1069 Kapital magazine

Page 1

КОРОНА – КРИЗАТА НОСИ НЕКОИ ЧУДНИ ВЕТРИШТА НА ВОЛСТРИТ

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1069

Брисел остана на зборот Се објави Предлог преговарачката рамка

цена 100 ден. l 3 јули 2020 петок l година 21

www.kapital.mk

ИЗБОРИ 2020

БЕСПЛАТНИ ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА ЗА ПРОЕКТИ ВРЕДНИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЕКОНОМИЈА Расте песимизмот Пандемијата се пролонгира со продолжено дејство врз светската економија

ЛИДЕРИ Алан Дехаз

директор на Adecco

Работа од дома засекогаш? Не толку бргу...

7 причини зошто паметни и вредни луѓе не постигнуваат значаен успех



СОДРЖИНА

Kapital... 1069 4

12

COVER STORY

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Избори 2020

Македонија ги врви формалните чекори кон ЕУ

Бесплатни предизборни ветувања за проекти вредни милијарди евра

Брисел остана на зборот: Се објави Предлог преговарачката рамка

22

ЕКОНОМИЈА

Расте песимизмот

Пандемијата се пролонгира со продолжено дејство врз светската економија

28

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Корона – кризата носи некои чудни ветришта на Волстрит

Берзите рушат рекорди, а американската економија е во нокдаун: зошто е тоа така?

40

36

КАРИЕРИ

ЛИДЕРИ

Алан Дехаз

директор на Adecco, една од водечките агенции во светот за привремени вработувања, аутсорсинг решенија, хедхантинг и обука

Работа од дома засекогаш? Не толку бргу...

COVER STORY Избори 2020...................................................................4 Бесплатни предизборни ветувања за проекти вредни милијарди евра ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Македонија ги врви формалните чекори кон ЕУ...............................................................12 Брисел остана на зборот: Се објави Предлог преговарачката рамка ЕКОНОМИЈА Расте песимизмот...................................................22 Пандемијата се пролонгира со продолжено дејство врз светската економија

Сте биле “детето што ветува“, но... 7 причини зошто паметни и вредни луѓе не постигнуваат значаен успех

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Корона – кризата носи некои чудни ветришта на Волстрит........................................28 Берзите рушат рекорди, а американската економија е во нокдаун: зошто е тоа така? ЛИДЕРИ Алан Дехаз, директор на Adecco, една од водечките агенции во светот за привремени вработувања, аутсорсинг решенија, хедхантинг и обука.......36 Работа од дома засекогаш? Не толку бргу...

44

ЛИДЕРИ

Кралот на чоколадото Милтон Херши советува Неуспехот е клучен дел на патот кон успехот

КАРИЕРИ Сте биле “детето што ветува“, но... .....40 7 причини зошто паметни и вредни луѓе не постигнуваат значаен успех ЛИДЕРИ Кралот на чоколадото Милтон Херши советува..................................44 Неуспехот е клучен дел на патот кон успехот ЛИДЕРИ Рекоа за... ......................................................................48 Преговарањето

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 2.7.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1069 03.07.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

ИЗБОРИ 2020

БЕСПЛАТНИ ПРЕД ВЕТУВАЊА ЗА ПР ВРЕДНИ МИЛИЈАР


www.kapital.mk

ИЗБОРИ 2020

ДИЗБОРНИ РОЕКТИ РДИ ЕВРА

Капитал број 1069 03.07.2020

5

Двете најголеми политички партии нудат слична програмска содржина спакувана во два различни документи. И двете програми изобилуваат со километри нови патишта, железнички пруги, проекти за обновливи извори на енергија, инвестиции во здравството и образованието. Меѓутоа, се’ додека се на хартија, ветувањата се бесплатни. Во овој конктекст, за гласачите всушност најважен ќе биде одговорот на прашањето - не кој што нуди, туку какви гаранции даваат политичарите дека навистина ќе си ги остварат своите предизборни ветувања.


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

6

COVER STORY

Остануваме доследни на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за воведување на истиот. Остануваме посветени на праведноста во оданочувањето, со понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална јавна дебата и преговори, со фокус на реконфигурирање на концептот на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз“, вели Зоран Заев, претседателот на СДСМ во програмата на партијата „Можеме“.

пишува:

Александар Јанев

П

aleksandar.janev@kapital.mk

Политичките партии не штеделе зборови кога ги пишувале изборните програми, а ниту евра. На вкупно 608 страници се испишани стотици проекти за чија реализација би биле потребни над 20 милијарди евра. Двете партии во суштина нудат слична програмска содржина, спакувана во два различни документи, без притоа да се робува на идеологијата на левите или десните партии на коишто припаѓаат. И пребарувањето на клучни зборови во едната и другата програма го покажа тоа. Во програмата на владејачката партија СДСМ, наречена „Можеме“, напишана на вкупно 268 страници, најмногу доминираат зборовите „Европска Унија“ или „ЕУ“ коишто се спомнуваат дури 109 пати и ја одразуваат главната стратешка цел на оваа партија, а тоа се евроинтеграциите на земјата. Потоа, најчесто застапен е зборот „инфраструктура“ којшто се спомнува

94 пати, „НАТО“ може да се прочита 58 пати, „работни места“ во контекст на намалување на невработеноста се спомнува 54 пати, додека пак зборовите „правда“, „правна држава“ и „владеење на право“ само 17 пати. Во програмата на ВМРО - ДПМНЕ наречена „Обнова“ распослана на 340 страници, според речиси истиот редослед но поретко застапени отколку во програмата на СДСМ, најчесто спомнуван збор од неколкуте клучни што ги пребарувавме е исто така „Европска Унија“ или „ЕУ“ и тоа 74 пати, а исто толку пати може да се почита и зборот „инфраструктура“. Потоа, 32 пати може да се прочитаат зборовите „работни места“, „правда“, „правна држава“ или „владеење на право“ 16 пати и „НАТО“ само 12 пати. И двете програми изобилуваат со километри нови патишта, железнички пруги, проекти за обновливи извори на енергија, инвестиции во здравството и образованието. Меѓутоа, се додека се на хартија, ветувањата се бесплатни. Во овој конктекст, за гласачите всушност најважен ќе биде одговорот на прашањето - не кој што нуди, туку какви гаранции даваат политичарите дека навистина ќе си ги остварат своите предизборни ветувања. Нема дилема дека партиските изборни програми се заводливо формулирани со цел да ги придобијат гласачите, но граѓаните својата одлука


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

7

за бројот што ќе го заокружат на 15 јули веројатно ќе треба да ја темелат главно врз проценката на способноста на едните или другите да си ги одржат дадените ветувања. Да проценат кај која политичка партија или коалиција има најмал јаз меѓу навезеното на хартија и капацитетот за реализација. При овој избор, несомнено значаен за гласачите ќе биде и политичкиот багаж и претходното искуство на кандидатите за мандатари. Партијата што беше на власт последните три години, СДСМ, несомнено како свои најсилни адути ќе ги истакнува влезот во НАТО, датумот за почеток на преговорите со ЕУ и очекувањата за одржување на првата меѓувладина конференција најавена до крајот на годинава како формален почеток на евроинтеграциите, или некои од економските достигнувања до пред избувнувањето на пандемијата. Но од друга страна, досегашната владејачка партија ќе мора да се соочи со силните критики од граѓаните дека не успеа да воспостави правна држава и владеење на правото без оглед што преку масовен собир, пред неколку месеци, оваа партија се обиде да се дистанцира од неуспесите на судската власт како независна од извршната власт. Најголемата опозициска партија,

пак, ВМРО – ДПМНЕ, иако се обиде формално да расчисти со своето минато и со некои од партиските функционери коишто беа обвинети за сериозен криминал, сепак се уште носи тешко бреме од периодот на владеење до 2016 година кога меѓународната заедница ја окарактеризираше земјава како заробена држава.

Што „може повеќе и подобро“ СДСМ?

Изборната програма на СДСМ за периодот 2020 – 2024 година е поставена на шест столбови и тоа: Рестарт на македонската економија; Стоп Ковид – 19; Грижа за сите; Ред, дисциплина и правда; Екодржава; и НАТО и ЕУ. Во воведниот дел на програмата, претседателот на партијата, Зоран Заев, вели дека „ова е понуда која обезбедува план за успешно справување со ефектите од корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок, ова се мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина“. Во првиот столб посветен на клучните економски цели, СДСМ се осврнува на некои од своите достигнувања последните три години, па ги истакнува растот на бруто домашниот производ (БДП) од 3,6% лани, отворањето на над

За висок економски раст потребни се силни институции. Во периодот 2020-2023 година ВМРОДПМНЕ ќе работи на интензивирање на економскиот раст преку изградба на силни институции, одржување на високи капитални инвестиции од буџетот, посилна инвестициска активност на домашниот приватен сектор, но и преку нови странски инвестиции и раст на извозот. Доколку не се случат непредвидени геополитички и економски нарушувања на глобално и регионално ниво вклучувајќи и нов бран на пандемијата со Ковид 19, во периодот 2020-2023 година растот на БДП ќе се движи меѓу 4% и 5%“, најавува лидерот на опозицијата, Кристијан Мицкоски во нивната програма „Обнова“.


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

8

COVER STORY

60.000 работни места последните две години, зголемувањето на просечната плата на 27.200 денари како и зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 14.500 денари. „Оваа голема економска промена беше возможна и поради повисокиот износ на домашни странски инвестиции. Обезбедивме историски највисок износ од 950 милиони евра странски инвестиции во 2018 и 2019 година“, пишува во програмата на СДСМ осврнувајќи се на сработеното. Потоа, владејачката партија наведува дека пандемијата со коронавирусот која наметна строги мерки на ограничувања за да се запре ширењето на заразата оставила силни последици врз економијата, па ги набројува и сите мерки што ги донесе Владата за да го аморитизира ударот. За следните четири години, СДСМ најавува дека ќе обезбеди економски раст од 4%. По завршувањето на кризата со коронавирусот, оваа партија ветува зголемување на минималната плата за 40% и на просечната плата во земјата за 30%. Влез на странски директни инвестиции од една милијарда евра во текот на целиот мандат, и 2,2 милијарди евра јавни инвестиции од страна на државата. „Значително ќе го зајакнеме капацитетот за реализација на јавните инвестиции. Капиталните инвестиции ќе бидат генератор на јавната инвестициона потрошувачка за да се фокусираме целосно на огромниот потенцијал на домашната потрошувачка и инвестиции“, пишува во програмата. Во делот на даночната политика, СДСМ најавува дека данокот на добивка ќе остане на истото ниво од 10% а оние компании што ќе ја реинвестираат добивката следната година, ќе бидат ослободени од овој данок. Персоналниот данок на доход исто така освен за вработените во ИТ индустријата каде што се планира да биде 0%, меѓутоа, повторно се зборува за прогресивното оданоување. „Остануваме доследни на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за воведување на истиот. Остануваме посветени на праведноста во оданочувањето, со понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална јавна дебата и преговори, со фокус на реконфигурирање на концептот на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз“, пишува во програмата. Во делот на ДДВ, се најавува намалување на стапката кај одредени

Во програмата на владејачката партија СДСМ, наречена „Можеме“, напишана на вкупно 268 страници, најмногу доминираат зборовите „Европска Унија“ или „ЕУ“ коишто се спомнуваат дури 109 пати и ја одразуваат главната стратешка цел на оваа партија, а тоа се евроинтеграциите на земјата. Потоа, најчесто застапен е зборот „инфраструктура“ којшто се спомнува 94 пати, „НАТО“ може да се прочита 58 пати, „работни места“ во контекст на намалување на невработеноста се спомнува 54 пати, додека пак зборовите „правда“, „правна држава“ и „владеење на право“ само 17 пати.

Во програмата на ВМРО - ДПМНЕ наречена „Обнова“ распослана на 340 страници, според речиси истиот редослед но поретко застапени отколку во програмата на СДСМ, најчесто спомнуван збор од неколкуте клучни што ги пребарувавме е исто така „Европска Унија“ или „ЕУ“ и тоа 74 пати, а исто толку пати може да се почита и зборот „инфраструктура“. Потоа, 32 пати може да се прочитаат зборовите „работни места“, „правда“, „правна држава“ или „владеење на право“ 16 пати и „НАТО“ само 12 пати.

сектори како ресторани и занаетчии. „Го стабилизиравме редовниот поврат на ДДВ и прекинавме со лошите пракси од минатото на дикриминација и притисоци при поврат или при плаќање на обврските на државата. Продолжуваме со оваа добра практика“, се обврзува СДСМ. Потоа следуваат низа мерки за приватните фирми, како поддршка од 600 милиони евра за инвестиции и намалување на парафискалните давачки за 75%. Зборувајќи за пандемијата од Ковид – 19, СДСМ наведува дека

„големо мнозинство од македонските граѓани се задоволни од начинот на кој се менаџираше оваа криза“, и потенцира дека здравствениот систем е подготвен за нов бран на есен. Во тој контекст најавени се 33 милиони евра инвестиции во одделенијата за интензивна нега, нови регионални здравствени центри во Струмица, Охрид и Тетово како и нов клинички центар во Скопје. Во делот на социјалната политика, оваа партија најавува зголемување на опфатот на социјалната помош од 26.000 на 34.000 домаќинства и


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

9 детски додаток за околу 65.000 деца. За студентите, СДСМ ветува дека ќе ги реновира сите студенстки домови по примерот на домот „Гоце Делчев“. Во врска со воспоставувањето на правна држава, оваа партија најавува прочистување на судтството, конкретно преку разрешување на судиите чии предмети ќе застарат, детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители, европски мониторниг на случаите каде што има висока корупција и криминал. Партијата најавува и кратење на државната администрација за 20% и целосно укинување на патните трошоци за пратениците. Во делот на животната средина, СДСМ најавува поригорозни контроли и казни за загадувачите, 60.000 бесплатни екоинвертери во замена за печки на фосилни горива и целосно укинување на употребата на пластични кеси и цевки. Последниот столб во оваа програма е посветен на НАТО и ЕУ. Партијата ветува дека во својот мандат ќе отвори дури 80% од сите поглавја од преговорите за членство во ЕУ и пристап до европски фондови од 2,5 милијарди евра.

Каква „Обнова“ нуди ВМРО ДПМНЕ?

Изборната програма на ВМРО – ДПМНЕ наречена „Обнова“ и под мотото „Се обврзуваме“, е поставена на четири столба, и тоа: Ефикасна држава и силни институции; Конкурентен приватен сектор; Интегрирана, стабилна и безбедна земја; и Подобри услови за живот за сите граѓани. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, во воведот објаснува дека програмата „се фокусира на економијата, претприемништвото и поддршка на бизнисот, а целта е едноставна, повеќе пари за секого. Ние мораме преку индустријализација и константен економски развој да постигнеме стандарди базирани на вредности. На народот му се потребни вредности наместо демагогија, а на државата и се потребни работа и резултати наместо неспособност и порази“, пишува Мицкоски. Во првиот столб, оваа партија дава свои проценки за економијата следните четири години и се обврзува да оствари економски раст до 5% до крајот на мандатот. „За висок економски раст потребни се силни институции. Во периодот 20202023 година ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на интензивирање на економскиот раст преку изградба на силни институции, одржување на високи капитални инвестиции од буџетот, посилна инвестициска активност на домашниот приватен сектор, но и преку нови странски инвестиции

и раст на извозот“, пишува во програмата и доава дека „доколку не се случат непредвидени геополитички и економски нарушувања на глобално и регионално ниво вклучувајќи и нов бран на пандемијата со Ковид 19, во периодот 2020-2023 година растот на БДП ќе се движи меѓу 4% и 5%“. Во делот на даночната политика, оваа партија се залага да го задржи моделот на рамен данок но со

намалување на стапката од 10% на 8%. Данокот на добивка за компаниите што ќе ја реинвестираат, да продолжи да биде 0%. Притоа, се најавува ослободување од персонален данок на доход за млади до 29 години кои ќе остварат нето приходи до 6.000 евра при првото вработување. Новина е и воведувањето на зелени државни обврзници, односно хартии


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

10

COVER STORY

од вредност со коишто ќе се задолжува Министерството за финансии но наменски, за намалување на загадувањето. Во делот на капиталните инвестиции, ВМРО – ДПМНЕ потенцира дека „постои силна корелација помеѓу висината на јавните инвестиции и растот на бруто домашниот производ. Покрај висината на јавните инвестиции важна е и ефикасноста во нивната имплементација“, пишува во програмата оваа партија и се обврзува дека ќе инвестира минимум по 4% од БДП годишно во капитални објекти. Притоа, најавува изработка на национална програма за јавни инвестиции и формирање на тело за следење на капиталните инвестиции. Во врска со тековните трошоци од буџетот, оваа партија најавува кратење на парите за стоки и услуги за 10%, зголемување на платите во јавниот сектор за 25% до крајот на мандатот но не и кратење на бројот на вработени и раст на пензиите за 20%. Во насока на подобрување на условите за водење бизнис, ВМРО – ДПМНЕ најавува „реформи во регулативата насочени кон подобрување на правниот систем со цел намалување на правните бариери, кои се однесуваат на непотребни закони, правила и процедури, кои го ограничуваат бизнисот и кои ги зголемуваат трошоците за водење бизнис. Дополнително, предвидуваме укинување на голем број парафискални давачки кои го оптоваруваат бизнисот“, пишува оваа партија. Новиот развоен концепт на ВМРОДПМНЕ, како што пишува во програмата, „ќе биде насочен кон креирање на модерни индустриски политики насочени кон извозно ориентирана индустријализација на земјата како основа за забрзување на економскиот раст и подобрување на животниот стандард на македонските граѓани“, и притоа се планира Министерството за економија да стане Министерство за индустрија, трговија и развој и наведени се низа проекти за поддршка на извозните компании. Оваа партија повторно ги актуелизира и промоторите како дел од нов модел за

привлекување на странски инвестиции. „Овие промотори ќе бидат лоцирани во оние земји и региони каде потенцијалот за привлекување на странски инвестиции е најголем“, пишува во програмата. Во делот на образованието, наведени се проекти за изградба и реконструкција на основни, средни училишта и факултети, студентски домови. Од останатата јавна инфраструктура, планирана е реконструкција на сите државни патишта според степенот на оштетеност, потоа во Град Скопје, жичарница од подножјето до средно Водно, како и пречистителна станица. Во делот на железницата, наведена е изградба на пругата од Коридорот 8 кон Бугарија како и набавка на нови возови. Освен тоа, партијата се обврзува и на целосна гасификација на земата, како и зголемена искористеност на обновливите извори на енергија. Една од најголемите разлики меѓу двете најголеми партии е во делот на рударството. ВМРО – ДПМНЕ во програмата пишува за политики за развој на рударски капацитети и набројува отворање на дури пет рудници за металични суровини, меѓу кои Стогово, Тајмиште, Плавица, Кадиица, и Лојане. За разлика од нив, СДСМ во неколку наврати се изјасни дека нема да дозволи отворање на нови рудници и дури и ги раскина договорите со некои од концесионерите со што ја испочитува волјата на граѓаните кои се бунтуваа против оваа политика. Потоа, неколку страници од оваа програма се посветени на реформи во уставно – правниот и политички систем во земјава. Партијата констатира дека „Македонија е заробена држава со хибриден правен и политички режим. Државата е правно несигурна, внатрешно разјадена од системски вкоренетата корупција и криминал. Политичките институции и државните органи се во заложништво на власта“. Како дел од решенијата ВМРО – ДПМНЕ наведува дека ќе формира експертска група со задача да ги посочи сите евидентирани слабости,

проблематични, неконзистентни и неприменливи одредби во Уставот на Македонија и да подготви нови, модерни предлог-уставни решенија во согласност со европските вредности и стандарди. Потоа, проверка на имплементацијата на европските стандарди и вредности во текстот на сите нацрт или предлогзакони пред истите да бидат донесени во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе понуди политики со кои судството и обвинителството ќе ги ослободи од политичките, но и од другите форми на влијание и зависност. „Ќе воведеме нови критериуми за избор на судиите, нови критериуми за избор на претседателите на судовите, ќе ги подигнеме критериумите за унапредување на судиите, за евалуација на нивната работа како и критериумите за утврдување одговорност на судиите и на претседателите на судовите врз построги законски основи. Формирање посебно тело за евалуација, интегритет и етика на судиите и на членовите на Судскиот совет во рамките на Советот“, пишува во програмата. Она што е највпечатливо во овој дел е проектот „Слобода за неправедно осудените во политички монтираните случаи“ каде што партијата наведува дека ке примени инструмент „потрага по вистината“ во елиминирањето на селективната правда и во решавањето на случаите со неправедно осудените лица во политички монтираните процеси. Признавање само на најниските патни трошоци на пратенниците со цел враќање на довербата на граѓаните во своите претставници. Партијата заклучува дека во периодот 2020 – 2024 година фокусот ќе биде ставен на исполнување на сите критериуми за полноправно членство во Европската Унија и континуирано исполнување на обврските од членството во НАТО без да спомнува поништување на Преспанскиот договор туку само формирање на научна институција за проучување на ризиците, обврските, предностите и слабостите од него. nnn



Капитал број 1069 03.07.2020

12

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

МАКЕДОНИЈА ГИ ВРВИ ФОРМАЛНИТЕ ЧЕКОРИ

БРИСЕЛ ОСТАН НА ЗБОРОТ: СЕ ОБЈАВИ ПР ПРЕГОВАРАЧК РАМКА Чекајќи го Предлогот скептиците и опонентите на интеграциите коментираа дека во него јазикот на земјата нема да биде македонски оти Бугарија кон записникот на седницата на Советот за општи работи на ЕУ од 25 март прикачи Изјава во однос токму на јазикот. Без разлика што оваа Изјава беше унилатерална и без правен ефект врз содржината и опсегот на преговорите таа во домашната јавност кај опозицијата и нејзините поддржувачи беше пренесена како став на ЕУ. Токму затоа, ставот на Европската комисија што не го зема предвид барањето на Бугарија зборува за тоа дека Предлог рамката секако е впечатлива и од политички аспект - Европската Комисија јасно го користи терминот македонски јазик, во делот во кој се истакнува дека целото ЕУ законодавство ќе треба да биде преведено на јазикот на земјата преговарач, во случајов македонски.


www.kapital.mk

И КОН ЕУ

НА

РЕДЛОГ КАТА

Капитал број 1069 03.07.2020

13


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

14

ПОЛИТИКА

пишува:

Катерина Синадиновска

Н

katerina.sinadinovska@kapital.mk

На радост на поддржувачите на европските интеграции дојде веста дека Европската комисија ја усвои Предлог преговарачката рамка според којашто треба да течат македонските преговори со Европската Унија. Документот што беше најавен за јуни, ЕК го пушти на први јули со што прати порака дека Брисел стои на зацртаната динамика во однос на процесот на проширување и европската иднина на Западен Балкан. Чекајќи го Предлогот скептиците и опонентите на интеграциите коментираа дека во него јазикот на земјата нема да биде македонски оти Бугарија кон записникот на седницата на Советот за општи работи на ЕУ од 25 март прикачи Изјава во однос токму на јазикот. Без разлика што оваа Изјава беше унилатерална и без правен ефект врз содржината и опсегот на преговорите таа во домашната јавност кај опозицијата и нејзините поддржувачи беше пренесена како став на ЕУ. Токму затоа, ставот на Европската комисија што не го зема предвид барањето на Бугарија зборува за дека Предлог рамката секако е впечатлива и од политички аспект. Европската Комисија јасно го користи терминот македонски јазик, во делот во кој се истакнува дека целото ЕУ законодавство ќе треба да биде преведено на јазикот на земјата преговарач, во случајов македонски. Државната агенција (МИА) во својата анализа наведува дека Северна Македонија веќе со години има акредитирани преведувачи на и од македонски јазик, акредитација што официјално ја издава Европската Комисија, па така кога премиерот Зоран Заев се обрати на македонски на пленарна седница во Европскиот Парламент, се употреби и тогаш официјално македонски јазик, исто како и за време на техничките скрининзи минатата година. За македонската страна ова претставува потврда дека јазикот се признава од страна на Европската Комисија, но официјален јазик на ЕУ ќе може да стане само откако Северна Македонија ќе стане полноправна членка на Унијата, како што предвидуваат повелбите на Унијата. Но, преговарачката рамка содржи и други важни елементи. Северна Македонија, заедно со

САМУЕЛ ЖБОГАР

ФЛОРИЈАН БИБЕР

Документот ќе ги содржи принципите на преговорите, целата суштина на преговорите и ќе го определи целиот претпристапен процес. Останува на германското претседавање со ЕУ и на државите - членки да го разгледаат документот, евентуално да ја усвојат преговарачката рамка. Веднаш штом биде усвоен истиот ќе биде објавен, следува да седнеме на маса и формално да ги отпочнеме пристапните преговори за членство на земјата.

Рамката овозможува одредена мапа, тоа е патоказ и дадена процедура со оглед на претходните искуства и поглавјата. Она што е интересно сега е новата методологија и треба да видиме како тоа ќе биде имплементирано во практика. Затоа, овој документ е важен и да видиме како ќе биде процесот различен од претходните процеси на пристапување. Се разбира дека брзината и природата на преговорите ќе зависи од двете страни, но овој документ секако претставува водич за тоа како ќе изгледа целиот процес.

Албанија, ќе бидат првите земји што ќе преговараат согласно новата методологија на Европската Унија усвоена во март. Конкретно, тоа значи дека наместо отворање и затворање на триесеттина поглавја, сега тие се групирани во шест кластери, метод кој, се надева Европската Комисија, ќе овозможи побрз и подинамичен процес, наместо досегашните долги и макотрпни процедури низ кои минуваат Подгорица и Белград со години. Преговорите се отвораат врз основа на тоа дека Северна Македонија исполни висок степен на усогласување со критериумите за членство, посебно политичките критериуми поставени во Копенхаген од страна на Европскиот Совет во 1993 (…) Унијата очекува Северна Македонија да продолжи да работи кон целосно почитување на овие критериуми и услови и да обезбеди целосна имплементација на клучните реформи и законодавство, стои во предлог преговарачката рамка на ЕК. Северна Македонија, која од 2009 има препорака за отворање на преговорите со ЕУ, технички одамна работи на преточување на ЕУ законодавството во националната рамка, но со години блокадата доаѓаше од спорот со Грција. Решавањето на овој спор несомнено одигра клучна улога во добивањето на зелено светло за старт на преговорите во март оваа година. Впрочем, добрососедските спогодби со Грција, а и со Бугарија, се исто

така централен дел од овој предлог преговарачка рамка. Како и во речиси секој документ од ЕУ, од Северна Македонија се очекува целосна посветеност на добрососедските односи, односно имплементација на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедски односи со Бугарија. Оттука, секој обид да се ревидираат или да не се почитуваат овие договори ќе значи враќање назад и блокада на ЕУ перспективата за Северна Македонија. Иако ЕУ не се меша во билатералните односи, јасно е дека очекува од сите страни во пријателски и конструктивен европски дух да ги надминат сите разлики, што до сега Северна Македонија докажа дека е способна да го реализира. Важно е да се спомне дека оваа преговарачка рамка, како резултат на новата методологија подразбира и можност во секое време да се запре процесот на преговори доколку земјата покаже застој или назадување во исполнувањето на реформите.

евроамбасадор

универзитетски професор

Предвидливоста на пристапниот процес бара одлучни и пропорционални мерки што ќе ги санкционираат сите сериозни или продолжени стагнации и назадувања во имплементација на реформите, стои во документот, како јасно предупредување до новите земји преговарачи дека треба по секоја цена да се избегнат искуства како она со Србија, каде растечкиот авторитаризам


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

15

Европската Комисија очекува од македонските власти сега да го усвојат патоказот за овие преговарачки поглавја, во кои мора да фигурираат клучните реформски приоритети и според кој ќе се водат преговорите во овие поглавја. Имплементацијата на овој патоказ ќе биде под постојан мониторинг од страна на ЕУ на секоја од меѓувладините конференции. Освен патоказот за владеење на правото, Северна Македонија треба да изготви и патоказ за функционирањето на демократските институции и реформата на јавната администрацијата, другиот суштински елемент од преговорите со ЕУ.

на власта доведе до забавување на процесот. Доколку Комисијата преку сопствена иницијатива или на барање на доволен број земји членки оцени дека Северна Македонија не напредува или назадува во реформите, таа може да предложи суспензија на преговорите. Крајната одлука ја носат земјите членки преку гласање со обратно квалификувано мнозинство, и само откако ќе ги слушнат аргументите на земјата и само откако ќе се истрошат сите други можности за враќање на правиот колосек. Суспензија на преговорите може да има доколку се констатира конзистентен застој или назадување во најважните поглавја како владеењето на правото и правдата. Со новата методологија на појасен и поедноставен начин ќе може да се врши овој надзор врз земјите кандидати. Тука важна улога ќе одигра внесувањето на политичка димензија во преговорите преку инволвирањето на земјите членки на ЕУ.

Земјите членки систематски ќе придонесуваат кон пристапниот процес, вклучително преку мониторинг на терен на своите експерти, преку директен придонес за годишните извештаи и преку секторска експертиза.

Што се очекува од Македонија?

Нацрт рамката за преговори на Европската Комисија сега ќе треба да биде одобрена и евентуално модифицирана во одредени делови доколку за тоа има консензус помеѓу сите 27 земји членки на ЕУ. Но, она што е важно за Северна Македонија е дека и таа треба да подготви своја преговарачка рамка. Преговорите со ЕУ не претставуваат штиклирање на закони, туку до одредена мера и битка со ЕУ за заштита на клучни економски, социјални и други национални интереси. Првиот чекор сега откако се преговарачките рамки влезени во процедура е Северна Македонија да изготви патоказ за поглавјата поврзани за владеењето на правото, поглавјата

23 и 24. Овој кластер на поглавја мора прв да биде отворен и ниту еден друг не може да биде отворен пред овој. Напредокот во фундаменталниот кластер ќе го одреди целокупниот ритам на преговорите и ќе биде земен предвид во одлуката за отворање и затворање на нови поглавја и кластери. Европската Комисија очекува од македонските власти сега да го усвојат патоказот за овие преговарачки поглавја, во кои мора да фигурираат клучните реформски приоритети и според кој ќе се водат преговорите во овие поглавја. Имплементацијата на овој патоказ ќе биде под постојан мониторинг од страна на ЕУ на секоја од меѓувладините конференции. Освен патоказот за владеење на правото, Северна Македонија треба да изготви и патоказ за функционирањето на демократските институции и реформата на јавната администрацијата, другиот суштински елемент од преговорите со ЕУ. Тука се очекува Северна Македонија да


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

16

ПОЛИТИКА

Според нацрт агендата на германското претседателство кое ќе раководи со главните министерски состаноци на ЕУ во наредните шест месеци, и пред сè со Советот за општи работи, каде се одлучува за проширувањето, преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија ќе бидат на дневен ред на 10 ноември. До тогаш двете страни, ЕУ и Северна Македонија, треба да ги подготват на најдобар начин своите преговарачки позиции. Доколку Советот даде зелено светло за Северна Македонија на 10 ноември, може да се очекува првата меѓувладина конференција, со која се означува формалното отворање на преговорите со ЕУ, да се одржи во текот на декември оваа година. поднесе јасен роковник и кои се главните чекори што планира да ги преземе за исполнување на критериумите. Како и со владеењето на правото, демократските институции и јавната администрација ќе бидат под постојан надзор на ЕУ.

Патот кон ЕУ

Откако Советот ќе ја усвои рамката за преговори, Северна Македонија ќе помине низ процес на билатерален скрининг, кој треба да е значително пократок од претходните земји кандидати, бидејќи техничкиот скрининг заврши минатата година. Овој скрининг, за разлика од техничкиот, е интерактивен, ЕУ ја информира Северна Македонија до каде е ЕУ законодавство во секоја област, како се развива и менува и се идентификуваат клучните теми кои ќе бидат дел од самите преговори. Овој крајно технички дел овозможува подобра подготвеност и одредување на таканаречените “бенчмаркс“ или одредници врз основа на кои се носи одлуката за отворање на кластер на поглавја.

По исполнувањето на одредниците следуваат преговорите по кластери, односно отворање на сите поглавја од еден кластер наеднаш, за разлика од досегашното отворање поглавје по поглавје. Европската Комисија бара рокот помеѓу отворање на еден кластер и затворањето на поглавјата од кластерот да не биде повеќе од една година, ако е возможно, и целосно во зависност од напредокот на земјата преговарач. Северна Македонија ќе треба јасно да ја изрази својата позиција во однос на ЕУ законодавството и да известува за својот напредок во исполнувањето на одредниците. Брзината на исполнување на критериумите и проактивноста на земјата преговарач треба да е единственото мерило на брзината на преговорите и нивното завршување. Преговорите ќе се водат главно на министерско ниво, со помош на работни групи, а политичкиот импулс ќе ги даваат Меѓувладините конференции, каде ЕУ и Северна Македонија се застапени на највисоко ниво.

Според нацрт агендата на германското претседателство кое ќе раководи со главните министерски состаноци на ЕУ во наредните шест месеци, и пред сè со Советот за општи работи, каде се одлучува за проширувањето, преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија ќе бидат на дневен ред на 10 ноември. До тогаш двете страни, ЕУ и Северна Македонија, треба да ги подготват на најдобар начин своите преговарачки позиции. Доколку Советот даде зелено светло за Северна Македонија на 10 ноември, може да се очекува првата меѓувладина конференција, со која се означува формалното отворање на преговорите со ЕУ, да се одржи во текот на декември оваа година.

Рамката е патоказ низ преговорите

Во меѓувреме. аналитичарите ценат дека Рамката ќе биде исклучително важен документ: „Таа овозможува одредена мапа, тоа е патоказ и дадена процедура со оглед


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

17 та Понуда ви 31о д е а р т август

Твој избор, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Кредитите до 31 - ви август и искористете ја промотивната понуда со пониски каматни стапки, без трошоци за одобрување по повод 35 години НЛБ Банка! • НЛБ Станбен кредит со рок на отплата до 35 години • НЛБ Потрошувачки кредит со 35 месеци фиксна каматна стапка

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

18

ПОЛИТИКА

на претходните искуства и поглавјата. Она што е интересно сега е новата методологија и треба да видиме како тоа ќе биде имплементирано во практика. Затоа, овој документ е важен и да видиме како ќе биде процесот различен од претходните процеси на пристапување. Се разбира дека брзината и природата на преговорите ќе зависи од двете страни, Европската Унија од една и земјата од друга, но овој документ секако претставува водич за тоа како ќе изгледа целиот процес“, изјави пред десетина дена професорот Флоријан Бибер за Капитал. Една од главните причини за задоцнетото зелено светло во однос на нашата земја, покрај новата методологија беше и стравот на

одредени земји членки дека пуштањето на Македонија напред, без Албанија може да биде лош знак за стабилноста на регионот. На прашањето дали и во процесот на преговори ќе ја имаме Албанија во нераскинлива група па реформите на едната земја ќе бидат непризнати, ако другата затајува, Бибер вели: “Тука дилемата не е за самиот тек на преговорите, туку за одлуката за прием. Кога преговорите се почнати, мислам дека нема да се оценуваат земјите заедно, но дали ако Македонија покаже брз успех и ја надмине не само Албанија, туку и Србија и Црна Гора, дали ќе биде примена пред сите нив, тоа ќе зависи од волјата на самата ЕУ. Мислам дека откако процесот ќе почне,

ќе си добие своја динамика и брзина и дека сега тоа групирање со Албанија е веќе минато, во смисла на фактот што двете земји кандидати добија зелено светло, но дури и самата рамка е различна, затоа што кога на Албанија и' се даде зелено светло во март, и' беше кажано дека има услови што дополнително треба да се исполнат, а и двете земји ќе преговараат одвоено. Тука клучното прашање е дали овие две земји на крајот на процесот ќе се приклучат заедно кон ЕУ или ќе има јаз меѓу напредокот на двете па ќе мора да се приклучат одвоено. Но, што се однесува на самиот процес на преговори, не мислам дека ќе се оценуваат заедно. Она што е важно за Северна Македонија е како ќе се одвива приклучувањето. Во процесот на преговори, ако Северна Македонија покаже напредок, може да ја надмине Албанија ама и да ги ‘престигне’ и Србија и Црна Гора. Ова сето се разбира зависи од самата Влада и преговарачкиот капацитет и од волјата на Европската Унија не само да започне преговори, туку и да ги заврши. Но, се разбира, ова е години нанапред.“ Тој исто така се осврнува и на важноста што овој чекор ја има како порака до регионот: „Исто така ова е охрабрување и порака дека проширувањето како процес не е мртво. Исто така мислам дека проширувањето е мора да се смени. Јас иако бев многу критичен кон одлуката на претседателот Макрон таа извади на виделина многу проблеми. Преговорите со Србија и со Црна Гора не се одвиваа како што треба, значи процесот на пристапување не даваше резултати, а двете земји назадуваа во владеењето на правото и демократијата. Затоа процесот мора да биде охрабрувачки и критички. Треба да прати сигнал дека има перспектива, дека Северна Македонија може да се приклучи кон ЕУ, но доколку Владата не прави тоа што треба, не спроведува реформи тогаш ќе има застој во процесот, не поради Франција или Холандија или Данска, туку затоа што Владата не прави тоа што треба. И се надевам дека новиот процес ќе оди во оваа насока. Се разбира, се' уште има скептици во ЕУ, па секоја влада во регионот треба да направи специјални напори за да ги разубеди нив и да ги информира земјите членки за тоа какви напори се преземаат за да се спроведат потребните реформи.' Експертите се согласни дека она што ќе следува ќе се битки внатре во самата ЕУ и дебати за тоа што всушност ЕУ треба претставува и некои земји членки на пример како Унгарија сметаат дека владеењето на правото и демократијата можат да бидат теми на преговори што е контрадикторно на самиот Договор кој јасно вели дека демократијата и владеењето се основни принципи и тука нема разговори. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

20

БАНКИ

ПРОКРЕДИТ БАНКА ПОВТОРНО ЧЕКОР ПРЕД ДРУГИТЕ!

ПОТПИШУВАЈТЕ ДОГОВОРИ СО БАНКАТА ОНЛАЈН ПРЕКУ ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА

Предностите од користење на услугата за дигитално потпишување договори се многубројни – зголемена ефикасност и брзина во потпишувањето на договорот со што заштедува на време и трошоци, ја подобрува безбедноста и го олеснува процесот на водење евиденција за документацијата.

В

о денешно време дигитализацијата на пазарот станува се поважна, се бараат брзи и едноставни решенија за спроведување на административните работи, како што се потпишување на договори за кредити, кредитни линии и гаранции без посета на банка. ПроКредит банка е лидер на пазарот во имплементација на модерни банкарски технологии во земјата со 100% автоматизирана услуга за готовински и безготовински платежни трансакции.

Први на пазарот ја воведовме и услугата за дигитално потпишување на договори за сите правни лица. Ефикасноста, брзината и безбедноста се придобивките кои ги нуди оваа услуга. Станува збор за едноставна и безбедна електронска платформа која им овозможува на клиентите дискреција и пристап со сопствено корисничко име и лозинка. Откако клиентите ќе добијат дигитален сертификат за потпис, сите останати договори за кредити, кредитни линии и гаранции може да се потпишуваат

преку оваа иновативна платформа. Сè што е потребно се личен компјутер и интернет. Со оваа услуга, чекањето во ред и брзањето во банка само за еден потпис стануваат минато за клиентите на ПроКредит Банка. Предностите од користење на услугата за дигитално потпишување договори се многубројни – зголемена ефикасност и брзина во потпишувањето на договорот со што заштедува на време и трошоци, ја подобрува безбедноста и го олеснува процесот на водење евиденција за документацијата. nnn



Капитал број 1069 03.07.2020

22

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

РАСТЕ ПЕС

ПАНДЕМИЈАТА С СО ПРОДОЛЖ ВРЗ СВЕТСКАТ


www.kapital.mk

СИМИЗМОТ

Капитал број 1069 03.07.2020

СЕ ПРОЛОНГИРА ЖЕНО ДЕЈСТВО ТА ЕКОНОМИЈА

23


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

24

ЕКОНОМИЈА

Како што се пролонгира пандемијата, продолжено дејство имаат и негативните последици врз економијата. Во отсуство на ефикасна терапија или вакцина, а при налет на голем втор бран на ширење на коронавирусот во многу земји во светот порано од очекуваното, меѓународните финансиски институции станаа уште поголеми песимисти за движењето на економијата годинава. Меѓународниот монетарен фонд, штотуку се премисли, и од првичната прогноза за рецесија на светската економија од 3%, сега проценува пад на економијата од дури 4,9% годинава, но закрепнување со раст од 5,4% догодина.

пишува:

Александар Јанев

К

aleksandar.janev@kapital.mk

Како што се пролонгира пандемијата, продолжено дејство имаат и негативните последици врз економијата. Во отсуство на ефикасна терапија или вакцина, а при налет на голем втор бран на ширење на коронавирусот во многу земји во светот порано од очекуваното, меѓународните финансиски институции станаа уште поголеми песимисти за движењето на економијата годинава. Меѓународниот монетарен фонд, штотуку се премисли, и од првичната прогноза за рецесија на светската економија од 3%, сега проценува пад на економијата од дури 4,9% годинава, но закрепнување со раст од 5,4% догодина. Образложувајќи ги последиците од пандемијата врз економијата, главниот економист на ММФ, Гита Гопинат, истакна дека штетите глобално, сега се проценуваат на 12 и пол илјади милијарди долари. „Голем степен на неизвесност ја опкружува оваа прогноза, со нагорни и надолни ризици. Во нагорна линија, добра вест за вакцини и третмани и дополнителна поддршка на политиките може да доведе до побрзо закрепнување. Во надолна линија, понатамошните бранови на инфекции можат да ја намалат зголемената мобилност и трошење, и брзо да ги заостри финансиските услови, предизвикувајќи проблеми со долгот. Геополитичките и трговските тензии би можеле да ги оштетат кревките глобални односи во време кога се предвидува трговија да падне за околу 12%“, истакна Гопинат. ММФ уште еднаш ја истакна важноста на земјите да ги ублажат последиците од пандемијата врз економијата, првенствено преку зајакнување на здравствените системи за да се пружи на граѓаните максимална здравствена заштита од вирусот, но и на оние што ги загубија работните места во оваа криза.

„Со оглед на огромната неизвесност, креаторите на политиките треба да останат будни и политиките ќе треба да се прилагодат додека ситуацијата се развива. Значителната заедничка поддршка од фискалната и монетарната политика мора да продолжи, особено во земјите каде што се очекува инфлацијата да остане ниска. Во исто време, земјите треба да обезбедат соодветно фискално водење на финансиите и транспарентност, и дека независноста на монетарната политика е одржана. Приоритет за земјите е да се справат со здравствените ризици дури и кога повторно ќе се отворат. Ова бара континуирано градење на здравствен капацитет, распространето тестирање, следење, изолација и практикување безбедно растојание. Овие мерки помагаат да се запре вирусот, да се увери јавноста дека со нови епидемии може да се решат правилно и да се минимизираат економските нарушувања. Меѓународната заедница мора дополнително да ги прошири финансиската помош и експертиза во земји со ограничен капацитет за здравствена заштита. Треба да се направи повеќе за да се обезбеди соодветно и достапно производство и дистрибуција на вакцини и третмани кога ќе станат достапни. Во земји каде активностите се строго ограничени од здравствената криза, луѓето директно погодени треба да добиваат парична поддршка преку осигурување на невработеност и трансфер на готовина, а фирмите погодени треба да бидат поддржани преку заеми, гарантни гаранции и грантови“, изјави главниот економист на ММФ, Гита Гопинат.

ЕЦБ: економијата на ЕУ ќе падне за 8,7%

Во Европа, исто така се прават надолни промени на проекциите. Европската централна банка прогнозира дека економијата на Стариот континент годинава ќе падне дури 8,7%. „Влезните информации потврдуваат дека економијата во еврозоната доживува невидена контракција. Постои нагло опаѓање на економската активност како резултат на пандемијата на коронавирус (КОВИД-19) и мерките за нејзино запирање. Значителната загуба на работни места и приходи и исклучително

зголемената неизвесност за економскиот изглед, доведоа до значителен пад на потрошувачката и инвестициите. Додека податоците од анкетата и сегашните индикатори покажаа некои знаци на одлепување од дното, заедно со постепеното олеснување на мерките за запирање, подобрувањето е забрзано во споредба со брзината со која индикаторите паднаа во претходните два месеци. Јунските макроекономски проекции на Евросистемот покажуваат дека растот бележи пад со невидено темпо во второто тримесечје од оваа година, пред повторно да закрепне во втората половина, главно поттикнат со значителната поддршка од фискалната и монетарната политика. Како и да е, проекциите претрпуваат значителна надолна ревизија, како за нивото на економската активност и за движењето на инфлацијата во текот на целиот период на проекцијата, иако основата е опкружена со исклучителен степен на неизвесност“, изјави Кристин Лагард, претседателка на ЕЦБ. Таа рече дека освен преку монетарната полтика, односно улогата на централните банки да го олеснат пристапот до кредити за фирмите, клучна е и улогата на владите преку фискалната политика, односно преку јавните финансии. „Во однос на фискалните политики, амбициозниот и координиран фискален став останува клучен, со оглед на острата контракција во економијата на еврозоната. Преземените мерки треба што е можно повеќе да бидат насочени и привремени по природа, како одговор на итни случаи во случај на пандемија. Трите безбедносни мрежи, одобрени од Европскиот совет за работници, во вредност од 540 милијарди евра, обезбедуваат важна поддршка за финансирање во овој контекст. Во исто време, Управниот совет повикува на натамошни силни и навремени напори за подготовка и поддршка на закрепнувањето. Затоа, ние силно го поздравуваме предлогот на Европската комисија за план за опоравување, посветен на поддршка на регионите и секторите кои се најтешко погодени од пандемијата, за зајакнување на единствениот пазар и за градење трајно и просперитетно закрепнување“, истакна Лагард.


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

25

ГИТА ГОПИНАТ

КРИСТИН ЛАГАРД претседателка на ЕЦБ

АНИТА АНГЕЛОВСКА – БЕЖОСКА

„Од првичната прогноза за рецесија на светската економија од 3%, сега проценуваме пад на економијата од 4,9% годинава, но закрепнување со раст од 5,4% догодина. Штетите глобално, сега се проценуваат на 12 и пол илјади милијарди долари. Голем степен на неизвесност ја опкружува оваа прогноза, со нагорни и надолни ризици. Во нагорна линија, добра вест за вакцини и третмани и дополнителна поддршка на политиките може да доведе до побрзо закрепнување. Во надолна линија, понатамошните бранови на инфекции можат да ја намалат зголемената мобилност и трошење, и брзо да ги заостри финансиските услови, предизвикувајќи проблеми со долгот. Геополитичките и трговските тензии би можеле да ги оштетат кревките глобални односи во време кога се предвидува трговија да падне за околу 12%.

Влезните информации потврдуваат дека економијата во еврозоната доживува невидена контракција. Постои нагло опаѓање на економската активност како резултат на пандемијата на коронавирус (КОВИД-19) и мерките за нејзино запирање. Значителната загуба на работни места и приходи и исклучително зголемената неизвесност за економскиот изглед, доведоа до значителен пад на потрошувачката и инвестициите. Проекциите претрпуваат значителна надолна ревизија, како за нивото на економската активност и за движењето на инфлацијата во текот на целиот период на проекцијата, иако основата е опкружена со исклучителен степен на неизвесност.

Растот на економската активност значително забави во првиот квартал на 2020 година и изнесуваше 0,2% на годишна основа, наспроти растот од 3,4% во претходниот квартал. Остварувањата се послаби и од очекуваната динамика на раст за првото тримесечје согласно со априлските проекции. Случувањата поврзани со новата вирусна инфекција во глобални рамки и нејзиното ширење во домашната економија, како и мерките коишто беа преземени за спречување на нејзиното ширење, во текот на март, доведоа до влошување на деловната активност, што е видливо кај поголем дел од економските дејности. За вториот квартал, очекуваме понагласени негативни ефекти од здравствената криза врз економијата. Изразено се продлабочува падот на индустриското производство, како и на прометот во трговијата.

главен економист на ММФ

Сите “се крстат“ во вакцината

Во Македонија, Народната банка иако се уште не ги конкретизира своите попесимистички очекувања во бројки, ги истакна своте стравувања во врска со движењето на македонската економија. Во последното соопштение од централната банка објаснуваат дека минималниот раст на економијата од само 0,2% во првиот квартал бил под нивните првични очекувања, а ризиците за остатокот од годината сега се уште поизразени. Засега, проекцијата останува рецесија

со пад на БДП од 3,5%. „Ризиците во поглед на проекциите се изразено надолни, а неизвесноста е понагласена од кога било досега. Главниот надолен ризик се однесува на евентуалното подолго времетраење на пандемијата, појавата на втор бран на инфекцијата и повторното затегнување на мерките за спречување на ширењето на вирусот“, се вели во извештајот на НБМ. Како останати негативни ризици се наведуваат можноста за прераснување на глобалната здравствена и економска

гувернерка на Народната банка

криза во финансиска, можноста за подолготрајно нарушување на довербата на економските субјекти за потрошувачка и инвестиции, можното забавување на глобалните синџири на снабдување, повторната ескалација на трговските тензии меѓу земјите, подолготрајното намалување на цените на примарните производи, како и појавата на социјални немири во одредени региони во светот. А единствената позитивна работа што може да се случи, е да се најде вакцина, и пандемијата да заврши порано.


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

26

ЕКОНОМИЈА

„Од друга страна, можноста за завршување на пандемијата порано од очекуваното, како резултат на побрзото пронаоѓање на вакцина против корона-вирусот, претставува единствен позитивен ризик за глобалниот економски раст“, велат од НБМ. Во однос на економските движења во еврозоната, како наш најголем трговски партнер, во првиот квартал на 2020 година беше остварен годишен пад на БДП од 3,1%, а квартален од 3,6%, наспроти годишниот раст од 1% во претходниот квартал. Првичните податоци за пазарот на труд во еврозоната, пак, упатуваат на неповолни поместувања, бидејќи стапката на невработеност во април се зголеми на 7,3%. На редовниот состанок во јуни, ЕЦБ уште повеќе ја олабави монетарна политика, со цел да се придонесе за подобрување на условите за финансирање на реалната економија.

Се очекуваат понатамошни негативни ефекти од пандемијата врз домашната економија Гледано низ призмата на македонската економија, проекциите за странската ефективна побарувачка се ревидирани надолу. Најновите проекции за примарните производи на светските берзи и натаму упатуваат на пад на

нивните цени. „Растот на економската активност значително забави во првиот квартал на 2020 година и изнесуваше 0,2% на годишна основа, наспроти растот од 3,4% во претходниот квартал. Остварувањата се послаби и од очекуваната динамика на раст за првото тримесечје согласно со априлските проекции. Случувањата поврзани со новата вирусна инфекција во глобални рамки и нејзиното ширење во домашната економија, како и мерките коишто беа преземени за спречување на нејзиното ширење, во текот на март, доведоа до влошување на деловната активност, што е видливо кај поголем дел од економските дејности. Тоа се одрази и врз довербата и очекувањата на фирмите, поради што изостана очекуваниот раст кај бруто инвестициите, а нивниот мал пад во најголем дел придонесува за послабата домашна побарувачка. Кризата го забави и растот на личната потрошувачка во првиот квартал“, се вели во месечната информација на централната банка. За вториот квартал, нашите монетарни власти велат дека се очекуваат натамошни понагласени негативни ефекти од здравствената криза врз економијата. Изразено се продлабочува

падот на индустриското производство, како и на прометот во трговијата. И натаму има и голема неизвесност околу идното движење на светските цени на примарните производи, поврзано со времетраењето на пандемијата. „Од расположивите податоци веќе се согледува позначително негативно влијание врз домашната економија од ширењето на вирусот КОВИД-19, во согласност со очекувањата дека негативните ефекти ќе бидат најсилни во април, со постепено закрепнување во преостанатиот дел од вториот квартал“, се вели во извештајот. Од Народна банка информираат дека во април вкупните депозити се задржале на речиси исто ниво како и во претходниот месец. Притоа, штедните влогови на домаќинствата имале месечен раст, а малку паднале депозитите на фирмите. Она што и се очекуваше, во април се зголемиле штедните влогови што се чуваат во странска валута, а имало умерен пад на депозитите во денари. Кога станува збор за кредитирањето, пак, во април вкупните кредити на приватниот сектор се зголемиле за само 0,2%, и притоа пораснало кредитирањето на фирмите, а се намалиле заемите на домаќинствата.

nnn



Капитал број 1069 03.07.2020

28

www.kapital.mk

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

КОРОНА – КРИЗАТА НОСИ НЕКОИ ЧУДНИ ВЕТР

БЕРЗИТЕ РУШАТ РЕК А АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е ВО НО

ЗОШТО Е ТОА ТАКА?


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

29

РИШТА НА ВОЛСТРИТ

КОРДИ,

ОКДАУН:

Кварталот април – мај – јуни беше ужасен за американската економија, земјата влезе во рецесија предизвикана од пандемијата, а 40 милиони Американци останаа без работа. Но, и покрај сето ова, берзите на Волстрит не се однесуваат како да е криза – напротив, се случи најдобриот квартал на пазарите на капитал во последниве две, а за некои индекси и три децении, како што пишуваа тамошните медиуми деновиве. Според бројни аналитичари, една од причините е и огромната финансиска инјекција што САД и нејзините Федерални резерви ја вбризгаа во домашната економија – се работи за преку 3.000 милијарди долари од март наваму. А, допрва ќе вбризгува уште.


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

30

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Состојбата на светската економија е сè уште релативно слаба, а иднината е нејасна. Нерешените тензии од минатото (меѓу САД и Кина, протестите и претстојната изборна кампања во САД, разговорите околу Брегзит во Европа како и тензиите помеѓу Индија и Кина) носат дополнителна неизвесност на пазарите. Затоа е неопходен избалансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи, а се очекува да расте нестабилноста. пишува:

Игор Петровски

K

igor.petrovski@kapital.mk

Кварталот април – мај – јуни беше ужасен за американската економија, земјата влезе во рецесија предизвикана од пандемијата, а 40 милиони Американци останаа без работа. Но, и покрај сето ова, берзите на Волстрит не се однесуваат како да е криза – напротив, се случи најдобриот квартал на пазарите на капитал во последниве две, а за некои индекси и три децении, како што пишуваа тамошните медиуми деновиве. Индексот Dow Jones имаше најдобар квартал после првите три месеци од 1987 година, со 17,8% скок, додека S&P 500 имаше раст од 19,9%, најдобар резултат по оној од последниот квартал во 1998 година. Берзанскиот индекс на технолошките компании Nasdaq Composite, пак, имаше раст од 30,6% во вториот квартал годинава, а подобар од него последниве две декади бил само четвртиот квартал во 1999 година. Сите три индекси исто така, завршија во зелено во вторникот, 30 јуни, последниот ден од вториот квартал.

За Волстрит изминатиов период откако започна пандемијата беше екстремно турбулентен. Рекордниот раст следеше по драматичната распродажба што се случи на пазарот во март, кога почнаа затворањата на градовите поради короната. Индексот Dow тогаш го забележа својот најлош старт на година во историјата, со пад од 23,2% во првите три месеци. Но, инвеститорите беа оптимистични околу летните месеци што следат затоа што постепено почна да се отвора економијата – во некои сојузни држави во САД тоа почна и во април – а, исто така и невидено големиот монетарен и фискален стимулус им влеа надеж дека следи подобар период. Само во април 20 милиони луѓе останаа без работа, но потоа економската слика почна да се подобрува. Кризата во најмоќната светска економија сепак е далеку од готова. Најновиот извештај на Бирото за трудова статистика вели дека стапката на невработеност е се’ уште повисока од 12%. Како и да е, инвеститорите решиле да се фокусираат на позитивните работи. Кои се всушност причините за оваа нелогична врска помеѓу падот на економијата и растот на берзите во САД? Wall Street Journal дава неколку одговори: Прво, многумина аналитичари прогнозираат брзо закрепнување како што ќе се отвораат економиите

на секоја сојузна држава посебно. „Луѓето сакаат да веруваат дека дното веќе беше допрено. Пазарот во моментов е навистина ‘разведен’ од економската реалност“, вели Р.Џ. Грант, директор на тргување во KBW. Ова особено доаѓа до израз ако земеме предвид дека изминативе 2-3 недели стапката на нови случаи на зараза во одредени делови на земјата повторно почна вртоглаво да расте и натера некои од сојузните држави да ги одложат плановите за отворање на економиите. Економистите се загрижени околу тоа што може вториот бран на затворања да и стори на економијата и овие грижи во неколку моменти се чувствуваа и на берзите, но често беа надвладеани од надежите дека ќе дојдат уште финансиски инјекции од Вашингтон.

За некои фирми е најлошиот период, за некои најдобриот

Втора причина зошто пазарот расте среде корона – кризата е тоа што некои од компаниите што имаат големо учество во структурата на берзанските индекси продолжуваат да растат, како што растеле и сите изминати години. На пример, технолошките гиганти, понесоа значителен дел од закрепнувањето на индексите во вториот квартал, продолжувајќи го 11 годишниот тренд на „биковиот пазар“. „Сите фирми не одат нагоре“, вели Џорџо Капуто, портфолио менаџер во JO Hambro Capital Management, и


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

31

Индексот Dow Jones имаше најдобар квартал после првите три месеци од 1987 година, со 17,8% скок, додека S&P 500 имаше раст од 19,9%, најдобар резултат по оној од последниот квартал во 1998 година. Берзанскиот индекс на технолошките компании Nasdaq Composite, пак, имаше раст од 30,6% во вториот квартал годинава, а подобар од него последниве две декади бил само четвртиот квартал во 1999 година. додава дека за некои фирми периодов е најлош откако знаат за себе, за некои пак е најдобар. Акциите на пет големи технолошки компании – Microsoft, Amazon, Apple, Alphabet и Facebook – заедно сочинуваат 20% од индексот S&P 500, којшто има 500 компании како што кажува самото име. Овие компании профитираа среде кризава затоа што Американците се затворија дома заштитувајќи се од пандемијата, поминувајќи повеќе време на социјалните мрежи и нарачувајќи основни продукти онлајн. Amazon и Microsoft се предводници во оваа група, со раст на акциите од 45% и 34% во вториот квартал. Истовремено, целиот енергетски сектор сочинува само 3% од берзанските индекси. Тоа значи дека компаниите што страдаа најмногу во кризата имаат малку влијание врз целокупната динамика на индексите. Енергетскиот сектор има пад од преку 40% оваа година, во корелација со падот на цените на нафтата, што го прави да биде групација со најлоши перформанси на пазарот. Трето, инвеститорите и понатаму имаат оптимистички очекувања околу заработките на компаниите, иако некои големи компании како J.Crew Group, Neuman Marcus Group Inc., Diamond Offshore Drilling и др., кризата ги втурна во банкроти. Профитите се очекуваше да забележат пад од 14% во првиот квартал, што би било најголем пад од 2009 наваму, додека

за вториот квартал се очекуваат уште полоши бројки, односно 40%, додека во првиот квартал од следната година се очекува раст од 13%. „И додека изгледите за профит остануваат проблематични барем во првата половина од 2020, инвеститорите веќе го вкалкулираа ударот од Ковид – 19 во резултатите на компаниите, и очите ги вперуваат кон закрепнувањето во 2021“, напишаа аналитичарите на JPMorgan Chase неодамна. Исто така, клучна работа во целиот овој оптимизам на инвеститорите е обилната поддршка што ја даде и допрва ќе ја дава државата за закрепнување на бизнисите. Федералните резерви јасно ставија до знаење дека се спремни да ја одржат економијата со „главата над вода“. Зошто тогаш некој би се обложил контра пазарот кога веќе централната банка е спремна да истури неколку илјади милијарди долари за негово спасување? Најновите информации се дека Федералните резерви планираат да купуваат корпоративни обврзници од речиси 800 компании, со цел да вбризгаат уште повеќе ликвидност во бизнисот. Оваа програма почна на 16 јуни и ќе трае до 30 септември годинава. Некои од економистите што ја проучиле листата на компании се прашуваат зошто централната банка смета дека купувањето обврзници од компании полни со кеш, како Apple, или пак странски компании

како Volkswagen и Toyota, е добро за американската економија, односно, дека токму заради овие мерки во моментов инвеститорите се толку оптимистични и покрај очигледниот разорен ефект што корона пандемијата го има досега.

Големата количина на свежо печатени пари во последните три месеци им даде крила на пазарот на капитал

Инаку, што се однесува на проекциите за тоа како ќе се движи американската, следствено и светската економија следниот период, се појави нова загриженост поради развојот на коронавирус пандемијата. Ако пред неколку недели се чинеше дека врвот на пандемијата е постигнат, сега се покажа дека помалку развиените земји и онаму каде што луѓето потешко да ги следат мерките, стануваат нов извор за глобалното ширење на инфекции. Гледаме силен раст на новозаразени во јужниот и западниот дел на САД, Латинска Америка, Африка и Блискиот исток. Балканот исто така стана извор на инфекција, со што се врати вториот бран во Европа. Некои земји продолжуваат со ослободувањето на мерките, но од друга страна имаме случаи кога мерките за ограничување на пандемијата повторно се затегнуваат. Затварањата на економиите како што беа во март и април е многу малку веројатно, но ограничувањата повторно ќе


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

32

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

БРОЈКИ ЗА ФАМОЗНИОТ ВТОР КВАРТАЛ НА АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗИ

17,8% 50% 45%

45% 35% 34%

раст на индексот Dow Jones

раст на акциите на Facebook

раст на индексот Nasdaq Composite

раст на акциите на Apple

раст на акциите на Alphabet

раст на индексот S&P500

раст на акциите на Amazon

раст на акциите на Microsoft

30,6% 19,9%

Акциите на пет големи технолошки компании – Microsoft, Amazon, Apple, Alphabet и Facebook – заедно сочинуваат 20% од индексот S&P 500, којшто има 500 компании како што кажува самото име. Овие компании профитираа среде кризава затоа што Американците се затворија дома заштитувајќи се од пандемијата, поминувајќи повеќе време на социјалните мрежи и нарачувајќи основни продукти онлајн. Apple и Amazon се предводници во оваа група, со раст на акциите од 50% и 45% во вториот квартал. имаат многу негативно влијание врз услужниот сектор, особено туризмот, угостителството и патувањето. „Затоа, државите и централните банки продолжуваат да преземаат стимулативни мерки, како што се проширување на мерките за субвенционирање, дополнителна ликвидност и откуп на корпоративни обврзници. Оваа недела ФЕД ги откри компаниите чии обврзници купува, а во исто време некои аналитичари очекуваат дека во случај на втор силен бран, ќе започне и со купување на акции. Позитивните сигнали сепак продолжуваат да доаѓаат од економиите. Макроекономските податоци се многу цврсти и над очекувањата, најновите податоци

од Кина се повторно позитивни и покажуваат раст, а закрепнувањето на стариот континент е побрзо од очекуваното. Ова ги оживеа очекувањата дека сè уште може да забележиме обновување во форма на буквата V. Од друга страна, гледаме зголемување на тензиите кои останаа нерешени и покрај коронавирусот. Односите Кина и Индија стануваат ново жариште во Азија, трговските односи меѓу САД и Кина продолжуваат да работат на топло-ладна основа, Брегзит е комплициран главно од британските домашни политички поделби, иако врската Берлин-Париз исто така покажува повремени знаци на

слабост.“, коментираат аналитичарите на Генерали Инвестментс во својот редовен неделен осврт за пазарите на капитал. Според нив, умерен оптимизам сè уште преовладува на берзите, иако гледаме зголемена неизвесност и повторно малку поголема нестабилност, која според нивното мислење ќе се засили. „За цените да преминат на повисоко ниво, потребен е поголем оптимизам и начин на размислување дека пандемијата е под контрола и веројатно дополнителна ликвидност, иако слободните пари се на рекордно ниво за инвеститорите, а институционалните инвеститори се само умерено оптимистички


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

33


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

34

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Федералните резерви јасно ставија до знаење дека се спремни да ја одржат економијата со „главата над вода“. Зошто тогаш некој би се обложил контра пазарот кога веќе централната банка е спремна да истури неколку илјади милијарди долари за негово спасување? Најновите информации се дека Федералните резерви планираат да купуваат корпоративни обврзници од речиси 800 компании, со цел да вбризгаат уште повеќе ликвидност во бизнисот. Оваа програма почна на 16 јуни и ќе трае до 30 септември годинава. во врска со акциите. Големата количина на свежо печатени пари во последните три месеци (18 трилиони долари) претставува многу јака сила на пазарот на капитал, што во моментот спречува поголеми надолни прилагодувања на цените. Берзите со нивниот силен раст во последните два месеци се одраз на приносот на пазарот на обврзници и банките, кои се претежно негативни, пазарот за недвижнини не е толку атрактивен како и пред кризата бидејќи е се поголем притисокот за работењето од дома, онлајн тргувањето и водењето бизниси, па дури и туризмот и изнајмувањето нема да бидат исти како пред кризата уште долго време. Парите сè уште се принудени да се вртат кон акциите, кои и покрај зголемениот ризик, во моментот даваат позитивен поврат, но нивото на заштедените пари расте уште побрзо. Минатата недела донесе ладење на повеќето шпекулативни или погодени индустрии, бидејќи коцкањето се покажа дека нема реална основа во многу случаи.“, велат од Генерали инвестмент. Како резултат на тоа, прекумерната еуфорија во одреден сегмент на берзите се намали и акциите на компаниите со постабилно работење повторно станаа попривлечни. Со оглед на сите случувања во светот, аналитичарите

веруваат дека претпазливоста на пазарите на капитал не е излишна. Од друга страна, има индустрии кои станаа победници на кризата и каде вредностите се на атрактивно ниво. Овде се вклучуваат главно здравствената заштита, прехранбената индустрија, дел од ИТ, комуналните услуги (електрична енергија, вода и сл.), телекомуникациите и многу повеќе.

Совети за инвеститорите

Портфолио менаџерите на Генерали си стојат на препораката, која ја повторуваат веќе со недели. Акциите се доста скапи, но со слично скапи обврзници и многу ниските или негативните камати од банките практично нема алтернатива, така што не е време за екстреми. „Не се препорачува целокупното портфолио да го имате инвестирано во акции, во обврзници или пари. Случувањата во текот на изминатата недела укажуваат на уште поголема претпазливост, но централните банки и државите продолжуваат да генерираат огромни количини свежи пари, а парите бараат инвестиции со најмалку минимален поврат.“ Ликвидносната поддршка на обврзниците и акциите принудува забавен раст на валутите и овој тренд може да продолжи. И покрај добрите податоци, состојбата на светската

економија е сè уште релативно слаба, а иднината е нејасна. Нерешените тензии од минатото (меѓу САД и Кина, протестите и претстојната изборна кампања во САД, разговорите околу Брегзит во Европа како и тензиите помеѓу Индија и Кина) носат дополнителна неизвесност на пазарите. Затоа е неопходен избалансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи, а се очекува да расте нестабилноста. „Диверзификацијата на портфолиото е чекор во вистинската насока. Инвеститорите со долгорочни инвестициски цели треба да продолжат со месечни уплати, а оние што би вложиле поголема сума, треба да ја распоредат на подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат умерено како резултат на сегашниот оптимизам и свежо печатените пари, но не се исклучени длабоки привремени корекции. Многу работи зависат од развојот на пандемијата, што може да турне умерениот оптимизам на пазарите назад во областа на песимизмот, што од друга страна ќе доведе до посилна корекција на берзите.“, е заклучокот на аналитичарите од Генерали Инвестментс. nnn


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


Капитал број 1069 03.07.2020

36

ЛИДЕРИ

АЛАН ДЕХАЗ

ДИРЕКТОР НА ADECCO, ЕДНА ОД ВОДЕЧКИТЕ АГЕНЦИИ ВО СВЕТОТ ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА, АУТСОРСИНГ РЕШЕНИЈА, ХЕДХАНТИНГ И ОБУКА

РАБОТА ОД ДОМА ЗАСЕКОГАШ? НЕ ТОЛКУ БРГУ... Главниот извршен директор на Adecco, една од најголемите светски агенции за вработување, дискутира околу добрите и лошите страни на работењето од дома, како и за тоа што ќе биде потребно за да останете конкурентни на пазарот за труд во постпандемичната ера.


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

37


Капитал број 1069 03.07.2020

38

ЛИДЕРИ За некои, многу е згодно да работат од дома. Но, за многумина, пак, е вистински кошмар. Постојат предизвици, како што се квалитетот на интернет инфраструктурата, компјутерските екрани, границата помеѓу приватниот живот и работата. Не сите имаат идеални услови дома да работат на раат. И постои уште една работа, што, за мене, е многу битна: Што со културата, социјалната интеракција што ја имате во компанијата?

А

Алан Дехаз знае многу за пазарот на работна сила, и тој вели дека работата од дома не е дефинитивно решение за светската економија. Педесет и седум годишниот Белгиец, како што пишува WSJ, има добар увид во проблематиката на работните места, како прв човек на Adecco Group, една од водечките агенции во светот за привремени вработувања, аутсорсинг решенија, хедхантинг и обука. Многу компании во последно време се загреаја за концептот на работа од дома, поттикнати од карантините што ги наметна корона – кризата изминативе неколку месеци. Г-дин Дехаз се согласува дека има придобивки од тоа, но исто така и ризици. „Работата од дома за жал креира социјална дистанца што не би сакале да ја имаме„, вели тој, иако и самиот не гледа враќање кон нормалниот начин на работа додека не се дистрибуира вакцина низ целата планета. Adecco проучувала периодов дузина примери за тоа како водечките економии реагирале на здравствената криза, со намера да се откријат политиките што даваат најдобри резултати. За да се вратат економиите повторно во живот, владите мора да инвестираат околу 10% од својот бруто домашен производ – и тоа да го сторат што побргу, е заклучокот на Adecco. „Се работи за количината на пари, но и за тоа колку брзо ќе ги ставите тие пари во погонот на економијата“, вели Дехаз, којшто смета дека Германија и Швајцарија бележат релативно брзо закрепнување од пандемијата. Тој деновиве разговараше со новинарот на Wall Street Journal преку видео врска од Цирих, каде што е седиштето на Adecco. Ви пренесуваме дел од најинтересните моменти.

Дали забележувате некакви светли точки кај пазарите на труд во моментов? Повеќе од јасно е дека целата оваа Ковид – 19 ситуација ја забрза и допрва ќе ја забрзува дигитализацијата. Сведоци сме

дека, на пример, сите е-commerce и слични услуги доживуваат огромен пораст периодов. Среде Велигден имавме Божиќ, што се вели, затоа што традиционално онлајн нарачките го доживуваат својот врв за време на новогодишните празници. За еден од нашите најголеми клиенти, регрутиравме 16.000 луѓе во Европа. И тоа го сторивме без никаков физички контакт, сè беше дигитално. XКако, X според вас, работодавците и работниците ќе гледаат на работењето од дома штом работите се вратат во нормала и луѓето ќе можат повторно да се најдат во своите канцеларии? Има повеќе позитивни аспекти во врска со работата од дома. Не мора да патувате до работното место, па така штедите време и пари. За некои, многу е згодно да работат од дома. Но, за многумина, пак, е вистински кошмар. Постојат предизвици, како што се квалитетот на интернет инфраструктурата, компјутерските екрани, границата помеѓу приватниот живот и работата. Не сите имаат идеални услови дома да работат на раат. Потоа, тука се наметнува прашањето кој ќе плати за сета потребна дигитална инфраструктура? Кој ќе го искористи бенефитот од времето и парите заштедени поради непатувањето до работа и назад – вработениот или работодавецот? И постои уште една работа, што, за мене, е многу битна: Што со културата, социјалната интеракција што ја имате во компанијата? XСоцијалното X дистанцирање и компаниската култура не одат едно со друго? Лично, не го сакам терминот „социјална дистанца“. Претпочитам „физичка дистанца“, затоа што тоа ни е потребно додека не најдеме некое чаре за вирусот. Предизвикот е физичката дистанца наспроти социјалната интеракција. Со тоа што се заедно со колегите, вие се поврзувате, споделувате многу нешта. Ги култивирате своите вредности, својата смисла на живеење и работа. Ако сте постојано сами, не знам како може да ги култивирате овие нешта. Тоа е како пријателството и љубовта. Не може да го култивирате пријателството и љубовта само преку сувенири, преку сеќавања. Ви треба присуство,

треба да ги негувате емоциите. А, компаниската култура, таа исто расте и се негува преку искуствата. Оваа социјална блискост мора да остане важна и понатаму. XТренинзи X и преквалификации – се изродија ли некои урнеци за време на пандемијава во смисла на области или вештини што се најмногу барани? Решивме да организираме бесплатни онлајн курсеви секој петок преку General Assembly (подружницата на Adecco специјализирана за тренинзи и обуки) и беше навистина неверојатно. За неколку недели дојдовме до 230 илјади заинтересирани. Што беше најбарано? Она што го нарекуваме вештини за дигитален маркетинг, како што е search – engine optimization, Google analytics, сè што е поврзано со социјални мрежи, сè што е поврзано со data science, business intelligence, итн. Нашата мисија е до 2030 година да преквалификуваме пет милиони луѓе, и се надеваме дека сета оваа Ковид ситуација ќе биде само забрзувач на работите. XДали X е побарувачката главно за дигитални вештини? Има ли некои други области? Своевиден хибрид е. Од една страна, да, дигиталните вештини се исклучително важни – особено сe’ што е поврзано со аналитиката на големите бази на податоци, но исто така битни се и т.н. меки вештини: емпатија, емоционална интелигенција, креативност, соработка... -А, луѓето веројатно треба да имаат мајндсет дека се во константна состојба на преквалификација... Да. Мислам дека отсега така ќе биде постојано. Доквалификација и преквалификација ќе бидат апсолутно потребни за да се остане конкурентен на пазарот за труд, затоа што технологијата забрзано се менува, и луѓето поради тоа губат околу 40% од своите вештини секои три години. Тоа значи дека за помалку од 10 години ќе останете тотално „боси“ со вештини доколку не се усовршувате постојано. XМожат X ли и треба ли владите да имаат улога во сето ова? Една добра алатка е она што го нарекуваме индивидуален работен профил. Креиран е како концепт во Сингапур, а истото го имате и во Франција, и речиси исто е и во Бразил.


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

39

Доквалификација и преквалификација ќе бидат апсолутно потребни за да се остане конкурентен на пазарот за труд, затоа што технологијата забрзано се менува, и луѓето поради тоа губат околу 40% од своите вештини секои три години. Тоа значи дека за помалку од 10 години ќе останете тотално „боси“ со вештини доколку не се усовршувате постојано. Тоа е можноста секој работник да има своја лична тренинг „сметка“. Добивате пари од државата, или од компаниите – зависи како сакате да го структурирате. Можете да си ставата пари на оваа сметка и самите, па кога ќе ви треба доквалификација и

преквалификација, имате некаков буџет на располагање. Се надевам дека кризава ќе ги поттикне владите да се движат во оваа насока, затоа што доквалификацијата и преквалификацијата се еден вид заштита за секој работник.

Денес, многу земји имаат систем за заштита кога е во прашање болест, пензионирање или невработеност. Земјите треба да ги третираат и доквалификацијата и преквалификацијата на ист начин.

nnn


Капитал број 1069 03.07.2020

40

КАРИЕРИ

СТЕ БИЛЕ “ДЕТЕТО ШТО ВЕТУВА“, НО...

7 ПРИЧИНИ ЗОШТО ПАМЕТНИ И ВРЕДНИ ЛУЃЕ НЕ ПОСТИГНУВААТ ЗНАЧАЕН УСПЕХ Има многу фактори што влијаат на постигнувањето успех, без оглед дали успехот значи добра кариера, одлични врски со луѓето, или пак одлично здравје. Да, паметта е дел од тоа, како и работливоста. Но, има и нешто повеќе од само овие две компоненти на успехот. Со помош на entrepreneur.com ви посочуваме седум можни причини зошто не можете да постигнете успех, и покрај тоа што сте паметни и вредни.


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

41


Капитал број 1069 03.07.2020

42

КАРИЕРИ

У

Уште од мали веројатно сте живееле и пораснале со уверувањето дека ако паметните луѓе работат напорно и се развиваат во средина што ќе го негува нивниот талент, на крајот успехот е неизбежен. Сте ги набљудувале другите луѓе со помислата, „Еј, оваа личност ќе направи големи нешта.“ Но, како што сте созревале, сфаќате дека не мора да е баш така. Ќе излезе на крајот дека многу малку луѓе што сте ги познавале како интелигентни и со силна работна етика, всушност постигнале нешто позначајно во животот. Останатите, едноставно тераат онака, добро накај просечно. За жал, многумина само лутаат наоколу, не знаејќи кој правец да го фатат. Можеби и самите сте еден/ една од овие. Има многу фактори што влијаат на постигнувањето успех, без оглед дали успехот значи добра кариера, одлични врски со луѓето, или пак одлично здравје. Да, паметта е дел од тоа, како и работливоста. Но, има и нешто повеќе од само овие две компоненти на успехот. Со помош на entrepreneur.com ви посочуваме седум можни причини зошто не можете да постигнете успех, и покрај тоа што сте паметни и вредни. nnn

НЕ ЗАПОЗНАВАТЕ НОВИ ЛУЃЕ Најлесно е да се држите до луѓето што ги знаете долго време. Си ги знаете своите животни приказни и може да се смеете заедно на интерните шеги и сл. Проблемот со старите пријателства е што истите идеи, истите соништа или страсти се рециклираат постојано, и не сте во можност да си отворите нови перспективи надвор од вашиот меур. Веројатно е тешко одеднаш или за кратко време да запознавате многу нови луѓе, но почнете малку по малку. Зададете си лесно остварлива цел на почетокот, да речеме, да запознаете по една нова личност неделно.

ИМАТЕ ОТПОР КОН ПРОМЕНИ Ако се наоѓате долго време во иста средина, многу потешко ќе се прилагодите на нешто ново. Добрата вест за вас е што промената отвора пат кон нови можности и иновации. Наместо да давате отпор кон промените, гледајте како да го извлечете најдоброто од нив. Можеби ќе налетате на некоја “дупка“ во пазарот што треба да се затвори или пак ќе ви се отвори нова перспектива за вашата иднина и понатамошен развој. Бидете отворени за нови концепти и љубопитни за нов свет околу вас.

НЕ САКАТЕ ДА РИЗИКУВАТЕ Паметните луѓе често одбираат сигурна варијанта во животот. Ја избираат истата професија како своите родители или врсници, или пак одбираат кариера што се смета за адекватна во нивната средина. Иако ова гарантира некаков степен на сигурност, може да биде многу здодевно. Многупати слушаме од паметни луѓе како се жалат дека нивната работа не ги исполнува и дека сакаат нешто друго да пробаат, но се плашат. Ако се двоумите околу тоа дали да нагазите во непознато, помислете си каков би бил вашиот живот после години и децении доколку не преземете никаков ризичен чекор. Дали ќе жалите за тоа, или ќе бидете среќни со својата одлука?


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

43 ВЕРУВАТЕ ДЕКА ЗАСЛУЖУВАТЕ УСПЕХ ВРЗ ОСНОВА НА ВАШИОТ БЕКГРАУНД Оние што биле добри ученици во школо обично мислеле дека пред нив е светла иднина, затоа што сите околу нив ги тапкале по рамо, од родителите, роднините, професорите, па сè до сосетката од другиот влез, величајќи го нивниот потенцијал. Ова изгледа добро на почетокот, но има и некои негативни последици. Сигурно сте слушнале луѓе или самите сте го мислеле тоа, дека заслужувате нешто затоа што сте интелигентни или имате добро образование и сл. Очекувате успехот да биде неизбежен за вас, благодарение на вашиот бекграунд, квалификации, итн. За жал, реалноста не функционира така. Во суровиот и студен свет, не постигнувате успех поради сопствениот потенцијал. Резултати се добиваат врз основа на комбинација од неколку фактори: напорна работа, стратешко размислување, и малку среќа.

НЕ МОЖЕТЕ ДА ДОНЕСЕТЕ ОДЛУКА

ПОСТОЈАНО СЕ ЗАНЕСУВАТЕ ПО ШТО И ДА Е ВОЗБУДЛИВО ВО МОМЕНТОТ Она што го имаат заедничко сите успешни луѓе е тоа што мразат да губат време. Паметните луѓе се премногу свесни за скапоценоста на своето време, затоа што времето и напорот потрошени на една работа, би можеле да значат потенцијално пропуштање на нешто друго. Од една страна тоа е добра особина, но може да значи и дека ќе се залетувате по секоја потенцијално добра прилика, не завршувајќи ги работите до крај од претходната. Да се почне било каков нов потфат или бизнис авантура е тешко, и надминувањето на пречките по патот бара трпение. Фокусирање на една цел носи многу подобри резултати на долг рок одошто да се скока од една на друга работа, па да ви здодее и таа последната, па да се бара нешто ново постојано.

Да се биде паметен и вредно да се работи може да значи отворање на многу врати. За жал, и имањето премногу опции може да биде ограничувачки фактор исто како и да имате премалку опции. Изобилството на опции ви отежнува при донесувањето одлука што да правите. Како резултат, паѓате во искушение да скокате од еден во други избор за да видите што ви одговара. Има луѓе ќе сменат еден куп работни места или претходно ќе се запишат на пет факултети едно по друго, и после десет години пак не знаат што со себе. Наместо да се лута низ многу опции, се препорачува прво да се тестираат работите. Разговарајте со други луѓе и истражувајте малку пред да донесете големи одлуки, за да знаете дали конкретната опција одговара на вашиот карактер, навики, животен стил и сл.

НЕ ВЕРУВАТЕ ВО СЕБЕ Изненадувачки, но паметните луѓе знаат многу често да ги потценуваат своите способности. Тие се сопствени најголеми критичари, често заробени во уверувањето дека не можат да постигнат повеќе. Паметните луѓе имаат прилично строги стандарди кога станува збор за нивната работа. Кога и да работат на некој проект, тие имаат обичај да ставаат под лупа и најситни детали и постојано да се премислуваат околу крајниот исход. Ова на прва изгледа како добра особина, но често повеќе ги влошува работите одошто помага. Перфекционизмот може да ги кочи луѓето од напредувањето кон нивните цели или да ги спречи воопшто и да започнат нешто. Но, да се почне нешто секогаш е подобро од чекањето да се случи нешто.


Капитал број 1069 03.07.2020

44

www.kapital.mk

ЛИДЕРИ

КРАЛОТ НА ЧОКОЛАДОТО МИЛТОН ХЕРШИ СОВЕТУВА

НЕУСПЕХОТ Е КЛУЧЕН ДЕЛ НА ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

Ретки се оние кои не слушнале за чоколадата Hershey. Но, малкумина ја знаат приказната за почетоците со производство на чоколадо во фабриката на чоколадниот крал Milton Hershey. Меѓутоа, пред да стане успешен, тој три пати неуспешно се обидувал да почне бизни со слатки. Ниту еден од тие обиди не вродил со плод, но кога ја почнал “Hershey Chocolate Company” станал лидер во индустријата со слатки.


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

45 Чоколадите на Херши биле долго време критикувани за нивниот вкус кој ни оддалеку не бил како швајцарските. Но, тоа не го поколебало да продолжи по патот на успехот

Новата фабрика почнала со производство во 1905 година, со која тој го постави новиот пат во индустријата за слатки и чоколади. Херши сакал да пронајде нова формула за масовно производство на чоколади, која би била примамлива и на широките маси.

М

Милтон Херши (Milton Hershey) од никој и ништо успеал да стане еден од најголемите бизнисмени и филантропи кој станал синоним за млечните чоколади во Америка. Ретки се оние кои не слушнале за чоколадата Hershey. Но, малкумина ја знаат приказната за почетоците со производство на чоколадо во фабриката на чоколадниот крал Milton Hershey. Меѓутоа, пред да стане успешен, тој три пати неуспешно се обидувал да почне во бизнисот со слатки. Ниту еден од тие обиди не вродил со плод, но кога ја почнал “Hershey Chocolate Company” станал лидер во индустријата со слатки.

Успехот најчесто доаѓа после серија на неуспеси. Сите луѓе грешат во приватниот и деловниот живот. Ако знаеме да учиме од грешките, ќе бидеме наградени. Но, ако заглавиме во очај заради неуспехот, грешките ќе не надвладеат. Преку животната приказна на Херши можат да се научат неколку размислувања кои им помагаат на луѓето да се издигнат од неуспехот.

1

Ништо не е вечно

“Кога поминувате преку турбулентен период и кога сметате дека се се свртило против вас, кога мислите дека не можете да издржите повеќе, не се откажувајте. Бидејќи тоа со текот на времето ќе помине”-Руми. Милтон Херши се отпишал од училиште на 14 години и почнал да стажира кај слаткар во Ланкастер, во Пенсилванија. Четири години подоцна, позајмил 150 долари од тетка му и отворил своја продавница за слатки во срцето на Пенсилванија. После пет години напорна работа без успех, морал да ја затвори продавницата. Потоа, му се придружил на татко му во Денвер и

повторно се вработил кај некој слаткар. Таму ја открил карамелата и сфатил како да го користи млекото за изработка на врвни колачи. Само затоа што се уште не сте го пронашле својот пат, не значи дека се губитник. Кога себеси се сметате за губитник, создавате магичен круг на негативности кој може да влијае на вашите идни одлуки. На секој исход донекаде влијаат надворешни фактори. Ако на неуспехот гледате како на нешто привремено, можете да бидете практични и да донесете разумни одлуки и чекори за решавање на проблемите.

2

Разочарувањето поднесете го исправено

“Дијамантот не може да го добие својот сјај без брусење, исто како што ни човекот не може да се усоврши без искушенија”Кинеска народна поговорка. Дури и да сфатите дека не сте губитник, тоа не значи дека неуспехот нема да ве боли. Упорните луѓе развиваат ментален склоп со кој полесно се носат со проблемите. Тие го прифаќаат поразот, се прилагодуваат и


www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

46

ЛИДЕРИ

Пред да стане успешен, Херши три пати неуспешно се обидувал да почне во бизнисот со слатки. Ниту еден од тие обиди не вродил со плод, но кога ја почнал “Hershey Chocolate Company” станал лидер во индустријата со слатки. тргнуваат понатаму. Претприемачот Милтон Херши тргна од почеток, прво во Чикаго, а потоа во Њујорк. И во двата случаи не успеа, но тоа не го спречи да се обиде повторно. Во 1883 година ја основал Lancaster Caramel Company и понатаму уверен дека може да изгради успешна компанија за слатки. Кога имате самодоверба и искуство од поразите, идните предизвици нема да ви се чинат така лоши. Важно е само да одлучите дека ќе ги совладате новите пречки со надеж за успех.

3

Што можете да научите?

“Да се промените, и да се промените на подобро, се две сосема поинакви работи”- Германска поговорка Никогаш не би смееле ништо да започнуваме без верба во успех, но разбирливо е дека грешките се клучен дел на патот до успехот. Малку што можеме да научиме ако се работиме совршено. Најдобро учиме кога ќе се изгориме. Во 1893 година Милтон Херши добил близок увид во уметноста да се изработат чоколади на World’s Columbian Exposition во Чикаго. Тоа го поттикнало да ја основа Hershey Chocolate Company и покрај малиот успех во бизнисот со карамели. Тој сакал да ја иновира изработката на млечна чоколада. Млечните чоколади тогаш биле поврзани со Швајцарците. Херши

сакал да пронајде нова формула за масовно производство на чоколади, која би била примамлива и на широките маси. Херши потоа ја продал Lancaster Caramel Company за милион долари и ја основал Hershey Chocolate Company. Новата фабрика почнала со производство во 1905 година и го постави новиот пат во индустријата за слатки и чоколади. На Херши му биле потребни повеќе од 3 години за да го осмисли планот за модерна фабрика за слатки откако ја затвори неговата претходна фабрика за карамели. Во неговата биографија пишува: ” Набрзо успехот на Hershey Chocolate Company далеку го надмина успехот на неговата поранешна фабрика. Меѓу најдобрите идеи била и Hershey Kiss од 1907 година која основачот ја нарекол по себеси. Оваа чоколада во фолија е додадена во асортиманот во 1924 година”.

4

Во ред е ако ве критикуваат

“Критиката е само туѓо мислење. Понекогаш, дури и големите експерти грешат. На вас е дали на критичарите ќе им верувате делумно, целосно или нималку. Вашето мислење е најважно” . Кога ќе погрешиме најмногу ни е страв од туѓите негативни осуди. Многу ги критизираат луѓето заради сопствена несигурност. Тоа многу зборува за нив, а не за нас. Чоколадите на Херши биле долго време

критикувани за нивниот вкус кој ни оддалеку не бил како швајцарските. Но, вистината е дека најголемите критичари најчесто се луѓе кои немаат храброст да се изложат на работа и често живеат од насладување на туѓите грешки, како би го зголемиле своето самопочитување. Кога преземате голема задача, морате да работите заради себе, а не заради прифаќање од другите. Во тој случај многу полесно ќе се носите со критиките и неуспехот.

5

Што понатаму?

“Првиот чекор кон промена е свесноста. Втриот чекор е прифаќање. Третиот е делување”. Кај грешките не е најстрашна иницијалната последица, туку нејзиното влијание на долгорочното однесување на поединецот. Ако грешката премногу ја земете при срце, многу потешко ќе ви биде да го донесете следниот чекор. Зошто да жалите за грешките, кога тие и онака се дел од минатато? Ако не преземете следен позитивен чекор, ризикувате да влезете во емоционалниот круг на неуспехот. Започнете нов проект со кој ќе ги окупирате вашите мисли. Немојте да седите само во соба чекајќи светот да ве проголта. Тоа е веројатно најголемата лекција која можете да ја научите од животната приказна за патот до успехот на Херши. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1069 03.07.2020

48

ЛИДЕРИ

РЕКОА ЗА... ПРЕГОВАРАЊЕТО

П

Преговорите се составен дел од животот. “Преговараме“ уште од мали нозе со своите родители околу супата што треба да ја изедеме, преговараме во љубовта, преговараме во бизнисот... Во Македонија веќе со години сме заложници на преговарачите во политиката. Да видиме што познати светски луѓе рекле за умешноста на преговарањето.

Многу поголем успех може да постигнеш со љубезен збор и пиштол, одошто само со љубезен збор

Не може да се преговара со некој што вели “Што е мое, мое е, а што е твое, за тоа може да се преговара“

АЛ КАПОНЕ

легендарен мафијашки бос

Џ.Ф.КЕНЕДИ

поранешен американски претседател

За време на преговорите, паметно е да не сфаќате ништо лично. Ако го тргнете егото на страна, ќе може добрите прилики да ги видите многу пообјективно

Ако конечниот резултат се очекува да биде компромис, тогаш паметно е да се почне од екстремна позиција

БРАЈАН КОСЛОУ

мотивациски автор и говорник

Еве една корисна преговарачка техника: ако не се согласувате со спротивната страна, замолчете и бројте во себе до 10. Соговорникот обично тогаш ќе почне да зборува и може да ви даде подобра понуда

Дипломатијата е како игра со карти. Само што никогаш не знаеш вистински колку вредат картите што ти ги имаш

Џ.М. КЕЈНЗ

британски економист

Преговарачот треба сè да посматра. Мора да сте делумно Шерлок Холмс, делумно Сигмунд Фројд

БИЛ КОЛМАН

ВИКТОР КИАМ

ТОМ КЛЕНСИ

Џ. ПОЛ ГЕТИ

американски инвеститор

амрикански автор

американски претприемач

американски индрустријалец

Никогаш не трудете се да земете сè од преговарачката маса, оставете нешто и за тој спроти вас. Ако ве бие глас дека секогаш ги заработувате сите пари од зделката, нема да имате многу зделки во животот



Вашата полиса во Триглав го покрива целосно ризикот од Covid-19 • Само во Триглав, со полиса за осигурување на живот*, или пак полиса за колективно осигурување од незгода, добивате целосна осигурена сума во случај на смрт од Covid-19.

• Вашето здравствено - патничко осигурување од Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Доколку сте заинтересирани за осигурување на живот:

Доколку сте заинтересирани за колективно осигурување од незгода, или пак за здравствено - патничко осигурување:

Пишете ни на info@triglavzivot.mk

Пишете ни на info@triglav.mk

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

За повеќе детали посетете ја страната triglavzivot.mk и информирајте се за условите и oграничувањата*

За повеќе детали посетете ја страната triglav.mk Онлајн обезбедете полиса за здравствено - патничко осигурување на 5minuti.mk

www.triglav.mk www.triglavzivot.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.