1081- Kapital magazin

Page 1

КОВИД – 19: КАКО ЈАПОНИЈА ПОСТИГНА ТОЛКУ НИСКИ БРОЈКИ

business magazine

Светски берзи Компаниите од секторот „зелена енергија“ ќарија од подобрите прогнози за Бајден

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1081

цена 100 ден. l 22 октомври 2020 четврток l година 21

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА Неподносливата способност на Парламентот да заглави во толкувања АНАЛИЗА Македонската берза во првите девет месеци Во годината на корона, прометот со акции поголем за 80% ИНТЕРВЈУ Виктор Филиповски

директор на Дирекција корпоративно банкарство во УНИБанка

COVER STORY

ФИСКАЛЕН АКТИВИЗАМ БАРААТ ММФ И СВЕТСКА БАНКА ВО БОРБА ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА

НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ШТЕДЕЊЕ!

Менаџмент: Нека не ве саботираат сопствените преамбициозни цели



СОДРЖИНА

Kapital... 1081 4

10

COVER STORY

Фискален активизам бараат ММФ и Светска банка во борба против пандемијата Не е време за штедење!

ПОЛИТИКА

Неподносливата способност на Парламентот да заглави во толкувања

16

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Што се случуваше на Македонската берза во првите девет месеци

Наместо да се караат како да работат можеа просто - да работат!

Во годината на корона, прометот со акции поголем за 80%

26

28

Американската амбасадорка Кејт Брнз во работна посета на „Алкалоид“

Пазари на капитал

16

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Што се случуваше на Македонската берза во првите девет месеци Во годината на корона, прометот со акции поголем за 80%

22

ИНТЕРВЈУ

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Виктор Филиповски

директор на Дирекција корпоративно банкарство во УНИБанка Пандемијата ја забрза дигитализацијата:

двојно се зголеми бројот на клиенти што користат е - банкарство

COVER STORY Фискален активизам бараат ММФ и Светска банка во борба против пандемијата....................................................................4 Не е време за штедење! ПОЛИТИКА Неподносливата способност на Парламентот да заглави во толкувања......................................................................10 Наместо да се караат како да работат можеа просто - да работат! ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Што се случуваше на Македонската берза во првите девет месеци.....................16 Во годината на корона, прометот со акции поголем за 80%

Само извозот на чаеви во САД вреди пет милиони долари

ИНТЕРВЈУ Виктор Филиповски, директор на Дирекција корпоративно банкарство во УНИБанка......................................22 Пандемијата ја забрза дигитализацијата: двојно се зголеми бројот на клиенти што користат е - банкарство ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Американската амбасадорка Кејт Брнз во работна посета на „Алкалоид“...........26 Само извозот на чаеви во САД вреди пет милиони долари СВЕТ Пазари на капитал.................................................28 Компаниите од секторот „зелена енергија“ ќарија од подобрите прогнози за Бајден

СВЕТ

Компаниите од секторот „зелена енергија“ ќарија од подобрите прогнози за Бајден

КОВИД - 19.....................................................................32 Причините зошто Јапонија има толку малку инфицирани и починати од коронавирус Ревносна хигиена, добро здравство и висока технологија МЕНАЏМЕНТ Know how за лидери.............................................40 Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба? ЛИДЕРИ Рекоа за..........................................................................44 Банките

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 21.10.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1081 22.10.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ШТЕДЕЊЕ!


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

ФИСКАЛЕН АКТИВИЗАМ БАРААТ ММФ И 5 СВЕТСКА БАНКА ВО БОРБА ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА ИЗБОРИ 2020

!

Токму оние што беа најголеми поборници на штедењето, како што се ММФ и Светска банка, сега сугерираат сосема спротивна политика наместо тоа и бараат од земјите фискален активизам за да се поддржат работните места. Ова сценарио во нормални околности беше незамисливо, но пандемијата и рестрикциите што се применуваат за спречивање на ширењето на вирусот оставаат сериозни последици врз економијата и затоа меѓународните финансиски институции велат дека оваа војна може да се добие само со повеќе пари како муниција. „Додека болеста беснее, што друго ќе правите?“, истакна главниот економист на Светската банка, Кармен Рајхарт и потоа додаде, „прво се грижите за борбата против војната, а потоа ќе барате начин како да платите за тоа“. Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, исто

така потенцираше дека не е време за балансирање на сметките според книгите туку им сугерираше на земјите „да се осмелат“ алудирајќи на пазарите на капитал. Непредвидените трошоци за справување со пандемијата како од здравствен така и од економски аспект ги зголемија потребите за задолжување и кај нас. Па така, буџетскиот дефицит до крајот на годината се очекува да достигне 8,5% од БДП што е 920 милиони евра, а еврообврзницата од првата половина на годината веќе го зголеми јавниот долг над црвената линија од 60% од БДП. Но, откако пандемијата ќе стивне, мастришките критериуми повторно ќе станат основен таргет особено за земја што претендира да стане членка на ЕУ, така што иако штедењето како концепт можеби сега е мртво, но извесно е дека многу наскоро повторно ќе воскресне.


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

6

COVER STORY

Податоците на овие меѓународни финансиски институции покажаа дека и напредните економии и многу од земјите во развој сериозно го прифатиле советот во борбата со коронавирусот. ММФ проценува дека земјите досега го зголемиле трошењето или ги намалиле даноците за 11,7 илјади милијарди американски долари досега, што е 12% од глобалниот бруто домашен производ во 2020 година.

пишува:

Александар Јанев

Ф

aleksandar.janev@kapital.mk

Фискалната конзервативност што требаше да ги спастри буџетските дефицити и јавните долгови на земјите особено по должничката криза во Европа пред една деценија, се напушта како политика барем привремено во екот на пандемијата со коронавирусот. Токму оние што беа најголеми поборници на штедењето, како што се ММФ и Светска банка, по годишните виртуелни средби заклучија дека новите вонредни околности што ги наметна пандемијата и мерките за спречување на неговото ширење кои директно ја загрозуваат економската активност, наместо тоа бараат фискален активизам. Кармен Рајнхарт, еминентен економски историчар, а сега главен економист во Светска банка, препорача земјите да позајмуваат многу повеќе за време на пандемијата. „Додека болеста беснее, што друго ќе правите?“, прашува таа. „Прво се грижите за борбата против вирусот, а потоа ќе барате начин како да

платите за тоа“. ММФ и Светска банка апелираат побогатите земји да трошат и тоа да биде главната муниција во борбата со панедмијата особено за побрзо надминување на економските последици, иако некои земји во развој се соочуваат со сериозни предизвици кога е во прашање нивото на јавниот долг. Тоа е сосема нова мантра од онаа што ја сугерирше токму самиот ММФ поучен од глобалната финансиска криза дека „многу земји се соочуваат со големи потреби за намалување на трошењата“, но сега им порачува на сите земји што имаат пристап до финансиски пазари да се задолжуваат и да трошат за да се сочуваат работните места. Во мирнодопски услови ова би делувало како прилично неприфатливо сценарио, меѓутоа, во 2020 година, пандемијата може да ја обезбеди токму оваа ситуација – да биде оправдување за еднократно зголемување на дефицитите, меѓутоа, не и алиби за непродуктивни трошоци, туку единствено како поддршка на здравствениот систем да се избори со вирусот, и на компаниите и граѓаните да ги преживеат рестрикциите. Инспирирана од рускиот романсиер Фјодор Достоевски, извршниот директор на ММФ, Кристалина Георгиева, изјави

„Само едно е важно - да се осмелиш“. Податоците на овие меѓународни финансиски институции покажаа дека и напредните економии и многу од земјите во развој сериозно го прифатиле советот во борбата со коронавирусот. ММФ проценува дека земјите досега го зголемиле трошењето или ги намалиле даноците за 11,7 илјади милијарди американски долари досега, што е 12% од глобалниот бруто домашен производ во 2020 година. Речиси сите земји погодени од пандемијата излегоа со огромни стимулативни пакети за поддршка на економиите. Во Велика Британија, конзервативната влада на Борис Џонсон го отфрли штедењето како концепт за консолидирање на јавните финансии и наместо тоа, планира да се задолжи вкупно 350 милијарди фунти до крајот на годинава, што е 17% од БДП на земјата и највисоко ниво во услови на мир во последните 300 години. Дури и Германија, која што важеше за бастион на фискална исправност, министерот за економија Питер Алтмаер истакна дека земјата воведува „најголема стимулативна програма на сите времиња“ како одговор на коронавирусот. Сепак аналитичарите нагласуваат


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

7

КРИСТАЛИНА ГЕОРГИЕВА КАРМЕН РАЈНХАРТ

ФАТМИР БЕСИМИ

Сите земји што имаат пристап до финансиски пазари треба да се задолжуваат и да трошат за да се сочуваат работните места. Ќе се послужам со Достоевски: Само едно е важно - да се осмелиш.

Земјите да позајмуваат многу повеќе за време на пандемијата. Додека болеста беснее, што друго ќе правите? Прво се грижите за борбата против вирусот, а потоа ќе барате начин како да платите за тоа.

Пандемијата предизвикана од Ковид-19 доведе до најголемата економска криза што се случила од Големата депресија наваму, поголема и од Светската економска криза од 2009 година, и затоа кај сите земји во светот се проширува дефицитот за да се поттикне економската активност.

на платите, многу често преку различни шеми на субвенции. Меѓутоа, зголемените непредвидени трошоци во услови кога и јавните приходи се под ризик да ги остварат планираните таргети, наметнаа потреба од поголемо задолжување и продлабочување на буџетскиот дефицит годинава. Според последните податоци од вториот ребаланс којшто се уште е во собраниска процедура, минусот во државната каса до крајот на годината ќе достигне околу 920 милиони евра, што е 8,5% од БДП. Властите во првата половина од годината веќе се задолжија со издавање на еврообврзница од 700 милиони евра, а освен со одредени задолжувања и грантови од концесионалните кредитори, мал дел од дефицитот ќе се надополни и со домашно задолжување. Но, големото задолжување на крајот на мај, го зголеми јавниот долг над она што во нормални услови се сметаше за црвена линија и ја надмина границата од 60% од БДП што е всушност мастришки критериум. Овој податок ја испровоцира опозицијата да ги критикува властите за задолжувањата годинава со образложение дека потрошените пари не

ги дале очекуваните ефекти. Пратеникот Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на расправа на Комисија за финансирање и буџет нагласи дека економската состојба во Македонија е загрижувачка, а власта се луксузира наместо да им помогне на граѓаните. „Би сакал само да се осврнам на четвртиот сет на мерки. Не можеме да зборуваме за четвртиот сет, ако направиме компаративна анализа на претходните три сета на мерки. Заклучно со јуни, јавниот долг е на ниво од 6,5 милијарди евра, односно од јануари од почетокот на годината за само шест месеци сме се задолжиле милијарда евра и тоа е ноторен факт. Според Агенцијата за вработување сега имаме 150.000 регистрирани како невработени, активни баратели на работа наспроти 104.000 во јануари што јасно кажува дека бројот на невработени се зголемил галопирачки“, нагласи Стојаноски и додаде дека Македонија сега е високо задолжена земја надминувајќи ги Мастришките критериуми. Стојаноски истакна дека трите сета на мерки на владата претходно воопшто не помогнале, туку напротив само ја продлабочиле кризата.

извршна директорка на ММФ

дека мора да се потенцира дека овие препораки се само привремени додека светот не се избори со пандемијата. Би било погрешно да се каже дека ова се исправни полиѕики на долг рок и дека дефицитите и јавниот долг не се повеќе важни. Дури и во рамките на ММФ има спротивставени ставови. Додека извршната директорка Георгиева вели дека „не е време за балансирање на јавните финансии според книгите“, некои официјални лица сè уште инсистираат на штедење на земјите кои имаат долгови како планини. Задолжувањата сега дополнително ќе ја влошат ситуацијата и веројатно ќе наметне многу поконзервативен пристап кон фискалната политика во иднина. Така што иако штедењето како концепт сега е мртво, извесно е дека многу брзо може повторно да воскресне.

Долгот над црвената линија

Преземените фискални мерки во земјава досега, по својата суштина, не се разликуваат многу од мерките кои ги преземаат фискалните власти во глобални рамки. Имено, речиси стандарден пристап е фокусот да биде ставен на зачувувањето на работните места и спречувањето на поголем пад

главен економист во Светската банка

министер за финансии


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

8

COVER STORY

Од ММФ оценуваат дека поголеми инвестициски вложувања, во следниот период можат да помогнат да се зголеми потенцијалот за раст на економијата. Но, и во текот на ковид - кризата не смее да се заборави на структурните реформи коишто се предуслов за натамошниот долгорочен раст на економијата, сугерирале претставниците на ММФ на состанокот со Народната банка и Министерството за финансии деновиве. Тој посочи дека владата и покрај тоа продолжува Македонија да ја турка уште во поголеми долгови. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, пак, на општата расправа за ребалансот на собраниската Комисија за финансирање и буџет истакна дека пандемијата предизвикана од Ковид-19 доведе до најголемата економска криза што се случила од Големата депресија наваму, поголема и од Светската економска криза од 2009 година, и затоа кај сите земји во светот се проширува дефицитот за да се поттикне економската активност, додека проекциите за економските резултати се негативни. Министерот за финансии посочи дека во однос на економскиот раст за првите два квартала резултатот на земјава е -6,4%. Во регионот, Грција има пад од -8,5%, Словенија од -7,9%, Хрватска од -7,8%, Албанија од -6,3%, Бугарија од -4,2%, додека ако се земат предвид и европските земји падот на БДП во првото полугодие во Европската Унија изнесува - 6,4%, додека во Германија е -6,5%, во Хрватска -7,8%, во Словенија -7,9%, во Белгија -8,5%, во Австрија -8,9%, во Италија и Франција -12,1%, во Велика Британија -12,3% согласно Евростат. Во однос на буџетскиот дефицит, Бесими рече дека е проширен кај најголем број од светските економии со цел да се финансираат здравствените и економските мерки за надминување на оваа криза. Како примери ги посочи Норвешка, земја којашто традиционално има висок буџетски суфицит, просечно од над 7,6% од БДП во последните 10 години, годинава проектира буџетски дефицит.

И земјите во регионот проектираат високи буџетски дефицит: Црна Гора 10,4% од БДП, Албанија 8,4%, Србија 8,1%, Хрватска 8,1%, Косово 7%.

Четири пакети мерки

Македонските власти од почетокот на март досега, донесоа четири пакети антикризни мерки. Првиот сет мерки за прва помош на стопанството се донесе на средината на март заедно со здравствените мерки, а ги таргетираше трите најпогодени сектори во прво време, туризам, угостителство и транспорт, и сите коишто имаа запрена економска активност поради мерките на Владата со коишто најголем дел од бизнисите присилно се затворија. По прогласувањето на вонредната состојба, по десетина дена се донесе и вториот пакет мерки со кој Владата го прошири опсегот и одлучи да финансисра исплата на минамална плата за работниците што работат во фирми коишто имаат над 30% намалување на приходите без оглед во кој сектор делуваат. Во мај се донесе третиот пакет на мерки главно фокусиран на поддршка на поранливите категории на граѓани, со директна финансиска исплата за луѓето што имаат помали примања од минималната плата во земјата. Според податоците од Министерството за финансии, досега се исплатени околу 165 милиони евра врз основа на сите мерките, од кои околу 40 милиони евра поддршка за граѓаните и околу 125 милиони евра за фирмите. Сепак, тоа е само третина од проценетата вредност на овие мерки од околу 500 милиони евра.

БРОЈКИ

920

милиони евра ќе биде минусот во државната каса годинава, што е буџетски дефицит од 8,5% од БДП

60,3%

од БДП достигна јавниот долг на земјата во првата половина од годината

Потоа во октомври, се донесе четвртиот и најобемен пакет антикризни мерки. Вкупно 470 милиони евра се потребни за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки што се состои од 31 мерка, а парите ќе бидат наменети за помош на бизнисите и граѓаните со цел ублажување на последиците од економската криза предизвикана од Ковид пандемијата. „Нашето внимание е целосно насочено кон поддршка за работните места, кон невработените лица, социјално ранливите категории како што се пензионерите и граѓаните од други категории, самохрани родители итн. Четвртиот пакет мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

9 општествениот раст“, рече премиерот Зоран Заев. Како прва од четвртиот пакет мерки, Заев ја издвои мерката Поддршка за исплата на плати, која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември. Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал. „Вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра и за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година“, рече Заев. Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејности, односно трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги.

Да се зголемат јавните инвестиции

ММФ и Светска банка резимираа дека последиците од ковид-кризата врз економијата се видливи, но во голема мера ублажени преку навремените и соодветни монетарни и фискални мерки. Последно расположивите податоци покажуваат значително подобрување на состојбата на економијата, но јасно е дека неизвесноста е особено изразена. „Ова е карактеристично за вкупната глобална економија, чиешто закрепнување се потпира на фактори поврзани со јавното здравје и на економски фактори кои е тешко да се предвидат. Оттаму, потребно да се продолжи со постојано следење на состојбите, прилагодување на политиките и преземање навремени мерки. ММФ и натаму, секогаш кога има потреба и простор за тоа ќе испорачува поддршка за економиите“, пишува во заедничкото соопштени по виртуелниот состанок на годишните средби на ММФ и Светската банка, меѓу гувернерката Анита АнгеловскаБежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими и тимовите на Народната банка и Министерството за финансии со директорот на Одделот за Европа во ММФ, Алфред Камер, шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу и

резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле. На состанокот, се зборувало за предизвиците во претстојниот период, кога приоритет останува справувањето со здравствената криза, што ќе биде од суштинско значење за заштита на економијата и на јавните финансии. Според оцените на ММФ, важно ќе биде и во текот на следните месеци да се дава поддршка на економијата, а мерките да бидат добро таргетирани, да имаат привремен карактер и да се спроведуваат на транспарентен начин. Од ММФ оценуваат дека поголеми инвестициски вложувања, во следниот период можат да помогнат да се зголеми потенцијалот за раст на економијата. Но, и во текот на ковид-кризата не смее да се заборави на структурните реформи коишто се предуслов за натамошниот долгорочен раст на економијата, сугерирале претставниците на ММФ. Во контекст на закрепнувањето на македонската економија, од високите претставници на ММФ, одделно било посочено дека е од голема важност што финансиската стабилност постојано јакне и што постојано се работи и на унапредување на регулативата во оваа сфера. nnn


Капитал број 1081 22.10.2020

10

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

НЕПОДНОСЛИВАТА СПОСОБНОСТ НА ПАР

НАМЕСТО ДА СЕ ДА РАБОТАТ МО

ДА РАБ


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

11

РЛАМЕНТОТ ДА ЗАГЛАВИ ВО ТОЛКУВАЊА

Е КАРААТ КАКО ОЖЕА ПРОСТО

БОТАТ!

Нема ништо ново во фактот што власта и опозицијата во собраниските клупи не можат да најдат заеднички јазик за ниту едно прашање освен за оние со кои се зголемуваат или штитат личните бенефиции на функционерите или на самите пратеници. Но, тоа што во ек на пандемија наместо да се фокусираат на брза и ефикасна организација за непречено функционирање во интерес на граѓаните, тие сега се расправаат дали седниците да бидат со физичко присуство или онлајн, тоа навистина ги изненадува дури и оние кои секако одамна кренале раце од надежта дека конструктивната политика ќе ги победи евтините партиски калкулации.


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

12

ПОЛИТИКА

А како воопшто дојде до овој хаос? Додека едни пратеници (тие од власта) тврдат дека во интерес на општата безбедност најпрактично и несериозно е пратениците да работат преку онлајн седници, оние на власта велат дека тоа е безобразен предлог, оти во државата дури и хронично болните одат на работа. Од власта велат дека идејата на опозицијата е да се минира парламентарното мнозинство, оти тоа секако е тенко, па доколку немој пратеник се разболи практички ќе има застој на потребните законски измени и сл. Од опозицијата велат дека тоа е проблем на власта. Од власта велат дека опозицијата сака Парламентот да биде блокиран за да нема можност да се решава кризата со пандемијата и да има што поголем број на заразени и починати за тоа да се препише како владин неуспех, итн., итн... пишува:

Катерина Синадиновска

H

katerina.sinadinovska@kapital.mk

Нема ништо ново во фактот што власта и опозицијата во собраниските клупи не можат да најдат заеднички јазик за ниту едно прашање освен за оние со кои се зголемуваат или штитат личните бенефиции на функционерите или на самите пратеници (Закон за државни службеници, апанажи, патни трошоци...). Но, тоа што во ек на пандемија наместо да се фокусираат на брза и ефикасна организација за непречено функционирање во интерес на граѓаните, тие сега се расправаат дали седниците да бидат со физичко присуство или онлајн, тоа навистина ги изненадува и дури оние кои секако одамна кренале раце од надежта дека конструктивната политика ќе ги победи евтините партиски калкулации. Ако се има предвид дека се организираа предвремени парламентарни избори

токму за да се надмине ситуацијата со техничката Влада што се покажа како катастрофално решение оти беше поле за меѓупартиски мегдан навистина безобразно изгледа ситуацијата во којашто повторно се наоѓаат оправдувања за фактот што во вакви услови Парламентот, како клучна институција во државата, не е функционален. Граѓаните со право се револтирани и реагираат на овие бесмислици - поентата е проста и една, пратениците треба да работат и фокусот е тој, а не формата во којашто ќе си ги извршуваат задачите за коишто се платени од граѓаните.

Парламентот мора да функционира

А како воопшто дојде до овој хаос? Додека едни пратеници (тие од власта) тврдат дека во интерес на општата безбедност најпрактично и несериозно е пратениците да работат преку онлајн седници, оние на власта велат дека тоа е безобразен предлог, оти во државата дури и хронично болните одат на работа. Од власта велат дека идејата на опозицијата е да се минира парламентарното мнозинство, оти тоа секако е тенко, па доколку немој

пратеник се разболи практички ќе има застој на потребните законски измени и сл. Од опозицијата велат дека тоа е проблем на власта. Од власта велат дека опозицијата сака Парламентот да биде блокиран за да нема можност да се решава кризата со пандемијата и да има што поголем број на заразени и починати за тоа да се препише како владин неуспех, итн., итн... ДУИ на пример својот предлог за собраниските седници да може да се одржуваат и од далечина, го правда со објаснување дека не треба да се малтретираат пратеници што се веќе заболени да одат во Собранието само за гласање. Од партијата на Али Ахмети, како што наведоа и во партиско соопштение, сметаат дека Собранието треба да ја разгледа можноста за изменување и дополнување на Деловникот, во насока на прецизирање што всушност се подразбира со зборот „присуство“ на пратеници, без разлика дали е тоа физичко или онлајн. ДУИ бара од опозициските партии да го разгледаат овој предлог, со цел, како што велат, да се да се заштити здравјето на пратениците и администрацијата, а


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

13

ЈОВАН МИТРЕСКИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ

АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ

Како одговорни пратеници и како владејачко мнозинство нема да дозволиме нефункционалност на државата во борбата со Ковид-19. Не смееме да оставиме држава без донесен ребаланс на Буџет, потоа без донесен Буџет за 2021 година или други битни работи кои се од интерес на граѓаните, компаниите, економијата, институциите во вакви тешки моменти и за нас и за светот.

Потребна е само мала промена, поточно прецизирање во Деловникот што се подразбира под зборот ‘присуство’ - дали само физичко присуство или и онлајн. Да не ги измачуваме тие што се пациенти во моментот, да не ги носиме, со посебен третман, па да ризикуваме. Не сакаме да дојдеме во ситуација да блокираме битни процеси. Можно е во следниот период да се зголеми бројот на пратеници инфицирани со Ковид-19, и затоа не смее да се дозволи блокада на сите процеси.

Од уставно - правен аспект Собранието не може да работи и одлучува преку онлајн апликации, од едноставна причина што постои јасна уставна норма (чл.69) која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број на пратеници (ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество, а не присуство, како што прецизно е утврдено и со член 29 од Деловникот: Пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето).

истовремено да не се блокираат важните процеси за Северна Македонија. „Во сегашната регулатива на Собранието стои реченицата ’присуство’. ДУИ сака да прецизира дека присуството на пратениците во Собранието може да биде физичко или онлајн. Не смееме да дозволиме малтретирање на пратеници кои моментално се погодени од ковид-19, да не ги тераме преку посебен третман да доаѓаат на седници и потоа да ги загрозуваат сите други. ДУИ не сака Собранието да дојде во ситуација да блокира важни процеси“, се посочува во партиското соопштение. Од Демократската унија за интеграција бараат опозицијата да ја земе предвид компаративната анализа на состојбата во регионот и пошироко во ваква ситуација со ковид-19 и потсетуваат дека Владата веќе почна да ги одржува своите седници преку интернет. Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити смета дека всушност потребна е само мала промена, поточно прецизирање во Деловникот што се подразбира под зборот „присуство“ - дали само физичко присуство или и онлајн.

„Да не ги измачуваме тие што се пациенти во моментот, да не ги носиме, со посебен третман, па да ризикуваме. Не сакаме да дојдеме во ситуација да блокираме битни процеси", изјави Меџити, нагласувајќи дека е можно е во следниот период да се зголеми бројот на пратеници инфицирани со Ковид-19, и затоа не смее да се дозволи блокада на сите процеси“ вели тој. Со свои изјави околу функционирањето на парламентот во услови на епидемија денеска излегоа и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Заев уште еднаш апелираше да се изнајде решение за законодавниот дом да може да работи онлајн и Собранието да не остане надвор од системот. „Собранието е столбот на демократијата. Парламентот да биде надвор од системот ќе значи да не можат да се носат одлуките“, рече Заев. Министерот Филипче, пак, рече дека препораката законодавниот дом да работи онлајн не треба да се сфати како обид да се компромитира демократскиот или функционалниот капацитет на Собранието. „Искрено, сметам и мислам дека од

технички аспект тоа може да се изведе, нека утврдат службите и нека кажат и од законодавно - правен аспект дали може да се спроведе тоа. Исто така, верувам дека се сите свесни оти во периодот што доаѓа приоритет ќе биде заштита на здравјето“, вели Филипче. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски вели дека се работи за предлог за таканаречен комбиниран пристап. Така тој на координативната средба во Собранието ја објаснил потребата од промена на Деловникот, со цел да се воведе и работа од далечина. Негов предлог било тоа да се однесува по исклучок. „Тоа значи дека само оние пратеници кои се заболени или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, присуството на седниците на Собранието и на работните тела, да можат да ги извршуваат онлајн. И други парламенти во Европа усвоиле комбиниран пристап за работа во време на пандемијата. За да се воведе новина според која пратеници кои се во изолација ќе може да гласаат онлајн, не се потребни уставни измени, додека за измените што треба да се направат во Деловникот очекувам

координатор на пратеничка група на СДСМ

координатор на пратеничка група на ДУИ

пратеник, ВМРО - ДПМНЕ


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

14

ПОЛИТИКА

консензус со опозицијата. На граѓаните и во време на пандемија им се потребни институции со целосен капацитет“ вели тој, додавајќи дека: „Како одговорни пратеници и како владејачко мнозинство нема да дозволиме нефункционалност на државата во борбата со Ковид-19. Не смееме да оставиме држава без донесен ребаланс на Буџет, потоа без донесен Буџет за 2021 година или други битни работи кои се од интерес на граѓаните, компаниите, економијата, институциите во вакви тешки моменти и за нас и за светот“.

Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот.“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

А се работи ли воопшто на техничките подготовки?

За опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса-Алтернатива, пак, не е прифатливо да се воведат алтернативни модели за функционирање на законодавната власт во периодот на епидемија - сметаат дека е неодговорно. Поради кревкото мнозинство од 62 пратеници, со кое располагаат во Собранието, СДСМ и ДУИ предупредуваат дека може да биде доведено во прашање донесувањето на ребалансот на буџетот, но и мерки поврзани со битката против коронавирусот. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски повика на почитување на уставната норма, и на разлика меѓу термините „учество“ и „присуство“. „Од уставно - правен аспект Собранието не може да работи и одлучува преку онлајн апликации, од едноставна причина што постои јасна уставна норма (чл.69) која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број на пратеници (ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество, а не присуство, како што прецизно е утврдено и со член 29 од Деловникот: Пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето)“, напиша тој на својот Фејсбук профил. Тој смета дека од етички аспект би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за са си ја заработат платата. Милошоски смета дека со онлајн седници се воведува правна несигурност. „Кои било закони што би се изгласале на онлајн седници, а Уставот предвидува присуство, порано или подоцна може да паднат на Уставен суд“, порача тој. И додека пратениците се расправаат на новата хит - тема за поделби, дел од експертите сметаат дека дури и да постои согласност за начинот на работа, треба да се има предвид едно друго прашање, а тоа е дали има технички услови за тоа, односно дали е обезбедена соодветна информатичка и друг вид на потребна технологија. nnn

КАЛКУЛАЦИИ И ЗА СУШТИНСКИ ПРАШАЊА Во меѓувреме, бројот на новозаразени и починати постојано расте. Министерот за здравство Венко Филипче повика дека мерките за заштита од Ковид-19 што се во Собранието мора итно да се донесат. „Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави“, потенцира министерот Филипче. Тој смета дека нема повеќе време за одлагање и оти состојбата со вирусот е сериозна. „Истовремено им порачувам на граѓаните дека и постоечките мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат. Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секој од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата. Следат ризичните есенски и зимски месеци и барам високо ниво на свест и почит кон трудот на здравствените работници“, посочува министерот.


3

за сметки во МКД за сметки во ЕУР


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

16

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА МАКЕДОНСКА

ВО ГОДИНАТА ПРОМЕТОТ СО АКЦИ

Во периодот јануари – септември прометот со акции на Македонската берза изнесува 78 милиони евра и е за 78% поголем во однос на истиот период лани. Анализата покажува дека годинава прометот со акции во класичното тргување е најголем во последните 5 години. Истовремено,


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

17

АТА БЕРЗА ВО ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ

А НА КОРОНА, ИИ ПОГОЛЕМ ЗА 80%

само три акции од индексот МБИ-10 имаат пораст на цената во првите девет месеци: 5% на Алкалоид, 3,96% на Комерцијална банка, и за 2,2% акцијата на НЛБ Банка. Најголем пад имаат цените на акциите на Македонијатурист, од 29%, на ТТК Банка од 16,6% и Макпетрол, од 10,14%.


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

18

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

пишува:

Игор Петровски

В

igor.petrovski@kapital.mk

Вкупниот берзански промет по сите основи од почетокот на годината до 30 септември изнесува околу 113 милиони евра, што претставува зголемување од 24% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 91 милиони евра, покажува извештајот на Македонската берза за првите три квартали од 2020 година. Во тие рамки прометот со акции во БЕСТ системот во овој период изнесува околу 78 милиони евра и е за 78% поголем во однос на истиот период 2019 година. Анализата повторно, како и во првото полугодие, покажува дека годинава прометот со акции во класичното тргување е најголем во последните 5 години. Истиот тренд се забележува и кај просечниот дневен број на трансакции којшто во 2020 година изнесува 101, додека просечниот дневен промет во првите девет месеци од 2020 година изнесува околу 27 милиони денари (околу 440 илјади евра). Најголем дел од прометот со акции во класично тргување е остварен во месец март, од 23,5 милиони евра, кога беше всушност и најголемиот пад на цените на акциите на Берзата, предизвикан како последица од светската паника поради корона – кризата. Вкупниот промет во март месец по сите основи, изнесуваше 45,3 милиони евра, но тоа се должи пред сe’ на сумата од 17,5 милиони евра за којашто групацијата Граве од Австрија ја купи домашната осигурителна куќа Еуролинк, трансакција што помина како блок преку Берзата. Карактеристично за овој месец е што прометот е поголем за дури 4 пати од просечниот месечен промет со акции минатата, 2019 година. Ако одиме малку поназад во времето со „копањето“ на берзански податоци, ќе видиме всушност дека овие 23,5 милиони евра се најголемиот месечен промет во изминативе 10 години, а и подолго. Поголем месечен промет имало само во фамозната 2007 година, кога берзанското лудило по купување акции како на панаѓур, доведе до просечен месечен промет од над 40 милиони евра. Движењето на индексот МБИ10, што го мери општото ниво на цените на најликвидните десет акции на Македонска берза, по нагласената ценовна корекција во март (-22,47%) и априлската позитивна перформанса (+23,2%), во понатамошниот дел од годината регистрираше извонредно мала осцилаторност, за во септември повторно да се придвижи во нагорна линија (+6,60%) и на 30.09.2020 година да изнесува 4.485,18, што претставува доста благ пад од 3,52% на годишно ниво во однос на последната вредност на индексот на крајот на 2019 година.

Извор: Македонска берза

Извор: Македонска берза

Извор: Македонска берза


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

19

Извор: Македонска берза

Извор: Македонска берза

Извор: Македонска берза


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

20

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Во рамките на регионалниот проект на ЕБОР за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании, во кој учествува и Македонска берза, во септември беа објавени иницијалните инвестициски анализи за Комерцијална банка АД Скопје (со препорака Buy - купувај) и Алкалоид АД Скопје (со препорака Hold - чувај), подготвена од страна на консултантската компанија WOOD & Company. Објавувањето на овие анализи влијаеше на динамизирање на тргувањето со овие акции и нивните ценовни движења.

Само три акции пораснаа во првите три квартали

Инаку, анализата на движењата на поединечните акции од актуелниот состав на МБИ10 индексот во деветте месеци од 2020 година покажува дека само кај три акции се забележува пораст, додека кај останатите има надолна корекција на цените. Пораст од 5% за првите десет месеци има цената на акцијата на Алкалоид, 3,96% пораст има акцијата на Комерцијална банка, и за 2,2% акцијата на НЛБ Банка. Најголем пад имаат цените на акциите на Македонијатурист, од 29%, на ТТК Банка од 16,6% и Макпетрол, од 10,14%. Во анализата на Македонска берза се дава преглед и на промената на вредноста на најликвидните акции во последните пет години, па таму „шампион“ е акцијата на Макпетрол, со пораст од 278%, односно толкава е разликата на цената помеѓу 30.09.2020 и последниот ден од 2015 година. На второ место е акцијата на Комерцијална банка, со 201% раст, пред Стопанска банка – Скопје со 167%, итн. Најмал раст за пет години има акцијата на Македонијатурист, од само 3,9%. Самиот индекс МБИ-10 пак, за пет години ја има зголемено својата вредност за 2,4 пати, односно 140%. Пазарната капитализација на 30.09.2020 година на 100-те котирани компании бележи намалување од 0,11% во однос на 30.09.2019 година, односно намалување од 2,73% во однос на 30.12.2019 година. Пазарната капитализација на котираните компании на 30.09.2020 година во однос на бруто домашниот производ изнесува 26%. Овој берзански статистички индикатор ја покажува пазарната вредност на сите котирани компании на одреден ден, односно се добива како производ

на бројот на издадени акции на секоја компанија помножен со последната пазарна цена. Најтргувани хартии од вредност за период 01.01-30.09.2020 година беа акциите издадени од Комерцијална банка, со вкупен промет по сите основи од 32,81 милиони евра, потоа следат акциите издадени од Алкалоид со вкупен промет од околу 15,71 милиони евра и акциите на Макпетрол АД Скопје со вкупен промет од околу 9,01 милиони евра. Учеството на прометот остварен во БЕСТ системот на десетте акции во МБИ10 индексот во прометот со акции од класично тргување во БЕСТ системот за период од девет месеци во 2020 година изнесува 93%, што покажува доста голема концентрација на класичното тргување во овие акции.

Помала добивка на котираните компании

Во рамките на регионалниот проект на ЕБОР за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании, во кој учествува и Македонска берза, во септември беа објавени иницијалните инвестициски анализи за Комерцијална банка АД Скопје (со препорака Buy - купувај) и Алкалоид АД Скопје (со препорака Hold - чувај), подготвена од страна на консултантската компанија WOOD & Company. Објавувањето на овие анализи влијаеше на динамизирање на тргувањето со овие акции и нивните ценовни движења. Во првите девет месеци од 2020 година котираните 100 акционерски друштва преку СЕИ-Нет објавија 1674 информации во врска со собранија на акционери, одлуки на органите на управување, финансиски извештаи и други ценовно чувствителни информации. Во третиот квартал од 2020 година, котираните компании објавија

вкупно 428 објави на СЕИ-Нет. До крајот на август беа објавени и финансиските резултати на котираните компании за првата половина од 2020 година. Од 100 котирани компании, 64 регистрирале добивка, 33 загуба, додека 3 компании не доставиле финансиски извештај. Вкупната прикажана добивка на котираните компании за периодот I- VI 2020 година е намалена за околу 18% споредено со истиот период лани.

Новитети во правилата за котација

Во третиот квартал од годината се извршија измени на Правилата за котација на Берзата со кои се воведени повеќе новитети што ќе ја зајакнат достапноста и транспарентноста на податоците за работењето на котираните компании, при што особено се истакнуваат следните: u Воведен е годишен календар на настани во кој ќе бидат прецизирани неделите од годината во кои ќе вршат јавни објави на финансиски извештаи и/или други битни настани поврзани со работењето на котираните друштва; u Извршено е општо скратување на роковите за објава на финансиските извештаи, согласно најдобрите европски и регионални пракси; u Воведена е „Листа за набљудување“ која е јавно достапна на Интернет страницата на Берзата и на којашто во иднина ќе се внесуваат издавачи за кои Берзата смета дека треба да и се обрне внимание на инвеститорската јавност поради посериозно непостапување на издавачот, согласно Правилата за котација или поради други специфични ситуации поврзани со хартиите од вредност или со издавачот. nnn



Капитал број 1081 22.10.2020

22

ИНТЕРВЈУ

Од почетокот на годината, бројот на клиенти кои користат електронско банкарство, кај физичките лица се зголеми за 110%, додека кај правните лица за 22%. Појавата на пандемијата го забрза трендот на дигитализација и промена на навиките на клиентите да чекаат пред шалтерите на банките. Во овие услови дигиталните алатки ја доживееја својата експанзија и не само поради едноставноста што ја овозможуваат, туку и поради сите останати погодности кои ги нудат, а се однесуваат на извршување на секојдневните обврски.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

ВИКТОР ФИЛИПОВСКИ

23

ДИРЕКТОР НА ДИРЕКЦИЈА КОРПОРАТИВНО БАНКАРСТВО ВО УНИБАНКА

ПАНДЕМИЈАТА ЈА ЗАБРЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА: ДВОЈНО СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА КЛИЕНТИ ШТО КОРИСТАТ Е - БАНКАРСТВО разговара:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

XГ-не X Филиповски, колку пандемијата влијаеше врз користењето на е-услугите на УНИБанка? Појавата на пандемијата значително го зголеми користењето на е-услугите на УНИБанка АД Скопје во секојдневното функционирање на компаниите и физичките лица. Банката веќе подолго време и пред пандемијата во континуитет работи на унапредување на корисничкото искуство на клиентите при користење на е-услугите и ги следи новите технологии за дигитализација за извршување на плаќањата. Клиентите веќе препознаваат дека дигиталните плаќања овозможуваат брзина, сигурност, заштеда на време и секако значително пониски провизии во споредба со оние кои ги нудат традиционалните методи на плаќања. XИмате X ли податоци за тоа за колку проценти се зголеми користењето на електронското банкарство кај физичките и правните лица изминативе неколку месеци? Од почетокот на годината, бројот на клиенти кои користат електронско банкарство, кај физичките лица се зголеми за 110%, додека кај правните лица за 22%. Појавата на пандемијата го забрза трендот на дигитализација и промена на навиките на клиентите да чекаат пред шалтерите на банките. Во овие услови дигиталните алатки ја доживееја својата експанзија и не само поради едноставноста што ја овозможуваат, туку и поради сите останати погодности кои ги нудат, а се однесуваат на извршување на секојдневните обврски. Од почетокот на кризата како што и претходно напомнав, значително е зголемено користењето на електронското банкарство на

постоечките клиенти, зголемен е и бројот на нови корисници на електронско и мобилно банкарство и бројот на активни корисници. XКои X се најчестите услуги што вашите клиенти ги користат по електронски пат? Кај кои услуги се забележа најголем пораст во користењето изминативе месеци? Најчесто користени услуги се електронското и мобилното банкарство, преку кои компаниите можат да ги извршуваат сите денарски и девизни плаќања како и да имаат постојан увид во своите сметки во Банката. Покрај користењето на стандардните услуги се повеќе се користат и останатите напредни услуги кои ги нуди електронското и мобилното банкарство на УНИ Банка, како што се отворање на сметки, креирање на депозити, надополнување на депозитите во секое време, затварање на достасан долг по кредитна картичка и многу др. поволности. Покрај електронското и мобилното банкарство и останатите е-услуги кои ги нуди УНИ Банка бележат тренд на забележителен пораст. Во услови на пандемија зголемен е и бројот на поднесени барања за виртуелни пос- терминали. Процентуално, побарувачката за истите е зголемена за 60% во однос на поднесени барањата за истиот период во 2019 година. Самата состојба ја наметнува потребата, трговците да овозможат уште еден канал за продажба преку своите веб продавници, се со цел да бидат блиску до купувачите, а воедно им овозможат на своите клиенти целосна сигурност и заштита. Инаку би сакал да напомнам дека УНИ Банка е прва банка на пазарот која ја има добиено лиценцата за е-трговија од страна на Меѓународните картични организации, ги има обезбедено сите безбедносни сертификати за услугата и воедно е лидер во банкарскиот сектор

по број на регистрирани виртуелни ПОС Терминали. Во овој период зголемена е и побарувачката за физички ПОС Терминали. УНИ Банка во својата мрежа на терминали, располага со ГПРС ПОС терминали (статични и мобилни), кои поддржуваат и плаќање со бесконтактни картички (contactless) од брендот Mastercard и Visa - брзо и лесно плаќање со едноставно доближување на картичката до ПОС терминалот. Во услови на пандемија особено расте побарувачката за мобилните ГПРС терминали кои се карактеристични за компаниите кои вршат испорака на продукти до врата на купувачите. Едноставноста, брзината и сигурноста која ја нудат сите споменати дигитални сервиси, според корисничкото искуство кое го имаме како повратна врска од нашите клиенти е на високо ниво. XДали X се забележа повторно враќање кон користење на услугите во самите експозитури откако се укинаа вонредните мерки, или добар дел од граѓаните и компаниите ја задржаа навиката своите активности со банката да ги извршуваат по електронски пат? Не би рекол дека имаме тренд на повторно враќање кон традиционалните ,,хартиени,, начини на плаќање, но независно од пандемијата се’ уште постојат клиенти кои плаќањата ги извршуваат на шалтерите во експозитурите. Периодов беше забележан пораст на бројот на клиенти во експозитурите, што се должи на клиенти кои своите готовински плаќања ,,традиционално,, ги прават во поштенските експозитури, кои поради состојбата со Еуростандард Банка АД Скопје, сега се затворени. Би се сложил со вас дека постои и еден сегмент од клиенти кои имаат континуирана навика за користење


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

24

ИНТЕРВЈУ Банката дополнително направи корекција во својата тарифа, преку која драстично ја намали цената, односно провизиите за плаќањата преку електронското и мобилно банкарство. Дополнително, во таа насока, креиравме пакети за физички и правни лица. Преку овие пакети, за физичките лица по една цена од 99 денари месечно добиваат неограничен број на плаќања преку електронското и мобилното банкарство, смс известување и неограничен број на повлекување на средства од банкоматите на сите банки во земјата и сето тоа без дополнителен надомест., вели Филиповски.

ВОВЕДОВМЕ ДВА НОВИ Е-ПАКЕТИ ЗА КОМПАНИИТЕ УНИБанка од 01.09.2020 година пласираше нови два Е-пакети со кои компаниите заштедуваат значителни трошоци од една страна, а притоа ја користат удобноста, ефикасноста и сигурноста во работењето преку електронското банкарство од друга страна. Секоја компанија многу едноставно може да го направи изборот на пакетот во зависност дали работи повеќе денарски или денарски и девизен платен промет. Клиентите плаќаат една провизија месечно за сите продукти кои се опфатени во Е-пакетот. Накратко, двата пакети се без месечен трошок за одржување на сметката, неограничени интерни плаќања без надомест, денарски плаќања преку КИБС (20 плаќања без надомест), МИБС (5 плаќања без надомест), додека Е-ПАКЕТ+ овозможува неограничени девизни приливи и 3 девизни плаќања без надомест.

на банкарските услуги со посета на експозитурите. Како Банка, активно работиме со овој тип на клиенти, преку различни промоции, маркетинг кампањи па и директни разговори, со цел да им ги доближиме сите предности кои ги имаат со користење на електронското банкарство. Во таа насока, Банката дополнително направи корекција во својата тарифа, преку која драстично ја намали цената, односно провизиите за плаќањата преку електронското и мобилно банкарство. Дополнително, во таа насока, креиравме пакети за физички и правни лица. Преку овие пакети, за физичките лица по една цена од 99 денари месечно добиваат неограничен број на плаќања преку електронското и мобилното банкарство, смс известување и неограничен број на повлекување на средства од банкоматите на сите банки во земјата и сето тоа без дополнителен надомест. За правните лица, креиравме два пакети, Е-Пакет и Е-Пакет +, зависно дали компанијата работи денарски или денарски и девизен платен промет, по наjатрактивни цени од 990 ден односно по 1.990 денари. XОбјаснете X ни малку повеќе околу двата бизнис пакети за е – банкарство за правни лица што ги воведовте: какви придобивки ќе бидат тоа за клиентите и во што е нивната уникатност на пазарот? УНИБанка од 01.09.2020 година пласираше нови два Е-пакети со кои компаниите заштедуваат значителни трошоци од една страна, а притоа ја користат удобноста, ефикасноста и сигурноста во работењето преку електронското банкарство од друга страна. Секоја компанија многу едноставно може да го направи изборот на пакетот во зависност дали работи

повеќе денарски или денарски и девизен платен промет. Клиентите плаќаат една провизија месечно за сите продукти кои се опфатени во Е-пакетот. Накратко, двата пакети се без месечен трошок за одржување на сметката, неограничени интерни плаќања без надомест, денарски плаќања преку КИБС (20 плаќања без надомест), МИБС (5 плаќања без надомест), додека Е-ПАКЕТ+ овозможува неограничени девизни приливи и 3 девизни плаќања без надомест. Е-Пакетите за правни лица во промотивната кампања би рекол со право ги нарековме УНИКатни, бидејќи ваков вид на пакети се појавуваат за првпат на банкарскиот пазар кај нас. Креирање на Е-пакетите е само потврда дека УНИБанка го следи трендот за дигитализација и современите потреби на компаниите во поедноставување и минимизирање на трошоците при нивното работење. Главните придобивки на Е-пакетите се во тоа што клиентите повеќекратно ги намалуваат своите банкарски трошоци во тековното работење и истите се едноставни, и по содржина и по цена, така што самиот клиент може да направи соодветен избор за Е-пакет во зависност од своите потреби. XКои X се вашите очекувања од овие два бизнис пакети за правни лица? Поучени од искуството и ефектот кој се постигна со растот на бројот на корисници на електронското банкарство кај физички лица, особено по воведувањето на пакетот кај истите, очекуваме истиот ефект да се постигне и кај правните лица. Пакетите се создадени водејќи се од идејата за дигитализација и пренасочување на клиентите од традиционално кон електронско банкарство и сите бенефити кое тоа им го овозможува. Појавата на пандемијата ја истакна потребата за дигитализација и заштеда на трошоците кај компаниите. Изборот на еден од Е-пакетите го овозможува токму тоа. XКако X планирате во блиска иднина да го максимизирате процентот на клиенти (физички и правни лица) што редовно користат е – банкарство? Не застануваме тука. Продолжуваме со постојан развој во дигитализација на сите процеси и продукти во Банката. Воведуваме новитети, со кои го подобруваме корисничкото искуство на сите наши сегашни и идни клиенти. Континуирано инвестираме во човечки ресурси во банката, одржуваме комуникацијата со нашите клиенти со цел нивно постојано следење и финансиско советување. Развивме ВЛОГОСФЕРА која е достапна на веб страната на банката, како едукативен програм-водич за користење на е-банкарството, со видеа кои во детали ги појаснуваат сите функционалности на е-банкарството. Од скоро време пуштен е во функција современ Контакт-центар на Банката, чија основна улога е изнаоѓање на брзи и соодветни решенија за клиентите за сите производи на банката. Крајна цел е клиентот во УНИ Банка да препознае една модерна дигитална Банка и партнер во неговото работење. nnn



Капитал број 1081 22.10.2020

26

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА КЕЈТ БРНЗ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА „АЛКАЛОИД“

САМО ИЗВОЗОТ НА ЧАЕВИ ВО САД ВРЕДИ ПЕТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ Во изминатите 15 години компанијата има воспоставено успешна соработка со американски компании специјализирани за производство и дистрибуција на чаеви и природни лековити производи, како реномираната ,,АВЕДА“, членка на групацијата „Есте Лаудер“, компаниите „Арбон Интернационал“ и ,,Свансон“ кои во 2019 година надминаа извоз во САД од 5 милиони американски долари, со тенденција за раст.


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

27

Амбасадорката Кејт Брнз ги посети и најновите проширени производствени капацитети за чија изградба и опремување компанијата неодамна вложи над 11 милиони евра и чие комплетно пуштање во функција се очекува во претстојниов период.

Д

Делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави предводена од нејзината екселенција, Амбасадорката Кејт Мери Брнз изминатава недела оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. За време на посетата, високите дипломатски претставници беа запознаени со резултатите од работењето на компанијата, нејзините пласмани и производните операции. Беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира низ годините, како и извозните активности кои се еден од клучните сегменти од корпоративната политика на компанијата. Акцентот на посетата беше ставен на долгогодишната успешна соработка на компанијата со Соединетите Американски Држави каде ,,Алкалоид АД“ Скопје во 2005 година основаше своја подружница со седиште во Њу Олбани, Охајо. На

ваквиот деловен потег му претходеше успешната деловно-техничка соработка со реномирани компании од САД, трасирани пред повеќе од 5 децении. Во моментов, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании со кои има различни форми на соработка, како лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи.

Петнаесет години успешна соработка со компании од САД

Од деловните потфати во САД, особена гордост за „Алкалоид“ се пласманите на чаевите од програмата „Good Nature“. Во изминатите 15 години компанијата има воспоставено успешна соработка со американски компании специјализирани за производство и дистрибуција на чаеви и природни лековити производи, како реномираната ,,АВЕДА“, членка на групацијата „Есте Лаудер“, компаниите „Арбон Интернационал“ и ,,Свансон“ кои во 2019 година надминаа извоз во САД

од 5 милиони американски долари, со тенденција за раст. Амбасадорката Брнз го истакна своето задоволство од успешното работење на „Алкалоид“ а особено беше фасцинирана од обиколката на производните капацитети на компанијата, како и високото ниво на технолошка опременост и човечкиот капитал кој управува со процесите. На темата човечки капитал, Амбасадорката Брнз особено се интересираше за предизвиците со кои компанијата се соочува при регрутација на нови кадри, нивната обученост, способности и вештини кои се потребни да ги поседуваат заради спецификите на дејноста. Г-ѓа Брнз имаше чест да ги посети и најновите проширени производствени капацитети за чија изградба и опремување компанијата неодамна вложи над 11 милиони евра и чие комплетно пуштање во функција се очекува во претстојниов период. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

28

СВЕТ

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

КОМПАНИИТЕ ОД СЕКТОРОТ „ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА“ ЌАРИЈА ОД ПОДОБРИТЕ ПРОГНОЗИ ЗА БАЈДЕН


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

29 Пазарите беа релативно стабилни во текот на изминатата недела. Нема поголеми геополитички поместувања што би го диктирале темпото на пазарите, изборите во САД во моментов не влијаат значително на пазарите бидејќи се воспоставени односите, процените на пазарот се дека Бајден има подобри можности, затоа наградија одредени сектори (зелена енергија, снабдување, делумно индустрија, итн.) со премии, а други со намалување на процените (особено енергијата). Деловните резултати беа актуелни минатата недела и пазарот најчесто ги наградуваше акциите на компании кои ги надминаа очекувањата. Добрите резултати би било тешко да се концентрираат на одредена индустрија, но можеме да кажеме дека негативен одговор се имаше главно на акциите на банките, бидејќи одолговлекувањето на новите стимулативни мерки и ниските каматни стапки го засилуваат стравот од силен раст на лошите кредити. Генерали Инвестментс (редакциска опрема Капитал)

М

Минатата недела видовме брз пораст на бројот на заразените со Ковид-19, буквално насекаде во Европа и САД. Како резултат на тоа, состојбите во економиите на развиениот свет нагло се влошија, бидејќи границите се приближија до нивоата на пролетта оваа година. Поради ова, ограничувањата ќе имаат големо влијание врз економијата во последниот квартал од оваа година и можеме да очекуваме дека мерките веројатно ќе се одолговлечат, барем делумно, во првиот квартал на 2021 година, сметаат аналитичарите на инвестициската куќа Генерали Инвестментс. Услужниот сектор повторно ќе биде најтешко погоден, од којшто може да се очекуваат многу слаби резултати и таму повторно ќе треба да се насочува државната помош, велат од Генерали. Она што е за очекување е дека стимулативните мерки ќе продолжат во следните месеци или онаму каде што се истечени да се изврши нивно продолжување. Во САД се нудат околу 2.500 милијарди долари помош, но веројатноста за предизборен договор останува под 50%. На спротивната страна е индустријата каде состојбата е релативно добра, но сепак ќе биде тешко за истата да го задржи ова ниво долго време, поради опаѓачкиот услужен сектор. Светлината на крајот од тунелот ја покажува Кина, каде економијата продолжува да закрепнува, економските податоци се добри и практично нема инфекции, барем според официјалните податоци. Меѓутоа, ако Европа и САД успеат да го ограничат бројот на заразени, закрепнувањето може да биде побрзо од очекуваното. Зачекоривме посилно во сезоната на деловни објави за третиот квартал. Досега, освен во банкарскиот сектор, резултатите се охрабрувачки и претежно позитивно ги изненадуваат инвеститорите. Особено минатата недела се издвои Европа, каде

Досега, освен во банкарскиот сектор, резултатите се охрабрувачки и претежно позитивно ги изненадуваат инвеститорите. Особено минатата недела се издвои Европа, каде пониските очекувања овозможија поцврсти повисоки резултати, а со тоа и позитивен одговор на пазарите.

Не можеме да го занемариме најважниот настан оваа есен, а тоа се изборите во САД. Анкетите во моментов предвидуваат победа за Бајден и оваа информација е вклучена во реакциите на пазарите. Како резултат, акциите поврзани со зелената енергија растат во последните неколку недели, бидејќи се очекува огромна финансиска поддршка за зелените извори на енергија на штета на нафтената индустрија.


Капитал број 1081 22.10.2020

30

www.kapital.mk

СВЕТ

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ФОКУС КОН ИНДУСТРИИТЕ КОИ ПОДОБРО БИ ЈА ПРЕЖИВЕАЛЕ ОВАА КРИЗА Историјата нè учи дека индустриите со многу високи процени имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија. Состојбите на светските економии се различни и неизвесната есен ветува зголемена нестабилност, а трендот на раст на пазарите, главно како резултат на технолошките акции, може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Повторно ги задржуваме старите препораки. Некои индустрии и акции се многу преценети, но со скапи обврзници и негативни приноси од банкарските производи, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Сепак, не е време за екстремности во портфолијата, бидејќи можеме да очекуваме подобри можности за купување во наредните недели, велат портфолио менаџерите на Генерали. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолијата. Препорачливо е да се диверзифицираат средствата во портфолијата и да се распределат во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка како за обврзниците така и за акциите продолжува, а интересите на инвеститорите за акциите од технолошкиот сектор се големи, но претпазливоста не е излишна поради високите вреднувања. Исто така, вреди да се погледне надвор од технолошкиот сектор, бидејќи можностите и пред сè значително пониските процени се појавуваат на друго место. Историјата нè учи дека индустриите со многу високи процени имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија. Состојбите на светските економии се различни и неизвесната есен ветува зголемена нестабилност, а трендот на раст на пазарите, главно како резултат на технолошките акции, може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се преценети и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење за намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. За трпеливите инвеститори, ова е веројатно време да се зголеми изложеноста кон оние сегменти на пазарот каде што вреднувањата не се превисоки.

пониските очекувања овозможија поцврсти повисоки резултати, а со тоа и позитивен одговор на пазарите.

Најголеми промени се очекуваат во енергетиката

Но, не можеме да го занемариме најважниот настан оваа есен, а тоа се изборите во САД. Анкетите во моментов предвидуваат победа за Бајден и оваа информација е вклучена во реакциите на пазарите. Како резултат, акциите поврзани со зелената енергија растат во последните неколку недели, бидејќи се очекува огромна финансиска поддршка за зелените извори на енергија на штета на нафтената индустрија. Доколку победи Бајден, се очекува поголем притисок врз технолошките гиганти кои се монополисти, како и притисок за поевтин и подостапен здравствен систем. Но, како што е веќе видено многу пати до сега, на крајот, сè заглавува кај финансирањето. Дури и минатите реформи на демократите не ги променија значително здравствените трендови и секоја подлабока реформа ќе има големо влијание особено врз компаниите за здравствено осигурување. Во секторот технологија каде што најголемите сопственици и најбогати луѓе претежно ги поддржуваат демократите, не се очекува брза акција. Така, реално е да се очекуваат најголеми промени во областа на енергетиката. Се претпоставува дека многу од наведеното е веќе вкалкулирано во сегашните нивоа на цени на акции, но некои акции би можеле да се најдат под притисок доколку победи Трамп. Како што знаеме, анкетите беа неверодостојни во последниве години, а американскиот изборен систем, со својата непредвидливост, ја насочува борбата кон неколку клучни држави (Флорида, Ајова, Пенсилванија, Аризона итн.). Како резултат, изборниот исход е понепредвидлив отколку што покажуваат неодамнешните анкети. Пазарот на капитал се осигури минатиот месец дека секој резултат што брзо ќе доведе до јасен изборен резултат ќе биде добар. Да илустрираме со логиката рулет, не е важно дали ќе биде црвена или црна боја, важно е да не биде зелена (нула) каде што куќата ги зема сите облози. Во нашиот случај, „нула“ е нерешен резултат кој што ќе се пренесе кон судовите и уште поголема поларизација на американското општество. Кој и да биде претседател, ќе мора да дејствува многу брзо заради корона кризата, стимулативните мерки ќе биде потребно да се искоординираат и да се донесат преку Конгресот и Сенатот. Федералните резерви исто така ќе мора да помогнат. Не треба да очекуваме значителни промени во надворешната политика, особено во однос на Кина, но политичката реторика ќе се смири во случај на победа на Бајден, што значи помалку „твитови“ и повеќе активности зад затворени врати. Очекувањата се дека тогаш односот меѓу САД и партнерите или конкурентите, како пред 5 или 10 години, ќе биде илузија.


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

31 Стравот од поголемите лоши пласмани ги брка инвеститорите од банките

Пазарите беа релативно стабилни во текот на изминатата недела. Нема поголеми геополитички поместувања што би го диктирале темпото на пазарите, изборите во САД во моментов не влијаат значително на пазарите бидејќи се воспоставени односите, процените на пазарот се дека Бајден има подобри можности, затоа наградија одредени сектори (зелена енергија, снабдување, делумно индустрија, итн.) со премии, а други со намалување на процените (особено енергијата). Деловните резултати беа актуелни минатата недела и пазарот најчесто ги наградуваше акциите на компании кои ги надминаа очекувањата. Добрите резултати би било тешко да се концентрираат на одредена индустрија, но можеме да кажеме дека негативен одговор се имаше главно на акциите на банките, бидејќи одолговлекувањето на новите стимулативни мерки и ниските каматни стапки го засилуваат стравот од силен раст на лошите кредити. Но, најголемиот дел од резултатите допрва следува. Она што може да се заклучи од досега објавените резултати

Светлината на крајот од тунелот ја покажува Кина, каде економијата продолжува да закрепнува, економските податоци се добри и практично нема инфекции, барем според официјалните податоци. Меѓутоа, ако Европа и САД успеат да го ограничат бројот на заразени, закрепнувањето може да биде побрзо од очекуваното. е многу добра работа на компаниите во сегментот на купување преку Интернет, работа од дома, нега и основни стоки за широка потрошувачка. Во последните денови германската автомобилска индустрија беше изненадена од добрата продажба на електрични возила, што е позитивен сигнал. Повторно, акциите на услужните сектори беа погодени,

бидејќи заострувањето на карантините е лошо за бизнисот и инвеститорите бегаат од овие инвестиции. Иако дел од овие инвестиции изгледаат навидум евтино, сепак проценуваме дека е потребна дополнителна претпазливост со овие инвестиции, бидејќи новиот бран карантини само што започна и нивното траење не е познато. nnn

#РамкаЗаПомош

Металот е нашата природа!

www.metalpromet.com +389 32 630 370

info@metalpromet.com

#ЗаедноМожеме


Капитал број 1081 22.10.2020

32

www.kapital.mk

КОВИД - 19

ПРИЧИНИТЕ ЗОШТО ЈАПОНИЈА ИМА ТОЛКУ МАЛК

РЕВНОСНА ХИГ ЗДРАВСТВО И ВИСО

Поради пандемијата на коронавирусот, повеќе внимание од било кога се посветува на свесноста за хигиена на индивидуално, како и на општествено ниво ширум планетава. Мегалополисот Токио со своите без малку 15 милиони жители извонредно ги решава и двата аспекти. Оттаму не е ни чудно што градот, односно Јапонија има 16 пати помалку заболени од Ковид на еден милион жители во однос на Македонија, и дури 32 пати помалку починати.


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

33

КУ ИНФИЦИРАНИ И ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС

ГИЕНА, ДОБРО ОКА ТЕХНОЛОГИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

34

КОВИД - 19

Луѓето низ цел свет денес носат маски на лицето за да се заштитат од заразата со Ковид – 19. Во Јапонија, меѓутоа, навиката за носење маски со цел спречување инфекции датира уште од деновите на епидемијата на Шпанскиот грип, која што траела од 1918 до 1920 година. Различните методи на контрола на ширењето на заразата спроведувани од тогашните власти – според документите на Централното санитарно биро на јапонското Министерство за внатрешни работи – вклучувале и носење маски во возовите, како и покривање на устата со шамиче при кашлање, што во голема мера личат на мерките пропишани денес, пишува Reuters. Дури и тогаш, праксата на носење маски била вкоренета во Јапонија, со тоа што тие биле носени превентивно за обична настинка, сезонски грип, алергиски ринитис, и еве денес за Ковид 19. Покрај тоа, различни хигиенски практики биле нашироко применувани како противмерки за заразните болести.

М

Македонија е земја со помалку од два милиони жители и досега има преку 24.000 регистрирани случаи на зараза од Ковид – 19 и 850 починати. Или, 11.614 инфицирани и 408 починати на еден милион жители. Според овој трагичен биланс сме на неславното 20-то место во светот, ако е за утеха, развиените земји САД, В. Британија, Италија, итн., се полоши од нас. Но, да ги оставиме сега државите од богатиот Запад коишто катастрофално се справија со пандемијата, да одиме малку на исток, поточно на Далечниот Исток, во Јапонија, која што има 126 милиони жители и вкупно 93.480 инфицирани од коронавирус досега, или за да можеме објективно да споредиме, 740 на еден милион жители (16 пати помалку од нас). Починати како последица на вирусот има 1.676 или 13 на еден милион жители (32 пати помалку од нас).

Како оваа густо населена земја успеа да го стави коронавирусот под контрола и да бележи толку мали бројки на инфицирани и починати? Причините, како што пишува Reuters, се повеќеслојни, а основата е ревносното, да не кажеме френетично одржување на хигиената во оваа земја, нешто што е вкоренето во културата и традицијата на Јапонците со децении наназад. Сето тоа во комбинација со високата технологија и јавно – приватните партнерства на сите нивоа, овозможува окружување максимално безбедно за здравјето на популацијата. Преку примерот на главниот град Токио, ќе објасниме што всушност се случува. Луѓето низ цел свет денес носат маски на лицето за да се заштитат од заразата со Ковид – 19. Во Јапонија, меѓутоа, навиката за носење маски со цел спречување инфекции датира уште од деновите на епидемијата на Шпанскиот грип, која што траеше од 1918 до 1920 година. Различните методи на контрола на ширењето на заразата спроведувани од тогашните власти – според документите

на Централното санитарно биро на јапонското Министерство за внатрешни работи – вклучувале и носење маски во возовите, како и покривање на устата со шамиче при кашлање, што во голема мера личат на мерките пропишани денес, пишува Reuters. Дури и тогаш, праксата на носење маски била вкоренета во Јапонија, со тоа што тие биле носени превентивно за обична настинка, сезонски грип, алергиски ринитис, и еве денес за Ковид 19. Покрај тоа, различни хигиенски практики биле нашироко применувани како противмерки за заразните болести. Тука влегуваат одредени навики – како миењето раце пред секој оброк и правење гаргара за дезинфекција после играњето надвор – на коишто биле учени децата уште во градинка, исто како и обичаите за собување на чевлите пред да влезете во просторија, обезбедување на топли влажни крпи во рестораните и баровите, како и темелното бришење на масите во овие објекти, но и во домаќинствата. Овој концепт на хигиена е главниот фактор за целокупното одржување


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

35

Вообичаена активност во земјата е доброволното собирање на отпадоците, како што сме имале прилика да видиме кога тоа го прават јапонските навивачи насекаде низ светот. Насекаде низ Јапонија организирани доброволци чистат јавни површини, паркови, училишта, итн.

на јавното здравје во Јапонија. Друга вообичаена активност е доброволното собирање на отпадоците, како што сме имале прилика да видиме кога тоа го прават јапонските навивачи насекаде низ светот. Насекаде низ Јапонија организирани доброволци чистат јавни површини, паркови, училишта, итн. Една од организациите што редовно спроведуваат вакви активности е Ishintai UNESCO Club, при што луѓето еднаш во месецот го чистат ѓубрето во околината на нивните домови, но и насекаде. Сега, поради рестрикциите за групирање предизвикани од Ковид кризата, волонтерите работат самостојно, по што известуваат онлајн за нивните активности.

Миењето раце е религија

Како дошло до ваква свесност за хигиената во Јапонија? Според Осаму Куниџи, глобален експерт за заразни болести, школите во Јапонија ги учат децата како да ги мијат правилно рацете и да го чистат своето окружување. „Иако сум патувал во повеќе од 130 земји досега како консултант за борба

против заразни болести, сум увидел дека многу малку земји всушност имаат изградено толку ревносно однесување кога станува збор за хигиената. Многу малку отпор има во земјата за носењето маски со цел заштита од грип или настинка. Пријателите што доаѓаат од надвор често се изненадени од тоа колку е чист Токио и покрај огромната густина на населеност, а особено се чисти јавните површини и објекти. Миењето раце не е ефективно само против Ковид – 19, туку и за превенција од многу други заразни болести. Студиите покажале дека во земјите во развој, миењето раце може значително да ја редуцира дијареата, белодробните воспалувања, но и смртноста од нив за повеќе од 50%. Во Африка, наместо препишување лекарства, практиките на миење раце, копање бунари за чиста вода и изградбата на тоалети се повеќе ефективни во спасувањето на детски животи и затоа сега се имплементираат.“, вели Куниџи. Тој исто така ја истакнува и улогата на медицинските сестри од јавното здравство коишто работат во јапонските

јавни здравствени центри, како и улогата на локалните власти. „Медицинските сестри имаат голем придонес во превенцијата и контролата на заразните болести во Јапонија, како и за подигањето и одржувањето на свеста за хигиената и соодветното однесување. Конкретно, тие ги разбираат проблемите и потребите на секој реон и реагираат во блискост со жителите. Реткост е во светот да се прават такви цврсти напори и да се обезбедува високо квалитетна услуга на општинско ниво. Ваквиот пристап на ниво на локалната власт, во комбинација со ревносно придржување кон хигиенските навики на индивидуално ниво, е клучно во превенцијата на заразните болести како што е короната.“ додава тој. Освен обичаите поврзани со личната хигиена, и технологијата е уште еден незаменлив фактор во одржување на јавното здравје во Јапонија. „Кога се обезбедуваат технолошки услуги, трите најважни работи се концептите на open source, open data и civic tech: тоа значи да се објасни од каде доаѓа информацијата, на пример


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

36

КОВИД - 19

Токио активно ја користи технологијата среде пандемијава. Во хотелите што ги изнајми владата за сместување на асимптоматските пациенти и оние со поблаги симптоми, покрај хотелскиот персонал и медицинските сестри што работат во карантинска средина, ангажирани се и роботи за чистење, но и роботи што посакуваат добредојде. статистичките податоци, потоа да се достави таа информација до широката популација на лесно разбирлив начин, и на крајот, да се искористи информацијата со цел развивање на услуги потребни за решавање на различни проблеми, со координирани напори на јавниот и приватниот сектор. Мислам дека овие три аспекти Токио многу добро ги запазува.“, вели Куниџи.

Изобилство на технологија

Извонреден пример за спроведување на концептот „open source, open data, civic tech“ е веб страницата посветена на Ковид – 19 мерките што ја одржува локалната власт во Токио (Tokyo Metropolitan Government), наречена „Updates on COVID – 19 in Tokyo“. Помина само една недела за да се лансира веб страницата откако беше даден предлог за неа. Инженери од цела Јапонија, но и од светот, се вклучени во работата на сајтот секојдневно, за да се пласираат свежи информации нон стоп. Исто така веб страницата

користи open source код со цел и другите локални власти во земјата да можат да ја употребат. Исто така, Токио активно ја користи технологијата среде пандемијава. Во хотелите што ги изнајми владата за сместување на асимптоматските пациенти и оние со поблаги симптоми, покрај хотелскиот персонал и медицинските сестри што работат во карантинска средина, ангажирани се и роботи за чистење, но и роботи што посакуваат добредојде. Роботот за чистење, којшто се движи наоколу воден од најмодерната вештачка интелигенција, темелно го чисти хотелот. Роботот за добредојде пак, ги пречекува пациентите со зборовите „Се надевам дека наскоро ќе бидете подобро“, со што им дава чувство на олеснување. Хотелите исто така нудат смартфон апликации за здравствен менаџмент, со тоа што им помагаат на медицинските лица овозможувајќи им на Ковид пациентите да бидат безбедни и спокојни додека закрепнуваат.

Во меѓувреме, новата метро станица Takanawa Gateway во јужно – централниот дел на Токио користи неколку примери на врвна технологија, вклучително и робот што објавува информации околу возовите, робот за безбедност што се справува со сомнителни предмети, како и робот што ја одржува станицата чиста. Исто така, има и автоматизирана продавница наречена „Touch to Go“, каде што систем базиран на вештачка интелигенција заменува продавачи и касиери. Мулти – камера систем и сензори за тежина препознаваат кои производи ги купува потрошувачот; потоа тој може да плати преку бесконтактен систем како што е припејд картичката за превоз. Овие апликации помагаат да се спречи ширењето на заразите и нивната употреба наголемо ќе се прошири допрва.

Здравствени услуги за сите, без стрес

Во истражувањето Safe Cities Index


www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

37


Капитал број 1081 22.10.2020

38

www.kapital.mk

КОВИД - 19 Токио е место каде што секој може да дојде до високо квалитетни медицински услуги и да продолжи со секојдневието без стрес. Луѓето имаат пристап до платформата наречена Himawari, сервис за пребарување на амбуланти, болници и аптеки во Токио, со автоматски превод на англиски, кинески и корејски. Откако избувна епидемијата Ковид – 19, градот го воспостави Корона вирус центарот за поддршка на странски државјани (TOCOS), чии услуги се достапни на 14 јазици. Дополнително, гувернерот Јурико Коике има редовни видео обраќања на англиски со најнови информации. 2019, што го спроведе Economist Intelligence Unit (истражувачкиот оддел на британскиот бизнис магазин), Токио е прв меѓу 60 големи градови во светот опфатени во анализата. Всушност, ова е трет пат по ред јапонската метропола да е прво рангирана во истражувањето, коешто се прави секоја втора година од 2015-та наваму. Токио доби високи оцени во делот на здравствените услуги – и во смисла на квалитет и на пристап, како и за безбедната, високо квалитетна храна, чистата вода и воздух, и времето на реакција на итната медицинска помош. И навистина, Токио е место каде што секој може да дојде до високо квалитетни медицински услуги и да продолжи со секојдневието без стрес. Луѓето имаат пристап до платформата наречена Himawari, сервис за пребарување на амбуланти, болници и аптеки во Токио, со автоматски превод на англиски, кинески и корејски. Откако избувна епидемијата Ковид – 19, градот го воспостави Корона вирус центарот за поддршка на странски државјани (TOCOS), чии услуги се достапни на 14 јазици. Дополнително, гувернерот Јурико Коике има редовни видео обраќања на англиски со најнови информации. Уште во 2017 година, токиската Metropolitan Hiroo болница доби акредитација од здравствените власти, за третирање странски државјани, со цел да се креира околина каде што луѓето ќе дојдат во болница без непотребен дополнителен стрес. Заменикот шеф на болницата Јошихару Маеда вели дека секоја година имаат се’ повеќе пациенти странски посетители, од коишто повеќето зборуваат англиски или кинески. Неколкумина од нашиот персонал зборуваат некој од овие јазици, а исто така користиме и видео алатки за превод за да обезбедиме лесна комуникација. Со избегнување на грешки во преводот, се надеваме дека ќе ја разбереме културата и обичаите на нашите пациенти додека ги третираме“, вели Маеда. nnn


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


www.kapital.mk

Капитал број 885 14.10.2016

40

МЕНАЏМЕНТ

ДАЛИ СТЕ САБОТИРАНИ ОД СОПСТВЕНАТА ЦЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ ПОГОЛЕМА ПРОДАЖБА? Дали ги соборувате вашите рекорди? На колку повици одговоривте денес? Колку високо квалитетни договори закажавте за овој месец? Колку нови зделки склучивте овој месец?

O

Овие прашања упорно ни се врежуваат во глава, и тоа со добра причина. Голем број професионалци за продажба, често се притиснати да достигнат норма или да се здобијат со одредено ниво на професионалност. Месечните продажби го насочуваат вниманието кон премијата и крајниот резултат, но тие исто така можат да нанесат повеќе штета отколку да донесат благодет, пишува Harvard Business Review.

Често ги слушаме продавачите како велат, „Резултатите не се остваруваат доволно брзо.“ На крајот од секоја месечна продажба, стресот и фрустрацијата се тие кои преовладуваат, а продавачите се обидуваат најдобро што можат да ја заокружат продажбата и да ги добијат очекуваните резултати. Ако продажбата е, во еден дел, пренос на чувства, помислете на чувствата кои им ги пренесувате на вашите потенцијални клиенти. Стресот и вознемиреноста кои се јавуваат при желбата да се оствари што поголема продажба, ненамерно ставаат уште поголем притисок врз вашите клиенти и уште од стартот создаваат една нездрава врска.

Парадокс

Иронично е тоа што постојаната навалица за постигнување на добра продажба ве држи фокусирани на целта и го одвлекува вложувањето напор подалеку од усовршу-вањето на процесот на продажба кој е неопходен за создавање на бизнис. Збрката која потоа произлегува од ова е „Премногу сум зафатен за да работам на моето усовршување. Морам да достигнам норма“. Размислете за овој парадокс: Резултатот е процес. Со други зборови, што ако го пренасочите вниманието подалеку од вашата норма или крајниот резултат и го насочите кон процесот на усовршување? Сепак, што е целта на јадењето пакување чоколаден сладолед: да се стигне до крајот или да се ужива во


www.kapital.mk

Капитал број 885 14.10.2016

41


www.kapital.mk

Капитал број 885 14.10.2016

42

МЕНАЏМЕНТ

секој залак? А што е со целта што си ја поставуваме при режимите на вежбање? Ако тоа не ви е професионалност, целта е да се одржи здравјето, виталноста и поради лична сатисфакција. Истото ова важи и за мерењето на продукти-вноста, одржувањето на мирен дух и чувството на исполнетост и достигнување на крајот од денот. Сепак, вие не го правите резултатот; вие го извршувате процесот. Резултатот е природен нуспродукт на сопствените напори. Во тоа е парадоксот. Со искажувањето почит кон процесот, можете да уживате во предноста што ќе знаете дека со сигурност ќе ги постигнете вашите цели, затоа што процесот ќе ви даде сè што сакате. Замислете да треба да градите куќа без шематски план!

Водени од процесот, а не од резултатот

За да се постигнат подобри резултати, мора да го промените она што досега сте го правеле или да го промените начинот на размислување. За и понатаму да ги надминувате вашите цели за подобра продажба и подобро да си ја контролирате умствената состојба, променете го вашето мислење да стане водено од процесот, а не водено од резултатот. Запрашајте се дали во моментот имате процеси- за продажба, потенцијални, за склучување зделка, управување со време, служба за клиентите- на кои можете да им верувате. Кога ќе го погледнете вашиот дневен распоред, дали тој ги нагласува специфичните задачи и активности во кои треба да се ангажирате за да ве движат кон вашата цел? Исходот е дека продавачите кои се фо-кусираат само на крајниот резултат, немаат процес во кој имаат доверба. Како такви, тие се повеќе сконцентрирани на контролирањето на исходот; настојувајќи да го добијат она што го сакаат, а не обрнуваат внимание на процесот. Всушност, не можеш да му веруваш и управуваш со процесот, доколку воопшто немаш процес! Обидот да се постигне што повеќе, без процес кој ќе ве води, е како да возиш со кола од Њујорк до Калифорнија без патна карта и со врзани очи. Не само што ова е стресно, туку со сигурност ќе залутате некаде подалеку од вашата предвидена дестинација. Одвојте време за развој на вашиот процес за постигнување на секоја ваша замисла, со цел да имате јасна слика пред вас. За почеток, направете преглед на вашите претходни успешни зделки. На пример, ако сакате да склучите одреден број зделки секој месец, кои секојдневни активности ќе ви помогнат да ја постигнете таа цел? Кои вештини и средства треба да се подобрат? На пример, работете на подобрувањето на вашето пропратно писмо или e-mail, направете добар образец за апликација

КАКО ДА СИ ПОМОГНЕТЕ

ПЛАН ЗА МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО Организација на време. Завршете ги задачите. – Не одолговлекувајте XXБидете сигурни дека се концентрирате на важните работи – Одредете ги приоритетите во работата XXРазмислете како навистина го минувате времето – Дневник на активности XXПланирајте го решавањето на проблемите – План за работа XX

на идните клиенти и подобар пристап кон говорните пораки, и почесто праќајте повратни информации. Самото размислување и извршување на овие задачи, ви го насочува вниманието на процесот.

Познавање на сопствените граници

Кога еднаш ќе си ја одредите насоката и ќе создадете формула за успех по која ќе работите - X број на повици дава X број на потенцијални клиенти кои даваат X број на продажба - овозможете правењето, кое е во процесот, да биде наградата и задоволството, а не само крајниот резултат. Вака сами ќе бидете одговорни за вашите идни цели, без да се грижите за нив. Ако и понатаму ја продолжите потрагата фокусирани на целната линија, нема да уживате во патувањето. Затоа, внимавајте иднината

Почнете со поважните задачи – Листа со приоритети XXОдлучете кои се вашите лични приоритети – Одредување на лични цели XXПланирајте како најдобро да го искористите вашето време – Ефективен распоред на задачите XXПреглед на резултатите од менаџментот на време Ретроспектива XX

да не ве фати на јадица и уживајте во процесот на постигнување цели денес. Познавањето на сопствените граници, ви дава слобода да му верувате на процесот кој сте го усвоиле. Сепак, секогаш има недовршени работи. Секогаш има нешто да се доврши на работа, по дома, или во вашиот живот; уште еден повик кој треба да се направи или e-mail да се прочита. Поминувањето на месечната норма на продажба ќе биде резултат на заедничките напори кои ги правите и секојдневните активности во кои се ангажирате. Кога сте свесни за процесот, имате можност да ги препознаете и да им се радувате на своите достигнувања- дури и на најмалите- подобро отколку да настојувате и да чекате да дојде „крај“. Но всушност, дали тој некогаш доаѓа?

nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1081 22.10.2020

44

ЛИДЕРСТВО

РЕКОА ЗА... БАНКИТЕ

К

ога ќе се спомне банка, обично сите околу вас добиваат намуртен лик, почнуваат да колнат, пцујат и сл. Не можеме да ги смислиме, а од друга страна не можеме без нив. Нивните пари ни требаат за да ги купиме работите што инаку не може да си ги дозволиме, за да инвестираме во раст на бизнисот, или пак едноставно за да врземе крај со крај во месецот. Да видиме што познатите ликови на планетава искоментирале на тема “банки“.

КЕВИН МИТНИК

еден од најпознатите хакери на светот, сега консултант

Банка е место каде што ќе ти позајмат чадор кога надвор е сончево, а ќе ги ти го побараат кога ќе заврне.

РОБЕРТ ФРОСТ американски поет

Банкарските неуспеси се предизвикани од вложувачите што не депонираат доволно пари за да се покријат загубите направени од лошото менаџирање.

Не мислам дека може да ги оставиш банкарите да се контролираат себеси. Тие се како зависници од хероин.

потпретседател на Berkshire Hathaway

Регулација е потребна, особено во сектор како банкарскиот, кој што ги изложува државите и луѓето на ризик.

ДЕН КВЕЈЛ

потпретседател на САД за време на претседателот Џорџ Буш постариот

Да ми дадеше Господ некаков јасен знак! Како на пример, да направи голем депозит на мое име во швајцарска банка.

ЧАРЛИ МАНГЕР

Му верувам на онлајн банкарството. Знаете зошто? Бидејќи ако некој ми ја хакира сметката или кредитната картичка, погодете кој ќе ја трпи штетата? Банката, а не јас.

ВУДИ АЛЕН

американски режисер и глумец

КРИСТИН ЛАГАРД

претседателка на Европската централна банка

ВЕЈН ГРЕЦКИ

легендарен канадски хокеар

Едноставно, сакам да си ги чувам парите во банка, не сум некој голем ризикувач. Не знам ништо за берза... се држам подалеку од работи што не ги разбирам.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.