1091-Kapital magazine

Page 1

COVER STORY

ЗАКРЕПНУВАЊЕТО НА ИЗВОЗОТ ОДЛОЖЕНО ДО ПРОЛЕТ

ПОЛИТИКА

СИТЕ САКААТ ПОПИСОТ ДА БИДЕ ПО СТАНДАРДИ... КОЈ ПО ПОЛИТИЧКИ, КОЈ ПО ПАРТИСКИ!

business magazine

БРОЈ 1091 l 29 јануари 2021 петок l година 21 цена 200 ден. l www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУА ГЕОРГИ ГОСПОДИНОВ ПИСАТЕЛ

НИЕДНА БИТКА ЗА МИНАТОТО НЕ Е ДОБИЕНА АЛВИН АЛИЧЕВИЌ ЧЛЕН НА УО, ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

И ВО ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕШКИ УСЛОВИ ИМАВМЕ УСПЕШНА ГОДИНА

ЗОРАН ЗАЕВ

премиер на Република Северна Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА ДА ГИ ЗАКОЧИ ВНАТРЕШНИТЕ РЕФОРМИ КОЛУМНА ГОРАН МАРКОВСКИ

ДИРЕКТОР, КБ ПУБЛИКУМ ИНВЕСТ

КАДЕ ДА СЕ ИНВЕСТИРА ГОДИНАВА?

АНАЛИЗА „КРВНАТА СЛИКА“ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

EVENTS КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИС БЕЗ КОРУПЦИЈА“



3

КАПИТАЛ... 1091 14

24

ИНТЕРВЈУ

ЕКОНОМИЈА

Зоран Заев

премиер на Република Северна Македонија

Нема да дозволиме ветото од Бугарија да ги закочи внатрешните реформи

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

30

ИНТЕРВЈУ

Анализа на Народната банка

член на УО на Шпаркасе Банка Македонија

„Крвната слика“ на македонската економија после десет месеци корона

И во исклучително тешки услови имавме успешна година

38

44

Алвин Аличевиќ

6

COVER STORY

Економија

Закрепнувањето на извозот одложено до пролет

34

ПОЛИТИКА

Има ли изненадени што Пописот направи политичка криза?

ИНТЕРВЈУ

Георги Господинов писател

Сите сакаат Пописот да биде по стандарди... кој по политички, кој по партиски!

COVER STORY Економија................................................................6 Закрепнувањето на извозот одложено до пролет ИНТЕРВЈУ Зоран Заев, премиер на Република Северна Македонија...................................14 Нема да дозволиме ветото од Бугарија да ги закочи внатрешните реформи ЕКОНОМИЈА Анализа на Народната банка...........24 „Крвната слика“ на македонската економија после десет месеци корона

Ниедна битка за минатото не е добиена

ИНТЕРВЈУ Алвин Аличевиќ, член на УО на Шпаркасе Банка Македонија........................................................30 И во исклучително тешки услови имавме успешна година ПОЛИТИКА Има ли изненадени што Пописот направи политичка криза?.................34 Сите сакаат Пописот да биде по стандарди... кој по политички, кој по партиски!

EVENTS

Завршна конференција на проектот финансиран од ЕУ

Намалување на корупцијата во приватниот и државниот сектор

ИНТЕРВЈУ Георги Господинов, писател...........38 Ниедна битка за минатото не е добиена EVENTS Завршна конференција на проектот финансиран од ЕУ...........44 Намалување на корупцијата во приватниот и државниот сектор КОЛУМНА Горан Марковски, директор на КБ Публикум Инвест.......................................48 Каде да се инвестира годинава?

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 28.01.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

ЈАН. 2021


ЈАН. 2021

4

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

Stand By Љупчо Зиков

основач на Капитал и колумнист ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov

Пост - ковид времето е нова голема шанса за Македонија!? GDP (БДП бруто домашен производ) = C + I + G + (X-M)

Д

C - Потрошувачка на населението (private consumption) I - Инвестиции (gross investment) G - Потрошувачка на државата (government spending) X-M - Разлика меѓу извозот и увозот (export-import)

Долго време овде се забораваше дека основната цел на секоја економска политика се зголемувањето на инвестициите во индустриските сектори и човечкиот капитал, како и отворањето на нови и многу работни места со што ќе се зголеми личната потрошувачка на населението (она од формулата во почетокот на текстот). Притоа и најдобрата социјална политика, од друга страна, е всушност зголемувањето на работните места, и тоа на добро платените работни места. Ќе се задржат граѓаните да живеат и градат свои лични проекти, да раскажуваат свои лични деловни и егзистенцијални приказни овде во Македонија. Видовме дека тоа не се случи во трите децении македонска независност. Поентата на овој текст е во намерата да се покаже дека со стапки од 2% до 4% раст на БДП, распон во кој се движиме и тетеравиме три децении во независноста, овие цели нема да можеме да ги постигнеме. И бескрајните дебати дали сме минус еден или плус два отсто раст на БДП никаде не водат. Освен што се пополнуваат телевизиските програми со парчиња во кои некои умни економисти и интелектуалци расправаат и докажуваат кој колку читал макроекономија! А всушност проблемот е најмалку во макроекономијата, туку во најголемиот дел во микроекономијата … во светот на компаниите, во квалитетот на инвестициите, и во квалитетот на секторите кои ги развиваме и инвестираме! Ги имате, работат нешто важно или ги немате …!? Во моја слободна проценка со ваков резон сериозен раст нема да постигнеме уште 50 до 70 години (значи и неколку идни генерации!?)… Оттука, како во сите добри пракси во кои паметните своите проблеми ги претвораат во предност, Македонија сега го има пред себе можеби новиот клучен период во пост - ковид периодите и годините што следуваат. Да смениме нешто за што не сме зборувале три децении! Што е тоа? Тоа е моделот на кој се потпираме сите во оваа земја! Моделот на развој … Да ја искористиме и, за прв пат, отвореноста на една влада (оваа секако) за идеи и концепти, нејзината демократичност и флексибилност

на потребите на разните таргети и заедници. Нејзината определба да се пресмета со корупцијата и криминалот, да воспостави правен систем каков досега не е изграден, и да го зголеми количеството на државни, јавни капитални инвестиции што во индустриите, градежништвото енергетиката, како и во човечкиот капитал на земјата.

КОГА, АКО НЕ СЕГА Следува пописот. Тој ќе покаже запрепастувачки резултати во делот на повеќе индикатори кои во следните години ќе ги користиме во делот на економските реформи. Ќе покаже и колку многу население од овде се иселило во последните дваесет години од кога е одржан последниот попис! И тоа ќе биде важно во креирањето на идниот модел на развој на економијата. Можеби пописот ќе даде и насоки кои идни индустрии би можеле да се развиваат во земјата, како и колку население живее во градовите и селата од што ќе се види дали Македонија има капацитет да развива гранки поврзани со примарното земјоделство, или дефинитивно треба да се определиме за силни поддршки во делот на производството на храна, и воопшто преработувачката индустрија. Оттука, пописот во Македонија е многу важен во овој момент. Особено ако претпоставиме дека ковид кризата е кон крај, и ако прифатиме дека периодот по ковид е многу добра шанса за македонската економија и општество да одберат, сет нови доктрини и сосема ново гориво за движење. Јас сум за тоа … Ресет ... Да ја опишам состојбата денес … Сиромашни граѓани кои се иселуваат, или поради немање работа, или поради немање соодветна работа, или поради отсуство на можности да отпочнат приватна иницијатива (најчесто немање можност да се стигне до капитал и други финансиски производи), или поради ниски приходи, а несразмерно поголеми давачки (!?). Од друга страна, младите луѓе иако се добро образовани овде, најверојатно се општо образовани … без вештини. Ова значи дека се погрешно образовани, и не се атрактивни за индустриите и компаниите во приватниот сектор кои имаат потреба од конкретни професионалци со специфични вештини. Платите во приватниот сектор каде многу се работи се многу мали,


5

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

дури и кај добро управуваните компании! Мали се поради малата продуктивност и лошите перспективи на самите компании, во најголемиот дел лошо управувани! Поради лош менаџмент, и можеби недостаток на закони, работните места во приватниот сектор не се заштитени и постојано висат! Работните места во јавниот сектор и администрацијата се премногу заштитени, подобро платени, со повеќе странични бенефиции и оттука, состојбата на умот овде, е сите во јавната администрација. Но, мотивот за работа, и за личен развој, останува мал, фрустрацијата и револтот голем … следствено продуктивноста многу мала, што ги прави компаниите овде неконкурентни на странските пазари. Извозот е мал, увозот драматично голем, следствено трговскиот дефицит на земјата е голем и има лоши влијанија врз севкупната економија. Проблем е што за ова не се зборува … Инвестиции во приватниот сектор има, но далеку од доволно. Друг проблем е што македонските приватни компании истоштени од долгата предолга транзицијата денес се презадолжени во банките! А во банките има се и сешто во релациите со компаниите, па може да се види дека како производ на полу легални односи имате некои богати поединци лично, но чии компании се драматично задолжени (!?) Криминалот и корупцијата се форма на опстанок! Преку нив се прават и кариери и пари …

ЗОШТО Е ТОА ТАКА ДОЛГО ВРЕМЕ? Така е затоа што долго се бавиме сами со себе. Она малку што го заработуваме како домашен национален производ го распределуваме на крајно лош начин! Цело време очите ни се вперени во распределбата на БДП, како и во распределбата на годишните национални буџети, а го изгубивме фокусот во прашањето како создаваме БДП!? Како креираме едногодишен буџет во земјата!? Од каде ни се всушност на нас, и овие пари што сега ги трошиме? Тоа е вистинското прашање … И како да го зголемиме БДП повеќе од 5% па и повеќе од 6% долгорочно … Тоа е вистинскиот предизвик!? За постигнување на една ваква цел ни е потребен сосема нов модел. За да илустрирам, ќе се послужам со едноставен пример: Отворате маалски дуќан за прехрана. Немате пари. Немате ниту заштеда кој знае каква … Одите кај лихвар и позајмувате 700 евра со 5% камата на месец! Купувате производи за 700 евра и ги редите на полиците. Продавате со просечна маржа од 10%! Во случај се’ да продадете за еден месец сте заработиле само 70 евра. Од нив, 35 евра ќе ги дадете како камата кај лихварот … Но тоа ќе се случи само ако продадете се’. Ако не продадете немате толкава заработка, а обврската кај лихварот останува иста! Што сте направиле? Ништо … Сте ‘рмбале цел месец како вол за слама …

Пост - ковид времето е голема шанса, за нов почеток на македонската економија! Сега е времето за новиот модел на раст на домашниот производ, за растот на македонските компании и извозот! За развојот на човечкиот капитал и образованието! Фали нов модел! Пред тоа да се прашаме уште еднаш… како го создаваме и управуваме својот бруто домашен производ (БДП). Која е доктрината на Македонија? И дали воопшто се менаџира одржливо БДП!? Повеќе пати, низ годините наназад, на ова место сум напишал дека и големите македонски професори по економија, како и МАНУ и македонски влади живеат и работат во голема заблуда дека така креираните економски политики во независна Македонија го решаваат проблемот на растот на економијата и развојот на општеството … И по три децении не можеме сериозно да се одлепиме и да зачекориме побрзо напред… Сите економски политики водени во земјава, ќе потенцирам се до политиките на оваа Влада на Зоран Заев (ке објаснам зошто) беа економски политики креирани заради самите политики (да има напишано), а не заради растот на БДП и развојот!? Затоа и ништо не се гледа на мегдан… Сега е времето за големата промена… Како?

Како ќе ја надминете оваа состојба? Или ќе влезете длабоко во овој ваш бизнис и ќе дојдете до можност во дуќанот да ставите производи во вредност од 5000 евра и ќе правите разни продажни финти за да зголемите продажбата. Или второ напуштете го овој модел за преживување и барајте друг модел. Барајте реален бизнис. Инвестирајте. Заработувајте повеќе. Мислете. Македонија се наоѓа токму во оваа приказна …

ДА ЈА АНАЛИЗИРАМЕ ФОРМУЛАТА ОД ПОЧЕТОКОТ Растот на македонскиот БДП во годините наназад се должи на растот на личната потрошувачка. Многу малку инвестиции … Но личната потрошувачка во Македонија може да создава годишен раст од 2% до 3%! Ништо повеќе. Овде има и два големи дефекти и тие го прават растот на домашниот БДП неквалитетен. Прво, личната потрошувачка се зголемува кај граѓаните кои претежно работат во јавната администрација, кај пензионерите и отприлика тоа е тоа… Вториот дефект е прилично опасен, а тоа е затоа што со растот на личната потрошувачка во отсуство на домашни производи произведени во домашната економија ние всушност го финансираме увозот на производите! Лидл ефектот во Врање, на пример … И така во голем дел се продлабочува трговскиот дефицит! За да биде оваа формула на БДП добра за Македонија потребно е да растат инвестициите во приватниот сектор и трошоците на државата за капитални инвестиции кои ќе носат приноси. За оваа година премиерот Зоран Заев најави драматично поместување и зголемување во овој правец… Сега, и двата овие индикатори на земјата се лоши! Мора да се смени начинот на размислување. Бизнис моделот на правење пари во економијата и зголемување на БДП, кој за Македонија не смее да биде под 6% долгорочно. Таков раст не може да се прави, со крајно синдикален резон и само со занимавање со личната потрошувачка на граѓаните со ниска продуктивност на работење, неквалитетни работни места ниско платени, што како краен ефект се огледува како сиромашни, немотивирани македонски граѓани кои го напуштаат теренот. Вистинските реформи се длабоките структурни реформи и олеснет пристап на компаниите до евтин капитал. Така ќе се создаде атмосфера за претприемништво, креирање на нови компании во нови поквалитетни индустрии и со тоа создавање квалитетни и добро платени работни места. Мора да постои поддршката на државата за поедини стратешки сектори. Кои се тие допрва треба да се дефинира врз основа на сериозна анализа … храна, енергија, информатички технологии …!? Уште нешто можеби? Квалитетни субвенции овде … и отворање на широк фронт на капитални инвестиции во транспортната инфраструктура. Ајде да почнеме од тука…


ЈАН. 2021

COVER STORY

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

ЗАКРЕПНУВАЊЕТО НА ИЗВОЗОТ ОДЛОЖЕНО ДО ПРОЛЕТ Влошувањето на епидемиолошката состојба во Европа, особено во Германија, и продолжувањето на таканаречениот локдаун во повеќето западноевропски земји најверојатно до пролет, го одложува закрепнувањето на извозот годинава. Германија која што важи за мотор на европската економија, штотуку воведе уште построги мерки за движење на граѓаните и според некои епидемиолошки проценки, тешко веројатно е дека ќе може да се ослободи од нив до април или мај годинава. Овие прогнози се исклучително загрижувачки за нас, бидејќи речиси половина од целиот македонски извоз завршува токму на германскиот пазар, а околу 85% во ЕУ. Странската побарувачка за македонските производи е неизвесна бидејќи во вакви услови луѓето вообичаено трошат само за неопходни работи. Меѓународните финансиски институции имаат позитивни прогнози за сите наши најголеми извозни пазари годинава, меѓутоа, забрзувањето на економската активност најверојатно ќе се пролонгира до пролет, се додека не се укинат карантините.


ЗАКРЕПНУВАЊЕТО НА ИЗВОЗОТ ОДЛОЖЕНО ДО ПРОЛЕТ

7

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091


ЈАН. 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Д

одека ширењето на коронавирусот кај нас полека стивнува, барем според официјалните потврдени случаи на заразени, поголем дел од Европа е во многу полоша епидемиолошка ситуација, евидентирајќи секој ден нови рекорди на инфицирани граѓани. Тоа наметна продолжување на таканаречениот локдаун во повеќето западноевропски земји најверојатно до пролет. Германија која што важи за мотор на европската економија, штотуку воведе уште построги мерки за движење на граѓаните и според некои епидемиолошки проценки, тешко веројатно е дека ќе може да се ослободи од нив до април или мај годинава. Овие прогнози се исклучително загрижувачки за нас, бидејќи речиси половина од целиот македонски извоз завршува токму на германскиот пазар. Странската побарувачка за македонските производи е неизвесна бидејќи луѓето вообичаено трошат само за неопходни работи. Германската автомобилска индустрија веќе го сподели песимизмот сумиран во проценката на состојбата, која поради продолжениот локдаун падна на минус 5,4 поени. За споредба, месецот претходно овој индикатор беше во позитива и изнесуваше 5 поени. Останатите извозни пазари се далеку помали така што продажбите во странство се исклучително зависни токму од побарувачката од Германија. „Ако инфекциите не забават и сегашните ограничувања на економската активност продолжат или дури да се заострат, може да има значителен економски пад“, предупреди германската централна банка, Bundesbank. Во Извештајот се посочува дека германската економија најверојатно стагнирала, но не се намалила во последните три месеци од 2020 година, бидејќи растот во индустријата и градежништвото го надоместил падот на угостителството и малопродажбата. „Овие охрабрувачки сигнали за отпорноста на германската економија даваат надеж дека ограничувањата на економската активност, продолжени и засилени на почетокот на новата година, не треба премногу да го одложуваат закрепнувањето“, образложија од германската централна банка. Според прогнозите на меѓународните финансиски институции, се очекува германската економија да оствари солиден раст од 3,5% до 4,2% но откако ќе спласне пандемијата односно со укинувањето на карантинот што е на сила. Според последните проценки на ММФ, германскиот увоз годинава ќе порасне 7,7% споредено со лани, додека пак извозот ќе се зголеми за 9%. Овие индикатори влеваат надеж дека од пролет кога се очекува да се олабават мерките и животот полека ќе почне да се враќа во нормала, македонскиот извоз би можел годинава да надмине 2,5 милијарди евра и да ја надомести загубата од околу 15% лани. Втор најголем извозен пазар на земјава од којшто зависи закрепнувањето

годинава е бугарскиот, но неспоредливо помал односно само десеттина од германскиот. Според статистичките податоци за првите 11 месеци лани, во Бугарија сме извезле стоки во вредност од речиси 250 милиони евра, што е за 14,9% помалку отколку истиот период во 2019 година. За годинава, ММФ проценува дека бугарската економија ќе порасне 4,1%. Увозот во Бугарија се проценува дека ќе се зголеми за 12,3%, додека пак извозот 12,5%. Трет по големина пазар на кој што најмногу се извезува од Македонија е Косово, со извоз од 210 милиони евра за 11 месеци лани. Во тој период статистиката забележала пад од речиси 23% на годишно ниво. Но, ММФ е голем оптимист за закрепнувањето на косовската економија годинава и прогнозира раст од дури 6%. Увозот во Косово се очекува да порасне за 14%, а извозот дури 26,7%. Следна на листата најголеми извозни пазари на земјава е Србија каде што лани нашите компании продале стоки и услуги во вредност од 202 милиони евра, односно 12,2% помалку отколку во 2019 година. За годинава, прогнозите се дека српската економија ќе закрепне со стапка на раст од 5,5%, при што увозот се очекува да се зголеми за 11,2%, а извозот за 8,3%. Првите пет најголеми извозни пазари на Македонија ги заокружува Грција каде што лани нашите компании извезле производи во вредност од 160 милиони евра, и е единствен пазар каде што не е евидентирано намалување на извозот, односно има само благ раст од 0,5%. Проценките за грчката економија годинава според ММФ се исто така позитивни, со очекувана стапка на раст на бруто домашниот производ од 4,1%, раст на увозот за 6,1% и зголемување на извозот од 17,3%. Останатите извозни пазари според големината се исто така неколку земји од Европската Унија, каде што всушност оди дури 85% од целиот наш извоз. Иако се проценува раст од 4,7% годинава во рамките на ЕУ, сепак постои голема неизвесност околу овие прогнози отсега гледано бидејќи голем дел од земјите се соочуваат со огромен бран на пандемијата. Според Народната банка која што пред околу еден месец ги објави своите последни прогнози, се очекува странската побарувачка за нашите стоки и услуги во следните две години за закрепнува по огромниот пад од речиси 6,3% лани. Па така, за годинава се проценува растот на побарувачката да биде 4,6% додека пак догодина 3%. „Ризиците за проекциите за растот на странската побарувачка се главно надолни (условени од времетраењето на пандемијата, мерките за справување со вирусот, како и брзината на враќање на довербата и стабилизирање на очекувањата). Постојните капацитети ориентирани кон извоз, коишто се дел од глобалните синџири на производство, по застојот во вториот квартал лани, се очекува дека ќе го зголемат извозот и ќе даваат солидна поддршка кон растот“, објаснија од Народната банка.

Колку се погодени извозниците од

пандемијата?!

Пандемијата несомнено предизвика пресврт во стабилниот раст на извозот од Македонија поставувајќи значајни предизвици пред извозниците и креаторите на политиките да ја оживеат економијата во наредниот период. Најновата студија на Институтот за економски истражувања и политики, Finance Think, „Потенцијалот на извозно ориентираните компании да придонесат за економското закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија“, открива дека економските ефекти од корона - кризата се хетерогени така што некои компании се поранливи во зависност од ограничувањата со кои се соочуваат во текот на кризата. Според оваа студија, иницијалните истражувања покажуваат значајни нарушувања во глобалната трговија како резултат на пандемијата. Kако што владините мерки за спречување на ширењето на вирусот се затегаат, негативните ефекти се прелеваат од една земја во друга, од еден сектор во друг преку синџирите на набавки. Степенот на поврзаност на компаниите го зголемува значењето на индиректните шокови во однос на директната загуба предизвикана од пандемијата. „За да се ограничи ефектот од нарушувањата на синџирите на набавки, компаниите се потпираат на должничките пазари за да ја подобрат својата ликвидност. Малите и финансиски ограничените компании се соочуваат со поголеми предизвици како што корона кризата се развива. Дополнително, Ковид – 19 импактот е комбинација на шокови на страната на понудата и побарувачката отсликувајќи ги хетерогените секторски ефекти низ земјите околу светот. Од една страна, карантините и ширењето на заразата ги ограничуваат понудата на труд и менаџирањето со работната сила влијаејќи врз капацитетите за производство на добра и за давање услуги, посебно на компаниите позиционирани подалеку од финалниот потрошувач во синџирот. Од друга страна, затворањето на неесенцијалните сектори и порастот на невработеноста креираат шокови на страната на побарувачката правејќи притисок врз приходите на компаниите кои се позиционирани поблиску до финалниот потрошувач во синџирот. Конечно, пандемијата предизвика долгорочни ефекти во однос на конкурентноста на компаниите. Губењето на пазарниот удел, падот на профитабилноста и несолвентноста стануваат реална опасност за компаниите како што пандемијата се развива“, заклучува Институтот Finance Think. Резултатите од студијата на Finance Think покажуваат движењата во стапките на раст на приходите, профитабилноста, инвестициите и вработеноста зависат од различниот пристап до финансии, проблемите во синџирите на набавки, ограничувањата на пазарот на труд, шоковите на страната на побарувачката и конкурентноста. „Извозниците ги користат должничките пазари не само да ги покријат потребите за ликвидност туку и да ги подобрат своите парични резерви за да го зголемат пристапот до финансии подоцна


ЗАКРЕПНУВАЊЕТО НА ИЗВОЗОТ ОДЛОЖЕНО ДО ПРОЛЕТ

9

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

Според Народната банка која што пред околу еден месец ги објави своите последни прогнози, се очекува странската побарувачка за нашите стоки и услуги во следните две години да закрепнува по огромниот пад од речиси 6,3% лани. Па така, за годинава се проценува растот на побарувачката да биде 4,6% додека пак догодина 3%. доколку пандемијата се пролонгира. Поголемата задолженост ќе го ограничи растот во пост-пандемискиот период. Второ, географската изложеност и нарушувањата на увозот значајно ги објаснуваат варијациите во стапките на раст во текот на Ковид - 19. Увозниците од ЕУ страдаат повеќе како што пандемијата ескалираше низ Европа, но тие очекуваат забрзување на нивните инвестициски активности во посткризниот период. Трето, ограничувањата на пазарот на труд и трудоинтензивноста ја влошуваат магнитудата на импактот на Ковид - 19 врз стапките на раст. Капитално - интензивните извозници ќе го водат посткризниот раст на инвестициите. Четврто, покрај значајните шокови на страната на побарувачката, извозниците имаат оптимизам дека потрошувачката ќе забрза во наредниот период. Конечно, попрофитабилните извозници подобро се справуваат во

текот на кризата индицирајќи дека конкурентноста им помага на извозниците да ги амортизираат шоковите, но можна е загрозена конкурентност на среден или долг рок“, анализираат од Finance Think. Врз основа на анализата и идентификуваните ограничувања во рамките на секој сегмент, Finance Think има неколку препораки до креаторите на политиките за поддршка на извозниците да ги надминат ограничувањата во посткризниот период. Според студијата, важноста на факторите во рамките на синџирот на набавки отвора простор за делување во две насоки: прво, доколку останатите сегменти од синџирот одлучат да реалоцираат со цел да го ублажат глобалниот проблем, тогаш политиките можат да бидат насочени кон привлекување на такви реалокации; и второ, доколку само некои сегменти можат да бидат заменети на домашниот пазар, тогаш поврзувањето

ЈАН. 2021

со домашната економија треба да биде охрабрено иако самото поврзување бара време и труд. „Побрзо закрепнување ќе биде постигнато со достапноста на соодветен кадар која треба да се зголемува на систематски начин и оваа потреба отвора простор за делување каде извозниците ќе поддржат креирање на човечки капитал на начин врзан за нивните сегашни и идни потреби. Просторот за делување, клучен во фазата на закрепнување, треба да биде пополнет со мерки со цел да поддржи (брзо) воведување на нови машини, опрема или практики кои би го зголемиле технолошкото ниво на извозниците. Извозниците во текот на кризата се потпираат на своите ликвидносни резерви како и на должничките пазари со цел да ги задржат работните места. Ова значи дека потребата за дополнителна ликвидност не се зголемила веднаш,


ЈАН. 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

Меѓународниот монетарен фонд има прилично оптимистички проценки за економиите на нашите најголеми извозни пазари. За Германија, ММФ проценува економски раст од 4,2%, Бугарија се очекува да оствари раст од 4,1%, Косово 6%, Србија 5,5% и Грција 4,1%.

веројатно поради искористувањето на мерките на владата за поддршка на ликвидноста, но таа потреба може да се зголеми во фазата на закрепнување. Тоа значи дека поддршката на кредитната активност треба да постои во соодветно макроекономско окружување во кое монетарната политика останува релаксирана додека фискалната политика не ги поткопува приватните инвестиции“, пишува во студијата на Finance Think.

Мали знаци на заздравување

Анализата на податоците за извозот од земјава по месеци, покажува дека во ноември лани имало благо закрепнување споредено со истиот месец во 2019 година. Македонските извозни компании во ноември на странските пазари продале производи вредни 578 милиони евра, што е 2,3% повеќе на годишно ниво. Увозот, пак, во ноември изнесувал 694 милиони евра и бил помал за 5,8%. Но во споредба со претходниот месец октомври, извозот бележи пад од 3,1%, додека, пак, увозот е помал за 9,2%. Ако се погледнат податоците сумарно за првите 11 месеци од 2020 година, извозот е уште помал. Изнесува 5,1 милијарди евра што е за 684 милиони евра или 11,3% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Увозот, пак, во текот на периодот од јануари до ноември лани изнесувал 6,8 милијарда евра и е помал за 853 милиони евра во споредба со истиот период во 2019 година, што е пад од 10,9%. Анализирано по сектори, податоците покажуваат дека извозот во периодот од јануари до ноември 2020 година во сите сектори е помал во споредба со истиот период лани. Најмал пад има кај извозот на метали од 2%, извозот на храна е намален за 2,4% и тутун и пијалаци пад од

11,4%. Најголем пад од дури 39,4% има кај извозот на нафтени деривати, кое се должи на намалената потрошувачка за време на карантините, но и на намалената цена на нафтата на светските берзи. Извозот на компаниите од автомобилската индустрија иако почнува да заздравува, се уште во првите 11 месеци е помал во споредба со истиот период претходната година. Така извозот на хемиски производи, каде влегува пред се извозот на катализаторите на Џонсон Мети е помал за 13% во споредба со 2019 година. Извозот на машини и транспортни уреди во првите единаесет месеци од 2020 година, каде исто така доминира производството на автомобилски делови, е помал за 12,2% во споредба со истиот период од 2019 година. Ако се анализира по региони, најголем дел од извозот во првите 11 месеци или 77,6% од вкупниот извоз бил насочен кон земјите од ЕУ, каде се продадени производи вредни 4 милијарди евра. Извозот во ЕУ во првите 11 месеци од 2020 година бележи пад од 11,6 % или на европските пазари годинава извезени се 594 милиони евра помалку производи. Увозот од ЕУ во истиот период е намален за 853 милиони евра или за 11,2%. Во земјите од Западен Балкан од јануари до ноември лани биле извезени производи во вредност од 574 милиони евра. Тоа е за 99 милиони евра помалку или пад од 14,8% во споредба со истиот период во 2019 година. Поголем извоз за 2% или за 2,6 милиони евра во првите 11 месеци од 2020 година има во Азискиот регион, главно во Кина, каде во овој период биле извезени производи во вредност од 136 милиони евра.

Половина од извозот од зоните

Извозот од зоните во текот на изминатата 2020 година изнесувал 2,58 милијарди евра, што е пад од 8% во споредба со претходната година, информираше директорот на Дирекцијата за технолошко - индустриски развојни зони, Јован Деспотовски. „Не треба да не радува падот, но имајќи предвид дека падот на извозот од зоните заклучно со април беше 91%, забележителен е силен тренд на закрепнување на економската активност во зоните”, вели Деспотовски. Во делот на увозот, најновите податоци од Дирекцијата покажуваат поголем пад на увозот од 14%, со што вкупниот износ достигна 2,2 милијарди евра во текот на 2020 година. Според тоа, произлегува дека нето извозот од зоните во 2020 година изнесувал 370 милиони евра, што е зголемување во споредба со 2019 година, кога заради поголемиот увоз, нето извозот изнесуваше 231 милион евра. Покриеноста на увозот со извоз во 2020 година изнесувала 117%, односно извозот лани бил за 17% поголем од увозот, што според Деспотовски е исклучително важно бидејќи има позитивен придонес кон растот на економијата. За споредба, во 2019 година извозот во зоните бил за 9% поголем од увозот. На ниво на цела држава, покриеноста на увозот со извозот во периодот јануари - ноември 2020 година изнесувала 75%. Според Деспотовски, иако економските последици од пандемијата се значителни и сигурно ќе се одразат и врз компаниите од зоните, податоците покажуваат дека повеќе од половина од компаниите кои доставиле извештaи до Дирекцијата бележат раст на бројот на вработени. Просечно, растот на бројот на вработени во 2020 година изнесува 0,64%.



ЈАН. 2021

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

„Ако инфекциите не забават и сегашните ограничувања на економската активност продолжат или дури да се заострат, може да има значителен економски пад“, предупреди германската централна банка, Bundesbank. Со тоа, бројот на вработените во компаниите во зоните во 2020 година изнесувал 14.076. Деспотовски најави дека во следниот период Дирекцијата ќе ја следи внимателно реализацијата на договорите со странските инвеститори во поглед на преземените обврски за отворање на работни места. Имено, согласно досегашните договори инвеститорите во зоните се обврзале да отворат 21 илјада работни места, што наспроти сегашниот број на вработени од 14.100 е реализација од околу 60%. „За да ги поттикнеме инвеститорите побрзо да ги креираат работните места се развива и посебна мерка за поттикнување на вештини за продуктивност, која што ќе ги поттикне да одат со побрза динамика со примање

на нови вработени, но ќе поттикне и зголемување на просечната плата на вработените во зоните за 30% до 50% до 2024 година”, вели Деспотовски. Во поглед на реализацијата на инвестициите кои инвеститорите ги имаат преземено со договорите, согласно потпишаните договори со државата инвеститорите во технолошките зони се обврзале да инвестираат 353 милиони евра, а заклучно со 2020 година се реализирани инвестиции од 305 милиони евра, што е реализација од 86,4%. Според Деспотовски, има потенцијал од уште околу 50 милиони евра инвестиции да се реализираат согласно преземените обврски од договорите за инвестирање. „Дирекцијата во следниот период, покрај на привлекување на нови инвеститори, ќе работи поблиску со постојните

инвеститори на тоа да се најдат начини да ги поттикне инвеститорите побрзо да ги реализираат овие инвестиции и да ги прошират инвестициите со нови”, вели Деспотовски. Тој го потенцира новиот пристап на работењето на Дирекцијата за ТИРЗ со фокус кон привлекување на и реализација на инвестиции со повисока додадена вредност, нов концепт на организација за aftercare и профилирање на инвеститорите, нов модел на пристап кон инвеститорите и програма за технолошко прилагодување и усвојување на стандарди за домашните компании со цел нивно вклучување во синџирите на вредности и снабдување на големите производители и поттикнување на конкурентноста.

nnn



ЈАН. 2021

INTERVIEW 14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091


ЗОРАН ЗАЕВ

ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

15

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

ЗОРАН ЗАЕВ

ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА ДА ГИ ЗАКОЧИ ВНАТРЕШНИТЕ РЕФОРМИ Концептот на „Акција 21“ и планот за нејзино спроведување дојде како наш јасен став и определба дека нема отстапување од стремежот за остварување на стратешките цели кои се прифатени едногласно и кои секогаш уживале широка поддршка: Постигнување и одржување на добрососедски односи, активно учество во алијансата како членка во НАТО и непоколеблива аспирација и остварување на целта за членство во ЕУ. Свесно ги прифативме евроинтеграциите како макотрпна патека со крајна цел европеизирање на нашата земја. Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме нема да запреме како што нема да дозволиме ветото од Бугарија да предизвика застој на внатрешните реформи.

ЈАН. 2021


ЈАН. 2021

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ XПремиере, X да почнеме со она што е светска тема бр. 1, здравствената криза. Сметате ли дека треба да има политичка одговорност за тоа што се уште нема ниедна вакцина во земјава додека во соседството веќе се врши процесот на имунизација? Темата за вакцините, со право, го окупира целиот свет не само нас и јас целосно го разбирам чувството на граѓаните колку што е можно побргу да започне процесот на вакцинација и во нашата земја. Ние уште од стартот кога започнаа да се наѕираат резултатите од производството и тестирањата на вакцините го ставивме во функција целиот капацитет на Владата за да ги пласираме издвоените средства од КОВИД програмата, како и средствата што доаѓаа од ЕУ или Светска Банка за набавка на вакцината. Ние секако се приклонивме во очекувањата кон механизмите на Брисел за испорака на потребните количини од вакцината и преку КОВАКС системот. Но, треба да ги земеме предвид и објективните околности дека некои од производителите од западноевропските земји потфрлија прво во проценките кога ќе завршат целосните тестирања на вакцините, а потоа и во производство на количините кои на глобално ниво надминуваат неколку милијарди дози. Потфрлањето на производителите е кон речиси сите земји, при што доделени се само 10 до 15 проценти од очекуваните количини во првиот или вториот турнус и тоа е причината зошто некои од европските земји кои ветија дека ќе споделат дел од вакцините со земјите од Западен Балкан не можеа да го направат тоа како што беше замислено. Затоа ние веднаш преминавме кон интензивна комуникација со сите производители и сите можни влади и контакти кои би можеле да ни помогнат. И затоа денес можам да кажам дека обезбедуваме вакцини на сите можни начини и од сите можни извори кои светот ги користи и кои несомнено покажуваат резултати и се докажано безбедни. Очекуваме во текот на февруари во земјава да пристигнат вакцини од повеќе производители достапни за граѓаните, а првите верувам ќе бидат вакцината на Фајзер и вакцината на Синофарм. Ние сме целосно подготвени за првите количини од аспект на нивното складирање во соодветни услови, од аспект на правно - процедурални постапки и се разбира од аспект на организациски план за вакцинирање. Затоа ја направивме и измената на Законот за лекови од причина што глобална политика на производителот на вакцини „Фајзер“ со кој имаме договор, бара да аплицира како меѓународно претставништво, а не преку фирма регистрирана во нашата држава. Дополнителни позитивни промени најавува и одлуката на „Фајзер“ да се врати на првичниот распоред на испораки на вакцините во Европската Унија со обврска зголемените испораки да започнат на 15 февруари за да се исполни договорот за испорачување на договорените количини. Она што треба да се истакне е дека

пандемијата покажа дека земјите во развој и развиените земји се меѓусебно зависни. Во таа насока неопходно е мултилатерално координирање и работа за еднаков пристап и дистрибуција на вакцини, тестови и терапија. Ниту една економија не може целосно да закрепне се додека немаме глобален правичен пристап до вакцини, терапија и дијагностика. Економската активност нема да се врати во нормала се’ додека сите земји не ја стават под контрола пандемијата. XОбјаснете X ни повеќе за "Акција 21"... Дали државата има капацитет да ги спроведе сите тие реформи без ЕУ ако знаеме дека досега токму членството во Унијата ни се претставуваше како моторот и рефлекторот во процесот на внатрешни промени? Концептот на „Акција 21“ и планот за нејзино спроведување дојде како наш јасен став и определба дека нема отстапување од стремежот за остварување на стратешките цели кои се прифатени едногласно и кои секогаш уживале широка поддршка: Постигнување и одржување на добрососедски односи, активно учество во алијансата како членка во НАТО и непоколеблива аспирација и остварување на целта за членство во ЕУ. Дополнително, со „Акција 21“ сакаме да нагласиме дека неодобрувањето на преговарачката рамка нема да предизвика застој на внатрешните реформи. Напротив, со уште повеќе верба, посветеност и единство, ќе се посветиме на градењето европски стандарди дома. Сите приоритети издвоени во „Акција 21“ се секако дел од реформската агенда на Владата и со тоа само продолжуваме да ја водиме Северна Македонија напред во коалиција со развиените западни демократии, водејќи се од мотивот да им служиме на граѓаните на најдобар можен начин и да обезбедиме што е можно подобра иднина. Ние немаме претензии да бидеме членка на ЕУ само заради членство. Патот кон членството, низ преговорите, низ поглавјата е, всушност, тоа што нам ни треба – европеизација дома. Некој ќе рече дека не ни треба ЕУ за да се европеизираме, ама не е така. Ни треба во голем дел и тоа најдобро се гледа низ примерот на источноевропските земји. И тие можеле да си речат не ни треба ЕУ за да се европеизираме, ама изодувањето на европскиот пат со чекирање на поглавјата од „акито“, со адаптирање на законодавството на ЕУ и европските пракси и со остварување не европските стандарди дома е усовршување на сопствениот систем, на сопствените перформанси. Да не заборавиме, извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата во септември минатата година потврди дека земјата има капацитети и дека оствари степен на реформи и усогласувања со ЕУ законодавството за да добиеме чиста и безусловна препорака дека можеме да преговараме по поглавја и да влеземе во последната фаза од нашиот евроинтеграциски процес. XНеколкупати X јасно порачавте дека

идентитетот не е и никогаш нема да биде на маса во преговорите со Бугарија. Како го гледате процесот со Софија во моментов? Разговорите со Бугарија нема да запрат и ние нема да се откажеме од намерата да дадеме конструктивен придонес и да се најдат заеднички точки за отворените прашања. Очекувам да се постигне усогласување на ставовите поврзани со акцискиот план за забрзување и реализација на конкретни точки од Договорот за пријателство. Ние дадовме наши идеи, а бугарската страна возврати со нивни идеи и сега се работи на усогласување. Акцискиот план е практичен и ги адресира реалните можности за соработка како транспортот, комуникациите, изградбата на инфраструктура, граничните премини, гасната мрежа, патиштата, железниците и сето тоа што подобро нé поврзува со Бугарија и носи подобар живот и за македонските и за бугарските граѓани. Потоа тука станува збор и за соработката во образованието, културата, спортот, дигитализацијата. Веруваме дека целиот овој процес е во интерес на нашиот народ, во интерес е и на бугарскиот народ и убедени сме дека преку вакви реализации ќе создадеме не само поголемо пријателство, туку и убава атмосфера за отворените политички прашања. Комисијата за историски и образовни прашања одржа подготвителен состанок за редовната седница која што треба да се одржи во февруари и од таа подготвителна седница имаме исчекор во позитивна насока на усогласување на дел од извештаите од претходните седници. Посветени сме на барањето решение со соседна Бугарија кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет. Свесно ги прифативме евроинтеграциите како макотрпна патека со крајна цел европеизирање на нашата земја. Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме нема да запреме како што нема да дозволиме ветото од Бугарија да предизвика застој на внатрешните реформи. XМногумина X граѓани се загрижени околу најавите за реформи во образованието. Што за Вас значат тие реформи и што е нивната цел? Реформите во основното образование се неопходни и требаше да се случат уште пред десетина години и со нив не се брза туку напротив веќе доцниме. Реформата е во најдобар интерес на децата и со неа овозможуваме секое дете преку образовниот процес да го постигне својот максимален потенцијал. Реформата значи осовременување на нашето образование и внесување нов модел на настава којшто веќе постои во образовните системи на развиените земји во светот и во Европа, врз основа на кој треба да создадеме наш македонски национален модел на основно образование. За прв пат во последната деценија во нашата држава во делот на образованието се прават реформи на исклучително транспарентен начин и со вклученост на сите страни. Сетете се


17

ЗОРАН ЗАЕВ

ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

НЕ Е ПОЕНТАТА ДА БИДЕМЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ САМО ЗАРАДИ ЧЛЕНСТВОТО Ние немаме претензии да бидеме членка на ЕУ само заради членство. Патот кон членството, низ преговорите, низ поглавјата е, всушност, тоа што нам ни треба – европеизација дома. Некој ќе рече дека не ни треба ЕУ за да се европеизираме, ама не е така. Ни треба во голем дел и тоа најдобро се гледа низ примерот на источноевропските земји. И тие можеле да си речат не ни треба ЕУ за да се европеизираме, ама изодувањето на европскиот пат со адаптирање на законодавството на ЕУ и европските пракси и со остварување не европските стандарди дома е усовршување на сопствениот систем, на сопствените перформанси.

СТАВАЊЕТО НА НЕРЕГИСТРИРАНИТЕ ПАРИ ВО ОПТЕК ЌЕ ГО ПРАВИМЕ ВО ЦЕЛОСНА КООРДИНАЦИЈА СО ЕУ До каде е иницијативата за легализација на „црните“ пари и колку кеш прогнозира Владата дека ќе се слеат на легални сметки во земјава по тој основ? Како планирате да се изведе проверката на тоа кои пари се нелегално стекнати и да се избегне едноставно перење на пари во државава? Особено внимание ќе биде посветено во овој дел на комплетно спречување на ризици за манипулации и изигрувања на системот, а од друга страна овие ресурси да се стават во функција на развој. Подготвени сме да креираме политики, да го поттикнеме интересот на граѓаните да го стават тој „мртов капитал“ во финансиски промет, поточно да инвестираат.

ЈАН. 2021

Средствата што ќе се легализираат ќе се оданочат за да се полни граѓанскиот буџет и да се реализираат проекти за граѓаните. Потеклото на парите ќе се проверува и оваа можност нема да важи за оние за кои се водат судски постапки, има обвиненија за нелегален бизнис, криумчарења и слично. Сето ова постои во европските земји. Оваа мерка ќе се реализира во целосна координација со делегацијата на ЕУ со цел да се искористи и овој ресурс за развој. Граѓаните кои располагаат со готовина која не влезена во системот, ќе може да ги стават парите на сметки со плаќање на 10% данок или таквите пари да ги инвестираат во државна обврзница.


ЈАН. 2021

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

кога последен пат јавноста разговарала и била вклучена со ваков интензитет по однос на сериозна образовна реформа. Никогаш, затоа што ваква реформа никогаш не била подготвена и никогаш немало вакво ниво на темелни консултации со сите заинтересирани. И тука нема да запреме со јавната расправа – ќе побараме од Собранието, таму, во македонскиот Парламент, домот на дебатата, да обезбедиме настан за јавна консултација на највисоко ниво, со вклученост на сите релевантни страни кои имаат што да кажат по однос на подобрување на концептот на реформата. Со новата концепција создаваме школо што нé учи да учиме, со што ќе го напуштаме стариот пристап на учење “на памет” и ги поттикнуваме учениците да решаваат проблеми и критички да размислуваат. Целта е да обезбедиме образование со коешто секое дете ќе го достигне својот полн потенцијал преку изборни и вон наставни предмети. Инклузивноста, родовата рамноправност, мултикултурализмот... се сегменти на концептот едно општество за сите. Образованието е стожер на тоа какво општество сакаме да имаме. Презентацијата на нацрт - концептот јасно покажа дека со предлогот за наставен предмет општествени науки не се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него се предвидува да станат задолжителен дел од новата наставна програма. Македонската историја задолжително ќе се изучува – секоја друга вест поврзана со ова прашање не е точна и има за цел да штети на македонските национални интереси. Новиот концепт не предвидува намалување на бројот на наставниците по историја, географија и граѓанско образование, туку продолжуваат заеднички да ја планираат наставата, со цел учениците да добијат најдобро можно знаење на најефикасен начин. Ги вложуваме сите напори за да креираме модерни образовни политики фокусирани на грижата за индивидуалните потреби на учениците за да му овозможиме на секое дете да го развие својот потенцијал. Никој не е изоставен од овој широк консултативен процес во оваа фаза, бидејќи целта ни е да обезбедиме целосна транспарентност на носењето на концепцијата и вклученост на сите страни. XВе X загрижува ли силната политичка поларизација помеѓу граѓаните? Односите со опозицијата се константно тензични... За жал, голем дел од постапките што ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и надвор од него, се блокади, лажни вести и манипулации кои се опасни и штетни по државните и национални интереси, по интересите на граѓаните. Застануваат буквално против секој важен процес за државата, од напредокот во НАТО и ЕУ, преку борбата со коронавирусот, па еве деновиве гледаме дека се и против Пописот. Мицкоски се обидува да ги минира сите напори за развој на државата, но на другата страна се силната и отворена Влада заедно со македонските граѓани. Оваа, демократската страна веќе четврта година по ред ги победува ретроградните

и опасни политики на Груевски и Мицкоски. За сите прашања од интерес на граѓаните можеме да продискутираме, но тоа бара одговорно однесување, а не постојано повторување на мантрата „колку полошо за државата, толку подобро за ВМРО“. Ако имаат алтернатива нека ја покажат на конструктивен и аргументиран начин наместо со ситно политиканство да ја отежнуваат состојбата. ДПМНЕ има и обврска и одговорност да не ги блокира заеднички прифатените стратешки приоритети на нашата земја како што е членството во ЕУ, подинамичен економски раст, одржлив развој, ефикасна правна држава и силни институции, модерно образование, внатрешна кохезија, успешно и ефикасно справување со светската пандемија со КОВИД-19. XНајавивте X силна борба со лажните вести. Како планирате да го изведете тоа без да навлезете во цензура? Оваа влада е демократска и никогаш нема да посегне кон цензура, против лажните вести се бориме со вистината и со нашите чекори досега не сме се ни доближиле до црвената линија чие преминување би значело посегнување кон цензура. Лажните вести, односно дезинформациите ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин, на штета на јавниот интерес, на благосостојбата на граѓаните, и ја загрозуваат безбедноста на населението. Владата на дневно ниво се справува со дезинформациите, преку својот воспоставен систем за кризни комуникации, со кој во многу брз рок одредена сомнителна вест се проверува и доколку истата е лажна, веднаш се дефинираат начин и канали на реакција со цел да се оневозможи натамошно ширење. Во таа насока воведовме и активна транспарентност на институциите со цел точните информации постојано да бидат на дофат и увид на јавноста, со што се намалува просторот за маневар на дезинформаторите. Наоѓањето модел за справување со овој штетен феномен и најголема опасност за демократиите е врвен предизвик со кој се соочуваат сите демократии низ целиот свет, бидејќи ризикот од овие мерки е властите намерно или ненамерно да посегнат кон цензура или кон контролирање на делови од јавниот етер. Но, потенцирам: Ние сме тие кои заедно со стотици илјади граѓани го ослободивме општеството од стегите на режимот, и ние сигурно нема да бидеме тие кои ќе посегнат кон цензура, ние тоа ниту можеме, ниту сакаме, ниту знаеме, ниту имаме намера да го изведеме. Наместо тоа, Владата застана одлучно да се спротивставува на дезинформациите и постојано воспоставува партнерства во оваа глобална битка, со НАТО, со Фејсбук и Гугл, со независните сервиси за проверка на факти, со домашните институции, со медиумските организации и со медиумите. За жал, меѓу медиумите се појавуваат и такви кои се нарекуваат медиуми, а во суштина не се ништо друго освен алатки на дезинформаторите, односно квази -портали кои не можат да се најдат на ниту еден од регистрите на

медиум кои постојат во државата и не се препознаени како професионални од ниту еден релевантен чинител од медиумскиот еснаф. Владата поддржува саморегулација во медиумскиот еснаф. Тоа е најдобриот начин кој ги штити медиумите од надворешни влијанија, при регулирање на професионалните стандарди, а во исто време ја јакне новинарската фела. Ние веќе имаме еден добар пример на саморегулација во Северна Македонија – тоа е регистарот на веб портали кои ги исполнуваат стандардите на професионално новинарство, изработен од ЗНМ и СЕММ. Владата го препозна и поддржа овој процес како вреден уште кога беше во фаза на идеја, а денес и го користиме како ресурс за да препознаеме и одвоиме професионални од непрофесионални медиуми, односно да одвоиме веб портал што е медиум според стандарди од веб портал што е класичен извор на манипулации и дезинформации. XНајавивте X и интензивирање на процесот на дигитализација. До каде е тој процес? Во тој дел не почнуваме од нула. Напротив. Со порталот е - услуги поставивме единствен електронски систем на кој се поврзани сите државни институции за давање јавни услуги за граѓаните, преку едно централно место. Уште на стартот на порталот беа достапни 127 електронски услуги, кои во меѓувреме се дополнија со уште десеттина други како што се нострификација на дипломи, апликација за студентски и ученички стипендии, упис во училиште, упис во градинка, апликација за грант за реновирање на училишта и многу други. Ова е уште еден чекор кон остварување на една од најважните реформски зафати, а тоа е реформата во јавната администрација, за создавање стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна администрација, која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизниссекторот и ќе ги заштити нивните права. Паралелно создаваме политики за развој и поддршка на македонскиот ИКТ сектор кој во последните години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и на приходите и стана најбрзо растечка индустрија во земјата. Генералниот приход на индустријата во 2016 година бил 752 милиони евра, додека во 2019 година бил 880 милиони евра. Тоа е раст од 17% за три години, а бројот на компании регистрирани во ИКТ секторот од 2016 година кога биле 1,296 пораснал на 1,957 во 2019 година, што е пораст за околу 700-тини компании за само 3 години. Нашите заложби се насочени кон натамошно подобрување на условите за работа, кои треба да ја раздвижат ИКТ индустријата и да овозможат забрзана дигитализација на компаниите. За таа цел еден од приоритетите во Владината програма е намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто во 2023 година. Тоа треба да биде доволен поттик за натамошен развој на оваа индустрија, која ја продуцира суштинската инфраструктура за дигитализацијата.


ЗОРАН ЗАЕВ

ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

XПремиере, X амбициозно најавивте „квантен скок“ во економијата во периодот што следи... Кои ќе бидат главните носители на економскиот раст што допрва треба да го очекуваме? Кризата со пандемијата ни укажа дека вложувањата во инфраструктурата, болниците, градинките, училиштата, патиштата и пред сè вложувањата во човечкиот капитал, е одлична економска стратегија. Едно без друго не може. Градењето патишта, железници, и друга „хардвер“ инфраструктура се и тоа како потребни, но нема да го дадат посакуваниот ефект ако не инвестираме во човечкиот потенцијал. Затоа Буџетот за 2021 е значаен придонес кон Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст кој се состои од четири столба: економско заздравување од КОВИД-19, второ - забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, трето зајакнување на

19

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

ОПОЗИЦИЈАТА ГИ МИНИРА СИТЕ НАПОРИ ЗА РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА Мицкоски се обидува да ги минира сите напори за развој на државата, но на другата страна се силната и отворена Влада заедно со македонските граѓани. Оваа, демократската страна веќе четврта година по ред ги победува ретроградните и опасни политики на Груевски и Мицкоски. За сите прашања од интерес на граѓаните можеме да продискутираме, но тоа бара одговорно однесување, а не постојано повторување на мантрата „колку полошо за државата, толку подобро за ВМРО“. Ако имаат алтернатива нека ја покажат на конструктивен и аргументиран начин наместо со ситно политиканство да ја отежнуваат состојбата.


ЈАН. 2021

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

конкурентноста на приватниот сектор, и четврто - развој на човечките ресурси и еднакви можности, преку кои ќе се обезбеди макроекономска стабилност и финансиска одржливост, заздравување на економијата и забрзување на економскиот раст. Сите овие сегменти се меѓусебно поврзани и би рекол условени. Дополнително од голема важност е имплементација на проектите предвидени во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија. Веќе направивме ревизија на единствената листа на проекти за да се утврди кои од нив соодветствуваат со Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ, кој ќе мобилизира финансирање до 9 милијарди евра за Западен Балкан во рамките на новиот инструмент за претпристапна помош наречен ИПА III. Средствата ќе бидат насочени за инвестиции во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција како и развој на човечки ресурси за да се обезбеди одржлив раст и работни места, поттикнувајќи го економскиот развој и закрепнување на регионот. Досега се реализирани преку 23 проекти во вредност од околу 2,1 милијарди евра грантови и заеми во Република Северна Македонија. Верувам дека Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, ќе даде силно и позитивно влијание врз економското закрепнување на регионот, поддршка на зелена и дигитална транзиција и поттикнување на регионална интеграција кон Европската Унија. Ги искористуваме можностите за креирање на соодветен деловен амбиент каде неизвесноста ќе биде намалена, а предвидливоста зголемена. Секој инвеститор сака стабилно деловно опкружување, владеење на правото, а ние како Влада се стремиме тоа и да го овозможиме. Самиот влез во НАТО носи забрзан раст на инвестициите, раст на економијата и намалување на невработеноста и веруваме дека со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите ќе бидат видливи. XКапиталните X инвестиции пред корона – кризата беа ставка што повеќе години по ред се реализираше далеку послабо од планираното, додека за 2020 година остварувањето на капиталните расходи е дури 82%. Како се постигна ова ниво на реализација и какви се плановите за 2021? Кои ќе бидат клучните капитални проекти во следниот период? Бездруго сте забележале дека јас инсистирам на тоа дека инвестициите во капитални проекти значат живот за македонската економија. Затоа покрај актуелните мерки за ублажување на ефектите од кризата, големо внимание посветивме на реализација на капиталните инвестиции. Кризата предизвикана од пандемијата на површина ги извади клучните области каде треба да се насочува капиталот, а тоа се областите кои имаат трајна вредност. Јасно е дека спомениците не се трајни добра, како што се патиштата, училиштата, болниците, студентските домови, градинките, спортските објекти, функционални апарати за здравството, опрема... Продолжуваме да инвестираме во

патната и железничката инфраструктура, енергетика, гасификација, градинки, болници, училишта и животната средина, комунална инфраструктура како и во изградба на социјални станови. Јавните инвестиции со приоритет на капитални инфраструктурни проекти. Во годината која измина капиталните расходи имаат 80% од планираната реализација на капитални инвестиции што е подобра во однос на 2019 година кога беа реализирани 77,6% од планираните капитални расходи. Во Буџетот за годинава, капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20% повисоко во однос на планот за 2020 година. Клучен капитален проект е Коридорот 8, главната артерија која и инфраструктурно ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува Црното со Јадранското Море. Дополнително се градат и рехабилитираат магистрални и регионални патишта на територијата на целата држава. Во периодот до 2025 година се планираат капитални проекти во вкупен износ од 3,2 милијарди евра. И во следните години нашите заложби ќе бидат насочени кон максимална реализација на капиталните инвестиции со воспоставен и нов механизам за следење на нивната реализација. XВо X последната предизборна кампања истакнавте дека за три години имате обезбедено директна и индиректна финансиска помош за земјоделците од 430 милиони евра и дека ќе продолжите понатаму со 200 милиони евра годишно поддршка. Какви се резултатите од оваа помош за земјоделството, во смисла на обем на производство и извоз на земјоделски производи? Покрај најавите за продажба на државно земјоделско земјиште, кои ќе бидат клучните точки на земјоделската политика што ќе ја води Северна Македонија? Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со вирусот КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, квалитетна и разновидна храна од македонско производство. Треба да ги прифатиме како добар тренд податоците на статистика за откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од 2020 изнесува во висина од скоро 5 милијарди денари, што е 15,7 отсто зголемување во однос на истиот период лани. Владата продолжува со стимулирачки мерки како „Млад земјоделец“ со поддршка до 10 илјади евра , „Рурална жена“ со 3.000 евра како и за нов агробизнис со 20.000 евра. Од голема важност е и искористување на мерките од ИПАРД програмата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство. Ќе следат и повици за земјоделско земјиште, инвестиции, зелена нафта и за мерка од ИПАРД која ќе финансира инвестиции во рурални средини како сместувачки и угостителски капацитети, старечки домови, капацитети за обработка на дрво, пчеларство итн. Годинава заеднички ќе направиме

сè за да ги искористиме максимално средствата наменети за агросекторот и руралниот развој. Имаме ресурси. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и Платежната агенција се ставени во систем за информациите да допрат до земјоделците и да се искористат достапните средства и знаење. Заедничката цел ни е развој на македонскиот аграр и поголем рурален развој во земјата. Она што ќе донесе дополнителен стимул во земјоделското производство е приватизацијата на државно земјоделското земјиште во функција на развојот. Приватизацијата ќе се одвива согласно одредени услови. Првиот услов е да не смее да се урбанизира, поточно се забранува да биде пренаменето за било која друга намена освен земјоделска. Дополнително, ако новиот сопственик на земјоделското земјиште истото не го обработува или не го изнајми, ќе плати три пати поголем данок. Земјоделството е голем потенцијал за државата и ако го ставиме во функција и земјоделското земјиште ќе се повлечат кредитни линии, ќе се инвестираат заштедени пари, што ќе значи и отворање на работни места, ќе се поттикне зголемување на извозот, на домашната продукција, а преку тоа ќе се зајакне конкурентноста на националното земјоделско производство. Согласно анализите, земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост вреди повеќе од 2 милијарди евра, а ние очекуваме 200 до 300 милиони евра или 10 до 12% од тоа што би се продало согласно интересот на граѓаните и на домашните компании. Планот е до крајот на јуни 2021 година да ја завршиме дебатата за законските решенија, а со завршувањето на кризата најдобро е да влеземе во прогрес на оваа иницијатива. Имаме и национални големи компании кои сакаат да инвестираат. Во оваа прилика сакам да напомнам дека нема да се дозволат злоупотреби за што државата има соодветни алатки за да си го заштити јавниот интерес. XДо X каде е процесот на гасификација на македонската економија и домаќинства? Кога се очекуваат првичните резултати од неодамна најавените амбициозни планови за вклучување на земјава во значајни регионални енергетски проекти, конкретно за редистрибуција на гас што треба да доаѓа од Грција? Реализацијата на гасификацијата е една од најважните стратешки интереси на државата. Посветени сме на целосна имплементација на одредбите од Законот за енергетика со кој се обезбедува заштита на имотот и имотните права и интереси на земјата и се елиминираат пречките кои го попречуваат или оневозможуваат развојот на Северна Македонија во делот на изградбата на гасоводната мрежа. Сите граѓани се сопственици на националниот гасовод, што е огромна придобивка за граѓаните и за националните можности на државата. Наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата, со години,


ЗОРАН ЗАЕВ

ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

21

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ИНВЕСТИРАМЕ ВО ПАТИШТА, БОЛНИЦИ... Јасно е дека спомениците не се трајни добра коишто го подобруваат животот, како што се патиштата, училиштата, болниците, студентските домови, градинките, спортските објекти, функционални апарати за здравството, опрема... Продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, енергетика, гасификација, градинки, болници, училишта и животната средина, комунална инфраструктура како и во изградба на социјални станови. Во Буџетот за годинава, капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20% повисоко во однос на планот за 2020 година. се држеше во монополска позиција, сега е отворена можноста да влезе и азербејџанскиот гас како и течен гас од Америка и од други земји. Го изразивме нашиот интерес за учество во сериозен, би рекол геостратешки и европски проект. Сегашните анализи велат дека можеме да инвестираме во гасните терминал и централа во Александрополис за да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и гасна централа со локација во Грција. Со оваа инвестиција конечно ќе букираме капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици. Изградбата на Интерконекторот со Грција е проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан. Нашите очекувања се дека сите овие проекти ќе постигнат 30 процентно намалување на цената на природниот гас во државата, што како евтин и еколошки енергенс ја отвора големата еколошка и енергетска можност за државата. Ова ја развива и можноста за изградбата на гасни централи за производство на електрична енергија, како и ревносно да ја следиме еколошката агенда на државата, согласно Европската зелена агенда, односно ефикасна транзиција од јаглен во еколошки енергенси за производство на електрична енергија.

Во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекти, Северна Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас и еден од главните играчи во регионот. Продолжува изградбата на магистралните гасоводи низ целата држава. Идната година завршуваме со кракот до Битола, до Тетово и до Гостивар, а потоа продолжуваме со Гостивар – Кичево, Св. Николе – Велес и делницата до Гевгелија и до ТЕЦ Неготино и со заокружување на прстенот кон Охрид и Ресен до Битола. Оваа година ќе биде годината кога ќе започне изградбата на секундарната гасоводна мрежа во повеќе македонски градови со што цевките за гас ќе почнат да стигаат кон домаќинствата. XКаков X е стратешкиот план во врска со експлоатацијата на енергетски ефикасните извори на енергија во следните 4 години? Кои клучни инвестиции ги планира државата во овој сектор, а колкав дел од моќноста е планирано да се добие од приватни инвестиции? Го зголемуваме интересот за инвестиции во енергетиката со понуда на алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции. Тоа првенствено значи постепено преминуваме кон извори на чиста

ЈАН. 2021

енергија преку примената на еколошки извори на енергија како вода, сонце и ветер за намалување на употребата на јагленот како извор на енергија. Во услови на здравствено - економска криза предизвикана од КОВИД-19, покрај справување на ефектите од пандемијата, Владата и економските ресори прават максимални заложби и ја следат состојбата во што најмногу се вложува во светот. Токму енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот. Во таа насока ние мораме да фатиме чекор со трендовите за да имаме економски напредок. На местото на стариот рудник во РЕК Осломеј сега се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 MW. Проценетата инвестиција е околу 60 милиони евра. Термоцентралата ТЕЦ „Неготино“ ќе се трансформира во гасна централа преку јавно - приватно партнерство или ќе се продаде. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра со нови 100 мегавати зелена енергија. Обезбедени се грант средства за физибилити студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 MW во РЕК Битола. Во 2020 година успешно беа спроведени


ЈАН. 2021

22 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

првите транспарентни постапки за изградба на фотонапонски електрани во вкупен инсталиран капацитет од 62,5 MW, од кои веќе неколку се пуштени во употреба. Во првиот квартал од 2021 ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 MW фотонапонски електрани по истиот принцип. Инвестицијата е над 35 милиони евра. Годинава ќе започне изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, со кој ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк Богданци за 13.8 MW. Проценетата инвестиција е 21 милион евра. Дополнително започнува реализацијата и на нови ветерни паркови во Богданци, Св. Николе, Демир Капија и во Дебрца. XКога X може да се очекува почнување на реализација на веќе историскиот проект ХЕЦ Чебрен? Заврши рокот за доставување понуди за огромниот проект Чебрен. После 11 години обиди на претходната власт кои пропаѓаа уште во фазата на распишување на тендерите, на нашиот јавен повик за пројавување интерес пристигнаа повеќе понуди од кои 10 се од џиновски компании од Европа и Кина. Сега продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех. XТуристичкиот X бизнис е меѓу најпогодените од пандемијата, а голем број туристички агенции, хотели и останати компании од овој сектор се затворени или пред затворање. Дали сметате дека државата даде доволно поддршка на овие бизниси и што планирате како мерки за заздравување и враќање на овој

сектор на солидната динамика на раст од пред корона – кризата? Туристичко угостителскиот сектор е еден од најпогодените во моменталните услови на пандемија, пред сè како резултат на рестриктивните мерки кои го затворија светот, патувањата се сведени на минимум, а дополнително и самата посета во угостителските објекти е редуцирана. По големото затворање изминатата пролет, Владата речиси за сите дејности каде условите дозволуваа во консултација со Комисијата за заразни болести и релевантните чинители од секторот, изготви и посебни протоколи за работа. Покрај мерките за финансиска поддршка за исплата на плата на вработените, предвидовме и директна поддршка на секторот туризам и угостителство, а на располагање се и кредитите од Развојната банка. Заврши рокот за аплицирање на петте јавни повици кои ги објави Министерството за економија, а се однесуваат за мерките за поврат на платена туристичка такса за 2019 година, како и директни грантови за туристички агенции, туристички водичи, игротеки и ноќни клубови. Во Министерството за економија согласно крајниот рок пристигнаа над 1.000 апликации и сите кои што аплицирале ќе добијат финансиска помош. Со претставниците од туристичко угостителскиот сектор веќе се работи на креирање на програмите и мерките за поддршка за оваа година, за што веќе се предвидени буџетски средства. Очекуваме следната година по стивнувањето на пандемијата секторот туризам и угостителство полека да се врати на стапките на раст кои што ги имавме во 2019 година. Во континуиран

дијалог со овој сектор се креираат мерки кои ќе имаат најдобар резултат. Сепак, ако внимателно ги читаме податоците ќе видиме и позитивни трендови. Кампањата „Дома си е дома“ даде резултати. Податоците за Маврово - Ростуше, односно за Националниот парк Маврово, и покрај затворањето во април, мај и дел од Јуни кога не работеа сместувачките капацитети, ќе видиме дека 2020 година во првите десет месеци се остварени 22.453 ноќевања и 11.098 туристи, а за истиот период 2019 година 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од 6% и 8% домашни туристи во споредба со 2019 година и показател дека дневните туристи кои ги посетуваат националниот парк се покачија за поголем процент. Во Берово во однос на домашните туристи за истиот период имаме покачување од 29% додека се остварени 37% повеќе ноќевања во однос на истиот период 2019 година. Ова укажува дека еко - туризмот и руралниот туризам се повеќе треба да се развиваат. Отворањето на новата линија Киев - Скопје овозможи поголем број на Украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот благодарение и на зелените коридори кои Северна Македонија ги воспостави со соседните Србија и Албанија. Поддршката треба да продолжи и понатаму со насочени мерки во туризмот за зачувување на сите работни места во туристичката индустрија која се очекува во 2021 година да биде во многу подобра кондиција со справувањето на пандемијата со вакцините и со овозможувањето на патувањата. nnn


Чекор пред другите!

ВИСТИНСКИ ИЗБОР ЗА ВАШИОТ БИЗНИС Кредитна картичка која има сè што на еден бизнис му е потребно!

ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ПАРИ НА СИТЕ БАНКОМАТИ ЗD SECURE ПЛАЌАЊА

ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО

ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

ПРОМЕНА НА ПИН НА БАНКОМАТ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ

МОЖНОСТ ЗА КРЕДИТЕН ЛИМИТ ДО 10.000 ЕУР

Повеќе информации можете да добиете на следнава е-маил адреса: mkd.info@procredit-group.com или на телефонскиот број 02/ 2 446 000

www.pcb.mk


ЈАН. 2021

24 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

АНАЛИЗА НА НАРОДНАТА БАНКА

„КРВНАТА СЛИКА“ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОСЛЕ ДЕСЕТ МЕСЕЦИ КОРОНА Согласно со објавените проценети податоци и направените ревизии за БДП, во првите три квартали на 2020 година, во просек, економијата бележи реален пад од 5,9%, што е во согласност со очекувањата од октомвриската проекција (проектиран пад од 6,1%), се вели во анализата на Народната банка за макроекономските движења во земјава. „Во однос на економската активност во четвртиот квартал на 2020 година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот октомври - ноември 2020 година, општо земено, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност, а во споредба со претходниот квартал движењата во домашната економија се поповолни.“ Имено, во услови на целни и помалку рестриктивни мерки за справување со вториот бран на ковид-19, постепено приспособување на однесувањето и навиките на субјектите кон новонастанатата состојба, како и преземените мерки за поддршка на економијата, податоците за овој период покажуваат натамошно забавување на годишниот пад на индустријата и прометот во вкупната трговија, како и забрзување на растот во градежништвото, а единствено неповолни движења се забележуваат кај прометот во угостителството.


25

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091


ЈАН. 2021

26 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

автор

ИГОР ПЕТРОВСКИ

С

о почетокот на вакцинацијата за заштита од ковид-19 се зголеми оптимизмот кај економските субјекти во однос на очекувањата за глобалниот раст на среден рок. Сепак, и понатаму постои високата неизвесност, како и ризиците поврзани со развојот на пандемијата и нејзиното времетраење, се вели во најновиот извештај на Народната банка на Република Северна Македонија за макроекономските показатели. „Притоа, надолните ризици на краток рок главно се поврзуваат со ограничувањата за поголемо производство на вакцината и проблеми со нејзината дистрибуција, но и со присутниот скептицизам околу ефективноста и безбедноста на вакцината, појавата на нова мутација на вирусот во Обединетото Кралство, којашто веќе се појави и во други држави и согласно со тоа, и евентуалното продолжување на времетраењето на воведените рестриктивни мерки заради справување со вториот бран на пандемијата, коишто во текот на декември во некои земји и се засилија. Останатите ризици се однесуваат на несоодветните, или, пак, на предвремено повлечените фискални мерки, зголемените изгледи за подолгорочен неповолен ефект врз пазарот на труд и врз солвентноста на фирмите, притисокот врз глобалните синџири на снабдување , евентуално подолгото задржување на тековните навики за поголема воздржаност од потрошувачка, ризикот од повторно затегнување на глобалните финансиски услови, ризикот од неможност за отплаќање на јавниот долг кај дел од земјите, како и евентуалното засилување на геополитичките и трговските тензии. “, се вели во анализата на Народната банка. Во однос на економските движења во еврозоната, податоците за октомври покажуваат подобри остварувања во однос на третиот квартал. Сепак, во услови на повторно воведени рестрикции за спречување на ширењето на вториот бран на пандемијата, оцените од анкетните истражувања на домаќинствата и претпријатијата за четвртиот квартал од 2020 година упатуваат на послаби движења на економијата во однос на третиот квартал, главно заради послабите оценки за услужниот сектор и потрошувачката на населението. И во Германија, како наш најзначаен трговски партнер, објавените податоци за октомври се главно поповолни во однос на остварувањето во третиот квартал, додека анкетните истражувања, коишто го опфаќаат и периодот на воведени рестрикции упатуваат на послаба активност во четвртиот квартал, главно заради услужниот сектор, и покрај поповолните оценки за индустријата. На пазарот на труд во еврозоната, стапката на невработеност, според најновите податоци, бележи надолен тренд од јули наваму и во ноември изнесува 8,3% (8,4% во октомври). Годишната стапка на инфлација во

еврозоната е стабилна во последните пет месеци и според првичната оцена за декември, таа изнесува -0,3%, што се должи главно на годишниот пад на цените на енергијата, при стабилна и ниска базична инфлација (0,2%). За целата 2020 година, стапката на инфлација изнесува 0,3% (1,2% во 2019 година). Остварената едномесечна каматна стапка ЕУРИБОР во 2020 година е на ниво на очекувањата од октомври, додека очекувањата за периодот 2021-2022 година се ревидирани надолу, со оглед на мерките преземени од страна на ЕЦБ во декември 2020 година за поголем монетарен стимул и за одржување на поволните финансиски услови на подолг рок.

Храната и енергијата со најголем придонес во годишната инфлација

Последните макроекономски показатели и оцени за Северна Македонија упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, но согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходните оцени. Според последните остварувањата кај девизните резерви заклучно со крајот на 2020 година, тие и натаму се во сигурната зона. Во третиот квартал од 2020 година значително забави падот на бруто домашниот производ, а остварувањата во првите три квартали се во рамки на очекувањата од октомвриските проекции. Расположливите високофреквентни податоци за последниот квартал од 2020 година засега упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност и на поповолни движења во домашната економија, во споредба со претходниот квартал. Во однос на инфлацијата, остварувањата за целата 2020 година се во согласност со проектираните, што при ревизии во различни насоки кај надворешните влезни претпоставки, засега упатува на балансирани ризици во однос на движењето на инфлацијата во следниот период. Во рамките на монетарниот сектор, годишниот раст на депозитите и на кредитите заклучно со ноември главно се во рамките на проектираните за четвртиот квартал на 2020 година, според октомвриската проекција. Во декември 2020 година, домашните потрошувачки цени пораснаа за 0,4% на месечна основа (по нивната непроменетост во претходниот месец), во најголем дел заради зголемувањето на цените во категориите од базичната компонента и од минималниот позитивен придонес на енергетската компонента, во услови на мал негативен придонес на прехранбената компонента. Гледано по групи производи, најголем позитивен придонес на месечна основа имаат повисоките цени на транспортот, односно цените на воздушниот сообраќај, следено од порастот на цените на услугите за сместување, цените на течните горива и мазива, туристичките аранжмани, како и цените на месото. Од друга страна, најголем негативен придонес имаат цените на зеленчукот, овошјето, лебот и житата. Годишната стапка на инфлација во декември изнесува 2,3% (2,2% во

минатиот месец), предизвикана главно од растот на цените на прехранбената и базичната компонента, а во мал дел и од енергетската компонента. Во услови на годишен пад на цените на течните горива и мазива согласно со светските движења на цената на нафтата, годишниот раст на цените на енергијата е резултат на зголемувањето на цените на електричната енергија во август, согласно со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Започнувајќи од 1.8.2020 година, цената на електричната енергија е повисока за 7,4%, односно за висок а тарифа изнесува 5,95 ден/kWh, за ниска тарифа изнесува 2,99 ден/kWh, додека за еднотарифно мерење изнесува 4,77 ден/ kWh. Годишната стапка на инфлација во декември е малку повисока од очекуваната според октомврискиот циклус проекции. Од аспект на структурата, во однос на проекцијата, нагорно отстапување има кај сите главни компоненти на инфлацијата. Месечната стапка на базичната инфлација во декември е позитивна и изнесува 0,9% (по забележаните негативни стапки во претходните три месеци), а на годишна основа стапката на базична инфлација бележи забрзување и изнесува 1,9% (1,5% во претходниот месец). Структурата на годишната стапка на базичната инфлација во декември е слична како претходниот месец, односно и натаму највисок позитивен придонес имаат цените на тутунот. Исто така, позитивен придонес овој месец имаат и цените на рестораните и услугите за сместување. Од друга страна, негативен придонес имаат цените на воздушниот сообраќај, облека и обувки, аудиовизуелната и информатичката опрема.

Порастот на платите во јавниот сектор го крена националниот просек

Во октомври 2020 година, номиналниот годишен раст на просечната нето - плата изнесуваше 8,4% (7,7% во претходниот месец). Солидниот раст на платите, како и претходно, во еден дел претставува пренесен ефект од покачувањето на платите во јавниот сектор, ефектот од мерката за субвенционирање на придонесите поради зголемување на платата, надополнет со ефектот од овогодишното усогласување на растот на законски утврдената минимална плата (зголемување за 3% во јули). Во јануари 2020 година, извршено е зголемување на платите во образованието од 10%, а од февруари 2020 година зголемување на платите е извршено кај вработените во здравството (раст од 25% за специјалистите, 15% за општите лекари, 10% за медицинските сестри и по 5% за здравствените соработници и помошно техничкиот персонал). Раст на платите имаше кај поголемиот дел од дејностите, а најизразен е кај дејностите поврзани со „здравствена и социјална заштита“, „уметност, забава и рекреација“, „преработувачка индустрија“, „трговија на големо и мало“, „информации и комуникации“, „стручни, научни и технички дејности“, како и кај вработените во образованието . При раст на трошоците на живот на годишно


27

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

Годишната стапка на инфлација во декември изнесува 2,3% (2,2% во минатиот месец), предизвикана главно од растот на цените на прехранбената и базичната компонента, а во мал дел и од енергетската компонента.

ниво, реалниот годишен раст на нето платата во октомври изнесуваше 6,3%. Остварениот годишен раст на платите во октомври е малку повисок во однос на очекувањата за раст на платите во рамките на октомвриската проекција. Високофреквентните податоци на страната на понудата и побарувачката коишто се расположливи за периодот октомври - ноември 2020 година се главно поповолни во споредба со остварувањата во третиот квартал. Сепак, движењата на годишна основа и натаму упатуваат на пад на економската активност во четвртиот квартал од годината, но поумерено во споредба со падот во претходниот квартал, што е во согласност со очекувањата според октомврискиот циклус проекции. Натамошното забавување на падот и постепеното економско закрепнување се должи на целните и помалку рестриктивни мерки за справување со вториот бран на ковид-19, потоа на постепеното приспособување на однесувањето и навиките на субјектите (како фирмите, така и потрошувачите) кон новонастанатата состојба, како и ефектот од преземените монетарни и фискални мерки. Од друга страна, што се однесува до најновите согледувања на економските субјекти за состојбата во економијата, резултатите од анкетните истражувања за периодот октомври - декември 2020 година упатуваат на малку послаби согледувања во споредба со третиот квартал, но помалку негативни од оние во вториот квартал, кога економијата се соочуваше со првиот бран од пандемијата и беа преземени значително построги рестриктивни мерки.

Во октомври 2020 година, номиналниот годишен раст на просечната нето - плата изнесуваше 8,4% (7,7% во претходниот месец). Солидниот раст на платите, како и претходно, во еден дел претставува пренесен ефект од покачувањето на платите во јавниот сектор (главно здравството), ефектот од мерката за субвенционирање на придонесите поради зголемување на платата, надополнет со ефектот од овогодишното усогласување на растот на законски утврдената минимална плата (зголемување за 3% во јули).


ЈАН. 2021

28 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

Индустриското производство во периодот октомври - ноември забележа пад од 4,5% на годишна основа (забавување во споредба со падот од 7,5% во третиот квартал). Гледано по главни индустриски дејности, најголем пад и следствено, највисок негативен придонес и натаму се забележува кај преработувачката индустрија, додека минимален негативен придонес се забележува кај енергетскиот сектор.

Падот во индустриското производство најголем кај традиционалните дејности

Прометот во вкупната трговија во периодот октомври - ноември забележа реален пад од 24,1% на годишна основа, одразувајќи ги и натаму неповолните остварувања кај трговијата на големо и трговијата на мало, додека трговијата со моторни возила забележа висок реален раст. Сепак, падот на прометот во вкупната трговија, како и на трговијата на големо и трговијата на мало е поблаг во споредба со падот забележан во третиот квартал. Индустриското производство во периодот октомври - ноември забележа пад од 4,5% на годишна основа (забавување во споредба со падот од 7,5% во третиот квартал). Гледано по главни индустриски дејности, најголем пад и следствено, највисок негативен придонес и натаму се забележува кај преработувачката индустрија, додека минимален негативен придонес се забележува кај енергетскиот сектор. Од друга страна, рударството има мал позитивен придонес. Падот во рамките на преработувачката индустрија е широко дисперзиран, а најголем негативен придонес се забележува кај дел од традиционалните дејности, како на пример „производство на прехранбени производи“, „производство на облека“, како и

„производство на тутунски производи“. Кога станува збор за дејностите каде што се активни странските извозни капацитети, најголем негативен придонес се забележува кај производството на машини и уреди. Исто така, поголем негативен придонес има и кај дејноста „производство на други неметални минерални производи“. Од друга страна, највисок позитивен придонес во преработувачката индустрија во периодот октомври - ноември се забележува кај производството на моторни возила (дејност којашто во изминатиот период од март до септември забележа значителен пад). Забавувањето на годишниот пад на индустриското производство во периодот октомври - ноември, во однос на падот во третиот квартал, се должи пред сè на растот на рударството (наспроти падот во третиот квартал) и на поумерениот пад на енергетскиот сектор. Во рамките на преработувачката индустрија, најголемо подобрување имаат дел од дејностите во кои работат компаниите од автомобилската индустрија, но и дел од традиционалните дејности, како што се производството на пијалаци и на текстил. Во октомври 2020 година, во градежниот сектор е забележан реален годишен раст од 7,4%, што претставува забрзување на растот во споредба со третиот квартал

(раст од 3%). Притоа, растот во октомври во целост се должи на растот на активноста во делот на нискоградбата, при висок реален годишен пад кај високоградбата. Кај угостителството, во октомври 2020 година се забележува реален пад на годишна основа кај бројот на туристи, ноќевањата, како и вкупниот промет и притоа падот кај сите три категории е подлабок во споредба со третиот квартал. Ваквото продлабочување во октомври се должи речиси во целост на падот на бројот и ноќевањата на домашни туристи (по нивниот раст во претходниот квартал), делумно и како резултат на исцрпените ефекти од мерките на владата за поддршка на домашниот туризам.

Растот на кредитите поголем кај секторот домаќинства

Ликвидните средства на банкарскиот систем во декември забележаа пад на месечно ниво. Промената во целост произлегува од повисокиот износ на пласмани на банките во краткорочните депозити, односно во депозитите преку ноќ, при непроменета состојба на благајничките записи . Автономните фактори на нето - основа придонесоа кон зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем, како резултат на промената кај трансакциите на државата.


29

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

Вкупните депозити во финансискиот систем во ноември остварија месечен раст од 1%, по минималниот пад во претходниот месец. Од секторски аспект, порастот на вкупните депозити е резултат пред сè на позитивниот придонес на депозитите на претпријатијата, при умерен раст и на депозитите на домаќинствата. Според валутната структура, месечниот раст на вкупните депозити е резултат на истовремениот раст на денарските (во целост како резултат на зголемувањето на депозитните пари) и девизните депозити. Вкупните депозити во октомври и ноември остварија раст, согласно со октомвриската проекција за четвртиот квартал. Со оглед на вообичаениот висок прираст на вкупните депозити во последниот месец од годината, надополнет со исплатите од четвртиот пакет фискални мерки во текот на декември, ваквите движења даваат индикација за повисоки остварувања кај депозитите од проектираните. Годишната стапка на раст на вкупните депозити во ноември изнесува 6,3%, при проектиран годишен раст за крајот на четвртиот квартал од 2020 година од 4,4%. Од секторски и валутен аспект, годишниот раст во најголем дел произлегува од

депозитите на домаќинствата, односно од депозитните пари. Депозитите на домаќинствата во ноември остварија месечен раст од 0,4%. Ова се должи на промената кај денарските депозити (во целост како резултат на зголемувањето на депозитните пари), при помал раст и на девизните депозити. Дополнителен придонес кон растот имаат и краткорочните депозити, при речиси непроменети долгорочни депозити. На годишна основа, растот на депозитите на домаќинствата во ноември изнесува 5,4%. Во ноември, вкупните кредити забележаа минимален месечен пад од 0,2%, наспроти растот во претходниот месец. Од секторски аспект, намалувањето на вкупните кредити во целост е резултат на кредитите на претпријатијата, при мал раст на кредитите на домаќинствата. Од валутен аспект, месечниот пад на вкупните кредити е резултат на денарските кредити, при мал раст на девизните кредити. Вкупните кредити во октомври и ноември остварија раст, согласно со октомвриската проекција за четвртиот квартал на годината. Притоа, треба да се има предвид вообичаено високиот прираст на вкупните кредити во последниот месец од годината, поради што неизвесно е остварувањето кај кредитите на крајот од годината.

Годишната стапка на раст на вкупните кредити во ноември изнесува 5,4%, при проектиран годишен раст од 5,3% за четвртиот квартал на 2020 година, согласно со октомвриската проекција. Од секторски аспект, растот и понатаму во поголем дел е резултат на позитивниот придонес на кредитите на домаќинствата, при помал позитивен придонес и од кредитите на претпријатијата. Во однос на валутната структура, поголем придонес во годишниот кредитен раст имаат кредитите во домашна валута, при позитивен придонес и на кредитите во странска валута (вклучително и денарските кредити со валутна клаузула). Годишниот раст на кредитите на домаќинствата во ноември изнесува 8,3%, при речиси воедначен придонес на потрошувачките и на станбените кредити (од 4,1 п.п., и 4,0 п.п., соодветно). Учеството на сомнителните и на спорните побарувања во вкупните кредити во ноември изнесуваше 3,4% и е непроменето во однос на претходниот месец. Гледано од аспект на секторската структура, и натаму најголем дел од вкупниот износ на нефункционални кредити произлегува од секторот „претпријатија“, додека учеството на нефункционалните кредити на секторот „домаќинства“ е значително помало.

nnn


ЈАН. 2021

30 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

АЛВИН АЛИЧЕВИЌ ЧЛЕН НА УО НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

И ВО ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕШКИ УСЛОВИ ИМАВМЕ УСПЕШНА ГОДИНА Банката е насочена кон континуирано зголемување на квалитетот на услугите кои ги нуди, истовремено зголемувајќи ја ефикасноста на работењето, а како резултат на тоа, и зголемување на профитот на Банката и повратот на капитал за нашите акционери. Сумирајќи ги остварените резултати, со гордост можеме да кажеме дека Шпаркасе Банка, во многу тешки услови, имаше успешна година. Тој успех го должиме на нашите вработени кои брзо се прилагодија на новонастанатата ситуација и одговорија на сите потреби на нашите клиенти. Тоа беа и воедно нашите најголеми предизвици во изминатата година.


31

АЛВИН АЛИЧЕВИЌ

ЧЛЕН НА УО НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Г

-дин Алвин Аличевиќ е последниве три години член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, надлежен за следење и раководење на повеќе сектори кои ја вклучуваат заднинската работа на Банката (процесирање), управувањето со ризици, стратегиски ризик, организација и ИТ, правната служба, координација на контрола на усогласеност со прописи во работењето на Банката, вклучително и спречување перење пари, како и активности во делокругот на управувањето со ризици кај заднинските активности (middle и back office) како и управување со средствата и обврските на Банката. Разговаравме со него околу позицијата на банката на македонскиот пазар по исклучително тешката година за целата економија, перформансите во време на пандемија, како и плановите за идниот раст и развој, сега откако се комплетира аквизицијата на Охридска банка. XГ. XАличевиќ, после вашето тригодишно искуство на позицијата член на УО одговорен за неколку области, како би ја оцениле позицијата на Шпаркасе Банка Македонија во моментов од аспект на пазарен удел, кредитно портфолио, биланси... Шпаркасе Банка Македонија од година на година сè повеќе ја зајакнува својата позиција на пазарот. Самите податоци за досегашното работење потврдуваат дека Банката е сериозен конкурент на пазарот. Широката понуда на банкарски производи и услуги наменети за поддршка, развој и финансирање, како на физички, така и на правни лица, и самата ориентација на Банката, која ги става потребите на клиентот во самиот фокус на работењето, доведе до етаблирање на Шпаркасе Банка Македонија како банка од доверба и многу почитувана финансиска институција во Северна Македонија. Нашето работење е насочено кон тоа да станеме силен партнер не само за нашите клиенти, туку и за заедниците каде што делуваме и работиме. Сето погоре наведено доведе до тоа клиентите да градат долгорочен однос и да бидат лојални на нашата Банка. Така, од 2017-та година наваму, Банката оствари раст на кредитите од 48,3%, додека нефункционалните кредити се во постојан пад во релативен и апсолутен износ. Пазарното учество на Банката за истиот период порасна од 4,2% на 5,2%. Во изминатите три години посветивме внимание на управувањето со трошоците и успеавме да постигнеме намалување на C/I индикаторот од околу 15% (од 74,4% во 2017 на 59,7% во 2020). Нето профитот по оданочување на Банката е неколкукратно поголем во 2020 во однос на 2017 година. Оперативната добивка, како една од клучните индикатори за следење на успешноста на Банката, бележи раст од 108% споредувајќи ја 2020 во однос на 2017 година.

ЈАН. 2021

Од 2017-та година наваму, Банката оствари раст на кредитите од 48,3%, додека нефункционалните кредити се во постојан пад во релативен и апсолутен износ. Пазарното учество на Банката за истиот период порасна од 4,2% на 5,2%. Во изминатите три години посветивме внимание на управувањето со трошоците и успеавме да постигнеме намалување на C/I индикаторот од околу 15% (од 74,4% во 2017 на 59,7% во 2020). Нето профитот по оданочување на Банката е неколкукратно поголем во 2020 во однос на 2017 година. Изминатите неколку години беа многу успешни за нашата Банка, пред сè поради посветеноста и грижата на нашите вработени за клиентите, нивниот фокус на потребите на клиентите и креирање понуда на иновативни производи со зголемена функционалност, и секако благодарение на лојалноста на нашите постоечки клиенти и зголемениот број на новите клиенти кои го препознаа нашиот бренд на пазарот.

XКако X Шпаркасе Банка Македонија ја преброди тешката 2020 година, година во знак на корона – кризата? Кои беа најголемите предизвици за работењето на Банката? Минатата 2020-та година беше навистина тешка година, како за физичките, така и за правните лица, па во ваква ситуација на намалување на општата доверба во економијата и непредвидливоста на состојбата во државата, нашата Банка


ЈАН. 2021

32 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

растеше во овој сегмент со поголема стапка од пазарот. Ова повторно укажува на довербата на клиентите и во тешки времиња, како и на одличната работа на Банката во утврдување и управување со ризиците на работењето. Дополнително, Банката остварува постојан раст на вкупните средства и на пазарното учество на истите. Што се однесува на соодносот на кредитното во однос на депозитното портфолио, L/D индикаторот на Банката е постојано стабилен. Банката е насочена кон континуирано зголемување на квалитетот на услугите кои ги нуди, истовремено зголемувајќи ја ефикасноста на работењето, а како резултат на тоа, и зголемување на профитот на Банката и повратот на капитал за нашите акционери. Сумирајќи ги остварените резултати, со гордост можеме да кажеме дека Шпаркасе Банка, во многу тешки услови, имаше успешна година. Тој успех го должиме на нашите вработени кои брзо се прилагодија на новонастанатата ситуација и одговорија на сите потреби на нашите клиенти. Тоа беа и воедно нашите најголеми предизвици во изминатата година. XКаква X е состојбата во Шпаркасе Банка Македонија во делот на нефункционалните пласмани, дали корона – кризата ги влоши овие позиции и постои ли причина за загриженост? Колкав дел од вашите кредитокорисници ја искористија можноста за одложување на обврските што во два наврати беше овозможено во банкарскиот сектор? Во поглед на нефункционалните кредити, Шпаркасе Банка може да се пофали со историски најниско ниво на нефункционални пласмани од 1,9% од вкупното портфолио, дури и во кризна година како оваа. Тоа пред сè се должи на постигнатиот квалитет на портфолиото, стандардите за одобрување и постојан мониторинг на клиентите и успешноста на наплатата во изминатиот период. Во 2020, Шпаркасе Банка, како и целокупната економија се соочи со предизвикот на корона кризата. Шпаркасе Банка во најкус можен рок одговори на предизвикот со соодветни мерки за одложување на обврските на клиентите во два наврати. Во првото одложување на обврските кај физичките лица, понудата за одложување на обврските ја прифатија околу 50% од вкупното портфолио, додека кај правните лица Банката одобри соодветни мерки за прилагодување на отплатата на кредитните обврски кај 10% од кредитното портфолио. Вториот пакет на мерки беше насочен кон најранливите категории на физички лица кои беа најпогодени од кризата и имаа значајно намалување на платата или ја загубиле својата работа. Оваа понуда ја прифати околу 3% од вкупното портфолио на физички лица на Банката. Самото одложување на отплатата на обврските подразбира и намален прилив на нефункционални кредити, меѓутоа Банката се обиде преку својот редовен процес на мониторинг на кредитното портфолио, навреме да ги процени потенцијалните загуби во портфолиото уште во 2020 година. Очекуваме 2021 да биде година во која банките ќе ги

прикажат загубите од корона кризата, која сигурно ќе се одрази на квалитетот на портфолиото на банкарскиот сектор во целост. XКако X го проценувате ризикот за кредитирање во македонската економија во периодот што следи со оглед на сè уште незавршената здравствена криза и каков план за динамика на кредитирањето има Шпаркасе Банка Македонија за 2021 година? За жал, не може да се каже дека здравствената криза во Северна Македонија е завршена, но очекувањата се дека пандемијата ќе се стави под контрола, а со тоа очекуваме и позитивни ефекти на економските движења кои ќе овозможат бавен, но стабилен раст на економијата. Ризикот за кредитирање е секако зголемен и во 2021 година, согласно предвидувањата на ЕЦБ, се очекува зголемен прилив на неквалитетни пласмани во однос на 2019 и 2020 година. Таков тренд можеме да очекуваме и на нашиот пазар, а особено по истекот на периодот на мораториум. Во такви услови на зголемен ризик, Шпаркасе Банка Македонија ќе ги прилагоди своите планови за раст согласно економските услови во државата. Во секој случај Банката останува и понатаму поддржувач и партнер на своите клиенти. XВо X услови на забрзана дигитализација на финансиските текови на глобално ниво, налетот на финтек компаниите, сè поголемиот интерес за крипто валутите, итн., како Штаермаркише групацијата, а во нејзини рамки Шпаркасе Банка Македонија, реагираат на овие промени и се прилагодуваат? Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, а со тоа и Шпаркасе Банка Македонија, се препознатливи на пазарот по одредени традиционални вредности кои Групацијата ги негува повеќе од 200 години, градејќи сигурен и доверлив однос со клиентите и посветено работејќи на задоволување на нивните потреби. Во рамки на тоа, Банката соодветно се прилагодува на новите трендови во доменот на финансиски услуги, но секогаш ги има во предвид ризиците кои ги носат промените и нивниот импакт врз долгорочните релации кои сакаме да ги градиме со нашите клиенти на здрави основи. Секогаш крајната цел ни е унапредување на банкарските процеси и градење позитивно корисничко искуство, како преку дигиталните, така и преку традиционалните канали за продажба. XКои X се најзначајните и најприфатените алатки на дигитализацијата што Шпаркасе Банка Македонија ги воведе во своето работење и како се справувате со еден од најголемите ризици на дигитализацијата – интернет безбедноста? Банката е континуирано посветена на развој на модерни и иновативни решенија кои ќе водат кон задоволување на новите, изменети потреби на клиентите во време кога дигитализацијата на услугите го доживува својот зенит во сите области. Неодамна воведовме нов канал за директна комуникација со новите и постоечки клиенти преку

официјален Viber Chat асистент “Sparky”, овозможувајќи лесно достапни информации за производите и услугите на Банката, on-line аплицирање, како и закажување на on-line состанок. Посебен акцент Банката става на подигнување на нивото на заштита и превенција од измами на своите клиенти во делот на Интернет и мобилно банкарство. Еден пример за тоа би било извршеното тестирање (етичко хакирање) на овие сервиси од страна на специјализирана надворешна компанија, која потврди дека Банката поседува соодветно ниво на сигурност кое овозможува заштита на своите клиенти од сајбер напади. XДо X која фаза е процесот на преземањето на Охридска банка и дали ќе следи целосно ребрендирање, односно „претопување“ на операциите во рамки на Шпаркасе Банка Македонија? Кои ќе бидат главните придобивки на Шпаркасе и на пазарот генерално од оваа аквизиција и постојат ли и ризици кога се случуваат вакви операции во банкарскиот сектор? Постапката за присоединување на Охридска Банка кон Шпаркасе Банка Македонија е веќе почната. За таа цел на 15.01.2021 година од страна на Надзорните одбори на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и Охридска банка АД Скопје склучена е Спогодба за присоединување во согласност со Законот за трговски друштва. Целокупниот имот и обврски на Охридска банка ќе се пренесат во замена на акции од Шпаркасе Банка Македонија, без спроведување процес на ликвидација. Акционерите на Охридска банка ќе се стекнат со акции на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во сооднос пресметан во согласност со применливата регулатива. Претстојат постапки за добивање на дозволи од релевантните регулатори, како и активности поврзани со подготовка на процесот на спојување на двете банки во една поголема и помоќна финансиска институција. Придобивките за Шпаркасе Банка од интеграцијата се секако максимална оптимизација на пазарниот удел, ресурсите и ефикасноста, односно обезбедување на максимални придобивки за клиентите. Интегрираната банка ќе отвори повеќе можности, поголема сигурност и доверба, a клиентите ќе продолжат да имаат финансиски партнер кој ги разбира нивните потреби. Како една од поволностите со окрупнувањето на австриската Шпаркасе Групација во Република Северна Македонија кои клиентите веќе ја почувствува е можноста да ја користат проширената мрежа на двете банки составена од околу 120 банкомати на територијата на цела држава, на кои повеќе од една година е овозможено да повлекуваат готовина без провизија со дебитните картички. Нашите клиенти имаат можност да повлекуваат средства со дебитни картички без провизија и на банкоматите на банките во Шпаркасе и Ерсте Групацијата во Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, БиХ и Романија.


33

АЛВИН АЛИЧЕВИЌ

ЧЛЕН НА УО НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

За жал, не може да се каже дека здравствената криза во Северна Македонија е завршена, но очекувањата се дека пандемијата ќе се стави под контрола, а со тоа очекуваме и позитивни ефекти на економските движења кои ќе овозможат бавен, но стабилен раст на економијата. Ризикот за кредитирање е секако зголемен и во 2021 година, согласно предвидувањата на ЕЦБ, се очекува зголемен прилив на неквалитетни пласмани во однос на 2019 и 2020 година. Таков тренд можеме да очекуваме и на нашиот пазар, а особено по истекот на периодот на мораториум.

Секако дека кога станува збор за процес од ваков обем и значење за банките, како и за банкарскиот сектор, постојат бројни предизвици, како на пример присоединување на две претходно засебни финансиски институции да работат во еден банкарски систем, со една база на податоци, со унифицирани процеси, производи и активности. Предизвици препознаваме и во извршувањето на правилна распределба на ресурсите, како и оптимизација на продажните канали. Ризиците кои постојат се поврзани со наведените предизвици и временската

рамка за решавање на истите. За таа цел ние делуваме во насока на нивно минимизирање за да обезбедиме ефикасна интеграција и креирање на ентитет кај кој фокусот на работењето ќе остане задоволството на клиентите, односно понатамошно нудење на иновативни и наменски креирани производи, како и брза и квалитетна услуга. Овие цели се реално остварливи, имајќи го во предвид фактот што мнозинскиот акционер Штаермеркише Шпаркасе Групацијата е една од најсилните банкарски групации во регионот.

ЈАН. 2021

Уверен сум дека Банката ќе ја задржи и зајакне својата позиција и висок углед меѓу своите клиенти, промовирајќи се себеси како институција која ги има имплементирано врвните корпорациски и регулативни стандарди. Шпаркасе Банка Македонија ќе продолжи да ја разбира и поддржува локалната заедница и да развива проекти од корпоративна општествена одговорност, вклучувајќи проекти во кои е инволвирана и Групацијата, особено во областа на развојот на заедницата, културата и заштитата на животната средина.

nnn


ЈАН. 2021

34 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

ИМА ЛИ ИЗНЕНАДЕНИ ШТО ПОПИСОТ НАПРАВИ ПОЛИТИЧКА КРИЗА?

СИТЕ САКААТ ПОПИСОТ ДА БИДЕ ПО СТАНДАРДИ... КОЈ ПО ПОЛИТИЧКИ, КОЈ ПО ПАРТИСКИ!


35

ЈАН. 2021

Поразителни за демократијата, ама и за политичката и цивилизациската свест воопшто на општеството се изјавите на високи партиски и државни функционери поврзани со организацијата и спроведувањето на Пописот кои под маската на наводна загриженост за капацитетот на институциите да ја спроведат оваа операција, имаат цел да ја урнисаат довербата на граѓаните во самиот Попис и во целиот систем. Умешноста на македонската политика да произведе партиско политичка гротеска од една операција од која зависи државната иднина не е ништо ново, но веќе е навистина дегутантна за сите, освен за слепите партиски послушници и директните актери на чие конто оди рејтингот добиен по пат на евтини манипулации

фото: МИА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ лидер на ВМРО - ДПМНЕ

Ќе ги повикаме граѓаните масовно да се потпишат на нашиот предлог за укинување на Законот за попис.

автор:

П

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА оразителни за демократијата, ама и за цивилизациската свест воопшто на општеството се изјавите на високи партиски и државни функционери поврзани со организацијата и спроведувањето на Пописот кои под маската на наводна загриженост за капацитетот на институциите да ја спроведат оваа операција имаат цел да ја урнисаат довербата на граѓаните во самиот Попис и во целиот систем. Прво лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски прво стори се што може за да го спречи донесувањето на Законот за попис, со обвинување дека во план е „пописен инженеринг“ и „фалсификат попис“, а потоа и високи функционери од редовите на ДУИ ја отворија Пандорината кутија со најави дека „нема да го признаат Пописот“ (небаре резултати од егзактна статистичка операција бараат нечиј благослов) доколку процентот на Албанци не е онаков каков што тие го имаат замислено. Главниот проблем е што кога ќе се споменат ДУИ и ВМРО - ДПМНЕ заедно со организација, спроведување па дури и (не)„признавање“ на Попис првото што излегува на виделина се сликите од пред една деценија што се се’ уште свежи, кога токму овие две партии заедно го прекинаа попишувањето на населението на само три дена пред крај на процесот. За овој огромен скандал никој не одговараше, а како последица на тој политички и државен дебакл, Македонија остана како единствена држава во свет (едно време заедно со Сомалија, потоа и сама) што нема спроведено Попис.

Политичарите и математичарите од ДУИ

И на најслабите познавачи на состојбите кај нас им е јасно дека е прилично наивно да се смета дека Пописот може да се сведе на она што всушност и е - статистичка операција, што нема врска со политички или партиски интереси. Во држава во којашто системот е изграден врз основа на дадени процентуални застапености, до некаде може и да се разбере интересот на политиката или политичките претставници на дадени заедници за резултатите од таа операција. Но, во услови кога и лично премиерот Зоран Заев адресирајќи ги тие грижи кажа дека стекнатите права нема да имаат никаква врска ниту да бидат загрозени од резултатите, нејасно е која е идејата за подметнување на несигурности и поттикнување на недоверба, особено од страна на коалицискиот партнер. Поранешниот министер за образование и сегашен пратеник од ДУИ Арбер Адеми, во едно телевизиско гостување кажа дека тој лично нема да ги признае резултатите од Пописот на населението, доколку Албанците бидат помалку од 20 проценти. По силните реакции во јавноста, што тој секако бил свесен дека ќе ги предизвика, Адеми кажа оти тоа го рекол „во нервоза“ и како одговор на провокација на новинарот, но тешко дека некој поверува оти во таа нервоза тој не го кажал она што навистина го мисли. И неговата партија побрза да „се испере“ кажувајќи дека се работи за негов личен, а не партиски став и смирувајќи дека (овој пат) тие нема да учествуваат во обиди за саботажа и пропаѓање на Пописот: „Пописот нема да пропадне. Макотрпно и долго работевме на законот за попис и отстранети се сите недоследности од законот за попис во 2011 година. Законот неделава ќе го изгласаме во Собранието и попис во април ќе има. ДУИ е на став дека


ЈАН. 2021

36 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

пописот треба да ја отслика реалноста во државата – смируваше една од изјавите Насер Зибери. Иџет Меџити набрзо потоа се надоврза дека Пописот мора да се одржи, со став оти тоа е статистичка операција, потребна за да се утврдат бројките и добра за наредните стратегии и развој, било за економски параметри, било за друга природа. Но, и тој го кажа следново: „Според бројот на ученици, по наталитет и по многу фактори Албанците ќе бидат над 25 отсто . Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис. Нема потреба од такви дилеми“ што повторно го става и него и ДУИ на страната на лицитатори со бројки и проценти.

Многу игри, малку одговорност

Откако Законот за попис доби поддршка и од претседателот Стево Пендаровски, кој го потпиша Указот, Мицкоски кажа дека тие почнуваат со акција. „Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема со скрстени раце да го дочека Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија. Бараме нов потпис“ велат од партијата. „Пописот стана игра на проценти, наместо статистичка операција. Срамно е нивото на заплашување и невистини кои се шират кон овој политички попис. Ќе почекаме да се објави законот во ‘Службен весник', веднаш потоа ќе се соберат и пратенички потписи, а паралелно од крајот на оваа или од почетокот на идната недела, ќе започнеме со собирање на граѓански потписи низ подрачните единици на Министерството за правда, за носење на нов закон со кој ќе се укине законот со кој се отвора патот за фалсификат и политички попис. Ќе ги повикаме

граѓаните масовно да се потпишат на нашиот предлог за укинување на таквиот закон. Се надевам дека нема да се случи Владата да одлучи да го игнорира гласот на граѓаните. А, ако така постапат, тоа ќе биде јасен доказ дека тие постојат за заштита на своите и лични интереси, наместо оние на народот и државата“, порачува Мицкоски. Претседателот Пендаровски пак очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата. Од Кабинетот на претседателот, за Дојче Веле информираа дека главниот аргумент за потпишување на указот е фактот дека решенијата во законот не отстапуваат од стандардните норми и принципи на Евростат и од пописната пракса во најголемиот број членки на ЕУ. „Главната цел која треба да се постигне со донесување на Законот за попис е спроведување на оваа базична статистичка операција која е предуслов за секоја организирана држава да може да го планира својот развој. За жал, како што е познато, тие витални статистички параметри ги немаме обезбедено речиси 20 години. Главниот аргумент за потпишување на указот е фактот дека во текстот на законот не се содржани решенија кои отстапуваат од стандардните норми и принципи на Евростат и од праксата при организирање на пописите во најголемиот број членки на ЕУ“, образложија од Кабинетот на претседателот. Притоа потсетуваат дека претседателот Пендаровски пред да го потпише указот се сретнал со претставници на релевантните државни институции,

извршил консултации со неговите правни советници во кабинетот, но и со домашни и меѓународни експерти во областа. „Претседателот Пендаровски смета дека законското решение не претставува пречка за коректно изведување на пописот. Најголемиот предизвик при неговата имплементација може да биде само непотребната политизација која одредени политички субјекти ја прават извесен период наназад“. велат од Водно. Од СДСМ велат дека прашањето на Пописот е премногу важно за развојот на државата и не смее да се прекине поради „политичките хирови на неспособниот Христијан Мицкоски или негови блиски поединци во ВМРОДПМНЕ.“ „Тие секогаш и во се’ ќе најдат причина да блокираат и опструираат. Тоа го видовме и во изминатите 3 години, секогаш делуваат спротивно на интересите на граѓаните и на државата. Постојано подбуцнување на конфликти во секоја можна прилика и блокади. Таквите политичари како Мицкоски не се способни да понудат никаков напредок за граѓаните. Затоа го политизираат пописот, шират невистини и оспоруваат резултати на уште неспроведен попис, во некаков неразумен обид да го саботираат целиот процес. Немањето попис цели две децении е штетно. Пописот е основ планиран економски развој на земјата, за напредок. Кога ќе имаме реална слика за состојбата на терен, ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни. Со тоа ќе се унапредат и нивните права и придобивки. Јалови се обидите за наметнување дебата колку проценти е било која етничка заедница. Пописот ќе ја регистрира реалноста таква каква што е, а резултатите нема да значат суспендирање нечии права. Пописот сега е вратен во рацете на институциите, на професионалците од Државниот завод за статистика. Операцијата ја спроведуваат професионалци по сите европски стандарди.“ велат од владејачката партија.

Статистика уверува: Попис ќе има и ќе биде релевантен

Во меѓувреме, директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски вели дека е свесен оти какви и да бидат резултатите, ќе има незадоволни. Но, тој вели: „Статистиката не ја прави реалноста, статистика ја регистрира реалноста. Сигурен сум дека на многумина нема да им се бендисуваат резултатите од пописот, ама мене тоа не ме интересира“. Тој последното интервју за РСЕ вели дека оваа операција мораме да ја спроведеме како што треба: „Тоа е многу битно да се потенцира, и тоа од многу аспекти. Прво на оваа држава и требаат, неопходни се, нужни, екстра потребни сите овие информации околу пописот и ние мораме таа обврска да си ја исполниме. Втората работа е она што како институција којашто потфрли во 2011 година и не успеа да спроведе попис, да си


37

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

АПОСТОЛ СИМОВСКИ

го вратиме своето реноме. Да покажеме дека тоа било момент, не е тоа нешто што е пракса во институцијата, дека се враќаме на она да си го задржиме вистинското место кое го заслужуваме во општеството како институција. И на крајот на краиштата да си ги завршиме сите обврски како држава, членка кандидат сме, сакаме да одиме во Европа, имаме обврски, поглавјето статистика е едно од поглавјата, имаме посебно поглавје кое е во првиот кластер, значи важноста на тоа поглавје е исклучително висока, затоа е ставено во тој кластер, а првиот бенчмарк, првиот наш приоритет е да спроведеме попис. Како и да го поставиме прашањето, ние мораме овој попис да го спроведеме и она што е до нас ќе го спроведеме, да течат подготовките и она што е врзано со нашата активност си одат подготовките без никаков проблем соодветно на програмата, на тајмингот којшто ние сме си го поставиле како институција, и тука до сега немаме никаков проблем.“ На прашањето околу забелешките на опозицијата и неприфаќањето на нивните амандмани, Симовски одговара: „Најновата и најголемата забелешка беше околу тоа земање на отисок од прст на тие што ќе се попишуваат. Прво, по мене, тука имаме четири моменти што се многу битни и поради кои не може да се прифати вакво барање. Прво е правниот момент, значи имаме Закон за правна статистика, имаме Закон за заштита на лични податоци и имаме Закон за полиција, овие три закони даваат можност дали вакво нешто може или не може да се спроведе и сите три закони велат не може. Зошто? Единствената институција овластена да прибира отисок од прст и да го користи е МВР, и тоа еден сегмент од МВР, мислам дека тоа е Управата каде што даваме податоци кога вадиме лични карти и пасоши. А другиот сегмент што може да ги користи, дури овие не можат да го користат и тие се строго класифицирани податоци кој може да ги користи со посебни уредби, одобренија, на лична основа кој може да ги користи. Ние како институција немаме право да ги користиме тие податоци. Ние како институција, согласно Законот

Секогаш ќе има незадоволни од резултатите, ама мене тоа не ме интересира. Ние не ја правиме реалноста, ние ја регистрираме.

фото: МИА

фото: МИА

директор на Државен Завод за ревизија

АРБЕР АДЕМИ пратеник

Нема да го признам Пописот, ако Албанците бидат под 20%. за државна статистика и Законот за заштита на лични податоци не смееме да ги дадеме податоците од кое било статистичко истражување на друга институција, значи тие можат да се користат само за статистички цели, јас не можам да ги дадам на МВР проверете ми ги сега овие дали овој отисок е на тоа лице кое што се попишало. И да сакам не можам, тоа е законскиот дел. Втората работа е околу техничкиот дел, ние имаме лица, единици на попис коишто немаат отисок во МВР. Тука се прво лицата кое се надвор од државата, не може да дадат, не може физички да остават отисок. Имаме малолетни деца кои немаат лични

документи, не сите деца имаат пасоши, а лични карти може да вадите после 16 години, и трето имаме странци кои се дел од пописот, а немаат отисок во МВР. И сега тука се поставува прашањето дали некои ќе бидат повластени да не остават отисок, а некои дискриминирани да оставаат. И на крајот четвртата компонента е што ние веќе имаме подготвено апликација за попис. Допрва ако вградуваме и отисок, мене ќе ми треба уште најмалку година дена да се работи таа апликација да и тој отисок влезе во шемата на таа апликација, што апсолутно нема шанси да го дозволам.“

nnn


INTERVIEW

ЈАН. 2021

38 INTERVIEW

фото: Дирк Скиба

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091


ГЕОРГИ ГОСПОДИНОВ

ГЕОРГИ ГОСПОДИНОВ ПИСАТЕЛ

39

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

ПИСАТЕЛ

НИЕДНА БИТКА ЗА МИНАТОТО НЕ Е ДОБИЕНА Нема никаква логика ниту политичка, ама ниту човечка, денес во 2021 година, во ваков збунет свет, да отвораме битки за минатото, наместо да мислиме на сегашноста. Нема битка за минатото што е добиена. Тие битки само отвораат нови војни. Минатото е деликатно чудовиште. Јас сакам да верувам дека разумот ќе надвладее и политичкиот јазол ќе се реши, ама другите рани, што емотивно ги нанесовме покрај спорот, тие ќе зараснат побавно


ЈАН. 2021

40 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА

Р

азговорот со Георги Господинов е секогаш гаранција за излез од поставените медиумски шаблони на интерес околу домашната или светска политика и бизнис вести, една можност за презентација на филозофски прашања кои заедно можеме да ги поставиме, а чии одговори можат само да се начнат, оти не постои интервју како новинарски жанр што може да ја впие целата мудрост и големина на размислите опфатени во неговите дела. Кога се договаравме за ова интервју, идејата беше да поразговараме за она што е лајт - мотив низ неговото творештво - предизвиците на современиот човек, пред се’, онаа битка, и лична и општествена, за одржување на човечноста во вака луд свет нападнат од мајсторите на манипулацијата и градителите на лагите. Господинов има и нов роман, „Времезасолниште“ што раскажува за опсесијата со минатото, а всушност ја допира сржта на актуелноста. Се разбира, го отворивме и прашањето за македонско - бугарските односи, оти таа темна сенка едноставно лебди над сите контакти што сите ние, како Македонци, во овој период ги имаме на какво било ниво со нашите источни соседи, без разлика дали се приватни или професионални. Разговаравме и за предизвиците на демократијата, современата литература и читателските навики денес, развојот на технологијата, промените што во светот ги донесе пандемијата со КОВИД - 19... XКако X ја доживеавте 2020 година, година за којашто велите дека му се случи човештвото помеѓу „две прегратки“? Да, можам да ја видам така, ако ја вложам емпатијата, како година помеѓу две прегратки - онаа од почетокот на годината со пожарите во Австралија, фотографијата на кенгурот со изгорени шепи, збиен во неговиот спасител. Прегратка помеѓу кенгур и човек, што се чини ја потврдува изјавата на Дарвин дека сме „браќа во болка“ со животните. И повторно ова братство во болка, но тука веќе меѓу луѓето можеше да се види на фотографијата на другиот крај на годината - прегратката помеѓу докторот и болниот и „стопен“ старец. Вака јас претпочитам да се сеќавам на годината. Исто така, на песната Сина (Азуро) на Челентано на балконите на италијанските градови. Имаше експлозија на емпатија на почетокот на оваа необична година, се надевам дека успеавме да ја пренесеме до почетокот на 2021 година. Оти, ќе ни треба, со сигурност ќе ни треба. XВелите X дека главната лекција од кризата е оти фразата „Јас сме“ е многу поважна од фразата „Јас сум“. Кои се клучните елементи на оваа порака? Одеднаш сфативме дека сите сме дел од едно заедничко тело. И, ако ова тело го боли малиот прст на левата рака, тогаш целото тело страда. Ако некој човек

во некоја кинеска провинција е болен, тогаш во Софија, Скопје, Рим или Париз болката се пренесува веднаш. Често си замислував дека има еден огромен блок, блок на светот, во кој секој е сам во својата соба, зад својот прозорец. Но, тој знае дека покрај него или над него има друг прозорец, а во таа друга соба исто така има човек. Сè додека се осветлуваат прозорците, дури и ако во нашите соби сме сами, постои чувство за заедништво. „Јас сме“ - можеби е граматички погрешна, но семантички тоа е вистински важната фраза денес. Тоа е клучот за емпатија.

Новите медиуми ја уништија уметноста на дијалог - победи хистеријата! XСепак, X постојат различни мислења за тоа дали кризата, што впрочем сè уште трае, вистински ќе го извади најдоброто од човекот или не, дали лекциите и навистина ќе се научат. Низ Вашите дела, преовладува битката на обичниот човек со сите предизвици на модерното време, пред се отуѓувањето од другите и од самиот себе и токму потиснувањето на емпатијата. Има ли воопшто тој човек од 21 век капацитет да го разбере глаголот „сум“ во множина? Кога тогашните нови медиуми се појавија во дваесеттиот век - радиото, весниците, а потоа и телевизија, очекувањата беа дека ќе има една универзална сплотеност и „братство“. Сепак, се случи Втората светска војна, а потоа и Студената војна. Се случи една од најголемите поделби во светот. Сега, на почетокот на 21-от век, со новите медиуми од овој век, еднакво мислевме дека треба да бидеме уште повеќе поврзани едни со други, да се чувствуваме како дел од заедницата. Но, очигледно ни се повторува приказната од минатиот век, очигледно не сме ги научиле лекциите од дваесеттиот век. Новите медиуми само непрекинато го размножуваа она „Јас сум“ цело време, без да го претворат во „Јас сме“. Еден ден, се надевам, ќе созрееме за овој мал чекор, за оваа трансформација, се надевам само дека нема да биде доцна. Новите медиуми всушност само ни ги размножија новите осамености. Медиумите се медијатори, тоа е етимологијата на зборот. Не може да произведат лична егзистенцијална смисла за вас. Тие можат само да ја пренесат или да ја размножат многу брзо, доколку таква смисла е веќе присутна. Ама тоа значи и уште побрзо да ги пренесете сопствените стравови, агресии и депресии. Затоа продолжувам да зборувам со наивно инсистирање за бавниот медиум на литературата што всушност произведува значење и смисла. За раскажувањето на приказни што создаваат емпатија. Парадоксално, но со новите медиуми ја изгубивме уметноста на разговор, на дијалог. Само разменуваме монолози. Хистеријата ја победи историјата. XПотсетувајќи X се на сопственото детство, некаде ќе напишете дека за време на комунизмот децата се учеле

да бидат сакани без посебни ритуали, со третман на „здодевни мали нешта кои треба да научат каде им е местото“, да бидат пристојни и да ја знаат главната лекција - дека она што се слуша дома не се пренесува надвор. Каде е местото на детето во 2021 година, во време на капитализмот? Детето за мене е најважното суштество овде на Земјата. Додека е дете човекот секогаш личи како е од некој подобар род и свет. Или барем од еден почувствителен човечки вид. Сите епохи, без исклучок, всушност се однесувале доста сурово со детето. Работев на оваа тема, предавав за детството во тоталитарните епохи, во сите мои книги детството е важна тема и можам да ја поткрепам оваа изјава за суровоста. Познато е дека сè до 17 век, детството навистина не постоело како посебен заштитен период. Детето е мало возрасно лице кое сè уште не е способно за работа. Напишав за детето во социјализмот во „Физика на тагата“. Навистина бевме невидливи и најчесто нè плашеа со „Фабриката за шлаканици“. Каде е местото на детето сега? Јас не се осврнувам на концептот на капитализмот, бидејќи ми се чини премногу широк и непрецизен за да можам да опишам сè денес. Како и да е, ми се чини дека детето денес го доживува на особено тежок


41

ГЕОРГИ ГОСПОДИНОВ ПИСАТЕЛ

ЈАН. 2021

фото: Петја Василева

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

Луѓе со кои до вчера сте споделувале заеднички вредности (или барем така ви се чинело) одеднаш ви кажуваат за чипови во вакцината, за Бил Гејтс, за рамната Земја, итн.,... Можеме ли да ја обвиниме демократијата за ова? Лесниот одговор би бил - да, да имаше „цврста рака“ сите овие глупости немаше да бидат дозволени. Другиот лесен и многу чест одговор е - добро, сето ова е реакција на народот против либералите, тие вредности, ЛГБТ, итн., Либералите се самите виновни. Одеднаш, излегува дека големиот проблем е она што е исправно!? Да се слушне ова тука на Балканот е малку смешно - па ние си разменуваме клетви за добро утро, каде па ја видовте овде заканата од политичка коректност? Требаше само да се разбереме и договориме за неколку основни вредности. Наивно помисливме дека низ сите овие векови на цивилизација, човештвото го стори тоа, се разбра. И сега сето ова се покажа како кревко и лесно уништливо - ние не сме се разбрале. начин она што се случува околу нас. Да ја земеме изолацијата како пример, во овие времиња на корона. Старите луѓе и децата, мислам дека најтешко ја доживеаја. Првите - затоа што им се одземени последните години од животот, а на вторите - првите години, најдобрите, најубавите. Меѓу другото, денешните деца се директни сведоци на нашата сопствена хистерија. Отсекогаш верував дека еден од главните императиви во нашите животи е да го имаме она чувство - дека децата нè гледаат. Оти, иднината не е нешто апстрактно, таа секогаш има лице на дете.

Болно е да се разбере, ама властите и граѓаните секогаш се направени од ист материјал XНе X можам да не се сетам на насловот што го имав од последното интервју со Вас, кога ги анализиравте балканските народи, поврзани во нивните доблести и маани, кажавте дека „Демократијата е добра за нас, но дали сме ние добри за демократијата?“. Ние не станавме подобри во меѓувреме, тоа е факт, па се поставува прашањето, дали демократијата

остана и натаму најдобрата опција? Друга немаме, иако се обидуваат да ни „протнат“ секакви варијанти, некои од нив се прилично стари, и на нив и лично се сеќавам. Гледате што се случува во САД, и на многу места во Европа и низ целиот свет. Дали популизмот е дел од демократијата, дали е навистина виновен за тоа? Нема лесни одговори, ама ние мора да избегаме од лесните одговори, иако живееме во свет и медиуми кои постојано сакаат да ги намалат значењето и комплексноста. Луѓе со кои до вчера сте споделувале заеднички вредности (или барем така


ЈАН. 2021

42 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

ви се чинело) одеднаш ви кажуваат за чипови во вакцината, за Бил Гејтс, за рамната Земја, итн.,... Можеме ли да ја обвиниме демократијата за ова? Лесниот одговор би бил - да, да имаше „цврста рака“ сите овие глупости немаше да бидат дозволени. Другиот лесен и многу чест одговор е добро, сето ова е реакција на народот против либералите, тие вредности, ЛГБТ, итн., Либералите се самите виновни. Одеднаш, излегува дека големиот проблем се покажа во политичката исправност - тоа што е исправно, тоа е проблем? Да се слушне ова тука на Балканот е малку смешно - па ние си разменуваме клетви за добро утро, каде па ја видовте овде заканата од политичка коректност? Целиот овој „фејк“ прво е поврзан со човечката природа, а потоа и со политичкиот систем. А многу е просто - требаше само да се разбереме и да се договориме за неколку основни вредности. Наивно помисливме дека низ сите овие векови на цивилизација, човештвото го стори тоа, се разбра. И сега сето ова се покажа како кревко и лесно уништливо - ние не сме се разбрале. XДали X сте поддржувач на тезата дека народите имаат власти какви што заслужуваат? Властите и граѓаните секогаш се направени од ист материјал. Ова е можеби болно да се осознае, но ми се чини дека е важно да го кажам.

Човек мора да има став! XВо X последниве месеци, сведоци сме на интензивна тензија помеѓу Софија и Скопје, диктирана од развојот на политичките настани. Како гледате на овој нов „студен конфликт“ меѓу двете земји? Во мојот нов роман „Времезасолниште“, државите, откако ги исцрпуваат сите обиди да избегаат од општиот политички колапс, одлучуваат да одржат Референдум за минатото. Да ја изберат својата најсреќна декада од минатиот век и да се вратат заедно во неа. Минатото е деликатно чудовиште. Таму е добро да се враќаш сам, секој сам и со помирување со минатото. Ама ако имаме колективна опсесија и обиди за колективно смирување, тогаш тоа може да стане навистина опасно. Вака гледам и на она што се случува меѓу нашите две земји. Гледам со болка, бидејќи имав некои од најдобрите состаноци и литературни читања токму во Македонија. Моите приказни и романи уживаат добар прием тука, во Куманово „Физика на тагата“ беше поставена и во театарот. Имам многу добри пријатели меѓу писатели, поети и издавачи. Никогаш немало проблем меѓу нас чие е ова или тоа. Ја пеевме заедно „Билјана платно белеше“ и никој не го влечеше нејзиното платно кон себе. Културата ја прави една личност да има пошироки размислувања. Нема логика, ниту човечка ниту политичка, денес во 2021 година во еден вака збунет свет, ние да се бориме за минато наместо да размислуваме за сегашноста. И Бугарија и Македонија

Мислам дека старите луѓе и децата најтешко ја доживеаја пандемијата. Првите - затоа што им се одземени последните години од животот, а на вторите - првите години, најдобрите, најубавите. Меѓу другото, денешните деца се директни сведоци на нашата сопствена хистерија. Отсекогаш верував дека еден од главните императиви во нашите животи е да го имаме она чувство - дека децата нè гледаат. Оти, иднината не е нешто апстрактно, таа секогаш има лице на дете.

губат од ова. Ниту една војна за минатото не е добиена. Битките од и за минатото само отвораат нови војни. Сигурен сум, јас навистина сакам да верувам дека разумот ќе надвладее и дека оваа година барем политички овој јазол ќе се реши. Она што побавно ќе се решава се останатите рани што емотивно ги нанесовме во спорот. XКаде X е местото на писателите во општествените процеси? Многу Ваши колеги не се занимаваат со толкувања на политиката, Вие излегувате и на улица, на протести ... Тоа се случи поради времето во кое живеам, јас морам да го кажам својот став. Да, сум бил и на улица, сум пишувал... Тоа е прашање повеќе на срцето отколку на умот. Постојат разумни писатели кои не се ангажираат за да не си создаваат проблеми. Јас ги разбирам и нив, исто така, и јас повеќе би сакал да си ги пишувам приказните и романите. Но, дури и кога се пишува фантастика, човек мора да зазема став. Дури и кога пишуваме за минатото, излегува дека пишуваме и за денес.

Со омраза може да пишувате само фејк статуси и слаби твитови, ама не литература! XБрзината X на развојот на технологијата во никој случај не се следи од развојот на човекот како суштество и неговата свест. Како да се одржи човечноста во денешната масовна трка по и со време, пари и информации? Човекот е бавно суштество, кревко и несигурно, полно со стравови, смртно. Нема да ја раскажам мојата омилена парабола за бедуините кои почесто застануваат за да „им дојде душата“, мислам дека веќе го направив тоа претходниот пат.

Но, проблемот со двете брзини - онаа на човечката душа, совеста или како и да ја наречеме оваа внатрешна инстанца, и онаа брзина на технологијата останува. Признавам дека не ме воодушевува мислата и не сум возбуден да скокнам до Марс или до Месечината во блиска иднина. Не верувам дека технологијата решава егзистенцијални проблеми. Ако сте осамени навечер во вашата кујна на Земјата или врескате во кавга со сопругата, фактот дека можете да стигнете до Марс не ви менува многу. Ние можеме само да си ги однесеме нашите кујни и скандали во вселената со себе, на нашиот грб, како полжави. XВие X велите дека литературата е најсовремената технологија. Но, „инженерите“ со зборот можат да бидат многу опасни на време кога универзалното право на слобода на говор е нападнато и злоупотребено од сејачи на омраза, заостанување, лаги, страв ... Како гледате на модерната литература во напливот на инстант вести и исти такви „романчиња“? Нема голем писател, ова е лично мое мислење, кој сее омраза преку литературата. Големите писатели што ги сакам секогаш се на страната на навредените, не на насилниците, на страната на расплаканите, не на расплакувачите, на жртвите, не на џелатите. И кога ги читате нивните книги, дури и ако станува збор за романи за таги, стравови или поделби, тие сепак даваат утеха. Такви се Чехов, Борхес, приказните за Шехерезада, целата усна традиција на Балканот ... Просто нема голема литература заснована врз омраза. Со омраза се пишуваат само “фејк“ статуси и слаби твитови. XКако X ја цените современата литература? Навиките на читателот, времето поминато со книга во време на експанзија на интернетот? Можеби изгледа чудно, но сè повеќе сум свесен дека дефиницијата за „модерен“ не кажува ништо. Добрата литература е априори модерна,таа е секогаш модерна. Ги читам повторно и повторно писмата на Сенека или Илијада или расказите на Борхес и ги наоѓам како ултрамодерни. Тие ми даваат одговори на прашања што се појавуваат денес. Понекогаш земам роман што излегол пред еден месец и тој пак не ми кажува ништо. Инаку да - го сакам човекот со книга в раце, тој е посебно суштество, чуден кентаур. Пред неколку години напишав краток текст, пет реда пофалби за читателот. Ова е веројатно текстот што ми донесе најмногу љубов и омраза истовремено. Тој завршува вака: „Човекот кој чита си прави една голема работа за својот сопствен вкус. А на еден човек со вкус му е потешко да стане подлец, ако ништо друго, оти да се биде подлец е грдо. Човекот кој чита е прекрасен “. Јас навистина мислам така. Читателот е убав и значаен. XНовиот X роман „Времезасолниште“ ќе биде преведен на 12 јазици. Кажете ни повеќе за ова ново дело.


43

ГЕОРГИ ГОСПОДИНОВ ПИСАТЕЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

фото: Фелија Барух

Романот го пишував последните две години и тој излезе оваа пролет во екот на пандемијата. Тоа е роман за „вирусот од минатото“, мислев дека ќе биде анти -утопија, се покажа како многу реална книга. Ме прашуваа како сум го предвидел распадот околу мене, а јас всушност не сум предвидел ништо, само целата вознемиреност и знаци на сегашната распаѓање веќе беа во воздухот. Романот започнува со идејата на Гаустин да направи Клиники за минатото за лекување на луѓе кои губат меморија. Тогаш идејата прераснува во цели населби и градови за минатото, привлекува здрави луѓе и конечно води до национални референдуми. Што правиме кога нашата иднина е негирана и нашата сегашност повеќе не е наш дом? Прашањето е лично и истовремено политичко. Веројатно ќе биде објавена оваа година на англиски, германски, француски, шпански ... Се надевам дека ќе имаме и македонски превод.

ЈАН. 2021

Не ме воодушевува мислата и не сум возбуден да скокнам до Марс или до Месечината во блиска иднина. Не верувам дека технологијата решава егзистенцијални проблеми. Ако сте осамени навечер во вашата кујна на Земјата или врескате во кавга со сопругата, фактот дека можете да стигнете до Марс не ви менува многу. Ние можеме само да си ги однесеме нашите кујни и скандали во вселената со себе, на нашиот грб, како полжави.

XРазговараме X во време на празници, Рождество Христово, па затоа ќе го завршам интервјуто како што го започнав, но со друга Ваша моќна порака - дека секоја личност е Исус, Марија и Јосиф во едно и дека тоа е всушност и смислата на животот затоа што секое раѓање е чудо само по себе и оти Бог е во секој човек. За чудата велите дека се многу лична работа, исто како и апокалипсите. Како до повеќе чуда, а помалку катастрофа? И, каква е тука

врската помеѓу личното и општото, судбината на поединецот со онаа на општеството? Понекогаш прашањата се поважни од самите одговори. А во Вашето прашање има и одговор. Човекот е чудото на светот. Тој е онаа врска помеѓу личното и општото. И за да имаме повеќе чуда од катастрофи, треба само да знаеме дека човекот е единица мерка. Сè друго нација, економија, бизнис... тоа е второстепено - прв е човекот! nnn


ЈАН. 2021

44 EVENTS

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ФИНАНСИРАН ОД ЕУ

НАМАЛУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ВО ПРИВАТНИОТ И ДРЖАВНИОТ СЕКТОР

Регулативи и механизми има, но фали имплементација на политиките за намалување и сузбивање на корупцијата. Борбата против корупцијата мора да бидат резултат на синергија и соработка помеѓу сите засегнати страни – бизнис секторот (приватен и државен), државните институции и граѓанскиот сектор. Сепак, корупцијата е “двонасочна улица“ и сите во општеството, почнувајќи од поединечно кон колективно ниво, мора да го смениме сопствениот мајндсет и перцепцијата за корупцијата и заеднички да придонесеме во искоренување на овој феномен којшто ја подјадува економијата и општеството генерално. Ова беа само некои од клучните поенти изнесени пред неколку денови на конференцијата „Бизнис без корупција“ што се одржа онлајн, како завршен настан во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис сектор“ финансиран од Европската унија и спроведен од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со граѓанската организација „Конект“ и Здружението на даночни советници.


45

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ

НИКИЦА КУСИНИКОВА

Институциите мора да покажат ред, дисциплина бидејќи граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Само со сузбивање на корупцијата ќе го поттикнеме економскиот развој, кој денес е силно потиснат од глобалната пандемија. Владата продолжува со активно спроведување на системските мерки за борба против корупцијата, на коишто е работено целиот изминат период.

По примерот на добрата европска и светска пракса развивме платформа за бизнис интегритет којашто се состои од обуки, алатки за самопроценка, советување и консултации за компаниите да ги унапредат своите политики и процедури, споделување на искуства, како и понатамошна проверка на програмите на компаниите за спречување на корупција. Преку 200 компании учествуваа на обуките и научија како да се справат и штитат од корупција во сопствените редови.

вицепремиер за борба против корупција и криминал

директорка на „Конект“

автор

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Р

егулативи и механизми има, но фали имплементација на политиките за намалување и сузбивање на корупцијата. Борбата против корупцијата мора да бидат резултат на синергија и соработка помеѓу сите засегнати страни – бизнис секторот (приватен и државен), државните институции и граѓанскиот сектор. Сепак, корупцијата е “двонасочна улица“ и сите во општеството, почнувајќи од поединечно кон колективно ниво, мора да го смениме сопствениот мајндсет и перцепцијата за корупцијата и заеднички да придонесеме во искоренување на овој феномен којшто ја подјадува економијата и општеството генерално. Ова беа само некои од клучните поенти изнесени пред неколку денови на конференцијата „Бизнис без корупција“ што се одржа онлајн, како завршен настан во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис сектор“ финансиран од Европската унија и спроведен од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со граѓанската организација „Конект“ и Здружението на даночни советници.

САБИНА ФАКИЌ

НЕБИ ХОЏА

Истражувањата направени за време на проектот покажаа исклучително ниска транспарентност кај јавните претпријатија кои имаат вкупно приходи од 800 милиони евра годишно и во БДП учествуваат со повеќе од 7%. Триесетте најголеми државни претпријатија објавувале само 28% од информациите кои се достапни за граѓаните. Не се спроведувала постапка за избор на членови на управни и надзорни одбори, а одредени претпријатија имале и загрижувачка финансиска состојба.

Ефектот на корупцијата врз бизнисот и економијата е повеќедимензионален – зголемување на нелојалната конкуренција, слабеење на квалитетот на конкурентноста на компаниите, немање јасна слика од конкуренцијата, елиминација на квалитетниот кадар, привлекување нереални инвестиции итн. Треба да се зголеми свесноста за тоа што е и како се идентификува корупцијата. Бизнис заедницата како главен двигател на економијата, со подобрување на условите за водење и правење бизнис, ќе придонесе уште повеќе кон искоренувањето на оваа појава.

програмска директорка на Центар за граѓански комуникации

Конференцијата со поздравно обраќање ја отвори Љупчо Николовски, заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, којшто истакна дека транспарентноста и отчетноста се основата на борбата против корупцијата и криминалот. „Институциите мора да покажат ред, дисциплина бидејќи граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Само со сузбивање на корупцијата ќе го поттикнеме економскиот развој, кој денес е силно потиснат од глобалната пандемија “, рече Николовски. Тој нагласи дека Владата продолжува со активно спроведување на системските мерки за борба против корупцијата, на коишто е работено целиот изминат период: Интероперабилност меѓу антикорупциските институции – безбедна и ефикасна размена на податоци за предмети поврзани со корупција; Електронски систем за инспекција ‘Е-инспектор’ – намалување на субјективното влијание на инспекторот за време на надзорите; Платформа за евидентирање на издадени лиценци и дозволи кои би биле интегрирани во тековната состојба на фирмите, заедно со Централниот регистар; Воведување нов повикувачки (кол) центар – преку кој правните и физичките лица ќе можат да пријават ненавремено постапување

претседател на СКСЗМ

на надлежните институции по однос на нивните поднесени барања.

Борбата против корупцијата не може да ја води само една засегната страна

Компаниите чувствуваат дека корупцијата им пречи во водењето бизнис, особено на оние кои навистина сакаат да се пласираат на пазарот со квалитет и продуктивност, а не преку коруптивни делувања. Сепак, чувствуваат дека индивидуално немаат моќ да ги променат работите. Потребна е заедничка борба и залагање на сите засегнати страни за да се изгради општество со нула толеранција за корупцијата, беше истакнато од учесниците на конференцијата. Директорката на здружението „Конект“, Никица Кусиникова, се осврна на резултатите на Проектот за борба против корупцијата, којшто траеше три години и опфати активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата. „По примерот на добрата европска и светска пракса развивме платформа за бизнис интегритет којашто се состои


ЈАН. 2021

46 EVENTS

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ ШТО МОЖЕ ДА ПОМОГНАТ ВО СУЗБИВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА u Јавна осуда на компаниите

компромитирани со корупција и издвојување на добрите примери во рамки на самиот бизнис сектор

u Механизми за стимули и санкции

во соработка со сите засегнати страни

u Граѓаните и самите може да ја

На конференцијата што се одржа онлајн, свое обраќање имаа врвни учесници од странство, како претставникот од Делегацијата на ЕУ, ЕБОР, Швајцарската мрежа на Глобалниот договор, владини претставници, но и од домашни лидерски компании кои применуваат системи за интегритет штитејќи се од корупција и нејзините неповолни влијанија на бизнисот. од обуки, алатки за самопроценка, советување и консултации за компаниите да ги унапредат своите политики и процедури, споделување на искуства, како и понатамошна проверка (како еден вид сертифицирање) на програмите на компаниите за спречување на корупција. Преку 200 компании учествуваа на обуките и научија како да се справат и штитат од корупција во сопствените редови, но и корупцијата на релација бизнис – државни институции и бизнис – бизнис. Иако Проектот финишира, ние не застануваме тука, борбата против корупцијата е долг и трнлив пат, на којшто само со заеднички сили на сите засегнати страни можеме да оствариме значителни резултати.“, истакна Кусиникова. На конференцијата свое обраќање имаа врвни учесници од странство, како претставникот од Делегацијата на ЕУ, ЕБОР, Швајцарската мрежа на Глобалниот договор, владини претставници, но и од домашни лидерски компании кои применуваат системи за интегритет штитејќи се од корупција и нејзините неповолни влијанија на бизнисот. Претставникот на Европската делегација во земјава, Фрик Јанмат, истакна дека ефективната борба против корупцијата е клучен предуслов за ЕУ интеграциите. Дека тоа не е само задача на властите, туку задача за целото општество, а особено приватниот сектор. „Бизнис секторот и државните претпријатија треба да обезбедат интегритет и усогласеност во рамки на сопствената организација, како и да развијат внатрешни механизми за спречување на корупцијата. Проектот, којшто не’ собра овде денес, беше успешен во идентификувањето на слабостите и обезбедувањето препораки

за зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија. Има развиено алатки за проценка на корупција на ризик за јавниот и приватниот сектор. Успешно се зајакна капацитетот на приватните бизниси во спречување и борба против корупцијата и подобрување на интегритетот.“, истакна Јанмат. Но, работата не завршува тука, додаде тој. „Борбата против корупцијата е исклучително тешка. Бара време и посветеност. Оваа битка и подобрувањето на интегритетот бара ангажман и од медиумите, граѓанското општество, приватниот сектор и сите граѓани, генерално. Сите треба гласно да проговорат за конфликтот на интереси, корупцијата, злоупотребите, непотизмот, итн. Затоа што секој чин на корупцијата не е само штета врз државата, туку и врз сите граѓани“.

Ниската транспарентност кај државните претпријатија само ја стимулира корупцијата

Сабина Факиќ, програмски директор во Центарот за граѓански комуникации, којшто е инаку носител на погоре споменатиот Проект за борба против корупцијата, рече дека истражувањата направени за време на проектот покажале исклучително ниска транспарентност кај јавните претпријатија кои имаат вкупно приходи од 800 милиони евра годишно и во БДП учествуваат со повеќе од 7%. „Триесетте најголеми државни претпријатија објавувале само 28% од информациите кои се достапни за граѓаните. Не се спроведувала постапка за избор на членови на управни и надзорни одбори, а одредени претпријатија имале и загрижувачка финансиска состојба.

спречат корупцијата купувајќи од компании коишто немаат досие за учество во коруптивни јавни набавки

u Бизнисите да не соработуваат со

други бизниси коишто се вклучени во коруптивни активности

u Да профункционираат судовите

на честа во рамки на бизнис коморите, со конкретни мерки што може да бидат изречени, повикување на морална одговорност и сл.

Отсуствувал и ефикасен надзор над овие претпријатија, односно само 9%, од сите државни ревизии направени во последните 15 години, биле спроведени во овие претпријатија, а во најголемото претпријатие не е направена ревизија од 2007 година. Мораме да ги натераме и самите државни претпријатија да развиваат политики за интегритет“, истакна Факиќ. Претставникот на бизнис секторот, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, смета дека ефектот на корупцијата врз бизнисот и економијата е повеќедимензионален – зголемување на нелојалната конкуренција, слабеење на квалитетот на конкурентноста на компаниите, немање јасна слика од конкуренцијата, елиминација на квалитетниот кадар, привлекување нереални инвестиции итн. „ Треба да се зголеми свесноста за тоа што е и како се идентификува корупцијата. Бизнис заедницата како главен двигател на економијата, со подобрување на условите за водење и правење бизнис, ќе придонесе уште повеќе кон искоренувањето на оваа појава. “, истакна Хоџа. Според него, бизнис заедницата како главен двигател на економијата, која го апсорбира поголемиот дел од работната сила во земјата, со подобрување на условите за водење и правење бизнис, ќе придонесе уште повеќе кон искоренувањето на оваа појава. Според Индексот за перцепција на корупцијата на Трансперенси интернешнл, додаде Хоџа, може да се забележи дека земјите каде ова појава е почеста и поистакната, имаат и послаба економија, но и голема стапка на невработеност. nnn



ЈАН. 2021

48 КОЛУМНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

КАДЕ ДА СЕ ИНВЕСТИРА ГОДИНАВА?

ОНИЕ СЕКТОРИ ШТО ПОРАСНАА НАЈМНОГУ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА ЌЕ БИДАТ ПОМАЛКУ АТРАКТИВНИ КОГА ЌЕ СТИВНЕ ПАНДЕМИЈАТА

2020

година ќе биде запаметена како исклучителна година за пазарите на капитал. Започна во линија на континуираниот тренд на раст кој траеше 11 години, одбележувајќи го еден од најдолгите позитивни економски циклуси во историјата на пазарите на капитал. Меѓутоа, веќе во март следеше шокот предизвикан од корона вирусот што го внесе пазарот на капитал во досега невидена неизвесност во однос на

начинот на решавање на здравствената криза и последиците од неа. Оваа неизвесност предизвика паника што резултираше со пад на акциските пазари за повеќе од 30% во период од 1 месец. Македонскиот пазар не беше исклучок. Беа превземени досега невидени мерки од монетарните и фискалните власти за спасување на економиите и пазарите на капитал од економската катастрофа предизвикана

со затварањата на економиите во насока на справување со вирусот. Овие мерки предизвикаа незапаметено задолжување на корпоративно и државно ниво. Државниот долг во САД порасна од 105,5% од БДП на 127,27% од БДП заклучно со Q3 2020 година во споредба со Q3 2019 година, додека ЕУ долгот беше зголемен од 79,7% на 87,8% заклучно со Q2 2020 година во споредба со Q2 2019 година.


49

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

Овој тренд го следеше и Македонија со зголемување на нивото на долг на 59,5% во однос на БДП. Напоредно со зголемувањето на долгот, во насока на санација и ублажување на последиците од здравствената криза се вклучија и монетарните власти на развиените земји. Билансот на американската централна банка(ФЕД) порасна за дополнителни 3,19 трилиони УСД, додека билансот на европската централна банка порасна на ниво од близу 7 трилиони ЕУР. Истовремено, сведоци бевме на драматичен пад на бруто домашниот производ и кај развиените и кај растечките економии со исклучок на Кина. Падот на БДП во 2020 година во САД се очекува да изнесува -4,3% на годишно ниво, во ЕУ -7,4%, додека во Македонија -5,4%.

Брзо закрепнување по шокот во март

И покрај сериозните последици што ги предизвика корона вирусот на економиите во целина и особено на одредени дејности и сектори, пазарите на капитал во релативно краток временски период успеаја да закрепнат. Во период од 6 месеци американскиот пазар на капитал успеа да се врати на преткризното ниво благодарение на енормниот раст првенствено на компаниите од ИТ секторот. Растот беше поттикнат од обемните експанзивни монетарни и фискални политики. Голем дел од средствата кои беа насочени кон поддршка на најзасегнатите целни групи, пред се кај граѓаните што изгубиле работа и малите и средни фирми кои беа најпогодени од кризата, завршија на пазарите на капитал и го поддржаа процесот на негово закрепнување. Ваквиот експанзивен одговор на монетарните и фискалните власти од друга страна влеа огромна самодоверба посебно кај малите инвеститори. Вложувањето во акции поттикнато од монетарните мерки беше сфатено како едноставен начин на заработување во кој не може да се погреши, бидејќи на први знаци на слабост во реалната економија монетарните власти се секогаш тука за да ја коригираат и вратат во нормала состојбата на пазарите на капитал. Секоја информација поврзана со влошување на индикаторите во реалната економија повеќе или помалку се занемарува, додека секоја вест поврзана со дополнителна помош најавена од страна државните органи влијае позитивно на цената на акциите. Во ваков амбиент, голем дел од светските берзи ги достигнаа максималните вредности во година на најголем историски пад на светскиот бруто домашниот производ. Американскиот пазар на акции покажува преценетост по низа параметри. Гледан низ призма на коефициентот иден (P/E) американскиот пазар во моментот е највисоко вреднуван од 2000 година наваму и во моментот е над 50% во однос на неговиот историски просек. До истиот заклучок се доаѓа доколку се земат и другите референтни параметри за вреднување на пазарот како што се EV/EBIDA, P/B и Р/Ѕ. Анализата на овие индикатори на европските пазари упатуваат до исто така кон моментална преценетост на пазарот на капитал. Во 2021 година, врз основа на досега кажаното, реално е да се очекува дека на краток рок ќе се случи корекција на пазарите на капитал. Во прилог на оваа констатација одат низа фактори како што се моменталната преценетост, високото ниво на оптимизам што се очекува да слабее, експанзивните фискални политики што се очекува постепено да се намалуваат поради високото ниво на задолженост, инфлациските притисоци на експанзивната монетарна и фискална политика и соодветното постепено подигање на каматните стапки како последица од овие политики што ќе води кон

слабеење на профитабилноста на компаниите и соодветна корекција на нивните цени. На крај секако треба да се земе во предвид и промена на даночните политики во насока на зголемување на фискалните приходи преку зголемување и воведување на нови даноци и соодветно на тоа намалување на нееднаквоста кај населението што се засили во текот на минатата година.

Огромен расчекор помеѓу пазарите на капитал и состојбите во реалната економија

Горан Марковски главен извршен директор КБ Публикум инвест АД Скопје

Како еден од најважните индикатори во насока на предвидување на идниот развој на пазарите на капитал се издвојува инфлацијата, односно нејзината динамика во наредниот период што неминовно би водело кон подигање на каматните стапки. Токму во контекст на овие очекувањата за придвижува-њето на каматните стапки во 2021 година се темели изборот на најсоодветните инвестиции. Конципирањето на инвестициската стратегија ќе се води во насока на избегнување на пазари и сектори кои остварија висок раст во услови на криза, а со нормализирање на условите се очекува нивната атрактивност за инвестирање значајно да се намали.

Како никогаш досега пазарот на капитал е во огромен расчекор со состојбите во реалната економија. Ова раздвојување првенствено се должи на експанзивната монетарна политика во развиените економии во насока на одржување на ниски каматни стапки и задржување на вредноста на инвестициите и средствата на високо ниво. На овој начин се штитат економиите од неконтролирано зголемување на бројот на несолвентни компании што во моментот би имало несогледливи последици врз финансискиот систем. Истовремено, дел од инвеститорската заедница го оправдува постоечкиот раст на цените на акциите врз база на очекувањата на дополнителен раст што би се генерирал во услови на стабилизирање и целосно отворање на економиите. Од сè досега кажано, како еден од најважните индикатори во насока на предвидување на идниот развој на пазарите на капитал се издвојува инфлацијата, односно нејзината динамика во наредниот период што неминовно би водело кон подигање на каматните стапки. Токму во контекст на овие очекувањата за придвижувањето на каматните стапки во 2021 година се темели изборот на најсоодветните инвестиции. Конципирањето на инвестициската стратегија ќе се води во насока на избегнување на пазари и сектори кои остварија висок раст во услови на криза, а со нормализирање на условите се очекува нивната атрактивност за инвестирање значајно да се намали. Во однос на пазарите на капитал, посебно се издвојуваат берзите на развиените економии кои забележаа значаен раст во текот на 2020 година во услови на пад на реалните економски индикатори кои продолжува и во текот на 2021 година. Во однос на секторите, тука првенствено се издвојува ИТ секторот кој е највисоко вреднуван во изминатата 2020 година, а со нормализирање на условите за живеење и ставање под контрола на здравствената криза се очекува да се намали интересот за инвестирање со оглед на високото вреднување. Во однос на позитивните препораки на ниво на економии, првенствено се издвојуваат инвестициите во Кина како земја која што успеа и во услови на глобална криза да оствари раст на економијата. Понатаму се работи за економија која што поминува низ процес на зајакнување преку прочистување на пазарот од несолвентни компании, зголемување на домашната потрошувачка и постепено отворање за странски инвестиции на пазарите на капитал. Во оваа група влегуваат и инвестициите во компаниите и валутите на растечките економии кои што се базираат на извоз на суровини. Во однос на секторската анализа, се очекува до израз да дојдат досега запоставуваните циклични сектори, пред се банкарскиот и секторот на стоки, кои што во изминатиот период беа потценети, а во услови на инфлација и раст на каматните стапки би требало да покажат подобри резултати од останатите сектори. Кон овие сектори се приклучуваат и секторите кои зависат од нивото на лична потрошувачка што беше директно погодена од кризата. Во оваа група спаѓаат транспорт, туризам, хотелиерство, угостителство и трајни потрошувачки добра. nnn


Да се сакате е ваша работа, да се грижиме е наша. Осигурете го своето куче со пакетот #МојМиленик.

Обезбедете лекување и осигурување на Вашето куче од ризиците смрт од болест и од несреќен случај.

#МојМиленик пакетот вклучува и MyKi уред за следење, што Ви овозможува во секое време да знаете каде е Вашето куче.

Услугата MyKi Pet е овозможена од А1.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.