1082- Kapital magazin

Page 1

ПРЕТПРИЕМНИШТВО: МАКЕДОНИЈА – ЕКСПОРТ ЛАНСИРА ДВА НОВИ БРЕНДА

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1082

Интервју Марјан Бојаџиев Универзитет Американ Колеџ Скопје

Петнаесет години градиме култура на извонредност на УАКС

цена 100 ден. l 30 октомври 2020 петок l година 21

www.kapital.mk

КОВИД 19 КРИЗА Коронавирусот коси - сè поголем број на заболени, сè повеќе мртви! ЕКОНОМИЈА Знаци на закрепнување во третиот квартал, но останува неизвесноста поради епидемијата што се разгорува

COVER STORY

ЗА ДА ЗАКРЕПНЕ ЕКОНОМИЈАТА МОРА ДА ЗАПРЕ ПАНДЕМИЈАТА

ЦЕНАТА НА НОВ ЛОКДАУН ЗА ЕКОНОМИЈАТА КОЛКУ ПОНАВРЕМЕН, ТОЛКУ ПОБЕЗОПАСЕН Лидери: Што велат шефовите на светските корпорации за ситуацијава



СОДРЖИНА

Kapital... 1082 4

12

COVER STORY

За да закрепне економијата мора да запре пандемијата

Цената на нов локдаун за економијата – колку понавремен, толку побезопасен

КОВИД – 19 КРИЗА

Целиот свет на колена

Коронавирусот коси - сè поголем број на заболени, сè повеќе мртви!

16

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Што се случуваше на Македонската берза во првите девет месеци

Во годината на корона, прометот со акции поголем за 80%

28

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Пандемијата не ги спречува домашните претприемачи да целат кон светските пазари

No bull... и B-Good Food Co. - два нови брендови од креативната „кујна“ на Македонија - Експорт

18

22

ИНТЕРВЈУ

Проф. д-р Марјан Бојаџиев провост, Универзитет Американ Колеџ Скопје Петнаесет години градиме култура на извонредност на УАКС

COVER STORY За да закрепне економијата мора да запре пандемијата...................................................4 Цената на нов локдаун за економијата – колку понавремен, толку побезопасен КОВИД – 19 КРИЗА Целиот свет на колена.........................................12 Коронавирусот коси - се' поголем број на заболени, се' повеќе мртви! ИНТЕРВЈУ Проф. д-р Марјан Бојаџиев, провост, Универзитет Американ Колеџ Скопје...18 Петнаесет години градиме култура на извонредност на УАКС

ЕКОНОМИЈА

Народна банка со анализа на третиот квартал

32

МЕНАЏМЕНТ

Know – how за семејни бизниси

Знаци на закрепнување на економијата, но останува неизвесноста поради епидемијата што се разгорува

Предизвиците за основачите и нивните наследници

ЕКОНОМИЈА Народна банка со анализа на третиот квартал...............................................22 Знаци на закрепнување на економијата, но останува неизвесноста поради епидемијата што се разгорува

СВЕТ Пазари на капитал..................................................38 За поголем оптимизам, берзите очекуваат нови финансиски инјекции од владите

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Пандемијата не ги спречува домашните претприемачи да целат кон светските пазари................................................................................28 No bull... и B-Good Food Co. - два нови брендови од креативната „кујна“ на Македонија - Експорт МЕНАЏМЕНТ Know – how за семејни бизниси...................32 Предизвиците за основачите и нивните наследници

ЛИДЕРИ Што велат директорите на големите корпорации за ковид ситуацијата, американските избори и економијата.............42 Големите шефови околу големите предизвици ЛИДЕРИ Рекоа за...48 Фудбалот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 29.10.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1082 30.10.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

ЦЕНАТА НА НОВ ЛОКДАУН ЗА ЕКОНОМИЈАТА КОЛКУ ПОНАВРЕМЕН, ТОЛКУ ПОБЕЗОПАСЕН


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

ЗА ДА ЗАКРЕПНЕ ЕКОНОМИЈАТА МОРА ДА ЗАПРЕ ПАНДЕМИЈАТА ИЗБОРИ 2020

5


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

6

COVER STORY

Прашањето за воведување на најстроги рестрикции како карантин и полициски час постојано се наметнува и се дискутира во јавноста - треба ли владата да ги затвори баровите и рестораните? Треба ли училиштата да се затворат и сите деца да следат настава онлајн? Искуствата на другите земји покажаа дека државите најтешко погодени од првиот бран ги донесоа овие одлуки премногу доцна. Оние

што се најтешко погодени од вториот бран, ја повторија нивната грешкa. Во однос на она што најмногу ги загрижува носителите на политики, економскиот аспект на воведување полициски час, сепак искуствата на некои земји што воведоа најстроги рестрикции на движење на граѓаните навреме, како на пример Кина, сведочат дека штетите за економиите на краток рок можеби се големи, но со таков

Македонските здравствени власти засега остануваат на ставот дека полициски час во оваа фаза не е потребен, туку ќе се обидат со други рестрикции како ограничено групирање и задолжително носење на маски па дури и на отворено, но не и во барови и ресторани, да го намалат ширењето на вирусот.

пишува:

Александар Јанев

В

aleksandar.janev@kapital.mk

Вториот бран на пандемијата со коронавирус веќе личи на цунами а тоа ги натера некои од најразвиените земји во Европа со многу поквалитетни здравствени услуги да ги жртвуваат економиите привремено и со нов локдаун да го спречат ширењето на заразата. Прашањето за воведување на

најстроги рестрикции како карантин и полициски час постојано се наметнува и се дискутира во јавноста - треба ли владата да ги затвори баровите и рестораните? Треба ли училиштата да се затворат и сите деца да следат настава онлајн? Искуствата на другите земји покажаа дека државите најтешко погодени од првиот бран ги донесоа овие одлуки премногу доцна. Оние што се најтешко погодени од вториот бран, ја повторија нивната грешка, постапувајќи дури откако ќе останат без други опции, бидејќи локалните болници се пренатрупани и дневните смртни случаи поставуваат рекорди. Македонските здравствени власти засега остануваат на ставот дека полициски час во оваа фаза не е потребен, туку ќе се обидат со други рестрикции како

ограничено групирање и задолжително носење на маски па дури и на отворено, но не и во барови и ресторани, да го намалат ширењето на вирусот. Германија, на пример, веќе објави дека од понеделник воведува делумен локдаун со целосно затворање на ресторани, барови, фитнес центри, до крајот на ноември прифаќајки ја цената на чинење од седум до 10 милијарди евра. Но министерот за финансии истакна дека сите погодени бизниси од овие мерки ќе добијат државна помош и до 75% од приходите остварени истиот месец лани. Некои земји што воведоа најстроги рестрикции на движење на граѓаните навреме, како на пример Кина, исто така сведочат дека штетите за економиите на краток рок можеби се големи, но со таков пристап на запирање на трансимисијата на вирусот, всушност избегнаа длабока


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

7 пристап на запирање на трансимисијата на вирусот, всушност избегнаа длабока рецесија во која паднаа повеќето други држави. Кинеската економија се намали за 6,8% во првиот квартал, но порасна за 3,2% во вториот квартал и 4,9% од јули до септември. Македонските здравствени власти засега остануваат на ставот дека полициски час во оваа фаза не е потребен, туку ќе се обидат со други рестрикции како

ограничено групирање и задолжително носење на маски па дури и на отворено, но не и во барови и ресторани, да го намалат ширењето на вирусот. Економистите се децидни дека ако сакаме економијата да закрепне побрзо, мора прво да го ставиме вирусот под контрола. Оттаму, секоја одложена одлука е всушност поголема штета, и за здравјето на граѓаните и за економијата.

Речиси сите земји погодени од пандемијата излегоа со огромни стимулативни пакети за поддршка на економиите. Во Велика Британија, конзервативната влада на Борис Џонсон го отфрли штедењето како концепт за консолидирање на јавните финансии и наместо тоа, планира да се задолжи вкупно 350 милијарди фунти до крајот на годинава, што е 17% од БДП на земјата и највисоко ниво во услови на мир во последните 300 години. рецесија во која паднаа повеќето други држави. Па така кинеската економија се намали за 6,8% во првиот квартал, но порасна за 3,2% во вториот квартал и 4,9% од јули до септември.

Економистите се децидни дека ако сакаме економијата да закрепне побрзо, мора прво да го ставиме вирусот под контрола. Секоја одложена одлука е всушност поголема штета, и за здравјето на граѓаните и за економијата.

Слаб рестарт после првиот локдаун

Најновите макроекономски податоци покажуваат дека македонската економија е сериозно ранета и многу слабо закрепнува после првиот


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

8

COVER STORY

силен удар предизвикан од острите рестрикции. Индустриското производство, во текот на летото се намали за 9,3% во јули и август, што е само ублажување на падот од 25,2% регистриран во вториот квартал за времетраењето на полицискиот час. Во септември, пак, намалувањето на индустриското производство е сведено на 4,1% споредено со истиот месец лани. Па така, од почетокот на годината заклучно со деветтиот месец, индустријата произвела за 12,1% помала вредност отколку лани. Падот во производството на капитални добра, што беше сериозно изразен во ториот квартал кога достигна 47,1%, во текот на летните месеци јули и август се намали за 15% на годишно ниво, а дополнително опадна и продажбата на мало за 10,8% исто така во летниот период. Се уште нема податоци за движењето на бруто домашниот производ во третиот квартал, но статистиката покажа дека падот во вториот бил огромен. Цо апсоултен износ, пандемијата со коронавирусот направи штета од 320 милиони евра за само три месеци, односно толку е помала вредноста на сите производи и услуги создадени во вториот квартал годинава споредено со истиот период лани. Како што објави Државниот завод за статистика, домашната економија забележа огромен пад на БДП од 12,7% на годишно ниво, како последица на

таканаречениот локдаун, не само во земјава, туку и во најголем број земји во светот и Европа, особено оние што се наши најголеми трговски партнери. Властите досега донесоа четири пакети стимулативни мерки што требаше да и помогнат на економијата да ја надмине корона – кризата, но слабите резултати веројатно се последива и на слабата реализација на некоие мерки. Ако првите три пакети мерки беа проценети на околу 500 милиони евра, според последните податоци што ги добивме од Министерството за финансии кон крајот на летото, реализацијата беше само третина од планираното, односно 165 милиони евра. Тоа е околу 1,5% од македонскиот БДП и е прилично симболична поддршка на економијата ако се спореди со други земји во Европа, каде стимулативните пакети намдинуваат и 10% од БДП. Четвртиот пакет мерки, проценет на 470 милиони евра, се уште не почнал ниту да се реализира чекајќи ги пратениците да го усвојат ребалансот на буџетот. А токму зголемената поддршка со буџетски пари е препорака и на сите меѓународни финансиски институции. ММФ и Светска банка апелираат земји да се охрабрат, да се задолжат и да трошат и тоа да биде главната муниција во борбата со пандемијата. Кармен Рајнхарт, еминентен економски историчар, а сега главен економист во Светска банка, препорача земјите да позајмуваат многу повеќе за време на

БРОЈКИ

12,1%

е помало индустриското производство од почетокот на годината до септември, споредено со истиот период лани

10,8%

е помала продажбата на мало во летните месеци јули и август годинава споредено со истиот период лани

пандемијата. „Додека болеста беснее, што друго ќе правите?“, прашува таа. „Прво се грижите да ја добиете војната, а потоа ќе барате начин како да платите за тоа“, истакна таа. Тоа е сосема нова мантра од онаа што ја сугерирше токму самиот ММФ поучен од глобалната финансиска криза дека „многу земји се соочуваат со големи потреби за намалување на трошењата“, но сега им порачува на сите земји што имаат пристап до финансиски пазари да се задолжуваат и да трошат за да се сочуваат работните места. Во мирнодопски услови ова би делувало како прилично неприфатливо сценарио, меѓутоа, во


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

9 Најновите макроекономски податоци покажуваат дека македонската економија е сериозно ранета и многу слабо закрепнува после првиот силен удар предизвикан од острите рестрикции. Индустриското производство, во текот на летото се намали за 9,3% во јули и август, што е само ублажување на падот од 25,2% регистриран во вториот квартал за времетраењето на полицискиот час. Во септември, пак, намалувањето на индустриското производство е сведено на 4,1% споредено со истиот месец лани. Па така, од почетокот на годината заклучно со деветтиот месец, индустријата произвела за 12,1% помала вредност отколку лани.

2020 година, пандемијата може да ја обезбеди токму оваа ситуација – да биде оправдување за еднократно зголемување на дефицитите, меѓутоа, не и алиби за непродуктивни трошоци, туку единствено како поддршка на здравствениот систем да се избори со вирусот, и на компаниите и граѓаните да ги преживеат рестрикциите. Речиси сите земји погодени од пандемијата излегоа со огромни стимулативни пакети за поддршка на економиите. Во Велика Британија, конзервативната влада на Борис Џонсон го отфрли штедењето како концепт за консолидирање на јавните финансии и наместо тоа, планира да се задолжи вкупно 350 милијарди фунти до крајот на годинава, што е 17% од БДП на земјата и највисоко ниво во услови на мир во последните 300 години. Дури и Германија, која што важеше за бастион на фискална исправност, министерот за економија Питер Алтмаер истакна дека земјата воведува „најголема стимулативна програма на сите времиња“ како одговор на коронавирусот. Проценките за движењето на

економијата годинава, неколку пати се ревидираа, и од првично планираниот раст од 3,5%, сега се очекува падот да достигне и до 5,4% според ММФ. Тоа е надолна ревизија за речиси 9 процентни поени, што во апсоултен износ значи дека штетата од корона – кризата врз БДП, се проценува да надмине една милијарда евра.

Државната каса обезбедена

Податоците за полнењето на државната каса од јануари до септември годинава покажуваат дека буџетот се реализира како што е планирано со ребалансот. Заклучно со септември, приходите во буџетот изнесуваат 2,2 милијарди евра што е речиси 70% од планот. Во исто време, потрошени се околу 2,8 милијарди евра што исто така е 70% од планираното, а со тоа создаден е буџетски дефицит од 583 милиони евра. Според последните податоци од вториот ребаланс којшто се уште е во собраниска процедура, минусот во државната каса до крајот на годината ќе достигне околу 920 милиони евра, што е 8,5% од БДП. Но, властите во првата половина од годината веќе се задолжија со


Капитал број 1082 30.10.2020

10

COVER STORY

издавање на еврообврзница од 700 милиони евра, а освен со одредени задолжувања и грантови од концесионалните кредитори, мал дел од дефицитот ќе се надополни и со домашно задолжување. Но, големото задолжување на крајот на мај, го зголеми јавниот долг над она што во нормални услови се сметаше за црвена линија и ја надмина границата од 60% од БДП што е всушност мастришки критериум. Овој податок ја испровоцира опозицијата да ги критикува властите за задолжувањата годинава со образложение дека потрошените пари не ги дале очекуваните ефекти. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, пак, на општата расправа за ребалансот на собраниската Комисија за финансирање и буџет истакна дека пандемијата предизвикана од Ковид-19 доведе до најголемата економска криза што се случила од Големата депресија наваму, поголема и од Светската економска криза од 2009 година, и затоа кај сите земји во светот се проширува дефицитот за да се поттикне економската активност, додека проекциите за економските резултати се негативни. Министерот за финансии посочи дека во однос на економскиот раст за првите два квартала резултатот на земјава е -6,4%. Во регионот, Грција има пад од -8,5%, Словенија од -7,9%, Хрватска од -7,8%, Албанија од -6,3%, Бугарија од -4,2%, додека ако се земат предвид и европските земји падот на БДП во првото полугодие во Европската Унија изнесува - 6,4%, додека во Германија е -6,5%, во Хрватска -7,8%, во Словенија -7,9%, во Белгија -8,5%, во Австрија -8,9%, во Италија и Франција -12,1%, во Велика Британија -12,3% согласно Евростат. Во однос на буџетскиот дефицит, Бесими рече дека е проширен кај најголем број од светските економии со цел да се финансираат здравствените и економските мерки за надминување на оваа криза. Како примери ги посочи Норвешка, земја којашто традиционално има висок буџетски суфицит, просечно од над 7,6% од БДП во последните 10 години, годинава проектира буџетски дефицит. И земјите во регионот проектираат високи буџетски дефицит: Црна Гора 10,4% од БДП, Албанија 8,4%, Србија 8,1%, Хрватска 8,1%, Косово 7%.

nnn

www.kapital.mk

МАКЕДОНСКИОТ ФИСКАЛЕН ОДГОВОР НА КОРОНА – КРИЗАТА Зголемените непредвидени трошоци во услови кога и јавните приходи се под ризик да ги остварат планираните таргети, наметнаа потреба од поголемо задолжување и продлабочување на буџетскиот дефицит годинава. Македонските власти од почетокот на март досега, донесоа четири пакети антикризни мерки. Преземените фискални мерки во земјава досега, по својата суштина, не се разликуваат многу од мерките кои ги преземаат фискалните власти во глобални рамки. Имено, речиси стандарден пристап е фокусот да биде ставен на зачувувањето на работните места и спречувањето на поголем пад на платите, многу често преку различни шеми на субвенции. Меѓутоа, зголемените непредвидени трошоци во услови кога и јавните приходи се под ризик да ги остварат планираните таргети, наметнаа потреба од поголемо задолжување и продлабочување на буџетскиот дефицит годинава. Првиот сет мерки за прва помош на стопанството се донесе на средината на март заедно со здравствените мерки, а ги таргетираше трите најпогодени сектори во прво време, туризам, угостителство и транспорт, и сите коишто имаа запрена економска активност поради мерките на Владата со коишто најголем дел од бизнисите присилно се затворија. По прогласувањето на вонредната состојба, по десетина дена се донесе и вториот пакет мерки со кој Владата го прошири опсегот и одлучи да финансисра исплата на минамална плата за работниците што работат во фирми коишто имаат над 30% намалување на приходите без оглед во кој сектор делуваат. Во мај се донесе третиот пакет на мерки главно фокусиран на поддршка на поранливите категории на граѓани, со директна финансиска исплата за луѓето што имаат помали примања од минималната плата во земјата. Според податоците од Министерството за финансии, досега се исплатени околу 165 милиони евра врз основа на сите мерките, од кои околу 40 милиони евра поддршка за граѓаните и околу 125 милиони евра за фирмите. Сепак, тоа е само третина од проценетата вредност на овие мерки од околу 500 милиони евра. Потоа во октомври, се донесе четвртиот и најобемен пакет антикризни мерки. Вкупно 470 милиони евра се потребни за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки што се состои од 31 мерка, а парите ќе бидат наменети за помош на бизнисите и граѓаните со цел ублажување на последиците од економската криза предизвикана од Ковид пандемијата.



Капитал број 1082 30.10.2020

12

www.kapital.mk

КОВИД - 19 КРИЗА

ЦЕЛИОТ СВЕТ НА КОЛ

КОРОНАВИРУС

СÈ ПОГОЛЕМ БРОЈ НА СÈ ПОВЕЌЕ М


www.kapital.mk

ЛЕНА

СОТ КОСИ

НА ЗАБОЛЕНИ, МРТВИ!

Капитал број 1082 30.10.2020

13 Сè поголем број на заболени, се повеќе мртви - пандемијата со коронавирусот ја коси и Македонија и цела Европа. Кај нас ситуацијата е загрижувачка министерот за здравство Венко Филипче не крие дека сме во критична фаза во која притисокот врз болниците е огромен.

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

С

Сè поголем број на заболени, се повеќе мртви - пандемијата со коронавирусот ја коси и Македонија и цела Европа. Кај нас ситуацијата е загрижувачка - министерот за здравство Венко Филипче не крие дека сме во критична фаза во која притисокот врз болниците е огромен. Со стотици болни дневно и со десетици починати впечатокот е дека земјата влегува во вртлог од којшто тешко може да се најде излез. Главно жариште на пандемијата е Скопје, а на територија на целата земја досега има околу 30 илјади заболени, но процените на експертите е дека оваа бројка реално е најмалку за пет пати поголема. Загрижувачката состојба беше тема на разговор и во Вилата Водно, каде претседателот Стево Пендаровски вчера го свика Советот за безбедност. На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче. Седницата заврши со заклучок и покрај загрижувачкиот тренд, засега нема потреба од иницирање на нова вонредна состојба. На ист став со Претседателот е и министерот Филипче, кој смета дека било какво прогласување на вонредна состојба во моментот нема да ја смени реалната слика со пандемијата и дека за тоа постојат владините мерки. Во врска пак со капацитетите на здравствениот систем Филипче смирува дека клиниките имаат доволно легла за


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

14

КОВИД - 19 КРИЗА

ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ВО КА

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека земјата е преплавена од втор бран „кој несомнено ќе биде помоќен и поубиствен од првиот“. Изрази увереност дека 9.000 пациенти ќе бидат на интензивна нега до средината на ноември, што би значело дека капацитетите ќе бидат речиси полни. Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, истакна дека најважна алатка е следењето на контакти. „Но здравствените власти сега се на работ на тоа да можат да гарантираат дека ќе се врши следење. Постои опасност од губење на контрола. Затоа ни се потребни уште едни национални напори во ноември“, рече таа.

В

о меѓувреме, и најмоќните европски држави се на колена пред вирусот. „Тој циркулира со брзина што не ја предвидуваат ниту најпесимистичките прогнози“ рече претседателот на Франција, Емануел Макрон во своето обраќање во кое најави дека земјата ќе биде во карантин. „Сите француски региони се во црвено. Бранот ја зафаќа цела Европа. Дали сторивме сè како што треба? Не. Но, направивме сè што можеме. Нашата стратегија, со оглед на информациите што ги имавме, беше вистинската“ изјави тој.

Макрон рече дека Франција е преплавена од втор бран „кој несомнено ќе биде помоќен и поубиствен од првиот“. Изрази увереност дека 9.000 пациенти ќе бидат на интензивна нега до средината на ноември, што би значело дека капацитетите ќе бидат речиси полни. „Франција никогаш нема да усвои стратегија на колективен имунитет. Оваа опција ќе доведе до скоро 400.000 дополнителни смртни случаи“ – рече францускиот претседател. Макрон прогласи карантин, почнувајќи од петок. Според новите мерки, на луѓето ќе им биде дозволено да ја напуштаат куќата само заради

неопходни обврски, работа или од здравствени причини. Во секој од овие случаи, луѓето ќе мора да пополнат образец за да го оправдаат напуштањето. Карантинот вклучува и забрана за собирање. Училиштата ќе останат отворени, како и градинките. Ќе трае најмалку до 1 декември. Макрон кажа дека се надева на вакцина во текот на летото, повикувајќи се на процени на научници. Ден претходно со сличен став излезе и германската канцеларка Ангела Меркел, која се обрати на германската јавност откако на состанокот со премиерите од сојузните држави договори карантин кој


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

15

АРАНТИН на сила стапува од 2 ноември. Новите мерки, кои ќе траат четири недели и стапуваат на сила на 2 ноември, пред сè се насочени на намалување на личните контакти на граѓаните, а вклучуваат и затворање на угостителските објекти и ограничување на собирите во приватниот и јавниот живот и забрана на туристички патувања. „Ноември ќе биде месец на национално вложување на сите напори“, рече германската канцеларка Меркел по состанокот на владата и претставниците на сојузните покраини на кој се разговарало за новите мерки во борбата против ширењето на пандемијата од коронавирус. Канцеларката рече дека состанокот, со оглед на драстичниот пораст на новозаразените, премина во „многу сериозна“ атмосфера. „Денеска е тежок ден за оние кои донесуваат одлуки“, рече канцеларката која истовремено додаде дека одлуките не можеле да се одложуваат. Потполно е јасно дека мора да дејствуваме веднаш. Најважна алатка е следењето на контакти. Но здравствените власти сега се на работ на тоа да можат да гарантираат дека ќе се врши следење. Постои опасност од губење на контрола. Затоа ни се потребни уште едни национални напори во ноември“, рече таа. „Ние мораме да ја спречиме кризната ситуација во медицинскиот систем“, заклучи Меркел. Укажа на тоа дека и премиерите на сојузните покраини се свесни за ситуацијата во која е нужно единствено дејствување. „Многу сум благодарна што и покрај различните позиции и епидемиолошки ситуации во одредени сојузни покраини пронајдовме заедничко и единствено решение“, рече Меркел. Донесените мерки се однесуваат на територијата на цела Германија.

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ министер за здравство

Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот ‘коси’ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран.

хоспитализација на сите пациенти инфицирани од вирусот. Премиерот Заев пак уште еднаш ја изрази загриженоста поради несериозниот пристап на како што рече дел од пратениците сериозно да се разгледа опцијата за онлајн следење и гласање на седниците во Законодавниот дом бидејќи како што посочи дури 10 проценти од народните избраници во својот потесен круг на семејство се или имаат некој инфициран од Ковид 19.

Маски и на отворено, казни од 20 евра

Со цел справување со заразата, во моментов на сила се неколку мерки како намален капацитет на превозот на патници на 50%, скратено работно време на угостителските објекти до 23 часот, како и забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 23 часот, а мерките се проширија и со нови што поминаа во Парламентот. Пратениците ги

изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, чии што измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, беше донесен по скратена постапка. Прифатениот прв амандман во тек на комисиската расправа е поврзан со мерките на Владата за носење маска на отворено, групирање на отворен простор и задолжителна самоизолација во период на тестирање. Се предвидува ова да бидат времени мерки. Претходно, министерот за здравство Венко Филипче, образложувајќи го законот, истакна дека новите измени на Законот произлегуваат од сè поголемиот број регистрирани случаи и преполнување на болниците, како и, како што рече, поучени од искуствата и спроведувањето контрола од претходно пропишаните превентивни мерки. „Со измените се уредува најпрво начинот на лекување на пациентите


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

16

КОВИД - 19 КРИЗА

Во многу држави се направија привремени болници за прием на пациенти со Ковид-19. До Инфективната клиника во Скопје поставена е модуларна болница, чиј што капацитет забрзано се пополнува деновиве. На фотосот е огромна привремена болница во Хонг Конг, сместена во саемска хала.

во смисла на институциите каде што се лекуваат, што сега е уредено со уредба со законска сила што важи до 31 декември и има потреба да се продолжи и понатаму, со оглед на тоа што е очигледно дека пандемијата не стивнува, како и зголемување на ингеренциите на инспекторатите во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки“, рече Филипче. Тој наведе дека власта и опозицијата на седницата на Комисијата за здравство постигнале консензус за амандманите и ги усогласиле, а тие се однесуваат на задолжителното носење на лична заштита опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, задолжително при движење на јавни места, површини на отворен простор, пазари, јавен превоз, како и места каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции, маркети, банки. Носењето маска на отворено ќе има исклучоци при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се

применуваат специфичните протоколи за заштита.

Мерките преблаги и задоцнети?! Уште нешто што е веќе уредено со Уредба, е задолжителна самоизолација при тестирање за коронавирусот. По закажувањето на тестот или самото тестирање до добивањето на резултатот секако дека самоизолацијата продолжува ако е резултатот позитивен и забраната за групирање на јавен простор, како и јавни површини во одредени периоди од деноноќието. Отсега и инспекторите ќе имаат повеќе надлежности за контрола и казнување, а пазарните инспектори ќе можат и на лице место да затвораат кафеани или ресторани кои нема да ги спроведуваат протоколите за заштита од коронавирусот. „Доколку на терен инспекторите забележат дека некое правно лице ги прекршува здравствените протоколи тогаш во истиот момент ќе му биде изречена времена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена односно објектот може да биде затворен на лице место. Оваа можност законски инспекторатите ја немаа како инструмент и алатка и мислам дека е неопходна во овој

период.“, изјави вицепремиерот Љупчо Николовски. И додека власта мака мачи и со креирање и со спроведување на мерките за борба со вирусот, опозицијата бара оставка од министерот за здравство, а исто така и секоја вечер организира антивладини протести, иако има сериозни забелешки дека во време на пандемија тоа е сериозен ризик. Дури и за новите мерки да поминат во Собранието имаше одолговлекувања и одбивање да се даде поддршка, што зборува за несериозен однос на ВМРО - ДПМНЕ и политизирање на прашање поврзано со јавното здравје. Од друга страна, власта се соочува и со оправдани критики на дел од експертите кои сметаат дека мерките се преблаги и задоцнети, особено ако се има предвид однесувањето на голем дел европски држави кои поенергично се впуштија во поостри мерки. Стравот е логичен - обидувајќи се да ја штитиме економијата и некои од најзагрозените дејности (како на пример угостителството) сосема е за очекување да се најдеме во ситуација ем пандемијата сосема да ескалира и да излезе надвор од контрола, ем следствено на тоа и економијата сосема да крахира. nnn



Капитал број 1082 30.10.2020

18

ИНТЕРВЈУ

Нашата мисија беше и остана да го комбинираме најдоброто од Европскиот и Американскиот образовен систем. Наша мисија беше и остана да обезбедиме врвно образование по пристапна цена. И во тоа успеавме од почетокот, вели проф. д-р Марјан Бојаџиев, еден од основачите и провост на Универзитетот Американ Колеџ - Скопје

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

19

ПРОФ. Д-Р МАРЈАН БОЈАЏИЕВ ПРОВОСТ, УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

ПЕТНАЕСЕТ ГОДИНИ ГРАДИМЕ КУЛТУРА НА ИЗВОНРЕДНОСТ НА УАКС

С

Со проф. д-р Марјан Бојаџиев, провост на Универзитетот Американ колеџ Скопје, разговаравме по повод значајниот јубилеј на оваа високообразовна институција: 15 години од основањето и почетокот со работа. XПрофесоре, X честитки за јубилејот. 15 години постоење е навистина значајно постигнување за една образовна институција. Раскажете ни ги почетоците на Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Идејата за оваа приказна почна многу одамна, во 1981 година, кога Скопје беше меѓународен универзитетски центар. Таа мисла нè водеше и во 2005 г. – идејата од Скопје да направиме меѓународен универзитетски центар и желбата од Скопје да направиме мост меѓу народите. Очекувавме Македонија да влезе во НАТО во 2008 г., а во Европската унија во 2012 г. Со тоа, сметавме дека Скопје ќе биде атрактивна дестинација. Во мај 2005 г. поднесовме Барање до Одборот за акредитација, а со настава почнавме на 5 октомври истата година. XX Како се градеше Универзитетот и како се развиваа Факултетите на УАКС? На кој начин успеавте да ги привлечете студентите тие први години?

УАКС почна како Факултет за Деловна економија и организациони науки, а веќе следната 2006 г. стана Универзитет сo шест факултети. Како успевавме да привлечеме студенти? Веројатно со искрена, чесна и напорна работа. Нашата мисија беше и остана да го комбинираме најдоброто од Европскиот и Американскиот образовен систем. Наша мисија беше и остана да обезбедиме врвно образование по пристапна цена. И во тоа успеавме од почетокот. Структурата на нашиот наставен кадар е од почетокот иста: 1/3 вработени професори, но сите со значајно професионално искуство, 1/3 професори од праксата, кои се врвни стручњаци


Капитал број 1082 30.10.2020

20

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

Најголем предизвик денес е секако Коронавирус кризата. Мислам дека и во оваа ситуација покажавме колку е УАКС голем. Во март 2020 г. за краток период се престроивме и овозможивме онлајн настава со користење на најсовремени платформи.

и на крајот, последниот сегмент се визитинг професори од странство. Мислам дека тој квалитет, таа интелектуална свежина во Македонија може да се најде единствено на УАКС. XПредизвиците X се дел од секој успех. Кои беа Вашите предизвици? Со што моравте да се соочите и како ги надминавте? Најголем предизвик денес е секако Коронавирус кризата. Мислам дека и во оваа ситуација покажавме колку е УАКС голем. Во март 2020 г. за краток период се престроивме и овозможивме онлајн настава со користење на најсовремени платформи. Оваа школска година ја почнавме со уште подобра опрема која овозможува хибридна настава со која дел од студентите се во предавална, а дел во своите домови. Синхроната хибридна настава се покажа како одличен метод. XНа X што сте најмногу горди? Кои се најголемите постигнувања на Универзитет Американ Колеџ Скопје? Американ колеџ е горд на меѓународните акредитации: Американската акредитацијата ја стекнавме во 2010 г. Потоа следеше ACCA акредитацијата за сметководство и ревизија во 2017 г. Истата година потпишавме договор за двојна диплома со Универзитетот Тор Вергата од Рим, рангиран во Топ 50 помлади од 50 години универзитети во светот. Но, она што нè прави посебно горди се успесите на нашите поранешни студенти – денес тие се веќе раководители во фирми, архитекти и дизајнери, нотари, дипломати, инженери, програмери и професори. И тоа не само во државата, наши поранешни студенти се денес распослани од Јужна Африка до Балтикот и Америка. XКако X го гледате УАКС во иднина? Како мислите дека ќе се развива образованието со оглед на светските промени и предизвици? Постои една цел која не успеавме да ја достигнеме до сега – УАКС да стане меѓународен универзитетски центар. Сите напори во иднината ќе ги насочиме кон целосна интернационализација и обиди да привлечеме што повеќе меѓународни студенти на нашиот универзитет. Што се однесува до образованието и науката генерално сите се сочуваме со нови предизвици поврзани со пандемијата. Најголем дел од универзитетите во светот се префрлија на онлајн настава. Можностите за директен контакт, за настава во предавална, за истражување на терен се апсолутно лимитирани. Но, сепак наоѓаме начин да функционираме. Наоѓаме начин да ја спроведуваме нашата мисија – да предаваме знаење! Или како што вели нашето мото, Ad destinatum peresequor! До целта ќе истраеме! nnn


Со НЛБ Mastercard® картичките, за доброто на сите! Со НЛБ Mastercard картичките плаќајте одговорно и помогнете заедно да направиме добри дела кои ќе се паметат! Аплицирајте за НЛБ Mastercard картичките до 30.11.2020 година и искористете ги промотивните поволности: • Без членарина за првата година на користење за сите апликации за НЛБ Mastercard кредитните картички (Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold) примени во промотивниот период од 15.10.2020 до 30.11.2020 година. • Без членарина за следната година на користење за постојни и нови корисници на НЛБ Mastercard кредитните картички (Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold) кои во промотивниот период ќе направат најмалку 10 или повеќе безготовински трансакции во земјата или странство. По повод 35 - годишниот јубилеј НЛБ Банка организира голема донаторска акција во која за секоја трансакција со НЛБ Mastercard картичките ќе донира средства онаму каде се најнеопходни. За донацијата ќе бидат дадени неколку предлози за кои клиентите ќе можат да гласаат. Средствата ќе бидат донирани на предлогот со најголем број на гласови.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

Репрезентативен пример: Кредитен лимит: 50.000 мкд, износ на купениот производ со Mastercard Standard кредитна картичка: 10.000 мкд, расположливо салдо: 40.000 мкд. Износот од 10.000 мкд ќе го враќате на 6 еднакви рати, со променлива каматна стапка од 9,5% (референтна стапка на благајнички записи зголемена за 8 процентни проени). Вкупен износ за враќање: 10.198 мкд, вкупен износ на камата: 198 мкд.


Капитал број 1082 30.10.2020

22

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

НАРОДНА БАНКА СО АНАЛ

ЗНАЦИ НА ЗАКРЕПНУВА НО ОСТАНУВА НЕИЗ ЕПИДЕМИЈАТА ШТ


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

23 Анализите на Народната банка за периодот јули – август упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност, а во споредба со претходниот квартал движењата во домашната економија се поповолни. Индустриското производство, во текот на летото се намали за 9,3% во јули и август, што е само ублажување на падот од 25,2% регистриран во вториот квартал за времетраењето на полицискиот час. Во септември, пак, намалувањето на индустриското производство е сведено на 4,1% споредено со истиот месец лани. Па така, од почетокот на годината заклучно со деветтиот месец, индустријата произвела за 12,1% помала вредност отколку лани. Но, допрва доаѓа уште потежок период во поради се’ поголемиот број на заразени граѓани од коронавирусот и последиците што тоа ги остава на економијата.

ЛИЗА НА ТРЕТИОТ КВАРТАЛ

АЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА, ЗВЕСНОСТА ПОРАДИ ТО СЕ РАЗГОРУВА


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

24

ЕКОНОМИЈА

пишува:

Игор Петровски

С

igor.petrovski@kapital.mk

Споредбата на последните макроекономски показатели од домашната економија со нивната проектирана динамика во рамките на априлскиот циклус проекции упатува на одредени отстапувања во одделните сегменти од економијата. Согласно со објавените проценети податоци за БДП, во првата половина од 2020 година реалниот БДП се намали за 6,4% на годишна основа, што е сепак малку послабо остварување во однос на априлските проекции, поради отстапувањето за првиот квартал, се вели во анализата на Народната банка. Во однос на економската активност во третиот квартал на 2020 година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот јули-август 2020 година, општо земено, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност, а во споредба со претходниот квартал движењата во домашната економија се поповолни, објаснуваат од НБРСМ. „Имено, во услови на постепено олабавување на рестриктивните мерки против ковид-19 и преземените мерки за поддршка на економијата, податоците за овој период покажуваат значително забавување на годишниот пад на индустријата, градежништвото, прометот во угостителството, а делумно и кај прометот во вкупната трговија. Во однос на промените кај потрошувачките цени, остварувањето во септември 2020 година (годишна стапка на инфлација од 1,9%) е повисоко во однос на априлската проекција. Во просек, ценовните промени во вториот и третиот квартал се над очекувањата според априлскиот циклус проекции. При повисоки остварувања од очекуваните и ревизии во различни насоки кај надворешните влезни претпоставки, тековно ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2020 година се оценуваат како претежно нагорни. “, велат од Народната банка. Воедно, движењето на светските цени на примарните производи во следниот период и натаму е неизвесно и посебно изразено во услови на пандемијата на ковид-19. Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурната зона. Во текот на третиот

квартал на 2020 година, главните фактори на промена на девизните резерви (приспособени за ценовните и курсните разлики и ценовните промени на хартиите од вредност) беа редовната отплата на обврските на јавниот сектор кон странство и интервенциите на девизниот пазар од страна на Народната банка. Во почетокот на октомври 2020 година е остварен прилив на сметката на државата од околу 80 милиони евра, во вид на заем во рамките на макрофинансиската помош од Европската комисија. Во однос на расположливите податоци од надворешниот сектор, податоците за менувачкиот пазар заклучно со септември упатуваат на пониски остварувања кај приватните трансфери во однос на проектираните за третиот квартал. Истовремено, податоците за надворешнотрговската размена заклучно со август упатуваат на можност за остварување трговски дефицит главно во согласност со очекуваниот според априлската проекција.

Поизразено кредитирањето на домаќинствата

Вкупните депозити , во септември се повисоки за 0,7%, на месечна основа, што во поголем дел е одраз на зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“, при умерен раст и на депозитите на корпоративниот сектор. Споредено на годишна основа, вкупните депозити забележаа пораст од 6,1%, при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Во септември, вкупните кредити , бележат месечен раст од 0,8%, како резултат на растот на кредитирањето на двата сектора, при поголем придонес на секторот „домаќинства“. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 7,3% и произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај секторот „домаќинства“. Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во септември, се повисоки за 1,1%, во споредба со претходниот месец, што во најголем дел се должи на зголемувањето на депозитните пари, при раст, но помал кај долгорочните депозити (во денари и во странска валута) и краткорочните депозити во денари, во услови на пад кај краткорочните депозити во странска валута. Анализирано на годишна основа, вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат раст од 8,0%, којшто главно произлегува од повисоките депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута, при евидентиран пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари. Во септември, кај кредитите на

БРОЈКИ

6,4%

реален пад на БДП во првата половина на 2020

27,5%

реален пад на вкупна трговија во период јули – август на годишна основа

9,3%

пад на индустриско производство во период јули - август

5,2%

пораст на корпоративни кредити во септември на годишна основа

9,5%

пораст на кредити на домаќинства во септември на годишна основа

корпоративниот сектор , е забележан раст од 0,3%, на месечна основа и целосно се објаснува со зголеменото кредитирање во денари. Во споредба со септември минатата година, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 5,2%, како резултат на порастот на кредитите во денари и странска валута, којшто е поизразен кај кредитите во странска валута. Вкупните депозити на домаќинствата, во септември, се зголемени за 1,0% на месечно ниво, главно под влијание на растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при позитивен, но помал придонес и на останатите компоненти. На годишно ниво, депозитите на домаќинствата растат за 6,1%, во најголем дел поради зголемувањето на депозитните пари, како и краткорочните депозити во странска валута, при остварен пад кај останатите компоненти. Во септември, кредитите на домаќинствата, забележаа месечен и годишен раст од 1,2% и 9,5%, соодветно. Анализирано според валутната структура, кредитите одобрени во денари имаат поголем придонес кон растот на месечна и на годишна основа.


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

25

Во однос на промените кај потрошувачките цени, остварувањето во септември 2020 година (годишна стапка на инфлација од 1,9%) е повисоко во однос на априлската проекција. Во просек, ценовните промени во вториот и третиот квартал се над очекувањата според априлскиот циклус проекции.

Во септември, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, остварија месечен раст од 1,3% и 1,5%, соодветно и годишен раст од 9,9% и 14,0%, соодветно. Автомобилските кредити, во септември, бележат месечен раст од 1,7%, додека на годишна основа се намалени за 7,9%. Кредитите одобрени на кредитни картички забележаа месечно зголемување од 0,7%, при годишен пад од 2,6%, додека негативните салда на тековните сметки се зголемени за 2,1%, на месечна основа, при годишен пад од 10,8%. Кредитите одобрени врз други основи, овој месец, забележаа месечен и годишен пад од 0,5% и 6,7%, соодветно.

Раст на платите во поголем дел од дејностите

Во јули 2020 година, номиналниот годишен раст на просечната

нето плата изнесуваше 8,5%. Солидниот раст на платите, како и претходно, во еден дел се поврзува со покачувањето на платите во јавниот сектор, како и со ефектот од мерката за субвенционирање на придонесите поради зголемување на плата . Во споредба со претходниот месец, растот на платите во јули забрзува (раст од 6,6% во јуни), поместување коешто доаѓа во услови на олабавување на рестриктивните мерки за справување со пандемијата на ковид-19, а одреден ефект има и годишното усогласување на растот на законски утврдената минимална плата во јули којашто се зголеми за 3% . Раст на платите имаше кај поголемиот дел од дејностите, а најизразен е кај дејностите поврзани со „образование“, „информации и комуникации“, „дејности на здравствена и социјална заштита“,

„трговија на големо и мало“, „градежништво“, „стручни, научни и технички дејности“, „преработувачка индустрија“, „земјоделството“, како и кај дејностите поврзани со „снабдување со вода; отстранување на отпадните води, управување со отпад и дејности за санација на околината“. При раст на трошоците на живот на годишно ниво, реалниот годишен раст на нето платата во јуни изнесуваше 7,1%. Остварениот годишен раст на платите во јули е поповолен во однос на очекувањата за пад на платите во третиот квартал од годината во рамките на априлската проекција. Високофреквентните податоци на страната на понудата и побарувачката коишто се расположливи за периодот јули август 2020 година се поповолни во споредба со вториот квартал. Сепак, движењата на годишна


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

26

ЕКОНОМИЈА

Падот во рамките на преработувачката индустрија е широко дисперзиран, а најголем негативен придонес има групата дејности во кои се активни странските извозни капацитети поврзани со автомобилската индустрија, како што се производството на машини и уреди и производството на моторни возила, а негативен придонес се забележува и кај производството на електрична опрема. Кога станува збор за традиционалните дејности, позначителен негативен придонес се забележува кај производството на мебел, производството на пијалаци и производството на облека. основа и натаму упатуваат на пад на економската активност во третиот квартал од годината, иако не толку изразен како во претходниот квартал, што е во согласност со очекувањата според априлскиот циклус проекции. Прометот во вкупната трговија во периодот јули - август забележа реален пад од 27,5% на годишна основа, одразувајќи ги притоа неповолните остварувања и падот на прометот кај трговијата на големо и трговијата на мало, додека трговијата со моторни возила забележа висок реален раст. Сепак, во периодот јули август, падот на прометот во вкупната трговија, како и во трговијата на мало, е поблаг во споредба со падот забележан во вториот квартал.

Падот на европската продажба на автомобили со силен ефект врз домашното производство и извоз на автомобилски компоненти

Индустриското производство во првите два месеца од третиот квартал

забележа значително забавување на падот, којшто се сведе на 9,3% на годишна основа (во споредба со падот од 25% забележан во вториот квартал од годината). Гледано по главни индустриски дејности, најголем пад и следствено највисок негативен придонес и натаму се забележува кај преработувачката индустрија, при истовремен, но помал пад и кај рударството и кај енергетскиот сектор. Падот во рамките на преработувачката индустрија е широко дисперзиран, а најголем негативен придонес има групата дејности во кои се активни странските извозни капацитети поврзани со автомобилската индустрија, како што се производството на машини и уреди и производството на моторни возила, а негативен придонес се забележува и кај производството на електрична опрема. Кога станува збор за традиционалните дејности, позначителен негативен придонес се забележува кај производството на мебел, производството на пијалаци и

производството на облека. Од друга страна, во рамките на преработувачката индустрија, највисок позитивен придонес имаат производството на прехранбени производи и производството на тутунски производи, а солиден позитивен придонес се забележува и од производството на основни фармацевтски производи и производството на хемикалии и хемиски производи. Значителното забавување на годишниот пад на индустриското производство во периодот јули-август, во споредба со падот во вториот квартал, се должи главно на поумерениот пад на преработувачка индустрија, при забавување на падот забележан кај производството на машини и уреди, моторни возила и електрична опрема, како и кај производството на облека и текстил, но и на растот кај производството на прехранбени производи и производството на тутунски производи наспроти падот во вториот квартал. nnn



Капитал број 1082 30.10.2020

28

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

ПАНДЕМИЈАТА НЕ ГИ СПРЕЧУВА ДОМАШНИТЕ ПРЕТПРИЕ

NO BULL... И B-GOOD FOOD CO. ДВА НОВИ БРЕНДОВИ ОД КРЕАТИВНАТА „КУЈНА“ НА МАКЕДОНИЈА - ЕКСПОРТ NO BULL претставува уникатен и иновативен бренд концепт, кој вклучува 9 производи од категоријата слатки и солени грицки, произведени во четири фабрики во Македонија и Србија. B-GOOD FOOD Co. е бренд кој ги промовира најквалитетните производи од Македонија и регионот од категоријата основни намирници за секојдневна консумација (ориз, грав, брашно, масло итн.). Како прв производ кој е лансиран од оваа програма е нашиот познат кочански ориз.


www.kapital.mk

ЕМАЧИ ДА ЦЕЛАТ КОН СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ

Капитал број 1082 30.10.2020

29


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

30

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Калин Бабушку

Јоана Шикоска

Производите веќе неполн месец се наоѓаат на полиците во маркетите во Илиноис (САД), и реакциите на потрошувачите се одлични. Сепак ова е само почеток. Сè уште сме во фаза на тестирање и адаптирање на стратегијата, но веруваме во квалитетот на производите и нашиот бренд концепт и се надеваме дека NO BULL…и B-GOOD FOOD Co. ќе се прошират за многу брзо време низ цела Америка и пошироко низ светот.

Ние сме мал креативен тим од ентузијасти кои се трудат да ја прикажат нашата земја во позитивно светло и да му покажат на светот дека Македонија има потенцијал да развива брендови кои може да се носат рамо до рамо со најголемите светски имиња. целта им е да ги позиционираат овие производи во повисок сегмент бидејќи веруваме дека заслужуваат да бидат вреднувани повеќе.

ко-сопственик на Македонија – Експорт

пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

По успешното креирање и позиционирање на брендот МАМА’С низ светот, проект во кој МАКЕДОНИЈАЕКСПОРТ повеќе не е дел, компанијата во изминатата година работеше на развој и лансирање на нивните два нови брендa: NO BULL… и B-GOOD FOOD Co. По извршена детална анализа на трендовите и потребите на потрошувачите, компанијата ги избрала најквалитетните и најсоодветните производи од Македонија и регионот и усовршувајќи ја рецептурата на некои од производите, ги развиле нивните нови брендови. Засега производите се ексклузивно достапни во маркетите во САД, но во брзо време се планира и ширење низ другите пазари во светот. Овие активности на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ се очекува да имаат позитивен ефект и на имиџот на државата, а воедно и да помогнат при зајакнување на капацитетите на домашните производители, како и извозот во целост. “Производите веќе неполн месец се наоѓаат на полиците во маркетите во Илиноис

(САД), и реакциите на потрошувачите се одлични. Сепак ова е само почеток. Сè уште сме во фаза на тестирање и адаптирање на стратегијата, но веруваме во квалитетот на производите и нашиот бренд концепт и се надеваме дека NO BULL… и B-GOOD FOOD Co. ќе се прошират за многу брзо време низ цела Америка и пошироко низ светот.”, вели Калин Бабушку, еден од сопствениците на МАКЕДОНИЈАЕКСПОРТ.

Цел кон повисокиот ценовен сегмент

NO BULL…(www.justnobull.com) претставува уникатен и иновативен бренд концепт, кој вклучува 9 производи од категоријата слатки и солени грицки, произведени во четири фабрики во Македонија и Србија (А.Д. ЕВРОПА, ВИТАМИНКА А.Д., СВИСЛИОН ДОО, ТАКО.РС). B-GOOD FOOD Co. (www.b-goodfood. com) од друга страна е бренд кој ги промовира најквалитетните производи од Македонија и регионот од категоријата основни намирници

менаџер за комуникации во Македонија – Експорт

за секојдневна консумација (ориз, грав, брашно, масло итн.). Како прв производ кој е лансиран од оваа програма е нашиот познат кочански ориз. Дополнително, од компанијата велат дека целта им е да ги позиционираат овие производи во повисок сегмент, бидејќи веруваат дека ваквите производи заслужуваат да бидат вреднувани повеќе. “Ние сме мал креативен тим од ентузијасти кои се трудат да ја прикажат нашата земја во позитивно светло и да му покажат на светот дека Македонија има потенцијал да развива брендови кои може да се носат рамо до рамо со најголемите светски имиња. Но, освојувањето на светот не може да го правиме сами. За таа цел потребна ни е поддршка од сите оние кои имаат пријатели и контакти во Америка или било каде низ светот – ги замолуваме сите припадници во оваа група да ги споделат нашите брендови со својата мрежа на познаници, со надеж дека информацијата ќе стигне до заинтересираните страни.”, повикува Јоана Шикоска, менаџер за комуникации во компанијата.

nnn



Капитал број 1082 30.10.2020

32

www.kapital.mk

МЕНАЏМЕНТ

KNOW – HOW ЗА СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ

ПРЕДИЗВИЦИТЕ ЗА ОСНОВАЧИТЕ И НИ НАСЛЕДНИЦИ Најчести болки на семејните бизниси: Не се разликуваат поимите управување со сопственоста и оперативно раководење; наследниците не знаат што основачите очекуваат од нив, што треба да научат или направат за да ги пуштат (ако некогаш ги пуштат) да раководат со компаниите; основачите немаат јасна идеја што со себе кога ќе одат “во пензија“; компаниите во голема мера се водат како занаетчиски работилници иако бројат неколку десетици, стотици, па и илјади вработени... Секогаш краткорочните оперативни проблеми или предизвици се со повисок приоритет од долгорочните, а сето ова што го наведовме спаѓа во втората група. “Нема денес да пропаднеме ако не се организираме или не ги дефинираме семејните политики“ е изговорот, па така систематичната работа на овие подготовки се одложува.


www.kapital.mk

А ИВНИТЕ

Капитал број 1082 30.10.2020

33


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

34

МЕНАЏМЕНТ

Во приватизираните акционерски друштва неретко поранешните директори, а потоа и директори и сопственици се однесуваа како апсолутистички владетели. Диктаторски раководеа на сопствено задоволство, а иако “мазохистички“ ќе звучи, и на задоволство на своите соработници. И сега, ако се појави некој со поинаков, “помек“ стил, може да имаат проблеми. Не можете во 21 век долгорочно успешно на диктаторски начин да водите ниту држави, ниту компании.

пишува:

Игор Петровски

Б

igor.petrovski@kapital.mk

Борис Вукиќ е тренер и консултант со повеќе од 25 години искуство во организациски развој и трансформација на компании, особено во делот на семејните бизниси. Партнер е на Adizes South East Europe и сертифициран сениор Adizes консултант кој што неколку пати има доаѓано во Скопје, пред сè како говорник на конференциите за семејни бизниси во организација на Clear View BTC. Направивме едно сумирање на разговорот што го имавме со Вукиќ на една од конференциите во земјава. Тој зборува за следниве неколку клучни прашања за семејните компании: како вработените да ве прифатат

како новиот лидер на компанијата; како да ја уверите претходната генерација дека вашиот лидерски стил кој е различен од нивниот ќе ја води компанијата во успешна насока; како да го добиете признанието од претходната генерација дека сте способни да го водите бизнисот...

Заедничките болки на семејните бизниси во сите држави кај што сум работел како консултант Многу заеднички болки и проблеми има – не се разликуваат поимите управување со сопственоста и оперативно раководење; наследниците не знаат што основачите очекуваат од нив, што треба да научат или направат за да ги пуштат (ако некогаш ги пуштат) да раководат со компаниите; основачите немаат јасна идеја што со себе кога ќе одат “во пензија“; компаниите во голема мера се водат како занаетчиски работилници иако бројат неколку десетици, стотици, па и илјади вработени...И сите овие болки имаат една иста последица: во само неколку десетици компании

од неколку десетици илјади на просторот што некогаш се викаше Југославија транзицијата од првата на втората генерација или подготовката за транзиција е завршена. Оваа подготовка е сериозна работа и подразбира подготовка и на компанијата и на основачите и наследниците и семејствата. Секогаш краткорочните оперативни проблеми или предизвици се со повисок приоритет од долгорочните, а сето ова што го зборуваме спаѓа во втората група. “Нема денес да пропаднеме ако не се организираме или не ги дефинираме семејните политики“ е изговорот, па така систематичната работа на овие подготовки се одложува.

Накратко за алатките за надминување на најчестите проблеми

Првиот и најтежок чекор е освестувањето на основачите, сопствениците, да се пристапи кон процесот на подготовка. Повеќето од нив не знаат што сè треба да се работи, а овој процес, иако


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

35 долготраен, не е мистериозен и постојат многу јасни препораки и чекори. На конференциите што се бават со овие прашања ги праќаат наследниците, а потоа не ги ни прашуваат што слушнале таму. Не можам трезен да ги замислам како на Google сурфаат барајќи одговор на “како да ме наследи моето дете во семејната компанија“, а ниту пијан како куцкаат “како моето дете подобро да управува и раководи со фирмата што јас ја направив“. Не може втората генерација да го покренува процесот на подготовка, ниту да го прави. Големите создатели на компаниите и на децата се “причини за проблемот“ и кај нив се решенијата. Кога тие ќе одлучат сериозно да му пристапат на проблемот сè е полесно. Не реков дека е лесно, но праксата покажа дека кога ќе почне да се разговара, договара и запишува тоа што е договорено, тогаш и ќе се најде решение. Постои рецепт што е прилагоден и на нашево поднебје и на степенот на развој на семејните компании кај нас. По десет години искуство со ваков тип компании мислам дека треба да се оди во два правци: првиот е професионализација

БОРИС ВУКИЌ експерт за семејни бизниси:

Во само неколку десетици компании од неколку десетици илјади на просторот што некогаш се викаше Југославија транзицијата од првата на втората генерација или подготовката за транзиција е завршена.


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

36

МЕНАЏМЕНТ

Ако наследниците имаат други интереси мора да се раздвои сопственоста над компанијата и раководењето во истата. Ако не сака или не знае да работи во семејната компанија, тоа не значи дека не може да биде сопственик на истата. Некои луѓе имаат неколку куќи, но не можат во сите да живеат. Тие се сопственици, се грижат за тоа куќата да е убава, на цврсти темели, и да земаат рента од неа. Така е и со семејните компании и тука на значење добива нивната професионализација, односно подготовка на компанијата. Со такви фирми може да раководат професионални менаџери, а наследниците да бидат сопственици.

на компаниите и нивно преоѓање од претприемачки кон менаџерски начин на водење. Вториот правец го нарекувам “Еден лист хартија“. Тоа претставува ембрион на нешто што еден ден ќе се вика “Семејни политики“, а потоа и “Семеен устав“. “Еден лист хартија“ е првиот лист на патот кон следните во коишто ќе се наоѓаат деталниот план на наследување, вработување, наградување и директни наследници и нивни сопружници, распределба на дивиденда, продавање на удели... Сето ова е природен начин на настанување на овие документи и овие тела во земјите во коишто дури сега настануваа семејни компании.

Уште некоја специфика во земјите од регионов, во коишто дури сега, настануваат семејни компании

Оваа специфика е врзана за оние што ги водат тие држави и живеат во нив, т.е. за владите, политичарите, јавното мислење...Тие не разбираат и не се свесни дека семејните компании колку што се поголеми толку помалку егзистенцијално им требаат на основачите и семејството, а сè повеќе

на оние што во тие компании работат, како и на државата и општеството. Чија грижа е она што се случуваше во хрватски Агрокор, на пример? На семејството Тодориќ најмалку, никој од нив не е ниту гладен, ниту бос до крајот на светот. Агрокор дури не е грижа ниту на една држава, туку три, четири... Во многу места од ова што го нарекуваме регион, постои некој мал Агрокор и некои помали Тодориќи. Своевремено бев на една конференција на Малта на ниво на ЕУ, каде што се зборуваше за искуствата во областа на бизнис трансферите. Во оваа транзиција на управувањето многу здрави и успешни европски компании можат силно да ја разнишаат својата пазарна позиција и опстанок, а тоа значи губење на работни места. Свесен за сето ова, министерот за економија на Малта не само што го отвори собирот, туку и цело време учествуваше во работата за да ги слушне искуствата и види како државата може од правна, финансиска и даночна страна да го поддржи целиот процес. Кај нас ниту политичарите, ниту јавноста не ја разбираат важноста на оваа тема.

За нив сите основачи се тајкуни, сите наследници се разгалени дечишта што јаде со златни лажици.

Каде има поголеми шанси за успех?

Акционерски друштва настанати во транзицијата со приватизација, прават смена на генерациите, и кај добар дел од нив се забележува дека наследниците во менаџментот – многу често децата на старите директори/ сопственици - не продолжуваат успешно по стапките на родителите. Каде има шанси за поголем успех: во овие компании или во семејните бизниси настанати на класичен претприемачки начин во почетокот на 90-те и развивани со поинаква корпоративна култура? Немаме сè уште доволно случаи на транзиција од првата на втора генерација ниту во таквите акционерски друштва, ниту пак во “природно“ настанатите семејни компании за да донесеме заклучок и правиме споредби. Сметам дека и акционерските друштва што настанаа со приватизацијата денес се практично семејни компании. Нивните сопственици или ко - сопственици во


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

37 голема мера се најчесто поранешни директори што имале инсајдерски информации, го познаваат пазарот и бизнисот и не мислат дека тука има нешто лошо што станале “газди“. Сметам дека предуслов за некого да нарекуваме основач не е дека вложил само пари, туку се вложил и себеси во таа компанија. И тие луѓе што со години се однесуваа кон компаниите како да се нивни, во најпозитивна смисла, со купувањето акции станаа нивни сопственици. Од една страна мислам дека поголема е шансата овие, акционерските, компании да го продолжат својот живот одошто другиве што настанале на класичен претприемачки начин. Ова очекување го базирам на претпоставката дека тие се наоѓаат на повисоко ниво на организираност, уреденост на системите, дека се менаџерски пописмени. А, подготвен, менаџерски едуциран “наследник“ би требало да има помалку проблеми во преземањето на лидерството во тие компании. Од друга страна, прашање е на корпоративната култура. Во приватизираните акционерски друштва неретко поранешните директори, а потоа и директори и сопственици се однесуваа како апсолутистички владетели. Диктаторски раководеа на сопствено задоволство, а иако “мазохистички“ ќе звучи, и на задоволство на своите соработници. И сега, ако се појави некој со поинаков, “помек“ стил, може да имаат проблеми. Не можете во 21 век долгорочно успешно на диктаторски начин да водите ниту држави, ниту компании. Овде всушност зборувам за поинаков начин на водење на компаниите од страна на втората генерација. Го сфаќаат ли тоа наследниците? Некои да, а некои богами не. За некои млади луѓе, инаку многу отворени за учење, за совет, прилично се изненадив кога видов како се однесуваат кон соработниците. Малку имитирајќи ги своите родители, а малку и од страв случајно некој соработник да не види оти тие нешто не знаат, ја подигаат бариерата кон својот тим. Но добро, тоа е данок на неискуството и младоста, ќе научат.

Кога е вистинското време основачот/менаџер на семејната компанија да ангажира професионални менаџери?

На два проблеми околу професионалните менаџери обрнувам внимание. Првиот е врзан за тоа како основачите го замислуваат професионалниот менаџер. Обично основачите бараат такви што знаат сè што знае и основачот, а истовремено она што основачот не го знае. Таков не постои, или

НАЈБИТНИТЕ РАБОТИ ПРИ ИЗБОРОТ НА ПРОФЕСИОНАЛЕН МЕНАЏЕР Три работи се клучни: неговите знаења и стил да се комплементарни со оние на основачот, т.е. да се надополнуваат. Потоа, да имаат ист систем на вредности, што би рекол еден мој пријател, ако е основачот “експлоататор“ таков треба да е и професионалниот менаџер, ако е пак “коректен работодавец“, мора и новиот близок соработник да биде таков. Трета битна работа е професионалниот менаџер да доаѓа од компанија што е на повисок степен на организациски развој одошто е семејната, но не на многу повисок, затоа што може да доживее културолошки шок и или да побегне самиот набрзо, или пак да му “помогнат“ да побегне.

ако постои, има веќе своја фирма. Друг проблем со професионалниот менаџер е заблудата околу очекувањата од истиот. Заблуда е дека тој може да го води процесот на професионализација на компанијата (тој процес некои го нарекуваат и корпоратизација). А, што за тоа време работи основачот? Па, како голем претприемач, а менаџерски неук, го руши истиот тој процес. За време на професионализацијата потребно е менаџерско описменување и на компаниите и на менаџерите. Професионалните менаџери можат и треба да го поддржат процесот на професионализација, но не можат да го водат. Но, што ако наследниците во семејството имаат сосема поинакви афинитети во животот наместо бизнис. Што во тој случај е најдобро за основачот за да не згасне компанијата по неговото заминување? Кога реков дека од основачите зависат сите четири подготовки (на компанијата, на наследниците, на самите основачи и на семејството) не појаснив до крај дека еден од

овие процеси не зависи во целост од основачите, а тоа е подготовката на наследниците. Ова е многу важно. Тие млади луѓе имаат право на свој живот и избор што ќе прават во него. Без оглед што ова што го зборувам звучи многу логично, па така и изјавата “Секако дека ги пуштив самите да изберат што ќе прават“ е општествено прифатлива, вистината во голем број случаи е поинаква. Ако наследниците имаат други интереси мора да се раздвои сопственоста над компанијата и раководењето во истата. Ако не сака или не знае да работи во семејната компанија, тоа не значи дека не може да биде сопственик на истата. Некои луѓе имаат неколку куќи, но не можат во сите да живеат. Тие се сопственици, се грижат за тоа куќата да е убава, на цврсти темели, и да земаат рента од неа. Така е и со семејните компании и тука на значење добива нивната професионализација што ја нареков подготовка на компанијата. Со такви фирми може да раководат професионални менаџери, а наследниците да бидат сопственици.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

38

СВЕТ

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ЗА ПОГОЛЕМ ОПТИМИЗАМ, БЕРЗИТЕ ОЧЕКУВААТ НОВИ ФИНАНСИСКИ ИНЈЕКЦИИ ОД ВЛАДИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

39 „Добрите резултати во третиот квартал би било тешко да се концентрираат на одредена индустрија, но одговорот на инвеститорите на овие резултати е сè уште послаб отколку оној во минатото, што е уште еден показател дека пазарот на капитал сака пред сè стимул, нови свежо печатени пари. Акциите на компаниите од технолошкиот сектор како и оние во сегментот на купување преку интернет, работа од дома, продолжуваат да бидат попривлечни за инвеститорите. Минатата недела, кинеските компании од гореспоменатите сегменти на пазарот исто така се претставија добро.“, сметаат аналитичарите на Генерали Инвестментс. Генерали Инвестментс (редакциска опрема Капитал)

П

Последната недела од октомври исто така носи со себе понатамошен брз раст на бројот на новозаразени со Ковид-19, буквално насекаде во Европа и САД. Бројките се рекордни и практично се вративме во пролетните карантински месеци, иако тоа изгледаше неверојатно пред еден месец. Она што е за очекување е нагло влошување на економиите во развиениот свет со проширувањето на ограничувањата, а ги гледаме и првите компании кои предупредуваат на многу тешка зима и пролет, коментираат аналитичарите на Генерали Инвестментс во најновата седмична анализа на светските берзански случувања. „Времетраењето на ограничувањата е сè уште непознато, но само еден квартал може да одземе повеќе од 5% од БДП на годишно ниво. Најтешко е погоден услужниот сектор каде што можеме да очекуваме многу слаби резултати и каде што повторно ќе биде потребно да се насочи државна помош. Очекувањата одат во насока на барем иста количина на стимул како и пролетта. Во САД на пат кон донесување е 2.500 милијарди долари помош, но веројатноста за договор во последната недела пред изборите е релативно мала.

„Не треба да очекуваме значителни промени во надворешната политика особено во однос на Кина, но политичката реторика ќе се смири во случај на победа на Бајден, што значи помалку твитови и повеќе активности зад затворени врати. Очекувањата дека односите меѓу САД и партнерите или конкурентите ќе се вратат во периодот пред Трамп се според наше мислење илузија. Сепак, можеме да се надеваме на малку подобра комуникација помеѓу Европа и САД.“, велат од Генерали Инвестментс.

Од Федералните резерви се очекува уште помош

Индустријата во моментов е светло место за економиите, но сепак ќе биде тешко за самата индустрија да остане во живот со секторот на услуги што продолжува да паѓа, бидејќи индустриите се економски силно испреплетени. Светлината на крајот од тунелот доаѓа од Кина и некои други азиски земји, кои со силна контрола и дисциплина се јасно подобри во контролирањето на текот на пандемијата. Кинеската

Индустријата во моментов е светло место за економиите, но сепак ќе биде тешко за самата индустрија да остане во живот со секторот на услуги што продолжува да паѓа, бидејќи индустриите се економски силно испреплетени.


Капитал број 1082 30.10.2020

40

www.kapital.mk

СВЕТ

ВНИМАТЕЛНОСТ И ИЗБАЛАНСИРАН ПРИСТАП

САМИТЕ ИЗБОРИ ВО САД НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ЌЕ ДОНЕСАТ СПАС ОД ПОЛИТИЧКАТА НЕСИГУРНОСТ ШТО ГИ КЛАТИ БЕРЗИТЕ Политичката несигурност пред изборите во САД е на својот врв, но самите избори не мора да значи дека ќе донесат спас. Потребен е избалансиран пристап кон инвестициите со давање на поголемо учество на индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, потрошувачка, како и технологија. Старите препораки остануваат релевантни. Особено, технолошката индустрија и акциите на интернет продавниците и оние со работа од дома се сегменти кои остануваат преценети, но со скапи обврзници и негативни приноси од банкарски производи, инвеститорите не гледаат алтернатива, велат од Генерали Инвестментс. „Сепак, не е време за крајности во портфолиото, бидејќи можеме да очекуваме подобри можности за купување во наредните недели, особено со текот на информациите за изборите во САД и стимулативниот пакет. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Продолжува ликвидносната поддршка како за акциите така и за обврзниците, а интересот на инвеститорите за акциите од технолошкиот сектор е сè уште најсилен. Исто така, се исплати да се погледне надвор од технолошкиот сектор, бидејќи можностите и пред сè, значително пониските процени се прикажани на друго место, а најновите деловни резултати се поохрабрувачки. Историјата нè учи дека индустриите со многу високи процени имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија. Ситуацијата на светските економии е многу поинаква и неизвесната претстојна зима ветува зголемена нестабилност, но трендот на раст на пазарот главно како резултат на стимулот, може да продолжи. Политичката несигурност пред изборите во САД е на својот врв, но самите избори не мора да значи дека ќе донесат спас. Потребен е избалансиран пристап кон инвестициите со давање на поголемо учество на индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, потрошувачка, како и технологија. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. За трпеливиот инвеститор, ова е веројатно време да се зголеми изложеноста на сегменти на пазарот каде што вреднувањата не се превисоки.“

економија продолжува да закрепнува и економските податоци се добри. Меѓутоа, ако Европа и САД успеат да го спречат бројот на инфекции со најновите мерки, закрепнувањето сепак може да биде побрзо од очекуваното. Исто така посилно зачекоривме во сезоната на деловни објави за третиот квартал, резултатите се охрабрувачки и претежно позитивно ги изненадуваат инвеститорите. Но, пазарот најмногу внимание посветува на изборите во САД. Анкетите во моментов ја предвидуваат победата на Бајден и оваа информација е вклучена во реакциите на пазарите. Но, во исто време, проценуваме дека во голем дел овие очекувања се веќе вградени во сегашните нивоа на цените на акциите, а некои акции би можеле да се најдат под притисок доколку победи Трамп. Како што знаеме, анкетите беа несигурни во последните неколку години, а изборниот систем на САД со својата непредвидливост, ја насочува борбата кон неколку клучни држави (Флорида, Ајова, Пенсилванија, Аризона итн.). Изборниот резултат е понепредвидлив отколку што покажуваат неодамнешните анкети. Пазарот на капитал се осигури минатиот месец дека секој резултат што брзо ќе доведе до јасен изборен резултат ќе биде добар. Проблем ќе се јави доколку разрешницата од изборите се пресели во судовите, што ќе доведе до уште поголема поларизација на американското општество, а истовремено веројатно дополнително ќе ги одложи преговорите за стимулативен економски пакет. Кој и да биде претседател ќе мора да дејствува многу брзо заради кризата предизвикана од Ковид-19, а стимулативниот пакет ќе треба да се координира и да се донесе преку Конгресот и Сенатот. ФЕД исто така ќе мора да пружи соодветна помош. Не треба да очекуваме значителни промени во надворешната политика особено во однос на Кина, но политичката реторика ќе се смири во случај на победа на Бајден, што значи помалку твитови и повеќе активности зад затворени врати. Очекувањата дека односите меѓу САД и партнерите или конкурентите ќе се вратат во периодот пред Трамп се според наше мислење илузија. Сепак, можеме да се надеваме на малку подобра комуникација помеѓу Европа и САД.“


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

41 Деловните резултати во последната недела продолжуваат да бидат позитивни и подобри од очекувањата, најголемо разочарување е германскиот SAP, кој со слаба реторика и намалени очекувања во периодот до 2023 година му зададе нов удар на германскиот технолошки сектор. Кинеските интернет компании „растураат“ Пазарите се повторно под притисок како и минатата недела поради ширењето на пандемијата и мерките за карантин. Причина за опстанок на оптимизмот се очекувањата за висок стимулативен пакет. Ова станува прилично опасна мешавина бидејќи со неизвесните избори, стимулот се доведува под знак прашалник, велат од Генерали. „Пазарот е кревок и веројатноста за посилна корекција се зголемува, иако историјата нè учи дека крајот на годината обично носи позитивни трендови. Пазарот во моментов проценува дека Бајден има поголеми шанси да биде избран, па затоа ги награди со премии одредени сектори (зелена енергија, лична потрошувачка и нега, делумно индустрија, итн.) и други со намалување на процените (особено енергијата). Деловните резултати во последната недела продолжуваат да бидат позитивни и подобри од очекувањата, најголемо разочарување е германскиот SAP, кој со слаба реторика и намалени очекувања во периодот до 2023 година му зададе нов удар на германскиот технолошки сектор. Добрите резултати би било тешко да се концентрираат на одредена индустрија, но одговорот на инвеститорите на овие резултати е сè уште послаб отколку оној во минатото, што е уште еден показател дека пазарот на капитал сака пред сè стимул, нови свежо печатени пари. Акциите на компаниите од технолошкиот сектор како и оние во сегментот на купување преку интернет, работа од дома, продолжуваат да бидат попривлечни за инвеститорите. Минатата недела, кинеските компании од гореспоменатите сегменти на пазарот исто така се претставија добро.“

nnn


Капитал број 1082 30.10.2020

42

www.kapital.mk

ЛИДЕРИ

ШТО ВЕЛАТ ДИРЕКТОРИТЕ НА ГОЛЕМИТЕ КОРПОРАЦИИ ЗА КОВ

ГОЛЕМИТЕ ШЕ ГОЛЕМИТЕ ПР


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

43

ВИД СИТУАЦИЈАТА, АМЕРИКАНСКИТЕ ИЗБОРИ И ЕКОНОМИЈАТА

ЕФОВИ ОКОЛУ РЕДИЗВИЦИ Лидерите на Microsoft, Coca – Cola, American Airlines и други големи американски и меѓународни компании ги споделуваат своите размислувања за тоа како бизнисот се менува за време на пандемијава.

Од лево: директорот на Coca – Cola Џејмс Квинси; директорката на AMD Лиза Су; директорот на Microsoft Сатја Надела и директорот на American Airlines Даг Паркер


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

44

ЛИДЕРИ

W

Wall Street Journal направи селекција од изјавите на неколкумина директори на најголемите американски и светски корпорации околу прашања како што се Ковид – 19, па сè до американските претседателски избори. рестрикциите повторно се зголемуваат во некои земји. Има потенцијал за зголемени регионални локдауни, како што навлегуваме во зимската сезона на Северната Хемисфера. Се подготвуваме за повторно намалување на економската активност.“

Брајан Никол, извршен директор на Chipotle Mexican Grill „Се приближуваме кон перформансите од пред Ковид кризата, иако сè уште се наоѓаме во Ковид окружување. И, јасно, структурата на нашите продажби е различна, и сега доаѓа сè повеќе преку дигиталните канали.“ Едвард Бастијан, извршен директор на Delta Airlines

ПАНДЕМИЈАТА Лиза Су, извршен директор на Advanced Micro Devices (AMD) „На нашиот клучен бизнис му оди добро. Ако погледнете во некои од сегментите, на пример, пазарот за персонални компјутери е во силен подем сега. Сета оваа ситуација со работата од дома, онлајн настава од дома и сл., се разбира помогна во тоа годинава.“

Мајк Џексон, извршен директор на AutoNation Inc.

„За да забележиме значаен чекор напред во побарувачката во нашата индустрија, треба патувањата, и туристички и бизнис, да се усовршат, локалните карантини да завршат и меѓународните рестрикции да се укинат. Тоа може да се случи само со нашироко распространети придобивки од страна на медицинската заедница, како и со повторното отворање на компаниите, односно нивниот канцелариски простор, што може да очекуваме да се случи во првата половина од следната година.“

Даг Паркер, извршен директор на American Airlines

„Секако, ќе може да се забележи подобар амбиент одошто денес, независно од тоа што може или не може да се случи поврзано со пандемијата сама по себе, затоа што луѓето стануваат сè повеќе спокојни во врска со патувањата. А и градовите се отвораат, и бизнисот како, така, се враќа. Па, за шест месеци од сега, мислам дека ќе биде доста подобро.“

„Она што се случува сега е реалокација и давање приоритет на одредени ставки во домашниот буџет на граѓаните. Американците сега го велат и прават следново: ‘Знаете што, сакам да се оттргнам од преголемата густина. Сакам повеќе простор дома. Можеби во иднина ќе работам повеќе од дома одошто сум мислел/а. И патем, ја сакам независноста во одлучувањето кога ќе се движам наоколу и како ќе се движам,и не сум многу возбуден/а околу возењето со јавен превоз повторно.’ Фактот што имаме многу атрактивни каматни стапки е мултиплицирачки ефект на оваа реалокација на семејниот буџет.“

„Видете, мислам дека она што се случува со желбата на потрошувачите да гледаат филмови дома е всушност раст, и ние сме задоволни. И мислам дека тоа е природна миграција што веќе се случуваше, а пандемијата ја забрза до некое ниво. Но, мислам и дека во некој момент, и кино салите ќе отворат пак и луѓето повторно ќе одат да гледаат филмови. Се надевам.“

РЕ-ОТВОРАЊЕТО НА САД Џејмс Квинси, извршен директор на Coca- Cola

ЕКОНОМИЈАТА Џенифер Пипзек, финансиски директор на JPMorgan Chase

„Напредок се гледа и понатаму, но окружувањето останува динамично, и не е праволиниско закрепнување во целиот свет... Важно е да се запомни дека светот е во ранлива ситуација сега. Гледаме некакви скромни знаци на ре – отворање, но и на стагнација периодов, со тоа што

Тед Сарандос, ко – извршен директор на Netflix

„Изминатиов квартал забележавме подем на спојувања и преземања, и објавените суми се враќаат на нивото од пред Ковид, како што компаниите почнуваат да го преместуваат својот фокус од дневни активности кон повеќе стратешко размислување и барање прилики.“


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

45


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

46

ЛИДЕРИ

Ленс Фриц, извршен директор на Union Pacific „Забележително беше закрепнувањето на економијата овој квартал. Прилично брзо се случи скок, па потоа растот беше побавен, малку како тргни – застани темпо.“ Алан Џоуп, извршен директор на Unilever „Се поместивме од фазата на првична реакција кон фазата живот со Ковид 19. Но окружувањето во коешто работиме останува крајно непредвидливо, и ние веруваме дека економски пад е неизбежен. Сметаме дека да се планира брзо макроекономско закрепнување е премногу оптимистички, и не очекуваме да сведочиме на забрзан раст во блиска иднина.“ Хозе Сил, извршен директор на Restaurant Brands International „Нашите гости се уште се соочени со голема несигурност околу развојот на пандемијата и соодветните мерки на одговор, како и за импликациите по економијата и евентуалниот пакет стимулативни мерки.“

Сатја Надела, извршен директор на Microsoft „На страната на понудата, завршивме добра работа. На почетокот се соочивме со огромен раст на побарувачката што нè натера да се потрудиме околу синџирот на снабдување. Сега сме многу задоволни околу тоа како функционира понудата со цел да ја поддржи побарувачката.

ПОДЕМОТ НА ДИГИТАЛНАТА ЕРА Сатја Надела, извршен директор на Microsoft

ПОЛИТИКАТА Кејти Ворден, извршен директор на Northrop Grumman Corp.

„Генерално, она што го сфативме изминативе девет месеци е дека најдобриот начин за секој бизнис да создаде отпорност, како и добро да „плива“ и се трансформира, и да работи во услови на разни ограничувања што пандемијата ги наметна – е дигиталната технологија. Па така, било дали е инфраструктура, дали се податоци или софтвер како услуга, стапката на прифаќање на овие категории постојано расте.“ Марк Шнајдер, извршен директор на Nestle „Доаѓа ера кога дигиталното ќе владее кај храната и пијалоците.“

Ние соработувавме тесно со нашите дистрибутери за да ја подобриме состојбата со нарачките. Но, морам да кажам, дека и покрај тоа, побарувачката сè уште ја надминува понуда во извесни сегменти. Работиме тоа да се подобри, но остануваат области каде што би сакале понудата да биде подобра.“

Алан Џоуп, извршен директор на Unilever

„Има една налудничава заложба дека давањето национален карактер на вашиот синџир на снабдување креира поголема отпорност на бизнисот. Не е точно. Треба да имате глобално поврзан синџир на снабдување со повеќе точки на бекап.“

„Очекуваме и понатаму силна, и од двете партии поддршка за националната безбедност, како што се навестува веќе и со планот за 740 милијарди долари во буџетот за 2021. Ние се спремаме за различни буџетски сценарија, но трошоците за одбрана се во голема мера придвижувани од степенот на закана. А, денес заканувачкото окружување бара силна одбранбена способност. Се интензивира зголемувањето на опасностите и ние веруваме дека и двете политички партии се посветени кон ефективна процена на овие опасности.“

Ленс Фриц, извршен директор на Union Pacific Corp. „Она на што сметаме, без оглед кој е во администрацијата, без оглед кој го контролира Конгресот, е избраните политичари да се фокусираат на слободна, фер и отворена трговија. Сакаме да бидат фокусирани на помагање на индустријата да расте и да се развива во САД. Тоа значи солидна инфраструктура и добра даночна политика.“ Гери Кели, извршен директор на Southwest Airlines

„Свесни сме за тоа какви се погледите на актуелнава администрација околу воведувањето карантини. Она што не знаеме е, доколку добиеме нова администрација, што тие ќе бараат? Едноставно не знаеме. А тоа ќе биде многу важно и секако ќе влијае врз закрепнувањето на авиопревозот, доколку воведете карантин, тогаш ништо од шансите да се спаси нешто.

СИНЏИРИТЕ НА СНАБДУВАЊЕ Лиза Су, извршен директор на Advanced Micro Devices (AMD)

„Второто полугодие за нас навистина беше многу силен период, и резултатите беа подобри одошто планиравме.

Дејвид Дено, извршен директор на Bloomin’ Brands (Околу предлогот на претседателскиот кандидат Џо Бајден за зголемување на минималната саатница на 15 долари) „Не знаеме политиките во кој правец ќе одат... Ќе бидеме спремни што и да се случи. Голем дел од нашите вработени заработуваат над 15 долари на час. Така што, ние ќе бидеме спремни, и ќе продолжиме понатаму.“ nnn


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


www.kapital.mk

Капитал број 1082 30.10.2020

48

ЛИДЕРИ

РЕКОА ЗА... ФУДБАЛОТ И додека деновиве гледаме фудбалски натпревари на ТВ што се играат без публика поради рестриктивните мерки од пандемијата, да се потсетиме што неколку фудбалски легенди имаат кажано за самата игра. Фудбалот е уметност, како што танцот е уметност. Но, само кога сè е направено како што треба, тогаш е уметност.

Фудбалот е игра на грешки. Оној што ќе направи помалку грешки, тој победува.

ЈОХАН КРОЈФ

АРСЕН ВЕНГЕР

ГЕРИ ЛИНЕКЕР

ЖОЗЕ МУРИЊО

поранешен холандски фудбалер и тренер

француски фудбалски тренер

Фудбалот е едноставна игра. Дваесет и двајца трчаат по една топка 90 минути и на крајот секогаш победува Германија. поранешен англиски фудбалер

Некогаш, фудбалерите почнуваа со кариера очекувајќи да бидат богати кога ќе се пензионираат. Денес, тие очекуваат да се богати уште пред да го одиграат својот прв меч!

португалски фудбалски тренер

Во фудбалот, победуваш како екипа, губиш како екипа. Ги делиш и заслугите и вината.

Едно е сигурно: Светското првенство без мене не вреди да го гледаш.

ЏАНЛУИЏИ БУФОН италијански голман

ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ поранешен шведски репрезентативец

Мајка ми смета дека сум најдобар фудбалер на светот. А, јас сум воспитан секогаш да верувам тоа што мајка ми вели.

Во фудбалот, добрата работа е што нештата може да сменат за секунда.

ДИДИЕ ДРОГБА

фудбалер од Брегот на слоновата коска

ДИЕГО МАРАДОНА

аргентинска фудбалска легенда



Вашата полиса во Триглав го покрива целосно ризикот од Covid-19 • Само во Триглав, со полиса за осигурување на живот*, или пак полиса за колективно осигурување од незгода, добивате целосна осигурена сума во случај на смрт од Covid-19.

• Вашето здравствено - патничко осигурување од Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Доколку сте заинтересирани за осигурување на живот:

Доколку сте заинтересирани за колективно осигурување од незгода, или пак за здравствено - патничко осигурување:

Пишете ни на info@triglavzivot.mk

Пишете ни на info@triglav.mk

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

За повеќе детали посетете ја страната triglavzivot.mk и информирајте се за условите и oграничувањата*

За повеќе детали посетете ја страната triglav.mk Онлајн обезбедете полиса за здравствено - патничко осигурување на 5minuti.mk

www.triglav.mk www.triglavzivot.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.