Kapital magazine 1062

Page 1

АНАЛИЗА: ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1062

ТУРИЗМОТ – НАЈПОГОДЕНИОТ БИЗНИС ОД ПАНДЕМИЈАТА Како ќе патуваме и ќе уживаме во (пост)корона времето?

цена 100 ден. l 17 мај 2020 петок l година 21

COVER STORY Ребалансот на Буџетот ќе ги скрати приходите, но не и расходите КОЛУМНА Јосип Јуратовиќ

www.kapital.mk

ПРОФИЛ Марк Бениоф шеф на Salesforce

Многу директори сè уште се со испрани мозоци

германски парламентарец

Европа на крстопат

interview

ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ

професор на Универзитет Американ Колеџ Скопје

И ВО МОМЕНТИ НА НЕИЗВЕСНОСТ И МНОГУ НЕПОЗНАТИ ФАКТОРИ ВО КРИЗАВА, КОМПАНИИТЕ МОРА ДА СЕ ИСКРЕНИ И ОТВОРЕНИ ЗА ДА ГО ЗАДРЖАТ СВОЈОТ КРЕДИБИЛИТЕТ! Како да го предводите својот тим во пост – пандемичниот свет



СОДРЖИНА

Kapital... 1062 4

12

COVER STORY

Ребалансот на Буџетот ќе ги скрати приходите, но не и расходите Буџетот се прекројува според најоптимистичкото сценарио

ИНТЕРВЈУ

Димитар Ковачевски,

професор на Универзитет Американ Колеџ Скопје И во моменти на неизвесност и многу непознати фактори во кризава, компаниите мора да се искрени и отворени за да го задржат својот кредибилитет!

18

КРИЗА КОВИД - 19

Туризмот – најпогодениот бизнис од пандемијата Како ќе патуваме и ќе уживаме во (пост)корона времето?

25

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Нова инвестиција на фармацевтската компанија

„Алкалоид“ го реализираше проектот за гасификација на локалитетот во „Ѓорче Петров“

34

28

КОЛУМНА

БАЛКАН

36

ЛИДЕРСТВО

Западниот Балкан во време на пандемија

Дали на ЕУ ѝ се заканува губење на општествено – политичките вредности

COVER STORY Ребалансот на Буџетот ќе ги скрати приходите, но не и расходите....................... 4 Буџетот се прекројува според најоптимистичкото сценарио

КРИЗА КОВИД - 19 Туризмот – најпогодениот бизнис од пандемија........................................... 18 Како ќе патуваме и ќе уживаме во (пост) корона времето?

КОЛУМНА Дали на ЕУ ѝ се заканува губење на општествено – политичките вредности............ 34 Европа на крстопат

ИНТЕРВЈУ Димитар Ковачевски, професор на Универзитет Американ Колеџ Скопје........... 12 И во моменти на неизвесност и многу непознати фактори во кризава, компаниите мора да се искрени и отворени за да го задржат својот кредибилитет!

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Нова инвестиција на фармацевтската компанија...................................................................... 25 „Алкалоид“ го реализираше проектот за гасификација на локалитетот во „Ѓорче Петров“

ЛИДЕРСТВО Know – how за менаџери................................ 36 Како да го предводите својот тим во пост – пандемичниот свет

Анализа на BiEPAG

Европа на крстопат

БАЛКАН Анализа на BiEPAG............................................... 28 Западниот Балкан во време на пандемија

Know – how за менаџери

Како да го предводите својот тим во пост – пандемичниот свет

ПРОФИЛ Марк Бениоф, основач и директор на Salesforce.......................................................................... 42 Голем број компаниски шефови се уште имаат испран мозок

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 14.5.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1062 15.05.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

НАЈОПТИ


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ЌЕ ГИ СКРАТИ 5 ПРИХОДИТЕ, НО НЕ И РАСХОДИТЕ

БУЏЕТОТ СЕ ПРЕКРОЈУВА СПОРЕД ИМИСТИЧКОТО СЦЕНАРИО

C

Според информациите од Министерството за финансии, ребалансот на Буџетот се прави според најоптимистичкото сценарио со што е избегнато стравувањето дека приходите во државната каса може да се намалат и до 40%. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, вели дека прекројувањето на планот за трошење на народните пари годинава е на иста линија со процените на ММФ, според кои, вкупните приходи

годинава ќе изнесуваат 3,08 милијарди евра, што е 14,8% помалку од првичниот план, вкупните расходи се планира да бидат околу 3,8 милијарди евра што е намалување за околу 100 милиони евра, додека пак разликата, односно буџетскиот дефицит ќе се искачи на 6,5% од БДП, односно 727 милиони евра. Во делот на трошењето, направена е прераспределба на некои пари, но не се скратени платите на јавниот сектор.


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

6

COVER STORY

пишува:

Александар Јанев

Р

aleksandar.janev@kapital.mk

Ребалансот на Буџетот се прави според најоптимистичкото сценарио со што е избегнато стравувањето дека приходите во државната каса може да се намалат и до 40%. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, вели дека прекројувањето на планот за трошење на народните пари годинава е на иста линија со процените на ММФ, според кои, вкупните приходи годинава ќе изнесуваат 3,08 милијарди евра, што е 14,8% помалку од првичниот план, вкупните расходи се планира да бидат околу 3,8 милијарди евра што е намалување за околу 100 милиони евра, додека пак разликата, односно буџетскиот дефицит ќе се искачи на 6,5% од БДП, односно 727 милиони евра. Во делот на трошењето, направена е прераспределба на некои пари, но не се скратени платите на јавниот сектор иако во неколку наврати претставници на власта најавуваа потези во спротивна насока. Делот што ќе недостига во Буџетот, ќе се финансира со задолжување. Освен еврообврзницата што веќе е во процедура и засега се знае дека ќе биде на сума поголема од половина милијарда евра, државата може да смета на финансиска помош од околу 726 милиони евра и од меѓународни институции, сума што целосно може да го покрие буџетскиот дефицит годинава кој што според процените на ММФ ќе изнесува токму толку. Досега потврда за финансиска поддршка стигна од неколку извори. Најпрво, ММФ ни одобри заем од 176,5 милиони евра, што е двојно повеќе од првично бараниот износ, односно тоа е максималната квота што може да ја добие земјава. Потоа и Светска банка најави дека разгледува програми за финансирање на земјата во вредност од околу 140 милиони евра. И Европската Комисија потврди дека одобрува 160 милиони евра за макро – финансиска стабилност на земјата, а Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) уште 250 милиони евра како дел од Пакетот за солидарност. Освен ребалансот на Буџетот кој што ќе се усвојува од страна на Владата со уредба со сила на закон бидејќи парламентот е распуштен, се разгледува и третиот пакет на антикризни мерки.

НИНА АНГЕЛОВСКА

АНИТА АНГЕЛОВСКА – БЕЖОСКА

Да се помогне на најпогодените, на оние на кои им е најпотребно, на ранливите групи, работниците со мали примања. Зборуваме за сет на мерки од една страна насочени кон групи граѓани, од друга страна насочени кон одредени сектори, сегменти и индустрии. Се работи за мерки кои на краток рок треба да дадат резултат во економијата за да ние можеме да зборуваме за најмал економски пад споредено со регионот, каков што ни се проектира.

Ова релаксирање на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките, како и за обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем, којшто соодветно ќе може банките да ја искористат за поддршка на домашната економија преку зголемување на кредитната активност и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија.

Министерката за финансии, Ангеловска, вели дека новиот сет на мерки се во насока да понудат стимулирање на приватната потрошувачка со акцент на домашната економија, домашната понуда, домашните компании. На тој начин преку финансиска поддршка на граѓаните, ќе се поддржи и македонското производство, посочи Ангеловска. „Мерките се така таргетирани со цел да го амортизираат економскиот удар, да понудат стимулирање на приватната потрошувачка со акцент на домашната економија. Зборуваме за домашни производи и услуги, мораме да имаме предвид дека меѓу погодените сектори се и голем дел од услужните сектори. Ако ја погледнете нашата структура на бруто домашен производ, околу 65% придонесува приватната потрошувачка. Зборуваме за мерки во период на ревитализирање на економијата, при повторно отворање на бизнисите, односно во момент кога се отвора

малопродажба, се отвораат молови“, вели Ангеловска. Таа објаснува дека стимулирањето на домашната потрошувачка ќе биде таргетирано. „Да се помогне на најпогодените, на оние на кои им е најпотребно, на ранливите групи, работниците со мали примања. Зборуваме за сет на мерки од една страна насочени кон групи граѓани, од друга страна насочени кон одредени сектори, сегменти и индустрии. Се работи за мерки кои на краток рок треба да дадат резултат во економијата за да ние можеме да зборуваме за најмал економски пад споредено со регионот, каков што ни се проектира. Мораме да имаме предвид дека падот на економијата и начинот на кој се справуваме ќе зависи многу од мерките кои ги преземаме“, истакна Ангеловска и додаде дека мерките од првиот и вториот сет направиле одредена амортизација и биле пофалени и од Европската комисија и од Меѓународниот монетарен фонд.

министерка за финансии

гувернерка на Народната банка


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

7 БРОЈКИ ПРОЦЕНИ НА ММФ

3,08

милијарди евра ќе изнесуваат јавните приходи што е 14,8% помалку од првичниот план

3,8

милијарди евра ќе изнесуваат вкупните расходи од буџетот што е намалување за околу 100 милиони евра од првичниот план

727

милиони евра е разликата, односно буџетскиот дефицит ќе се искачи на 6,5% од БДП

Голем пад на производството и извозот

Мерките за поддршка на реалниот сектор доаѓаат откако статистиката веќе ги сумираше податоците за март и април. Според сите процени, најсилен удар од пандемијата ќе се отслика во статистиката за април, кога всушност рестрикциите за движење беа најригорозни. Засега, Агенцијата за вработување објави дека само во април, бројот на невработени се зголемил за 6.737 луѓе, а претходно во март се пријавиле 1.564 невработени, со што вкупната бројка за овие два месеца изнесува 8.301. Претходно статистиката на Google забележа намалување на движењето на граѓаните до работните места за 82% што исто така беше сигнал дека голем дел од граѓаните ги загубиле своите работни места. А дека луѓето се соочуваат со голем предизвик како да се преживее оваа криза покажува и податокот дека дури две третини од граѓаните прифатиле одложување на ратите за кредитите, мерка што банките им ја понудија како помош во време на пандемија. Кризата е очигледна и во реалниот сектор. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во март паднало за 13,4% споредено со истиот период лани, но се очекува овој пад да биде уште поостар во април, месецот кога се воведе и полициски час. Гледано по сектори, најголем пад на индустриското производство има кај преработувачката индустрија од дури 14,3%. Во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација производството

опаднало за 115%, додека во секторот рударство и вадење на камен индустриското производство бележи опаѓање од 10,8%. Извозот во март, исто така е намален и тоа за дури 26,8%. По одделни производи, најголем пад има извозот на нафтени деривати и тоа за 18,8%, потоа следува машини и транспортни уреди каде што е евидентиран пад од 13,8% и хемиски и сродни средства каде што се смета и извозот на најголемата фабрика во земјава, Џонсон Мети, со намалување од 11,9%. По земји, најголем пад на извозот има во Белгија и тоа 33,5%, потоа

во Италија со 27,8% и Германија со намалување од 14,2%. Овие трендови во реалниот сектор, се одразија и на темпото на полнење на државната каса. Според Министерството за финансии, буџетските приходи во април изнесуваат 230,9 милиони евра, што претставува пад од 20% споредено со април минатата година, од кои даночните се намалени за 31% во однос на лани, додека пак кај придонесите нема разлика. Овие податоци како и проекциите за светските економии и нашите најголеми трговски партнери,


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

8

COVER STORY

Прогнозите се движат од пад на бруто домашниот производ од -3,2% според Светската банка, -3,4% според Владата, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ.

веќе даваат појасна слика и за економскиот раст годинава. Економската активност несомнено е намалена, па така рецесијата годинава е сосема извесна. Прогнозите се движат од пад на бруто домашниот производ од -3,2% според Светската банка, -3,4% според Владата, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ. „Гледаме дека и многу поразвиени економии, како САД и Германија, очекуваат значајно забавување на економиите годинава, односно негативен економски резултат. Проекциите на Меѓународниот монетарен фонд за нив се -5,9% и -7% респективно, додека за цела Европска Унија 7,1%. За македонската економија ММФ проектираше -4% на почетокот на април. На крајот на април, Светска банка за земјава проектираше забавување на економската активност помеѓу -1,4% до -3,2% од БДП, односно

од пооптимистично до помалку посакувано сценарио. Основното сценарио на Министерството за финансии предвидува забавување на економската активност за -3,4% со тоа што ефектите од кризата врз економијата се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и раст“, рече Ангеловска.

Народната банка уште еднаш ја олабави монетарната политика

Народната банка исто така ја ревидираше проекцијата за раст на економијата за годинава. Новата проекција е намалување на економската активност од -3,5% за годинава и закрепнување во наредната година за кога Народната банка проектира раст од 4,7%. Како што истакна гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска, се очекува пад кај сите компоненти на БДП, освен кај јавната потрошувачка. Кај личната потрошувачка се очекува пад од околу 4% поради пад на

расположливиот доход во услови на неповолен пазар на труд и пад на приватните трансфери, забавување и на кредитната поддршка, зголемена неизвесност и воздржаност, кај бруто инвестициите пад од околу 10% поради помали странски, но и домашни јавни и приватни инвестиции, поради зголемена неизвесност и забавена кредитна поддршка. Кај извозот пад од околу 17%, поради намалена странска побарувачка, застој во синџирите на снабдување и домашни рестриктивни мерки и намалената лична и инвестициска побарувачка, а падот на извозот ќе доведе и до пад на увозот од околу 15%. Во однос на депозитите и кредитирањето, Ангеловска - Бежоска посочи дека намалената економска активност ќе има неповолни ефекти врз перформансите на компаниите и доходот на населението, а со тоа и врз потенцијалот за штедење и оти се очекува забавување на депозитниот раст на 2,3% и на кредитниот на 3% оваа година, а потоа се очекува постепено забрзување до околу осум,


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

9

Твој избор, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Кредитите и искористете ја промотивната понуда со пониски каматни стапки, без трошоци за одобрување до 30-ти јуни! • НЛБ Станбен кредит со рок на отплата до 35 години • НЛБ Потрошувачки кредит со 35 месеци фиксна каматна стапка

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

10

COVER STORY

Препораките од Светскиот економски форум се главниот фокус при инвестициите во инфраструктура да биде на дигитализација на процесите, инвестирање во cloud компјутерски системи, потоа инвестиции во енергетска инфраструктура и обновливи извори на енергија, посебно добиена енергија од ветар и сонце, со кои ќе се намалат емисиите на гасови.

односно седум отсто на среден рок. Според гувернерката ризиците се составен дел на секоја проекција, но овој пат тие се исклучително високи и произлегуваат од надворешното окружување, но и од домашниот контекст, па поради тоа симулација на двојно подлабок пад на странската ефективна побарувачка во 2020 година, односно пад од 10% (наспроти 5%) би довело до подлабок пад на БДП за 2,3 п.п., споредено со основната проекција, при понагласени неповолни ефекти врз извозот и инвестициската побарувачка. Гувернерката потенцира дека најновите проекции значат целосно редефинирање на макроекономската слика за оваа година и дека на краток рок се проценуваат неповолни ефекти во повеќе сегменти, но се очекува задржување на здравите фундаменти што ќе биде од исклучително значење во периодот на закрепнување. Имајќи ги предвид сите економски индикатори, Народната банка неделава повторно ја олабави монетарната политика. По намалувањето на основната каматна стапка во јануари и март, Народната банка повторно ја намали, за 0,25 процентни поени, со што таа ќе изнесува 1,5%. Истовремено, по намалувањето на износот на благајнички записи којшто беше понуден на априлската аукција, понудата последната аукцијата се намали за нови 114 милиони евра. Па така, од овој инструмент се ослободија вкупно 244 милиони евра, коишто се очекува да овозможат натамошна поддршка на македонската економија

преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем. „Одлуката за натамошно монетарно релаксирање се темели на стабилизирањето на очекувањата и довербата на економските субјекти во последниот период, видливо преку подобрените движења на девизниот пазар и кај депозитите во банкарскиот систем. Овие околности, при истовремено комфорно ниво на девизните резерви и умерена инфлација, а при оцена за неповолни ефекти од здравствената криза врз економската активност на краток рок, отвораат простор за натамошна поддршка преку монетарната политика. Ова релаксирање на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките, како и за обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем, којшто соодветно ќе може банките да ја искористат за поддршка на домашната економија преку зголемување на кредитната активност и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија“, објаснија од Народната банка.

Мерки за побрз раст

Прашањето што си го поставуваат економистите е како да се забрза економијата после пандемијата?! Бидејќи цел свет е во иста каша, владите од повеќето земји, веројатно ќе го применат веќе проверениот начин на забрзување на економската активност со фискален стимул, односно повеќе пари од државните буџети.

Економистите сугерираат најголем дел од парите од јавните приходи но и од задолжувањата, да се наменат за инвестиции во инфраструктура која ќе биде технолошки напредна и одржлива. Според процените, секое вложено евро, во патишта, железници, енергетски капацитети, училишта, носи поврат во економијата од 4 евра. Препораките од Светскиот економски форум се главниот фокус при инвестициите во инфраструктура да биде на дигитализација на процесите, инвестирање во cloud компјутерски системи, потоа инвестиции во енергетска инфраструктура и обновливи извори на енергија, посебно добиена енергија од ветар и сонце, со кои ќе се намалат емисиите на гасови. Исто така инвестиции и во социјална инфраструктура од која ќе имаат бенефит општествата, како училишта и подобри здравствени системи, кои ќе користат најнови и најнапредни техники и иновации што ќе можат да одговорат на новото време. Во македонскиот буџет за годинава, за изградба на капитални објекти се планирани вкупно 386,5 милиони евра, но има најави оваа сума да се зголеми. Освен за капитални објекти, за поттикнување на домашната потрошувачка на краток рок, властите размислувале и за воведување повеќе видови субвенции за најзагрозените граѓани. Ваквите мерки побрзо ќе ја вратат економијата на брза лента, па според процените последниот квартал годинава и следната година, растот ќе забрза и до 7%. nnn



Капитал број 1062 15.05.2020

12

ИНТЕРВЈУ

ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ

ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

И ВО МОМЕНТИ НА НЕИЗВЕСНОСТ И МНОГУ НЕПОЗНАТИ ФАКТОРИ ВО КРИЗАВА, КОМПАНИИТЕ МОРА ДА СЕ ИСКРЕНИ И ОТВОРЕНИ ЗА ДА ГО ЗАДРЖАТ СВОЈОТ КРЕДИБИЛИТЕТ! Во променливи и неизвесни ситуации, многу лидери се соочуваат со прашања на кои во голем број случаи и немаат одговори. Како некој што долго време се занимава со деловен маркетинг, секогаш им препорачувам на моите колеги и студенти дека во вакви услови треба да се комуницира навремено и редовно со клучните заинтересирани страни во текот на целата криза. Дури и во моменти кога не е целосно јасен степенот на проблемот, треба да се биде искрен и отворен, што во секој случај влијае на одржување на вашиот кредибилитет. Тука, пред сè, мислам на редовна комуникација со вработените, клиентите и акционерите на компаниите.

вели проф. д-р Димитар Ковачевски, шеф на катедрата за маркетинг на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС.


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

13


Капитал број 1062 15.05.2020

14

ИНТЕРВЈУ Водечки принципи на комуникацијата во време на криза треба да бидат транспарентност во комуникацијата за краткорочните предизвици, зајакнување на долгорочните основи на организацијата, проактивност во однос на начинот на решавање на проблемите, смирување на локалната заедница и истовремено подобрување на кредибилитетот на организацијата.

Редакција Капитал kapital@kapital.mk

Д

Димитар Ковачевски e професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и шеф на катедрата за маркетинг на Факултетот за деловна економија и организациони науки. Има завршено стручно усовршување на Харвард Универзитетот во САД, EADA бизнис школото во Шпанија, Еразмус Универзитетот во Холандија и на Техничкиот Универзитет во Минхен. Има 20 годишна професионална кариера на високи менаџерски позиции во меѓународни компании. Со проф. Ковачевски разговаравме околу тоа како актуелнава Covid – 19 криза ќе го смени начинот на којшто работиме и живееме, какви последици ќе остави врз маркетинг стратегиите, но и останатите корпоративни сегменти во пост – пандемичниот период на функционирање. XНа X каков начин влијае COVID – 19 кризата врз луѓето и работењето на компаниите? Како ги менува и допрва ќе ги менува нашите животи? Вирусот COVID-19 предизвика исклучително силна, и без преседан здравствена и економска криза која ги менува нашите животи. Три работи ја прават оваа криза да биде единствена во досегашната светска историја: Прво, таа е комбинација на здравствена пандемија и економска криза. Второ, кризата стана глобална за рекордно кратко време. Трето, се работи за шок и на страната на понудата, и на страната на побарувачката, во сите светски водечки економии. Ефектите и штетите предизвикани од вирусот може да се групираат во четири категории. Проблеми на луѓето. Сведоци сме на

голем број смртни случаи, надополнети со економско страдање поради губење на работни места и намалени приходи на огромен број семејства во светот. За три месеци починаа речиси 300 илјади луѓе, а повеќе од 4,2 милиони се заразени. Проблеми на малите и средни претпријатија. Овие претпријатија се под удар од превентивно затворање на работењето, голем број луѓе не се на своите работни места, дел работат со намалени работни часови и имаат намалени приходи, или приходи сведени на ниво на егзистенцијална социјална помош. Доколку кризата се пролонгира, таа ќе има големо негативно влијание врз луѓето, а особено најсиромашните, во однос на нивното здравје, образование и задолженост. Рецесија. Веќе е јасно дека светот ќе влезе во глобална економска рецесија во 2020 година. Она што не знаеме е колку таа ќе биде длабока, долга, и колкав ќе биде обемот на контракцијата на економските активности. Длабок стрес на финансискиот и корпоративниот сектор. Финансиските пазари и корпоративниот сектор веќе забележаа голем пад. Пазарите се погодени, а финансиските системи се под притисок на голема побарувачка на ликвидни средства, а истовремено банките се под притисок на нивните биланси. Приватните фирми се погодени од намалената побарувачка, од прекинатите синџири на снабдување, непредвидливоста на движењето на цените на суровините, особено берзанските, што ќе ги изложи на можни банкротства. Порастот на ризиците може да предизвика воздржаност на инвеститорите при инвестирање на капиталот, особено на пазарите во земјите во развој. XКои X се клучните политики што државите треба да ги водат за ублажување и надминување на негативните ефекти од кризата? Пандемијата, економската рецесија, и финансиската криза се меѓузависни. Колку е подлабока и подолга кризата, толку ќе биде полошо нивното

влијание, и затоа од голема важност е да бидат менаџирани истовремено. Од таа причина, велам дека мерките треба да бидат синхронизирани и насочени кон ублажување не на една крива, туку на три криви истовремено. Ублажување на кривата на пандемијата е важно заради спасување на човечки животи преку одржување на оптовареноста на здравствениот систем во рамките на неговиот капацитет за прием и третман на заболени лица. Ублажување на кривата на економска рецесија е важно заради избегнување длабока и пролонгирана рецесија, која може да предизвика долгорочни последици. Пролонгиран период на слаба понуда и побарувачка може да предизвика покачување на структурната невработеност, перманентен недостаток на капитал и лимитиран т.н. животински дух или


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

15

Пандемијата, економската рецесија, и финансиската криза се меѓузависни. Колку е подлабока и подолга кризата, толку ќе биде полошо нивното влијание, и затоа од голема важност е да бидат менаџирани истовремено. Од таа причина, велам дека мерките треба да бидат синхронизирани и насочени кон ублажување не на една крива, туку на три криви истовремено: кривата на пандемијата; кривата на економската рецесија и кривата на финансискиот притисок.

инстинкт на луѓето. Тука, пред сè, мислам на намален оптимизам, намалена претприемачка иницијатива и намалена економска активност. Ублажување на кривата на финансискиот притисок. Во време на финансиски и корпоративен притисок, дури и продуктивните банки и компании може да се соочат со сериозни проблеми. Во таков случај, фискалните

трошоци за спасување на банките и компаниите од стратегиско значење ќе ги ограничи можностите за трошење за други продуктивни цели. Симултана акција на сите три фронта бара големи ресурси – медицински, фискални, и монетарни. И дополнително, бара висока ефикасност, односно земјите во развој, како нашата, мора да имаат стратегија за контрола и на

јавните, и на приватните ресурси со голема брзина. XШто X значи кризата од комуникациски и медиумски аспект? Што можат да преземат компаниите со цел да постигнат ефикасна кризна комуникација? Во променливи и неизвесни ситуации, многу лидери се соочуваат со прашања на кои во голем број случаи и немаат


Капитал број 1062 15.05.2020

16

ИНТЕРВЈУ

одговори. Како некој што долго време се занимава со деловен маркетинг, секогаш им препорачувам на моите колеги и студенти дека во вакви услови треба да се комуницира навремено и редовно со клучните заинтересирани страни во текот на целата криза. Дури и во моменти кога не е целосно јасен степенот на проблемот, треба да се биде искрен и отворен, што во секој случај влијае на одржување на вашиот кредибилитет. Тука, пред сè, мислам на редовна комуникација со вработените, клиентите и акционерите на компаниите. Не смееме истовремено да заборавиме и на комуникацијата со локалната заедница. Во најмала рака организациите треба да дадат сè од себе за да се обезбедат дека нивните активности нема да влијаат негативно врз членовите на заедницата, но истовремено треба да размислат да покажат солидарност во рамките на своите можности и да помогнат преку обезбедување на неопходни средства за лична заштита, хигиена и прехранбени продукти на најпогодените членови на заедницата. Водечки принципи на комуникацијата во време на криза треба да бидат транспарентност во комуникацијата за краткорочните предизвици, зајакнување на долгорочните основи на организацијата, проактивност во однос на начинот на решавање на проблемите, смирување на локалната заедница и истовремено подобрување на кредибилитетот на организацијата. XВо X кој случај можеме да зборуваме за кризен маркетинг? Ова се исклучително тешки времиња, а она што ја прави ситуацијата уште потешка е што се работи за криза која е неспоредлива со кризите во минатото. Сведоци сме на огромен број шпекулации, голем број на самопрогласени експерти и неконзистентни претпоставки и предвидувања, кои ги ставаат во нејасна позиција сопствениците на бизниси за тоа што треба или не треба да прават со своите бизниси и какви одлуки треба да носат. Во однос на својата маркетинг стратегија компаниите треба да размислат од аспект на краткорочни, среднорочни и долгорочни цели. Имајќи предвид дека не постојат универзални решенија, постојат принципи и концепти кои секој бизнис може да ги примени за време на оваа здравствена и економска криза или која било друга криза со слични размери. На краток рок, во период до три месеци, кога влијанието на кризата е најголемо и најдраматично, во зависност од индустријата тоа влијание може да биде негативно или позитивно (за одредени индустрии), и може да биде мало или големо. Она што е најважно е да ја преземете контролата врз работите што можат лесно да се менуваат, како што

се рекламирање на социјални медиуми, реклами преку пребарувачи, видео реклами и други видови дигитална промоција кои можат внимателно да се следат и да се прилагодуваат по потреба. На среден рок, во период од три до девет месеци, кога промените и влијанието не се така драматични како на краток рок, потребни се одредени прилагодувања на маркетинг стратегијата. Секоја компанија треба да направи проценка на планираните тактики на среден рок и истовремено треба да се фокусира и да стави среднорочен акцент на најкритичните линии на производи и услуги за кои постоела побарувачка за време на кризниот период на краток рок. Ова е исто така добро време за фокусирање на зголемен обем на производство и продажба со потенцијално пониска стапка на поврат на инвестициите од вообичаените во време на економска експанзија. Кога побарувачката е исклучително голема, високите стапки на поврат на инвестициите се луксуз што компаниите може да си го дозволат. Меѓутоа, како што побарувачката опаѓа, и доколку бизнисот може да го помине прагот на рентабилност, треба да вложи во маркетинг и промоција заради одржување на обемот на продажбата, дури и ако на среден рок како што кажав тоа ќе значи помал профит. Генерално, во време на ваква криза, целта е бизнисите да преживеат. Во однос на долгорочниот маркетинг во период до три години, иако не постои кристална топка која може да ги предвиди ефектите на кризата, препорачливо е да не се прават долгорочни промени во овој момент. Како што се менуваат условите и предвидувањата, бизнисите треба соодветно да ја прилагодат својата стратегија, но за сега, повеќето компании треба да издржат и да не прават драматични промени што може да предизвикаат проблеми на долг рок. XКако X реагираат брендовите ширум светот? Веќе има примери на инкорпорирање на концептот за социјална дистанца во својата рекламна комуникација. Во време на ваква криза, воопшто не е лесно да се водат маркетинг активности со предвидливи резултати. За само неколку недели, луѓето го префрлија фокусот на заштита на самите себе и своите семејства. Тоа се рефлектираше и во социјалните медиуми со пораки и молби за следење на упатствата од институциите за безбедност и заштита. Социјалното дистанцирање и седењето на луѓето во своите домови предизвика големи промени во трендот на однесувањето на потрошувачите. Генерално, луѓето се вратија на гледање телевизија и други премиум медиуми како извор на кредибилни и веродостојни информации. Исто така,

тие бараат нови начини на забава преку онлајн игри, гледање филмови преку стрим платформи и трошат уште повеќе време на социјални медиуми. Голем број компании го организираа своето работење на далечина, а училиштата и универзитетите преминаа на онлајн учење. Сето тоа има влијание на побарувачката која е сведена на неопходни производи за широка потрошувачка. Феноменот на инкорпорирање на концептот за социјална дистанца во рекламната комуникација е евидентен и може да се види од достапните статистички податоци на релевантни истражувачки организации кои истражувањата ги спроведуваат со онлајн алатки со вештачка интелигенција. Според податоците од истражувањата, од средината на март, се забележува пад од 30% во употребата на фотографии со „луѓе во интеракција“, а за сметка на тоа акцент е ставен на фотографии со социјално дистанцирање. Истовремено, забележано е зголемување од 600% на фотографии на луѓе кои мијат раце и лице. Забележливо е зголемување од 200% на фотографии и видеа поврзани со „чистота“, пред сè, допирање на лицето, кивање, кашлање, пиење, мирисање и чистење. Како резултат на голем број забрани за патувања, една студија откри дека има пад од 8% во употребата на фотографии со патувања во рекламните пораки, а истовремено има огромно зголемување на употребата на зборови како „одмор“ и „спиење“ во насловите и содржината на рекламните пораки, како и на емотиконите со маска за лице. Истата студија покажува дека најголемите огласувачи ги освежувале своите креативи на секои 10 дена и дека најголемите огласувачи креирале 271% повеќе рекламни пораки и инвестирале 2.5 пати повеќе во креативи во однос на малите огласувачи. XКако X ја гледате иднината на маркетингот, по оваа криза? Предвидувањата за фундаментални промени по кризата се водени од, би рекол, пристрасни перспективи на оние што ги прават - во реалноста, повеќето работи ќе се вратат на тоа како беа, при што може да се очекува засилување на динамиката на некои трендови кои постоеја и пред кризата. Тука, пред сè, мислам на трендот на дигитализацијата, онлајн купувањето, но и веројатно зголемување на локализацијата на среден рок. Според една студија неодамна објавена во Велика Британија, 60% од големите глобални организации идентификуваа нови процеси што можат да ги користат и по завршувањето на пандемијата и тоа пред сè, на полето на организацијата на работењето и комуникацијата во и надвор од


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

17

Предвидувањата за фундаментални промени по кризата се водени од, би рекол, пристрасни перспективи на оние што ги прават - во реалноста, повеќето работи ќе се вратат на тоа како беа, при што може да се очекува засилување на динамиката на некои трендови кои постоеја и пред кризата. Тука, пред сè, мислам на трендот на дигитализацијата, онлајн купувањето, но и веројатно зголемување на локализацијата на среден рок.

организацијата, иновации во маркетинг пораките и брендирањето, и иновации во производите и услугите. Во секој случај, ова се стратешки цели на секоја компанија во насока на интеграција на деловните процеси и зголемување на ефикасноста на истите. XКако X влијае кризата на вашето работење како универзитетски професор и како се адаптиравте на новите услови? Образованието беше една од дејностите која беше прва зафатена од мерките за справување со пандемијата преку затворање на објектите за настава на сите нивоа. Јас ја имам таа среќа да бидам дел од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, за кој можам слободно да кажам дека покрај високите стандарди во наставата и истражувањата, веќе подолг временски период ги поседува и најдобрите светски платформи за дигитализирана настава. За исклучително кратко време по воведувањето на мерките, комплетната настава на Универзитетот премина на хибриден начин на настава, што подразбира синхронизирано учење, односно настава на далечина преку видео - конференција, и асинхроно учење преку користење систем кој го раководи учењето (Learning management System – LMS). Со оглед на тоа дека ние сме единствената високообразовна институција во земјава и во регионот со меѓународна акредитација, платформите кои ги користиме се од врвни светски провајдери, одобрени од американското министерство за образование. LMS платформата веќе беше воспоставена, и ја надградивме верзијата на Moodle за да може да опфати и испитување преку платформата. Успешната имплементација се должи како на нашиот IT тим, така и на нашиот партнер од САД, Solaris Intelligence. За видео - конференциска платформа го избравме Webex, чија што успешна имплементација се должи на тимот на Cisco и од Скопје, но и од Калифорнија. Со тоа го задржавме непрекинат високиот квалитет на образование и настава, на задоволство на нашите студенти, наставници и технички персонал. Она што следува е серија на вебинари кои Универзитетот ќе ги организира на теми за економија и лидерство во криза, маркетинг и деловни стратегии во кризниот и посткризниот период, ексклузивно за членовите на деловниот совет и други асоцијации во кои членуваме како високо образовна институција. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

18

ТУРИЗАМ

ТУРИЗМОТ – НАЈПОГОДЕНИО

КАКО ЌЕ ПАТУВАМЕ (ПОСТ)КОРОН пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

Пандемијата на коронавирусот има разорен ефект врз туризмот во светот, а Светската туристичка организација (СТО) при ООН проценува дека меѓународниот туризам би можел да има пад од 80% оваа година, доведувајќи во ризик преку 100 милиони работни места. Патувањата се строго ограничени,

најголем дел од земјите во светот ги имаат затворено своите граници и туристичката активност во моментов е практично сведена на нула. Или како што покажува студија цитирана од британски Guardian, до крајот на април повеќе од 90% од светската популација, или 7,1 милијарди луѓе, живееле во земји коишто вовеле рестрикции за патување како последица на пандемијата. Во меѓувреме, земјите каде што туризмот е клучна економска гранка, веќе бараат начини како да спасат барем нешто од туристичката сезона.

Нов Зеланд и Австралија, како што пишува CNN, веројатно ќе пробаат со т.н. „патувачки балон“ (travel bubble), односно ќе ги дозволат посетите на своите граѓани меѓу двете држави – штом оценат дека тоа е доволно безбедно. Кина почна да дозволува патување во рамки на државата, иако границите се затворени за влегување на странци, освен во исклучителни прилики и со посебни дозволи. Тајланд разгледува опции за некакви специјални туристички области што повеќе ќе личат на карантин зони, одошто на ресорти.


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

19 Патувањата се строго ограничени, најголем дел од земјите во светот ги имаат затворено своите граници и туристичката активност во моментов е практично сведена на нула. Или како што покажува студија цитирана од британски Guardian, до крајот на април повеќе од 90% од светската популација, или 7,1 милијарди луѓе, живееле во земји коишто вовеле рестрикции за патување како последица на пандемијата. Во меѓувреме, земјите каде што туризмот е клучна економска гранка, веќе бараат начини како да спасат барем нешто од туристичката сезона.

ОТ БИЗНИС ОД ПАНДЕМИЈАТА

Е И ЌЕ УЖИВАМЕ ВО НА ВРЕМЕТО? Девет земји од различни краишта на планетава, но коишто досега се покажаа како најуспешни справувачи со пандемијата исто така бараат начини да направат своевидни патувачки балони, коридори и сл. Во својот втор телеконференциски состанок, одржан минатата недела, лидерите на Австрија, Грција, Израел, Норвешка, Данска, Чешка, Сингапур, Австралија и Нов Зеланд, се согласија дека како што секоја од нив ќе почне да го олабавува рестрикциите, ќе може и поединечно да има корист од ниските стапки на зараза со тоа што ќе

креира зони безбедни за туристите. Израел, Грција и Кипар – земји многу зависни од туризмот – веќе дискутираат за ваква зона во источниот Медитеран, и се надеваат делумно да се отворат за туристи од почетокот на јули. Грција ги објави и протоколите и мерките за тоа како ќе прима туристи претстојнава сезона (види рамка, н.з.). При разгледувањето на овие опции за регионални „балони“ и коридори, земјите бараат партнерски земји што генерално ја имаат ставено

епидемијата под контрола, и коишто имаат кредибилни статистики.

Туризмот како жртва на геополитиките

Експертите сметаат дека овие опции ќе останат во регионални рамки во прво време. Исто така, веројатно е дека ќе се прават “мостови“ со земји со коишто веќе се имаат силни геополитички врски, како што вели за CNN професорот по туристичка географија од Универзитетот Хонг Конг, Бенџамин Јакинто. Такви релации се на пример, оние помеѓу Австралија


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

20

ТУРИЗАМ

ГРЦИТЕ ОБЈАВИЈА КАКО ЌЕ СЕ ЛЕТУВА КАЈ НИВ Уверение дека патникот е негативен на Ковид-19 не постаро од 72 часа е дел од мерките и протоколите што Грција ги воведува за претстојнава туристичка сезона.

Г

рчкиот министер за туризам Харис Теохарис ги откри здравствените протоколи за хотели и аеродромски летови од странство, кои наскоро ќе се рестартираат. Бидејќи Грција се промовира и сугерира како една од најпогодните дестинации за годинешното лето, здравствените протоколи што ги следи земјата беа предмет на голем интерес. Како што објавија грчките медиуми, според најавите на министерот, неколку од потенцијалните регулативи се следниве: l За резервирање на лет преку интернат на странски патник кој сака да оди во Грција како дестинација, тој треба да има здравствено уверение дека не е позитивен на коронавирус, изваден во претходните 72 часа. Без овој документ, резервирање лет преку интернет не е можно. l Соодветно на тоа, грчките туристи со намера да патуваат во странство, треба да бидат проверени на 72 часа пред нивното патување, врз основа на транснационални договори. l На летовите од и кон Грција нема да има празни места, односно нивните капацитети ќе бидат полни, со цел воздушниот транспорт да биде финансиски одржлив. l Исто така, се предлага на летовите со траење од максимум четири часа да се сервираат само претходно спакувани ужини и без оброци. l Туристите заминуваат од земјата без никаква проверка, за да не се ризикува нивно заробување и карантин во Грција, што би претставувало демотивација за избор на нивната земја како дестинација за одмор.

и Нов Зеланд, коишто веќе работат на воспоставување на меѓусебен коридор. Во Азија, големото прашање ќе биде во врска со Кина – најголемиот светски „извозник“ на туристи.

l Во секој туристички регион во земјата, Министерството за туризам ќе изнајмува туристички сместувачки капацитет што ќе функционира како „хотел во карантин“, каде што ќе бидат префрлени туристите доколку се утврди дека се пренесувачи на коронавирус. l Секој хотелско - туристички капацитет е должен да склучи договор со лекар, кој лично или преку телемедицина треба да утврди дали одреден турист ќе биде подложен на тест за коронавирус. Овие тестови ќе треба да дадат резултат најдоцна во рок од 6 часа, со цел секој што смета дека е позитивен да биде префрлен во „хотели за карантин“. l Во секој хотел ќе биде направена специјална обука за персоналот, во врска со посебните правила за здравствена заштита. l Во хотелите нема да се служи во нивното бифе, туку ќе биде вклучена само услуга (со исклучок за многу мали хотелски единици). l Лежалките за сонце ќе бидат поставени оддалечено и ќе бидат покриени со покривка за една употреба за секој поединечен посетител што ќе дојде на плажа. Министерот за туризам исто така ги напомена предвидувањата за транснационални договори со земји како Бугарија, Израел, Кипар. Целта на споменатите договори е бесплатен трансфер и враќање на грчките тури во овие земји. Конечно, министерот предвидува дека иако приходот од минатата година од туризмот достигна 18 милијарди евра, приходот оваа година ќе биде, во најдобар случај, приближно 8 милијарди евра.

Истражувањата покажуваат дека кинеските туристи имаат навика да се држат до она што го познаваат и не патуваат предалеку, како што вели Бил Барнет, од меѓународната консултантска куќа C9 Hotelworks. Тоа

значи дека Тајланд, којшто привлекува 11 милиони кинески туристи годишно, би можела да биде една од земјите што меѓу првите ќе ги отвори границите за кинеските гости. Кина веројатно ќе биде помалку


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

21


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

22

ТУРИЗАМ

заинтересирана да дозволи патувања кон земји коишто периодов покажуваат антикинески сентимент, како што е Австралија, САД итн., смета Фреја Хигинс, предавач на Универзитетот на Јужна Австралија, истражувач на туризмот. „Сметам дека туризмот ќе биде погоден од геополитичките игри или стратегии што се случуваат периодов за да се добие предност во кризава“, вели таа. Секое ре-отворање на границите ќе биде постепено, сепак, со тоа што властите се подготвени да ги затворат повторно, доколку се врати епидемијата. Но, и покрај овие обиди со „балоните“ и коридорите, патувањата низ планетава очигледно дека ќе бидат силно погодени, дали преку затворените граници или со прописите за карантин и изолација. Велика Британија, една од земјите што релативно полабаво се однесуваше во поглед на карантинот во споредба со остатокот на светот, ги претстави своите планови пред неколку дена. Периодот на инкубација на вирусот значи дека повеќето земји ќе бараат двонеделна изолација при пристигнувањето. Ако тоа се пропишува и во земјите од каде што се патува и во земјите каде што се стигнува, ќе значи цел месец на карантин, со цел патниците да поминат било какво време во работа или одмор некаде на друго место освен во своите земји – што значи, ефективно крај за повеќето бизнис и туристички патувања. Овие делумни или целосни затворања на државите, иако имаат за цел да го заштитат здравјето на луѓето, носат огромни загуби за земјите зависни од туризмот или други видови на патувачки активности, како што се на пример, меѓународните патувања на студентите, итн. Овој притисок можеби ќе натера некои земји да го забрзаат отворањето на своите граници. „За места како Хаваи, Исланд или Нов Зеланд, сево ова значи дека треба драматично да ги реструктурираат своите економии за да не зависат од внатрешен или меѓународен туризам, што на краток и среден рок е практично невозможно. “, вели професор Линдзи Вајли од Универзитетот Вашингтон, за Guardian.

Ризици

Дури и делумно, контролираното рестартирање на патувањата носи ризици. Долгиот период на инкубација на коронавирусот значи дека поголемиот дел од најновите информации за моменталните случаи на зараза нема да ги опфати најновите кластери; па така, во земјите што ќе изгледаат дека се ослободиле од заразата можно е да „се крчкаат“

ДРЖАВАТА ЌЕ ПРОБА ПРЕКУ КАМПАЊАТА „ДОМА СИ Е ДОМА“ ДА СПАСИ ШТО МОЖЕ ДА СЕ СПАСИ ОД ДОМАШНИОТ ТУРИЗАМ

С

о новата онлајн кампања „Дома си е дома“ ќе се привлекуваат домашни туристи. На тој начин Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе се обиде да ги ублажи загубите во секторот. Во соработка со туристичките агенции и туроператорите, ќе ги понудат сите атракции што може да се видат во земјава. Со цел да ги привлечат домашните туристи, во понудите освен веќе познатите туристички дестинации и националните паркови, ќе понудат и авантуристички форми на туризам, рурален и еко - туризам. “Со кампањата ќе ги повикаме сите туристи кои што оваа година планираат да одат на одмор, а се оттука, тоа да го направат во земјава. Пред сè, говориме од фактот дека режимот во овој момент на патување е таков каков што е, но сè уште мислиме дека домашниот пазар и фокусирање на домашните туристи барем колку толку туризмот во 2020 година да нема огромни минуси”, вели Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот. Доколку се оствари позитивното сценарио и до крајот на овој или почетокот на следниот месец се отворат хотелите и приватните сместувања, според Јаневски, ќе може да се достигнат ланските бројки од домашни туристи. “Доколку пандемијата е во оној праг, во кој што се планира да биде, или во праг во кој што ќе може малку послободно да циркулираме, токму во нашите граници, очекувам дека бројката од 1,6 милиони ноќевања не е недостижна за 2020 година”, додава Јаневски. Сепак, останува отворено прашањето дали и колку странски туристи ќе ја посетат земјава, со оглед на неизвесноста од пандемијата. Лани околу 427.000 домашни туристи реализирале скоро 1,7 милиони ноќевања, што е 51% од вкупниот број ноќевања.


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI www.kapital.mk

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156

Капитал број 1062 15.05.2020

23


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

24

ТУРИЗАМ

ВО МАРТ ЗА 70% ПОМАЛКУ СТРАНСКИ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА, АПРИЛ ЌЕ БИДЕ СО НУЛА ГОСТИ, ПОРАДИ ЗАТВОРАЊЕТО НА ГРАНИЦИТЕ

П

о континуираниот раст на македонскиот туризам во изминатите неколку години, епидемијата на корона вирусот доведе до намалување на бројот на туристи во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во март 2020 година изнесувал 17.943, кои оствариле вкупно 41.948 ноќевања. Бројот на туристите во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бил намален за 67,3%, а бројот на ноќевањата е намален за 62,8%. Кај домашните туристи, намалувањето изнесува 60,5%, додека бројот на странски посетители опаднал за 70,4%.

неоткриени случаи на инфекција. Епидемијата во сојузната држава Њујорк во САД е типичен пример за тоа како неефективни може да бидат некои мерки за забрана на патувањата; заразата таму била „увезена“ веројатно од Италија, и тоа откако американската влада го забрани влезот на луѓе од Кина, но не и од Европа. „Мислам дека забраните за патување го одвлекуваат вниманието од тоа што треба да биде соодветно менаџирање на локалната трансмисија, тоа се случи во САД, каде што можевме да имаме политика на ‘тестирај, лоцирај, изолирај’, а ние се фокусиравме на забраните за патување“, вели професор Алекс Фелан, од Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон. „Како што и впрочем се покажа, ако воведуваш забрани за влез од поедини земји, секогаш ќе дејствуваш врз основа на податоци што се застарени“. А, ниедна забрана за патување не може да биде апсолутна; глобалните

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 50,3%, додека остварените ноќевања кај странските туристи се намалиле за 69,6%. Како резултат на остриот пад на бројките во март, туризмот во првиот квартал од годинава бележи негативни резултати во работењето. Бројот на туристи во периодот јануари - март 2020 година е намален за 18,3%, додека ноќевањата што ги оствариле домашните и странските туристи се намалиле за 19,7%. Пред појавата на корона вирусот, земјава во јануари и февруари 2020 година бележеше раст од околу десетина проценти на бројот на туристи во споредба со 2019 година.

синџири на снабдување подразбираат дека луѓето ќе продолжат да патуваат за да транспортираат стоки, додека многу меѓудржавни граници ќе бидат вака или онака порозни, па вирусот ќе се протне заедно со шверцуваните стоки и сл. „Вирусот е исклучително заразен. Нов Зеланд е островска земја, можеби е и способна да го спречи ширењето на заразата, изолирана е. Но, тоа е многу тешко за земји како САД, или евроазискиот континент“, додава проф. Фелан.

Што понатаму?

Со толку многу непознати за иднината на туризмот, во индустријата се води дебата околу тоа дали пандемијата ќе заврши со тоа што ќе го смени туризмот засекогаш - можеби дури и на подобро. Некои, како Барнет од C9, сметаат дека на крајот работите ќе се вратат во нормала. „Не велам дека ќе се случи денес или утре, ќе биде веројатно двегодишно

искачување по угорницата за да се вратат работите во нормала“, вели тој. Други, како Хигинс, ова го гледаат како можност за ресетирање - време да се размисли за решавање на долготрајните проблеми, како што се ефектите од прекумерниот туризам врз локалните култури и животната средина. „Има луѓе како мене кои велат дека треба да размислиме добро за сè“, вели Хигинс. „Ако ги правите нештата како што треба, каде што имате замисла за туризам којшто се заснова на принципите на фер однос, гостопримство, почит и добри релации – тогаш сите имаат корист од тоа затоа што тогаш се чувствувате добредојдени како турист“. Таа сака да го види туризмот кој е на некој начин помалку динамичен и стресен и со повеќе смисла - туризам кој не му носи корист само на патникот, туку и на локалните економии и локалните заедници. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

25

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ФАРМАЦЕВТСКАТА КОМПАНИЈА

„АЛКАЛОИД“ ГО РЕАЛИЗИРАШЕ ПРОЕКТОТ ЗА ГАСИФИКАЦИЈА НА ЛОКАЛИТЕТОТ ВО „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ Инвестициската активност е со вредност од 1 милион евра и опфаќа изведба на нов подземен гасовод на локалитетот, пуштање во употреба на два нови парни котли и санација на постојните инсталации.

В

Во согласност со планот за капитални вложувања за 2019 и за 2020 година, „Алкалоид“ АД Скопје реализираше инвестициска активност за приспособување и за воведување природен гас на локалитетот Ѓорче Петров. Инвестициската активност е со вредност од 1 милион евра и опфаќа изведба на нов подземен гасовод на локалитетот, пуштање во употреба на два нови парни котли и санација на постојните инсталации. Водејќи се од светските трендови за зголемување на енергетската ефикасност и за намалување на емисијата на стакленички гасови, стручните технички служби во компанијата – Инвестиции, Одржување и Енергетски менаџмент – изготвија план и решение за воведување на природниот гас на локалитетот. Извршена e набавка и пуштање во употреба на два нови парни котли и горилници со ниско количество на NOx-гасови од светски реномираните производители Viessmann и Saacke,

изработени во согласност со последните технолошки и инженерски достигнувања. Новоинсталираната опрема се карактеризира со исклучително висока енергетска ефикасност и искористеност на природниот гас, а направена е и модернизација на котларата, која опфаќа автономно работење од 72 часа без присуство на персонал. Со воведувањето на природниот гас во индустриските и енергетски капацитети на локалитетот Ѓорче Петров, се создаваат услови за негово максимално искористување, за поголема економичност во вкупната потрошувачка на енергенси во компанијата и за намалување на трошоците за одржување на постојната опрема. Како општествено одговорна компанија, која се грижи за животната средина и за здравјето на граѓаните, „Алкалоид“ придонесува за намалување на загадувањето и за исполнување на строгите еколошки стандарди во целост. Алкалоид, инаку, имаше одличен прв квартал годинава: консолидираните

приходи на компанијата се зголемени за 19% на 54,7 милиони евра, извозот е зголемен за 25%, додека нето добивката е поголема за 7%, на 5,1 милиони евра. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 5%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 25%. Од вкупните консолидирани продажби, 28% се остварени на домашен пазар, додека 72% се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 36%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 23%, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 11%, а на другите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. Во периодот јануари - март 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 56 нови вработувања во Р.С.Македонија. Со тоа, на крајот на март 2020 година во компанијата работат 1.684 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во земјата и во странство има вкупно 574 вработени или вкупно 2.258 вработени во групацијата. nnn


Капитал број 1062 15.05.2020

26

www.kapital.mk

БАНКИ

ПРЕДНОСТ Е ДА СЕ БИДЕ ДИГИТАЛНА БАНКА ВО ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СИТУАЦИЈА

Како прва дигитална банка на пазарот, ПроКредит Банка најголем дел од своите услуги ги нуди преку електронски канали на комуникација. Над 90% од клиентите на банката активно користат дебитни картички, електронско и мобилно банкарство и немаат потреба за посета во експозитура за голем број на операции.

Д

Додека COVID-19 вирусот предизвика промени во работењето на голем број бизниси и доведе до гужви и тешкотии за организирање на луѓето кои чекаат во ред, во ПроКредит Банка немаше промени и осцилации во оперативното работење на експозитурите. Без гужви и долги редици клиентите на банката беа опслужени преку безбедни и сигурни дигитални платформи и автоматизирани Зони 24/7.

Следејќи ги модерните европски трендови ПроКредит Банка беше првата банка во земјата која во 2015 година отвори Зона 24/7 и им понуди на клиентите автоматизирана услуга без ограничување во поглед на работно време и чекање во редици. Преку овие Зони 24/7 клиентите на банката во секое време од денот и ноќта може да уплатат и подигнат денари или евра, да вршат менувачница, да го користат сефот за дневен промет или сами да си испринтаат изводи и промет на сметка.


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

27 Да се биде дел од тимот на Советници за клиенти во ПроКредит Банка претставува мој личен предизвик и задоволство. Комуникацијата со нив ни овозможува да ги запознаеме нивните финансиски потреби и за секој клиент одделно да креираме целокупен сет на дигитални услуги со кои клиентот ќе може да си ги врши сите банкарски операции самостојно. Со овој начин на работа клиентите не зависат од работно време на експозитурите, може да вршат трансакции брзо и ефикасно каде и да се наоѓаат и може да не контактираат за консултации поврзани за кредитирање или штедни влогови. Во изминатиот период, за време на вонредната ситуација не осетивме позначајни промени во тековното работење. Нашите клиенти се веќе дигитализирани и немаат потреба да доаѓаат во банка за уплати, исплати или останат тип на плаќања. Работењето без гужви ми овозможува да бидам достапна за клиентите во секое време, да ги советувам за сите нивни прашања или специфични потреби или да ги процесирам нивните барања без тие да дојдат во експозитура., изјави Сања Митровска, Советник за клиенти во ПроКредит Банка Како прва дигитална банка на пазарот, ПроКредит Банка најголем дел од своите услуги ги нуди преку електронски канали на комуникација. Над 90% од клиентите на банката активно користат дебитни картички, електронско и мобилно банкарство и немаат потреба за посета во експозитура за голем број на операции. Kако уникатност во дигиталните услуги правните лица клиенти на банката имаат можност и за дигитално потпишување на договори преку безбедна и едноставна дигитална платформа. Оваа платформа и останатите услуги на ПроКредит Банка им овозможуваат на клиентите банка 24 часа насекаде со нив и може да управуваат со своите сметки од удобноста на својот дом

или канцеларија, без чекање во редови и дополнително загрозување на нивното и здравјето на нивните најблиски. Дигиталното банкарство носи предности и за вработените во експозитурите на ПроКредит Банка. Тие не вршат рутинско процесирање на налози и броење на готовина. Напротив вработените во експозитурите на ПроКредит Банка се советници за клиенти кои нудат стручен совет за клиентите заинтересирани за нови инвестиции, кредити или штедни влогови. ПроКредит Банка активно вложува во унапредување на нивните комуникациски и продажни вештини и организира голем број на обуки за вработените во експозитурите. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

28

ПОЛИТИКА

АНАЛИЗА НА БИЕПАГ: ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМ

КРИЗАТА Е И УДАР И ШАНСА ЗА РЕГИОНОТ! COVID -19

COVID -19

COVID-19

COVID -19 COVID-19

COVID -19


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

29 ИЈА

9

Клучни препораки за справување со кризата со КОВИД-19 во земјите на Западен Балкан и мерките преземени од владите се дел од опсежната анализа „Западен Балкан во време на пандемија“ на Советодавната група на Балканот во Европа (BiEPAG) чии што клучни поенти Капитал ги сумира и пренесува во овој број.

пишува:

Катерина Синадиновска

K

katerina.sinadinovska@kapital.mk

Клучни препораки за справување со кризата со КОВИД-19 во земјите на Западен Балкан и мерките преземени од владите се дел од опсежната анализа „Западен Балкан во време на пандемија“ на Советодавната група на Балканот во Европа (BiEPAG) чии што клучни поенти Капитал ги сумира и пренесува во овој број. Експертите од Советодавната група на Балканот во Европа ја препознаваат пандемијата како критична крстосница, како криза што може трајно да ги потресе и институциите и општествата. Истражувајќи девет критични полиња, анализата на БиЕПАГ ги истакнува начините на кои владите одговорија на пандемијата во областите: 1. Улогата на државата, 2. Демократија и држава 3. Геополитички смени 4. Нов национализам 5. Социјална еластичност 6. Влијание врз животната средина 7. Миграција и здравствена заштита 8. Здравствена заштита и социјална сигурност, и 9. Економски импликации. Во однос на сите критични полиња, студијата ги испитува влијанието и можните контури, ризици и можности пред да се идентификуваат специфични интервенции што можат да го спречат најлоши последици за чувствителниот регион.

COVID -19

Пандемијата не може да биде оправдување за суспензија на демократијата

Во клучните пораки од извештајот стои таа дека во својот итен одговор, ЕУ треба да ги вклучи сите земји од Западен Балкан во своите планови за помош без оглед на нивниот моментален статус во процесот на пристапни разговори. Целосното вклучување на регионот е од суштинско значење за да се спречат сериозни економски последици и да се овозможи геополитичкиот напредок.

Притоа, поддршката за надминување на пост-кризниот економски и социјален план треба да биде условена од мерките за намалување на заробувањето на државата. Токму во оваа насока се движи и забелешката дека пандемијата не може да биде изговор за неограничено суспендирање на демократијата и дека ограничувањата на граѓанските слободи мора да бидат привремени, пропорционални и транспарентни и затоа треба да се идентификуваат и следат ограничувањата во врска со демократските институции и граѓанските слободи кои се дозволени за време на вонредна состојба на Западен Балкан. Во анализата исто така се вели дека еколошката криза во регионот нема да биде решена, без разлика на комбинацијата на намален сообраќај за време на карантин. Нивоата на загадување на воздухот ја отворија повторно итноста на одлучувачко дејствување при регулирање на тешката индустрија: многу големи фабрики продолжуваат да ги кршат еколошките стандарди и да го загрозуваат здравјето на граѓаните. За решавање на економските и социјалните последици, владите треба да ги поддржат малите и средни претпријатија и истовремено да обезбедат снабдување со храна за ранливите групи. Постои краткорочна и долгорочна потреба за подобрување на квалитетот на болниците во однос на опрема, соодветна набавка на лекови и намалување на пренатрупаноста на акутни болнички одделенија, заедно со покачување на платите во болничкиот персонал за да се обезбеди нивно задржување. А потребен е и заеднички пристап на владите и земјите членки на ЕУ за решавање на недостиг на медицинскиот персонал поради иселувањето од регионот, што става дополнителен притисок врз здравствената заштита. Треба да им се овозможи пристап до ранливите групи и воопшто - внимателна мешавина на краткорочни и долгорочни мерки за да се спречи пандемијата да се претвори во трајна катастрофа за Западен Балкан, се вели во анализата.

Криза како крстопат

Кризата исто така даде и поголема видливост на многу структурни слабости во регионот, од слабата


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

30

ПОЛИТИКА

ЕУ треба да ги вклучи земјите од СБ во своите планови за обновување по пандемијата, со предлагање на дополнителни средства за ублажување на економските и социјалните последици во земјите, а Фондот за солидарност треба да биде достапен за сите“ здравствена заштита и здравствени системи, ниската доверба во државата, слабата демократија и тенденциите кон заробување на државата, но истовремено и будење на граѓанската свест и зголемена солидарност меѓу граѓаните. Потребно е да се стави фокусот на вниманието на слабостите за да може да се помогне во справувањето со нив и градењето на поотпорни општества. Оваа анализа ја утврдува пандемијата COVID-19 како критична крстосница и како криза што може трајно да ги разниша институциите и општествата. Има значителни опасности од влијанието на пандемијата врз човечките животи,почнувајќи од економска криза која може да се покаже како полоша од таа во 2008/9 година, до засилена криза на демократијата и геополитичка промена.

Интеграцијата мора да продолжи

Март 2020 година можеше да биде добар месец за Западен Балкан, се вели во делот посветен на европските перспективи на регионот. Одложувајќи ја одлуката повеќе од една и пол година, членките на ЕУ го осветлија почетокот на разговорите за пристапување со Албанија и Северна Македонија. Само неколку дена подоцна Северна Македонија влезе во НАТО како 30-та членка. „Ниту еден месец во последните години не би понудил толку надеж дека моќната

врска кон реформи и евроатлантските интеграции е жива. Сепак, овие достигнувања што дојде по долгогодишно чекање, особено за Северна Македонија беа засенети од глобалната пандемија. Границите се затворени, економиите пропаднаа, вонредни состојби беа воведени во сите земји, официјално или де факто, граѓаните се во карантин, изборите се одложени и пандемијата претставува истовремено и смртоносна закана за луѓето во Западен Балкан, како и на друго место во светот. Притоа, времетраењето и должината на вонредната состојба останува непозната. Сепак, јасно е дека брзо враќање на статусот пред пандемијата не е веројатно.“ Како што се истакнува во оваа анализа, потенцијалните последици за државните ресурси, особено за системите за здравствена заштита кои се кревки и не се во состојба да се справат со појавата на КОВИД-19. можат да бидат катастрофални, особено ако се има предвид какви беа последиците врз здравствените системи на Италија, Шпанија или Франција, што се многу подобро опремени. Демократиите се слаби и институциите кршливи и со тоа претставуваат ризик за да не можат да се опорават брзо од преземени итни мерки во целиот регион. Самитот за Западен Балкан-ЕУ планиран за мај 2020 година под покровителство на хрватското претседателство

ИВАН КРАСТЕВ политиколог

Ќе бидеме сведоци на зајакнување на национализмот во ЕУ. Нештата може да се развијат поинаку на Балканот каде има длабоко вкоренета историја на етнички национализам и националистичка поларизација. Национализмот не се вратил на Балканот, бидејќи тој никогаш не ни исчезнал од местото на настанот, почнувајќи од деведесеттите години од минатиот век.


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

31


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

32

ПОЛИТИКА

Нема единствен исход од пандемијата и се' зависи од тоа какви чекори сега преземаат владите и другите релевантни актери, како што е ЕУ, со цел да се избегне најлошо сценарио. Предвидувањето на иднината е секогаш ризичен потфат за научници и аналитичари, а особено во моменти на глобален шок. Не знаеме колку ќе трае сегашната состојба, ниту што ќе биде исходот, па наместо да го предвидуваме исходот, ние ќе прикажеме критички полиња и спротивставени и конкурентни трендови кои станаа видливи во текот на кризата во последните неколку недели, се вели во анализата.

ЕУ да го вклучи регионот во своите програми за помош

Високо на препораките до ЕУ котира онаа во која се предлага продолжување на процесот на интеграција преку новата методологија, оти официјално одобрување за отворање преговори испрати силен сигнал и следните чекори треба да одат во иста насока. „ЕУ исто така треба да ги вклучи земјите од СБ во своите планови за обновување по пандемијата, со предлагање на дополнителни средства за ублажување на економските и социјалните последици од пандемијата во земјите, а Фондот за солидарност треба да биде достапен за сите“ Понатаму, се предлага сите идни планови на ЕУ да ја подобрат координацијата за итни случаи и ситуации предизвикани од пандемија и треба да ги вклучат властите од јавното здравство од земјите на ЗБ со што ќе се зајакне кредибилитет на интеграцијата, воопшто. ЕУ исто така треба да продолжи да бара поголема транспарентност во билатералните договори меѓу земјите од ЗБ и кинеските компании, како и примена на правилата на ЕУ кои регулираат набавки и државна помош. Покрај тоа, треба да ја подобри и размената на информации и да ја разгледа употребата на „хајтек“ кинеска опрема што може да се користи за контрола на граѓаните или загрозување на нивните слободи и права.

Рецесијата е неминовна, требаат заеднички чекори

Во анализата се наведува дека Северна Македонија, закрепнала во индустријата на производството преку нови работни места и дека пандемијата на вирусот нагло го запрела тој тренд, така што се предвидува рецесија за 2020 година, според некои процени односно пад на БДП од 3-5%. Може да се земе предвид дека глобалните последици зависат од два фактори. Прво, од капацитетот на здравствените системи да се справат со ситуацијата и второ, од состојбата на јавните финансии на земјите (а со тоа и нивните

ПОГРЕШНОТО ИНФОРМИРАЊЕ ЈА УНИШТУВА ДОВЕРБАТА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ

З

емјите се поплавени од теории на заговор и лажни вести, преку мејнстрим и социјални медиуми, внесувајќи страв, гласини и предрасуди. Медиумите контролирани од Владата во Србија, како Курир и Информатор сеат паника и ја влошуваат ситуацијата. Ширењето на паника и лажни вести е силно распространето и во Босна и Херцеговина како што забележуваат претставниците на ОБСЕ. Дефицитот на доверливи и точни информации, комбинирани со неодговорни изјави на владини претставници, додава на колективниот стрес и ја уништува довербата во државата. На пример, Бранимир Несторовиќ, доктор и член на работната група за борба против ширењето на пандемијата, кон крајот на Февруари во Србија порача дека коронавирусот е најсмешниот вирус на светот и дека жените комотно можат да си одат на шопинг во Италија на прес-конференција заедно со српскиот претседател. Неколку медиуми во регионот шират тврдења дека населението ќе стекне колективен генетски имунитет или промовираат лажни лекови. Од друга страна, владите ги злоупотребија овластувањата за вонредни состојби за да се спасат од критика, како што е прикажано на пример со апсењето на новинарката Ана Лалиќ која ја критикуваше подготвеноста на здравствениот систем во Војводина. Таа беше брзо ослободена, но ова ги потенцираше опасностите од реакција на државата и кон реалните и кон наводно лажните вести. Погрешно известување, вклучително и од медиуми блиски до владите, како и погрешни изјави од самите влади, ја еродираа општествената доверба, вклучително и довербата на граѓаните во државата. Како резултат, некои граѓани несериозно ги примија препорачаните мерки за заклучување и карантин. Надворешните фактори, вклучително и ЕУ, не можат да ги учат владите на Западен Балкан како искрено да се грижат за своите граѓани, но можат да направат напор да ги поддржат столбовите на довербата, медиумите, јавните здравствени услуги и економијата, оти има начини како да се зајакнат државите во време на кризи, без тоа да резултира со целосен авторитаризам', се вели во анализата.

можности) да се обезбеди поддршка на работниците и компаниите за време на кризата). Од двете основи, изгледите за Западен Балкан не се многу оптимистички. Клучни интервенции кои се предлагаат во ова поле се: u Владите да обезбедат поддршка за ликвидност на малите и средни претпријатија u Владите мора да организираат снабдување со храна за

сиромашните и старите лица

u Треба да се преземат мерки за

поддршка на мигрантите кои се враќаат, особено на оние коишто ги загубија своите работни места во ЕУ, како и на оние што се вратија во текот на почетните фази на пандемија. u Сите шест земји од Западен Балкан мора да бидат вклучени во механизмите за помошта на ЕУ за решавање на економските последици од пандемијата. nnn



Капитал број 1062 15.05.2020

34

КОЛУМНА

ДАЛИ НА ЕУ Ѝ СЕ ЗАКАНУВА ГУБЕЊ

ЈОСИП ЈУРАТОВИЌ

германски парламентарец

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, Словенија, редовно ги анализира случувањата на Блискиот исток и на Балканот. Јосип Јуратовиќ (SPD), социјалдемократ и член на германскиот Бундестаг во четвртиот мандат, член на комисијата за надворешна политика и претседател на парламентарната група за Западен Балкан и потпретседател на севернo јадранската парламентарна група (Хрватска и Словенија) го споделува својот поглед за ЕУ и глобалната криза, односно дали Европа е загрозена од губење на нејзините социо - политички вредности.

ЕВРОПА Н В „Вредностите врз коишто е основана Европската унија се почитување на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата. Овие вредности се вообичаени за сите земји-членки во заедницата што се карактеризира со плурализам, недискриминација, толеранција, правда, солидарност и еднаквост меѓу жените и мажите “. Слично на членот од германскиот устав, член 1 од Лисабонскиот договор формулира заеднички вредности според кои Европската унија се смета за обединета. Меѓутоа, кога тие вредности се соочуваат со тековното и натамошно продлабочување на економските нерамнотежи од 2008 година, миграциските движења поттикнати од кризи од нивното опкружување и сега пандемија на корона, ова објаснување се чини дека е повеќе од кога било документ од некакви дамнешни времиња. Европската унија е на крстопат и сите нејзини членки, особено Германија, сега мора да одлучат: дали конечно треба да дејствуваме во согласност со овие вредности или да го погребеме заедно со нив сонот за обединет континент којшто значи повеќе од само збир на неколку држави? На крајот на краиштата, каде е почитта кон човековото достоинство ако не успеавме да го решиме проблемот со камповите на Лезбос и на другите грчки острови, каде што десетици илјади луѓе преживуваат во неизвесност за својата судбина, во калта и мизеријата? Ако дури и во време на Велигден, најголемиот верски празник на христијаните свесно им дозволуваме на бегалците во Средоземното Море да се удават? Каде е слободата, ако како прва реакција на ширењето на коронавирусот ги подигнавме европските граници без никакви докази за ефективноста на оваа мерка? Каде се демократијата и владеењето на правото ако се спротивставуваме на систематско

загрозување на овие принципи во Унгарија и Полска, само со протестни ноти и најава за построг надзор? И, конечно, каде е вистинската солидарност да застанеме едни зад други во тековната криза? Ова е посебно прашање што ние Германците мора да го поставиме - како што рече сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во својот велигденски говор: „Триесет години по германското единство, 75 години по завршувањето на војната, ние Германците не сме само повикани на солидарност во Европа – ние сме обврзани на тоа! “

Солидарноста изгледа поинаку

Секако, донирањето респиратори и преземањето на пациенти на интензивна нега е убав гест - но тие се капка во море, среде огромните страдања што во моментов ги доживуваат Шпанија и Италија, но и Франција, заради вирусот „Ковид-19“. И неодамнешниот договор на министрите за финансии во еврозоната може да изгледа енормно значајно на хартија, како што забележа и холандскиот министер за финансии, Вопке Хоекстра, но „намерно е нејасен“, така што сите страни би можеле да ги напуштат преговорите со чист образ. Ова им дава на јужните европски земји пристап до дополнителни кредити за време на кризата - но така само се префрла проблемот во иднина и истовремено ја продлабочува економската нерамнотежа во Европа. Затоа што начинот за тоа како земјите, особено Италија, треба да ги вратат своите економии на вистинскиот пат и во исто време да го намалат огромниот државен долг останува нејасен - без заедничко решение, ова е само уште построг начин на штедење отколку во последните две децении, државен банкрот или излез на Италија од еврозоната и евентуално ЕУ со катастрофални последици за целиот континент. Сепак, не, солидарноста изгледа поинаку. Мораме да донесеме одлука: Дали прифаќаме забрзување на пропаѓањето на ЕУ како ништо помалку или повеќе од една голема економска област? Пазар на кој националните држави самите си ја следат својата економска цел, без каква било форма на заеднички вредности или идеалистички цели на цивилизациска величина? Или ја користиме оваа криза


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

35

ЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНО – ПОЛИТИЧКИТЕ ВРЕДНОСТИ

НА КРСТОПАТ

за да направиме јасен прекин на внатрешното пропаѓање од последниве години и да отвориме ново поглавје - како што направија европските основачи од 1950 - те и 1960-те со основањето на Европската заедница, а подоцна во 1980-те и Хелмут Кол, Франсоа Митеран, Жак Делор и другите направија со Договорот од Мастрихт и еврото.

Соединети држави на Европа

Исто како и тогаш, ваквиот потег ќе бара политичкото лидерство и визиите да бидат подготвени за тешко убедување околу ризиците и компромисите. Во 2018 година, на хартија потпишавме со коалициски договор на германската влада „нов почеток за Европа“, а францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, долго време ја држи раката испружена. Токму денес, соочувајќи се со оваа

криза, имаме можност да создадеме нова Европа. Имаме можност да создадеме Европа на солидарност, економија на социјална и еколошка одговорност, со еднакви можности ширум ЕУ, да обезбедиме сигурна иднина за следните генерации. Европа базирана на вековна борба за демократски вредности и слободи, која може да биде заштитена само со репрезентативна демократија, токму онаква каква што автократските режими како оние на Виктор Орбан и Јарослав Качински сакаат да ја уништат со злоупотреба на демократските слободи со цел да ги укинат. Заблудите за божемните национални самоопределувања на Западен Балкан ни покажаа дека е тоа само механизам за заштита на криминалните организации додека нивните нации тонат длабоко во сиромаштија, а нивните деца ги напуштаат земјите во

правец кон оние кои не зборуваат за национални определувања, туку знаат дека само рационално размислувајќи и барајќи партнерства, тие можат да ја обезбедат својата иднина. И за тоа им се потребни функционални институции на демократски темели. Само силна и обединета Европа, како домашно така и надворешно, може да ги решава глобалните проблеми на исто ниво како една Америка, Русија или Кина. Затоа што токму во тие земји владеат режими кои се подготвени за договор само од позиција на сила. Затоа е потребно под итно да се следи патот кон Соединетите држави на Европа, по примерот на Соединетите држави на Америка. Овој чекор мора да го започнат токму Франција и Германија и да бидат пример за другите земји од ЕУ со давање дел од нивниот суверенитет за суверена и со тоа побезбедна Европа. Што чекаме? nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

36

ЛИДЕРСТВО

KNOW – HOW ЗА МЕНАЏЕРИ

КАКО ДА ГО ПРЕДВО СВОЈОТ ТИМ ВО ПО ПАНДЕМИЧНИОТ С Harvard Business Review

З

За време на кризава „Ковид-19“, низ разговорите со многу извршни директори направени од страна на HBR, тие споделиле дека клучен приоритет за нив, секако, е безбедноста и благосостојбата на нивните вработени. И има многу примери на инспиративни активности преземени од извршни директори и компании за поддршка на нивните вработени. Но, бидејќи сфаќаме

дека оваа криза ќе трае повеќе од неколку недели, компаниите сега ги дефинираат своите пристапи за еден подолг период. HBR забележал две клучни идеи до коишто се држат корпоративните лидери. 1) Со оглед на големината на шокот и предизвиците што ги поставува оваа криза, компаниите мора да го земат предвид целиот спектар на потребите на своите вработени како индивидуи. Секако, безбедноста е суштинска, но исто така е важно да се одговори и на потребите на

повисоко ниво, како што е потребата за вистината, стабилноста, автентичните врски, самодовербата, растот и значењето во контекст на кризата. 2) Многу извршни директори започнаа да размислуваат за оваа криза во три фази. Може да се назначат различни имиња или специфични должини на овие фази, но сите тие грубо се мапираат на три различни временски хоризонти: фаза на „засолниште“, фаза за повторно отворање на бизнисите и фаза пост - Ковид-19.


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

37 Со оглед на големината на шокот и предизвиците што ги поставува оваа криза, компаниите мора да го земат предвид целиот спектар на потребите на своите вработени како индивидуи. Секако, безбедноста е суштинска, но исто така е важно да се одговори и на потребите на повисоко ниво, како што е потребата за вистината, стабилноста, автентичните врски, самодовербата, растот и значењето во контекст на кризата. Многу извршни директори започнаа да размислуваат за оваа криза во три фази. Може да се назначат различни имиња или специфични должини на овие фази, но сите тие грубо се мапираат на три различни временски хоризонти: фаза на „засолниште“, фаза на повторно отворање на бизнисите и фаза пост - Ковид-19.

ОДИТЕ ОСТ – СВЕТ Кога овие две идеи ќе се искомбинираат, лидерите можат да работат и да раководат поефикасно со динамично прилагодување на начинот на кој тие се грижат за своите вработени преку уникатните предизвици на секоја фаза. Следи дискусија за тоа како компаниите ги адресираат и како можат да ги задоволат потребите на работниците во секоја фаза.

Човековите потреби во фазата на „засолниште“ Во текот на оваа прва фаза,

компаниите се обидоа да обезбедат физичка безбедност на нивните работници. Голем број компании имаат спроведено мерки за работа од дома, а ги дезинфицираа работните околини во случаите кога работата е од суштинско значење и менуваа различни модели на работа - испорака без контакт, на пример. Покрај безбедноста, тие работат и да пружат сигурност. Многу компании се трудеа да ги задржат луѓето на платниот список што е можно подолго - дури и ако тоа бараше принуден одмор - и зголемена плата за работници на најистурените позиции. Некои формираа фондови за помош на вработените за да се задоволат итните потреби. Во некои компании, топ менаџерите и членовите на управните одбори си ги скратија платите; доста компании, пак, имаат најдено решенија за грижа за децата на вработените и им овозможија екстра време на работниците за да се грижат за најблиските. Постојат и компании што одат уште повисоко во нивоата на задоволување на потребите, обидувајќи се да се грижат за менталното здравје на своите вработени. Тие комуницираат со своите вработени често, конзистентно, транспарентно и искрено, барајќи начини со што повеќе човечки допир - користејќи видео, а не само писмена комуникација, воведување на редовни термини за кафе пауза или дружење, како и обезбедување директен пристап до менаџментот и колегите. Уште повеќе, некои компании имаат воведено опции за поддршка на менталното здравје за менаџерите и вработените, вклучувајќи ги и сесиите за јога и медитација, за да им помогнат на вработените да се снајдат во овие кризни времиња и да го задржат својот здрав разум. Како лидерите можат да ги препознаат потребите од повисоко ниво на своите работници во текот на оваа фаза? Често за време на криза, си мислиме

дека прототипoт на мажествен лидер суперхерој е оној што нè води низ проблематично време: да се биде најсилен; да се биде самоуверен; да се зрачи со непогрешливост и сл . Ова можеби и да не е најдобриот модел на лидерство во сегашнава ситуација. Се разбира, ни требаат лидери кои имаат одлични аналитички умови, способни за решавање проблеми, лидери кои се одлични во донесувањето одлуки засновани врз факти. Но, исто така ни требаат водачи кои можат да покажат ранливост и емпатија. Интересно е да се забележи дека многу земји што се чини дека најефективно минуваат низ оваа криза (Германија, Тајван, Нов Зеланд, Исланд, Финска, Норвешка и Данска) се предводени од жени и дека нивните водачи се чини дека комбинираат на наука заснован пристап со повеќе човечки допир. Последно, но не и најмалку важно, дури и сега во оваа „фаза на засолниште“, гледаме многу компании кои се трудат дејствијата што ги преземаат да се поврзани со целта на компанијата. Како пример, во „Best Buy“, голем американски синџир на продавници за потрошувачка електроника, таа дефинирана цел е да се збогатат животите на луѓето преку технологија и затоа компанијата се фокусираше да овозможи на своите клиенти да работат и учат од дома. Многу компании, исто така, ги мобилизираат своите ресурси за поддршка на заедницата на начин што е врзан за нивната цел, дури и ако тоа во почетокот не е воопшто очигледно. „Ralph Lauren“, чија цел како компанија е да го инспирира сонот за подобар живот, можеби не изгледа како да има улога во кризава, но сепак ги мобилизираше врските со снабдувачите со цел производство на маски и наметки за здравствените работници во првите редови.

Човечките потреби во фазата на повторно отворање

Внимателно, многу компании започнаа да планираат како повторно да ги


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

38

ЛИДЕРСТВО

Се разбира, ни требаат лидери кои имаат одлични аналитички умови, способни за решавање проблеми, лидери кои се одлични во донесувањето одлуки засновани врз факти. Но, исто така ни требаат водачи кои можат да покажат ранливост и емпатија. Интересно е да се забележи дека многу земји што се чини дека најефективно минуваат низ оваа криза (Германија, Тајван, Нов Зеланд, Исланд, Финска, Норвешка и Данска) се предводени од жени и дека нивните водачи се чини дека комбинираат на наука заснован пристап со повеќе човечки допир.

почнат своите деловни активности - процес за којшто веќе знаеме, најверојатно, дека ќе биде долг и напорен. Бидејќи се подготвуваат за следната фаза, тие треба да продолжат да го разгледуваат широкиот спектар на потребите на своите вработени, освен самото создавање физички безбедно работно место. На пример, компаниите треба да ги разгледаат следниве мерки што опфаќаат целосен опсег на човечки потреби, од основни до напредни: u Дефинирање на условите што ќе обезбедат безбедно повторно отворање на бизнисите, од домашни услуги до канцеларии и продавници. u Враќање на што е можно повеќе луѓе. Компаниите секако ќе треба да решат колку вработени можат да повикаат назад и како ќе комуницираат со останатите што ќе останат дома сè уште. u Обезбедување на постојана, искрена комуникација со ангажираните работници и оние што се на принуден одмор, на начин што е хуман и грижлив. Објаснување на вработените дека светот се менува, охрабрување на организацијата да се „ресетира“ наспроти обично „рестартирање“ и да се истакне исто така, дека некои работи не се менуваат, како што е основниот фокус и вредностите на компанијата. u Обрнување посебно внимание на тековната комуникација со вработените што се на принуден одмор. u Помагање на вработените што се ангажирани на работа да се

справат со чувството на „вина“ што произлегува од фактот дека вработениот е активен и платен додека голем број негови колеги и пријатели не се. Ќе биде важно да се потенцира улогата што тие можат да ја имаат за да се вратат што повеќе од колегите на работа. u Одбележување на инспиративни вести. Добрата вест му помага на менталното здравје на работниците, што веројатно е загрозено сега. u Нагласување на тоа како активностите на компанијата придонесуваат за општото добро и прават разлика во животот на луѓето. Дефинирање на тоа како компанијата е во состојба да продолжи да ја поддржува локалната заедница. Клучен услов за компаниите во оваа фаза е да избегнуваат премногу општи политики што не ги земаат предвид различните околности со кои се соочуваат различни вработени. На пример, компаниите мора да се запрашаат, кои вработени се над 60-годишна возраст и затоа се поранливи при повторното отворање? Како тие се третираат? Кои вработени го немаат потребниот простор и инфраструктура во својот дом за да можат да работат продуктивно, и затоа би биле кандидати да се вратат во канцеларијата порано? Колку вработени страдаат од проблеми со менталното здравје што можат да бидат влошени со социјалната изолација? Во колкава мера некои

вработени имаат длабока потреба од социјални интеракции што значи дека е битно тие да бидат порано вратени на работа? Подлабоко разбирање на потребите на работниците, од само безбедноста како таква, ќе овозможи подобра фаза на повторно отворање.

Човечките потреби во пост Ковид – 19 фазата

Ќе помине извесно време додека не стигнеме до оваа фаза, но компаниите мора да почнат да ја разгледуваат и да се подготват за неа. За некои компании, како оние во туристичкиот сектор, ова може да биде фаза на тежок предизвик, бидејќи падот на потрошувачката има потенцијал драматично да влијае на одредени деловни активности, што може да се претвори во значителни намалувања на приходите, трошоците и на работната сила. Ризик за многу компании ќе биде да ја изгубат надежта во нивната способност да сторат повеќе одошто едноставно да се претворат во помала компанија. Ова е моментот каде што можат да се посветат на талентот и чувството на своите вработени дека можат да постигнат повеќе. Бидејќи компаниите всушност започнуваат да работат на креирање иднина што сè уште не постои, би било мудро да го мобилизираат разбирањето на бизнисот и чувството за цел на своите вработени како придонес во нивниот процес на планирање. Една хипотеза што ја имаат од HBR е дека силниот фокус кон целта на компанијата, наспроти постојниот


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

39


Капитал број 1062 15.05.2020

40

www.kapital.mk

ЛИДЕРСТВО

Постојат и компании што одат уште повисоко во нивоата на задоволување на потребите, обидувајќи се да се грижат за менталното здравје на своите вработени. Тие комуницираат со своите вработени често, конзистентно, транспарентно и искрено, барајќи начини со што повеќе човечки допир - користејќи видео, а не само писмена комуникација, воведување на редовни термини за кафе пауза или дружење, како и обезбедување директен пристап до менаџментот и колегите. деловен модел, може да открие и ослободи значителен потенцијал за нов раст. Ова е она што Best Buy го доживеа кога ја прифати својата цел да го збогати животите на луѓето преку технологијата. Компанијата ја „отклучи“ латентната побарувачка за која не знаеше дека е всушност тука, преку програма за “домашни советници“ и нови услуги за техничка поддршка. Компанијата исто така влезе и на пазар за здравствени услуги, користејќи технологија за да им помогне на постарите лица да престојуваат подолго дома. Компанијата можеше, инаку, веднаш да се сврти кон кратење на трошоците и намалување на персоналот. Наместо тоа, таа откри нови начини за раст и начини да се задржи и расте бројот на вработени. Слично на ова, во тековнава криза, компаниите може да сфатат дека е време да ги најдат оние нови области на побарувачка за исполнување на својата цел. Како последна мисла за оваа фаза, останувањето во контакт со вработените што се на принуден одмор ќе им овозможи на компаниите повторно да ги вработат овие луѓе, било поради тоа што ќе се појават нови можности за работа, нови приходи, итн. Како тоа компаниите и лидерите ќе пристапуваат кон трите фази на оваа криза и ќе ги третираат сите нивни засегнати страни - почнувајќи од нивните вработени и со целиот опсег на нивните човечки потреби – тоа ќе бидат вистински „моменти кои се важни“ за нивните вработени, придонесувајќи за нивото на приврзаност (или не) што вработените ќе го имаат кон компанијата во иднина и можноста компанијата да напредува и да излезе од кризата. nnn


КАКО СЛАТКИТЕ ПРОИЗВОДИ НЀ ПРАВАТ СРЕЌНИ? Пишува Проф. д-р Диана Белевска, психолог и психотерапевт Новите случувања со корона вирусот во нашата земја, и пошироко во светот, се навистина вознемирувачки и влијаат на нашата ментална состојба. Согласно препораките, потребно е да ги почитуваме мерките за заштита од корона вирусот, но во исто време да се грижиме и за нашето ментално и емоционално здравје во услови на пандемија. Дали знаевте дека кондиторските производи можат да ви помогнат да се справите со секојдневниот стрес и да го подобрите вашето расположение?

Да, бројни истражувања ги потврдуваат бенефитите од консумирање на слатки производи! Слатките поизводи навистина имаат „супермоќ“, а во продолжение се неколку факти кои тоа го потврдуваат: 1.Јадењето на слатка храна го подобрува расположението бидејќи ја зголемува енергијата и доведува до зголемување на нивото на серотонин во мозокот – Серотонинот е хормон на среќата 2.Слатките производи влијаат на когнитивните мозочни функции, па луѓето кои ги консумираат подолго можат да останат фокусирани на тешки и предизвикувачки задачи; 3.Флавоноидите, магнезиумот и екстрактот од какао наречен лавадо, кои се составен дел на многу кондиторски производи, ги штитат нервите и ја подобруваат меморијата, особено кај повозрасните; 4.Антиоксидантите кои се наоѓаат во чоколадото помагаат во забавување на процесот на стареeње; 5.Луѓето кои консумираат чоколадо имаат четири пати помалку ризик да развијат депресија од оние кои воопшто не консумираат; 6.Неодамнешните истражувања покажуваат дека луѓето кои сакаат слатки работи се повеќе пријателски расположени, сочувствителни и да, послатки!

Животот е сладок, а такви се и производите на Vincinni. Консумирајте ги во препорачаните количини и грижете се за своето здравје и за здравјето на другите!


Капитал број 1062 15.05.2020

42

ПРОФИЛ Седиштето на Salesforce е во Сан Франциско, во Salesforce Tower, највисоката зграда во градот, и втора највисока западно од Мисисипи во САД.

МАРК БЕНИОФ ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА SALESFORCE

ГОЛЕМ БРОЈ КОМПАНИСКИ ШЕФОВИ СÈ УШТЕ ИМААТ ИСПРАН МОЗОК Првиот човек на американскиот софтверски гигант Salesforce се залага за нова, попрогресивна форма на капитализмот.


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

43


Капитал број 1062 15.05.2020

44

ПРОФИЛ

М

Марк Бениоф е препознатлив по блескавите облакодери што ги одбира за седишта на својата компанија, контроверзните говори што ги дава во Давос и екстравагантните корпоративни конференции. Но, за време на локдаунот поради пандемијата, ноќите ги поминува на ист начин како и милиони други на планетава: забави со пијачки преку Zoom. „Имав некои приватни коктел ноќи со дел од моите клиенти, да поразговараме, како им оди и сл.“, му кажал Бениоф на лондонски Telegraph деновиве. Бениоф, милијардер, основач и главен извршен директор на американскиот софтверски гигант Salesforce, ретко ги избегнува рефлекторите на јавноста. Но, коронавирусот годинава ја откажа неговата фамозна годишна собиранка наречена Dreamforce, којашто ја одржува во Сан Фанциско, каде што е и седиштето на Salesforce, а минатата година гости беа и Барак Обама, бендот Флитвуд Мек, како и 30 будистички свештеници. Наместо тоа, тој сега организира онлајн муабети со ликови како тапанарот на Металика, Ларс Улрих, на пример, а знае и да им се јави на телефон на колеги големи директори и политичари, за да издејствува заштитна опрема за здравствените работници, вредна милиони долари, произведена во Кина. Бениоф, којшто има контакт и со духовни водачи, како и со светски лидери, и има поставено т.н. „mindfulness zones“ (посебни катчиња каде што вработените можат да ги остават за момент своите телефони и лаптопи и да си ги средат мислите, да медитираат и сл., н.з.) на секој кат од канцеларискиот простор на Salesforce, себеси се претставува како поинаков тип на директор, фокусиран на филантропија и заштита на животната средина, исто колку и на повратот на средствата за акционерите. Според него, актуелнава криза пружа шанса да се воведе во пракса подобар модел на капитализмот. “Мислам дека ова е можност за бизнисите да го извадат најдоброто од себе“, вели тој. „Отсега ќе биде природно за нас во Salesforce да ги правиме нештата како што ги правевме откако почна кризата.“

Милијардер што не го мирисаат другите милијардери

Педесет и пет годишниот Бениоф ја основаше Salesforce во 1999 година, откако забележа вртоглав скок во хиерархијата на Oracle, уште еден софтверски гигант, но едноставно кариерата го „прегоре“ човекот. Вели дека неговата трансформација се

Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос во 2018 година, Бениоф ги обвини светските технолошки гиганти како Google и Facebook дека “абдицирале од одговорноста“, и побара поголема регулација на нивните бизниси, споредувајќи ги социјалните мрежи со цигарите.

Иако за минатите избори во САД Бениоф лобираше за Хилари Клинтон, вели дека не влегува во политиката, а особено не сега откако го купи Time.

случила додека бил на одмор во Индија, да се лекува малку од стресот, и откако се запознал со хиндуистички духовен лидер, којшто му го покажал патот кон алтруизмот. Тоа е позицијата, како што смета Бениоф, кон која ќе се стреми и целиот корпоративен свет отсега па натаму. Минатата година, на „бизнис тркалезната маса“, група на американски топ менаџери, Бениоф рекол дека компаниите мора да сторат повеќе одошто само креирање вредност за акционерите. Периодов за време на пандемијата се слушаат стории за разни видови на погрешно однесување на корпорациите, а Бениоф смета дека можеби ќе треба смена на генерациите за да овој модел на „акционерски капитализам“ да стане минато. „Голем број компаниски шефови сè уште имаат прилично испран мозок мислејќи дека работата на еден бизнис е само бизнисот. Така ги научил Милтон

Фридман, така се однесуваат и тоа е сè што знаат да прават“, вели тој. „И за таквите директори, веројатно е дека никогаш нема да се променат; едноставно, ќе треба да почекаме да дојде нова генерација.“ Бениоф, за волја на вистината, ретко бил во ситуација да избира помеѓу потребите на акционерите и останатите интереси. Акциите на Salesforce се пораснати со вредноста за 45 пати откако компанијата излезе на берза во 2004 година, и сега нејзината пазарна капитализација е 160 милијарди долари. Уделот на Бениоф од 3,3%, како и уделите што ги има во меѓувреме во други бизниси, му носат богатство проценето на околу 7 милијарди долари. Главната услуга на Salesforce е позната како софтвер за customer relationship management (CRM) - што им помага на компаниите да ги менаџираат информациите за нивните потрошувачи, како и комуникацијата со нив. Огромна индустрија, CRM не беше


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

45

Бениоф и Salesforce до пред коронакризава секоја година ја организираа фамозната корпоративна конференција Dreamforce, привлекувајќи познати личности за говорници и гости. Марк Бениоф смета дека време е за нов, прогресивен капитализам, каде што вредноста за акционерите не е единствена цел: „Голем број компаниски шефови се’ уште имаат прилично испран мозок мислејќи дека работата на еден бизнис е само бизнисот. Така ги научил Милтон Фридман, така се однесуваат и тоа е се’ што знаат да прават. И за таквите директори, веројатно е дека никогаш нема да се променат; едноставно, ќе треба да почекаме да дојде нова генерација.“

нешто ново кога Бениоф ја основаше својата компанија, но иновативна беше неговата идеја софтверот да се користи онлајн и да се наплаќа месечен надомест за тоа. Па така, Salesforce е пионер во тоа што се нарекува cloud services, што во меѓувреме прерасна во огромен бизнис – ќе ги споменеме само Netflix со својот видео стриминг сервис и Amazon со својата огромна Web Services дивизија, како примери. Но, иако и самиот е милијардер, Бениоф не бил секогаш баш омилен кај останатите милијардери на светов. Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос во 2018 година, тој ги обвини светските технолошки гиганти како Google и Facebook дека “абдицирале од одговорноста“, и побара поголема регулација на нивните бизниси, споредувајќи ги социјалните мрежи со цигарите. Вели дека овие ставови му донеле многу непријатели, но и дека скандалите како оној со Cam-

bridge Analytica само покажале дека е бил во право. „Се случуваше луѓе да врескаат по мене на различни настани и сл. Но, сега нештата се сменија, на луѓето им стана појасно за што тука се работи.“ А, дали тој лично се слуша со Марк Закербергер, на пример? „Сум имал многу разговори со многумина од директорите на социјалните мрежи“, вели бениоф.

Корона – кризата отвори големи можности за Salesforce

Како и да е, Бениоф признава дека социјалните мрежи добро се борат против лажните вести периодов за време на пандемијата. „Реагираат многу побрзо одошто во минатото, кога се работеше за политички информации, или информации во контекст на оружје и сл. Сега е моментот кога сметам дека сите сфаќаат колку е битна вистината и довербата.“ Како што коронавирусот ги натера

канцелариските работници да седат дома и оттаму да работат, а бизнисите се борат да ги одржат релациите со своите потрошувачи, така расте и потребата за решенијата на Salesforce. „Ова е огромна можност за нас“, вели Бениоф. Минатата недела компанијата промовираше нов софтвер дизајниран со цел да им помогне на луѓето да се вратат на своите работни места. Софтверот овозможува персоналот во канцелариите, фабриките и продавниците ќе може да резервира место во лифт и да направи распоред на паузите за ручек со цел да се запази социјалното дистанцирање, а ќе може и да се пополнува прашалник секој ден со цел да се потврди дека вработениот нема симптоми на вирусот. Бениоф се надева дека неговите вработени ќе може да се вратат во своите канцеларии следниве 30 дена. Проверка на телесната температура и правење распоред на смените ќе биде нормално во зградата на Salesforce во


Капитал број 1062 15.05.2020

46

ПРОФИЛ

Во 2018 година Бениоф и жена му Лин платија 190 милиони долари за да го купат Time магазинот, со што се придружија на листата милијардери од технолошкиот бизнис што преземаат медиуми, којашто ја започна Џеф Безос од Amazon кој што го купи Washington Post пред неколку години.

Сан Франциско, како и во седиштето во Лондон, коешто се наоѓа во Heron Tower, највисоката зграда во Лондон. Високите кули се дел од заштитниот знак на Бениоф, резултат од долгогодишната љубов кон облакодерите, наследство уште од времето кога неговиот дедо работел во зградата од 11 ката De Young, највисоката зграда на западниот брег на САД во 19 век. Меѓутоа, тој имаше и проблеми во 2014 година, кога Градот Лондон не дозволи да се оствари намерата на Бениоф да ја преименува зградата каде што е компаниското седиште во Salesforce Tower, откако останатите корисници на канцеларискиот простор се побунија. Претставниците на Salesforce го нарекоа тој потег на лондонската администрација „снобовски“, но Бениоф ја смирува топката. „Мислам дека нашите намери во тој момент не беа добро разбрани. Ние не сакавме да ставиме некаков блескав знак на зградата и сл., туку да ја користиме повеќе како наша адреса и намера да се шириме во Европа оттаму. Мислам дека беше само недоразбирање.“

„Немам намера да се вклучам во политика“

Како и да е, Бениоф минатата година ги засили своите операции во Британија,

ангажирајќи го поранешниот шеф на British Telecom Гевин Патерсон да биде претседател на управниот одбор за Европа, Блиски Исток и Африка, а поранешниот директор на Virgin Money, Дејм Џејн – Ен Гадиа за шеф на операциите во Британија. Директорувањето на Гадиа траеше кратко, помалку од шест месеци, затоа што таа кажа дека сака да се фокусира на нејзиниот стартап во финтек секторот, па Патерсон сега ја има позицијата на директор за меѓународни операции, што значи од два дена ангажман неделно премина на пет. „Бев прилично разочаран поради заминувањето на Дејм Џејн – Ен. Сепак, имавме среќа што нашата релација со Гевин е толку добра и што тој се согласи да преземе поголема одговорност.“ Пред две години, Бениоф ја подели својата извршна функција со главниот оперативен директор Кит Блок, што некои го протолкуваа како знак дека можеби сака да истапи од раководната функција во компанијата. Еден месец подоцна, Бениоф само ги подгреа гласините кога тој и жена му Лин платија 190 милиони долари за да го купат Time магазинот, со што се придружија на листата милијардери од технолошкиот бизнис што преземаат медиуми, којашто ја започна Џеф Безос

од Amazon кој што го купи Washington Post пред неколку години. Бениоф исто така почна да лобира за покачување на корпоративните даноци во Сан Фанциско со цел да им се помогне на бездомните лица, што повторно го направи неомилен во технолошкиот бизнис сектор. Но, и покрај неговата идеалистичка реторика, тој вели дека не планира да се впушта во политички води. Некогаш републиканец, за последните избори собираше пари за кампањата на Хилари Клинтон, а сега седи во бизнис советот на Доналд Трамп задолжен за борба против коронавирусот, Бениоф тврди дека нема да се вклучи активно во политика, затоа што новата улога на сопственик на Time бара од него да биде неутрален. Во февруари годинава, Блок истапи од ко-директорската функција, ставајќи крај на дуалната извршна структура во Salesforce, и враќајќи го Бениоф повторно на кормилото со целосна команда – иако многумина сметаа дека таа команда тој никогаш и не ја предал. „Многу сум посветен на водењето на Salesforce. Тука е моето место и тоа е она што уживам да го правам секој божји ден“, вели тој. nnn


Колку помалку излегуваш, толку повеќе добиваш.

Седењето дома сега има и друга перспектива. Ем го чуваш здравјето, ем можеш да освоиш награда. Трансформирај го карантинот во победа! Преземи ја карантWin мобилната апликација, регистрирај се во наградната игра, следи ги правилата и можеш да освоиш награда!

Повеќе инфо



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.