1093-Kapital magazin

Page 1

COVER STORY

АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ЗА ЗБОГУМ НА КОРОНА – КРИЗАТА

ПОЛИТИКА

business magazine

НИ ДЕБАТА, НИ АРГУМЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ БРОЈ 1093 l 25 февруари 2021 петок цена 200 ден. l www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

КОЛУМНИ

ФАТМИР БЕСИМИ

МАРЈАН ПЕТРЕСКИ ЕКОНОМСКИ ИСТРАЖУВАЧ

МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

ДИВИДЕНДА, ДВА СЛОЈА И РОВЕР

КОРОНА – КРИЗАТА ЗАВРШУВА ДУРИ И СПОРЕД ПЕСИМИСТИЧКОТО СЦЕНАРИО

БЛАГОЈЧЕ КОТЕСКИ ЕКСПЕРТ ПО ЕНЕРГЕТИКА

НАШАТА ИДНИНА И ЕНЕРГЕТИКАТА

INTERVIEW

СУАТ ИНАН

главен извршен директор на Халк Осигурување

И ПОКРАЈ ПАНДЕМИЈАТА, СО НАШАТА СИЛНА СТРУКТУРА И ИНОВАТИВНИ ПРИСТАПИ ВО 2020 ГОДИНА ПОСТИГНАВМЕ РАСТ ОД 57% ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

ПОЛИТИКА

ЕКОНОМИЈА

ДОЈРАНСКИ РЕЦЕПТ ЗА МУЛТИПЛИЦИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ

БРИСЕЛ ГИ СПАСИ ЛИЧНИТЕ КАРТИ

STANDARD & POOR’S БАРА РЕФОРМИ ЗА ДА ГО ЗГОЛЕМИ КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ


ЧАЈНА МЕШАВИНА КОЈА ПОВОЛНО ДЕЈСТВУВА ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ

Чајната мешавина се состои од лист од нане, плод од бел трн, корен од глуварче, плод од сладок анасон, лист од магдонос, цвет од бозел, лист од орев, лист од мечкино грозје и сладок корен. Билките поволно дејствуваат за детоксикација на организмот и се препорачува чајот да се пие двапати на ден, незасладен.

www.goodnature.mk | www.facebook.com/GoodNatureMKD | www.instagram.com/goodnaturemk * Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.


ВО ФОКУС...

БИТКОИНМАНИЈА: ТРЕБА ДА ИМАТЕ СТОМАК ЗА ОВАА РАБОТА

В

озењето на биткоинот како по „луда железница“ не сопира. Најпопуларната криптовалута минатиот викенд достигна историски рекордна цена од преку 58.000 долари, за веднаш потоа во понеделникот да се спушти на 46.000 долари, губејќи така речиси 21% од вредноста за само 24 часа. Биткоинот периодов „збесна“ со растот откако фамозниот шеф на Tesla Inc. Илон Маск прво твиташе околу евентуална негова релација со биткоинот, а потоа компанијата објави дека 1,5 милијарди долари од својата ликвидност претворила во биткоини. И толку им требаше на трејдерите низ планетава, па како споулавени тргнаа во поход кон ова скапоцено парче.... хмм, не се знае баш што. За потоа, истиот тој Маск да прокоментира онака бегло дека „биткоинот можеби и има превисока цена во моментов“. Што ти требаше брате Илоне? Сега е тој главниот виновник за наглиот пад на дигиталното злато. Иако, не е тоа баш така. Очигледно е дека периодов нешто се случува на пазарите на капитал, впрочем црвенилото на американските берзи во понеделникот и вторникот не може да не е во корелација и со ситуацијата на криптовалутите. Предупредувачките изјави на шефицата на американскиот Трезор, Џенет Јелен, дека криптото е исклучително волатилна категорија и дека инвеститорите треба да се свесни за големиот ризик, потоа ставот на Бил Гејтс дека „доколку немате пари како Маск, не треба да си играте со крипто“, „хејтањето“ на криптовалутите од страна на Нуриел Рубини и Насим Талеb….сигурно не помагаат во одржувањето на стабилноста на дигиталните валути. Ботом лајн, треба да имате стомак за оваа работа... Ако сте тенки со нервите, страв ви е да не ги загубите последните пари, немате време за чекање... едноставно не си играјте со криптовалути.

3

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093


ФЕВ. 2021

4

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

КАПИТАЛ...1093 6

12

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Донесен петтиот пакет

Фатмир Бесими

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата

18

ЕКОНОМИЈА

Македонија го потврди ББ- рејтингот

министер за финансии Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

32

36

28

ПОЛИТИКА

Ни дебата, ни аргументи во македонскиот Парламент Столб на срамот, наместо на демократијата

22

ПОЛИТИКА

ИНТЕРВЈУ

Суат Инан

Брисел ги спаси личните карти

главен извршен директор на Халк Осигурување И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57% COVER STORY Донесен петтиот пакет.......................................6 Антикризни мерки за збогум на корона – кризата ИНТЕРВЈУ Фатмир Бесими, министер за финансии Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио ЕКОНОМИЈА Македонија го потврди ББ- рејтингот Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг ИНТЕРВЈУ Суат Инан, главен извршен директор на Халк Осигурување...................................................22

ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

Градоначалникот Анго Ангов открива

Танцот со национализмот прекинат или само паузиран?

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

СТАВ Благојче Котески, магистер по енергетика Нашата иднина и енергетиката

ПОЛИТИКА Ни дебата, ни аргументи во македонскиот Парламент..............................28 Столб на срамот, наместо на демократијата

СТАВ Марјан Петрески, економски истражувач Дивиденда, два слоја и ровер

БРИСЕЛ ГИ СПАСИ ЛИЧНИТЕ КАРТИ...32 Танцот со национализмот прекинат или само паузиран? ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ Градоначалникот Анго Ангов открива...36 Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

ЛИДЕРИ Карл Албрехт основачот на трговскиот синџир Алди......4 Ретко може да го подобрите квалитетот со кратење трошоци, но често може да скратите трошоци подобрувајќи го квалитетот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 24.02.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


omegawatches.com


ФЕВ. 2021

COVER STORY

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ЗА ЗБОГУМ НА КОРОНА – КРИЗАТА Владата сака да се збогува со корона – кризата преку петтиот пакет антикризни мерки кој освен што треба да ја амортизира неликвидноста на компаниите, треба да поттикне и заздравување на економијата. Премиерот Зоран Заев зборувајќи дека државата последен пат во февруари и март ќе дава финансиска поддршка за исплата на плати од компаниите коишто се најпогодени од кризата и се соочуваат со намалени приходи, го сподели оптимизмот на Владата дека очекува во вториот квартал да се случи економско

закрепнување од едногодишната криза предизвикана од пандемијата. Проценките се дека од април годинава конечно може да се создадат услови за забрзување на економската активност, доколку во меѓувреме забрза и процесот на имунизација и кај нас и во Европа за да може земјите да се ослободат од строгите карантини и другите рестриктивни мерки во движењето на граѓаните. Меѓународните финансиски институции предупредуваат да не се избрзува со предвремено укинување на директната државна помош во економиите.


АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ЗА ЗБОГУМ НА КОРОНА – КРИЗАТА

7

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093


ФЕВ. 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

ЗОРАН ЗАЕВ премиер

БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ извршен директор на Finance Think

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ

универзитетски професор

Мерките вклучени во петтиот пакет ќе го заокружат процесот на директна поддршка, со што преминуваме во фаза на излез и закрепнување од економската криза предизвикана од пандемијата. Тоа значи дека доаѓаме повторно во време на стабилност и развој, состојба која со овие мерки дополнително ќе се стимулира. Со кредити со ниски каматни стапки и преку системски мерки согласно планот за раст на среден и долг рок, ќе биде поддржана економијата во целина. Очекуваме посериозни стапки на раст на БДП од вториот квартал на 2021 година.

Петтиот пакет мерки поврзани со кризата е комбинација од мерки кои ги амортизираат загубите (мерки со социјален карактер) и стимулираат економско закрепнување (мерки со развоен карактер). Додека самото објавување на петтиот пакет мерки може да создаде позитивен сентимент во економијата, соодветната реализација е клучна за ефективноста на мерките поради што апелиравме во почетокот на јануари дека брзоплетото донесување следен пакет мерки без да се има предвид капацитетот за реализација на претходните и новите мерки, носи ризик од нецелосни резултати.

Да се потсетиме дека ние користевме позајмени средства кои што ќе треба да ги враќање со релативно високи камати. Од предвидени над милијарда евра средства искористени само 1/3 или 3,5% од БДП. Јас на првата седница на оној економски совет кој беше формиран за време на техничката Влада, по првиот удар на пандемијата, имав дискусија и нормално сите дадовме проценки или веројатности. Спомнав дека можеби ќе треба да се троши 1% од БДП месечно, или околу стотина милиони евра. Владата го предвидела со досегашните четири пакети мерки, но далеку е од искористеноста.

автор:

Премиерот Заев кој го објави петтиот сет што содржи вкупно 29 мерки проценети на околу 160 милиони евра, изјави дека овој пакет директно се надоврзува на претходните четири, а има за цел да ја придвижи економијата кон нам познатите стапки на економски раст во распон од 4% до 5%, односно на динамиката на раст од пред пандемијата. Според него повеќето мерки ќе се користат до крајот на 2021 година за да имаат влијание и ефект врз економијата во текот на целата година. „Мерките вклучени во петтиот пакет ќе го заокружат процесот на директна поддршка, со што преминуваме во фаза на излез и закрепнување од економската криза предизвикана од пандемијата. Тоа значи дека доаѓаме повторно во време на стабилност и развој, состојба која со овие мерки дополнително ќе се стимулира. Со кредити со ниски каматни стапки и преку системски мерки согласно планот за раст на среден и долг рок, ќе биде поддржана економијата во целина. Очекуваме посериозни стапки на раст на БДП од вториот квартал на 2021 година“, истакна премиерот Заев. Инаку, мерките се распределени во 4 главни столбови и тоа: директна финансиска поддршка за компаниите со цел задржување на работните места на граѓаните во секторите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани; финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити за задржување и зголемување на бројот на работници; креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки

и даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки; и поддршка за граѓаните.

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

В

ладата сака да се збогува со корона – кризата преку петтиот пакет антикризни мерки кој освен што треба да ја амортизира неликвидноста на компаниите, треба да поттикне и заздравување на економијата. Премиерот Зоран Заев зборувајќи дека државата последен пат во февруари и март ќе дава финансиска поддршка за исплата на плати од компаниите коишто се најпогодени од кризата и се соочуваат со намалени приходи, го сподели оптимизмот на Владата дека очекува во вториот квартал да се случи економско закрепнување од едногодишната криза предизвикана од пандемијата. Проценките се дека од април годинава конечно може да се создадат услови за забрзување на економската активност, доколку во меѓувреме забрза и процесот на имунизација и кај нас и во Европа за да може земјите да се ослободат од строгите карантини и другите рестриктивни мерки во движењето на граѓаните. Засега проценките се прилично неизвесни, особено што производството и дистрибуцијата на вакцините не оди според планот, а новите варијации на коронавирусот нагло го зголемуваат бројот на заразени. Оттаму властите се уште се претпазливи со олабавувањето на ограничувањата кои очигледно направија огромна економска штета, а меѓународните финансиски институции предупредуваат да не се избрзува со предвремено укинување на директната државна помош во економиите.

Мерките добредојдени за бизнис секторот

Од Институтот за економски истражувања и политики, Finance Think, истакнаа дека тие и претходно ја нагласиле потребата од дизајнирање мерки кои ќе претставуваат транзиција од фаза на амортизирање на загубите во фаза на поддршка на економското закрепнување, но пролонгирањето на корона - кризата ја отежнува транзицијата. „Петтиот пакет мерки поврзани со кризата со КОВИД-19 е комбинација од мерки кои ги амортизираат загубите (мерки со социјален карактер) и стимулираат економско закрепнување (мерки со развоен карактер). Додека самото објавување на петтиот пакет мерки може да создаде позитивен сентимент во економијата, соодветната реализација е клучна за ефективноста на мерките поради што апелиравме во почетокот на јануари 2021 дека брзоплетото донесување следен пакет мерки без да се има предвид капацитетот за реализација на претходните и новите мерки, носи ризик од нецелосни резултати. Во таа смисла, подолгиот период на осмислување пакетот да одговара со тековната фаза на економијата, консултациите и сведувањето на обемот (во смисла на финансиската рамка) на пакетот на реалните околности, споредено со претходните четири пакети, се чекори за поздравување“, истакнаа од Институтот Finance Think. Поконкретно, аналитичарите од Finance Think во однос на мерката субвенционирање плати за работници


9

АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ЗА ЗБОГУМ НА КОРОНА – КРИЗАТА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

Индустриското производство последниот квартал од минатата година имаше негативен тренд - во октомври забележа пад од 5,2%, потоа во ноември падот изнесува 4% за дури во декември да се зголеми производството во индустријата за 2,5% споредено со истиот период претходната година. и бескаматни кредити насочени кон најпогодените сметаат дека поради пролонгирање на корона - кризата, ликвидноста на компаниите е се’ уште загрозена, ставајќи во опасност голем број работни места, така што „рано е да се укине мерката за субвенционирање на плати поради нејзината значајност во спасувањето на работните места и ја поздравува одлуката на Владата да ја продолжи мерката за месеците февруари и март 2021“. Притоа, под претпоставка дека процесот на вакцинирање значајно ќе напредува до јуни 2021, Finance Think укажува дека помошта преку оваа мерка за овие два месеци треба да се смета за последна. Исто така, Finance Think смета дека исклучивоста помеѓу мерките „субвенции за плати“ и „бескаматни кредити за најпогодените сектори“ е соодветна. Но, укажува дека двете мерки не се неопходно целосно заменливи. Бескаматните кредити се однесуваат повеќе на фазата на закрепнување, фаза во која се’ уште не се наоѓаат значаен дел од компаниите во туризмот и угостителството и дел од компаниите во некои гранки од преработувачката индустрија (кои тргуваат со земји кои се се’ уште во значаен локдаун). Бескаматните кредити би предизвикале поттик во унапредувањето на технолошкото ниво, посебно кај извозниците во

преработувачката индустрија. Дополнително, бескаматни кредити како замена за поддршка на платите може да се понудат само со исклучително строга контрола на трошењето на тие средства за задржување на работниците, за што државата ќе треба да потроши многу ресурси (интензивен ангажман на Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд), но без гаранција за крајниот ефект. Според Finance Think укинувањето и намалувањето на царинските стапки и усогласувањето на царинските стапки согласно ЕУ е исто така добра мерка која би предизвикала зголемување на инвестициите, производството и конкурентноста на извозниците во Северна Македонија. Дополнително, тоа би ја направило земјата поатрактивна дестинација за привлекување нови производни линии од матичните компании на извозниците присутни во Северна Македонија. „Оваа мерка во иднина би можела да биде надополнета со укинување или намалување на увозни давачки за набавки на машини и опрема, што дополнително би ги зголемило инвестициите и конкурентноста на компаниите“, додаваат од Finance Think. Во однос на фондот за поддршка на извозни компании, грантови за технолошки развој преку ФИТР, кредитни

ФЕВ. 2021

гаранции за мали и средни компании и мерки за дигитализација, Finance Think смета дека овие мерки се исклучително значајни, со оглед дека содржат развојна компонента. „Иако извозниците значајно ги амортизираа загубите во доходот, посебно поради шоковите во надворешната трговија, сепак се соочија со одредени ограничувања. Фондот за поддршка на извозните компании треба да ги има предвид тие ограничувања при канализирањето на поддршката. На пример, кредитните гаранции ќе овозможат надминување на ограничувањата во пристапот до финансии. Грантовите за технолошки развој би биле комплементарни на бескаматните долгорочни кредити при стимулирањето на технолошкиот напредок на компаниите. Мерките за дигитализација треба да го искористат притисокот од пандемијата врз компаниите да имплементираат долгорочни решенија за овозможување „работа од дома“, online продажба и друго“, потенцираат од Институтот Finance Think.

Опозицијата со критики за реализацијата

Опозицијата стравува дека Македонија е земја која полека се исцрпува бидејќи според неа, не случајно владата


ФЕВ. 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

навестила дека ова е последен пакет на мерки за поддршка на плата во висина од минималната плата. Универзитетскиот професор Трајко Славески, којшто е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека најважна мерка треба да биде сузбивање на пандемијата, со сите можни средства, продолжување дури можеби и зајакнување и воведување на поригорозни мерки во таа насока. „Како што гледаме сега од ден во ден се зголемува бројот на дијагностицирани лица, се зголемува бројот на починати лица, на хоспитализирани лица. Во некои центри во Македонија, жаришта на кризата како што е на пример Прилеп, гледаме дека веќе се полнат болничките капацитети, се враќаат модуларни одделенија. Нема простор за опуштање. Ние сме една од земјите кои полека се исцрпуваме и не е случајно она кое Владата го навести, а тоа е дека ова е последен пакет на мерки за поддршка на плати во висина на минимална плата овие два месеци што би се покриле со петтиот пакет месеците февруари и март“, рече Славески. Тој за мерките кои ги превзема власта за надминување на кризата укажа дека државата користела позајмени пари кои ќе треба да се враќаат со релативно високи камати. Според него, главната забелешка е дека планирањето, таргетирањето на мерките било многу слабо. „Да се потсетиме дека ние користевме позајмени средства кои што ќе треба да ги враќање со релативно високи камати. Од предвидени над милијарда евра средства искористени само 1/3 или 3,5% од БДП. Јас на првата седница на оној Економски совет кој беше формиран за време на техничката Влада, по првиот удар на пандемијата, имав дискусија и нормално сите дадовме проценки или веројатности. Спомнав дека можеби ќе треба да се троши 1% од БДП месечно, или околу стотина милиони евра. Владата го предвидела со досегашните четири пакети мерки, но далеку е од искористеноста“, додаде Славески.

Одговорот на кризата низ факти

Од март минатата година кога коронавирусот почна забрзано да се шири во Европа и во земјава, ги затвори и границите и граѓаните дома, нагло се прекина вообичаената економска активност. Оттогаш досега, државата во пет наврати креираше таканаречени антикризни мерки, коишто главно имаа за цел да им помогнат на компаниите да се справат со неликвидноста поради застојот во производството и да можат да ги исплатат платите на своите вработени, да обезбедат бескаматни кредити, но освен тоа имаше и повеќе социјални мерки со директно исплаќање пари на сметките на граѓаните коишто најмногу ја почувствувале корона – кризата. Но и покрај огромниот фискален стимул глобално, па и кај нас каде што државната поддршка исплатена преку повеќе антикризни мерки изнесува над 350 милиони евра, сепак пандемијата беше финансиски исцрпувачка за многу бизниси и граѓани. Во недостиг на повеќе статистички податоци кои тековно би можело да прикажат какви се последиците од корона – кризата, сепак анализата на неколку достапни а клучни индикатори, покажува дека последиците од пандемијата врз економијата се длабоки. Во вториот квартал лани, периодот од април до јуни кога забрзано се прошири вирусот а властите воведоа полициски час во обид да се запре ширењето на заразата, имаме историски најдлабок пад на бруто домашниот производ (БДП) од 14,9%. Потоа во текот на летните месеци, од јули до септември, кога

КРИСТИН ЛАГАРД

претседателка на Европска централна банка (ЕЦБ)

ЕЦБ: ДА НЕ СЕ ИЗБРЗА СО КРАТЕЊЕ НА СТИМУЛАТИВНИТЕ МЕРКИ

П

ретседателката на Европската централна банка Кристин Лагард им сугерира на властите во Европа да внимаваат кога ги намалуваат стимулативните мерки и тоа да го прават постепено. Таа вели дека нејзиниот најголем страв не е дали Европската унија ќе натрупа „планина од долгови“, туку дека владите можат „брутално“ да ги намалат стимулативните мерки. „Ова е најтешкиот момент кога треба да се направат проценки“, изјави Лагард. Некои политичари се грижат дека нивните земји ќе влезат во преголеми долгови преку поддршка на економијата оваа година, но Лагард ги потсетува дека владите обезбедија милијарди долари помош во текот на изминатата година токму за ублажување економскиот шок од пандемијата, со поддршка на централните банки како што е ЕЦБ. „Европските лидери, исто така, одобрија пакет за економско закрепнување од 1,8 илјади милијарди евра и буџет за поддршка на посткризните економии на ЕУ“, ги потсетува Лагард. Таа смета дека дури и кога економијата ќе почне да се подобрува и да закрепнува, политичарите не треба да ја повлекуваат поддршката прерано. Во својата најнова прогноза, објавена во декември, ЕЦБ предвидува дека европската економија ќе порасне за 3,9% во 2021 година, при што производството ќе достигне нивоа пред пандемија до средината на 2022 година. Лагард истакнува дека ваквите прогнози во голема мерка зависат од вакцинацијата, која сепак признава дека е бавна во Европската унија. „Имаме вакцини, сè повеќе и повеќе секоја недела, што е добро. Тие се произведуваат, се дистрибуираат. Но, луѓето сè уште не сее вакцинирани. Ќе биде потребно извесно време да се добие колективен имунитет, што само по себе нема да биде доволно, бидејќи ќе се појават нови видови“, рече Лагард.


АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ЗА ЗБОГУМ НА КОРОНА – КРИЗАТА се почувствува одредено релаксирање и низ извештаите на Министерството за здравство кое на дневна основа не информираше за бројот на новозаразени и починати, соодветно на тоа и олабавувањето на рестриктивните мерки, очигледно е и ублажувањето на економскиот пад на 3,3%. Во апсолутен износ, пандемијата за шест месеци направила штета кај бруто домашниот производ од 525 милиони евра. Меѓутоа, вториот бран на пандемијата повторно покажа „заби“ од октомври, па иако властите одолеаја на воведување локдаун како најголем број од земјите во светот, сепак, економските резултати се влошуваат главно како последица на огромна воздржаност и на бизнис секторот да инвестира, но и на граѓаните помалку да трошат. Со оглед на тоа што податоците за движењето на БДП последниот квартал од годинава, ќе се знаат наскоро, неколку показатели навестуваат дека наместо очекуваното благо закрепнување, сосема извесно е дека ќе продолжи трендот на намалување на економската активност со пад од околу 2%. Кон тоа упатува намалувањето на индустриското производство, кое во октомври бележи пад од 5,2%, што е повторно продлабочување споредено со месецот претходно, потоа во неомеври падот изнесува 4% за дури во декември да се зголеми производството во индустријата за 2,5% споредено со истиот месец претходната година. Првичните податоци покажуваат дека и во последните три месеци од годината продолжила намалената инвестициска активност и послабата приватна потрошувачка. Охрабрувачки се податоците за извозот, кои последните три месеци лани покажуваат зголемување на продажбите во странство и тоа за 5,6% во октомври, потоа 2% во ноември и 8,2% во декември, на годишна основа. Сумирано, се проценува 2020 година имало пад на економската активност од 4,9% според последните проценки на Народната банка, до најмногу 5,4%, колку што прогнозира ММФ. „Се работи за синхронизирана економска криза којашто истовремено ги погодува речиси сите економии во светот и се очекува дека само околу 26 земји ќе имаат мала позитивна стапка на економски раст. Се работи за криза којашто не е резултат на слаби економски фундаменти, туку е здравствена криза којашто брзо се прелеа во реалниот сектор“, објасни неодамна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Според прогнозите на Народната банка, ќе има пад кај сите компоненти на БДП во 2020 година, освен кај јавната потрошувачка, и тоа најголем пад кај бруто -инвестициите од 12,8% во услови на намалени странски директни инвестиции и послаби домашни инвестиции од страна на приватниот и јавниот сектор; потоа намалување на личната потрошувачка за околу 4% во услови на пад на расположливиот доход на населението, при неповолни поместувања на пазарот на труд и помали приватни трансфери, но и поголема воздржаност од потрошувачка; извозот ќе забележи пад од 11,7%, поради намалена странска побарувачка и привремен застој во глобалните синџири

на снабдување; а намалената лична и инвестициска побарувачка, заедно со падот на извозот ќе доведат и до помали увозни притисоци, односно увозот ќе се намали за околу 12%. „Сепак не искусивме катаклизма како што често анегдотски се стравуваше на почетокот на кризата во март“, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески. Сепак, според него, кризата ќе остави економска трага, затоа што при најсилниот удар во вториот квартал, таков пад на економската активност не е искусен од раните транзициски години во 1990-тите, на што голем дел од сегашните генерации веќе и не се сеќаваат. Премиерот Заев, осврнувајќи се на цела година помината во услови на пандемија, истакна дека во текот на целиот овој период Владата покажала максимална посветеност за грижа за здравјето, за работата на претпријатијата и за зачувување на работните места на нашите граѓани. „Целта беше јасна – да ја одржиме економијата жива и витална, да имаме активни дејности кои овозможуваат проток, ликвидност, активност. И успеавме. Стопанството е поддржано како никогаш досега. Дополнително, редовно се исплаќаат платите, пензиите, социјалната заштита, и ги реализираме сите мерки за поддршка на економијата и граѓаните. Во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра. Со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка. Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и мерките од Планот за економски раст со 11,5 милиони евра се поддржани 140 компании. За 39 странски компании кои функционираат во зоните и надвор од нив, преку мерките за кои се склучени договори, во 2020 се исплатени 25,6 милиони евра, а преку инструментите на ФИТР во 2020 година се исплатени 8,5 милиони евра на 266 компании“, потенцираше Заев и додаде дека сега е вистински момент да се стимулира развојната компонента на компаниите кои покажуваат проактивност, резултати, вработуваат и придонесуваат за развој на националната економија.

Прогнозата за 2021 сè уште замаглена

Прилично замаглена е засега прогнозата за оваа 2021 година, имајќи ги предвид билансот на заразени и сите придружни проблеми на вакцинацијата, така што и економистите и меѓународните финансиски институции, поучени токму од целосните промашувања на прогнозите лани, сега се оградуваат од прецизност и се воздржуваат кога предвидуваат каква ќе биде оваа година. Со задршка дека прогнозите може да се променат зависно од неколку ризици поврзани со здравствената криза, пронаоѓањето на вакцините сепак влеа оптимизам дека економското заздравување ќе почне напролет, една година по избувнувањето на пандемијата. Очекувано, македонската економија во вториот квартал од оваа година, статистички ќе прикаже поголема стапка на раст бидејќи економската активност ќе се споредува со динамиката од истиот период лани кога имавме драматичен пад од речиси 15%. За цела година, се проценува дека растот

11

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

на бруто домашниот производ (БДП) ќе биде околу 4% и оваа стапка делува како блескава прогноза во споредба со длабоката рецесија во 2020. Со вакво темпо, економијата ќе се врати на преткризното ниво дури во првата половина од 2022 година. Народната банка исто така, своите прогнози ги темели на оптимизмот што произлегува од превенцијата на заразата со вакцини. „Побрзиот напредок во третманот на коронавирусот, како и во развојот на вакцина се фактори на оптимистичката страна. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне економската активност“, оценува Народната банка. Според проценките на централната банка, на среден рок се предвидува постепено, но поумерено закрепнување со стапки на раст од 3,9% во 2021, 3,6% во 2022 и 4% во 2023 година. Овие проекции значително се разликуваат од владините, според кои економијата во истиот период би растела годишно и по 5,2%. Народната банка исто така смета дека последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. „Закрепнувањето на економската активност во 2021-2022 година се очекува да биде поддржано и од домашната побарувачка, во услови на стабилизирање на пазарот на труд, континуитет на кредитирањето, зголемување на довербата, како и натамошна фискална поддршка на потрошувачката, а особено на инвестициите. Воедно, импулс врз растот се очекува и од извозниот сегмент, којшто релативно брзо закрепнува, поддржан од брзото реактивирање на глобалните синџири на производство, а во следниот период и од закрепнувањето на странската побарувачка“, оценува Народната банка. Очигледно е дека проценките за заздравувањето на домашната економија во голема мера се потпираат на закрепнувањето на европскиот пазар каде што се извезуваат над 80% од нашите производи. Но, изгледите за Стариот Континент отсега гледано се целосно неизвесни. Иако се проценува раст од 4,7% годинава, сепак голем дел од земјите се соочуваат со огромен бран на пандемијата кој ги натера уште во ноември да воведат целосен локдаун и кој очигледно се продолжува и во првите месеци од 2021. Во такви услови, странската побарувачка за македонските производи е неизвесна бидејќи луѓето вообичаено трошат само за неопходни работи. Германската автомобилска индустрија веќе го сподели песимизмот сумиран во проценката на состојбата, која поради продолжениот локдаун падна на минус 5,4 поени. За споредба, месецот претходно овој индикатор беше во позитива и изнесуваше 5 поени. Ваквите песимистички прогнози особено ги засегаат странските инвеститори што имаат фабрики во индустриските зони, чии производи главно се наменети за автомобилската индустрија токму во овие земји. А овие фабрики, пак, се главни носители на огромен дел од домашниот извоз. nnn


ФЕВ. 2021

INTERVIEW 12 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

Согласно основното сценарио очекуваме раст на економијата од 4,1% за годинава. Секако, постојат и ризици. Тие главно се поврзани со здравствената криза, односно пролонгирањето на пандемијата од коронавирусот. Тоа би резултирало со ограничувачки мерки, реперкусии врз глобалните синџири на снабдување и надворешната побарувачка, влошени очекувања на деловните субјекти и домаќинствата, намален прилив на инвестиции и парични дознаки од странство. Во услови на материјализација на ризиците поврзани со меѓународното окружување, односно преполовување на растот на надворешната побарувачка, закрепнувањето на домашната економија ќе биде значајно забавено, но сепак годината би ја завршиле со позитивна стапка на економски раст.


13

ФАТМИР БЕСИМИ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

ФАТМИР БЕСИМИ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

КОРОНА – КРИЗАТА ЗАВРШУВА ДУРИ И СПОРЕД ПЕСИМИСТИЧКОТО СЦЕНАРИО


ФЕВ. 2021

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

разговара:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Заклучно со минатата година, од Ковид-19 програмата на Владата, исплатени се 292 милиони евра или над 95% од буџетираните по основ на финансиска поддршка за исплата на плати, финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани, мерки за поддршка на фирми, финансиска поддршка на граѓаните кои ги имаат загубено работните места како резултат на кризата итн. Преку Развојната банка се одобрени преку 85 милиони евра по основ на бескаматни кредити и евтини кредити. Мора да се земе предвид дека вкупниот фискален стимул ги опфаќа не само директните буџетски трошоци, туку и даночните олеснувања и ослободувања, расположливите гаранции и сл. Така на пример, државната гарантна шема шесткратно ги мултиплицира средствата предвидени во фондот, односно со тие средства ќе се гарантира шест пати повисока сума на кредити за компаниите.

XГ-не X Бесими, домашната економија се уште е во некаков грч од неизвесноста што ја предизвикува пандемијата. Бавниот тек на имунизацијата се уште не дозволува да зборуваме за економски раст, туку и годинава продолжуваме да се занимаваме со антикризни мерки како спасување на работни места и компании. Какви се Вашите очекувања, колку ќе се пролонгира економското заздравување? На работите треба да гледаме реално. Основното макроекономско сценарио на Министерството за финансии е реалистично сценарио. Според него, со почетокот на имунизацијата се очекува довербата кај инвеститорите и потрошувачите да расте, што ќе резултира со закрепнување на инвестициите и приватната потрошувачка. Со закрепнувањето на нашите трговски партнери ќе расте и надворешната побарувачка. Како што изминува времето, се очекува слабеење на здравствената криза и етапно подобрување на епидемиолошката слика, повисока искористеност на производствените и услужните капацитети и поволни ефекти од економските мерки. Согласно основното сценарио очекуваме раст на економијата од 4,1% за годинава. Секако, постојат и ризици. Тие главно се поврзани со здравствената криза, односно пролонгирањето на пандемијата од коронавирусот. Тоа би резултирало со ограничувачки мерки, реперкусии врз глобалните синџири на снабдување и надворешната побарувачка, влошени очекувања на деловните субјекти и домаќинствата, намален прилив на инвестиции и парични дознаки од странство. Во услови на материјализација на ризиците поврзани со меѓународното окружување, односно преполовување на растот на надворешната побарувачка, закрепнувањето на домашната економија ќе биде значајно забавено, но сепак годината би ја завршиле со позитивна стапка на економски раст. Исто така, значаен фактор е и членството во НАТО, кое може да има силно влијание врз инвестициската активност, во спрега со спроведувањето на структурните реформи. Во однос на петтиот пакет мерки, покрај поддршка на стопанството и граѓаните, тие имаат и развојна компонента, односно се дизајнирани да ја поттикнат ревитализацијата и економскиот раст. Ако во претходните пакети мерките беа насочени кон зголемување на ликвидноста на фирмите и зачувување на работните места, во петтиот пакет тие истовремено ја стимулираат и инвестициската активност. XКолку X е реално остварлива стапката на економски раст од 4,1% што ја планирате за годинава ако се знае дека корона – кризата несомнено ќе трае најмалку во првиот квартал? Проекцијата на Министерството за финансии за раст на економијата од 4,1% е врз основа на претпоставки дека по првото тримесечје ќе почнат да слабеат ефектите од здравствената криза и

соодветно на тоа ќе почне да се враќа довербата на инвеститорите, како и да се намалува преголемата претпазливост на потрошувачите. Проекцијата е во линија со проекциите на останатите меѓународни финансиски институции. Тие се движат од 5,5% на ММФ до 3,6% на Светска банка. Согласно последниот преглед на Меѓународниот монетарен фонд на глобалната економија од јануари 2021 година, кризата ќе почне да бледнее во првото полугодие од годината, додека потенцијалот за раст ќе се зголеми во втората половина, особено со зголемување на достапноста на вакцините и намалувањето на ригорозните мерки за социјално дистанцирање. Со растот на достапноста на вакцините, подобрените терапии, растот на бројот на тестовите, локалната трансмисија се очекува да биде доведена до ниско ниво. Исто така, тенденцијата на постепено враќање на цените на суровините на светските берзи од преткризниот период укажува на раздвижување на економијата. Така движењата на цената на нафтата, како и цените на основните метали, односно на примарните производи укажуваат на раздвижување на индустријата во светски рамки, а секако има и позитивен контекст за домашниот извоз. Од друга страна, намалувањето на цената на златото на светските берзи, укажува на подобрување на очекувањата на економските субјекти за светската економија. Процесот на подобрување на состојбите во нашата економија започна уште минатата година. Бруто-инвестициите во третиот квартал од 2020 година забележуваат раст од 4,2%, што доаѓа по високиот пад од над 30% во второто тримесечје од 2020 година, а се должи на раст на инвестициите во градежните работи, како и во машините и опремата. Ублажен е и падот на потрошувачката, главно поради високиот раст на јавната потрошувачка од 13,5%. Четвртиот квартал од 2020 година, согласно високофреквентните (месечни) податоци, има понатамошно подобрување на состојбите од аспект на надворешнотрговската размена и од аспект на индустријата и искористеноста на капацитетите. Позитивните тенденции продолжија и во првиот месец годинава, а во подобрувањето на состојбите свој удел имаат и досега преземените четири пакети антикризни мерки. Минатата недела добивме уште една потврда на кредитниот рејтинг на земјава од кредитната агенција „Standard&Poor’s“, што е од посебно значење во време на светска економска криза, особено во очите на инвеститорите. Очекувања на кредитната агенција се дека македонската економија годинава ќе се врати на патеката на економски раст и ќе ги надмине шоковите предизвикани од Ковид-19 пандемијата. Тие прогнозираат дека закрепнувањето на автомобилската индустрија, што силно влијае на нашиот извоз, како и растот на домашната потрошувачка, ќе бидат двигатели на растот. XВладата X го усвои петтиот пакет антикризни мерки. Што е различно од досегашните владини мерки и како тие ќе и помогнат на економијата?


15

ФАТМИР БЕСИМИ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

Во однос на ефектите од четирите пакети на мерки, поддршката кон населението и фирмите резултираше со ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката на домаќинствата и активноста на деловните субјекти. Оттука, се проценува дека преку реализацијата на овие мерки падот на економската активност е ублажен, односно падот на економската активност би бил подлабок за околу 2 процентни поени во 2020 година. Петтиот пакет на мерки е во насока на забрзување на процесот на ревитализација. Пакетот има неколку цели: (1) да даде директна финансиска поддршка на компаниите со цел задржување на работните места, (2) финансиска поддршка за зголемување на ликвидноста во приватниот сектор, (3) поддршка на куповната моќ на социјално ранливите категории на граѓани и (4) креирање на поповолно деловно опкружување. Петтиот сет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра, од кои 91,7 милиони се со директни фискални импликации. Носечките мерки во овој пакет имаат развојна компонента. Така, мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март 2021 година предвидува за компаниите кои ќе инвестираат, да ја добијат финансиската поддршка како субвенција. Исто е и со мерката бескаматни кредити - компаниите кои ќе инвестираат или ќе отворат нови работни места ќе добијат неповратни средства. Пакетот предвидува и низа други мерки во насока на подобрување на ликвидноста на стопанството,

ФЕВ. 2021

зголемување на конкурентноста и поттикнување на инвестициите. Предвидена е директна финансиска поддршка за повеќе сектори, зголемување на фондот на грантовата шема, фондот за поддршка на извозот, укинување на царини за повеќе суровини итн. XКаква X е досегашната реализација на претходните антикризни мерки? Колкава е сумата што ја исплати државата како помош за фирмите и граѓаните од предвидените 10% од БДП и какви се ефектите од неа? Во текот на 2020 година беа донесени четири пакети на мерки, насочени кон заштита на работните места во економијата и најранливите категории, зголемување на ликвидноста во стопанството и поддршка на домашната економска активност. Главно, мерките гравитираа околу доделување неповратни средства и субвенционирање на туризмот, транспортот и угостителството, поволни кредити и бескаматни кредити за малите и средните претпријатија и фирмите коишто покажуваат евидентни ефекти од кризата врз резултатите од работењето, задржување на работниците преку

финансиска поддршка за исплата на плати, финансиска поддршка на оние што ги изгубија работните места, финансиска поддршка на ранливите категории граѓани, поттикнување на реализацијата на јавните инвестиции, раст на јавната потрошувачка и различни стимули за поттикнување на приватната потрошувачка. Прoектираната вредност на сите четири пакети е околу милијарда евра или околу 10% од БДП и тоа првите три пакети се проценети на 550 милиони евра, додека третиот 470 милиони евра. Секоја земја преземаше мерки согласно расположливиот фискален простор. Согласно податоците на ММФ, фискалниот стимул во земјите во регионот се движи од 2,4% од БДП во Бугарија, 2,8% во Албанија, 3% Босна и Херцеговина, 3,7% во Црна Гора, 4,1% Косово, Хрватска со 7%, ние со околу 10%, Србија на слично ниво со 11,3% и Словенија и Грција со околу 14% од БДП. Со тоа што кај Словенија и кај Грција има значително зголемување на државниот долг од почетокот на кризата за 13 процентни поени, односно за 19,4 п.п. респективно и државниот долг на Словенија на крајот на третиот квартал изнесува 78,5% од БДП, додека на Грција


ФЕВ. 2021

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

Во однос на капиталните расходи, имаме стратегија за подобрување на нивната реализација и петгодишен план за јавни инвестиции вреден 3,2 милијарди евра во кој се стратешките капитални проекти од областа на транспортната, здравствената и образовната инфраструктура. Подобрувањето на реализацијата на капиталните проекти може да имаме само ако имаме добар долгорочен план, механизми за следење на реализацијата и јасни правила за наградување и казнување на буџетските корисници согласно нивните перформанси. Како што спомнав имаме план во однос на механизмите за следење, имаме инвестициски комитет за следење на извршувањето преку методологијата за паметни клучни индикатори за успешност (Smart Key Performance Indicators).

199,9% од БДП. Кај останатите земји во регионот тој се движи од 90,8% Црна Гора, 56,8% Србија, Република Северна Македонијa 51%, Босна и Херцеговина 38,9% и Косово 22,1%, согласно податоците на европската статистичка агенција „Еуростат“. Согласно овие податоци, може да се види дека кај нас е направен добар баланс помеѓу стимулативните пакети и задржувањето на долгот на едно ниво, коешто на среден рок ќе се стабилизира и нема да преставува закана или пречка за понатамошниот економски развој и макрофинансиската стабилност. Покрај мерките кои ги преземаа фискалните власти, дополнителна поддршка кон ублажување на ефектите од Ковид-кризата имаа и мерките кои ги преземаа монетарните власти. Намалувањето или задржување на референтната каматна стапка на ниско ниво и дополнителни мерки преку други инструменти на монетарната политика, придонесоа за одржување на ликвидноста во економиите. Така на пример, Европската Централна Банка преку нејзините каматни стапки водеше приспособливо-монетарна политика во насока на поддржување на економијата, односно цело време ја одржуваше на негативно ниво. Со тоа се влијаеше врз останатите каматни стапки, на пример ЕУРИБОР остана негативен за цел кризен период а со тоа и трошоците за финансирање беа поволни. Оваа поставеност на монетарната политика влијаеше на зголемена понуда на пари во финансиските пазари што придонесе за намалување на каматните стапки и трошоците за позајмување на земјите за финансирање на економските мерки. Истовремено, ниската инфлација овозможи монетарната политика да биде поактивна во борбата против ефектите од пандемијата. Заклучно со минатата година, од Ковид-19 програмата на Владата,

исплатени се 292 милиони евра или над 95% од буџетираните по основ на финансиска поддршка за исплата на плати, финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани, мерки за поддршка на фирми, финансиска поддршка на граѓаните кои ги имаат загубено работните места како резултат на кризата итн. Преку Развојната банка се одобрени преку 85 милиони евра по основ на бескаматни кредити и евтини кредити. Мора да се земе предвид дека вкупниот фискален стимул ги опфаќа не само директните буџетски трошоци, туку и даночните олеснувања и ослободувања, расположливите гаранции и сл. Така на пример, државната гарантна шема шесткратно ги мултиплицира средствата предвидени во фондот, односно со тие средства ќе се гарантира шест пати повисока сума на кредити за компаниите. Во однос на ефектите од четирите пакети на мерки, поддршката кон населението и фирмите резултираше со ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката на домаќинствата и активноста на деловните субјекти. Оттука, се проценува дека преку реализацијата на овие мерки падот на економската активност е ублажен, односно падот на економската активност би бил подлабок за околу 2 процентни поени во 2020 година. Стапката на невработеност, по зголемувањето во второто тримесечје, во третото тримесечје бележи одредено намалување, со што просечната стапка на невработеност во првите девет месеци изнесува 16,5%, што претставува намалување од 1 процентен поен во споредба со истиот период претходната година. Тоа е неспорен доказ дека многу работни места, сепак беа зачувани. Просечната бруто и нето-плата продолжија да растат во континуитет во текот на целата година. Годишната стапка на раст на нето-платата во ноември 2020

година изнесува 7% или е за околу 1.800 денари повисока во однос на просечната нето-плата исплатена истиот месец во 2019 година. Континуираниот раст на просечната плата и покрај кризата, се должи и на мерките кои ги преземаше Владата за финансиска поддршка за исплата на плати и субвенционирање на придонеси. Каква е динамиката на полнење на буџетот од почетокот на годинава, колку приходите отстапуваат од планираното со оглед на продолжената криза? На почетокот на годината има нешто послаба наплата на даночните приходи за 3% во однос на јануари 2020 година, но од друга страна, треба да се има предвид дека споредбената основа е пред почетокот на кризата, кога е остварен висок годишен раст од 7,3%. Реализацијата на даноците и придонесите заклучно со крајот на минатата недела, односно 19-ти февруари е за околу 2% повисока од истиот месец лани, но треба да ја видиме и реализацијата до крајот на месецот. Во однос на расходната страна, сите обврски на државата се сервисираат редовно и навремено. Покрај редовните обврски, се исплаќаат и мерките од четвртиот пакет, кои продолжија годинава. Минатата година беше кризна и за нас и за целиот свет. Сите економии во светот имаа пад на приходите, а од друга страна поради потребите за здравството и за антикризните социјални и економски мерки се зголемуваа расходите. Кај нас, најкритични беа април и мај 2020, кога се применуваа најрестриктивните здравствени мерки, како неколкудневните карантини. Тогаш падот на наплатата на даночните приходи беше за над 20% во споредба со истите месеци од претходната година. Во летните месеци


17

ФАТМИР БЕСИМИ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

имаше подобрување, со исклучок на август, а подобрувањето продолжи и во текот на последниот квартал од 2020 година, со раст на приходите во декември во споредба со истиот месец претходната година. Кризата сè уште се чувствува, но се гледа подобрување и тенденција кон ревитализација на економијата. Ние внимателно ги следиме движењата на дневна основа. XОчекувате X ли да се реализира буџетот така како што е планирано без да се менува во текот на годината со ребаланс, и особено капиталните инвстиции како значаен поттик на економската активност? Уште кога го презентиравме буџетот за 2021 година, беше посочено дека во текот на 2021 година ќе има ревидирање на билансот согласно тековните состојби. Ребалансот не е невообичаена активност и ако погледнете во изминатите 15 години нема ниту една година да не се правело ребаланс. Во кризните години како 2009 и 2020 година, имало по два ребаланса годишно. Тоа е приспособување на државната каса на реалните прилики - доколку има повисоки приходи треба да се распределат на позиции каде ќе донесат повисока додадена вредност, ако некои средства не се користат треба да се насочат кон позиции кои имаат подобра реализација, итн. Во однос на капиталните расходи, имаме стратегија за подобрување на нивната реализација и петгодишен план за јавни инвестиции вреден 3,2 милијарди евра во кој се стратешките капитални проекти од областа на транспортната, здравствената и образовната инфраструктура. Подобрувањето на реализацијата на капиталните проекти може да имаме само ако имаме добар долгорочен план, механизми за следење на реализацијата и јасни правила за наградување и казнување на буџетските корисници согласно нивните перформанси. Како што спомнав имаме план во однос на механизмите за следење, имаме инвестициски комитет за следење на извршувањето преку методологијата за паметни клучни индикатори за успешност (Smart Key Performance Indicators). Во однос на наградувањето или „казнувањето“ на буџетските корисници за реализацијата, односно потфрлањето во однос на капиталните инвестиции, во Законот за извршување на буџетот за тековната година имаме предвидено иновативен механизам. Ако буџетските корисници заклучно со првото тримесечје не реализираат најмалку 15 проценти од планираните капитални расходи, до второто најмалку 40 проценти и до третото најмалку 65 проценти, средствата ќе им бидат земени и насочени кон проекти кои имаат солидна реализација. XШто X предвидува новата Стратегија за реформи во финансиите? Во време на најголемата криза од Големата депресија досега, клучни прашања се: 1. како економијата да заздрави, 2. како да се врати на патеката на раст, 3. како тој раст да се забрза и 4. како да биде одржлив и инклузивен. Поставувањето на јасни цели е клучно за креирање на стратегија, а потоа и на план за дејствување. Добрата стратегија, пак, се разбира како и деталниот и

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

издржан план се основа за успешен исход, доколку се спроведат како што треба. Во Министерството за финансии работиме според СМАРТ-концептот, концепт кој се базира на пет принципи - стратешко работење, одржливост односно континуитет, одговорност, ориентираност кон реформи и транспарентност. Суштината е да се дејствува така што однапред ќе се планира за подолг период, ќе се антиципираат сите исходи, ќе се мерат резултатите, како од аспект на реализација, така и од аспект на нивниот импакт врз останатите процеси и сето тоа ќе биде проследено со континуиран напор за зголемување на транспарентноста. Целите и приоритетите кои ги предвидовме се седум: 1. економски раст и развој; 2. смарт финансии (односно управување одговорно со јавните финансии: јавниот долг, ликвидноста, капиталните расходи, среднорочно буџетирање, праведен и ефикасен даночен систем, транспарентност и отчетност); 3. фискална децентрализација; 4. развој и либерализација на финансискиот пазар; 5. сузбивање на неформалната економија; 6. дигитализација на јавните финансии и 7. зајакнување на институционалните и човечките капацитети на министерството. Во однос на стратегијата за смарт финансии веќе се преземаат и ќе се преземаат голем број на активности, како спроведување на Програмата за управување со реформите во јавните финансии (во рамки на која се новиот Закон за буџети и ИФМИС системот Интегрираниот систем за управување со јавните финансии), петгодишна фискална стратегија и петгодишна стратегија за управување со јавниот долг, стратегија за даночна реформа, воведување на методологија за оценка на ефектите од инвестициските проекти врз економскиот раст наречен ПИМА (Public Investment Management Assessment, PIMA), како и методологија за оценка на реализацијата на капиталните инвестиции преку паметни клучни индикатори за успешност (Smart Key Performance Indicators). На крајот, би сакал да потенцирам дека визијата на Министерството за финансии е со реализација на прогресивни идеи од својот домен да придонесе за зајакнување на функционалната пазарна економија која се темели на знаење, иновации и одржлив развој. Оваа визија ја преточуваме во среднорочни стратегии и годишни акциски планови, кои ги дизајнираме низ инклузивен процес, со учество на сите засегнати страни. Инклузивниот процес во дизајнирањето на главните стратешки насоки, спроведувањето на политиките базирани на докази и фискалната транспарентност се демократски придобивки, кои ќе постават стандарди за сите идни креатори на реформите во системот на јавните финансии. XМинистерството X за финансии подготви, а Владата ја усвои и новата Даночна стратегија. Што ќе значи тоа за даночните обврзници? Главната цел на даночната политика е обезбедување на одржлив економски раст и развој, притоа обезбедувајќи

правна сигурност за даночните обврзници и редовна наплата на јавните приходи. Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025 година, која е усвоена од Владата, а за која претходно имавме и јавна расправа, содржи пет приоритети за креаторите на даночната политика и органите, кои ги администрираат јавните приходи во периодот 2021-2025 година, заедно со нивните клучни активности, резултати, одговорни субјекти и клучни индикатори за учинок. Прв приоритет е поголема праведност во оданочувањето, со цел да се обезбеди секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плаќа својот праведен удел од данокот. Очекуваните резултати се преоценка на моделот за праведно оданочување, имплементација на стандардите за спречување на ерозија на даночната основа и преместување на профитот (БЕПС), усогласување на националното законодавство со наднационалното законодавство на Унијата и сл. Вториот приоритет е поголема ефикасност и продуктивност на даночниот систем за подобра наплата на приходите, преку поефикасна борба против нерегистрираните дејности и затајување на данок и зајакнат институционален капацитет, анализа и доуредување на даночната основа, намалување на заостанатите даночни обврски и спроведување на регистар на вистински сопственици. Некои од мерките предвидени за подобрување на ефикасноста и продуктивноста на системот за наплата на даноците се преглед на постојната даночна регулатива, воведување на напредни технологии, зајакнување на капацитетите на институциите, модернизација и автоматизација на работните процеси, засилена институционална координација, како и подобра соработка на меѓународно ниво. Трет приоритет во Даночната стратегија е зголемена даночна транспарентност, што вклучува подобрување на размената на информации помеѓу даночните органи и други субјекти, која во прв ред ќе се заснова на електронски услуги и дигитализација на процесите. Овој приоритет се очекува да доведе до зголемена фискална писменост и поголема доброволна даночна усогласеност. Следен или четврт приоритет е подобар квалитет на услугите, на начин кој ги поедноставува и забрзува постапките и го намалува административниот товар. Целните резултати се поголем степен на дигитални услуги, подобро управување со издавањето на увозно-извозни дозволи, елиминирање на непотребните нетарифни бариери и подобра внатрешна и даночна контрола. Последен или петти приоритет е воведување еколошко („зелено“) оданочување, со цел стимулирање на даночните обврзници да ги намалат активностите, кои придонесуваат за загадување на животната средина. Главната цел е справување со загадувањето и заштита на природните ресурси. Дополнително, како резултат на ова може да се очекува и зголемување на буџетските приходи. nnn


ФЕВ. 2021

18 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

STANDARD & POOR’S БАРА РЕФОРМИ ЗА ДА ГО ЗГОЛЕМИ КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ


19

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

Кредитната агенција „Standard & Poor’s“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед. Нивните очекувања се дека македонската економија годинава ќе се врати на патеката на економски раст и ќе ги надмине шоковите предизвикани од кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата. Има неколку сценарија коишто ги образложува кредитната агенција во врска со движењето на македонската економија. Според оптимистичкото сценарио, можно е да се зголеми кредитниот рејтинг „доколку континуираните реформи ги зајакнат институциите со зачувување на одржливите фискални политики“. Од друга страна, како можен позитивен придонес се посочува процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ при што кредитната агенција нотира дека „аспирациите може да останат сидро за институционални подобрувања и структурни реформи“. Песимистичкото сценарио според кое може да се намали кредитниот рејтинг се базира на предупредувања околу нивоата на дефицитот на тековната сметка и на буџетот.

автор:

К

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ редитната агенција „Standard & Poor’s“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед. Нивните очекувања се дека македонската економија годинава ќе се врати на патеката на економски раст и ќе ги надмине шоковите предизвикани од кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата. Од кредитната агенција посочуваат дека по остриот пад во второто тримесечје лани, економијата до крајот на 2020 година постепено заздравуваше. Нотираат дека индустриското производство во декември минатата година оствари позитивен резултат за првпат од почетокот на кризата во февруари 2020 година.

„Проценуваме дека економијата на Северна Македонија се намали за 4,4% во 2020 година. По падот од 15% во вториот квартал од 2020 година, најдлабокиот досега, очекуваме дека економијата постепено се закрепнува кон крајот на 2020 година. Краткорочните индикатори укажуваат на многу умерена контракција во последниот квартал. Во декември, индустриското производство ја забележа првата позитивна месечна стапка на раст од февруари“, пишува во Извештајот на S&P. Потоа се наведува дека земјата е интегрирана во глобалните синџири на снабдување, особено во автомобилскиот сектор, а помалку зависна од услужниот сектор - на пример, туризмот - отколку останатите земји од регионот. Токму тоа, во комбинација со влијанието од мерките на ограничување на движењето неколку месеци преку воведување полициски час, се смета дека значително се одразило на економската активност, особено преку трговскиот канал. Меѓутоа, изгледите за годинава се пооптимистички. „Очекуваме економијата на Северна Македонија да порасне за 3,6% во 2021 година по нејзината контракција предизвикана од пандемијата минатата година. Проектираме дефицитите на тековната сметка и фискалниот дефицит да се стеснат постепено во текот на 20212024 година и нето државниот долг да се искачи на околу 57% од БДП - околу 15 процентни поени погоре отколку нивото пред пандемијата“, пишува во Извештајот на оваа кредитна агенција. S&P образложува дека рејтинзите за Северна Македонија остануваат ограничени од ниските нивоа на доход; институционалниот развој како и ограниченоста на монетарната политика од фиксниот курс на денарот. Стабилните изгледи според Standard & Poor’s ги одразуваат очекувањата за предвиденото економско закрепнување

годинава кое би требало да ги намали фискалниот и надворешните дефицити во текот на следната година. Има неколку сценарија коишто ги образложува кредитната агенција во врска со движењето на македонската економија. Според оптимистичкото сценарио, можно е да се зголеми кредитниот рејтинг „доколку континуираните реформи ги зајакнат институциите со зачувување на одржливите фискални политики“. Од друга страна, како можен позитивен придонес се посочува процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ при што кредитната агенција нотира дека „аспирациите може да останат сидро за институционални подобрувања и структурни реформи“. Песимистичкото сценарио според кое може да се намали кредитниот рејтинг се базира на предупредувања околу нивоата на дефицитот на тековната сметка и на буџетот. „Можеме да го намалиме рејтингот ако фискалниот дефицит и минусот на тековната сметка се поголеми отколку што проектираме во текот на следните една до две години, заедно со континуиран пораст на нето државниот долг или напластување надворешен стрес. Рејтингот исто така може да се најде под притисок доколку стабилноста на домашниот финансиски систем ослаби во хипотетичко сценарио за влошување на квалитет на средствата, како и при постојана конверзија на депозитите во девизи“, образложуваат од Standard & Poor’s.

Позитивни пост - пандемиски очекувања

„Очекуваме Северна Македонија да го надмине шокот предизвикан од пандемијата на нејзината економија, како и нејзините надворешни и фискални индикатори. Во насока да се ублажи влијанието на мерките за ограничување и намалена странска побарувачка за


ФЕВ. 2021

20 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

Standard & Poor’s наведува дека очекува значајни владини инвестиции во инфраструктурата во периодот од 2021 до 2024 година, во насока на подобрување на инфраструктурата во транспортот, здравството и образованието со инвестиции од 3,2 милијарди евра или речиси 30% од 2021 година проектираното БДП. Исто така, наведуваат и дека Владата презема активности за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции.

извоз на земјата, Владата распореди значителен стимул за зачувување на работните места и производните капацитети во економијата на земјата. Како резултат на тоа, нето долгот на општата влада ќе се зголеми на 53% од БДП во 2021 година од 41% во 2019 година“, пишува во Извештајот. Потоа се наведува дека економскиот раст на земјата ќе забрза во текот на 2021 година, особено преку јавни инвестиции, приватна потрошувачка и враќање на извозот. „S&P“ посочува дека Северна Македонија е интегрирана во глобалните синџири на добавување, особено во автомобилската индустрија. Закрепнувањето на автомобилската индустрија, како и на економиите на нашите најголеми трговски партнери како Германија, ќе придонесат за закрепнувањето и на нашата економија. „Очекуваме дека заживувањето на глобалниот автомобилски сектор во последните неколку месеци ќе го поттикне закрепнување на економијата годинава. Но, економските перспективи на земјата зависат од развојот на клучните трговски партнери - на пример, Германија која учествува со околу 50% во извозот на земјата“, наведува S&P. Се очекува и домашната потрошувачка да го поткрепи растот. Како што наведува кредитната агенција, антикризните мерки кои ги презема Владата во 2020 година помогнаа да се зачуваат работните места и, воедно, дејствуваа како бафер – олеснувач при влијанието на кризата врз економијата. „Фискалниот стимул од околу 4% од БДП во 2020 година, во различни групи на мерки за поддршка, помогна да се зачуваат работните места и да се ублажат економските последици од пандемијата. Очекуваме дека мерките за поддршка ќе се повлекуваат постепено, во зависност од закрепнувањето, или ќе бидат заменети со други мерки како што е петти пакет за поддршка објавен во

февруари 2021“, посочува S&P. „Долгорочните изгледи за растот го поткрепуваат нашето очекување дека акумулацијата на долг ќе забави на умерено ниво следните две до три години. Во исто време, пристапот до финансирање од официјални и пазарни извори, ги поткрепуваат рејтинзите“, се наведува во Извештајот. „Задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од ковид-кризата се од исклучително значење, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите за состојбите и јасен показател за нивната доверба во политиките кои се водат во земјава“, посочуваат од Министерството за финансии.

Фокус на јавните инвестиции

Агенцијата наведува дека очекува значајни владини инвестиции во инфраструктурата во периодот од 2021 до 2024 година, во насока на подобрување на инфраструктурата во транспортот, здравството и образованието со инвестиции од 3,2 милијарди евра или речиси 30% од 2021 година проектираното БДП. Исто така, наведуваат и дека Владата презема активности за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции. „Очекуваме големите инвестиции во инфраструктура да го поттикнат растот во периодот 2021-2024 година. Јавните инвестиции ќе бидат фокус на Владата предводена од СДСМ формирана есента 2020 година. Ова е со цел е за подобрување на физичката инфраструктура во транспортот, здравството и образование, а во таа насока, ги забележуваме напорите на владата да го подобри извршувањето на плановите за капитални трошоци“, истакнуваат од S&P. Според кредитната агенција, другите приоритети на внатрешната политика вклучуваат обезбедување на фискална одржливост и спроведување структурни

реформи кои поддржуваат раст. „Ја забележуваме важноста за задржување на конкурентноста во контекст на зголемувањето на трошоците за работна сила и падот на продуктивноста во 2020 година. Гледаме позитивно на постојаните напори на владата да привлече странски директни инвестиции (СДИ) во слободни економски зони, кои се зголемија во последниве години и го зголемија извозот. Како и да е, економската структура останува прилично основна, со извоз на добра со ниска додадена вредност. Компаниите во слободните економски зони се концентрирани во електроника и автомобилски сектори, но голем дел од суровините сè уште се увезуваат, наместо од домашни извори, што ја ограничува пошироката интеграција на слободните зони во домашната економија“, посочува S&P. Потоа кредитната агенција забележува дека приоритетите на надворешната политика на владата завршиле со неуспех кога Бугарија стави вето на преговарачката рамка и го блокираше почетокот на преговорите за пристапување кон ЕУ кон крајот на минатата година. „Не мислиме дека ова ќе го смени евроатлантскиот курс на Северна Македонија, но разочарување од повторувањето на блокади на патот и покрај напорите на земјата во последните неколку години (меѓу другите, промена на името во Северна Македонија по договорот од Преспа со Грција за решавање на долгогодишниот спор) може да го намали расположението кај населението. Во исто време, домашната политичка поларизација помеѓу СДСМ и националистичката ВМРО-ДПМНЕ останува висока. тесните изборни резултати коишто се случија многу пати, вклучително и во 2020 година, и често резултираа со парламентарна блокада, при што ниту една од страните не обезбеди лесно мнозинство. Сепак, СДСМ


21

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

и партијата на етничките Албанци ДУИ се согласија за продолжување на нивната коалициска влада. И покрај реформите во последниве години, сметаме дека институциите на Северна Македонија имаат недостатоци, што владата ќе има за цел да ги подобри. Доколку би се отвориле преговорите за пристапување во ЕУ, ова би можело да биде важно сидро за овие реформи“, истакнува S&P. МН: Фискална консолидација Во однос на буџетскиот дефицит, Standard & Poor’s велат дека очекувањата се дека ќе се намали во 2021 година на 4,9% од БДП и дека согласно владините проекции ќе продолжува постепено да се намалува секоја година. „Фискалниот дефицити во просек ќе се движи околу 4% во 2021-2024 година, како резултат на зголемување на нето долгот на општата влада до 57% од БДП до 2024 година“, велат од S&P и посочуваат дека буџетскиот дефицит лани порасна дури 8,1% од БДП како резултат на експанзивната фискална политика и потребата од вбризгување пари за да се амортизира корона – кризата. Според проценките на S&P, фискалниот дефицит ќе се намали на 3,1% од БДП до 2024 година. „Нашата прогноза претпоставува дека дефицитите ќе се намалат поумерено во споредба со проекциите на владата, што ја одразува нашата пониска проценка на економскиот раст. Разбираме дека владата има за цел да ја зајакне фискалната рамка. Владата ја усвои стратегијата за реформа на даночниот систем во декември 2020 година, со цел, меѓу другото, да го подобри прибирањето приходи и во крајна линија за поддршка на економскиот раст. Подобрувањето на наплатата на приходите игра важна улога во плановите за консолидација на владата, бидејќи приходите во однос на БДП заостануваат во споредба со европските земји со повисок доход.

За монетарната политика

Од Агенцијата се осврнуваат и на монетарната политика, стабилноста на девизниот курс на денарот, нивото на девизните резерви и на состојбите во банкарскиот систем. Изнесувајќи ги своите согледувања за

Исто така, според оценките на S&P, она што е значајно за стабилноста на домашната валута е и одлуката на Европската централна банка за овозможување пристап на Народната банка до девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа.

монетарната политика и мерките на Народната банка во текот на коронакризата, од Standard & Poor’s заклучуваат дека олабавената монетарна политика обезбедила поддршка на економијата. Во врска со девизниот курс на денарот во однос на еврото, во рамките на извештајот се посочени согледувањата и оцените на Агенцијата за задржувањето на неговата стабилност. Имајќи предвид дека краткорочните капитални текови не се застапени, според оцените на Агенцијата, тоа значително ги намалува ризиците за македонската економија. Воедно, во извештајот истакнуваат дека нивото на девизните резерви е соодветно и дека на крајот на 2020 година е повисоко во споредба со крајот на 2019 година, што е значајно за стабилноста на домашната валута. Исто така, според оценките на S&P, она што е значајно за стабилноста

на домашната валута е и одлуката на Европската централна банка за овозможување пристап на Народната банка до девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа. „Банкарскиот систем е стабилен“ – истакнуваат од S&P, посебно нагласувајќи го ниското ниво на нефункционалните кредити. Притоа, во извештајот, од Агенцијата се осврнуваат и на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“, при што напомнуваат дека тоа нема влијание врз стабилноста на банкарскиот систем. Во извештајот се истакнува дека севкупниот пораст на депозитната база во 2020 година ја потврдува задржаната доверба. Притоа, ја нагласуваат важноста на задржувањето на довербата. nnn


ФЕВ. 2021

INTERVIEW 22 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093


СУАТ ИНАН

ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ

23

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

СУАТ ИНАН

ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ

И ПОКРАЈ ПАНДЕМИЈАТА, СО НАШАТА СИЛНА СТРУКТУРА И ИНОВАТИВНИ ПРИСТАПИ ВО 2020 ГОДИНА ПОСТИГНАВМЕ РАСТ ОД 57%


ФЕВ. 2021

24 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

За релативно кус период успеавме драстично да го подобриме учеството на доброволни осигурувања во нашето портфолио, воведовме нови класи, нови продукти, нови услуги, го зголемивме пазарното учество и го подобривме рангирањето на листата компании кои работат во неживотно осигурување. Од компанија која беше на последно место во категоријата компании од неживотно осигурување, 2019 година ја завршивме на 9 место по бруто полисираните премии на компании од секторот неживот и со пазарна концентрација од 4,6%. Според податоците на АСО, на крајот на септември минатата година бевме на 5 место според бруто полисирана премија, а нашата пазарна концентрација на крајот на третиот квартал беше 8,1%.

К

ризата со Ковид-19 ја намали мобилноста, патувањата, а со тоа и бројот на полиси од некои класи осигурување, како што се зелена карта, автомобилска одговорност и патничко осигурување. Ова негативно се одрази на одредени осигурителни компании. Но, истовремено други, како Халк Осигурување и во ваква тешка година успеаја да остварат завидни резултати. За тоа како Халк Осигурување успеа да постигне раст од над 50% за трендовите и перспективите во осигурителниот бизнис зборуваме со Суат Инан, главен извршен директор на компанијата. XКаков X ефект остави корона – кризата врз работењето на осигурителниот сектор во земјава, следствено и врз резултатите на Халк Осигурување? Според она што го објави Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), а се однесува за работењето на осигурителниот сектор во првите девет месеци од годинава, евидентно е дека постои пад во работењето. И тоа како во секторот неживот, така и кај животното осигурување. Вкупната бруто полисирана премија за трите квартали изнесуваше 7,5 милијарди денари, додека во истиот период лани беше над 7,9 милијарди денари. Во секторот неживот, каде е и Халк Осигурување, остварената бруто полисирана премија е 6,3 милијарди денари, а лани во деветте месеци изнесуваше речиси 6,7 милијарди денари. Овој пад е сосема очекуван бидејќи поради пандемијата и намалената мобилност, односно ограничувањата во движењето и пред сè во патувањата, се намалија приходите од некои класи осигурување, како што се зелена карта, автомобилска одговорност и патничко осигурување. Сепак, во целина осигурителниот бизнис не беше силно погоден како некои други сектори во државата. Морам да споменам дека додека кај некои сектори, како овие што ги споменав има намалување на бруто полисираната премија, кај други има зголемување. Пред сè кај класите здравствено осигурување и осигурување имот, што покажува дека во услови на опасност, каква што е пандемијата, се зголеми свесноста на граѓаните за грижа за здравјето и имотот, односно обезбедување соодветна заштита од несакани ризици. Се надевам дека ваквата свесност за потребата од осигурување кое овозможува да се има план за непредвидени ситуации ќе продолжи и кога пандемијата ќе биде ставена под контрола. Што се однесува до Халк Осигурување, за разлика од дел од осигурителните компании од нашиот сектор кои имаа остварено послаби резултати, ние и во услови на криза забележавме голем раст во работењето од 57%. Со тоа практично го продолживме растот кој го започнавме во 2019 година, која беше прва година од работење под брендот Халк Осигурување, кога успеавме да направиме вкупен пораст на бруто полисирана премија од 52% споредено со годината претходно.

Штета е причина за осигурување. Штетата е како огномет... XКаква X е моменталната пазарна позиција на Халк Осигурување, колкав е растот на бруто полисираната премија минатата година, во кои класи осигурување имавте најдобри резултати? Во 2020 година забележавме раст од дури 57%. Во првите три квартали имаме склучено речиси 72.000 договори за осигурување и бруто полисирана премија од 611 милиони денари. Постои нешто што секогаш го кажувам за штетата и важноста на управувањето со штети: „За осигурителот штетата е како огномет. Не само што го задоволува осигуреникот со својата светлина и визуелизација, истиот има моќ да ги привлече и погледите на нови осигуреници и да ги придобие како нови клиенти„. Лани забележавме пораст на пријавените штети од 114%. И покрај овој рапиден пораст, Секторот штети целосно одговори на предизвикот и постапи по 81% од вкупниот број поднесени барања. Во 2020 година успешно ја воведовме и новата класа – Доброволно приватно здравствено осигурување, од која успешно затворивме 95% од предметите. Високиот процент на затворени предмети и исплатени штети на барателите секако значи и придонес за економијата на Северна Македонија. Според неревидираниот финансиски извештај, во 2020 година по основ на штети имаме исплатено вкупно 5 милиони евра. Во 2019 година бруто исплатените штети изнесуваа 4 милиони евра. Од ваквите резултати можеме да бидеме задоволни затоа што за релативно кус период успеавме драстично да го подобриме учеството на доброволни осигурувања во нашето портфолио, воведовме нови класи, нови продукти, нови услуги, го зголемивме пазарното учество и го подобривме рангирањето на листата компании кои работат во неживотно осигурување. Од компанија која беше на последно место во категоријата компании од неживотно осигурување, 2019 година ја завршивме на 9 место по бруто полисираните премии на компании од секторот неживот и со пазарна концентрација од 4,6%. Според податоците на АСО, на крајот на септември минатата година бевме на 5 место според бруто полисирана премија, а нашата пазарна концентрација на крајот на третиот квартал беше 8,1%. Сето ова е постигнато благодарение на огромниот труд и посветеност на сите вработени. Промените кои ги наметна корона кризата нè натераа да се реорганизираме и адаптираме на новите услови, а резултатите покажуваат дека во тоа бевме успешни. Во период кога беше намален човечкиот контакт, веднаш пристапивме кон модификација на приодите ориентирани кон клиентите, покажувајќи истовремено дека во вакви тешки времиња треба да бидеме солидарни со нашите клиенти. Па така, за нашите клиенти, корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување, овозможивме бесплатно тестирање за Ковид-19 во која било приватна лабораторија. Истовремено на клиентите им понудивме попусти и зголемување на бројот на рати, меѓу кои


СУАТ ИНАН

ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ

25

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

Наша стратешка определба била и останува искористување на придобивките што со себе ги носат дигитализацијата и новите технологии, така што еден од главните фокуси годинава ќе биде развојот на широка палета дигитални сервиси за нашите клиенти. Дел од нив ќе бидат иновативни решенија кои за првпат ќе бидат воведени на македонскиот пазар, а сè со цел на сите наши клиенти да им овозможиме беспрекорно корисничко искуство и задоволство.

и дополнителни 2 месеци на покритието за каско осигурување, што беа и први осигурителни понуди во секторот поврзани со Ковид-19. Со ова поставивме и норми на осигурителниот пазар, што потоа како пракса ги следеа и други компании, далеку повеќе етаблирани на осигурителниот пазар. Халк Осигурување покажа дека е компанија која има за цел да биде меѓу водечките осигурителни компании во земјата. Што се однесува за најпродавани класи осигурувања, во бруто полисираната премија кај нас, како и кај сите компании од неживотното осигурување, доминира осигурувањето од автоодговорност. Во првите 9 месеци учествува со 49% во структурата на бруто полисираната премија. Потоа со 24% следи осигурување имот, а со 9% осигурување од незгода. Овие три класи осигурување практично учествуваат со 82% во вкупната бруто полисирана премија на Халк Осигурување. Очекуваме и другите класи осигурување во следниот период да

растат бидејќи имаме одлични производи.

Голем интерес за дополнителното приватно здравствено осигурување XКовид X – кризата наметна поголем интерес на граѓаните за квалитетно здравствено осигурување, па дали тоа се покажа преку побарувачката за полиси на приватно здравствено осигурување и од вашата компанија? Точно е дека кризата со Ковид-19 ја зголеми грижата на граѓаните за здравјето - своето, на членовите на семејството и блиските луѓе. Халк Осигурување релативно подоцна во споредба со другите компании започна со дополнително приватно здравствено осигурување од причина што претходно компанијата немаше лиценца за работа во оваа класа. Сепак успеавме да креираме добар производ кој нуди одлични можности за корисниците за добивање врвна здравствена услуга, нешто што многу често недостасува во

ФЕВ. 2021

јавното здравство. Доказ дека производот е добар е тоа што сме трета компанија по полисирана премија во оваа класа. Дополнително, голем број компании најавија обнова на полисите, а уште поголем број договорија почеток на осигурување од јануари годинава што е доказ за квалитетот на продуктот. Политиката за јавно приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување обезбедува покритие со врвна здравствена заштита преку покривање на трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување и со тоа обезбедува повисок стандард на здравствените услуги. Нашите клиенти можат да добијат полиса за приватно здравствено осигурување на два различни начина – како ХАЛК Комплементарно здравствено осигурување и ХАЛК Приватно здравствено осигурување. На овој начин можат да изберат пакет што одговара на нивниот буџет.


ФЕВ. 2021

26 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

Полисата, зависно од осигурителното покритие, покрива трошоци направени за специјалистички прегледи, дијагностички анализи, хируршки зафати, операции, лекувања, рехабилитација и лекови во приватните здравствени установи преку директна исплата. Во самото покритие на Доброволното приватно здравствено осигурување се вклучени и покритија за хронични болести и состојби како и покритие за пакет породување и трошоци за здравствена заштита на трудница. Осигурувањето може да се склучи како индивидуално, семејно и колективно. Притоа, сите овие категории осигурување се достапни на целата територија на Северна Македонија, додека покритието кое опфаќа и операции важи и за во Турција. XДали X приватното здравствено осигурување ќе биде новиот бум во осигурителната индустрија допрва, како што тоа беше своевремено со животното осигурување? Какви се вашите прогнози? Сметам дека свеста за прашања како што се здравството, пристапот до здравствени услуги и предноста на приватните полиси за здравствено осигурување нема да изгуби на важност во наредните години. Напротив, ќе продолжи да расте со засилено темпо бидејќи граѓаните во услови на криза сфатија колку е важно да се има квалитетно здравствено осигурување. Во 2018 година во оваа класа осигурување на ниво на секторот беше реализирана бруто полисирана премија од 2 милиони евра, во 2019 од 3 милиони евра, а ланската година за деветте месеци таа изнесуваше 3,6 милиони евра. Бидејќи дополнителното приватно здраствено осигурување е производ што директно ги допира луѓето и животот, тој за Халк Осигурување како „компанија ориентирана кон луѓето“ е меѓу примарните цели. XВо X кои осигурителни класи гледате исто така потенцијал на македонскиот пазар? Познато е дека во делот на имотното осигурување, на пример, сè уште има голем простор, односно голем број неосигурени станови и куќи... Какви се вашите планови и активности на ова поле? Иако осигурувањето на домаќинството е една од најважните полиси кои би требало секој да ја има, опфатот на осигурување имот генерално е на ниско ниво и постои голем простор за раст. Годинава има поместување на подобро, односно зголемен интерес благодарение на добрите продажни стратегии на неколку друштва за осигурување, меѓу кои е и Халк Осигурување, но тоа е далеку од посакуваното ниво. Многу е ниско и покритието на катастрофалните ризици. Можеби е потребно да се изгради поширока државна стратегија со цел да се зголеми пенетрацијата на осигурувањето на имот со опфат и на главните катастрофални ризици, како земјотреси и поплави, затоа што на ова ниво земјата се соочува со изразен системски

ризик. Ние во делот на осигурување имот имаме неколку вида производи кои покриваат различни штети, прилагодени според различните потреби на клиентите. Односно, од комбинирано осигурување на домаќинство, имаме такво кое покрива основни ризици, но и со дополнителни ризици каде влегуваат земјотрес, порои, лизгање на земјиште и слични непогоди.

Во 2021 година, Халк Осигурување ќе понуди различни и иновативни решенија на македонскиот осигурителен пазар XШто X значи за вашето работење фактот што сте дел од Халкбанк групацијата, со оглед дека банката има производи што се врзани со осигурителни полиси? Банко-осигурувањето во последно време како соработка помеѓу банките и осигурителните компании зема замав. Во нашиот случај, со оглед дека Халкбанк АД Скопје е сопственик на Халк Осигурување, сосема е природно да имаме меѓусебна добра деловна соработка, што дава позитивни резултати и за двете дејности. Од една страна Банката добива обезбедување за издадените кредити и дополнителни приходи од продажба на осигурителни полиси, а од друга ние добиваме зголемување на бруто полисираната премија. Халкбанк во своето работење има поставено цел да стане институција препознатлива како финансиски супермаркет каде клиентите ќе можат да добијат целосна палета на производи. Тоа вклучува и осигурителни производи така што дел од вработените на Халкбанк кои се наши лиценцирани застапници, вршат продажба на осигурителни продукти, како оние врзани за кредитното портфолио на

Банката, така и на други од портфолиото на Халк Осигурување. На овој начин нашите полиси се достапни во сите градови низ земјава каде Халкбанк има свои филијали што има исклучително значење за нашето успешно работење. XКакви X се вашите прогнози и очекувања за движењето на економијата во 2021, како и за перспективите на осигурителниот сектор? Кон што ќе се фокусира Халк Осигурување годинава, кои се клучните цели? Годинава ќе биде турбулентна како и претходната поради пандемијата која и во 2021 ќе биде присутна. Многу работи ќе зависат од тоа каква ќе биде мобилноста на населението, што директно влијае на одредени класи осигурување. Но, очекувам да има нагорен тренд кај дополнителното приватно здравствено осигурување. Верувам дека дел од компаниите кои изминатава година остварија одредени негативни резултати, извлекоа поука дека не смее да се одложува следењето и адаптирањето кон новите трендови и промени, што значи менување и прилагодување на бизнис моделите, усвојување нови технологии, примена на дигитални алатки. Наша стратешка определба била и останува искористување на придобивките што со себе ги носат дигитализацијата и новите технологии, така што еден од главните фокуси ќе биде развојот на широка палета дигитални сервиси за нашите клиенти. Дел од нив ќе бидат иновативни решенија кои за првпат ќе бидат воведени на македонскиот пазар, а сè со цел на сите наши клиенти да им овозможиме беспрекорно корисничко искуство и задоволство. nnn



ФЕВ. 2021

28 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

НИ ДЕБАТА, НИ АРГУМЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

СТОЛБ НА СРАМОТ, НАМЕСТО НА ДЕМОКРАТИЈАТА автор:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА

30

илјади евра - толку ги чини граѓаните одржувањето на една пленарна седница во Собранието, каде што народните избраници треба да се соберат, да расправаат и да одлучуваат во името на јавниот интерес. Кога одлучивме да направиме една анализа за работата на македонскиот Парламент, замислата беше да се фокусираме на болните точки што веќе одамна се фокус – (не)активноста на пратениците, нивото на дебата и соодносот помеѓу сработеното и пратеничката плата. Но, видовме дека некој пред нас веќе фрлил поглед на Собранието со целосна анализа не само за овие теми, туку за целокупната функционалност на законодавниот дом. Токму со наслов „ Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (август - декември 2020)“ во рамките на

Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада, направено е истражување од Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП) во кое авторките Влора Речица и Александра Јовевска Ѓорѓевиќ презентираат катастрофални податоци за работата на Собранието. Притоа, она што е важно е што голем дел од податоците во оваа публикација не произведоа адекватна анализа во јавноста, која главно е насочена кон листи на најзборлести и најсрамежливи пратеници и такви кои одат или не на работа, заедно со коментари за нивото на дебата. Но, забелешките во овој документ се многу поголеми од овие листи оти отвораат очи за фактот што во македонската демократија Парламентот всушност никако не може да се каже дека си ја врши својата функција. Но, со ред...

Нема аргументи...

На парламентарните избори летото, СДСМ и коалицијата „Можеме“ - освои 46 пратеници, ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, освои 44 пратеник, додека Демократската унија за интеграција (ДУИ), освои 15 пратеници. Коалиција Алијансата за Албанците и Алтернатива освои 12 пратеници, Левица освои 2 пратеника, додека Демократската партија на Албанците освои 1 пратеник. Владина коалиција се формираше помеѓу СДСМ и коалиција „Можеме“ и ДУИ, после неколку недели партиски преговори. Во овој период (од 4 месеци на којшто всушност се однесува истражувањето) новиот пратенички состав успеал да ги надмине лошите резултати од претходниот. Анализата покажува дека треба да ги тргнеме на страна голите факти за тоа кој пратеник колку пати се појавил на говорница, колку минути или часови дебатирал и дали воопшто дошол на работа (оправдани или не отсуства), оти поентата е што суштинскиот квалитет на


29

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

Институцијата што треба да го има главниот збор во една парламентарна демократија кај нас со години (па и децении) е претворена во зграда каде со народни пари наместо дебати се организираат партиски препукувања, со што се оди директно спротивно на јавниот интерес и правото на граѓанинот да слушне сериозен судир на концепти и аргументирани тези. Наместо суштинска анализа и критика на предлог – законите, пак, гледаме повторно строга партиска поделба на „за“ и „против“ дадено решение, со што оваа институција не ја исполнува една од своите клучни мисии – да биде владин контролор. додека во 37% пратениците останале на својот став и не ја признаа вредноста на аргументите на колегите од другите политички опции, што е за 27% повисоко од претходниот период (10%). Уште еден чекор назад во она што треба да значи вистинска дебата и уште еден показател дека во споредба со претходниот мандат во периодот јули – декември 2019, нивото на аргументирање во Собранието е значително опаднато.

... ама има навреди

БРОЈ НА ДОНЕСЕНИ ЗАКОНИ  Економска област 24  Политички систем 15  Јавни дејности 16  55 одржани седници (извор „Мој пратеник“)

дискусиите бил очаен дури и тогаш кога нив ги имало. Демократијата и смислата на постоење на еден Парламент не значат говори колку да ги има, а дебатата сигурно не може да се сведе во штуро презентирање на своите (односно партиските) позиции без никаква волја да се слушне другиот, камоли да се уважи или разбере. А оваа публикација го покажува токму тоа – нашите пратеници и кога зборувале тоа го правеле без аргументи. Дури во 44 % од своите излагања, народните избраници си беседеле без да имаат ниту еден аргумент за своите тврдења, злоупотребувајќи ја позицијата за да шират чисти демагогии. Во 45% пак, тие се труделе да аргументираат ама тоа било. Еден или повеќе аргументи се забележани во само 11% од дискусијата, што е сериозен пад од претходниот период кога аргументи се користеле во скоро една третина од дискусиите (во 29% што исто не е баш за фалење, но сепак...). Во 54% од дискусиите, пратениците не се осврнувале на силата и квалитетот на аргументите на другите говорници

И додека умешноста да се најдат аргументи за тоа што се зборува им е слаба страна, пратениците немале проблем да бидат креативни во манифестирањето на непочитување кон колегите од спротивните табори. Анализата покажува дека тие повеќе се осврнуваат кон разгледување на личноста на соговорниците отколку кон аргументите на истите. Само во 16% од излагањата, пратениците искажале почитување или делумно почитување кон аргументите на пратениците од другата политичка партија, додека непочитување или делумно непочитување кон аргументите искажале во 26% од дискусијата. Почитување или делумно почитување кон нивната личноста искажале во 32%, додека непочитување или делумно непочитување искажале во 20% од дискусијата. Извештајот го потврдува и константно нискиот осврт на пратениците кон правата на маргинализираните групи, низ сите периоди на набљудување. Забележано е дека пратениците во над 93% од нивната дискусија, не се осврнуваат кон правата на маргинализираните групи, доколку специфично не се дискутира за одреден закон или тема на дневен ред поврзано за нивните права. Слично со претходниот период (јули – декември 2019), ниедна маргинализирана група не е застапена повеќе од 3% во дискусиите.

Сакаат да говорат, но не и да дебатираат

Според типот на дискусиите во овој период, поголем дел отпаѓаат на говори (46%), додека 23% од дискусијата отпаѓа на реплики и 17% на контрареплики. Оваа укажува на ниско ниво на интеракција помеѓу пратениците и на ниско ниво на размена на ставови – нивната мисија очигледно е да си го

кажат тоа што мислат (или им е кажано) дека треба. Во овој период се одржаа сите пленарни седници за пратенички прашања предвидени со закон. Само 14% од набљудуваните дискусии отпаѓаат на пратеничките прашања, дополнителни пратенички прашања и одговори на прашањата. Во однос на типот на дискусија според политичката припадност на говорниците, може да се забележи дека најголем дел од дискусијата е иницирана од страна на опозицијата, преку нивните говори (59%), додека најголем дел од репликите припаѓаaт на власта (57%). Најголем дел од контрарепликите припаѓаат на опозицијата (74%). На опозицијата и припаѓаат и 68% од пратеничките прашања и 79% од дополнителните пратенички прашања. Доколку според партиската припадност на говорниците се анализира отвореноста кон аргументите на другите учесници на седниците, може да се заклучи дека двете страни повеќе се фокусираа на искажување на нивните ставови. Во 51% од дискусијата на мнозинството и 56% на опозицијата, пратениците не се осврнаа на аргументите на другиот. Споредено со минатиот период (јули – декември 2019), оваа бројка бележи намалување од околу 30% и кај власта и кај опозицијата, за сметка на непризнавање на аргументите на другиот. Во дискусиите на мнозинството, во 37% од случаите немаше промена на став и не се призна вредноста на аргументите на говорниците од другата опција, истото се случи и со дискусиите на опозицијата (37%). Во 5% од дискусијата, мнозинството иако немаа промена на став и си ја задржаа позицијата, сепак ја признаа вредноста на аргументите на другиот. Слично постапи и опозицијата во 6% од нивната дискусија. Говорниците од власта го променија нивниот став поради подобрите аргументи на нивните соговорници во еден случај, додека истото го направија и говорниците од опозицијата. Говорниците од опозијата исто сменија став по одредена точка на дневен ред, но не поради аргументи на другиот. Ова го потврдува ниското ниво на квалитетот на дебатата во Собранието како и заклучокот дека постои значителен


ФЕВ. 2021

30 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

БРОЈКИ:

5,5

е средната оценка на квалитетот на дебата во Собранието на скала од 1 до 10

44%

во толку од излагањата пратениците говореле без ниту еден аргумент за своите зборови

45%

во толку случаи тие нуделе слаба аргументација за своите тези

во толку од своите говори пратениците не се осврнале на правата на маргинализираните задници

Анализата покажува дека треба да ги тргнеме на страна голите факти за тоа кој пратеник колку пати се појавил на говорница, колку минути или часови дебатирал и дали воопшто дошол на работа (оправдани или не отсуства), оти поентата е што суштинскиот квалитет на дискусиите бил очаен дури и тогаш кога нив ги имало. Демократијата и смислата на постоење на еден Парламент не значат говори колку да ги има, а дебатата сигурно не може да се сведе во штуро презентирање на своите (односно партиските) позиции без никаква волја да се слушне другиот, камоли да се уважи или разбере.

ФОТО: МИА

93%

Првиот меѓу еднаквите, собранискиот спикер Џафери, се наметна во јавноста преку острите и впечатливи (честопати и хумористични) забелешки до своите колеги токму за начинот на којшто тие дискутираат и за нивото на дебата. Тој сака да им држи лекции за демократија и за умешноста на водење дијалог, инсистира на почитување на правилата и неретко се случува и да им ги исклучи микрофоните. Но, за јавноста, а очигледно и за пратениците ова е само уште еден аспект на нивната „забава“ за широките маси со народни пари

простор за подобрување, се констатира во документот.

Активности и отсуства

Според политичката припадност на говорниците од набљудувањето во овој период, произлегува дека пратениците од мнозинството составенo од: СДСМ и коалиција и ДУИ учествуваа во 40% од набљудуваните дискусии; додека опозицијата, која е составена од: ВМРОДПМНЕ и коалиција, Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Алијанса за Албанците, Движење БЕСА, Алтернатива и ДПА, учествуваа во 60% од набљудуваните дискусии. Најактивни пратеници, односно пратеници кои на собраниската говорница се задржаа најдолго се: Панчо Минов со 283 минути, Трајчо Димков со 213 минути и Илија Димовски со 210 минути. Според тоа колку пати се јавиле за збор, најактивен пратеник е Ане Лашкоска, којa зеде збор 56 пати, пратеникот Панчо Минов – 54 пати и Зоран Илиоски – 50 пати. Најактивни пратенички овој период на набљудување беа пратеничките од опозицијата, Слаѓана Митовска, која на говорницата се задржа 134 минути и Ане Лашкоска – 125 минути. Во меѓувреме, Радио МОФ објави една анализа за тоа колку се активни

и посветени најмладите пратеници. Анализата покажува бројни отсуства од седниците, малку дискусии и уште помалку предложени закони. Податоците објавени во собраниската публикација „Мој Пратеник“ покажуваат дека најактивен помеѓу десетте најмлади пратеници бил Бојан Стојаноски, кој покрај тоа што имал најголем број излагања на пленарни седници, имал и најголем број на поднесени амандмани. Најнеактивен бил пратеникот Мухамет Кадиров, кој немал ниту еден поднесен закон и амандман, а воопшто и не дискутирал во Собранието, а малку активни биле и пратеничката Моника Зајкова, која имала само една дискусија и три реплики од почетокот на работа на овој собраниски состав и пратеникот Дарко Каевски кој имал два поднесени амандмани и вкупно седум дискусии и реплики вкупно. Од вкупно 71 ден парламентарни седници колку што имало во периодот, најмногу отсуства имал пратеникот Тимчо Муцунски, дури 36, од кои 33 му се оправдани. Најмногу неоправдани отсуства, дури 13, имал пратеникот Иван Јорданов, додека најмладата пратеничка во Собранието, Артана Ќазими имала дури 20 денови отсуство од парламентарните седници, од кои 9 се неоправдани. nnn


ПРЕЧЕКОРИ ГИ ПРАВИЛАТА!


ФЕВ. 2021

32 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

БРИСЕЛ ГИ СПАСИ ЛИЧНИТЕ КАРТИ

ТАНЦОТ СО НАЦИОНАЛИЗМОТ ПРЕКИНАТ ИЛИ САМО ПАУЗИРАН?

Додека нема простор за анализа на квалитетот на предлогот на Беса за воведување на етничка припадност во личните карти (голем број на интелектуалци и либерални умови кај нас веќе напишаа доволно аргументи зошто вакво нешто е неприфатливо за една држава на тлото на Европа),се разбира останува прашањето дали овој флерт со национализмот на СДСМ се должи само на напнатите коалициски односи и уцените од БЕСА или популизмот е просто фатално политички привлечен?


33

ФЕВ. 2021

ФОТО: WWW.RADIOKONTAKTPLUS.ORG

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093


ФЕВ. 2021

34 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

ЗОРАН ЗАЕВ премиер

Амбасадорот најави дека од август ќе влезе во сила европска регулатива по овие прашања, а ние сакаме да бидеме членка на ЕУ. Нормално дека ќе ги почитуваме европските регулативи. Но, јас не знам детали од оваа европска регулатива на што се однесува, кои се конкретните детали или слично...

автор:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА

К

ога некоја идеја им изгледа прифатлива на сите политички партии во Македонија, веднаш треба да имате на ум дека таа е на штета на државата - политичкиот консензус кај нас никогаш не донел ништо повеќе од, на пример, срамен Закон за државни службеници или избор на шефица на Специјално јавно обвинителство, ставена таму за да гони криминалци, а завршена самата зад решетки ... и се разбира - по некој договор за предвремени парламентарни избори од кои ќар имале оние кои ги мешале политичките карти на масата, а никогаш не и граѓаните. Оттука, кога на предлогот на БЕСА за воведување на графа со етничка припадност во личните карти се „налепија“ сите партии, па уште со меѓусебни препукувања во битката за тоа кој е поголем заложник за реализација на оваа идеја, немаше потреба од дополнителни анализи - се работи за катастрофален предлог. Да, второ и позначајно секако е што ова се коси со сите нишани на политиката и државите во 21 век, но доволен ќе беше и првиот сигнал, со оглед на претходните аргументи. Но, додека нема простор за анализа на квалитетот на предлогот (голем број на интелектуалци и либерални умови кај нас веќе напишаа доволно аргументи зошто вакво нешто е неприфатливо за една држава на тлото на Европа), се разбира останува прашањето дали овој флерт со национализмот на СДСМ се должи само на напнатите коалициски односи и уцените од БЕСА. Факт е дека

ДЕЈВИД ГИР

евроамбасадор

Од август во ЕУ стапува во сила регулатива за заштита на лични податоци, со која се забранува споделување лични податоци, како расна, етничка, политичка и верска припадност. Во Европската Унија личните карти во моментов сè уште се регулирани од страна на земјите членки, но регулативата што ја споменав, што ги содржи првите правила што се однесуваат на овие документи на ниво на Унијата, ќе стапи во сила во август 2021 година.

парламентарното мнозинство си има свои предизвици и дека владината коалиција е составена од различни политички и идеолошки профили, но партијата што во сржта ја има идејата за „едно општество“ за сите да се залага за етничко жигосување на граѓаните, на прва, е политички самоубиствен потег, а на втора веќе и дефинитивна изгубеност во сопствената визија и столбови.

Жолта лента на ракавите

Претседателот Стево Пендаровски е веројатно единствениот висок функционер кои јасно го осуди предлогот. Тој вели дека лично не се согласува етничката припадност да биде во личните карти – како што е предвидено со предлог-измените на Законот за лични карти што ги поднесе владејачката партија Беса, а за што има претходен договор со СДСМ. Во интервју за МКД.мк, Пендаровски, сепак, најавува дека веројатно не би ставил вето на новиот закон, доколку тој биде донесен во регуларна постапка: „Ако владејачката коалиција се договори, ако има мнозинство и ако законот биде донесен во регуларна постапка, јас немам многу големи аргументи контра таквиот став за да не потпишам указ. Но, лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти“, вели Пендаровски. Претседателот смета дека не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност. Законот треба прво да се разгледа и амандмански да се усогласи во Комисијата за политички систем. Допрва ќе се бара решение и за изјаснувањето на оние етноси кои не се споменати во преамбулата на Уставот. Пред да се најде на седница, ќе треба да се разгледаат и 1.200 амандмани коишто

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ претседател

Ако владејачката коалиција се договори, ако има мнозинство и ако законот биде донесен во регуларна постапка, јас немам многу големи аргументи контра таквиот став за да не потпишам указ. Но, лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти.

ги поднесе партијата Левица. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, си ја искористи темата за сосема друга поента. Тој апсолутно ја поддржа идејата на БЕСА, но кажа дека и покрај поддршката за внесување на етничката припадност во личните документи, пратеничката група на неговата партија нема да гласа „за“ доколку не биде прифатен единствениот амандман што го поднесе. Партијата бара личните карти да не ја содржат придавката Северна во името на државата. На овој став, премиерот Заев имаше одговор: „Сакаат да водат љубов, а да не се прегрнат“, со алузија дека нема поента таква поддршка со такво барање. Освен Пендаровски, дилеми за вакво законското решение имаат и дел од коалициските партнери на СДСМ, затоа што сметаат дека се нарушува граѓанскиот принцип. Двајца претседатели на партии кои се дел од коалицијата на СДСМ, сметаат дека предложените измени се спротивни на граѓанскиот концепт на општеството. „Со јакнењето на ‘етничкиот’, наместо на граѓанскиот суверенитет, се доведува во прашање демократскиот карактер на државната власт“, напиша на Фејсбук претседателот на НСДП, Тито Петковски. Универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов, поранешен функционер на СДСМ, вели дека нема потреба да се дозволува во личната карта на „кој сака“ да му биде запишувана и неговата етничка припадност или потекло. Тоа, според него, не само што е непотребен чин на етничка самоидентификација, туку е и чин на етничко самообележување, како со жолта лента на ракавите. Претседателот на Демократскиот


35

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

сојуз, Павле Трајанов за Дојче веле претходно изјави дека на ниту еден граѓанин досега не му било ускратено правото да ја искаже својата етничка припадност, но дека барањето за нејзиното декларирање во лична исправа отвора други аспекти. „Тоа навидум е право на определба на граѓаните, но во суштина е нагласување на етничката припадност, односно можност за поделба по етничка основа, поларизација и поразличен третман. Овој податок што ќе се внесува во личната карта ќе значи и можност за пребројување по етничка припадност и поделби по таа основа, затворање во етнички гета, поделби, расправии, нетрпеливост на етничка основа“, вели Трајанов.

Шлаканица од ЕУ за освестување

Дилемите околу релизацијата на овој обид, сепак почнаа да се разветлуваат, откако шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир одржа прес конференција на која недвосмислено го пренесе ставот на Брисел - дека ова е недозволив потег за земја кандидат. „Од август во ЕУ стапува во сила регулатива за заштита на лични податоци, со која се забранува споделување лични податоци, како расна, етничка, политичка и верска припадност. Во Европската Унија личните карти во моментов сè уште се регулирани од страна на земјите членки, но регулативата што ја споменав, што ги содржи првите

правила што се однесуваат на овие документи на ниво на Унијата, ќе стапи во сила во август 2021 година“, рече Гир на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши по повод претседавањето на земјава со ЦЕФТА. Тој додава дека усогласувањето на законодавството на земјава со правилата и стандардите на ЕУ е важен процес и оти ЕУ отсекогаш ја охрабрувала Северна Македонија да постигне напредок на ова поле. Тоа би била една од првите работи што би се оценувале при почетокот на преговорите. Неколку дена подоцна, македонскиот премиер изјави дека сепак ја почитува регулативата на ЕУ за личните карти, иако за него е прифатливо во личните карти да стои графата за етничка припадност. Но, ако ЕУ има конкретна и прецизна директива по тоа прашање, тогаш, според премиерот, нема друга алтернатива освен полноправно членство во Унијата. „Амбасадорот најави дека од август ќе влезе во сила европска регулатива по овие прашања, а ние сакаме да бидеме членка на ЕУ. Нормално дека ќе ги почитуваме европските регулативи. Но, ниту знам детали од оваа европска регулатива на што се однесува, кои се конкретните детали или слично“, вели Заев и додава: „Јас реков дека за мене е прифатливо да стои етничка припадност на граѓаните покрај

Лоjалноста секогаш се исплати! •Примаjте ja платата преку УНИБанка •И веднаш добиjте топ камати

државјанството, ние сме мултиетничка земја. Секако е прифатливо исто така и опционо - дали некој сака или не сака да се додаде тоа, но ако ЕУ има конкретна и прецизна директива по тоа прашање ние, знаете, немаме алтернатива освен полноправно членство во ЕУ“. На ваквиот став реагира од Движењето Беса, чии тројца пратеници се предлагачи на законот за изменување и дополнување на Законот за лични карти по скратена постапка. Според нив, процесот на евроинтеграција е долг и законот треба да биде усвоен. „Во моментов не го гледаме ова како пречка за процесот на интеграција. Зборуваме за регулатива која важи за членките на ЕУ. Ние сме подготвени штом влеземе во процесот на членство или близу до членство, ќе разговараме за да го тргнеме законот ако тој биде пречка за интеграција”, вели Кастриот Реџепи, пратеник на Движењето Беса во изјава за медиумите. Предлогот за личните карти е доставен во декември 2020 година, а сега се наоѓа во собраниска процедура. Партиите на Албанците најавија дека ќе го поддржат. Левица се обидува да го блокира неговото донесување со над 1.200 амандмани. ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја условува поддршката со прифаќање на единствениот амандман што го поднесоа. Партијата бара личните карти да не ја содржат придавката Северна во името на државата. nnn


ФЕВ. 2021

36 ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АНГО АНГОВ ОТКРИВА

ДОЈРАНСКИ РЕЦЕПТ ЗА МУЛТИПЛИЦИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ Како успеа една од најмалите општини во Р.С. Македонија во време на светска криза повеќекратно да ги зголеми средствата во својата каса.


37

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093


ФЕВ. 2021

38 ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

А

ко само 400.000 евра изнесуваше Буџетот на општина Дојран во 2017 година, за оваа 2021 истиот се зголеми шесткратно, односно сега општинската буџет изнесува 2.505.300 евра или 154.076.000 денари, вели градоначалникот на оваа македонска општина од југоистокот, Анго Ангов. Тајната на ваквиот успех, според него е во доброто менаџирање со ресурсите, зголемениот интерес за инвестирање во Дојран и умешното искористување на фондовите од државата, но и фондовите од Европската Унија. „Би сакал уште еднаш да напомнам дека Буџетот за 2021 година е со рекорден износ од 2.5 милиони евра, и освен 15% кој е наменет за тековни и оперативни трошоци, останатиот дел од 85% е исклучиво капитален и развоен дел. Тоа значи подобра инфраструктура, подобри услови за локалното население, но и за инвеститорите кои што доаѓаат во Дојран. Доказ за тоа е и големата заинтересираност за продажба на парцели, а со тоа и привлекување на инвеститори од областа на хотелиерството и угостителството.“, објаснува за „Капитал“ градоначалникот Ангов. Ангов додава дека особено е горд на фактот што според Центарот за економски анализи од Скопје, во 2019 година Општина Дојран е на високото 6-то место на ниво на држава за остварени сопствени приходи по глава на жител, односно 9.327 денари по жител. „Ако се земе фактот дека Буџетот за 2021 година е рекорден, дефинитивно ќе избиеме на прво место во државата по остварени сопствени приходи по глава на жител.“, вели тој.

Лидери во искористување на европски фондови во државава

Во разговорот со „таткото на градот“, тој ни открива дека кога дошол на функцијата градоначалник, како кандидат на партијата СДСМ, Дојран бил на резервна листа со посебен надзор од Европската Унија, со долг од 150.000 евра. Доколку Дојран ги исплател овие средства еднократно од Буџетот, би следувал крах и колапс на општината. За среќа, вели нашиот соговорник, наишле на слух и разбирање од Владата на Р.С Македонија и по неколкумесечни консултации и договори, дојдено е до заедничко решение. Средствата биле исплатени и Дојран како општина била повторно конкурентна за да аплицира за средства од европските фондови. Секако, биле мониторирани со особено внимание и претпазливост од страна на Европската Унија. „Со многу труд и посветена работа, денешната слика е потполно променета. Со ангажирање на надворешни консултанти и нивно несебично залагање за нашата општина, успеавме да инкасираме нешто повеќе од 2.000.000 евра средства од Европската Унија од прекугранични соработки и други ЕУ фондови, со што станавме лидери во добивањето и искористувањето на европски средства во државава.“,

истакнува Ангов. Изминатава година, кога корона кризата го парализираше целиот свет, а за жал истото и го направи и на нашата држава, еден од најпогодените сектори беше туристичкиот. Дојран како туристичка општина летната туристичка сезона ја помина без некоја голема финансиска загуба, велат од Општината. Благодарение на помошта од Владата, односно на ваучерите за туризам и останатите олеснителни мерки кои беа донесени со пакетот за помош на туризмот и угостителството, во Дојран велат дека имале една исклучително добра сезона. Исто така, само во последните два месеца, државата со директни средства од Буџетот и надлежните министерства и додели на општина Дојран средства од над 1.650.000 евра. За пречистителната станица која претставува децениски проблем за жителите на Дојран се доделени средства од 15.000.000 денари, односно 250.000 евра за нејзина реконструкција и санација. Со завршување на реконструкцијата Дојран ќе добие станица за отпадни води која ќе ги задоволува сите европски стандарди за квалитет, со што трајно ќе се реши проблемот со отпадните води во општината и ќе се подигнат стандардите за заштита на животната средина. Дополнителни 100.000 евра, средства од Центарот за развој на југоисточниот плански регион, ќе се наменат за уредување на крајбрежјето и завршување на сите претходно започнати активности за тој дел од Дојран. Природното богатство е врвен приоритет. Токму затоа 70.000.000 денари или околу 1,15 милиони евра се доделени за чистење и ревитализација на Дојранското Езеро. Чистењето на езерото од тињата и од остатоците од дрва, трска и друг материјал ќе се изврши со посебни бродови опремени за таа намена кои нема да наштетат на биодиверзитетот, а ќе го овозможат понирањето на водата и сигурен и стабилен воден режим посебно во летниот период. Потоа, 11.000.000 денари (180.000 евра) се одвоени за проширување на канализационите мрежи во населените места од општината. За прв пат после дванаесет години од постоењето на општината, самостојно целосно се заокружи постапката за продажба на градежно земјиште во која по пат на електронско надавање беа продадени сите 14 огласени парцели за викендички во месностите Калдрма и Карач. Објавените градежни парцели, за кои интерес пројавија 150 купувачи, имаат вкупна површина од 8.403 квадратни метри, а при продажбата постигната е просечна цена од 35,7 евра по квадрат што значи дека општина Дојран сопствениот буџет го збогати за 30.000.000 денари или околу 500.000 евра. Обезбедените средства од успешната продажба ќе се искористат за реализација на инфраструктурни проекти кои ги побараа граѓаните на Дојран на претходно спроведената анкета за утврдување на нивните приоритети.

АНГО АНГОВ

градоначалник на Дојран

Со многу труд и посветена работа, денешната слика за некогашната презадолжена општина е потполно променета. Со ангажирање на надворешни консултанти и нивно несебично залагање за нашата општина, успеавме да инкасираме нешто повеќе од 2.000.000 евра средства од Европската Унија од прекугранични соработки и други ЕУ фондови, со што станавме лидери во добивањето и искористувањето на европски средства во државава.


39

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

Два прекугранични проекти

Патната инфраструктура останува врвен приоритет во работењето на општината, исто така. „Свесни сме дека регионалните патишта претставуваат крвоток на нашата општина. Добра локална патна инфраструктура значи задоволни жители, подобар превоз на луѓе, стоки и услуги. Се разбира сето тоа води до повисок и подобар квалитет на животот. Затоа се изврши рехабилитација на регионалниот пат R105 во Општина Дојран, во изведба на ЈП за државни патиштa“, вели градоначалникот Ангов. Со средствата кои се веќе обезбедени преку проектна единица за изградба на линиски инфраструктурни објекти патишта во состав на Министерството за транспорт и врски со средства обезбедени од европски фондови ќе се реконструираат улици во населените места – Фурка, Црничани и Николиќ. Се изврши целосно асфалтирање и проширување на патот кој го поврзува с. Црничани со регионалниот пат R1105, во должина од 1км. Проектот беше финансиран преку Биро за Регионален развој, со учество на Општина Дојран од 20%. „Овде треба да споменам дека асфалтирани и бетонирани се улици

Општината Дојран, преку финансирање од домашни извори (централниот буџет и локални проекти од домашни и странски извори), како и прекугранични проекти од ЕУ фондовите, влезе во силна инвестициска активност за средување на инфраструктурата, уредување на јавните површини, заштита на природното и културното наследство, се’ со цел местото да стане привлечно за што поголем број домашни и странски туристи, но и условите за живот на неговите жители да бидат значително подобрени.


ФЕВ. 2021

40 ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

во сите населени места во должина од 7км и направени се 3км канализациони краци и линии во сите населени места од сопствени средства од Буџетот на општина Дојран.“ Инструментот за претпристапна помош посветува значителен дел од своите ресурси на Прекуграничната соработка, унапредувајќи го одржливиот економски и општествен развој во пограничните области и помагајќи ја соработката за решавање на заедничките предизвици во областите како заштита на животната средина, природното и културното наследство, јавното здравство и спречувањето на и борбата против организираниот криминал. Ние како општина сме високо свесни за важноста од правилното аплицирање и искористување на ИПА фондовите, па затоа во соработка со нашите надворешни консултанти кои се специјализирани за работа токму со Европските фондови, започнавме два прекугранични проекти со Грција во износ од околу еден милиони евра. Проектите се од IPA програмата за животна средина. Целта на едниот прекуграничен проект со Грција е придонес кон трансформација во регионот кон земјоделство со нула отпад и развој на кружна економија, што ќе води кон рурален развој и создавање на работни места, додека целта на другиот прекуграничен проект со Грција се однесува на заштита на животната средина и промовирање на приспособување и ублажување на климатските промени, превенција и управување со ризици. Со посветена работа добивме и проект со соседна Р. Бугарија со назив „Оживување на безвременските симболи на Дојран и Невестино“. Целта на овој проект е уредувањето на просторот, реконструкција на градската „Саат Кула“ и турската бања „Амам“ во Стар Дојран и пристапни патеки до овие знаменитости. Музејот на Првата Светска Војна кој се наоѓа веднаш до Саат кулата во Стар Дојран е изграден како дел од прекуграничниот проект „Претворање на линиите на поделба во точки на спојување“ – проект кој се имплементираше во партнерство со Општина Ќустендил, Р. Бугарија. а со цел збогатување на туристичката понуда на градот Дојран и привлекување на посетители од Англија, Франција и други држави. Овде се поставени вредни историски артефакти кои сведочат за случувањата од фронтовата линија во периодот од 1914 до 1918 година и претставуваат вистинска атракција за љубителите на историјата и проучувачите на настаните од Првата Светска Војна.

Потпроект од ПЛРК: Дојран како туристички бисер

Изминатата година беше извршена реконструкција и преадаптација на три постоечки бараки, односно стари простории на ЈП Комуналец и поранешно Основно училиште во близина на Општинската зграда. По нивна реконструкција овие простории веќе се користат за едукативен информативен центар, канцеларии за мониторинг станица и соби за престој и сместување. Проектот

nnn

Општината доби и проект со соседна Р. Бугарија со назив „Оживување на безвременските симболи на Дојран и Невестино“. Целта на овој проект е уредувањето на просторот, реконструкција на градската „Саат Кула“ и турската бања „Амам“ во Стар Дојран и пристапни патеки до овие знаменитости. беше финансиран од страна на УНДП и МЖСПП. Општина Дојран во соработка со УНДП исто така ќе изврши набавка на информативни табли кои ќе бидат поставени на автопатот Е-75, и информативни знаци низ Општина Дојран, кои ќе опфаќаат информации за културно - историските знаменитости на Општина Дојран и за рибниот и животинскиот свет во Дојранското Езеро. Потпроектот „Дојран туристички бисер на југоисточна Македонија’’ финансиран е од Програмата за Инфраструктурни грантови –ПЛРК (проект за локална и регионална конкурентност), е со вкупен износ: 45.211.704 денари (735.000 евра). Главна цел на проектот е дополнителното зајакнување на развојот на туризмот во Општина Дојран преку следниве планирани активности: Партерно и хортикултурно уредување на Зелена рекреативна зона - Градски парк Дојран, санација на оштетени делови на Отворена летна сцена, асфалтирање на улица до истата и партерно и хортикулурно

уредување на истата. Вкупната површина која треба партерно - хортикултурно да се уреди изнесува 36.000м2, со дополнителни содржини кои опфаќаат изградба на летниковци, детски игралишта, игралишта за домашни миленици, и простор за рекреативни друштвени игри. Реализацијата на потпроектот е во тек и истиот ќе придонесе за развој на туристичката понуда и инфраструктурата, обезбедување на пристапност до значајни културно- историски локалитети. „Секако, заложбите на општината се неспорни, но овде мора да напомнам и дека залагањето на Владата на Р. С. Македонија, доделувањето финансиски средства токму за развој на општина Дојран, заштита на Дојранското Езеро, животната средина и облагородување на Дојран придонесоа нашата мала погранична општина да стане вистински бисер на југот од Северна Македонија. Благодарност до Владата и Премиерот Зоран Заев.“, вели градоначалникот Ангов за крај. nnn


НЛБ Иноватор пакет

Поддршка на иновативните бизнис идеи! НЛБ Иноватор пакет им овозможува на најиновативните компании кои имаат склучено договор за финансирање и кофинансирање со Фондот за иновации и технолошки развој, да користат пакет продукти од НЛБ Банка со поволни услови и пониски каматни стапки. Аплицирајте за НЛБ Иноватор пакет, реализирајте ги Вашите бизнис идеи и искористете ги следните привилегии: • • • • •

Основна и наменска трансакциска сметка Дозволено пречекорување на трансакциска сметка - Overdraft, без провизија за одобрување за првата година на користење Проклик мини електронско банкарство без трошоци за првите 6 месеци на користење MasterCard или Visa бизнис картичка без членарина за првата година на користење Краткорочен и долгорочен денарски кредит со пониски каматни стапки

Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура, на телефонскиот број 02/15-600 или на веб страницата: www.nlb.mk

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


ФЕВ. 2021

42 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

НАШАТА ИДНИНА И ЕНЕРГЕТИКАТА

Д

али сте слушнале за семејството Кардашијан (Kardashians)? Денес во ерата на интернетот и масовната комерцијално ориентирана поп култура, скоро и да не постои човек на планетава кој што нема слушнато за Kardashians. Дали сте слушнале за The Kardashian Effect? Сакале или не, семејството Кардашијан има траен ефект врз тоа како гледаме на козметичките третмани. Од бразилски лифтови за задник, до полнила за усни, до третмани за затегнување и тонирање на кожата, …. Скоро никој не остана имун на овај тренд. А дали сте слушнале за Кардашев, Николај Кардашев (Kardashev, Nikolai Kardashev)? Нема потреба да се чувствуват(м)е непријатно, огромен број од светската популација нема слушнато за овај руски научник. Николај Кардашев, кој освен сличното презиме со светски познатата фамилија, нема други допирни точки, бил советски и руски астрофизичар, доктор на физички и математички науки и заменик директор на Астро - вселенскиот центар при Физичкиот институт Лебедев на Руската академија на науките во Москва. Кардашев, во светската наука е позната по Кардашеевата скала. Оваа скала

ги рангира технолошките можности на цивилизацијата, според енергијата што е во состојба да ја манипулира и искористи. Скалата е измислена во 1964 година од страна на Николај Кардашев, којшто барал знаци на вонземски живот во космичките сигнали и предложил скала за рангирање на овие хипотетички цивилизации врз основа на нивната потрошувачка на енергија. Така, Кардашеевата скала е развиена како начин за мерење на технолошкиот напредок на цивилизацијата заснован врз основа на тоа со колку корисна енергија една цивилизација располага. Скалата има три вида што ја следат скалата на астрофизички структури во нашиот локален универзум. Основната калибрација се базира на 3 енергетски позиции на скалата што одговара на можноста за целосно управување со енергетските ресурси на населена планета (ТИП I), ѕвездата на соодветниот Сончев систем (ТИП II) и нејзината галаксија (ТИП III). Други астрономи ја проширија скалата на ТИП IV и ТИП V. Поради фактот што американскиот астроном и астрофизичар Карл Саган (Carl Sagan) сакаше да ја класифицира нашата сегашна цивилизација, тој забележа дека сè уште не сме ТИП I и тој ги прошири и калибрираше скалите пред ТИП I. Причината зошто човечката раса не е ни од ТИП I, е затоа што продолжуваме да

ги одржуваме нашите енергетски потреби од растенија и животни од неа, тука на Земјата. Ние сме само скромна култура ТИП 0 и имаме уште многу да поминеме пред да се промовираме во цивилизација од ТИП I. Според Карл Саган, во 1900 година за време на периодот на индустриска револуција, нашата цивилизација била на 0,58, додека во 2012 година на 0,72 на Кардашеевата скала. Фримен Дајсон (Freeman Dyson) процени дека веројатно ќе достигнеме ТИП I за 100-200 години, ТИП II за 11.200 година и ТИП III за 100.000 до 1.000.000 години. За да ни бидат работите појасни, да разгледаме одблизу некои карактеристики на 4-те енергетски позиции. Што навистина секоја од овие категории значи?

Што значи скалата на Кардашев (не на Кардашијан) ТИП 0

Цивилизацијата ТИП 0 се базира на енергија што може да произлезе главно од извори каде што енергетските форми се благо зачувани и се наоѓаат пред специфичниот ТИП I, II и III. Нашата култура денес припаѓа на ТИП 0, кој користи извори како јаглен, нафта или природен гас. Како што споменавме претходно, се подразбира дека сè уште не сме достигнале ТИП I во Кардашеевата скала.


43

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

ТИП I

Цивилизацијата од ТИП I има целосна контрола врз енергијата на нејзината планета домаќин. Како цивилизација од ТИП I, би можеле целосно да ја контролираме Земјата. Значи, оваа цивилизација може да ја скроти и потроши енергијата што и ја нуди сопствената планета, а при тоа целосно да ја контролира. Би можела, на пример, да може да ја собере целата светлина од најблиската ѕвезда (во нашиот случај Сонцето) што паѓа на планетата. Можноста да се искористи целата енергија на Земјата би значело и дека можеме да имаме контрола врз сите природни сили. Температурата, климата на планетата може да се контролираат на ист начин како што можеме да ги контролираме вулканите, временските услови, па дури и земјотресите! Со други зборови, можеме да влијаеме на природата. Барем тоа е основната идеја. Тешко е да се поверува на овие работи, но во споредба со напредокот што може да се постигне во наредните години, замислете дека ова се само основни и примитивни нивоа на контрола.

Благојче Котески магистер по енергетско машинство

ТИП II

Следниот чекор? Цивилизација од ТИП II. Ова е следната фаза во еволуцијата на цивилизацијата. На ова ниво, жителите кои сочинуваат таква цивилизација, можат да ја искористат моќта на нивната мајка ѕвезда, нивното Сонце не само со претворање на светлината на ѕвездата во енергија, туку и со контролирање на самата ѕвезда (Dyson sphere). Оваа цивилизација би ја контролирала орбитата на сите планети во тој систем, би собрала астероиди и комети во слободно време и во основа ќе може да ја консумира целата енергија на целиот Сончев систем. На пример, ако луѓето, како вид преживеат доволно долго за да го достигнат ова ниво, а објект со големина на Месечината влезе во нашиот Сончев систем со курс на судир со нашава мала сина планета, би биле во можност да го уништиме. Или би можеле да ја поместиме нашата планета, целосно избегнувајќи го судирот.

ТИП III

Цивилизациja од ТИП III може да ги користат истите техники користени од цивилизацијата од ТИП II, но со нивна примена на сите можни sвезди на една или повеќе галаксии поединечно. Оваа цивилизација исто така може да биде во можност да ја искористи енергијата ослободена од супермасивните црни дупки за кои се верува дека постојат во центарот на повеќето галаксии. Белите дупки, доколку постојат, теоретски би можеле да обезбедат големи количини на енергија од собирање на материјалот што се движи кон надвор. Фаќањето на енергијата на гама зраците е уште еден теоретски можен извор на енергија за високо развиена цивилизација од овај тип. Исто така, емисиите од квазарите се споредливи со оние на малите активни галаксии и може да обезбедат масивен извор на енергија доколку може да се соберат. Каде сме ние како општество во оваа индустриската транзиција? Тоа е прашањето на оваа генерација. Заглавени во менталната матрица на Кардашијанс, дали може да тргнеме напред и да ги следиме патоказите на Кардашеев, Саган, Дајсон....?

Промена на парадигмата – почеток на Четвртата индустриска револуција

На прагот сме на уште една промена на парадигмата или на почетокот на Четвртата индустриска револуција. Оваа промена наједноставно може да ја опишеме како спојување или бришење на границите помеѓу

За да може да се развива и да се искористи потенцијалот за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, државата, мора да ги детектира локациите на кои може да се изградат овие потенцијали и да обезбеди евтини приклучоци за потенцијалните инвеститори. Без оваа поддршка од страна на државата не е можна поголема пенетрација на ОИЕ и искористување на потенцијалот со кој што како држава располагаме.

физичкиот, дигиталниот и биолошкиот свет. Таа е спој на напредокот во вештачката интелигенција (AI), роботиката, Интернет на нештата (IoT), 3Д печатење, генетскиот инженеринг, квантните компјутери и други модерни технологии. Заедничко за сите овие технологии е користењето на енергијата како основна храна за нивни напредок, или тоа што се „енергетски гладни“ технологии. Растот на дигиталните валути, нивното прифаќање, дневните трансакции како и технологијата која стои зад нив, blockchain е исто така „енергетски гладна“ технологија. Ова го потврдува и последното истражување на Универзитетот Кембриџ, во кое стои дека „копањето“ биткоини троши повеќе електрична енергија годишно отколку цела Аргентина или околу 121,36 TWh електрична енергија годишно. Оваа потрошувачка на енергија ја надминуваат потрошувачката на Холандија 108,8 TWh, Обединетите Арапски Емирати 113,2 TWh и колку Норвешка, која троши 122,2 TWh. Северна Македонија како компарација користи околу 7,74 TWh годишно или тоа е 6,38% од потребната енергија за „копање“ на биткоини на годишно ниво. Следејќи ги овие трендови, кафето кое ќе го пиеме за помалку од 10 години ќе го плаќаме во вати W. Експоненцијалниот раст на пазарот на електрични возила во светски рамки само го потврдува горе споменатото дека стануваме цивилизација гладна за електрична енергија. Покрај сето ова ја имаме потребата, нашата потреба како луѓе, жители на оваа планета при влезот во оваа Четврта (енергетска) индустриска револуција да го запазиме Зеленото сценарио. Што ние како Северна Македонија, правиме и кои се нашите планови за да може да ги фатиме овие текови? Со тоа што треба да се има во предвид дека во енергетиката, енергетските проекти се планираат однапред за да служат со години и на идните генерации, кои секако ќе ја живеат реалноста на оваа промена на парадигмата. Суштината на нашата енергетската транзиција, ако може да се стави во една реченица, е производството на електрична енергија од јаглен да се замени со производство на електрична енергија од ОИЕ. Анализите од страна на експертите изложени во Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, вели дека за енергетска транзиција на Северна Македонија, неопходни се скоро 800 до 900 милиони евра годишно. Носењето на новиот Закон за енергетика овозможува вложувања во енергетиката и енергетската ефикасност со промената на моделот на поддршка од фидинг во премиум тарифи и најважно за паметните инвеститори, можност да инвестираат сопствени средства во капацитети за производство на електрична енергија. Новиот Закон за енергетика овозможи да се користат и придобивките од либерализираниот пазар на електрична енергија, со други зборови отвори нови пазарни можности како како за консументите така и за инвеститорите.

Стратегијата, можностите и предизвиците на Северна Македонија

Но ајде да ја видиме нашата стратегија, можности и предизвици. Поради сè уште скапите и економски неисплатливи (во овој момент) решенија за акумулирање на веќе произведената електрична енергија од обновливи извори на енергија не може да се произведе базната енергија која е клучна за стабилноста на електроенергетскиот систем. Бидејќи енергетскиот систем не може да се потпре исклучиво на овие извори повеќе од потребно е инвестирањето во проектот за изградба на


ФЕВ. 2021

44 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

nnn

На прагот сме на уште една промена на парадигмата или на почетокот на Четвртата индустриска револуција. Оваа промена наједноставно може да ја опишеме како спојување или бришење на границите помеѓу физичкиот, дигиталниот и биолошкиот свет. Таа е спој на напредокот во вештачката интелигенција (AI), роботиката, Интернет на нештата (IoT), 3Д печатење, генетскиот инженеринг, квантните компјутери и други модерни технологии. Заедничко за сите овие технологии е користењето на енергијата како основна храна за нивни напредок, или тоа што се „енергетски гладни“ технологии.

хидроелектраната Чебрен која, ќе има суштинска улога за балансирањето и одржувањето на стабилноста на системот. Поради одлагањето во овај момент за инвестирање во нуклеарната централа Белене - Бугарија (2 х 1.000 MW планиран инсталиран капаците), логичен чекор е да се инвестира во гасната централа во Александрополис - Грција (650 - 800 MW планиран инсталиран капацитет). Ова се нормални и логични чекори за обезбедување на базна енергија затоа што во делот на производство на електрична енергија од јаглен, во Северна Македонија ќе има сериозни промени. АД ЕСМ, планира до 2024 година да го исклучи првиот блок од најголемиот енергетски капацитет во земјава, РЕК Битола и наместо него да се изгради когенеративна гасна електрана со моќност од 250 MW. Исто така планирано е целосно затворање на ТЕЦ Осломеј и изградба на фотоволтаични електрани на просторот на термоцентралата со инсталирана моќ од 100 MW, како и претворање на ТЕЦ Неготино во гасна електрана и зголемување на моќта на ветерниот парк Богданци. Паметно решение е искоритувањето на потенцијалот на веќе постоечката преносна електромрежа за изградба на фотоволтаични централи во близина на веќе постоечките енергетски објекти. Замената на електричната енергија за греење и користење во домаќинствата се планира со интензивна гасификација на државата. За да може овој проект да се реализира потребно е да се изгради преносната и дистрибутивната мрежа во државата. Иако почетокот на гасификацијата во Северна Македонија може да се датира во далечните 90-ти, кога во периодот од 1993 до 1995 се изградени градските гасоводни мрежи во Скопје (отпочнато 1993 год.), Куманово (1994 год.), Кратово (1995 год.) и Крива Паланка (1995 год.) до денес 2021-ва немаме гасификација со изградена дистрибутивна мрежа, во вистинска смисла на зборот, до краен потрошувач во ниту еден дел од државата. Иако заполнувањето на изградениот гасоводен систем е започнато во 1997 год., Северна Македонија нема изградено преносна мрежа за гас на својата

nnn

Во моментов три делници на преносната мрежа се во градба. Делницата од Клечовце до Неготино во должина од 96 км е 100% завршена, делницата од Неготино до Битола од 92 км е реализирана 94%, а од Скопје до Тетово и Гостивар се реализирани 75%. Перспективите во овој дел се изградбата на интерконекторот со Грција што ќе обезбеди енергетска независност во добавувачот на гас, а можноста за изградба и на интерконектори со Косово и Србија овозможува Северна Македонија да биде и транзитна земја за гас, што ќе придонесе за намалување на цената на гасот.

територија. Во моментов три делници на преносната мрежа се во градба. Делницата од Клечовце до Неготино во должина од 96 км е 100% завршена, делницата од Неготино до Битола од 92 км е реализирана 94%, а од Скопје до Тетово и Гостивар се реализирани 75%. Треба да се спомне дека оваа мрежа не е заполнета со природен гас. Перспективите во овој дел се изградбата на интерконекторот со Грција што ќе обезбеди енергетска независност во добавувачот на гас, а можноста за изградба и на интерконектори со Косово и Србија овозможува Северна Македонија да биде и транзитна земја за гас, што ќе придонесе за намалување на цената на гасот. За да може да се развива и да се искористи потенцијалот за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, државата, мора да ги детектира локациите на кои може да се изградат овие потенцијали и да обезбеди евтини приклучоци за потенцијалните инвеститори. Без оваа поддршка од страна на државата не е можна поголема

пенетрација на ОИЕ и искористување на потенцијалот со кој што како држава располагаме. Освен инвестирање во нова мрежа, неопходно е да се потенцира и потребата од одржување, реконструкција и ревитализација на постојните далекуводи, изградба на нови далекуводи и воведување на смарт технологија. Иако дел од работните места ќе бидат опфатени со оваа транзиција, ако се менаџира правилно, енергетската транзиција ќе обезбеди повеќе „зелени“ работни места. Веќе живееме во транзицискиот период од една во друга индустриска револуција. Паметните индивидуалци и инвеститори на оваа гледаат како на можност од која што не само ќе заработат, туку и ќе придонесат за побрз раст на човековата цивилизација до ТИП I цивилизација. Синергијата на државата и приватниот капитал е и тоа како потребна, затоа што придобивките од инвестициите ќе бидат огромни, не само во финансиски аспект, туку и во квалитетот на животот на оваа наша убава сина планета. nnn


За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 02 5102 106 02 5102 108

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


ФЕВ. 2021

46 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

ДИВИДЕНДА, ДВА СЛОЈА И РОВЕР Двослоен пазар на труд

Македонскиот пазар на труд си има свои парадокси. Уште пред пандемијата,

10% 8% 6% 4% 2%

80–84

75–79

70–74

65–69

60–64

55–59

50–54

45–49

40–44

35–39

30–34

25–29

20–24

15–19

10–14

5–9

0% Над 85

Според Обединетите нации, помеѓу 1990 и 2019, над 200 илјади граѓани ја напуштиле земјава за подобар живот во странство, со што на крајот на претходната деценија иселувањето како удел во вкупното население изнесува фрапантни 32 проценти. Паралелно со намалените стапки на фертилитет, овој тренд придонесе за значително намалување на вкупното население во Северна Македонија. Колку вкупно население има државава моментално –не знаеме, од една дегутантна причина: како општество бевме неспособни во претходната деценија да спроведеме попис. Во сите анализи, сите пресметки ги правиме со вкупно население од близу 2.1 милион жители, а сите знаеме дека таа бројка е преценета. Тоа и го набележуваме како внимателност во таквите анализи, меѓутоа тоа е веќе пристап кој е, најблаго речено, трагикомичен: знаеме дека нешто што го елаборираме е грешно, ама пак го елаборираме, затоа што немаме што друго да кажеме, освен дека неопходно е итно попишување на населението. Населението старее. Просечниот животен век на лицата родени во 1990 се проценува на 71.2 години, додека во 2019 на 75.7 години. Но, во моментов поважно од природниот процес на продолжување на животниот век е стареењето на населението поради иселувањето младо население. Видете го следниот график: иселениците се драстично позастапени во возрасниот ранг од 20 до 50 години, што покажува дека тие се состојат од млада и зрела популација која е во најпродуктивните години за да придонесе за економскиот раст. Додека, пиковите кај деца до 10 укажуваат на зачестеното иселување цели фамилии во последната

образование или обука, или ќе прифатат каква било работа, вклучително во сивата економија, за да имаат минимални средства за живот. Ама, тоа не е живот. И, тоа ме доведува до претпандемискиот тренд број 2.

12%

Под 5

Демографска контра-дивиденда

деценија. Спротивно, населението кое останало во земјата има поголема зачестеност кај возрасните групи над 55 години, што е дополнително критично ако се има предвид дека тој распоред е добиен од проценка базирана на пописот од 2002 (значи, се вртиме во круг – реалната слика од пописот 2021 ќе биде уште позастрашувачка!).

% ОД ВКУПНО

С

о економските и социјалните последици од пандемијата со Ковид-19 се занимаваме скоро една година. Анализите, пресметките и дебатата се сведува на секторската шема на шокот, ефектот од пандемијата врз приходите на населението и фирмите, и субвенциите од државата за да се зачуваат работни места и да се спаси дел од доходот на населението. Така полека навлеговме во т.н. нова нормала која, барем во моментов, се карактеризира со неколку илјади изгубени работни места, обесхрабрени работници, поголема и почеста употреба на технологијата, и мал дел работници – претежно во занимања кои бараат поголеми вештини и стручност, кои канцелариите ги заменија со работа од дома, парцијално или целосно. Но, дел од ваквите трендови не се нови. Ковид-19 само забрза веќе постоечки трендови, присутни во еден или друг облик долго време пред пандемијата. Оттука, новата нормала можеби и не е толку нова. Овде ќе елаборирам три вакви тренда сврзани со демографијата, пазарот на труд и технолошките промени.

ВОЗРАСНИ ГРУПИ Возрасна структура на иселените

Возрасна структура на населението во земјата

Значи, нашата млада популација интензивно се намалува по овие две основи. Во економската теорија е добро познат концептот на т.н. демографска дивиденда: голема и растечка популација од млади лица (кои во адаптирана варијанта може да ги сметаме во возрасниот опсег 20-35) е клучна за да го зголеми количникот меѓу работниците и зависното население (децата и пензионерите), и да ја влече економијата напред. Со потенцијално побавното креирање работни места, и особено стабилни и добро платени работни места по Ковид-19, може да се соочиме со интензивиран тренд на иселување штом физичките бариери се намалат откако пандемијата ќе биде потисната со вакцината. Но, дали ова значи дека младите се виновни што се иселуваат? Секако дека не. Дури и под теоретска претпоставка тие да сакаат да останат тука, за економијата ќе бидат предност само ако таа може да им понуди продуктивно вработување и пристојни плати. Во најмала рака, адекватен сет од активни политики на пазарот на трудот може да го залечи проблемот краткорочно, а да биде добар поттик за работната продуктивност. Во спротивно, ако не се иселат, овие лица или ќе бидат невработени, или ќе бидат т.н. NEET – ниту вработени ниту во

Извор: UN Statistics.

стапките на невработеност од околу 17 проценти кај вкупното активно население и околу 35 проценти кај младите (15-24) беа „конфронтирани“ со интензивната дебата дека имаме недостиг од квалификувани работници. Проблемот влече корени во два исклучително суштински процеса/политики: образованието и јавната администрација. Образовниот систем го наследивме од поранешна Југославија, приспособен на потребите на социјалистичкиот систем, во кој поголема улога имаше дипломата наместо стекнатите вештини и практични знаења. Во меѓувреме, редица парцијални реформи и обиди за реформи оставија некаков печат врз образованието и сигурен сум дека некои од нив направиле позитивна промена. Некои други пак, како пролиферацијата на пристапот до високо образование низ градовите и гратчињата, наместо инвестиции во неговиот квалитет во време од една деценија, само го влошија проблемот на „да се има диплома!“. Системот не успеавме да го ремонтираме во неговата целина и со фокус врз неговиот квалитет. Според мои пресметки базирани на Анкетата за работна сила, несовпаѓањето помеѓу знаењето што еден ученик го носи од образовниот систем и вештините кои ги бара работното место се доближува до 40 проценти. Од нив,


47

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

три четвртини се несовпаѓање по основа на т.н. натквалификација, односно образовниот степен дефиниран со дипломата, пазарот на трудот го вреднува пониско. Тоа го потврдува и следната табела во која се користи занимањето како апроксимација на потребната вештина за одредено работно место наспроти образовниот степен одреден од дипломата. Сивите келии се одраз на несовпаѓањето. Имено, во Северна Македонија имаме значаен контингент лица кои се високообразовани, а според вештините работат на работни позиции кои бараат најмногу средни вештини; како и лица кои се среднообразовани (најчесто со општо гимназиско образование), но се занимаваат со елементарни односно ниски занимања.

Оттука, имаме ситуација во која лицата кои имаат вештини адекватни на формалната диплома, или вештини повисоки од формалната диплома (стекнати низ искуството или низ процеси на неформално образование и обука), добро „се продаваат“ на македонскиот пазар на труд. Тие лица вообичаено спаѓаат во доменот на високо- и средно - образованите со специфични и конкретни вештини, кои заработуваат на приватниот пазар, бидејќи тој релативно добро ги вреднува. Тој е сегментот од пазарот на труд, кој го нарекувам „прв слој“ и кој е „заситен“: тешко е на пазарот да се најде специфична вештина, па дури и за пристојна цена. На овој сегмент, иселувањето си го зеде својот данок: дел од овие лица, и покрај пристојниот заработен доход во Македонија, стануваат незадоволни од редица други општествени текови: партизацијата, компромисите, навлезеноста на политиката во сите пори од животот, културолошката декаденција, испревртените приоритети... и одлучуваат да си заминат, со голема веројатност дека ќе продолжат да работат во струката. (Најеклатантен пример се, секако, лекарите.) Како последица, работодавачите тешко доаѓаат до адекватно квалификувана работна сила. Овој проблем благо попушти со Ковид-19 кризата, со олабавувањето на трендот на креирање нови работни места и губењето на некои постојни. Но, ваквиот проблем ќе се појави назад многу брзо по зауздувањето на пандемијата. Но, што правиме со сивите келии во погорната табела? Тие се генерално натквалификуваните работници кои стекнале одредено ниво на образование, а за кои пазарот вели дека имаат де-факто пониски (а, често и никакви) вештини споредено со сопствената перцепција. Во нормални услови, нив не би ги сметал за алармантен проблем, бидејќи тие би имале главно две потенцијални патеки што политиките на пазарот на труд треба да ги потпомогнат: првата, да го прифатат фактот дека нивната диплома не

вреди колку што мислеле или колку што им било кажано, и/или, втората, да продолжат со процес на доквалификација и надградба и да ги подигнат своите вештини, или да се преквалификуваат кон занимања кои во тој момент се добростоечки. Проблемот е што во Македонија постои и трета, полесна, патека: да се вработат во јавната администрација, каде што обично ќе добијат работно место што соодветствува повеќе на дипломата отколку на вештините. Овој сегмент од пазарот, заедно со ниско квалификуваната работна сила, го нарекувам „втор слој“. Јавна тајна е дека, веројатно отсекогаш, а посебно во последниве 15 години, се создаде т.н. редица (queue) за вработување во јавната администрација, создавајќи

погрешни очекувања кај граѓанството дека работа во Македонија нема и излезот е во политички поддржано вработување во јавната администрација. Така доаѓаме до маѓепсаниот круг на „вториот слој“ од пазарот на труд: слаби/килави/недоволни реформи -> несоодветно образование и недоволни вештини -> високи очекувања за работа и плата -> пазарен неуспех -> желба за работа во јавна администрација -> партизација -> недоволен капацитет за силни реформи ..... Пандемијата негативно се одразува врз „вториот слој“ од пазарот на труд: т.н. прекаријатност на работните места кои се покарактеристични кај овој тип работници се зголеми, со тенденција дополнително да се зголемува по пандемијата. Тоа не имплицира дека невработеноста ќе расте; напротив, нејзиното намалување нема да биде особено позитивен знак ако се зголемува бројот на работни места со неформален договор за вработување, со скратено работно време, на определено време, итн. Тоа ќе го зголеми притисокот за вработување во јавната администрација. Но, дали работниците од „вториот слој“ на пазарот на труд треба да ги обвинуваме за состојбата во која западнале? Секако дека не. Таа е резултат на текови кои во најголем дел за лицата биле зададени. Прво, тоа е образованието базирано на диплома, за кое веќе елаборирав дека можеби им дало лажна надеж. Тоа подразбира потреба од тектонска (потенцијално болна) промена, односно револуција на парадигмата: од образование кое дава дипломи, кон образование кое вградува конкурентни вештини и применливи современи знаења. Второ, тоа се политиките на раст кои треба да транзитираат од беспоштедно инсистирање на каков-таков раст кон раст доволен да креира добро платени работни места. Тоа подразбира поддршка на продуктивни сектори и сектори кои создаваат производи со повисока додадена вредност: од

Марјан Петрески економски истражувач и универзитетски професор

Конечно, пандемијата ни покажа дека обемот и квалитетот на инвестициите во клучни сектори како здравство, образование, јавни услуги и социјална заштита се исклучително значајни за да го амортизираат здравствениот, економскиот и социјалниот удар. Како исклучително значајни се покажаа и фискалниот стимул – пакетите мерки за помош на фирмите и граѓаните, и монетарниот стимул – олабавената монетарна политика која помогна ликвидноста во банкарскиот систем, која беше значајна и за граѓаните и за фирмите и за државниот буџет, да остане на високо и соодветно ниво. Целиот овој систем, колку и некому да му личи на „космодиск“, овозможи задоволителен простор за носителите на политиките спасоносно да реагираат во време на неизвесност.


ФЕВ. 2021

48 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

составување или лон да се премине на целосно готов производ; од просто одгледување производи (бустирано со лошо-таргетирани субвенции!) да се премине кон нивно процесирање во прехранбена индустрија способна да извезува. Тогаш резултатот ќе дојде сам по себе – повисоката продуктивност ќе ја следат повисоки плати.

Нашиот технолошки напредок

Третиот претпандемиски тренд е технолошкиот напредок. Како глобален тренд, тој не ја одбегнуваше ниту Македонија пред пандемијата. Синоним за него во земјава не е роверот (кој стапна на Марс) од насловот на овој текст. Сепак, тоа се странските фабрики кои се отворија во ТИР зоните, дел од останатите технолошки - напредни извозници, фирмите во финансискиот сектор, и редица мали старт - ап компании, за кои државата започна позначајна поддршка во последните неколку години. Тие трендови се доволни за автоматизацијата на работните процеси да стане некаква закана за работните места, поконкретно за мануелните рутински занимања. Значи, вишокот работна сила, особено онаа од „вториот слој“ на пазарот на трудот е важен елемент во трошокот на производството, но не и единствениот. Автоматизацијата и дигитализацијата не одат во прилог на овој слој од пазарот на трудот. Пандемијата потенцијално ги забрза ваквите трендови. Ранливоста на работната сила, карантините и ограниченото физичко движење наспроти географски дисперзираните вредносни синџири придонесуваат за повисока автоматизација и дигитализација на работните процеси. За време на пандемијата беа присутни и процеси на релокација на производството од Европските и Американските фирми од далечните источни пазари поблизу до нивните матични компании – тренд кој веројатно ќе продолжи во следните години. Сепак, концентрацијата на Македонските работници во индустрии кои се соочуваат со ниска продуктивност – како земјоделството и текстилот – ќе ги ослаби ваквите трендови дома. Всушност, доминантен дел од нашите работници за време на пандемијата не можеа да се префрлат на работа од дома. Следниот графикон покажува дека уделот на работници кои можеле да ја префрлат својата работа од дома е понизок од ¼, и скоро најлош на европскиот континент, со исклучок на Романците и Босанците. На другата страна, предводници се развиените западноевропски земји, но и Чешка која и самата беше транзициска економија. Оттука, лесно беше да се каже: па, како тоа Холандија воведе строг карантин за време на вториот бран на пандемијата, а ние не? Графиконот дава начелен одговор: Холандија затвара де-факто околу половина од економијата, а ние ќе затворевме над 75%. Оваа апсолутна разлика станува уште поголема ако се земе предвид разликата во моќта на економиите – мерена според БДП по глава на жител – да го амортизираат таквото затварање.

Извор: Dingel, J. & B. Neiman (2020) How many jobs can be done at home? NBER Working Paper 26948, Cambridge, National Bureau of Economic Research (NBER).

Ваквиот контекст произведува два повици за владата. Првиот повик се однесува на потребата за регулирање на алтернативните форми на вработување, вклучително и работењето на дигитални платформи, како и работата од дома, која во одредена мера ќе продолжи да се практикува и по пандемијата. Некаков напредок, чинам, е постигнат на ова поле во предлог Законот за работни односи. Вториот повик повторно се сведува на инвестициите во човечки капитал. Технолошкиот напредок, без оглед на пандемијата, и демографските промени кои ги елаборирав во првиот дел, несомнено бараат нови, ажурирани, прилагодливи вештини на работната сила, посебно на онаа пред која претстои долг работен век. Конечно, пандемијата ни покажа дека

обемот и квалитетот на инвестициите во клучни сектори како здравство, образование, јавни услуги и социјална заштита се исклучително значајни за да го амортизираат здравствениот, економскиот и социјалниот удар. Како исклучително значајни се покажаа и фискалниот стимул – пакетите мерки за помош на фирмите и граѓаните, и монетарниот стимул – олабавената монетарна политика која помогна ликвидноста во банкарскиот систем, која беше значајна и за граѓаните и за фирмите и за државниот буџет, да остане на високо и соодветно ниво. Целиот овој систем, колку и некому да му личи на „космодиск“, овозможи задоволителен простор за носителите на политиките спасоносно да реагираат во време на неизвесност. nnn


ЛИДЕРИ 49

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

КАРЛ АЛБРЕХТ

ГЕРМАНСКИ ПРЕТПРИЕМАЧ И МИЛИЈАРДЕР

РЕТКО МОЖЕ ДА ГО ПОДОБРИТЕ КВАЛИТЕТОТ СО КРАТЕЊЕ ТРОШОЦИ, НО ЧЕСТО МОЖЕ ДА СКРАТИТЕ ТРОШОЦИ ПОДОБРУВАЈЌИ ГО КВАЛИТЕТОТ Роден во 1920 година, Карл Ханс Албрехт бил германски претприемач којшто го основал синџирот дисконтни маркети Aldi заедно со неговиот брат Тео. Долго време Албрехт бил најбогатата личност во Германија, и на листата најбогати луѓе на светот. Пред да почине, во 2014 година, Forbes го проценил неговото богатство на 23 милијарди долари. Бил таинствен и повлечен од јавноста, па малку се знае за неговиот живот.

Потрошувачот чии потреби не се задоволени, станува нервозен, и тоа нема долго да трае.

Старите парадигми тешко умираат, дури и кога не функционираат.

Има два начини за да стекнете конкурентска предност: правете ги нештата подобро од другите или правете ги поинаку.

Кога ќе сместите интелигентни луѓе во организациски систем, тие ќе инклинираат кон колективна затапеност.

Во голема компанија главните директори не може да креираат визија сами, мора да ја развиваат организацијата во констелација на тимови, ако сакаат на површина да излезе талентот на поединците.

Ретко може да го подобрите квалитетот со кратење трошоци, но често може да скратите трошоци подобрувајќи го квалитетот.

Според Зен филозофијата човечкото суштество страда, а причината за тоа е копнежот. Како да го спречите страдањето: престанете да посакувате сè и сешто, цело време.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.