1070 Kapital magazin

Page 1

СВЕТ: КОЈ ПРОДАВА ВОЗИЛА ВО КИНА, МОЖЕ И ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ!

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1070

Анализа Како помина Македонската берза во првото полугодие

цена 100 ден. l 10 јули 2020 петок l година 21

COVER STORY Колку се остварливи економските изборни ветувања?! ЕКОНОМИЈА Извоз во првите пет месеци Кај петте најголеми трговски партнери Македонија извезла за 500 милиони евра помалку стоки

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ Владимир Дробњак

главен технички преговарач на Хрватска со ЕУ

Кај нас ниедна партија не си дозволи да им наштети на преговорите!

interview

БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ

главен економист и извршeн директор на Институт за економски истражувања, Finance Think

ЕВРОПСКАТА ПЕРСПЕКТИВА Е МОМЕНТАЛНО НАЈРЕАЛНОТО ЕКОНОМСКО ВЕТУВАЊЕ Ковид криза: како ефективно да работите од дома



СОДРЖИНА

Kapital... 1070 12

18

ИНТЕРВЈУ

ЕКОНОМИЈА

Благица Петрески

Извозот од земјава во првите пет месеци е помал за 25,4%, додека увозот за 20,8%

главен економист и извршeн директор на Институт за економски истражувања, Finance Think

Европската перспектива е моментално најреалното економско ветување

Кај петте најголеми трговски партнери Македонија извезла за 500 милиони евра помалку стоки

24

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Нов проект на виничката фабрика за кондиторски производи

Макпрогрес основа регионална менаџерска академија и центар за иновации

4

COVER STORY

(Не)возможна мисија?!

Kолку се остварливи економските изборни ветувања?!

34

26

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Како помина Македонската берза во првото полугодие Корона – кризата не ѝ пречеше на трговијата со акции: двојно поголема во однос на истиот период лани

COVER STORY (Не)возможна мисија?! ........................................4 Kолку се остварливи економските изборни ветувања?! ИНТЕРВЈУ Благица Петрески, главен економист и извршeн директор на Институт за економски истражувања, Finance Think ......12 Европската перспектива е моментално најреалното економско ветување ЕКОНОМИЈА Извозот од земјава во првите пет месеци е помал за 25,4%, додека увозот за 20,8%..........................................................18 Кај петте најголеми трговски партнери Македонија извезла за 500 милиони евра помалку стоки

СВЕТ

Пазари на капитал

Што се случува на берзите низ планетава

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Нов проект на виничката фабрика за кондиторски производи .................................24 Макпрогрес основа регионална менаџерска академија и центар за иновации ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Како помина Македонската берза во првото полугодие .................................................26 Корона – кризата не ѝ пречеше на трговијата со акции: двојно поголема во однос на истиот период лани СВЕТ Пазари на капитал ...............................................34 Што се случува на берзите низ планетава

38

ИНТЕРВЈУ

Владимир Дробњак главен технички преговарач на Хрватска со ЕУ

Кај нас ниедна партија не си дозволи да им наштети на преговорите!

ИНТЕРВЈУ Владимир Дробњак, главен технички преговарач на Хрватска со ЕУ...........................38 Кај нас ниедна партија не си дозволи да им наштети на преговорите! СВЕТ Ковид кризата исцртува нова мапа на глобалната автомобилска индустрија.....................................................................44 Кој продава возила во Кина, може и да се извлече! КАРИЕРИ Ковид кризата ви наметна работа од дома?................................48 6 совети како да направите добар баланс ЛИДЕРИ Енио Мориконе, италијански композитор...52 Музиката е искуство, а не наука

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 9.7.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1070 10.07.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

КОЛКУ СЕ ОСТВАРЛИВИ ЕКОНОМСКИТЕ ИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА?!


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

ИЗБОРИ 2020 (НЕ)ВОЗМОЖНА МИСИЈА?! Изборните прог ами на СДСМ и ВМРО – р ДПМНЕ, но и нарати т на целата кампањво парламентарниа за овие покажуваат декаизбори најголеми политич и двете ки партии главно се фокусир економијата. И ве але на ројатно сосема очекува животниот станд но, граѓаните е главн ард на на партиите, прек иот фокус у ветувања за зголемување на пензиите, социјалплатите, помош, субвенци ната иако се ветуваат ите. Но, “ч олади“ (како што еден ок поранешен миниснаш финансии ги нар тер за сите амбициозни екуваше на народните па трошења е граѓаните да знри), клучно нашата економиј аат колку си ги дозволи. Инса може да економски истра титуот за жувања и политики, Financ анализира четир e Think, и клучни мерки на политич партии и прави пр ките колку се остварл оекции иви растот на просечната пл минималната пл ата; на пензиите; и нама ата; на лувањето на оптоварувањ о со директни даноет ци.

5


Може ли економијата да ги издржи економските изборни ветувања?

Капитал број 1070 10.07.2020 Раст на просечната плата

6

COVER STORY

Просечната плата стана фокус на политичките партии во периодот околу 2015, пришто нејзината застапеност во изборните програми се зголеми за време на парламентарните избори 2020 година. Со цел да го проектираме движењето на просечната плата во периодот 2021-2024 година, ги правиме следните претпоставки: - Пад на БДП од 3.8% во 2020 и проектирана траекторија со просечен годишен раст од 4% за периодот 2021-2024, - Просечен годишен раст на работните места од 2.3%, што е еквивалент на креирање околу 73.000 работни места во четиригодишен период, - Политиката за субвенционирање на придонесите на зголемувањето на

Слика 1 ги дава резултатите од оваа пресметка. Порастот на платите е симулиран во две варијанти, послаб пораст (во која ефектот од Ковид-19 е посилен и подолготраен) и посилен пораст (во која заздравувањето од Ковид-19 е побрзо и пократкотрајно). Пресметаната нето просечна плата во 2024 се движи во распонот од 28.955 денари до 30.961 денари. Овие бројки се еквивалент на пораст на просечната плата, споредено со 2019, од 14.8% до 22.8%.

Слика 1 Движењето на просечната плата (2021-2024)

пишува:

32,000

30,961

30,000

28,955

МКД, нето

28,000

26,000

25,215

24,000

22,000

Брзо заздравување од Ковид -19

2024*

2023*

2022*

2021*

2020*

2019

2018

2017

2016

2015

2014

2013

2012

2011

20,000

Потраен ефект од Ковид -19

Може ли економијата да ги

Економските ефекти одизборни корона-ветувања? кризата

издржи економските Извор: Државен завод за статистика. * Проекции врз основа на МК-МОД Микросимулациски модел за даноци и надоместоци. Динамичка моделска проекција на Finance Think. Слика 2 Движењето на минималната плата (2021-2024) 18,000

17,978 17,149

16,000

16,228

14,934 14,500

МКД, НЕТО

14,000

Национална минимална плата (МП)

12,000

МП во сектори текстил, обувки и кожа (до сеп 2017)

10,000

МП при проектиран раст на продуктивноста

8,000

МП при проектиран раст на просечната плата при брзо заздравување од Ковид -19 2024**

2023**

2022**

2021**

2020 (јул)*

2019 (дек) - денес

2019 (апр - ное)

2018 (јул) - 2019 (мaр)

2018 (јан-јун)

2017 (јан-сеп)

2017 (окт-дек)

2016

2015

2014

2013

6,000 2012

www.kapital.mk

плата во висина од 600 до 6.000 денари ќе постигне целосен ефект по намалувањето на ефектите од ударот на Ковид-19, - Фокус од владините политики врз пораст на просечната плата (вклучително и усогласување на растот на минималната плата барем со порастот на просечната плата).

МП при проектиран раст на просечната плата при потраен ефект од Ковид -19

* Законско усогласување на 14.934 денари, објавено во Службен весник бр. 75 од 24.3.2020, а одложено со Уредбата со законска сила за примена на Законот за минимална плата за време на вонредна состoјба (Службен весник бр. 88 од 03.4.2020) за месеците април, мај и јуни 2020. Ова усогласување служи како основа за проекциите и се смета за зададено, односно не неопходно имплицира соодветност со растот на продуктивноста во претходните години, ниту со нарушувањата предизвикани од Ковид-19. ** Проекции од Finance Think. Извор: Закон за минимална плата. МК-МОД Микросимулациски модел на даноци и надоместоци. Динамичка моделска проекција на Finance Think.

Александар Јанев

И

aleksandar.janev@kapital.mk

Изборните програми на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, но и наративот на целата кампања за овие парламентарни избори покажуваат дека и двете најголеми политички партии главно се фокусирале на економијата. И веројатно сосема очекувано, животниот стандард на граѓаните е главниот фокус на партиите, преку ветувања за зголемување на платите, пензиите, социјалната помош, субвенциите. Станува збор за веќе добро познат концепт карактеристичен за предизборните периоди во најголем дел од земјите во светот сублимиран во паролата “It’s the economy, stupid“, која што му донесе претседателски мандат на Бил Клинтон во САД во 1992 година. Но, иако се ветуваат “чоколади“ (како што еден наш поранешен министер за финансии ги нарекуваше сите амбициозни трошења на народните пари), клучно е граѓаните да знаат колку нашата економија може да си ги дозволи. „Вообичано, ветувањата ги надминуваат реалните можности на економијата и државниот буџет, со цел да се привлечат што повеќе гласачи, но често и поради тоа што политичките партии немаат целосен и детален увид во бројките, доказите и реалните потенцијали на економијата“, велат од Институтот за економски истражувања и политики, Finance Think. „Сепак, како општество треба да бидеме малку нескромни, и да кажеме дека денес имаме политички натпревар со економски изборни програми многу повеќе од тоа што имавме порано“, вели


www.kapital.mk

Капитал бројМоже 1070 ли 10.07.2020 економијата да ги

Економските ефекти издржи економските одизборни корона-ветувања? кризата

7

Слика 4 Движењето на приходите од директните даноци (2021-2024) 45,000

Изгубени приходи поради 0% данок за млади

40,000

Изгубени приходи поради намалување на данок на добивка Изгубени приходи поради намалување на данок на личен доход

35,000

Директни даноци милиони денари

30,000

Може ли економијата да ги Економските ефекти издржи економските од коронакризата изборни ветувања?

25,000 20,000 15,000 10,000 5,000

2024*

2023*

2022*

2021*

2020

2019

2018

2017

2016

-

-2.0

Буџетски дефицит, % од БДП

просечниот буџетски дефицит.

2024*

2023*

2022*

2021*

2020

2014

2013

2012

2011

2010

2015

на личен доход на платите од младите од 10% (еднакво на елиминација на данокот) е сврзано со 0.6 процентни 4.0 поени раст на вработеност, што е особено ниска респонзивност (згора на тоа што во статистички жаргон не е значајна), односно вработеноста на 2.0 младите ја зголемува од 20.7% на само 21.3%.

2019

главниот економист на Finance Think, Даночната политика остана скоро Благица Петрески, потврдувајќи единствена економско-социјална ја перцепцијата дека економијата политика за која постојат дивергентни доминира оваа кампања. изборни во предлози. Вршиме Овој Институт во најново проектирање насвоето движењата кај истражување се обидува да гидолг за буџетските приходи и јавниот врами политичките воуслови: периодот 2021-2024ветувања во следните сферата на економијата во нивните - Намалување на данокот на личен разумни, и потенцијални доходвозможни и данокот на добивка на 9% во 2021 и 8% од година натаму; рамки, имајќи ги2022 предвид досегашните економски движења, потенцијалот - Елиминирање на данокот на личен доход за новиударот вработувања на млади за раст и развој, од кризата лица 15-29 во предизвикана одвреметраење појавата и од 2 години.на коронавирусот Ковид-19 ширењето За оваа цел, ги правиме следните и соодветниот капацитет на државниот претпоставки: буџет. - Раст на се економијата „Целта е да направатипресметки и симулации во даночно-социјалниот домен, а сврзани со политиките за кои политичките партии најавуваат промени и реформи во своите изборни програми. Поконкретно, ги симулираме предложените промени во следните домени: раст на просечната плата; раст на

2018

Намалување на директните даноци

2017

Извор: Фонд за пензиско и инвалидско осигурување. *Проекции врз основа на МК-МОД Микросимулациски модел за даноци и надоместоци и МК-ПЕНС Динамички микросимулациски пензиски модел, врз основа на предвиден раст на економијата кој го зема предвид ефектот од Ковид-19 (раст на плати и на вработеност), раст на цените и раст на бројот на пензионери.

2016

Усогласување според сегашната формула (без еднократни ад-хок зголемувања)

сврзан со пораст на вработеноста од 1.1 Сликапроцентни 4 го претставува поени,фискалниот додека пад на ефектстапката на предложените на данокмерки. на личен доход за 1 30.0буџетски Изгубените приходи кајсо порасат на процентен поен е сврзан директните даноци се од 45 вработеноста оддвижат 0.25 процентни поени. милиони евраевентуалните во 2021 до 122корекции кај Оттука, милиони евра во 2024, од кои околу социјалните придонеси се 4.5 пати 3.4 милиони евра во 2021 до 13.6 помоќни во однос на поддршка на милиони10.0 евра во 2024 отпаѓа на вработувањето споредено со корекции делот за елиминирање на данокот на кај данокот на личен доход. Но, надолни личен доход на нововработените корекции кај социјалните придонеси се млади. Износот на изгубените скоро невозможни поради даночни приходи е еднаков на 1% притисокот од кај пензиските финансии. БДП, или повеќе од третина од Од друга -10.0 2015

Усогласување според растот на платите (подолготраен ефект од Ковид-19)

2014

Зголемување на минималната пензија на 10.700 денари

2013

2024*

2023*

2022*

2020

2019

2018

2017

2016

2015

2014

2013

2021*

22,000

2012

24,000

2011

26,000

2010

28,000

2009

30,000

2008

милиони денари

32,000

Јавен долг, % од БДП

34,000

20,000

вработувањата како - претходно, односно пад на БДП од 3.8% во Може ли економија 2020 и просечен годишен раст од издржи екон 4% за периодот 2021-2024, и Извор: Министерство за финансии. изборни ве просечен годишен раст на * Проекции врз основа на МК-МОД Микросимулациски модел за даноци и надоместоци. Динамичка моделска проекција на Finance Think. работните места од 2.3%, страна, се чини дека најголем дел од - Благо на Овојподобрување фискален трошок може да биде Слика 5 ефектот од намалувањето на данокот ефикасноста во наплатата на точка на тоа многу висок и од гледна Движењето на јавниот и на личен доход врз вработеноста бил даноците и благо сузбивање на долг како вработеноста реагира на даночната евазија, двете во (2021-2024) исцрпен со претходните намалувања и буџетскиот промените водефицит даночното оптоварување. кумулативен одваквите околу 10%, секое понатамошно намалување носи Табела 1 ефект ги дава краткорочни маргинално многу мал позитивен ефект - Систематска фискална реакции. Се забележува дека раст на за пазарот на труд. консолидација во основното вкупната економија (овде опфатен сценарио, со проектирана преку додадената вредност од Понатаму, овие коефициенти кај 8.0 70.0 од сила) траекторија просечен буџетски работната за 1% е сврзан со раст младите се значајно помали, иако дефицит од 2.1% од БДП на вработеноста од за 0.5 процентни коефициентот на придонесите е 6 пати периодот поени2021-2024, кај вкупната популација и поголем од тој кај данокот. Но, - Нови вработувања на млади 15-29 помалку од 0.2 процентни поени кај конкретно коефициентот на данокот 6.0 какомладите. прво работно место во на социјални Пад на стапката укажува дека намалување на данокот 50.0 опсегот 12,000-18,000 годишно. поен е придонеси за 1 процентен 2009

Слика 3 Движењето на пензискиот дефицит (2021-2024)

ЕК КО

-30.0 -4.0

-50.0

-6.0

-8.0

-70.0 Јавен долг , без промени (лево) Јавен долг , со промени (лево) Буџетски дефицит , без промени (десно) Буџетски дефицит , со промени (десно)

Извор: Министерство за финансии. * Проекции на Finance Think врз основа на погорната симулација.

Finance Think е независен

„Содржината на о единствена од „Finance Think економски ист политики“ и на ни може да се смета гледиштата на Ц Швајцарската аге соработка (SDC) ил што ја спроведува


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

8

COVER STORY

минималната плата; раст на пензиите; и намалување на оптоварувањето со директни даноци. Динамичките проекции посебно го земаат предвид потенцијалниот ефект од кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот Ковид-19. Но како што потенцираат економистите од овој Институт, проектирањето е отежнато, бидејќи е оптоварено со висока неизвесност во поглед на јачината и времетраењето на ударот од Ковид-19, со потенцијален трет бран на вирусот во третиот или четвртиот квартал од 2020, како и со несигурност на траекторијата на заздравувањето, која може да се движи од многу кратка (до крајот на 2020) до многу долга (низ целата 2021 и почетокот на 2022 година).

Раст на просечната плата

Растот на просечната плата е едно од клучните ветувања што го даваат двете политички партии во пресрет на изборите. Владејачката СДСМ во својата изборна програма најавува зголемување на просечната плата до крајот на мандатот до 34.000 денари или за 30%, додека пак ВМРО – ДПМНЕ, не се обврзува на сума што би се постигнала доколку оваа партија дојде на власт. „Просечната плата стана фокус на политичките партии во периодот околу

2015, пришто нејзината застапеност во изборните програми се зголеми за време на парламентарните избори 2020 година“, констатираат од Finance Think. Симулациите на движењето на просечната плата се направени врз основа на пад на БДП од 3,8% во 2020 и проектирана траекторија со просечен годишен раст од 4% за периодот 2021-2024; посечен годишен раст на работните места од 2,3%, што е еквивалент на креирање околу 73.000 работни места во четиригодишен период; политиката за субвенционирање на придонесите на зголемувањето на плата во висина од 600 до 6.000 денари ќе постигне целосен ефект по намалувањето на ефектите од ударот на Ковид-19; фокус од владините политики врз пораст на просечната плата (вклучително и усогласување на растот на минималната плата барем со порастот на просечната плата). Порастот на платите е симулиран во две варијанти, послаб пораст (во која ефектот од Ковид-19 е посилен и подолготраен) и посилен пораст (во која заздравувањето од Ковид-19 е побрзо и пократкотрајно). Пресметаната нето просечна плата во 2024 се движи во распонот од 28.955 денари до 30.961 денари. Тоа би значело пораст на просечната плата,

споредено со 2019, од 14,8% до 22,8%. За разлика од просечната плата, минималната плата е тема во програмите на политичките партии во подолг временски период, веројатно почнувајќи уште од нејзиното воведување во 2012 година. „Минималната плата беше фокус на главните политички партии за време на парламентарните избори во 2016 година, и таа ја продолжи својата актуелност се` до овие парламентарни избори 2020 година. Вообичаено, политичките партии ветуваат побрз пораст на минималната плата од тоа што економијата реално може да издржи, имајќи предвид дека минималната плата го зголемува животниот стандард на примателите, но претставува трошок за работодавачот кој може да одлучи да го згасне работното место ако тој трошок стане многу висок. Проекцијата на движењето на минималната плата во периодот 20212024 година, е направена врз основа на неколку претпоставки, меѓу кои последното законско усогласување на 14.934 денари со важност од јули 2020 години; раст на продуктивноста на трудот изведена од растот на економијата и вработувањата како претходно, односно пад на БДП од 3,8% во 2020 и просечен годишен раст од 4% за периодот 2021-2024, и


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

9 просечен годишен раст на работните места од 2.3%, „Порастот на минималната плата е најпрво проектиран според порастот на продуктивноста и тој пораст се смета за најоправдан и без можност да создаде притисок за затварање на работните места. Според овој метод, оптималното ниво на минималната нето плата во 2024 година е проценето на 16.228 денари (пораст од 11.9%). Сепак, носителите на политиките може да креираат политика на минималната плата според движењата кај просечната плата (што претставува ендоген процес, во кој неопходна е внимателност врз движењето на цените). Во врска со овој метод, ги применуваме двете сценарија од погоре, односно проектираме раст на минималната плата зависно од развојот на кризата со Ковид-19. Во тие сценарија, минималната плата би се движела од 17,149 денари до 17,978 денари, што споредено со 2019 е еднакво на пораст од 18,3% до 24%“, објаснуваат од Finance Think.

Колку може да пораснат пензиите?

Пензионерите останаа најпропулзивното гласачко тело за сите политички партии, па изборните ветувања често се фокусираат врз зголемување на пензиите, најчесто значајно над износите детерминирани со растот на економијата. Како резултат на тоа, пензискиот дефицит – грубо дефиниран како износ што централниот буџет го префрла во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување над износот прибран од пензиските придонеси, се зголеми тројно помеѓу 2007 и 2020 во апсолутна смисла, додека како удел во износот прибран преку придонеси го достигна својот максимум во 2017 од 79,9%. Но, со зголемувањето на стапката на пенсикиот придонес во 2019 и 2020 година (кумулативно за еден процентен поен), настана значајна консолидација, пришто износот што се трансферира од централниот буџет се намали на 70,1% од износот на пензиските придонеси, но со зголемувањето на пензиите од 2020 година, тој повторно почна да расте. Проекциите на Finance Think за движењето на пензискиот дефицит се направени во услови на задржување на сегашната формула за индексирање на пензиите со порастот на цените, без ад-хок зголемувања; промена на моделот на индексирање на пензиите со порастот на цените и на просечната плата, без ад-хок зголемувања; зголемување на старосните пензии под износот од 10.700 денари месечно, на овој износ. Во исто време, движењето на

пензискиот дефицит во периодот 20212024 година, зема предвид и просечно годишно зголемување на просечната плата од 3,5% според сценариото за потраен ефект од Ковид-19; просечено годишно зголемување на вработеноста од 2,3%; како резултат, просечно годишно зголемување на приходот од пензиски придонеси од 5,3%; просечно годишно зголемување на бројот на пензионери за 1,25% и

просечно годишно зголемување на цените од 1,1%. Па така, Finance Think прогнозира дека доколку пензиите се усогласуваат само со порастот на цените, пензискиот дефицит се прекршува и започнува негово намалување. Во апсолутна смисла, во 2024 година, тој ќе биде на нивото од 2019 година, но во релативна смисла, тој ќе се намали од 75% од приходите од


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

10

COVER STORY

пензиски придонеси на 55,5%, што е големо намалување. Но, ако пензиите се усогласуваат со порастот на цените и на просечната плата (50:50), пензискиот дефицит продолжува да расте, со благо намалување на износот што ќе треба да се финансира од централниот буџет на околу 63% од приходите од пензиските придонеси. Корекцијата кај минималните старосни пензии додава на овој износ околу 8 милиони денари годишно, а засега околу 29.000 пензионери – приматели на старосна пензија.

Пониски даноци со пониски ефекти?!

Даночната политика е една од ретките области каде што двете најголеми политички партии се разликуваат во своите ставови. Finance Think ја анализира предложената мерка за намалување на данокот на личен доход и данокот на добивка на 9% во 2021 и 8% од 2022 година натаму; и елиминирање на данокот на личен доход за нови вработувања на млади лица 15-29 во времетраење од 2 години. Под претпоставка дека растот на економијата и вработувањата ќе бидат како и во претходните анализи, односно пад на БДП од 3,8% во 2020 и просечен годишен раст од 4% за периодот 2021-2024, и просечен годишен раст на работните места од 2.3%; потоа благо подобрување на ефикасноста во наплатата на даноците и благо сузбивање на даночната евазија, двете во кумулативен ефект од околу 10%; систематска фискална консолидација

во основното сценарио, со просечен буџетски дефицит од 2,1% од БДП за периодот 2021-2024; и нови вработувања на млади 15-29 како прво работно место во опсегот 12.00018.000 годишно. Фискалниот ефект на предложените мерки покажува дека изгубените буџетски приходи кај директните даноци се движат од 45 милиони евра во 2021 до 122 милиони евра во 2024, од кои околу 3,4 милиони евра во 2021 до 13,6 милиони евра во 2024 отпаѓа на делот за елиминирање на данокот на личен доход на нововработените млади. Износот на изгубените даночни приходи е еднаков на 1% од БДП, што е еднакво на околу 120 милиони евра, или повеќе од третина од просечните буџетски дефицити. „Овој фискален трошок може да биде многу висок и од гледна точка на тоа како вработеноста реагира на промените во даночното оптоварување. Нашите симулации велат дека пад на даночната стапка од 10% на 8% ќе ја зголеми вработеноста за 0,5 процентни поени, додека таков пад на стапката на придонеси ќе ја зголеми за 2,2 процентни поени. И, ова е очекувано, бидејќи главен товар на платите се придонесите, а не данокот на личен доход. Оттука, евентуалните корекции кај социјалните придонеси се 4,5 пати помоќни во однос на поддршка на вработувањето споредено со корекции кај данокот на личен доход. Но, надолни корекции кај социјалните придонеси се скоро невозможни поради притисокот кај пензиските финансии“, пишува во анализата на

Finance Think. Дополнително, за најголем дел од платите, ефектот на данокот на личен доход е намален од даночното ослободување, така што ефективната стапка за тие плати е многу пониска од 10%. „Со медијална плата од околу 20.000 денари (не постои прецизен податок кој би се добил од ДЗС), половина од работниците добиваат плата пониска од тој износ, па за таков тип работни места, намалувањето на данокот целосно не би имало смисла. Тоа дополнително го покажува и симулацијата на ефектот за младинската невработеност, која и воопшто не реагира на промена на данокот, односно ефектот кој го забележуваме е во рамки на маргината на грешка, за само 0,6 процентни поени раст на вработеност, од 20,7% на 21,3%“, објаснуваат од Finance Think. Освен ниските ефекти врз пазарот на труд, овие предложени промени во даночната политика го отвораат и прашањето за финансирањето на изгубените даночни приходи. Последното сценарио е најнеповолно, особено имајќи предвид дека кризата предизвикана од Ковид-19 ќе изврши еднократно и нагло зголемување на јавниот долг. Според него, како резултат на предложените даночни промени, јавниот долг би бил повисок за 0.4 до 0.9 процентни поени годишно, што е спротивно на заложбата за фискална консолидација. Слично, буџетскиот дефицит, наместо во претпоставениот ранг од 2% до 2,5% од БДП, би се искачил до 3%. nnn



Капитал број 1070 10.07.2020

12

ИНТЕРВЈУ

БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ ГЛАВЕН ЕКОНОМИСТ И ИЗВРШEН ДИРЕКТОР НА ИНСТИТУТ ЗА ЕКОНОМСКИ ИСТРАЖУВАЊА, FINANCE THINK

ЕВРОПСКАТА ПЕРСПЕКТИВА Е МОМЕНТАЛНО НАЈРЕАЛНОТО ЕКОНОМСКО ВЕТУВАЊЕ Ако предвидуваме раст на БДП, раст на платите, кратење на даноците, особено за време на Ковид-криза, тогаш мора да знаеме од каде ќе произлезе новата вредност во економијата која ќе овозможи сите тие растови и кратења да бидат остварливи и одржливи на долг рок. Поддршка на економијата ќе даде забрзан ôд по европскиот пат, пред сé тука мислам на процесот на преговарање за членство во ЕУ, и тоа е моментално најреалното економско ветување, ама не е замена за економска визија на оваа земја.


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

13


Капитал број 1070 10.07.2020

14

ИНТЕРВЈУ

разговара:

Александар Јанев

Г

aleksandar.janev@kapital.mk

XГ-ѓа X Петрески, првото прашање во овој разговор несомнено се наметнува од дилемата што ја поставувате и самите во последната публикација на Институтот за економски истражувања, Finance Think, а тоа е – колку нашата економија може да ги издржи економските изборни ветувања на политичките партии? Како истражувачки институт, ние и се обидуваме да дадеме квантитативен одговор на тоа прашање и резултатот е дека, споредено со претходни избори, ветувањата се врамени во поразумни граници. Сепак, остануваат на политичко -економската сцена клучни ветувања кои, земени како „грандиозни“ економски исходи, не се поддржани со нашите пресметки и симулации. Причините за нивната неостварливост се различни: некои ветувања не зависат само од волјата на владата, туку пред се` од пазарните услови, како што се ветувањата во делот на платите; други ветувања кои зависат главно од волјата на владата, како што е даночната политика, може да завршат со значаен пад на буџетските приходи кој повторно ќе не` доведе на растечка патека на јавниот долг. Но, она што партиите не успеаја да го демонстрираат во целост е визијата за економијата. Практично кажано, тоа значи, ако предвидуваме раст на БДП, раст на платите, кратење на даноците, особено за време на Ковид-криза, тогаш мора да знаеме од каде ќе произлезе новата вредност во економијата која ќе овозможи сите тие растови и кратења да бидат остварливи и одржливи на долг рок. Поддршка на економијата ќе даде забрзан ôд по европскиот пат, пред сé тука мислам на процесот на преговарање за членство во ЕУ, и тоа е моментално најреалното економско ветување, ама не е замена за економска визија на оваа земја. XАко X ги искалкулираме сите проекти на партиите од изборните програми, произлегува дека не би им стигнале ниту 20 милијарди евра, односно уште еден бонус годишен буџет во текот на мандатот за да реализираат се што ветиле. Како економист, како ги оценувате овие предизборни ветувања на партиите и кој е мотивот според Вас да се оди толку далеку кога се ветува во кампања? Немам дилема дека мотивот е освојување што повеќе гласови. Но, сметам дека,

денес, општествената свест е подигната повисоко споредено со пред 4 или 8 години, така што колку подалеку се оди со предизборните ветувања, посебно кај економските параметри, толку е и поголем уделот на гласачите кој вели „ама, јас знам дека тоа е невозможно“. Нашата цел, како институт, е да ја подигаме таа свесност, за да може граѓаните во голема мера сами да просудуваат кога едно ветување е реално, а кога не. Нашата тековна иницијатива „Економски компас“ во склоп на програмата Цивика Мобилитас цели кон евалуација на економските изборни програми, а по изборите ќе продолжи со мониторинг на остварувањето на ветувањата на партиите кои ќе ја формираат владата. Сепак, како општество треба да бидеме малку нескромни, и да кажеме дека денес имаме политички натпревар со економски изборни програми многу повеќе од тоа што имавме порано. XВо X Вашето последно истражување, анализирате четири одделни политики од даночно – социјалниот домен. Прво, колку растот на просечната плата што го ветуваат партиите е реално достижен? Со текот на времето, политичките партии почнаа да се натпреваруваат во делот на платата, што не е нелогично, бидејќи таа е основниот показател за животниот стандард на граѓаните. Во претходниот период, растот на просечната плата забрза, како резултат на порастот на минималната плата и субвенциите на придонесите, како и на општиот недостиг од квалификувани работници, но сега тој раст е под значаен ризик од случувањата сврзани со Ковид-кризата, особено, пак, ако знаеме дека пазарот на труд главно реагираше со намалување на платите и работните часови, а многу помалку со отпуштање на работниците. Тоа е сегашната состојба, која многу може да се смени доколку ударот од Ковид-19 трае или ако на есен се врати со поголем интензитет. Кога на тоа ќе додадеме дека платата е пазарна категорија, која главно зависи од создавањето нова вредност во економијата, доаѓаме до заклучокот дека цврсто ветување сврзано со просечната плата и не може да се даде. Затоа и во симулациите ние предвидуваме две сценарија: прво во кое ефектот од Ковид-19 би бил пократок, односно главно ограничен на 2020, сценарио кое како што изминува времето станува помалку веројатно; и второ во кое тој ефект би се оддолжил и низ 2021. Според овие сценарија, во 2024, просечната плата се предвидува во распон од 29.000 до 31.000. Видете, постојат шокови во економијата кои не ги знаеме денес и не можеме да ги предвидиме, а кои може значајно да ја изместат оваа проекција. На пример, Ковидот може да продолжи и да засили во таков обем што годинава може да видиме и значаен пад на платите. Просечната плата се користи како главна алатка за подобрување на

животниот стандард, но во вакви услови кога постои пазарен притисок, може да се искористат и други алатки кои ќе го подобрат животниот стандард, како што е подобрување на квалитетот на јавните услуги. Првенствено мислам на услугите во образование и здравство, каде што граѓаните имаат значајни издатоци од „приватен џеб“. Доколку се подигне квалитетот и пристапноста до услугите, може значајно да се подобри квалитетот на живот, посебно кај најранливата категорија граѓани. XВо X однос на минималната плата, кое е нивото на пораст што го оправдува продуктивноста на работниците следните четири години и колку тоа соодветствува со бројките од изборните програми? Уште од воведувањето во 2012, минималната плата е жешка, па би рекла и компромитирачка тема, во смисла дека остана механизам кој служи и за исполнување предизборни ветувања. Најпрво таа беше поставена како процент од просечната плата, па се случија ад-хок зголемувања, па се постави да се усогласува со порастот на БДП, платите и цените, па пак се случија ад-хок зголемувања. Ова треба да престане, бидејќи може да се доведеме до раб кога тоа може да има контраефекти. На тоа укажа и наша студија од 2018, каде што јасно се документирани ефектите според кои порастот на минималната плата е добар за животниот стандард, меѓутоа треба да се набљудува и како трошок на работодавачот, кој ако стане висок, ќе резултира со затварање на работните места. Дополнително, сé уште не знаеме во целост како Ковид ситуацијата ќе се одрази на „силите“ кои ја движат минималната плата. Имено, притисок за намалување на работните места не оди рака-под-рака со висока минимална плата. Дополнително, веќе кружат информации за враќање на сезонски работници од странство по отворањето на границите, или неможност тие кои планирале сезонска работа во странство да заминат. Тоа ќе го смени пазарот на труд во Македонија каков што го познававме. Конкретно на вашето прашање. Ако минималната плата се движи според продуктивноста, во 2024 се проектира нешто над 16.000 денари. Тоа можеби изгледа малку, но да забележиме дека продуктивноста во Македонија долго време стагнира. Тоа беше така бидејќи растот на работните места често го надминуваше растот на БДП, што резултираше со стагнантен или негативен раст на продуктивноста. За жал, дополнително на ова, нашата студија од 2018 покажа дека раст на минималната плата е корисен за задоволството на работниците, но не влијае многу врз нивната продуктивност, што потврдува дека продуктивноста расте само со инвестиции во човечки капитал, иновации и технологија.


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

15

Економскиот шок предизвикан од коронавирусот е од досега невидени размери и, по таа основа, значително ќе влијае врз водењето на економските и социјалните политики, особено ограничувајќи го фискалниот простор. Сите заклучивме дека не е можно на здравствената криза повторно да се одговори со затварање на економијата, бидејќи тоа не е издржливо ниту за бизнис секторот, ниту за државниот буџет. Новите носители на економските политики ќе имаат тешка задача во претстојниот период. Владата дизајнираше мерки кои Finance Think ги процени како генерално коректни, иако на самите почетоци имавме чувство дека не постои добра координација кај носителите на политиките. Гледано малку пооптимистички, какви било здравствени сценарија треба да се пресретнат со иновации, реструктурирање и дигитализација кај фирмите, а структурна поддршка ќе даде и процесот на преговори за членство во ЕУ. Државата ќе треба да размисли дали може да привлече нови компании кои сакаат да се реалоцираат поблиску до своите фирми мајки во Европа и секако да го подобрува бизнис амбиентот, првенствено преку зајакнување на владеењето на правото.


Капитал број 1070 10.07.2020

16

ИНТЕРВЈУ

XПартиите X особено биле дарежливи и кога ветувале зголемување на просечните пензии, но од друга страна, како тоа може да влијае на дефицитот во Фондот за пензиско осигурување, ако се знае дека и сега тој од година в година расте и се финансира со трансфери од централниот буџет? Колку ги оправдувате најавите за зголемувања на пензиите? Со реформата во пензиските финансии од 2019 – која подразбираше благо зголемување на пензиските придонеси, заедно со промени во начинот на усогласувањето и правилата за членство во вториот столб – се постигна значајна консолидација на пензискиот дефицит. Потребата пензиските расходи да се финансираат од централниот буџет дотогаш беше растечка и со овој потег тој раст за стопираше. За жал, со ад-хок зголемувањето од 2020, тој дефицит повторно почна да расте. Но, тоа ни покажа дека и мали отстапувања од предвидената патека за консолидација може значајно да придонесат за продлабочување на проблемите со ПИОМ. Затоа, нашите симулации и препораки се дека пензиите треба да се усогласуваат со порастот на трошоците за живот, со цел да се одржи животниот стандард на пензионерите. Исто така, случувањата во последните 2 години само го потврдија заклучокот од нашата студија од 2017, дека покрај затегнувањето кај придонесите, на среден рок ќе биде неопходно да се размислува и за подлабока реформа за самоодржливост на пензискиот систем. Во спротивно, расходите за пензиите, и оттука дефицитот, ќе растат не само по основ на зголемување на пензии, туку и по основ на раст на бројот на пензионери, што е детерминирано од подолгиот животен век.

Фискалниот простор за непродуктивни трошења е истрошен XЕдна X од партиите најавува намалување на стапката на данок на добивка и на личен доход од 10%, прво на 9% догодина, па потоа на 8%, но и ослободување од данок за вработување на млади до 29 години. Какви ефекти би имало ова врз поттикнување на вработеноста, но и врз приходите во буџетот? Главните аргументи за намалување на директните даноци, посебно тие на личниот доход, се сведуваат на тоа дека ќе се намали даночниот товар на платите, поради што ќе се поттикне вработувањето. Последново, заедно со намалена даночна евазија, ќе доведе до поголеми приходи од даночниот рез. И овој аргумент е валиден во генерална смисла, но во Македонија е целосно исцрпен. Тоа го потврдуваат и нашите симулации кои велат дека пад на даночната стапка од 10% на 8% ќе ја зголеми вработеноста за 0.5 процентни

поени, додека таков пад на стапката на придонеси ќе ја зголеми за 2.2 процентни поени. И, ова е очекувано, бидејќи главен товар на платите се придонесите, а не данокот на личен доход. Затоа, ако понатамошно намалувате нешто што е веќе многу мало, тогаш ефектот е премал или никаков. Дополнително, за најголем дел од платите, ефектот на данокот на личен доход е намален од даночното ослободување, така што ефективната стапка за тие плати е многу пониска од 10%. Со медијална плата од околу 20.000 денари (не постои прецизен податок кој би се добил од ДЗС), половина од работниците добиваат плата пониска од тој износ, па за таков тип работни места, намалувањето на данокот целосно не би имало смисла. Тоа дополнително го покажува и симулацијата на ефектот за младинската невработеност, која и воопшто не реагира на промена на данокот, односно ефектот кој го забележуваме е во рамки на маргината на грешка. Од друга страна, од она што го елаборирав сврзано со ПИОМ, кристално јасно е дека не постои никаков простор за намалување на придонесите. Понатаму од слабиот ефект врз вработеноста, пад на стапките кај директните даноци би имал значаен негативен ефект врз буџетот, кој е проценет на околу 1% од БДП во 2024. Ако на прв поглед тоа се чини малку, тогаш да кажам дека во апсолутен износ надминува 120 милиони евра годишно. Таквите изгубени приходи ќе треба од некаде да се компензираат – дали преку раст на долгот или на поинаков начин, тоа би било избор на носителите на политиките. XВо X изборната програма на владејачката партија повторно се спомнува можноста за воведување прогресивен данок, но со отворање на широка јавна дебата претходно. Како го оценувате ова со оглед на тоа што резултатите од претходната година кога се воведе ваков модел, покажаа дека не се постигнале очекуваните ефекти? Тоа беше политика со добра намера, меѓутоа воведена изнасилено, без сослушување на засегнатите страни, и политички целосно нетактично. Finance Think беше прв кој уште во мај 2019 ги симулираше ефектите и уште тогаш тие беа проценети на многу мали, а со голема политичка цена, чија форма ние во времето на објавување на таа студија каде што присуствуваше и тогашниот министер, не ја знаевме, меѓутоа дојде набрзо потоа. Во однос на прогресивниот данок, валидни се сите аргументи сврзани со поголема праведност, па да го уважиме и буџетскиот ефект кој ќе остане мал освен ако стапките не бидат превисоки или прагот пренизок. Единствено не е валиден аргументот дека сегментот кој е таргет на прогресивниот данок, најдоходните 1-2%, се збогатил поради рамниот данок. Наша студија од 2020 која ја публикувавме заедно

со УНДП, покажа дека главниот ефект на растечката концентрација на доходот кај најбогатите 1% се должи на поставувањето граница на плаќањето придонеси на 4 просечни бруто плати некаде 2005-2006, која потоа се коригираше нагорно до сегашните 16 просечни плати, но не се отстрани. Во истиот период, се забележува и драстичен раст на концентрацијата на доходот кај топ 1%. Но, поентата е дека секоја даночна реформа која цели да ги оданочи подоходните граѓани повеќе од другите најпрво мора да елиминира ваков тип „истекувања“ од системот. Паралелно, неопходно е да се изгради општествен консензус сврзан со повисоки даноци, што е тесно сврзано со даночната етика. Во одредена мера, некои размислувања како „зошто јас да плаќам ако мојот сосед не плаќа“ – што е поврзано со високата неформална економија – се валидни, и дополнителното оптоварување на плаќачите, а неказнување на неплаќачите само ќе ја влоши оваа ситуација. Второ, еднакво валидно е како се трошат парите на граѓаните. Расходната страна на буџетот бара неопходна рационализација, според моето убедување, преку некоја алатка со која ќе се мери вредноста и мултипликативниот ефект од секој потрошен денар. Значи, за да оствариме побрза развојна патека, како земја ни се потребни повисоки даночни приходи, но пред да се воведат повисоки даночни стапки, потребно е да се адресираат прашањата на сивата економија и ефикасноста на расходите. XОвие X предизборни ветувања доаѓаат во исклучително неизвесен период за економијата, не само домашната туку и глобално поради пандемијата со коронавирусот? Колку ова може дополнително да ги помати сметките на партиите што ќе дојдат на власт? Економскиот шок предизвикан од коронавирусот е од досега невидени размери и, по таа основа, значително ќе влијае врз водењето на економските и социјалните политики, особено ограничувајќи го фискалниот простор. Токму затоа, во погорните проекции се водевме од две сценарија, поблаго кое подразбира дека вирусот ќе ослаби и ќе го снема до крајот на оваа година, и поостро во кое тој би останал и последиците би ги имале низ целата 2021, а веројатно и потоа. Моментално, Македонија се наоѓа во вториот бран од вирусот, а здравствените експерти говорат и за извесен трет бран на есен, што оневозможува да сме оптимисти дека првото сценарио ќе се случи. Меѓутоа, веројатно сите заклучивме дека не е можно на здравствената криза повторно да се одговори со затварање на економијата, бидејќи тоа не е издржливо ниту за бизнис секторот, ниту за државниот буџет. Новите носители на


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

17

Просечната плата се користи како главна алатка за подобрување на животниот стандард, но во вакви услови кога постои пазарен притисок, може да се искористат и други алатки кои ќе го подобрат животниот стандард, како што е подобрување на квалитетот на јавните услуги. Првенствено мислам на услугите во образование и здравство, каде што граѓаните имаат значајни издатоци од ‘приватен џеб’. Доколку се подигне квалитетот и пристапноста до услугите, може значајно да се подобри квалитетот на живот, посебно кај најранливата категорија граѓани.

економските политики ќе имаат тешка задача во претстојниот период. XКако X го оценувате досегашниот одговор на државата во насока на ублажување на последиците од пандемијата врз економијата? Што би требало да биде приоритет за новата Влада во тој поглед особено што наесен се најавува нов голем бран на ширење на заразата и сите меѓународни финансиски институции веќе ги ревидираа своите прогнози кон попесимистички? Владата дизајнираше мерки кои Finance Think ги процени како генерално коректни, иако на самите почетоци имавме чувство дека не постои добра координација кај носителите на политиките. Направивме детална евалуација на мерката за задржување на работните места преку поддршка со 14.500 денари по работник месечно, заедно со мерката за субвенционирање на 50% од придонесите. Анализата покажа дека мерката помогнала да се задржат 80% од најзагрозените работни места, односно оние кои било веројатно дека ќе бидат изгубени, а проценети на 75 илјади. Во следниот период ќе направиме ваква евалуација и на мерката за релаксираните критериуми во делот на подобноста за примање гарантиран минимален доход, а паралелно ќе ги анализираме и ефектите кај најранливите категории работници, со посебен фокус на оние во неформалната економија. Летово и од есен, економските текови мора да продолжат со прилагодување кон ситуацијата и преземање на сите мерки за заштита, и тоа во следниот период ќе биде најсилното оружје против значаен економски пад. Простор, особено кај државниот буџет, да финансира нов економски „локдаун“ нема. Гледано малку пооптимистички, какви било здравствени сценарија треба да се пресретнат со иновации, реструктурирање и дигитализација кај фирмите, а структурна поддршка ќе даде и процесот на преговори за членство во ЕУ. Особено кај извозниците, ова е време во кое може да се преиспита нивното позиционирање на глобалниот пазар, дали тие може да освојат нови пазари кои претходно биле опслужувани од подалечни места, како што е Југоисточна Азија. Странските фабрики присутни овде ќе треба да преоценат дали може да се вклучат и во некои други сегменти од веригата на снабдување, кои претходно биле лоцирани на трети далечни пазари. Помалите фирми ќе треба посилно да целат да станат снабдувачи на поголемите извозни фирми. Државата ќе треба да размисли дали може да привлече нови компании кои сакаат да се реалоцираат поблиску до своите фирми мајки во Европа и секако да го подобрува бизнис амбиентот, првенствено преку зајакнување на владеењето на правото.

nnn


Капитал број 1070 10.07.2020

18

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

ИЗВОЗОТ ОД ЗЕМЈАВА ВО ПРВИТЕ ПЕТ МЕСЕЦИ

КАЈ ПЕТТЕ НАЈГО ПАРТНЕРИ МАКЕДО 500 МИЛИОНИ ЕВРА Според секторите на производство, најголем удел во извозот од земјава во првите пет месеци има групата машини и транспортни уреди, со вредност од 602,4 милиони евра, којашто е инаку, помала за дури 31,4% во однос на истиот период лани. Следат хемиските и сродни производи, со 414,6 милиони евра, или за 35,2% помалку од лани, пред групата производи класирани според материјалот, со износ од 331,8 милиони евра, или само 5,8% помалку од лани.


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

И Е ПОМАЛ ЗА 25,4%, ДОДЕКА УВОЗОТ ЗА 20,8%

19

ОЛЕМИ ТРГОВСКИ ОНИЈА ИЗВЕЗЛА ЗА А ПОМАЛКУ СТОКИ


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

20

ЕКОНОМИЈА

пишува:

Игор Петровски

З

igor.petrovski@kapital.mk

За првите пет месеци од годинава, извозот од Македонија се намалил за 25,4%, според индексите пресметани од евра, додека увозот се намалил за 20,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Корона – кризата ја намали вкупната трговска размена на земјава со странство намалена е за 22,8% во овој период, споредено со првите пет месеци лани. Вредноста на извозот во првите пет месеци изнесува 1,96 милијарди евра, додека увозот е 2,75 милијарди евра. Вредноста на лон извозот изнесува 379 милиони евра, а на лон увозот 253 милиони евра. Трговскиот дефицит, во периодот јануари и мај 2020 година изнесува 789 милиони евра, а покриеноста на

увозот со извоз изнесува 71.3 %. Пандемијата почна да влијае врз светската трговија некаде во март месец, кулминација имаше во април, но ефектот продолжува и во мај. Официјалната статистика бележи помал извоз за дури 39,2% во однос на истиот месец лани, изразен во индекси пресметани од евра, додека увозот се намалил за 36,5%. Вкупната трговска размена во месец мај е помала за 37,7% во однос на истиот месец лани, додека размената на лон производство е помала за цели 52%. Месец мај е сепак подобар од април, кога беше забележан пад на извозот од преку 60%, а на увозот од 51%, што е и разбирливо со оглед на тоа што во мај почнаа пополека да се отвораат македонската и европските економии од строгите карантински мерки што беа воведени во втората половина на март и продолжија во април, со цел заштита од пандемијата.

Производителите на авто делови и компоненти бараат пониски или укинување на царините за репроматеријали Според секторите на производство,

најголем удел во извозот од земјава во првите пет месеци има групата машини и транспортни уреди, со вредност од 602,4 милиони евра, којашто е инаку, помала за дури 31,4% во однос на истиот период лани. Следат хемиските и сродни производи, со 414,6 милиони евра, или за 35,2% помалку од лани, пред групата производи класирани според материјалот, со износ од 331,8 милиони евра, или само 5,8% помалку од лани. Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови (групата хемиски и сродни производи што ги спомнавме пред малку), деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (категоријата машини и транспортни уреди). Во првите две групи производи што имаат најголем пад на извозот во

Надворешна трговија на Македонија (во милиони евра)

ГОЛЕМА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА ИЗВОЗОТ ВО ЕДНА ЗЕМЈА „Што се однесува до структурата на извозот по земји, во првите пет месеци кај нашиот најголем трговски партнер, Германија, имаме помал извоз за 36,1% и тој изнесува 827 милиони евра. Овој износ е 42% од целиот извоз на земјава, додека втор извозен пазар по големина е Бугарија, со 106 милиони евра, пред Косово, кој што е трет пазар за Македонија според вредноста на извезените стоки, од 84,2 милиони евра. Разликата помеѓу извозот во Германија и Бугарија само ја илустрира огромната концентрација на надворешната трговија што ја имаме со најсилната европска економија, што е голема потенцијална опасност за македонската економија на долг рок.“

2019 415.058 528.869 584.027 529.229 556.038

промена

Јануари Февруари Март Април Мај

Извоз 2020 457.194 519.903 430.797 211.287 339.627

2019 569.598 675.323 738.903 758.842 708.825

промена

Јануари Февруари Март Април Мај

Увоз 2020 572.750 719.701 607.266 373.462 455.119

Јануари Февруари Март Април Мај

Вкупно 2020 2019 1.029.944 984.656 1.239.604 1.204.192 1.038.063 1.322.930 584.749 1.288.071 794.746 1.264.863

10,15% -1,70% -26,24% -60,08% -38,92%

0,55% 6,57% -17,82% -50,79% -35,79% промена

4,60% 2,94% -21,53% -54,60% -37,17%

Извор: Државен завод за статистика

Размена со 10 најголеми трговски партнери Извоз (I-V)


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

21

Надворешна трговија на Македонија (во милиони евра)

Јануари Февруари Март Април Мај

Извоз 2020 457.194 519.903 430.797 211.287 339.627

2019 415.058 528.869 584.027 529.229 556.038

промена

10,15% -1,70% -26,24% -60,08% -38,92%

Увоз 2020 2019 промена Јануари 572.750 569.598 0,55% Во првите пет месеци од фабриките во зоните извозот е помал за 38,9% во однос на првите пет Февруари 675.323 6,57% месеци лани, и719.701 изнесува 705,13 милиони евра. Минатата година, извозот од ТИРЗ изнесувал 2,8 милијарди евра, што е цели 44% од вкупниот Март 607.266 738.903 -17,82% извоз на земјава, којшто бил 6,4 милијарди евра.

НАЈГОЛЕМ ПАД КАЈ ИЗВОЗОТ ОД ТИРЗ

Април 373.462 758.842 -50,79% Мај лобалниот пад 455.119 708.825 Во-35,79% првите пет месеци од фабриките на продажбата

Г

во зоните извозот е помал за 38,9% на возила силно ги погодува во однос на првите пет месеци и фабриките за автомобилски Вкупно лани, и изнесува 705,13 милиони делови и компоненти отворени промена Минатата година, извозот од странските, но и2020 домашните 2019 евра. од ТИРЗ изнесувал 2,8 милијарди инвеститори во Македонија. Јануари 4,60% што е цели 44% од вкупниот Драматичноста1.029.944 на падот на 984.656 евра, извоз на земјава, којшто бил 6,4 производството кај големите Февруари 1.239.604 1.204.192 2,94% милијарди евра. Иако до крајот странски инвеститори – извозници Март 1.038.063 што 1.322.930 на-21,53% годинава има уште 6 месеци, се гледа и од податоците од Дирекцијата за ТИРЗ, при што падот веќе се гледа дека извозот од Април 584.749 во овие 1.288.071 ТИРЗ -54,60% во 2020 ќе биде бледа сенка на извозот од фабриките на оној лани, поради корона – зони во април месец е цели 86%, Мај 794.746 1.264.863 -37,17% кризата, затоа што продажбата на додека во мај е нешто помал, и Извор: Државен завод за статистика во Европа и светот во автомобили изнесува 67,7%.

април се сведе практично на нула, а закрепнувањето нема да оди така лесно или според процените на аналитичарите за потполно враќање на стариот колосек на производството на автомобили ќе требаат 2-3 години. Инаку, проблемите во овој сектор, според податоците на ТИРЗ се гледа дека почнале уште во месец јануари годинава, кога извозот од компаниите во зоните бил помал за 21%, во февруари за 3,12%, додека во март за 16,8%,пред да следи големиот пад во април и мај.

Размена со 10 најголеми трговски партнери (во милиони евра) Извоз (I-V) 2020 2019 Германија В. Британија Србија Грција Бугарија Кина Турција Италија Унгарија Романија

827.015 63.871 78.917 64.136 105.978 27.150 30.572 51.286 59.032 43.299

1.294.868 58.294 95.251 73.401 123.213 38.638 35.246 74.038 65.693 71.643

промена

2020

Увоз (I-V) 2019

-36,13% 9,57% -17,15% -12,62% -13,99% -29,73% -13,26% -30,73% -10,14% -39,56%

288.387 265.506 219.742 188.888 127.519 185.837 145.448 121.427 66.815 71.126

390.848 439.719 236.033 270.530 134.105 198.029 163.544 195.063 77.770 95.079

промена

-26,22% -39,62% -6,90% -30,18% -4,91% -6,16% -11,07% -37,75% -14,09% -25,19%

Вкупно (I-V) 2020 2019 1.115.402 329.377 298.659 253.024 233.497 212.987 176.020 172.714 125.846 114.425

1.685.717 498.014 331.284 343.931 257.318 236.667 198.791 269.101 143.463 166.722

промена

-33,83% -33,86% -9,85% -26,43% -9,26% -10,01% -11,45% -35,82% -12,28% -31,37%

Извор: Државен завод за статистика


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

22

ЕКОНОМИЈА

првите пет месеци, во најголем дел спаѓаат автомобилските делови и компоненти што се произведуваат во 15-тината фабрики – странски инвестиции, но и домашни, распоредени во слободните економски зони и надвор од нив. Од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони – ТИРЗ веќе кажаа уште минатиот месец дека извозот од тамошните компании е паднат за 38,9% во однос на првите пет месеци лани, и изнесува 705,13 милиони евра. Минатата година, извозот од ТИРЗ изнесувал 2,8 милијарди евра, што е цели 44% од вкупниот извоз на земјава, којшто бил 6,4 милијарди евра. Инаку, од страна на овие компании алармираат дека извозот и нивното работење допрва може уште повеќе да се загрози, затоа што од први јули престанаа да важат мерките со кои во претходните шест месеци тие увезуваа репроматеријали со пониски царини – од сега царинските стапки се враќаат на старо, а никој од Владата, и покрај настојувањата, како што велат, не ги удостоил со одговор. Станува збор за 12 производи за кои досега, а со посебна владина одлука царините беа преполовени за период од шест месеци односно од почетокот на годината до 30 јуни. Капитал го има Барањето на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство пратено до Владата, до министрите за финансии и за економија. Во него се образложува зошто автономните мерки и пониските царински давачки за овие производи треба да важат и за следните шест месеци, како привремено решение за да се зајакне конкурентноста на компаниите кои што произведуваат технолошки напредни производи. На ваков начин, според нив ќе се придонесе за поголема атрактивност на земјата при привлекување на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори. Компаниите инаку бараат изедначување на царинските давачки за овие компоненти со тие во ЕУ. „Како држава имаме поголеми царини за увозот на многу компоненти што се потребни за производство на

технолошки напредни производи од оние кои се применуваат за увоз од трети земји. Ова ја прави земјата неконкурентна како локација за инвестиции во споредба со другите земји членки на ЕУ и земјите од регионот и дополнително ги прави неконкурентни македонските производи“, се вели во барањето на Асоцијацијата.

Само увозот на храна пораснал, но тоа може да се должи и на зголемените цени поради корона - кризата

Инаку, извозот е паднат и кај храната, но за „поподносливи“ 8,5%, кај пијалаците и тутунот за 21%, кај суровините (кои не се храна) освен гориво за 20%, итн. Кај увозот, интересно, се бележи раст на вредноста на увезената храна, за 4,4% на 283 милиони евра, и кај категоријата животински и растителни масла, масти и восоци, каде што извозот е поголем за речиси 20%, на 21 милиони евра. Но, со оглед дека овие статистички наоди се однесуваат на вредноснион износ на увозот, а не на количинскиот, можно е овој пораст да е последица и на покачените цени на овие групи производи поради светската пандемија. Што се однесува до структурата на извозот по земји, во првите пет месеци кај нашиот најголем трговски партнер, Германија, имаме помал извоз за 36,1% и тој изнесува 827 милиони евра. Овој износ е 42% од целиот извоз на земјава, додека втор извозен пазар по големина е Бугарија, со 106 милиони евра, пред Косово, кој што е трет пазар за Македонија според вредноста на извезените стоки, од 84,2 милиони евра. Разликата помеѓу извозот во Германија и Бугарија само ја илустрира огромната концентрација на надворешната трговија што ја имаме со најсилната европска економија, што е голема потенцијална опасност за македонската економија на долг рок. Во Германија се лоцирани најголемите европски производители на автомобили коишто се всушност крајната дестинација за авто – компонентите што се произведуваат во претходно споменатите фабрики во

БРОЈКИ

60%

е помал извозот во април, најкритичниот месец во корона – кризата

790

милиони евра е трговскиот дефицит во првите пет месеци годинава

42%

од целиот македонски извоз оди во Германија

468

милиони помал извоз е пласиран во Германија во првите пет месеци

земјава. Во оваа земја извезуваме и позначајно производство на текстил, поточно лон доработки од домашните конфекции. Увозот од Германија изнесува 288,4 милиони евра во првите пет месеци и е за 26,2% помал од истиот период лани. Од оваа земја увезуваме автомобили и комерцијални возила, машини, храна и други стоки за широка потрошувачка. Германија е најголемиот трговски партнер на Македонија што се однесува и на увозот, а на второ место е В. Британија, од каде што сме увезле стоки за 265,5 милиони евра, а сме извезле за 64 милиони евра, па така со вкупно околу 330 милиони евра, островот е вториот најголем трговски партнер во целина. На трето место е Србија, со вкупна трговска размена од без малку 300 милиони евра, пред Грција со 253 милиони евра, Бугарија со 233 милиони, Кина со 212 милиони евра, итн. nnn


БЕЗ ЦИ ЗА ТРОШО ВАЊЕ У ОДОБР

НЛБ Потрошувачки кредити

Треба да реновирате? Аплицирајте за НЛБ Потрошувачките кредити без трошоци за одобрување и фиксна каматна стапка за првите 35 месеци, по повод 35 години НЛБ Банка! Понудата трае до 31-ви август! • Брза и едноставна процедура. • Поволни услови. • Бесплатна Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА ВИОЛЕТОВ ПЛУС ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ Износ: 600.000 МКД, каматна стапка 5,2% фиксна за првите 35 месеци (СВТ: 6,70%), рок на отплата 120 месеци, 0% манипулативни трошоци, 600 МКД трошок за апликација, месечен ануитет: 6.423 МКД, вкупен износ за враќање: 813.672 МКД. *Каматната стапка од 5,2% е фиксна за првите 35 месеци, за остатокот од периодот каматната стапка е варијабилна и во моментот изнесува 6,53% (НРКС + 5% фиксен додаток). Висината на НРКС (национална референтна каматна стапка) се утврдува на месечно ниво и истата се објавува на веб страната на НБРСМ секој 25-ти во месецот. ** Во пресметката за СВТ кај Виолетовиот плус потрошувачки кредит е вклучен износот на Ризико полисата.


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

24

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

НОВ ПРОЕКТ НА ВИНИЧКАТА ФАБРИКА ЗА КОНДИТОРСКИ ПРОИЗВОДИ

МАКПРОГРЕС ОСНОВА РЕГИОНАЛНА МЕНАЏЕРСКА АКАДЕМИЈА И ЦЕНТАР ЗА ИНОВАЦИИ Проектот е финансиран од Владата на Јапонија преку Фондот за Соработка со Европската банка за обнова и развој, а македонската менаџмент консалтинг платформа за експертска поддршка, PrimePoint Partners е избрана за негово целосно спроведување.

К

Кондиторската фабрика „Макпрогрес“ од Виница ќе основа тренинг центар за обуки кој ќе служи за потребите на „Макпрогрес“, но исто така и на бизнис професионалците од регионот. Тренинг центарот кој ќе овозможи градење на менаџерските капацитети, како и специјализирани обуки за вработените во „Макпрогрес“, се очекува да почне со работа оваа есен. „Во рамките на тренинг центарот планираме да воведеме модерна лабораторија за истражување и развој за прехранбените технологии во пекарската и кондиторската индустрија, технолошко следење и аналитика, развој на нови производи, анализа на постоечки и нови сировини, како и тест проби со процесна опрема. Ќе развиваме соработка со научни институции, средни училишта, старт-ап компании, итн. Во рамки на центарот ќе постои и креативен кампус со ко-воркинг околина за промовирање на иновации со неколку сектори: креативна кујна,

оддел за продажба, дел за маркетинг, дизајн и креирање амбалажа, мехатроника, сензорика и технологија“, изјави извршниот директор на „Макпрогрес“, Глигор Цветанов. Проектот е финансиран од Владата на Јапонија преку Фондот за Соработка со Европската банка за обнова и развој. „ЕБОР полага особено внимание на улогата на приватниот сектор во насока на развој на вештини, имајќи предвид дека компаниите се најдобро поставени да ги идентификуваат вештините потребни за нивните вработени да бидат продуктивни и да постигнат најдобри резултати. Она што е особено вредно за внимание е фактот дека успешна компанија како „Макпрогрес“ се вклучува во обуки за потребите на пошироката заедница и за останатите компании кои се лоцирани во регионот. Ние сме многу среќни што можеме да ја поддржиме оваа значајна иницијатива“, рече Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР во Скопје. Македонската менаџмент консалтинг платформа за експертска поддршка,

PrimePoint Partners, е избрана за целосно спроведување на овој проект во делот на креирање на брендот, дефинирање на програмите, утврдување на содржината и динамиката на предавања, селекција на професори/обучувачи, обука на обучувачите, спроведување на програмите, упис и селекција на кандидати, план за одржливост, мониторинг и евалуација, итн. „Нaм ни претставува особена чест да работиме со визионерскиот тим на „Макпрогрес“ во создавање на иновативен тренинг центар кој ќе овозможи градење на вештините и одржлив развој за Источна Македонија“, изјави Билјана Марковиќ Стаменова, партнер и извршен директор на PrimePoint Partners. Компанијата „Макпрогрес“ Виница, која оваа година прославува 30 години од постоењето, како лидер во индустријата за кондиторски производи својата работа ја базира на постојана иновација и континуиран развој на вработените. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

26

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

КАКО ПОМИНА МАКЕДОНСКАТА

КОРОНА – КРИЗАТ НА ТРГОВИЈАТ ДВОЈНО ПОГОЛЕ НА ИСТИОТ ПЕ Сума сумарум, во првите шест месеци вкупното тргување на Македонската берза изнесува 5,84 милијарди денари (95 милиони евра) што е за 57% повеќе во однос на истиот период лани. Во класично тргување, прометот годинава во првото полугодие е нешто над четири милијарди денари (66 милиони евра) што е за 110% повеќе во однос на лани, при што со акции прометот е 3,8 милијарди денари (62 милиони евра), а остатокот со обврзници. Прометот со акции е за дури 124% поголем во однос на истиот период лани.


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

27

А БЕРЗА ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ

ТА НЕ Ѝ ПРЕЧЕШЕ ТА СО АКЦИИ: ЛЕМА ВО ОДНОС ПЕРИОД ЛАНИ


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

28

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Ако ја споредиме вредноста на главниот индекс на Македонската берза, МБИ-10 на крајот од првото полугодие во 2020 со онаа после првите шест месеци минатата година, тогаш индексот бележи пораст од речиси 8%. Но, ако го гледаме неговото движење од почетокот на годинава досега, корона – кризата сепак си го зеде данокот, и МБИ10 на крајот од јуни месец имаше вредност од 4.117 поени, што во споредба со вредноста на 31.12.2019 е пад од 11,4%. Клучниот месец за овој релативно слаб перформанс на домашната берза беше март, кога индексот поради паниката на светските берзи предизвикана од пандемијата, загуби речиси 35% од вредноста.

пишува:

Најтргувани акции на Македонска берза (јануари - јуни 2020)

Игор Петровски

А

igor.petrovski@kapital.mk

Ако ја споредиме вредноста на главниот индекс на Македонската берза, МБИ-10 на крајот од првото полугодие во 2020 со онаа после првите шест месеци минатата година, тогаш индексот бележи пораст од речиси 8%. Но, ако го гледаме неговото движење од почетокот на годинава досега, корона – кризата сепак си го зеде данокот, и МБИ10 на крајот од јуни месец имаше вредност од 4.117 поени, што во споредба со вредноста на 31.12.2019 е пад од 11,4%. Клучниот месец за овој релативно слаб перформанс на домашната берза беше март, кога почнаа мерките на затворање на светските

Хартија од вредност Комерцијална банка Алкалоид Макпетрол НЛБ Банка Гранит ТТК Банка Стопанска банка - Скопје УниБанка Македонијатурист Реплек

Промет

Промет

Просечна

Промена

(денари) 1.435.445.129 754.172.019 439.076.234 372.849.034 279.481.606 90.994.645 86.527.260 58.431.237 38.954.643 38.605.469

(евра) 23.340.571 12.262.960 7.139.451 6.062.586 4.544.416 1.479.588 1.406.947 950.101 633.409 627.731

цена 6.554 11.950 68.190 16.735 1.019 1.423 1.110 2.049 5.007 81.626

(I-VI) -12,70% 0,00% -16,50% -6,97% -17,30% -24,90% -12,60% -15,90% -20,40% 6,90%

Извор: Македонска берза

економии со цел заштита од корона Акции со најголем пораст вирусот, на коишто се приклучи и на Македонија. цената во првите Златното правило на Ворен Бафет,

„биди алчен, кога другите се плашат шест месеци од 2020 и плаши се кога другите се алчни“

ЗК Пелагонија РЖ Економика Оранжерии Хамзали

70,07% 41,67% 29,87%

имавме прилика да го видиме како најдобро функционира во пракса на домашниот пазар на капитал, во месец март. Легендарниот американски инвеститор и милијардер неброено


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

29


Капитал број 1070 10.07.2020

30

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

пати досега е цитиран со оваа своја препорака, која подразбира да не се залетуваме да купуваме акции кога нивната цена секојдневно расте, туку да почекаме кога пазарите ќе почнат да паѓаат поради икс причини, па да купиме акции на квалитетни компании по многу намалена цена. Ваква „распродажба“ се случи на сите светски берзи во текот на март годинава, лавина предизвикана од паниката поради кризата со коронавирусот којашто ги сопре помалку или повеќе сите економии на планетава. Индексите на сите големи берзи во САД, Европа и Азија паднаа за по 30, 40 и повеќе проценти, а сето тоа се прелеа и на Македонската берза, при што МБИ10 од максималната вредност од без малку 5.000 поени постигната последниве неколку години, којашто индексот ја имаше на 5 март (до кога тој веќе имаше пораснато за околу 8% во однос на почетокот од годината), се спушти на 3.257 поени на 27- ми истиот месец.

Додека на некој не му се стемни, на друг не му се разденува

Но, додека некои панично брзаа да се ослободат од своите акции во страв дека ќе се обезвредни нивниот капитал, некои други го искористија тоа, и токму како да учеле од Бафет, се изнакупуваа акции од најсилните македонски компании и банки, по “дисконтни“ цени. Па, така вкупниот промет на Берзата во месец март во споредба со претходниот месец беше поголем за 250% и изнесуваше 2,8 милијарди денари (околу 46 милиони евра). Од тоа, без малку половина, или 1,44 милијарди денари беше во класично тргување со акции, што е за 129% повеќе од месец февруари, додека во блок трансакции беа истргувани акции во вредност од 1,3 милијарди денари, или за дури 19 пати повеќе во однос на претходниот месец. Ова последново се должи пред се’, на сумата од една милијарда денари (17,5 милиони евра) за којашто групацијата Граве од Австрија ја купи домашната осигурителна куќа Еуролинк, трансакција што помина како блок преку Берзата. Потоа во април Берзата почна брзо да закрепнува, па некаде на крајот на овој месец ја стигна вредноста што ја имаше на самиот крај од 2019 година, или околу 4.500 поени. Потоа во месец мај повторно имаше пад на индексот, овој пат со поблаго, но континуирано темпо, па почетокот на летниот месец јуни инвеститорите го дочекаа со

вредност на индексот од околу 4.200 поени, што значеше пад за еден месец од околу 6-7%. Првата половина на јуни продолжи опаѓањето на индексот до 4.000 поени, за потоа да почне благ, но континуиран раст што продолжи и во првата декада од тековниов месец јули.

Прометот во првите шест месеци двојно поголем

Тоа е што се однесува до движењето на индексот, како еден од индикаторите за перформансите на Берзата. Од аспект пак, на прометот, како што спомнавме во март имаше драстично повисок промет во однос на истиот месец лани, како и во однос на претходниот месец, додека во април, откако се смири стравот кај малите акционери, а се консолидираа портфолијата на крупните инвеститори, прометот со акции забележа пад за 55%, на 651 милион денари (10,6 милиони евра). Иако беше разбирливо дека рекордниот промет од март тешко дека ќе се повтори, сепак нивото од десетина милиони евра во април е се’ уште повисоко за 1,5 – 5 пати од просечното месечно ниво на трговија со акции во последните 10 години. Во следниот месец, прометот со акции изнесуваше 305 милиони денари (5 милиони евра) и беше за 53% помал од претходниот месец, додека прометот со обврзници изнесуваше 123,3 милиони денари и е за 70 пати повисок, што се должи пред се’ на продажбата на 10.000 државни обврзници со вкупна цена од 101 милион денари (1,65 милиони евра). Сума сумарум, во првите шест месеци вкупното тргување на Македонската берза изнесува 5,84 милијарди денари (95 милиони евра) што е за 57% повеќе во однос на истиот период лани. Во класично тргување, прометот годинава во првото полугодие е нешто над четири милијарди денари (66 милиони евра) што е за 110% повеќе во однос на лани, при што со акции прометот е 3,8 милијарди денари (62 милиони евра), а остатокот со обврзници. Прометот со акции е за дури 124% поголем во однос на истиот период лани. Во блок трансакции годинава се истргувани акции за 1,6 милијарди денари, при што, да потсетиме, најголемата поединечна трансакција е онаа за купувањето на Еуролинк од страна на Граве групацијата за 17 милиони евра.

Вкупната пазарна капитализација над три милијарди евра

Пазарната капитализација на

Стопанска банка - Скопје УниБанка Македонијатурист Реплек

86.527.260 58.431.237 38.954.643 www.kapital.mk 38.605.469

Акции со најголем пораст на цената во првите шест месеци од 2020 ЗК Пелагонија РЖ Економика Оранжерии Хамзали Уготур Хотели Метропол

70,07% 41,67% 29,87% 20,00% 12,28%

Акции со најголем пад на цената во првите шест месеци од 2020 Тетекс Тетово ОКТА РЖ Услуги ТТК Банка Прилепска пиварница

-38,07% -31,25% -28,57% -24,91% -23,17% Извор: Македонска берза

БРОЈКИ Пазарна капитализација на акциит од МБИ-10 (состојба на 30.06.2020)

7,8%

денари Македонски 29.986.995.874 е помалаТелеком вредноста на МБИ10 на 30.06.2020 во споредба со Стопанска банка Скопје 18.333.189.000 30.06.2019 Алкалоид 17.040.329.033 НЛб Банка 13.664.976.000 Комерцијална банка 13.221.277.899 е помала вредноста на МБИ10 на 30.06.2020 во споредба со Макпетрол 7.304.830.000 31.12.2019 Гранит 2.859.759.125 Македонијатурист 2.026.066.560 ТТК Банка 1.062.228.960 е поголем прометот со акции во Стопанска 1.016.782.606 првитебанка шестБитола месеци споредено

11,4%

4 2 2 2 2 1

124%

со истиот период лани

63%

е поголем бројот на трансакции во класично тргување со акции

38%

од целиот промет на Официјалниот пазар е со акцијата на Комерцијална банка

Извор: Ма


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

31


Макпетрол НЛБ Банка Капитал број 1070 10.07.2020 Гранит ТТК Банка ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Стопанска банка - Скопје УниБанка Македонијатурист Реплек

439.076.234 372.849.034 279.481.606 90.994.645 86.527.260 58.431.237 38.954.643 38.605.469

32

7.139.451 6.062.586 www.kapital.mk 4.544.416 1.479.588 1.406.947 950.101 633.409 627.731

Акции со најголем пораст на цената во првите шест месеци од 2020 ЗК Пелагонија РЖ Економика Оранжерии Хамзали Уготур Хотели Метропол

акциите на Берзата, односно вредноста на сите акции на сите котирани компании на последниот ден од јуни годинава изнесувала 169 милијарди денари или 2,74 милијарди евра, што е благ пораст од 2,43% во однос на истиот период лани. Вкупната пак, капитализација на Берзата со сe’ вредноста на обврзниците, акциите на друштвата со посебни обврски за известување, како и останатите хартии од вредност изнесува 186 милијарди денари (нешто над три милијарди евра) и е за речиси 8% повисока во однос на истиот период лани. Најтргувани акции во првите шест месеци се оние на Комерцијална банка, со вкупен промет од околу 23 милиони евра, што е всушност 38% од вкупниот промет на Официјалниот пазар. Следат акциите на Алкалоид, со двојно помалку промет, поточно 12,2 милиони евра, Макпетрол со нешто повеќе од седум милиони евра, НЛБ Банка со шест милиони евра, итн. Кај најтргуваните акции, само оние на Реплек имаат пораст ако се спореди вредноста на крајот од јуни и онаа од крајот на минатата година, односно 6,9%. Алкалоид има речиси идентична вредност и на почетокот и на половина од годината, додека сите останати во тој период имаат пад, при што најголем пад има цената на акциите на ТТК Банка, од речиси 25%, Македонијатурист од 20%, Гранит од 17,3%, итн. Од сите акции воопшто тргувани на Берзата во првите шест месеци, најголем пораст на цената имаат на ЗК Пелагонија, од 70%, РЖ Економика од 42% и Оранжерии Хамзали со 30%, додека најголем пад имаат акциите на Тетекс од 38%, ОКТА од 31% и РЖ Услуги од 28%. nnn

70,07% 41,67% 29,87% 20,00% 12,28%

Акции со најголем пад на цената во првите

Додека некои панично брзаа да се ослободат од своите шест месеци одќе2020 акции во страв дека се обезвредни нивниот капитал, некои други го искористија тоа, и токму како да учеле од ТетекссеТетово -38,07% македонски Бафет, изнакупуваа акции од најсилните компании Па, така вкупниот ОКТА и банки, по “дисконтни“ цени. -31,25% промет на Берзата во месец март во споредба со РЖ Услуги месец беше поголем -28,57% претходниот за 250% и изнесуваше 2,8 милијарди денари (околу 46 милиони евра). Банка -24,91% ОдТТК тоа, без малку половина, или 1,44 милијарди денари беше во класично тргување со акции, Прилепска пиварница -23,17% што е за 129% повеќе од месец февруари. Извор: Македонска берза

Пазарна капитализација на акциите од МБИ-10 (состојба на 30.06.2020) Македонски Телеком Стопанска банка Скопје Алкалоид НЛб Банка Комерцијална банка Макпетрол Гранит Македонијатурист ТТК Банка Стопанска банка Битола

денари 29.986.995.874 18.333.189.000 17.040.329.033 13.664.976.000 13.221.277.899 7.304.830.000 2.859.759.125 2.026.066.560 1.062.228.960 1.016.782.606

евра 487.593.429 298.100.634 277.078.521 222.194.732 214.980.128 118.777.724 46.500.148 32.944.172 17.272.016 16.533.051

Извор: Македонска берза



Капитал број 1070 10.07.2020

34

www.kapital.mk

СВЕТ

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ШТО СЕ СЛУЧУ НА БЕРЗИТЕ НИЗ ПЛАНЕТА


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

35 „Берзите може да продолжат да растат умерено во светло на сегашниот оптимизам и свежо печатените пари, но длабоки и привремени корекции не се исклучени. И покрај отворањето на државните граници, најновите податоци за бројот на ноќевања и бројот на патниците во воздушниот сообраќај покажуваат дека барем засега нема знаци на закрепнување во компаниите од туризмот, угостителството и воздушниот сообраќај.“, велат аналитичарите од Генерали Инвестментс.

УВА Е АВА

Глобални жаришта остануваат земјите во развој со Бразил и Индија на чело, но вирусот исто така брзо се шири и во САД. Дури и претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, познат “корона – скептик“ објави дека е заразен од вирусот.

пишува:

Игор Петровски

О

igor.petrovski@kapital.mk

Олабавувањето на мерките за ограничување на ширењето на корона вирусот, доведе до повторно рапидно ширење на овој вирус. Скоро сите земји кои започнаа со отворање на националните граници и услужните сектори (ноќен живот, туризам, угостителски услуги, фитнес,) пријавија нагло зголемување на бројот на ново инфицирани лица од коронавирус во последната недела. „Надежите дека вирусот (барем привремено) би запрел со повисоките температури во летните месеци повеќе од очигледно се намалуваат поради остриот пораст на заразените лица од сите делови на светот. Глобални жаришта остануваат земјите во развој со Бразил и Индија на чело, но вирусот исто така брзо се шири и во САД. Поради екстремно негативните економски последици од пролетните мерки насочени кон спречување на ширење на вирусот малку е веројатно дека и покрај влошената епидемиолошка слика повторно ќе видиме вакви драстични мерки од страна на државите, но можеме да се очекува повторно воведување на одредени ограничувања насочени

кон локално намалување на бројот на заразените.“, прогнозираат портфолио менаџерите од Генерали Инвестментс во нивниот редовен неделен извештај за светските случувања. И покрај отворањето на државните граници, најновите податоци за бројот на ноќевања и бројот на патниците во воздушниот сообраќај покажуваат дека барем засега нема знаци на закрепнување во туризмот, угостителството и воздушниот сообраќај. „Затоа, државите и централните банки веројатно ќе продолжат со стимулативни мерки, како што е продолжување на мерките за субвенционирање, дополнителна ликвидност и откуп на корпоративни обврзници т.е. со драстичното влошување на епидемиолошката слика можеме да очекуваме посилни интервенции на пазарите на капитал како и фискални стимулации.“, сметаат во Генерали.

Продолжено дејство на пандемијата

Инвеститорите и понатаму се оптимистични како резултат на релативно позитивните сигнали од реалната економија кои се подобри од очекуваните, но покажуваат дека првичните предвидувања за посилно закрепнување на економската активност во втората половина од годината (закрепнување во облик на V) беа премногу оптимистички и дека последиците од пандемијата „Ковид-19“ ќе бидат присутни и во 2021 година.


Капитал број 1070 10.07.2020

36

www.kapital.mk

СВЕТ Поради влошената епидемиолошка слика, на пазарот на капитал се очекуваат дополнителни стимулативни мерки од земјите и централните банки, што доведува до зголемување на цените на акциите. Акциите на кинеските компании забележаа силен раст минатата недела, а како главна причина за тоа е наглото зголемување на учеството на домашните инвеститори.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЦЕЛОКУПНОТО ПОРТФОЛИО ДА ГО ИМАТЕ ВО АКЦИИ, ОБВРЗНИЦИ ИЛИ ПАРИ

А

налитичарите од Генерали ја задржуваат препораката, која ја повторуваат повеќе недели. „Акциите се доста скапи, но со слично скапи обврзници и банкарски инструменти практично нема алтернатива, така што нема време за крајности. Не се препорачува целокупното портфолио да го имате во акции, обврзници или пари. Случувањата во текот на изминатата недела укажуваат на уште поголема претпазливост, а централните банки и државите продолжуваат да генерираат огромни количини свежи пари кои пак бараат инвестиции со барем минимален поврат.“ Ликвидносната поддршка за обврзниците и за акциите го принудува бавниот раст на цените и овој тренд може да продолжи. И покрај добрите податоци, состојбата на светската економија е сè уште релативно слаба, а иднината е нејасна. Нерешените тензии од минатото (меѓу САД и Кина, протести и претстојната изборна кампања на САД, разговорите за Брегзит во Европа и тензиите меѓу Индија и Кина) додаваат неизвесност на пазарите. Затоа е неопходен избалансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе се справат со оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи, а нестабилноста се очекува да расте. „Диверзифицирањето на портфолиото е чекор во вистинската насока. Инвеститорите со долгорочни инвестициски цели треба да продолжат со месечни уплати, а оние што би вложиле поголема сума треба да ја распоредат на подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат умерено во светло на сегашниот оптимизам и свежо печатените пари, но длабоки и привремени корекции не се исклучени. Исто така многу работи зависат од развојот на пандемија која може умерениот оптимизам на пазарите да го доведе назад во областа на песимизмот, што од друга страна ќе доведе до посилна корекција на берзите.“

Дополнителен оптимизам е предизвикан од смирување на жешката крв меѓу Индија и Кина, но сè уште нема голем напредок во решавањето на американско кинескиот конфликт, со што заканата од трговска војна меѓу светските сили останува на агендата. „Поради влошената епидемиолошка слика, на пазарот на капитал се очекуваат дополнителни стимулативни мерки од земјите и централните банки, што доведува до зголемување на цените на акциите. Акциите на кинеските компании забележаа силен раст минатата недела, а како главна причина за тоа е наглото зголемување на учеството на домашните инвеститори.“

Вреќите пари истурени од државите во економиите ги одржуваат берзите

Големата количина свежо печатени пари во последните три месеци (18 трилиони долари) значи многу голема сила на пазарите на капитал, што во моментов спречува големи надолни движења на цените, кои поради недостаток на алтернативи (негативни каматни стапки и екстремно ниски или негативни приноси на обврзници) ги принудува парите да се движат кон акциите, кои и покрај зголемениот ризик, во моментот даваат позитивен принос, сметаат од Генерали. „Со оглед на сите случувања во светот, веруваме дека претпазливоста на пазарот на капитал не е излишна и дека сме во состојба на голема неизвесност, што може да доведе до уште поголема нестабилност на пазарите на капитал.“ nnn



Капитал број 1070 10.07.2020

38

ИНТЕРВЈУ

ВЛАДИМИР ДРОБЊАК ГЛАВЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГОВАРАЧ НА ХРВАТСКА СО ЕУ

КАЈ НАС НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ СИ ДОЗВОЛИ ДА ИМ НАШТЕТИ НА ПРЕГОВОРИТЕ! Со Владимир Дробњак, главниот технички преговарач на Хрватска, човекот којшто го имаше главниот збор над сите влади и сите политичари додека Хрватска преговараше, разговараме за хрватското искуство - од добивањето на преговарачката рамка, па се' до кревањето на хрватското знаме во Брисел. Дробњак вели дека клучни за успешната хрватска приказна се две нешта - силниот општествен и политички консензус дека

интеграциите се врвен приоритет и нема да се злоупотребуваат од партиите, и професионалниот преговарачки тим којшто практички останал истиот во текот на целите преговори: „Ниедна партија не наштети на процесот, оваа тема не беше политичка и не се злоупотребуваше. Вклучени беа сите, и не само партиите, туку и Претседателот, академијата, бизнис заедницата, синдикатите... цела држава се впрегна за преговорите да успеат“ вели тој.


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

39

разговара:

Катерина Синадиновска

Г

katerina.sinadinovska@kapital.mk

XГ-дине X Дробњак, може да се рече дека Вие ја имавте главната улога во хрватските преговори. Појаснете ни точно што беше Вашата задача и како изгледаа преговорите? Јас бев главен преговарач во хрватските пристапни преговори, од почетокот до крај. Ни требаа околу 7 години за да ги завршиме преговорите, ако добро се

сеќавам 2096 денови од отворањето до затворањето на последното Поглавје, но процесот продолжува и понатаму, откако ќе биде затворено последното Поглавје, сè уште има работа што треба да се заврши. Еве колку за временска споредба да знаете, ги отворивме преговорите на трети октомври 2005 година, а ги станавме полноправна членка, нашето знаме беше кренато во Брисел на први јули 2013. Ова е еден уникатен процес што вклучува многу луѓе. Едно време нашиот преговарачки тим броеше 1500 луѓе. Целата влада, целата јавна администрација и целата земја беше впрегната во преговори. Не е ова проста хипербола, факт е. Тоа е еден

навистина тежок процес, но се исплати, оти придобивките од членството значајно ги надминуваат тешкотиите низ тој пат и можам да кажам дека не само што успеавме, туку и навистина уживаме во фактот што сега сме земја членка. XКоја X беше најголемата пречка, најголемата тешкотија со која Хрватска се соочи? Секои преговори се различни од другите и нема една рамка за сите. Прво мора да се прилагодите на правилата и да го најдете вистинскиот начин како не само да преговарате туку и како да имате навигација низ целиот процес. Друго важно е да имате национален консензус за ова прашање и за целите на преговорите. Исто важно е да имате професионален преговарачки тим.


Капитал број 1070 10.07.2020

40

ИНТЕРВЈУ Кога сте во ЕУ седите на европската маса, каде што се носат најважните одлуки за иднината на Европа, и понекогаш и за иднината на светот. Самиот факт што може да седите со другите и да учествувате во овој процес на одлучување е многу важен. Учествувате во заедничката одбранбена политика, имате пристап до толку многу податоци и информации. Предноста е повеќекратна, од економски и социјални придобивки, преку дипломатија, безбедност...

Во нашиот случај, прво имаше силен консензус во Парламентот за преговорите, тоа не беше никогаш политичка тема и ниедна партија не манипулираше со ова прашање. Второ, нашиот преговарачки тим практично остана непроменет во текот на целите преговори. Вие учите додека работите и добивате дополнително искуство и затоа е важно да зачувате од тимот колку што може повеќе од почетокот до крајот. Овој процес е многу сложен, комбинира политичка, дипломатска димензија, но исто така и правна, техничка... Нема неважни нешта во овој процес. Секој еден камен треба да е на свое место и не може да биде тргнат, нема нешто што не е важно во овој процес, сè е важно. XГо X споменавте националниот консензус. Вие работевте со две различни Влади, двајца премиери. Објаснете зошто е важно да се стави настрана политичко партиската интервенција и да се држи процесот професионален од почеток до крај? Да, овој процес е правен, дипломатски, но секако е и политички и ви треба силна политичка поддршка, тоа е нешто што се подразбира. Ние тоа нешто го имавме од самиот почеток до крај. Една од клучните улоги беше играна од Националниот комитет во Парламентот кој го мониторираше процесот и даваше дозвола за позициите и тој беше составен од клучни пратеници од различни политички групи, претставници од страна на Претседателот на земјата, академијата,

бизнис заедницата, синдикатите... И најважно беше воден од опозицијата. И мислам дека ова го подвлекува фактот дека овој процес не е проект на една партија или страна, ова е еден државен проект каде сите мора да помагаат. XВо X нашиот случај ние ќе преговараме по нова методологија. Што мислите за тоа и има ли грижи дека процесот сега ќе биде побавен? Како што кажав секој секои преговори се различни. Секоја земја, процесот е индивидуален. И зависи од околностите. Можете да ги користите искуствата на земјите коишто преговарале пред вас, но во голема мерка тоа е уникатен процес и мора да учите самите. Мислам дека се земаат предвид лекциите од минатото, но ако ги земете предвид сите бенчмаркови и побарувања, најлоша работа би било на нив да се гледа како на некакви услови што се таму ставени за да ви го направат животот потежок. Тие се алатки за реформи и нив треба да ги искористите. Ние на пример бевме прва земја што имаше бенчмаркови низ процесот и сфативме дека најдобар начин да се гледа на нив е како алатка за реформи и можност да и' се покаже на ЕУ дека сте подготвени. Значи да се има позитивен пристап кон условите и барањата од Брисел е исклучително битно. Процесот треба да почне и да заврши со исполнување на сите основни вредности, а овој кластер - Фундаменти е многу важен, поглавјата 23 и 24, но исто така постои силен елемент на исполнување на економски критериуми,

што бара функционирање на пазарна економија. Многу важно е да се надгради, да се реформира во добра насока вашиот јавен сектор, односно јавната администрација. За многу детали ќе треба да ги прилагодите вашите преговарачки вештини да најдете подобар начин како да напредувате, така што не може да се коипра методологијата од претходните искуства, затоа што, на некој начин ова ќе биде уникатен процес. Но, како што кажав, најважно е да почнете, а потоа да го искористите процесот како ваша предност и да пораснете и да се трансформирате преку процесот, и да ги достигнете конечно сите барани критериуми. XСпомнавте X дека има многу бенефити за земјата со процесот на евроинтеграции, може ли да направите споредба со она што се промени во вашето општество, од времето кога Хрватска беше надвор од ЕУ и сега како членка? Да кажам едноставно, ако ги земете макроекономските параметри на Хрватска, ќе видите дека откако влеговме во ЕУ, нашите макроекономски параметри стануваа подобри и подобри. Членството е важно на повеќе нивоа. Но, може да видите дека економијата, профитот, имате пристап до кохезионата политика, сите фондови, дали кохезионите фондови или фондовите од заедничката земјоделска политика, и ако ги користите разумно, тие навистина може да направат значајна разлика. Второ, седите на европската маса,


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI www.kapital.mk

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156

Капитал број 1070 10.07.2020

41


Капитал број 1070 10.07.2020

42

ИНТЕРВЈУ

каде што се носат најважните одлуки за иднината на Европа, и понекогаш и за иднината на светот, и самиот факт што може да седите со другите и да учествувате во овој процес на одлучување е многу важно како членка. Учествувате во заедничката одбранбена политика, имате пристап до толку многу податоци и информации. Предноста е повеќекратна, од економски и социјални придобивки, преку дипломатија, безбедност... XНа X крај сакам да Ве прашам за важноста на интеграциите за Западен Балкан, зборувајќи регионално, за перспективата на Балканот, но и за заканите и опасноста доколку оваа “неевропска дупка" во регионот остане и во иднина? Прво, мислам дека е важно да се земе предвид дека Декларацијата што ја донесовме не така одамна за време на хрватското претседателство. Нашето претседателство мислам дека навистина стави силен фокус на проширувањето на повеќе успешни начини, затоа што за време на нашето претседателство новата методологија беше договорена, се постигнаа одлуки за отворање на преговори со вашата земја и со Албанија, отворивме едно поглавје со Црна Гора, и конечно ја испреговаравме оваа Декларација. На самиот почеток на овој документ, ако го читате внимателно, ќе видите дека ја истакнува и потврдува гласната поддршка на европската перспектива на Западен Балкан. И ова не е само фраза, тоа е факт, ова останува стабилна основа за политиката на ЕУ кон регионот. Ако ги разгледате статусите на земјите од Западен Балкан во однос на процесот на проширување ќе видите дека се на различни нивоа, две земји преговараат за членство повеќе години, Србија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија штотуку треба да почнат, значи тоа се различни нивоа. Ова само потврдува дека процесот е повеќе и повеќе индивидуализиран. Мислам дека веќе нема да видиме повторно голем конвој каков што видовме кога 10 земји членки, кога ЕУ беше проширена за толку голем број. Хрватска беше прва земја после Грција што пристапи во ЕУ сама. XДа, X досега секогаш се групирале земјите... Точно, така, секогаш се кластери, три, две, десет. Само две земји се приклучија кон ЕУ сами, и тоа Грција и Хрватска. Но мислам дека за Хрватска во иднина, секако никој нема кристална топка за да предвиди, но мислам дека во иднина ќе имаме повеќе индивидуален пристап отколку на кластери за членство. Најважно е што можеме да видиме дека работите се движат напред. Ова е процес на долг рок, ова е маратон, не е спринт на 100 метри. Бара да се истрчаат многу, многу километри. Погрешно е да се вреднува вашиот прогрес на

КОЈ Е ВЛАДИМИР ДРОБЊАК? Владимир Дробњак е роден во Загреб во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб. Работел како дописник од 1986 до 1992 година, во тој момент се приклучил на странската служба. Прва позиција му била заменик постојан претставник во ООН во Њујорк, а оттогаш Дробњак одржува разни функции во врска со односите на Хрватска со Европската унија, од кои најважна е онаа на главен преговарач. Од 2012 до 2013 година тој е шеф на хрватската мисија во ЕУ, а потоа постојан претставник на Хрватска во ЕУ, откако земјата се приклучи. Во август 2013 година, тој е назначен за постојан претставник на Хрватска во ООН. Во јануари 2014 година, Дробњак стана Потпретседател на Економско - социјалниот совет на ООН. дневна основа. Мора да се спореди со бекграундот во еден подолг рок, каде сте биле пред пет или десет години, и ако имате таков пристап, може да речете ако се вратиме назад во времето пред 10 години, мислам дека на Западен Балкан имаме голем напредок и работите се движат напред. Но, работите нема да се движат напред

со голема брзина, туку постепено, и работите се најмногу во вашите раце. Најважно е да имате алатки, сега кога имате предлог Преговарачка рамка, тоа ја зголемува предвидливоста на процесот на сосема друго ниво, сега знаете што ве чека, што се бара од вас, и најдобра работа што сега може да ја направите е само да продолжите да работите. nnn



Капитал број 1070 10.07.2020

44

www.kapital.mk

СВЕТ

КОВИД КРИЗАТА ИСЦРТУВА НОВА МАПА НА Г

КОЈ ПРОДАВА КИНА, МОЖЕ И Д


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

45

ГЛОБАЛНАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА

А ВОЗИЛА ВО ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ! Додека постојаната слаба побарувачка, особено во Европа, ги тера некои од производителите да ги здружуваат силите, закрепнувањето во Кина им помага на оние што имаат значителни бизнис операции таму, како Tesla, чиишто акции пак, трикратно ја зголемија вредноста од почетокот на годинава.


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

46

СВЕТ

Акциите на General Motors, Ford и Fiat Chrysler се паднати за по околу 30% во 2020 година, а вредноста на берза на сите три компании заедно сега е само една третина од онаа на Tesla, производителот на електрични возила.

Г

Редакција Капитал

Глобалниот пазар за автомобили се разделува во три насоки, комплицирајќи ги напорите на главните играчи во индустријата да закрепнат од најдлабоката криза во којашто се наоѓаат во последниве децении, пишува Wall Street Journal. Додека продажбата на нови возила во пост – карантинската Кина покажува знаци на заживување, таа продолжува да паѓа во САД, според податоците на компаниите и индустријата од последниве неколку недели. Статистиките исто така покажуваат дека Европа станува пазар со најлоши перформанси во светот во моментов. Ова несиметрично закрепнување на автомобилските пазари прави само дополнителен стрес за индустријата којашто и онака веќе се соочуваше со намалена побарувачка и растечки трошоци за технологија, пред и да удри корона пандемијата. Акциите на General Motors, Ford и Fiat Chrysler се паднати за по околу 30% во 2020 година, а вредноста на берза на сите три компании заедно сега е само една третина од онаа на Tesla, производителот на електрични возила. И додека постојаната слаба побарувачка, особено во Европа, ги тера некои од производителите да ги здружуваат силите, закрепнувањето во Кина им помага на оние што

имаат значителни бизнис операции таму, како Tesla, чиишто акции пак, трикратно ја зголемија вредноста од почетокот на годинава. „Оние производители што се релативно поизложени кон кинескиот пазар ќе бидат во подобра позиција – или не толку лоша позиција – одошто ние чијашто продажба е фокусирана надвор од овој пазар“, вели Џонатан Поскит, аналитичар во LMC Automotive.

Фабриките и трговците почнаа со работа, но луѓето не купуваат возила

Најновите бројки за продажбите на германскиот производител од премиум сегментот, BMW, најдобро ја илустрираат новата светска мапа на авто индустријата. Во Кина, BMW продал 212.617 возила во вториот квартал, за 17% повеќе одошто лани истиот период. За овие три месеци пак, продажбата во САД на нови автомобили од овој бренд паднала за 40% и за 46% во Европа. Поскит очекува кинескиот пазар за нови возила да падне за 11% на 22,8 милиони за цела 2020 година, споредено со падот од 22% во САД, на 13,3 милиони возила, и за 24% во Европа, на 15,7 милиони единици. Ова е сосема различна слика од онаа пред една година. Тогаш, светските производители со големо присуство во Кина, како Volkswagen и General Motors се соочуваа со послаба побарувачка на овој пазар, а истовремено со покачени трошоци за инвестиции, пред се’ поради

транзицијата кон електрични возила. Сега, откако прва беше погодена од пандемијата и сите економски последици со неа, Кина е исто така прва што излегува од кризата. До април месец земјата беше речиси вратена на нивото на продажба на нови возила од пред Ковид ударот, а во мај месец забележа дури и раст на продажбата од 6% во однос на истиот месец лани. Од кинеската Асоцијација на производители на автомобили изјавија минатата недела дека врз основа на прелиминарните бројки продажбата на нови возила во јуни покажува раст од 6,3% на 2,28 милиони возила. Во САД, производителите пријавија остар пад на продажбата во вториот квартал, и покрај попустите и евтините кредити. General Motors имаше пад од 34% на продажбата во тој период, но велат оттаму дека побарувачката почнала да заживува во мај и јуни. Toyota имала пад на продажбата од 33% во вториот квартал на американскиот пазар, а Fiat Chrysler пријавил помали бројки за 39%. Сума сумарум, Ward’s Auto, аналитичка куќа за авто-индустријата, прогнозираше дека околу 1,1 милион нови лесни возила се продадени во мај месец во САД, што е пад од 27% во однос на истиот месец лани. Во Европа, продажбата на нови возила имаше пад од дури 57% во мај, што е подобро од падот од 78% во април, кога на најголемите пазари, како британскиот, шпанскиот и италијанскиот, речиси и да не се


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

47 Од кинеската Асоцијација на производители на автомобили изјавија минатата недела дека врз основа на прелиминарните бројки продажбата на нови возила во јуни покажува раст од 6,3% на 2,28 милиони возила.

Fiat Chrysler и PSA (Peugeot, Citroen, Opel, Vauxhall) групацијата ги засилија напорите во насока на нивно спојување, уште повеќе забрзано поради корона - кризата. Претседателот на Fiat Chrysler, Џон Елкан, наследник на фамилијата Ањели којашто го поседува Fiat, им соопшти на акционерите минатата недела дека се труди максимално зделката да биде склучена според планираното.

продаде ниту едно ново возило. Сепак, слабата продажба во мај месец, којашто беше полоша од онаа во САД, на некои аналитичари на пазарот им сугерира дека Европа ќе биде последната што ќе излезе од кризата, иако почна со отворање на економиите нешто порано одошто Америка, на пример. Европската Асоцијација на производители на автомобили деновиве излезе со влошени прогнози за 2020 година, предвидувајќи пад на продажбата на нови возила за 25% за целата година, што значи дека сопственици ќе добијат помалку од 10 милиони возила. Попесимистичните аналитичари велат дека на континентот ќе му требаат неколку години за да се врати на ситуацијата од пред Ковид кризата. Ова паѓање на продажбите значи дека секој производител чијшто профит зависи првенствено од продажбите во Европа, ќе се соочи со поголеми тешкотии и побавно ќе се врати во нормала, додека ривалите со силно присуство во Кина или САД, ќе ја пребродат кризата побргу. Економистите очекуваат Европа да добие стимул од владините напори во повеќе земји со цел зголемување на продажбата на автомобили, како што се програмите за таа цел во Германија, Франција, итн., исто како и одлуката на германската влада на пример, да го намали данокот на додадена вредност во следните шест месеци. Но, тоа би можело да е недоволно, со оглед на демографијата на Европа

(населението старее), веќе широко распространетата сопственост на возила, како и традиционалната неволност да се купува нешто поскапо во несигурни времиња. „Фабриките и трговците почнаа со работа, но луѓето не купуваат возила“, вели Стефано Аверса, потпретседател на Alix Partners.

VW го одложи градењето на фабрика во Турција, Daimler продава капацитет во Франција

Аналитичарите проценуваат дека авто – индустријата сега има веќе 30% на вишок возила што не може да ги продаде, што ќе им отежни на производителите да генерираат профит потребен да се платат долговите повисоки од 1000 милијарди долари, коишто се насобраа за да се борат против несолвентноста во почетната фаза од пандемијата. Калум МекРеј, аналитичар на авто – индустријата во фирмата GlobalData, вели дека најновите податоци за продажбите сугерираат дека април веројатно е месецот кога продажбите колабираа, но поголемата штета врз оваа индустрија допрва ќе се види. “Претстојниве месеци ќе го откријат вистинскиот размер на кризата“, вели МекРеј. Соочен со куповите непродадени коли на своите паркинзи, Volkswagen минатата недела изјави дека ги стопира своите планови за изградба на нова фабрика во Турција. Mercedes – Benz пак, реши да ја продава својата фабрика во Хамбах, Франција. Аналитичарите велат дека помалите

и финансиски послаби компании – од коишто добар дел се мачеа со бизнисот уште и пред пандемијата – особено се ранливи сега, освен ако не најдат посилни партнери. „Сите помали компании, но и гиганти како VW, сфаќаат дека мора да се окрупнат, затоа што немаат доволно критична маса“, вели Елмар Кадес, раководител во Alix Partner. „А кога немате критична маса ќе мора да се соочите со консолидација“. Уште во јануари минатата година, Volkswagen и Ford рекоа дека разговараат да формираат глобален сојуз со цел развивање софтвер за автономни возила, како и за споделување на технологија за комерцијални и електрични возила. Минатиот месец договорија соработка вредна 2,6 милијарди долари. Според договорот, Ford ќе ја лиценцира технологијата на германскиот гигант за електрични возила, а користејќи ги системите за теренски возила на Ford, компаниите заедно ќе произведат осум милиони комерцијални возила годишно. Fiat Chrysler и PSA групацијата исто така ги засилија напорите во насока на нивно спојување. Претседателот на Fiat Chrysler, Џон Елкан, наследник на фамилијата Ањели којашто го поседува Fiat, им соопшти на акционерите минатата недела дека се труди максимално зделката да биде склучена според планираното. „Ковид кризата уште повеќе ја засили целисходноста на ова спојување“, рече тој. nnn


Капитал број 1070 10.07.2020

48

www.kapital.mk

КАРИЕРИ

КОВИД КРИЗАТА ВИ НАМЕТНА РАБОТА ОД ДОМА?

6 СОВЕТИ КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДОБАР БАЛАНС Работењето од дома е нова нормалност за многу луѓе. Не се работи само за опрема и процеси што се потребни; вработените се соочуваат со нови проблеми, како што е изолираноста од канцеларијата додека истовремено се борат со нови притисоци дома. Бизнис лидерите треба да размислат за нови начини како да им помогнат на работниците да се справат со новите очекувања околу домот и семејството.


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

49 Harvard Business Review

К

Ковид – 19 кризата ги соочи бизнисите и вработените со постојаниот предизвик на работа од дома, истакнувајќи ја потребата од вистинските алатки, планирање и поддршка со цел луѓето да останат здрави, поврзани и продуктивни. Менаџерите се фокусирани при овој начин на работа да обезбедат дека постои вистинската инфраструктура, не само во смисла на технологија, туку и на начин што поставува вистински очекувања, процеси и приоритети. Се разбира, доколку на вработените им недостигаат вистинските алатки или пристап до информации, тие ќе се чувствуваат отсечено, неорганизирано и неангажирано. Па, затоа е клучно да се обезбедат вистинските алатки, дали било тоа компјутери, микрофони, камери, или пак потребниот софтвер и апликации. За да креираат продуктивен екосистем, на вработените исто така им треба и лесен пристап до групата и споделените фајлови, како и план за поставување цели на тимот, и секако, рокови. Споделување на распоредот и документирање на претпочитаниот број работни часови за секој член на тимот, исто така е важно да се случи. Но, работењето од дома е нова нормалност за многу луѓе. Не се работи само за опрема и процеси што се потребни; вработените се соочуваат со нови проблеми, како што е изолираноста од канцеларијата додека истовремено се борат со нови притисоци дома. Бизнис лидерите треба да размислат за нови начини како да им помогнат на работниците да се справат со новите очекувања околу домот и семејството. Ова значи дека менаџерите мора да се реалистични околу новите предизвици. Работењето од дома може да значи повеќе мултитаскинг. Некои работници може да се помалку продуктивни, па треба да се охрабрат да си постават дневни задачи и цели што може реално да ги постигнат. Ако тоа тргне добро, тогаш постепено да се поставуваат поамбициозни цели. Вработените треба да се согласат околу обемот на работа, проектите и приоритетите со својот менаџер и да го комуницираат тоа со тимот. Да се одржи целиот тим поврзан е клучно. Ако се влоши нешто во комуникацијата, тогаш тимската

Доколку на вработените им недостигаат вистинските алатки или пристап до информации, тие ќе се чувствуваат отсечено, неорганизирано и неангажирано. Па, затоа е клучно да се обезбедат вистинските алатки, дали било тоа компјутери, микрофони, камери, или пак потребниот софтвер и апликации. соработка е загрозена, фокусот кон клиентите ќе се замати, и иновациите ќе се закочат. Затоа е важно секој член на тимот да е свесен за проектите на другите, за нивните рокови и цели. Синхронизирањето на одговорностите и роковите со колегите помага во менаџирање на проектите, ја максимизира ефикасноста, и осигурува дека секој ќе си ја заврши работата. Онлајн состаноците треба да имаат јасна цел, агенда и резултат, па така испратете им на вработените на време информации околу сето тоа. Поврзаноста е само едно решение за да се овозможи работа од дома. Неуспехот да се снабдат вработените со потребната поддршка може да влијае врз нивната мотивација, продуктивност и балансирањето помеѓу работата и приватниот живот. Може лесно да се појави депресија поради изолацијата, па така вработените треба да се охрабрат да размислат за овие чекори: u Договорете се со семејството

околу работата од дома

Вработените треба да се охрабрат да се договорат со своите најблиски – партнерите, децата, итн. – околу распоредот, тивко катче во домот, време за пишување домашни, и

кога е во ред да бидат прекинати во работата. Погрижете се да одвоите време за излегување на свеж воздух или малку рекреација и забава. Важно е да бидете флексибилни и да проверувате постојано дали тоа што сте се договориле со најблиските е во ред со сите нив. u Поставете граници на работната околина

Менаџментот треба да ги поттикне вработените да си направат свој простор, зона или местенце во домот што е одвоено од членовите на семејството кога ќе им треба приватност или се на конференциски повик, онлајн состанок и сл. Можете да носите слушалки, или пак да ставите знак на потпирачот од столчето или мониторот за да им дадете јасен сигнал на домашните да ви остават малку простор. u Изградете рутина и грижете

се добро за себе

Менаџментот треба да им помогне на вработените да изградат рутина што им помага да ја завршат работата ефикасно и ефективно. За некои луѓе ова значи дека треба да си ја „реновираат“ својата домашна канцеларија. За други пак, значи воспоставување на нова рутина.


www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

50

КАРИЕРИ Да се одржи целиот тим поврзан е клучно. Ако се влоши нешто во комуникацијата, тогаш тимската соработка е загрозена, фокусот кон клиентите ќе се замати, и иновациите ќе се закочат. Затоа е важно секој член на тимот да е свесен за проектите на другите, за нивните рокови и цели. Важно е да се постават разумни граници за вработените да не се чувствуваат дека секогаш се на располагање кога работат од дома. Треба да се постават „кочници“ за да не дојде до burnout на вработените. Рутините треба да значат и да се остане поврзан со социјалните мрежи, професионалните заедници, платформите како Facebook, Instagram, итн. u Бидете флексибилни

околу поставените агенди

Работењето од дома не значи да се работи реактивно. Менаџментот треба да им даде слобода на вработените да иницираат спонтани состаноци, муабет во 5 до 12, особено оние што не се поврзани стриктно со работата. u Социјализирајте се со колегите

Изолираноста е вообичаен проблем за оние што работат од дома, па сега е поважно од било кога да не се запостави социјализацијата. Обидете се да креирате “чет“ групи каде што членовите на тимот ќе може да разговараат за теми од заеднички интерес. Видео повиците се подобар начин да се остане конектиран со колегите, па макар и за неврзан муабет на крајот од работниот ден. Овој начин им помага исто така и на интровертните – коишто попрво не би се социјализирале – повремено да се поврзат со тимот. u Комуницирајте со јасност

и позитивност

Работењето од дома значи дека комуникацијата, особено онаа по мејл или чет, мора да биде јасна и позитивна, во спротивно може да се доживее како незаинтересирана или студена. Среќни емотикончиња, смешни сликички, комплименти и сл., сè се тоа алатки за да се задржи моралот на повисоко ниво. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1070 10.07.2020

52

ЛИДЕРИ

ЕНИО МОРИКОНЕ ИТАЛИЈАНСКИ КОМПОЗИТОР

МУЗИКАТА Е ИСКУСТВО, А НЕ НАУКА

П

Пред неколку денови светот се прости од маестрото, оскаровецот, Енио Мориконе, еден од најгенијалните композитори на модерното време, роден во Рим пред 91 година, каде што и почина на 6 јули годинава. Пишуваше музика во широк спектар на стилови, а најпознат беше по бројните дела наменети за филм и телевизија - компонирал за преку 400 филмски и телевизиски остварувања, како и стотина

класични дела. Неговиот саундтрак за „Добриот, лошиот и грдиот“ од 1966 година, е еден од најпознатите и највлијателните парчиња музика за филм некогаш напишани. Соработувал со безброј филмски великани од Европа, САД и остатокот на светот, а беше и гостин на фестивалот Охридско лето во 2009 година, каде што публиката со овации три пати го враќаше тогаш 80 годишниот Мориконе на сцената.

Почитта за филмската музика мора да дојде од режисерот. Ако тој нема доволно моќ и потклекне на продукциските ограничувања, тогаш имаме проблем.

Уживам да ја изведувам мојата музика на концерти затоа што сметам дека таа не е само за филмови; си има свој сопствен живот. Таа може да живее далеку од подвижните слики на филмот.

Доаѓам од бекграунд на експериментална музика, којашто меша вистински звуци со музички звуци.

Живееме во модерен свет, а во модерната музика централен факт е контаминацијата. Не во смисла на зараза, туку контаминација од музички стилови. Ако го пронаоѓате ова кај мене, тогаш одлично.

Некои филмови функционираат навистина добро со музика од Бах или Малер, што е напишана долго пред да се појават тие филмови, што значи дека музиката си има своја самостојност.

Музиката е искуство, а не наука.

Употребував реалистични звуци на некаков психолошки начин. Во „Добриот, лошиот и грдиот“ користев животински звуци – како што велите, тој којотски звук – па така тоа стана главна музичка подлога на филмот.


Вашата полиса во Триглав го покрива целосно ризикот од Covid-19 • Само во Триглав, со полиса за осигурување на живот*, или пак полиса за колективно осигурување од незгода, добивате целосна осигурена сума во случај на смрт од Covid-19.

• Вашето здравствено - патничко осигурување од Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Доколку сте заинтересирани за осигурување на живот:

Доколку сте заинтересирани за колективно осигурување од незгода, или пак за здравствено - патничко осигурување:

Пишете ни на info@triglavzivot.mk

Пишете ни на info@triglav.mk

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

За повеќе детали посетете ја страната triglavzivot.mk и информирајте се за условите и oграничувањата*

За повеќе детали посетете ја страната triglav.mk Онлајн обезбедете полиса за здравствено - патничко осигурување на 5minuti.mk

www.triglav.mk www.triglavzivot.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.