Kapital-magazine-1063

Page 1

15 – ТА МЕЃУНАРОДНА АКАДЕМСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1063

цена 100 ден. l 24 мај 2020 петок l година 21

ВЕБИНАР СО Д-Р ИСАК АДИЖЕС ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА М6 ЕДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР ОД СКОПЈЕ Менаџирање во време на криза и што потоа www.kapital.mk

COVID-19 Сите антикризни мерки на државата Половина милијарда евра од Буџетот за пост - корона развој ПОЛИТИКА На гласање веднаш штом се создадат услови Изборите се излез од заложништвото ИНТЕРВЈУ Тамара Јолевска – Попов Американска Гимназија Скопје

cover story

ГОРЧЛИВАТА ИРОНИЈА НА МЕДИУМСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО (ПОСТ)КОРОНА ЕРАТА Страста за вашиот стартап не мора да значи хроничен стрес



СОДРЖИНА

Kapital... 1063 4

20

COVER STORY

Горчливата иронија на медиумската индустрија во (пост)корона ерата Побарувачката за квалитетна информација расте, а приходите во новинарството вртоглаво паѓаат

ПОЛИТИКА

На гласање веднаш штом се создадат услови Изборите се излез од заложништвото

24

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Македонски акционерски друштва вклучени во новиот регионален проект на ЕБОР Ќе се изготвуваат инвестициски анализи за домашни и регионални котирани компании

12

КОВИД – 19 КРИЗА

Сите антикризни мерки на државата

Половина милијарда евра од Буџетот за пост корона развој

28

26

EVENTS

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Преглед на светските берзански случувања

Туризмот, угостителството и авио компаниите – сектори каде што треба да се внимава со инвестирањето во акции

КОВИД – 19 КРИЗА Сите антикризни мерки на државата....12 Половина милијарда евра од Буџетот за пост - корона развој ПОЛИТИКА На гласање веднаш штом се создадат услови................................20 Изборите се излез од заложништвото ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Македонски акционерски друштва вклучени во новиот регионален

ИНТЕРВЈУ

15 – та Меѓународна академска конференција за европски интеграции

Тамара Јолевскa Попов,

проект на ЕБОР........................................................24 Ќе се изготвуваат инвестициски анализи за домашни и регионални котирани компании

Американската Гимназија Скопје....................34 Брзо се прилагодивме на онлајн наставата

Климатски промени: Предизвици и градење издржливост

COVER STORY Горчливата иронија на медиумската индустрија во (пост)корона ерата............4 Побарувачката за квалитетна информација расте, а приходите во новинарството вртоглаво паѓаат

34

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Преглед на светските берзански случувања...................................26 Туризмот, угостителството и авио компаниите – сектори каде што треба да се внимава со инвестирањето во акции EVENTS 15 – та Меѓународна академска конференција за европски интеграции....................................................................28 Климатски промени: Предизвици и градење издржливост ИНТЕРВЈУ Тамара Јолевскa Попов, професор во

професор во Американската Гимназија Скопје Брзо се прилагодивме на онлајн наставата

МЕНАЏМЕНТ Вебинар со д-р Исак Адижес во организација на М6 Едукативниот центар од Скопје.....................................................36 Менаџирање во време на криза и што потоа МЕНАЏМЕНТ Борба против неликвидноста...40 Како да ги менаџирате паричните текови STARTUP Како да не прегорите во вашите претприемачки напори...42 Страста за вашиот стартап не мора да значи хроничен стрес

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 21.5.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

4

COVER STORY

ПОБАРУВАЧКАТ ЗА КВАЛИТЕТНА ИНФОРМАЦИЈА РАСТЕ, А ПРИХО ВО НОВИНАРСТ ВРТОГЛАВО ПАЃ Новинарството е дефинитивно во најтешка состојба веројатно откако постои новинарството како општествена категорија, но и бизнис. Ако пред 1520 години со рапидниот развој на дигитализацијата и интернетот почна да се начнува неприкосновеноста на традиционалните медиуми во сферата на јавното информирање, па сето тоа во комбинација со финансиската криза од 2008-2009 година му нанесе тежок удар на медиумскиот бизнис што значеше губење на десетици илјади работни места, претежно во традиционалните медиуми (весници, радија, итн.),

актуелнава криза со пандемијата на коронавирусот ги доведе медиумите во една парадоксална, или горчливо – иронична ситуација како што вели британски Guardian, а тоа е дека побарувачката за новинарска содржина секојдневно расте, особено во време на поплава од лажни вести поврзани со пандемијата, но од друга страна, паѓаат вртоглаво и приходите на медиумите. Причината е што голем број бизниси ги скратија своите маркетинг буџети како последица на економската неактивност поради карантините и сл., што на крајот го руши основниот модел на финансирање на медиумите, а тоа се рекламите.


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

ГОРЧЛИВАТА ИРОНИЈА НА МЕДИУМСКАТА 5 ИНДУСТРИЈА ВО (ПОСТ)КОРОНА ЕРАТА

ТА А А ОДИТЕ ТВОТО ЃААТ


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

6

COVER STORY

„Катастрофалните последици што зад себе ги остава Ковид – 19 кризата за општествата и економиите на целава планета е веројатно најважната тема на актуелнава генерација новинари, па за повеќето весници и онлајн медиуми нејзиното покривање привлекува огромна публика. Но, за жал, вирусот ќе им го скрати животот на стотици новински компании, илјадници новинари ќе изгубат работа, и исто толку наслови ќе снема“, пишува Guardian.

пишува:

Игор Петровски

С

igor.petrovski@kapital.mk

Само најнов во низата примери за тоа до кое дереџе е доведена медиумската индустрија во земјава, а богами и пошироко, е “веста“ за прошетката на една мечка заедно со своите мали мечиња, којашто се појави на еден домашен портал, проследена со „адекватна“ фотографија и забелешка под неа, дека е снимена близу скопски „Св. Пантелејмон“, Нерези, деновиве. И потоа се рашири вирално, се разбира. Едноставна проверка од неколку секунди на фотографијата ќе ви разјасни дека дотичната мечка немала шанси некогаш да припари до наше Водно, затоа што е снимена некаде во Северна Каролина, пред неколку години, но конструкцијата си ја заврши работата, или барем така си мисли „уредникот“ на порталот, смешкајќи се задоволно поради големиот број на кликови што му ги донесе оваа лажна вест, затоа што луѓето „се палат“, нели, на овој тип бенигни вести, видеа,

фотографии и сл., коишто во принцип предизвикуваат симпатии кај сите читатели. Во борбата за тие пусти кликови, со цел да се изгради некаква релевантност којашто подоцна треба да донесе повеќе реклами на вебсајтот, креаторите на лажните вести насекаде низ планетава не избираат средства: вчера тоа беше мечката, денес е на пример, Бил Гејтс, со неговата изјава дека вложувајќи 10 милијарди долари во бизнисот со вакцини, заработил дури 200 милијарди долари за 20 години. Изјавата е дури поткрепена и со видео од интервјуто, каде што Гејтс наводно го изјавува тоа. Ќе кликнете на видеото, и видете мајката, основачот на Microsoft навистина спомнува некаков економски бенефит од 200 милијарди долари во разговор со новинарката на CNBC. Но, малку ако внимавате, прво ќе забележите дека видеото е некако кратено, речениците на Гејтс не се до крај пуштени, со очигледна намера да се извадат некои работи од контекст, во прилог на тезата за неговото наводно збогатување од вакцините. И што би требало сега да направи секој што не сака да потпаѓа под влијанието на лажните вести, конструкции и спинови: едноставно да ги стави во Google пребарувачот „200 милијарди, Гејтс, вакцини„ и веднаш

ќе излезе линк до оригиналниот пост каде што е објавено интервјуто, значи сајтот на CNBC, каде што се разбира и насловот имплицира сосема друг заклучок, а и сами ако го преслушате ќе видите дека Бил Гејтс објаснува дека преку својата филантропска фондација за 20 години вложил 10 милијарди свои пари, заработени од бизнисот на Microsoft, во истражување, развој и дистрибуција на вакцини во најсиромашните земји на светот, при што помогнал во зачувување на милиони животи, што подоцна имало вкупен економски ефект за тие држави од околу 200 милијарди долари.

Многу малку од македонските читатели прават проверка на информациите

Но, колку е спремен просечниот читател денес да направи „fact checking“ на секоја информација што ќе му излезе пред очи? Колку се всушност потковани луѓето со основно знаење за препознавање на лажната вест? Или најлесно е да се стопиме од милина при погледот на слатките мечиња како се шеткаат и веднаш да ја споделиме веста на нашиот профил на Facebook или Instagram, а во случајот на Гејтс да распалиме со отровни стели по „злотворот којшто се бори всушност за депопулација на планетава“, затоа што мора да има некоја позадина во неговата


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

7 филантропија, нели... Еве да тргнеме од спремноста на македонската читателска публика: многу мал дел од неа истражува повеќе за веста или информацијата, ги споредува објавените прилози, а многу често ги прифаќа информациите од еден извор на којшто му верува. Ова е наод од истражувањето “Мапирање на нивоата на медиумска писменост во Република Северна Македонија кај популацијата на возраст над 16 години“ направено во 2019 година. Или поконкретно, само 5,4% од испитаните изјавиле дека секојдневно ги проверуваат објавените прилози во медиумите и прифаќаат дел од содржината од секој различен медиум, додека речиси 20% изјавиле дека тоа го прават често. Само 5,5% пак од испитаните, самите истражуваат и прават споредба со информации од релевантни извори, додека 14,9% изјавиле дека тоа го прават често, се вели до студијата финансирана од Мисијата на ОБСЕ во земјава, и направена во партнерство со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Понатаму, истражувањето покажува дека 7,9% од популацијата најчесто ги прифаќа информациите од еден извор на којшто му верува, односно го прави тоа секојдневно, додека 22,9% го прават тоа често. Најчест ’филтер’ за проверка на информациите за читателите (51.7%) е нивното претходно знаење за одредена информација. Вториот начин на проверка кај 44% од испитаниците е проверка на изгледот на веб страницата, а речиси 43% од испитаниците информацијата ја проверуваат и од други извори. Само една третина од испитаниците (32%) проверуваат дали доменот на веб страницата е лажен, а само 24% навеле дека проверуваат дали веб страницата поседува безбедносен сертификат. Македонските испитаници се свесни дека негативните содржини се честа појава на социјалните мрежи. Најчесто (61%) испитаниците забележуваат конструирани и лажни информации кои се објавени поради одредени цели. Речиси 60% од испитаниците на социјалните мрежи често забележуваат навреди и омаловажувања врз верска и политичка основа, а околу 58% често или понекогаш среќаваат навреди и омаловажувања врз етничка или верска основа.

Зошто дезинформациите се шират толку лесно: психологија е во прашање „Сега живееме во свет во кој поединецот или ‘ЈАС’ сум центарот на комуникацискиот процес, а не медиумите. Станува збор за тоа дека

слободата на избор на публиката е сега најважна. Поединецот ја има целосната контрола врз се што ќе прочита, што ќе види, што ќе каже, кога ќе каже и каде ќе каже. Се разбира, тоа носи низа нови предизвици и проблеми. Не секој поединец има знаење и способност да процени која содржина е манипулативна, лажна, конструирана. А токму таквите информации најбрзо се шират преку интернетот и социјалните мрежи.“, вели д-р Снежана Трпевска, социолог и истражувач на публиката и медиумите, од Институтот за

истражување на општествениот развој РЕСИС – Скопје, која е всушност и автор на погоре цитираното истражување. Таа додека дека некои понови истражувања за начините на кои луѓето ги восприемаат информациите во дигиталното опкружување покажуваат дека дезинформациите лесно се шират поради определени внатрешни психолошки карактеристики на поединецот. Овие психолошки карактеристики објаснуваат зошто поединецот селектира и им верува на одредени извори на информации, а одбива


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

8

COVER STORY „Дури и пред да се појави короната, овој бизнис сектор веќе крвавеше прилично поради серијата од удари, првенствено добиени од Google и Facebook и растот на нивната доминација на рекламниот пазар. Од 2008 година наваму, само во САД, речиси половина од работните места во новинарството се збришани, оставајќи активни помалку од 38.000 професионалци – репортери, фотографи, уредници, итн. Серија на отпуштања во медиумската индустрија станаа вообичаена вест, а потоа, како капак на се’ дојде Ковид – 19, што доведе до комплетен локдаун на цели градови и држави, запирање и пропаѓање на бизниси, а со тоа и секнување на реклами за медиумите.“, пишува CJR.

други. „Лесно можеме да ги препознаеме и кај себе дел од тие карактеристики. На пример, ако прв пат извлечеме заклучок за нешто врз основа на нова, но неточна информација (и не сме се ни обиделе да ја провериме), тој заклучок натаму ќе ни влијае врз расудувањето при секое следно читање информации за истата тема. Ова во психологијата се нарекува ‘ефект на зачувување на уверувањето’. Или пак, информациите што се повторуваат и се составени во усогласеност со претходното искуство на поединците често се перцепираат како поверодостојни. Ова се нарекува ‘ефект на познатото’. Има и низа други слични механизми во мисловниот процес на поединците што го поткрепуваат ширењето или верувањето на дезинформациите.“, објаснува Трпевска. Сето ова покажува дека состојбата во која се наоѓаат професионалното новинарство и медиумската индустрија се исклучително сложени. Разбирливо е што се поставуваат прашања како: Дали е ова крај на новинарството? Дали професионалните медиуми ќе опстанат во иднина? Како да се прилагодат за да опстанат во овој нов дигитален медиумски систем? Прашањата се комплексни,

моменталниот амбиент уште посложен, со тоа што непредвидената Ковид – 19 криза само долеа масло на огинот во којшто подолго време се задушува медиумската индустрија на планетарно ниво.

Медиумската индустрија неспремна ја дочека короната?! Ако следиме што се случува во моментов со медиумите во светот, одговорот на претходниве прашања би бил дека новинарството е дефинитивно во најтешка состојба веројатно откако постои новинарството како општествена категорија, но и бизнис. Ако пред 15-20 години со рапидниот развој на дигитализацијата и интернетот почна да се начнува неприкосновеноста на традиционалните медиуми во сферата на јавното информирање, па сето тоа во комбинација со финансиската криза од 2008-2009 година му нанесе тежок удар на медиумскиот бизнис што значеше губење на десетици илјади работни места, претежно во традиционалните медиуми (весници, радија, итн.), актуелнава криза со пандемијата на коронавирусот ги доведе медиумите во една парадоксална, или горчливо – иронична ситуација како што вели британски Guardian, а тоа е дека побарувачката за новинарска

содржина секојдневно расте, особено во време на поплава од лажни вести поврзани со пандемијата, но од друга страна, паѓаат вртоглаво и приходите на медиумите. Причината е што голем број бизниси ги скратија своите маркетинг буџети како последица на економската неактивност поради карантините и сл., што на крајот го руши основниот модел на финансирање на медиумите, а тоа се рекламите. „Катастрофалните последици што зад себе ги остава Ковид – 19 кризата за општествата и економиите на целава планета е веројатно најважната тема на актуелнава генерација новинари, па за повеќето весници и онлајн медиуми нејзиното покривање привлекува огромна публика. Но, за жал, вирусот ќе им го скрати животот на стотици новински компании, илјадници новинари ќе изгубат работа, и исто толку наслови ќе снема“, пишува Guardian. Но, како што коментира Columbia Journalism Review (CJR), новинското издание на Факултетот за новинарство при престижниот Универзитет Колумбија во Њујорк, веројатно медиумската индустрија беше меѓу тие што најнеподготвено го дочекаа коронавирусот. „Дури и пред да се појави короната, овој бизнис сектор веќе крвавеше


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

9

Д-р СНЕЖАНА ТРПЕВСКА

ссоциолог и истражувач на публиката и медиумите, Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС – Скопје

Дали е ова крај на новинарството какво што го знаеме? Дали професионалните медиуми ќе опстанат во иднина? Како да се прилагодат за да опстанат во овој нов дигитален медиумски систем? Одговорот на оние што успеале да се прилагодат е следниот: треба да се искористат предностите и можностите што дигиталните технологии му ги нудат на новинарството и на демократијата. Притоа, главното што можат да го научат од Facebook, Twitter, YouTube, Instagram и другите ‘нови медиуми’ кои ги поврзуваат луѓето и им даваат чувство на припадност кон заедницата е дека – треба да ја запознаат својата публика и да прифатат дека нивната публика се менува. Да се запознае публиката значи и да се развие комуникација со неа, да се поттикнува разговорот со неа и да и се даде можност да го каже она што смета дека е добро за целата заедница. Зошто го велам ова? Затоа што, историски, традиционалните медиуми и новинарите како да ја заборавија својата публика. прилично поради серијата од удари, првенствено добиени од Google и Facebook и растот на нивната доминација на рекламниот пазар. Од 2008 година наваму, само во САД, речиси половина од работните места во новинарството се збришани, оставајќи активни помалку од 38.000 професионалци – репортери, фотографи, уредници, итн. Серија на отпуштања во медиумската

индустрија станаа вообичаена вест, а потоа, како капак на се’ дојде Ковид – 19, што доведе до комплетен локдаун на цели градови и држави, запирање и пропаѓање на бизниси, а со тоа и секнување на реклами за медиумите.“, пишува CJR. LA Times, посочува на еден таков пример. Џеф ФонКенел, 69 – годишниот сопственик на локалниот весник Sacramento News & Review во Калифорнија, како и на сестринските публикации во уште два – три градови, се занимава со менаџирање неделни весници речиси 50 години. Вели дека преживеал и пожари, рецесии, па и тужби од градоначалник. Но, секнувањето на речиси целиот приход од рекламирањето поради корона – кризата не му оставило многу избор – само четири дена откако вирусот беше прогласен за пандемија, ФонКенел ги сопре печатарските машини и ги отпушти сите свои 40 вработени. „Ова е веројатно смртна пресуда не само за нас, туку и за нашите конкуренти. “, вели тој и додава дека ќе се обиде некако да продолжи да служи на јавниот интерес преку новинарството, можеби преку партнерство со некоја невладина организација. „Но, како и да е, не можам повеќе да ги издржам трошоците од 45.000 долари неделно потребни да се води весник“. Минатата година, тој и сопругата ја заложиле својата куќа за кредит со цел да го одржат својот бизнис во живот.

Quartz: „Прогнозите за нашиот бизнис од пред короната не важат повеќе !“

Не се само малите локални весници на удар на корона – кризата. И моќни групации периодов отпуштаа луѓе, како британската The Economist, на пример, којашто објави дека мора да им се заблагодари на 90 вработени, или околу 7% од вкупно 1.300 вработени во овој медиумски гигант. За среќа на уредниците, нивните позиции не биле загрозени во случајов, а отпуштањата се однесуваат главно на одделот на групацијата задолжен за организација на настани (конференции периодов нема поради короната, н.з.), како и маркетиншката агенција во сопственост на The Economist. Исто така, групацијата објави дека својот печатен магазин „1843“ со лајфстајл тематика, којшто излегува двомесечно, ќе го префрли само на дигитално издание почнувајќи од изданието за август/септември. Иако прилагодени на дигиталното време, кризата ги погаѓа и

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА Многу мал дел од македонските граѓани истражуваат повеќе за веста или информацијата, ги споредуваат објавените прилози, а многу често ги прифаќаат информациите од еден извор на којшто му веруваат.

5,4%

од македонските граѓани секојдневно ги проверуваат објавените прилози во медиумите

5,5%

од испитаните истражуваат и прават споредба со информации од релевантни извори

7,9%

од популацијата најчесто ги прифаќа информациите од еден извор на којшто му верува

17,9%

разговараат со членови на семејство, пријатели или други луѓе секојдневно и потоа формираат свој став

11,5%

секојдневно ги отфрлаат или ги игнорираат сите објавени информации за одреден настан

51,7%

од читателите велат дека најчест „филтер“ за проверка на информациите е нивното претходно знаење за одредена проблематика

61%

од испитаниците се свесни дека негативните содржини се честа појава на социјалните мрежи

Извор: Истражување “Мапирање на нивоата на медиумска писменост во Република Северна Македонија кај популацијата на возраст над 16 години“


www.kapital.mk

Капитал број 1062 15.05.2020

10

COVER STORY

медиумите што имаат исклучиво онлајн изданија: Vice, на пример, објави дека отпушта 55 вработени во САД, како и уште стотина на глобално ниво во наредниве недели. Quartz, уште еден голем глобален играч во дигиталната сфера на новинарството, објави дека отпушта 80 вработени, речиси половина од својот персонал и ги затвора своите канцеларии во Лондон, Сан Франциско, Хонг Конг и Вашингтон. „Заклучно со крајот на април имаме речиси 18.000 претплатници, што не е лошо со оглед дека стартувавме со наплаќање на содржините пред само една година. Но, сепак рекламите ни носат најголем дел од приходот, а сите бизниси огласувачи се погодени од кризата. Дури и кога ќе стивне пандемијата, веројатно ќе следи рецесија што ќе влијае на приходите од реклами уште долго време. Она што го прогнозиравме за бизнисот претходно, не важи повеќе“, порача во писмото до вработените шефот на Quartz. Тој објави и дека си ја скратил својата плата за 50% до крајот на годината, како и на остатокот од менаџерскиот тим за 20%. Онлајн магазинот BuzFeed исто така објави дека ќе пушти 20 луѓе на принуден одмор, со тоа што се шпекулира дека е многу неизвесно и дека ќе се вратат на работа. Од медиумот објавија дека канцеларијата во Австралија ја затвориле целосно, а канцеларијата во Британија нема повеќе да покрива вести од таа земја, туку ќе се занимава со теми од глобален интерес. Низата не застанува тука. Conde Nast, групацијата што објавува магазини, некогаш позната и како „The Vogue company“, којашто ги вклучува магазините Wired, GQ, Architectural Digest, Teen Vogue, и весникот што најмногу им носи заработка, легендарниот The New Yorker, извести дека отпуштила 100 вработени, а уште 100 се на принуден одмор. На почетокот од 2020 групацијата имала околу 6.000 вработени на глобално ниво.

Новинарството не е веќе монопол на новинарите и на медиумите

И сега да се вратиме повторно на прашањето од претходно: каква е иднината на медиумите? Како ќе опстанат во услови кога се намалуваат приходите за нивен опстанок, а истовремено жедта за информации на луѓето, испаничени во моментов од корона – кризата и бомбардирани со лажни вести, секојдневно расте. И тоа информации што се квалитетни, кредибилни, релевантни. Нашиот соговорник Снежана Трпевска, истражувач од РЕСИС Институтот вели дека одговорот на оние што успеале да се прилагодат е следниот: треба да се искористат предностите и можностите што дигиталните технологии му ги нудат на новинарството и на демократијата. Притоа, главното што можат да го научат од Facebook, Twitter, YouTube, Instagram и другите „нови медиуми“ кои ги поврзуваат луѓето и им даваат чувство на припадност кон заедницата е дека – треба да ја запознаат својата публика и да прифатат дека нивната публика се менува. „Да се запознае публиката значи и да се развие комуникација со неа, да се поттикнува разговорот со неа и да и се даде можност да го каже она што смета дека е добро за целата заедница. Зошто го велам ова? Затоа што, историски, традиционалните медиуми и новинарите како да ја заборавија својата публика. Ова може лесно да се илустрира на нашиот пример. Ако ги видите податоците од истражувањето на нивоата на медиумска писменост, но и од други истражувања, ќе видите дека публиката генерално не им верува на информациите на домашните традиционални медиуми – тоа се најчесто телевизиите. Зошто? Затоа што тие со години беа свртени кон политичарите, заборавија дека некој ја одмерува нивната неутралност и професионалност. Граѓаните не ги

доживуваат како свои, туку како туѓи, политизирани медиуми. И бидејќи не им верува, публиката се свртува кон други извори, кои насекаде и се достапни.“, вели Трпевска. Таа истакнува дека малку периоди во човековата историја биле толку многу револуционерни за комуницирањето и знаењето, како времето во кое денес живееме. Дигиталните технологии и интернетот со огромна трансформативна моќ го преобразија индустриското во дигитално и информациско општество или во општество базирано на знаење. Во текот на оваа трансформација масовните медиуми односно традиционалната медиумска индустрија ја изгуби моќта што ја имаше во времето кога информацијата беше ретко достапна. Изворите на информации се мултиплицираа, сега поединците имаат можност да добиваат информации и многу други содржини од огромно мноштво извори. „Но, не само тоа, сега и луѓето можат да продуцираат информации, а не само професионалните медиуми. За жал, заклучокот од ова е јасен – на луѓето веќе како да не им се потребни новинарите и медиумите за да се информираат или за да бидат слушнати. Новинарството не е веќе монопол на новинарите и на медиумите. Ова е глобален и неизбежен процес и што поскоро го разберат медиумските професионалци и се прилагодат на него, толку подобро за нив. Од ова не се поштедени ниту медиумите во нашата земја. Впрочем и истражувањето што го направивме минатата година за медиумската писменост ги потврдува ваквите трендови. Станува збор за тоа дека слободата на избор на публиката е сега најважна. Поединецот ја има целосната контрола врз се што ќе прочита, што ќе види, што ќе каже, кога ќе каже и каде ќе каже.“, објаснува Трпевска. nnn


Твој избор, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Кредитите и искористете ја промотивната понуда со пониски каматни стапки, без трошоци за одобрување до 30-ти јуни! • НЛБ Станбен кредит со рок на отплата до 35 години • НЛБ Потрошувачки кредит со 35 месеци фиксна каматна стапка

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


Капитал број 1063 22.05.2020

12

www.kapital.mk

КОВИД – 19 КРИЗА

СИТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ НА ДРЖАВАТА

ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА Е ОД БУЏЕТОТ З ПОСТ - КОРОН РАЗВОЈ


www.kapital.mk

ЕВРА ЗА НА

Капитал број 1063 22.05.2020

13 Вкупно 550 милиони евра од Буџетот, или 5,5% од бруто домашниот производ (БДП) е проценетата вредност на сите антикризни мерки што ги донесе Владата последните два месеца како одговор на економската криза која настана поради затворањето на целото општество. Ограничувањето на движењето и полицискиот час несомнено ја втурнаа економијата во рецесија, која според процените на меѓународните финансиски институции ќе се движи од 3% до 4% пад на БДП, но паралелно се носат мерки со цел да го ублажат ударот врз економијата. Економистите оценуваат дека третиот сет на

економски мерки кои Владата ги донесе за амортизирање на ударот од пандемијата со коронавирусот, ќе ја поттикне потрошувачката и со тоа на краток рок ќе се забрза економската активност, но велат дека и со вториот пакет се постигнал вистинскиот ефект, со кој, државата им помага на фирмите да ги исплатат платите на работниците и да се сочуваат голем број на работни места. Она што генерално недостасува, според економистите, се мерки со кои би се опфатиле извозно ориентираните компании како и капиталните инвестиции каде што има постојани потфрлања.


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

14

КОВИД – 19 КРИЗА

пишува:

Александар Јанев

В

aleksandar.janev@kapital.mk

Вкупно 550 милиони евра од Буџетот, или 5,5% од бруто домашниот производ (БДП) е проценетата вредност на сите антикризни мерки што ги донесе Владата последните два месеца како одговор на економската криза која настана поради затворањето на целото општество. Ограничувањето на движењето и полицискиот час несомнено ја втурнаа економијата во рецесија, која според процените на меѓународните финансиски институции ќе се движи од 3% до 4% пад на БДП, но паралелно се носат мерки со цел да го ублажат ударот врз економијата. Последниот трет пакет антикризни мерки, меѓу другото вклучува платежни картички по 9.000 денари за купување домашни производи за околу 100 илјади граѓани што имаат помали приходи од минималната плата; потоа платежни картички и ваучери по 9.000 денари за домашен туризам со кои се таргетираат исто така околу 100.000 граѓани со приходи под минималната плата; викенд без ДДВ за сите граѓани за купување домашни производи; паричен надомест за сите кои останале без работа во март и април; но и неколку мерки за поддршка на бизнисите како бескаматни кредити од Развојната банка во вредност од 31 милиони евра, уште 25 милиони евра од Буџетот за освојување нови пазари и поголема конкурентност, финансирање на обуки, како и повеќе мерки насочени за поддршка на земјоделството. Техничкиот премиер Оливер Спасовски, објасни дека овие мерки се очекува на краток и среден рок да поттикнат побрзо закрепнување на економијата. „Третиот пакет економски мерки ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството. Истиот содржи краткорочни и среднорочни мерки за ревитализација на македонската економија. Ова се мерки за нова, развојна економија, преку кои ќе ја зголемиме потрошувачката и ќе стимулираме заштита, промоција и раст на домашната економска понуда. Со новата развојна економија ќе ја зголемиме и нашата конкурентност, и во регионот и пошироко. Морам да нагласам дека креирањето на

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

НИНА АНГЕЛОВСКА

Третиот пакет економски мерки ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството. Истиот содржи краткорочни и среднорочни мерки за ревитализација на македонската економија. Ова се мерки за нова, развојна економија, преку кои ќе ја зголемиме потрошувачката и ќе стимулираме заштита, промоција и раст на домашната економска понуда. Со новата развојна економија ќе ја зголемиме и нашата конкурентност, и во регионот и пошироко. Морам да нагласам дека креирањето на мерките од овој пакет беше направен максимално транспарентно и во целосно инклузивен процес во кој учествуваа стопанските комори, синдикатите, граѓанските организации, како и поединци, експерти во одделни области од социо -економската и финансиска сфера.

Секоја мерка е дизајнирана од реална основа и потребите на стопанството, на приватниот сектор. Државната гарантна шема преку Развојната банка би имала за цел да го олесни пристапот на приватниот сектор до финансиски средства, со што истите би имале можност да го делат ризикот односно државата да преземе дел од ризикот. Што значи тоа? Тоа значи дека државна гаранција со покриеност од околу 50% во Развојната банка би требало да има почетен капитал од 10 милиони евра со коишто би се ко-гарантирал износ од над 65 милиони евра. Значи, целта е кај компаниите кои потешко би дошле до средства, до кредити коишто ќе им бидат потребни за периодот по закрепнувањето, државата да преземе дел од ризикот, со цел тие полесно да дојдат до средствата што им се потребни за зголемување на конкурентноста за инвестиции за подобрување на ликвидноста.

мерките од овој пакет беше направен максимално транспарентно и во целосно инклузивен процес во кој учествуваа стопанските комори, синдикатите, граѓанските организации, како и поединци, експерти во одделни области од социо -економската и финансиска сфера“, истакна Спасовски. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, смета дека освен граѓаните, клучно е што мерките

опфаќаат многу бизниси за да може полесно да ги надминат проблемите во пост-кризниот период. „Со третиот пакет мерки Владата покажува дека мисли на сите, дека има јасно определени цели со кои ќе помогне за нова развојна конкурентна македонска економија и ќе го помогне и приватниот сектор за да биде уште подобар и уште поконкурентен во пост-корона периодот“, истакна Ангеловска и

премиер во техничката влада

министерка за финансии


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

15 целта е кај компаниите кои потешко би дошле до средства, до кредити коишто ќе им бидат потребни за периодот по закрепнувањето, државата да преземе дел од ризикот, со цел тие полесно да дојдат до средствата што им се потребни за зголемување на конкурентноста за инвестиции за подобрување на ликвидноста“ рече Ангеловска. Со ребалансот, дополнителни 25 милиони евра се ставени во Ковид програмата на Владата и дел од нив ќе бидат насочени и во државната гаранција, и не само на мали и средни компании туку за сите компании на кои ќе им бидат потребни средства и за зголемување на конкурентноста, за да ги обноват врските со пазарите коишто можеби ги изгубиле.

Клучните ефекти од мерките

ФАТМИР БИТИЌИ

МАРЈАН ПЕТРЕСКИ

Ефектите од овој пакет економски мерки се повеќе димензионални, па така резултатите кои ќе се постигнат со нив ќе значат и системски решенија: ќе се поттикне приватната потрошувачка; ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании на домашно и регионално ниво; ќе се трансформира и унапреди дел од економијата со воведување на ИТ и друга технологија во нивното работење; ќе се формализира дел од неформалната економија; ќе се зголеми употребата на безготовинските плаќања како инструмент за сузбивање на сива економија; ќе се овозможи модернизација и дигитализација на услугите и процесите. Ефектите од овој нов пакет економски мерки се на сите нивоа, ќе ги осетат сите граѓани и многу ресори во економијата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка.

Третиот сет на мерки е во една сосема во поинаква насока, Владата тоа го комуницира дека се однесува на заздравувањето на економијата и да кажеме дека тоа е коректно. Меѓутоа она што е главно во тој сет на мерки се оние мерки кои што се насочени да ја поддржат потрошувачката, и тоа е во ред и тоа тие ќе го направат на еднократен начин, немаат долгорочен ефект. Би рекол дека дополнително она што е позитивно кај тие мерки е она што беа таргетирани затоа што во други земји, да не одиме подалеку, во една соседна Србија има мерки кои не се таргетирани т.н „пари од хеликоптер“ што е далеку полоша опција од она што го гледаме тука. Јас мислам дека главното амортизирање на ударот врз економијата беше направено со вториот сет мерки каде што државата им излезе во пресрет на фирмите да ги исплаќаат платите во висина од 14.500 денари по вработен. И мислам дека тоа беше една соодветно димензионирана мерка која што оневозможи да се соочиме со голем бран на отпуштања.

додаде дека за првпат ќе се воведе државна гарантна шема преку Развојната банка, која инаку е веќе воспоставена во голем број европски земји, а во поново време и во Србија и Албанија, со цел да се подобри пристапот до капитал за поголем број претпријатија без разлика на нивната големина. „Секоја мерка е дизајнирана од реална основа и потребите на стопанството, на приватниот сектор

и оваа мерка би имала за цел да го олесни пристапот на приватниот сектор до финансиски средства, со што истите би имале можност да го делат ризикот односно државата да преземе дел од ризикот. Што значи тоа? Тоа значи дека државна гаранција со покриеност од околу 50% во Развојната банка би требало да има почетен капитал од 10 милиони евра со коишто би се ко-гарантирал износ од над 65 милиони евра. Значи,

економски советник во Владата

универзитетски професор

Економскиот советник во Владата, Фатмир Битиќи, наброја неколку клучни ефекти што се очекува да ги дадат овие мерки. „Ефектите од овој пакет економски мерки се повеќе димензионални, па така резултатите кои ќе се постигнат со нив ќе значат и системски решенија: ќе се поттикне приватната потрошувачка; ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании на домашно и регионално ниво; ќе се трансформира и унапреди дел од економијата со воведување на ИТ и друга технологија во нивното работење; ќе се формализира дел од неформалната економија; ќе се зголеми употребата на безготовинските плаќања како инструмент за сузбивање на сива економија; ќе се овозможи модернизација и дигитализација на услугите и процесите. Ефектите од овој нов пакет економски мерки се на сите нивоа, ќе ги осетат сите граѓани и многу ресори во економијата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка“, истакна Битиќи. Владата претходно во два наврати донесе антикризни мерки, меѓу кои и финансирање плати во износ еднаков на минималната плата, односно 14.500 денари за работниците од најпогодените индустрии. Според процените, од сите досегашни мерки бенефит ќе имаат над 730 илјади граѓани. Економистите оценуваат дека третиот сет на економски мерки кои Владата ги донесе за амортизирање на ударот од пандемијата со коронавирусот, ќе ја поттикне потрошувачката и со тоа на краток рок ќе се забрза економската активност. Универзитетскиот професор Марјан Петрески, со којшто разговаравме за сите досегашни антикризни мерки што ги донесе државата како одговор


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

16

КОВИД – 19 КРИЗА

на економската криза, смета дека и со вториот пакет се постигнал вистинскиот ефект, со кој, државата им помага на фирмите да ги исплатат платите на работниците и да се сочуваат голем број на работни места. Но она што генерално недостасува, според Петрески, се мерки со кои би се опфатиле извозно ориентираните компании како и капиталните инвестиции каде што има постојани потфрлања. „Третиот сет на мерки е во една сосема во поинаква насока, Владата тоа го комуницира дека се однесува на заздравувањето на економијата и да кажеме дека тоа е коректно. Меѓутоа она што е главно во тој сет на мерки се оние мерки кои што се насочени да ја поддржат потрошувачката, и тоа е во ред и тоа тие ќе го направат на еднократен начин, немаат долгорочен ефект. Би рекол дека дополнително она што е позитивно кај тие мерки е она што

беа таргетирани затоа што во други земји, да не одиме подалеку во една соседна Србија, има мерки кои не се таргетирани т.н пари од хеликоптер што е далеку полоша опција од она што го гледаме тука“, вели Петрески. Во однос на генералната оценка на мерките до сега, според Петрески со вториот сет на мерки се постигнал некаков баланс помеѓу она што им треба на фирмите и она што им треба на работниците. „Јас мислам дека главното амортизирање на ударот врз економијата беше направено со вториот сет мерки каде што се отиде главно на една мерка онаа која што овозможи фирмите кои се соочуваат со ликвидносни проблеми, државата да им излезе во пресрет преку позајмица или преку грантови средства да ги исплаќаат платите во висина од 14.500 денари по вработен. И мислам дека тоа беше една соодветно димензионирана мерка

која што оневозможи да се соочиме со голем бран на отпуштања“, истакна Петрески. Она што генерално недостасува, според Петрески, е целосен фокус врз економијата на долг рок. „Ќе спомнам само две групи на потенцијални мерки, тоа е што ќе се случува со извозно ориентираните компании, бидејќи во процесот на заздравување на економијата тие може да бидат еден клучен столб како да ја извлечат оваа економија од подлабока криза и вториот елемент се капиталните инвестиции на државата за кои не сум оптимист, бидејќи во претходните години не се направи ништо за да се промени процесот на планирање и извршување на капиталните инвестиции, ние таму видовме постојани потфрлања“, вели Петрески. Имајќи предвид дека се распишани предвремени избори и партиите преговараат за конкретен датум,


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

17


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

18

КОВИД – 19 КРИЗА

според Петрески тешко е да се каже дали во мерките има или нема популизам, особено што тие се фокусирани врз потрошувачката. „Од друга страна скоро сите земји тоа го прават, барем да ги залечат краткорочните последици од кризата се фокусираат врз потрошувачката. Така што сега сакам да кажам дека ние ако сакаме да најдеме аргументи дали тие се популистички во пресрет на изборите или не секако ќе најдеме, меѓутоа да гледаме чисто економски“, коментира Петрески. Професорот оценува дека не може процесот на заздравување на економијата да се помине безболно, затоа и мерките кои досега се преземаа се во насока тој пат да биде пократок. „Колку во тоа ќе успееме ќе видиме затоа што се уште во целиот овој контекст постојат многу непознати. Ние сега велиме дека сме во фаза на излегување од првиот удар на кризата, но се уште гледаме дека не го правиме тоа доволно брзо. Се уште економијата не се отвора доволно брзо, а не знаеме што ќе се случува на есен. Постојат доста прогнози дека ќе имаме нов пик на епидемијата, со какви потенцијални мерки би се бореле и во македонски услови секако третиот фактор кој што не треба да го занемаруваме е дека треба да одржиме избори во целиот тој контекст“, вели професорот Петрески. Во однос на процените за движењата во економијата до крајот на годината вели дека ќе зависи од тоа, каков втор бран на корона вирус не очекува. „Ако тој удар дојде и биде посилен мојата проекција ќе се влоши како економијата ќе заврши но и обратно. Капацитетот на мерките да се борат со првиот удар е солиден и очекувам дека тоа во одредена мера ќе го ублажи падот“, истакна Петрески. Инаку, прогнозите за економијата годинава се движат од пад на бруто домашниот производ од -3,2% според Светската банка, -3,4% според Владата, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ. Токму притисокот од негативните економски последици, но во исто време задржувајќи го здравјето на граѓаните како врвен императив, ги натераа властите и овде и ширум светот да размислуваат за омекнување на рестрикциите. Работата од дома можеби и ќе продолжи да биде практика во оние компании каде што е тоа можно, но одредени бизниси се во исчекување да се омекнат најрестриктивните мерки за движење на луѓето за да почнат да работат..nnn

ТРЕТ СЕТ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ

Т

рите столба мерки се состојат од поддршка на граѓаните и домашната потрошувачка, на стопанството и неговата конкурентност, како и на земјоделството како една од носечките гранки во земјава. Во првиот столб се предвидени мерки за домашна платежна картичка за социјално ранливи категории и семејства со пониски приходи од 9.000 денари, поттикнување на домашниот туризам со ваучер од 6.000 денари плус платежна картичка од 3.000 денари за лица со пониски примања, ваучери за млади до 29 години за ИТ вештини плус домашна платежна картичка од 3.000 денари, награда за здравствените работници од инфективните одделенија, надомест за работниците коишто го изгубиле работното место поради кризата предизвикана од коронавирусот и македонски шопинг викенд со МојДДВ. Со вториот столб мерки за помош на стопанството се предвидени мерки за бескаматни кредити со 30% грант, државна гарантна шема преку Развојната банка, финансиска поддршка за приватниот сектор, економијата и индустријата, мерка за модернизација и нови пазари, програма за бизнис и развојни услуги, инструмент за брзо прилагодување и модернизација, кофинансирање настани и конференции со 50% државна поддршка до 30.000 денари. Кај столбот земјоделие предвидени се поддршка на аграрниот сектор преку Развојната банка, платежни картички за набавка на гориво и механизација, поддршка за преструктурирање кон нови производи во преработка на грозје, овозможување соработка на јавниот и приватниот сектор преку моделирање јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор, реформа за ефикасност во користење на пасиштата, окрупнување на земјоделското земјиште – нова можност за поголема конкурентност, финансирање микро земјоделски субјекти и модернизација на земјоделството.



Капитал број 1063 22.05.2020

20

ПОЛИТИКА НА ГЛАСАЊЕ ВЕДНАШ ШТОМ СЕ СОЗДАДАТ УСЛОВИ

ИЗБОРИТЕ СЕ И ОД ЗАЛОЖНИШ


www.kapital.mk

ИЗЛЕЗ ШТВОТО

Капитал број 1063 22.05.2020

21 Голема иронија лежи во фактот што се распишаа предвремени парламентарни избори од наводен страв дека земјава ќе западне во политичка криза, оти не успеала во своите евроатлантски интеграции - еден од клучните, ако не и најважен столб на владината политика. Шест месеци подоцна, Македонија е полноправна членка на НАТО, со зелено светло за преговори и преговарачка рамка што се чека за некоја недела. Кризата навистина е тука, ама токму поради фактот што воопшто се распишаа избори, се избра техничка Влада којашто имаше една задача - да организира и да спроведе гласање, а и' се дозволи да остане да ја води земјата среде огромна здравствена и општествена криза.


Капитал број 1063 22.05.2020

22

ПОЛИТИКА

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

Г

Голема иронија лежи во фактот што се распишаа предвремени парламентарни избори од наводен страв дека земјава ќе западне во политичка криза, оти не успеала во своите евроатлантски интеграции - еден од клучните, ако не и најважен столб на владината политика. Шест месеци подоцна, Македонија е полноправна членка на НАТО, со зелено светло за преговори и преговарачка рамка што се чека за некоја недела. Кризата навистина е тука, ама токму поради фактот што воопшто се распишаа избори, се избра техничка Влада којашто имаше една задача - да организира и да спроведе гласање, а и' се дозволи да остане да ја води земјата среде огромна здравствена и општествена криза. Ова елементарно ниско ниво на самодоверба кај власта и нагонот да се задоволат или пресретнат неразумните барања за предвремени избори на опозицијата за да не се покаже дека се бега од народот - сега и' се удира од глава на целата држава. Опозицијата, којашто особено низ кризата, се покажа дека е се' освен конструктивна, ја искористи можноста да навлезе низ институциите, ама не за да организира избори, туку за да наметне и одржува една неразумна битка со власта во услови кога е потребна сериозна организираност, заедништво и координиран и јазик и одговор. Кадрите на опозицијата и оние на власта (иако во техничка власт веќе се губат тие поими) се како рогови во вреќа - се бојкотираат реформи, се троши енергија на партиски препукувања, се работи зад грб, па дури и се блокираат цели процеси (скандалозен е примерот со заменичката министерка за финансии која инаетливо не става потпис на поволен заем од Светската банка за помош околу кризата). Значи, институциите се поделени и раскарани, а Парламент нема, оти спикерот Талат Џафери е убеден дека неговото толкување на Уставот е единствено точно и смета оти нема начин како повторно би ги собрал пратениците (кои патем не престанаа да земаат плата!) за да би се вратила старата политичка влада во полн капацитет. Државата останува заглавена - ни ваму - ни таму и се разбира дека решението е многу просто, да се оди на гласање и граѓаните да си изберат нов Парламент и нова Влада со полн легитимитет.

На чија капа слетала мувата?

Но, не залудно се рекло - наједноставното е секогаш најтешко. Одржување на изборите е сериозен предизвик во услови кога во Македонија дневно се' уште има по десетици нови заболени од коронавирусот, бројки со коишто смирувањата на министерот за здравство Венко Филипче дека пандемијата е под контрола изгледаат прилично боси. Епидемиолозите се поделени, а граѓаните збунети. Кога се најавени разлабавувања на рестриктивните мерки и отворање на шопинг молови и обложувалници, а наскоро и на угостителски објекти, нејасно е како граѓанското право да си купи облека е над она да гласа и да избере легитимна власт!? Но, со здравјето не смее да има никакви

КЕЈТ БРНС амбасадорка на САД ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ НА ВЛАСТ ОГРАНИЧЕН ПЕРИОД, ИЗБОРИ ВЕДНАШ ШТОМ ИМА УСЛОВИ! Од перспектива на САД, разумно е да се очекува избори да се одржат веднаш штом дозволат условите, имајќи ги на ум здравјето и благосостојбата и на гласачите и на членовите на избирачките одбори. Ние не предвидуваме нова политичка криза. Моментално има техничка влада. Оваа влада требаше да биде на власт во ограничен период пред да се одржат избори. Невидена меѓународна пандемија принуди одлагање на оригиналниот датум сè додека условите дозволат изборите да се презакажат. Техничката влада има ограничен мандат и нема функционален парламент. Потребни се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите.


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

23 калкулации и оттука не само ризик, туку и крајно непромислен потег би била организација на избори додека има сериозни наоди дека пандемијата не е стивната и дека има опасности за јавното здравје. Токму на оваа карта игра ВМРО - ДПМНЕ чии што водачи велат дека не смее да се гласа оти здравјето е во опасност, а го обвинуваат лидерот на СДСМ Зоран Заев, оти е „политички некрофил“ кому не му е гајле колкумина мртви ќе има за да повторно ја освои власта. Простата логика гледа две сериозни „дупки“ во оваа загриженост на опозицијата - доколку навистина сметаат дека пандемијата е во полн ек, тогаш зошто се противат на сите рестриктивни мерки и забрани за движење? И второ - зошто Заев би сакал брзи избори за да ја освои власта кога тие тврдат оти ќе го сторат истото во секое време? Со овие дилеми грижата околу јавното здравје на граѓаните добива строго партиска боја. СДСМ, од друга страна, се чини дека се подизгуби во борбата да се создаде перцепција оти нештата се смируваат. Многумина сметаат дека прераното разлабавување на мерките резултира со нови болни, но од таму велат дека контролата на теренот е препуштена на полицијата, којашто пак е во рацете токму на ВМРО - ДПМНЕ која таму има свој министер.

Политички препукувања како модус операнди

И во овие линии некаде се движат и партиските препукувања што ја одбележаа неделата, коишто отидоа дури дотаму да лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача: „Ако одлучат да одат во јуни на избори, со среќа нека им се тие избори”, изјави тој. Следуваше новинарско прашање: „Нема да учествувате на тие избори?”, а Мицкоски само повтори: „Со среќа нека им е, тоа можам да им посакам”, веројатно свесен дека отсечно „да“ би имало малку посериозни импликации од голата закана. Ден потоа се јави и генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев. „Заев е исклучително нервозен и изолиран, единствен политичар што не води сметка за човечките животи. Зоран Заев посакува да го однесе народот на гилотина со брзи избори среде пандемија! Обземен од страв од неминовниот изборен пораз, сака да ги жртвува животите на граѓаните само во обид за спас на својата кожа“, истакна Јанушев. Како што рече тој, нервозата кај Заев е очигледна бидејќи тој знае дека губи и посакува среде најголемата жестина на смртоносната епидемија да организира криминогени избори со мал одѕив. „Дури и неговите сопартијци знаат дека кризата не е намалена и дека со тоа би се довеле во опасност граѓаните. Само Заев посакува избори и по цена на броење човечки жртви“, рече Јанушев дополнувајќи дека ниту еден од условите за одржување кредибилни избори не е исполнет. „54 изборни процеси во светот, од кои

ЗОРАН ЗАЕВ

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Ако не се договориме со опозицијата, тогаш одиме на избори според Уставот и законите на 21 јуни, со 14 кандидатски листи.

Ако одлучат да одат во јуни на избори, со среќа нека им се тие избори. Со среќа нека им е, тоа можам да им посакам.

21 во Европа, се одложени, само Заев сака избори сега. Тоа повеќе не е ниту хибриден режим, тоа е болен авторитаризам“, истакна претставникот на ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека избори во јуни нема да има и дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи првенствено за здравјето на граѓаните. Јанушев предлага изборите да се случат кога ќе се намали, односно ќе се нормализира здравствената криза и кога ќе се извршат вистински тестирања, кои нема да покажуваат толку голем број на новозаразени.

денови и потоа од 31 мај законските рокови ќе стапат на сила“ – рече лидерот на СДСМ.. Заев вели дека ги разгледале документите од Комисијата за заштита од заразни болести, од Државната изборна комисија и од ОБСЕ/ОДИХР. „Светската здравствена организација кажува дека во текот на летото државите треба да се подготват за нов бран на коронавирусот наесен, треба да ги прошират болниците, да набават нови легла, респиратори итн. Дај боже да нема втор бран од септември, но ако го има, што правиме тогаш? Сите дадоа поддршка, освен ВМРО-ДПМНЕ која инсистира да се гласа наесен, што за нас е неприфатливо. Сакаме да имаме договор, но ако нема договор, остануваат Уставот и законите на државата“ категоричен е Заев. Тој не би сакал да оди на избори без најголемата опозициска партија и смета дека не може да има бојкот на избори затоа што досега сите партии учествува во предизборните процеси, односно изразија волја, поднесоа листи, кандидатите пополнија нотарски изјави, а ДИК ги прифати листите и го заврши ждребувањето за редоследот на гласачкото ливче. – Изборите се јасно дефинирани и процесот е замрзнат на 22 дена пред крајот. Не сакаме никој да бојкотира ниту кампања, сакаме сите да учествуваат. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара лидерска средба, претседателот Пендаровски ја закажа, тој побара уште една недела, а тоа е купување време и дојде на средбата без аргументи. Нека ги ценат граѓаните аргументите. Може да има бојкот на претстојната кампања, но такво нешто воопшто не е посакувано – рече Заев. Инаку, поддршка за 21 јуни како датум дадоа ДУИ, ДПА и Беса, а Алијансата за Албанците и Алтернатива го предложија 26 јули. nnn

лидер на СДСМ

Што велат Уставот и законите?

Заев, од друга страна, не очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира изборите, затоа што партијата учествува во процесот и има кандидатски листи, но е категоричен дека изборите мора да се одржат на 21 јуни, или евентуално една седмица подоцна на 28 јуни, ако на 30 мај заврши вонредната состојба. „Ако не се договориме со опозицијата, ако не постигнеме консензус, тогаш одиме на избори според Уставот и законите на 21 јуни, со 14 кандидатски листи и верувам дека излезноста на граѓаните ќе биде максимална. Ако не се договориме, не е прашањето што сака СДСМ и коалицијата или што сакаат нашите партнери во Владата како ДУИ или Алтернатива, туку прашањето е што велат Уставот и законите. А велат дека, ако вонредната состојба заврши на 30 мај, тогаш изборните дејства продолжуваат веднаш и од денот на прекинот на вонредната до изборите има вкупно 22 дена. Ако некој сака да ги одложи изборите, нека покаже како се прави тоа според Уставот и законите. Ние нема да дозволиме незаконско одложување на изборите, или што било незаконско во врска со процесот, затоа што кој било граѓанин со само една претставка пред Уставниот суд ќе ги урниса изборните резултати. Имаме можност да разговараме уште неколку

лидер на ВМРО - ДПМНЕ


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

24

ПАЗАР НА КАПИТАЛ

МАКЕДОНСКИ АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА ВКЛУЧЕНИ ВО НОВИОТ РЕГИОНАЛЕН ПРОЕКТ НА ЕБОР

ЌЕ СЕ ИЗГОТВУВААТ ИНВЕСТИЦИСКИ АНАЛИЗИ ЗА ДОМАШНИ И РЕГИОНАЛНИ КОТИРАНИ КОМПАНИИ

Македонската берза и нејзините котирани друштва стануваат дел од овој значаен проект што ги опфаќа берзите во шест земји од регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Романија, Србија, Бугарија и Северна Македонија). Македонскиот пазар на хартии од вредност, иако најмал во оваа група, доби три места. пишува:

Игор Петровски

Т

igor.petrovski@kapital.mk

Три акционерски друштва кои котираат на Македонска берза се избрани да учествуваат во проектот на ЕБОР што има за цел да ја зголеми јавната достапност на инвестициски анализи и со тоа да ја пополни информациската празнина од овој вид анализи за котираните компании во регионот. Првите инвестициски анализи за македонските

компании се планирани за септември (Алкалоид АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје) и декември (НЛБ Банка АД Скопје). Македонската берза и нејзините котирани друштва стануваат дел од овој значаен проект што ги опфаќа берзите во шест земји од регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Романија, Србија, Бугарија и Северна Македонија). Македонскиот пазар на хартии од вредност, иако најмал во оваа група, доби три места. Според претходно утврдени критериуми и врз основа на индивидуално изјаснување

на котираните компании во проектот се вклучени Алкалоид АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ банка АД Скопје. Сите три компании се составен дел од индексот МБИ10 што го пресметува Македонска берза.

Во проектот вклучени 20 компании од регионот

Во проектот учествуваат вкупно 20 компании котирани на берзите во споменатите шест држави според специфични критериуми утврдени од страна на консултантска куќа избрана од ЕБОР - WOOD & Company, инвестициска банка специјализирана


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

25 за пазари во појавување. Критериумите за селекција вклучуваа редовно известување на англиски јазик, определена големина на приходите, доволен број на акции распространети во јавноста (free float), како и избраните компании да не се веќе предмет на вакви инвестициски анализи. Избраните компании потпишаа меморандум за соработка со локалните берзи. “Недостатокот на систематска и континуирана инвестициска анализа на акционерските друштва што котираат на Македонска берза, вклучително и на нашите blue chip компании, дефинитивно претставува еден од главните предизвици со кои се соочува нашиот пазар. Ова, секако, е поврзано со прашањето за ефикасно формирање на пазарните цени, како и со атрактивноста на инструментите кои се тргуваат на нашиот пазар за домашните, а особено за странските инвеститори. Овој нов проект на ЕБОР, кој е еден од многуте што оваа институција го спроведува во регионот за што сме многу благодарни, преку обезбедување на лесно достапни инвестициски анализи и препораки, се очекува значително да го зголеми обемот на квалитетни информации за низа добри регионални котирани компании (вклучително и три македонски акционерски друштва),со низа позитивни развојни импликации од тоа за пазарите во целина. Улогата на Берзата во иднина ќе биде насочена кон поддршка на комуникацијата помеѓу избраните домашни компании и консултантската куќа и дистрибуција на изготвените анализи за времетраење на проектот“, истакна Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза.

ИВАН ШТЕРИЕВ

ХАНЕС ТАКАШ

Овој нов проект на ЕБОР, преку обезбедување на лесно достапни инвестициски анализи и препораки, се очекува значително да го зголеми обемот на квалитетни информации за низа добри регионални котирани компании - вклучително и три македонски акционерски друштва. Улогата на Берзата во иднина ќе биде насочена кон поддршка на комуникацијата помеѓу избраните домашни компании и консултантската куќа и дистрибуција на изготвените анализи за времетраење на проектот.

Ни претставува особено задоволство што со овој проект даваме важен придонес во правец на проширување на основите за финансирање на избраните компании. Со ова всушност се докажува дека моќта е во знаењето. Малите и средни компании се клучни за благосостојбата на европската економија, а во услови на постоење на пандемија на корона вирус обезбедувањето на услови за нивно финансирање е позначајно од кога било.

главен извршен директор на Македонска берза

вршител на должност директор на Local Currency and Capital Markets Development во ЕБОР

Анализите ќе бидат бесплатно достапни

“Ни претставува особено задоволство што со овој проект даваме важен придонес во правец на проширување на основите за финансирање на избраните компании. Со ова всушност се докажува дека моќта е во знаењето. Малите и средни компании се клучни за благосостојбата на европската економија, а во услови на постоење на пандемија на корона вирус обезбедувањето на услови за нивно финансирање е позначајно од кога било“, истакна Hannes Takacs, вршител на должност директор на Local Currency and Capital Markets Development во ЕБОР. Програмата е финансирана од TaiwanBusiness EBRD Technical Cooperation Fund и не подразбира дополнителни финансиски трошоци за компаниите. Проектот ќе трае две години, до 2022 година, и ќе обезбеди бесплатни,јавно достапни инвестициски анализи за споменатите компании. Анализите ќе се објавуваат на специјално креиран веб портал од страна на СЕЕ Линк ДОО Скопје (https://listed-sme.com/en-GB).

nnn

Првите инвестициски анализи за македонските компании се планирани за септември (Алкалоид АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје) и декември (НЛБ Банка АД Скопје).


Капитал број 1063 22.05.2020

26

www.kapital.mk

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ПРЕГЛЕД НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗАНСКИ СЛУЧУВАЊА

ТУРИЗМОТ, УГОСТИТЕЛСТВОТО И АВИО КОМПАНИИТЕ – СЕКТОРИ КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА СО ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО АКЦИИ Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

27 пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

К

Мерките преземени како одговор на пандемијата во Европа и САД забрзано се повлекуваат и се заменуваат со мерки за унапредување на најпогодените делови од економиите. Во Европа, на маса е предлог за нов фонд од 500 милијарди евра, со кој би им се помагало на компаниите во земјите кои се најпогодени од СОВИД-19. Притоа, европските политичари особено ги таргетираат Италија и Шпанија, иако помошта јасно ќе биде поврзана со реструктурирање на економиите, анализираат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс. МН: Туризмот, автомобилската и авиокомпаниите дишат на жабри „Монетарните и фискалните мерки продолжуваат да се зајакнуваат и во САД. Гувернерот на американските Федерални резерви, Џером Пауел, објави дека ФЕД сè уште има доста оружја со кои може да се спротивстави на кризата, на што пазарот одговори со силен раст на цената на акциите. Ситуацијата во Кина, за која велиме дека е два месеци пред Европа и дополнителен месец пред САД и Велика Британија, исто така, се подобрува од ден на ден. Индустријата и дел од услужниот сектор закрепнуваат брзо, а од друга страна, постои голема претпазливост во услугите каде што се присутни поголем број луѓе (туризам, угостителство, воздухопловство и сл.). Слично темпо на закрепнување во Европа и САД би бил многу позитивен знак, иако оваа година сериозно ќе бидат погодени земјите од југот на Европа заради намалениот обем на услужни активности (особено туризмот).“, сметаат од Генерали. Повеќето компании веќе ги објавија своите извештаи за првиот квартал, а резултатите беа релативно солидни во целост и претежно над очекувањата, иако делот кои ги надминуваат очекувањата се најниски од финансиската криза 2008-09 година. Негативен дел од објавувањето на резултатите беа намалените очекувања за вториот квартал и повлекувањето на предвидувањата за остатокот од годината. „Од индустриите здравствената, прехранбената индустрија и другите производи за широка потрошувачка и нега како и ИТ индустријата работат одлично. Банките очекуваат да се справат со нефункционалните кредити, а туризмот, автомобилската, воздухопловната индустрија и многу други компании размислуваат како да преживеат и бараат државна помош. Гледаме зајакнување на онлајн продажбата и позитивни изненадувања

Пазарите на капитал се држат исклучително добро, продолжува понатаму анализата. Голем дел од заслугите се припишуваат на големата ликвидносна помош од страна на централните банки во последните неколку недели која продолжува да се нуди на пазарите. Како резултат на тоа, вредноста на акциите на некои компании не само што ги надминаа оние од почетокот на годината, туку достигнаа и нови рекордни нивоа. Американскиот технолошки индекс NASDAQ е првиот најголем глобален индекс што забележа позитивен принос за оваа година.

за практично сите онлајн трговци. Победници во кризата се компаниите од здравството, бидејќи сите бележат многу поголем раст од очекуваниот и нивната иднина изгледа оптимистично.“, коментираат менаџерите за инвестиции од Генерали. МН: Акциите повторно се скапи Пазарите на капитал се држат исклучително добро, продолжува понатаму анализата. Голем дел од заслугите се припишуваат на големата ликвидносна помош од страна на централните банки во последните неколку недели која продолжува да се нуди на пазарите. Како резултат на тоа, вредноста на акциите на некои компании не само што ги надминаа оние од почетокот на годината, туку достигнаа и нови рекордни нивоа. Американскиот технолошки индекс NASDAQ е првиот најголем глобален индекс што забележа позитивен принос за оваа година. „Според сите статистички критериуми, акциите повторно се скапи, особено ако се земе предвид очекуваниот пад на профитот, но инвеститорите го насочија својот поглед кон иднината, не само кон 2021 година, туку и многу подалеку. Но, иако акциите се чинат скапи, не смееме да заборавиме дека обврзниците се уште поскапи, затоа што тие не нудат принос туку се само релативно безбеден ‘паркингќ за вишокот на пари. Ликвидноста на централните банки ги промени перцепциите за реалноста и целата оваа ликвидност сака да најде инвестиција што сепак ќе донесе барем минимален принос.“заклучуваат од Генерали Инвестментс. nnn

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Не е паметно целото портфолио да ви биде во акции, ниту пак во обврзници или депозити

И

ако акциите повторно изгледаат прилично скапи, моментално не е време за екстреми. Не е паметно целото портфолио да ви биде во акции, ниту пак во обврзници или депозити. Стара американска берзанска поговорка вели дека нема смисла да се борите со централните банки затоа што тие имаат неограничена сума пари, велат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс. „Ликвидната поддршка го форсира растот на цените на обврзниците и акциите и овој тренд може да продолжи. Од друга страна, состојбата на светската економија е слаба, а иднината е многу нејасна. Затоа најмногу се препорачува балансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи, гледаме дека предвидувањата за вакцините можат да го придвижат пазарот за 10% во позитивна насока, но исто така може да се случи и спротивното ако овие прогнози испаднат избрзани или дури и неточни.“ Затоа, диверзификацијата на портфолиото е чекор кон вистинската насока, сугерираат од Генерали. Инвестирањето во акции од нафтената индустрија, воздухопловството или компаниите кои нудат крстарења треба да останат само како потенцијален „зачин“ на портфолиото, и најдобро е да им се остават на оние кои, всушност се запознаени добро со овие компании и имаат доволно информации за нивните тековни и идни активности.


Капитал број 1063 22.05.2020

28

www.kapital.mk

EVENTS

15 – ТА МЕЃУНАРОДНА АКАДЕМСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: ПРЕДИЗВИЦИ И ГРАДЕЊЕ ИЗДРЖЛИВОСТ


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

29 пишува:

Игор Петровски

Н

igor.petrovski@kapital.mk

На 21 мај 2020 г., Универзитет Американ Колеџ Скопје на онлајн платформата Webex, ја одржа 15-та Меѓународна академска конференција на тема „КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: ПРЕДИЗВИЦИ И ГРАДЕЊЕ ИЗДРЖЛИВОСТ“. Официјалното отворање на конференцијата беше означено со обраќање на проф. д-р Стево Пендаровски, претседател на државата, кое беше проследено со обраќање и на евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар. Специјални говорници на конференцијата беа заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, директорката на „Фридрих Еберт Штифтунг“ во земјава, Ева Елерајт, директорот на Хабитат Македонија, проф. д-р Зоран Костов, како и добитничката на наградата за животна средина „Голдман“ за 2019 г., Ана Чоловиќ Лешоска. Во име на организаторите, на гостите им се обратија проф. д-р Миодрага Стефановска Петковска, Универзитет Американ Колеџ Скопје, и проф. д-р Марина Андева, Универзитет Американ Колеџ Скопје. Во своето обраќање проф. Стефановска – Петковска ја нагласи лекцијата која ја научивме како човештво од корона пандемијата. Имено, иако светот беше соочен со криза од огромни размери, човештвото научи дека изолацијата не значи да се биде сам. Се потсетивме на важноста од чисто небо, незагаден воздух и улици ослободени од сообраќаен метеж и оставени само на пешаците и велосипедистите. Со тоа, на еден свој уникатен начин, корона пандемијата не научи да му дадеме шанса на „зеленото“.

На 21 мај 2020 г., Универзитет Американ Колеџ Скопје на онлајн платформата Webex, ја одржа 15та Меѓународна академска конференција на тема „КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: ПРЕДИЗВИЦИ И ГРАДЕЊЕ ИЗДРЖЛИВОСТ“. Покрај учесниците од Македонија, на конференцијата свои излагања имаа и научници и истражувачи од повеќе земји, кои ги презентираа трудовите на теми поврзани со климатските промени, проблемите и предизвиците што се отвораат, како и можните решенија за овие состојби.

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ претседател на државата

Сè додека фосилните горива се срцето на глобалниот енергетски систем, ние ќе имаме неодржлив економски модел на раст и развој.Нашиот економски и техничко-технолошки развој мора да стане климатски неутрален. Прво, потребна е синергија меѓу природните и општествените науки. Второ, потребна е солидарност во општеството. Трето, неопходна е солидарност меѓу државите. Четврто, неопходна е транс-генерациска солидарност.

Македонски „зелен договор“

Претседателот Пендаровски, пак, ја нагласи врската помеѓу пандемијата и климатските промени. Коронавирусот доведе до забавување, некаде и до целосно запирање на индустријата, производството, транспортот во многу земји во светот. Краткорочно, тоа има позитивен ефект врз животната средина. „Оксфорд аналитика“ проценува дека „емисиите на јаглероден диоксид значително ќе се намалат во 2020 година како резултат на продолжениот прекин на многу економски активности“. Сателитите на НАСА и на Европската вселенска агенција потврдија дека, само во случајот со Народна Република Кина, нивото на јаглероден диоксид (СO2) е намален за 40%. „Овие податоци недвосмислено потврдуваат две нешта. Прво, дека човекот е одговорен за емисијата на јаглероден диоксид во атмосферата. И второ, дека природата сè уште може за релативно кратко време да врати дел од нарушениот баланс. Се разбира, доколку тоа и го дозволиме. Сè додека фосилните горива се срцето на глобалниот енергетски систем, ние ќе имаме неодржлив економски модел на раст и развој. Затоа, нашиот економски и техничко-технолошки развој мора да стане климатски неутрален.

САМУЕЛ ЖБОГАР

евроамбасадор во Северна Македонија

Климатскиот предизвик да ги претвориме во климатска можност. Важноста на Европскиот Зелен Договор за адресирањето на климатските промени е огромна и затоа овој документ е препознаен и како новата стратегија за развој на Европската Унија. Тој ќе придонесе кон адресирањето на климатските промени на повеќе нивоа – од активности во бизнис заедницата, преку индивидуалните и општествените промени до релевантни економски интервенции како креирањето на нови работни места.


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

30

EVENTS

АНА ЧОЛОВИЌ ЛЕШОСКА

добитничка на престижната награда за животна средина „Голдман“ за 2019 г.

ЕУ ја препозна важноста од вклучување на земјите на Западниот Балкан како неопходни партнери кон постигнување на климатска неутралност. Клучните сегменти на зелената агенда се декарбонизацијата, циркуларната економија, загадувањето. Политиките треба да бидат базирани на податоци, а не на лично мислење. Затоа е исклучително важна улогата на истражувачите и научниците во трансформацијата на нашето општество.

ЕВА ЕЛЕРАЈТ

директорка на фондацијата „Фридрих Еберт Штифтунг“ во Северна Македонија

Климатските промени претставуваат заеднички предизвик кој не препознава политички бои и треба да препознае напор кој треба да се направи за да се остави подобар свет на новите генерации. интердисциплинарноста е клучна кон адресирање на проблемот и формирање на прилагодени решенија кон секоја земја. Ова посебно се однесува на врската помеѓу сиромаштијата и климатските промени, бидејќи ако ги заштитиме најранливите, ние сме ги заштитиле сите.

ЗОРАН КОСТОВ

директор на „Хабитат Македонија“

Мораме да ја истакнеме важноста на врската помеѓу домувањето, енергијата и климатските промени. Оваа прилика сакам да ја искористам за да ја потенцирам потребата за развивање на модели за енергетски ефикасни интервенции во секторот за домување, посебно во објекти за фамилијарно домување.

Пендаровски нагласи четири клучни точки: 1. Прво, потребна е синергија меѓу природните и општествените науки. 2. Второ, потребна е солидарност во општеството. 3. Трето, неопходна е солидарност меѓу државите. 4. Четврто, неопходна е транс-генерациска солидарност. Амбасадорот на Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар во своето обраќање ја истакна можноста да се претвори климатскиот предизвик во климатска можност. Важноста на Европскиот Зелен Договор за адресирањето на климатските промени е огромна и затоа овој документ е препознаен и како новата стратегија за развој на Европската Унија. Тој е наменет да придонесе кон адресирањето на климатските промени на повеќе нивоа – од активности во бизнис заедницата, преку индивидуалните и општествените промени до релевантни економски интервенции како креирањето на нови работни места. Амбасадорот ја нагласи и улогата на нашата земја во заедничката зелена агенда. Коронавирусот ја подигна свесноста за солидарност и заеднички одговор бидејќи солидарноста и заедништвото се основата на развојот на ЕУ. Заменикот министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули истакна дека додека реалноста на Ковид 19 и укажа на нашите слабости и важноста на солидарноста и соработката, климатските активности станаа луксуз. Но преку силно лидерство, геополитичка соработка и стабилни институции научивме дека треба да инвестираме во иднината, а не во минатото. Макрадули ја истакна важноста на Зелениот договор за нашата земја. „Ни треба нов Македонски зелен договор кој е интеграциски, инклузивен и мултидисциплинарен. Утрешниот ден ја обележува улогата и важноста на биодиверзитетот, и треба да бидат направени напори кон неговата интеграција во градската средина. Од неоспорна важност е вложување во обновливите извори на енергија кои се од особена важност за малите и средните претпријатија. Истовремено, мораме да продолжиме со планот за чист воздух, масовен процес на трансформација на зградите кон енергетски ефикасни објекти, дигитализација, улогата на науката и важноста на кредибилните извори на информации и вестите, како и интегрирањето на свесноста за климатските промени во делувањето на приватниот сектор.“, рече Макрадули. Мора да се препознае дека чистиот воздух е нераскинливо поврзан со климатските промени, додаде тој. „Не постои вакцина за климатските промени и согласно тоа мора да се базираме на солидарност и креативност и да покажеме дека ние како земја можеме заеднички да изградиме нов Македонски зелен договор и да прераснеме во лидер во регионот на ова релевантно поле.“

Клучни сегменти на зелената агенда

Директорката на фондацијата „Фридрих Еберт Штифтунг“ во земјава, Ева Елерајт, истакна дека климатските промени претставуваат заеднички предизвик кој не препознава политички бои и треба да препознае напор кој треба да се


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI www.kapital.mk

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156

Капитал број 1063 22.05.2020

31


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

32

EVENTS

направи за да се остави подобар свет на новите генерации. Ја истакна улогата на пандемијата во препознавањето на важноста и можноста за климатските промени. Елерајт се заблагодари на претседателот Пендаровски, за активности кои ги поддржува во земјата. Воедно истакна дека интердисциплинарноста е клучна кон адресирање на проблемот и формирање на прилагодени решенија кон секоја земја. Ова посебно се однесува на врската помеѓу сиромаштијата и климатските промени, бидејќи ако ги заштитиме најранливите, ние сме ги заштитиле сите. Директорот на Хабитат Македонија, проф. д-р Зоран Костов говореше за важноста на врската помеѓу домувањето, енергијата и климатските промени. Во неговото обраќање тој ја истакна потребата за развивање на модели за енергетски ефикасни интервенции во секторот за домување посебно во објекти за фамилијарно домување. Добитничката на престижната награда за животна средина „Голдман“ за 2019 г., Ана Чоловиќ Лешоска ја истакна важноста на Европскиот зелен договор и неговата важност посебно во времето на пандемијата. Истовремено ЕУ ја препозна важноста од вклучување на земјите на Западниот Балкан како неопходни партнери кон постигнување на климатска неутралност. Меѓу другото, таа истакна дел од клучните сегменти на зелената агенда како Декарбонизацијата, циркуларната економија, загадувањето. На крај, Чоловиќ Лешоска истакна дека политиките треба да бидат базирани на податоци, а не на лично мислење. Затоа е исклучително важна улогата на истражувачите и научниците во трансформацијата на нашето општество Конференцијата беше поделена во пет работни сесии, во кои истакнати

професори и експерти ги презентираа своите анализи и истражувања од областа на климатските промени. Работните сесии беа предвидени за дискусија на следниве теми: 1. Бизнис, економија, финансии и иновации – модерирана од проф. д-р Снежана Христова, Декан на Факултетот за деловна економија и организациони науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје. 2. Политика, правда, владеење и етика – модерирана од проф. д-р Марина Андева, Генерален секретар на Универзитет Американ Колеџ Скопје. 3. Здравје и општество – модерирана од проф. д-р Ана Томовска Мисоска, Универзитет Американ Колеџ Скопје 4. Вода-Енергија-Храна – модерирана од проф. д-р Ана Томовска Мисоска, Универзитет Американ Колеџ Скопје 5. Урбано планирање, енергија и

инфраструктура – модерирана од проф. д-р Миодрага Стефановска Петковска, Универзитет Американ Колеџ Скопје 6. Глобални предизвици - модерирана од проф. д-р Миодрага Стефановска Петковска, Универзитет Американ Колеџ Скопје Покрај учесниците од Македонија, на конференцијата свои излагања имаа и научници и истражувачи од повеќе земји, кои ги презентираа трудовите на теми поврзани со климатските промени, проблемите и предизвиците што се отвораат, како и можните решенија за овие состојби. Конференцијата беше проследена од голем број учесници и претставуваше ретка можност за размена на идеи меѓу истакнати домашни и странски научници, како и помеѓу пријавените учесници и медиумите. nnn



Капитал број 1063 22.05.2020

34

ИНТЕРВЈУ

ТАМАРА ЈОЛЕВСКA ПОПОВ

ПРОФЕСОР ВО АМЕРИКАНСКАТА ГИМНАЗИЈА СКОПЈЕ

БРЗО СЕ ПРИЛАГОДИВМЕ НА ОНЛАЈН НАСТАВАТА Американската Гимназија изреагира навремено и понуди совршен модел за одвивање на наставата речиси со еднакво темпо како да сме во училница. Сега, секако има еден куп дистракции дома и учениците на почетокот реагираа повеќе на нив, меѓутоа со рекордна брзина ја изградија навиката да се фокусираат на часот, без разлика на тоа во каква форма им се одвива, а мора да забележам дека во АХСС се внимава да се одржи интерактивноста во наставата. Што се однесува до нас, професорите, по неколку сесии обуки за употреба на онлајн системот, брзо се прилагодивме. Интересно е што сега, кога ќе згрешиме со некоја опција на онлајн платформата, учениците се тие што помагаат и објаснуваат, па се добива една дополнителна димензија на размена на искуства поради која тие се чувствуваат особено горди.

Редакција Капитал

П

kapital@kapital.mk

Пред три години во Скопје почна со работа приватното средно училиште Американска гимназија - American High School Skopje (AHSS), најмладата образовна институција во семејството на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Како што ни изјавија тогаш од менаџментот на училиштето, идејата им била да им овозможат квалитетно образование на младите генерации, со цел тие да се стекнат не само со знаења, способности и вештини потребни за продолжување на школувањето на високообразовните институции, туку и да се оспособат за работа и живот во современото глобално општество. Во Американската гимназија се применуваат современи наставни методи и современа образовна технологија, прилагодени на индивидуалниот физички, емоционален и интелектуален развој на учениците, и наменети за стимулирање критичко размислување, проучување и истражување. Притоа, посебно внимаваат и на истакнување на хуманистичките вредности и негување на етичките вредности кај учениците. Со професорката по англиски јазик

во Американската гимназија, Тамара Јолевска Попов, разговаравме околу тоа како во училиштето се справуваат со новите околности во контекст на кризата предизвикана од пандемијата Ковид – 19, односно со спроведувањето на онлајн наставата и сите предизвици што ги носи со себе. XКакво X е вашето искуство досега како професорка во Американската Гимназија Скопје, работејќи со тинејџери? Јас сум просветен работник повеќе од 10 години со искуство во мноштво приватни училишта во главниот град и тоа на ученици од сите возрасти. Мора да признам дека тинејџерскиот период е, за мене, најинтересен со своите бубачки затоа што пред очите на наставникот се одвива приказната за грдото пајче што прераснува во прекрасен лебед. Почнувате да работите со деца, а на факултет испраќате полнолетни формирани личности. Имам и една голема предност што јас сум всушност лектор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, па повторно ги гледам истите млади личности и го следам нивниот развој. XВо X каков период Ве затекна почетокот на кризата? Како го доживеаја тоа децата од училиштето? Како човек што честопати бил соочен


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

35

Искуството што го стекнавме со онлајн наставата е премногу вредно и ќе послужи како алтернатива или пак, примарен избор во ситуации кога далечината на учениците е преголема за непосреден контакт, но сепак, не смее да се сведе само на тоа. Ние наставниците сме еден посебен вид на актери чија критички настроена публика мора и да го посети театарот за искуствено и во живо да научи и примени нови концепти. Непосредната човечка комуникација ни ги овозможува најголемите животни лекции. со разни предизвици во работењето и непреченото одвивање на наставата, некако како да очекував да се затвориме во нашите домови во обид да ја „истапиме кривата“. Всушност, паниката во Македонија мене ме затекна додека летав назад кон скопскиот аеродром, па не бев ни изненадена кога бевме испратени дома по едно од моите предавања. Децата, од друга страна, веројатно малку се збунија. За нив работните навики се поинакви на училиште и дома, меѓутоа беа пријатно изненадени кога по само неколку дена АХСС излезе со решение со цел да им овозможи непречено следење на настава и одржување на истото темпо на работа како да се во училница, за да си ја завршат учебната година навремено. Нивната дисциплина е за пофалба, не пропуштаат ниту еден час и максимално и посветено си ги работат проектните задачи, како главна активност на часовите по англиски јазик и комуникативно учење. XАдаптацијата X кон онлајн настава не е лесна. Како Американската Гимназија Скопје се соочи со тоа, и како реагираа учениците? Како што претходно споменав, Американската Гимназија изреагира навремено и понуди совршен модел за одвивање на наставата речиси со еднакво темпо како да сме во училница.

Сега, секако има еден куп дистракции дома и учениците на почетокот реагираа повеќе на нив, меѓутоа со рекордна брзина ја изградија навиката да се фокусираат на часот, без разлика на тоа во каква форма им се одвива, а мора да забележам дека во АХСС се внимава да се одржи интерактивноста во наставата. Што се однесува до нас, професорите, по неколку сесии обуки за употреба на онлајн системот, брзо се прилагодивме. Интересно е што сега, кога ќе згрешиме со некоја опција на онлајн платформата, учениците се тие што помагаат и објаснуваат, па се добива една дополнителна димензија на размена на искуства поради која тие се чувствуваат особено горди. XКои X се предностите, а кои недостатоците на онлајн наставата? Има многу и од двете. Ајде ќе почнам со недостатоците. Јас сум професор кој сета своја енергија ја носи и целосно ја троши во училницата, учениците максимално ги вклучувам (користам и доста кинезиологија, односно просто движење за будење на сите сетила), а сега сум на стол, во мојата работна соба или каде и да успеам да се скријам со компјутерот за да ја избегнам бучавата дома. Јас навистина се хранам како професионалец од нивната енергија и изненадениот поглед кога ќе научат

нешто ново. Од друга страна, поради брзиот и напорен начин на живот, можеби и на сите ни требаше да си дадеме мала оддишка и да заземеме удобна поза додека работиме. Слушам за доста предизвици со кои што се соочуваат моите колеги поради недоволна подготвеност за овој начин на настава. Тоа досега не сум го искусила, затоа што институцијата ни даде вредна алатка која ги задоволува сите потреби, од поврзувањето на часовите и непречената комуникација, до лесниот проток на информации во форма на документи (проекти, домашни, есеи итн.). XКои X се Вашите размислувања за образованието во иднина? Иднината на образованието е како „Тојота“ хибрид. Мора да се напојува од неколку различни видови на енергија. Ова просто значи дека искуството што го стекнавме со онлајн наставата е премногу вредно и дека ќе послужи како алтернатива или пак, примарен избор во ситуации кога далечината на учениците е преголема за непосреден контакт, но сепак, не смее да се сведе само на тоа. Ние наставниците сме еден посебен вид на актери чија критички настроена публика мора и да го посети театарот за искуствено и во живо да научи и примени нови концепти. Непосредната човечка комуникација ни ги овозможува најголемите животни лекции. nnn


Капитал број 1063 22.05.2020

36

www.kapital.mk

МЕНАЏМЕНТ

ВЕБИНАР СО Д-Р ИСАК АДИЖЕС ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА М6 ЕДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР ОД СКОПЈЕ

МЕНАЏИРАЊЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА И ШТО ПОТОА

Во време кога се соочуваме со една од најголемите кризи во модерната историја, д-р Адижес преку својата методологија и своето долгогодишно искуство ги претстави личните согледувања и совети за менаџирање компании, но и на државата за време на кризниот период, како и по неговото завршување. По официјалниот вебинар со д-р Исак Адижес на кој беа приклучени повеќе од 400 учесници од нашата држава и регионот се одржа уште еден вебинар за претставници на Владата, бизнис заедницата и партнерите на М6 Едукативниот центар.


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

37


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

38

МЕНАЏМЕНТ пишува:

Игор Петровски

М

igor.petrovski@kapital.mk

ПРОФ. Д-Р ИСАК АДИЖЕС менаџмент консултант

Вештачката интелигенција веќе ги надминува капацитетите на човековиот ум. Иднината на бизнисите и човештвото е во СРЦЕТО. Ги надминавме мускулите и мозокот. Само работата со срце и од срце може да донесе развој, опстанок на оваа планета.

М6 Едукативниот центар организираше бесплатно предавање за македонската јавност со д-р Исак Адижес, еден од најценетите консултанти на држави и компании во светски рамки. Онлајн предавањето на реномираниот бизнис и организациски консултант, д-р Исак Адижес на тема „Менаџирање во време на криза и што потоа“ предизвика огромен интерес во јавноста, особено кај претприемачите и носителите на одлуки во домашните компании. Во време кога се соочуваме со една од најголемите кризи во модерната историја, д-р Адижес преку својата методологија и своето долгогодишно искуство ги претстави личните согледувања и совети за менаџирање компании, но и на државата за време на кризниот период, како и по неговото завршување. Д-р Адижес отвори теми кои ретко се дискутираат во компаниите, а се круцијални за раст и развој и за надминување на кризата, а тоа се основите на секој систем, индивидуа, семејство, компанија, држава. „Взаемната почит (признавање на правото на различност), довербата (верување дека другата страна го носи и мојот интерес во срцето, не само својот), културата и идентитетот треба да се наша предност. Македонија треба да е дијамант на Балканот и на посетителите да им нуди незаборавно искуство!“ Во однос на иднината, „Вештачката интелигенција веќе ги надминува капацитетите на човековиот ум. Иднината на бизнисите и човештвото е во СРЦЕТО. Ги надминавме мускулите и мозокот. Само работата со срце и од срце може да донесе развој, опстанок на оваа планета”, порача д-р Адижес.

Да се идентификуваат пет најбитни проблеми во државава

По официјалниот вебинар со д-р Исак Адижес на кој беа приклучени повеќе од 400 учесници од нашата држава и регионот се одржа уште еден вебинар за претставници на Владата, бизнис заедницата и партнерите на М6 Едукативниот центар. На оваа онлајн дебата се дискутираше како нашата држава да излезе како победник од кризата и како да одговори на предизвиците со кои се соочува. Д-р Адижес даде неколку конкретни совети, но и генерална порака до сите партии: „Потребна е интеграција на сите политички партии, ќе треба час поскоро да ги идентификуваат најбитните пет проблеми во државата и заеднички да го најдат решението - тоа е нивна заедничка одговорност.“ Д-р Исак Адижес е роден во Скопје и е еден од најангажираните и најреномирани предавачи и консултанти во светот. Бил професор на повеќе престижни универзитети, а неговото име е на листата 30 најдобри консултанти во Америка. Како признание за придонесот во развојот на теоријата и практиката на менаџирање, д-р Адижес е носител на 21 почесен докторат од универзитети во десет земји. М6 едукативниот центар е водечки регионален центар за трансформација и развој на општеството преку континуирано впивање и стимулирање на знаење, иновативност, креативност и култура во секојдневното живеење и работа на поединците, компаниите и институциите. nnn


ГРИЖА ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА ПОСТАРИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА СО КОРОНА ВИРУСОТ Пишува Проф. д-р Диана Белевска, психолог и психотерапевт Во време на пандемија на корона вирусот, физичкото дистанцирање се покажа како најефикасна превентивна мерка во заштитата на здравјето на населението. Но социјалната дистанца на подолг период, несвојствена за природата на човековото битие,има реперкусии по менталното здравје и добросостојбата на луѓето.

Светските искуства и истражувања покажуваат дека оваа новонастаната ситуација најтешко ја погодува повозрасната популација,затоа и психолошката вознемиреност кај постарите е очекувана појава. Кај повеќето од нив неможноста за физички контакт со пријателите и блиските,стравот за здравствената состојба заради веќе постоечките хронични болести, предизвикувааат депресивни чувства,чувство на осаменост,вознемиреност и други психолошки и психосоматски потешкотии. Токму затоа,грижата за менталното здравје на постарите членови на семејството треба да биде исто толку важна како и грижата за нивното физичко здравје. Еве неколку практични совети кои можат да ви помогнат да им овозможите поддршка која во овие моменти им е повеќе од потребна: 1. Комуницирајте со нив секојдневно, а доколку живеете одвоено посетувајте ги секогаш кога можете (секако, со почитување на препорачаните мерки за заштита). На тој начин ќе знаат дека се грижите за нив и дека не се сами. 2. Разговарајте за тоа како се чувствуваат, што мислат за состојбата со корона вирусот и како тоа влијае на нивното функционирање. 3. Охрабрете ги да комуницираат преку телефон со пријателите и членовите од семејството кои живеат одвоено од нив. 4. Проверете дали ги извршуваат нивните рутински активности во домот и во однос на грижата за себе. Чувството на осаменост кај постарите индивидуи може да има влијание во извршувањето на секојдневните активности и да допринесе до намалена грижа за себе. 5. Со оглед на тоа што треба да поминат најголем дел од денот дома, помогнете им да го исполнат времето. Можете да ги замолите да направат нешто за вас – да готват, да поправат некој апарат, да ги поучуваат внуците и слично. Важно е да се ангажираат во активности кои сакаат да ги прават, но не да им се наметнуваат обврски. 6. Поддржете ги ако сакаат да научат нешто ново, на пример да користат компјутер или паметен телефон. Помогнете им, но бидете трпеливи ако тоа се одвива бавно. 7. Постарите индивидуи имаат големо животно искуство и поминале различни животни ситуации, па дел од нив можат да се чувствуваат неранливи и отпорни на се. Покажете им разбирање и признание на нивното искуство, и поттикнете ги да ја искористат нивната мудрост во справувањето со оваа ситуација. 8. Доколку забележувате промени во нивното функционирање и се сомневате на посериозни психолошки потешкотии, побарајте стручна помош. И за крај,не заборавајте дека во овие изменете услови на живеење поддршката на постарите во одржување на нивната функционалност и физичко здравје е многу важна,но уште позначајна е грижата за нивното ментално здравје!


Капитал број 1063 22.05.2020

40

МЕНАЏМЕНТ

БОРБА ПРОТИВ НЕЛИКВИДНОСТА

КАКО ДА ГИ МЕНАЏИРАТЕ ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ? Домашните компании често паѓаат во стапицата да го имаат профитот во билансите, а да ги немаат парите на сметка. Со анализа на паричните текови точно знаеме колку пари имаме во секој момент, и затоа оваа алатка ја препорачуваат консултантите за финансии.

П

Приближно 85% од сите новоосновани компании пропаѓаат во првите пет години од работењето, а најмногу од нив заради недостаток на готовина, велат светските статистики. Според истражувањата на Ернст и Јанг (Ernst & Young), во услови на криза фирмите се однесуваат на следниов начин: отпуштаат вработени и очајно бараат кредити со ниски каматни стапки. И кога кризата ќе помине, се разбира, очекуваат да го продолжат сопствениот раст и развој. Најчесто не се свесни колку е нешто вредно и колку им е важно сè до оној момент кога ќе го загубат. Истата работи важи и за готовината. Големата неликвидност или недостатокот на готовина со која што се соочуваат многу македонски компании во моментов, може да е последица и на недоброто планирање на бизнис процесите, велат домашните стручњаци. Особено малите и средни компании, заради ограничените

капацитети често го прескокнуваат правењето на краткорочни и долгорочни планови. Проблем со ликвидноста имаат токму затоа што не испланирале од кои извори ќе го финансираат развојот на производството и продажбата на нов производ, или пак дури и обезбедувањето пари за плати на вработените и намирување на снабдувачите. „Финансиското планирање значи детална анализа на приходите и трошоците, согледување на нужните трошоци без кои фирмата не може да функционира, па анализа на трошоци што може да се намалат без сериозни последици по работењето, и на крајот, да се види дали има трошоци што може целосно да се отстранат“ велат консултантите што ги контактиравме за оваа тема. Финансиското планирање е особено важно во време на криза, вели таа, кога е загрозена ликвидноста, па тоа мора да подразбира ревидирање на договорите со снабдувачите и клиентите, во смисла на подобро позиционирање.

СОПСТВЕНИКОТ НЕ ЈА ГЛЕДА ФИРМАТА ИСТО КАКО ПРОФЕСИОНАЛНИОТ МЕНАЏЕР

Е

дна од причините што отсуствува квалитетно бизнис планирање кај македонските мали и средни компании, а со тоа и планирање на финансиите, според стручњаците, е и концентрацијата на сопственоста и менаџирањето во една иста личност. Кај домашните бизниси многу често не се прави разграничување на тоа што е сопственик, а што менаџер. Основачот сопственикот на компанијата, обично се грижи за сe’, и често не сака да признае дека му фали знаење и искуство за одредени процеси, како што е планирањето на паричните текови.


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

41

“Во време на неликвидност сите преговараат за роковите на испорака и плаќање, сe’ со цел да ги задржат клиентите. Најлошо во услови на криза е да се губат клиенти. Но, мора внимателно да одредите до која мера ќе бидете флексибилни. Клиентите што подолго време се лоши плаќачи носат повеќе штета одошто корист на вашата компанија“, истакнуваат експертите.

Профитот е тука, но реално ги немате парите

Во рамки на финансиското планирање во компанијата, е планирањето на паричните текови и оваа алатка е многу корисна за подобрување на ликвидноста велат стручњаците за финансии. За жал, таа се користи претежно во поголемите компании, но следењето на паричните текови треба да е секојдневен процес во сите фирми. Подготовка и објавување на извештајот за паричните текови кај македонските компании, е неопходен за целосно согледување на работењето на фирмата за периодот на известувањето, и особено за планирањето на идното работење, сметаат стручњаците. “Во компанијата некој мора секојдневно да ги обработува паричните текови и тие долгорочно да се следат. Конкретно, во услови на влошена ликвидност треба да се практикува следење на паричните текови на секои 15 дена, а во период на стабилизирање на ликвидноста, доволно е и еднаш во месец дена“, советуваат нашите соговорници. Една работа е колкава е добивката, а друго е колку е компанијата ликвидна. Компаниите водени од мислата да бидат профитабилни, не водат сметка колку

РЕЦЕПТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА БОЛКАТА ОД НЕЛИКВИДНОСТА:

НАУЧЕТЕ ГО ОБРТОТ НА СВОИТЕ ПОБАРУВАЊА

Ф

ирмите мора да научат да пресметаат во кој момент е точката каде што треба да престанат со кредитирање на своите клиенти, односно продавање стока или услуга што ја наплаќаат по извесен временски период. Треба да знаат кој е обртот на нивните побарувања и како со него да управуваат. Зголемената продажба може да има негативни капитални последици по компанијата. Таа може да рече, имам побарувања, па ќе земам кредит за во меѓувреме да се исфинансирам, на крај ќе ми платат и ќе биде сe’ во ред. Но, што ако земете кредит, а побарувањата не ги наплатите. Фирмите одат пребргу со продажбата, мислат дека ако продадат, го решиле проблемот. А, доколку немате наплата, тогаш немате пари да ги платите своите вработени, за маркетинг, за истражување и развој, значи станувате неконкурентни и едноставно пропаѓате, советуваат консултантите.

ПРАШАЊА ШТО ТРЕБА ДА СИ ГИ ПОСТАВИТЕ АКО СТЕ НЕЛИКВИДНИ u Каде се нашите пари? u Каде се изворите на (не)

ликвидноста?

u Дали е проблемот само во

недоволната продажба или има и други причини? u Дали недостатокот на готовина се решава само со намалување на трошоците на работењето? u Дали неликвидноста се лекува од тој профит имаат на својата сметка. Профитот е суштината на бизнисот, точно, но тој треба да е расположив откако ќе ги намириме сите трошоци. Фирмите многу често несвесно влегуваат во проблеми заради неправилното

со земање на краткорочни кредити (макар и со ниски каматни стапки) или кредити за рефинансирање или тоа претставува лекување на срцеви проблеми и висок крвен притисок со помош на шумливи таблети? u Кои се последиците од неликвиднoста? дефинирање на роковите на наплата и рокови на исплаќање обврски. Ако се наруши тој баланс, тогаш се јавуваат проблемите на ликвидноста. Профитот е тука, но вие реално ги немате парите.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

42

STARTUP

КАКО ДА НЕ ПРЕГОРИТЕ ВО ВАШИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧКИ НАПОРИ

СТРАСТА ЗА ВАШИОТ СТАРТАП НЕ МОРА ДА ЗНАЧИ ХРОНИЧЕН СТРЕС Harvard Business Review

П

Претприемачите се толку страсни за она што го креираат - и честопати, толку исплашени дека ќе го разочараат својот тим и инвеститорите – па се во состојба да сторат речиси се’ за да го реализираат потенцијалот на нивниот стартап. Многубројни се приказните за ваквите жртвувања што може да ги најдеме во блоговите на основачите и во “прошталните писма“ оставени после некој неуспешен стартап, каде

што се споменуваат безбројните непреспани ноќи, запоставени пријателства, семејни врски, заборавањето да се вежба, добрата исхрана....се’ ова за доброто на стартапот. Овој пристап на „стартапот пред се’“ може да доведе до хроничен стрес, кој предизвикува штети на физичкото и менталното здравје на претприемачите. Една студија на Универзитетот на Сан Франциско во Калифорнија (UCSF) открила дека претприемачите можат да бидат склони кон проблеми со менталното здравје повеќе од

останатите, а според досегашните искуства, нервозата, недостигот на самодоверба, депресијата и осаменоста се мошне распространети кај претприемачите. А што ако загрозувањето себеси и не мора да е предуслов потребен за успех? И понатаму, што ако е можно да се обучат претприемачите да ги изменаџираат стресовите на претприемништвото, така што да не се изложат на хронични психо – физички проблеми? Во акцелераторот Delta V при школата за менаџмент на МИТ


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

43 До крајот на програмата, 88% од учесниците самостојно воспоставиле своја редовна, неделна медитација или некаква мисловна практика. Пред програмата, 65% од испитаните никогаш не медитирале, а само 21% редовно вежбале медитација или самосвесност.

Што ако хроничниот стрес, напнатост, непреспани ноќи и останатите саможртви што ги прават претприемачите и не мора да се предуслов потребен за успех? И понатаму, што ако е можно да се обучат претприемачите да ги изменаџираат стресовите на претприемништвото, така што да не се изложат на хронични психо – физички проблеми? Во акцелераторот Delta v при школата за менаџмент на МИТ универзитетот во САД, изминатата година, презеле чекори со цел да одговорат на овие прашања, создавајќи прва од ваков вид, истражувачка програма за самосознавање, за да им помогнат на 84 основачи на стартапи и нивните колеги од тимот. Помошта била насочена кон тоа да се развие способност за давање приоритет на сопствената благосостојба додека се гради бизнисот и се мерат резултатите.

универзитетот во САД, изминатата година, презеле чекори со цел да одговорат на овие прашања, создавајќи прва од ваков вид, истражувачка програма за самосознавање, за да им помогнат на 84 основачи на стартапи и нивните колеги од тимот. Помошта била насочена кон тоа да се развие способност за давање приоритет на сопствената благосостојба додека се гради бизнисот и се мерат резултатите. До крајот на програмата, 93% од фокус групата изјавиле дека вежбањето на самосознавањето може да им

помогне на претприемачите да создадат поуспешни бизниси. „Повеќе од сè, тоа му даде на нашиот тим неутрален, заеднички јазик за градење на нашите односи и култура“, вели еден од учесниците во програмата.

Со тренинг за самосознавање до подобро донесување одлуки При развивањето на програмата, од МИТ велат дека биле свесни оти препорачувањето некакви практики на грижа за себе – во смисла на добра исхрана, правење паузи, медитација пред спиење

и сл. – едноставно нема да биде доволно за да се промени всаденото мислење кај претприемачите за тоа дека прекумерниот стрес и постојано жртвување е неминовно при работењето на еден стартап, односно да се убедат претприемачите да потрошат дел од своето и онака ограничено време на нешто друго освен самиот стартап. Наместо тоа, авторите дизајнирале тест програма со цел да им помогнат на учесниците во акцелераторот да развијат поголема самосвест. Авторите претпоставиле дека доколку


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

44

STARTUP Учесниците станале повеќе свесни за себеси преку споделување на своите предизвици едни со други. Една третина од учесниците, изјавиле дека наоѓаат посебна вредност во учењето, другарството и отвореноста што ја доживеале во групите со своите колеги.

претприемачите би разбрале повеќе за сопствената “механика“ - нивните мисли, чувства и автоматските физички и емотивни реакции - тие би можеле да направат подобри лични избори во однос на секојдневните стресови што ги носи претприемништвото. Учесниците требало да научат едноставна рамка за градење на самосвесност:

1.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊЕ: Обрнување внимание на вашите мисли, чувства и физички дразби во сегашниот момент.

2.

ОЗНАЧУВАЊЕ: Доделување едноставна ознака (на пр. „чувствување лутина поради постапка на мојот ко-основач“) на она што го забележувате, секој пат кога ќе забележите.

3.

ПОКАЖУВАЊЕ ЉУБОПИТНОСТ: Без да судите, осврнете се на обрасците што ги забележувате со текот на времето. (на пр. Хм, се чувствувам прилично напнато поради мојот партнер во фирмата. Зошто е тоа така? Дали очекувам нешто од него/неа и не го добивам, можеби?)

4.

АКТИВНО ПРАВЕЊЕ НА ИЗБОР: Да се направи избор врз основа на добра информираност, заснован на

вашата авто - рефлексија. (на пр. наместо да вријам со овие емоции и понатаму, би можел да разговарам со менторот околу проблемот, како и да седнам со мојот ко-основач за да разговараме за тоа како се чувствувам.) Рамката на акцелераторот од МИТ е всушност проширена форма на свесност - дефинирана од Џон Кабат - Зин како „обрнување внимание, фокусирано, во самиот момент, без да судите“. За да ја практикуваат рамката, на учесниците им била објаснета и т.н. медитација на свесноста, за којашто е докажано дека го намалува стресот и вознемиреноста и помага во регулирањето на емоциите, меѓу многуте други придобивки. Тие исто така научиле и куси практики на свесност што можат да се интегрираат во нивните животи. Покрај тоа, менторите спровеле и групни сесии, каде се разговарало за клучните предизвици со кои се соочуваат претприемачите. Учесниците можеле да ги искористат овие сесии за малку да ги „испуштат вентилите“ и да добијат фидбек и различни гледишта на проблемите во средина каде што се чувствуваат безбедно и имаат доверба. Овие сесии биле

задолжителни, а сè друго било по избор.

Како претприемачите да прават избор што е поздрав за нив

За да го измерат влијанието на оваа методологија врз студентите - претприемачи, менторите ги анкетирале пред и по програмата Delta V, при што 60 учесници одговориле на прашалниците. Резултатите биле видливи. До крајот на програмата, 88% од учесниците самостојно воспоставиле своја редовна, неделна медитација или некаква мисловна практика. Пред програмата, 65% од испитаните никогаш не медитирале, а само 21% редовно вежбале медитација или самосвесност. Менторите не барале од нив да започнат самите со свои практики. Едноставно им ги претставиле придобивките поткрепени од истражувања и им покажале како е можно да се интегрираат во нивниот веќе исполнет ден. Тие сфатија дека вреди да се обидат и дека не треба да го гледаат тоа како уште една додадена обврска на нивниот список на дневни обврски. Додека некои учесници одлучиле редовно да медитираат, други избраа, на пример, да го претворат своето утринско патување со метрото во една вежба за самосвесност, фокусираност, односно да издвојат 5 минути и да ги


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

45


www.kapital.mk

Капитал број 1063 22.05.2020

46

STARTUP

Во акцелераторот Delta v при школата за менаџмент на МИТ универзитетот во САД, изминатата година создале прва од ваков вид, истражувачка програма за самосознавање, за да им помогнат на 84 основачи на стартапи и нивните колеги од тимот.

начулат сите свои сетила – вид, слух, како ги доживуваат сите тие дразби, итн. А, како што ќе се појавувале мисли или чувства, тие би ги „означиле“ и потоа би се вратиле назад кон фокусирање на околината. Менторите исто така откриле и дека нивната практика се исплати и создава промена во однесувањето на претприемачите. По програмата, 53% од учесниците почесто користеле некаква алатка или техника за менаџирање на стресот, а 40% биле повеќе свесни за своите емоции. Овие претприемачи правеле активни, од момент – во момент избори со цел да променат своите вообичаени реакции на стресни ситуации. И конечно, учесниците станале повеќе свесни за себеси преку споделување на своите предизвици едни со други. Една третина од учесниците, изјавиле дека наоѓаат посебна вредност во учењето, другарството и отвореноста што ја доживеале во групите со своите колеги. „Станав поотворен за споделување на моите внатрешни предизвици со другите“, изјавил еден претприемач. „Слушањето на гледиштата и приказните на колегите во групата ми помогна да бидам помудар околу тоа како можам да им пристапам на комплицирани прашања со поголема самодоверба“.

Како може самосвесноста да му помогне на поширокиот претприемачки екосистем?

Самосвеста не е магично стапче. Програмата не го намалила целосно стресот. Во пост-програмската анкета направена само неколку дена пред “Demo Day“, кога претприемачите требало да ги претстават своите проекти пред повеќе од 1.000 луѓе, 40% од учесниците во акцелераторот имале повеќе тешкотии да заспијат или да имаат мирен сон, отколку што било случај на почетокот на акцелераторската програма. Но, неверојатно, и во спротивност со претходните искуства од акцелераторските програми, тие направиле активен избор решително да заспијат. Културата на Delta V се сменила. Додека во претходните години, учесниците ги ценеле своите стартапи како најважни во својот живот, во оваа група, тие не само што ја ценеле сопствената благосостојба, туку тие многу почесто самите нуделе и прифаќале помош. Тие покажале постојано напнати и ненаспани за да ја покажат својата страст кон своите стартапи. Дали стартапите во од оваа група ќе бидат повеќе или помалку успешни од групите пред нив? Сè уште не можеме да кажеме, велат од МИТ

Универзитетот. Тие ја продолжуваат програмата, ќе ја градат својата база на податоци врз основа на искуствата и ќе ги следат своите „ученици“ претприемачи. „Но, сметаме дека дополнителните алатки што ги обезбеди програмата ќе им помогнат во нивните претприемачки напори сега и долгорочно. Наместо состојба само на битисување, самосвеста е навика што треба да се практикува одново и одново. Тие 12 недели во акцелераторот им овозможија на претприемачите да го практикуваат она што го учеа, да ги видат последиците со текот на времето и да ги интегрираат научените работи во нивните стартап активности. Ние веруваме дека тие ќе продолжат да го прават тоа, градејќи ги своите компании надвор од Delta V. Веруваме дека интегрирањето на самосвеста во претприемачкиот екосистем - претприемач по претприемач - ќе доведе до поздрави стартап култури. Оваа придобивка не само што ќе им помогне на основачите, туку според наша проценка, ќе создаде и домино ефект и ќе се прошири на членовите на нивниот тим, нивните клиенти, добавувачи, што на крајот ќе резултира во поздрави - и поуспешни бизниси.“, вели Триш Котер, директорка на Delta V акцелераторот и организатор на програмата. nnn




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.