1083- Kapital magazin

Page 1

АКАДЕМИК ТАКИ ФИТИ: ЗА НОБЕЛОВЦИТЕ ПО ЕКОНОМИЈА ВО 2020

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1083

Ковид кризата ги „отепа“ хотелиерите Огромен пад на приходите во првите девет месеци

цена 100 ден. l 06 ноември 2020 петок l година 21

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА Песимистички прогнози Втор посилен бран и на економската криза АНАЛИЗА Домашниот пазар доби силна конкуренција Во првите девет месеци македонските граѓани „свртеле“ 40 милиони евра на светските берзи

COVER STORY

НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ СО ТЕШКА ЗАДАЧА

ДА СЕ НАПРАВИ ДЕМОКРАТИЈАТА ПОВТОРНО ГОЛЕМА! „Алкалоид“: Зголемена продажба, добивка и инвестиции



СОДРЖИНА

Kapital... 1083 4

10

COVER STORY

ЕКОНОМИЈА

Новиот американски претседател со тешка задача

Најновите економски прогнози се полни песимизам

Да се направи демократијата повторно голема!

Втор посилен бран и на економската криза

16

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Домашните инвеститори сè позаинтересирани за странски хартии од вредност

10

ЕКОНОМИЈА

Најновите економски прогнози се полни песимизам Втор посилен бран и на економската криза

24

34

28

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Фармацевтската компанија и годинава со одлични резултати

ЕКОНОМИЈА

Ковид – кризата ги „отепа“ хотелиерите

СВЕТ

Галопирањето на пандемијата ги вознемири финансиските пазари

„Алкалоид“ со зголемена продажба, добивка и инвестиции во првите девет месеци

Македонијатурист, Интернешенел хотелс и Хотели Метропол со огромен пад на приходите и со загуби

Берзите во црвено, доларот порасна, а инвеститорите бегаат кон безбедни инструменти

COVER STORY Новиот американски претседател со тешка задача..............................................................04 Да се направи демократијата повторно голема!

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Фармацевтската компанија и годинава со одлични резултати..........................................24 „Алкалоид“ со зголемена продажба, добивка и инвестиции во првите девет месеци

ЕКОНОМИЈА Најновите економски прогнози се полни песимизам......................................................10 Втор посилен бран и на економската криза

ЕКОНОМИЈА Ковид – кризата ги „отепа“ хотелиерите.................................................................28 Македонијатурист, Интернешенел хотелс и Хотели Метропол со огромен пад на приходите и со загуби

НАУКА Пол Милгром и Роберт Вилсон – добитници на Нобеловата награда за економија за 2020 година..............................40 Научниците што ја унапредија теоријата за аукции

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Домашните инвеститори сè позаинтересирани за странски хартии од вредност....................................................................16 Во првите девет месеци македонските граѓани „свртеле“ 40 милиони евра на светските берзи

СВЕТ Галопирањето на пандемијата ги вознемири финансиските пазари............34 Берзите во црвено, доларот порасна, а инвеститорите бегаат кон безбедни инструменти

МЕНАЏМЕНТ Капитал KNOW-HOW............................................44 Како најдобро да кратите трошоци ЛИДЕРИ Рекоа за...48 Ризикот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 05.11.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1083 06.11.2020

4

COVER STORY

Во моментот на затворањето на овој број на „Капитал“ сè уште немаше конечни резултати од американските избори, но сите прогнози се во насока на тоа дека нов американски лидер ќе биде Џо Бајден (кој веќе беше во сериозна предност и на кого му недостасуваа само 6 електорски гласови за влез во Белата куќа). Пребројувањето на гласовите на овие избори се одвиваше побавно од обично со оглед на фактот што голем број на Американци гласаа по пошта, поради ситуацијата со пандемијата со КОВИД. „Секој глас да се преброи. На крај ќе бидеме победници, имајте верба“ порача Бајден, со став сосема спротивен на Трамп кој исто повика да се бројат гласовите, ама само оние што се за него.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ СОИЗБОРИ ТЕШКА ЗАДАЧА 2020

5

ДА СЕ НАПРАВИ ДЕМОКРАТИЈАТА ПОВТОРНО ГОЛЕМА!


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

6

COVER STORY

Дека на Трамп победата му е поважна од принципите стана јасно уште во првите часови по затворањето на избирачкиот процес, откако излезе со запрепастувачка изјава во која повика да престане броењето на гласовите и обвини за изборна „измама“. Ама, тоа не е сè - тој повика да се престане со броење таму каде што тој губи - во државите каде што водеше побара гласовите да продолжат да се бројат, оти таму измама немало. Навистина невидено разбирање за демократијата!

пишува:

Катерина Синадиновска

Н

katerina.sinadinovska@kapital.mk

Нереални и запрепастувачки се случувањата на северноамериканскиот континент поврзани со изборот на четириесет и шестиот претседател на САД - досегашниот Доналд Трамп одбива да ги признае волјата на гласачите и изборниот пораз. Можеби и не се за изненадување ваквите потези на Трамп, ако се има предвид духот на целокупното негово владеење и неговиот

политички профил, но веројатно и на најголемите демократски песимисти немаше да им падне на памет, дека во државата што е поим за слободна во светот, првиот човек ќе се дрзне да ги нападне системот и столбот на демократијата - начелото дека граѓаните се тие кои одлучуваат. Дека на Трамп победата му е поважна од принципите стана јасно уште во првите часови по затворањето на избирачкиот процес, откако излезе со незамислива изјава и повика да престане броењето на гласовите обвинувајќи за изборна измама. Се разбира, ваквите сомнежи ќе беа легитимни доколку неговите обиди за демонстрација на докази за оваа “огромна измама“ беа успешни, а не базирани на невистини (неколку телевизии го прекинаа преносот од

неговиот прес со став дека недозволиво и неодговорно е да пренесат такви лаги во етер). Дополнително, запрепастувачки беше повикот гласовите да престанат да се бројат ама само таму каде што тој губи во државите каде што имаше предност, повика броењето да си продолжи, оти таму „измама“ немало. Навистина неверојатно сфаќање на демократијата! Голем дел од истакнати сопартијци на Трамп и негови соработници излегоа со став дека неговото однесување е поткопување на целиот американски поредок и директен судир со волјата на избирачите, имајќи предвид дека „едно е да тврдиш дека си победил, а друго е да се избројат гласови што тоа тврдење ќе го поткрепат“. Републиканскиот гувернер од Мериленд, Лери Хоган, на Твитер пиша дека „повеќе нема никакви


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

7

ПОВИЦИ ЗА СЕЧЕЊЕ ГЛАВИ

С

оцијалната мрежа Твитер го блокираше Стив Банон, поранешен висок советник на американскиот претседател Доналд Трамп, откако изјави дека директорот на ФБИ, Кристофер Реј и водечкиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи треба да бидат обезглавени и главите да им бидат поставени на кол пред Белата куќа. Вториот мандат ќе започне со разрешување на Реј, на Фаучи. Сега, всушност, сакам да одам уште подалеку, но сфаќам дека претседателот е добар човек со срце. Всушност, би сакал да се вратам во времето... во Англија. Би им ги забил главите на кол, би ги ставил на два агли на Белата куќа како предупредување до федералните бирократи“ рече Банон. Банон е на слобода со кауција од пет милиони долари, по обвиненијата за лажење за собирање донации за невладина организација која работи на изградбата на ѕидот на јужната граница на САД. Портпаролот на Банон, по бурните реакции, изјави дека тој не повикал Фаучи и Реј да бидат обезглавени, туку зборувал метафорички, додавајќи дека тој никогаш не повикал на насилство. Портпаролот на обвинителството во Њујорк засега не коментираше дали ќе побараат од федералниот судија во Менхетен да ја поништи кауцијата на Банон. Банон ја водеше предизборната кампања на Трамп во 2016 година и беше висок советник во Белата куќа се додека не беше отпуштен од американскиот претседател во август 2017 година. И акаунтот на Трамп во текот на вчерашниот ден постојано беше под „надзор“ од страна на Твитер и голем дел од неговите објави беа криени, откако се виде дека Трамп упорно објавува лажни податоци и невистини во врска со гласовите и нивното броење. Фејсбук пак зтвораше групи кои повикуваат „да се прекине броењето“ и да се сопре “кражбата на гласовите“

оправдувања за изјавите на Трамп“, а конгресменот Адам Кинцингер побара од Трамп да престане да шири лаги дека имало изборна измама: „Ова станува лудо. Доста со лаги“ пиша тој на Твитер.

„Двете Америки“ се лицето на светот денес

Ваквиот развој на настаните, кога не се признаваат изборни резултати и секој си прогласува победа пред тоа да го сторат надлежните институции, за луѓето од Балканот не е нeшто ново. Во многу изборни циклуси и во Македонија, а и низ соседните држави, сме гледале вакви однесувања на лидери што просто не сакаат да се соочат со одлуката на неговото височество граѓанинот. Непризнавање на процесот, обвинувaња за измама, за крадење на гласови, за притисоци, за интервенција на странски служби итн., итн…

„Двете Америки“ се всушност лицето на светот денеска - глобалната војна помеѓу концептот на либерализмот и демократијата и нејзините црвсти опоненти, за чија појава и раст, тешко дека може да се обвинат самите тие. Но, кога ова се случува во Америка, ситуацијата станува се’ позагрижувачка. Познатата новинарка Кристијан Аманпур, на својот Твитер профил пиша дека последните претседателски избори што таа „ги покривала“, а на кои поразениот не сакал да се бројат гласови биле оние во Иран во 2009, кога Махмуд Ахмадинеџад не сакал

да се соочи со граѓанската волја, алудирајќи дека ова што се случува во САД наликува на таквите системи на владеење. Она што сепак претставува најсериозна опасност, е што изборите само го нацртаа лицето на поделеноста на општеството, еден судир на две вистини, реалности, сосема различни концепти


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

8

COVER STORY

ПРОТЕСТИ НИЗ АМЕРИКАНСКИТЕ УЛИЦИ

Н

еизвесноста изборите предизвика и бурни реакции кај граѓаните - протестираат и едните и другите низ улиците низ целата земја, а особено во Њујорк, Филаделфија, Чикаго и Лос Анџелес. Демократските гласачи излегоа на улиците во две одделни области во Њујорк, каде на изборите победи демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден и откако одржаа конференција за печатот во близина на зградата Трамп Тауер на 5-та авенија на Менхетен почнаа со марш.. Демонстрантите кои го блокираа патот во близина на плоштадот Унион наидоа на полициска интервенција, голем дел од демонстрантите беа уапсени од страна на полицијата. Додека демонстрантите во градовите како што се Филаделфија, Детроит и Чикаго одржуваа мирни маршеви со пароли „Преброј ги сите гласови“, во Мичиген, една од клучните држави во трката за претседател избувнаа инциденти. За време на првите демонстрациите кои се одржаа во градот Лос Анџелес имаше апсења, а вчера веќе се

за тоа како една држава и нејзините лидери треба да изгледаат, поделеност присутна во сите европски и светски демократии денес. Победата (речиси извесна) на Бајден не е крај за овие проблеми, напротив. Трамп, и покрај сè, освои огромен број на гласови и тоа говори дека поларизацијата во американското општество, не само што не е надмината, туку е и силно присутна.

одржа помирен протестен марш како резултат на раната превенција што ја презеде полицијата. во Минеаполис, каде што во мај полицијата го уби Џорџ Флојд од африканско потекло, беа уапсени демонстранти кои го блокираа автопатот И-94. Додека група од 30 лица во Балтимор во Мериленд, мирно протестираа против најавата дека на изборите победил републиканскиот кандидат Доналд Трамп, полицискиот оддел во главниот град Вашингтон соопшти дека 4 лица се приведени поради прекршување на правилата за демонстрација, напади и поттикнување на насилство. Во Детроит, Мичиген, каде Републиканската партија бара повторно да се пребројат гласовите, група републикански гласачи се расправаа со службениците на Центарот за пребројување на гласовите кои не ги примија. Групата што извикуваше „Ајде да влеземе“, „Престанете со броењето“ беше оддалечена со интервенцијата на полиција. Протестите траат и днееска, а во голем број градови се очекува да продолжат и во текот на следните денови.

„Двете Америки“ се всушност лицето на светот денеска - глобалната војна помеѓу концептот на либерализмот и демократијата и нејзините црвсти опоненти, за чија појава и раст, тешко дека може да се обвинат самите тие. Токму процесите на национално зацелување и обединување ќе бидат најголемите предизвици и на американската и на светските демократии во периодот што следува,

оти оваа неспособност за лидерство на политичките его - манијаци, кои не умеат да водат чесна битка, туку сопствената омраза кон противникот ја пренесуваат врз поддржувачите, а тие понатаму кон неистомислениците, води само кон еден и единствен правец - пропаст на сите. Тука ќе биде најголемиот тест на Бајден, од чијшто резултат ќе зависи не само иднината на САД, туку и на светот. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

9

ИЗБОРИ - ТРИЛЕР: АМЕРИКАНЦИТЕ ИЗГУБИЛЕ 140 МИЛИОНИ ЧАСА СОН

А

мериканските граѓани внимателно ги следеа изборите за претседател на државата, поради што не спиеле многу ноќта меѓу вторникот и средата, а статистичките податоци велат дека изгубиле речиси 139 милиони часа сон поради претседателската трка меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден, јави Фокс њуз. Статистичките податоци покажуваат дека Американците изгубиле 138.833.045 часа сон, објави истражувачката куќа Оура. Тоа значи дека секој Американец изгубил 25 минути сон. Пулсот кај Американците исто така бил засилен, па нивното срце чукало побрзо за 1,4 отчукувања во минута, а Оура додава дека изборите предизвикале 15 отсто поголем стрес отколку во секојдневниот живот и девет проценти посилна вознемиреност.

ЈАНЕЗ ЈАНША СО ВИСТИНСКА ЧЕСТИТКА ЗА ЛАЖНАТА ПОБЕДА НА ТРАМП

С

è повеќе неумесна, а сè помалку смешна изгледа избрзаната официјална честитка од премиерот на Словенија, Јанез Јанша, којшто веднаш откако Трамп прогласи “победа“, на Твитер пиша дека очигледно е оти американските гласачи го поддржале Трамп и пиша дека “колку повеќе е се негираат резултатите на Трамп, толку повеќе неговиот триумф ќе биде поголем“. Ваквиот потег е назамислив во дипломатијата и меѓународните односи. Ниту еден сериозен светски лидер не би си дозволил да упати честитки до кандидат во време кога гласовите сè уште се бројат. Јанша претходно кажа дека ако Бајден победи тој ќе биде најслаб претседател во историјата.


Капитал број 1083 06.11.2020

10

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

НАЈНОВИТЕ ЕКОНОМСКИ ПРОГНОЗИ СЕ ПОЛНИ ПЕСИМИЗ

ВТОР ПОСИЛЕН БРАН И НА ЕКОНОМСКАТА КРИЗА Според ММФ, македонскиот бруто домашен производ (БДП) оваа година ќе биде за 5,4% помал отколку лани, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) прогнозира пад од 5%, Европската Комисија ја намали прогнозата за еден процентен поен, од 3,9% на пад од 4,9%, а Светска банка проценува намалување на економската активност за 4,2% на годишно ниво. Регионалниот резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле, зборувајќи за прогнозата за македонската рецесија, истакна дека „ова е без преседан најлоша проценка досега“.


www.kapital.mk

ЗАМ

Капитал број 1083 06.11.2020

11


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

12

ЕКОНОМИЈА

Падот на БДП е последица на намалување на приватната потрошувачка којашто се очекува годинава да се намали за 4,3%. „Домашната побарувачка, иако е поддржана од владините мерки, останува ‘пригушена’ и по укинувањето на мерките за ограничување“, вели ЕК во делот на извештајот за нашата земја. Тоа делумно е последица и на слабата реализација на првите три пакети антикризни мерки, проценети на половина милијарда евра, но исплатени само третина од планираните пари. Во меѓувреме, Парламентот конечно го усвои ребаланост на буџетот со што се отвори можноста за реализација на четвртиот пакет мерки, во вредност од 470 милиони евра со што би можело да се ублажат негативните последици од пандемијата врз економијата.

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

К

Како што засилува ширењето на коронавирусот меѓу луѓето, во исто време ја инфицира и економијата со подлабока рецесија отколку пролетниот бран. Па така сите релевантни меѓународни финансиски институции веќе ги ревидираа кон понегативни процените за економската активност годинава. Според ММФ, македонскиот бруто домашен производ (БДП) оваа година ќе биде за 5,4% помал отколку лани, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) прогнозира пад од 5%, Европската Комисија ја намали прогнозата за еден процентен поен, од 3,9% на пад од 4,9%, а Светска банка проценува намалување на економската активност за 4,2% на годишно ниво. Регионалниот резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле, зборувајќи за прогнозата за македонската рецесија, истакна дека „ова е без преседан најлоша проценка досега“. „Очекуваме по ваквото намалување да следи силно закрепнување во

2021 година. Сепак, неизвесноста во врска со прогнозата е невообичаено голема, затоа што се потпира на фактори поврзани со јавното здравје и на економски фактори кои се без преседан и во основа е тешко да се предвидат. Севкупно земено, ризиците во однос на прогнозата ги гледаме како широко балансирани. Од една страна, успешната имплементација на главните препораки на СЗО за да се избегне ширењето на Ковид-19, но и напредокот со вакцината и во лекувањето би можеле да доведат до тоа закрепнувањето да биде уште поголемо, како глобално така и во Северна Македонија. Од друга страна, големиот бран на новозаразени, или побавен напредок во производството на вакцина и во лекувањето, би можеле да доведат до полоши резултати во однос на растот“, предупреди Ебле. Според Есенскиот извештај на Европската Комисија, падот на БДП е последица на намалување на приватната потрошувачка којашто се очекува годинава да се намали за 4,3%, додека пак веќе следната година да порасне за 4,5% и во 2022 година за 4,7%. „Домашната побарувачка, иако е поддржана од владините мерки, останува „пригушена“ и по укинувањето на мерките за ограничување. Остриот пад на дознаките влијае негативно на

трошоците на домаќинствата“, вели ЕК во делот на извештајот за нашата земја. Од друга страна, јавната потрошувачка прогнозите годинава ќе порасне за 3,3% и по 2,9% и 3,1% наредните две години. Намалувањето на странската побарувачка поради рецесијата што ги зафати сите наши трговски партнери, ќе доведе до пад на извозот годинава за дури 15,5% и намалување на увозот за 12,5%. ЕК проценува дека вработеноста ќе се намали за 0,3%, а наредните две години да порасне за 0,5% и 2,4%. Од друга страна, Комисијата не очекува зголемување на невработеноста па така стапката останува иста како и лани, 17,3%. Од следната година се очекува да продолжи падот на невработеноста на 17,1% и во 2022 година на 16,6%. Ако пандемијата заврши на почетокот на следната година, за кога се очекува да биде достапна ефикасна вакцина, Европската Комисија проценува дека економијата ќе почне полека да заздравува со раст од 3,8% и 3,5% во 2022 година.

Две години ќе треба европската економија да се врати на нивото пред пандемијата Не се охрабрувачки ниту есенските економски проекции на Европската Комисија за цела Европа. Вториот бран на коронавирусот и новите


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

13 рестриктивни мерки дополнително ги влошуваат економските перформанси. Според есенскиот извештај на Европската Комисија се очекува контракција од 7,8% на економијата на еврозоната до крајот на оваа година, и раст од 4,2% во 2021, па околу 3% во 2022. Споредено со пролетните проекции на Комисијата, изгледите се малку подобри за идната година, а понегативни за 2022. „Економската активност во Европа претрпе силен шок во првата половина од годината, силно закрепна во третиот квартал како што се олеснуваа рестриктивните мерки, меѓутоа повторната појава на пандемијата во последните недели ги отежна условите, со воведувањето на нови здравствени мерки за да се спречи ширењето на вирусот“, анализира Европската Комисија во својот извештај. Поради ова проекциите на економски раст се „предмет на екстремно висока стапка на неизвесност и ризик”, предупредува ЕК. Комисијата очекува значителен пад на економската активност, но смета дека ударот врз пазарот на трудот ќе биде лимитиран благодарение на мерките донесени на ниво на ЕУ, преку разни програми за невработените. Невработеноста ќе продолжи да расте идната година, но би требало да се подобри состојбата во текот на 2022. Но, поради зголеменото трошење на државите во време на пандемија, главно за поддршка на бизнисите и работните места, очекуван е и раст на јавните долгови и дефицити на буџетите на земјите членки. „Растот ќе се врати во 2021, но ќе бидат потребни две години за европската економија да се приближи до нивото пред пандемијата. Во овој контекст на многу висока неизвесност, националните и фискалните политики треба да одат во насока на поддршка, а буџетот на ЕУ мора да биде финализиран оваа година за да биде на сила на почетокот на 2021“, изјави еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони. Советот и Парламентот на ЕУ постигнаа преоден договор за главните точки на несогласување, со што би требало да се расчисти патот за усвојување на седумгодишниот буџет на Унијата за периодот 20212027 вреден 1.074 милијарди евра.

Усвојувањето на ребаланост отвори врати за новите мерки

Во исто време, и македонскиот Парламент конечно го усвои ребалансот на буџетот за годинава со што се отвори можноста за реализирање на антикризните мерки од четвртиот пакет, во вредност од 470 милиони евра. Усвојувањето на ребалансот на буџетот е клучен чекор во

Според ММФ, македонскиот бруто домашен производ (БДП) оваа година ќе биде за 5,4% помал отколку лани, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) прогнозира пад од 5%, Европската Комисија ја намали прогнозата за еден процентен поен, од 3,9% на пад од 4,9%, а Светска банка проценува намалување на економската активност за 4,2% на годишно ниво.

Не се охрабрувачки ниту есенските економски проекции на Европската Комисија за цела Европа. Вториот бран на коронавирусот и новите рестриктивни мерки дополнително ги влошуваат економските перформанси. Според есенскиот извештај на Европската Комисија се очекува контракција од 7,8% на економијата на еврозоната до крајот на оваа година, и раст од 4,2% во 2021, па околу 3% во 2022. Споредено со пролетните проекции на Комисијата, изгледите се малку подобри за идната година, а понегативни за 2022. справувањето со пандемијата и од здравствен и од економски аспект, бидејќи фискалниот одговор на државата на оваа криза опфаќа набавки на опрема, лекови и вакцини за вирусот, но и финансиска поддршка на бизнисите и работните места коишто се директно погодени од рестриктивните мерки.

„Со овој ребаланс се обезбедуваат дополнително пари за вакцини, лекови и зајакнување на здравствените капацитети со цел справување со здравствената криза предизвикана од Ковид-19, како и средства за реализација на четвртиот пакет-мерки, кој има за цел да обезбеди економско заздравување. Со тоа се обезбедува


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

14

ЕКОНОМИЈА

одржливост на домашните економски дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности и обезбедување политики коишто ќе помогнат во продолжување на позитивните трендови на македонската економија, по завршување на кризата. Воедно со ребалансот се обезбедуваат повеќе средства и за студентскиот и ученичкиот стандард“, изјавија од Министерството за финансии. Министерот Фатмир Бесими, истакна дека буџетскиот дефицит кој се планира да достигне околу 8,5% од БДП е на ниво како и кај останатите европски држави, а е оправдан бидејќи задолжувањата ќе помогнат да се обезбедат пари за справување со најголемата криза досега, „Секојдневно се бориме за секој човечки живот, за секое работно место. Со овој ребаланс се обезбедија дополнителни средства за брзи тестови за ковид-19, како и за медицински персонал којшто е директно вклучен во борбата со коронавирусот. Истовремено со ребалансот се обезбедија средства за реализација на четвртиот сет мерки коишто ќе овозможат ревитализација на економијата преку поддршка на работните места, на инвестициите и извозот на компаниите и на ранливите категории граѓани“, потенцираше министерот за финансии, Фатмир Бесими. Инаку, четвртиот пакет антикризни мерки опфаќа финансиска поддршка на работодавците за исплата на плати во октомври, ноември и декември годинава, финансиска поддршка на ранливите категории граѓани погодени од Ковид 19, поддршка на производителите, преработувачите и извозниците на грозје, наливно вино и вино во шишиња, државна гарантна шема и царинска гаранција преку Развојната банка, грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби, поддршка на дејноста туристички водичи регистрирани како самостојни вршители на дејност, враќање на туристичка такса за 2019 година како и поврат на пари од „Викенд без ДДВ“. Со ребалансот на буџетот останува планот да се приберат јавни приходи од 3,2 милијарди евра, но да се потрошат 4,11 милијарди евра, што е дури 164 милиони евра повеќе споредено со претходниот усвоен буџет. Со тоа, минусот, односно буџетскиот дефицит се очекува да достигне 8,5% од БДП или дури 920 милиони евра.

Удар, благо закрепнување, нов удар

Последните макроекономски податоци покажуваат дека македонската економија е длабоко погодена и многу слабо закрепнува после првиот силен удар предизвикан од острите

Македонскиот парламент конечно го усвои ребалансот на буџетот за годинава со што се отвори можноста за реализирање на антикризните мерки од четвртиот пакет, во вредност од 470 милиони евра. Усвојувањето на ребалансот на буџетот е клучен чекор во справувањето со пандемијата и од здравствен и од економски аспект, бидејќи фискалниот одговор на државата на оваа криза опфаќа набавки на опрема, лекови и вакцини за вирусот, но и финансиска поддршка на бизнисите и работните места коишто се директно погодени од рестриктивните мерки.

рестрикции. Тоа делумно се должи и на слабата реализација на антикризните мерки од страна на државата коишто требаше да го амортизираат ударот и да ги ублажат последиците. Времето покажа дека пандемијата која што во текот на летните месеци иако беше ублажена, сепак не дозволи закрепнување на економијата без оглед што властите ги отстранија сите претходно воведени рестрикции. Индустриското производство, во текот на летото се намали за 9,3% во јули и август, што е само ублажување на падот од 25,2% регистриран во вториот квартал за времетраењето на полицискиот час. Во септември, пак, намалувањето на индустриското производство е сведено на 4,1% споредено со истиот месец лани. Па така, од почетокот на годината заклучно со деветтиот месец, индустријата произвела за 12,1% помала вредност отколку лани. Падот во производството на капитални добра, што беше сериозно изразен во вториот квартал кога достигна 47,1%, во текот на летните месеци јули и август се намали за 15% на годишно ниво, а дополнително опадна и продажбата на мало за 10,8% исто така во летниот период. Се уште нема податоци за движењето на бруто домашниот производ во третиот квартал, но статистиката

покажа дека падот во вториот бил огромен. Во апсолутен износ, пандемијата со коронавирусот направи штета од 320 милиони евра за само три месеци, односно толку е помала вредноста на сите производи и услуги создадени во вториот квартал годинава споредено со истиот период лани. Како што објави Државниот завод за статистика, домашната економија забележа огромен пад на БДП од 12,7% на годишно ниво, како последица на таканаречениот локдаун, не само во земјава, туку и во најголем број земји во светот и Европа, особено оние што се наши најголеми трговски партнери. Властите досега донесоа четири пакети стимулативни мерки што требаше да и помогнат на економијата да ја надмине корона – кризата, но слабите резултати веројатно се последица и на слабата реализација на некои мерки. Ако првите три пакети мерки беа проценети на околу 500 милиони евра, според последните податоци што ги добивме од Министерството за финансии кон крајот на летото, реализацијата беше само третина од планираното, односно 165 милиони евра. Тоа е околу 1,5% од македонскиот БДП и е прилично симболична поддршка на економијата ако се спореди со други земји во Европа, каде стимулативните пакети надминуваат и 10% од БДП. nnn


НЛБ Проклик и НЛБ мПроклик

Вашата банка секаде со Вас! Станете корисник на НЛБ Проклик - електронското банкарство и НЛБ мПроклик - мобилното банкарство за правни лица до 30.11.2020 и искористете ги промотивните поволности: • Без трошоци за електронско банкарство за сите плаќања до крајот на декември • Бесплатна Mastercard Business картичка за првата година на користење Со НЛБ Проклик – електронското банкарство и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство имате постојан увид на состојбата и прометот на Вашите сметки и можете самостојно да ги извршувате банкарските трансакции брзо и едноставно. НЛБ Проклик и НЛБ мПроклик Ви овозможуваат да ја зголемите ефикасноста на работењето на Вашата компанија и рационално да го трошите Вашето време и средства.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


Капитал број 1083 06.11.2020

16

www.kapital.mk

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СÈ ПОЗАИНТЕРЕС

ВО ПРВИТЕ ДЕ МАКЕДОНСКИТЕ ГР 40 МИЛИОНИ ЕВРА Н


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

17

СИРАНИ ЗА СТРАНСКИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

ЕВЕТ МЕСЕЦИ РАЃАНИ „СВРТЕЛЕ“ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ


Капитал број 1083 06.11.2020

18

www.kapital.mk

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Прометот со акции (но и злато, сребро, нафта и други финансиски инструменти), во странство за првите три квартали е повеќе од половина од прометот со акции на домашниот пазар. Ова релативно високо учество на тргувањето со хартии од вредност во странство во вкупниот промет на македонските резиденти со акции е дотолку позначајно ако се има предвид дека прометот со акции во класично тргување на Македонската берза е најголем во последните пет години.

Извор: Извештај на Комисија за хартии од вредност

Извор: Извештај на Комисија за хартии од вредност

Извор: Извештај на Комисија за хартии од вредност


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

19

Вкупно, во првите три квартали од 2020 година, македонските граѓани на странските берзи „свртеле“ 2,44 милијарди денари (околу 40 милиони евра), при што најмногу во април, околу 397 милиони денари и во јуни, 376 милиони денари, или просечно месечно по 4,44 милиони евра промет со акции на странски берзи. Истовремено, на домашниот пазар, односно Македонската берза, во првите девет месеци е направен вкупен промет од 113 милиони евра, додека прометот со акции во класично тргување е околу 78 милиони евра, што значи дека прометот со акции во странство во анализираниот период е повеќе од 50% од прометот со акции на домашниот пазар.

пишува:

Игор Петровски

М

igor.petrovski@kapital.mk

Македонските граѓани во третиот квартал годинава помалку тргувале на странските берзи, покажува извештајот на Комисијата за хартии од вредност. Во периодот јули – септември 2020 година на странски пазари е реализиран промет во износ од 747,2 милиони денари ( околу 12,2 милиони евра). Во однос на вториот квартал кога прометот на странски пазари преку домашни овластени учесници беше околу 17,5 милиони евра), забележано е намалување за 30.5%. Во третиот квартал, во месец септември е евидентиран најголем промет во ова тромесечје, односно

318,9 милиони денари или на овој месец отпаѓаат 42.68 % од вкупниот промет во овој квартал. Да потсетиме, со преминувањето на земјата во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) со што правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство, од јуни 2019 година, резиденти на Р.С.Македонија почнаа да инвестираат на странски пазари преку домашни овластени учесници на пазарот. Во третиот квартал, прометот реализиран на странски пазари преку домашни овластени правни лица во однос на вкупниот промет реализиран на домашен и на странски пазари (околу 30,3 милиони евра) учествува со 40.07%, односно во разгледуваниот период бележи зголемување од скромни 1.01% процентни поени наспроти претходниот период. Во текот на третиот квартал, поинтензивниот пад на прометот на домашен пазар (33.37% или

во апсолутен износ за околу 560 милиони денари) во однос на падот на реализираниот промет на странски пазари (намалување од 30.50% или во апсолутен износ за 328 милиони денари) доведе до зголемување на учеството на прометот на странски пазари во вкупниот промет на сите пазари.

Три банки засега овластени посредници во тргувањето на странски берзи

Вкупно, во првите три квартали од 2020 година, македонските граѓани на странските берзи „свртеле“ 2,44 милијарди денари (околу 40 милиони евра), при што најмногу во април, околу 397 милиони денари и во јуни, 376 милиони денари, или просечно месечно по 4,44 милиони евра промет со акции на странски берзи. Истовремено, на домашниот пазар, односно Македонската берза, во првите девет месеци е направен вкупен промет од 113 милиони евра, додека прометот со акции во класично тргување е околу 78 милиони евра,


Капитал број 1083 06.11.2020

20

www.kapital.mk

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Извор: Извештај на Комисија за хартии од вредност

Извор: Извештај на Комисија за хартии од вредност


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

21 што значи дека прометот со акции во странство во анализираниот период е повеќе од 50% од прометот со акции на домашниот пазар. Во вкупниот промет пак со акции и на двата пазари, трговијата на странските пазари зафаќа 33,8%. Ова релативно високо учество на тргувањето со акции во странство во вкупниот промет на македонските резиденти со акции е дотолку позначајно ако се има предвид дека прометот со акции во класично тргување на Македонската берза е најголем во последните пет години. Ако пак сметаме како процент од целокупната трговија на домашните инвеститори на Македонската берза и странските пазари од 113 милиони евра во првите девет месеци (со се’ блок трансакциите, преземањето на осигурителна компанија, итн.), уделот на трговијата со акции во странство е 26%. Прометот реализиран на странски пазари и во третиот квартал како и досега се реализира преку три (3) банки, овластени учесници на пазарот на капитал коишто засега имаат дозвола за вршење вакви

услуги: Шпаркасе банка Македонија, НЛБ банка и Комерцијална банка. Во овој квартал најголемо учество во реализираниот промет на странски пазари продолжува и понатаму да има Шпаркасе банка со 51.67% од вкупниот промет, односно 386 милиони денари . По неа следи Комерцијална банка која во овој квартал бележи реализиран промет од 231,8 милиони денари на странски пазари, што претставува 36.53%, а како трета е НЛБ банка која во прометот на странски пазари учествува со 17.31%. Kварталните податоци по одделни овластени банки, упатуваат дека Шпаркасе банка е насочена кон сервисирање на клиенти/резиденти кои вложуваат на странски пазари, коишто во третиот квартал од 2020 зафаќаат 96% од вкупниот промет реализиран на сите пазари од страна на оваа банка. Набљудувано по месеци и одделни овластени банки, од јуни 2019 година, односно од кога се овозможи вложување на резиденти на странски пазари, се забележува дека прометот на странски пазари реализиран преку трите овластени

УНИкатни Бизнис Е-Пакети за Вашата компаниja!

банки има ефект врз соодносот меѓу прометот на странски пазари и прометот на домашен пазар, а тој ефект е најизразен кај Шпаркасе банка.

Просечните износи за тргување во странство се 20.000 евра

Во последниот квартал од минатата година, кога всушност и се забрза тргувањето со хартии од вредност на странските пазари по почетните трансакции што се случија летото, прометот на македонските физички и правни лица бил 473 милиони денари или околу 7,7 милиони евра, што значи дека годинава овој вид на тргување добива на динамика, и покрај психозата што кај инвеститорите ја создава пандемијата. Од податоците за тргувањето се гледа дека интересот за купување акции во странски компании континуирано расте од месец во месец во 2020 година, па иако во март американските, и останатите главни берзи во светот забележаа силен пад поради паниката создадена од затворањето на економиите предизвикано од пандемијата, во

Заштедете со најдобриот месечен пакет за Вашата компанија Е-ПАКЕТ

Е-ПАКЕТ ПЛУС

Месечно одржување на сметка

Без надомест

Без надомест

Интерни плаќања

Неограничени

Неограничени

КИБС Плаќања

20 плаќања

20 плаќања

МИПС Плаќања

5 плаќања

5 плаќања

Девизни приливи

Неограничени

Девизни плаќања

3 плаќања

Цена на пакет

990 мкд

1.990 мкд

Дополнително без надомест: • Електронско и мобилно банкарство • Мобилен токен

www.unibank.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

22

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

КАКО СЕ ТРГУВА СО АКЦИИ ВО СТРАНСТВО

П

остапката за тргување со акции во странство е многу едноставна, објаснуваат во македонските банки преку коишто одат овие трансакции. Потенцијалните клиенти доставуваат налог за тргување во странство кај овластените брокери во земјава. Овластените брокери го проследуваат налогот до глобалните брокери (инвестициско друштво или финансиски посредник кој има добиено дозвола од надлежен регулаторен орган) со кои имаат потпишано договор за соработка, а потоа тие технички го реализираат налогот на странските берзи. Во почетниот период, налогот за тргување од страна на клиентот до брокерското друштво ќе треба да се достави електронски, телефонски или директно во канцеларијата на овластениот

април месец прометот на странски пазари со „македонски пари“ повторно пораснал, на 396,5 милиони денари. Всушност, како што објаснуваат од македонските банки, најсилниот пораст на новорегистрирани клиенти и промет е забележан во вториот квартал, во периодот на силен пад на цените на инструментите на странските пазари. „Во 2020 година, особено по силната корекција на светските пазари во март месец, бројот на индивидуалци од земјава кои инвестираат, а кои

брокер, како што е предвидено и за тргување на Македонската берза. Но, бидејќи странските пазари се наоѓаат во различни часовни зони, за брзо време на клиентите ќе им биде достапна директна платформа за тргување, на која сами ќе можат да дадат налог на пазарот. Таа платформа ќе работи 24 часа. За реализација на тргувањето во странство брокерските куќи/ банки склучуваат и договор со финансиска институција која е чувар на имот и која има добиено дозвола од надлежен регулатор, а која во име на брокерската куќа ќе ги чува хартиите од вредност со кои се тргува во странство. Значи странските хартии од вредност кои ги купуваат физички лица од земјава се чуваат на омнибус сметка во финансиска институција које е чувар на имот.

претходно немаат значително искуство во тргувањето со хартии од вредност, рапидно се зголеми. Се работи за инвеститори со портфолија до 20.000 евра, кои целат кон фреквентно тргување. “, објаснуваат од брокерскиот оддел на Шпаркасе банка. Оттаму додаваат дека во овој период се регистрирани и значителен број на клиенти кои преферирале т.н. buy&hold стратегија, со долгорочен инвестициски хоризонт кои инвестирале и позначителни

Овие омнибус сметки се одвоени од имотот на самата финансиска институција. Тргувањето во странство суштински не се разликува многу од тргувањето на Македонската берза, барем не од перспектива на клиентот. Договорната документација помеѓу брокерското друштво и клиентот е стандардизирана. Бидејќи понудата на странските пазари е поголема и поразновидна, се прават и дополнителни анализи со цел клиентот да добие што повеќе потребни информации. Секако, тргувањето во странство има и свои трошоци (провизии), чија висина зависи од пазарот на кој се тргува. Новина се надоместоците за трошоците за старателската банка, односно за чување на хартиите од вредност на омнибус сметки.

финансиски средства. Од Комерцијална банка пак велат дека одредена група на инвеститори инвестираат на долг рок, главно во светски познати компании. „Може да се каже дека инвеститорите повеќе се информирани и повеќе ги следат берзите во Америка отколку во Европа. Најмалите износи со кои излегуваат на странските пазари се движат околу 2.000 евра, просечните се околу 20.000 евра, а поголемите достигнуваат и до 500.000 евра.“, велат оттаму. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

24

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Приходите од продажба се зголемени за 8%, на 145 милиони евра, нето добивката за 15% на 13,8 милиони евра, а инвестициите се двојно зголемени во однос на лани, на 19 милиони евра.

ФАРМАЦЕВТСКАТА КОМПАНИЈА И ГО

„АЛКАЛОИД“ СО ЗГОЛ ДОБИВКА И ИНВЕСТИЦИИ В пишува:

Игор Петровски

Ф

igor.petrovski@kapital.mk

Фармацевтската компанија Алкалоид од Скопје извести деновиве дека според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-септември 2020 година, продажбите достигнале 6,9 милијарди денари (112,2 милиони евра), што е за 9% повеќе во споредба

со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 8,9 милијарди денари (145 милиони евра), што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 9%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 7%. Од вкупните консолидирани продажби, 35% се остварени на домашен пазар, додека 65% се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21%, во Русија и во

другите земји од ЗНД се остварени 8%, а на другите пазари се остварени 3% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во Чешка, раст од 43%, Албанија бележи раст од 36%, Романија раст од 30%, Грузија раст од 15%, Ерменија раст од 15%, САД раст од 14%, Словенија раст од 12%, Србија раст од 12% итн. При неодамнешната посета на американската амбасадорка Кејт Брнз на Алкалоид, беше истакнато дека од деловните потфати во САД, особена гордост за компанијата се пласманите на чаевите од програмата „Good Nature“. Во изминатите 15 години компанијата има воспоставено успешна соработка со


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

25

ЖИВКО МУКАЕТОВ

генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“

Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност. Како резултат на преземените мерки очекуваме резултатите од работењето на друштвото до крајот на годинава да се движат во рамките на веќе зацртаните плански цели за 2020 година.

ГОДИНАВА СО ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ

ЛЕМЕНА ПРОДАЖБА, ВО ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ американски компании специјализирани за производство и дистрибуција на чаеви и природни лековити производи, како реномираната ,,АВЕДА“, членка на групацијата „Есте Лаудер“, компаниите „Арбон Интернационал“ и ,,Свансон“ кои во 2019 година надминаа извоз во САД од 5 милиони американски долари, со тенденција за раст.

Двојно поголеми инвестиции годинава

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 85%. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со удел од

22%, кардиолошките препарати со 15%, невролошките препарати со 14%, антибиотиците заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 15% во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3%, козметиката со 8%, а билкарството учествува со 4%. Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1, 47 милијарди денари (24 милиони евра) , бележи зголемување од околу 13%, додека единечната нето-добивка изнесува 846 милиони денари (13,8 милиони евра) и е зголемена за 11%.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1,55 милијарди денари (25,2 милиони евра) и бележи раст од 16%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 847 милиони денари е зголемена за 15%. Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануарисептември 2020 година, изнесуваат 1,18 милијарди денари , што е за 96% повеќе во однос на истиот период од 2019 година. Реализацијата на инвестициските активности, вредни над 19 милиони евра, наменети за проширување на производните капацитети, како


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

26

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Најзабележителен раст е остварен во Чешка, раст од 43%, Албанија бележи раст од 36%, Романија раст од 30%, Грузија раст од 15%, Ерменија раст од 15%, САД раст од 14%, Словенија раст од 12%, Србија раст од 12% итн. При неодамнешната посета на американската амбасадорка Кејт Брнз на Алкалоид, беше истакнато дека од деловните потфати во САД, особена гордост за компанијата се пласманите на чаевите од програмата „Good Nature“. и за подобрување на енергетската ефикасност и за намалување на штетните емисии во воздухот, кои започнаа во 2019 година, се одвива во согласност со планираното. Комплетирањето на овие инвестиции е предвидено во текот на 2020 година. Во периодот јануари-септември 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 175 нови вработувања во земјава. На крајот на септември 2020 година во „Алкалоид“ во Македонија работат 1.822 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 536 вработени или вкупно 2.358 вработени во групацијата. Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2020 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето.

Одлични оценки од угледна инвестициска куќа во Европа

Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонска берза од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари - септември 2020 година се движеше од 8.354,00 денари до 13.400,00

денари или просечно 12.070,36 денари за една акција, што претставува раст од 35% во споредба со просечната цена во истиот период од 2019 година. Пазарната капитализација на компанијата на 30.9.2020 изнесуваше 17.9 милијарди денари (291 милион евра). На 17 септември годинава, чешката инвестициска банка Wood & Company објави инвестициска анализа за Алкалоид, насловена како „Растечки генератор на кеш – скопски стил“ („А rising money spinner, Skopje – style“) Инвестициската анализа што за двете компании ги направи Wood and Company е прва од ваков вид за фирми што котираат на Македонската берза и е дел од регионалниот проект финансиран од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР. Аналитичарите на Wood & Company сметаат дека компанијата работи одлично, генерира стабилни приходи и дека купувањето акции од неа е одлична инвестиција затоа што ќе продолжи да создава профити и во иднина. Бизнис-планот за 2020 година, донесен со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, на Седницата одржана на 27.12.2019 година, предвидува инвестирање на околу 14% од консолидираните приходи

од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од најмалку 7% на консолидираните продажби во однос на 2019 година, како и раст од најмалку 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2019 година. Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици генерирани од пандемијата на COVID 19. „Ние во Алкалоид презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во текот на вториот и третиот квартал дојде до одредено балансирање на нивото на залихите кај нашите купувачи, како и до стабилизирање на порастот на приходи од продажби. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност. Како резултат на преземените мерки очекуваме резултатите од работењето на друштвото до крајот на годинава да се движат во рамките на веќе зацртаните плански цели за 2020 година.“, велат од Алкалоид.

nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

28

ЕКОНОМИЈА

КОВИД – КРИЗАТА ГИ „ОТЕПА“ ХОТЕЛИЕРИ

МАКЕДОНИЈАТУРИС ИНТЕРНЕШЕНЕЛ ХОТЕЛС И МЕТРОПОЛ СО ОГРОМЕН П ПРИХОДИТЕ И СО ЗАГУ


www.kapital.mk

ИТЕ

СТ, И ХОТЕЛИ ПАД НА УБИ

Капитал број 1083 06.11.2020

29 Бројот на туристи во Македонија во првите осум месеци годинава е намален за 60%, на 336.581, според државниот Завод за статистика. Кај странските туристи падот е 83%, додека кај домашните падот е 25,3%. Поразителните бројки во туристичкиот бизнис како последица на корона – кризата најдобро се отсликуваат во финансиските биланси на хотелиерските компании што котираат на Берза: нивните приходи се паднати и до 85%, а загубите одат и до над еден милион евра.

пишува:

Игор Петровски

К

igor.petrovski@kapital.mk

Ковид – кризата, затворањата на економиите, рестрикциите на патувањата… сето ова придонесе хотелиерската индустрија во земјава, како впрочем и секаде низ светот да се соочи со огромен пад на приходите годинава. Бројот на туристи во Македонија во првите осум месеци годинава е намален за 60%, на 336.581, според државниот Завод за статистика. Падот е огромен кај бројот на странски туристи, разбирливо, поради затворените граници низ Европа во пролетните месеци и отсуството на странски гости и во периодот потоа, и изнесува 82,8%, што значи за првите осум месеци земјава ја посетиле само 90.733 странски туристи, додека тој број лани бил преку 510 илјади во истиот период. Бројот на домашни туристи во периодот јануари – септември е помал за 25,3%. Годината, инаку, почна добро за македонските туристички работници, поточно, во првите два месеци бројот на странски туристи беше поголем за 15,3% и изнесуваше 65.202, за потоа, од месец март, кога почнаа затворањата на државите низ Европа, како и македонските граници за влез на странци поради пандемијата, драстично да опадне, всушност во април и мај да се сведе практично на нула. Вкупниот број на туристи во Македонија во првите два месеци е за 10,6% поголем во однос на лани и изнесувал 102.554, но затоа во март е помал за речиси 70%, за во април и мај да нема практично воопшто туризам во земјава поради карантините, полицискиот час и сл., и забраната за работа на хотелско – угостителските објекти. Во месец јуни, откако се укинаа карантините и се отворија границите,

земјава ја посетиле 1863 странски туристи коишто оствариле 6374 ноќевања. Оваа бројка на туристи е за 98% помала во однос на истиот месец 2019, додека кај домашните туристи падот на гости е 89%, а на ноќевањата 90%. Туристичките бизниси зедоа малку душа во летните месеци, јули и август, кога бројот на домашни туристи стигна до 70.600 што е за 5% помалку од лани, но кај бројот на странските туристи закрепнување практично нема, затоа што падот таму бил цели 95%. Месец август е нешто подобар, односно, бројот на домашни туристи е повисок за 8,9%, а бројот на ноќевања за 1,1% во однос на август 2019 година. Сепак, треба да се има предвид дека голем број македонски граѓани се упатија кон домашните туристички капацитети затоа што Грција беше затворена за влез на македонски државјани, а и патувањата во другите традиционални дестинации за нив беше покомпликувано поради ковид – кризата. Бројот на странски туристи, пак, во август бил за 93% помал, што значи дека сезоната за македонските туристички работници во делот на incoming туризмот беше дефинитивно загубена. Сума сумарум, за првите осум месеци (во моментот на пишување на овој текст се’ уште не беа објавени бројките за месец септември) бројот на вкупни туристички ноќевања во Македонија е намален за 45%, кај домашните е за 16,3%, додека кај странските гости за 82,8%.

Загубена година

Очигледни се овие поразителни бројки во туризмот и од финансиските биланси на хотелиерските компании што котираат на Македонската берза. Македонијатурист АД, најголемата хотелска групација во Македонија, во чијашто сопственост се хотелите Холидеј Ин, Бест Вестерн, Карпош, Белви, Водно во Скопје, како и нефункционалните објекти на хотел Јадран, Бристол, итн., објави пад на приходите од продажба за 77% во првите девет месеци од 2020, коишто изнесуваат 52,9 милиони денари. Расходите на фирмата во истиот период


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

30

ЕКОНОМИЈА

Македонијатурист АД, најголемата хотелска групација во Македонија, во чијашто сопственост се хотелите Холидеј Ин, Бест Вестерн, Карпош, Белви, Водно во Скопје, како и нефункционалните објекти на хотел Јадран, Бристол, итн., објави пад на приходите од продажба за 77% во првите девет месеци од 2020, коишто изнесуваат 52,9 милиони денари. Резултатот од оперативно работење е загуба од 65,7 милиони денари. Загубата на крајот ќе ја ублажат финансиските приходи (камати, акции, итн.) во износ од 43,7 милиони денари, и нето загубата изнесува 22 милиони денари.

се 125,2 милиони денари и се помали за 33%, додека резултатот од оперативно работење е загуба од 65,7 милиони денари. Загубата на крајот ќе ја ублажат финансиските приходи (камати, акции, итн.) во износ од 43,7 милиони денари, и нето загубата изнесува 22 милиони денари. „Деловната активност на компанијата и во периодот од укинувањето на вонредната состојба на крајот на месец Јуни до крајот на извештајниот период е сведена на минимум во споредба со истиот период минатата година. Од тие причини со цел намалување на негативните ефекти од глобалната пандемија врз работењето и резултатите на Друштвото, Управниот одбор на почетокот на месец јули донесе одлука за времен прекин со деловна активност на подружниците: Бест Вестерн Хотел Турист, Хотел Карпош и Хотел Водно.“, се вели во образложението на финансискиот резултат на Македонијатурист. Хотели Метропол, групација во чиишто рамки се три хотели на охридското крајбрежје, покажале пад на приходите од продажба во првите девет месеци од 69%, на 55,6 милиони денари. Расходите

се намалени за 35% на 84,7 милиони денари, додека оперативната загуба е 27 милиони денари. Компанијата има повисоки финансиски расходи одошто приходи, па конечната нето загуба за првите девет месеци е 29 милиони денари. Од компанијата велат дека во анализираниот период нивните хотели оствариле 25.568 ноќевања, но во образложението на финансискиот резултат не пишува за колкав процент е тоа намалување. „Остварениот финансиски резултат за овој период е негативен и очекуван имајќи предвид дека туризмот како гранка беше најподложна на голем ризик поради светската пандемија која ги затвори границите на државите, а домашните капацитети беа ориентирани главно кон домашните гости во периодот на летните месеци“, објаснуваат од Хотели Метропол. Интернешенел хотелс, сопствениците на хотел Континентал во Скопје, оствариле вкупни приходи од 13,9 милиони денари во првите девет месеци годинава, или за 85% помалку во однос на истиот период лани. Расходите на компанијата се 42,5 милиони денари и се намалени за 44%, додека финансиските приходи

БРОЈКИ

16,3%

помалку ноќевања од домашни туристи во првите осум месеци

82,8%

помалку ноќевања од странските гости во првите осум месеци

изнесуваат 3,66 милиони денари. Компанијата на крајот прокнижила загуба од 28,6 милиони денари. „Негативниот финансиски резултат од работењето Друштвото го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата со корона вирусот COVID -19, како и согласно Одлуката на Владата за привремено затварање на сите угостителски објекти и хотели. Се откажаа практично сите аранжмани за 2020 година, што влијаеше во


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

31


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

32

ЕКОНОМИЈА

Интернешенел хотелс, сопствениците на хотел Континентал во Скопје, оствариле вкупни приходи од 13,9 милиони денари во првите девет месеци годинава, или за 85% помалку во однос на истиот период лани. Расходите на компанијата се 42,5 милиони денари и се намалени за 44%, додека финансиските приходи изнесуваат 3,66 милиони денари. Компанијата на крајот прокнижила загуба од 28,6 милиони денари. крајна линија и на конечниот финансиски резултат на компанијата“, велат од Интернешенел Хотелс.

Хотелите во Охрид ќе затворат од декември до март?

Деновиве се појави информацијата дека поголем дел од хотелите во охридско - струшкиот регион поради состојбата со пандемијата од коронавирусот ќе стават клуч на врата од декември до март. Во моментот работат со помалку од 10% од капацитетите, што воопшто финансиски не е издржливо, смета првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ), Крсте Блажески. Во туристичкиот сектор, потенцира тој , потребно е исполнетост од над 30% за да се покријат месечните трошоци. Доколку исполнетоста е над 40% останува за идни планови и инвестиции. Со оглед на моменталната состојба поголем дел од хотелиерите размислуваат за

затворање на капацитетите барем за декември, јануари и февруари. Во очекување сме на подобри времиња и да размислуваме за повторно отворање од март, истакна Блажески. Во период на пандемија, додаде, интересот за претстој е мал на домашните гости, а затворените граници и неможноста за организирани посети се дополнителен проблем во угостителскиот сектор. Поради состојбата и ограничувањето на собири и неможноста да се почитуваат протоколите нема да има организирани новогодишни забави, а откажани се и неколку семинари. Претседателот на ХОТАМ смета дека доаѓаат тешки месеци за угостителскиот сектор, работат со мали приходи, а преголеми загуби. Иако не располага со точен податок на отпуштени работници, претпоставува дека работните места се намалени за околу 30%. nnn



Капитал број 1083 06.11.2020

34

www.kapital.mk

СВЕТ

ГАЛОПИРАЊЕТО НА ПАНДЕМИЈАТА ГИ ВОЗНЕМИРИ ФИНА

БЕРЗИТЕ ВО ЦРВЕН ДОЛАРОТ ПОРАСН А ИНВЕСТИТОРИТЕ Б КОН БЕЗБЕДНИ ИНСТ „На меѓународните финансиски пазари преовладуваше помала склоност на инвеститорите кон вложување во повисоко приносни инструменти, главно под влијание на неизвесноста за идниот економски раст предизвикана од натамошниот раст на бројот на новозаразени лица од корона - вирусот на глобално ниво, особено во еврозоната и САД и воведувањето мерки за ограничување на ширењето на вирусот од страна на повеќето влади во ЕУ. Во такви услови, дојде до зајакнување на вредноста на американскиот долар, беше

забележан пад на берзанските индекси во Европа и САД и зголемена побарувачка за безбедни инструменти. Во такви услови, во еврозоната приносите на државните обврзници имаа пад речиси низ целата крива на принос, што главно се должеше на брзиот пораст на бројот на новозаразени од вирусот во Европа, воведените мерки за спречување на ширењето на вирусот и олабавувачкиот тон на состанокот на ЕЦБ.“, се вели во анализата на Народната банка за случувањата на светските финансиски пазари.


www.kapital.mk

АНСИСКИТЕ ПАЗАРИ

НО, НА, БЕГААТ ТРУМЕНТИ

Капитал број 1083 06.11.2020

35


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

36

СВЕТ

Во фокусот на меѓународните пазари минатата недела беше состанокот за монетарна политика на Европската централна банка. Согласно со пазарните очекувања, ЕЦБ ја задржа истата поставеност на монетарната политика, односно референтните каматни стапки се на истото ниво и потврди дека новата програма за откуп на хартии од вредност воведена поради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19 (PEPP) ќе се задржи на нивото од 1.350 илјади милијарди евра. Покрај тоа, беше соопштено дека ЕЦБ и натаму ќе откупува хартии од вредност во рамките на PEPP, сè додека не оцени дека е надмината корона - кризата, најмалку до крајот на јуни 2021 година.

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Т

Трендот на рекорден раст на бројот на новозаболени лица во светски рамки продолжи и изминатата недела. На последниот ден од октомври, дневниот раст на новозаразени лица на глобално ниво надмина 545.000, што воедно претставува најголем број на новозаразени од почетокот на пандемијата наваму. Во такви услови, вкупниот број заразени лица го надмина нивото од 46 милиони, а бројот на починати лица достигна 1.205.342., се вели во почетокот на неделниот преглед на светските економски движења што го изготви

аналитичкиот оддел на Народната банка на Северна Македонија. Во услови на значително зголемување на бројот на заразени и на хоспитализации, Германија и Франција воведоа делумно затворање на економските дејности, односно соопштија дека ќе ги затворат рестораните и т.н. дејности во услужниот сектор коишто не се од суштинско економско значење и најавија ограничувања и за јавните собири. Истовремено, вкупниот број новозаболени лица во САД надмина 546 илјади, поради што оваа земја и понатаму има најголем број случаи во светски рамки, а по неа следи Индија со 319.354 новозаразени лица. Француската компанија „Санофи“ и британската компанија „ГСК“ соопштија дека планираат да произведуваат 200 милиони дози од нивната потенцијална вакцина против корона-вирусот за глобалниот механизам КОВАКС, којшто е направен за да обезбеди праведен

пристап до вакцините. „Можеме да очекуваме нагло влошување на економиите во развиениот свет, бидејќи гледаме дека компаниите сè повеќе го привлекуваат вниманието со најави за многу тешка зима и пролет. Времетраењето на ограничувањата е сè уште непознато, но само еден квартал може да одземе повеќе од 5% од БДП на годишно ниво. Услужниот сектор повторно е најсилно погоден, каде што можеме да очекуваме многу слаби бројки и каде државната помош повторно ќе треба да биде насочена. Може да очекуваме барем иста количина на стимулативна поддршка како и пролетта.“, сметаат аналитичарите на инвестициската куќа Генерали Инвестментс. Во нивната редовна седмична анализа на светските финансиски случувања, тие коментираат дека доколку Европа и САД ги преземат најновите мерки за брзо ограничување на бројот на новозаразени и со тоа се успее да се спаси исклучително важниот месец декември, закрепнувањето сепак


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

37

Во САД, во третото тримесечје економската активност го забележа најголемиот раст, откако фискалниот стимул поволно се одрази врз потрошувачката и отворањето на бизнисите, и покрај натамошното ширење на корона - вирусот во земјата. Имено, растот на БДП во третото тримесечје од годината, според првичниот податок, изнесуваше 33,1% на квартална ануализирана основа и беше повисок во споредба со пазарните очекувања (од 32%). Притоа, анализирано по компоненти, најголем позитивен придонес во растот имаа личната потрошувачка, инвестициите и извозот. може да биде побрзо од очекуваното. Анализата, пак, на Народната банка на Северна Македонија се осврнува на фокусот на меѓународните пазари минатата недела, а тоа беше состанокот за монетарна политика на ЕЦБ. „Согласно со пазарните очекувања, ЕЦБ ја задржа истата поставеност на монетарната политика, односно референтните каматни стапки се на истото ниво и потврди дека новата програма за откуп на хартии од вредност воведена поради пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19 (PEPP) ќе се задржи на нивото од 1.350 илјади милијарди евра. Покрај тоа, беше соопштено дека ЕЦБ и натаму ќе откупува хартии од вредност во рамките на PEPP, сè додека не оцени дека е надмината корона - кризата, најмалку до крајот на јуни 2021 година. “, објаснуваат во анализата на Народната банка. Во рамките на програмата за откуп на хартии од вредност (Аsset Purchase Programme - APP), ќе биде

задржан истиот износ на нето - откуп од 20 милијарди евра заедно со дополнителниот откуп на хартии од вредност од 120 милијарди евра до крајот на годината. Воедно, ЕЦБ и натаму ќе обезбедува ликвидносна поддршка и преку целните долгорочни операции за рефинансирање (TLTRO III). ЕЦБ посочи дека ќе изврши преиспитување на сите инструменти на монетарната политика и на евентуалната потреба од дополнителен стимул по макроекономските проекции во декември. Објавените податоци за БДП укажаа на економско закрепнување во еврозоната и САД.

Франција, Шпанија и Италија двигатели на економскиот раст во еврозоната

Во еврозоната, според првичниот податок, БДП во третото тримесечје се зголеми за 12,7% на квартална основа, што претставува најголем историски пораст (пазарите очекуваа дека растот на БДП ќе изнесува 9,4%). Анализирано по земји, двигател на

економскиот раст во еврозоната беше зголемената економска активност во Франција, Шпанија и Италија, коишто забележаа економски раст од 18,2%, 16,7% и 16,1% на квартална основа, соодветно. Слично на ова, во третото тримесечје, и БДП на најголемата економија, Германија, се зголеми за 8,2% на квартална основа (пазарите очекуваа раст од 7,3%), главно како резултат на значителниот раст на личната потрошувачка и извозот. Ценовните притисоци во еврозоната и натаму се слаби, главно под влијание пониските цени на енергијата, намалувањето на стапката на ДДВ во Германија и промена на периодот на летните попусти на облека. Имено, стапката на инфлација во октомври согласно со пазарните очекувања остана иста, односно -0,3%. И базичната инфлација се задржа на нивото од 0,2% на годишна основа. По одделни земји, стапката на инфлација во Германија и Шпанија се намали од -0,4% на -0,5% и од -0,6% на


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

38

СВЕТ

Минатата недела, кинеските компании од технолошкиот сектор на пазарот исто така се претставија добро. Во завршна фаза е новата најголема продажба на акции на гигантот за финансиска технологија Alibaba – Ant Group, поранешна Alipay. Се очекува да се соберат 30 милијарди евра преку примарната емисија, а со пазарна капитализација од околу 300 милијарди евра, таа ќе стане 4-та по големина финансиска групација во светот. Акциите ќе бидат котирани во Кина и Хонг Конг. -1%, соодветно, додека во Франција остана 0% на годишна основа. Од друга страна, стапката на инфлација во Италија се зголеми од -1% на -0,6% на годишна основа. На пазарот на труд, стапката на невработеност остана иста, односно 8,3% во септември, што според аналитичарите покажува дека пазарот на труд во еврозоната се стабилизира. Показателот за економските очекувања за еврозоната, ESI (economic sentiment indicator), и во октомври остана 90,9 поени (пазарите очекуваа намалување на показателот на 89,5 поени), со што се прекина 5-месечниот раст, бидејќи потрошувачите и услужниот сектор станаа попретпазливи во однос на вториот бран на ширење на корона-вирусот во Европа. Според конечниот податок, довербата на потрошувачите во еврозоната во истиот месец, како што и се очекуваше, изнесуваше -15,5 поени, и понатаму укажувајќи на слабо закрепнување на побарувачката во еврозоната. Деловните очекувања во Германија, мерени преку показателот ifo (ifo Business Climate Index), во октомври се намалија од 93,2 на 92,7 поени, главно како одраз на зголемената загриженост од вториот бран на ширење на коронавирусот во земјата. Годишниот раст на кредитирањето на домаќинствата во еврозоната во септември забрза и од 3% се искачи на 3,1%, додека годишниот раст на кредитирањето на корпоративниот сектор се задржа на 7,1%. Анкетата за кредитната

активност на ЕЦБ покажа дека во третиот квартал од годината банките во еврозоната ги заостриле стандардите за сите категории кредити. Според Анкетата се очекува дека условите за кредитирање на фирмите ќе се затегнуваат и во четвртото тримесечје, што се поврзува со загриженоста околу економското закрепнување, како и неизвесноста за продолжувањето на мерките за фискална поддршка.

Фискалниот стимул во САД ги даде резултатите

Кварталната анкета на ЕЦБ, којашто беше спроведена на почетокот на октомври кога сè уште не беа воведени рестриктивните мерки за справување со пандемијата, упати на тоа дека економскиот пад во еврозоната во 2020 година може да биде помал во споредба со првичните очекувања (-7,8%, наспроти - 8,3%), но и економското закрепнување во 2021 година исто така би било послабо (5,3%, наспроти 5,7%). Покрај тоа, се очекува дека стапката на инфлација во текот на оваа година ќе изнесува 0,3% (во јули очекувањата изнесуваа 0,4%) и ќе се зголеми на 0,9% следната година (во јули очекувањата беа 1%). Во САД, во третото тримесечје економската активност го забележа најголемиот раст, откако фискалниот стимул поволно се одрази врз потрошувачката и отворањето на бизнисите, и покрај натамошното ширење на корона - вирусот во земјата. Имено, растот на БДП во третото

тримесечје од годината, според првичниот податок, изнесуваше 33,1% на квартална ануализирана основа и беше повисок во споредба со пазарните очекувања (од 32%). Притоа, анализирано по компоненти, најголем позитивен придонес во растот имаа личната потрошувачка, инвестициите и извозот. Во септември, нарачките за трајни производи се зголемија за 1,9%, по растот од 0,4% во претходниот месец (пазарите очекуваа месечен раст од 0,5%), во услови на забрзување на растот на нарачките за транспортна опрема и основни метали. На пазарот на недвижности, продажбите на нови објекти за домување неочекувано се намалија за 3,5% на месечна основа (наспроти пазарните очекувања за раст од 2,8%), по растот од 4,8% во текот на претходниот месец. Високофреквентните показатели за личната потрошувачка и личниот доход се движеа во иста насока во септември. Имено, растот на личната потрошувачка и на личниот доход се зголеми од 0,7% на 1,2% и од -2,5% на 0,9% на месечна основа, соодветно. Според високофреквентните податоци за пазарот на труд, првичните барања за социјална помош во неделата до 24 октомври се намалија од 791.000 на 751.000 (пазарните очекувања изнесуваа 775.000), но ваквите податоци упатуваат на тоа дека пазарот на труд сè уште е слаб, во услови на понатамошен раст на бројот на новозаразени лица во САД. На крајот на неделата, ФЕД изврши значително приспособување на една од програмите за кредитирање


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

39

Довербата на потрошувачите во еврозоната во истиот месец, како што и се очекуваше, изнесуваше -15,5 поени, и понатаму укажувајќи на слабо закрепнување на побарувачката во еврозоната. Деловните очекувања во Германија, мерени преку показателот ifo (ifo Business Climate Index), во октомври се намалија од 93,2 на 92,7 поени, главно како одраз на зголемената загриженост од вториот бран на ширење на коронавирусот во земјата.

(Main Street Lending Program), со цел да го олесни пристапот за бизнисите до програмата. Конкретно, ФЕД го намали минималниот износ на заемите од 250.000 на 100.000 американски долари.

Кина со нов петгодишен економски план

Во Јапонија, растот на индустриското производство во септември забрза и од 1% се искачи на 4% на месечна основа. Од друга страна, во текот на истиот месец, трговијата на мало се намали за 8,7% на годишна основа, при што ваквиот пад беше поизразен во споредба со претходниот месец (од 1,9%). Во однос на пазарот на труд, стапката на невработеност во септември остана на нивото од 3%, но ваквата стапка е сè уште значително пониска во споредба со останатите развиени земји во светот. Во текот на неделата беа одржани состаноците за монетарна политика на централните банки на Јапонија и на Канада. Како што се очекуваше, на редовниот состанок на Банката на Јапонија не беше направена промена во поставеноста на монетарната политика, односно референтната каматна стапка изнесуваше -0,1%. Притоа, централната банка надолно ги ревидира проекциите за економски раст и инфлација за фискалната година којашто завршува во март 2021 година. На редовниот состанок, централната банка на Канада ја задржа референтната каматна стапка на нивото од 0,25%, но беше пренесено дека откупот на обврзници постепено ќе се намали

на 4 милијарди канадски долари на неделна основа. Во соопштението за јавност беше наведено дека се очекува дека каматните стапки ќе останат на тековното рекордно ниско ниво до 2023 година и дека програмата за откуп на обврзници ќе се фокусира кон инвестирање во подолгорочни обврзници, што би имало подиректно влијание врз трошоците за позајмување за домаќинствата и деловните субјекти. Кина го претстави новиот петгодишен економски план, 14-ти по ред. Во планот не беше наведено целното ниво на економски раст, но главно беше нагласена намерата да се постигне здрав економски развој, како и важноста на квалитетот на произведените стоки и солидниот домашен пазар. Акциите на компаниите од технолошкиот сектор како и оние во сегментот на купување преку интернет, работа од дома, продолжуваат да бидат попривлечни за инвеститорите. Минатата недела, кинеските компании од гореспоменатите сегменти на пазарот исто така се претставија добро. Во завршна фаза е новата најголема продажба на акции на гигантот за финансиска технологија Alibaba – Ant Group, поранешна Alipay. Се очекува да се соберат 30 милијарди евра преку примарната емисија, а со пазарна капитализација од околу 300 милијарди евра, таа ќе стане 4-та по големина финансиска групација во светот. Акциите ќе бидат котирани во Кина и Хонг Конг. На меѓународните финансиски пазари преовладуваше помала

склоност на инвеститорите кон вложување во повисоко приносни инструменти, главно под влијание на неизвесноста за идниот економски раст предизвикана од натамошниот раст на бројот на новозаразени лица од корона-вирусот на глобално ниво, особено во еврозоната и САД и воведувањето мерки за ограничување на ширењето на вирусот од страна на повеќето влади во ЕУ. Во такви услови, дојде до зајакнување на вредноста на американскиот долар, беше забележан пад на берзанските индекси во Европа и САД и зголемена побарувачка за безбедни инструменти. Во такви услови, во еврозоната приносите на државните обврзници имаа пад речиси низ целата крива на принос, што главно се должеше на брзиот пораст на бројот на новозаразени од вирусот во Европа, воведените мерки за спречување на ширењето на вирусот и олабавувачкиот тон на состанокот на ЕЦБ, при што приносите на 10- годишните германски државни обврзници се сведоа на најниско ниво од март наваму. Во САД, на неделна основа дојде до умерено искосување на кривата на принос, по растот на приносите на 10-годишниот сегмент на кривата на принос. При засилена неизвесност за идниот економски раст, како одраз на вториот бран на корона-вирусот, мерките воведени повторно од страна на владите за спречување на ширење на вирусот и зголемените залихи во САД, цената на нафтата се сведе на најниско ниво од мај наваму. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

40

НАУКА

Академик

ТАКИ ФИТИ

ПОЛ МИЛГРО ДОБИТНИЦИ НА НОБЕЛОВА

НАУЧНИЦИТЕ Ш ТЕОРИЈА

Двајцата лауреати, силно ја унапредија теоријата за аукции, ги иновираа постојните формати на аукции, дизајнираа нови формати на аукции и овозможија нивна применливост во практиката.

Н

Нобеловата награда за економија за 2020 година им е доделена на двајца американски професори од Универзитетот во Стенфорд, Пол Милгром и Роберт Вилсон, за нивниот придонес во подобрувањето на теоријата на аукции и иновирање на аукциските формати.

Значење на испитуваната проблематика

Во соопштението на Шведската кралска академија се истакнува дека аукциите, денес, се насекаде околу нас, дека предмет на продажба преку аукции не се само имоти на

домаќинствата (куќи, апартмани и сл.), уметнички слики, антиквитети и сл., туку и многу други добра и услуги кои тешко се продаваат на традиционален начин – радио фреквенции, енергија, дозволи за екстракција на руди и на нафта, права за рибарење, права за тргување со дозволи за емисија на штетни гасови, акции, интернет реклами, владини (јавни) набавки на стоки и услуги, владини обврзници итн. Оттука, јасно е дека во оваа сфера се „вртат“ астрономски суми на пари, поради што оптималното дизајнирање на аукциите (иновирањето на аукциските формати) за да се заштитат интересите на сите учесници во аукцискиот процес (на приватните учесници на аукцијата, на даночните обврзници и на државата владата) има круцијално значење.


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

41

Овогодишните Нобелови лауреати по економија, Роберт Вилсон (лево) и неговиот колега од Стенфорд Универзитетот, Пол Милгром.

ОМ И РОБЕРТ ВИЛСОН АТА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА 2020 ГОДИНА

ШТО ЈА УНАПРЕДИЈА АТА ЗА АУКЦИИ За сложеноста на истражуваната проблематика

Обично кога ќе го слушнеме терминот аукција, првата асоцијација е на продажба на добро, да кажеме на уметничка слика, преку Англискиот формат (тип) на аукција, при што продавачот ја соопштува почетната цена и во текот на аукцијата понудувачите, преку наддавање, постепено ја зголемуваат цената, со извикување, сè додека некој не понуди највисока цена која ќе биде и краен исход на аукцијата. Но, во практиката, работите се многу посложени отколку што тоа изгледа на прв поглед, поради бројни причини. Прво, добрата и услугите што се продаваат преку аукции, најчесто имаат и приватна и заедничка вредност. На пример, оној што купува

куќа преку аукција, да кажеме во туристичко место, има субјективна процена за вредноста на куќата која е независна од процената на другите понудувачи во аукцискиот процес, во смисла колку тој лично е подготвен да плати, имајќи ги предвид квалитетот на градбата, атрактивноста на локацијата и сл. Тоа е приватната вредност на куќата. Но, покрај приватната вредност на куќата постои и заедничка вредност која зависи од процената на купувачот за колкава цена ќе може да ја продаде куќата во иднина. Оттука, врз висината на понудата на купувачот влијаат и приватната и заедничката вредност и тие значајно го детерминираат крајниот исход на аукцијата финалната цена по која ќе се продаде доброто или услугата.

Второ, аукциите се сфера во која владеат асиметрични информации. Организаторите на аукциите (продавачите) не располагаат со сигурни информации колку учесници ќе се јават на аукцијата, тие немаат информации за висината на цените кои ќе ги понудат одделните учесници на аукциите, секој учесник на аукцијата нема информации за стратегијата со којашто ќе настапат нивните конкуренти и за цените кои тие ќе ги понудат итн. Ваквата ситуација е причина за појава на проблемот наречен „проклетство на победникот“, кој упатува на можноста оној што ќе ја добие аукцијата, поради отсуство на квалитетни информации, да ја натцени вредноста на она што е предмет на продажба преку аукција, да понуди висока цена и потоа да се


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

42

НАУКА

соочи со загуби во бизнисот. Затоа, како што објаснува лауреатот Роберт Вилсон, рационалните понудувачи настојуваат да направат понуди кои се под нивните најдобри процени за вредноста на предметот на аукцијата и за приходите што ќе ги добиваат од него во иднина. Теоријата на игри, во ваква ситуација, може да помогне да се предвидат, барем апроксимативно, чекорите и стратегиите на одделните учесници во аукцискиот процес и да се ублажат последиците од асиметричноста на информациите. Трето, самото дизајнирање на аукциите, на аукцискиот формат, т.е. на правилата што ги содржат одделните типови на аукции, е многу значајно, бидејќи тоа има силно влијание врз крајниот исход на аукциите. За приватниот понудувач најдобар формат на аукција е оној кој ќе му овозможи доброто или услугата да ги продаде по највисока цена и да го максимизира доходот (профитот). Но, кога станува збор за јавни набавки, аукцијата ја добива оној кој ќе понуди најниска цена и ќе гарантира соодветен квалитет на доброто или услугата. Тука, целта е владата, односно регулаторот, да осигурат долгорочни бенефити за граѓаните, односно да се стремат кон максимизација на општествената благосостојба. Ваквата цел ќе детерминира и соодветен формат на аукцијата. Сè ова покажува зошто, денес, во дизајнирањето на форматите на аукциите (правилата на игра во текот на аукцискиот процес) се вклучуваат и компјутерски експерти, математичари, психолози и економисти кои ја проучуваат сферата на однесувањето на луѓето во економската активност ( посебно во т.н. стратегиско однесување) и сл.

Типови (формати) на аукции

Во досегашната теорија и практика, познати се неколку типови (формати) на аукции. Во научниот извештај на Шведската кралска академија на науките за придонесот на овогодишните лауреати се споменуваат 4 типови на аукциски формати: Холандски, Англиски, Формат на прва цена и Формат на втора цена. Кај Холандскиот формат на аукција, аукцијата започнува со највисока цена која обично ја соопштува продавачот. Највисоката цена, во текот на аукцискиот процес постепено се намалува сè додека некој од понудувачите не ја прифати и плати таа цена. Кај Англискиот формат на аукција, како што напомнав, почетната цена постепено се зголемува преку наддавање. Посебно е интересен аукцискиот формат Втора цена (Second price), којашто се нарекува и Викриева аукција – според името на добитникот

на Нобеловата награда за економија за 1996 година, Вилијам Викри, кој ги истражувал импликациите од асиметричните информации во јавниот сектор (оданочувањето, тарифите на подземните железници и сл.), и начинот на функционирање на аукциите во оваа сфера. Моделот на Викри е специјален случај и се однесува на ситуации во кои понудувачите имаат само приватна вредност за доброто што се продава (само субјективна проценка за вредноста на доброто, независна од онаа на другите понудувачи). Кај Викриевата аукција, по втора цена, лицитацијата ја добива субјектот кој ќе понуди највисока цена, но кој нема да ја плати таа цена, туку ќе ја плати цената која се однесува на втората најдобра понуда. Ваквото решение ќе ги стимулира учесниците на аукцијата да откријат колку се расположени навистина да платат, бидејќи ако понудата е прениска, ризикуваат да ја изгубат лицитацијата, а ако е превисока ризикуваат да влезат во стапицата на „проклетството на победникот“. Плаќањето по цената на втората најдобра понуда ја прави аукцијата ефикасна од општествен аспект, бидејќи оној што ја добива лицитацијата, фактички го плаќа т.н. општествен опортунитетен трошок, кој секогаш е врзан за втората најповолна алтернатива.

Придонесот на новите лауреати

Во што се огледа посебниот придонес на овогодишните лауреати (Вилсон и Милгром) поради што и им е доделена Нобеловата награда за економија? Двајцата лауреати, силно ја унапредија теоријата за аукции, ги иновираа постојните формати на аукции, дизајнираа нови формати на аукции и овозможија нивна применливост во практиката. Овде, посебно ќе истакнам дека Вилсон прв креираше рамка за анализа на аукции со заедничка вредност и утврди дека понудувачите често настапуваат со пониски цени од нивните најдобри процени за вредноста на добрата и услугите, за да го избегнат проблемот на „проклетството на победникот.“ Тој покажа дека проблемот со „проклетството на победникот“ е дотолку поголем доколку е поголема неизвесноста, а таа расте во услови на асиметрични информации кога некои учесници располагаат со поголем и поквалитетен сет на информации од другите. Милгром утврди дека проблемот со „проклетството на победникот“ е поголем во случајот на Холандскиот тип на аукции, отколку во случајот на Англискиот тип на информации. Двајцата лауреати дојдоа до генералниот принцип, според кој

еден аукциски формат генерира дотолку повисок доход доколку е посилна врската меѓу понудувачите и обемот на информации со кои тие располагаат. Оттука, продавачите имаат интерес да дадат што повеќе и што поквалитетни информации за добрата и услугите што се предмет на аукцијата. Понатаму, треба да се потенцира дека во современи услови аукциите стануваат многу посложени, односно мултипредметни, поради спецификите на предметот на аукција – типичен пример се аукциите за продавање на радио – фреквенциите на телекомуникациските оператори, аукциите за електрична енергија, аукциите за користење (екстракција) на природни ресурси (руди, минерали, гас и сл.) итн. Во овие случаи постојните формати (типови) на аукции не можат да се користат. Двајцата лауреати ги иновираа постојните типови на аукции и понудија нови аукциски формати. Тоа е особено случај со аукциите за радио – фреквенциите каде што проблемите за нивна ефикасна распределба меѓу операторите се многу тешки за решавање, бидејќи радио – фреквенциите имаат и приватна и заедничка вредност, бидејќи нивната цена може да варира меѓу различни географски региони во рамки на земјата, бидејќи нивната цена зависи и од цената на други оператори итн. Милгрoм и Вилсон за разрешување на овие проблеми понудија нов аукциски формат, т.н. SMRA (Simultaneous Multiple Round Auction). Овој формат на аукција ги нуди и симултано ги продава сите предмети (бендови) во рамките на радио - фреквенциите во различни географски подрачја. Аукцијата почнува со ниска цена и дозволува повторување на понудите, со што ваквите правила на игра ја редуцираат неизвесноста и го ублажуваат или разрешуваат проблемот на „проклетството на победникот“. Во телефонското интервју што Вилсон го даде по соопштувањето на одлуката за доделувањето на Нобеловата награда, тој истакнува дека моделот што го дизајнирале го нарекуваат аукција во пакет, што е ситуација во која купувачот може да конкурира за пакет на лиценци, кои може да се однесуваат на комплементарни добра, на супститути и сл. и дека се работи за извонредно комплицирана проблематика. Кога овој модел првпат беше применет во САД, во 1994 година, од страна на Федералната комисија за комуникации, американската влада продаде 10 лиценци, во 47 врзани кругови, за вкупен износ од 617 милиони долари – средства кои


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

43

Обично кога ќе го слушнеме терминот аукција, првата асоцијација е на продажба на добро, да кажеме на уметничка слика, преку Англискиот формат (тип) на аукција, при што продавачот ја соопштува почетната цена и во текот на аукцијата понудувачите, преку наддавање, постепено ја зголемуваат цената, со извикување, сè додека некој не понуди највисока цена која ќе биде и краен исход на аукцијата. Но, во практиката, работите се многу посложени отколку што тоа изгледа на прв поглед, поради бројни причини. Владата, претходно, не ги добиваше, ги губеше. Вака дизајнираниот аукциски формат (SMRA) се смета за голем успех. Истиот модел, подоцна, го применија голем број влади во светот – во Индија, Канада, Финска, Норвешка, Полска, Германија, Шпанија и др. Ова покажува дека истражувањата на овогодишните лауреати се корисни и за јавниот сектор, за даночните обврзници и за сите граѓани во земјите. Од друга страна, овогодишната Нобелова награда за економија покажува

како фундаментални теоретски истражувања (подобрување на општата теорија за аукциите) можат да се применат во практика и како од нив можат да бенефицираат сите граѓани. Доменот на истражување за кој е доделена Нобелова награда за економија за 2020 година, генерално гледано, влегува во сферата на теоретската и апликативната микроекономија, и посебно во неколку области кои ја чинат с’ржта на новата микроекономија

– теоријата на игри, економиката на информации, економијата на однесувањето и сл. Основите на споменативе микроекономски концепти и парадигми, овогодишните лауреати ги адаптирале и примениле во конкретни области, какви што се аукциите, преговарањето, владината регулација (економска и општествена) на бизнисите, конкурентските стратегии на фирмите, дизајнирање на договори и дизајнирање на пазарни механизми во економијата.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

44

МЕНАЏМЕНТ

КАПИТАЛ KNOW-HOW

КАКО НАЈДОБРО ДА КРАТИТЕ ТРОШОЦИ Кратењето на трошоците треба да е постојан процес. Ниту аутсорсирањето, ниту работењето без залихи, ниту било кои мерки, не треба да се резултат на работењето само во кризен период. Кризите само го забрзуваат процесот на донесување одлуки за непопуларни мерки за штедење. По брзите резови што помагаат да се преживее, треба да следат кратења на трошоци што носат зголемена ефикасност и конкурентност

пишува:

Игор Петровски

Д

igor.petrovski@kapital.mk

Дури и пред да биде прогласена за пандемија од Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март 2020 година, растот на инфекциите со вирусот КОВИД-19 кој обично се нарекува „коронавирус“ - започна да ги менува животите на милиони луѓе ширум светот и економиите во кои тие работат и живеат. Бидејќи вирусот се ширеше на секој агол на планетава во текот на неделите

што следеа по објавувањето на пандемијата, владите, бизнисите и цели земји реагираа на заканата на различни начини, почнувајќи од упатства за тоа како да се прават физичките контакти, водичите за дезинфекција, итн. И како што се продлабочуваше сериозноста на кризата, затворањето и карантините почнаа да го земаат својот данок од големите и малите бизниси во секој сектор на глобалната економија. Следствено, сопствениците и менаџментот на бизнисите се најдоа во ситуација да се обидуваат да ги намалат трошоците и да го намалат ризикот со цел да ги зачуваат не само профитабилноста и производството, туку

и да ги сочуваат самите компании. Во овие тешки времиња, им се исплати буквално - и на сопствениците на мали бизниси и на поголемите корпорации да развијат и да спроведат конкретен план за намалување на деловните трошоци и оптимизирање на ефикасноста со цел да се надминат предизвиците. Една од првите мерки по која што посегаат компаниите, е отпуштањето вработени. Иако, консултантите велат дека со овој чекор треба да се внимава. “И да дојде до отпуштања, најнепопуларната мерка за штедење, тоа мора соодветно да се искомуницира во фирмата. Прво, не смеете да се ослободите така лесно од кадрите


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

45 во кои што е вложено многу време и пари за да се обучат за задачите што ги извршуваат. Менаџерите/ сопствениците треба да водат сметка дека отпуштањата не ги погодуваат само оние што заминуваат, туку и тие што остануваат во фирмата. Мора искрено да се соопшти дека тие мерки биле неизбежни за доброто на компанијата, за нејзиниот опстанок и иден развој. Не смее да се создаде атмосфера дека бродот тоне, затоа што тогаш можат и сами да си заминат најквалитетните кадри, од страв дека нема веќе иднина во таа фирма“, велат домашните консултанти што ги контактиравме.

Менаџирање со фиксните трошоци и залихите најпроблематично

Како најчести проблеми на домашните компании, од консултантската пракса, се истакнуваат менаџирањето со фиксните трошоци и залихите. Во време на криза потребно е да се кратат првенствено оние трошоци кои имаат мало или никакво влијание врз квалитетот на производот или услугата. Најчесто на тапет се т.н. non core или несуштински сектори од компанијата. “Простор за понатамошно кратење на трошоците има секогаш, па доколку некоја компанија смета дека ги презела сите мерки, следен чекор може да биде спојување со компанија од истата или компатибилна дејност, при што извесно е да се очекува дополнително намалување на фиксните трошоци. Како додадена вредност за новата компанија би била зголемената конкурентска предност, можност за полесно пребродување на кризниот период, секако и подобар кредитен рејтинг“, сметаат консултантите. Ако на компаниите им падне продажбата за повеќе од 20%, мора да ги идентификуваат најголемите извори на неефикасноста во продажбата и маркетингот, па и да ги отпуштат продавачите со најслаби резултати, да ги стопираат промотивните активности што не се ориентирани на краткорочна продажба, но и под итно да почнат да преговараат за заштеда во договорите со маркетиншките агенции и агенциите за истражување на пазарот.

Култура на штедење

Во секој случај, управувањето со трошоците, треба да почне од топ менаџментот, советуваат и светските консултантски куќи, како McKinsey.Тие мора да ја пренесуваат на вработените. “Психолошки гледано, поимот ‘намалување на трошоци’, веројатно лошо ќе влијаена моралот на вработените, што на крајот на денот може и да не донесе позитивни ефекти. Затоа на компаниите им препорачуваме акциите поврзани со намалување на трошоците да ги преименуваат како “зголемување на продуктивноста. Продуктивноста

7 НОВИ НАЧИНИ ЗА ЗАШТЕДА

1

Анализирајте ги сите свои односи и договори

Најмногу внимание заслужуваат договорите со банките, адвокатите, консултантите или книговодствените бироа. Многумина менаџери пропуштаат да ги ревидираат долгорочните договори, а добриот деловен однос ги спречува да побараат поевтини решенија. Тоа што сте задоволни со нечија услуга не значи нужно дека нејзината цена е прилагодена на пазарната ситуација.

2

Викнете преговарачи

Било да се работи за специјализирани консултанти или само за личност од другиот оддел која е навикната да преговара, веројатно во преговорите ќе постигне подобри услови од некого во одделот што инаку комуницира со снабдувачите. Секојдневната комуникација помеѓу луѓето од две компании што соработуваат така ќе остане негибната. Методот “добар полицаец, лош полицаец“ често се покажала добра во преговарањето.

3

Почнете да користите современа технологија

Употребата на “компјутерски облаци“ за софтвер, серверски решенија или пак паметни технологии на печатење овозможуваат големи заштеди. Многу менаџери се свесни за тие можности, но се колебаат да ги воведат, заради што секој месец всушност губат пари.

4

Почнете да штедите енергија

Гаснењето на светла, темелно планирање на производството, ограничување на потрошувачката на хартија, штедливи возила... Енергенсите се сè поскапи, а паметно трошење на оние што најмногу се искористуваат е добар, но

често потценет извор на заштеди. Во канцелариите во кои што има изобилство на природна светлост често непотребно се расфрла електричната енергија; и користењето на печатачот е често непотребно, а за бензинот и да не зборуваме.

5

Поттикнете ги вработените да ви заштедат пари

Вработените на пониските нивоа често имаат добри идеи за тоа како може да се заштеди, но не ги пренесуваат понатаму. Наградите (кои што не мора да бидат парични) може да се добар поттик тие идеи да дојдат до менаџментот кој што практично може да ги спроведе.

6

“Објавете војна“ на службените автомобили и картички

Егото на менаџерите често најмногу пати за повластици, како што се службени автомобили и кредитни картички, но непријатни времиња бараат и непријатни мерки. Со укинувањето на 2-3 службени автомобили може многу да се заштеди во текот на една година. Поголемата контрола на трошоците за репрезентација нужна е за сите. Дојде време и директорите да покажат дека штедливоста се однесува на сите.

7

Внимателно прегледајте ги трошоците за човечки ресурси

Многу компании го скратија бројот на вработени, замрзнаа нови вработувања и плати. Сепак, во некои случаи подобро е платата да ја поделите во фиксен и варијабилен дел кои што ќе зависи од резултатите. Понекогаш повеќе се исплатува да вработите уште еден човек отколку да плаќате прекувремени часови, а некои задачи може да ги извршуваат невработени млади луѓе или студенти што се спремни да волонтираат.


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

46

МЕНАЏМЕНТ

Колку може да се заштеди со следниве процеси

5-10%

реорганизација и поедноставување на процесите

10-20%

тактичко намалување на материјалните трошоци и стратегијата на набавки

15-25%

оптимизирање на портфолиото на проекти и технолошката инфраструктура

30-40%

стратешка промена на моделот на работење Извор: McKinsey

НЕЕФЕКТИВНИ ПРИМЕРИ НА ШТЕДЕЊЕ

П

римери на кратење трошоци што може да донесат повеќе штета отколку корист има многу. Хрватскиот неделник Лидерпрес наведува случај кога во една тамошна голема државна компанија полуофицијално се донела одлука за штедење на хигиенски средства (конкретно, се намалила количината на тоалетната хартија на секој кат). Уште една државна компанија “мудро“ ги преместила сите печатачи од канцелариите во ходниците, со цел да ја зголеми контролата врз трошоците за хартија и тонери. Падот на продуктивноста предизвикан од таа глупава одлука никој не го мерел. Во некои компании веќе подолго време се практикува вработените сами да собираат пари за резервоарите со вода што ја пијат на работа. За да се избегнат прилично смешни и неефективни мерки за штедење, треба да си поставите неколку прашања пред секоја одлука за намалување на трошоците: колку навистина се постигнува финансиски ефект, дали тоа ќе ги влоши условите за работа на вработените, и не најмалку важно, колкав негативен имиџ се создава на компанијата со таквите мерки? може да се поттикне и со вреднувањето на работниците“, вели студијата на McKinsey. Продолжувањето со вложувањето во клучните луѓе и нивно задржување е суштинско кога ситуацијата ќе се подобри. Наместо да се фокусираат исклучиво на намалување на трошоците, компаниите мора да ги ангажираат сите свои потенцијали, особено креативните, во развој на бизнисот. Кризата е и прилика, тоа веќе сите би требало да го знаат, а фирмите што размислуваат долгорочно, таа прилика може да ја искористат за развој на нови производи, нови пазар, особено пак за развој на човечките потенцијали, на што во кризните времиња обично им се дава премало значење, велат консултантите. nnn

БРЗИ РЕЗОВИ

КАКО ДА ГИ НАМАЛИТЕ ТРОШОЦИТЕ ВО 30 ЧЕКОРИ Намалете ги платите, но задржете ги вработените на полно работно време

1 2

Скратете ја работната недела

Пренасочете ги специјалистите во продажба на купувачите со висок потенцијал

16

само на 17 Настапувајте најважните саеми

Пратете ги вработените на “принуден“ годишен одмор

18

Пратете ги вработените на неплатено отсуство

19

3 4

Укинете ги бонусите за Нова година и регресите

5

Не продолжувајте ги договорите на вработените на определено време

6

Откажете ги договорите за работа на неопределено време

7

Поедноставете го известувањето и администрацијата Зголемете го варијабилниот дел од надоместокот за продажниот персонал на најдобрите продавачи со 20 Продолжете вложувања во

системот за управување со купувачите Насочете 2/3 од маркетиншкиот буџет на 30% најважни купувачи

21

ги 22 Форсирајте примарните

Преработете ги издатоците за маркетинг и продажба, на кои што обично отпаѓа 30% од вкупната продажба

брендови, а стопирајте ги инвестициите во секундарните и терцијарните брендови

Штедете на маркетинг, но подгответе храбри промотивни акции

медиумите

8

9

го 23 Променете рекламниот микс во се со 24 Користете виралниот маркетинг

Утврдете ги најголемите извори на неефикасност во продажбата и маркетингот

и новите медиуми

11 Продлабочете ги контактите

26

10

со најголемите и најпрофитабилните купувачи

12

Намалете ги цените

ги 13 Задржете потрошувачите со давање привремени попусти, а не со постојани намалувања

14

Aкцент во продажбата ставете на “ловците“ кои што носат нови зделки го бројот на 15 Намалете разни специјалисти, на пример, технички стручњаци за производ

ги 25 Камалете трошоците за

истражување на пазарот Продолжете со праќање на обуки на топ - менаџментот

27

Свртете се кон сопствените едукациски програми ги 28 Подучувајте топ – менаџерите за

тоа како да ги подучуваат другите (‘train the trainers’)

29

Топ – менаџерите треба да го учат средниот менаџмент како да се носи со промените менаџмент 30 Средниот треба да ја преземе

улогата на влевање доверба на останатите вработени


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


www.kapital.mk

Капитал број 1083 06.11.2020

48

ЛИДЕРИ

РЕКОА ЗА... РИЗИКОТ

K

ој ризикува, тој добива. Некој добива, некој губи, но како што велат, најголем ризик е да не преземеш никаков ризик. Да видиме што рекле неколку успешни луѓе околу преземањето ризик во животот.

Кога морам веќе да избирам, не би дал ниту една ноќ добар сон за некоја шанса за екстра профит.

ВОРЕН БАФЕТ

инвеститор и милијардер

ЈАН МЕКФЕРЛЕЈН

поранешен гувернер на централната банка на Австралија

Секоја преземена акција си има ризик и своја цена. Но, тие се далеку помали од долгорочниот ризик и цена на седење во зоната на комфорот.

Кога сакате да креирате нови нешта, мора да сте спремни да влезете во зона на ризик.

МАЈКЛ АЈЗНЕР

поранешен директор на Walt Disney

Најголем ризик е да не се презема никаков ризик... Во свет што се менува толку брзо, единствена стратегија што гарантирано не успева, е да не се преземаат ризици.

Кога сите мислат дека ризикот е сведен на минимум, ќе настапи преголема самодоверба и тогаш елементарните мерки на претпазливост почнуваат да исчезнуваат.

ЏОН Ф. КЕНЕДИ

поранешен американски претседател

Мислам дека само ако се осмелиме да шпекулираме ќе одиме напред, наместо само просто акумулирање на факти.

МАРК ЗАКЕРБЕРГ

основач и директор на Facebook

АЛБЕРТ АЈНШТАЈН научник и нобеловец

Сфатив дека среќата е прилично предвидлива. Ако сакате повеќе среќа, преземајте повеќе ризик. Бидете поактивни.

Вистински претприемач е како акробат во циркус без безбедносна мрежа одоздола.

БРАЈАН ТРЕЈСИ

мотивациски говорник и автор

ХЕНРИ КРЕЈВИС американски бизнисмен



Вашата полиса во Триглав го покрива целосно ризикот од Covid-19 • Само во Триглав, со полиса за осигурување на живот*, или пак полиса за колективно осигурување од незгода, добивате целосна осигурена сума во случај на смрт од Covid-19.

• Вашето здравствено - патничко осигурување од Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Доколку сте заинтересирани за осигурување на живот:

Доколку сте заинтересирани за колективно осигурување од незгода, или пак за здравствено - патничко осигурување:

Пишете ни на info@triglavzivot.mk

Пишете ни на info@triglav.mk

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

За повеќе детали посетете ја страната triglavzivot.mk и информирајте се за условите и oграничувањата*

За повеќе детали посетете ја страната triglav.mk Онлајн обезбедете полиса за здравствено - патничко осигурување на 5minuti.mk

www.triglav.mk www.triglavzivot.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.