1064 Magazin

Page 1

СВЕТ: АМЕРИКАНСКИ МИЛИЈАРДЕРИ КРЕНАА ГЛАС ЗА ПРОМЕНИ business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1064

цена 100 ден. l 29 мај 2020 петок l година 21

СТАВ Кој се плаши од образование www.kapital.mk

COVER STORY Политичката и здравствената криза се решаваат заедно ИНТЕРВЈУ Фрејк Јанмаат Пандемијата нема да ги попречи еворинтеграциите на земјата ФИНАНСИИ Позајмени 700 милиони евра преку издавање еврообврзница

interview

КОЧО АНЃУШЕВ

претседател на групација „Фероинвест“

ЕНЕРГИЧЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС Е МОЈОТ „МАРШАЛОВ ПЛАН“ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА СЕКОЕ РАБОТНО МЕСТО КРИЗАТА Е ШАНСА 10 успешни светски примери

за дигитална трансформација



СОДРЖИНА

Kapital... 1064 4

8

СТАВ

COVER STORY

Катерина Синадиновска

Гласање во време на корона

Кој се плаши од образование?

Политичката и здравствената криза се решаваат заедно

14

ИНТЕРВЈУ

Кочо Анѓушев

претседател на групација „Фероинвест“ Енергичен инвестициски циклус е мојот „Маршалов план“ за зачувување на секое работно место

24

ФИНАНСИИ

Државата го реализираше најавеното задолжување

Позајмени 700 милиони евра преку издавање еврообврзница

34

30

ИНТЕРВЈУ

Фрејк Јанмаат, раководител на Сектор за економски прашања во Делегација на ЕУ во Скопје Пандемијата нема да ги попречи еворинтеграциите на земјата

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Преглед на светските берзански случувања

Сите нерешени проблеми од пред пандемијата се враќаат на маса

СТАВ Катерина Синадиновска.....................................4 Кој се плаши од образование? COVER STORY Гласање во време на корона...........................8 Политичката и здравствената криза се решаваат заедно ИНТЕРВЈУ Кочо Анѓушев, претседател на групација „Фероинвест“..................................................................14 Енергичен инвестициски циклус е мојот „Маршалов план“ за зачувување на секое работно место ФИНАНСИИ Државата го реализираше најавеното задолжување.............................................................24 Позајмени 700 милиони евра преку издавање еврообврзница

ИНТЕРВЈУ Фрејк Јанмаат, раководител на Сектор за економски прашања во Делегација на ЕУ во Скопје...........................................................................30 Пандемијата нема да ги попречи еворинтеграциите на земјата ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Преглед на светските берзански случувања ....................................................................34 Сите нерешени проблеми од пред пандемијата се враќаат на маса БАНКИ Новитети.........................................................................38 Добре дојдовте во првата целосно дигитализирана експозитура на Комерцијална банка АД Скопје

38

БАНКИ

Новитети

Добре дојдовте во првата целосно дигитализирана експозитура на Комерцијална банка АД Скопје

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Акција на „Божиновски часовници и накит“ .............................................40 Ги прогласивме победниците на предизвикот „Херои 2020“ СВЕТ Пандемијата на Ковид – 19 ја извади на површина големата нееднаквост во САД............................................42 Американски бизнис лидери/милијардери кренаа глас за промени ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Know – how.....................................................................47 10 успешни примери на дигитална трансформација

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 28.5.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1064 29.05.2020

4

СТАВ

КОЈ СЕ ПЛАШИ

П КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА

katerina.sinadinovska@kapital.mk

Денот на сесловенските просветители помина во знак на општа запрепастеност од степенот на непознавање на мајчиниот јазик од страна на водач(и)на „стадото“. Но, не смее да остане скриена една неверојатна приказна што ден претходно ни ја доближија новинарите на ИРЛ – за едно трошно училиште на североистокот, со полски клозети и со раскошна ограда од ковано железо вредна 35 илјади евра општински пари. Ние ве потсетуваме на серија шокантни приказни од македонското образование кои останаа заплеткани низ македонските лавиринти на негрижа. Приказни што се детски судбини, не бројки! Приказни што исто како велелепната ограда зборуваат за суштината и иднината што ни се лизгаат низ прсти. За неверојатната и необјаснива потреба да трошиме енергија на глупости. За итрата игра на партиите кои знаат дека поинтересно ви е да следите навреди, клевети, лаги и „тепачки“ наместо судир на конкретни предлози за темите што навистина се важни. За упорното бегство од сериозни образовни реформи, оти изгледа одамна е јасно дека учени граѓани се опасни за политички циркусанти… „Проектот компјутер за секое дете е одличен, би сакал и ние во Велика Британија да можевме да си го дозволиме“ – Ендру Ки, поранешен амбасадор на Велика Британија.

Прилогот на младиот тим на новинари од ИРЛ, во којшто се потсетува на една неверојатна јавна набавка – кога општината Крива Паланка потроши над 2 милиони и 100 илјади денари за поставување на ограда околу училиштето „Јоаким Крчовски“ во планинското село Луке, повторно го извади на површина хаосот во македонското образование (ама и борбата со корупција!) само два дена пред големиот празник на писменоста. Новинарите отишле на терен. Видеото е надреално. Опустошено село. Училиште со 4 ученици. Зграда без систем за греење. Чешма во дворот каде што дечињата зимно време мијат рачиња со мраз вода. Смрдливи полски тоалети, што мора да ги видите, оти, навистина немам зборови да ги опишам. И ограда околу дворот вредна 35 илјади евра! Ама тоа не е сè – апсурдот продолжува: оградени се само три страни – четвртата не била планирана според јавната набавка, па сега дворот на училиштето од три страни има ограда небаре е вила на Водно, а од едната останува ограден со дрвени прачки. Притоа, оправдувањето за набавката е токму дека треба да се заштитат децата од диви животни!? Ок, логиката е веројатно дека волците и мечките заслепени од раскошот на оградата нема ни да забележат дека четвртата страна останала отворена покана за влез… Да се види па тешко да се поверува. Виц. Овој генијален бизнис (изборно ветување на градоначалникот Борјанчо Мицевски) го добила фирмата “Белешков Инжинеринг увоз-извоз” од Крива Паланка, како што се објаснува во прилогот, фирма миленик на сите политички гарнитури. Набавката е без оглас, што не е нелегално, оти за вака мали суми (хм!) законот тоа го дозволува, но експертите велат дека токму тука треба да се биде мошне внимателен, оти овој „меѓупростор“ е оставен без надзор и крие можности за злоупотреби. Сега, настрана законот… Иако ова е држава каде да се троши на чоколадо кога се нема за леб е очигледно воспоставен modus operandi, не може да не не’ шокира безобразноста со која локалната власт се дрзнала на ваква листа на приоритети во обидот (велам обидот!) за обезбедување на подобри услови за учениците од ова селце. 35 илјади евра за ограда… еееј, ограда!

Нема да набројувам што се’ друго можело да се купи со тие пари имајќи ги предвид условите, ама овој случај сакам да го доведам во контекст на големата македонска слика пред којашто секој министер за образование, а богами и цела Влада, ама и сета општествена елита би требало да наведне глава во огромен срам. Не е непознато ни дека цели области во Македонија се оставени без училишта, деца пешачат по десетина километри, а кога ќе стигнат во училишните згради таму ги чекаат училници и тоалети и во полоша состојба од оваа во с. Луке. Овие примери, ќе се појават во јавноста, шокирани сме, згрозени, бесни и после неколку часа, ден – два најмногу, тие се покриени од сликите на „дневната политика“ во коишто - каква иронија – најмалку се зборува за политика. Партија, препукување, шокови и скандал… Со замолница да се алармира ако некоја од приказните што следуваат веќе има среќен крај (колку што проверив, таква нема) јас сега ќе потсетам само на неколку примери за коишто самата сум пишувала, во последните две -три години, а вие сигурно ќе се сетите на уште толку. Чисто за да се потсетиме каде живееме и дали следниот пат кога двајца „закрвавени“ ќе се фатат за врат на некоја од прочуените телевизиски дебати, што ги има во суфицит, ќе си дозволите да си помислите макар за момент дека токму тоа е темата што сакате да биде фокус и за која ви е важно што мислат партиските фигури.

Малите херои како жртви на „големите“ политиканти

Ајде по ред… Да остане запаметено дека еднакво како за оградата, јавноста се шокираше и кога слушна дека дечиња од кумановско пешачат по шест километри на ден за да може да го завршат задолжителното основно образование. На плус четириесет и на минус дваесет овие мали херои се држат за рачиња и низ карпи и камења успеваат да стасаат до локален пат, таму да чекаат автобус за да ги однесе до училишна зграда. Велат дека со себе носат петарди, за секој случај, ако ги нападнат волци да можат да се одбранат. Учителката открива дека дечињата досега имале среќа – наместо волци ги напаѓал „само“ пороен дожд, па честопати доаѓале премрзнати и мокри. По објавувањето на приказната видов дека се јавиле некои компании и Црвен крст, донирале книги, лектири, тетратки, атласи, глобуси, вода, средства за хигиена… Системско решение не може


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

5

И ОД ОБРАЗОВАНИЕ?

Овие приказни не се бројки, ова се деца, нашата иднина. Ова е Македонија денеска, Македонија која не успева да даде можност на секој поединец да ги искористи максимално своите потенцијали. Македонија која го толчи, наместо да го гали детскиот ум и таленти. Ова е Македонија денеска, но ова е и Македонија утре, овие деца ќе пораснат. Тие деца сме сите ние. Соголени пред себеси и пред светот и сликата е грда. да се донира. На дечињата со петарди останаа да мислат само домашните. И вака, да се сеќава по некој новинар од време на време. Во село Вратогурце, пак, имаше едно прваче, дете со посебни потреби кое пешачеше двојно повеќе, дури и по 13 км за да може да стаса на училиште. Ако се споредат со него, и ако се занемарат волците, овие првиве деца од кумановско дури се навистина и среќни. Кај случајот во Вратогурце освен јавноста, два месеци после објавувањето на приказната се шокираше и народниот правобранител па отвори и случај, но немаме информации што системот понуди како вистинско решение, покрај солидната идеја за асистенти на децата на кои им треба помош, а за која медиумите пишуваа дека општините никогаш не предвиделе доволно пари, а Министерството за образование тешко броеше колку точно вакви дечиња има.

Не знаеме ниту како се разви сторијата со децата од тетовско Блаце. Тие изгледа беа најсреќни од сите, пешачеа само 2- 3 км низ шума до соседното Милетино и се жалеа зошто никогаш не го виделе бесплатниот автобуски превоз ветен и ставен во политички памфлет. Родителите велеа дека ќе мора сами да се организираат и да платат комбе за нивните деца да можат достоинствено да го користат правото на образование. Најдов вест дека во друг политички памфлет, црно на бело од градоначалникот ветена е реконструкција на овој локален пат. Вест дека ова некогаш навистина се случило не најдов. Сами се организираа и родителите на Ервин и Лорин, од едно друго Блаце, кумановско. Овие деца заедно со десетина други се запишаа на училиште во друга држава, во Косово, во општината Хани Елезит. И овие деца пешачат по 5 км, таму нема

волци, тие немаат отежнат вид, но мора да преминат државна граница оти во нивното село со 150 жители нема каде да учат. Со години бараат изградба на училиште, а одговорот од Министерството за образование е дека општината Чучер – Сандево не ја доставила потребната документација за изградба. Една општина, па уште тоа уште да биде и Чучер – Сандево со години да ти „зафркавала“ едно цело министерство. И цела држава. Оти системот очигледно не гледа проблем што со децении македонски државјани учат во Косово, според косовска образовна програма. Основното, задолжително образование на овие деца им го „решава“ друга држава, ги образуваат туѓи даскали. И за нашиов систем овој факт не е битен. Ова не е приоритет, не е проблем. И после од овие деца ние утре ќе чекаме да бидат лојални, одговорни, посветени македонски граѓани.


Капитал број 1064 29.05.2020

6

СТАВ

Од овие приказни децата ги спасува само времето – растат и веќе не мора да одат на школо. Но, гнилите згради и проблемот со непостоечките училишта не се надраснува. Ја славиме македонската азбука и сесловенските просветители, ја славиме писменоста со усти полни за значењето на образованието. А резултатите од ПИСА тестовите се’ позагрижувачки, позициите на универзитетите очајни, јавните настапи на универзитетски професори се погодни за психијатриски вештачења, реформите од МОН се нижат под бајки, а од теренот – вакви приказни. Ова не се бројки, ова се деца. Деца на прагот на својот живот. Деца на коишто ваквите околности ќе им го обликуваат развојот. Ќе влијаат врз нивната перцепција за себеси и за светот, ќе им ги поткастрат крилата, ќе им ги затапат сетилата, ќе им ги врзат потенцијалите во крпче, наместо да ги вивнат во лимитот на небото. Ваква ли основа им даваме на нашите деца? Тие од оваа стартна позиција утре треба да бидат конкурентни на светскиот пазар? Со кое право ние очекуваме од нив да ни испорачаат светски успех кога сме ги заковале во оваа непогодна географија со услови за образование и развој од минатиот век? Овие приказни не се бројки, ова се деца, нашата иднина. Ова е Македонија денеска, Македонија која не успева да даде можност на секој поединец да ги искористи максимално своите потенцијали. Македонија која го толчи, наместо да го гали детскиот ум и таленти. Ова е Македонија денеска, но ова е и Македонија утре, овие деца ќе пораснат. Тие деца сме сите ние. Соголени пред себеси и пред светот и сликата е грда.

Суштината ни се лизга низ прсти додека сме фокусирани на површноста

Затоа, приказната за изградената раскошната ограда од почетокот на текстот, што сликовито ни ја презентираа младите колеги од ИРЛ има неверојатна симболика – зборува за суштината што ни се лизга низ прсти додека сме фокусирани на површноста. Зборува за неверојатната, необјаснива потреба да трошиме енергија на глупости. Зборува за итрата игра на партиите кои знаат дека поинтересно ви е да следите навреди, клевети, лаги и „тепачки“ наместо судир на концепти и предлози за темите што навистина се важни. Кога последен пат сте виделе двајца на телевизија, со професионален и смирен тон, со убава енергија и една неопходна добрина, со ентузијазам и со волја да разговараат за тоа како Македонија да стане подобро место за живеење? Па да се натпреваруваат во нивните идеи?

Ниту една Влада сериозно не засукала ракави да го крене овој сектор којшто упорно е предмет на партиски интереси и структури, наместо на професионалци. Проекти коишто пропаѓаат во првата дупка, делумни и неразработени докрај процеси, на пола прекинати текови… Образованието е поле каде што за да се видат први резултати и промени потребно е време и најбитно – потребна е една конзистентност, стабилност и јасна цел, не само во идеите и визијата, туку и во нивната имплементација. Кој нуди подобар пат дотаму? Се ближат избори. Вчера видов едно ужасно видео во коешто со музика од хорор филм, со темнина и со стравотни букви веќе се води црна кампања. Очекувајте многу такви. Црнила и грозотии. Замајувања и битка кој повеќе ќе навреди. Флоскули и измиени фрази. Дури и во обвинувањата. Ама вие барајте поинаку! Барајте визии! Барајте суштински идеи и срж! Барајте јасни предлози и конструктивност! Барајте елементарна почит, воспитување и култура во јавниот наратив! Барајте знаење и стручност. Барајте фокус и прецизност! Барајте вистински приоритети! Барајте теми што значат! Барајте прво образование! Оти, образованието е најевтина, а најсилна одбрана на една земја, вели Едмунд Берк. Ама кај нас пристапот е евтин. А и калкулативен. Ниту една Влада сериозно не засукала ракави да го крене овој сектор којшто упорно е предмет на партиски интереси

и структури, наместо на професионалци. Проекти коишто пропаѓаат во првата дупка, делумни и неразработени докрај процеси, на пола прекинати текови… Образованието е поле каде што за да се видат први резултати и промени потребно е време и најбитно – потребна е една конзистентност, стабилност и јасна цел, не само во идеите и визијата, туку и во нивната имплементација. Искрена политичка опција и сериозна програма под итно ќе излезе со пакет мерки за спас на македонскиот образовен систем како врвен приоритет! Тука нема дилема. Затоа, следниот пат кога ќе ви зборуваат за патриотизам, за љубов кон земјата, кога ќе ви ветуваат реформи и промени во кое било поле, кога ќе кажуваат колку е битен јазикот, писменоста и науката – потсетете се на овие приказни. Прашајте кои им се плановите за решенија на овие теми и кој преземал одговорност за ситуацијата досега. Па потоа верувајте им… ако можете. nnn


Твој избор, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Кредитите и искористете ја промотивната понуда со пониски каматни стапки, без трошоци за одобрување до 30-ти јуни! • НЛБ Станбен кредит со рок на отплата до 35 години • НЛБ Потрошувачки кредит со 35 месеци фиксна каматна стапка

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


Капитал број 1064 29.05.2020

8

ПОЛИТИКА

ПОЛИТИЧКАТА И ЗДРАВСТВЕНАТА КРИЗА СЕ РЕШАВААТ ЗАЕДНО Ако сите политички чинители се согласат дека недозволиво е да немаме Собрание и дека ова што го имаме не личи на Влада, тогаш наместо воопшто да се доведува пандемијата во каков било контекст, би требало да се насочи сета енергија кон организирање на безбеден и демократски изборен процес. Здравствената криза, паралелно, треба да се решава, независно од овој тек и да не се злоупотребува на никаков начин - просто - да се раздвојат тие два процеси.


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

ГЛАСАЊЕ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА 9


Капитал број 1064 29.05.2020

10

ПОЛИТИКА

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

ИГОР ЈАНУШЕВ

БУЈАР ОСМАНИ

Датумот на изборите е детерминиран со уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба. Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат избори и тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок.

Врз основа на тој датум треба да се извести Државната изборна комисија, за таа да изготви нов роковник со сите дејствија кои не се завршени кога е донесена таа уредба со законска сила за да продолжи кампањата за до денот на избори. Тој рок со новиот роковник не може да биде пократок од 35 дена. Како ќе се организираат избори на 21 или на 28 јуни?

Ако ме прашате како ДУИ, ние не спориме ниту еден датум од утре до декември, кога е редовниот термин. Но, сметаме дека по 5 јули па до септември ќе има отежнати околности за одржување на изборите. Така што очекувам да постигнеме договор околу овој датум.

двете партии и кон здравствената криза и кон изборите во најава, мора да се забележи дека ставот оти се потребни итни избори е сосема оправдан. Изборите се решение за кризата што очигледно свесно се креира и конечно ваквата техничка влада е аполутно нелегитимно решение. Оттука, тоа што кај СДСМ е нејасно е потребата да се „филува“ состојбата околу коронавирусот виза ви изборите (Министерството за здравство со денови прво објавува број на оздравени дури и тогаш кога тој е далеку помал од новозаразените, што пред да се засили најавата за избори, не беше случај) кога едното со другото не би требало да има врска. Нема ништо нелегитимно во идејата да се оди на гласање таман и да е вирусот се' уште присутен. Се отворија шопинг - молови, угостителски објекти, обложувалници... Гласањето, што навистина е неопходно, со добра организација и со соодветни мерки, може да помине во најдобар ред, без притоа да се креира атмосфера дека нештата се под контрола повеќе од што навистина се. Токму ова второво создава чувство за политизација на кризата што е навистина недозволиво. Позицијата на опозициската партија од друга страна не е тешко да се оцени - таа е секогаш отспротива. Нема никакво рационално објаснување за неспособноста на ВМРО - ДПМНЕ да се издигне над тесните интереси и да игра фер, со отворени карти и со чесна битка, во која наместо да собира поени, ќе се соочи со фактот дека изборите се неопходни и ќе помогне во нивната организација - конечно тие беа оние

кои инсистираа на предвремено гласање и кои исто така тврдат дека не се плашат од исходот од гласањето, оти ќе победат во кое било време. Ако сите политички чинители се согласат дека недозволиво е да немаме Собрание и дека ова што го имаме не личи на Влада, тогаш наместо воопшто да се доведува пандемијата во каков било контекст, би требало да се насочи сета енергија кон организирање на безбеден и демократски изборен процес. Здравствената криза, паралелно, треба да се решава, независно од овој тек и да не се злоупотребува на никаков начин - просто - да се раздвојат тие два процеси.

премиер

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

Р

Разлабавувањето на рестриктивните мерки и укинувањето на полицискиот час наиде на различни толкувања низ јавноста оти оваа одлука никако не успеа да се тргне од светлото на изборите што се најавуваат. Бројот на новозаразени, но за жал и на починати, не оди рака под рака со атмосферата што надлежните, особено Министерството за здравство се обидуваат да ја креираат, според која би требало пандемијата да е под контрола, а општеството подготвено да се соочи со предизвикот да си избере легитимна власт. СДСМ е децидна во ставот дека избори мора да има што поскоро, односно на 21 јуни (оти законски тоа е крајниот рок, во спортивно би требало да има продолжување на вонредната состојба) оти на државата им требаат функционални институции и влада со полн капацитет. ВМРО - ДПМНЕ ова го смета за крајна неодговорност со коментар дека не смее да се оди на гласање додека вирусот навистина не се стави под контрола, дури и се закануваат со бојкот, но додека јавно го зборуваат ова, од опозициската партија веќе си организираат општински средби со гласачи, со што очигледно е дека на терен нештата функционираат сосема поинаку. Кога се анализира поставеноста на

ВМРО - ДПМНЕ

ДУИ

Магичниот консензус

Но, имајќи ја предвид одговорноста на македонските политичари и чувството за јавен интерес, тешко може да се очекува дека пандемијата и предизвиците на здравствениот систем нема да бидат една од клучните теми, не само за условување пред, туку и во текот на кампањата. Утре ќе се одржи седница на Советот на безбедност, оти истекува по трет пат вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски поради пандемијата со коронавирусот, но договор меѓу партиите се' уште нема, иако извори од Мала Речица веќе лицитираат со 5 јули како можно компромисно решение. Од СДСМ инсистираат дека избори треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, додавајќи дека таа би можело да се


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

11 продолжи уште малку, но не со месеци земајќи предвид дека и мерките за справување со коронавирусот веќе се олеснети. Сепак, од оваа партија малку ја омекнаа реториката дека само 21 јуни е прифатлив термин, па деновиве не го споменуваат тој конкретен датум, туку наведуваат дека изборите треба да се одржат во првиот можен рок. Извори од партијата, што ги цитира РСЕ, сепак, се воздржани за компромисот за гласање во јули, наведувајќи дека се подготвени да разговараат, има можност за поместување, но врз основа на разумни образложенија. И од ВМРО-ДПМНЕ по првичните остри најави за бојкот сега се повоздржани. Нивниот лидер Христијан Мицкоски рече дека комуникација за одредување на датумот на избори постои, но не коментираше ништо во врска со неа и додаде дека ако има договор меѓу партиите, тоа ќе се соопшти јавно. Од партијата исто така стојат на ваквите позиции без да откриваат детали. Се чини дека сите повторно очекуваат фамозната форма на решение на македонските политички несогласувања - нова лидерска средба, за што од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски велат дека ќе се свика доколку има најави за приближување на позициите. Од партиите досега со најјасен став излегоа од ДУИ. Вицепремиерот Бујар Османи во интервју за Независен вели дека 5 јули не е лош датум и дека е датум околу кој може да се сретнат сите партии. „Ако ме прашате како ДУИ, ние не спориме ниту еден датум од утре до декември, кога е редовниот термин. Но, сметаме дека по 5 јули па до септември ќе има отежнати околности за одржување на изборите. Така што очекувам да постигнеме договор околу овој датум“, вели Османи. Премиерот Оливер Спасовски, порача дека датумот на изборите е детерминиран со уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба. „Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат избори и тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок. Мораме да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во оној момент кога ќе има најмногу создадени услови“ вели тој. Тој истакна дека на македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно побрзо враќање на нормалниот колосек на функционирање на државата. Ставот е дека со владината уредба за сопирање на изборните дејствија

Нема ништо нелегитимно во идејата да се оди на гласање таман и да е вирусот се' уште присутен. Се отворија шопинг - молови, угостителски објекти, обложувалници... Гласањето, што навистина е неопходно, со добра организација и со соодветни мерки, може да помине во најдобар ред, без притоа да се креира атмосфера дека нештата се под контрола повеќе од што навистина се.


Капитал број 1064 29.05.2020

12

ПОЛИТИКА ЕУ: Северна Македонија не може вечно да функционира со техничка влада

Д

ипломатите и високите функционери во Брисел одблиску ја следат ситуацијата во Северна Македонија со изборите и преговорите на власта и опозицијата. Тие бараат консензус, но потсетуваат дека техничката влада не може вечно да трае, пренесе дописничката на МИА од Брисел. „Разумно е да се размислува за избори, не може вечно да има техничка влада, секако доколку условите се исполнети“ коментираат високи функционери од Европската комисија, каде што моментално вниманието е насочено кон подготвувањето на преговарачката рамка за Македонија и за Албанија. Според Брисел, се разбира дека изборите мора да бидат беспрекорно организирани, да бидат запазени сите здравствени услови и гласањето да биде безбедно за граѓаните, но се разбира дека тие мора да се одржат оти недозволиво е земјата да функционира без Собрание и со техничка влада.

за изборите првично закажани за 12 април, всушност само се сопрени процесите и тие треба да продолжат веднаш по завршувањето на вонредната состојба. Но, оваа позиција за ВМРО-ДПМНЕ е незаконска. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во интервју за РСЕ рече дека со тоа ќе се прекрши Изборниот законик, а и дека е потребно претседателот на Собранието Талат Џафери да направи ново решение за избори и да определи нов датум кога би се одржале. „Врз основа на тој датум треба да се извести Државната изборна комисија, за таа да изготви нов роковник со сите дејствија кои не се завршени кога е донесена таа уредба со законска сила за да продолжи кампањата за до денот на избори. Тој рок со новиот роковник не може да биде пократок од 35 дена. Како ќе се организираат избори на 21 или на 28 јуни?“, рече Јанушев. Другите партии кои учествуваа на лидерската средба кај претседателот, односно Алијансата за Албанците, Беса и Алтернатива не зборуваа толку за датумот за избори, туку инсистираа на тоа дека треба да се гласа кога здравствено е најбезбедно за граѓаните, а и дека мора да има странски набљудувачи. Од меѓународните набљудувачи, односно од ОБСЕ/ОДИХР уште пред десетина дена стигна писмо во кое ги информираат нашите власти дека очекуваат датум за избори и врз основа на датумот да ги започнат сите подготовки за испраќање на мисијата за набљудување на изборите. Изборите, инаку, официјално прво беа закажани за 12 април, а Собранието се самораспушти на 16 февруари и од тогаш не функционира. Првиот случај на заболен од коронавирус во Македонија беше регистриран десет дена подоцна, на 26 февруари, а претседателот Пендаровски првата вонредна состојба ја прогласи на 18 март. Втората беше со времетраење од 30 дена, а третата од 14 дена. nnn



Капитал број 1064 29.05.2020

14

ИНТЕРВЈУ

КОЧО АНЃУШЕВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРУПАЦИЈА „ФЕРОИНВЕСТ“

ЕНЕРГИЧЕН ИНВЕСТИЦИСК Е МОЈОТ „МАРШАЛОВ ПЛА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА СЕКОЕ РАБОТНО МЕСТО - КРИЗАТА Освен жичната програма, возилата за чистење улици, производство на мали хидроелектрани, имаме и производи од делот на медицината, каде што соработуваме со големи светски брендови. На пример најсофистицираниот болнички кревет што може да го најдете на пазарот е

дански бренд, достигнува цена од 4-5.000 евра, и тој се произведува во ‘Брако’. Гледаме дека таа програма добро оди, па ја почнуваме соработката и со шведската компанија ‘Arjo’, исто така голем производител на болничка опрема во светот. Овој период кога имаме намалени нарачки го искористивме да направиме


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

15

КИ ЦИКЛУС АН“ ОЕ ТА Е ШАНСА комплетна реорганизација во производството, затоа што Ковид – 19 кризата ќе го смени ликот на светската економија, и за нас како мала и отворена економија, дефинитивно ќе нема друг излез освен создавање на конкурентни извозни производи.


Капитал број 1064 29.05.2020

16

ИНТЕРВЈУ

Го купивме брендот „Green Machines“, а наскоро ќе промовираме и возило за чистење јавни површини на водороден погон „Брако“ минатата година инвестираше во купување на брендот „Green Machines“, под кого што произведувавме машини за вакуумско чистење на улици и јавни површини, изминативе 5-6 години. Тоа беше изворно американски бренд, чиешто производство се одвиваше во Шкотска, а потоа продолжи во нашите погони во Велес. Тој е сега македонски бренд, а „Брако“ има свои компании - ќерки во Романија, Холандија и Англија и комплетната продажба се одвива преку меѓународна мрежа на дилери. Освен возилата на дизел и електричен погон, наскоро ќе го претставиме и новитетот – првото возило од овој тип во светот на водороден погон.

разговара:

Игор Петровски

О

igor.petrovski@kapital.mk

Откако се повлече од позицијата вицепремиер за економски прашања околу новогодишните празници, претседателот и сопственик на групацијата „Фероинвест“, проф. д-р Кочо Анѓушев имаше контакт со јавноста во 2-3 наврати досега, и тоа претежно преку активностите на неговите компании во насока на донирање медицинска опрема, или пак изградбата на монтажната инфективна болница која што беше подигната за рекордно време. Можеби не поради некој среќен повод, но пандемијата на коронавирусот којашто од

средината на март практично ја затвори целата земја во карантин и доведе до замирање на голем дел од економијата, и не остави простор за комуницирање во некаков поинаков контекст. Деновиве пак, г-дин Анѓушев е актуелен и како еден од бизнисмените што искористил државна помош од пакетите антикризни мерки, во неговиот случај конкретно за субвенционирање на платите за дел од работниците во „Брако“, најбитната компанија во неговата групација. Оваа вест предизвика и реакции кај дел од медиумите и јавноста, во смисла дека не било баш морално и етички, оваа, а и други големи профитабилни компании да користат државна помош во услови кога буџетот е и онака тешко се полни поради кризата. Ова беше како еден повод само да поразговараме со Анѓушев околу оваа ситуација, но и околу многу други работи поврзани со неговите бизниси во моментов, а не

пропуштивме да го прокоментираме и периодот на неговото активно занимавање со политика како потпретседател на Владата од средината на 2017 до крајот на 2019 година, задолжен за економски прашања. XДеновиве X со особено внимание од јавноста беше проследена веста дека вашата компанија „Брако“ искористила државна помош од антикризниот пакет на мерки, за исплата на плата, во износ од 14.500 по вработен. Заедно и со други фирми што работеле профитабилно изминативе години, ве критикуваа дека не било етички да посегнете по државна помош. Како ги коментирате овие ставови на дел од јавноста?

Кај нас е сега предизборен период, со се’ се политизира, па и со информацијата дека „Брако“ добил 106 илјади евра државна помош. Пред се’, тоа е помош за вработените со примања под 39.900 денари, таква беше уредбата. Јас


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

17

Корона – кризата ќе го смени ликот на светската економија: ни нема спас ако не направиме конкурентни извозни производи! За да бидете поконкурентни на светскиот пазар мора да бидете попродуктивни, а за продуктивност има три начини: да имате најсовремена технологија, да имате и кадар што ќе го обучите да работи со таа технологија, но мора да имате и менаџмент што ќе знае да ги спроведе тие операции. Но, и тоа не е доволно, туку мора да имате и поставеност на организацијата со што ќе имате минимални трошоци, т.н. lean производство, современ проток на материјалите и мора да имате учинок по норма, следливост на производите, високо ниво на контрола на квалитетот. Ковид – 19 кризата ќе го смени ликот на светската економија, и за нас како мала и отворена економија, дефинитивно ќе нема друг излез освен создавање на конкурентни извозни производи

не сум ја правел уредбата, не сум повеќе вицепремиер и не сум можел да влијаам врз неа. Сметам дека како што е „Брако“ еднаков си сите други кога треба да се платат даноци, тогаш треба да е еднаков и во можноста да искористи законска можност што за компанијата има некакво позитивно влијание. Парите од помошта не ги земам јас како сопственик, тие одат кај вработените, а на компанијата

и помагаат да ја исплати целосната плата за април месец. Зарем мислите дека е подобро една компанија да отпушти половина вработени и да не користи никаква помош од државата, или да искористи помош и да ги сочува сите работни места?! Освен тоа, уредбата вели дека сите оние фирми што ќе покажат профит за 2020 година, ќе ги вратат потоа парите од помошта за плати. Јас искрено се

надевам дека годинава „Брако“ ќе ја заврши со профит, па и ние ќе и ги вратиме тие пари на државата. XНо, X не успеавте да ги сочувате работните места во „Каст инвест“, една од фирмите во состав на вашата групација „Фероинвест“. Зошто мораше да се затвори оваа компанија?

Ќе ви објаснам подробно за овој


Капитал број 1064 29.05.2020

18

ИНТЕРВЈУ

случај. „Фероинвест“ има 17 фирми во рамки на групацијата, една од нив беше и „Каст инвест“, каде што „Брако“ всушност беше малцински сопственик, со нешто под 40%, а јас лично имав околу 16% од сопственоста. Тоа е всушност бившата Леарница во рамки на металуршкиот комбинат МЗТ во Скопје, којашто практично беше жртва на две работи: прво, таа произведуваше водоводна инфраструктура цевки, вентили, итн. – а јас додека бев вицепремиер не можеше да продава производи во ниту едно комунално претпријатие во земјава, поради конфликтот на интереси, нели. И тогаш, овие претпријатија купуваа водоводна инфраструктура произведена во Србија, Хрватска и други земји, по цени од 4,5 или 6 евра за килограм, а ние го произведувавме по цена од 1,7 евра, и можевме, се разбира, многу поевтино да продаваме на комуналните претпријатија, коишто се сите државни. И не можевме да продаваме во странство. Кога вака непринципиелно ќе се постават работите, кога некој мисли дека штити јавен интерес, а всушност не го штити, државата ќе плаќа поскапо за набавки на производи, само за да не дојдат од фирмите на Кочо Анѓушев. И второ, кога почна кризата поради корона пандемијата, изгледите „Каст инвест“ да продолжи да опстојува едноставно исчезнаа сосема. Немаше повеќе резон да продолжи со работа компанија којашто само црпеше финансиски ресурси од нас, загрозувајќи го со тоа работењето на здравиот дел од компаниите на групацијата. За ваша информација, „Брако“ го помагаше работењето на “Каст инвест“ со по стотина илјади евра секој месец и не доби ништо, туку загуби 1,3 милиони евра, во компанија каде што бевме малцински сопственици. XВашите X две и пол години како вицепремиер за економски прашања ги следеа контроверзии во врска со наводните злоупотреби на функцијата во корист на вашите бизниси (случајот со царините за батериите, итн.). Вие пак, напуштајќи ја функцијата пред неколку месеци рековте дека, напротив, вашите бизнис интереси трпеле поради вашето вклучување во политиката. Каде е вистината?

Ќе ви одговорам максимално искрено, иако можеби малку поопширно, затоа што оваа тема е прилично комплексна. Прво, да се биде член на влада е привилегија и чест. Многу е важно од кој аспект ќе и пристапите на таа позиција. Мојот мотив беше чист, искрен, бев

поканет да бидам вицепремиер за економски прашања како човек кој претходно постигнал извесен успех во бизнис сферата, а таа оценка ја дале други луѓе, не јас самиот. Но, проблемот беше што во нашето општество перцепцијата на луѓето во ваквите случаи е дека мора да има некој скриен мотив, дека политичката функција е прифатена за да се искористи за личен интерес, односно во интерес на бизнисите што јас конкретно ги водам. И тука доаѓаме до прашањето за заштитата на јавниот интерес, дали како човек што влијае врз креирањето на економските политики, тоа го правите на начин тие да се во интерес на општеството или во ваш личен, бизнис интерес. За да управувате со еден економски систем, каде што има донесување на многу одлуки, вие треба да имате искуство. Доколку на таква позиција дојде човек со претходно искуство во бизнисот, односно самиот е човек од бизнисот, сопственик, менаџер и сл., тој секогаш ќе биде во опасност да се судри со конфликт на интереси. Ако сакате да нема никаков конфликт на интереси, да, може да донесете и човек без никакво искуство во бизнисот, но дали тој ќе

знае што и како треба да работи или како држава ќе ризикувате допрва да се учи како се менаџираат процеси, што на крајот може да донесе огромна штета на државата и економијата. Јас како што налага законот, ги напуштив управителските функции во моите компании откако станав вицепремиер, но дали тоа треба да значи дека тие фирми треба да застанат со работа или да имаат помалку право на бизнис во однос на другите фирми? Во тој случај ги оштетувате производството, развојот, вработените. Еве, да го спомнам случајот со мрежата од поцинкувана жица што „Брако“ ја имаше продадено на „Македонија пат“ за 36.000 евра. Се крена прашина во јавноста, еве, како вицепремиерот ја користи својата позиција во корист на неговите бизниси. Но, јавноста можеби не знае дека таква поцинкувана жица, во регионов на Западен Балкан и пошироко, ја прави само „Брако“. И може да ја продаде по најповолна цена, директно од фабрика, на секој што е заинтересиран. Но, бидејќи сега имало конфликт на интереси, „Брако“ не може повеќе


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

19

ВО „БРАКО“ ВЛОЖИВМЕ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ВО УСЛОВИ НА КРИЗА Мислам дека донесовме храбра одлука во Брако, да влеземе со уште 6-7 милиони евра оперативен капитал среде Ковид – 19 кризата, кога знаевме дека нема продажба да направиме производство, клиентите да ги стимулираме да ги купуваат производите со подолг рок

на плаќање. Вложивме 6-7 милиони евра само во оперативен капитал плус нови инвестиции. Во моментов имаме три милиони евра во нови инвестиции, значи со околу 10 милиони евра влеговме во зголемување на финансиските ангажирања за овие три месеци.

Моите мотиви да влезам во политика беа чисти: сакав да помогнам Најодговорно тврдам дека „Брако“ и останатите мои бизниси од групацијата немале корист од моето извршување на вицепремиерската функција, напротив, во 2017 и 2018 година имавме пад на производството и приходите, после 15 години континуиран раст со просечна стапка од 10% годишно. Понудата да влезам во политика ја прифатив со најискрена намера да придонесам со моето знаење и искуство во подобрување на состојбата во бизнисот, и економијата генерално. Жалам што дел од јавноста имаше перцепција дека мотивите се поинакви.

да учествува на тендери, туку сега ќе дојде друга фирма, која пак ќе купи од „Брако“, затоа што нема друг производител во близина, нели, но бидејќи набавката е веќе од втора, или трета рака, се разбира цената на крајот ќе биде повисока. И како тука сме го заштитиле јавниот интерес?! Или, еве примерот со укинувањето на царините за литиум – јонските батерии што се вградуваат во електрични возила. Се направи

врева во јавноста дека со укинувањето на оваа царина се помага на производството на електрични возила за чистење улици што излегуваат од погоните на „Брако“. Која е фактичката состојба сега кога оваа мерка е повторно укината? „Брако“ ги користи механизмите од царина кои се на сила и се само покомплицирани административни постапки, а со укинувањето беа избегнати овие административни бариери, а

ефектот е ист секако. Практично, корист имаше царината да се куртули од дополнителна работа и дел од странските инвеститорите беа задоволни дека им е олеснет административниот процес. Но знаете, дури бев во Владата, определба беше да сме воздржани од промоција дека стопанствениците ги поздравуваат мерките и се задоволни... Но верувајте, нам ни треба суштинска дебата и здрави економски фундаменти за раст и развој, а не пи-ар спектакли. Сепак, вистинско економско прашање е што штитиме со царинските давачки, кога како држава немаме фабрика за литиум – јонски акумулатори? Тие се произведуваат во само неколку фабрики во светот и во секоја земја каде што се произведуваат електрични возила, а нема свое производство на вакви батерии, се увезуваат без царина. Тие батерии не се произведуваат во Македонија и царината за нив е 15%, што ја поскапува на крајот цената на чинење на овие возила и ја намалува нивната конкурентност на светскиот пазар. Но, нашиот царински систем не го препознава тоа, затоа што е уште од времето


Капитал број 1064 29.05.2020

20

ИНТЕРВЈУ

на социјализмот, па ние се’ уште ги штитиме Алуминка, Стаклара, итн., коишто одамна веќе не постојат. Кај нас поради притисокот што се создаде во јавноста, царината повторно се врати после само шест месеци. На крајот на денот, општеството треба да се одлучи дали сака на државните функции да види луѓе коишто нешто постигнале во животот и имаат искуство и малку повеќе да им верува дека имаат искрена намера да направат нешто добро за државата. Но, мајндсетот не треба да оди во екстремна насока во смисла сега пак, бизнисите на тој човек, да трпат штета. Проблем е ако јас измислувам нови бизниси сe’ со цел да искористам нешто од позицијата, но мене фабриката ми работела 15 години пред да станам вицепремиер и јас не сакав да дозволам таа да биде оштетена заради моето ангажирање во политиката, како што и се случи. Колку за илустрација, од 2003 до 2016 во „Брако“ имавме континуиран раст на производството и приходите со просечна стапка од 10% годишно, додека во 2017 и 2018 година, не само што немаме раст, дури имаме и пад. Комбинацијата од тоа да се повлечеме од сите тендери за јавни набавки и сл., иако за волја на вистината бизнисот во земјава е минимален процент од приходите на „Брако“, и моето отсуство – јас сум сепак менаџер на моите фирми – доведе до тие резултати. XДали X исклучиво поради тоа се повлековте од позицијата во Владата?

Тоа е едната клучна причина, втората е тоа што некаде пред Нова година кога стана јасно дека ќе има техничка влада што треба да ги организира изборите коишто требаше, нели, да се одржат во април, јас сфатив дека не ми е местото во техничка влада. Јас суп пред се’ човек од бизнисот, а не политичар, и како што споменав претходно,

во политиката влегов затоа што навистина сакав нешто да сторам за македонската економија. Техничката влада во принцип не носи битни економски одлуки и сметав дека немам со што веќе да придонесам во такви околности. Се разбира, во тие моменти никој не можеше да знае дека набрзо ќе дојде пандемијата Ковид - 19 и кризата што таа ја предизвика и дека техничката влада ќе биде соочена со многу големи предизвици одошто само подготовката на изборите. Да знаев што ќе следува, секако дека ќе останев и јас да помогнам колку што знам и умеам. XКако X кризата ве погоди како бизнисмен, односно, влијаеше врз работењето на компаниите во рамки на „Фероинвест“?

Можеби е добро да објасниме малку како делува кризава врз индустријата и како таа ќе се одрази врз понатамошното економско живеење, не само во Македонија, туку и во целиот свет. Дефинитивно, најголеми губитници во оваа криза ќе бидат тие што ќе изгубат дел од капиталот, а дел од капиталот ќе изгуби практично целото стопанство: оваа криза покрај тоа што е здравствена, и најважно е здравјето на луѓето да е добро, таа се претвора во економска и така ќе се манифестира понатаму. Здравствената криза веројатно ќе се менаџира на некој начин откако ќе се најде вакцина и сл., или ќе стекнеме колективен имунитет, но економската криза ќе трае малку подолго. Зошто? Затоа што се промени целиот начин на живот во светот, а ќе се промени и начинот на којшто економијата функционира. Погодени се сите сектори, некои најтешко, како туризмот, угостителството, транспортот, затоа што нивните активности беа забранети со одлуки на владите во светот, но исто така и сите останати сектори се погодени, затоа што еден добар дел од активностите замре. Замре

Со градењето на монтажната болница за 14 дена покажавме за што сè е способен Брако XX Голем интерес во јавноста побуди и информацијата дека „Брако“ успеа да ја изгради монтажната болница пред Инфективната клиника во Скопје за само 14 дена. Дали планирате да ги проширите вашите бизнис активности и во вакво нешто во иднина? Да, тоа беше една убав предизвик за „Брако“, барањето од здравствените власти да се направи колку што може побрзо монтажната болница за доколку, не дај Боже, дојде до преоптоварување на капацитетите на Инфективната клиника. „Брако“ во принцип не прави вакви проекти, но имаме технологија, роботи што заваруваат, машини што брзо произведуваат,итн. па успеавме за 14 дена ја проектираме, произведеме панели и да ја монтираме болницата. Тоа е болница од 1300 м2, има капацитет од 72 легла, во неа е инсталирана целата потребна инфраструктура, климатизери, тоалети, значи направена е по сите стандарди за тоа како треба да изгледа една монтажна болница. Иста како што во Кина направија за 10 дена, ние успеавме за 14. „Брако“ има кадар, од над 600 вработени 60-70 се инженери, се работеше интензивно, и за Велигденските празници и успеавме во предизвикот. За нас е тоа добра референца за докажување на капацитетите на фабриката и да се надеваме дека нема да има потреба да се користи, но еве, за секој случај нека биде тука.


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

21

потрошувачката, индустријата исто така не може да произведува ако нема клиенти, во овој период многу малку се купуваше гардероба, никој не мислеше да купи автомобил, мебел, итн. Ако нема потрошувачка, автоматски се намалува и потрошувачката во индустријата. Па така, индустријата има сериозно намалување на своите активности. А, кога, ќе се намалат активностите во индустријата, а притоа сакате да ги задржите бројот на вработени и да поделите цели плати, во тој случај јасно се соочувате со проблем на ликвидноста во сите компании. Бидејќи компаниите се соочуваат со тоа да немаат продажба, немаат приходи, а нивните расходи остануваат исти во делот на фиксните трошоци. Уште похрабар чекор е ако вие донесете одлука да не го намалите ниту производството. Така направи „Брако“. Храбра одлука е затоа што јасно ви е дека тоа производство нема да го продадете веднаш, туку ќе работите за залиха и во тој случај ви требаат

многу повеќе обртни средства, затоа што трошоците ви останале исти, сте купиле репроматеријали и ресурси за да го направите тоа производство, а произведувате за залиха, а не за пазар. Со други зборови, ако ви требала една количина обртен капитал во нормални услови, сега ви треба многу повеќе. Дополнително, работите се отежнуваат затоа што сега вашите клиенти што ќе решат да купуваат од вас среде кризава ќе бараат пролонгирани рокови за плаќање, бидејќи и тие се соочуваат со проблеми во ликвидноста. Што значи, вие ќе треба да ги финансирате вашите клиенти, и тогаш ќе ви требаат уште повеќе обртни средства. XКолку X обртен капитал ви требаше вам во „Брако“ за да го задржите нормалното ниво на производство, како што велите?

И за тоа, но и поради фактот што ние практични и не продававме во втората половина на март и април

откако се случија затворањата на сите економии во светот, а и со тоа малку што го продававме моравме да ги кредитираме практично нашите клиенти, нам ни беше потребен обртен капитал од 6-7 милиони евра. Еве сега гледате колку релативно малку значајни се оние 106 илјади евра државна помош во споредба со вкупните средства што нам ни се потребни. Да, секоја помош е добредојдена, но поентата ми е дека ние самите моравме да си ги обезбедиме парите што ни требаат за непречено производство и зачувување на секое работно место. Но, што е уште позначајно, ние не само што не застанавме со производството, туку ние во „Брако“ донесовме одлука и да не застанеме со инвестициите. XЗа X какви инвестиции се работи?

Прво, да спомнам дека „Брако“ минатата година инвестираше во купување на брендот „Green Machines“, под кого што произведувавме машини за


Капитал број 1064 29.05.2020

22

ИНТЕРВЈУ

вакумско чистење на улици и јавни површини, изминативе 5-6 години. Тоа беше изворно американски бренд, чиешто производство се одвиваше во Шкотска, а потоа продолжи во нашите погони во Велес. Откако го купивме брендот лани, со се’ сите права за интелектуална сопственост и сл., тој е сега македонски бренд, а „Брако“ има свои компании - ќерки во Романија, Холандија и Англија и комплетната продажба се одвива преку меѓународна мрежа на дилери. Во моментов имаме три типа на вакви машини, варијанти со дизел и електрични мотори, но не застануваме тука. Брендот сега го развиваме со нашите инженери и останатите вработени во „Брако“, и со помош на Машинскиот факултет при УКИМ. Развиваме неколку нови производи: првиот е комплетно механички т.н. “свипер“ од 5,5 кубици, и првото тест возење го направивме минатата недела. Исто така, заедно со холандска компанија специјализирана за развивање возила на водороден погон, развиваме прво вакво возило во светот, наменето за чистење улици, коешто како гориво ќе користи водород (хидроген). Тоа возило се работи специјално за нашиот бренд, готово е, и ја користам оваа прилика да најавам дека наскоро ќе направиме промоција, заедно со уште три нови возила во гамата на „Green Machines“. Холандската компанија што го развива хидрогенското возило за нас, работи за сите големи компании во светот што развиваат хидрогенски возила. Се обидуваме Брако да биде еден од главните носители во тој т.н. niche пазар за возила за чистење на улици. Ние комплетно го правиме возилото, од почеток до крај. Тоа е инвестиција што е поголема во „Брако“, некаде 5-6 милиони евра, понатаму имаме нова инвестиција од околу 3 милиони евра, комплетно нова линија за поцинкувана жица по најнова технологија, првобитно развивана за само една американска компанија, а сега за првпат ќе биде пренесена во Европа. Тоа ќе биде првата линија комерцијална производна линија за тој тип на поцинкувана жица, за што ние градиме три хали во моментов, а опремата е веќе нарачана и треба да стигне за 10 месеци. И во делот на мали хидроелектрани, во делот на турбините, направивме голема инвестиција, односно комплетно го направивме машинскиот парк прилагоден да може да произведуваме мали хидроелектрани од почеток до крај: дизајн, производство, монтирање,

мониторинг, итн., се’ да е под капата на „Фероинвест“, а целокупното производство се случува во „Брако“. Така што „Брако“ е насочен кон меѓународните пазари. Ние во оваа криза гледаме и шанса, треба прво да се издржи кризата, а за среќа „Брако“ и „Фероинвест“ групацијата имаат доволно финансиски капацитет за да може да го даде овој оперативен капитал. XВо X каква кондиција е бизнисот на „Брако“ со медицинската опрема? Пред неколку години почнавте и со производство на болнички кревети и друга опрема...

Да, освен жичната програма, возилата за чистење, производство на мали хидроелектрани, имаме и производи од делот на медицината, каде што соработуваме со големи светски брендови. На пример најсофистицираниот болнички кревет што може да го најдете на пазарот е дански бренд, достигнува цена од 4-5.000 евра, и тој се произведува во „Брако“. Гледаме дека таа програма добро оди, па ја почнуваме соработката и со шведската компанија „Arjo“, исто така голем производител на болничка опрема во светот. Овој период кога имаме намалени нарачки го искористивме да направиме комплетна реорганизација во производството, затоа што Ковид – 19 кризата ќе го смени ликот на светската економија, и за нас како мала и отворена економија, дефинитивно ќе нема друг излез освен создавање на конкурентни извозни производи. XX Како да го постигнеме тоа? Со години, децении веќе, зборуваме дека на извозот му треба додадена вредност, дека немаме практично што да извеземе освен земјоделски производи, метали, руди, текстил, еве и нешто кондиторија...Се разбира, ако не го вклучиме извозот од ТИРЗ каде што се лоцирани странските инвеститори, претежно од секторот автомобилски делови.

За да бидете поконкурентни мора да бидете попродуктивни, а за продуктивност има три начини: да имате најсовремена технологија, а „Брако“ на пример, ја има. Се’ што е најнова технологија ние го имаме: роботи, ласери, ЦНЦ машини. Мора да имате и кадар што ќе го обучите да работи со таа технологија, но мора да имате и менаџмент што ќе знае да ги спроведе тие операции. Но, и тоа не е доволно, туку мора да имате и поставеност на организацијата со што ќе имате минимални трошоци, т.н. lean производство, современ проток на материјалите и мора да имате учинок по норма, следливост на производите, високо ниво на

контрола на квалитетот.. Во принцип, ова ќе бидат условите што мора да ги исполни секоја фабрика од било која индустрија, за да биде конкурентна на светскиот пазар. Значи, мораме да се ориентираме кон светот, затоа што кај нас мал е пазарот и нема никаква смисла да се развива индустрија само за македонски пазар. И не можеме да постигнеме повисоко ниво на развој со овошје, зеленчук, минерали, итн. Таму нема додадена вредност. Од земјоделските производи треба да се форсираат преработки, значи повторно индустрија. Па и туризмот, еве на пример, и тоа е еден вид на индустрија. Туристите што доаѓаат во Македонија се всушност извоз за нас. И тука ако не бидеме конкурентни, тие ќе отидат во Грција, Србија, Бугарија, Албанија... Но, за да доаѓаат туристи треба да им понудите пристојно сместување, добра инфраструктура, вонпансионски содржини, љубезен третман, и сето тоа за конкурентна цена. XX Сега, од позиција на бизнисмен, како ги оценувате пакетите мерки што ги носи техничката влада за ублажување на последиците од Ковид – 19 кризата? Нешто од нив и искористивте во „Брако“, но еве, какво е вашето мислење за другите мерки, фалат ли некои мерки, што уште треба да се направи според вас?

Антикризните мерки ги следам како и секој стопанственик, јас сум и потпретседател на Стопанската комора на Македонија, па разговараме и на коморско ниво околу нив. Владата веројатно прави сè што и е во рамките на можностите, можеби недостасува малку поинтензивно да ги објаснува тие процеси што ги прави. Ние во моментов имаме и здравствена и економска криза, агилноста на министерот за здравство Филипче создава перцепција дека здравствената криза се менаџира прилично успешно, а за економијата има широка лепеза мерки. Сега се потребни мерки за индустријата, кои ќе бидат долготрајни, кои нема да бидат за акутно, туку за хронично решавање на проблемите. Затоа што економскава криза нема да заврши за месец, два или три, туку ќе има подолготраен период на чувствување на последиците, што ќе трае следните 2-3 години. Како држава мора да го зголемиме инвестициониот циклус, да се свртиме кон македонските производи и зголемување на нивната додадена вредност, да се финансираат проекти кај што ќе има повеќе македонска компонента. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

23


Капитал број 1064 29.05.2020

24

www.kapital.mk

ФИНАНСИИ

ДРЖАВАТА ГО РЕАЛИЗИРАШЕ НАЈАВЕНОТО

ПОЗАЈМЕНИ 70 ЕВРА ПРЕКУ ИЗ ЕВРООБВРЗНИ


www.kapital.mk

О ЗАДОЛЖУВАЊЕ

Капитал број 1064 29.05.2020

25 Државата се задолжи за 700 милиони евра со издавање на еврообврзница, потврди Министерството за финансии. Рочноста на еврообврзницата е 6 години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3,675%, што е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година.

00 МИЛИОНИ ИЗДАВАЊЕ ИЦА


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

26

ФИНАНСИИ

Со издавањето на еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд во износ од 176 милиони евра и заемите од Светска банка во износ од 140 милиони евра и од Европската унија од 160 милиони евра кои се преговараат и се извесни, се затвора финансиската конструкција за потребите годинава, односно дефицитот проектиран на 750 милиони евра или 6,8% од БДП со ребалансот, но и обврските по основ на стари долгови од 705 милиони евра.

пишува:

Александар Јанев

Д

aleksandar.janev@kapital.mk

Државата се задолжи за 700 милиони евра со издавање на еврообврзница, потврди Министерството за финансии. Рочноста на еврообврзницата е 6 години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3,675%, што е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година. „Ова ја покажува довербата на инвеститорите во македонската економија и политики, ако се земе предвид дека оваа обврзница се издава во време Covid-19 кризата - најголемата економска криза после Големата депресија, кога сите економии, вклучително и светските економски сили, излегуваат на меѓународниот пазар на капитал за да обезбедат средства за финансирање на потребите за кризата“, истакнуваат од Министерството за финансии. Иако првично беше најавено дека износот што ќе го бара земјава

ќе биде 800 милиони евра, сепак еврообврзницата е помала за стотина милиони евра. Но тоа не се должело на недостиг на пари на пазарот на капитал. Интересот на странските инвеститори за македонската еврообврзница бил 5 пати поголем од износот кој беше издаден. Според Министерството за финансии, ова е уште еден податок, покрај поволната каматна стапка, што укажува на доброто позиционирање кај странските инвеститори и нивната доверба во земјава. „Ова се должи на макроекономската и финансиска стабилност, како и нашата посветеност и успехот постигнат последниве години во евроатланските интеграции“, велат од Министерството. Со издавањето на еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд во износ од 176 милиони евра и заемите од Светска банка во износ од 140 милиони евра и од Европската унија од 160 милиони евра кои се преговараат и се извесни, се затвора финансиската конструкција за потребите годинава, односно дефицитот проектиран на 750 милиони евра или 6,8% од БДП со ребалансот, но и обврските по основ на стари долгови од 705 милиони евра. Дополнително, се обезбедуваат и сигурносни средства за справување со евентуален повторен шок и

зависно од развојот на настаните делумно финансирање на потребите за следната година. Земјава на меѓународниот пазар на капитал има излезено 7 пати досега, вклучувајќи ја и последната издадена еврообврзница. Првата еврообврзница е издадена во 2005 година, потоа 2009, 2014, 2015, 2016, 2018 и сега во 2020 година. Најниска камата од 2,75% има еврообврзницата од 2018 година, додека највисока во 2009 година од 9,875%, во време на светска економска криза.

За што ќе се трошат позајмените пари?!

Ова поголемо задолжување на меѓународниот пазар доаѓа во време кога приходите во Буџетот се намалија значително поради Големото затворање на цело општество со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Тоа предизвика целосно прекројување на Буџетот преку ребаланс што го усвои Владата. Според ребалансот, приходната страна на буџетот се намали за 11,5% и изнесува 3,2 милијарди евра, додека расходната страна се зголемува за 1,4% и истата изнесува 3,95 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 6,8% од БДП и е во линија со проекцијата на Европската комисија. Министерката за финансии Ангеловска истакна дека меѓу


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

27


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

28

ФИНАНСИИ

Кај нас, досега Владата усвои три пакети антикризни мерки. Првите два коишто беа повеќе насочени кон поддршка на бизнисот преку бескаматни кредити и буџетско финансирање на плати во износ еднаков на минималната плата за работници од сите погодени индустрии, додека пак третиот пакет е главно насочен кон поддршка на најранливите групи граѓани.

другото, ребалансот предвидува финансирање на сите антикризни мерки за ублажување на негативните последици врз економијата коишто се проценуваат на околу 550 милиони евра. „Како Министерство за финансии направивме три сценарија за приходната страна на буџетот. Со ребалансот на буџетот се имплементира всушност најоптималното прво сценарио. Предвидено е кратење на приходите за 11,5%, на расходната страна, а има благ раст на зголемување на трошоците. Споредено со другите земји каде расходната страна се зголемува повеќе, ние го коригиравме само со 1,4%. Имајќи го во предвид Covid-19 и средствата за помагање на економијата, овие средства се обезбедуваат од буџетот. Раст има во расходите на Министерството за економија, за образование, за здравство“, истакнаа од Министерството за финансии. Ребалансот на Буџетот е направен врз основа на прогноза за пад на бруто домашниот производ за 3,4%. Сите други прогнози за економијата годинава се движат од пад на БДП од -3,2% според Светската банка, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ. Токму притисокот од негативните

економски последици, ги натераа властите и овде и ширум светот да размислуваат за фискални мерки со коишто ќе им помогнат и на граѓаните и на бизнисите да ја преживеат оваа криза. А обемот на фискалните мерки што ги презема државата во насока да им помогне на најпогодените компании од оваа криза директно зависи од можноста за обезбедување на пари. Во услови кога јавните приходи паѓаат, задолжувањето е биде клучно за да може државата да ги финансира сите основни потреби и дополнително да финансира помош за бизнисите и граѓаните преку посебни антикризни мерки.

Финансирање на антикризните мерки

Кај нас, досега Владата усвои три пакети антикризни мерки. Првите два коишто беа повеќе насочени кон поддршка на бизнисот преку бескаматни кредити и буџетско финансирање на плати во износ еднаков на минималната плата за работници од сите погодени индустрии, додека пак третиот пакет е главно насочен кон поддршка на најранливите групи граѓани. Последниот трет пакет антикризни мерки, меѓу другото вклучува платежни картички по 9.000 денари за купување домашни производи за околу 100 илјади граѓани што имаат

помали приходи од минималната плата; потоа платежни картички и ваучери по 9.000 денари за домашен туризам со кои се трагетираат исто така околу 100.000 граѓани со приходи под минималната плата; викенд без ДДВ за сите граѓани за купување домашни производи; паричен надомест за сите кои останале без работа во март и април; но и неколку мерки за поддршка на бизнисите како бескаматни кредити од Развојната банка во вредност од 31 милиони евра, уште 25 милиони евра од Буџетот за освојување нови пазари и поголема конкурентност, финансирање на обуки, како и повеќе мерки насочени за поддршка на земјоделството. Според процените, од сите досегашни мерки бенефит ќе имаат над 730 илјади граѓани. Економистите оценуваат дека третиот сет на економски мерки кои Владата ги донесе за амортизирање на ударот од пандемијата со коронавирусот, ќе ја поттикне потрошувачката и со тоа на краток рок ќе се забрза економската активност. Но, според нив, и со вториот пакет се постигнал вистинскиот ефект, со кој, државата им помага на фирмите да ги исплатат платите на работниците и да се сочуваат голем број на работни места. nnn



Капитал број 1064 29.5.2020

30

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

ФРЕЈК ЈАНМААТ РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА ВО ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕУ ВО СКОПЈЕ

ПАНДЕМИЈАТА НЕМА ДА ГИ ПОПРЕЧИ ЕВОРИНТЕГРАЦИИТЕ НА ЗЕМЈАТА


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.5.2020

31 „Не гледам какви било големи последици од актуелната корона криза врз процесот на пристапување. Прво ќе видиме кога може да биде усвоена преговарачката рамка во Брисел од сите земји членки, штом ова ќе биде завршено, ќе преминеме на тн. скрининг на поглавјата, билатерален скрининг низ кој македонските власти ќе треба да прикажат за секое од поглавјата од aquis на кое ниво на напредок се, како за усвоените закони, но и за имплементацијата на овие закони. И овие состаноци може да бидат организирани онлајн така што не гледам некакво влијание во тој дел“


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.5.2020

32

ИНТЕРВЈУ

разговара:

Александар Јанев

П

aleksandar.janev@kapital.mk

ПоПандемијата со коронавирусот нема да влијае на евроинтеграциите на земјата, вели во разговорот што го направивме, Фрејк Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Тој вели дека иако повеќето европски институции, како и тој самиот и целата Делегација во Скопје се уште работат од дома, состаноците може непречено да се организираат онлајн. „Не гледам какви било големи последици од актуелната корона криза врз процесот на пристапување. Прво ќе видиме кога може да биде усвоена преговарачката рамка во Брисел од сите земји членки, штом ова ќе биде завршено, ќе преминеме на тн. скрининг на поглавјата, билатерален скрининг низ кој македонските власти ќе треба да прикажат за секое од поглавјата од aquis на кое ниво на напредок се, како за усвоените закони, но и за имплементацијата на овие закони. И овие состаноци може да бидат организирани онлајн така што не гледам некакво влијание во тој дел“, вели Јанмаат. Но, Европската Комисија процени дека пандемијата несомнено ќе има влијанија врз економијата. Според најновите прогнози, нашата економија годинава ќе падне во рецесија со пад на бруто домашниот производ од 3,9%. „Главните причини за ова се домашната побарувачка, гледаме дека поради затворањето домашната побарувачка се намали. Луѓето останаа дома, продавниците беа затворени, фабриките беа затворени делумно, и тоа има влијание на расположливиот приход, на вработувањето, тоа е една работа, потоа друго е што гледаме забавување и кај најголемите трговски партнери на Северна Македонија особено во ЕУ што е најголем извозен пазар, и тоа доведе до намалување на извозот, и трета работа е нарушување на синџирите на снабдување. Исто така и кај извозот видовме одредено нарушување, на пример ако земете предвид дека Северна Македонија увезува многу од Кина, и овие транспортни текови беа прекинати“, вели Јанмаат. Проценката на Европската комисија е една од најпесимистичките за јачината на ударот од пандемијата

врз економијата, а на прашањето на што се должи овој песимизам, Јанмаат вели: „Не мислам дека сме повеќе негативни од останатите, ако ги видиме на пример рејтинг агенциите, Standard & Poor’s и Fitch, тие дури предвидуваа поголемо забавување на економската активност, но се ќе зависи од тоа колку долго оваа корона криза ќе трае. Наша проценка врз која ги темелиме проценките за растот е дека бавно ќе се вратиме во нормала после мај, и дека во втората половина од годината ќе забележиме раст, но тоа зависи од тоа колку кризата ќе трае“, објаснува Јанмаат.

Антикризните мерки на Владата се издржани и треба да дадат резултати

За мерките на Владата за ублажување на последиците од кризата во економијата, Јанмаат вели дека се издржани и очекува да дадат резултати. „Ние сметаме дека имаат смисла, генерално. Владините мерки се прилично слични со оние што членките на ЕУ ги преземаа, ако ја видиме големината, целиот пакет изнесува околу 5,5% од БДП што е повеќе или помалку на линија со околните земји во регионот. Кога ги гледам мерките засебно, тие се логични, имаат за цел да обезбедат ликвидност во економијата, да го зачуваат вработувањето во приватниот сектор, и исто така да спречат банкроти на компаниите. Првите два пакети имаа за цел да обезбедат бескаматни кредити, субвенции за платите и социјалните придонеси, одложување на даноците, а сега минатата недела видовме поголема поддршка за ранливите групи односно сиромашните граѓани. Мислам дека сите имаат смисла, но важно е што континуирано се дискутираат со социјалните партнери, со синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, за да бидеме уверени дека се релевантни во целото општество“, потенцира Јанмаат. Сепак, покрај мерките за ублажување на негативните ефекти на краток рок, Европската комисија сугерира да се прават структурни економски реформи што ќе ги решат постојаните проблеми во ова општество. „Имавме минатата недела таканречен Дијалог за заеднички политики помеѓу ЕУ членките и кандидатите за економските политики и имаше неколку препораки заеднички донесени и од страна на Северна Македонија, министерката за финансии и гувернерката на Народната банка, и од земјите членки на ЕУ. Има неколку различни аспекти, ако зборуваме за структурните економски реформи, се согласија на бројни реформи, една е дека

Владата треба да продолжи да обрнува внимание на микро и малите претпријатија, да следи колку ликвидност има во овие сектори. Она што е исто така важно е дека има прелевање од неформалната во формална економија, особено кај микро фирмите но и самовработените луѓе, така што тие некако ќе бидат убедени со актуелните мерки и субвенции да ги формализираат нивните бизниси и да почнат да плаќаат даноци. Трета структурна економска реформа е да се олесни за компаниите и граѓаните да имаат пристап до онлајн услуги, да се направи се да биде повеќе онлајн, во оваа криза мислам дека е важно Владата да се фокусира повеќе на тоа“, истакна Јанмаат и додаде дека на на социјалната страна, важно е Владата да се фокусира невработените да имаат полесен пристап до пазарот на труд. „Ова може да се направи со зголемување на капацитетот на Агенцијата за вработување и центрите за социјална работа, да се координираат подобро заедно, но исто така да обезбедат соодветни обуки за невработени за да ги подготват подобро за пазарот на труд. Друга социјална мерка што е очигледна е да се посвети должно внимание на здравствениот систем, да се увериме дека овој систем станува повеќе финансиски стабилен и да се увериме дека сите луѓе имаат соодветен пристап до здравствените услуги“, вели Јанмаат.

Зголемените трошоци сега се оправдани, но потоа ременот ќе треба да стегне

Во делот на трошењето на народните пари, Јанмаат смета дека зголемените трошоци сега се оправдани, но потоа ременот ќе треба да се стега. „Очигледно е дека во моментов гледаме зголемување на јавните трошења што е нормално во кризи како оваа, но постепено ќе треба да се вратиме на состојба во која јавните финансии ќе бидат одржливи. Во таа смисла важно е органскиот буџетски закон да содржи фискални правила, на пример во ЕУ има правило дека јавниот долг не може да биде повисок од 60% од БДП и буџетскиот дефицит не може да биде повисок од 3% од БДП. Секако во вакви ситуации, многу земји го прекршуваат ова правило, но на крај постепено ќе мора да се вратиме на овие нивоа. Тоа е една работа што ја очекуваме од органскиот буџетски закон, а друга е, би сакале да видиме воспоставување на фискален совет, што е поддржано од Владата, вид на независен совет каков што има и во други земји, други ЕУ членки, што ќе обезбеди неутрално надворешно мислење за фискалната политика“, истакна Јанмаат


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.5.2020

33

Владините мерки се прилично слични со оние што членките на ЕУ ги преземаа, ако ја видиме големината, целиот пакет изнесува околу 5,5% од БДП што е повеќе или помалку на линија со околните земји во регионот. Кога ги гледам мерките засебно, тие се логични, имаат за цел да обезбедат ликвидност во економијата, да го зачуваат вработувањето во приватниот сектор, и исто така да спречат банкроти на компаниите. Првите два пакети имаа за цел да обезбедат бескаматни кредити, субвенции за платите и социјалните придонеси, одложување на даноците, а сега минатата недела видовме поголема поддршка за ранливите групи односно сиромашните граѓани. Мислам дека сите имаат смисла, но важно е што континуирано се дискутираат со социјалните партнери, со синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, за да бидеме уверени дека се релевантни во целото општество

Уверувајќи дека земјата ќе ги почне преговорите со ЕУ, Јанмаат вели дека тоа е исклучително важно, не само во ова време на криза, туку и за забрзување на економијата и подобрување на животот на сите граѓани. „Мора да кажам дека секогаш кога зборувам со рејтинг агенции или со странски инвеститори,

секогаш ме прашуваат економски прашања, но секогаш прашуваат и до каде е Северна Македонија во преговарачкиот процес. Видовме со останатите земји во регионот, Србија и Црна Гора на пример, дека ова е всушност печат на одобрување ако процесот на преговарање почне, тоа значи дека конкретната земја, во случајов Северна Македонија

има достигнато одредено ниво на сигурност и стабилност на своите политики, и особено е важно за области како владеење на правото, реформа на јавната администрација, но и економското владеење. Тоа значи поголема интеракција меѓу ЕУ и Северна Македонија и ова само ќе се зголемува низ пристапните преговори. Ова ќе биде важно за граѓаните да имаат поголема доверба во независни правосудни институции, почитување на основните вредности како слобода на изразување, основните човекови права, се ова постепено ќе се подобрува откако преговорите ќе почнат. Ќе останеме посветени да ја поддржуваме Северна Македонија на овој пат, во тековната криза веќе помогнавме со грантови од 66 милиони евра, дел за здравство, дел за економско социјален развој, и се надеваме дека Европскиот Совет наскоро ќе ја одобри тн. макрофинансиска поддршка, тоа се заеми но со многу ниски камати кои што ќе помогнат за потребите за билансот на плаќања на Северна Македонија“, истакна Фрејк Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања во Дегелацијата на ЕУ во Скопје. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

34

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ПРЕГЛЕД НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗАНСКИ СЛУЧУВАЊА

СИТЕ НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ ОД ПРЕД ПАНДЕМИЈАТА СЕ ВРАЌААТ НА МАСА

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. пишува:

Игор Петровски igor.petrovski@kapital.mk

M

Мерките преземени како одговор на пандемијата во Европа и САД забрзано се повлекуваат и се заменуваат со мерки

за унапредување на најпогодените делови од економиите. Епидемијата сега го достигнува својот врв во Русија и Латинска Америка, но овие пазари немаат големо влијание врз оптимизмот во Европа и САД, велат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс. „Во Европа, предлогот за нов фонд од 500 милијарди евра за помош на компаниите во земјите кои се најпогодени од COVID-19 се соочи со очекувано спротивставување од страна на некои ‘скромни’ европски земји. Најголемиот проблем во Европа, донесувањето на одлуки бавно и кој одзема многу

време повторно излегува на виделина. Новиот фонд е јасно насочен пред се кон Италија и Шпанија, иако помошта ќе биде силно поврзана со поедноставно преструктуирање на економиите, што станува главна цел на ‘повоената’ економска политика. Од другата страна на Атлантикот, САД повторно ја засилува негативната реторика во однос на Кина, најкомплицирана во моментот е листата на кинески компании кои котираат на американските берзи, што воведува нов немир кај инвеститорите дека трговската војна ќе ескалира понатаму


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

35


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

36

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

во месеците што водат до изборите. Европските проблеми со фондот и новите компликации со трговската војна ги потсетуваат инвеститорите дека сите нерешени проблеми од времето пред пандемијата остануваат на маса, тие само привремено се туркаа настрана поради здравствената криза. Овие проблеми повеќе од очигледно не се решени сами по себе.“ Во Кина, за која велиме дека е два месеци пред Европа и дополнителен месец пред САД и Велика Британија, закрепнувањето продолжува. Индустријата и дел од услужниот сектор се опоравуваат брзо, а од друга страна, постои голема претпазливост во услугите каде што се присутни поголем број луѓе (туризам, угостителство, воздухопловство и сл.). Слично темпо на закрепнување во Европа и САД би бил многу позитивен знак, иако оваа година сериозно ќе бидат погодени јужните земји, заради намалениот обем на услужни активности (особено туризмот).

Позитивни изненадувања за онлајн трговците

Повеќето компании веќе ги објавија своите активности во првиот квартал. Резултатите беа релативно солидни во целост и претежно над очекувањата, иако делот кои ги надминуваат очекувањата се најниски од финансиската криза 2008-09 година. Негативен дел од објавувањето на резултатите беа намалените очекувања за вториот квартал и повлекувањето на предвидувањата за остатокот од годината. Од индустриите здравствената, прехранбената индустрија и другите производи за широка потрошувачка и нега како и ИТ индустријата работат одлично. Банките очекуваат да се справат со нефункционалните кредити, а туризмот, автомобилската, воздухопловната индустрија и многу други компании размислуваат како да преживеат и бараат државна помош. Гледаме зајакнување на онлајн продажбата и позитивни изненадувања за практично сите онлајн трговци. Во последната недела кинеските ИТ компании објавија значително подобрени деловни резултати, што во ситуација на затегнување на условите за котација на кинеските компании во САД, беа поблаги, па реакцијата на инвеститорите беше негативна. Победници во кризата се компаниите од здравството, бидејќи сите бележат многу поголем раст од очекуваниот и нивната иднина изгледа оптимистично.

Пазарите на капитал се држат исклучително добро

Пазарите на капитал се држат исклучително добро. Голем дел од заслугите се припишуваат на големата ликвидносна помош од страна на централните банки во последните неколку недели која продолжува да се

Од другата страна на Атлантикот, САД повторно ја засилува негативната реторика во однос на Кина, најкомплицирана во моментот е листата на кинески компании кои котираат на американските берзи, што воведува нов немир кај инвеститорите дека трговската војна ќе ескалира понатаму во месеците што водат до изборите. нуди на пазарите. Како резултат на тоа, вредноста на акциите на некои компании не само што ги надминаа оние од почетокот на годината, туку достигнаа и нови рекордни нивоа. Американскиот технолошки индекс NASDAQ е првиот најголем глобален индекс што забележа позитивен принос за оваа година. Според сите статистички критериуми, акциите повторно се скапи, особено ако се земе во предвид очекуваниот пад на профитот, но инвеститорите го насочија својот поглед кон иднината, не само кон 2021 година, туку и многу подалеку. Но, иако акциите се чинат скапи, не смееме да заборавиме дека обврзниците се уште поскапи, затоа што тие не нудат принос туку се само релативно безбеден паркинг за вишокот на пари. Ликвидноста на централните банки ги промени перцепциите за реалноста и целата оваа ликвидност сака да најде инвестиција што сепак ќе донесе барем минимален принос. Отворањето на економиите го зајакнува оптимизмот и самото тоа додава дополнителни пари во берзите. Ова се забележува особено последниве денови во Европа, која во однос на растот заостанува зад САД.

nnn

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Не е време за екстреми, се препорачува диверзификација на портфолиото

И

ако акциите повторно изгледаат прилично скапи, моментално не е време за екстреми. Не е паметно целото портфолио да ви биде во акции, ниту пак во обврзници или депозити. Стара американска берзанска поговорка вели дека нема смисла да се борите со централните банки затоа што тие имаат неограничена сума пари. Ликвидната поддршка го форсира растот на цените на обврзниците и акциите и овој тренд може да продолжи. Од друга страна, состојбата на светската економија е слаба, а иднината е многу нејасна. Дополнителна неизвесност на пазарите се создава со обновувањето на трговски тензии меѓу САД и Кина. Затоа најмногу се препорачува балансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи. Старите нерешени прашања (трговска војна, Brexit, Иран итн.) се враќаат на маса, така што диверзификацијата на портфолиото е чекор кон вистинската насока. Инвестирањето во акции од нафтената индустрија, авиопревозот или компаниите кои нудат крстарења треба да останат само како потенцијален зачин на портфолиото, и најдобро е да им се остават на оние кои, всушност се запознаени добро со овие компании и имаат доволно информации за нивните тековни и идни активности.


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

38

БАНКИ

ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО ПРВАТА ЕКСПОЗИТУРА НА КОМЕРЦИ

С

Сосема ново искуство, без чекање во ред и без контакт со шалтерски работник, брзо и едноставно подигнување и внесување на готовина, замена на евра во денари, бесплатно плаќање сметки за јавни услуги. Сето ова го овозможува првата целосно дигитализирана експозитура на Комерцијална банка АД Скопје, која се наоѓа на ул. „Македонија“ во Скопје и работи 24 часа во денот, секој ден од годината. На овој простор од 20 метри квадратни сите корисници на банкарски картички влегуваат во дигиталниот свет на модерното банкарство и ги користат придобивките на современата технологија. Дигиталното банкарство се наметнува како потреба на новите генерации. Но, актуелните вонредни услови предизвикани од пандемијата од вирусот Covid-19 ги истакнаа предностите на електронското и мобилното банкарство за сите клиенти воопшто, независно

од возраста и навиките. Токму затоа е уште поголема вредноста на првата дигитална експозитура на Комерцијална банка, во која задоволството на клиентите е максимално. Влезот во експозитурата е овозможен со сите банкарски картички, а услугите можат да ги користат клиенти на Комерцијална, но и на други домашни или странски банки. За оние кои поседуваат картичка со технологија за бесконтактно плаќање вратата се отвора само со доближување на картичката до читачот на самиот влез, додека пак имателите на картички без ваква функционалност потребно е да ја провлечат картичката на читачот. Кога ќе се овозможи влез во експозитурата, визуелните и лесно читливи ознаки ги насочуваат клиентите кон поставените уреди. Опремена е со банкомати и најнови дигитални киосци за безготовинско плаќање сметки. На првиот банкомат, освен стандардната функција за подигнување готовина, овозможено е и внесување на готовина

од физички и правни лица и откуп на евра. Доколку клиентот има потреба да уплати средства на својата кредитна картичка или трансакциска сметка, тоа може едноставно да го направи со внесување на кредитната или дебитната картичка, со што уплатата ќе се евидентира на сметката со која е поврзана картичката. Без чекање на ред и уживајќи во комфорот што го нуди експозитурата, и правните лица може да го внесуваат дневниот пазар доколку располагаат со дебитна картичка за правното лице. Дневниот пазар ќе се евидентира на основната сметка на идентичен начин како да биле на шалтерите на Банката. На истиот банкомат, секое физичко лице (резидент или нерезидент) кое поседува банкарска картичка може да се врши и замена на евра во денари. Како општествено одговорна компанија, водевме грижа во експозитурата да поставиме банкомат кој ќе биде приспособен за лица со посебни потреби.


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

39

ЦЕЛОСНО ДИГИТАЛИЗИРАНА ИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ Комерцијална банка ја препозна вредноста на експозитурите во дигиталниот свет. Со својата прва целосно дигитализирана експозитура обезбедува едноставно и брзо извршување трансакции за сите корисници на банкарски картички, а со тоа и максимално задоволство за нив Особено значајна услуга што ја нуди Дигиталната експозитура е плаќање без провизија на сметки или фактури кон ЕВН, Телеком и Телекабел, а наскоро и кон БЕГ и А1, на наменските киосци поставени во десниот дел. „Корисникот сам, воден од апликацијата која му се прикажува на екранот, може во реално време да ја плати сметката со картичка на вградениот POS терминал за што добива печатена потврда. Корисникот го скенира баркодот од својата сметка (или го внесува бројот рачно на виртуелна тастатура), а на екранот ги добива информациите за конкретната сметка и продолжува со плаќање со својата банкарска картичка (со внесување на картичката

во читачот или приближување до читачот за бесконтактни картички). По процесирањето на трансакцијата, корисникот добива повратна информација дали трансакцијата завршила успешно или не, a доколку е успешна, добива печатена потврда“, објаснуваат од Комерцијална банка. На киосците во Дигиталната експозитура, клиентите - физички лица кои имаат претплата на Интернет банка на Комерцијална банка можат да испечатат и извод од својата трансакциска сметка, а оваа можност набргу ќе ја имаат и правните лица Експозитурата нуди одличен комфор, бесплатен пристап до WiFi, постојано е под видео - надзор и приспособена е за

лица со посебни потреби. „Граѓаните во земјава традиционално претпочитаат да посетат експозитура на банка кога сакаат да извршат некоја банкарска трансакција бидејќи на тој начин ја градат довербата кон таа институција. А, довербата е пресудна за секого кога треба да одлучи на која банка ќе и ја довери својата заштеда и со која ќе ја финансира својата иднина. Дигиталната експозитура на Комерцијална банка уште повеќе ја потврдува довербата што ја уживаат нашите клиенти бидејќи им овозможи да ги уживаат погодностите на дигиталниот свет, а кои им штедат време и пари“, истакнуваат од Комерцијална банка АД Скопје. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

40

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

АКЦИЈА НА „БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ“

ГИ ПРОГЛАСИВМЕ ПОБЕД НА ПРЕДИЗВИКОТ „ХЕРОИ Вистинските јунаци се познаваат во мака и тие се инфлуенсерите кои треба да ги следиме и на кои треба да им го дадеме нашето внимание и во нормални времиња. Само така ќе имаме силен механизам кој работи во интерес на сите. ИГОР БОЖИНОВСКИ

Сопственик на „Божиновски Часовници и накит“

Д

Деновиве сфатив со каков предизвик се соочив јас и целиот тим на „Божиновски часовници и накит“. Започнавме еден повик и предизвик за идентификување на ХЕРОИ во време на Ковид 19 и одеднаш се соочивме со една армада на СУПЕР ХЕРОИ. Всушност сфативме дека Македонија има повеќе Супер Херои отколку целиот Холивуд и Марвел, а ние треба да одбереме само двајца. Нашите срца се едноставно вознемирени што треба да правиме селекција од оваа огромна група во која никој не размислува за себе туку само за другиот и со тоа станува ултимативен Супер Херој, и точка!!

Бескрајно им благодариме на сите кои помогнаа да се идентификуваат овие скромни и тивки ликови за целите на нашата иницијатива "Херои 2020". Надеж дека сепак ќе не има и дека треба да веруваме во нас се раѓа кога на едно место ќе видиш толку многу инспиративни приказни за луѓе кои се трудат да направат промени во своето поле на делување а со тоа предизвикуваат промени на општествениот менталитет. Затоа, она што ќе го научиме од целата оваа криза да не го заборавиме, бидејќи колку и да сме разочарани во секојдневието, сепак околу нас постојат вистински луѓе кои се подготвени да помогнат со целото свое срце и воедно да бидат примери - мустри. Токму тоа


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

41

Д-р Ета Огњанова

Специјализант, анестезиолог на инфективната клиника за фотографијата која ја покажа целата пожртвуваност на персоналот од оваа клиника. Наградата SWATCH часовник за Огњанова, е награда за целиот тим на оваа клиника, и сакаме со овој часовник кој ќе го носи Ета, да започнат да бројат помирни времиња во нивната клиника.

ДНИЦИТЕ И 2020“ и ни беше целта, да се обидеме барем на момент на површина да испливаат вистинските инфлуенсери, да ги видиме луѓето кои се зад рефлекторите, зад сцената, и се клучниот механизам кои нештата ги движат напред - обични луѓе а професионалци, експерти во својата област, кои имаат многу поголема вредност од дневнополитичките актери кои секојдневно ни крадат значителен дел од нашето внимание и време но и емоции. Тие херои, барем во оваа криза беа медицинските лица и другите сервисни професии кои секојдневно се трудеа да функционираме оптимално. Токму од тие причини за ХЕРОИ во 2020 година ги прогласуваме:

Д-р Ненад Лазаров

Име кое го дознавме за време на пандемијата, но го задржа нашето внимание најпрвин како можеби првиот доктор што гласно предупредуваше за пандемијата, а потоа како иницијатор на 3Д принт Македонија, иницијатива со која се обезбедија визири за целиот медицински персонал во земјава. Вакви инфлуенсери се потребни на нашата земја. Се надеваме дека овој SWATCH часовник ќе го инспирира да продолжи да носи минути на надеж во моментите кога ни се најпотребни.

Семејството Диневи

Во текот на предизвикот се случи и еден вонреден преседан и поради тоа како трет вонреден и можеби најзначаен Херој во ова време е семејството на Емилија Динева, чие срце продолжи да бие и подари живот. Часовникот TISSOT, е многу симболичен и незначаен подарок за големината на гестот на нејзиното

семејство, но ние го даваме со огромно внимание и посветеност бидејќи тој часовник ќе го симболизира отчукувањето на срцето на Емилија. Огромна е важноста на оваа фамилија што ни подарија надеж дека хуманоста постои во секој од нас и дека сме тука за да се грижиме едни за други и тогаш кога ни е најтешко. Дел од номинираните во предизвикот ќе добијат брендирани подароци од Божиновски часовници и накит, а сите учесници автоматски ќе станат почесни членови на нашата програма за лојални клиенти и веднаш ќе се стекнат со сите бенефиции на нашиот клуб: https://www.bozinovski.com.mk/ me&bozinovski Сите 128 номинирани ќе добијат износ на својата картичка во вредност од 1000 ден, постојан попуст, акумулирање на вредносни бодови, специјални попусти за јубилеи, годишнини и родендени, ексклузивни понуди, персонализирани презентации, личен продажен асистент, влезници за најдобрите концерти организирани од Авалон, влезници за филмски проекции во Cineplexx.... се само дел од неброените бенефиции кои секој член на нашиот клуб на лојални клиенти ги добива. Ви благодариме на сите за учеството и помошта да се идентификуваат сите скромни и посветени херои. Искрено се надевам дека ваквиот херојски подвизи ќе ѓи забележуваме и вреднуваме секојдневно, а не само во кризни ситуации, а со поголемото внимание кон ваквите херои ќе им дадеме несоборлив аргумент дека нивната иднина е во Македонија а не надвор. За таа цел , оваа група ќе ја преименуваме во #Македонски Супер Херои и ќе остане во трајно наследство за сите нас да не ги забораваме сите нови посветени професионалци. Да не заборавиме: Новата убавина не е ботокс, ниту извежбано тело, а најмалку маскирано во скапи брендови и поставено на луксузни дестинации. Новата убавина е: Сиви подочници, ненаспаност и исцрпеност на храбрите и посветени медицински работници, доктори, полицајци, касиери, аптекари, волонтери во црвен крст, добавувачи на храна, превозници... nnn


Капитал број 1064 29.05.2020

42

СВЕТ ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД – 19 ЈА ИЗВАДИ НА ПОВРШИНА ГОЛЕМАТА НЕЕДНАКВОСТ ВО САД

АМЕРИКАНСКИ БИЗНИС ЛИДЕРИ/ МИЛИЈАРДЕРИ КРЕНАА ГЛАС ЗА ПРОМЕНИ

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

43

Повеќемина бизнис лидери периодов се гласни околу очигледните нееднаквости што ги извади пандемијата на површина. Марк Кјубан, милијардер и сопственик на НБА клубот Dallas Mavericks, зборуваше отворено околу големите диспропорции во приходите во САД, исто како и Реј Далио, исто така милијардер и филантроп, основач на инвестицискиот фонд Bridgewater. Главниот оперативен директор на Facebook Шерил Сендберг се залага за платено боледување и платено отсуство во случај на смрт на близок, додека Мелинда Гејтс, сопруга на Бил Гејтс и шеф на нивната филантропска фондација апелира до корпоративните лидери да дадат приоритет на детската заштита.


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

44

СВЕТ

Business Insider

Ш

Шефот на американската инвестициска банка JPMorgan, Џејми Дајмон е последниот во низата милијардери што отворено зборува за нееднаквоста во САД среде актуелнава пандемија – со што се придружи на списокот на којшто се и Марк Кјубан, Реј Делио, Марк Бениоф и други. Како што пишува Business Insider, Дајмон во писмо до сите засегнати страни на банката деновиве напишал дека пандемијата на коронавирусот била своевиден „повик за будење“ на земјата којашто крајно време е да ја истакне нееднаквоста како проблем. Тој ја повикува власта и бизнис лидерите да преземат акции. „Кризава мора да нè разбуди сите и да биде повик за бизнисите и владата да размислат, делуваат и инвестираат за општото добро на сите, како и да се спротивстават на структурните пречки коишто го кочат инклузивниот економски раст со години наназад“, напишал Дајмон. Повеќемина бизнис лидери периодов се гласни околу очигледните нееднаквости што ги извади пандемијата на

површина. Марк Кјубан, милијардер и сопственик на НБА клубот Dallas Mavericks, зборуваше отворено околу големите диспропорции во приходите во САД, исто како и Реј Далио, исто така милијардер и филантроп, основач на инвестицискиот фонд Bridgewater. Главниот оперативен директор на Facebook Шерил Сендберг се залага за платено боледување и платено отсуство во случај на смрт на близок, додека Мелинда Гејтс, сопруга на Бил Гејтс и шеф на нивната филантропска фондација апелира до корпоративните лидери да дадат приоритет на детската заштита. Еве поконкретно за што се залагаат споменативе милијардери, бизнис лидери и филантропи: Џејми Дајмон се надева дека лидерите ќе ја искористат можноста да изградат повеќе инклузивна економија, којашто тој ја подразбира како место каде што има широк пристап до можностите за што повеќе луѓе. „Последниве неколку месеци ја покажаа суровата реалност, дека дури и пред да удри пандемијата, премногу луѓе живееја практично на работ на егзистенцијата. За жал, заедниците со низок доход и обоените малцинства се погодени најсилно, доведувајќи ги нееднаквостите во економската моќ и здравствената заштита до срамни

нивоа, коишто беа неприфатливи и пред да почне пандемијата“, вели Дајмон. На пример, 10% од црнците во неодамнешната анкета на Morning Consult рекле дека лично познаваат некој што починал од Ковид – 19. Речиси 20% од испитаните припадници на црнечката популација во САД изјавиле дека барем еден член од нивното семејство ја загубил работата поради кризата. Иако Дајмон не споменува конкретно некоја тема, ниту повикува за конкретна промена, во своето обраќање вели дека периодот во којшто ќе се ре – отвора економијата треба да се искористи за длабоки дебати на мноштво теми. „Додека се ре – отвораат малите бизниси и се ангажираат повторно работници, да го искористиме овој момент креативно да мислиме како да се мобилизираме за да се соочиме со многуте пречки што стојат на патот на создавањето инклузивна економија и да направиме подобро општество“.

Американскиот сон не постои

Реј Далио пак, во интервју деновиве кажа дека неподносливата нееднаквост во Америка е “национална вонредна состојба“ и дека е закана за капитализмот. Тој посебно ја истакнува нееднаквоста на приходите во САД, како и


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

45


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

46

СВЕТ

Џејми Дајмон, шефот на JPMorgan, вели дека пандемијата на коронавирус покажала оти застрашувачки многу Американци живеат на работ на егзистенцијата.

Основачот на Bridgewater Associates и милијардер Реј Делио вели дека „американскиот сон“ не постои во моментов.

диспаритетите во пристапот до квалитетно образование помеѓу богатите и сиромашните. „Ако немате услови каде што луѓето имаат можности, не само што нема да го искористите потенцијалот што постои, што е тотално неекономски, туку и го загрозувате постоењето на самиот систем. Мислам дека тоа многу очигледно ни се удира од глава сега кога гледаме каква економска криза предизвика вирусот“, изјави Далио во онлајн интервјуто за Khan Academy, непрофитната образовна институција која нуди бесплатни курсеви од најразлични области. Сопственикот на Dallas Mavericks и инвеститор Марк Кјубан, апелира до лидерите да сторат нешто во врска со нееднаквоста во приходите. Тој неодамна на Twitter пишуваше за ова. „Кога и да се извлечеме од оваа криза, кога ќе се свртиме назад ќе се прашаме зошто не го искористивме моментов да се бориме против нееднаквоста во приходите. Ајде да не ја правиме таа грешка. Ова е наша шанса да ја направиме вистинската работа и да ги наградиме сите што придонесуваат во закрепнувањето на економијата“, напиша тој. Многумина работници на првата „борбена линија“, како што се продавачите во маркети, аптеки, доставувачи на храна, работници во фабрики, заработуваат помалку одошто луѓето коишто седат дома и примаат парична помош од државата поради кризата. На пример, според истражувањето на Glassdoor, касиер во Walmart

Инвеститорот и сопственик на Dallas Mavericks Марк Кјубан апелира до лидерите да сторат нешто во врска со нееднаквоста во приходите.

Главната оперативна директорка на Facebook Шерил Сендберг вели дека пандемијата особено ја изрази потребата од платено боледување и платени денови отсуство поради смрт на близок член од семејството.

заработува 10 долари на час, што е отприлика 20.800 долари годишна плата. Ова не го вклучува еднократниот надомест од 300 долари за ризик на работното место, што го добиваат тие со целосно работно време, а 150 долари за оние со пола работно време.

Нема задолжително платено боледување во САД

Главната оперативна директорка на Facebook Шерил Сендберг вели дека пандемијата особено ја изрази потребата од платено боледување и платени денови отсуство поради смрт на близок член од семејството. „Ова е потполно економска криза. И затоа ни треба целосна и ефективна поддршка за семејствата. И сето ова ни покажа дека во Америка ја немаме поддршката што ни треба“, рече таа. Во САД не постои федерална регулатива што пропишува задолжително платено боледување за работниците. Мнозинството од корпорациите, 54%, обезбедуваат од 5 до 9 денови платено боледување годишно, додека 27% одобруваат помалку од 5 денови, според американското Биро за трудови статистики. За време на пандемијава, на пример, на луѓето коишто беа дијагностицирани со Ковид – 19 им беше наложено да бидат во самоизолација 14 дена. На работниците им треба платено боледување за да можат целосно да закрепнат од вирусот, вели Сендберг. Им треба време за да им помагаат на своите блиски заболени. А, додека во земјата расте бројот на починати од вирусот, што сега изнесува преку 100 илјади, на работниците коишто загубиле близок им треба малку време и за тага.

Мелинда Гејтс, сопруга на Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, одговорна за филантропската фондација што ја основаа двајцата, вели дека пандемијата покажала оти е потребен нов систем на детска заштита во државата.

САД не гарантираат платено отсуство поради ниту една од овие причини. Кога станува збор за платеното отсуство поради смрт на близок член од семејството, националниот просек што компаниите го одобруваат е три дена поради смрт на член од потесното семејство, со тоа што повеќето компании дозволуваат само еден ден. Мелинда Гејтс, сопруга на Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, одговорна за филантропската фондација што ја основаа двајцата, вели дека пандемијата покажала оти е потребен нов систем на грижа за децата во државата. Таа ги повикува лидерите да му пристапат на овој проблем, којшто непропорционално паѓа врз грбот на жените. Истражувањата покажале дека мајките исполнуваат 60% од грижата за децата: 7,2 часа неделно за татковците, наспроти 13,7 часа за мајките. Неодамнешното истражување на Business Insider покажа дека поради пандемијата можно е засекогаш да се затворат 30% од американските центри за детско згрижување, затоа што голем дел од нив зависат од дневните надоместоци што ги плаќаат родителите, а коишто сега се секнати. Економистите велат дека овие згаснувања на центрите би биле катастрофални за кариерите на американските жени, коишто би морале да ја напуштат својата работа за да може да се грижат за децата. „Би им порачала на бизнис лидерите да размислат околу ова“, изјави Гејтс за Politico. Таа предлага да се воведе повеќе флексибилно работно време и да се размисли за отворање на градинки во рамки на самите компании. nnn


КАКО ДА ГО ЗАШТИТИМЕ НАШЕТО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ОД „БОМБАРДИРАЊЕТО“ СО ИНФОРМАЦИИ И ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ЗА КОРОНА ВИРУСОТ? Пишува Проф. д-р Диана Белевска, психолог и психотерапевт Од моментот на појавување на Covid 19 во Кина, медиумите и социјалните мрежи се преплавени со информации,статистики и прогнози за новиот вирус.Од една страна,достапноста до информациите ни помага подобро да ја разбереме новонастаната ситуација и да преземеме мерки за заштита,но од друга страна во голема мерка влијае на нашата психолошка добросостојба.Имено, секојдневните известувања за ширењето на коронавирусот кај сите предизвикуваат загриженост,страв и вознемиреност. Овие реакции се природни и очекувани во новите изменети и непредвидливи услови на функционирање. Но,прекумернато следење на дневни информации може негативно да влијае врз менталното здравје и да ја отежне адаптацијата на новонастаната ситуација. Од друга страна,напливот на лажни вести,дезинформации и црни сценарија поврзани со коронавирусот дополнително ја продлабочуваат кризата и притисокот врз менталното здравје.

Истражувањата во областа на когнитивната психологија покажуваат дека луѓето имаат тенденција да веруваат дека нивните сфаќања за реалноста се единствено точни,па затоа претпочитаат информации кои ги зајакнуваат нивните верувања.Па така, доколку информациите се лесно разбирливи, повеќето луѓе ги прифаќаат како точни, или пак, ако се споделени од страна на извор на информации на кој му веруваат (на пример, телевизиска програма), тогаш е поголема и веројатноста да ги прифатат како вистинити. Во една студија во Канада во врска со лажни вести, 25% од учесниците со сигурност тврделе дека споделената вест е вистинита а 35% истата би ја споделиле. Прифаќањето на одредено тврдење како точно може да резултира со однесување кое е непосакувано - на пример доколку 25% од луѓето не веруваат дека вирусот се пренесува преку близок контакт со заразено лице, постои поголем ризик да се однесуваат спротивно од препораката да одржуваат поголема социјална дистанца, а со тоа и стапката на ширење на вирусот би била повисока. Поради тоа, потребно е пласираните информации да се проверуваат пред да се прифатат како апсолутна вистина. Светската здравствена организација, Институот за јавно здравје, Министерството за здравство се само некои од релевантните извори на информации за коронавирусот кај кои може да се проверуваат објавените вести, пред да се прифатат како вистинити. Постојаното следење на објавите, пребарување или опсесивно читање за вирусот исто така може да предизвика вознемиреноста и паниката да бидат значително нагласени. Вестите од час во час многу не се разликуваат, па затоа, ограничувањето на изложеност на информации и селективноста во однос на изворите, можат да имаат позитивен ефект на психолошката добросостојба. Затоа: • 30 минути до еден час во определен дел од денот, во ограничени интервали, се доволни да се проверат сите вести поврзани со коронавирусот. На пример,во тек на еден ден, претпладне,околу 30-тина минути да читате информации на социјалните мрежи , а во попладневните часови да гледате вести на некоја ТВ мрежа. • Исто така, можете да поставите ограничувања околу социјалните мрежи, и да ги исклучите постојаните известувања за споделени новости, одржување на прес конференции и слично. На овој начин ќе останете во тек со случувањата, но вашето секојдневие нема да биде преплавено со непотребни известувања а информациите кои ги добивате ќе бидат вистинити и проверени! За крај, важно е да се потсетите дека можете да го контролирате само она што може да се контролира. Наместо да бидете преплавени со негативни емоции, фокусирајте се на она што можете да го правите во моментот, грижете се за себе и за другите и задржете ги добрите заштитни и превентивни навики!


Капитал број 1064 29.05.2020

48

www.kapital.mk

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

KNOW - HOW

10 УСПЕШНИ СВЕТСКИ ПРИМЕРИ НА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА Според истражувањата на Altimeter Group, 88% од компаниите во светот изјавиле дека спроведуваат дигитална трансформација. Според PWC, 85% од директорите на анализираните компании поставиле рамка од две години за да направат значителни чекори во дигиталната трансформација или ќе претрпат сериозни финансиски последици заостанувајќи зад конкуренцијата. Една четвртина пак од компаниите имаат јасно разбирање за новите дигитални трендови. Со други зборови, многу компании изјавиле дека поминуваат низ дигитална трансформација, иако доста од нив и не знаат баш многу што значи тоа и што треба да прават. Еве неколку инспиративни примери од светот на компании што направија успешна дигитална трансформација.


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

49

n UNDER ARMOUR

С

акаа да бидат многу повеќе од само бренд за спортска облека кога ја промовираа платформата “connected fitness”, која што ги следи, анализира и споделува личните податоци за здравјето и кондицијата на корисниците, на нивните мобилни телефони. Оваа нова апликација обезбедува огромен доток на информации за Under Armour што им овозможува брзо да ги идентификуваат фитнес и здравствените трендови. На пример, Under Armour, која што е со седиште во Балтимор, САД, успеа веднаш да го препознае трендот на пешачење што почна во Австралија. Ова им овозможи да направатг локализиран маркетинг и дистрибуција многу порано одошто нивната конкуренција. n

n GENERAL ELECTRIC

D

igital Wind Farm на GE e адаптибилен екосистем на енергијата на ветрот што ги поврзува турбините со дигитална инфраструктура за индустријата за искористување на енергијата на ветрот. Претходното решение на GE, Wind PowerUp технологијата, веќе беше инсталирана во 4.000 единици за производство на енергија од ветрот, и ја подобри ефикасноста на турбините за 5%, што на крајот води и до 20% поголем профитабилност на секоја турбина; новата Digital Wind Farm технологија ветува 20% зголемување на ефикасноста, што би помогнало да се генерираат и до 50 милијарди долари вредност за енергетската индустрија. n

n GLASSDOOR

П

овеќе од 450 илјади компании се покриени со истражувањата на Glassdoor, во речиси 200 земји и територии. Повеќе од 3.000 компании плаќаат за да ги користат алатките на оваа веб платформа на која што вработени и поранешни вработени анонимно ги оценуваат компаниите и нивниот менаџмент. Glassdoor ги има користено своите податоци за истражувања на пазарот на работна сила во САД; портфолио од компаниите на “Best Companies to Work For (Најдобри компании за работа)” на Fortune ги надминува по перформанси компаниите од S&P 500 за 84,2%, додека слично портфолио “Best Places to Work” на Glassdoor го “победува“ просекот на целиот пазар за 115,6%. n


www.kapital.mk

Капитал број 1064 29.05.2020

50

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

n FORD

Д

о 2006 американскиот автомобилски гигант беше структуриран како “лабава конфедерација“ на регионални бизнис центри и ИТ силоси. Оттогаш наваму компанијата направи исчекор со јасни цели: да ја поедностави линијата на производи, да се фокусира на квантитативни податоци и квалитетни возила, и да ја унифицира организацијата како целина. Во ИТ делот, Ford го скрати буџетот за огромни 30%. Нивната цел, меѓутоа, не беше само да ги скратат трошоците, туку да ги ослободат ресурсите што беа заглавени во одржување на фрагментираните и комплексни системи наследени од минатото и да ги искористат за експанзија и иновација. Сите овие мерки заедно му дадоа на Ford агилност и капитал да инвестира во фантастични проекти како Ford SYNC и MyFord Touch.n

редење претрпе драматичен пад на бизнисот (1992 – 2004) и во 2004 година беше на работ на банкрот. Допирајќи го дното, Lego почна реструктурирање и дигитална трансформација фокусирајќи се на нови извори за приходи, како филмови, игри за мобилни уреди и апликации. Компанијата постигна маргина на EBITDA (добивка пред оданочување, амортизација и даночење) од 37,1% во 2014 година, зголемување за 15% од 2007 – та. Во 2014 година филмот Lego постигна приходи од речиси 470 милиони долари за чиешто снимање беа потрошени 60 милиони долари. n

n AMAZON BUSINESS

С n AUDI

Г

ерманскиот производител на автомобили од премиум класата го смени начинот на коишто се продаваат возила, со воведување концепт на иновативен продажен салон во 2012 година, наречен Audi City. Audi City обезбеди уникатно бренд искуство и им овозможи на посетителите да го истражат целиот каталог на моделите во понудата на самото место во салоните лоцирани во центарот на градовите, каде што голем број на возила не е возможно да се изложат. Само еден пример на ефектите од ова: во Audi City во Лондон продажбата скокна за 60% во споредба со традиционалниот начин на изложување на автомобилите како претходно. Уште подобро, во тој салон имаат изложено само четири возила, со што е редуциран трошокот за чување на голема количина возила на залиха коишто често и не ги исполнуваат специфичните барања на купувачите. n

n LEGO

П

осле периодот на експанзија (1970 – 1991) данскиот производител на легендарните пластични коцки за

лужеше како пример за очекувањата на “дигиталниот купувач“ што транзитираа кон В2В (business to business) светот. Опциите вклучуваат: бесплатна испорака во рок од два дена за нарачки од најмалку 49 долари; ексклузивни попусти; стотици милиони продукти; интеграција на купувачкиот систем; купување без данок за специјални клиенти; напредни методи за плаќање; напредни извештаи за нарачките, итн. Amazon Business беше лансиран во април 2015 година, со преку 250 милиони продукти и повеќе холистички пазарен простор за В2В компаниите. n

за Super Bowl мечот во 2015 година, кога компанијата ги искористи социјалните мрежи со цел да подари производи во контекст со рекламите што се емитуваа за време на натпреварот. За McDonald’s беше важно да можат да реагираат брзо кон потрошувачите и активно да ги мониторираат трендовите на социјалните медиуми во реално време. Напорот забележа голем успех и предизвика преку 1,2 милиони ретвитови вклучувајќи и од славни личности како Тејлор Свифт и други. n

n NESPRESSO

С

о својата дигитална трансформација сакаат да привлечат нови потрошувачи, подобро да може да ги разберат своите клиенти и да изменаџираат комплексни купувачки процеси. Но, сето тоа беше водено од компаниската јасна цел: да им обезбеди на потрошувачите перфектно искуство со своето кафе. Иницијативите на Nespresso се поддржани од современо технолошко решение сместено во cloud, со мрежни способности. Ова решение служи како иновативна платформа со целосно структурирана продажна алатка способна да го спроведе целиот процес на купување: цени, количини и нарачки. Овие дигитални иницијативи на Nespresso се покажаа успешни. Резултатот е поголема пенетрација во новите пазари, поголеми продажби, продуктивност на продажбите и подобра визибилност на брендот за целото време на циклусот каде што се ангажирани и потрошувачите. n

n STARBUCKS

Г

n MCDONALD’S

К

омпанијата препозна огромна промена во однесувањето на купувачите. На пример, во 2015 година, McDonald’s почна со инсталација на киосци каде што купувачите можат набрзина да си состават хамбургер по своја желба. Еден од нивните мега успешни потфати беше кампањата

лавната иновација на компанијата е нивната апликација Mobile Order and Pay. Ова во основа е стратегија што го става потрошувачот на прво место, затоа што ги адресира неговите базични желби: пријатност, избегнување на ред за чекање, итн. Сето ова комбинирано со нивната екстензивна програма за лојалност, апликацијата му дава на Starbucks перфектна основа да ги маркетира своите потрошувачи. Исто така, апликацијата обезбедува и огромни количини на кориснички податоци, што понатаму овозможува подобро разбирање на навиките и желбите на потрошувачите. n



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.