1071- Kapital magazin

Page 1

ПАНДЕМИЈА: БАЛАНСИРАЊЕ ПОМЕЃУ СПАСУВАЊЕТО ЖИВОТИ И ЕКОНОМИИ

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1071

цена 100 ден. l 17 јули 2020 петок l година 21

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

ПОБЕДА НА КОАЛИЦИЈАТА „МОЖЕМЕ“: МАКЕДОНИЈА ГЛАСАШЕ ЗА ЕВРОПА!

Светски берзи Лакомоста го надвладеа стравот за само неколку месеци www.kapital.mk

АНАЛИЗА Предизвици за новата Влада Економските планови во костец со последиците од пандемијата ЕКОНОМИЈА ЕНДРЈУ ТОРЕ

регионален претседател на Visa за Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка

Back to business: Како трендовите за плаќање во време на Covid – 19 ја преобликуваат трговијата

Никола Тесла: Како генијот го замислуваше 21-от век



СОДРЖИНА

Kapital... 1071 4

18

COVER STORY

ЕКОНОМИЈА

Парламентарни избори 2020

Народната банка одлучи

Основната каматна стапка останува иста, нема потреба од понатамошно олабавување на монетарната политика

Македонија гласаше за Европа!

26

ПЛАЌАЊА

Ендрју Торе

регионален претседател на Visa за Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка

Back to business: Како трендовите за плаќање во време на Covid – 19 ја преобликуваат трговијата

10

АНАЛИЗА

Предизвици за новата Влада

Економските планови во костец со последиците од пандемијата

28

32

36

Општествена одговорност во време на пандемија

Пазари на капитал

Битката против коронавирусот е далеку од добиена

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Што направи Атлантик Група за справување со Ковид кризата

COVER STORY Парламентарни избори 2020........................4 Македонија гласаше за Европа! АНАЛИЗА Предизвици за новата Влада........................10 Економските планови во костец со последиците од пандемијата ЕКОНОМИЈА Народната банка одлучи..................................18 Основната каматна стапка останува иста, нема потреба од понатамошно олабавување на монетарната политика

СВЕТ

Алчноста целосно го замени стравот за само неколку месеци

ПЛАЌАЊА Ендрју Торе, регионален претседател на Visa за Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка.....................................26 Back to business: Како трендовите за плаќање во време на Covid – 19 ја преобликуваат трговијата ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Општествена одговорност во време на пандемија........28 Што направи Атлантик Група за справување со Ковид кризата

СВЕТ

Како балансираат државите помеѓу спасувањето на животи и спасувањето на економијата

СВЕТ Пазари на капитал..................................................32 Алчноста целосно го замени стравот за само неколку месеци СВЕТ Битката против коронавирусот е далеку од добиена................................................36 Како балансираат државите помеѓу спасувањето на животи и спасувањето на економијата ЛИДЕРИ На 10 јули се навршија 164 години од раѓањето на генијот..............................................42 Како Никола Тесла го гледал 21 век?

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 16.7.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1071 17.07.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

МАКЕДОНИЈА ГЛАСАШЕ ЗА ЕВРОПА! На гласањето завчера македонските граѓани избраа да продолжат напред - двата пратеници плус и разликата од околу 14 илјади гласови во корист на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ јасно ја отсликаа одлуката европските интеграции да се стават над сите неисполнети ветувања за реформи, ама и над лажниот патриотизам и националистичките рамки во коишто ВМРО - ДПМНЕ ја водеше својата изборна кампања.


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

5 ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 ИЗБОРИ 2020

Клучното прашање пред кое беа исправени македонските граѓани на овие избори беше дали се за тоа Македонија да си ја зацврсти позицијата како НАТО членка и да чекори кон Брисел, или... !? Не може да се знае што има после „или“, оти во текот на целата кампања ВМРО - ДПМНЕ упорно го напаѓаше Преспанскиот договор, но ниту еднаш не кажа отворено која е алтернативата и за каде се тие кога веќе не се за Брисел (членството без Преспа е илузија). Граѓаните сепак избраа конкретен план и пат.


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

6

COVER STORY

Заев на овие избори излезе со многу директна порака дека досегашниот коалициски партнер Али Ахмети и неговата ДУИ треба да оди во опозиција како еден од клучните кочничари на неопходните реформи, особено во областа на правосудството. Ахмети ја зграпчи оваа фрлена ракавица и излезе со ветување пред гласачите дека ќе обезбеди премиер Албанец нудејќи го натпартискиот кандидат Насер Зибери како погоден за таа функција. Оваа националистичка линија очигледно успеа - Ахмети си доби 5 пратеници повеќе од минатите избори устоличувајќи се повторно на позицијата од која изгледа дека е невозможно во новата Влада да го нема него.

пишува:

Катерина Синадиновска

М

katerina.sinadinovska@kapital.mk

Македонските граѓани избраа да продолжат напред - двата пратеници плус и разликата од околу 14 илјади гласови во корист на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ јасно ја отсликаа одлуката европските интеграции да се стават над сите неисполнети ветувања за реформи, ама и над лажниот патриотизам и националистичките рамки во коишто ВМРО - ДПМНЕ ја водеше својата изборна кампања. Кампањата, изборите, но и ова што сега ќе следува од аспект на преговори за формирање на нова Влада, се исклучително интересни за анализа имајќи го предвид распоредот на силите во Парламентот - СДСМ и Коалицијата 46, ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата 44, ДУИ 15, Алијанса на Зијадин Села 12, Левица 2 и ДПА 1.

Кој како помина?

Можните комбинации за составот на владата се многу. Прв ќе се обиде тоа да го стори Зоран Заев како мандатар и лидер на коалицијата што освои најмногу гласови. За Заев ова беа избори - пресвртница. Неговата партија прв пат победува после 18 години и тоа после направени огромни чекори како влез во НАТО и зелено светло за почеток на преговори со ЕУ преку (за многумина граѓани) болниот компромис со Грција и додавката Северна на државното име Македонија. Сепак, имајќи ги предвид резултатите и особено добриот резултат во првата изборна единица (каде носител беше директно потписникот на Преспанскиот договор) наспроти другите единици, се појасно е дека фамата оти разочараноста на граѓаните околу овој Договор е замајување и дефокус од вистинскиот проблем и за партијата и за земјата - а тоа е слабиот резултат на полето на борба со криминалот, бегството на ликот - синоним за криминалното децениско владеење Никола Груевски, а и бавните чекори во сите други сфери како култура, образование, екологија... Победата му дава сила и го турка Заев побрзо кон

Брисел, но истовремено и го обврзува фокусот сега да му биде дома со силна и ефективна испорака на резултати во сите овие области. Фактот што есенва Македонија конечно почнува преговори сигурно ќе му биде од корист. Заев на овие избори излезе со многу директна порака дека досегашниот коалициски партнер Али Ахмети и неговата ДУИ треба да оди во опозиција како еден од клучните кочничари на неопходните реформи, особено во областа на правосудството. Ахмети ја зграпчи оваа фрлена ракавица и излезе со ветување пред гласачите дека ќе обезбеди премиер Албанец нудејќи го натпартискиот кандидат Насер Зибери како погоден за таа функција. Оваа националистичка линија очигледно успеа - Ахмети си доби 10 пратеници повеќе од минатите избори устоличувајќи се повторно на позицијата од која изгледа дека е невозможно во новата Влада да го нема него. ВМРО - ДПМНЕ изгуби 140 илјади гласови повеќе од 2016. Кампањата ним им ја одбележаа две нишки остра реторика против Преспанскиот


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

7

договор и ветување за некаков тип на национална држава на Македонците, што ни самите до крај не успеаја да го објаснат. Играта на картата на антизападните и анти-интегративни процеси, но и на надуваниот национализам на ВМРО - ДПМНЕ од година во година му оди се полошо и пораката е јасна дека време е оваа партија да се реформира, модернизира и конечно да заличи на една вистинска, европска десница, таква каква што на општеството му треба и допрва ќе му треба. ВМРО - ДПМНЕ не успеа, но македонскиот национализам „запали“ кај Левица, партијата што прв пат влегува во Собрание, преку ултранационалистичка реторика и ветувања за поништување на Преспанскиот договор и напад врз НАТО членството. ДПА остана на еден пратеник и можноста да биде вклучена во некакви математики околу составот на новата Влада. А токму од тоа како ќе изгледа новата Влада ќе зависи во суштина и анализата за тоа што може да се очекува во потезите што ќе ја цртаат македонската иднина.

Кој влегува во Парламент?

Во првата изборна единица „Можеме“ освои осум мандати, а како пратеници влегуваат Никола Димитров, актуелен министер за надворешни работи, како и неговите досегашни колеги вицепремиерката Мила Царовска, како и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Моника Зајкова, млад кадар од редовите на ЛДП, како и Дарко Каевски, сегашен директор на Агенцијата за млади и спорт. Во пратеничките клупи во единицата влегуваат и Горан Мисовски од НСДП, Кастриот Реџепи од Беса, како и Георгиевска Марија од СДСМ. Со оглед на можното одење во Влада на некои од нивните претходници, од СДСМ како пратеници ќе влезат и Мирослав Богдановски, Снежана Калевска-Ванчева, како и Диме Велковски. Дали и оние што се после него на листата ќе имаат среќа да влезат во Собрание, ќе зависи кој од претходниците ќе замине на извршна функција. Од ВМРО ДПМНЕ, која во единицата освои седум места, во пратеничките клупи влегува носителката на листата, професорката Гордана Силјановска-

Давкова, заедно со нејзиниот колега од правниот факултет, Тимчо Муцунски. Пратенички места добиваат и Синиша Стојаноски, како и Бети Стаменкоска-Трајкоска, Љупчо Димовски, кој беше осомничен за настаните од 27 април, но не се докажа неговото учество во овие инциденти, Љупчо Пренџов, долгогодишен партиски активист на ГРОМ и како и Велика СтојковаСерафимовска. Од ДУИ која има во единицата два мандати, влегуваат поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, како и Арбен Зибери, доскорешниот директор на Институтот за јавно здравје, кој беше сменет од министерот Филипче. Ако овие двајца добијат места во Владата, на нивно место надеж да дојдат имаат Шермин Мамут, како и Мерсут Јакупи. И Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат по две места и ги добиваат Скендер Реџепи и Абдула Салиу. Од единицата влегува и првиот човек на Левица, Димитар Апасиев. Во Двојката од СДСМ добитни позиции имаат досегашниот технички премиер и дотогашен министер за внатрешни работи, Оливер


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

8

COVER STORY

Спасовски, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, пратеникот Мухамед Зеќири, Даниела Маркоска, како и Мартин Костовски, сегашен директор на Службен весник, Љатифе Шиковска, активистка за човекови права, како и Бастри Бајрами од БЕСА, поранешен градоначалник на Арачиново. Пратеник може да стане и Славјанка Петровска, сегашна дополнителна заменичка во МВР. Од ВМРО ДПМНЕ влегуваат потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, Рашела Мизрахи, Бране Петрушевски, Иван Стољковиќ од Демократската партија на Србите,

Жаклина Пешевска, Дарко Костовски, Бојан Стојаноски. Министерот за образование Арбер Адеми е сигурен од ДУИ, иако може да се очекува дека пак ќе биде министер, а после него на пратеничката листа се Берат Ајдари, Мерита КолчиКоџаџику. Од Алијанса за Албанците и Алтернатива во двојката сигурен е првиот човек на Алтернатива Африм Гаши, кко и Ељми Азири и Шафие Садику-Шаини, а сосема мали надежи имаат и Бујари Абази и Џезми Нухи. Во третата изборна единица е партискиот секретар на СДСМ и

носител, Љупчо Николовски, Јагода Шахпаска, како и Сашко Николов, Маја Морачанин од ДОМ, Ненад Коциќ, како и Соња Михаиловска, Љупчо Балковски, кој е од ВМРОНародна, Марија Ангелова, како и пензионираниот генерал Илија Николовски. Од ВМРО-ДПМНЕ во Тројката добитни се десет места, и тоа партискиот генерален секретар Игор Јанушев, а следуваат и Иван Јорданов, Благица Ласовска, како и професорката Иванка Василевска, потоа Стојан Миланов, Игор Здравковски, Миле Лефков, пратеникот и координатор


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

9 на досегашната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, како и Даниела Христова и Марија Петрушева. Како пратеник од трета изборна единица ќе седне и уште еден пратеник од Левица, Борислав Крмов. Во Четворката сигурни пратенички позиции имаат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а по него влегуваат Соња Мираковска, Миле Талевски, како и Даниела Колева, Панчо Минов од ГРОМ, Марија Костадинова, партискиот портпарол и сегашен пратеник Костадин Костадинов, Лолита Ристова, Коле Чаракчиев, како и Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи, а сегашен коалициски партнер на СДСМ. Ако некој оди погоре, само во таков случај можат да влезат Драгица Ѓавончанова и Љубица Спасова. Од ВМРО-ДПМНЕ во четворката сигурни се партискиот потпретседател Александар Николовски, Ане Лашкоска, Данчо Ефтимов, Ели Панова, Зоранчо Јованчев, Петар Ристески, Здравко Трајанов, Ангелина Петкова, Златко Пенков, Јадранка Поцкова, а не добија места Ердоган Сарач од Партијата на Турците, како и Биљана Петрушева. Од петтата изборна единица влегуваат вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, Јован Митрески од Струга, како и Бисера СтојчевскаКостадиновска, Лазе Таневски, Бети Наумовска-Рабаџиевска, Енес Ибрахим, Боби Мојсоски и Жаклина Лазаревска. На сигурната листа на чекање веројатно е и Горан Козаров, а можеби и Самка Ибраимоски, коалиционен партнер, кој и досега беше пратеник. Од ВМРО-ДПМНЕ пратеник сигурно станува пејачот Игор Дурловски, како и долгогодишниот пратеник Антонио Милошоски. Потоа, влегуваат и Силвана Ангелевска, Кирил Пецаков, Јован Јаулески, Олга Лозановска, Ѓоргија Сајкоски, како и Лидија Петкоска. Недобитни за малку места имаат Мирче Аџиоски и Грација Бакраческа. Од ДУИ влегуваат досегашниот собраниски спикер Талат Џафери, сопственикот на „Пуцко петрол“, Исмаил Јаоски, како и Арбана Пашоли. Недобитни се Јетон Шаќири и Муса Ибраим. Од Алијанса влегува сегашниот пратеник Сурија Рашиди. Во Шестката, од коалицијата Можеме влегува првиот човек на Беса кој беше носител, Биљал Касами, како и Фаница Николоска, Бејџам Иљаз, како и Фадиљ Зендели. Недобитно е за Драгољуб Филиповски и Хатие Етеми, иако не без целосни шанси. Пратеничка ќе продолжи да биде

и носителката на ВМРО - ДПМНЕ Дафина Стојановска, а влегува и Александар Вељановски. Од ДУИ, лидерот на партијата Али Ахмети, кој и досега беше пратеник, пак влегува во Собранието. Со него пратенички места обезбедија и Фљорин Бесими, Арта Зендели Билали, Насер Нуредини, досегашен министер за екологија, Бајрам Реџепи, Вјолца Адеми, како и Бајрам Кадриа.

Со мала надеж, но сега недобитен, е Бедри Фазли. Од Алијанса влегува лидерот Зијадин Села, Атнан Незири, Илире Даути, Хусни Исмаили, Халил Снопче, како и Артина Ќазими. И конечно, Мендух Тачи, лидерот на ДПА, си обезбеди за себе едно пратеничко место и позиција за преговори за влез и во новата Влада.

nnn


Капитал број 1071 17.07.2020

10

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

ПРЕДИЗВИЦИ ЗА НОВАТА ВЛАДА

ЕКОНОМСКИТЕ ПЛАНОВИ ВО КОСТЕЦ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПАНДЕМИЈАТА Формирањето нова Влада несомнено ќе биде еден од главните предизвици во земјава по одржувањето на парламентарните избори, но новиот владин состав ќе се соочи и со сериозен предизвик како да ги оствари зацртаните цели во услови на пандемија со коронавирусот за кој се уште нема ниту терапија или вакцина и остава негативни последици врз економијата. Мандатарот за составување Влада, партијата СДСМ која и последните три години ја предводеше земјата, во својата изборна програма најави план за справување со негативните ефекти од корона кризата од повеќе мерки. Оваа партија која што освои најмногу мандати за пратеници во Собранието, 46, се обврза во својот мандат, откако ќе заврши корона кризата, да ја забрза економијата со раст до 4% годишно, да ги зголеми платите, пензиите, инвестициската активност.


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

11


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

12

АНАЛИЗА

Партијата СДСМ која што освои најмногу мандати за пратеници во Собранието, 46, и која и последните три години ја предводеше земјата, во својата изборна програма најави план за справување со негативните ефекти од корона кризата, составен од повеќе мерки.

пишува:

Александар Јанев

М

aleksandar.janev@kapital.mk

Мандатарот за составување нова Влада освен предизвикот да обезбеди парламентарно мнозинство, несомнено уште веднаш ќе се соочи со уште поголем предизвик а тоа е како да ги оствари зацртаните цели во услови на пандемија со коронавирусот за кој се уште нема ниту терапија или вакцина и остава негативни последици врз економијата. Партијата СДСМ која што освои најмногу мандати за пратеници во Собранието, 46, и која и последните три години ја предводеше земјата, во својата изборна програма најави план за справување со негативните ефекти од корона кризата, составен од повеќе мерки. По завршувањето на пандемијата, оваа партија се обврзува во својот мандат да ја забрза економијата со

раст до 4% годишно, да ги зголеми платите, пензиите, инвестициската активност. „Нашата цел не е да бидеме само успешни менаџери во криза, туку брзо да ја пребродиме и да се вратиме на патот на растот и развојот, на спроведување на вистинските политики, за што пократко време. Очекуваме веќе во 2021 година, нашата економија, со целосен капацитет да генерира високи и одржливи стапки на раст преку продолжување на здравите и проверени политики, со човечки капитал и трансформација на нашата економија. Сегашната криза покажа дека можеме да бидеме отпорни, приспособливи, флексибилни и да изградиме национален капацитет и систем за функционална и растечка економија“, пишува во изборната програма на СДСМ. Изборната програма на СДСМ за периодот 2020 – 2024 година е поставена на шест столбови и тоа: Рестарт на македонската економија; Стоп Ковид – 19; Грижа за сите; Ред, дисциплина и правда; Екодржава; и НАТО и ЕУ.

Во воведниот дел на програмата, претседателот на партијата, Зоран Заев, вели дека „ова е понуда која обезбедува план за успешно справување со ефектите од корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок, ова се мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина“. Во првиот столб посветен на клучните економски цели, СДСМ се осврнува на некои од своите достигнувања последните три години, па ги истакнува растот на бруто домашниот производ (БДП) од 3,6% лани, отворањето на над 60.000 работни места последните две години, зголемувањето на просечната плата на 27.200 денари како и зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 14.500 денари. „Оваа голема економска промена беше возможна и поради повисокиот износ на домашни и странски инвестиции. Обезбедивме историски највисок износ од 950 милиони евра странски инвестиции во 2018 и 2019 година“, пишува во програмата на СДСМ осврнувајќи се на сработеното. Потоа, владејачката партија наведува


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

13


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

14

АНАЛИЗА Ризиците во поглед на проекциите се изразено надолни, а неизвесноста е понагласена од кога било досега. Главниот надолен ризик се однесува на евентуалното подолго времетраење на пандемијата, појавата на втор бран на инфекцијата и повторното затегнување на мерките за спречување на ширењето на вирусот, укажуваат прогнозите на меѓународните финансиски институции.

дека пандемијата со коронавирусот која наметна строги мерки на ограничувања за да се запре ширењето на заразата оставила силни последици врз економијата, па ги набројува и сите мерки што ги донесе Владата за да го амортизира ударот. По завршувањето на кризата со коронавирусот, оваа партија ветува зголемување на минималната плата за 40% со што би достигнала до 20.000 денари и на просечната плата во земјата за 30% на ниво од 34.000 денари. Паралелно со платите, оваа партија најавува дека рамномерно ќе растат и пензиите со што минималната пензија би се зголемила за 21% до крајот на мандатот.

Даночни реформи

Влез на странски директни инвестиции од една милијарда евра во текот на целиот мандат, и 2,2 милијарди евра јавни инвестиции од страна на државата. „Значително ќе го зајакнеме капацитетот за реализација на јавните инвестиции. Капиталните инвестиции ќе бидат генератор на јавната инвестициона потрошувачка за да се фокусираме целосно на огромниот потенцијал на домашната потрошувачка и инвестиции“, пишува во програмата. Во делот на даночната политика, СДСМ најавува дека данокот на добивка ќе остане на истото ниво од 10%, а оние компании што ќе ја реинвестираат добивката следната година, ќе бидат ослободени од овој данок. Персоналниот данок на доход исто така 10%, освен за вработените во ИТ индустријата каде што се планира да биде 0%, меѓутоа, повторно се зборува за воведување на прогресивното оданочување. „Остануваме посветени на

праведноста во оданочувањето, со понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална јавна дебата и преговори, со фокус на реконструкција на концептот на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз“, пишува во програмата. Во делот на ДДВ, се најавува намалување на стапката кај одредени сектори како ресторани и занаетчии. „Го стабилизиравме редовниот поврат на ДДВ и прекинавме со лошите пракси од минатото на дискриминација и притисоци при поврат или при плаќање на обврските на државата. Продолжуваме со оваа добра практика“, се обврзува СДСМ. Потоа следуваат низа мерки за приватните фирми, како поддршка од 600 милиони евра за инвестиции и намалување на парафискалните давачки за 75%. Во делот на социјалната политика, оваа партија најавува зголемување на опфатот на социјалната помош од 26.000 на 34.000 домаќинства и детски додаток за околу 65.000 деца. За студентите, СДСМ ветува дека ќе ги реновира сите студентски домови по примерот на домот „Гоце Делчев“. Последниот столб во оваа програма е посветен на НАТО и ЕУ. Партијата ветува дека во својот мандат ќе отвори дури 80% од сите поглавја од преговорите за членство во ЕУ и пристап до европски фондови од 2,5 милијарди евра.

Во прогнозите доминира песимизам

Во отсуство на ефикасна терапија или вакцина, а при налет на голем втор бран на ширење на коронавирусот во многу земји во светот порано од очекуваното, меѓународните финансиски институции станаа уште поголеми песимисти за движењето на економијата годинава.

Меѓународниот монетарен фонд, штотуку се премисли, и од првичната прогноза за рецесија на светската економија од -3%, сега проценува пад на економијата од дури -4,9% годинава, но закрепнување со раст од 5,4% догодина. За Европа, прогнозите се уште попесимистички и одат до рецесија од -8,7%. Народната банка иако се уште не ги конкретизира своите попесимистички очекувања во бројки, ги истакна своите стравувања во врска со движењето на македонската економија. Во последното соопштение од централната банка објаснуваат дека минималниот раст на економијата од само 0,2% во првиот квартал бил под нивните првични очекувања, а ризиците за остатокот од годината сега се уште поизразени. Засега, проекцијата останува рецесија со пад на БДП од -3,5%. Од останатите меѓународни финансиски институции, процените се движат од пад на БДП од -3,2% според Светската банка, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ. „Ризиците во поглед на проекциите се изразено надолни, а неизвесноста е понагласена од кога било досега. Главниот надолен ризик се однесува на евентуалното подолго времетраење на пандемијата, појавата на втор бран на инфекцијата и повторното затегнување на мерките за спречување на ширењето на вирусот“, се вели во извештајот на НБМ. Како останати негативни ризици се наведуваат можноста за прераснување на глобалната здравствена и економска криза во финансиска, можноста за подолготрајно нарушување на довербата на економските субјекти за потрошувачка и инвестиции, можното


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

15


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

16

АНАЛИЗА

Во делот на даночната политика, СДСМ најавува дека данокот на добивка ќе остане на истото ниво од 10%, а оние компании што ќе ја реинвестираат добивката следната година, ќе бидат ослободени од овој данок. Персоналниот данок на доход исто така 10%, освен за вработените во ИТ индустријата каде што се планира да биде 0%, меѓутоа, повторно се зборува за воведување на прогресивното оданочување. забавување на глобалните синџири на снабдување, повторната ескалација на трговските тензии меѓу земјите, подолготрајното намалување на цените на примарните производи, како и појавата на социјални немири во одредени региони во светот. А единствената позитивна работа што може да се случи, е да се најде вакцина, и пандемијата да заврши порано. „Од друга страна, можноста за завршување на пандемијата порано од очекуваното, како резултат на побрзото пронаоѓање на вакцина против коронавирусот, претставува единствен позитивен ризик за глобалниот економски раст“, велат од НБМ.

Неизвесност што ја носи корона - кризата

Во однос на економските движења во еврозоната, како наш најголем трговски партнер, во првиот квартал на 2020 година беше остварен годишен пад на БДП од 3,1%, а квартален од 3,6%, наспроти годишниот раст од 1% во претходниот квартал. Првичните податоци за пазарот на труд во еврозоната, пак, упатуваат на неповолни поместувања, бидејќи стапката на невработеност во април се зголеми на 7,3%. На редовниот состанок во јуни, ЕЦБ уште повеќе ја олабави монетарна политика, со цел да се придонесе за подобрување на

условите за финансирање на реалната економија. Гледано низ призмата на македонската економија, проекциите за странската ефективна побарувачка се ревидирани надолу. Најновите проекции за примарните производи на светските берзи и натаму упатуваат на пад на нивните цени. „Растот на економската активност значително забави во првиот квартал на 2020 година и изнесуваше 0,2% на годишна основа, наспроти растот од 3,4% во претходниот квартал. Остварувањата се послаби и од очекуваната динамика на раст за првото тримесечје согласно со априлските проекции. Случувањата поврзани со новата вирусна инфекција во глобални рамки и нејзиното ширење во домашната економија, како и мерките коишто беа преземени за спречување на нејзиното ширење, во текот на март, доведоа до влошување на деловната активност, што е видливо кај поголем дел од економските дејности. Тоа се одрази и врз довербата и очекувањата на фирмите, поради што изостана очекуваниот раст кај бруто инвестициите, а нивниот мал пад во најголем дел придонесува за послабата домашна побарувачка. Кризата го забави и растот на личната потрошувачка во првиот квартал“, се вели во месечната информација на централната банка. За вториот квартал, нашите монетарни власти

велат дека се очекуваат натамошни понагласени негативни ефекти од здравствената криза врз економијата. Изразено се продлабочува падот на индустриското производство, како и на прометот во трговијата. И натаму има и голема неизвесност околу идното движење на светските цени на примарните производи, поврзано со времетраењето на пандемијата. „Од расположливите податоци веќе се согледува позначително негативно влијание врз домашната економија од ширењето на вирусот КОВИД-19, во согласност со очекувањата дека негативните ефекти ќе бидат најсилни во април, со постепено закрепнување во преостанатиот дел од вториот квартал“, се вели во извештајот. Од Народна банка информираат дека во април вкупните депозити се задржале на речиси исто ниво како и во претходниот месец. Притоа, штедните влогови на домаќинствата имале месечен раст, а малку паднале депозитите на фирмите. Она што и се очекуваше, во април се зголемиле штедните влогови што се чуваат во странска валута, а имало умерен пад на депозитите во денари. Кога станува збор за кредитирањето, пак, во април вкупните кредити на приватниот сектор се зголемиле за само 0,2%, и притоа пораснало кредитирањето на фирмите, а се намалиле заемите на домаќинствата.

nnn



Капитал број 1071 17.07.2020

18

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

НАРОДНАТА БА

ОСНОВНАТА КАМ ОСТАНУВ

НЕМА ПОТРЕБА ОД ОЛАБАВУВАЊЕ НА МОН По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на најновата редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка одржана на 14 јули, беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5%. Намалувањето


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

19

АНКА ОДЛУЧИ

МАТНА СТАПКА ВА ИСТА

Д ПОНАТАМОШНО НЕТАРНАТА ПОЛИТИКА на основната каматна стапка до нивото од 1,5%, како и досегашното позначително намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за натамошно зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата, е заклучокот од седницата.


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

20

ЕКОНОМИЈА

пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на најновата редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка одржана на 14 јули, беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5%. „Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,5%, како и досегашното позначително намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за натамошно зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата.“, изјавија од Комитетот после седницата, на којашто беа разгледани најновите економски показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, што е соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, на седницата беше оценето дека ликвидноста ослободена преку основниот инструмент на Народната банка, од вкупно 15 милијарди денари во април и мај, е соодветна, при што беше одлучено на аукцијата на благајнички записи што се одржа неделава да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

Инфлацијата може да е и повисока од проектираното

На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија. Општо земено, ширењето на вирусот ковид-19 во глобални рамки и во домашната економија доведе до негативни ефекти врз деловната активност и влијаеше поизразено врз довербата и очекувањата на фирмите и потрошувачите и во текот на вториот квартал. По забавувањето на растот на економијата во првиот квартал на оваа година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот април - мај упатуваат на понатамошни негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност (продлабочување на падот на индустриското производство и на прометот во трговијата и

угостителството, а по растот во првиот квартал, пад се забележува и кај градежништвото). Во однос на инфлациските движења, ценовните промени за вториот квартал се малку повисоки од проекцијата за вториот квартал, но тие се под влијание на фактори на страната на понудата. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и променливост на цените на примарните производи, постои неизвесноста околу проекцијата на инфлацијата за 2020 година од 0%. Нивото на девизните резерви и натаму е во сигурната зона, а остварувањата во текот на второто тримесечје се нешто подобри од очекувањата. Расположливите податоци од надворешниот сектор за второто тримесечје упатуваат на поизразено негативно влијание врз домашната економија од ширењето на вирусот ковид-19 во текот на вториот квартал. Сепак, гледано по месеци, ефектите се најизразени во април, што е во согласност со очекуваната динамика, додека податоците за мај упатуваат на постепено закрепнување и можност за остварување на очекуваниот трговски дефицит според проекцијата за вториот квартал. Од друга страна, податоците за менувачкиот пазар заклучно со јуни упатуваат на пониски нето приливи од приватните трансфери од очекуваните за вториот квартал, во услови на пад и на понудата и на побарувачката за девизи. Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за јуни покажуваат нивен солиден годишен раст, нешто повисок во однос на проекцијата за вториот квартал од годината.

Солиден раст на девизната ликвидност на банките

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидносната позиција на банкарскиот систем се задржа на релативно стабилно и солидно ниво, што се потврдува и со отсуството на потреба кај банките за задолжување на пазарите на пари. Показателите за домашните финансиски пазари за јуни упатуваат на релативно стабилни движења на девизниот пазар, коишто упатуваат на натамошно постепено подобрување на очекувањата на физичките лица и економските субјекти. Овие случувања беа придружени со солиден раст на девизната ликвидност на банките, за што придонесоа и интервенциите на Народната банка за продажба на девизи. Од почетокот на јули е забележителна умерена нето - побарувачка за девизи од страна на економските субјекти, поради што Народната банка од

АНИТА АНГЕЛОВСКА – БЕЖОСКА

гувернерка на Народната банка

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидносната позиција на банкарскиот систем се задржа на релативно стабилно и солидно ниво, што се потврдува и со отсуството на потреба кај банките за задолжување на пазарите на пари. Показателите за домашните финансиски пазари за јуни упатуваат на релативно стабилни движења на девизниот пазар, коишто упатуваат на натамошно постепено подобрување на очекувањата на физичките лица и економските субјекти.

БРОЈКИ

3

пати е намалена основната каматна стапка од почетокот на годинава

15

милијарди денари (244 милиони евра) ликвидност на банките се ослободи во април и мај

почетокот на месецот заклучно со 13 јули 2020 година, поретко интервенира со продажба на девизи на банките поддржувачки, во вкупен износ од само 3 милиони евра. Во јуни, првичните знаци за закрепнување на глобалниот економски раст придонесоа за натамошно јакнење на оптимизмот на инвеститорите на меѓународните


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

21


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

22

ЕКОНОМИЈА

По забавувањето на растот на економијата во првиот квартал на оваа година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот април - мај упатуваат на понатамошни негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност продлабочување на падот на индустриското производство и на прометот во трговијата и угостителството, а по растот во првиот квартал, пад се забележува и кај градежништвото.

финансиски пазари, при што беше видлив раст на берзанските индекси. Сепак, неизвесноста околу времетраењето на економското закрепнување на глобално ниво и загриженоста од втор бран од ширење на ковид-19 придонесоа и за умерено надолно придвижување на приносите на најбезбедните државни обврзници во еврозоната и условија натамошна поддршка на економската активност од страна на носителите на монетарните и фискалните политики во светски рамки. Да потсетиме, на домашниот пазар на капитал, во јуни месец прометот на Македонската берза беше за 6,36% понизок од тој во месец мај, поточно трговијата само со акции изнесуваше 293 милиони денари, или за 3,93% помалку. Индексот во последниот месец од првото полугодие имаше пад од 3,43%. Инаку, Македонската берза, во првите шест месеци забележа вкупно тргување во износ од 5,84 милијарди денари (95 милиони евра) што е за 57% повеќе во однос на истиот период лани. Во класично тргување, прометот годинава во првото полугодие е нешто над четири милијарди денари (66 милиони евра) што е за 110% повеќе во однос на лани, при што со акции прометот е 3,8 милијарди денари (62 милиони евра), а остатокот со обврзници. Прометот со акции е за дури 124% поголем во однос на истиот период лани. Сè на сè, на седницата на Комитетот беше заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата

Во однос на инфлациските движења, ценовните промени за вториот квартал се малку повисоки од проекцијата за вториот квартал, но тие се под влијание на фактори на страната на понудата. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и променливост на цените на примарните производи, постои неизвесноста околу проекцијата на инфлацијата за 2020 година од 0%.

за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата на ковид-19 и натаму постојат, како во глобални рамки,

така и во рамките на домашната економија. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на политиките, доколку тоа е потребно. nnn



Капитал број 1071 17.07.2020

24

www.kapital.mk

БАНКИ И ФИНАНСИИ

ПРОКРЕДИТ И ИФЦ

ПРОДОЛЖУВААТ СО ПОДД НА МАЛИ И СРЕДНИ КОМПА

М

еѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светска банка и ПроКредит Холдинг АГ и Ко КГаА (ПроКредит Холдинг; ПроКредит) обезбедуваат финансиски средства наменети за мали и средни претпријатија (МСП) за да им се овозможи да ги премостат проблемите со ликвидноста што се поврзани со пандемијата на Ковид-19, како и да ги искористат можностите кои произлегуваат од кризата. За таа цел, ИФЦ доделува заем од 100 милиони американски долари на ПроКредит Холдинг. Заемот се доделува во рамките на Програмата за решенија за обртни средства на ИФЦ. Средствата ќе бидат достапни во краток рок на МСП, кои ги исполнуваат условите во девет од вкупно дванаесетте банки на ПроКредит групацијата. Станува збор за ПроКредит банките во Албанија, Босна и Херцеговина, Еквадор, Косово, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Србија и Украина. Управниот одбор на ПроКредит Холдинг е цврсто убеден дека ПроКредит банките се добро позиционирани да одиграат важна и позитивна улога при поддршката на мали и средни претпријатија во земјите во кои се наоѓаат. Според мислењето на Одборот, силниот сектор на МСП ќе биде од клучно значење за макроекономското закрепнување

на земјите во кои работат ПроКредит банките, особено по пандемијата на Ковид-19. Управниот одбор е уверен дека средствата што ги обезбедува долгогодишниот партнер на ПроКредит - ИФЦ ќе им овозможат на добро позиционираните МСП понатаму да се развиваат и да изнаоѓаат нови деловни можности. „Ова финансирање е осмислено како поддршка на МСП, чијшто проток на готовина е погоден од пандемијата“, рече Виторио Ди Бело, регионален менаџер на индустријата за финансиски институции во Европа и Централна Азија на ИФЦ. „Фокусот на МСП на ПроКредит и широкиот географски опфат се од клучно значење за подобрување на пристапот до финансирање на овие претпријатија, кои обично не ги добиваат услугите, а имаат најголема потреба од нив“. ИФЦ е акционер на ПроКредит Холдинг, а во 2019 година инвестираше 90 милиони американски долари за првото издавање на „зелени обврзници“ од страна на ПроКредит Холдинг. Контакт: АНДРЕА КАУФМАН Групациски комуникации, ПроКредит Холдинг Тел. +49 69 951 437 138 електронска пошта: Andrea.Kaufmann@procredit-group.com ЏЕНИФЕР БИСПИНГ ИФЦ Виена Тел. +43 1 21 70 588, електронска пошта: jbisping@ifc.org


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

25 ЗА МЕЃУНАРОДНАТА ФИНАНСИСКА КОРПОРАЦИЈА (ИФЦ) ИФЦ - сестринска организација на Светската банка и членка на Групацијата на Светска банка - е најголема развојна институција на глобално ниво која е фокусирана на приватниот сектор на пазарите во развој. Работиме во повеќе од 100 земји, користејќи го нашиот капитал, експертиза и влијание за да создаваме пазари и можности во земјите во развој. Во фискалната 2019 година инвестиравме повеќе од 19 милијарди американски долари во приватни компании и финансиски институции во земјите во развој за да се искористи моќта на приватниот сектор, за да се стави крај на екстремната сиромаштија и да се поттикне заедничкиот просперитет. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.ifc.org.

ЗА ПРОКРЕДИТ ХОЛДИНГ АГ и Ко КГаА

ДРШКА АНИИ

Меѓународната финансиска корпорација и ПроКредит ја продлабочуваат соработката за поддршка на мали и средни претпријатија во девет економии во развој за време на кризата предизвикана од вирусот Ковид 19. ИФЦ им овозможува на МСП пристап до 100 милиони американски долари преку ПроКредит групацијата. Целни земји се Албанија, Босна и Херцеговина, Еквадор, Косово, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Србија и Украина. Финансиските средства се наменети да им обезбедат на МСП краткорочен пристап до дополнителни обртни средства.

ПроКредит Холдинг АГ и Ко КГаА, со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е матична компанија на развојно ориентираната ПроКредит групација, која се состои од комерцијални банки за мали и средни претпријатија (МСП). Покрај работниот фокус на ПроКредит Групацијата во Југоисточна и Источна Европа,, ПроКредит Групацијата исто така активно работи и во Јужна Америка и во Германија. Акциите на компанијата се тргуваат на сегментот Prime Standard на берзата во Франкфурт. Главните акционери на ПроКредит Холдинг АГ и Ко КГаА се стратешките инвеститори Zeitinger Invest и ProCredit Staff Invest (инвестициски инструмент на вработените во ПроКредит), холандската DOEN Participaties BV, KfW (Германската развојна банка) и ИФЦ (дел од Групацијата на Светска банка). Како надредена компанија на Групацијата во согласност со германскиот закон за банкарство, ПроКредит Холдинг Аг и Ко КГаА е под надзор на консолидирано ниво од страна на Германското федерално тело за финансиски надзор (Bundesanstalt für Finanzdienstleistungsaufsicht, BaFin) и Германската сојузна банка (Bundesbank). За повеќе информации посетете ја страницата: www.procredit-holding.com.

ИЗЈАВИ ЗАСНОВАНИ НА ОЧЕКУВАЊА Ова соопштение за медиумите содржи изјави кои се однесуваат на нашиот иден деловен развој и финансискиот перформанс, како и изјави поврзани со идни активности или развој кои влијаат на ПроКредит Холдинг или на ПроКредит банките, а се засновани на идни очекувања. Ваквите изјави се засновани врз основа на сегашните очекувања и претпоставки на управниот одбор на ПроКредит Холдинг, од кои повеќето се надвор од контролата на ПроКредит Холдинг или на ПроКредит банките. Според тоа, тие подлежат на мноштво ризици, неизвесности и фактори. Ако се оствари еден или повеќе од овие ризици или неизвесности или, пак, основните очекувања или претпоставки се покажат како неточни, тогаш вистинските резултати, перформансот и постигнувањата (и негативни и позитивни) на ПроКредит Холдинг или на ПроКредит банките може значително да се разликуваат од оние кои се јасно или имплицитно изразени во изјавата заснована на очекувања. ПроКредит Холдинг или ПроКредит банките не преземаат никаква обврска да ги ажурираат овие изјави засновани на очекувања или, пак, да ги коригираат во случај на отстапувања од очекуваниот развој на настаните.


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

26

ПЛАЌАЊА

ЕНДРЈУ ТОРЕ

РЕГИОНАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА VISA ЗА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА, БЛИСКИОТ ИСТОК И АФРИКА

BACK TO BUSINESS:

КАКО ТРЕНДОВИТЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ ВО ВРЕМЕ НА COVID – 19 ЈА ПРЕОБЛИКУВААТ ТРГОВИЈАТА Преземено од Forbes Middle East

М

Многумина од нас ги одбележаа последните часови од 2019 година збогувајќи се со декадата на економска експанзија и гледајќи оптимистички напред. За многу кратко време, многу нешта се променија. Влијанието на пандемијата предизвикана од COVID-19, како и брзото темпо на прилагодување се неверојатни. За само неколку месеци, оваа нова декада веќе може да се дефинира според настаните до денес и со нашата реакција сега. Ефектот врз трговијата значи нејзин голем пад. Како глобална мрежа за плаќања и двигател на трговијата, добиваме уникатен увид на трошењето во Централна Европа, Блискиот Исток и

Африка (CEMEA) преку нашето локално присуство. Ова вклучува повеќе од 5 милиони трговци и 360 милиони картички во регионот. Посветивме внимание на малите бизниси низ CEMEA и согледавме дека дури до 93% имаат забележано значително негативно влијание, како резултат на ситуацијата предизвикана од COVID-19 и до 89% имаат забележано пад на трошењето кај потрошувачите. Исто така, некои можности се појавија претпазливо за бизниси од сите големини. Е-трговијата стана витален начин за купување и продажба, а потрошувачите се префрлија кон онлајн купување побрзо од било кога. Онлајн купувањето е значително зголемено во многу земји, а во многу мали продавници и други продажни места, кои останаа отворени, сè повеќе купувачи преферираат бесконтактно

плаќање без допир, најмногу со помош на мобилните уреди. Како што трговците на мало се подготвуваат за живот вон кривата, најверојатно е дека овие промени се долгорочни. До 86% од купувачите во CEMEA имаат зголемени преференци за дигитално плаќање во споредба со пред пандемијата, а слично мнозинство очекува дека ќе продолжи со дигитално плаќање наместо плаќање со готовина, откако пандемијата ќе се смири. COVID-19 радикално ја забрзува нашата дигитална иднина и многу е важно да се адаптираме. Бизнисите, кои ги приоритетизираат еластичноста и повторното иницирање на раст, ќе напредуваат. Еве неколку перспективи за тоа како трговците можат да се движат во оваа тековна комплексност, да се вратат на работа или добро познатото “get back to busi-


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

27 ness“ и да бидат добро позиционирани за трговија вон кривата.

Прифатете ја промената

Сите се насочени кон барање посигурна и поедноставна трговија. Веќе согледуваме дека потрошувачите бараат начини за плаќање, со цел избегнување непотребни физички контакти, како што е бесконтактното плаќање. Луѓето ја сакаат леснотијата на приближи-и-плати (tap-to-pay) опцијата со картички, телефони или часовници. Сега ги согледуваат и безбедносните придобивки, со тоа што до 80% од луѓето имаат зголемена наклонетост кон бесконтактното плаќање во време на кризата.

Поддржете ги малите бизниси

Пандемијата драматично влијае на малите бизниси, со до 82% од трговците, кои се грижат за иднината и гледаат големо или сериозно влијание. Е-трговијата нуди огромна можност, но како што малите бизниси дефинираат нови бизнис модели, потребно е заеднички да ја поддржиме истата. Visa кај голем број на мали бизниси воведе алатки со цел да се насочат онлајн. Каде купуваме и продаваме никогаш не било толку значајно како сега.

Онлајн искуството е важно

Потрошувачите можеби први се префрлија кон онлајн и бесконтактно плаќање како резултат на потребите, но од клучно значење е фокусирање на искуството со цел да се задржат каде што се. Ова започнува со обезбедување на целосно безбедно и непречено плаќање, но истото исто така бара и иновации. Воведување на плаќање преку картички со датотеки (card-on-file) и технологија на плаќање со клик (click-to-pay), може да помогне во обезбедувањето искуството да е беспрекорно, побрзо и попогодно, дури и за оние кои прв пат купуваат онлајн.

Носете попаметни одлуки

Овие се неизвесни времиња, но податоците и интуицијата можат да бидат моќни алатки за да се разбере што ќе се случува во иднина, но и да се предвидат трендовите на потрошувачите и да се искористат можностите кои претстојат. Во брзото, променливо и динамично опкружување, длабинскиот увид во податоците може подобро да ги открие преференците на потрошувачите и да овозможи поинформативно и поагилно носење на одлуки.

Истражете нови начини на плаќање

Нов бран на вработени, хонорарни работници и работници на проекти во економијата излегуваат од пандемијата за да одговорат на ограниченото општество и истите бараат брз пристап до дигитални средства. Без разлика дали станува

Како што трговците на мало се подготвуваат за живот вон кривата, најверојатно е дека овие промени се долгорочни. До 86% од купувачите во CEMEA имаат зголемени преференци за дигитално плаќање во споредба со пред пандемијата, а слично мнозинство очекува дека ќе продолжи со дигитално плаќање наместо плаќање со готовина, откако пандемијата ќе се смири. COVID-19 радикално ја забрзува нашата дигитална иднина и многу е важно да се адаптираме. Бизнисите, кои ги приоритетизираат еластичноста и повторното иницирање на раст, ќе напредуваат. збор за компании кои исплаќаат лица преку брзо префрлување на пари на нивните банкарски картички, или луѓе кои сакаат да испратат пари до нивните семејства и пријатели, постојат можности парите да се движат побрзо со најголеми нивоа на сигурност. Надвор од овие трендови, од витално значење е компаниите, владата и општеството да работат заедно за да се создаде back-to-business опкружување за сите и да помогнат да се изградат посилни мали бизниси. Нашата Visa Фондација обезбеди $210 милиони за поддршка на малите бизниси во наредните пет години. Како компанија, исто така презедовме глобална обврска за дигитално овозможување на 50 милиони мали

и средно-големи бизниси, во текот на три години, да понудат поддршка на нашата мисија во помагање на заедниците не само да се опорават, туку и да растат. COVID-19 ќе има трајно влијание врз тоа како луѓето ќе се движат низ секојдневниот живот и како ќе работат компаниите. Веќе го гледаме тоа во светот на плаќањата со префрлањето кон бесконтактни плаќања, е-трговија и нови движења на парите, како и бизниси кои се трансформираат во целосно нови бизнис модели. Додека ќе гледаме назад кон 2020та како година на кризи и предизвици, сепак нашиот одговор и реакција можат да бидат тоа кое нè дефинира, а не самата пандемија. nnn


Капитал број 1071 17.07.2020

28

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

ШТО НАПРАВИ АТЛА ГРУПА ЗА СПРАВУВА СО КОВИД КРИЗАТА


www.kapital.mk

А

АНТИК ВАЊЕ А

Капитал број 1071 17.07.2020

29 Уште од самиот почеток на пандемијата, „Атлантик Група“ одлучи дека безбедноста и здравјето на нивните вработени ќе биде апсолутен приоритет и никогаш не се обиде да направи компромис околу тоа. Сите вработени чија работа можеше да се врши од дома, како и оние вработени кои беа дел од ризичните групи добија можност да работат од дома, а за оние кои останаа на своите работни места беше обезбедена максимална заштита со цел тие да се чувствуваат сигурни.

Редакција Капитал kapital@kapital.mk

П

Неколку месеци по прогласувањето на глобална пандемија, сфативме дека светот е навидум толку напреднат и подготвен на сè, а сепак толку блиску и до тотален колапс. За некои луѓе дури и самата егзистенција беше отежната, со неможноста да ја вршат својата работа, со губење на работните места или намалување на приходите, а токму тоа ја потенцираше потребата за покажување на општествената одговорност, особено од големите претпријатија и корпорации, кои се предводници на трендовите на пазарот. Низ морето од компании, се издвоија некои кои поставија позитивен пример за останатите им помогнаа на своите вработени и сограѓаните од поблиската заедница полесно да ги пребродат овие неколку месеци на неизвесност. Повеќе од 50 години општествената одговорност (ОО) е најдоброто мерило за тоа колку претпријатијата се подготвени да работат за општеството, односно за заедницата во која опстојуваат. Но, додека во изминатите години на ОО се гледаше како на составен дел од проширувањето и растењето на бизнисите, веќе во првиот квартал од 2020 година фокусот се префрли на спасување и стабилизирање на бизнисите, кои беа погодени од глобалната пандемија предизвикана од Covid-19. Поголемиот дел од компаниите беа принудени да се приспособат на новите услови, а тоа значеше значително кратење на трошоците, што неретко резултираше и во отпуштање на дел од вработените, затворање на производните погони и прекин на дистрибуцијата на стока. За повеќето претпријатија приоритетот престана да биде општествената

одговорност, туку борбата за егзистирање на пазарот и одржување на компанијата „во живот“. Сосем очекувано, некои компании беа подобро подготвени да се справат со ваква ситуација, а тоа и го покажаа во изминатиот период. Една од нив е „Атлантик Група“ со седиште во Хрватска, која на ниво на целата корпорација покажа дека во ниту еден момент, дури ниту во најтешките ситуации, нема намера да заборави на сопствените принципи како општествено одговорна компанија како пред вработените, така и пред целата заедница во која работи и опстојува.

Безбедноста и здравјето на вработените апсолутен приоритет

Посветеноста кон општествената одговорност може да се забележи во секој сегмент од работењето на Атлантик Група, и тоа не само во периодот на пандемија, туку и низ целото нејзино постоење. Преку воспоставување на долгорочни одговорни пракси и здраво работно опкружување, Атлантик Група се залага за одржлив развој, и токму затоа уште одамна одлучи да преземе конкретни чекори за зачувување на животната средина, совесно и етичко користење на енергетските извори, правилно одложување на отпадните води и материјали, па сè до производство на еколошки пријателски производи со внимателен извор на суровини и амбалажен материјал, придружено со иновативна и одржлива поддршка за локалната заедница. А, крајната цел се вработените и потрошувачите на Атлантик Група, како и сите останати засегнати страни и општествени заедници во кои работи компанијата. Вработените во „Атлантик Група“ најдобро можат да сведочат за статусот на нивниот работодавец во општествено - одговорната сфера, бидејќи тие од прва рака ги чувствуваат придобивките од работењето во една ваква компанија. Уште од самиот почеток на


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

30

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ ЕМИЛ ТЕДЕСКИ

претседател на Управата на „Атлантик Група“

Долгогодишната врска со заедницата и околината ја направи Атлантик Група она што е денес – стабилна компанија која не се плаши од промени и која непрекинато се развива и расте. Ако изминатите неколку месеци ни покажаа нешто, тоа е дека на светот му се потребни уште повеќе општествено одговорни компании кои во пракса ќе ја покажат нивната грижа за заедницата во која работат, преку акции и активности кои ќе имаат позитивно влијание на целото општество.

пандемијата, „Атлантик Група“ одлучи дека безбедноста и здравјето на нивните вработени ќе биде апсолутен приоритет и никогаш не се обиде да направи компромис околу тоа. Сите вработени чија работа можеше да се врши од дома, како и оние вработени кои беа дел од ризичните групи добија можност да работат од дома, а за оние кои останаа на своите работни места беше обезбедена максимална заштита со цел тие да се чувствуваат сигурни. Атлантик Група и вообичаено спроведува протоколи според највисоките стандарди за заштита и безбедност на храна, како во производството, така и во текот на дистрибутивните и логистичките процеси, а во услови на епидемија беа воведени и дополнителни строги мерки и посебни протоколи за работа за заштита на здравјето на сите вработени и нивните најблиски. Исто така, сите вработени кои продолжија да работат во производниот и дистрибутивниот сектор добија стимулација од 15% на платата, како што беше случајот во фабриката „Гранд кафе“ во Скопје, која успеа да обезбеди навремено производство и дистрибуција на производите до потрошувачите, дури и во вонредни услови. „Навремено беше обезбедена заштитна опрема (маски, ракавици и одела онаму каде што беа потребни) која се применуваше според јасно дефинираните упатства за употреба, а беше обезбедена и почеста

ПЕРИЦА ВИЧИШКИ

генерален директор за дистрибутивнaта област Македонија во „Атлантик Група“

Ситуацијата која ја предизвика пандемијата беше голем тест за сите нас. Во овие неизвесни времиња потрошувачите бараа сигурност во брендовите на кои им веруваат, а нашите тимови се осигурија дека потрошувачите можат редовно да се снабдат со нашите брендови и главниот фокус беше тие да бидат достапни и блиски.

дезинфекција на сите простории и погони. Освен превентивната работа од дома, вработените имаа можност да се определат да ги чуваат нивните деца на возраст до 12 години, како и можност за платено вонредно отсуство за вработените кои не беа во можност да ја извршуваат својата работа“, изјави Перица Вичишки, генерален директор за дистрибутивнaта област Македонија во „Атлантик Група“.

Голем тест

Корпорацијата го слушна гласот на сите локални пазари каде има бизнис операции, па покрај вообичаеното вложување во заедницата, во изминатиот период донираше вкупно 3,7 милиони евра како помош за здравствените установи, како и на локалните кризни штабови и институции кои ги координираат активностите за отстранување на заразата и заштита на населението на сите пазари на кои е застапена. Но, клучно за „Атлантик Група “ беше брзото приспособување на новонастанатата ситуација, кое во голем дел беше овозможено од добрата комуникација помеѓу вработените, сфаќањето на важноста на нивната дејност и посветеност кон задоволување на потребите на потрошувачите. „Ситуацијата која ја предизвика пандемијата беше голем тест за сите нас. Во овие неизвесни времиња потрошувачите бараа сигурност во брендовите на кои им веруваат, а нашите тимови се осигурија дека

потрошувачите можат редовно да се снабдат со нашите брендови и главниот фокус беше тие да бидат достапни и блиски“, додава Вичишки. Атлантик Група е уште еден позитивен пример за општествено одговорна компанија која ги промовира вистинските вредности и има за мисија да ги пренесе истите принципи на целата заедница. Тоа е корпорација што ја препозна важноста и потребата на сопственото влијание кон подобрувањето на општите социјални услови и со тоа систематски се стреми да ја прилагоди својата стратешка определба кон корпоративната општествена одговорност во сите свои сегменти на регионалните услови и потребите на земјите во кои работи, од одговорност кон вработените, деловните партнери, финансиската заедница, животната средина, се’ до одговорноста пред јавниот сектор и пошироката заедница. „Поради тоа, долгогодишната врска со заедницата и околината ја направи Атлантик Група она што е денес – стабилна компанија која не се плаши од промени и која непрекинато се развива и расте. Ако изминатите неколку месеци ни покажаа нешто, тоа е дека на светот му се потребни уште повеќе општествено одговорни компании кои во пракса ќе ја покажат нивната грижа за заедницата во која работат, преку акции и активности кои ќе имаат позитивно влијание на целото општество.“, вели претседателот на Управата на „Атлантик Група“, Емил Тедески. nnn


БЕЗ ЦИ ЗА ТРОШО ВАЊЕ У ОДОБР

НЛБ Потрошувачки кредити

Треба да реновирате? Аплицирајте за НЛБ Потрошувачките кредити без трошоци за одобрување и фиксна каматна стапка за првите 35 месеци, по повод 35 години НЛБ Банка! Понудата трае до 31-ви август! • Брза и едноставна процедура. • Поволни услови. • Бесплатна Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА ВИОЛЕТОВ ПЛУС ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ Износ: 600.000 МКД, каматна стапка 5,2% фиксна за првите 35 месеци (СВТ: 6,70%), рок на отплата 120 месеци, 0% манипулативни трошоци, 600 МКД трошок за апликација, месечен ануитет: 6.423 МКД, вкупен износ за враќање: 813.672 МКД. *Каматната стапка од 5,2% е фиксна за првите 35 месеци, за остатокот од периодот каматната стапка е варијабилна и во моментот изнесува 6,53% (НРКС + 5% фиксен додаток). Висината на НРКС (национална референтна каматна стапка) се утврдува на месечно ниво и истата се објавува на веб страната на НБРСМ секој 25-ти во месецот. ** Во пресметката за СВТ кај Виолетовиот плус потрошувачки кредит е вклучен износот на Ризико полисата.


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

32

СВЕТ

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

АЛЧНОСТА ЦЕЛОСНО ГО ЗАМЕНИ СТРАВОТ ЗА САМО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ „Вредностите изгледаат екстремно високи, но инвеститорите во моментот не се премногу загрижени за тоа. Исто така стануваат доста интересни и други акции од технолошкиот сектор, особено популарни кај малите инвеститори, каде што евалуациите се уште повисоки, но очигледно ликвидната сила што ја носат централните банки во моментов е далеку најјаката сила на пазарот на капитал. Алчноста целосно го замени стравот за само неколку месеци.“, сметаат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс во својот редовен неделен извештај за светските берзански случувања.


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

33 пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

Портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс и оваа недела со свое видување на глобалните случувања на пазарите на капитал. Според нив, конечно се покажа дека оптимизмот за запирање на првиот бран на пандемијата е пребрз. „Луѓето брзо се опуштија и заборавија на мерките на претпазливост, па пандемијата почна повторно да се шири брзо во буквално секоја земја надвор од Европа. На глобално ниво од ден на ден се зголемува бројот на заболени, додека смртноста е малку пониска отколку онаа во март и април. Причините можат да се најдат во фактот дека во просек сега помладата генерација е повеќе заразена и дека подобро ја знаеме болеста, а третманот е се’ поуспешен. Мерките што ги преземаат државите не се толку ригорозни како пред три месеци, но пред некој ден Калифорнија презеде мерки какви што имаше во април (сепак овие мерки се сè уште поблаги отколку оние што беа во април во Италија или Шпанија).“, велат од Генерали. Последиците за економската активност ќе бидат значајни и веројатно ќе бидат вклучени во предвидувањата за втората половина на 2020 и 2021 година, но засега нема преголем песимизам кај аналитичарите. Економските податоци што доаѓаат во последниве недели сугерираат на закрепнување во форма на кука и се помалку песимистички од прогнозите на економските аналитичари. Но, ги намалија очекувањата за време на најлошата паника во почетокот на пролетта, така што сите економски показатели се значително пониски отколку во истиот период минатата година. Дури и меѓународните односи не укажуваат на чекор напред, според портфолио менаџерите на Генерали. „Ако Европа изненадувачки изгледа релативно координирана во поддршка на својата економија, сепак се колеба околу договорот за Брегзит, втората фаза од договорот меѓу САД и Кина е јасно закопана додека реториката меѓу двете суперсили се засилува и меѓународната трговија продолжува да забавува. На сите негативни ефекти се спротивставуваат централните банки, кои продолжуваат со многу опуштена монетарна политика која ги поддржува обврзниците и

На сите негативни ефекти се спротивставуваат централните банки, кои продолжуваат со многу опуштена монетарна политика која ги поддржува обврзниците и берзите, што носи со себе бројни аномалии. СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ПАНДЕМИЈАТА МОЖЕ ОПТИМИЗМОТ НА ПАЗАРИТЕ ЛЕСНО ДА ГО ПРЕТВОРИ ВО ПЕСИМИЗАМ Пазарите може да продолжат да растат умерено како резултат на сегашниот оптимизам и свежо печатените пари, но длабоки и привремени корекции не се исклучени. Исто така многу работи зависат од развојот на пандемијата која може умерениот оптимизам на пазарите да го доведе назад во областа на песимизмот, што од друга страна ќе доведе до посилна корекција на берзите. Да не заборавиме дека дури со првиот бран пазарите сè уште растеа во февруари, кога веќе беше повеќе од очигледно дека пандемијата е реална и ќе има силно влијание врз економијата. Отрезнувањето дојде само во март.

Ј

а задржуваме препораката, која ја повторуваме повеќе недели, велат аналитичарите на Генерали. „Акциите се доста скапи, но со слично скапи обврзници и банкарски инструменти практично нема алтернатива така што сега не е време за крајности. Не се препорачува целокупното портфолио да го имате инвестирано во акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка за обврзниците и за акциите го принудува растот на цените и овој тренд може да продолжи. И покрај добрите податоци состојбата на светската економија е сè уште релативно слаба, а иднината е нејасна. Затоа е неопходен избалансиран пристап кон инвестициите со поголем удел на индустриите кои подобро ќе се справат со оваа криза и каде процените не се претерани.“ Ова главно вклучува акции од здравствениот сектор, потрошувачка и нега, додека делови од технолошката индустрија стануваат скапи. Затоа советуваме поголема претпазливост кај технолошките акции. Инвеститорите кои се изложени на технологија над просекот треба да размислат за повлекување на дел од профитот и да ги преструктурираат портфолиото. Пазарите остануваат непредвидливи и се очекува да расте нестабилноста. Диверзификација на портфолио е неопходен чекор во вистинската насока. „Инвеститорите со долгорочни инвестициски цели треба да продолжат со месечни уплати, а оние што би вложиле поголема сума треба да ја распоредат на подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат умерено како резултат на сегашниот оптимизам и свежо печатените пари, но длабоки и привремени корекции не се исклучени. Исто така многу работи зависат од развојот на пандемијата која може умерениот оптимизам на пазарите да го доведе назад во областа на песимизмот, што од друга страна ќе доведе до посилна корекција на берзите. Да не заборавиме дека дури со првиот бран пазарите сè уште растеа во февруари, кога веќе беше повеќе од очигледно дека пандемијата е реална и ќе има силно влијание врз економијата. Отрезнувањето дојде само во март.“, велат од Генерали.


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

34

СВЕТ Акциите од секторот технологија од друга страна продолжуваат да растат силно, а акциите на FAANG (Facebook, Apple, Amazon, Netflix и Google) од ден на ден поставуваат нови рекорди. берзите, што носи со себе бројни аномалии. Но, засега, релаксираната монетарна политика е најсилната моќ на пазарите со кои не е мудро да се претера.“

Силно растат акциите на технолошките компании

Опуштената монетарна политика на тој начин продолжува да биде движечка сила на пазарите и на главниот индекс на акции на САД – S&P кој беше над нивото од почетокот на годината за кратко време за време на тргувањето во понеделникот. Акциите од секторот технологија од друга страна продолжуваат да растат силно, а акциите на FAANG (Facebook, Apple, Amazon, Netflix и Google) од ден на ден поставуваат нови рекорди. „Вредностите изгледаат екстремно високи, но инвеститорите во моментот не се премногу загрижени за тоа. Исто така стануваат доста интересни и други акции од технолошкиот сектор, особено популарни кај малите инвеститори, каде што евалуациите се уште повисоки, но очигледно ликвидната сила што ја носат централните банки во моментов е далеку најјаката сила на пазарот на капитал. Алчноста целосно го замени стравот за само неколку месеци.“

Силен раст на кинеските берзи

Официјално оваа недела започна објавувањето на податоците од првиот квартал. Во последните неколку дена видовме неколку најави каде компаниите ги надминаа очекувањата и со тоа предизвикаа позитивен одговор на пазарите особено во Европа. Причините за надминување главно се наоѓаат во остро намалените очекувања од првиот квартал, но инвеститорите реагираа многу позитивно. Ваквиот одговор покажува дека психолошкиот одговор во моментов е доминантен на берзата, додека самите вреднувања и неизвесната глобална макроекономска и политичка состојба не се претерано во првите редови. Во минатата недела голем пораст имаа акциите од технолошкиот сектор, додека останатите стагнираа. Моќен раст забележаа кинеските берзи каде што се забележаа вистинска еуфорија за купување, но на пазарот најголемиот дел од растот може да се препише на технолошкиот сектор, е -трговија и електричните автомобили. Потрошувачката, здравствената заштита и другите индустрии се повеќе или помалку стагнирани. nnn



Капитал број 1071 17.07.2020

36

www.kapital.mk

СВЕТ

БИТКАТА ПРОТИВ КОРОНАВИР

КАКО БАЛАНСИР ПОМЕЃУ СПАСУВАЊ И СПАСУВАЊЕТО Н


www.kapital.mk

РУСОТ Е ДАЛЕКУ ОД ДОБИЕНА

Капитал број 1071 17.07.2020

37

РААТ ДРЖАВИТЕ ЊЕТО НА ЖИВОТИ НА ЕКОНОМИЈАТА


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

38

СВЕТ

Копачи на гробови за бројните жртви на короната во Манаус, Бразил, држава силно погодена од пандемијата.

И

И додека светот пополека ги олабавува карантинските мерки за заштита од коронавирусот, првичните резултати се движат во рангот од кревок успех, па до влошување на кризата. Како што пишува Wall Street Journal. Поголемиот дел од источна Азија и Европа успеаја да го потиснат првиот бран на пандемијата и се обидуваат да го држат нивото на новите инфекции на некое ниво што може како – така да се менаџира. Меѓутоа, заразата сè уште се шири интензивно во САД, Латинска Америка и Индија, меѓу другите, оставајќи им на државите две можности: економска девастација ако повторно воведат мерки на рестрикции или да се помират со бројката на новозаразени и починати лица. Различните искуства од отворањето на економиите ги покажуваат лекциите што досега се научени од борбата против коронавирусот, велат епидемиолозите и останатите стручњаци што ја проучуваат пандемијата. Строгите рестриктивни мерки го зауздија експоненцијалниот раст на инфекцијата. Земјите што брзо воведоа вакви мерки забележаа помал број на смртни случаи одошто оние што реагираа подоцна. Тајмингот се покажа како клучен и при

олабавувањето на мерките: заразата зема повторно замав во земјите што се отворија пред да го запрат првиот бран. Исто така, некои држави ги искористија неделите на карантин подобро од останатите во развивање на помалку драстични, пософистицирани начини да се борат против вирусот. „Карантините имаат ефект, во смисла дека екстремното социјално дистанцирање ќе ја сопре трансмисијата. Но, тие се краткорочни тактики. На тој начин само се купува време“, вели Џон Леслер, епидемиолог на медицинскиот факултет Џонс Хопкинс од САД. „Кога ќе ја отворите повторно економијата, треба да имате разработено стратегија за тоа.“ Добар дел од здравствените експерти се согласуваат околу тоа како треба да изгледа стратегијата: да се зголеми до максимум капацитетот за тестирање, лоцирање и изолирање на носителите на вирусот, како и да се најде балансиран начин за социјално дистанцирање во секојдневниот живот што ќе го држи нивото на инфекции колку што е можно пониско, но исто така да и даде на економијата простор да дише. Речиси сите држави декларативно се изјаснуваат горе – долу во овие рамки, но некои направија значителен напредок во таа насока, додека други, вклучително

и САД, се мачат да ги координираат своите напори.

Нови кластери

Она што го гледате како форма на кривите на инфекција на графиконите за секоја земја, е всушност показател за тоа колку добро секоја од нив го искористила времето на сопствениот локдаун“, вели Соломон Сијанг, истражувач од Универзитетот на Калифорнија, Беркли. Европските земји што го скротија првиот бран и досега ги отворија економиите со ограничен и контролиран втор бран на зарази, всушност „го искористиле времето за да воспостават системи за тестирање и лоцирање на контактите со цел да се има ситуацијата под контрола откако ќе завршат рестрикциите“, вели тој. „Во САД, за жал, не го направивме тоа. Само изгубивме време.“ Италија, првата земја надвор од Азија што беше тешко погодена од пандемијата, реагираше доцна и имаше најголем број загубени човечки животи сè додека САД не го зеде тој примат. Но, откако Италија ги олабави мерките во мај, бројот на нови заразени продолжи да опаѓа, до бројката од околу 200 на ден. Многу од овие се асимптоматски случаи откриени преку масовни тестирања капацитети што Италија претходно ги немаше.


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

39

Кругови за обезбедување социјална дистанца во парк во Милано, Италија. Откако земјата почна да ја отвора економијата во мај, бројот на новозаразени продолжи со опаѓачката патека.

Различните искуства од отворањето на економиите ги покажуваат лекциите што досега се научени од борбата против коронавирусот, велат епидемиолозите и останатите стручњаци што ја проучуваат пандемијата. Строгите рестриктивни мерки го зауздија експоненцијалниот раст на инфекцијата. Земјите што брзо воведоа вакви мерки забележаа помал број на смртни случаи одошто оние што реагираа подоцна. Тајмингот се покажа како клучен и при олабавувањето на мерките: заразата зема повторно замав во земјите што се отворија пред да го запрат првиот бран.

Источно – азиските земји, како Јужна Кореа, станаа познати по својата робусни капацитети за борба против пандемијата.

Сепак, во Италија здравствените власти се загрижени поради опасноста вирусот повторно да земе замав доколку луѓето премногу се опуштат или пак премногу од нив да го ескивираат овој ново воспоставен систем на тестирање и следење. Веќе неколку европски земји се соочија со нови кластери на зараза откако ги

симнаа рестриктивните мерки, меѓу кои Германија, Шпанија и Полска. Но, во секој случај, бројките се помали одошто во март и април. Одржувањето на бројот на новите заразени случаи на ниско ниво останува тежок предизвик насекаде. Дури и источно - азиските земји што станаа познати по своите робусни


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

40

СВЕТ

Земји што имаат најголем ризик во следната фаза од пандемијата се оние што не го скротија првиот бран или не изградија силни системи за тестирање и следење на инфицираните додека траеја рестрикциите изминативе месеци, велат здравствените експерти.

капацитети за борба против вирусот, како што се Јужна Кореа и Сингапур, имаат проблем со нови кластери на инфекција. Израел, исто така, којшто го одби првиот бран со силни рестрикции, сега покажува колку бргу може да избувне нов бран откако почнаа да се олабавуваат, па владата е принудена да ретерира со симнувањето на рестрикциите. Бавното враќање во нормала на меѓународните патувања поставува уште еден предизвик за земјите што успеаја да одржат ниско ниво на заразеност на населението. Грција, на пример, воведе карантини брзо откако ги открија првите случаи на корона, реакција што беше типична за земјите коишто беа свесни дека немаат доволно капацитет на јавното здравство за да се соочи со експлозија на вирусот. Сега, Грција открива заразени случаи меѓу туристите, и се обидува да балансира помеѓу здравствените ризици и потребите на економијата којашто во голем дел се потпира на туризмот.

Тежок избор за посиромашните земји

Тежок избор останува за земјите со растечки број на инфекции коишто веќе поминаа низ рестрикции што ги погодија силно нивните економии. Да се затворат економиите по втор пат би можело да ги доведе овие земји до точката на максимум притисок што може да го издржат. Земјите во развој коишто не може да си дозволат добро развиени здравствени системи како

западноевропските држави, веќе покажаа слабост во напорите да им помогнат на компаниите и луѓето што остана дома за време на првиот карантин. Од посиромашната Индија, па до богатите САД, економскиот притисок врз домаќинствата беше еден од главните фактори што ги натераа властите да ги олабават рестрикциите и покрај сè уште високите стапки на нови заразени случаи. „Најдобра стратегија за посиромашните земји е да се осигурат дека населението ќе внимава, ќе носи маски и ќе одржува физичка дистанца, со цел да се добие во време при воспоставувањето на подобри капацитети за тестирање и надзор“, вели Свапнил Мишра, истражувач од Империјал Колеџ во Лондон. Г-дин Мишра беше ко – автор на една од првите студии за влијанието на карантините врз сузбивањето на пандемијата, користејќи податоци за смртноста од коронавирусот во 11 европски земји, со цел да се види како затворањето на бизнисите, карантините, полициските часови и другите мерки влијаеле врз ширењето на вирусот. Студијата покажала дека рестрикциите драстично го намалиле степенот на зараза и спасиле околу три милиони животи во Европа споредено со оние земји каде што кривата на зараза растела експоненцијално. Тимот пак, на г-дин Сијанг од Беркли, објави своја студија за локдаун

мерките, користејќи економетриски методи за да се процени ефектот на стапката на зараза од страна на конкретни политики за социјално дистанцирање воведени во САД и неколку европски и азиски држави. Истражувањето покажува дека заразата се удвојува отприлика на секои два дена, експлозивна динамика којашто била сузбивана од драконски полициски напори и соработка од страна на обичните луѓе. Проблемот сега е како да се одржат така координирани акции, вели Сијанг. „Ова е предизвик за издржливоста наспроти невидливиот непријател.“ Трета пак студија објавена периодов, истражување на податоци од 84 земји од страна на научниците на МИТ Школата за менаџмент, тврди дека мотивацијата на граѓаните да одржуваат социјална дистанца е клучот за следната фаза – и дека најлошото од пандемијата допрва следи, кога ќе дојде зимата. Вториот бран, предупредува студијата на МИТ, може да биде концентриран во неколку големи држави, со сè Индија и САД. „Прогнозата за епидемијата останува песимистична, што значи дека повеќето држави се адаптираат на стабилна состојба на нови случаи на зараза и смртни случаи, коишто иако се под она што беше максимум пролетоска, сепак се сè уште на загрижувачко високо ниво“, заклучуваат истражувачите на МИТ.

nnn


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

42

ЛИДЕРИ

НА 10 ЈУЛИ СЕ НАВРШИЈА 164 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГЕНИЈОТ

КАКО НИКОЛА ТЕСЛА ГО ГЛЕДАЛ 21 ВЕК?

„Денес, и најцивилизираните земји во светот, максимумот на своите приходи го трошат на војни, а минимум на образование. Во 21 век тој однос ќе се промени. Најславни ќе бидат оние кои ја добиваат битката со незнаењето, а не оние кои умираат на војните полиња. Откривањето на нови научни вистини ќе привлекува повеќе внимание од дипломатските случувања. Дури и весниците на нашето време почнаа да ги прифаќаат научните откритија или новото филозофско сфаќање како и секоја друга вест. Весниците на 21 век се уште ќе пишуваат за криминални и политички контроверзии, но главните наслови на насловните страни ќе бидат објавите на новите научни хипотези.“, предвидувал славниот научник за тоа како ќе изгледа општеството во 21 век.

Н

Никола Тесла отсекогаш бил посебен човек и научник, заради јасната и чиста мисла. Познатиот граѓанин на светот, како што самиот се нарекувал, бил пред времето, и тогаш, а и денес. Фасцинантно е колку неговата мисла и денес е јасна. Неговите дела го

прават бесмртен и секогаш одново и одново човек кој припаѓа на иднината. Секој човек со добра волја, слободен ум, чиста и јасна мисла, поглед кон иднината, едноставно секој космополит го слави Никола Тесла. Во прилог Капитал пренесува одредени делови од неговото интервју објавено во весникот Liberty во февруари 1937 година, во кое Никола Тесла зборува како ја гледа иднината во 21 век.

МН: Поглед во нашето време Превидувањето е неблагодарно. Ниту еден човек не може да види премногу далеку во иднината. Напредокот и пронајдоците се развиваат во други правци од оние кои сме ги предвидувале. Такво беше моето искуство, иако себеси си ласкам дека случувањата потврдиле многу развојни правци кои сум ги предвидел во првата третина од 20 век. Изгледа


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

43

Универзалната примена на водената енергија и нејзиниот пренос на големи раздалечености, ќе овозможи секое домаќинство да дојде до евтина енергија.

дека отсекогаш сум бил пред времето. Требаше да чекам 19 години да проработи електричната централа на Нијагара заснована на мојот систем, поминаа 15 години откако мојот патент за безжичен пренос на сигнал, објавен уште во 1893 година, најде универзална примена. Ги најавив космичките зраци и мојата теорија за радиоактивност уште во 1896 година. Едно од моите најзначајни откритија - резонантноста на Земјата како основа на безжичниот пренос на енергија, кое го објавив во 1899 година, многу не го разбираат ниту денес. Речиси две години откако го направив преносот на електрична енергија околу целата планета, Едисон, Штајнмец, Маркони и други, тврдеа дека е невозможно на безжичен начин преку Атлантикот да се пренесе ниту обичен сигнал, а не пак електрична енергија. Со оглед дека навестив толку многу откритија, мислам дека нема многу да погрешам ако се обидам да предвидам како ќе изгледа животот во 21 век.

Животот е движење

Животот е и секогаш ќе биде равенка чие решение не можеме во целост да го дофатиме, но таа равенка сепак содржи и одредени познати факти. Со сигурност можеме да кажеме дека животот е движење, иако недоволно ја познаваме неговата природа. За движење е неопходно тело кое се движи и сила која го потиснува и му помага да го совлада отпорот. Човекот е маса која ја потиснува силата. Оттука, и општите закони во царството на механиката кои важат за движењето, можат да се применат и на човештвото. Постојат три начини како може да се зголеми енергијата која го одредува човечкиот процес. Прво, можеме да ја зголемиме масата. Тоа во случајот на човештвото би значело подобрување на условите за живот, здравјето, развој

Уверен сум дека за сто години, кафето, чајот и тутунот нема да бидат толку примамливи. Алкохолот, сепак, ќе се користи, бидејќи тој не е стимуланс, туку проверен еликсир на животот.

на човечкиот вид и слично. Второ, можеме да ја намалиме силата на отпорот кој го забавува напредокот, како што се незнаењето, глупоста и религиозниот фанатизам. Трето, можеме да ја помножиме енергијата на човечката маса преку совладување на силите на универзумот, како што се силата на сонцето, океаните, ветрот, плимата и осеката. Со првиот метод остваруваме повеќе храна и благосостојба. Со вториот се создаваат услови за мир. Со третиот метод се зголемува нашата способност да работиме и создаваме. Напредокот, било каков и да е, е невозможен доколку нашите напори не се насочени кон зголемување на благосостојбата, кон мирот и создавањето. Според тоа, механичкото сфаќање на животот е единствено со учењата на Исус и Буда. Иако не сум верник во ортодоксна смисла, се потпирам на религијата. Прво, затоа што секој човек мора да има некој идеал – религиозен, уметнички или хуманитарен - со цел неговиот живот да има некаква смисла. Второ,

бидејќи сите големи религии содржат мудри препораки за добар живот кои важат и денес, како и во времето кога биле создадени. Не постои конфликт помеѓу идеалите на науката и идеалите на религијата, но науката е спротивставена на догмите, бидејќи науката се заснова на факти. За мене, универзумот е едноставно голема машина која никогаш не настанала и никогаш нема да исчезне. Човечкото битие е исклучок во природниот поредок на работите. Човекот е машина, како и универзумот. Ништо не допира до нашиот ум, ниту влијае врз нашето делување, посредно или непосредно, а да не е одговор на пораката која преку нашите сетила ја примаме од надворешната средина. Заради сличноста на нашата конструкција и нашата околина, сите слично одговараме на слични влијанија, а како резултат на нашите реакции, доаѓаме до разбирање. Во текот на сите векови, се развивале бесконечно сложени механизми. Меѓутоа, она што ние го викаме душа или дух, не е ништо


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

44

ЛИДЕРИ

Со намалувањето на напорите за голо преживување, човечките напори ќе бидат повеќе насочени кон развој на идеали, отколку кон материјални вредности.

повеќе од збир на сите функции на телото. Кога овие функции ќе исчезнат, исто така исчезнуваат и душата или духот. Јас овие идеи ги изнесов далеку пред бихејвиористите, предводени со Павлов во Русија и Вотсон во САД, да го објават концептот на својата нова психологија. Ова, очигледно механистичко сфаќање не е во спротивност со етичките сфаќања на животот. Општото прифаќање на овие поставки не би ги разорило религиозните идеали. Денес, будизмот и христијанството се најголеми религии, и по бројот на верници и по значењето. Верувам дека нивните суштински сфаќања ќе изградат нова религија на човековата душа во 21 век.

Хигиената и физичката култура ќе бидат највисок приоритет

Во 2100 година развојот на животот ќе биде под целосна контрола на науката. Во минатото, под законитостите на борбата за опстанок, главно исчезнаа помалку подобните карактеристики. Човечкото ново чувство на сожалување се спротивставува на неумоливото делување на природата. Единствен метод кој би одговарал на нашето чувство на цивилизациско однесување е стерилизација и потиснување на сексуалниот инстинкт кај неприлагодените единки. Неколку европски и некои членки на унијата на САД се одлучуваат да ги стерилизираат криминалците и ментално хендикепираните личности.

Тоа не е доволно. Научниците секогаш вршат притисок основањето на брачна заедница да се направи што потешко. На секој кој не е материјал за родител нема да му биде допуштено да создава потомство. За еден век од денес, на нормална личност ќе и биде еднакво неприфатливо да општи со неприлагодените припадници на општество, исто како со обичните криминалци. Хигиената и физичката култура ќе бидат признаени делови на образовниот систем и државниот апарат. Министер за хигиена и физичка култура во 2035 година, во владата на тогашниот претседател на САД, ќе биде позначаен од министерот за одбрана. Загаденоста на нашите крајбрежја, како што е денес околу Њујорк, за нашите деца и внуци ќе биде незамисливо, како што за нас е незамислив животот без водоводи и канализации. Снабдувањето со вода строго ќе се надгледува, а само луд човек ќе користи вода која не е стерилизирана. Повеќе луѓе ќе умираат од загадена вода, отколку од други стимуланси. Јас исто така, не јадам месо. Уверен сум дека за сто години, кафето, чајот и тутунот нема да бидат толку примамливи. Алкохолот, сепак, ќе се користи, бидејќи тој не е стимуланс, туку проверен еликсир на животот. Стимулансите нема да исчезнат под принуда. Едноставно, веќе нема да биде во мода, организмот да се труе со такви

штетни состојки. Природната храна како што се млеко, мед и житарки, ќе бидат основа на епикурејските вечери и врвните ресторани во дваесет и првиот век. Ќе има доволно жито и производи од жито за да се прехрани целиот свет, вклучувајќи и милиони гладни во Кина и Индија. Нашата планета е пребогата, а таму каде што нешто недостасува, азотот добиен од воздухот, ќе може да го обнови ткивото на земјата. Јас во 1900 година развив процес за оваа намена. Подоцна после 14 години, за предвоените потреби, го усовршија германските хемичари. Значително пред крајот на следниот век, систематското пошумување и научно управување со природните ресурси, ќе стави крај на шумските пожари и поплавите. Универзалната примена на водената енергија и нејзиниот пренос на големи далечини, ќе овозможи секое домаќинство да дојде до евтина енергија, па ќе престане потребата за согорување на течности. Со намалувањето на напорите за голо преживување, човечките напори ќе бидат повеќе насочени кон развој на идеали, отколку кон материјални вредности.

Славни ќе бидат оние кои ќе го победат незнаењето

Денес, и најцивилизираните земји во светот, максимумот на своите приходи го трошат на војни, а минимум на образование. Во 21 век тој однос ќе се промени. Најславни ќе бидат оние кои ја добиваат битката со незнаењето, а не оние кои умираат на војните полиња. Откривањето на нови научни вистини ќе привлекува повеќе внимание од дипломатските случувања. Дури и весниците на нашето време почнаа да ги прифаќаат научните откритија или новото филозофско сфаќање како и секоја друга вест. Весниците на 21 век се уште ќе пишуваат за криминални и политички контроверзии, но главните наслови на насловните страни ќе бидат објавите на новите научни хипотези. Напредокот ќе биде невозможен доколку луѓето продолжат со дивјачката пракса на меѓусебно убивање. Од својот татко, ерудит и упорен борец за мир, ја наследив длабоката омраза кон војната. Како и другите пронаоѓачи, некое време верував дека војните можат да се сопрат, ако се направат поразорни. Но, сфатив дека тоа е погрешно Го потценив човечкиот боречки инстинкт, за кој ќе треба повеќе од еден век за сосема да избледи. Војната не може да се укине со тоа што ќе го ставиме надвор од законот. Нема да ја сопреме војната ако ги разоружиме најмоќните. Војните ќе се спречат, не


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

45


www.kapital.mk

Капитал број 1071 17.07.2020

46

ЛИДЕРИ

на физиката, толку би се разводнила да не би имала никаков ефект. Мојот апарат проектира честички кои можат да бидат релативно големи или со микроскопски димензии, и овозможува на мал простор и на голема раздалеченост да се пренесе трилиони пати повеќе енергија отколку што е можно со зраци од било кој вид. Илјада коњски сили можат да се пренесат со сноп потенок на влакно на коса, а притоа ништо да не може да ги сопре. Оваа карактеристика на зракот ќе овозможи меѓу другите работи, незамисливи резултати во телевизијата, бидејќи речиси и да нема да има ограничување за интензитетот за осветлување, големина на сликата или раздалеченоста на која е можно да се проектира слика. Не велам дека нема да има уште разорни војни пред светот да го прифати мојот изум. Јас веројатно нема да ја доживеам неговата примена. Но, уверен сум дека за еден век од денес, сите земји ќе можат да обезбедат преку ова или некое слично средстви да станат имуни од напади.

Човекот е машина, како и универзумот. Ништо не допира до нашиот ум, ниту влијае врз нашето делување, посредно или непосредно, а да не е одговор на пораката преку нашите сетила ја примаме од надворешната средина.

Роботите ќе бидат современи робови

со тоа што ќе ги ослабиме најсилните, туку така што секој народ, слаб или силен, ќе биде во состојба самиот себе да се одбрани.

Секоја земја мора да има капацитет да се брани

Оттука, секое средство кое се користи за одбрана може да служи и за агресивни намери. Со тоа се обезвреднуваат добрите намети за остварување на мирот. Меѓутоа, јас успеав да дојдам до идеја како да ги усовршам средствата кои би служеле за одбрана. Ако би се прифатила, тоа целосно ќе ги измени односите помеѓу народите. Со тоа секоја земја, голема или мала, ќе биде способна да пружи отпор на непријателските војски, авионите или другите средства за напад. Мојот изум подразбира изградба на голем генератор, кој кога ќе се стави во погон, би бил во состојба уништи се, од непријателските војски со воените машини во круг од 400 километри. Тој би претставувал силен ѕид и непремостлива пречка

пред било кој облик на агресија. Ако ниедна земја не можете успешно да ја нападнете, тогаш престанува секоја смисла за војна опција. Моето откритие ја разоружува злобната сила на авионите или подморниците, но останува надмоќта на воените бродови, бидејќи бродовите можат да се опремат со некој од неопходните уреди. Можеби и понатаму ќе има војни на море, но ниту еден воен брод нема да може да продре преку копнената линија на одбраната, бидејќи уредите на брегот ќе бидат надмоќни над било кое оружје на воените бродови. Сакам посебно да истакнам дека овој мој изум не се потпира на т.н. зраци на смртта. Зраците не се применливи бидејќи не можат да се произведат во потребна количина и бидејќи на големи далечини ја губат неопходната сила. Целата енергија на Њујорк (приближно два милиони коњски сили), претворена во зраци и проектирана на далечина од 40 километри, не би можела да убие човек, бидејќи според познатите закони

Безбројни работи кои денес се работат рачно, ќе бидат заменети со раце на автомати. Токму во овој момент, научниците во лабораториите на американските универзитети се обидуваат да создадат нешто што се опишува како “машина која мисли”. Таков развој предвидував уште одамна. Јас, всушност, конструирав роботи. Денес роботите се неспорен факт, но самите принципи уште треба да се откриваат. Во 21 век роботите ќе заземат место кое го имале робовите во древните цивилизации. Воопшто не постои причина заради која сето ова не би се случило и за помалку од еден век. А ако вниманието на човештвото не биде премногу окупирана со надворешни војни и внатрешни револуции, нема причина милениумот на електриката да започне и за неколку децении. Овие изјави, и после осумдесет години, покажуваат каков вонвременски човек и научник бил Тесла. Иако некои од работите кои ги предвидел Тесла и во денешно време изгледаат далеку од реалноста, повеќе од јасно е дека ова е единствениот пат на човештвото за спас од самоуништување. Човекот навистина мора да има идеал во животот, за тој да има некаква смисла. Факт е дека никаков напредок не е можен доколку напорите не се насочат кон остварување на мир, благосостојба и создавање. Посебно во ова време. Ова не е ни малку слеп идеализам. Тоа е единствен и очигледен избор во иднината, со оглед на минатото и сегашноста. Опомена и поука за човечкиот род од историскиот развој. nnn


Вашата полиса во Триглав го покрива целосно ризикот од Covid-19 • Само во Триглав, со полиса за осигурување на живот*, или пак полиса за колективно осигурување од незгода, добивате целосна осигурена сума во случај на смрт од Covid-19.

• Вашето здравствено - патничко осигурување од Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Доколку сте заинтересирани за осигурување на живот:

Доколку сте заинтересирани за колективно осигурување од незгода, или пак за здравствено - патничко осигурување:

Пишете ни на info@triglavzivot.mk

Пишете ни на info@triglav.mk

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

За повеќе детали посетете ја страната triglavzivot.mk и информирајте се за условите и oграничувањата*

За повеќе детали посетете ја страната triglav.mk Онлајн обезбедете полиса за здравствено - патничко осигурување на 5minuti.mk

www.triglav.mk www.triglavzivot.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.