1066 Kapital magazine

Page 1

СВЕТ: КОЈ Е СТАРТАПОТ ШТО БЕЗ ПРОДАДЕНО ВОЗИЛО ГО НАДМИНА ФОРД ВО ВРЕДНОСТА

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1066

Корона – кризата го забрза растот на плаќањата со кредитни картички и онлајн трговијата во Македонија

цена 100 ден. l 12 јуни 2020 петок l година 21

www.kapital.mk

COVER STORY Позитивна нула во првиот квартал, неизбежен драстичен пад во вториот ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Во очекување на преговарачката рамка со ЕУ СВЕТСКИ БЕРЗИ И покрај ризикот, само акциите во моментов даваат позитивен принос

interview

МАРКО БИСЛИМОСКИ

претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги

ВО КРИЗА МОРА ДА СЕ ВНИМАВА НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ОПЕРАТОРИ, НО И НА ТЕШКОТИИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ Менторство: јапонски модел на помош на МСП применуван и кај нас



СОДРЖИНА

Kapital... 1066 4

12

COVER STORY

Статистиката ги потврдува лошите економски прогнози Позитивна нула во првиот квартал, неизбежен драстичен пад во вториот

ИНТЕРВЈУ

Марко Бислимоски, претседател

на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги Во криза мора да се внимава на проблемите на енергетските оператори, но и на тешкотиите на потрошувачите

26

ДИГИТАЛНА ЕКОНОМИЈА

Корона – кризата го засили растот на е - трговијата и плаќањето со картички

Во март месец за 99% зголемено купувањето преку интернет кај македонските граѓани во однос на истиот месец лани

20

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Во очекување на преговарачката рамка со ЕУ

На сите (не) им е јасно дека преговорите се врвен стратешки интерес

32

44

Преглед на светските берзански случувања

Стартап за електрични возила преку ноќ го надмина Форд во берзанска вредност

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Менторство

40

Како во Јапонија се поддржуваат малите и средни претпријатија

И покрај ризикот, само акциите во моментов даваат позитивен принос

СВЕТ

Nikola, „братучедот“ на Tesla, ќе лансира камиони и пик – ап теренци на електричен и водороден погон

COVER STORY Статистиката ги потврдува лошите економски прогнози......4 Позитивна нула во првиот квартал, неизбежен драстичен пад во вториот ИНТЕРВЈУ Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги..........................................................................................12 Во криза мора да се внимава на проблемите на енергетските оператори, но и на тешкотиите на потрошувачите ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Во очекување на преговарачката рамка со ЕУ..................................20 На сите (не) им е јасно дека преговорите се врвен стратешки интерес ДИГИТАЛНА ЕКОНОМИЈА Корона – кризата го засили растот на е - трговијата и плаќањето со картички..................................................26

Во март месец за 99% зголемено купувањето преку интернет кај македонските граѓани во однос на истиот месец лани ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Менторство...........................................................................................................................32 Како во Јапонија се поддржуваат малите и средни претпријатија ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Преглед на светските берзански случувања.......................................40 И покрај ризикот, само акциите во моментов даваат позитивен принос СВЕТ Стартап за електрични возила преку ноќ го надмина Форд во берзанска вредност.....................................44 Nikola, „братучедот“ на Tesla, ќе лансира камиони и пик – ап теренци на електричен и водороден погон

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 11.6.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1066 12.06.2020

4

COVER STORY

www.kapital.mk


www.kapital.mk

СТАТИСТИКАТА ГИ ПОТВРДУВА 5 ЛОШИТЕ ЕКОНОМСКИ ПРОГНОЗИ

Капитал број 1066 12.06.2020

ПОЗИТИВНА НУЛА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ, НЕИЗБЕЖЕН ДРАСТИЧЕН ПАД ВО ВТОРИОТ


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

6

COVER STORY

За само две недели колку што важеа строгите ограничувачки мерки во март, се покажа дека предизвикале сериозни последици врз бруто домашниот производ за цел прв квартал. Државниот завод за статистика објави дека од јануари до март, БДП сосема малку пораснал споредено со истиот период лани, односно евидентиран е економски раст од само 0,2%. Меѓутоа, стагнацијата во првиот квартал несомнено ќе премине во остар пад на економската активност во вториот, кога се очекува намалување меѓу 12% и 15%, бидејќи во април и мај постојано беше на сила полициски час во цела земја. Засега статистиката ги објави првичните податоци за април коишто навестуваат драматичен негативен тренд на економската активност. Индустриското производство во четвртиот месец од годинава, се намалило за 33,5%. Целата трговска размена во април е преполовена, односно евидентиран е пад од 54,6%, со што вкупно имаме размена од 584,7 милиони евра. Извозот во овој месец е намален за дури 60,3% споредено со истиот месец лани и изнесува 211,3 милиони евра, додека пак увозот паднал за 50,9%, на 373,5 милиони евра.

Ако БДП се гледа според расходниот метод, пак, финалната јавна потрошувачка пораснала за 2,4%, а онаа на домаќинствата послабо, за 1,2%. Кај бруто инвестициите има пад од 0,5%. Во зоната на минусот отишле и извозот и увозот, односно извозот е намален повеќе, за 5,4%, додека, пак, увозот паднал за 3,2%.

пишува:

Александар Јанев

С

aleksandar.janev@kapital.mk

Статистиката почна да ги потврдува со прецизни бројки негативните економски движења во земјава од март наваму, откако властите почнаа да воведуваат рестриктивни мерки со коишто се ограничи движењето на луѓето и привремено се затворија многу бизниси, за да се забави ширењето на коронавирусот. За само две недели колку што важеа строгите ограничувачки мерки во март, се покажа дека предизвикале сериозни последици врз бруто домашниот производ за цел прв квартал. Државниот завод за статистика објави дека од јануари до март, БДП сосема малку пораснал споредено со истиот период лани, односно евидентиран е економски раст од само 0,2%. Нула ама позитивна што би се рекло.

По одделни дејности во економијата, најголем пад од 5,1% има секторот рударство и вадење на камен, преработувачката индустрија, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, отстранување на отпадни води и управување со отпад. Гледано само кај преработувачката индустрија, издвоено, минусот е 1,3%. Исто толкаво намалување од 1,3% има и кај дејностите трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна. Пад од 2,8% е регистриран кај стручните, научните и техничките дејности, заедно со административни и помошни услужни дејности, додека, пак, за 1,9% паднала економската активност во финансиските дејности и осигурувањето. Минус има и кај јавната управа и одбрана, задолжителното социјално осигурување, образованието, дејностите на здравствената и социјалната заштита, и тој изнесува 0,9%. Од секторите коишто сепак имаат позитивни резултати во првиот квартал, може да се издвои дејноста


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

7 намалување меѓу 12% и 15%, бидејќи во април и мај постојано беше на сила полициски час во цела земја.

Катастрофален април

Засега статистиката ги објави првичните податоци за април коишто навестуваат драматичен негативен тренд на економската активност. Индустриското производство во четвртиот месец од годинава, се намалило за 33,5%.

информации и комуникации, каде има раст од 10,4% и најверојатно истиот тренд ќе продолжи и понатаму бидејќи работењето од дома им овозможи на вработените да работат со планираниот интензитет без оглед на рестрикциите за движење. Дејностите во врска со недвижен имот пораснале за 6,5%, додека, пак, кај уметноста, забавата и рекреацијата, потоа другите услужни дејности и дејностите на домаќинствата како работодавачи, порастот изнесува 5,2%. Во зоната над нулата и земјоделството, и тоа за 2,8%. Градежништвото, пак, секторот кој претходните години беше главен мотор на растот, бележи плус од само 1,5%. Ако БДП се гледа според расходниот метод, пак, финалната јавна потрошувачка пораснала за 2,4%, а онаа на домаќинствата послабо, за 1,2%. Кај бруто инвестициите има пад од 0,5%. Во зоната на минусот отишле и извозот и увозот, односно извозот е намален повеќе, за 5,4%, додека, пак, увозот паднал за 3,2%. Меѓутоа, стагнацијата во првиот квартал несомнено ќе премине во остар пад на економската активност во вториот, кога се очекува

Гледано по сектори, забележан е огромен пад на производството во преработувачката индустрија од 40,5% и тоа во речиси сите сектори, како производството на прехранбени производи, на пијалаци, на тутунски производи, на текстил и на облека, производство на други неметални минерални производи, производство на метали. Индустриското производство во секторот рударство


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

8

COVER STORY

Симулацијата на Finance Think покажува дека околу 32 илјади работни места во најпогодените сектори и околу 43 илјади работни места во високо погодените сектори биле под ризик да бидат уништени. Вкупниот износ на работни места кои би биле изгубени поради кризата се проценува на 75 илјади што претставува 9,2 % од вкупните вработени во државата. Резултатите покажуваат дека без финансиска поддршка на претпријатијата за задржување на работните места, стапката на невработеност би изнесува 23,9%. и вадење на камен бележи опаѓање од 17%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,1 %. Целата трговска размена во април е преполовена, односно евидентиран е пад од 54,6%, со што вкупно имаме размена од 584,7 милиони евра. Извозот во овој месец е намален за дури 60,3% споредено со истиот месец лани и изнесува 211,3 милиони евра, додека пак увозот паднал за 50,9%, на 373,5 милиони евра. Слични бројки се очекуваат и за мај, додека пак неизвесноста продолжува и во последниот месец од вториот квартал откако коронавирусот повторно се прошири и доведе до затворање на некои фабрики, особено од текстилната индустрија. Проценките на Министерството за финансии се веќе во третиот квартал да има благо закрепнување, а раст дури во четвртото тримесечје. „Најголемиот удар го очекуваме во вториот квартал. Сега бројките не се официјално објавени, но сите неофицијално ги соопштуваат своите проекции и во која насока се движат истите. Би кажала дека предвидуваме во вториот квартал најголема контракција на економијата со износи од околу 15%. Понатаму веќе, благо

опоравување во третиот квартал и позитивен раст во четвртиот квартал“, изјави неодамна министерката за финансии, Нина Ангеловска. Од Институтот Finance Think велат дека ја задржуваат проекцијата за намалување на БДП во вториот квартал за 12,7%, додека, пак, според нив, цела година, економијата на земјава би отишла во негатива од 3,8%. „Но, двете проекции се под особено изразени негативни ризици, во целост детерминирани од времетраењето на индуцираната контракција и отежнетото движење предизвикани од Ковид-19. Особено, овие проекции се изградени врз претпоставката за значајно олабавување на рестрикциите кон крајот на мај 2020, што може да не се случи во услови на втор пик од пандемијата во истиот период“, нагласуваат од овој Институт.

Мерките го амортизираат ударот

Финансиската поддршка од 14.500 денари по работник, надополнета со субвенционирањето на придонесите во висина од 50% кај најзасегнатите сектори во транспортот и угостителството овозможила зачувување на околу 80% од работните места кои биле

БРОЈКИ

0,2%

е растот на БДП во првиот квартал годинава

33,5%

се намалило индустриското производство во април

60,3%

е помал извозот од земјава во април, споредено со истиот месец лани

високопогодени и било извесно дека ќе бидат затворени, покажуваат податоците од симулацијата направена од Finance Thinnk. Со овие мерки се зачувале околу 75 илјади работни места кои биле под висок ризик да бидат изгубени. Според овој Институт, фискалниот трошок на државата се проценува на 93,2 милиони евра за оваа мерка. Од овој износ, 5,9 милиони евра месечно,


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

9

Твој избор, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Кредитите и искористете ја промотивната понуда со пониски каматни стапки, без трошоци за одобрување до 30-ти јуни! • НЛБ Станбен кредит со рок на отплата до 35 години • НЛБ Потрошувачки кредит со 35 месеци фиксна каматна стапка

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

10

COVER STORY

односно 11,8 милиони за двата месеца отпаѓаат на најпогодените сектори во транспортот и угостителството, со покривање од околу 22 илјади работници. Дополнителни 810 илјади евра изнесува финансискиот трошок за мерката за субвенционирање на половина од придонесите во транспортот и угостителството. Симулацијата покажува дека околу 32 илјади работни места во најпогодените сектори и околу 43 илјади работни места во високо погодените сектори биле под ризик да бидат уништени. Вкупниот износ на работни места кои би биле изгубени поради кризата се проценува на 75 илјади што претставува 9,2 % од вкупните вработени во државата. Резултатите покажуваат дека без финансиска поддршка на претпријатијата за задржување на работните места, стапката на невработеност би изнесува 23,9%. А Владата одлучи оваа мерка да продолжи да важи и во јуни. Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска изјави дека мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за работодавачите заради исплата на плати се продолжува за уште еден месец. „Со продолжувањето ќе се даде поддршка на сите компании кои и во текот на месец јуни ќе се соочат со пад на приходите поголем од 30%, со цел да ги задржат работниците и платите на соодветно ниво. Согласно барањата од бизнис заедницата и направените аналзи, како и согласно можностите, Владата ја усвои Уредбата за изменување со која се предвидува продолжување на мерката и за месец јуни“, информира Ангеловска. Мерката е дел од вториот сет мерки, креирана за периодот во кој економијата и компаниите се соочија со најголемиот удар, кога беа на сила рестриктивните мерки и целосно затворање, додека сега се наоѓаме во фазата на постепено реотворање на економијата и период на заживување. „Согласно тоа очекуваме дека потребата за користење на мерката за јуни ќе биде помала, но секако кога имаме простор ја даваме можноста да ги помогнеме сите на кои ќе им биде потребна поддршката.Третиот сет на мерки креиран за фазата на заживување усвоен од Владата предвидува значајна поддршка за стопанството и директна финаннсиска поддршка за зголемување на конкурентноста и забрзување на опоравувањето во следниот период. За таа цел беше усвоена и Уредбата за финансиска поддршка за зајакнување на конкуренстноста и поттикнување на инвестициите и индустријата со која ќе биде

ставена на располагање финансиска поддршка од 20 милиони евра“, додава министерката. Властите кај нас донесоа три пакети антикризни мерки во вредност од околу 550 милиони евра за да ги ублажат негативните последици врз економијата од оваа здравствена криза и засега интересот од фирмите е голем. Последниот трет пакет антикризни мерки со кој се опфаќаат околу 325 илјади граѓани, меѓу другото вклучува платежни картички по 9.000 денари за купување домашни производи; потоа платежни картички и ваучери по 9.000 денари за домашен туризам; викенд без ДДВ за сите граѓани за купување домашни производи; паричен надомест за сите кои останале без работа во март и април; но и неколку мерки за поддршка на бизнисите како бескаматни кредити од Развојната банка во вредност од 31 милиони евра, уште 25 милиони евра од Буџетот за освојување нови пазари и поголема конкурентност, финансирање на обуки, како и повеќе мерки насочени за поддршка на земјоделството. Од Делегацијата на ЕУ во Скопје, оценија дека мерките на Владата за ублажување на последиците од кризата во економијата се издржани и очекуваат да дадат резултати. „Ние сметаме дека имаат смисла, генерално. Владините мерки се прилично слични со оние што членките на ЕУ ги преземаа, ако ја видиме големината, целиот пакет изнесува околу 5,5% од БДП што е повеќе или помалку на линија со околните земји во регионот. Кога ги гледам мерките засебно, тие се логични, имаат за цел да обезбедат ликвидност во економијата, да го зачуваат

вработувањето во приватниот сектор, и исто така да спречат банкроти на компаниите. Првите два пакети имаа за цел да обезбедат бескаматни кредити, субвенции за платите и социјалните придонеси, одложување на даноците, а сега минатата недела видовме поголема поддршка за ранливите групи односно сиромашните граѓани. Мислам дека сите имаат смисла, но важно е што континуирано се дискутираат со социјалните партнери, со синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, за да бидеме уверени дека се релевантни во целото општество“, велат од ЕУ Делегацијата во земјава.

Прогнозите за до крајот на 2020 неизвесни

Отсега не може никој прецизно да каже колкав ќе биде ефектот на пандемијата врз економијата. Меѓуународните финансиски институции прогнозираат дека македонската економиија ќе падне во рецесија а проценките се движат од пад на БДП од -3,2% според Светската банка, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ. Но, меѓународните финансиски институции претпоставуваат уште едно сценарио како реално доколку во меѓувреме не се пронајде ефикасна терапија или вакцина, а тоа е пролонгирање на пандемијата до крајот на 2020 година. Па така ММФ прогнозира дека доколку пандемијата продолжи со несмален интензитет и следните неколку месеци, глобалниот економски раст ќе се намали дополнително за 3 процентни поени, на - 6%. nnn



Капитал број 1066 12.06.2020

12

ИНТЕРВЈУ

МАРКО БИСЛИМОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ

ВО КРИЗА МОРА ДА СЕ ВНИМАВА НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ОПЕРАТОРИ, НО И НА ТЕШКОТИИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ Оваа година потрошувачката е некарактеристична, затоа што осцилира горе – долу. Голем број објекти, угостителски, хотелски, како и некои други бизниси, не работеа долго време, што значи немало потрошувачка на струја. Од друга страна пак, трошоците кај енергетските компаниите се фиксни, работеле – не работеле, плати треба да поделат, мрежата треба да се одржува, итн. Плус, ние инсистиравме на редовните сервиси, за да немаме потоа испади во мрежата и сл. Нам интенцијата ни е да не ги оштетиме ниту потрошувачите, ниту енергетските компании. Но, самите оператори мора да сфатат дека во криза неминовно е дел од товарот да го поднесат и тие, како што го поднесуваат потрошувачите. Дадовме препорака до снабдувачите со енергија да не ги исклучуваат оние со неплатени сметки во периодот на криза, и таа беше добро прифатена и од ЕВН, и од БЕГ, како и од водоводните претпријатија. Во првичниот удар на кризата, кога имаше малку и паника кај граѓаните, процентот на наплата тогаш драстично падна во споредба со истиот период од претходните години. Имаше моменти кога наплатата паѓаше и за 60%, но потоа се консолидираше ситуацијата.

разговара:

Игор Петровски

Г

igor.petrovski@kapital.mk

XГX не Бислимоски, штотуку доаѓате од онлајн состанокот со регулаторните тела за енергетика во регионов... За што зборувавте, какви заклучоци донесовте? Да, имавме редовен состанок на Бордот на регулаторни тела на земјите членки во Енергетската заедница, и ова беше прв состанок на овој борд што го претседавав јас, како новоизбран претседател на ова тело

во декември 2019. Ова беше прв состанок организиран онлајн, поради ситуацијата со пандемијата, и најголем дел од времето посветивме на дискусија околу тоа како земјите членки на ЕЗ се справуваат со пандемијата во контекст на енергетските пазари. Заклучивме дека сите земји помалку или повеќе сме ги презеле истите мерки: да нема исклучувања на домаќинствата, да се делат на рати сметките за електрична, топлинска енергија и сл., и притоа да не се пресметува камата. Потоа во зависност од тоа дали е државно или приватно претпријатие, имале делумно и построги мерки. Конкретно, во Црна Гора на индустриските капацитети не им се наплаќал фиксен надоместок којшто го има во оваа земја, како една симболична поддршка на овие

компании. Исто така, кај нив имало и одредени субвенции при плаќањето на сметки за струја од страна на болниците. Но, во принцип, она што е најбитно е дека во ниедна земја немало проблеми со снабдувањето со електрична енергија и природен гас. Сите компании во делот на снабдувањето се соочуваат со намален процент на наплата, со намалена ликвидност. Во некои земји работеле наплатните пунктови, некаде не, и главно тоа се заедничките проблеми. Констатиравме и дека сите земји треба да формираме на заеднички регионален пазар за електрична енергија и природен гас, затоа што така си помагаме меѓу себе и колку што можеме регулативите да ги усогласиме, бидејќи сме обврзани да имаме имплементирано директиви и


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

13


Капитал број 1066 12.06.2020

14

ИНТЕРВЈУ

регулативи од третиот енергетски пакет на ЕУ, значи исти правила коишто важат во Северна Македонија, важат во Црна Гора, Албанија, итн. Речиси во сите земји членки на ЕЗ важат истите правила, но ако имаме заеднички енергетски пазар на регионот, имаме поголеми шанси за странски инвестиции во енергетиката, затоа што нема да не гледаат како мали пазари од 2, 3 или 5 милиони жители, туку како еден поголем пазар. Да спомнам дека во ЕЗ членки се и Украина, Грузија и Молдавија, ние земјите од поранешна Југославија со ваков заеднички пазар стануваме поинтересни за странски инвестиции, пред сè во изградба на капацитети за електрична енергија, и најголем дел тоа ќе бидат обновливи извори на енергија. XОбјаснете X ни малку повеќе околу ова... Во ЕУ законодавството е веќе проблематичен начинот на продажба на струја произведена во термоелектрани, односно во земјите членки на ЕУ веќе се наплаќа трошок за ЦО2 емисии. Конкретно, пред да почне корона – кризава тие трошоци се наплаќаа по 24 – 26 евра за мегават час. Еве, како за споредба, цената на ЕСМ во моментов изнесува 34,5 евра за мегават час електрична енергија. Значи, се прават притисоци европскиве земји во своите законодавства што е можно повеќе да се намалува производството на струја од термоелектрани. Повеќе европски финансиски

институции во нашиов регион не финансираат никакви проекти за изградба на термоелектрани. Иако во моментов има проект за термоелектрана во Србија од 300 мегавати, и уште еден блок во Тузла, БиХ, но како поминува времето тоа ќе претставува сериозен проблем како ќе ја продаваат таа електрична енергија, затоа што кога ќе треба да плаќаат за тие ЦО2 емисии, цената нема да биде конкурентна. Добро, тоа нема да дојде веднаш, утре, во нашиот регион, туку за 7-8 години најмалку, но ќе мора да ја правиме таа транзиција и се’ повеќе да одиме на обновливи извори, но тоа да го правиме етапно. XКако X ќе оди оваа транзиција кај нас, со оглед дека во моментов 70-80% од струјата добиваме од термоелектраните? Точно, некаде околу 70% електрична енергија добиваме од термоелектрани. Ние ќе бидеме прва земја во регионов што ќе затвориме термоелектрана, „Осломеј“, каде што ќе се изгради таму нов фотоволтаик од 100 мегавати. Веќе во „Осломеј“ во рамките на кругот на термоцентралата почна да се гради 50 мегаватен фотоволтаик, а понатаму се планира изградба на фотоволтаик од 100 мегавати и да се замени термо - производството со она од фотоволтаиците. Оваа транзиција ќе оди чекор по чекор ќе, бидејќи ние реално сме многу зависни од јаглен како гориво

на термоелектраните, и постепено треба да се размислува и за нивно преадаптирање на природен гас, доколку може, и зависи колку ќе чини. Но, РЕК Битола ќе работи додека го има потенцијалот за јаглен, додека за нови ТЕЦ во земјава не може повеќе да се размислува. Прво треба голем период за да се направи анализа, физибилити студија, итн. Од каде ќе се вади јагленот, дали ќе биде површински коп, дали рудник ќе се прави... и ќе поминат десетина години. А за толку време електричната енергија добиена од јаглен ќе биде потполно неконкурентна. XА, X каква е ситуацијата со развојот на електраните што користат обновливи извори? Во моментов, има голем интерес за изградба на ветерни електрани. Сега работи една таква изградена од ЕСМ во Богданци, од 36,8 мегавати, но ние имаме издадено овластувања, решенија за повластен статус на производител за изградба на уште 120 мегавати, односно вкупно околу 160 мегавати ќе имаме инсталиран капацитет на ветроелектрани во наредниве 4-5 години. Изградбата на малите хидроелектрани си функционира, и интересно е кај фотоволтаиците на пример, за оние што се градат на државно земјиште, беше предвидено тој што ќе понуди да зема најниска субвенција од државата, тој да добие тендер. Сега, наместо државата да дава од буџет, има голем


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

15 интерес, и компаниите платија околу три милиони евра за да го добијат тендерот практично, и таму ќе се изградат околу 35 мегавати фотоволтаици, а имаше и тендер за фотоволтаици коишто се градат на сопствено земјиште. Таму ќе бидат околу 27 мегавати, значи 62 мегавати ќе имаме од фотоволтаици во наредните две години. Кај нив изградбата релативно брзо оди, се поставуваат само конструкциите и опремата на нив. XКаква X е регулативата, пак, во делот на индивидуалните корисници на фотоволтаици – физички лица и правни субјекти? Кај нас е дозволено на секоја куќа може да си поставите фотоволтаик до 4 киловати. Значи, за тоа не треба лиценца и сл. Бидејќи се поставуваат на кровови, ќе мора да се добие решение дека кровот ги исполнува условите за да се постави фотоволтаикот. Затоа што има кровови со различна статика и сл. Притоа, тие домаќинства што ќе постават фотоволтаик, имаат обврска да одат на слободен пазар на електрична енергија, тоа е пред се’ од причина за да им биде инвестицијата порентабилна. Во моментов на регулираниот пазар цената по којашто продава ЕСМ на ЕВН Хоум е 34,5 евра, а на слободниот пазар изнесува меѓу 60-70 евра за мегават час. Таа произведена електрична енергија снабдувачот е обврзан да ја купи по цена не пониска од 90% од цената по којашто му продава на домаќинството. Така што, за пократок период да има поврат на инвестицијата. И во периоди во лето на пример, кога луѓето се на одмор, снабдувачот е обврзан да ја купува оваа електрична енергија. За индустриски објекти, пак, дозволено е до 20 киловати фотоволтаик да си постават на кров. Но, она што радува е дека има голем број на фабрики што на своите кровови си поставуваат фотоволтаици, доаѓаат во РКЕ, си вадат лиценца и потоа ја продаваат струјата на снабдувачи. Сега и цената на опремата за фотоволтаици се намалува на светскиот пазар, поевтинува инвестицијата, а и пазарните цени им одговараат, па им ја продаваат струјата на снабдувачот, па меѓу себе си се пребиваат на крајот. Поточно, тој што поставил фотоволтаик си ја доплаќа само разликата, тоа што си го произвел сам за себе не му е предмет на наплата од страна на снабдувачот. XОткако X дадовте препораки до енергетските компании да не ги исклучуваат граѓаните со неплатени сметки среде корона – кризата, каков е ефектот? Се жалат ли операторите за загрозена ликвидност и сл.? Ние дадовме препорака до снабдувачите со енергија, и таа беше добро прифатена и од ЕВН, и од БЕГ, како и од водоводните претпријатија.

Граѓаните можат самите да ги достават состојбите на броилата до ЕВН, за да се коригираат сметките Проблем настана поради тоа што Електродистрибуција, фирма ќерка на ЕВН, во март и во поголем дел од април не ги читаше броилата поради превенција од заразата, и поради тоа настана одреден револт кај дел од потрошувачите, бидејќи кога се изврши читањето, се направија порамнувања. Кај оние што потрошиле помалку, а платиле повеќе со сметката, сега добија пониски сметки за струја, имаше и такви што добија повисоки сметки. Ние со подзаконски акт наречен „Правила за снабдување со електрична енергија“ даваме можност секој потрошувач да може да си ја прочита состојбата на броилото, да му ја испрати на ЕВН, можеше и по телефон, по веб апликација, можеше и по Вибер и сл., и тоа во најголем дел функционира. Знаете, кај нас е створена навика секој месец да се чита броилото, инаку европското искуство е дека има обично по едно читање во текот на годината. Ќе треба и ние пополека во следниве години да ја даваме таа можност на операторот на електро - дистрибутивниот систем, бидејќи реално така ќе си ги намали трошоците.


Капитал број 1066 12.06.2020

16

ИНТЕРВЈУ

Во првичниот удар на кризата, кога имаше малку и паника кај граѓаните, процентот на наплата тогаш драстично падна во споредба со истиот период од претходните години. Имаше моменти кога наплатата паѓаше и за 60%, но потоа се консолидираше ситуацијата. Пензионерите, на пример, се редовни плаќачи, и само што ги добија априлските пензии, си ги подмирија сметките за струја, вода, парно, па се подобри значително и ликвидноста на снабдувачите. Инаку, имаше и потрошувачи коишто имаа неплатени сметки за струја и по 6 и повеќе месеци, па во првиот период ние не дозволувавме и тие да бидат исклучувани, но како се олабавуваше тензијата ЕВН почна да ги исклучува, затоа што сметките сепак ќе треба да се плаќаат, нели. И ние тогаш кажавме дека за мартовска, априлска и мајска сметка да може да се платат одложено на рати, без камата. Инаку, проблемот со ликвидноста е намален, но ќе трае и во јуни, јули и август. Сепак, снабдувачите, особено ЕВН Хоум, си имаат гарантирана маржа, која што и според регулативата, и по одреден период ќе немаат проблем да си ги наплатат своите побарувања кај потрошувачите. XШто X станува со високите сметки за струја што ги добија голем број граѓани? Дадени беа препораки да не се читаат броилата од екипите на ЕВН со цел да не се зголемува ризикот од ширење на вирусот, но потоа стигнаа повисоки сметки. Проблем настана поради тоа што Електродистрибуција, фирма ќерка на ЕВН, во март и во поголем дел од април не ги читаше броилата, и поради тоа настана одреден револт кај дел од потрошувачите, бидејќи кога се изврши читањето, се направија порамнувања. Кај оние што потрошиле помалку, а платиле повеќе со сметката, сега добија пониски сметки за струја, имаше и такви што добија повисоки сметки. Ние со подзаконски акт наречен „Правила за снабдување со електрична енергија“ даваме можност секој потрошувач да може да си ја прочита состојбата на броилото, да му ја испрати на ЕВН, можеше и по телефон, по веб апликација, можеше и по Вибер и сл., и тоа во најголем дел функционира. Знаете, кај нас е створена навика секој месец да се чита броилото, инаку европското искуство е дека има обично по едно читање во текот на годината. Ќе треба и ние пополека во следниве години да ја даваме таа можност на операторот на електро дистрибутивниот систем, бидејќи реално така ќе си ги намали трошоците. Со оглед дека има преку 700 илјади броила приклучени во мрежа, не е возможно за кратко време да се прочитаат сите. Но, како и да е, со ЕВН сме во комуникација, и тие прават пилот проект

за поставување броила со можност за далечинско читање. Да видиме какви ќе бидат резултатите, и верувам дека во следниот период вакви броила ќе се постават кај сите домаќинства и ќе се елиминира овој проблем. XДобивте X ли многу поплаки од граѓаните поради високите сметки? И колку реално тие ја користат опцијата сами да си испратат состојба на броилото до ЕВН? Кај нас во РКЕ имаме околу 400-500 поплаки и ги упатуваме да го направат сами читањето, а конкретен податок имаат во ЕВН, мислам дека е околу 2-3.000 домаќинства коишто самите пратиле состојба на броилото. Не треба да создаваме непотребен револт кај граѓаните, коишто велат дека вака се авансира ЕВН. И кога ЕВН ќе оди да ја прочита реалната потрошувачка, еден ден мора фактурата да се порамни. Јас сметам дека ЕВН можеби требаше малку да олабави со начинот на којшто ги достави фактурите, можеше малку повеќе да го развлече периодот, за да му дојде реална сметка на потрошувачот. Треба да земеме предвид и дека голем број граѓани беа дома, работеа од дома, децата не беа на училиште и во градинките и сл., и нормално дека потрошувачката на струја ќе биде поголема тој период од вообичаено. Едноставно, и ние упативме една критика до ЕВН, во смисла дека кога е криза, таа е и за потрошувачите, и тој товар што го имаат потрошувачите мора дел да преземе и снабдувачот. Треба да се има малку повеќе разбирање во овој дел. XНајавивте X и иницијатива за одредување на финалната цена на водата, наместо досегашното право на советите на општините. Што ќе донесе оваа промена? Со новиот Закон за утврдување на цени на водните услуги и измените во Законот за енергетика на РКЕ и беше определена уште една надлежност и тоа во доменот на регулирање на цените на водните услуги, односно утврдување на тарифите за снабдувањето со сурова вода и вода за пиење, собирање и одведување на урбани отпадни води и пречистување на отпадни води. Досега, овие тарифи односно цени се утврдувале од страна на јавните комунални претпријатија и градоначалниците, а се одобрувале од страна на советите на општините. Искуството покажало дека овој процес не секогаш бил ефикасен, односно многу често се случувало предлогот за висината на цените да не биде одобрен во потребниот временски рок, а воедно праксата покажала дека постојните тарифи не ги покриваат трошоците на давателите на услугите за води, особено оние трошоци поврзани со собирањето и третманот на отпадните води и не

се применува начелото „загадувачот плаќа“. Оттука, главната цел на оваа реформа е да се воспостави ефикасен систем на определување на цените на водните услуги и РКЕ, како прво регулаторно тело со најголемо искуство во земјава, ќе го предводи тој процес. За да се добие квалитетна услуга, неопходно е да се формираат цени кои ќе ги одразуваат оправданите трошоци на работењето на јавните комунални претпријатија, со цел да се овозможи квалитетно и одржливо користење на водната инфраструктура, но истовремено особено е важно да се има во предвид водните услуги да бидат финансиски достапни до населението и во таа насока РКЕ ќе работи со цел во разумно време да се добијат квалитетни услуги обезбедени со најниски можни трошоци. Јавните комунални претпријатија како даватели на водни услуги претставуваат природни монополи и РКЕ, како независна институција согласно Законот за енергетика, ќе биде коректив на нивното делување. Регулирањето на цените на водните услуги ќе им помогне на давателите на водните услуги подобро да ги планираат своите трошоци, да ја зголемат својата ефикасност и со соодветно насочување на инвестициите да се подобри квалитетот на нивните услуги. Сето ова ќе биде од корист за сите, јавните комунални претпријатија, населението и останатите корисници и секако ќе придонесе за поголема заштитата на животната средина. XЗа X колкави отприлика поскапувања на водата ќе дојде доколку се направат овие промени? Минималната цена ги покрива оперативните трошоци и амортизацијата, но не дава услови за инвестиции во подобрување на инфраструктурата, квалитетот на водата и сл. Во име на интерес за граѓаните, тие се соочуваат потоа со проблеми во работењето. Ние кога зборуваме за зголемување на цена, зборуваме за зголемување за максимум 40-50 денари на сметката за вода. За 50 денари никој не може да ме убеди дека едно домаќинство ќе биде пооптоварено. А тие пари за комуналното претпријатие ќе значат многу. Ние ја согледавме оваа ситуација, и да стивне кризата, ќе дадеме конкретен предлог. Како што определуваме за струја, парно и гас крајни цени, задолжителни за претпријатијата снабдувачи, истото да го направиме и за водата. Да нема веќе минимална и максимална цена, туку тоа што ќе го каже РКЕ да биде обврзувачко за комуналните претпријатија. Кога определуваме цени во делот на енергетиката, нашите методологии му даваат на претпријатието рамка до каде може да му бидат трошоците. И тоа


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

17

30 или 50 денари плус во месечната сметка за вода нема да ги осиромаши граѓаните, а ќе донесе поквалитетно водоснабдување Минималната цена на водата ги покрива оперативните трошоци и амортизацијата, но не дава услови за инвестиции во подобрување на инфраструктурата, квалитетот на водата и сл. Бранејќи го божем интересот на граѓаните, водоводните претпријатија се соочуваат потоа со проблеми во работењето. Колку за илустрација: минатата година РКЕ донесе одлука за минимална и максимална цена, и Советот на општина Ресен не ја потврди цената. Во меѓувреме во Асамати, Преспа, прегоре една пумпа за обезбедување вода за пиење, и поправката чини 10.000 евра. Јавното комунално претпријатие немаше пари, 10 дена поминаа, среде туристичка сезона Асамати немаше вода. А во општина Ресен, требаше 30-40 денари да им се зголеми сметката за вода месечно. Колку добиле, а колку загубиле со овој пристап? Претходно имало концепт да се покачи минимално цената на водата и да се обезбеди сигурност во водоснабдувањето. Ама кога ќе се политизира проблемот што нема врска со политика, туку е круцијален за секојдневно функционирање на граѓаните...

ни успева во енергетиката, компаниите се научија да се „лепат“ до тоа што е максимална цена и нешто заштедуваат. Таа разлика што ќе остане ние им ја оставаме на компаниите. Кога ќе дојде наредниот период за определување цени, го имаме предвид тоа дека ги намалиле трошоците и новиот репер го намалуваме. И притоа ги тераме да ги обезбедуваат услугите со соодветен капацитет како што е пропишано. Ние сакаме да извршиме своевиден притисок врз комуналните претпријатија

за вода да си ги намалуваат трошоците. Таму имаме превработеност, итн., има простор за намалување на трошоците. Во крајна линија, вода да снема некаде. Тоа наводно што заштедиле со ова незголемување на цената за 50 денари, ќе ги даде за две шишиња вода што мора да ги купи. А поентата е сите да добијат далеку поквалитетна услуга отколку што е сега. И притоа да не биде оптоварување за буџетот на домаќинствата. За илустрација само... Минатата година

РКЕ донесе одлука за минимална и максимална цена, и Советот на општина Ресен не ја потврди цената. Во меѓувреме во Асамати, Преспа, прегоре една пумпа за обезбедување вода за пиење, и поправката чини 10.000 евра. Јавното комунално претпријатие немаше пари, 10 дена поминаа, среде туристичка сезона Асамати немаше вода. А во Ресенско, требаше 30 денари да им се зголеми сметката за вода месечно. Колку добиле, а колку загубиле со овој


Капитал број 1066 12.06.2020

18

ИНТЕРВЈУ

Недозволиво е цевки за парно да поминуваат на 100 – 200 метри од зграда што се гради, а инвеститорот да планира греење со струја! Имаме голем број случаи во Скопје, на пример, каде што кога се градат нови згради системот за топлинска енергија поминува на 100 – 200 метри од зградата, а инвеститорите не сакаат да се приклучат на централното парно, бидејќи ќе имале зголемени трошоци. А ако не се приклучи на парно, треба да им обезбеди греење на струја. И кога се приклучува на струја не се зема предвид моќноста што треба да ја има просечно домаќинство, туку помала. А, всушност моќноста се зголемува, затоа што луѓето ќе се греат на струја, а не на парно. И после настануваат проблеми, затоа што не е кажана вистинската потреба за моќност, па пукаат осигурувачите, а инвеститорот не се интересира потоа за тие проблеми. И поради тоа, прво поднесовме иницијатива до Министерство за транспорт и врски, да им одредба дека кога се дава одобрение за градење, во него да се наведе на што ќе се греат тие домаќинства – на струја, парно, гас...

пристап? Претходно имало концепт да се покачи минимално цената на водата и да се обезбеди сигурност во водоснабдувањето. Ама кога ќе се политизира проблемот што нема врска со политика, туку е круцијален за секојдневно функционирање на граѓаните... Тврдам дека во Асамати загубиле многу повеќе пари од тие 30 денари на месечно ниво. XНајавивте X и промени во делот на користењето на топлинската енергија, поевтинување на приклучокот... За што точно се работи? Имаме голем број случаи во Скопје, на пример, каде што кога се градат нови згради системот за топлинска енергија поминува на 100 – 200 метри од зградата, а инвеститорите не сакаат да се приклучат на централното парно, бидејќи ќе имале зголемени трошоци. А ако не се приклучи на парно, треба да им обезбеди греење на струја. И кога се приклучува на струја не ја зема предвид моќноста што треба да ја има просечно домаќинство, туку помала. А, всушност моќноста се зголемува, затоа што луѓето ќе се греат на струја, а не на парно. И после настануваат проблеми, затоа што не е кажана вистинската потреба за моќност, па пукаат осигурувачите, а инвеститорот не се интересира потоа за тие проблеми. И поради тоа, прво поднесовме иницијатива до Министерство за транспорт и врски, да им одредба дека кога се дава одобрение за градење, во него да се наведе на што ќе се греат тие домаќинства – на струја, парно, гас... Општините треба да се мапираат, и да се каже, овој дел од Скопје греењето ќе биде на парно. И да нема повеќе, оваа зграда сакала, оваа не сакала приклучок на парно. Сега треба време, таа постапка ќе трае малку во Министерството, но за да привлечеме нови потрошувачи на парно и инвеститорите да ги одоброволиме, цената на приклучокот по единечен киловат ја намаливме од 3.180 на 2.000 денари, за да ги стимулираме што е можно повеќе да се приклучуваат на организираниот систем за парно греење. Исто така, кога се донесе новиот Закон за енергетика, во јуни 2018, секој инвеститор е обврзан да постави калориметри во новите згради што се градат. Ова е уште поголема придобивка, затоа што се жалат граѓаните, особено за парно, дека нема мерење во секој стан поодделно, и тој проблем е решен за новите згради. Бараме начин каде што има техничка можност, кај што има хоризонтална инфраструктура, таму има можност да се постави калориметар за секој стан, и сега бараме начин како да се подмират трошоците за тоа. Затоа што ако ги купи БЕГ тие калориметри, ќе има


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

19 промена на цената, па ќе бараме начин тоа да не падне врз грбот на граѓаните. XКакви X се ефектите од поевтинувањето на приклучокот за електрична енергија? Што ви беше целта со таа мерка? Во октомври лани го намаливме приклучокот за електрична енергија, за приклучување на дистрибутивната мрежа, од 500 евра, стандардниот приклучок го намаливме на 370 евра. Тоа го направивме за да може пред сè да се релаксира малку ситуацијата, бидејќи имавме голем број на жалби во овој дел. Кај струјата имаме стандарден и нестандарден приклучок. За стандардниот се плаќа пропишаната сума, но кај што нема детални урбанистички планови, за коишто ЕВН не е воопшто виновен, туку главен збор имаат општините, се наплаќа нестандарден приклучок, по реален трошок, којшто во просек изнесуваше околу 2.000 евра по куќа. Значи, го проширивме и опсегот на домаќинства коишто ќе имаат право на стандарден приклучок, пред се’ да им олесниме на граѓаните, затоа што ни тие не се виновни за тоа што

општината не донела ДУП. Најголем дел од жалбите беа од општини од Западна Македонија, каде што општините немаат донесено ДУП. Сега имаме порелаксирана ситуација. Дополнително, го намаливме и трошокот кога некој ќе биде исклучен од мрежата, за повторно вклучување. Претходно се плаќаше по 1.700 денари, а сега е 400 денари. Сакавме да дадеме сигнал потрошувачите да се сконцентрираат на плаќање на сметките, а не на овој дополнителен трошок. Исто и трошокот за одвојување на мерно место, претходно беше 500 евра, сега е 200 евра. XСе X шпекулира во јавноста дека ќе има покачување на цената на струјата, дека сте добиле такво барање од операторите и сл. Колку е ова точно? Видете, операторите секогаш инсистираат на покачени цени, јас сум повеќе од 15 години во РКЕ, и кога се поднесуваат барања за цените, никогаш не е побарано помала цена. Инаку, вообичаено е секоја година кон крајот на мај - почетокот на јуни, сите оператори во енергетскиот сектор

доставуваат барања за корекција на цените. Оваа година потрошувачката е некарактеристична, затоа што осцилира горе – долу. Голем број објекти, угостителски, хотелски, како и некои други бизниси, не работеа долго време, што значи немало потрошувачка на струја. Од друга страна пак, трошоците кај енергетските компаниите се фиксни, работеле – не работеле, плати треба да поделат, мрежата треба да се одржува, итн. Плус, ние инсистиравме на редовните сервиси, за да немаме потоа испади во мрежата и сл. Ги добивме барањата за цени, сега ги анализираме. Не сме баш задоволни од доставените податоци, особено во делот на потрошувачката. Ако таа е повисока, ќе треба повеќе струја да се набави и наредниве десетина дена ќе бидеме во интензивна комуникација со операторите со цел да ни достават релевантни податоци. Нам интенцијата ни е да не ги оштетиме ниту потрошувачите, ниту енергетските компании. Така да, доколку добиеме квалитетни податоци ќе донесеме одлука за цените. nnn


Капитал број 1066 12.06.2020

20

www.kapital.mk

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПРЕГО

НА СИТЕ (НЕ) ДЕКА ПРЕГОВО СТРАТЕШКИ


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

21

ОВАРАЧКАТА РАМКА СО ЕУ

) ИМ Е ЈАСНО ОРИТЕ СЕ ВРВЕН КИ ИНТЕРЕС


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

22

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Европската комисија ги финализира условите под коишто земјава ќе може да стане полноправна членка. Деновиве се очекува да биде готова првата драфт верзија на најважниот документ којшто претставува патоказ низ преговорите за членство во ЕУ, таканаречената преговарачка рамка, со која Европската Комисија го дефинира текот, опсегот и структурата, клучните услови кои мора да се прифатат и процедурите преку кои ќе се одвиваат преговорите до нивното завршување. Капитал анализира што точно значи овој документ и дали македонското општество (а пред сè политичките елити) има капацитет да ја разбере важноста и комплексноста на процесот што е пред нас? пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

Е

Европската комисија ги финализира условите под коишто земјава ќе може да стане полноправна членка. Деновиве се очекува да биде готова првата драфт верзија на најважниот документ којшто претставува патоказ низ преговорите за членство во ЕУ, таканаречената преговарачка рамка. Со преговарачката рамка, Европската Комисија го дефинира текот, опсегот и структурата, клучните услови кои мора да се прифатат и процедурите преку кои ќе се одвиваат преговорите до нивното завршување. Македонија нема можност за директно интервенирање во текстот на преговарачката рамка, но според искуствата на Црна Гора и Србија пред нас, може земјата да биде консултирана на одреден начин. Во очекување на првата драфт верзија, засега не се знае што точно ќе содржи оваа преговарачка рамка, односно кои ќе бидат условите што ќе се бараат од нас за прием во европското семејство, но веројатно е да се најдат дел од спорните ставови на Бугарија. Секоја земја членка впрочем може да достави свои услови за преговарачката рамка, што се разбира не значи оти ќе бидат и прифатени затоа што треба да ги изгласаат сите земји членки. Во овој дел, ќе треба да се допрецизираат и не докрај разјаснетите елементи околу имплементацијата на Преспанскиот договор кој треба да тече паралелно со процесот на преговорите. Усогласувањето меѓу земјите членки околу условите во преговарачката рамка, според досегашното искуство на Србија и Црна Гора, се очекува да трае неколку месеци. Тоа значи дека финалната преговарачка рамка ќе се усвои во втората половина од оваа година, за време на германското претседавање со ЕУ.

А околностите во кои ќе се утврдува текстот за македонската преговарачка рамка се комплексни, бидејќи на Германија и претстои огромна работа на повеќе полиња истовремено, од менаџирање на единството на ЕУ во услови на корона кризата и справување со длабока рецесија како последица на пандемијата, па до конечно завршување на преговорите со земјите - членки за новиот седум годишен буџет до 2027 година. Оваа преговарачка рамка за нас се прави и врз основа на новата методологија за преговарање, па така се очекува сериозна дискусија во телата на ЕУ. Откако ќе се усвои преговарачката рамка, следен чекор треба да биде првата меѓувладина конференција која се смета за формален почеток на преговорите. Очекувањата се таа да се одржи исто така за време на германското претседавање со Советот на ЕУ до крајот на оваа година. Од тој момент натаму, ќе продолжи аналитичкиот преглед на европското законодавство, односно втората фаза од скринингот или билатералните скрининзи, според новата ревидирана методологија за зајакнати пристапни преговори. Билатералните скрининзи сега ќе се одвиваат низ 6 кластери во кои се групирани сегашните 35 поглавја. Се почнува со кластерот Фундаменти каде што се отвораат некои од најкомплексните поглавја како што се 23 и 24, следен од останатите пет кластери и тоа, Внатрешен пазар, Конкурентност и инклузивен раст, Зелена агенда и поврзаност, Земјоделство и ресурси и Надворешни односи. Преговорите траат се до моментот на постигнување на целосна согласност помеѓу двете страни за целокупниот текст на Пристапниот договор и завршуваат со негово потпишување.

Патоказ кон Брисел

Со одложувањето на објавувањето на предлог - преговарачката рамка на Европската унија практички не може точно да се предвиди кога може да се очекуваат првичните ставови на членките на Европската Унија во однос на оваа рамка, иако вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи најави дека тоа може да се случи за време на хрватското

и да продолжи со германското претседателство. Раководителот на Центарот за евроинтеграции, Зоран Нечев смета дека сепак станува збор за начелен драфт на предлог- преговарачката рамка, но, допрва почнува процедурата на усогласување помеѓу земјите - членки на Европската унија во однос на неа, која според негова проценка би траела три месеци, а можеби и повеќе. „Јас би рекол малку избрзано бидејќи комисијата може да го даде првичниот начелен драфт на нацртот на преговарачката рамка која понатаму преку телата на Советот на ЕУ оди на преговарање, усогласување меѓу земјите членки. Така што оттука би рекол дека она што можеме да го знаеме и претпоставиме врз база на онаа преговарачка рамка која веќе ја имаат Србија и Црна Гора е дека основните принципи по кој што ќе се преговара ќе останат неизменети, но целата процедура, условите по кои ќе се преговара ќе бидат променети со цел да ја отсликаат новата состојба во пристапните преговори.“ вели тој. Во преговарачката рамка треба да се утврдат условите под кои државата ќе преговара со Унијата. Според Нечев, се што постои во новата ревидирана методологија за зајакнати пристапни преговори, ќе се отслика во преговарачката рамка. Откако ќе се утврди преговарачката рамка, се свикува првата меѓувладина конференција и понатаму почнува процесот на билатерални скрининзи. Тука ќе се утврдуваат недостатоците односно нивото на усогласеност на националното законодавство со она на ЕУ. За секое од тие поглавја ќе се утврди кои се тие недостатоци и што треба земјата да прави во натамошниот период. Така што повеќе преговарачката рамка се однесува на условите под кои се преговара, а за специфичните реформи според одредените поглавја или кластери, ќе се утврдуваат според билатералните скрининзи. „Сите оние работи кои произлегуваат од билатералните договори со Бугарија и со Грција мора да го најдат своето место во преговарачката


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

23


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

24

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

ЗОРАН НЕЧЕВ

Институт за демократија

Ние директно не можеме да интервенираме. но преку нашите пријатели во ЕУ кои се земји членки можеме да лобираме за одредени решенија. Веќе сега прво треба да имаме чисти позиции и да лобираме кај другите земји членки. Преговарачкиот тим кој што постои во моментов мора да претрпи измени со цел да ја отслика ситуацијата односно поставеноста на самата преговори согласно кластерите во новата ревидирана методологија.

рамка на еден или друг начин. Новитети во процесот на преговарање ќе има“, смета Нечев „бидејќи со Албанија сме првите кандидати за членство во ЕУ кои ќе преговараат врз база на новата методологија.“

Тест и за земјите кандидати, тест и за Европската комисија

„Ќе биде еден начин на тестирање не само на нашите земји туку и на Европската комисија, бидејќи за првпат и тие ќе треба да направат преговарачка рамка која ќе биде дадена на земја кандидатка врз база на новата методологија. Се разбира одредени елементи од веќе постоечките преговарачки рамки ќе влезат и во нашата. Што се однесува до билатералните договори или билатералните прашања она што можеме да повлечеме паралела е со преговарачката рамка на Србија каде што во делот за односите со Косово влегоа во поглавјето 35. Значи некакви очекувања дека истото ќе се случи со нашата преговарачка рамка постојат. Но за деталите мора да почекаме и да видиме како ќе се ефектуираат во неа.“ објаснува Нечев. Одлуките кои се однесуваат на Македонија зависат од Европската унија и земјите - членки, но и од нас самите. Според Нечев,

МАЛИНКА РИСТЕВСКА - ЈОРДАНОВА ЕПИ

Сега е клучно да разбереме дека нештата ќе зависат од нас. Процесот е долг, ќе треба многу работа. Да засукаме ракави и да почнеме да исполнуваме. Јас верувам дека имаме капацитет и дека можеме да ги износиме преговорите. Ова е наш врвен национален интерес и на процесот треба така и да му се пристапи.

преговарачкиот тим и во оваа фаза треба силно да се подготвува за почеток на преговорите но и истиот да претрпи измени. „Во овој момент веќе ние треба да знаеме кои се нашите позиции и како ќе ги браниме нашите позиции виза ви оние позиции кои ќе ги имаат Бугарија и Грција, што сакаат да ги вметнат во самата преговарачка рамка. Ние директно не можеме да интервенираме но преку нашите пријатели во ЕУ кои се земји членки можеме да лобираме за одредени решенија. Веќе сега прво треба да имаме чисти позиции и да лобираме кај другите земји членки. Преговарачкиот тим кој што постои во моментов мора да претрпи измени со цел да ја отслика ситуацијата односно поставеноста на самата преговори согласно кластерите во новата ревидирана методологија.“ вели тој. Нечев смета дека се додека не се усогласат земјите - членки ние ќе немаме финална методологија по која ќе преговараме, а според искуството со преговарачките рамките на Србија и Црна Гора тоа може да трае три и повеќе месеци.

Процесот е долг, нè чека многу работа

Вицепремиерот Бујар Османи, при најавата за преговарачката рамка повика на национален консензус за ова прашање:

БУЈАР ОСМАНИ

вицепремиер за европски интеграции

Како главен преговарач со ЕУ, сметам дека постојат прашања за кои ние како општество мора да иницираме дебата и да се договориме за да ја дочекаме подготвени првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите. Тука не сметам на административно техничката и експертската подготовка. Денеска сакам да порачам дека ни е потребна политичка подготовка. Изградба на општествено политички консензус за приоритет на европските интеграции како наднационален, надпартиски, стратешки интерес на државата и сите граѓани.

„Како главен преговарач со ЕУ, сметам дека постојат прашања за кои ние како општество мора да иницираме дебата и да се договориме за да ја дочекаме подготвени првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите. Тука не сметам на административно техничката и експертската подготовка. Денеска сакам да порачам дека ни е потребна политичка подготовка. Изградба на општествено политички консензус за приоритет на европските интеграции како наднационален, надпартиски, стратешки интерес на државата и сите граѓани“, порача тој. Со сличен став е и Малинка Ристова Јорданова, од Институтот за европски политики, ЕПИ: „Сега е клучно да разбереме дека нештата ќе зависат од нас. Процесот е долг, ќе треба многу работа. Да засукаме ракави и да почнеме да исполнуваме. Јас верувам дека имаме капацитет и дека можеме да ги износиме преговорите. Ова е наш врвен национален интерес и на процесот треба така и да му се пристапи“ Темпото на преговорите со Европската унија треба да го одреди претставувањето на реалната ситуација во државата во однос на реформите преземени од секое од поглавјата, кои ќе се преговараат.

nnn



Капитал број 1066 12.06.2020

26

www.kapital.mk

ДИГИТАЛНА ЕКОНОМИЈА

КОРОНА – КРИЗАТА ГО ЗАСИЛИ РАСТОТ НА Е

ВО МАРТ МЕСЕЦ ЗА 99% ЗГ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ КАЈ МА ВО ОДНОС НА ИСТ


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

27

Е - ТРГОВИЈАТА И ПЛАЌАЊЕТО СО КАРТИЧКИ

ГОЛЕМЕНО КУПУВАЊЕТО АКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ТИОТ МЕСЕЦ ЛАНИ


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

28

ДИГИТАЛНА ЕКОНОМИЈА

За извршување плаќања, значително повеќе во споредба со претходно граѓаните ги користеле мобилните телефони. Бројот на плаќања извршени со мобилен телефон во март пораснал за 45,5% на годишна основа, при поумерен месечен раст од 7,4%. Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин е релативно блиску со годишниот раст остварен во првиот квартал од минатата година, од 45,9%.

Во однос на користењето на платежните картички на местата на продажба на интернет, во првиот квартал од оваа година забележан е висок годишен раст кај бројот на трансакциите со 62,3%, кој е движен пред сè од физичките лица. Граѓаните поинтензивно ги користеле платежните картички за купување преку интернет во март, достигнувајќи многу висок годишен раст од 99%, при регистриран годишен пад кај бројот на трансакциите на правните лица за 2,5%.

пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

Плаќањата на физичките и правните лица во земјата со посредство на банките, преку користење на кредитните трансфери и платежните картички, во првиот квартал од оваа година забележаа годишен раст од 15,2% на бројот и 5,8% на вредноста на остварените трансакции. Кај плаќањата остварени со кредитни трансфери годишниот раст на бројот на трансакции изнесува 4,4%, а кај вредноста 5,6%. Во однос на плаќањата со платежни картички во трговијата, забележан е висок годишен раст кај бројот и вредноста на остварените трансакции од 27% и 26,2%, соодветно. Во март, кога започна здравствената криза во нашата земја, забележан е годишен раст на вредноста на

трансакциите со кредитни трансфери од 4,9%, извршени со зголемен број на трансакции кај физичките лица за 1,3% и благ пад кај правните лица од 0,7. Кај плаќањата со платежни картички е остварен висок годишен раст на вредноста и бројот на трансакциите од 27,6% и 31%, соодветно, движен од физичките лица.

Зголемено користењето на електронското банкарство

По отпочнување на корона-кризата, физичките лица сè повеќе ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронски кредитни трансфери иницирани од страна на граѓаните во март се зголемил за значителни 30,3% на годишна основа, односно за 21,4% на месечна основа. За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле компјутерите. Поконкретно, кај плаќањата извршени преку компјутер, во март се забележува висок годишен раст од 26,4% односно месечен раст од 27,2%, кој е двојно повисок од годишниот раст во првиот квартал од оваа година кој изнесуваше 13,8%. Исто така, за извршување плаќања, значително повеќе во споредба со


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

29 62,3% е годишниот раст на бројот на

трансакции со платежни картички преку интернет, во првиот квартал 2020

99% е годишниот раст на бројот на

трансакции со платежни картички преку интернет кај граѓаните, во март 2020

2,5% е падот на бројот на трансакции со

платежни картички преку интернет кај компаниите, во март 2020

27% е порастот на бројот на трансакции

со платежни картички во трговијата во првиот квартал

26,2% е порастот на вредноста на

Пандемијата го зголеми купувањето онлајн од домашни трговци, голем пад кај нарачките од странство

26,4% е годишниот раст на плаќањата

Ако минатата година во март месец, купувањето онлајн со македонски картички од домашни трговци било во сооднос 320,7 милиони денари наспроти 353,6 милиони денари со купувањето онлајн со македонски картички од странски трговци, овој сооднос е 618,5 милиони денари спрема 248,2 милиони денари оваа година.

трансакциите со платежни картички во трговијата во првиот квартал

извршени преку компјутер во март 2020

27,2% е месечниот раст на плаќањата

извршени преку компјутер во март 2020

45,5% е годишниот раст на бројот на

плаќања извршени со мобилен телефон во март 2020

7,4% е месечниот раст на бројот на

плаќања извршени со мобилен телефон во март 2020

22,3% е годишниот раст на плаќањата

со платежни картички на физички места на продажба во првиот квартал 2020

11,4% е годишниот раст на бројот на

трансакциите на физички лица со платежни картички на физички места на продажба, во март 2020

К

орона – кризата го ограничи движењето на луѓето, па карантините, самоизолацијата и сл., го зголемија користењето на придобивките од е – трговијата, што се гледа и од платежните статистики на Народната банка. Порастот на вредноста на трансакциите направени онлајн во март месец, кога почнаа мерките за заштита од коронавирусот во земјава, изнесува речиси 100% кај категоријата физички лица, односно 618,5 милиони денари, во споредба со 320,7 милиони денари истиот месец лани. Во споредба пак со претходниот месец, февруари, порастот на вредноста на овие трансакции е 8%. На квартално ниво, порастот на вредноста е 68%, или 1,66 милијарди денари во споредба со 989,8 милиони денари лани. Овие бројки се однесуваат на купувањето онлајн од домашни онлајн трговци со платежни картички издадени од домашни банки. Кај купувањето, пак, онлајн од странските трговци, поради затворањето на границите во Европа и низ светот и ограничувањето на транспортот на стоки поради корона – кризата во март месец се забележува пад на овие трансакции, односно вредноста изнесува 248,2 милиони денари, што е за 30% помалку од истиот месец лани. Во однос на февруари месец овие трансакции се за 11,2% помали, додека гледано квартално, онлајн трговијата кон странски трговци од Македонија изнесува 845 милиони денари, што е за 16% помалку во однос на првиот квартал во 2019. Колку за илустрација, ќе наведеме само дека во првиот квартал лани, македонските граѓани купиле производи од странство преку интернет во вредност поголема за 9,4% во однос на првиот квартал од 2019 година, додека на годишно ниво оваа сума изнесувала 4,43 милијарди денари, или за 14% повеќе. Или, поинаку кажано, ако минатата година во март месец, купувањето онлајн со македонски картички од домашни трговци било во сооднос 320,7 милиони денари наспроти 353,6 милиони денари со купувањето онлајн со македонски картички од странски трговци, овој сооднос е 618,5 милиони денари спрема 248,2 милиони денари оваа година.


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

30

ДИГИТАЛНА ЕКОНОМИЈА

Плаќањата со платежни картички на физички места на продажба во првиот квартал од 2020 година остварија висок годишен раст од 22,3%, којшто е движен пред сè од физичките лица. Притоа, во март беше забележан годишен раст на бројот на трансакциите на физичките лица од 11,4%, при висок годишен пад на трансакциите кај правните лица од 17,8%.

претходно граѓаните ги користеле мобилните телефони. Бројот на плаќања извршени со мобилен телефон во март пораснал за 45,5% на годишна основа, при поумерен месечен раст од 7,4%. Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин е релативно блиску со годишниот раст остварен во првиот квартал од минатата година, од 45,9%. Тековно, од страна на граѓаните, еден од четири електронски кредитни трансфери се иницира преку мобилен телефон, додека останатите три електронски кредитни трансфери се иницираат со користење компјутер. Менувањето на навиките на граѓаните заради условите коишто ги наметна пандемијата на ковид-19, придонесе и за релативно висок годишен пад на бројот на кредитните трансфери иницирани на хартија од 6,9% во март оваа година, односно месечен пад од 13%. Притоа, годишниот раст

на кредитните трансфери иницирани на хартија, во првиот квартал од оваа година изнесува 4,1%. Сепак, користењето на хартиените налози од страна на граѓаните сè уште е високо, имајќи предвид дека речиси три од четири кредитни трансфери се иницираат на хартија.

Граѓаните повеќе ги користеле картичките во продавниците

Плаќањата со платежни картички на физички места на продажба во првиот квартал од 2020 година остварија висок годишен раст од 22,3%, којшто е движен пред сè од физичките лица. Притоа, во март беше забележан годишен раст на бројот на трансакциите на физичките лица од 11,4%, при висок годишен пад на трансакциите кај правните лица од 17,8%. Во однос на користењето на платежните картички на местата на продажба на интернет, во првиот

квартал од оваа година исто така е забележан висок годишен раст кај бројот на трансакциите со 62,3%, кој е движен пред сè од физичките лица. Граѓаните поинтензивно ги користеле платежните картички за купување преку интернет во март, достигнувајќи многу висок годишен раст од 99%, при регистриран годишен пад кај бројот на трансакциите на правните лица за 2,5%. „Поинтензивното користење на придобивките од електронското банкарство и купувањето преку интернет во текот на март, во значаен дел се должи на прифаќањето на нашиот апел за безготовински плаќања и за користење на платежните картички, како и на активностите коишто ги презедоа банките по започнувањето на корона - кризата, заради заштита на јавното здравје.“, истакнуваат од Народната банка. nnn



Капитал број 1066 12.06.2020

32

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

МЕНТО

КАКО ВО Ј СЕ ПОДДРЖУВА СРЕДНИ ПРЕТ


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

ОРСТВО

ЈАПОНИЈА ААТ МАЛИТЕ И ТПРИЈАТИЈА

33


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

34

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Менторството, односно систематското дијагностицирање на компаниите, е олицетворено во заеднички проект на Јапонија, односно тамошната Агенција за меѓународна соработка - JICA и земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) наречен „Проект за воспоставување и унапредување на менторски услуги за малите и средни претпријатија во Западен Балкан - фаза 2“.

Такаши Кимура Чине Кога

консултанти на JICA Јапонска агенција за меѓународна соработка

В

Во Јапонија, 99,7% од сите компании се мали и средни претпријатија (МСП), додека 70% од сите вработени во економијата работат во секторот на МСП. Токму затоа што бројот на вработени сочинува огромно мнозинство во споредба со големите компании, МСП се сметаат за извор на економската динамика. Од нив се очекува да бидат играчи кои ги исполнуваат потребите на повеќето пазари, да создаваат нови пазари со цел да ја активираат конкуренцијата на пазарот и да ја играат улогата на стимулатори на метаболизмот на економијата. Покрај тоа, МСП имаат предност кога станува збор за диверзификацијата и индивидуализацијата на потребите

на потрошувачите, затоа што тие се поагилни и пофлексибилни во споредба со големите компании. Од друга страна, сопствениците на МСП немаат со кого да се консултираат, па управуваат со компанијата врз основа на сопствените искуства и честопати не знаат што да прават кога се во застој, заглавени во некој проблем или пак, не гледаат што може да се случи во иднина. Кога станува збор за управување со компанија, стапката на успех драстично се зголемува кога освен искуството се користи и теорија. Многу е важно да запрете за момент, „објективно да погледнете во вашата компанија“, „да ја интегрирате теоријата во организацијата на вашата компанија“ и на тој начин можете појасно да го видите патот кон иднината. За да се реализира ова, се спроведуваат различни мерки за поддршка на МСП. Заедничко нешто за сите мерки е потребата од "дијагностицирање на компанијата". Лице со широк спектар на знаења за управување со бизнисот треба сеопфатно да ја

разгледа моменталната состојба на компанијата, да одлучи кој сегмент на бизнисот треба да се зајакне или подобри и со давање соодветни совети да ги пренасочи сопствениците/ менаџерите. Менторството, односно систематското дијагностицирање на компаниите, е олицетворено во заеднички проект на Јапонија, поточно тамошната Агенција за меѓународна соработка (JICA) и земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) наречен „Проект за воспоставување и унапредување на менторски услуги за малите и средни претпријатија во Западен Балкан - фаза 2“. Менторството е нефинансиска поддршка од 50 часа за новоформирани компании (до 3 години од основањето), како и за зрели компании (над 3 години од основањето), којашто по ориентацијата вклучува 1) собирање на информации, 2) анализа, 3) предлог акционен план, 4) поддршка во реализацијата на акциониот план и 5) ревизија. Лицата кои обезбедуваат менторски услуги се нарекуваат „ментори“ и тие покрај теоретската


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

35 ПОМОШ И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ КОМПАНИИ СО ЈАПОНСКА МЕТОДОЛОГИЈА – МЕНТОРСТВО Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија (АППРСМ) веќе трета година по ред го објавува Јавниот повик за имплементација на стандардизирани менторски услуги за мали и средни претпријатија (МСП) со цел да обезбеди бесплатна и техничка поддршка за сеопфатен развој и подобри резултати на деловите субјекти на Северна Македонија.

Г

одинешниот јавен повик е отворен од 19 Мај до 19 Јуни 2020 година, а заинтересираните деловни субјекти – мали и средни претпријатија ќе имаат на располагање стручно лице - ментор кој ќе работи директно со сопственикот / законскиот застапник / управителот на компанијата за одреден број часови (50 часа по корисник). Стандардизираните менторски услуги за МСП се спроведуваат преку овластени ментори, кои се вработени или работно ангажирани од страна на надлежните регионални центри за развој на малите и средни претпријатија, кои се дел од институционалната мрежа за поддршка на претприемништвото и малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија. Стандардизираните менторски услуги за МСП се бесплатни и се темелат на Методологијата развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). Јапонија издава државен сертификат - „Експерт за дијагностицирање на малите и средни претпријатија“ и им дава поддршка на сопствените МСП преку менторите кои поседуваат ваков сертификат. Во изминатите две години во државава 42 компании минаа низ процесот на менторство за МСП и добија поддршка од јапонските експерти, а во меѓувреме и 12 ментори од Северна Македонија беа обучени и го добија истиот сертификат – овластување за работа како ментори од тимот на JICA. Во моментот, во процес на обука се дополнителни 7 ментори. Одржливост на системот се обезбедува и со постојано унапредување на вештините на менторите, кои покрај основната обука за ментори, имаат можност да разменуваат искуства преку учество на средби на сите ментори, обука на обучувачи, практични обуки на лице место, менторски награди, специјализирани обуки (интернационализација, КАИЗЕН) од врвни јапонски експерти и друго.

обука од 7 модули, поминуваат и низ практичниот дел од обуката во самата компанија.

Пример на јапонското менторство

Суштината на менаџментот е иста без оглед на земјата, големината на компанијата или видот на економијата. Затоа, менторството може да се примени за било која компанија без оглед на нејзината големина или индустрија. Токму затоа и од македонската Агенција за поддршка на претприемништвото решиле да ја прифатат понудата од јапонската агенција JICA за помош во областа на менторството за МСП, односно обучување и на консултанти што подоцна ќе можат самостојно да вршат менторство според јапонските принципи. Постојат многу различни форми на поддршка на управувањето што се

случуваат во Јапонија. Длабочината на врската со компанијата и должината на времето се разликуваат, но основата е дека поддршката се обезбедува со помош на менторски чекори и знаење. Сега сакаме да ви ги претставиме активностите на менторите за поддршка на јапонските мали и средни претпријатија. u Придонес кон напредокот на компанијата: Услуга на консалтинг за менаџмент при државните институции Постојат многу стопански комори и институции во регионот за пружање помош на малите и средни претпријатија. Повеќето институции имаат воспоставено „советодавни услуги за менаџмент“ каде што даваат совети во врска со општото управување. Малите и средни претпријатија секогаш можат да ја посетат институцијата и да добијат

Кога станува збор за управување со компанија, стапката на успех драстично се зголемува кога освен искуството се користи и теорија. Многу е важно да запрете за момент, „објективно да погледнете во вашата компанија“, „да ја интегрирате теоријата во организацијата на вашата компанија“ и на тој начин можете појасно да го видите патот кон иднината. За да се реализира ова, се спроведуваат различни мерки за поддршка на МСП. Заедничко нешто за сите мерки е потребата од "дијагностицирање на компанијата". совети. Исто така, има и такви каде се добиваат совети само еднаш, но и оние каде совет може да се добие постојано, многу пати. Основата врз која делува советникот (менторот) е собирање на информации за менторството, анализа, подготовка на акционен план, негова реализација. Едноставна дијагностика на компанијата може да доведе до помош што оди малку подлабоко и се поврзува со други услуги, па може да доведе и до запознавање со експертите. Услугата на консалтинг за менаџмент ја има улогата да се среди почетната состојба. Голем број на компании што барале совет на крајот од консултацијата имаат задоволен израз на лицето. Тие успеале да го видат она што самите не можеле да го воочат што е тоа што треба да направат, што доведува до поголема мотивација. Колку е поактивна компанијата, толку почесто


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

36

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Во Јапонија, 99,7% од сите компании се мали и средни претпријатија (МСП), додека 70% од сите вработени во економијата работат во секторот на МСП. Токму затоа што бројот на вработени сочинува огромно мнозинство во споредба со големите компании, МСП се сметаат за извор на економската динамика. ќе користи услуги и тоа ќе биде основа за нејзиниот понатамошен напредок. u Придонес кон подобрување на квалитетот на менаџментот: консултации за компании што се борат со административни системи за соодветни признанија Во зависност од системот, се обезбедуваат различни услуги, но градот Јокохама на пример, им дава признание на компаниите кои се посветени на корпоративната општествена одговорност. За да се добие оваа потврда за придонесот на компанијата во општеството, таа се проценува врз основа на 10 ставки како што се даноци, вработување, заштита на животната средина, однос кон потрошувачите, итн. Признатите компании добиваат, покрај можност за кредити со пониски камати, предност на тендери за јавни набавки, итн. и т.н. маркичка за признание. Оваа маркичка или жиг, и носи на компанијата привлечен атрибут „Признат во Јокохама“ и придонесува кон мотивацијата. За да се добие ова признание, мора да се изврши ревизија за тоа дали компанијата работи правилно, т.е. дали е внатрешно организирана за да доведе до резултати што се погодни за признание. Менторите даваат совети за тоа како да го организирате системот во рамките на компанијата. Голем број на МСП имаат нејасна структура и системот во компанијата

не е изграден. Заради ова признание, системот на компанијата се воспоставува и се подига за едно ниво со документирање на нематеријалниот капитал на компанијата (know – how, процедури и сл.) и внатрешна организација на компанијата. Така, компанијата може да го подобри својот квалитет. Од компаниите кои навистина ја искористија оваа услуга, слушаме „Успеавме да се организираме внатрешно и на тој начин да се подготвиме за пренесување на бизнисот на нашите деца“ или пак „Досега некако ја теравме работата, но сега го изградивме системот“. И овде, исто така, неопходно е да се соберат информации, да се набљудува компанијата во поширока перспектива, да се направат нацрт деловни планови за иднината, да се систематизираат финансиите, работната сила и слично, што претставува основа за менторство. На овој начин, се придонесува за подигнување на квалитетот на компанијата. u Придонес кон јакнење на економијата: Упатства за соработка со банките околу менаџментот на компаниите загрижени за отплата на кредитите Банките и институциите за помош на МСП се поврзани, и постои шема за подобрување на отплатата на кредитите со помош на упатства за

менаџмент од страна на експерт за управување (ментор), испратен од страна на институција за помош на МСП, кај оние компании што имаат проблеми со исплатата на кредити во банка. Овде, деловен експерт прво ја дијагностицира компанијата. Во компаниите со лошо управување има акумулирано неколку проблематични точки поради коишто менаџментот паѓа во криза, па така во фазата на правење на нацрт план за акција, ќе испливаат бројни нешта што треба да се одработат. Со поставување приоритети, преку поддршка до точката каде тие самите ќе ги спроведат активностите, можете пополека да ја водите компанијата кон здрав менаџмент. Еве еден пример: се работеше за поддршка на една фирма за хемиско чистење, која го прошируваше бројот на експозитури. Сослушувањето на сопственикот и вработените во фирмата откри несогласување околу тоа што сопственикот смета дека е проблемот и што вработените сметаат дека е проблемот, за да се сфати всушност дека вистинскиот проблем е на лице место во продавницата. Тешко е да се идентификува сржта на проблемот само од гледна точка на сопствената компанија. Ефикасно подобрување на менаџментот е можно со вешто користење на надворешна помош. Постепена акумулација на подобрувања во


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

37


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

38

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Банките и институциите за помош на МСП во Јапонија се поврзани, и постои шема за подобрување на отплатата на кредитите со помош на упатства за менаџмент од страна на експерт за управување (ментор), испратен од страна на институција за помош на МСП, кај оние компании што имаат проблеми со исплатата на кредити во банка. бројни компании кои страдаат од лош менаџмент доведува до зајакнување на целата економија.

Примери на менторства во други земји

Во целиот свет се смета дека развојот на секторот на МСП е основа за развој на економијата на една земја и затоа се преземаат различни мерки за нивна поддршка. Од една страна, се разгледува финансиската поддршка на секторот на МСП, додека во исто време е неопходно да се подобри деловниот модел фокусиран на зајакнување на капацитетот за управување на менаџерите на компанијата. Системот за поддршка на работењето ( менторство) од страна на јавните институции којшто е воспоставен во Јапонија, го привлекува вниманието како едно од решенијата и затоа го воведоа многу земји во Азија, Африка,

Јужна Америка, Централна Азија и Европа. Што се однесува до земјите од регионов, последниве години во Молдавија се воспоставени 11 мрежи за деловна инкубација, а како дел од таа услуга, започнати се консултации за локалните претприемачи од МСП. Повеќето од нив се микро претпријатија кои претежно се занимаваат со земјоделство, но со финансиска помош се додаваат и насоки за управување со компанијата со цел да се олесни покренувањето на бизнисот и да се поттикне неговиот развој. Иако во руралните средини основачите се претежно млади луѓе, недостатокот на финансиски средства, како и недостигот на луѓе со кои можат да се консултираат за водење бизнис, се пречки за почнување на бизнис. Одделението за советување на МСП има над 1000 посети годишно, што е добар показател дека на локалните

претприемачи и менаџерите на МСП им е потребна советодавна услуга за тоа како да ја водат својата компанија. Моето искуство како личност која се занимава со поддршка на МСП покажува дека компаниите кои се отворени за соработка, прифаќаат помош од јавни институции и се активни во неговата имплементација, напредуваат повеќе. Од 2013 година, за време на проектот, посетивме голем број МСП во Западен Балкан и верувам дека предизвиците за малите и средни претпријатија во Јапонија и другите земји се заеднички. Ако продолжиме да ги обучуваме менторите и да ги прошириме менторските услуги во овој регион, сигурен сум дека МСП ќе станат поактивни и со тоа ќе имаат големо влијание врз развојот на економијата на Западен Балкан. nnn


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

40

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ПРЕГЛЕД НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗАНСКИ СЛУЧУВАЊА

И ПОКРАЈ РИЗИКОТ, САМО АКЦИИТЕ ВО МОМЕНТОВ ДАВААТ ПОЗИТИВЕН ПРИНОС

Приносите на пазарите на обврзници и банките се претежно негативни, изнајмувањето на недвижнини веќе не е толку сигурен бизнис како што беше пред кризата, бидејќи се зголемува притисокот за работа од дома, онлајн трговија и бизнис, па така и туризмот и изнајмувањето преку онлајн платформи нема да бидат исти долго време како пред кризата. Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

Пандемијата очигледно сè уште не го достигнала врвот на глобално ниво, бидејќи гледаме силен раст кај заразените во Африка, Азија и Латинска

Америка, но сепак европските земји и поразвиените земји како Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и Кина, го контролираат вирусот многу успешно, велат аналитичарите на Генерали Инвестментс во својот неделен преглед на светските берзански случувања. „САД се наоѓаат некаде измеѓу, но со оглед на тамошните насилни протести, кои доминираат на насловните вести, пандемијата го отстапи централното место. Земјите во Европа веќе ги укинаа најрестриктивните мерки и економските показатели се свртеа нагоре. Досега, се чини дека ова беше најдлабока, но и

најкратка рецесија по Втората светска војна.“

Границите се отвораат во Европа, оптимизмот се враќа

На крајот на минатата недела, податоците за американскиот пазар на труд беа многу изненадувачки, кога наместо зголемувањето на бројот на невработени, нивниот број нагло опадна, бидејќи работодавците во САД дополнително вработија повеќе од 2,5 милиони луѓе. Економските податоци од стариот континент исто така се подобруваат, а оптимизмот расте. Има


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

41


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

42

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

сè повеќе компании кои работат со полн капацитет, а границите се отвораат за туризам. На 15 јуни, Германија ќе ги отвори своите граници, со што се очекува да се зголемат приливите од туристите, особено во Централна и Југоисточна Европа. Шпанија и Италија малку заостануваат тука, но кривите сè уште се свртени нагоре. „Исто така минатата недела, видовме дека државите презедоа дополнителни стимулативни мерки за да и помогнат на економијата, а тука се издвојуваат мерките на Германија за поддршка на набавка на електрични автомобили и зголемување на инвестициите во ‘зелената’ енергија. Ова е особено позитивна вест, бидејќи економските студии покажуваат дека германските мерки за стимулирање имаат поголем ефект во земјите од Централна Европа отколку во самата Германија. Протестите во САД, Brexit, тензиите меѓу САД и Кина се оние глобални проблеми кои продолжуваат да влијаат врз политичарите и инвеститорите, но сепак не ја расипаа атмосферата на берзите во текот на изминатата недела.“, истакнуваат од Генерали Инвестментс.

И најпогодените индустрии земаат здив

Продолжува оптимизмот на пазарот на капитал. Видовме силно неделно зголемување на курсевите. Инвеститорите сè повеќе бараат рационални причини да го објаснат овој оптимизам, но освен огромната сума (18 трилиони) свежо испечатени пари, тешко е да се објасни оптимизмот што го следиме. Приносите на пазарите на обврзници и банките се претежно негативни, изнајмувањето на недвижнини веќе не е толку сигурен бизнис како што беше пред кризата, бидејќи се зголемува притисокот за работа од дома, онлајн трговија и бизнис, па така и туризмот и изнајмувањето преку онлајн платформи нема да бидат исти долго време како пред кризата. „Затоа, парите се инвестираат во акции, кои и покрај нивниот ризик, во моментот даваат позитивен принос. Оптимизмот сега се префрли кон најпогодените индустрии. Пораснаа дури и оние компании кои се наближија до фазата стечај па дури и банкрот, што укажува на прекумерна еуфорија на дел од берзите. Состојбата со овие акции потсетува на периодот на dotcom балонот од 1999-2000 или пред финансиската криза во 2007 година. Затоа, претпазливоста не е на одмет. Од друга страна, имаме индустрии кои можат да се дефинираат како победници во кризата и каде вредностите сè уште се на атрактивно ниво. Тука спаѓаат главно здравството, прехранбената индустрија, дел од ИТ индустријата, комунални услуги (електрична енергија, вода и сл.), телекомуникациите и сл.“, велат од Генерали Инвестментс. nnn

Државите презедоа дополнителни стимулативни мерки за да и помогнат на економијата, а тука се издвојуваат мерките на Германија за поддршка на набавка на електрични автомобили и зголемување на инвестициите во ‘зелената’ енергија.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

НЕМА СМИСЛА ДА СЕ БОРИТЕ СО ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКИ, ТИЕ ПЕЧАТАТ НЕОГРАНИЧЕНА СУМА ПАРИ Пазарите може да продолжат да растат како резултат на сегашниот оптимизам и свежо печатените пари, но кон средината на март видовме како за само еден месец од највисоките вредности, одеднаш се најдоа во длабока дупка од 30%.

С

е држиме до истото мислење кое го повторуваме веќе неколку недели. Акциите повторно изгледаат прилично скапи, моментално не е време за екстреми. Не е паметно целото портфолио да биде инвестирано во акции, ниту пак во обврзници или депозити. Централните банки и државите продолжуваат да генерираат огромни количини свежи пари, а старата американска берзанска поговорка вели дека нема смисла да се борите со централните банки затоа што тие имаат неограничена сума пари. Ликвидната поддршка го форсира растот на цените на обврзниците и акциите и овој тренд може да продолжи.“, велат аналитичарите на Генерали. Од друга страна, според нив, состојбата на светската економија е слаба, а иднината е многу нејасна. Дополнителна неизвесност на пазарите се создава со обновувањето на трговски тензии меѓу САД и Кина и насилните протести во САД кои носат немири на најголемите и најбезбедните светски пазари . Затоа најмногу се препорачува балансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи. Диверзификацијата на портфолиото е чекор кон вистинската насока. Инвеститорите со долгорочни инвестициски цели треба да продолжат со месечни уплати, а оние што би вложиле поголема сума, треба да ја распоредат на подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат како резултат на сегашниот оптимизам и свежо печатените пари, но кон средината на март видовме како за само еден месец од највисоките вредности, одеднаш се најдоа во длабока дупка од 30%. Ваквите промени може да се очекуваат и во иднина, така што во овој момент, кога сме блиску до нови рекорди, диверзификацијата е неопходен начин за заштита на портфолиото.



Капитал број 1066 12.06.2020

44

www.kapital.mk

СВЕТ

СТАРТАП ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ПРЕКУ НОЌ Г

NIKOLA, „БРАТУЧ

ЌЕ ЛАНСИРА КАМИОНИ НА ЕЛЕКТРИЧЕН И В


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

45

ГО НАДМИНА ФОРД ВО БЕРЗАНСКА ВРЕДНОСТ

ЧЕДОТ“ НА TESLA

НИ И ПИК – АП ТЕРЕНЦИ ВОДОРОДЕН ПОГОН

Акциите на Nikola, којшто развива комерцијални и патнички возила со погон на батерии и водородни ќелии, пораснаа за повеќе од двојно откако почнаа да се тргуваат на берза минатиот четврток, на 4 јуни. Пазарната капитализација на стартапот достигна 30 милијарди долари во вторникот оваа недела, што беше повеќе од вредноста на Ford од околу 29 милијарди долари, како и онаа на Fiat Chrysler Automobiles од 20,5 милијарди долари.


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

46

СВЕТ

пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

Пазарната вредност на Nikola Corp., до вчера малку познатиот стартап за развој на електрични камиони и теренци којшто излезе на берза минатата недела, доживеа експлозија, и во еден момент ја надмина пазарната капитализација на Ford Motor Corp., како и повеќе други автомобилски гиганти, а компанијата сè уште нема ниту едно продадено возило. Но, инвеститорите и понатаму се „обложуваат“ на потенцијалот на овој стартап, односно развојот на транспортот со електрични возила во

иднина, па затоа и очекувањата од Nikola се големи, пишува Wall Street Journal. Акциите на Nikola, којшто развива комерцијални и патнички возила со погон на батерии и водородни ќелии, пораснаа за повеќе од двојно откако почнаа да се тргуваат на берза минатиот четврток, на 4 јуни. Пазарната капитализација на стартапот достигна 30 милијарди долари во вторникот оваа недела, што беше повеќе од вредноста на Ford од околу 29 милијарди долари, како и онаа на Fiat Chrysler Automobiles од 20,5 милијарди долари. Nikola, со седиште во Феникс, Аризона, цели кон секторот на комерцијални возила, каде што компании од типот на Amazon.com Inc., како и UPS Inc., се обврзаа дека ќе го намалат значително загадувањето на воздухот со своите логистички операции, односно емисиите на

јаглерод диоксид. Компанијата исто така навести дека планира да влезе и на пазарот за пик – ап возилата за индивидуални корисници, којшто е најпрофитабилниот сегмент на возила во САД.

Волстрит верува во новите технологии Галопирачки растечката цена на акцијата на Nikola го истакнува само интересот на инвеститорите за производителите на електрични возила, па макар биле и стартапи, во однос на традиционалните производители на автомобили. Па така на пример, акциите на Tesla Inc. како и кинеската NIO Inc., пораснаа повеќе од двојно од почетокот на годинава, додека акциите на General Motors и Ford отидоа надолу среде затворањата на нивните фабрики поради пандемијата. Исто така, ова е доказ дека ентузијазмот на Волстрит за електрични возила и други видови

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА NIKOLA

П

рво, нема никаква формална поврзаност помеѓу Tesla и Nikola, иако и двете се именувани по славниот пронаоѓач Никола Тесла. Негов изум е наизменичната струја или AC, електрична енергија којашто на преминот од 19 во 20 век ја доби битката со големиот ривал на Тесла, Томас Едисон, и неговото еднонасочно електрично коло или DC. Westinghouse, пионерот во американската електро – енергетска сфера, ги користел патентите на Тесла и ја форсирал AC технологијата на дистрибуција. General Electric на Едисон, ја форсирал DC технологијата на генерирање струја. На крајот, победила наизменичната струја. Полесно е да се модулира волтажата со користење на AC електрично коло. Прецизните причини можеби се малку повеќе технички, но едноставно кажано, никој не сака тостерот да му се напојува со 10.000 волтен генератор.

Што произведува Nikola? Nikola (ќе)произведува камиони и пик – ап возила. Помалите модели ќе бидат придвижувани со батерија, како автомобилите на Tesla. Тие треба да почнат со продажба некаде во 2021 година. Поголемите, што повеќе наликуваат на камиони се придвижувани од водородни ќелии и треба да се продаваат од 2023 година. Од Nikola велат дека досега имаат нарачки вредни повеќе од

10 милијарди долари. Исто така, од компанијата најавуваат и полесни камионети, онакви во стилот на бестселерот на Ford Motor, F-150, како и на останатите производители.

Што е водородна ќелија? Водородна ќелија е со големина како батерија. Користи хемиска енергија за да креира електрична енергија со помош на катализатори, односно се користи водородот како гориво за старт на хемиска реакција. Водородот нема ниту траги од јаглерод во себе, па нус – продуктот од хемиската реакција е само вода. Нема јаглероден диоксид, нема стакленички гасови, нема загадување на околината и оштетување на озонот. Nikola е уникатен производител на возила затоа што планира да изгради своја сопствена мрежа на станици за полнење со водород. Компанијата планира да произведува водород со тоа што ќе ја разложува водата со помош на струја, процес познат како водна електролиза.

Како стана Nikola вредна 30 милијарди долари Пазарната капитализација што ја достигна Nikola е импресивна, но како успеа компанијата да стигне до вредност од преку 30 милијарди долари, што се вели, преку ноќ? Одговорот е малку комплициран. Излегувањето на берза не беше класична иницијална

понуда на акции, IPO. Компанија специјализирана за аквизиции, во случајов VectorIQ ја купи Nikola и си го смени името. Зделката беше комплетирана на 3 јуни и вредеше околу .

Главни играчи Директор на VectorIQ е Стив Гриски. Тој е долгогодишен менаџер во автомобилската индустрија, своевремено и во бордот на директори на GM. Сега тој е на челото на бордот на Nikola. Тревор Милтон е основач на Nikola. Тој е всушност, Елон Маск во случајов.

Колку вреди акцијата на Nikola? Никој не знае тоа. Од почетокот на тргувањето на берза помина едвај една недела, а Nikola се’ уште нема продажби. Tesla, на пример, почна со пазарна капитализација од 2,5 милијарди долари во 2010 година кога некакви позначајни продажби на електрични возила беа се’ уште 2-3 години далеку. Кога почна да го продава моделот S во 2012 година, вредноста на компанијата беше 10 пати поголема од годишната продажба. Nikola, пак, прогнозира продажби од околу 1,4 милијарди долари до 2023 година, кога ќе почне да продаваат и од двата вида возила – придвижувани со батерија и со водородна ќелија. Тешко е да се претворат вакви едноставни бројки во детална евалуација на компанијата.


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

47

ТРЕВОР МИЛТОН основач на Nikola

Стана милијардер преку ноќ откако акциите на компанијата вртоглаво пораснаа до 80 долари, а вредноста на компанијата до 30 милијарди долари.


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

48

СВЕТ

технологии на иднината останува силен, иако компаниите се соочуваат со притисок и предизвици поради актуелната економска криза предизвикана од коронавирусот. Од Nikola соопштуваат дела веќе имаат пред – нарачки вредни 10 милијарди долари од комерцијални клиенти како што е гигантот во пиварската индустрија Anheuser – Busch InBev, и очекуваат да почнат со генерирање приход следната година откако ќе ги испорачаат камионетите придвижувани со батерија, наменети за достава на пократки релации. Акциите на Nikola почнаа да се тргуваат во четвртокот, ден откако беше завршено спојувањето со VectorIQ Acquisition Corp., компанија што е котирана на берза, специјализирана за аквизиции, а предводена од поранешен директор во General Motors, Стив Гриски. По спојувањето проценетата вредност на Nikola беше околу 3,3 милијарди долари, а акциите минатата недела го завршија тргувањето со цена од околу 35 долари, и пазарна капитализација од околу 13 милијарди долари. Но, акцијата вртоглаво скокна во понеделникот, откако извршниот претседател на Nikola, Тревор Милтон напиша твит во неделата за тоа дека компанијата ќе почне да прима резервации за пик – ап камионетот наречен Badger на 29 јуни. Badger, којшто ќе биде на погон од електрична батерија, a ќе има модел и на водородна ќелија, претходно не беше спомнуван како приоритет за компанијата и беше малку веројатно дека ќе биде развиван без стратешко партнерство со етаблиран производител, барем така изјавуваа од Nikola во месец мај. Но, Милтон очигледно го сменил мислењето во меѓувреме, најавувајќи дека компанијата ќе претстави пред јавноста целосно оперативен прототип следниве неколку месеци. Во вторникот неделава, тој си постави амбициозна цел дека Badger ќе му го земе приматот на најпродаваниот модел во сегментот на пик – ап возила, фамозниот Ford F-150. „Целта ми е да го симнам F-150 од тронот“, рече Милтон во интервју за Yahoo Finance. Камионетот F-150 со години е најпродаваниот модел во САД во овој сегмент на возила. Ford не даде коментар на оваа најава од Милтон. Акциите на Tesla, најголемиот во моментов производител на електрични возила на светот, исто така „растураат“ периодов, па од почетокот на годинава имаат за повеќе од двојно зголемена вредност, со цена од 950 долари за

Nikola е уникатен производител на возила затоа што планира да изгради своја сопствена мрежа на станици за полнење со водород. Компанијата планира да произведува водород со тоа што ќе ја разложува водата со помош на струја, процес познат како водна електролиза.

акција од понеделникот. Пазарната капитализација на компанијата достигна 176 милијарди долари и е речиси двојно повисока од онаа на General Motors, Ford и Fiat Chrysler заедно.

Iveco и Bosch инвеститори во Nikola Истовремено, традиционалните производители на автомобили се ‘ уште се мачат да привлечат внимание од инвеститорите, и покрај нивните

големи инвестиции во електрични возила и сл. GM, Ford и останатите големи производители на возила, покрај стартапите, развиваат во моментов електрични пик – ап и комбиња за достава на нарачки, очекувајќи од комерцијалните клиенти да бидат мотивирани од пониските оперативни трошоци на овие возила. Доста од компаниите исто така, развиваат вакви возила наменети и за индивидуалните купувачи, надевајќи


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

49 Nikola го развива својот прв камион во соработка со Iveco, бренд на тешки камиони во сопственост на CNH International NV. CNH исто така поседува и 7,1% од акциите на Nikola после инвестициската рунда од минатата година.

Badger, прототипот на пик – ап теренец на Nikola, којшто според основачот Милтон, ќе му го земе приматот на најпродаваниот модел во овој сегмент на возила, фамозниот Ford F-150.

се дека ќе го повторат успехот на Tesla, единствениот производител досега што постигна планетарен успех продавајќи исклучиво електрични возила. Од Tesla изјавија дека примаат нарачки за нивниот теренец Cybertruck, со футуристички изглед, којшто треба да почне со продажбите до крајот на 2021 година. Ford и GM исто така имаат планови за електрични пик – ап возила. Rivian Automotive, којашто е компанија што не котира на берза, има договор со Amazon.com да му испорача 100.000

електрични комбиња следните 10 години. Компанијата, со седиште во Мигичен, којашто има добиено и инвестиција од Amazon, Ford и уште неколку вложувачи, исто така планира да лансира пик – ап и теренец под брендот Rivian следната година. Менаџерите од редот на традиционалните производители велат дека остануваат посветени на развојот на возила придвижувани на батерии дури и покрај намалената ликвидност предизвикана од пандемијата. Главната извршна директорка на GM, Мери Бера, изјави дека компанијата нема да ги откаже планираните инвестиции во развој на електрични возила. Многу автомобилски компании направија почетни инвестиции во возила придвижувани на водород,

коишто всушност користат ќелии што произведуваат струја од водород и кислород. Но, скапата технологија, како и недостигот на постојки за полнење на ќелиите го намалуваат напорите во оваа насока, па затоа голем дел од компаниите се држат до развојот на електрични возила придвижувани на класични литиум – јонски батерии. Nikola го развива својот прв камион со Iveco, бренд на тешки камиони во сопственост на CNH International NV. CNH исто така поседува и 7,1% од акциите на Nikola после инвестициската рунда од минатата година. Производителот на автомобилски компоненти Robert Bosch GmbH исто така инвестираше повеќе од 100 милиони долари во Nikola.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

50

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

9

НАЧИНИ КАКО ДА СТАНЕТЕ ПОДОБАР ЛИДЕР

Л

идерството е релативно нов феномен, меѓутоа овој концепт многу брзо се наметна како многу значаен за постигнувањето на подобри економски резултати, како на ниво на команија, така и на ниво на држава. Лидерството се гледа како начин или облик на управување на однесувањето на луѓето како најзначаен ресурс во современото општество. Од 30-те години кога се појавиле првите студии за лидерството па се до денес се напишани многу текстови во кои се пишува како да стенете подобар лидер. Еве некои од тие совети:

1

Охрабрете ги вработени да не се согласуваат со вас

Компаниите влегуваат во неволја кога сите се исплашени да ја кажат вистината пред надредените. Ако се што слушате е колку добро работите, тогаш тоа е знак на опасност“.

2

Не правете микроменаџмент

Дадете им одговорности на луѓето што се под вас, и потоа оставете ги сами да ја завршат работата. Добар дел од лидерството е да отстапите и да

им дадете можност на другите. Добар лидер води од високите позиции па се до пониските.

3

Кога луѓето грешат, не уништувајте ги

Но бидете сигурно дека тие ќе научат било каква лекција од нивните грешки.

4

Споредете

5

Секогаш сакајте повеќе да научите и да бидете љубопитни

Развијте силни интерперсонални односи на работа, така што вработени ќе имаат поврзани со работата и она што го работат.

Преземајте ризици и прашувајте се: Што е она што не го знам, а треба да го знам? Како да го научам и да го тестирам тоа што ќе го научам во ситуација која и не е така сигурна или безбедна?

6

Познавајте се самите себе

Исто како што не можете да почнете програма за слабеење без да се качите на вага, вие мора да го почнете вашето патување преку тоа што ќе станете свесни за вистината за тоа кој сте вие. Ние најчесто сме најлошите оценувачи на нашето однесување. Еден од најголемите проблеми кои ги гледам е вистинско отсуство на самосвест.

Извршните менаџери често не се свесни какви личности се тие, како и за луѓето и за влијанието кое го имаат на другите.

7

Бидете фокусирани до детали

8

Ослободете се од слабите менаџери

9

Вежбајте вештини на лидерство на дневна основа

Задржете се на една цел. Лидерите честопати се фокусираат на повеќе цели. Дајте си ја себе си најголемата шанса за победа преку развој на една работа. Подобро е да направите прогрес во една област отколку да направите мал прогрес или ниеден во пет цели. Од 60 топ менаџери во Континентал, јас веројатно би заменил 40 кои не се тимски играчи“, вели пензионираниот извршен директор Гордон Бетун. “Не толерирајте фактографија, оговарање или прима дони. Или сите победуваат, или никој не победува“.

Количината на вежба зависи од самите вас и од тоа ќе зависи и вашето подобрување. Тоа е исто како да учите виолина. Треба да ги научите партитурите, да вежбате секој ден за да креирате убава музика. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

ЛИДЕРИ

51

МАРК ПАРКЕР CEO НА NIKE

ЉУБОПИТНОСТА ЗНАЧИ ЖИВОТ!

И

Извршниот директор на Nike, Марк Паркер (64) е во моментов извршен претседател на американската корпорација за спортска опрема Nike. Во 2006 беше именуван за трет извршен директор во историјата на оваа компанија, позиција што ја држеше

Дизајнерите по природа повеќе љубопитни и повеќе поврзани. Тие „копаат“ малку подлабоко и повеќе забележуваат. Токму тие забелешки потоа ги претвораат во иновации. Таа конекција кон клиентите е навистина круцијална во водењето на иновациите. Многу важно е дизајнерите да не се потчинети во некоја соба позади, туку тие да бидат напред во целиот процес

Компанијата Nike секогаш за мене беше повеќе од работно место. Како и за многу вработени овде, и јас имам длабока конекција кон овој бренд и оваа компанија

Бидете сунѓер. Љубопитноста значи живот. Претпоставката смрт. Погледнете наоколу Улогата на дизајнот во компанијата и да се дозволи одново да се создадете себе си, да и дозволите на компанијата да најде начин за успех пред старите начини да ве доведат до пропаст Најдобрата иновација доаѓа од инклузивна работна околина која поттикнува различни идеи, се грижи за вработените кои се со различни таленти и позадина и создава силни врски со различните заедници Ние се соочуваме со предизвици но тие предизвици секогаш не прават и подобри и посилни

Оддржливоста во Nike значи да се биде фокусиран на развојот на нашиот бизнис модел кој треба да донесе профитабилен раст кој се потпира на моќта на ефикасноста која доаѓа од производството, преку минимизирање на влијанието на околината и преку употреба на достапните алатки кои треба да ни донесат позитивна промена во целиот синџир

до почетокот на 2020 година. Неколку пати е именуван за директор на годината, најкреативен директор и слични признанија од најугледните деловни магазини на светот. Еве како тој гледа на својата компанија и на тоа што е потребно за да се биде успешен:


Вашата полиса во Триглав го покрива целосно ризикот од Covid-19 • Само во Триглав, со полиса за осигурување на живот*, или пак полиса за колективно осигурување од незгода, добивате целосна осигурена сума во случај на смрт од Covid-19.

• Вашето здравствено - патничко осигурување од Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Доколку сте заинтересирани за осигурување на живот:

Доколку сте заинтересирани за колективно осигурување од незгода, или пак за здравствено - патничко осигурување:

Пишете ни на info@triglavzivot.mk

Пишете ни на info@triglav.mk

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

За повеќе детали посетете ја страната triglavzivot.mk и информирајте се за условите и oграничувањата*

За повеќе детали посетете ја страната triglav.mk Онлајн обезбедете полиса за здравствено - патничко осигурување на 5minuti.mk

www.triglav.mk www.triglavzivot.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.