1065- Kapital magazin

Page 1

СВЕТ: КОРОНА – КРИЗАТА ЗНАЧИ КРАЈ ЗА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА КАКВА ШТО ЈА ЗНАЕМЕ

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1065

цена 100 ден. l 5 јуни 2020 петок l година 21

Реформите во правосудството во жанр фикција www.kapital.mk

COVER STORY Коронавирусот задава втор удар и на економијата ИНТЕРВЈУ Максим Ацевски директор на Државен завод за ревизија

КОЛУМНА проф. д-р Марјан Бојаџиев „Како Македонче може да биде Македончиште“.... или во чест на македонските кардиохирурзи!

interview ПРОФ. Д-Р

БОРЧЕ ТРЕНОВСКИ

професор на Економски факултет – Скопје, УКИМ

НЕ БИ САКАЛ ДА СУМ ВО КОЖАТА НА СЛЕДНАТА ВЛАДА ЈА ЧЕКА ТЕШКО БАЛАНСИРАЊЕ ПОМЕЃУ ЗДРАВСТВЕНИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ РИЗИЦИ АППРСМ ги помага бизнисите со менторски услуги по јапонска методологија



СОДРЖИНА

Kapital... 1065 4

10

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ Проф. д-р Борче Треновски професор на Економски факултет – Скопје, УКИМ Не би сакал да сум во кожата на следната влада – ја чека тешко балансирање помеѓу здравствените и економските ризици

Втора епизода од првата сезона Ковид - 19 Коронавирусот задава втор удар и на економијата

20

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Голем пад на индустријата во април

Извозниците на автомобилски делови со помало производство и за над 80%

26

ПРАВОСУДСТВО

Реформите во правосудството во жанр фикција

Наместо на криминалците, рацете им ги врзуваме на судиите и на обвинителите

30

26

ИНТЕРВЈУ

ПРАВОСУДСТВО

Реформите во правосудството во жанр фикција

Максим Ацевски директор на

COVER STORY Втора епизода од првата сезона Ковид - 19...........................................................................4 Коронавирусот задава втор удар и на економијата

ИНТЕРВЈУ Максим Ацевски, директор на Државен завод за ревизија........................................................30 Ние кажуваме што не чини и како да се поправи - останатото е на политичката волја

Државен завод за ревизија Ние кажуваме што не чини и како да се поправи - останатото е на политичката волја

Наместо на криминалците, рацете им ги врзуваме на судиите и на обвинителите

ИНТЕРВЈУ Проф. д-р Борче Треновски, професор на Економски факултет – Скопје, УКИМ.......10 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Голем пад на индустријата во април...20 Извозниците на автомобилски делови со помало производство и за над 80% ПРАВОСУДСТВО Реформите во правосудството во жанр фикција......................................................26 Наместо на криминалците, рацете им ги врзуваме на судиите и на обвинителите

КОЛУМНА Проф. д-р Марјан Бојаџиев, провост, УАКС................................................................32 „Како Македонче може да биде Македончиште“.... или во чест на македонските кардиохирурзи! ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Агенцијата за поддршка на претприемништвото со јавен повик за менторски услуги......................................36

32

КОЛУМНА Проф. д-р Марјан Бојаџиев провост, УАКС „Како Македонче може да биде Македончиште“.... или во чест на македонските кардиохирурзи! Помош за малите и средни компании со јапонска методологија – како да се направи „дијагноза“ на бизнисот ИНТЕРВЈУ Венера Крлиу-Ханџиски, директорка на Американска гимназија Скопје...................................................................................42 Децата секојдневно нè изненадуваат со своите размислувања, капацитети и таленти СВЕТ Ковид – 19 кризата долеа масло на наталожените светски проблеми............44 Смртта на глобализацијата досега беше најавувана многу пати. Но, сега сè чини како да е „совршениот момент“

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 04.6.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1065 05.06.2020

4

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

КОРОНАВ ЗАДАВА В И НА ЕКОН


ВТОРА ЕПИЗОДА ОД 5 ПРВАТА СЕЗОНА КОВИД - 19

www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

ВИРУСОТ ВТОР УДАР НОМИЈАТА


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

6

ЕКОНОМИЈА

Додека бројот на заразени достигнува нов пик, здравствените власти ги вратија на сила острите рестрикции на движење на граѓаните во обид да ги дисциплинираат и да го смират ширењето на коронавирусот. Засега не се знае колку долго ќе се пролонгираат овие мерки коишто се толкуваат како нужно зло кое несомнено и штети на економијата, но властите уверуваат дека се работи за лош исход од непочитување на мерките за време на празниците кон крајот на минатиот месец. За да се зачува здравјето на граѓаните како врвен императив, се носат одлуки и за затворање на цели компании, особено од текстилната индустрија каде што коронавирусот почна масовно да се шири. Меѓународните финансиски институции го претпоставија ова сценарио како реално доколку во меѓувреме не се пронајде ефикасна терапија или вакцина, па така ММФ прогнозира дека доколку пандемијата продолжи со несмален интензитет и следните неколку месеци, глобалниот економски раст ќе се намали дополнително за 3 процентни поени, на 6%. Паралелно со борбата за запирање на вирусот, властите кај нас донесоа три пакети антикризни мерки во вредност од околу 550 милиони евра за да ги ублажат негативните последици врз економијата од оваа здравствена криза и засега интересот од фирмите е голем.

18.556

компании добиле финансиска поддршка од државниот буџет за исплата на плати до крајот на мај, покажуваат податоците од Трезорот

26,7

милиони евра е вкупната финансиска поддршка за плати до крајот на мај за околу 113 илјади работници

пишува:

Александар Јанев

Д

aleksandar.janev@kapital.mk

Додека бројот на заразени достигнува нов пик, здравствените власти ги вратија на сила острите рестрикции на движење на граѓаните во обид да ги дисциплинираат и да го смират ширењето на коронавирусот. Засега не се знае колку долго ќе се пролонгираат овие мерки коишто се толкуваат како нужно зло кое несомнено и штети на економијата. Меѓутоа, за да се зачува здравјето на граѓаните како врвен императив, се носат одлуки и за затворање на цели компании, особено од текстилната индустрија каде што коронавирусот почна масовно да се шири. Сепак, властите уверуваат дека овој нов бран набрзо ќе спласне и дека летово

пандемијата ќе заврши. Меѓународните финансиски институции го претпоставија ова сценарио како реално доколку во меѓувреме не се пронајде ефикасна терапија или вакцина, па така ММФ прогнозира дека доколку пандемијата продолжи со несмален интензитет и следните неколку месеци, глобалниот економски раст ќе се намали дополнително за 3 процентни поени, на - 6%. Паралелно со борбата за запирање на вирусот, властите кај нас донесоа три пакети антикризни мерки во вредност од околу 550 милиони евра за да ги ублажат негативните последици врз економијата од оваа здравствена криза и засега интересот од фирмите е голем. Согласно уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од економската криза предизвикана од коронавирусот, за исплата на платите за месеците април и мај според отворените податоци од Трезорот, исплатени се вкупно 26,7 милиони евра на 18.556 фирми. Најголем дел од фирмите, односно 96% добиле помош до 5.000 евра, додека пак 325 компании добиле помеѓу 10.000 и 100.000 евра, во вкупна вредност од 8 милиони евра. Освен преку оваа мерка, одобрени се бескаматни кредити преку Развојната банка за околу 650 фирми во вредност од над 6 милиони евра. Допрва се очекува да се реализираат и мерките од третиот пакет, којшто ги таргетираше најранливите категории на граѓани. Последниот трет пакет антикризни мерки, меѓу другото вклучува платежни картички по 9.000 денари за купување домашни производи за околу 100 илјади граѓани што имаат помали приходи од


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

7

минималната плата; потоа платежни картички и ваучери по 9.000 денари за домашен туризам со кои се таргетираат исто така околу 100.000 граѓани со приходи под минималната плата; викенд без ДДВ за сите граѓани за купување домашни производи; паричен надомест за сите кои останале без работа во март и април; но и неколку мерки за поддршка на бизнисите како бескаматни кредити од Развојната банка во вредност од 31 милиони евра, уште 25 милиони евра од Буџетот за освојување нови пазари и поголема конкурентност, финансирање на обуки, како и повеќе мерки насочени за поддршка на земјоделството. Се проценува дека овие мерки ќе опфатат околу 730.000 граѓани.

Прогнозите засега неизвесни

Отсега не може никој прецизно да каже колкав ќе биде ефектот на пандемијата врз економијата. Меѓународните финансиски институции прогнозираат дека македонската економија ќе падне во рецесија а процените се движат од пад на БДП од -3,2% според Светската банка, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4%

НИНА АНГЕЛОВСКА

ФРЕЈК ЈАНМААТ

Од почетокот на годината заклучно мај, наплатата на приходите во буџетот е за 8,9% пониска на годишна основа. Наплатата на даночните приходи е за 12,9% пониска во однос на 2019 истиот период. Наплатата на придонесите, пак, има раст од 7,1% во однос на минатата година, што е показател дека годината започна одлично со раст на вработеноста и платитe, а во растот на платите значајна улога одигра и мерката за поддршка на приватниот сектор за покачување на платите која ја искористија над 22.000 компании и ги зголемија платите на околу 120.000 вработени. Важен аспект е дека во време на неизвесност и глобална пандемија која предизвика економски рецесии и во најголемите економии, кога има нарушување во синџирите на набавка, намалена економска активност и зголемена улога на државата во помагање на граѓаните и стопанството, ликвидноста на буџетот е стабилна и финансирањето е обезбедено под поволни услови.

Владините мерки се прилично слични со оние што членките на ЕУ ги преземаа, ако ја видиме големината, целиот пакет изнесува околу 5,5% од БДП што е повеќе или помалку на линија со околните земји во регионот. Кога ги гледам мерките засебно, тие се логични, имаат за цел да обезбедат ликвидност во економијата, да го зачуваат вработувањето во приватниот сектор, и исто така да спречат банкроти на компаниите. Првите два пакети имаа за цел да обезбедат бескаматни кредити, субвенции за платите и социјалните придонеси, одложување на даноците, а сега минатата недела видовме поголема поддршка за ранливите групи односно сиромашните граѓани. Мислам дека сите имаат смисла, но важно е што континуирано се дискутираат со социјалните партнери, со синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, за да бидеме уверени дека се релевантни во целото општество.

министерка за финансии

раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ во Скопје


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

8

ЕКОНОМИЈА

Отсега не може никој прецизно да каже колкав ќе биде ефектот на пандемијата врз економијата. Меѓународните финансиски институции прогнозираат дека македонската економија ќе падне во рецесија а процените се движат од пад на БДП од -3,2% според Светската банка, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ.

според ММФ. „Главните причини за ова се домашната побарувачка, гледаме дека поради затворањето домашната побарувачка се намали. Луѓето останаа дома, продавниците беа затворени, фабриките беа затворени делумно, и тоа има влијание на расположливиот приход, на вработувањето, тоа е една работа, потоа друго е што гледаме забавување и кај најголемите трговски партнери на Северна Македонија особено во ЕУ што е најголем извозен пазар, и тоа доведе до намалување на извозот, и трета работа е нарушување на синџирите на снабдување. Исто така и кај извозот видовме одредено нарушување, на пример ако земете предвид дека Северна Македонија увезува многу од Кина, и овие транспортни текови беа прекинати“, оцени Фрејк Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ во Скопје. За мерките на Владата за ублажување на последиците од кризата во економијата, Јанмаат вели дека се издржани и очекува да дадат резултати. „Ние сметаме дека имаат смисла, генерално. Владините мерки се прилично слични со оние што членките

на ЕУ ги преземаа, ако ја видиме големината, целиот пакет изнесува околу 5,5% од БДП што е повеќе или помалку на линија со околните земји во регионот. Кога ги гледам мерките засебно, тие се логични, имаат за цел да обезбедат ликвидност во економијата, да го зачуваат вработувањето во приватниот сектор, и исто така да спречат банкроти на компаниите. Првите два пакети имаа за цел да обезбедат бескаматни кредити, субвенции за платите и социјалните придонеси, одложување на даноците, а сега минатата недела видовме поголема поддршка за ранливите групи односно сиромашните граѓани. Мислам дека сите имаат смисла, но важно е што континуирано се дискутираат со социјалните партнери, со синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, за да бидеме уверени дека се релевантни во целото општество“, потенцира Јанмаат.

Буџетот е ликвиден

Иако кризата силно се одрази врз бизнис секторот последните два месеца, сепак, приходите во буџетот не се драматично намалени. Впрочем, најновите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека приходите во буџетот заклучно мај се

согласно поволното сценарио. „Патеката на движење беше соодветно проектирана и досегашната реализација се движи во линија со планираното, односно имаме позитивно отстапување или подобра наплата од околу 5 милиони евра на приходите од акциза“, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска во изјава за медиумите за извршување на буџетот од почетокот на годината заклучно мај, како и за неговото финансирање. „Од почетокот на годината заклучно мај, наплатата на приходите во буџетот е за 8,9% пониска на годишна основа. Наплатата на даночните приходи е за 12,9% пониска во однос на 2019 истиот период. Наплатата на придонесите, пак, има раст од 7,1% во однос на минатата година, што е показател дека годината започна одлично со раст на вработеноста и платитe, а во растот на платите значајна улога одигра и мерката за поддршка на приватниот сектор за покачување на платите која ја искористија над 22.000 компании и ги зголемија платите на околу 120.000 вработени“, посочи Ангеловска. Во исто време, расходите се зголемени за 7,9% од почетокот на годината заклучно мај, при што кај реализацијата на капитални расходи


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

9 за првите 5 месеци бележи мал раст од 1,6% во однос на лани. Дефицитот заклучно со мај изнесува 18,9 милијарди денари или 2,8% од БДП. „Важен аспект е дека во време на неизвесност и глобална пандемија која предизвика економски рецесии и во најголемите економии, кога има нарушување во синџирите на набавка, намалена економска активност и зголемена улога на државата во помагање на граѓаните и стопанството, ликвидноста на буџетот е стабилна и финансирањето е обезбедено под поволни услови“, истакна Ангеловска. Ако се анализира само месец мај, остварувањето на буџетските приходи изнесува 206,5 милиони евра што претставува годишен пад од 24% споредено со мај минатата година. Даночните приходи во мај се намалени за 28%, додека придонесите се реализирани речиси на исто ниво со лани. Во основното сценарио на Министерството за финансии, таканареченото поволно сценарио, проектираниот пад на даночните приходи за мај бил 31%. „Како резултат на појавата и ширењето на коронавирусот, нужно зло беше да се преземат рестриктивни мерки кои имаат за цел заштита на здравјето на граѓаните, спречување на ширење на вирусот и нанесување неспоредливо поголема штета, хумана и материјална односно економска. Беше очекувано дека тоа ќе предизвика запирање на дел од економските активности и дека ќе го отежни функционирањето на некои синџири на набавка. Следствено на ова, падот на приходната страна беше очекуван“, посочи Ангеловска. Што се однесува до расходната страна во месец мај , потрошени се 11% повеќе пари споредено со мај минатата година. Ова зголемување се должи пред се на поголемата исплата на субвенции и трансфери, односно исплата на мерката за справување со COVID-19 која се однесува на субвенционирање на плати во приватен сектор од околу 30 милиони евра само претходниот месец. Финансирањето на дефицитот, како и на старите долгови кои доспеваат за враќање во износ од 685 милиони евра, ќе се покриваат со издадената еврообврзница во износ од еврообврзница од 700 милиони евра, заем од ММФ заем во износ од 176 милиони евра, заем од ЕУ од 160 милиони евра, заеми од Светска банка во износ од 140 милиони евра (од кои 57 милиони евра се предвидени да се влечат во 2020 година), како и повлекувања од други кредити за реализација на капитални проекти. Исто така предвидено е нето

повлекување преку државни хартии од вредност од 250 милиони евра. „Ова е најоптималното портфолио, најдобра комбинација согласно трошок и рочност, односно услови за понатамошно сервисирање на долгот. Еврообврзницата ја издадовме во вистинско време, што се огледа од побарувачката за истата која беше пет пати поголема од понудата, што е највисока во регионот од Југоисточна Европа од почетокот на кризата. Исто

така, цената за еврообврзницата која ја постигнавме е 3,675% што е втора најниска камата од сите 7 еврообврзници кои се издадени од земјава. Треба да се има на ум и дека оваа еврообврзница е издадена во време на криза, што значи дека доколку беше издадена во нормални услови каматата ќе беше значително помала помала“, рече Ангеловска.

nnn


Капитал број 1065 05.06.2020

10

ИНТЕРВЈУ


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

11 ПРОФ. Д-Р

БОРЧЕ ТРЕНОВСКИ

ПРОФЕСОР НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ, УКИМ

НЕ БИ САКАЛ ДА СУМ ВО КОЖАТА НА СЛЕДНАТА ВЛАДА ЈА ЧЕКА ТЕШКО БАЛАНСИРАЊЕ ПОМЕЃУ ЗДРАВСТВЕНИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ РИЗИЦИ Очигледно е дека оваа здравствена криза се претвора во економска и заедно двете ќе продолжат со ублажено темпо и во следниот период после изборите. Особено важно за следната влада ќе биде балансирањето помеѓу здравствените и економските ризици – посебно ќе биде важно креирањето системска рамка на мерки за заздравување на економијата. Тоа нема да биде воопшто лесно во новата глобална околина имајќи предвид дека фискалниот простор ќе биде исклучително стеснет, ќе мора да се повлекуваат и непопуларни чекори, а исто така ќе треба да се почне и со сервисирање/отплаќање на она што беше потрошено за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Оваа ситуација ќе треба добро да и се објасни на бизнис заедницата, јавната администрација и граѓаните. “, вели нашиот соговорник на темата Ковид – 19 криза, д-р Борче Треновски, вонреден професор на Економскиот факултет при УКИМ Скопје. Со него разговаравме за многу теми поврзани со актуелната социо – економска состојба во земјава – антикризните мерки; менаџирањето на буџетскиот кусок што се јави како последица на забавената економска активност; ефектот на кризата врз стабилноста на денарот; новата нормалност на којашто ќе треба да се навикнеме...


Капитал број 1065 05.06.2020

12

ИНТЕРВЈУ

разговара:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

XПрофесоре, X да ги прокоментираме прво пакетот мерки што Владата ги донесе досега: кои се според вас добри мерки, кои се недоволно разработени, кои се пак непотребни, доколку сметате дека има такви? Да тргнеме од најновиот, трет пакет на мерки. Иако избрзано најавен, во споредба со претходните два пакети е за нијанса похрабар, посеопфатен и насоката во која е донесен во извесна мерка кореспондира со пакетите на мерки кои се носат во земјите во регионот, како и во развиените земји. Пакетот во еден значаен дел е насочен кон стимулирање на домашната побарувачка и пошироката економија, а во истиот делумно се присутни среднорочни развојни елементи (иновации, претприемништво, нови пазари, развој на земјоделието итн.) за чиешто сериозно/вистинско третирање во иднина ќе биде потребно носење и на други мерки и реформи. Она што во моментот останува дилема во јавноста е применливоста и трајноста на ефектите на дел од мерките, имајќи ја предвид нивната комплексност (пред се’ оние мерки насочени кон поддршка на потрошувачката на граѓаните со ниски примања, невработените студентите итн.), краткиот рок и предизборието кое не очекува. Јасна е позитивната тенденција на дел од мерките поврзани со ваучерите за купување на македонски производи и користење на туристички услуги кои би требало да ја разбудат домашната побарувачка и да го стимулираат користењето на домашни услуги (пред се’ во туризмот) имајќи ги ограничувањата во движење помеѓу земјите и нарушените очекувања дома. Посебно интересен момент во третиот пакет е мерката поврзана со организирање на викенд без ДДВ за сите граѓани – мое мислење е дека мерката покрај тоа што може да влијае на рационалното однесување на економските субјекти и одложување на дел од нивната потрошувачка, може да има извесни долгорочни ефекти на фискалната дисциплина, која поучени од минатото знаеме дека не ни е јака страна во земјата. Сè уште останува отворено прашањето дали сите три пакети направија доволно за малите и средните бизниси во земјата, кои заедно со извозните компании ќе бидат носители на социо - економското заздравување. Мислам

дека сè уште постои значаен простор за дополнување/подобрување и засилување на мерките за поддршка на бизнис секторот, кои преку повратната спрега дури и поефикасно ќе ги испорачаат останатите ефекти на пошироката економија и ќе ја заздрават побарувачката. За поздравување се новите поволни кредитни линии и посебно државните гаранции за комерцијални кредити, меѓутоа искрено се надевам дека овие износи во иднина ќе бидат значајно зголемени и ќе бидат структурирани според потребите на различните компании, а не според принципот “one size fits all” - пред се’ државните гарантни шеми за кредитите кои се’ уште се скромни, а истите ќе бидат исклучително корисни за средните и големите компании. Во оваа насока во моментот недостига и воспоставување на транспарентен мониторинг систем на ефектите и последиците од секоја од веќе донесените мерки. Ова е неопходно затоа што во “новата” иднина, мерките за да бидат ефикасни ќе мораат секојдневно да се комуницираат со економските субјекти со цел нивно дополнување и коригирање врз база на реалните ефекти, а не базирани на стихијните потреби или политичките убедувања кои ќе се појавуваат. XКолку X реално е можно да се одреди граница помеѓу тоа што се мерки против кризата, а што популизам, како што обвинува опозицијата? Во периодот често гледаме политизирање околу економските мерки како од позицијата (слична сцена гледаме и во регионот), така и од опозицијата, имајќи ја предвид посебноста на ситуацијата во која се наоѓаме и главната цел на секоја политичка партија – да ги добие следните избори. Границата помеѓу тоа што се мерки против кризата, а што е популизам може да го даде само транспарентна анализа за потребата од секоја од мерките, опортунитетните трошоци за имплементација на мерките и се разбира ефектите од мерките кои ќе покажат – дали можело со помалку јавни средства да се направело повеќе. Клучна улога во ова има долго споменуваната транспарентност и отчетност. Ова е лесно да се каже, меѓутоа тешко да се спроведе (дури и Антикорупциска комисија во претходната недела отвори дискусија за ова), посебно имајќи предвид дека треба да имаме детални податоци, информации и анализа за спроведувањето/ефектите кај секоја од мерките – што со чесни исклучоци повеќе од две децении во нашата земја е заменето со прес-конференции и шум од политички дебати. XДали X според вас државниот сектор треба да претрпи извесно намалување на платите како

своевидно солидаризирање, односно колективно поднесување на товарот на кризата од страна на сите вработени во државава? На пример, некаков скалест модел, за да бидат заштитени најниските примања и сл. Можното намалување на платите во јавниот сектор според мене премногу долго се полемизираше и веќе го изгуби моментумот во тековната логика на третиот пакет на мерки. Најпрвин беше најавено бомбастично што предизвика загриженост кај јавниот сектор (кој треба да биде особено ефикасен во моментот), понатаму даде збунувачки сигнал за буџетското здравје. Ова остава простор за потенцијално влијание на перцепцијата и однесувањето како на јавниот, така и на приватниот сектор. Солидаризирањето обично се прави на доброволна основа што очигледно го немаше во моментот во доминантен дел од јавниот сектор (како што беше скромно покажано во судството). Многу поприфатлив начин за намалување на платите во јавниот сектор ќе беше доколку се направеше објективен начин на мерење кој доаѓа на работа, кој работи од дома (се разбира и колку денови работи – скратено или не), а кој воопшто не работи и останува дома. На тој начин можеше да се рангира и соодветно намали процентуално дел од личните доходи на вработените во јавниот сектор без притоа да се остави простор за реално незадоволство и промена на однесувањето во јавниот сектор. Друга, споредна можност која има логика според мене е сведување на платите од јавниот сектор меѓутоа на просечната плата (или приближно до тоа ниво) што ќе обезбеди приближно иста сума на средства, а ќе ги заштити доминантниот број на вработени со пониски примања. Се разбира и скалеста прогресија почнувајќи од највисоките плати во јавниот сектор е некоја опција, меѓутоа претпоставувам дека истата ќе биде прилично сложена за имплементација. XВо X целото „шаренило“ на мерки, како да отсуствуваат оние таргетирани кон извозните компании, коишто периодов трпат голем пад на производството и нарачките. Владата вели дека сака да ја стимулира потрошувачката на населението, но ние сме сепак увозно зависна земја, а извозот страда периодов. Кое е вашето размислување околу ова? Ранливоста на нашата економија и компаниите кои извезуваат се гледа преку фактот што над 80% од македонскиот извоз е концентриран во 5-7 производи и на само десет пазари/земји. Во 2019 год. дури 81% од македонскиот извоз бил насочен кон земји членки на ЕУ (само во Германија е пласиран околу 48% од македонскиот


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

13

Кризата да се искористи за поставување на идни реформски патеки Имајќи ги предвид моменталните предвидувања за потенцијалниот нов бран на пандемијата станува извесно дека дел од претходно донесените мерки (субвенционирање на платите и придонесите, одложување на дел од обврските, пристапот кон ликвидност итн.) можеби ќе треба да се продолжуваат, дополнуваат и усовршуваат. Владата во овој период има можност да постави идни реформски патеки и да создаде можности со новите мерки, кои вообичаено во нормални времиња е тешко да се направат во краток период – поттикнување на дигитализација, реструктурирање на економијата, привлекување на нови инвестиции, намалување на неформалната економија, засилување на ефикасноста и контролата, иновации...

извоз, околу 10-11% е извозот во земјите од Западен Балкан). Од друга страна постои силната концентрација на извозните компании кои го прават доминантниот дел од извозот – 10 те најголеми извозни компании прават околу половина од вкупниот извоз на земјата (само една странска компанија, Џонсон Мети создава дури една третина од извозот на државата), додека 100-те најголеми извозници прават дури две

третини од вкупниот извоз. Исто така треба да нагласиме дека најголем дел од извозните компании се водечки во нашата економија по средства исплатени за плата, платени даноци за плата и платени даноци од добивка, на ниво на компанија. Во право сте дека овој дел во пакетите на мерки треба да се зајакне и разработи дополнително како што ќе следува периодот на економско

заздравување. Во мерките кои ќе треба да се разработат треба да се имаат предвид два аспекти – едниот поврзан со финансиска поддршка на извозните компании и поддршка за нивно реструктурирање и подготовка за новото прераспределување на глобалните пазари (пред се’ на домашните компании); и втор аспект дефинирање на мерките во согласност со големината и дејноста


Капитал број 1065 05.06.2020

14

ИНТЕРВЈУ

на компаниите. За помалите извозни компании е потребно покрај учеството во постојните мерки и дополнителна финансиска поддршка, исто така обезбедување дополнителна поддршка за осовременување, создавање нови производи, организациско унапредување, дигитализација, одржување на синџирите на набавка, освојување на нови пазари (во последниот пакет има скромни сегменти од спомнатото); За големите етаблирани извозни компании покрај постојните мерки ќе биде важно одржувањето на синџирите на набавка, одложување на дел од давачките спрема државата (дел поврзани со олеснување на извозот) и обезбедување поволна кредитна поддршка, пред се’ разработка на државните гарантни шеми, кои ќе овозможат поголема финансиска инјекција за овие компании во периодот на заздравување. XАвто X индустријата ќе има голем пад годинава на глобално ниво, па следствено и извозот од овие фабрики во Македонија ќе биде значително помал. Каков ефект ќе предизвика тоа на страна на платниот биланс, девизниот прилив, девизните резерви? Само минатата година, индустријата за автомобилски делови, претставена со 14 најголеми компании, направила вкупен извоз од дури 2,6 милијарди евра, што е 44% од вкупниот извоз на земјата. Од оваа сума од 2,6 милијарди евра, 1,86 милијарди евра отпаѓа само на една компанија, Џонсон Мети. Имајќи ја предвид важноста на оваа индустрија во земјава, посебно се важни предвидувањата дека неповолните трендови во автомобилската индустрија кои почнаа уште пред пандемијата, може да продолжат на среден рок од 3-5 години. На ова се дополнуваат и проекциите за економската активност на најзначајните трговски партнери во еврозоната (посебно Германија) што дополнително ги влошува изгледите за производство и побарувачка во оваа индустрија во периодот кој доаѓа. Доколку ова сценарио почне да се остварува се разбира дека ќе имаме значаен ефект на нашиот платен биланс и девизен прилив. XОд X друга страна и девизните дознаки ќе бидат драстично намалени годинава. Постои ли опасност по стабилноста на денарот? Неповолните движења во странство и зголемувањето на невработеноста ќе има влијание и врз приливот на дознаки од странство кои на годишно ниво учествуваат со околу 18% во БДП. Тие, заедно со странските директни инвестиции се клучни извори за покривање на високиот трговски дефицит во платниот биланс. На ова ако ги додадеме и последните проекции

од Светска банка за пад на дознаките од странство на глобално ниво за 20% (споредено со падот од околу 5% во 2008 год.) тогаш состојбата во платниот биланс не изгледа поволна. Се разбира треба да го имаме и повратниот ефект од кризата односно исто така значајно намелениот увоз во периодот што анулира дел од овие влијанија. Меѓутоа, да бидеме реални, денарот е стабилен со години, и со новите интервенции на НБРМ стабилен останува и во текот на корона кризата и во моментот нема простор за загриженост. Шпекулациите кои често се настојува да се пласираат од различни причини и побуди “не држат вода” и единствено можат краткорочно, и непотребно негативно да влијаат на девизниот пазар. Тука е често повторуваното високото ниво на девизни резерви (двојно зголемено од 2008) акумулирано пред корона кризата - на крајот на април 2020, изнесуваат 3 милијарди и 159,6 милиони евра и во однос на март бележат зголемување за 142,3 милиони евра. Кредитниот рејтинг ни останува непроменет, Народната банка исто така има низа инструменти на располагање за “бранење” на курсот, а тука стабилниот банкарски сектор и дел од проекциите за поволни макроекономски придвижувања на македонската економијата при крајот на оваа и почетокот на следната година. XНо, X странските инвеститори во зоните и онака имаат добиено огромни субвенции од државата досега, а нивните сопственици повлечено големи профити во матичните земји... Во јавноста имаше реакции што токму некои од нив се на врвот од листата компании што веќе добила државна помош за исплаќање плати од 14.500 денари. Каков е вашиот став околу ова? Точно е дека големите извозници (пред се СДИ во земјава) се поголеми компании, кои имаат поголема продуктивност во изминатиот период (потенцијални резерви), подобра организација и подобри механизми за справување со кризи, подобра технологија и знаење, истите имаа можност по разни механизми за користење субвенции и бенефиции во изминатиот период, имаат мајки компании со кои се блиско финансиски поврзани и добро вклучени во глобалните пазари. Меѓутоа, исто така е вистина дека овие компании вработуваат значаен број на луѓе, дека треба да бидат едно од јадрата околу кое ќе се поврзат/ осовременат домашните компании, дека се наш канал за поврзување со глобалните пазари и посебно значајни во периодот на заздравување. Исто така факт е дека дел од овие

компании плаќаат најголеми даноци и надоместоци од плата и се наоѓаат и во врвот на компаниите рангирани по висина на исплатени трошоци за плати и надоместоци за вработените. Ако вклучиме анализа по сектори, индустријата за автомобилски делови плаќа најголеми даноци на плата – на годишно ниво само петте компании (во првите 100) од оваа индустрија плаќаат 5 милиони евра. Во овој контекст треба да ја вклучиме и нашата стратегија за привлекување на СДИ и можностите/опасностите кои ќе се појават во периодот по пандемијата, во кој ќе има повторна прераспределба на глобалните пазари на СДИ. Во новонастанатата ситуација мерките за поддршка и создавање услови за работа на странските компании (како и домашните компании) ќе имаат силно влијание. Во оваа насока ќе повторам дека дел од мерките кои се однесуваат на зачувување на работните места треба да бидат достапни и за странските компании во земјава, како дополнување на ова може да се вклучат и мерките за одложување на дел од давачките спрема државата (дел поврзани со олеснување на извозот/ извозот). Доколку има потреба може де се вклучат и добро обмислени државни гарантни шеми за кредитна поддршка кои може во еден дел и да бидат условени со соработката со домашните компании. XСите X чекаат помош, а буџетот ќе има огромна дупка. Во услови кога буџетските приходи паѓаат, дури ќе бидат потребни и уште повеќе пари за да се финансираат сите овие антикризни мерки. Колкав е реално просторот на владата за менаџирање со државната каса и дали според вас добро се прави тоа? Кај малите и отворени економии, како што е нашата, фискалната состојба и параметрите кои ги имаме можат да се влошат релативно брзо во вакви кризи. Така што, и нашиот фискален капацитет да се задолжуваме, со влошување на ситуацијата може да се намали, а од друга страна во ваква специфична ситуација промените на глобалните финансиска пазари се случуваат исто така неочекувано и брзо. Во моментот сè уште зборуваме за Македонија како земјата за средно ниво на задолженост и стабилен финансиски сектор, меѓутоа по надминување на нивото на долгот од 50% од БДП влегуваме на зона кога враќањето на земјата во нивото под 50% ќе биде подолго и потешко. Сè уште е релевантна и лекцијата дека треба да се отвори посилна дебата во насока дали повеќе можеме од внатре да реформираме, да пренамениме, па потоа да размислуваме за сумата и цената на задолжувањето (кое ќе биде неопходно). Ова задолжување во


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

15

Во ред е мерките да бидат достапни и за странските инвеститори Во новонастанатата ситуација мерките за поддршка и создавање услови за работа на странските компании (како и домашните компании) ќе имаат силно влијание. Во оваа насока ќе повторам дека дел од мерките кои се однесуваат на зачувување на работните места треба да бидат достапни и за странските компании во земјава, како дополнување на ова може да се вклучат и мерките за одложување на дел од давачките спрема државата (дел поврзани со олеснување на извозот/извозот). Доколку има потреба може де се вклучат и добро обмислени државни гарантни шеми за кредитна поддршка кои може во еден дел и да бидат условени со соработката со домашните компании.

тековната ситуација ќе биде единствено издржано ако ефикасно се употреби со цел да спречиме позначајно нарушување на економската околина во земјава, бидејќи тоа ќе влијае и на Буџетот, на јавните приходи, но ќе влијае и на капацитетот да го враќаме долгот во иднина. Не треба да заборавиме дека и периодот по кризата ќе биде исто така еден тест и предизвик, имајќи предвид дека ќе дојде време за наплата/враќање на одолжените кредитни и даночни обврски на компаниите, како и време кога преку даночни обврски или нов “Корона” данок ќе мора да се пополни дупката во Буџетот. Така што, мора да играме многу мудро.

XКаде X според вас може да се направи кратење на буџетските расходи (а не е направено) со цел да се намали товарот врз буџетот во услови на кризава? Кратењата, (можеби подобро е да ги наречеме пренамени) во буџетските расходи во првиот бран делумно беа направени со Уредби на Владата, а исто така беше направено скромно намалување на расходите кај дел од буџетските корисници ( од околу 30-тина мил. евра) и со последниот ребаланс на Буџетот. Многу е неблагородно да се посочуваат конкретни кратења, посебно кога имаме ограничен простор за елаборација, имајќи предвид дека кога ќе разговарате со било

кој од буџетските корисници, истиот ќе ги прикажува своите расходни активности како особено важни за пошироката социо-економија. Исто така и поради тоа што кога после три месеци ќе погледнеме на различните буџетски надлежности/корисници може да најдеме повеќе или помалку засегнатост кај секој од нив со пандемијата. Меѓутоа, јасно е дека определени дејности, проекти, функции/ надлежности кои во периодот не се директно поврзани со справување со пандемијата и неопходни за позначајна поддршка на социоекономијата и можат да бидат скратени/одложени. Добро е што


Капитал број 1065 05.06.2020

16

ИНТЕРВЈУ

Денарот ќе остане стабилен, нема простор за загриженост Да бидеме реални, денарот е стабилен со години, и со новите интервенции на НБРМ стабилен останува и во текот на корона кризата и во моментот нема простор за загриженост. Шпекулациите кои често се настојува да се пласираат од различни причини и побуди ‘не држат вода’ и единствено можат краткорочно, и непотребно негативно да влијаат на девизниот пазар. Нивото на девизни резерви е двојно зголемено од 2008 досега и на крајот на април 2020, изнесува 3,2 милијарди евра. Кредитниот рејтинг ни останува непроменет, Народната банка исто така има низа инструменти на располагање за ‘бранење’ на курсот, а тука стабилниот банкарски сектор и дел од проекциите за поволни макроекономски придвижувања на македонската економијата при крајот на оваа и почетокот на следната година.

првиот бран пред ребалансот беше фундиран на доброволно предлагање од секоја од институциите за кратење на соодветен износ од својот буџет. Она што е мој предлог во периодот кој следува е поставување на конкретни критериуми/принципи (придружени со скалести процентуални препораки за кратење -10%, 15%, 20%...) тргнувајќи по различните буџетски класификации (економска, функционална, по буџетски корисници, па и определени владини програми) за транспарентни кратења на определени буџетски расходи. Така, на пример, имајќи ги предвид определените буџетски функции, може да се најдат определени простор за намалување во општите јавни служби, рекреација, култура и религија, одбраната, образованието итн. Имајќи ја предвид економската класификација - платите и надоместоците како и делот на стоки и услуги имаат простор за одложување на дел од расходите. Истото може да се направи и со буџетските корисници (министерства и агенции), каде истите може да се групираат во неколку нивоа според нивната улога во периодот и потенцијалниот простор да намалат дел од своите расходи. Ова се разбира е огромен предизвик за секој министер за финансии кој во конкретната ситуација и практично спроведување ќе се соочи со огромен оперативен и политички притисок. Многу полесно е да кажете што не треба да се крати, како што се расходите за здравство, одржување јавен ред и мир, капиталните расходи итн. XКој X и да ја состави новата влада, што ќе добие како „наследство“ од актуелнава, техничка? Односно, кои ќе бидат најголемите предизвици што ќе треба да се решаваат на економски план? Веќе станува јасно дека оваа здравствена криза се претвора во економска и заедно двете ќе продолжат со ублажено темпо и во следниот период после изборите. Особено важно за следната влада ќе биде балансирањето помеѓу здравствените и економските ризици – посебно ќе биде важно креирањето системска рамка на мерки за заздравување на економијата. Тоа нема да биде воопшто лесно во новата глобална околина имајќи предвид дека фискалниот простор ќе биде исклучително стеснет, ќе мора да се повлекуваат и непопуларни чекори, а исто така ќе треба да се почне и со сервисирање/ отплаќање на она што беше потрошено за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Исто така пандемијата сама по себе иницираше посебни процеси во секој сегмент од социо-економскиот живот, па потребата од структурни реформи и иновативни прилагодување на општеството (функционирање на


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

17

Твој избор, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Кредитите и искористете ја промотивната понуда со пониски каматни стапки, без трошоци за одобрување до 30-ти јуни! • НЛБ Станбен кредит со рок на отплата до 35 години • НЛБ Потрошувачки кредит со 35 месеци фиксна каматна стапка

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


Капитал број 1065 05.06.2020

18

ИНТЕРВЈУ

бизнисите, јавните услуги итн.) ќе биде значајна. Оваа ситуација ќе треба добро да и се објасни на бизнис заедницата, јавната администрација и граѓаните. Новата влада ќе треба да се обиде да најде начин за компромис со опозицијата, намалување на политичкиот антагонизам и заеднички (колку што е можно) преземање на клучните економски и реформски чекори, имајќи предвид дека предизвиците ќе бидат значајни за сите. XЦел X свет зборува за „новата нормалност“ на којашто ќе треба да се навикнеме. Каква ќе биде таа нормалност за македонските компании и граѓани според вас? Кратко ќе наведам само неколку генерални области и теми за кои е неопходно да се размислува, се разбира во зависност од долготрајноста на кризата: Структурните промени во побарувачката/потрошувачката - кон поголемо користење на дигиталните канали на размена, меѓутоа и промена на преференциите и перцепциите кај голем дел од потрошувачите. Ова ќе има значаен ефект на организација на

операциите во бизнисите и промени во нивните синџири на набавка, забрзана дигитализација, продажни сектори, систематизацијата на работни места, диверзификација на пазарите. Големата загуба на работни места и промените кои се случуваат ќе наметнат потреби од преквалификации и значајни промени во работната сила согласно новата понуда/побарувачка и можностите кои ги нудат новите технологии. Работењето од дома, кое се’ уште е тема да дебати и дилеми во контекст на позитивни или негативни страни, ќе зема поголем замав и ќе ги менува новите работни места и трошоците кои ги придружуваат. Обезбедувањето на јавните услуги, мерењето на нивната ефикасност и функционирањето на државниот апарат исто така може да биде предмет на промени и реструктурирање. Обезбедување на образовните, здравствените, административните услуги на национално и локално ниво ќе се менуваат и прилагодуваат согласно ново настанатата ситуација и новите можности. Потреба од детален развој на планови и протоколи за безбедност кои ќе

треба да бидат добро комуницирани и модифицирани според потребите за јавниот и бизнис секторот - безбедност на работното место, правила за одржување дистанца, начини на седење, организирање на сменско работење, тестирање од КОВИД-19 итн. Неопходно е да се работи на создавање на системи за отпорна економија, институции, бизниси, граѓани преку воспоставување на унифицирани системи на размена на информации, креирање и спроведување на мерки на тековна основа. Што значи, со државна поддршка, бизнисите, јавниот сектор (граѓаните) покрај меѓусебната континуирана размена на информации, ќе биде потребно да ја прилагодат својата структура/активности, да бидат флексибилни и брзо да можат да одговорат на секој евентуален предизвик поврзан со пандемијата. Се разбира долготрајноста на кризата е главна детерминанта на голем дел од наведените теми за дискусија и елаборации кои ги изнесов погоре во интервјуто, меѓутоа едно е важно подобро да бидеме подготвени порано, отколку подоцна! nnn



Капитал број 1065 05.06.2020

20

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

ГОЛЕМ ПАД НА ИНДУСТРИЈАТА ВО АПРИЛ

ИЗВОЗНИЦИТЕ НА АВТОМОБИЛСКИ ДЕЛОВИ СО ПОМАЛО ПРОИЗВОДСТВО И ЗА НАД 80% Најголем пад, според Државниот завод за статистика во април месец бележи категоријата „машини и уреди неспомнати на друго место“, од дури 88,7%, што е сериозен удар врз целокупната домашна индустрија ако се има предвид дека оваа категорија влегува со без малку 9% во целото индустриско производство во земјава. Значаен дел во овој сегмент има производството на автомобилски делови и компоненти, кое што е распространето и во неколку други статистички категории – производство на моторни возила, електрична опрема, хемиски производи итн.


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

21


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

22

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

пишува:

Игор Петровски

Г

igor.petrovski@kapital.mk

Голем пад на индустриското производство се случи во април месеци во македонската економија како последица на Ковид – 19 кризата. Карантинот во којшто се најде целата планета изминативе три месеци предизвика пад на нарачките на голем број категории производи, што се одрази и на производството во фабриките во земјава. Најголем пад, според Државниот завод за статистика во април месец бележи категоријата „машини и уреди неспомнати на друго место“, од дури 88,7%, што е сериозен удар врз целокупната домашна индустрија ако се има предвид дека оваа категорија влегува со без малку 9% во целото индустриско производство во земјава. Значаен дел во овој сегмент има производството на автомобилски делови и компоненти, кое што е распространето и во неколку други статистички категории – производство на моторни возила, електрична опрема, хемиски производи итн. Десетина фабрики од делот на автомобилските делови се стационирани во технолошко – развојните индустриски зони (ТИРЗ), но некои значајни капацитети се и надвор од зоните, како „Кромберг и Шуберт“, „Дрекслмаер“ и др. Во обработката на државната статистика влегуваат фабриките и во и надвор од зоните, па така на пример, падот на производството во категоријата “моторни возила, приколки и полуприколки“ - каде што значаен удел има белгиската инвестиција „Ван Хол“ којашто произведува автобуси, но тука се и други фабрики од овој сектор – изнесува исто така огромни 71,4%. Оваа категорија учествува со значајни 12,33% во вкупното индустриско производство во Македонија, што во моментов е всушност најмногу од сите индустриски категории. Кај производството на електрична опрема падот е речиси 70%, со учество на оваа гранка од 4,53% во целата индустрија.

Извозот од слободните зони помал за речиси 40% во првите пет месеци

Драматичноста на падот на производството кај големите странски инвеститори – извозници се гледа и од податоците што ги добивме од

Дирекцијата за ТИРЗ, при што падот на извозот од фабриките во овие зони во април месец е цели 86%, додека во мај е нешто помал, и изнесува 67,7%. Во првите пет месеци од фабриките во зоните извозот е помал за 38,9% во однос на првите пет месеци лани, и изнесува 705,13 милиони евра. Минатата година, извозот од ТИРЗ изнесувал 2,8 милијарди евра, што е цели 44% од вкупниот извоз на земјава, којшто бил 6,4 милијарди евра. Иако до крајот на годинава има уште 7 месеци, веќе се гледа дека извозот од ТИРЗ во 2020 ќе биде бледа сенка на оној лани, поради корона – кризата, затоа што продажбата на автомобили во Европа и светот последниве два месеци е сведена практично на нула, а закрепнувањето нема да оди така лесно или според процените на аналитичарите за потполно враќање на стариот колосек на производството на автомобили ќе требаат 2-3 години. Инаку, проблемите во овој сектор, според податоците на ТИРЗ се гледа дека почнале уште во месец јануари годинава, кога извозот од компаниите во зоните бил помал за 21%, во февруари за 3,12%, додека во март за 16,8%, пред да следи големиот пад во април и мај. „Ова се должи пред се на трендот на пад на побарувачката во автомобилската индустрија кој започна уште во 2019, проблемите во синџирите на снабдување во автомобилската индустрија на глобално ниво, коишто настанаа откако во Кина уште во јануари се затворија многу фабрики по избувнувањето на корона – епидемијата во Вухан, односно и по прекинувањето на бродскиот транспорт и зголемените трошоци за бродски транспорт, како и повисоки цени на електронски компоненти од европските дистрибутери. Во Кина се наоѓаат голем број на производители на компоненти и делови за автомобилската индустрија, чиишто производи делумно завршуваат директно во погоните на светските автомобилски брендови, но добар дел и во нивните подизведувачи како што се фабриките во Македонија, каде што по понатамошна обработка и финализирање се праќаат на вградување во возилата. Сето ова во комбинација и со намалената побарувачка за автомобили во критичните месеци – бидејќи ретко кој размислувал за нов автомобил среде таква паника – предизвика драстично намалување на производството на нови возила, следствено и намален капацитет на фабриките во земјава.“, објаснува Виктор Мизо, директор на фабриката со германски капитал „Костал Македонија“ во

БРОЈКИ

41%

е падот на производството во преработувачката индустрија во месец април

12%

е падот на производството во преработувачката индустрија во првите четири месеци од 2020г.

86%

е падот на извозот од ТИРЗ во месец април

39%

е падот на извозот од ТИРЗ во првите четири месеци од 2020г.

Охрид, којашто е добавувач со компоненти на неколку големи светски автомобилски брендови. Илустрирајќи колку е сериозен проблемот во овој индустриски сегмент на глобално ниво, го истакнува само податокот дека бројот на регистрирани нови возила во месец април во Европа е паднат на само 292.600 од 1,34 милиони истиот месец лани, што е 78% помалку. Во Германија на пример, најголемиот пазар за нови автомобили во Европа, којашто и немаше голем локдаун како во Италија и Шпанија, падот на продадени нови возила е 50%. „Ова е најниско месечно ниво уште од 1970-те наваму и најлош резултат меѓу трите големи пазари – Кина, Северна Америка, Европа.“, додава Мизо.

Фармацевтската индустрија најмногу ќари во кризата

Индустриски гранки што бележат исто така висок пад на производството во април е и тутунската индустрија, со 26,2% помало производство, којашто пак, учествува со 1,82% во структурата на индустријата. Пијалаците се со пад од 42% (4,03%), текстилната индустрија со дури 62,5% пад (4,55%), производството на облека со пад од 45% (7,55%). Производството на мебел коешто учествува со 1,43% во целата индустрија има пад од 41,8% во април. Фабриките за прехранбени производи поминале подобро во корона – кризата, односно во април нивното производство е помало


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

23


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

24

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

за само 4,4%. Нивното учество во вкупната индустрија е 9,3%. И покрај тешкотиите во транспортот со коишто се соочија извозниците на храна од земјава (тука не влегуваат свежото овошје и зеленчук, туку единствено преработките) домашните фабрики не го намалиле значително производството, делумно компензирајќи со поголемата потрошувачка на храна на домашниот пазар, во време на карантините и сл., а дел пак и насочувајќи во залихи, коишто се очекува да бидат повлечени од извозните пазари во регионов и пошироко штом се нормализираат состојбите со транспортот, како што ни објаснија од неколку прехранбени фабрики. Добро поминало и производството на хемикалии и хемиски производи, со пад од само 0,3%. Апсолутен шампион во месец април е фармацевтската индустрија, со пораст од 27,3% на производството. Очигледно, големата побарувачка на средства за дезинфекција, чистење, препарати за зголемување на имунитетот и останати производи есенцијални во заштита од коронавирусот ги ангажираше капацитетите на овие две индустрии до максимум. Инаку, фармацевтската индустрија учествува со 2,91% во вкупното индустриско производство, додека хемиската со 1,38%. Од останатите индустрии, производството на производи од гума и од пластични маси бележи раст од 5% во април, додека производството на метали пад од 2,6%. Фабрикуваните метални производи, освен машини и опрема има пад од 7,5%. Овие две индустрии заедно учествуваат со 6,7% во вкупната индустрија. Од примарната индустрија, рударството и вадењето на камен имаат пад од 17% во април, а учествуваат со 11,2% во вкупната индустрија. Снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во месец април бележи минимален пад од 1,1%, а учествува со 12,3% во вкупната индустрија. За првите четири месеци од годинава, пак, вкупното индустриско производство во Македонија има пад од 11,2%. Производството на енергија има пад од 11,5% во периодот јануари – април, капиталните производи имаат пад од 21,1%, трајните производи за широка потрошувачка се помалку произведени за 14,6%, додека нетрајните производи за широка потрошувачка се со пад од 8%. Овие производи имаат и најголемо учество во вкупната индустрија, од речиси една третина, односно 31,2%. nnn

Производителите на автомобилски делови во земјава, инаку 100% извозни фабрики, се силно погодени од големиот пад на продажбата на нови автомобили во светот.

КОМПАНИИТЕ БАРААТ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ДРЖАВАТА

К

ризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата има големо влијание на 82% од македонските компании. Девет сектори во кои се ангажирани 62% од вкупниот број вработени во стопанството се најмногу погодени од кризата, а дури 40 000 работни места се наоѓаат во непосреден ризик. Без адекватни мерки и поддршка за овие компании и вработени, сегашната стапка на невработеност во земјата ќе се зголеми и до пет процентни поени. Ова се дел од резултатите од анкетното истражување што го спроведе Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) меѓу домашните компании. Во деветте најпогодени сектори од кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата се: услужните дејности, особено оние поврзани со храна и пијалаци; секторот на малопродажба; транспортот и складирањето; преработувачката индустрија, особено производството на прехранбени производи; и градежништвото. Дури 43% од компаниите во овие сектори, особено микро и малите претпријатија, пријавиле пад на приходите за половина или повеќе, а 11% привремено прекинале со работа. Околу половина од анкетираните компании изјавиле дека нивната компанија нема да го „преживее“ третиот квартал од оваа година доколку ситуацијата со кризата значително не се подобри. „Оценка на најголемиот дел од компаниите кои учествуваа во истражувањето е дека досегашните економски мерки на Владата за поддршка во време на Ковид-19 кризата беа навремени, но дека големината на обезбедената поддршка и времетраењето на мерките нема да бидат доволни за да се постигнат посакуваните ефекти“, вели претседателот на ОРМ, Ангел Димитров. Виктор Мизо, директорот на „Костал Македонија“, којшто е и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство вели дека при креирањето на мерките за поддршка на економијата, не можат да се применуваат исти аршини за големите странски извозни компании со напредно производство и малите и микро бизниси од услужната дејност, на пример. „Првите го немаат проблемот на ликвидност од тој карактер, а имаат многу посериозно влијание врз локалната економија. Нивната поддршка значи и брзо закрепнување на економијата по завршување на кризата преку големиот број на вработувања, уделот во извозот и генерално во приливот на странски капитал и трансфер на знаења.“, смета Мизо. Паралелно, мора да се гледа и долгорочно, значи овој нов пакет да биде проследен со развојни компоненти во насока на подобрување на конкурентноста на присутните и компаниите кои дополнително би можеле да инвестираат во земјата. Намалување на високите царински стапки за увоз на одредени материјали станува императив. Тоа е старо прашање на кое подолг период се очекува системски одговор од државата. „На крај, сите сериозни корпорации ќе вршат длабински анализи и компарации за државната поддршка која ја добиваат нивните експозитури во земјите од регионот. Ова ќе биде одредницата клучна за натамошно ширење на производството во земјата и вклучување во новите текови на пост -пандемиската автомобилска индустрија.“, истакнува Мизо.



Капитал број 1065 05.06.2020

26

www.kapital.mk

ПРАВОСУДСТВО

РЕФОРМИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО ВО ЖАНР ФИКЦИЈА

НАМЕСТО НА КРИМИНАЛЦИТЕ, РАЦЕТЕ ИМ ГИ ВРЗУВАМЕ НА СУДИИТЕ И НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Сериозни забелешки за несоодветни и срамни услови за работа на македонските јавни обвинители и слаби капацитети на судската власт воопшто откриваат извештаите на Државниот завод за ревизија. „Капитал“ ги анализира наодите на ревизорите во контекст на барањата од Брисел фокусот да биде насочен токму врз правосудните реформи како едни од клучните за европската иднина на Македонија


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

27


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

28

ПРАВОСУДСТВО

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

И

Институционалниот капацитет на судската власт делумно се зајакнува, констатира Државниот завод за ревизија во својот извештај за работењето на судовите во периодот од 2016 до 2018 година. Државните ревизори имаат бројни забелешки за судската власт, која ја сочинуваат 27 основни и 4 апелациони судови, Врховниот, Управниот, Вишиот Управен суд, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители. Меѓу другото, ревизорите сметаат дека треба појасно да се разграничат надлежностите на одделни институции од Судската власт преку доуредување на регулативата; потоа, донесување на подзаконски акти кои што се во надлежност на Министерството за правда а се уште не се донесени и покрај тоа што се поминати повеќе од пет години од рокот за донесување; доследна реализација на стратешките документи и приоритетите утврдени во нив; обезбедување на пари за судската власт согласно предвидениот законски лимит; кадровско зајакнување со судии и судски административни службеници; обновување на застарената опрема во функција на непречена и ефикасна реализација на надлежностите; како и унапредување на соработката и размената на информации и податоци меѓу судовите и други институции. А еден од главните проблеми за сите други проблеми, се парите. Иако со Законот за судски буџет, утврдено е за судството да се одвојуваат годишно по 0,8% од БДП, што би било еднакво на околу 80 милиони евра, овој лимит не е достигнат досега што според ревизорите влијае на независноста на судскиот систем. Од 2016 година до лани, овој процент варира од 0,31% до 0,34%, што не е ниту половина од предвиденото. Споредбата со европските земји исто така покажува дека земјава за судската власт одвојува помалку од останатите. Од даноците што ги плаќаат Македонците, секој од нас одвојува само по 17 евра за функционирањето на судската власт, додека пак европскиот просек изнесува 98 евра по жител.

Најблиску до нас е Бугарија со 42 евра по жител, во Хрватска се одвојуваат по 50 евра по жител, додека во Словенија овој износ достигнува до 96 евра по жител.

Бизнисот не е задоволен од реформите во правосудството

Владеењето на правото е клучно и за граѓаните и за бизнис секторот бидејќи треба да воспоставува ред на функционирање и за едните и за другите. Претседателот на Советот на странски инвеститори во земјава, Штефан Петер, со којшто неодамна разговаравме на оваа тема, смета дека постои голем простор за подобрување на бизнис климата во овој сегмент. „Факт е дека последните неколку месеци, па и години не се воспостави позитивна доверба во овој сектор. Постои и Светски индекс на правда на кој Македонија е на педесет и некое место од рангирани 226 земји. Тоа не е многу лошо, но треба да стремите да бидете во првите десет земји. Би рекол дека постои простор за подобрување, и тоа е тоа што и ние како Совет за странски инвеститори го правиме, се обидуваме да го подобриме системот, секоја втора година издаваме таканаречена Бела Книга каде што на 120 страници даваме препораки за тоа како да се подобри, односно како законите да бидат потранспарентни и јасни. Не велиме дека не ја сакаме оваа или онаа регулатива, тоа не би било подобрување туку само критика, но сугерираме гласно каде е потребно подобрување или појаснување. Најмногу ни треба појаснување бидејќи сите сакаме да бидеме усогласени со законите, но треба да ги разбереме,“, оценува Штефан Петер, претседател на Совет на странски инвеститори. На прашањето колку странските инвеститори се задоволни од реформите во правосудството, Петер вели: „Како бизнисмен секогаш ќе одговарам дека не сум задоволен, бидејќи тоа води до мрзеливост, а не треба да бидеме мрзеливи. Така што никогаш не сум целосно задоволен. Мислам дека судскиот систем исто така не е задоволен бидејќи им недостигаат пари, и поради тоа не може да напредуваат така како што треба. Тоа е процес, Македонија е млада земја и треба да го постави административниот систем соодветно, но овие проблеми се присутни во сите земји во Европа. Добра препорака е штом веќе сме во процес на евроинтеграции, да ги следиме повеќето од овие насоки, но да не бидеме премногу строги од потребното, бидејќи тие насоки

даваат одредена рамка, не задираат предлабоко во законите, но добар совет е да се следат внимателно, не премногу стриктно, бидејќи не ни требаат построги закони од оние на ЕУ“, истакна Петер. Како земја кандидат за членка на ЕУ, Македонија треба да ја усогласи законската регулатива на правосудниот систем со европската регулатива и меѓународните стандарди. Ревизорите потврдуваат дека се преземени активности за реализација на поставените приоритети во областа на владеење на правото и сите измени кои се направени во законите од областа на судството, се во насока на јакнење на институционалниот капацитет и имаат позитивно влијание врз незваисноста, непристрасноста и транспарентноста на правосудството.

Обвинителите треба да ловат „криминалци“ а немаат ни сместување, ни опрема

Јавното обвинителство во соработка со Министерството за правда и Владата, да продолжат со развој на административните ресурси за зајакнување на капацитетите, за спроведување на реформираното кривично законодавство, се препорачува во извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на јавните обвинителства. Овие барања за реформи, исто така се утврдени и во Националната програма за усвојување на правото кој е сеопфатен среднорочен документ кој ја дефинира динамиката на усвојување на правото на Европската унија. Но според забелешките во извештајот, овие реформи очигледно се спроведуваат бавно, бидејќи недостасуваат основни работи кои влијаат на ефикасноста во работењето. Јавните обвинителства немаат доволно кадар како од јавни обвинители така и од службеници, па така само 30 проценти од потребните работни места се исполнети. Недоволните финансиски средства исто така влијаат за навремено и непречено извршување на надлежностите. Истражните центри преку кои е потребно унапредување на соработката на јавните обвинителства со другите инволвирани институции, исто така не функционираат. Адвокатката Натали Петровска и извршна директорка на Коалиција „Сите за правично судење“ оценува дека годишниот буџет со кој што располага Јавното обвинителство е недоволен за да може нивното оперативно работење да биде во полн капацитет.


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

29 „Од последниот ревизорски извештај испадна податок дека едно е тоа што они го бараат на годишно ниво а сосема друго е тоа што го добиваат како институција. Работат со капацитет од две третини од буџетот кој што го предвидуваат, што значи буџетските средства кои што се акомодирани во таа институција се недоволни за да можат да располагаат, да можат да работат. Многу малку на останатите работи кои што се битни за да може обвинителство да има целосно оперативен капацитет и полна функционалност како што впрочем беше и поранешното СЈО. Се сеќавате таму колку многу средства беа алоцирани токму поради овие причини. Истрагите кои што знаат да чинат многу пари, не само алоцирање на средства на плати и на придонеси туку и во истражните центри туку понатаму и во процесирање на делата“ вели таа. Новиот Закон за јавно обвинителство предвидува финансиските средства за јавните обвинителства да изнесуваат 0,4 проценти од буџетот, но Петровска смета дека тоа е минимално зголемување од она што претходно било утврдено. „Така што сметам дека дефинитивно неопходно е да се алоцираат многу повеќе финансиски средства во ЈО, за да можат во полн капацитет да ја извршуваат својата улога и да видиме попродуктивно јавно обвинителство“. Поради немањето доволно финансиски средства и човечки ресурси, работата на обвинителствата е забавена“, оценува Петровска. Во ревизорскиот извештај се препорачува зајакнување на кадровскиот капацитет со јавни обвинители и јавнообвинителски службеници. „До одреден степен работата нивна е спора и би требало да се унапредат нивните капацитети како човечки не само јавнообвинителски туку и помошнички јавнообвинителски капацитет, значи стручни соработници во ЈО, пандан на она што пред извесно време го гледавме во СЈО. Имавме мал број на обвинители, меѓутоа многу голем број на пропратен кадар кој што помагаше во работата и затоа имаше таков перформанс, неопходно е зголемување на човечките ресурси и алокацијата на соодветни финансиски средства од страна на државата како би можеле да функционираат јавните обвинителства“ вели таа. Ревизорскиот извештај исто така покажува дека јавните обвинители немаат основни услови за работа. Голем дел од нив не располагаат со материјално технички ресурси, опрема и просторно сместување: „И денеска обвинителствата се судираат со навистина апсурдни ситуации, немаат доволно тонер или хартија што е елементарен услов за работа на обвинителствата за да можат да се пофалат со поголем перформанс и

да го опслужат она за кое што функционираат.“ вели Петровска. Формирањето на истражните центри кои треба да ја подобрат комуникацијата помеѓу јавните обвинителства и другите надлежни институции, требало да се формираат до 2018 година но и тие не функционираат. „Би ги земала за пример еве јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое уште во текот на минатата година интервјуираше лица за ангажирање во истражните центри но не профункционира. Мислам дека работат со еден истражен центар што не е капацитетот соодветен на работењето“ оценува Петровска. Како предизвик во работата на јавните обвинителства останува

и објективното и независно оценување на работата на јавните обвинители. „Како што и во рамките на судството, неопходно е и оценувањето на јавните обвинители да биде според АМЕРИТ системот. Ова зборувам во насока на унапредување во кариерата, професионалното унапредување да биде согласно заслугите и перформансот на обвинителите меѓутоа и на самиот избор на обвинители да биде согласно на овој систем“ вели таа. Петровска оценува дека со Законот за јавно обвинителство намерите биле добри за да се постигне подобро ниво на работење, но останува да се види, како законот ќе би де имплементиран во пракса.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

30

ПРАВОСУДСТВО

Ние сме професионалци и не сакам да се занимаваме со политичката волја. Наше е да укажуваме што недостасува, што треба да се менува и како преку препораки во извештаите во соработка и со надлежните органи и со јавноста за да имаме ефект.

МАКСИМ АЦЕВСКИ директор на Државен завод за ревизија

НИЕ КАЖУВАМЕ ШТО НЕ ЧИНИ И КАКО ДА СЕ ПОПРАВИ ОСТАНАТОТО Е НА ПОЛИТИЧКАТА ВОЛЈА разговара:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

XФакт X е дека сте навистина активни во вашата работа - речиси секојдневно одбиваме извештаи за сработена ревизија на работата на некоја државна институција. Како се снаоѓате со функционирањето во

време на пандемија? Мора да напомнам дека навистина е отежнато работењето на ДЗР, впрочем како и на сите други државни институции и приватни субјекти, но секако дека наоѓаме начин за справување со дадената состојба и извршување на задачите, пред се' во насока на обезбедување на потребните мерки за заштита за

здравјето на вработените. Со закон делегираните надлежности ние мора да ги извршуваме и успеваме во тоа. Еве се наоѓаме во постојана активност, па пред неколку дена објавен е последниот извештај согласно нашиот годишен план за работа за 2019 година. Фактот што има наша поголема присутност во медиумите се должи на тоа што


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

31 имаме сменето стратегија во однос на комуникацијата со јавноста - ако во претходниот период новинарите или сите засегнати страни требаше сами да ја отворат нашата интернет страница за да проверат дали има некоја промена, некоја информација или нов објавен ревизорски извештај, сега тој пристап е сменет. Направивме ажурирање на сите засегнати страни и сега тој број е некаде околу 180 субјекти кои се наш постојан таргет и секогаш кога објавуваме нов Извештај, тој, заедно со еден апстракт или сиже од истиот, го испраќаме до сите овие адреси, преку објаснување, кој субјект бил предмет на ревизија, клучни наоди и препораки, какво мислење е дадено по патот на боите на семафор. Благодарен сум и до сите вработени и до сите кои посветуваат внимание на нашата работа. XДа, X факт е дека сте поприсутни и ве има со вашите извештаи. Но, дали е тоа доволно? Како Вие ја гледате позицијата на ДЗР во однос на контролата на ненаменско и несоодветно трошење на јавните пари, но и во однос на алармирањето на другите институции кои би требало да реагираат на тие наоди? Секако дека може да се направи повеќе. Токму чувствувајќи дека има потреба од дополнителен притисок од јавноста за да има ефекти, пред неколку месеци донесовме комуникациска стратегија со помош од британската амбасада каде ги утврдивме насоките и начинот на комуницирање со сите засегнати страни. Ние ја избравме јавноста како партнер во притисокот врз сите останати страни, судската, извршната власт и законодавната во насока на спроведување на нашите препораки. Верувам дека во последно време имаме голема поддршка од сите страни, вклучувајќи ја и јавноста. Владата на пример неодамна, после мои јавни настапи, донесе серија заклучоци со кои го задолжи Бирото за јавни набавки да го олесни пристапот до информации и да ја зголеми транспарентноста. XДа, X тука загриженоста беше околу набавките во време на криза, Ваш впечаток? Се работи за перцепција која мора да ја менуваме. Не можеме да кажуваме дека секогаш постои корупција. Не можеме да зборуваме генерално, ни требаат факти и докази. Тоа е основата на нашата работа - нема утврдена состојба доколку ревизорот не успее да обезбеди докази. Така и ние како граѓани - не можеме да се впуштаме во генерализирање на состојбите и констатација дека секаде има корупција, се' е корумпирано

и не се работи добро. Требаат конкретни докази за тоа што не чини или е несоодветно. Но, дека има потреба да даваме предлози и препораки за зголемување на отчетноста околу трошењето на средствата, тоа апсолутно. Во услови кога се наоѓате во една пандемија секогаш прво се мисли на здравјето на граѓаните, а потоа на известувањето. Со зголемување на професионалноста, вештините и знаењето на јавната администрација верувам дека ќе се зголеми и отчетноста во начинот на користење на средства. Еве Министерството за здравство во време на пандемија има добиено 2 милиони евра, што не е сума за потценување и сметам дека сосема се во ред сите заклучоци за зголемена транспарентност и во ред се очекувањата на јавноста да имаме поголема отчетност за тоа како се трошат парите во време на криза токму со цел за да се промени перцепцијата дека сега е моментот да се направи некоја коруптивна зделка. XВелиме X дека не треба да генерализираме, но можете ли да направите еден општ заклучок - кои се клучните прекршувања што ги детектирате во однос на работата на институциите? Од институција до институција имаме различни пристапи и различни утврдени пропусти, но генерално тоа се однесува на начинот на доделување на договорите за јавни набавки, начинот на евидентирање на трансакции во деловодните книги кај одредени субјекти, начинот на управување со имот, средства и недвижен имот. Ова е генерален проблем кај јавниот сектор и пред се' кај јавните здравствени установи. Има и отсуство на донесени статути и акти за организација и систематизација што предизвикува системска слабост, односно неусогласеност на законот за вработени во јавниот сектор и законот за здравствена заштита и тука има затворен круг. Ја користам приликава да упатам апел до сите надлежни органи дека мора да се размислува за законски акти што ќе регулираат систематизација и делот на плати во јавната администрација бидејќи не може да генерализираме и да ставаме еднакво помеѓу она што значи администрација на централно ниво, на локално ниво и внатре во тоа локално ниво. Не може раководителот на сектор во Град Скопје да биде еднакво вреднуван како некој раководител на сектор на ЕЛС со 3000 жители. Или не може да биде еднакво вреднуван вработен во нашиот Завод со некој член на регулаторно тело каде тој придонесува во Буџетот на државата да донесе со својот труд два до три буџети на државно ниво. Мора да

размислуваме во делот на реформа на јавната администрација и уредување на систем на плати и наградување. Мора да има разноликост во пристапот, оти отсуството на можноста за награди воведува една нефер „урамниловка“ ги демотивира успешните, оние кои навистина се вложуваат во својата работа и не гледам зошто на долг рок вработените во јавниот сектор би сакале да останат таму. Мора да се размрдаат некои работи во јавната администрација со која ќе биде опфатен овој систем на плати и соодветен систем на вреднување на трудот на вработените. XКако X ја гледате позицијата на судството, не само од аспект на улогата што треба да ја врши во едно демократско општество туку и од аспект на вашата работа, затоа што на крај и ефектот од вашата работа се вкрстува низ судските лавиринти? Нашата работа е сосема поврзана и со судската власт и со обвинителството и горд сум што колегите направија два ревизорски извештаи за капацитетите и на судската власт и на јавните обвинителства што побудија голем интерес во јавноста. Наш успех е што и за двата извештаи нема забелешки од субјектите кои беа предмет на ревизија. Самиот јавен обвинител во еден настап кажа дека се' што е наведено е точно и соодветно детектирано и воедно кажа дека се согласува со сите утврдени забелешки од страна на ревизорите. XПа X и во нивна корист е да им се подобрат условите, да се даде гласност на прашањето за состојбата во која функционираат. Апсолутно. Исто немаме забелешки и за извештајот за судската власт и можам да заклучам дека сме завршиле една добра работа. Овие извештаи треба да сигнализираат за извршната и судската власт да посветат поголемо внимание за да обезбедат услови. Кога зборувам за соодветни средства зборувам за финансиски и технички средства, опрема, сместувачки капацитети односно простор и човечки ресурси за имплементација на законодавството. Без ова не можеме да очекуваме дека ќе има резултати во борбата со корупција и организиран криминал. XТука X доаѓаме до една друга категорија наречена политичка волја што за жал не е предмет на ваша ревизија. Ние сме професионалци и не сакам да се занимаваме со политичката волја. Наше е да укажуваме што недостасува, што треба да се менува и како преку препораки во извештаите во соработка и со надлежните органи и со јавноста за да имаме ефект. nnn


Капитал број 1065 05.06.2020

32

СТАВ

НАЦИОНАЛНАТА И ОРГАНИЗАЦИСКА

„КАКО МАКЕДОНЧЕ МОЖ ИЛИ ВО ЧЕСТ НА МАКЕ

ПРОФ. Д-Р

МАРЈАН БОЈАЏИЕВ

провост, Универзитет Американ Колеџ Скопје

„Македонец – Македонка“ е веројатно единствена националност во светот која самата се нарекува во деминутив. Дали сте слушнале за „The Small American” или за “Petit français ». Не. И веројатно нема да слушнете. Големината на една нација ја чини големината на нејзините луѓе. И „малоста“ (smallness) на една нација произлегува од „малоста“ (smallness) на нејзините луѓе. Во последната седмица од мај доживеавме два екстреми: Срам и „малост“- кога ги слушаме бројките за новозаразените од коронавирусот. Уште поголем срам, кога ги слушаме причините за ширење на заразата. Гордост и „големина“: подвигот на нашите кардиохирурзи кои пресадија срце и ја ставија Македонија на светската мапа. Нивниот успех е дотолку поголем што настапија сложно! Настапија според правило на тупаницата: петте прста кога се споени и сплотени удираат силно,i a кога се раздвоени се кршат. Настапија заедно и успеаја. Независно од позициите кои ги имаат во своите организации, независно дали доаѓаат од државен или приватен сектор

П

Предговор

Долго време се договарам со моите драги пријатели Љупчо Зиков, Игор Петровски и Зоран Јовановски за серија натписи во „Капитал“ и „Економија и бизнис”. Во јануари во „Капитал“ го објавивме текстот „Како ќе го мерите животот”, посветен на Клејтон Кристенсен, во април во „Економија и Бизнис“ текстот посветен на Џек Велч, во мај подготвив текст за Серџо Маркионе, исто така во „Економија и Бизнис“, и еве го овој текст за „Капитал“, посветен на Хофштеде и проблемот на националната култура воопшто. Досегашните текстови беа посветени на некои од најзначајните бизнис лидери и бизнис мислители. Денешниот текст отвора ново поглавје во мојата публицистичка дејност – проблем на националната култура, како и поврзаноста на националната и организациската култура и лидерството, што беше всушност и животната преокупација на холандскиот социјален психолог Геерт Хофштеде, „таткото“ на науката за крос – културните групи и организации. Овој текст нема тежина на научна анализа, но навестува некои правци на идно истражување со кое сакаме да се занимаваме на Катедрата по менаџмент при УАКС. Оригинално, овој текст е „мислен“ пред повеќе од една година, по средбата со Љупчо Зиков на конференцијата на Македонска берза во Охрид. Тогаш почнав да размислувам за пишување на текстови за националната култура во Македонија, под наслов „А бре момче Македонче”. Во меѓувреме, многу работи се променија и се менуваат па се обидов да го ставам моето размислување во контекст на последните случувања.1

Големината на една нација ја чини големината на нејзините луѓе

„Македонец – Македонка“ е веројатно единствена националност во светот која самата се нарекува во деминутив. Дали сте слушнале за „The Small American” или за “Petit français ». Не. И веројатно нема да слушнете. Големината на една нација ја чини големината на нејзините луѓе. И

Благодарност до д-р Миодрага Стефановска и д-р Марјана Ванева кои го уредуваа и корегираа овој текст.

1

„малоста“ (smallness) на една нација произлегува од „малоста“ (smallness) на нејзините луѓе. Во последната седмица од мај доживеавме два екстреми: Срам и „малост“- кога ги слушаме бројките за новозаразените од коронавирусот. Уште поголем срам, кога ги слушаме причините за ширење на заразата. Гордост и „големина“: подвигот на нашите кардиохирурзи кои пресадија срце и ја ставија Македонија на светската мапа. Нивниот успех е дотолку поголем што настапија сложно! Настапија според правило на тупаницата: петте прста кога се споени и сплотени удираат силно,ii a кога се раздвоени се кршат. Настапија заедно и успеаја. Независно од позициите кои ги имаат во своите организации, независно дали доаѓаат од државен или приватен сектор: Д-р Сашко Јовев од Кардиохирургија, Д-р Жан Митрев, основач и директор на Жан Митрев Клиника, д-р Александар Николиќ од Аџибадем Систина, д-р Маја Мојсова-Мијовска од КАРИЛ и многу други лекари кои беа вклучени во оваа процедура. Скромноста е особина на оние кои имаат исклучителни квалитети и имаат самодоверба. Тие луѓе знаат кои се, знаат колку вредат, но имаат и целосна почит и за останатите, како што вели Кристенсен.2 Тоа се тие мажи и жени кои вообичаеното „Mакедонче“ успеаја да го претворат во „Mакедончиште“. Да ги разгледаме елементите на националната култура и работна етика кои влијаат или можат да влијаат на ефикасноста на државите.

Протестантска работна етика и култура

Постојат бројни поделби на национална култура. Дел од нив се поврзани со историјата, дел со религијата, дел со географијата. Да спомнеме само некои од нив: Протестантизам – генерално, потекнува од Макс Веберiii, според кого: а) протестантската етика е значајна за економскиот успех, и б) овоземниот успех може да се интерпретира како знак на „спасение“ и затоа толку силно


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

33

АТА КУЛТУРА ВО КОНТЕКСТ НА ЛИДЕРСТВОТО

ОЖЕ ДА БИДЕ МАКЕДОНЧИШТЕ“.... ЕДОНСКИТЕ КАРДИОХИРУРЗИ! се поставува како цел. Мажите се секогаш облечени во црно како знак на скромност. Зборот воркохолик (workaholic) потекнува од оваа култура.iv Дали е тригер за развој на капитализмот, како што тврди Макс Вебер? Постојат бројни критики на оваа теза кои велат дека постојат и бројни други општествени, економски и геополитички фактори кои довеле до појавата на капитализмот. Како и да е, неспорен факт е дека некои од најразвиените држави во светот се доминантно протестантски (САД, Обединетото Кралство, скандинавските земји).

Медитеранска (или Латинска) и Католичка работна етика и култура

Во литературата има помалку написи за „католичка“ работна етика, особено во споредба со „протестантската“ работна етика. Според некои мислења, „католиците гледаат на економската добивка како корист за индивидуата, но и за заедницата“.v Затоа е можеби подобро користење на терминот Латинска култура, честопати наречена и „Вертикална хиерархиска пирамида“ (според француската бирократија) која опфаќа земји коишто се исто така високо развиени, како на пример: Италија, Франција и Шпанија.vi

2

Византиска и Источно Православна култура

Византиската култура е доминантно организирана околу Источното Праволосавие и семејството, почитување на редот и почит за традиционалните вредности.vii Од аспект на политиката и водење на јавните работи, Византија постигнува врвни резултати, успевајќи да опстане 1, 000 години подолго од Западното Царство. Во прагматичната политика развиле ефикасна „методологија на кои се постигнува целта“, а која е одлично опишана од страна на Оболенски.viii Византиската култура веројатно има барем уште една драматична разлика во однос на Источно Словенската, а тоа е професионална администрација и владеење на правото. Без разлика колку овие зборови имале поинакво значење пред илјада години, сепак, Византија е држава која може да се смета за зачетник на јавната администрација. Во Источното Царство за прв

пат се воведуваат принципите на: 1) примат на законот 2) функционална специјализација и хиерархиска организациска структура и 3) oeconomica - која можеме да ја разбереме како функционална рационалност.ix Источно Словенската култура би можела да се карактеризира како доминантно патријархална, односно како култура која е доминантно недемократска. Дали се овие посебни културни формации е предмет на дополнително

„We also decided that humility was defined not by self-deprecating behavior or attitudes but by the esteem with which you regard others. “


Капитал број 1065 05.06.2020

34

СТАВ

истражување. Во секој случај, постојат мислења според кои тие се ист тип на култура. На пример, според некои авториx, припадноста на Романија во сферата на Византиско– Словенската култура претставувало силен хендикеп во развојот на капитализмот.xi За теоретската мисла која говори за блискоста на Византија и Словенската култура многу се зборува во академските кругови.3 За испреплетеноста на културата и вредностите на овие балкански простори, веројатно сведочи една интересна мапа на културни разлики на Кралството Југославија, која ги дефинира разликите во културите на Балканот.

Посебни случаи Германија и Грција

Германија, според Хофштедеxii, е посебна категорија. Категорија на „добро подмачкана машина“, односно не би требало да се квалификува во „протестантскиот“ или „католичкиот“ кампус.xiii Грција би можела да се квалификува како Источна или Византиска, според културното наследство но, сепак, има свои специфики: Грција до скоро беше единствената православна држава во Европската Унија, таа е единствена земја од „првиот свет“ која е на Балканот. Антрополошки има уште една специфика а таа е: Грците се поврзуваат со својата држава која ја перципираат како мајка. Мајката се грижи, поддржува и простува, што е обратно од таткото, кој обезбедува за семејството, но и казнува. Оваа матрица веројатно е доминантен во односот на индивидуата со државата.xiv xv

Источни култури

Според неа, имаме Европска култура (Словенија и Северна Хрватска), Средоземна култура (Далмација и Црна Гора), Нова народна култура (Централна Србија), патријархална култура (Босна, Санџак, северна Црна Гора, јужна Србија и Косово), Турско ориентално влијание (во некои џебови на Босна и Преиначена Византиска во Македонија).

Под западни култури се подразбираат културите кои се под влијание на монотеистичките религии: јудаизам, христијанство и ислам. Кога говориме за културите на истокот, говориме за хиндуизам, будизам, конфучијанизам, таоизам и шинтоизам.xvi

Истражувања на националната култура

Затоа, за сега само би го спомнал следново: истражувачки тим од УАКС

работи на значајно истражување за позиционирање на Северна Македонија на мапата на земји кои се опфатени со мерења на националната култура според моделот на Геерт Хофштеде. Ги покануваме сите кои сакаат да се вклучат и да помогнат во истражувањето, да се логираат на следниот линк: https://docs.google. com/forms/d/1l0zdSan4wFvFsjNt0UNkA H7eNjS3ijPf-9KlMldkCl4/viewform?edit_ requested=true На крајот да потенцираме зошто истражувања на националната култура? u Затоа што националната култура покажува кои менаџмент алатки можат да се применат во една држава, u Затоа што познавањето на националната култура е предуслов за посериозен влез на странски директни инвестиции, и на крајот но не помалку важно u Затоа што за самите нас, познавање на националната култура е одличен водич за креирање на соодветни политики. u Веројатно не треба да потенцирам дека сите горенаведени елементи се предуслов за побрз развој на државата.

Поими и термини

Национална култура е поим кој најчесто се врзува за социјалниот психолог Геeрт Хофштедеxvii, кој ја дефинира културата како „колективно програмирање на свеста според која се разликуваат припадниците на една група или категорија од останатите“xviii или пак само „непишани правила на општеството“. Сепак, се смета дека првиот обид за дефинирање на национална култура е направен од Кристофер Досон, кој вели дека културата е „заеднички начин на живот“xix. Организациска култура е систем на заеднички непишани вредности, норми и верувања кои се прифатени во организацијата.xx Авторот на овој текст ја дефинира културата како „непишан систем на вредности

Во 2019 година се одржа значајна конференција на Универзитет „Констатин Филозоф“ во Нитра, Словачка, која опфаќаше теми, како на пример: „Transition of Byzantine values into the Slavonic countries“, „ Comparison of Byzantine values with contemporary values и други. “Coach K A matter of the heart” 9 406 044 HBSP Case ii “Coach K A matter of the heart” 9 406 044 HBSP Case iii Max Weber, in The Protestant Ethic and the Spirit of Capitalism (1904–05) iv Сугестии на проф. Миодрага Стефановска v https://www.quora.com/Is-there-a-Catholic-work-ethic-and-how-does-it-differ-from-the-Protestant-work-ethic vi Хофштеде, цитирно според Огнен Цубалевски, цит дело стр. 143 vii https://www.khanacademy.org/humanities/world-history/medieval-times/byzantine-empire/a/byzantine-culture-and-society viii The Byzantine Commonwealth: Eastern Europe, 500-1453 (ACLS Humanities E-Book) Paperback – May 1, 2009 by Dimitri Obolensky (Author ) ix Demetrius Argiryaedes: “Rome and Byzantium – an administrative overview” United Nations x Viera Zuzalkova Constantine the Philosopher University in Nitra, xi CONSIDERATIONS ON COORDINATES OF HOFSTEDE TYPE PSYCHOCULTURAL MODEL IN ROMANIA - Dr.ing. Gheorghe BURZ Universitatea Tehnică din Cluj-Napoca Prof.dr.ing. Liviu MARIAN Universitatea „Petru Maior” Târgu-Mureș xii Geerd Hofstede социјален психолог од Холандија, втора на ? теоријата на национални култури (нешто недостасува) 3

i


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

35 и норми кои ги определуваат интеракциите, однесувањата, системот на донесувања одлуки и процеси во организацијата“.xxi

Всушност овој индикатор е многу близок до Gini коефициентот за трите земји. xxiii xxiv

За димензиите на националната култура според Хофштеде

Ако сакате да дознаете повеќе за националната култура на некоја земја, наједноставно е да одите на страницата: https://www.hofstedeinsights.com/. Таму ќе најдеме повеќе детали скоро за сите земји. Освен за Република Северна Македонија. Да ги продискутираме димензиите на националната култура според Хофштеде: Power Distance – „Разлика во моќта и богатството “е димензија која покажува колку земјата прифаќа големи разлики во неа. На пример, типична држава која има низок скор е Словенија, додека со висок скор е Србија, каде што имавме индивидуални „ѕвезди“ и тајкуни. Бидејќи немам податоци за нашата земја, еве еден графикон на кој се гледа споредбата од три споредливи држави: Бугарија, Србија и Данска. Power Distance – Разлики во богатството и моќта – се однесува на прифатливоста на големите разлики во општеството. Евидентно е дека Србија и Бугарија (веројатно и Северна Македонија) прифаќаат големи разлики во моќта и богатството за разлика од Данска. xxii

Индивидуализам наспроти Колективизам е втората димензија која дава одговор на прашања од типот на „Кој е одговорен за благосостојбата?“ и обратно, „Дали се бориме за заедничкото добро или за индивидуални бенефиции?“. Очигледно е дека во Данска во еден Калвинистички стил, секој е одговорен за својата благосостојба, додека на Балканот, заслугата и вината често се префрла на друг: Владата, општеството, државата. Машкост наспроти женственост генерално дава слика за нивото на родовата еднаквост во општеството.

Uncertainty Avoidance (Степен на толеранција кон неизвесност) Во Македонија, а веројатно и во Бугарија и Србија, живееме во општества во кои прифаќаме неизвесност, брзи промени, политичка нестабилност и слично. Очигледно, такво нешто е неприфатливо во држава како Данска. Long term orientation - Ова е димензија која е воведена после „будењето на Кина“, како типична држава со долгорoчна ориентација. Кина, Јапонија и другите земји на Истокот имаат драматично повисоки резултати во однос на европските држави. Indulgence Versus Restraint Задоволување на потреби, хедонизам, наспроти општество кое истите ги регулира со строги општествени норми.

На крајот

На крајот, да споменеме во неколку редови колку е значајно познавањето на културните матрици. Македонија е држава со мала и отворена економија во која надворешната трговската размена е многу значајна, а истовремено без влез на СДИ не може да се очекува интензивен развој. За да функционира надворешната трговија, за да функционираат странските директни инвестиции треба да се знаат културните разлики и процесот на прилагодување на културата (acculturation). „Суптилниот процес на пенетрација на културата преку системите на награди и казнувања е многу посилна од директните наредби. Овој процес се нарекува акултурација – асимилирање, приспособување кон нова или различна култура. xxv nnn

Хофштеде, цитирано според Огнен Цубалевски, цит дело стр. 143 Интервју со проф. Димитрис Акривулис базирано на Efthymios Papataxiarchis (1999) “Contest with money: Gambling and the politics of disinterested sociality in Aegean Greece”. In Lilies of the Field: Marginal People who Live for the Moment, 158-175. Boulder: Westview Press. xvi https://www.ieseinsight.com/doc.aspx?id=556 xvii https://icsb.org/geerthofstede/ xviii Geerd Hofstede “Analysis of Cultural Differences and their Effects on Marketing Products in the United States of America and Germany: A Cultural Approach to Marketing using Edward T. Hall and Geert Hofstede” Anchor Academic Publishing, 2012 xix Matthias Boeing : “Analysis of Cultural Differences and their Effects on Marketing Products in the United States of America and Germany: A Cultural Approach to Marketing using Edward T. Hall and Geert Hofstede” Anchor Academic Publishing, 2012 xx Edgar H. Schein xxi Bojadjiev, M (2019) “Development of Instrument for Measurement of the Organizational Alignment” DOI: 10.13189/ujm.2019.070504 xxii https://data.oecd.org/inequality/income-inequality.htm xxiii https://data.oecd.org/inequality/income-inequality.htm xxiv https://tradingeconomics.com/serbia/gini-index-wb-data.html xxv Ognen Cubalevski: “HR Potential and Practices of the Countries Founded After the Brake Down of Yugoslavia” California State University Hayward, master thesis, 2003 xiii

xiv


Капитал број 1065 05.06.2020

36

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВ

ПОМОШ ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИ КОМПАНИИ СО ЈАПОНСКА МЕТОДОЛОГИЈА КАКО ДА СЕ НАПРАВИ „ДИЈАГНОЗА“ НА БИЗНИСОТ Годинешниот јавен повик е отворен од 19 Мај до 19 Јуни 2020 година, а заинтересираните деловни субјекти – мали и средни претпријатија ќе имаат на располагање стручно лице - ментор кој ќе работи директно со сопственикот / законскиот застапник / управителот на компанијата за одреден број часови (50 часа по корисник).


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

ВОТО СО ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЕНТОРСКИ УСЛУГИ

37


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

38

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

пишува:

Игор Петровски

А

igor.petrovski@kapital.mk

Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија (АППРСМ) веќе трета година по ред го објавува Јавниот повик за имплементација на стандардизирани менторски услуги за мали и средни претпријатија (МСП) со цел да обезбеди бесплатна и техничка поддршка за сеопфатен развој и подобри резултати на деловите субјекти на Северна Македонија. Годинешниот јавен повик е отворен од 19 Мај до 19 Јуни 2020 година, а заинтересираните деловни субјекти – мали и средни претпријатија ќе имаат на располагање стручно лице - ментор кој ќе работи директно со сопственикот / законскиот застапник / управителот на компанијата за одреден број часови (50 часа по корисник). Според претставниците на АППРСМ, деловното управување бара голема одговорност. „Малите и средни компании честопати треба да управуваат со недоволни деловни ресурси како што се: материјали, суровини, човечки ресурси, информации или време. Меѓу овие ресурси, времето е најоскудниот ресурс за МСП. На почетокот, тие се занимаваат со многу оперативни работи и немаат време да ја анализираат нивната моментална состојба и да создадат стратегија за подобрување на нивниот бизнис. Затоа менторските услуги се клучни за нивниот развој или опстанокот на пазарот.“ објаснува директорот на АППРСМ, Љупчо Довичински. Сопственикот/застапникот/ раководителот заедно со менторот го проучуваат тековното работење на претпријатието, причините за тековните состојби или застои за непречен понатамошен развој, најважните потенцијали за раст и врз основа на утврдената состојба менторот и корисникот на услугата заеднички подготвуваат Акционен план или план за развој, додава Довичински. „Важно е да се истакне дека менторството е процес на заедничко работење, а меѓусебната комуникацијата и довербата се клучни за успехот.“ Стандардизираните менторски услуги за МСП се спроведуваат преку овластени ментори, кои се вработени или работно ангажирани

од страна на надлежните регионални центри за развој на малите и средни претпријатија, кои се дел од институционалната мрежа за поддршка на претприемништвото и малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија.

„Дијагностицирање“ на компанијата

Регионалниот проектот „Воспоставување и промовирање на стандардизирани менторски услуги за МСП во Западен Балкан Фаза2“ се спроведува истовремено во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, а корисниците се избираат преку Јавен повик еднаш годишно. Стандардизираните менторски услуги за МСП се бесплатни и се темелат на Методологијата развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). „Јапонија го усвои Законот за поддршка на малите и средни претпријатија во 1963 година и оттогаш поддршката на МСП е едно од клучните фокуси на јапонската влада со цел да се овозможи економски раст. Иако Јапонија денес прерасна во една од најголемите светски економии, нејзината заложба за поддршка на малите и средни претпријатија останува непроменета.“, вели директорот на Агенцијата, Довичински. Јапонија издава државен сертификат - „Експерт за дијагностицирање на малите и средни претпријатија“ и им дава поддршка на сопствените МСП преку менторите кои поседуваат ваков сертификат. Во изминатите две години во државава 42 компании минаа низ процесот на менторство за МСП и добија поддршка од јапонските експерти, а во меѓувреме и 12 ментори од Северна Македонија беа обучени и го добија истиот сертификат – овластување за работа како ментори од тимот на JICA. Во моментот, во процес на обука се дополнителни 7 ментори. Одржливост на системот се обезбедува и со постојано унапредување на вештините на менторите, кои покрај основната обука за ментори, имаат можност да разменуваат искуства преку учество на средби на сите ментори, обука на обучувачи, практични обуки на лице место, менторски награди, специјализирани обуки (интернационализација, КАИЗЕН) од врвни јапонски експерти и друго. Бидејќи менторството како метод за поддршка на МСП потекнува од Јапонија, тоа во себе ја содржи изворната филозофија - дека човекот/ човечкиот фактор е движечката сила и клучниот фактор за развој на компанијата. Секој вработен во

ЉУПЧО ДОВИЧИНСКИ

директор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото

Во изминатите две години во државава 42 компании минаа низ процесот на менторство за МСП и добија поддршка и од јапонските експерти и регионалните партнери, а во меѓувреме и 12 ментори од Северна Македонија беа обучени и го добија истиот сертификат – овластување за работа како ментори од тимот на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). Во моментот, во процес на обука се дополнителни 7 ментори. Одржливост на системот се обезбедува и со постојано унапредување на вештините на менторите. МСП, од највисокиот менаџмент до вработените се поттикнуваат да заземат проактивна улога во делот на своето работење. Секој, поединец може да придонесе во процесите кои секојдневно ги извршува и да внесе подобрувања или поефективни начини да го зголеми ефектот, намали времето на извршување на работата, ги намали трошокот на материјали или отпад, подобрувајќи ја сопствената продуктивност и со тоа и продуктивноста на целата компанија. Многу често тие моменти се основата за иновативни решенија или воведување на нови иновативни производи со многу поголема додадена вредност од појдовната точка.

Поддршка во развој на консултантството

Покрај тоа што менторите треба да преземат одговорност како поддржувачи на малите и средни претпријатија, тие исто така треба да преземат одговорност како стручни лица овластени од АППРСМ како владина агенција, која спроведува програми за поддршка на МСП на национално ниво. Со ова се подразбира дека од менторите исто така се очекува да укажат на програмите за поддршка на МСП,


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

39

ШТО ЗНАЧИ МЕНТОРСТВО И КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ОВОЈ ПРОЦЕС?

М

енторството подразбира утврдување на клучната точка за развојот на претпријатието, насочување, поддршка и водство на малите и средни претпријатија со цел да ги фокусираат своите ресурси токму кон неа, објаснуваат од Агенцијата за поддршка на претприемништвото. „Постојат голем број предизвици во работењето на малите и средни претпријатија, но невозможно е на сите соодветно да се осврнат. Во услови на сериозна конкуренција, најважната работа за малите и средни претпријатија е да го откријат клучот за успехот за нивниот бизнис и да се фокусираат на тоа, со цел да продолжат да работат и/или да го подобрат своето работење и да се развиваат.“ Менторството е дизајнирано за да биде сеопфатно и да обезбеди долгорочна поддршка за малите

и средни претпријатија кои ќе поттикнат понатамошно подобрување и развој во соработка со менторите. Во текот на менторството, менторот има улога на олеснувач, координатор и советник кој го поддржува претпријатието да ја постигне целта. Најважната активност во менторството е Дијагнозата на претпријатието. Со нејзино спроведување менторите ја утврдуваат најважната точка во дејноста на малите и средни претпријатија и изготвуваат конкретен акционен план заедно со нив. Покрај тоа, менторите им помагаат на малите и средни претпријатија да ги направат првите чекори во реализација на планот и понатаму го следат напредокот за да се олесни спроведувањето на истиот. „На пример, доколку на МСП му е

потребен пристап до финансиски средства за понатамошни инвестиции, менторот може да му помогне да аплицира за банкарски кредит или да воведе програми за поддршка на МСП обезбедени од Владата или други институции. Доколку на МСП му е потребен деловен партнер за да извезува производи, менторот може да му помогне да пронајде странски деловни партнери користејќи ги достапните владини и донаторски проекти и други корисни информации. Ако е потребно специјализирано стручно знаење како што е на пример HACCP, ISO, маркетинг, менаџмент итн., менторот може да им помогне наоѓајќи соодветни професионални консултанти или програми за поддршка на МСП обезбедени од Владата.“, објаснуваат од Агенцијата за поддршка на претприемништвото.


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

40

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Менторството како метод за поддршка на МСП потекнува од Јапонија, тоа во себе ја содржи изворната филозофија дека човекот/човечкиот фактор е движечката сила и клучниот фактор за развој на компанијата. Секој вработен во МСП, од највисокиот менаџмент до вработените се поттикнуваат да заземат проактивна улога во делот на своето работење.

како што се создавање на деловни можности преку деловни саеми, грантови, извори на финансирање и ваучери, обезбедени од Владата и други донатори. Овие програми може да бидат поостварливи и поефективни доколку малите и средни претпријатија аплицираат за програмите со ментори кои знаат како да остварат пристап до овие програми и како да изготват практични акциони планови. Покрај овие функции, менторството може да донесе и други придобивки во спроведувањето на програмите за поддршка на МСП во Македонија. Прво, менторите директно комуницираат со голем број МСП, така што може да соберат клучни информации за малите и средни претпријатија, што е многу корисно, бидејќи ваквите информации многу тешко може да се добијат од статистички податоци. Второ, користа од консултантските услуги во Северна Македонија не се доволно препознаени и усогласени. За да станат конкурентни, важно е малите и средни претпријатија да соработуваат со професионални консултанти, но многу од нив се двоумат дали да користат

консултанти водено и поради ограничените финансиски ресурси. Доколку менторите обезбедат висококвалитетни стандардизирани менторски услуги за малите и средни претпријатија, тие ќе ја разберат важноста на соработката со професионалните консултанти. Тоа ќе ја унапреди соработката помеѓу македонските претпријатија и професионалците, а потоа ваквото опкружување ќе им овозможи на малите и средни претпријатија побрзо да ја подобрат својата дејност и да развиваат поконкурентни производи и услуги.

Како да се аплицира за менторските услуги

Услугата се однесува на бесплатно менторство за ново основаните МСП, не постари од три години од денот на објавување на Повикот и компании чие деловно работење е подолго од три години (регистрирано пред февруари 2017 година), кои се наоѓаат во клучен момент за нивниот понатамошен раст и развој или пак опстанок на пазарот. Особено се охрабруваат производствените претпријатија и претпријатија во сопственост/управувани од жени претприемачи да земат учество на

повикот. Малите и средни претпријатија, кои ги исполнуваат следниве услови, имаат право да учествуваат на јавниот повик за бесплатни менторски услуги: u да се регистрирани на територијата на Република Северна Македонија со претежно домашен капитал; u да ги подмириле сите јавни давачки (даноци и придонеси); u не спроведува деловни активности во рамките на воената индустрија или организирање игри за коцкање / лотарија Пријавите со сите придружни обрасци и документација се доставуваат лично во надлежните Регионални центри во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Велес, Струмица и Охрид со напомена/ознака: „Барање за јавен повик за добивање менторски услуги во 2020 година.“ Јавниот повик е отворен до 19 Јуни 2020 година, а пријавата, обрасците за апликација и адресите на Регионалните центри се достапни на веб-страницата на АППРСМ: www.apprm.gov.mk За дополнителни информации, сите заинтересирани страни можат да се јават во наведените регионални центри или во АППРСМ преку е-пошта: mentoring@apprm.gov.mk nnn



Капитал број 1065 05.06.2020

42

ИНТЕРВЈУ

ВЕНЕРА КРЛИУ-ХАНЏИСКИ ДИРЕКТОРКА НА АМЕРИКАНСКА ГИМНАЗИЈА СКОПЈЕ

ДЕЦАТА СЕКОЈДНЕВНО НЀ ИЗНЕНАДУВААТ СО СВОИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА, КАПАЦИТЕТИ И ТАЛЕНТИ

Децата секојдневно нè изненадуваат со своите размислувања, капацитети и таленти, и работата со нив е и задоволство, и предизвик. Интересот за Американската гимназија во јавноста е сè поголем, и овие успеси сведочат за нашата посветеност на учениците, како и вложувањето во нивните знаења и вештини. Ситуацијата што ја предизвика коронавирусот нè пресретна во период на интензивна работа, секојдневни часови и предавања, и неопходно беше брзо да се прилагодиме, со цел учениците да не изгубат континуитет во учењето. За многу кратко време се префрливме онлајн, извршивме обуки, обезбедивме опрема и наставата продолжи преку платформата Webex, во една хибридна форма. Часовите продолжија по распоред, наставниците максимално се вложија, а и учениците, и нивните родители, беа задоволни од начинот на кон функциониравме.


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

43 Редакција Капитал kapital@kapital.mk

П

Пред три години во Скопје почна со работа приватното средно училиште Американска гимназија - American High School Skopje (AHSS), најмладата образовна институција во семејството на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Како што ни изјавија тогаш од менаџментот на училиштето, идејата им била да им овозможат квалитетно образование на младите генерации, со цел тие да се стекнат не само со знаења, способности и вештини потребни за продолжување на школувањето на високообразовните институции, туку и да се оспособат за работа и живот во современото глобално општество. Во Американската гимназија се применуваат современи наставни методи и современа образовна технологија, прилагодени на индивидуалниот физички, емоционален и интелектуален развој на учениците, и наменети за стимулирање критичко размислување, проучување и истражување. Притоа, посебно внимаваат и на истакнување на хуманистичките вредности и негување на етичките вредности кај учениците. Со директорката на Американската гимназија, д-р Венера Крлиу Ханџиски, разговаравме околу тоа како во училиштето се справуваат со новите околности во контекст на кризата предизвикана од пандемијата Ковид – 19, односно со спроведувањето на онлајн наставата и сите предизвици што ги носи со себе, како и за идните планови на училиштето. XСе X ближи крајот на школската година, денот што сите ученици го очекуваат. Што значи тоа за Вас, како директорка на Американската гимназија Скопје? За мене и за целиот тим на Американската гимназија, тоа значи завршеток на уште една успешна година. Горди сме на успесите и постигнувањата на нашите ученици, кои учествуваа на значајни натпревари и освоија бројни награди, и задоволни сме со знаењето што успеаја да го стекнат. Децата секојдневно нè изненадуваат со своите размислувања, капацитети и таленти, и работата со нив е и задоволство, и предизвик. Интересот за Американската гимназија во јавноста е сè поголем, и овие успеси сведочат за нашата посветеност на учениците, како и вложувањето во нивните знаења и вештини. Покрај тоа, крајот на школската година за нас значи и своевиден почеток на следната, бидејќи во тек се уписите на нови ученици. Интересот е голем и се радуваме на нашата нова генерација.

Неодамна, Американската гимназија Скопје доби одлични оценки од страна на Accrediting Commission for Schools, Western Association of Schools and Colleges, за своето континуирано следење и придржување на процедурите, критериумите и политиката за акредитација на ACS WASC. Со тоа, добивме статус на кандидат за акредитација.

XНеодамна X добивте статус на кандидат за акредитација. Што значи ова за самото училиште, како и за учениците во Американската Гимназија? Неодамна, Американската гимназија Скопје доби одлични оценки од страна на Accrediting Commission for Schools, Western Association of Schools and Colleges, за своето континуирано следење и придржување на процедурите, критериумите и политиката за акредитација на ACS WASC. Со тоа, добивме статус на кандидат за акредитација. Овој статус е од големо значење за нашето училиште, бидејќи е потврда за нашите напори и нашата посветеност на врвното образование. Покрај тоа, овој статус значи и гаранција за самите ученици, како и за нивните родители, дека училиштето овозможува високо ниво на образование, основа за понатамошен успех. Статусот е мошне значаен чекор напред, и секако, поттик и мотивација за уште поголема работа и посветеност на целиот тим. XЗдравствената X криза за вас значеше почеток на онлајн предавања. Како се прилагодивте и какви се вашите искуства со тоа? Ситуацијата што ја предизвика коронавирусот нè пресретна во период на интензивна работа, секојдневни часови и предавања, и неопходно беше брзо да се прилагодиме, со цел учениците да не изгубат континуитет во учењето.

За многу кратко време се префрливме онлајн, извршивме обуки, обезбедивме опрема и наставата продолжи преку платформата Webex, во една хибридна форма. Часовите продолжија по распоред, наставниците максимално се вложија, а и учениците, и нивните родители, беа задоволни од начинот на кон функциониравме. Се изведуваа и предавања, и тимска работа, и писмени, и домашни задачи, без никаков проблем. Секако, децата чувствуваа недостаток од социјализација, си недостигаа меѓу себе, но тоа брзо до надоместија со креативно користење онлајн комуникација и разни апликации. Дури и голем дел од проектите за на училиште ги решија на таков, креативен начин. XВо X пресрет на летниот распуст, какви се вашите планови за следното полугодие? Што очекувате и како се подготвувате? Штотуку заврши конкурсот за доделување стипендии за упис во прва година и им честитам на добитниците, се радуваме што ќе имаме толку добри ученици од септември. Оваа година Американската гимназија доби голем број апликации од многу супер талентирани и паметни деца, и изборот беше навистина тежок. Во тек се подготовките за наставата од есен и плановите како таа да се изведува. Уписите се во тек, и со задоволство ги очекуваме пријавите на полуматурантите. nnn


Капитал број 1065 05.06.2020

44

www.kapital.mk

СВЕТ

КОВИД – 19 КРИЗАТА ДОЛЕА МАСЛО НА НАТАЛОЖЕНИ

СМРТТА НА ГЛОБАЛИ ДОСЕГА БЕШЕ НАЈАВУ НО, СЕГА СÈ ЧИНИ КАКО ДА


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

45

ИТЕ СВЕТСКИ ПРОБЛЕМИ

ИЗАЦИЈАТА УВАНА МНОГУ ПАТИ.

Е „СОВРШЕНИОТ МОМЕНТ“


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

46

СВЕТ

Глобализацијата значеше огромна социјална и економска трансформација. Истовремено креираше добитници, но и губитници. И постојано се поставуваше прашањето: дали ќе дојде нејзиниот крај поради ерупција на незадоволство? Повторно и повторно: по протестите на состанокот на Светската трговска организација во Сиетл во 1999 година; 11 Септември; финансиската криза од 2008 година и изборот на Доналд Трамп - секогаш имаше прогнози дека глобализацијата се наоѓа пред својот колапс. Во бекграундот провејува сеќавањето на 1930 – те и Големата депресија, кога трговијата и капиталните текови замреа и потоа не можеа да закрепнат со децении. Но, шокот предизвикан од Ковид – 19 ја издигна загриженоста за глобализацијата уште повеќе. Светската трговска организација предвидува дека трговијата може да падне за рекордни 32%. Самите локдауни веќе беа доволно разорни, но како што се продлабочува економската криза, 2020 почнува да наликува на нешто уште полошо: „перфектна бура“

Најголемиот двигател на глобализацијата во последниве децении стана „контејнеризацијата“, што значи бродскиот превоз на стоки во стандардизираните контејнери, начин којшто ги скрати значително транспортните трошоци.

Адам Туз

Професор на Универзитетот Колумбија, Њујорк

И

Изминативе 50-тина години светот се трансформираше под огромниот наплив на трговијата и инвестициите. Изворите на нашата исхрана и производството на се’ – од мобилни телефони до огромни бродови – беше револуционизирано. Американецот што има проблем со својот лаптоп се јавува по телефон за техничка поддршка некаде во Индија, а банкарските трансакции во Англија ги обезбедува некој сервер што се наоѓа на Филипини. Она што некогаш беа сигурни работни места во фабриките во Европа и Северна Америка наеднаш исчезнаа и се појавија на другата страна од светот, во Кина или Бангладеш. Извозот, којшто влегуваше со помалку од 10% во светскиот БДП во 1970 – те, сега зафаќа повеќе од 25%. Глобализацијата значеше огромна социјална и економска трансформација. Истовремено креираше добитници, но и губитници. И постојано се поставуваше прашањето: дали ќе дојде

нејзиниот крај поради ерупција на незадоволство? Повторно и повторно: по протестите на состанокот на Светската трговска организација во Сиетл во 1999 година; 11 Септември; финансиската криза од 2008 година и изборот на Доналд Трамп - секогаш имаше прогнози дека глобализацијата се наоѓа пред својот колапс. Во бекграундот провејува сеќавањето на 1930 – те и Големата депресија, кога трговијата и капиталните текови замреа и потоа не можеа да закрепнат со децении.

„Перфектна бура“ Но, шокот предизвикан од Ковид – 19 ја издигна загриженоста за глобализацијата уште повеќе. Светската трговска организација предвидува дека трговијата може да падне за рекордни 32%. Самите локдауни веќе беа доволно разорни, но како што се продлабочува економската криза, 2020 почнува да наликува на нешто уште полошо: „перфектна бура“ (терминот означува ретка комбинација на настани и околности што на крајот доведуваат до исклучително лоша ситуација. Идиомот е произлезен од истоимената книга на Себастијан Јангер од 1997 година, што раскажува за рибарски брод фатен во средиштето на спојувањето од неколку бури на отворено море, н.з.). За да се сфатиме зошто, да ги погледнеме факторите што ја


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

47


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

48

СВЕТ

Автомобилската индустрија, која ги користи најкомплексните синџири на снабдување, е среде технолошка револуција. Доаѓањето на електричните возила ќе го поедностави и стегне производството, со што ќе се загубат милиони работни места.

дефинираат меѓународната поделба на трудот. Да почнеме со политиката. Стремежот кон профит се простира и преку националните граници и линиите на политичкиот конфликт. Но, доколку ги тргнете политиката и дипломатијата настрана, мора да се согласите дека всушност не се согласувате. Ви треба некаков арбитер, глобален хегемон. Воопшто не е коинциденција што подемот на глобалната трговија и инвестициите се поклопи со она што изгледаше како одлучна американска победа во студената војна. Освен од политиката, текот на стоките и услугите е придвижуван и од технологијата. Индустриската револуција од крајот на 18 век беше концентрирана на памукот. Два и пол века подоцна синџирите на снабдување во бизнисот со текстил се’ уште се протегаат по целата планета, од полињата за памук во Австралија до фабриките за шиење во Бангладеш и шопинг моловите во американските предградија, коишто сега немаа муштерии. Паметните телефони на 21 век се произведуваат од страна на ултра – софистицираните лаборатории за развој на Западот, преку фабриките за чипови во Јужна Кореа, па сe’ до лентите за склопување на уредите во Кина и Виетнам. Најголемиот двигател на глобализацијата во последниве децении стана „контејнеризацијата“, што значи бродскиот превоз на стоки во стандардизираните контејнери,

начин којшто ги скрати значително транспортните трошоци. Настрана од политиката и технологијата, за тоа кој што произведува и каде, дефинирано е од трговските услови, коишто зависат од балансот помеѓу трошоците и цените, како и матрицата на девизните курсеви. Ненадејни промени во валутите ги менуваат трошоците, со што се нарушуваат постоечките односи на понудата и побарувачката. И конечно, дали ќе имаме апетит за купување производи или не – произведени дома или надвор – зависи од целокупната состојба на економијата, од она што економистите го нарекуваат „агрегатна побарувачка“, збирот на потрошувачката, инвестициите и јавната потрошувачка. Соберете ги сега на купче технологијата, ценовните ефекти, макроекономијата и геополитиката, па ќе стане јасно зошто оваа 2020 година се соочуваме со перфектна бура.

Трговски војни На технолошко поле, контејнеризацијата и револуцијата во аутсорсингот си ја завршија својата работа. Автомобилската индустрија, која ги користи најкомплексните синџири на снабдување, е среде технолошка револуција. Доаѓањето на електричните возила (или тоа што индустријата го нарекува „е – мобилност“) ќе го поедностави и

стегне производството, со што ќе се загубат милиони работни места. Аналитичарите велат дека прашање на време е само кога армиите на шивачки моментално вработени во фабриките за облека ќе бидат заменети со роботи. Во меѓувреме, рецесијата што ја предизвикува Ковид – 19 ги сруши потрошувачката и инвестициите. САД се најголемиот увозник на стоки, а таму потрошувачката е урнисана. Загубени се 40 милиони работни места за три месеци. Моментално силниот долар до некаде ќе оди во прилог на ублажување на овој пад во потрошувачката на Американците, затоа што го прави поатрактивен увозот во САД. Но, исто така, може да предизвика нови трговски војни. Особено погубен за Белата куќа може да биде падот на вредноста на бразилската валута, реалот. Трамп можеби го смета бразилскиот претседател Болсонаро за „сродна душа“, но нема да му се допадне огромниот раст на бразилскиот извоз кога кинеските фармери ќе се решат за најевтината варијанта за купување на храна за нивната стока. Ветувањето за поголем извоз на земјоделски производи од САД во Кина беше клучната работа на т.н. прва фаза од трговскиот договор, потпишан меѓу двете земји во јануари годинава. Барем неколку недели потоа Трамп се држеше до овој договор, нo тоа не траеше долго. Од


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI www.kapital.mk

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156

Капитал број 1065 05.06.2020

49


www.kapital.mk

Капитал број 1065 05.06.2020

50

СВЕТ

Ветувањето за поголем извоз на земјоделски производи од САД во Кина беше клучната работа на т.н. прва фаза од трговскиот договор, потпишан меѓу двете земји во јануари годинава. Барем неколку недели потоа Трамп се држеше до овој договор, нo тоа не траеше долго. Од април наваму се случи навистина спектакуларна ескалација на реториката помеѓу Вашингтон и Пекинг.

април наваму се случи навистина спектакуларна ескалација на реториката помеѓу Вашингтон и Пекинг. Националистичкото галамење на Трамп му врши работа кај неговото гласачко тело. Кина претставува добар „стап за тепање“ на Џо Бајден, којшто е познат како поддржувач на покооперативен пристап во односите меѓу двете земји. Генерално посериозна е систематската преориентација на американската стратегија кон Кина којашто почна под водство на Барак Обама, со „pivot to Asia“ стратегијата - односно префрлање на американскиот геополитички фокус од Европа и Блискиот Исток кон Далечниот исток во Азија, зацврстување на трговските и политичките врски со тој дел од светот, особено со Кина и нејзе блиските земји – и кулминираше во мај годинава со објавување на сеопфатна нова стратегија од страна на администрацијата на претседателот Трамп. Овој документ става крај на секоја понатамошна дискусија во Вашингтон за можната конвергенција на Кина со западниот модел. Наместо тоа, сите сегменти на американската влада практично се ангажираат во нешто што значи беспоштедна конкурентска војна меѓу две супер сили. И ова не е само реторички, туку оди рака под рака со следната

рунда на санкции кон кинескиот телекомуникациски гигант Huawei. Со тоа што се забранува микро – чиповите за Huawei, дури и оние дизајнирани од самата компанија, да се произведуваат со најмодерната технологија којашто фабриките за чипови во Тајван ја набавуваат од САД, администрацијата на Трамп практично и објави технолошка војна на Кина. Во меѓувреме, Велика Британија објави дека ја исклучува Huawei од учество во своите 5G мрежи за период од три години. Австралија и Кина влегоа во мини трговска војна околу житото и говедското месо. Директорката во Huawei Менг Ванжу е во куќен притвор во Канада и го чека расплетот на својот случај. Ако биде екстрадирана во САД, може да очекуваме бурата да се вжешти уште повеќе во релацијата Кина – САД.

Крај на глобализацијата каква што ја знаеме?! Се разбира, има и сили на противтежа во целата оваа констелација на односите. Бизнисите, а особено американските бизниси, остануваат целосно посветени на инвестициите во странство и трговијата. Европа пак, од друга страна секогаш е неволна кога треба да избира помеѓу САД и Кина. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека таа ќе се

залага односите со Кина да бидат еден од приоритетите за време на претседавањето на Германија со Европскиот совет, што ќе почне сега во јули. Но, настрана од она што значи чиста трговија, пошироката визија за глобализацијата како вечна константа е мртва. Институцијата што најочигледно го отелотвори таа визија за „крајот на историјата“, Светската трговска организација, беше формирана во 1995 година. Денес, СТО е на стаклени нозе. Нејзините процедури за решавање на трговските спорови меѓу земјите се парализирани преку намерните американски опструкции, а шефот на СТО, Бразилецот Роберто Азеведо, објави дека се повлекува една година пред истекот на својот мандат, што ја остава СТО без лидер во време кога светот се соочува со најголемиот шок за трговијата од 1945 година наваму. Не треба да се претерува со споредбите со 1930 – те, сепак. Сега не живееме под заканата за светска војна, а имаме добри причини да му посакаме добредојде на крајот на ерата што значи хипер – глобализација во стилот на 1990-те. Но, не смееме да се залажуваме себеси дека постои некаква очигледна алтернатива во моментов или некакво волшебно стапче што ќе ги отстрани проблемите преку ноќ.

nnn



Вашата полиса во Триглав го покрива целосно ризикот од Covid-19 • Само во Триглав, со полиса за осигурување на живот*, или пак полиса за колективно осигурување од незгода, добивате целосна осигурена сума во случај на смрт од Covid-19.

• Вашето здравствено - патничко осигурување од Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Доколку сте заинтересирани за осигурување на живот:

Доколку сте заинтересирани за колективно осигурување од незгода, или пак за здравствено - патничко осигурување:

Пишете ни на info@triglavzivot.mk

Пишете ни на info@triglav.mk

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

За повеќе детали посетете ја страната triglavzivot.mk и информирајте се за условите и oграничувањата*

За повеќе детали посетете ја страната triglav.mk Онлајн обезбедете полиса за здравствено - патничко осигурување на 5minuti.mk

www.triglav.mk www.triglavzivot.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.