѕвезда одговара на финансиските ресурси на речиси седум години на една институција која опфаќа 195 земји -членки, ја координира работата на стотици меѓународни научници и има главна функција во разбирањето на причините и последиците од глобалното затоплување. Предлагаме износот на платата на Лионел Меси да се искористи како нова мерна единица. Ќе ја наречеме „année-GF (година ГЗ)“, односно „година на голема заработка“. Оваа бројка од 40 милиони евра е несомнено далеку од реалноста бидејќи проценката на списанието Форбс за приходите на овој играч во 2020 година, вклучувајќи ги и договорите за рекламирање, достигнува 126 милиони долари. Но, да останеме кај 40 милиони, односно на 110.000


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

Фото: Tom Fisk/Pexels

евра приход дневно, односно доволно да платиме, за една година, 1.500 Французи со по една просечна плата.

Истражувачите и нивната борба за финансирање Оваа плата која служи за ориентација заслужува да биде вклучена во буџетот за истражување во биологија- здравство, за кој би можеле да помислиме дека за време на здравствена криза, е приоритет на владата. Два неодамнешни извештаи даваат детални информации на оваа тема1. Прва забелешка, уделот на буџетот на Министерството за истражување и високо образование наменет за биологија-здравство се намали за 400 милиони евра помеѓу 2015 и 2020 година. Втора

Пандемијата го откри падот на француските истражувања во здравство Севкупно, вклучително и европско финансирање, Франција инвестираше 530 милиони евра (13,25 годинаГЗ) во истиот период во сите истражувања за „Ковид“, кога Германија и Обединетото Кралство трошеа три пати повеќе3. Во однос на состојбата со вработување научници, бројот на постојани кадри опаѓа во истражувачките организации, додека е релативно стабилен на универзитетите, во контекст каде што бројот на студенти масовно расте. Во CNRS, скоро 1.500 работни места за истражувачи,

LE MONDE DIPLOMATIQUE

забелешка, субвенцијата што ја дава државата на Националниот институт за здравство и медицински истражувања (INSERM) и на Институтот за биолошки науки на Националниот центар за научни истражувања (CNRS), стагнира петнаесет години, со помеѓу 56 и 57 милиони евра пресметано надвор од исплатени плати. Затоа, ова доаѓа како 1,4 од една година ГЗ (голема заработувачка) за околу 400 истражувачки центри, во кои повеќе од 30.000 луѓе работат во науките поврзани со животот и здравјето на луѓето. Во овие услови, истражувачките тимови треба да ги добијат најголем дел од нивните финансии од други извори покрај оние од годишните јавни грантови, кои едвај ги покриваат основните оперативни трошоци и одржувањето на лабораториските технички платформи. Ова дополнително финансирање може да биде јавно, особено она што го доделува Националната агенција за истражување (ANR), кое доаѓа од локалните власти, Европската унија, добротворни организации итн. Бидејќи процентот на успешни одговори на повиците за понуди останува низок - околу 16% кај Националната агенција за истражување2 - истражувачите посветуваат многу голем дел од своето време на барање грантови од повеќе постоечки извори, а да не го споменуваме оној што „го трошат за оценување на проектите на нивните колеги, на штета на нивните наставни и истражувачки задачи. Покрај тоа, по добивањето на скапоцените средства, тие мора да ја оправдаат нивната правилна употреба со пишување серија извештаи за напредокот и извештаи за активности кои им го одземаат потребното време да ја вршат својата работа.“ Во овој многу конкурентен контекст и за да земеме пример директно поврзан со здравствената криза, Националната агенција за истражување финансираше помеѓу март 2020 година и март 2021 година, 279 проекти за „Ковид-19“ за вкупна сума од 36 милиони евра. Со други зборови, ресурсите посветени од оваа агенција за поддршка на сите национални истражувања кои се од суштинско прашање за јавното здравје се еквивалентни на помалку од една годишна плата на Лионел Меси.

47 МЕНАЏЕР ВО СОРАБОТК А СО

Така, платата на една фудбалска ѕвезда одговара на финансиските ресурси на речиси седум години на една институција која опфаќа 195 земји -членки, ја координира работата на стотици меѓународни научници и има главна функција во разбирањето на причините и последиците од глобалното затоплување


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1 Епидемијата „Ковид-19“ го откри и засили падот на француските истражувања во биологијаздравство. И покрај некои извонредни научни достигнувања, особено за механизмите за контрола на имунолошкиот одговор насочени против вирусот САРС-Ков-2, зголемувањето на клиничките испитувања не резултираше со значителен медицински напредок. До денес, ниту една вакцина од француска лабораторија не е излезена на пазарот.

LE MONDE DIPLOMATIQUE

МЕНАЏЕР ВО СОРАБОТК А СО

48

инженери и техничари се изгубени за околу петнаесет години. Во ситуација кога новите постојани вработувања не ги компензираат отпуштањата, владата одлучи дополнително да го намали бројот на вработувања. Сепак, трошокот за работно место за истражувачи за 40 години активност (но честопати помалку поради доцната возраст за регрутирање) претставува буџет од 3 до 4 милиони евра, односно помеѓу 0,075 и 0,1 од година на голема ГЗ, и оној на инженер или техничар е од редот на 0,09 година на ГЗ. Така, 9 години плата на Лионел Меси би финансирала 50 работни места како и ист број техничари, вклучително и придонеси од работодавачи, за време од 40 години. Епидемијата „Ковид-19“ го откри и засили падот на француските истражувања во биологија-здравство. И покрај некои извонредни научни достигнувања, особено за механизмите за контрола на имунолошкиот одговор насочени против вирусот САРС-Ков-2, зголемувањето на клиничките испитувања не резултираше со значителен медицински напредок. До денес, ниту една вакцина од француска лабораторија не е излезена на пазарот. Франција е на 16-то место во рангирањето на глобалниот индекс за иновации (посветен на медицински иновации) и на 18-то место во рангирањето за иновации против пандемијата Ковид-194. Во овој поглед, жално е што законот за програмирање наменет за истражување изгласан оваа година не ја менува од корен ситуацијата ниту за законски вработените, ниту за висината на државните субвенции

Ресурсите посветени од француската агенција одговорна за поддршка на сите национални истражувања кои се од суштинско прашање за јавното здравје се еквивалентни на помалку од една годишна плата на Лионел Меси во неговиот нов клуб ПСЖ.

наменети за истражувачки институции. Од друга страна, владата продолжува со финансирање скапи мерки, како што е данокот за истражување, даночен механизам за поддршка на истражување и развој на компании, кој чини 7 милијарди евра годишно, речиси двојно повеќе од буџетот на CNRS, и чијашто ефективност е доведена во прашање, вклучително и од Судот на ревизори5.

Нееднаквоста на ресурсите не е само економско прашање Може да помислиме дека компромисите за распределба на јавни средства и инвестирање на приватен капитал


MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 1 0 I ОК ТОМВРИ I 202 1

Споредбите имаат за цел да ја расветлат реалноста, дури и ако тоа значи да се биде ненавремено. Така, можеме да сметаме дека повикувањето на неотповикливите закони на пазарот служи за оправдување на сé, дури и, пред сé на концентрацијата на богатството. Во овој случај, второто место е дадено на знаењето кое сепак го сочинува нашето заедничко наследство и од кое зависи способноста да се соочиме со здравствените и еколошките предизвици.

не ја почитуваат истата логика, дека овие финансиски средства не спаѓаат во ист редослед по големина, дека комерцијалните и профитабилните ограничувања се разликуваат, дека нестандардните плати се однесуваат само на мал дел спортисти кои се на многу високо професионално ниво во еден глобализиран пазар на труд. Можеме да додадеме дека државата ќе прибира повеќе од 35 милиони директни и индиректни даноци годишно со доаѓањето на овој играч и дека затоа е профитабилна операција во однос на даночните приходи. Конечно, можеме да подвлечеме дека чувството на огорченост се однесува на моралот, кој нема никаква врска со прашањето за профитот. Но, споредбите имаат за цел да ја расветлат реалноста, дури и ако тоа значи да се биде ненавремено. Така, можеме да сметаме дека повикувањето Превела: Маја Малиновска 1. Arnold Migus et al., « Réformer la recherche en sciences biologiques et en santé », Académie nationale de médecine et Académie nationale de pharmacie, Париз, 2021 год ; « Le financement et l’organisation de la recherche en biologie-santé », rapport n°4373 au nom de l’office parlementaire d’évaluation des choix scientifiques et technologiques, 15 јули 2021 год. 2. Зголемување на ресурсите на ANR се планира според законот за програмирање за истражување со зголемување од 1 милијарда во текот на 7 години, со цел стапката на успех за повиците за проекти да се зголеми на 30%.

на неотповикливите закони на пазарот служи за оправдување на сé, дури и, пред сé на концентрацијата на богатството. Дека ова ритуално повикување има за цел да предизвика откажано прифаќање на инхерентно нееднаквиот економски систем. Нееднаквоста на ресурсите не е само економско прашање. Исто така, го одразува обемот на вредности специфични за нашето општество. Во овој случај, второто место е дадено на знаењето кое сепак го сочинува нашето заедничко наследство и од кое зависи способноста да се соочиме со здравствените и еколошките предизвици. Ако „едно твое е подобро од две што можеби ќе ги добиеш“., тогаш што е со моралот на фудбалерот кога некои имаат илјада, десет илјади пати повеќе од она што ти го имаш? Дали сепак треба да бидеме задоволни со она што го имаме?

3. Solveig Godeluck, « Recherche sur le Covid : la Cour des comptes fustige l’absence de “chef de file” », Les Échos, 29 јули 2021 год. 4. Cf. « Le financement et l’organisation de la recherche en biologie-santé », op. cit. 5. « Le budget de l’État en 2019. Résultats et gestion », извештај на Судот на ревизори, Париз, април 2020 година.

LE MONDE DIPLOMATIQUE

МЕНАЏЕР ВО СОРАБОТК А СО

49



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.