1095-kapital magazine n

Page 1

business magazine

БРОЈ 1095 l 12 март 2021 петок www.kapital.mk

COVER STORY

ДВЕ ОД ТРИ БЕРЗАНСКИ КОМПАНИИ ЛАНИ „ПРЕЛЕЖАЛЕ“ КОРОНА

INTERVIEW

МАСИМИЛИЈАНО ПАОЛУЧИ директор на Светска банка во Северна Македонија

ПАНДЕМИЈАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА ЗА ДА СЕ УКИНУВААТ АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ СВЕТСКИ ПАЗАРИ

ОПТИМИЗМОТ ЗА ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА ГОДИНАТА Е РИЗИК ЗА ПАЗАРИТЕ INTERVIEW

ВИКТОР МИЗО КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

И ВО ПАНДЕМИЈА НАПРАВИВМЕ РАСТ

ФЕЉТОН

ГОЛЕМАТА СЛИКА(6) ПРЕДИЗВИЦИ И ПОЛИТИКИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДЕН РОК



3

КАПИТАЛ... 1095 4

10

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Како ја поминаа котираните друштва годината на пандемијата Две од три берзански компании лани „прележале“ корона

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

18

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Масимилијано Паолучи,

Виктор Мизо, директор на

26

34

директор на Светска банка во Северна Македонија Пандемијата не е завршена за да се укинуваат антикризните мерки

Костал Македонија: Годинава планираме 200 нови вработени и уште 31 милион евра инвестиции

14

ИНДУСТРИЈА

Годинава почна со раст на извозот и со пад на индустриското производство Странските инвеститори закрепнуваат од пандемијата, домашната преработувачка индустрија се’ уште се мачи

22

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Родова анализа на управувачките структури во 100 котирани компании на Македонската берза Само 15,3% жени се извршни директори или претседатели на управни одбори

COVER STORY Како ја поминаа котираните друштва годината на пандемијата..................................4 Две од три берзански компании лани „прележале“ корона ИНТЕРВЈУ Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка во Северна Македонија......10 Пандемијата не е завршена за да се укинуваат антикризните мерки ИНДУСТРИЈА Годинава почна со раст на извозот и со пад на индустриското производство..................14 Странските инвеститори закрепнуваат од пандемијата, домашната преработувачка индустрија се’ уште се мачи

ФЕЉТОН Големата слика: Македонската економија на среден и долг рок (6 - а) Предизвици и политики на пазарот на труд на среден рок

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Костал Македонија и во услови на пандемија имаше раст на продажбите, инвестициите и вработувањата........18 Виктор Мизо, директор на компанијата: Годинава планираме 200 нови вработени и уште 31 милион евра инвестиции ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Родова анализа на управувачките структури во 100 котирани компании на Македонската берза...................................22 Само 15,3% жени се извршни директори или претседатели на управни одбори

СВЕТ

Пазари на капитал

Оптимизмот за втората половина на годината е ризик за пазарите

СВЕТ Пазари на капитал................................................34 Оптимизмот за втората половина на годината е ризик за пазарите МЕНАЏМЕНТ Know – how....................................................................38 10 комуникациски вештини што мора да ги знае секој менаџер ЛИДЕРИ Мухтар Кент, поранешен шеф на Coca Cola Company...................................................40 Бренд значи ветување. Добар бренд значи исполнето ветување.

ФЕЉТОН Големата слика: Македонската економија на среден и долг рок (6 - а).................................26 Предизвици и политики на пазарот на труд на среден рок

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 28.01.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

МАРТ 2021


COVER STORY

MAРT 2021

4 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

ДВЕ ОД ТРИ БЕРЗАНСКИ КОМПАНИИ ЛАНИ „ПРЕЛЕЖАЛЕ“ КОРОНА Од вкупно 80 компании што досега ги доставија неревидираните финансиски извештаи на системот за електронски информации на котираните акционерски друштва на Македонската Берза, СЕИ-Нет, дури 56 инкасирале помалку приходи од продажните отколку во 2020 година. Сите компании заедно свртеле 2 милијарди евра од продажба, што е 15% помалку во споредба со годината претходно. По одделни сектори, намалувањето на приходите е најизразено во угостителството, индустријата, трговијата и услужната дејност, додека пак кај банкарството и фармацијата евидентно е зголемување на приходите. Заедничкиот биланс на успех, пак, на овие компании покажува добивка од 225 милиони евра и таа е благо зголемена во однос на 2019 година.


КАКО ЈА ПОМИНАА КОТИРАНИТЕ КОТИРАНИТЕ ДРУШТВА ГОДИНАТА НА ПАНДЕМИЈАТА КАКО ЈА ПОМИНАА ДРУШТВА ГОДИНАТА НА ПАНДЕМИЈАТА

5

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095


MAРT 2021

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Најголеми приходи од сите котирани компании што досега имаат доставено неревидирани финансиски извештаи до СЕИ-Нет, лани остварила компанијата за трговија со нафтени деривати, Макпетрол. Вкупните продажби на Макпетрол за лани изнесуваат 269,3 милиони евра и се за 26% помали отколку во 2019 година. Втора по големина според приходите е компанија од истата дејност, трговија со нафтени деривати, ОКТА. Оваа компанија лани инкасирала 247 милиони евра што е дури 45% помалку на годишно ниво. Следна на листата котирани компании е фармацевтскиот гигант, Алкалоид, кој очекувано во услови на пандемија, бележи раст на приходите од продажбата. Лани оваа компанија инкасирала 197,3 милиони евра, и тоа е за 9% повеќе отколку остварените приходи во 2019 година.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

М

акедонските компании коишто котираат на Берзата се соочиле со значително намалување на приходите од продажбите во текот на минатата година. Од вкупно 80 компании што досега ги доставија неревидираните финансиски извештаи на системот за електронски информации на котираните акционерски друштва на Македонската Берза, СЕИ-Нет, дури 56 инкасирале помалку приходи од продажните отколку во 2020 година. Сите компании заедно свртеле 2 милијарди евра од продажба, што е 15% помалку во споредба со годината претходно. По одделни сектори, намалувањето на приходите е најизразено во угостителството, индустријата, трговијата и услужната дејност, додека пак кај банкарството и фармацијата евидентно е зголемување на приходите. Заедничкиот биланс на успех, пак,

на овие компании покажува добивка од 225 милиони евра и таа е благо зголемена во однос на 2019 година. Овој резултат произлегува од намалувањето на загубите кај компаниите што претходно работеле со минус коишто се речиси преполовени, додека пак оние профитабилните, имаат помали добивки во текот на корона – кризата.

Како работеа најголемите берзански компании

Најголеми приходи од сите котирани компании што досега имаат доставено неревидирани финансиски извештаи до СЕИ-Нет, лани остварила компанијата за трговија со нафтени деривати, Макпетрол. Вкупните продажби на Макпетрол за лани изнесуваат 269,3 милиони евра и се за 26% помали отколку во 2019 година. Втора по големина според приходите е компанија од истата дејност, трговија со нафтени деривати, ОКТА. Оваа компанија лани инкасирала 247 милиони евра што е дури 45% помалку на годишно ниво. Следна на листата котирани компании е фармацевтскиот гигант, Алкалоид, кој очекувано во услови на пандемија, бележи раст на приходите од

продажбата. Лани оваа компанија инкасирала 197,3 милиони евра, и тоа е за 9% повеќе отколку остварените приходи во 2019 година. Четврта на листата е компанијата од телекомуникацискиот сектор, Македонски Телеком, со остварени приходи од 180,2 милиони евра што е 2% повеќе на годишна основа. Потоа следува друштвото чија основна дејност е производство на топло валани лужени котури, ладно валани котури и ладно валан лим, поцинкувани котури и лимови и пластифицирани поцинкувани котури, Либерти од Скопје. Оваа компанија има приходи од 106 милиони евра што е само малку повеќе отколку во 2019 година. Следна е компанијата Цементарница Усје која што е производител на цемент и други градежни материјали, со инкасирани 78,7 милиони евра и со тоа продажбата е минимално поголема за 1% споредено со годината претходно. Со остварени продажби од 64,3 милиони евра, високо на листата најголеми берзански компании котира и челичарницата Макстил, но ако се


7

КАКО ЈА ПОМИНАА КОТИРАНИТЕ ДРУШТВА ГОДИНАТА НА ПАНДЕМИЈАТА спореди овој резултат со годината претходно, ќе се види дека продажбата на оваа компанија е намалена за 25%. Намалување на приходите од 11% бележи и Фершпед, така што во текот на 2020 година, оваа компанија продала услуги во вредност од 53,7 милиони евра. Следна е Прилепска Пиварница со остварени приходи од продажба на пијалоци од 26,1 милиони евра, што е за 15% помалку на годишно ниво. Првите десет најголеми котирани компании според приходите ги заокружува ВВ Тиквеш од Кавадарци, која што има приходи од 24,5 милиони евра, односно 14% помалку отколку во 2019 година. Потоа следуваат прилепскиот Мермерен комбинат со приходи од 22,2 милиони евра коишто пак се намалени за 39% на годишно ниво; уште една компанија од фармацијата, Реплек, исто така покажа значителен раст на приходите од 19% во услови на пандемија, така што во 2020 година тие достигнаа 20,3 милиони евра; Факом има приходи од 19,4 милиони евра што е зголемување од 5% на годишно ниво; компанијата од прехранбената индустрија Жито Лукс има инкасирано 17,7 милиони евра и тоа е само 1% помалку отколку во 2019 година; намалување од 24% на приходите има ФЗЦ 11 Октомври од Куманово со што тие изнесуваат приближно 15 милиони евра. Градежната компанија Фабрика Карпош има 10% помали приходи со што тие изнесуваат 14,6 милиони евра; Тутунски комбинат Прилеп има приходи од 14,3 милиони евра што е 7% помалку споредено со годината претходно; Европа има нешто повеќе од 13 милиони евра од продажба на кондиторски производи и тоа е зголемување од 4% на годишно ниво; додека пак компанијата за производство на картонска амбалажа, ДС Смитх од Скопје, инкасирала 12,8 милиони евра но тоа е за 8% помалку отколку во 2019 година. Велешката компанија Кристал 1923 којашто е преименувана лани и претходно позната како Благој

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Котирани компании со најголема добивка во 2020 година Промена

Нето добивка во

2020/2019

2020 (евра)

-

30.383.457,9

Македонски Телеком АД Скопје

6,50%

26.067.821,1

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

19,55%

24.767.544,7

Алкалоид АД Скопје (consolidated)

17,20%

19.349.138,2

-60,20%

5.683.268,3

22,24%

2.662.009,9

ОКТА АД Скопје

-41,46%

2.501.337,8

ВВ Тиквеш АД Кавадарци

-27,94%

1.949.828,8

Скопски Пазар АД Скопје

335,68%

1.741.674,8

ОИЛКО КДА Скопје

-17,04%

1.477.561,0

Друштво Либерти АД Скопје

Макпетрол АД Скопје Реплек АД Скопје (consolidated)

Котирани компании со најголем приход во 2020 година Приходи од

Годишна

продажба во 2020 (евра)

промена (%)

Макпетрол АД Скопје

269.312.439

-26,3

ОКТА АД Скопје

247.042.318

-45,1

Алкалоид АД Скопје (consolidated)

197.273.626

9,3

Македонски Телеком АД Скопје

180.247.480

2,3

Либерти АД Скопје

106.054.806

0,1

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

78.742.423

1,0

Макстил АД Скопје

64.289.886

-24,7

Фершпед АД Скопје

53.671.756

-10,9

Прилепска пиварница АД Прилеп

26.086.000

-14,6

ВВ Тиквеш АД Кавадарци

24.484.226

-13,8

Друштво


MAРT 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Хотелиерите, сосема очекувано, корона – кризата ги погоди најжестоко. Македонијатурист, најголемата компанија од хотелскиот бизнис којашто котира на Македонската берза, за 2020 година прикажала приходи од основната дејност помали за цели 79%. Хотели Метропол, ресортот крај Охридското езеро во сопственост на бизнисменот Штерјо Наков, во 2020 година забележал пад на вкупните приходи за 72%, додека Интернешнел Хотелс АД Скопје, компанијата во чија сопственост е хотелот Континентал, минатата година има приходи за 88% помали во однос на 2019 година.

Ѓорев АД, во 2020 година има приходи од 10,8 милиони евра од продажба на прехранбени производи и тоа е за 12% повеќе отколку годината претходно.

Најпогодени компании од корона – кризата

Некои од компаниите што котираат на Берзата прикажуваат драматични намалувања на приходите до ниво кое го доведува во прашање нивниот опстанок. Според податоците од СЕИ-Нет, најголем пад на приходите од дури 97%, има винарницата Сковин. Со тоа, обртот на оваа компанија лани изнесува само 66 илјади евра, додека пак годината претходно компанијата свртела околу 2 милиони евра. Потоа, следува компанијата Интернешнел Хотелс која раководи со хотелот Континентал во Скопје. Очекувано, оваа компанија како и најголем дел фирми од угостителската дејност, лани имала приходи од 180 илјади евра што е дури 88% помалку отколку во 2019 година. Компанијата Трготекстил Малопродажба, покажа пад на приходите од 80% со што тие изнесуваат нешто помалку од 100 илјади евра. Уште една компанија од угостителската и туристичката дејност, Македонијатурист која работи со пет хотели: Холидеј Ин - 5* Супериор, Бест Вестерн Хотел Турист, Хотел Карпош, Белви и Водно, минатата

година направила обрт од само 1 милион евра, што е 79% помалку отколку во 2019 година, кога приходите биле приближно 5 милиони евра. Во речиси идентична ситуација е и компанијата Хотели Метропол од Охрид, која лани имала приходи од 965 илјади евра, а тоа е 72% помалку споредено со 2019 година. Меѓу оние компании чии приходи се најмногу скратени е и битолската компанија Патнички сообраќај, која лани свртела околу 660 илјади евра и тоа е за 67% помалку од годината претходно; за 65% помали приходи имала и Дебарски бањи – Цапа со што тие изнесуваат нешто над 1 милион евра; потоа Попова Кула која имала обрт од 305 илјади евра што е 62% помалку споредено со 2019 година; додека пак компанијата од текстилната индустрија, Тетекс од Тетово која лани престана да работи, сепак направила приходи од 1,2 милиони евра, но тоа е 54% помалку на годишно ниво.

Најпрофитабилни и најголеми загубари

Кога станува збор за крајниот финансиски резултат на компаниите, поголем дел од нив прикажале профит, додека мал дел се загубари. Најголема добивка лани има компанијата Либерти, која од загубар во 2019 година, направила пресврт и во 2020 година има

профит од 30,4 милиони евра. Потоа следува Македонски Телеком со добивка од 26,1 милиони евра што е зголемување од 6,5% на годишно ниво; па Цементарница Усје со профит од 24,8 милиони евра или 20% повеќе отколку во 2019 година; Алкалоид со добивка од 19,4 милиони евра што е 17,2% повеќе од годината претходно; и позитивен финансиски резултат од 5,7 милиони евра за Макпетрол, но тоа е за 60% помалку отколку во 2019 година. Најголема загуба лани, пак, има пријавено компанијата ФЗЦ 11 Октомври од Куманово и тоа минус од 1,8 милиони евра што е двојно зголемување во однос на 2019 година; потоа следува Интернешнел Хотелс со загуба од 1,2 милиони евра; Тајмиште од Кичево со загуба од речиси 700 илјади евра; ГТЦ Скопје со минус од 660 илјади евра и Дебарски бањи со загуба од 640 илјади евра.

Банките со зголемен профит

Сите домашни банки лани оствариле вкупен профит од 118 милиони евра, покажуваат податоците на Народна банка. Толку изнесува потенцијалот за дивиденда од овој сектор, меѓутоа, по препорака на Народната банка, банките би требало на тој начин да го зголемат капиталот и да се воздржат од распределување на добивките.


КАКО ЈА ПОМИНАА КОТИРАНИТЕ ДРУШТВА ГОДИНАТА НА ПАНДЕМИЈАТА Претходната, пак, 2019 година, вкупниот профит на банките бил близу 109 милиони евра. Тоа значи дека за 9 милиони евра е зголемен вкупниот банкарски профит лани. Инаку, лани вкупниот број на банки во земјава се намали од 15 на 14 откако НБМ и ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка. По групи на банки, во 2020 година, големите банки, оствариле добивка од 101,1 милиони евра што е за 12,2 милиони евра помалку отколку во 2019 година. Групацијата на средни банки во земјава, каде влегуваше и Еуростандард банка, во 2020 година, прикажале добивка од 14,4 милиони евра што е надминување на загубата од годината претходно, додека пак малите банки, имаат за 200 илјади евра поголем профит во 2020 година, кога вкупно изнесувал 2,4 милиони евра. Од оние што се котирани на Берзата, најголема добивка има Стопанска банка Скопје, чиј што биланс на успех покажува профит од 31,8 милиони евра. Тоа е сепак за 17,5% помалку отколку во 2019 година. Потоа следува Комерцијална банка со добивка од 31,5 милиони евра, зголемена за 6,2% на годишни ниво. НЛБ банка има профит од 27,7 милиони евра лани, но во споредба со 2019 намален за 7,9%. Потоа следуваат УНИ банка со добивка од 9,1 милиони евра и раст од 47,5%; ТТК банка со добивка од 1,5 милиони евра или 16,4% помалку отколку годината претходно; Стопанска банка Битола со профит од 1,3 милиони евра но голем

9

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Сите домашни банки лани оствариле вкупен профит од 118 милиони евра, покажуваат податоците на Народна банка. Толку изнесува потенцијалот за дивиденда од овој сектор, меѓутоа, по препорака на Народната банка, банките би требало на тој начин да го зголемат капиталот и да се воздржат од распределување на добивките. Претходната, пак, 2019 година, вкупниот профит на банките бил близу 109 милиони евра. Тоа значи дека за 9 милиони евра е зголемен вкупниот банкарски профит лани. раст од речиси 5 пати споредено со 2019 година; Охридска банка има добивка од нешто над милион евра и намалување од 72,7% на годишна основа; и Централна кооперативна банка која за лани има профит од околу 280 илјади евра што е 73% повеќе од 2019 година.

Длабока рецесија од 4,5%

Пандемијата со коронавирусот направи длабока рецесија во економијата, односно пад на бруто домашниот производ (БДП) од 4,5% лани споредено со претходната 2019 година. Во апсолутен износ, корона кризата го чинела македонскиот БДП 413 милиони евра. Од избувнувањето на пандемијата пред една година досега, државата во пет наврати креираше таканаречени антикризни мерки, коишто главно имаа за цел да им помогнат на компаниите да се справат со неликвидноста поради застојот во производството и да можат да ги исплатат платите на своите вработени, да обезбедат бескаматни кредити.

Лоjалноста секогаш се исплати! •Примаjте ja платата преку УНИБанка •И веднаш добиjте топ камати

МАРТ 2021

Освен тоа имаше и повеќе социјални мерки со директно исплаќање пари на сметките на граѓаните коишто најмногу ја почувствувале корона – кризата. Фискалниот стимул кај нас се проценува дека вреди над една милијарда евра, но реализацијата е само третина од планираното. Третиот бран на ширењето на короната ги врати на сила најстрогите рестрикции во движењето на граѓаните, како што е полицискиот час, и со тоа ги нарушува плановите за економското заздравување годинава. Во недостиг на вакцини глобално, и исклучително бавниот тек на имунизација кај нас, неизвесно е колку строги ќе бидат ограничувањата и колку долго ќе траат, но извесно е дека прават економска штета. Прогнозите за економскиот раст годинава засега се позитивни и се движат околу 4%, иако сите меѓународни финансиски институции се претпазливи и се оградуваат од прецизноста на проценките поради неколку големи ризици. nnn


МАРТ 2021

10 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095


INTERVIEW МАСИМИЛИЈАНО ПАОЛУЧИ ДИРЕКТОР НА СВЕТСКА БАНКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПАНДЕМИЈАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА ЗА ДА СЕ УКИНУВААТ АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ Навистина е тешко да се предвиди како ќе се движи економијата. Тоа што сакам да нагласам е дека не би се задржал на одредена бројка и би го гледал трендот. А трендот покажува дека ситуацијата се подобрува бидејќи довербата и кај јавните и кај приватните инвеститори, и кај граѓаните генерално се зголемува со очекување дека вакцините ќе се распоредат и дека ќе функционираат. Но, има ризик во однос на одложувањето на вакцините. Тоа сигурно ќе има влијание врз заздравувањето ако доцнењето е подолготрајно. Во случајот на Северна Македонија, со предупредувањето што го спомнав, трендот што го очекуваме е дека ќе има подобрување кај бруто домашниот производ (БДП) но тоа во голема мера ќе зависи од должината на локдаунот, и природата на локдаунот и овде и во Западна Европа, а исто така ќе зависи и од тоа колку брзо вакцинацијата ќе продолжи во овие земји. Што поскоро и побрзо оди вакцинацијата и во ЕУ и овде, толку побрзо и поздраво ќе биде заздравувањето на економијата.

11

MАРТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095


МАРТ 2021

12 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

разговара:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

К

ако ќе се движи економијата годинава во услови на пролонгирана пандемија, тешко е да се прогнозира прецизно, особено кога неизвесноста поради напливот на новозаразени со корона расте а вакцини се уште нема доволно. Светската банка како една од клучните меѓународни финансиски институции, проценува дека македонската економија годинава ќе закрепне и ќе порасне 3,6% повеќе отколку лани, но новиот директор на оваа институција во земјава, Масимилијано Паолучи, сепак вели дека има ризици коишто може да ја променат оваа прогноза. „Навистина е тешко да се предвиди како ќе се движи економијата, тоа што сакам да нагласам е дека не би се задржал на одредена бројка и би го гледал трендот. А трендот покажува дека ситуацијата се подобрува бидејќи довербата и кај јавните и кај приватните инвеститори, и граѓаните генерално се зголемува со очекување дека вакцините ќе се распоредат и дека ќе функционираат. Но, како што забележавте, има ризик во однос на одложувањето на распоредувањето на вакцините, всушност најголем дел од европските земји во ЕУ се соочуваат со доцнење во набавката и распоредувањето на вакцините. Тоа сигурно ќе има влијание врз заздравувањето ако доцнењето е подолготрајно. Во случајот на Северна Македонија, со предупредувањето што го спомнав, трендот што го очекуваме е дека ќе има подобрување кај бруто домашниот производ (БДП) но тоа во голема мера ќе зависи од должината на локдаунот, и природата на локдаунот и овде и во Западна Европа, а исто така ќе зависи и од тоа колку брзо вакцинацијата ќе продолжи во овие земји, бидејќи со тоа ќе имаме зголемена доверба на страна на потрошувачите и на инвеститорите. Што поскоро и побрзо оди вакцинацијата и во ЕУ и овде, толку побрзо и поздраво ќе биде заздравувањето на економијата“, вели новиот директор на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

Лекција од оваа криза: да бидеме прагматични како управуваме со ресурсите

Тој додава дека владините антикризни мерки го ублажиле ударот од пандемијата врз економијата, но во однос на најавите на властите за укинување на дел од мерките после март, тој вели, “пандемијата е се’ уште тука“. „Ова е петти пакет што Владата на Северна Македонија го одобри, и со тоа го амортизираше влијанието на кризата особено врз најранливите сектори. Макроекономскиот импакт од тоа во однос на дефицитот и јавниот долг е јасен и можеме да дискутираме за тоа, но она што е важно да се забележи е дека Владата имаше можност да продолжи со овие пакети мерки и да го амортизира влијанието на кризата, бидејќи имаше фискален простор којшто овозможи реализирање на овие мерки. Гледајќи напред, она што е важно, прво да се следи еволуцијата на пандемијата и да се преземат потребните мерки, но преку таргетирање, особено имајќи ги предвид оние што ќе бидат најпогодени од продолжувањето на пандемијата.

Пораката што ние како институција ја имаме е дека пандемијата е се уште тука, дека секогаш треба да ги имаме предвид оние што ќе бидат најпогодени, но во исто време да почнеме да размислуваме за иднината, за она што сакаме да го видиме после пандемијата и да го посееме семето сега за понатамошното заздравување. Тоа значи да размислуваме за економски модел што би сакале да го видиме во иднина, економскиот развој што би сакале да го имаме, но исто така да ги изградиме повторно оние амортизери коишто доколку се појави криза од ваков интензитет во иднина, ќе ги имаме за да интервенираме со се што треба за да ја заштитиме економијата, работните места, и почеток на економскиот раст кога ќе има услови“, вели Паолучи. Потребата од зголемен фискален стимул кој подразбираше поголеми задолжување го зголеми и јавниот долг на земјата над 60% од бруто домашниот производ. Паолучи којшто бил претставник на Светската банка во Италија и има искуство од координирање на земјите што во екот на должничката криза се соочија со најголеми проблеми, како Шпанија, Португалија и Грција, вели дека мора внимателно да се управува со долгот на државата. „Уште една лекција од оваа криза е да бидеме прагматични во начинот на кој управуваме со ресурсите. Навистина јавниот долг како удел во БДП овде

надминува 60%, но во исто време ако ја погледнеме целата слика на европските земји, ова е пониско ниво отколку нивоата на јавниот долг од БДП што ги спомнавте. Важната работа што треба да ја знаеме е како што ќе излегуваме од оваа ситуација, затоа што навистина ќе излеземе од оваа ситуација, да погледнеме што ќе им овозможи на земјите да ги изградат оние амортизери што ги спомнавме претходно. Тоа значи да ги преземат потребните реформи од една страна, да ги зголемат приходите, и од друга страна да се менаџираат трошењата поефикасно. Тоа значи да се погледне во даночниот систем, да се зголемат приходите, но не само заради тоа, туку да се зголемат приходите во оние сектори што ќе и овозможат на земјата да оди кон друг економски модел. Зборувам за зелен раст и зелени даноци, дигитален раст и дигитални даноци, така што ќе се создадат ресурси за поттикнување на приходите и економски добра во исто време. На страната на трошењата, тоа значи ревидирање на економскиот модел кон раст воден од приватниот сектор. Тоа значи во основа намалување на државната помош, и кратење на сите оние непродуктивни трошења коишто може да бидат товар на фискалната сметка. И да се оди повеќе и повеќе кон поефикасно менаџирање на трошењата и поттикнување на условите за да се развива приватниот сектор во земјата“, истакнува Паолучи.


МАСИМИЛИЈАНО ПАОЛУЧИ ДИРЕКТОР НА СВЕТСКА БАНКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Потребно е сериозно инвестирање во луѓето

А штом оваа пандемија заврши, Паолучи вели дека земјата ќе мора да се фокусира на забрзување на економскиот раст и има неколку препораки за тоа. „Прво, ребалансирање на сметките, рамнотежа меѓу јавниот и приватниот сектор. Движете се побрзо кон раст воден од поенергичен приватен сектор. Второ, инвестирајте во луѓето. Македонија е земја со старо население, и земја што се карактеризира со емиграција на луѓето. За да се движи земјата кон развој во понапредна фаза, потребно е сериозно инвестирање во луѓето. Тоа значи инвестиции во образованието, во здравствениот систем, да се погледне исто така во пензискиот систем за да се осигури дека пензиите не ги намалуваат ресурсите за економски развој и инвестициите во образованието и здравството како што спомнав, и да им се помогне на луѓето да излезат на пазарот на труд. Се уште има многу неактивно население, луѓе што биле исфрлени од формалниот пазар на труд поради кризата. Време е да се размисли како да се вратат тие луѓе назад и како да се поттикнат младите луѓе да останат и да придонесат за идниот раст на земјата. Но тоа значи реобмислување на образовниот систем во смисла на целите, наставните програми, се на се да се размисли како да се поврзе образованието со економските

трендови, трендовите во економскиот развој на земјата“, вели Паолучи. Поттикнувањето на економијата според Паолучи ќе се случи паралелно и со процесот на преговарање за влез во ЕУ. Но вели, земјата претходно мора да ги подготви институциите за да прават реформи. „Процесот на економска интеграција и искуствата на последните земји што се придружија на ЕУ, се покажуваат како голема привлечност, и како катализатор на развојот. Катализатор на развојот не само во смисла на фондови до коишто земјата би имала пристап, но исто така во однос на институционалниот развој што процесот на пристапување го поттикнува. Со цел да се исполни европската легислатива (acquis communautaire), сите услови што се потребни за пристапувањето во ЕУ, има некои реформи што треба да бидат направени. Но тие реформи ќе бидат направени и постигнати побрзо доколку институциите што ги спроведуваат се ефикасни, ефективни, одговорни. И ова е, би рекол најважната работа што треба да ја имате на ум. Не би се грижел многу за одложувањето, би се фокусирал на подготвеноста на институциите да ги прифатат предизвиците на европската интеграција“, истакна директорот на Светска банка, Масимилијано Паолучи.

nnn

13

MАРТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Она што е важно, прво да се следи еволуцијата на пандемијата и да се преземат потребните мерки, но преку таргетирање, особено имајќи ги предвид оние што ќе бидат најпогодени од продолжувањето на пандемијата. Пораката што ние како институција ја имаме е дека пандемијата е се уште тука, дека секогаш треба да ги имаме предвид оние што ќе бидат најпогодени, но во исто време да почнеме да размислуваме за иднината, за она што сакаме да го видиме после пандемијата и да го посееме семето сега за понатамошното заздравување. Тоа значи да размислуваме за економски модел што би сакале да го видиме во иднина, економскиот развој што би сакале да го имаме, но исто така да ги изградиме повторно оние амортизери коишто доколку се појави криза од ваков интензитет во иднина, ќе ги имаме за да интервенираме со се што треба за да ја заштитиме економијата, работните места, и почеток на економскиот раст кога ќе има услови.


МАРТ 2021

14 ИНДУСТРИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

ГОДИНАВА ПОЧНА СО РАСТ НА ИЗВОЗОТ И СО ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ЗАКРЕПНУВААТ ОД ПАНДЕМИЈАТА, ДОМАШНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА СÈ УШТЕ СЕ МАЧИ автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

И

звозот од Македонија во јануари месец годинава е поголем за 15,4% во однос на истиот месец лани, и изнесува 527,3 милиони евра, покажува извештајот на Државниот завод за статистика. Увозот во истиот месец е повисок за 5,3% и изнесува 622,8 милиони евра, додека покриеноста на увозот со извоз изнесува 84,7% и трговскиот дефицит 95,5 милиони евра. Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија (читај „Џонсон Мети“ во ТИРЗ Бунарџик, н.з.), сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони

или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури (повторно „Џонсон Мети“, н.з.), необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во јануари 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Р.С. Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција. Во земјите од ЕУ извозот во јануари е поголем за 21,9% и изнесува 441,3 милиони евра, додека увозот е помал за 8,5%, на 268,7 милиони евра. На овој блок

земји отпаѓа 62% од вкупната трговија, односно 83,7% од извозот и 43% од увозот на Р. С. Македонија. Во В. Британија, којашто од февруари 2020 година не се води повеќе во статистиката за ЕУ, извозот од Македонија во првиот месец годинава е 18,1 милиони евра,што е пад за 3,2%, додека увозот е пораснат за 161,4% на речиси 150 милиони евра. Практично се’ што се случува на релација трговска размена помеѓу двете земји се должи на работата на британската инвестиција „Џонсон Мети“ во ТИРЗ Бунарџик крај Скопје, односно увозот на скапите материјали потребни за изработката на катализаторите, како што се платина, паладиум, итн. Во јануари месец, всушност, речиси една четвртина од увозот во Македонија е направен од В. Британија, а 55% од извозот е во Германија. Во непосредното


15

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Во јануари месец, всушност, речиси една четвртина од увозот во Македонија е направен од В. Британија, а 55% од извозот е во Германија. Во непосредното соседство, односно Западен Балкан, од земјава се извезени производи и услуги за 41,4 милиони евра во јануари, што е за 3,3% повеќе во однос на лани, а увозот оттаму е 45,9 милиони евра или речиси за 11% помалку.

соседство, односно Западен Балкан, од земјава се извезени производи и услуги за 41,4 милиони евра во јануари, што е за 3,3% повеќе во однос на лани, а увозот оттаму е 45,9 милиони евра или речиси за 11% помалку.

Третина од македонскиот извоз се катализатори за Германија

Анализирано по сектори, државната статистика покажува дека извозот во јануари 2021 година бележи раст во секторите хемиски производи, машини и транспортни уреди, железо и челик и електрична енергија. Најголем извоз во јануари е остварен со продажба на машини и транспортни уреди во вредност од 185 милиони евра, што е за 18,2% повеќе од истиот месец лани и учествува со 35% во вкупниот извоз од Македонија. Најголем раст, од 52,8% има кај извозот на хемиски производи, што речиси целосно отпаѓа

на извозот на „Џонсон Мети“, како што спомнавме претходно, и во јануари изнесува 152 милиони евра, што е втора по големина извозна ставка од државава. Практично, 29% од целиот извоз на државата во првиот месец бил од една компанија, која продава катализатори за возила на западноевропскиот пазар, доминантно во Германија. Ако се земе предвид дека во извозот на хемиски производи и извозот на машини и транспортни уреди доминираат странски инвестиции во земјава поврзани со синџирот на снабдување во автомобилската индустрија, тогаш статистиката покажува дека преку 64%, или речиси две третини од вкупниот извоз од земјата во јануари го направиле токму овие фабрики сместени претежно во технолошко – индустриските развојни зони во земјава. Потврда за растот на извозот од овие индустриски капацитети во јануари, дојде и од Дирекцијата на ТИРЗ, според чиишто анализи, вкупниот извоз од технолошките зони во јануари е за речиси 34% зголемен во однос на јануари 2020 година. „Бројките покажуваат дека компаниите во зоните биле најмногу погодени од пандемијата, но имаат и најголем потенцијал за брзо закрепнување. Трендот на раст почнува од август, со зголемени активности и во однос на истиот период од претходната година при што врвот од 100% е достигнат во октомври. Компаниите – инвеститори во ТИРЗ остануваат носители на извозот во земјава со речиси 45% удел во целокупниот извоз или 2,6 милијарди евра за последната година.“, рече директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски неодамна. Раст на извозот во јануари бележат и секторите производи класирани според материјалот, од 9,9%, на 78,6 милиони евра, како и делот на минерални горива, мазива и сродни производи, со раст од 24%, на 6,6 милиони евра. Меѓутоа, кај извозот на храна во јануари е забележан пад од 5,5%, на 20,1 милиони евра, кај пијалаците и тутунот голем

Зголемувањето на увозот од Македонија во месец јануари од 15,4% на прв поглед укажува на знаци на заздравување на економијата и враќање на патеката на растот. Но, два моменти треба да се истакнат: речиси една третина од извозот бил од една компанија, „Џонсон Мети“, претставник на секторот добавувачи на автомобилската индустрија лоцирани во технолошките зони коишто закрепнуваат по силните падови лани. Извозот, пак, на храна, пијалаци, текстил, облека, разни готови производи, итн., бележи пад. И второ, индустриското производство во јануари е помало за 14,5%, при што кај преработувачката индустрија што зафаќа 80% од целата индустрија на земјава, падот е 9,4%.


МАРТ 2021

16 ИНДУСТРИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Во рамки на преработувачката индустрија, којашто во вкупното индустриско производство на државава учествува со речиси 80%, од позначајните гранки најголем пад во јануари има кај производството на текстил, 32,4% и кај производството на облека, од 29,2%. Текстилот учествува со 4,35% во вкупното индустриско производство на земјата, а облеката со 8%. Производството на прехранбени производи, пак, коешто има удел од 10,3% во вкупното индустриско производство, падот во јануари е 9,2%, додека пак кај пијалаците има раст од 9,8%.

БРОЈКИ ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ

15,4% 5,3% 84,7% е растот на извозот

е растот на увозот

е покриеноста на увозот со извоз

25% 55%

од увозот е од В. Британија

од извозот е во Германија

пад од 37%, на 6,12 милиони евра, кај категоријата суровини (кои не се храна) освен гориво, исто така пад, од 6,6% на 21,5 милиони евра и кај категоријата Разни готови производи, пад од 18,6%, на 55,8 милиони евра.

Пад на производството на моторни возила, текстил, облека, храна...

Дека домашната индустрија не ја пребродува ковид – кризата така едноставно доказ се и податоците за индустриското производство во јануари годинава, при што државната статистика регистрирала пад на целокупното индустриско производство на државава од 14,5%, при што најголем пад има кај секторот рударство и вадење камен, од дури 34,3%, додека кај преработувачката индустрија падот е 9,4%. Кај секторот снабдување со електрична енергија падот на производството е 11,7%. Во рамки на преработувачката индустрија, којашто во вкупното индустриско производство на државава учествува со речиси 80%, од позначајните гранки најголем пад во јануари има кај производството на текстил, 32,4% и кај производството на облека, од 29,2%. Текстилот учествува со 4,35% во вкупното индустриско производство на земјата, а облеката со 8%. Производството на прехранбени производи, пак, коешто има удел од 10,3% во вкупното индустриско производство, падот во јануари е 9,2%, додека пак кај пијалаците има раст од 9,8%. Кај производството на моторни возила, приколки и полуприколки, гранка којашто има удел од речиси 12% во вкупната индустрија, падот е високи 26% во јануари. Раст се забележува кај производството

на метали од 18,7%, кај електричната опрема од 11,7% и кај производството на машини и уреди од високи 30,3%. Треба да се истакне во оваа прилика фактот што јануари минатата година практично се уште не беше почнала пандемијата во земјава и нивото на индустриското производство беше во граници на некој нормален просек. Тоа значи дека падот во јануари годинава укажува на се’ уште кревка економија и дека последиците од пандемијата во голем број на индустриски гранки се далеку од санирани. Да потсетиме, минатата година прв месец во којшто се почувствуваа последиците од затворената економија беше март, кога индустриското производство падна за 14,4%, за да во април следи тотален шок, односно пад од 33,5%, а кај преработувачката индустрија цели 40,5%. Висок беше падот и во мај, од 27%, за од јуни да почне какво – такво закрепнување, и пад на производството од „само“ 15%. Продолжија неколку месеци со пад што постепено се намалуваше до 4-5%, за во декември повторно да се регистрира раст од 2,5%. Аналитичарите велат дека во следниве месеци очекуван ќе биде значителен пораст на индустриското производство во речиси сите сектори, затоа што ќе се споредува со истиот период лани кога имаше голем пад поради локдаунот и полициските часови што беа спроведувани на територијата на Македонија како последица на пандемијата. Освен, ако повторно не се заостри корона – кризата со оглед на моменталните бројки на новозаразени и починати лица како последица на вирусот. nnn



МАРТ 2021

18 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ИМАШЕ РАСТ НА ПРОДАЖБИТЕ, ИНВЕСТИЦИИТЕ И ВРАБОТУВАЊАТА

ВИКТОР МИЗО, ДИРЕКТОР НА КОМПАНИЈАТА: ГОДИНАВА ПЛАНИРАМЕ 200 НОВИ ВРАБОТЕНИ И УШТЕ 31 МИЛИОН ЕВРА ИНВЕСТИЦИИ Во годината во која сите се соочувавме со ефектите на најголемата здравствена и економска криза досега, во Костал Македонија беа реализирани нови 322 вработувања при што инвестициите надминаа износ од 14 милиони евра, a продажбите 51 милиони евра што е зголемување од над 50% споредено со обемот на продажби за 2019 година.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

В

о изминатата 2020 година, која беше исклучително специфична поради здравствениот предизвик што резултираше и со економска криза, голем број компании го намалуваа бројот вработени. Костал Македонија, фабриката за производство на автомобилски компоненти и делови лоцирана во Охрид, во услови на редуцирано производство и намалени приходи споредено со планираните успеа ги зачува сите постојни вработувања и активно вработуваше нови. Така, во годината во која сите се соочувавме со ефектите на најголемата здравствена и економска криза досега, во Костал Македонија беа реализирани нови 322 вработувања при што инвестициите

надминаа износ од 14 милиони евра, a продажбите 51 милиони евра што е зголемување од над 50% споредено со обемот на продажби за 2019 година. „И 2021 година ќе биде година на предизвик за автомобилската индустрија. Првите два месеци не се добри продажбите на нови возила, особено во Европа, каде што на петте најголеми пазари – Германија, В. Британија, Франција, Италија и Шпанија – има вкупен пад од 25%. И за март не очекувам поголемо подобрување бидејќи во западна Европа сe’ уште има локдаун во некои земји, пролонгиран до крајот на март, а и процесот на вакцинирање е релативно бавен. Веќе со почеток на пролетта, а потоа и летото, ако се’ биде во ред со справувањето со пандемијата, ќе има зголемена побарувачка на возила, но нема да биде подеднакво за сите категории и сегменти. Ќе има позначајно


19

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Непрекинатиот инвестициски циклус се очекува да продолжи и годинава со нови 31 милиони евра во напредна опрема и воведување на нови производни линии за Јагуар, Ланд Ровер и Ауди. Сето ова согласно последните финансиски предвидувања за 2021 година ќе резултира со повеќе од двојно зголемување на обемот на продажби споредено со 2020 и достигнување на рекордно ниво од над 105 милиони евра до крајот на оваа година.

Водени од грижата за здравјето и благосостојбата на своите вработени и нивните најблиски, Костал Македонија склучи договор за приватно здравствено осигурување со што им овозможува на сите свои 860 вработени, но и оние кои допрва ќе му се придружат на тимот, да ги користат без надомест услугите во реномираните приватни здравствени установи од листата на договорни партнери на Кроација осигурување, како и соодветно покривање на трошоците за лабораториски испитувања, лекови, офталмолошки или стоматолошки здравствени услуги. зголемување кај електричните возила и хибридите, поради сите бенефиции што ги даваат развиените држави и општиот тренд на прифаќање на еколошки возила.“, објаснува генералниот менаџер на Костал Македонија, Виктор Мизо. Тој истакнува и уште еден проблем со којшто се соочува автомобилската индустрија во светот, а тоа е недостигот на микрочипови што се вградуваат во возилата. Најголемите компании за микрочипови се претежно американски, тајвански и јужнокорејски, а фабриките се лоцирани главно во Кина, и нешто помалку во Тајван и Ј. Кореа. Во услови на пандемија, со зголемениот обем на работење од дома, локдауните и сл., наметнаа потреба од повеќе потрошувачка електроника – компјутери, таблети, телевизори, итн., што ја зголеми потрошувачката на микрочипови за нив, каде што пак има


МАРТ 2021

20 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Костал Македонија е дел од германската групација КОСТАЛ, која преку своето технолошки напредно производство, нуди реални можности за професионален раст, развој и усовршување на своите вработени, локално, но и меѓународнo, во рамките на Групацијата.

поголеми профитни маргини одошто кај чиповите за возила. Комбинирано со локдаунот што постоеше во земјите каде што се произведуваат чиповите и неработењето извесно време на фабриките, сето тоа предизвика недостиг на микрочипови на светскиот пазар, што особено ја погодува автомобилската индустрија. „Европа е најмногу погодена од овој проблем. Една анализа покажа дека во првите два месеци годинава, недостигот на микрочипови влијаело да се произведат 1,4 милиони возила помалку на светско ниво, а околу 40% од нив требало да се произведат во Европа.“, вели Мизо.

Проекции за раст и годинава

Во меѓувреме, водени од грижата за здравјето и благосостојбата на своите вработени и нивните најблиски, Костал Македонија склучи договор за приватно здравствено осигурување со што им овозможува на сите свои 860 вработени, но и оние кои допрва ќе му се придружат на тимот, да ги користат без надомест услугите во реномираните приватни здравствени установи од листата на договорни партнери на Кроација осигурување, како и соодветно покривање на трошоците за лабораториски испитувања, лекови, офталмолошки или стоматолошки здравствени услуги. „Ова е само заокружување на сето она што Костал Македонија го направи

изминатите неколку години додека е присутен во земјата, дополнува тој. Во 2020 година, е реализирано зголемување на платите на вработените и воведени се дополнителни бенефиции, зголемување на регресот на годишен одмор, кој заради финансиските резултати причинети од интензивните инвестиции, компанијата не беше обврзана да го исплати, а сепак го стори тоа.“, вели директорот Мизо. На планот на корпоративната општествена одговорност, Костал Македонија покрај соработка и помагање на локалната заедница, посебно е активен на планот на образованието на новите генерации, спроведено преку програмите за “Летна студентска пракса” и “Инженер на тренинг”, со кои им се дава шанса на тековните и штотуку дипломирани студенти од техничките науки да зачекорат по својот иден кариерен пат. Освен тоа, Компанијата е еден од најпроминентните поддржувачи на Дуалното образование во земјата. Костал Македонија не планира да застане тука, туку напротив, до крајот на 2021 година, според компанискиот бизнис-план, бројот на вработени треба да се зголеми од актуелните 860 на 1.050. Дополнително непрекинатиот инвестициски циклус се очекува да продолжи и годинава со нови 31 милиони евра во напредна опрема и воведување на нови производни линии за Јагуар, Ланд Ровер и

Ауди. Сето ова согласно последните финансиски предвидувања за 2021 година ќе резултира со повеќе од двојно зголемување на обемот на продажби споредено со 2020 и достигнување на рекордно ниво од над 105 милиони евра до крајот на оваа година. „Наша предност е што работиме за брендови од премиум класата на возила, како и за производителите на електрични автомобили и изработуваме софистицирани компоненти за нив. Овие категории најмалку се засегнати од сите актуелни предизвици за автомобилската индустрија и побарувачката за тие возила е најмалку погодена. Се’ уште сме во процес на раст, вложуваме многу во опрема и кадар“, вели директорот на Костал Македонија Виктор Мизо. Костал Македонија е постојано отворен за нови вработувања. Моментно вработените се професионалци во своите струки, кои доаѓаат од сите страни на земјата, од Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Ресен, Кочани, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Штип, Велес, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Гостивар, Тетово, Куманово, Скопје. Костал Македонија е дел од германската групација КОСТАЛ, која преку своето технолошки напредно производство, нуди реални можности за професионален раст, развој и усовршување на своите вработени, локално, но и меѓународнo, во рамките на Групацијата. nnn



МАРТ 2021

22 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

РОДОВА АНАЛИЗА НА УПРАВУВАЧКИТЕ СТРУКТУРИ ВО 100 КОТИРАНИ КОМПАНИИ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА

САМО 15,3% ЖЕНИ СЕ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ИЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА УПРАВНИ ОДБОРИ Само една четвртина или 24,2% е бројот на жени во органите на управување на котираните акционерски друштва, покажува родовата анализа на управувачките структури што ја изготви Македонската берза и ја објави на празникот на жената, 8 март годинава. Од вкупно 98 котирани компании на Официјален пазар со вкупен број на членови на органи на управување од 632, 75,8% од нив се мажи. Само 15,3%, пак, во котираните компании се жени како извршни директори или претседатели на управни одбори, покажува анализата.

СТРУКТУРНО УЧЕСТВО НА МАЖИ И ЖЕНИ ВО ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА КОТИРАНИТЕ АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА


23

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

автор:

С

ИГОР ПЕТРОВСКИ амо една четвртина или 24,2% е бројот на жени во органите на управување на котираните акционерски друштва, покажува родовата анализа на управувачките структури што ја изготви Македонската берза и ја објави на празникот на жената, 8 март годинава. Од вкупно 98 котирани компании на Официјален пазар со вкупен број на членови на органи на управување од 632, 75,8% од нив се мажи. Само 15,3%, пак, во котираните компании се жени како извршни директори или претседатели на управни одбори, покажува анализата. Во компаниите чии што акции го сочинуваат берзанскиот индекс МБИ10, значи најликвидните акции на берзата, 26,3% во органите на управување се жени, а 73,7% мажи. Во овие десет компании нема ниту една жена главен извршен директор или претседател на управен одбор. Ако се анализираат оние стотина котирани компании на берзата, најголем дел, или 42, се во секторот индустрија. Во овој сектор, 79% од членовите на раководните органи се мажи, а 21% се жени. Најголем процент на жени има во раководните структури на секторот фармација, 35,3%, како и во секторот трговија, 34,8%. Најслаба родова еднаквост е забележана во секторот Трговија со нафтени деривати, каде што има само 5,6% жени во органите на управување, но треба да се истакне и дека во овој бизнис сектор има само две компании. Но, жените не се воопшто полоши менаџери од мажите, напротив, покажува исто така анализата, иако не е доволно искористен нивниот потенцијал како што покажуваат бројките. Во рамките на оние компании каде што жените се главни директори, 73,3% оствариле добивка во 2020 година, додека 26,7% работеле со загуба. Во поголемиот дел од оние 100 котирани компании, каде што раководат мажи, добивка оствариле 71,3% од компаниите, а со загуба годината ја завршиле 28,8%.

nnn

УЧЕСТВО НА МАЖИ И ЖЕНИ ВО ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ СПОРЕД ДЕЈНОСТ


МАРТ 2021

24 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ГЛОБАЛНАТА ИНИЦИЈАТИВА „RING THE BELL FOR GENDER EQUALITY“

М

акедонска берза АД Скопје се приклучи кон глобалната иницијатива “Ring the Bell for Gender Equality (Заѕвони со ѕвоното за родова еднаквост)”, со што за прв пат годинава влезе во друштво на стотина берзи ширум светот каде по повод Меѓународниот ден на жената со симболично ѕвонење на берзанското ѕвоно, се означува почетокот на тргувањето. Ѕвоното на Македонска берза го заѕвонија Нора Алити, претседателка на Комисијата за хартии од вредност и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза. Во оваа прилика, претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити, изјави: "2020 година, а веројатно и оваа 2021 се годините во кои ни требаат лидери, а не менаџери. Во период на силни промени се бараат брзи реакции и тешки одлуки. Меѓу најважните фактори како флексибилноста, прилагодливостa и разновидноста, родовата еднаквост е ‘must have’ за денес и за иднината. Време е да престанеме само да зборуваме за важноста на родовата еднаквост, туку и да делуваме. За мене, добро корпоративно управување значи и органи на управување кои што се родово балансирани и кои што го почитуваат принципот на еднакви примања за мажите и за жените за работни позиции со еднаква одговорност и вредност. Време е компаниите, особено котираните друштва, да постават специфични таргети за учеството на жените во органите на управување, не како посебен однос кон жените, туку како начин за мерење на прогресот кон исполнување на оваа цел. А,

Ѕвоното на Македонска берза го заѕвонија Нора Алити, претседателка на Комисијата за хартии од вредност и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза.

секако и како начин за одржување на континуитет на посветеноста кон родовата еднаквост и надвор од датумите поврзани со жените". "Приклучувањето на Македонска берза кон оваа глобална иницијатива, токму на меѓународниот ден на жената, е израз на нашите заложби темата за родова рамноправност во бизнисот во Македонија да ја подигнеме на повисоко општествено ниво и да се запрашаме каква е состојбата на овој план кај котираните акционерски друштва. Податоците што денес ги публикуваме покажуваат дека во органите на управување на сите котирани компании жените учествуваат со 24,2%, при што во 15,3% од компаниите тие се на врвните раководни позиции. Ова покажува дека простор за подобрување очигледно има. Притоа, компаниите каде директори се жени во 73,3%

СТРУКТУРА НА УЧЕСТВО НА МАЖИ И ЖЕНИ КАКО ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ИЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА УПРАВНИ ОДБОРИ НА КОТИРАНИТЕ АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА

оствариле добивки во последните објавени финансиски извештаи. Тоа е во позитивна корелација со многу меѓународни истражувања што недвосмислено покажуваат дека компаниите раководени од жени имаат тенденција да покажуваат посупериорни резултати“, изјави Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза. Иницијативата Ring the Bell for Gender Equality, почнувајќи од 2015 година се одбележува во многу земји, со цел подигнување на свеста за клучната улога на приватниот сектор во унапредување на родовата еднаквост, како глобална цел за одржлив развој. Овој глобален настан е инициран од IFC, The World Federation of Exchanges, Sustainable Stock Exchanges Initiative, UN Global Compact, UN Women и Women in ETFs.


ТВОЈ СМАРТФОН. ТВОЈ ПАРИЧНИК. ProPay мобилен паричник брзо и безбедно плаќање! Мобилниот паричник ProPay e дополнителна бесплатна функционалност на мобилната апликација на ПроКредит Банка, која овозможува бесконтактно плаќање на продажни места со ПОС терминали во земјата и странство.

Корисникот на платежната картичка ја презема мобилната апликација бесплатно од „GooglePlay Store“ на мобилен уред со оперативен систем „Андроид“, кој поддржува NFC технологија.

Платежните MasterCard картички на ПроКредит Банка едноставно се дигитализираат во мобилниот паричник и безбедно се чуваат во смартфонот.

Плаќањето е едноставно и безбедно, корисникот треба само да го доближи мобилниот телефон до ПОС-терминалот што поддржува бесконтактно плаќање.

Без интернет конекција можете да направите до 10 плаќања. Преземете ја мобилната апликација од Google Play Store

mkd.info@procredit-group.com 02/2446-000

www.pcb.mk


МАРТ 2021

26 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

ГОЛЕМАТА СЛИКА

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА СРЕ автори:

МАЈА ГЕРОВСКА- МИТЕВ НИКОЛА ПОПОВСКИ МИЛА ЦАРОВСКА БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ ПОГЛАВЈЕ 6 (втор дел) Предизвици и политики на пазарот на труд на среден рок НЕВРАБОТЕНОСТ КАЈ МЛАДИТЕ

Младите лица се соочуваат со низа проблеми за влез на пазарот на трудот како што се: несоодветност на стекнатите знаења и вештини во формалниот образовен процес со реалните потреби

на пазарот на трудот, просечниот период за премин на младите лица од училиште на работа (2,5 години), како и недоволниот и квалитетен број на слободни работни места. Уште поголем проблем претставува големиот број млади во Северна Македонија – преку 130.000 лица, кои не се во образовен процес, не се вработени, ниту се процес на обуки (NEET). Имајќи го предвид претходно наведеното, а со цел да се надмине предизвикот намалување на стапката на невработеност на младите, во изминатите неколку години се применија низа политики за вработување насочени кон младите, како: активни програми за вработување преку оперативниот план за вработување, воведувањето на

„Гаранцијата за млади“, воведување на младински додаток, како и донесување на Законот за практикантство. Овие мерки и политики доведоа до пораст на вработеноста кај младите од 30,2% во 2017 година на 34,4% во 2019 година. На квартално ниво резултатите покажуваат позитивен тренд, односно невработеноста на млади од 15 до 29 години од 43,7% од првиот квартал 2015 година е намалена на 27,3% во првиот квартал 2020 година. Во 2017 година се направи пилотирање на програмата „Гаранција за млади“ (ГМ), која е дел од европските носечки иницијативи и има за цел да им обезбеди на младите лица (15 – 29 години) квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука, или практикантство


27

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

ЕДЕН И ДОЛГ РОК (6 - А) во период од четири месеци од денот на евиденција во Агенција за вработување. Северна Македонија е прва земја од земјите на Западен Балкан кои ја воведоа и применија „Гаранцијата за млади“. Програмата се смета за успешна доколку најмалку 30% од вклучените лица, успешно излезат од истата во период од 4 месеци, односно ќе бидат вработени, повторно вклучени во образовниот процес или ќе бидат вклучени во активни програми и мерки за вработување. Планот за спроведување на ГМ во Северна Македонија беше осмислено да се одвива во две фази: пилот фаза 2018/2019 година и втора фаза до 2022 година во кој период ќе се настојува да се имплементира на територија на цела Северна Македонија со посебен

акцент на трите најнеразвиени региони: Југозападен, Североисточен и Полошки Регион. Во 2018 година беа вклучени 5.266 лица (2.694 жени), од кои 1.916 се вработиле, а 281 лице било вклучено во некоја од активните мерки за вработување кои не водат кон директно вработување, но ја зголемуваат нивната вработливост. Според тоа, успешноста на „Гаранција за млади“ во 2018 година изнесува 41,7% и ги надмина планираните 30%. Во 2019 година успешноста на „Гаранција за млади“ изнесува 35,5% и ги надмина планираните 30%. Заклучно со крај на јули 2020 година, вкупно 14.040 млади лица се вклучиле (6.958 жени) од кои 3.241 вкупно директно се вработиле, односно вклучиле во некоја од активните мерки за вработување од ОП

Од почетокот на ковид - кризата, група на економисти, социолози, инженери, банкари, поранешни и актуелни министри работеа на поставување на “големата слика” за македонската економија. Нивниот труд е преточен во студијата „Големата слика: Македонската економија на среден и дол рок“,издадена од Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларијата во Скопје. „Капитал“ ви ги претставува сите девет поглавја од студијата – целосно или делумно, со дозвола од Фондацијата. Составена од 11 членови (Глигор Бишев, Јане Богоев, Ивана Вучкова, Маја Геровска - Митев, Марија Дренковска, Бранимир Јовановиќ, Никола Поповски, Никола Стиков, Драган Тевдовски, Ванчо Узунов, Мила Царовска), хетерогената група што ја изработи научната студија креираше низа препораки за македонската економија на среден и долг рок. Целата публикација е достапна на веб страната на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – www.fes-skopje.org


МАРТ 2021

28 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

2020 година кои не водат кон директно вработување, но ја зголемуваат нивната вработливост (пример 700 млади лица се вклучиле во мерката Практикантство). Од прикажаната фактичка состојба може да се констатира дека и покрај специфичните (неповолни) услови на функционирање на домашната економија предизвикани од пандемијата Ковид-19, вклученоста на младите лица во ГМ повторно го надмина очекуваниот праг од планирани 10.000 лица. Во соработка со реалниот сектор и компаниите кои работат во производство, се увиде потреба од поттикнување на младите да остварат работен однос во ваков тип компании. Заеднички со организација на работодавачи и синдикатите преку економски социјален дијалог се воведе младински додаток.

Овој додаток изнесува 3.000 денари по лице месечно за полно работно време на млади лица до 23 години. Во јуни 2020 година 4.000 лица добиваат младински додаток преку Агенцијата за вработување. Низ процесот на спроведување на политиките за вработување на млади се забележа празнина во делот на подготовка на младите за вработување. Со цел да се надмине тој недостаток, се донесе Закон за практикантство кој ги уреди правата и обврските на практикантот и работодавачот и обезбедува поволности за двете страни како што се: – вештини и квалификации за побрзо и поуспешно вработување; – на работодавачите им се олеснува изборот на работници по завршената практикантска работа, а за времетраењето на истата, освен

надоместок за извршената работа и данок на личен доход, работодавачот нема обврска за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување; – практикантската работа може да трае од 1 до 6 месеци со склучување на договор за практикантска работа. Заклучно со вториот квартал 2020 година, вкупно 196 работодавачи ги искористиле можностите што ги нуди Законот за практикантство. За да може понатаму да се одржи истата тенденција на намалување на невработеноста, а паралелно и зголемување на вработеноста кај младите, треба да се продолжи со спроведување на мерките кои дале резултати, но и да се воведуваат нови кои даваат искуства во други држави кои се соочуваат со истите проблеми како


29

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

И покрај сите структурни промени и трансформацијата на економијата и економските активности, работната сила која е носител на трудот и понатаму останува еден од основните економски и развојни фактори што значително учествува во создавањето на БДП во нашата држава, а растот на економијата, односно на БДП, во значителен дел се должи на маргиналниот придонес токму на трудот, особено мануелниот и пониско квалификуваниот во неколку значајни дејности за економијата како што се земјоделството, градежништвото, преработувачките и трудоинтензивни индустриски гранки. нашата. Во наредниот период неопходно е промовирање и унапредување на понудата за програми од неформалното образование и доживотно учење, со цел да се одговори на недостатокот на технички вештини и искуство кои се стекнуваат и надвор од формалното образование, а се неопходни за бизнис-секторот. Информациите за овие програми треба да бидат достапни во средните училишта и да продолжат да бидат промовирани за време на студиите. Ова би можело да се реши со формирање на регионални центри за обука и воведување на дуално образование. Мерките кои се насочени кон подобрување на вештините на младите и намалување на невработеноста, треба да бидат достапни за сите млади. Во таа смисла треба да

се стремиме кон поголема достапност на мерките и информираноста на младите за истите, особено што се однесува до младите од руралните средини и ранливите категории на млади лица. Дополнително треба да се развијат стратегии за комуникација со родителите/ децата од рана школска возраст (основно образование), фокусирани на тоа дека професиите кои подразбираат средна стручна спрема, овозможуваат добра заработка и не се „срамни“ и со тоа спасуваме цели генерации млади од долгорочна невработеност и барање на работа надвор од државата.

Флексибилизација на работните места

Алтернативните работни аранжмани, како што се флексибилните распореди, работа од дома, работа со скратено

работно време, претставуваат растечка карактеристика во светската, но сè позачестено и во домашната економија. Додека овие аранжмани можат да го олеснат балансот на работата и животот, тие не се нужно поволни за работниците. Многу работни места имаат нередовни распореди, при што работниците не можат да го предвидат работниот распоред од една недела до следната; многу работници се на повик или работат за време на вечерните часови, ноќите и викендите. Дополнително, во национален контекст нестандардните форми на работа, како што покажува и анализата од Анкетата за работна сила и податоците на Евростат10, не се резултат на избор, туку на: неможност да се најде работа со полно работно време (36,4%), други семејни или лични


МАРТ 2021

30 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Со цел да се надмине предизвикот намалување на стапката на невработеност на младите, во изминатите неколку години во Македонија се применија низа политики за вработување насочени кон младите, како: активни програми за вработување преку оперативниот план за вработување, воведувањето на „Гаранцијата за млади“, воведување на младински додаток, како и донесување на Законот за практикантство. Овие мерки и политики доведоа до пораст на вработеноста кај младите од 30,2% во 2017 година на 34,4% во 2019 година.

обврски (16,4%), грижа за деца или стари лица во семејството (4,9%), болест или попреченост (2,6%), образование и обука (3,3%) и други причини (36,4%). 10 Eurostat, Главни причини за работа со неполно работно време, 2020, lfsa_epgar Пандемијата Ковид-19 ја наметна и нагласи потребата од флексибилни работни ангажмани и работа од дома. Процената на потенцијални работни места кои можат да се вршат од дома направена од Dingel и Neiman (2020) покажува дека 37% од работните места во Соединетите Американски Држави можат да се вршат целосно од дома, со значителна варијација низ градовите и индустриите. Овие работни места обично се плаќаат повеќе од работните места што не можат да се извршуваат од дома и сочинуваат 46% од сите плати во САД. Примената на нивната професионална класификација на 85 други земји во светот открива дека економиите со пониски приходи имаат помал удел на работни места што може да се извршат дома. Земјите во развој и оние со ниво на БДП по глава на жител под една третина од БДП на

САД, може да имаат само половина од вкупните работни места што можат да се извршат од дома (Dingel и Neiman, 2020). Применувајќи ја методологија на Dingel и Neiman на примерот на Канада, Gallacher и Hossain заклучиле дека одредена категорија вработени, како: вработените кои се во ризик од сиромаштија, помладите работници, работниците со скратено работно време, работниците во мали фирми, сезонски или договорни работници, како и работниците без високо образование, имаат помала тенденција и можности да бидат вработени на работни места за кои е можна далечинска работа или работа од дома (Gallacher и Hossain, 2020). Нестандардните форми на работа го носат со себе ризикот на помала синдикализираност, а со тоа и ограниченост на механизмите за заштита на работничките права. Работничките права во нашата држава и онака се меѓу најниските во Европа според релевантните меѓународни извештаи на оваа тема. Конкретно, најновиот извештај на Меѓународната конфедерација на синдикатите нас нè

оценува како земја во која „Владата и/ или компаниите прават сериозни напори за сузбивање на колективниот глас на работниците“. Од европските земји, Србија, Босна и Херцеговина и Романија се на исто ниво со нас, додека само Грција, Турција и Украина имаат послаб рејтинг во овој домен. Освен што правата се недоволни, истите честопати не се почитуваат. Според едно истражување на „Гласен текстилец“, во текстилната индустрија дури 40% од работниците се вработени на определено време, 60% од вработените работат по 50 часа неделно, при што дури 70% од нив не се платени за тоа. Според извештајот на Македонското здружение за заштита при работа за 2018 година, во таа година дури 33 лица починале од повреди стекнати при работа, што е еднакво на 4,3 смртни случаи на 100.000 вработени, што е второ највисоко ниво во Европа и е речиси три пати повисоко од европскиот просек од 1,6. Ова укажува дека работните услови се лоши и дека не се почитуваат мерките за заштита при работа. Државните институции кои се задолжени за заштита на работничките права, како Државниот


31

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095


МАРТ 2021

32 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

инспекторат за труд и судовите, не го прават тоа на задоволителен начин. Според едно истражување на Хелсиншкиот комитет за човекови права, дури 64% од анкетираните работници изразиле целосно незадоволство од работата на Државниот инспекторат за труд, а 13% делумно незадоволство. Дури 50% од испитаниците се изјасниле дека воопшто не се задоволни од работата на основните судови, а 17,2% одговориле дека делумно не се задоволни. Во отсуство на истражувања и процени за потенцијалите за далечинска работа и работа од дома во национален контекст, потребно е детално да се земат предвид можностите кои ги нудат флексибилните форми на работа, но исто така и ризиците кои тие ги носат со себе. Како што укажува и Меѓународната организација на трудот (2020) зголемената потреба за работа од дома, за време и по кризата предизвикана од Ковид-19, наметнува обврска владите да обезбедат дека оние кои работат од дома, имаат исти права и придобивки како да работат на местото на нивните работодавци, вклучително еднаквост на третманот при исплата и други услови за работа. Согласно податоците истакнати во Националниот извештај за прилагодување на индустриските односи кон новите облици на работа „недоволната законска уреденост на работата од дома има негативни ефекти врз работењето на повеќе индустрии, особено врз индустријата на информатичко-комуникациската технологија, што ги прави компаниите неконкурентни на пазарот бидејќи не се во можност да ги исполнат барањата на работниците, а се соочуваат со недостаток на квалификувана работна сила која се отселува, пред сè заради квалитетот на животот и подобрите услови за работа во странство“ (Трајковски, 2019, стр. 107). Во таа насока, потребно е прецизирање на одредбите на Законот за работни односи во однос на договорот за вработување за работа од дома, како и другите нестандардни форми на вработување, заради утврдување на правата и обврските на вработениот и на работодавецот, како и обезбедување можност истите да бидат применливи во пракса.

Заклучок

И покрај сите структурни промени и трансформацијата на економијата и економските активности, работната сила која е носител на трудот и понатаму останува еден од основните економски и развојни фактори што значително учествува во создавањето на БДП во нашата држава, а растот на економијата, односно на БДП, во значителен дел се должи на маргиналниот придонес токму на трудот, особено мануелниот и пониско квалификуваниот во неколку значајни дејности за економијата како што се земјоделството, градежништвото, преработувачките и трудоинтензивни индустриски гранки. Секако, растот на економијата се должи и на учеството на најсовремените и најдоходовните дејности и гранки на економијата каде што учеството на знаењето и врвните вештини на работната сила (човечкиот капитал)

се клучни, а тоа се услужните дејности (здравството, образованието, финансиските услуги, науката, консултантските услуги, креирањето на софтверот и други) и производството на високотехнолошки производи што се интензивни во знаење (ИКТ производи, фармацевтски, дигитални уреди, софистицирана опрема и слично). Работната сила во Северна Македонија нема изразени карактеристики на работна сила со висока количина на човечки капитал заради релативно пониското ниво на образование и вештини што ги поседува. Нејзината трансформација кон работна силна со високо ниво на човеков капитал мора да е една од главните задачи на економската и особено образовната политика на среден, долг и многу долг рок. Недостатокот на квалитетна работна сила и човеков капитал во иднина можат дополнително да бидат предизвикани заради трендовите на намален, па дури и негативен природен прираст на населението и неговите негативни салда на механичко движење (иселување). Заедно со постојниот природен процес на стареење на населението, тоа може да биде еден од клучните фактори што ќе влијае на состојбата на пазарот на РС преку долгорочното нарушување на нивоата на понуда и побарувачка на работна сила од страна на економијата. Не треба да се исклучи ниту веројатноста дека на Северна Македонија ќе и биде потребна и дополнителна работна сила, особено онаа со ниски квалификации за одредени традиционални дејности, но и онаа со највисоки квалификации и вештини во најсовремените дејности за што регионалните и глобалните пазари, вклучувајќи ги и оние на работна сила, ќе бидат поповолни. Ваквите состојби делумно можат да се надминат со забрзани и значајни структурни промени на економијата што ќе се поткрепат со активно државно, но и индуцирано пазарно насочување на понудата на работна сила кон нова понуда на висококвалитетна работна сила со високо количество на знаења и вештини, за што се потребни коренити промени во формалниот и неформалниот образовен процес, а која ќе може да го компензира недостатокот на работна сила во едни дејности и гранки (нискодоходовните и трудоинтензивните) со поголема понуда во високодоходовните дејности и гранки што апсорбираат РС што е интензивна во знаење. Тековните и среднорочните проблеми со постоењето на работна сила со ниски и средни квалификации ќе мора да се компензира со одржување на трудоинтензивните дејности сè додека преостанатата постојна работна сила со пониски квалификации природно не се трансформира и замени со новата со високо ниво на човеков капитал. Во доменот на работничките права, потребни се поголем број промени на среден рок, меѓу кои и носење нов Закон за работни односи во насока на обезбедување поголема заштита за работниците. Двата најголеми проблема со кои се соочуваат работниците, се ангажирањето со договори на

определено време кое ги држи во неизвесност, и прекувремената работа која не им е платена. Затоа, во новиот закон е особено важно да се скрати времетраењето на ангажирањето работници со договори на определено време кое сега изнесува 5 години, на 6 месеци или 1 година, како и да се воспостави регистар за прекувремени работни часови, за да се намали можноста работниците ангажирани вака, да не бидат плаќани за тоа. Паралелно неопходно е вложување во Државниот инспекторат за труд, и во опрема и во нови вработувања, со цел да се подобрат неговите човечки и технички капацитети, со што тој би можел да работи попрофесионално. Секако, неизбежно е и фокусот врз подобрување на работата на судовите од областа на трудовото право. Анализата на трендовите на македонскиот пазар на труд укажува на загриженоста дека комбинираното влијание на демографските фактори и структурната неусогласеност меѓу понудата и побарувачката влијае врз флексибилноста и мобилноста на работната сила. Меѓутоа, податоците за изминатите циклуси на вработеност и актуелните демографски движења не се доволни предиктори за идните потреби од и за работна сила. Политиките кои влијаат на пазарот на труд, не се доволно засновани на национално репрезентативни истражувања и податоци. Освен Анкетата за работна сила, која дава пресек на актуелните состојби на пазарот на труд, не се спроведени дополнителни истражувања засновани на хармонизирана меѓународна методологија, ниту актуарски проекции, кои би поттикнале нови правци во креирањето на политиката на пазарот на труд. Во таа насока, спроведување на попис на населението е итно неопходно, како основен предуслов за процена на обемот и структурата на населението. Дополнително, потребни се национално репрезентативните процени за можниот недостаток на вештини и квалификации на пазарот на труд, засновани на проекции за идните движење на националната и глобалната економија, наместо на субјективните перцепции на актуелните работодавци. Усогласувањето на вештините со потребите на побарувачката, како и споменатото искористување на потенцијалот од мигрантските бранови како можна работна сила, нема да биде возможно без подобрени податоци и истражувања за идните потреби и можности на националниот и локалниот пазар на труд. Политиките на пазарот на труд засновани на цврсти и хармонизирани податоци може да придонесат за олеснување на креативната соработка помеѓу сите што се засегнати: индивидуи, образовни институции, работодавци, како и владите на сите нивоа. Во таа насока, постигнувањето на продуктивно општество, со флексибилна, високо мотивирана работна сила, дури и во услови кога тоа старее, би било полесно остварливо. nnn


и сец е м т 36ксна кама на фи

ка стап

оци рош ње т з е Б ва обру д о а з

до ајте р и ц Апли ви март 31-

НЛБ Потрошувачки кредити

Која е за Вас добитната haPPy комбинација? Аплицирајте за НЛБ Потрошувачките кредити без трошоци за одобрување, со фиксна каматна стапка за првите 36 месеци и можност да добиете НЛБ haPPy кредитна картичка! Понудата трае до 31-ви март! • Брза и едноставна процедура. • Поволни услови.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА ВИОЛЕТОВ ПЛУС ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ Износ: 600.000 МКД, каматна стапка 5,2% фиксна за првите 36 месеци (СВТ: 6,59%), рок на отплата 120 месеци, 0% манипулативни трошоци, 600 МКД трошок за апликација, месечен ануитет: 6.424 МКД, вкупен износ за враќање: 809.528,00 МКД. *Каматната стапка од 5,2% е фиксна за првите 36 месеци, за остатокот од периодот каматната стапка е варијабилна и во моментот изнесува 6,33% (НРКС + 5% фиксен додаток). Висината на НРКС (национална референтна каматна стапка) се утврдува на месечно ниво и истата се објавува на веб страната на НБРСМ секој 25-ти во месецот. ** Во пресметката за СВТ кај Виолетовиот плус потрошувачки кредит е вклучен износот на Ризико полисата.


34 СВЕТ

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ОПТИМИЗМОТ ЗА ВТОРАТА ПОЛ НА ГОДИНАТА Е РИЗИК ЗА ПАЗА Економските показатели за првиот квартал ќе бидат полоши од очекуваните, главно заради услужниот сектор, а најновите економски податоци од Кина се исто така полоши од очекуваните, но останува фактот дека тие сè уште се во зоната на раст. Новиот петгодишен план во Кина става уште поголем акцент на помалку еколошката технологија и индустрија и поголема тежина на домашната потрошувачка. Оптимизмот за втората половина на годината останува на високо ниво во светот, што може да претставува одреден ризик за пазарите, бидејќи очекувањата се многу големи. ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС

П

(редакциска опрема Капитал)

андемијата минатиот месец бележеше добар пад и забавување, но податоците од минатата недела веќе не се толку оптимистички. Графиконите за бројот на новозаразени покажаа нагорен тренд на глобално ниво, ситуацијата во моментов е најтешка во Латинска Америка, но во Европа и некои азиски земји се покажуваат трендови кои не се најперспективни. Ограничувањата на јавниот живот остануваат во голема мера, но охрабрувачки во целата приказна е тоа што во моментот мерките во голема мера повеќе не се заоструваат, иако нивната употреба е продолжена до

крајот на март и почетокот на април. Нова пресвртница со отворањето може да се случи по Велигден. Вакцинацијата продолжува, но практично насекаде е побавна од очекуваната и постојат сомневања за успехот на вакцините против новите видови на вирусот. Фајзер во понеделникот објави дека нивната вакцина, во лабораториска средина и на вештачки одгледуван вирус, многу сличен на новите мутации што се појавуваат во светот и така дејствува успешно. Ќе видиме каква ќе биде состојбата на теренот. Бидејќи мерките за ограничување на ширењето на вирусот продолжуваат сериозно да ја попречуваат економската активност, особено во услужниот сектор, земјите се обидуваат да го надополнат прекинот со стимулативни мерки. Во САД, Сенатот конечно одобри

нов огромен пакет од 1,9 трилиони долари, што опфаќа и директна финансиска помош за семејствата и деловните активности, како и широка програма за инвестиции, особено во инфраструктурата и зелената економија. Ова продолжува да ги зајакнува очекувањата за инфлација и следствено да ги зголемува цените на материјалите и енергијата на нови, повисоки нивоа. За прв пат од пандемијата, нафтата ја надмина вредноста од 70 долари за барел, а ОПЕК очигледно засега нема намера да ги зголемува квотите. Економските показатели за првиот квартал ќе бидат полоши од очекуваните, главно заради услужниот сектор, а најновите економски податоци од Кина се исто така полоши од очекуваните, но останува фактот дека тие сè уште се во зоната на раст. Новиот петгодишен план


35

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

АКЦИИТЕ НАДВОР ОД ТЕХНОЛОШКИОТ СЕКТОР СЕ ПОПРИВЛЕЧНИ Во рамки на акциите, ротацијата помеѓу индустриите продолжува. Најатрактивните последниве недели се енергијата, материјалите, финансиите и индустријата. Диверзификацијата на портфолиото е итна. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските евалуации, особено во сегментите на пазарот каде се очекува силна промена во деловното опкружување на подобро заради вакцините или влијанието на новите политики.

ЛОВИНА АРИТЕ во Кина става уште поголем акцент на помалку еколошката технологија и индустрија и поголема тежина на домашната потрошувачка. Оптимизмот за втората половина на годината останува на високо ниво во светот, што може да претставува одреден ризик за пазарите, бидејќи очекувањата се многу големи. Влијанието на веројатно побавното отворање од очекуваното врз економијата и економските индикатори е потценето.

Лоша седмица за технолошките компании

Пазарите на капитал минатата недела продолжија со многу дивергентни трендови. Пазарите на обврзници продолжија да паѓаат, а американската 10-годишна обврзница ја проби границата од 1,5%, а германската -0,3%. Дури и коментарите на централните банкари, особено на шефот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, беа многу технократски и не ги смирија пазарите. Очекувањата за инфлација, покрај очекувањата за отворање економии, продолжуваат да бидат главните вести што ги движат пазарите. Продолжува ротацијата од брзо растечки технолошки компании во други, циклични и т.н. инвестиции со вредност. Симбол на див раст и абнормални вреднувања. Така, Тесла

Развојот на пандемијата, стимулативната поддршка од страна на владите и ликвидноста од страна на централните банки ги обликуваат берзите. Овие фактори принудуваат повисоко ниво како резултат на плимата на ликвидност и ротацијата помеѓу инвестициите. Во последниве недели, прашањето за инфлацијата дојде до израз. Акциите на компаниите од областа на технологија и е-трговија и работа од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот, но со многу високи проценки, претпазливоста не е излишна и инвеститорите се повеќе склони да остваруваат профит. Индустријата е во областа на долго очекуваната корекција. Историски скапите обврзници и негативните приноси од банкарски продукти продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите првенствено во инвестиции во акции. Долгорочните обврзници се помалку привлечни во последните неколку недели поради страв од инфлација. Во рамки на акциите, ротацијата помеѓу индустриите продолжува. Најатрактивните последниве недели се енергијата, материјалите, финансиите и индустријата. Диверзификацијата на портфолиото е итна. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде се очекува силна промена во деловното опкружување на подобро заради вакцините или влијанието на новите политики. На пример, сè што е поврзано со почиста животна средина и поодржлив начин на живеење. Но, дури и овде потребна е претпазливост, бидејќи проценките на некои места се ирационални. Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на стимулативниот пакет, кој е повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и еколошкиот живот. Тежината во форма на индивидуални учества треба да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Тука главно се вклучува здравството, индустријата и негата, а Азија и Европа се издвојуваат меѓу регионите. Енергијата и материјалите се споменуваат како заштита од инфлација во последните неколку недели, проценките сè уште не се претерани во оваа индустрија, така што ова може да биде интересен зачин во портфолиото и преку индустрискиот и преку регионалниот пристап (Латинска Америка, Русија), но сепак потребно е внимание потребно поради осцилации на валутите. Инвеститорите со долги цели на заштеда потребно е да издржат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почистата енергија, водењето деловни активности во согласност со општествените норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ЕСГ се долгорочни трендови, а фокусирањето на долгорочните трендови историски е важна компонента на постигнување натпросечни приноси.


36 СВЕТ

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Во САД, Сенатот конечно одобри нов огромен пакет од 1,9 трилиони долари, што опфаќа и директна финансиска помош за семејствата и деловните активности, како и широка програма за инвестиции, особено во инфраструктурата и зелената економија. Ова продолжува да ги зајакнува очекувањата за инфлација и следствено да ги зголемува цените на материјалите и енергијата на нови, повисоки нивоа. За прв пат од пандемијата, нафтата ја надмина вредноста од 70 долари за барел, а ОПЕК очигледно засега нема намера да ги зголемува квотите.

изгуби скоро 40% од својата вредност за нешто повеќе од 14 дена. Некои други технолошки компании исто така забележаа загуби и како резултат на тоа, главниот технолошки индекс Nasdaq падна за 11% од врвот, влегувајќи во зона на корекција. Од друга страна, индексот Dow Jones на 30 најголеми американски компании, кој вклучува само неколку преценети технолошки компании, постави нов рекорд. Ова укажува на интерес на инвеститорот за други индустрии. Во последниве недели, енергијата, материјалите и индустријата се во првите редови. Оваа ротација е особено силна во Европа, каде учеството на високо - технолошките компании е помало па поради тоа, европските индекси ги надминуваат индексите на САД. Во Европа, практично, сите индекси се на рекордно ниво. Покрај ротацијата, причините може да се најдат и во пониските проценки и прилично малата застапеност на овие акции во портфолиото на глобалните инвеститори. Затоа Европа станува нов миленик на инвеститорите на глобалниот пазар на капитал. Но, како што покажува историјата, оваа љубов може брзо да олади. Ѕвездата на првите два месеци Кина изгуби сè што стекна оваа година за само 14 дена. Главниот кинески индекс CSI300 повторно е во црвено по брз пад од повеќе од 15%. Причините се повеќеслојни, но најголемиот дел од „вината“ може да се припише на кинеските власти и нивната желба да го забават растот и да не го зголемуваат меурот. nnn

Очекувањата за инфлација, покрај очекувањата за отворање економии, продолжуваат да бидат главните вести што ги движат пазарите. Продолжува ротацијата од брзо растечки технолошки компании во други, циклични и т.н. инвестиции со вредност. Симбол на див раст и абнормални вреднувања. Така, Тесла изгуби скоро 40% од својата вредност за нешто повеќе од 14 дена во периодот февруари – март.


За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 02 5102 106 02 5102 108

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


МАРТ 2021

38 ПРЕТПРИЕМНИШТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

10

С

КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

Сликата за претприемачот многу често се идеализира. Повеќето сметаат дека тие се големи лидери кои ги смислуваат сите најдобри идеи и имаат тимови кои слепо го прати секој нивни збор. Понекогаш тоа е навистина така, но во поголемиот број случаи претприемачите работат многу напорно со тимот со цел заедно да ги смислат, а потоа и да ги реализираат добрите идеи. Во овој процес клучен фактор е добрата комуникација. Таа одредува дали некој претпримач ќе биде успешен, бидејќи и најдобрите идеи можат да пропаднат ако комуникацијата е лоша и преполна со грешки. Притоа, комуникацијата не е само

разгова-рање, туку таа подрабира неколку клучни вештини кои претприемачите мораат да ги усвојат. Според Enterpreneur ова се клучните вештини кои претприемачите мора да ги совладаат за да имаат успешна комуникација.

n Јасен разговор

Разговорот е основа на комуникацијата и неговата важност никако не смее да се занемари. Дури и едноставен, пријателски разговор со вработените може да изгради меѓусебна доверба, но и да открие некои проблеми пред тие да станат преголеми и пресериозни. Здрава доза на разговарање со непозната личност исто така може да доведе до некоја деловна прилика. Бидете попристапни, пријателски настреоени, бидејќи така ќе можете да разговарата со сите.

n Говор на телото

Добар дел од комуникацијата е невербален, па заради тоа усовршувањето на говорот на теловот е нужност. Во секој момент е битно држењето на телото- бидете

исправени, било да седите или стоите, рамениците повлечете ги малку наназад, а главата држете ја високо и исправено. Луѓето гледајте ги право во очи и немојте да се мрштите. Рацете не ги држете во џебови. Ова се само основи за тоа како треба да го држите телото. Со усовршување на говорот на тело можете да имате контрола врз секоја ситуација.

n Пишување

Не морате да бидете Мерсел Пруст, но треба да научите да пишувате директно и силно. Сигурно често користите и електронска пошта во комуникацијата, па затоа е важно да знаете како јасно и толно да ги артикулирате своите мисли преку овој медиум со што помалку грешки и нејасностии. Најлесно ќе го подобрите своето пишување ако редово читате книги и друга литература.

n Презентирање

Претприемачот многу често може да има потреба да врши презентации на своите идеи и на работењето во повеќе формати. Можеби ќе треба да ги презентирате


39

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Во деловниот свет преговорите се секојдневие, па затоа важи правилото дека колку што сте подобри во преговорите, толку сте подобри во бизнисот. Според Enterpreneur ова се клучните вештини кои претприемачите мора да ги совладаат за да имаат успешна комуникација.

финансиските извештаи на партнерите или на некои заинтересирани инвеститори.Или можеби ќе треба да ги презентирате вашите услуги и производи на заинтересираните клиенти. Можеби дури и ќе треба да одржите говор на некој саем за претприемништво. Во сите наведени сличаи кога презентирате ви е неопходна јасност, концизност, самоувереност и држење на телото.

помеѓу двајца вработени, околу тоа чија била одговорноста да се заврши некоја работа. Или можеби двајца различни добавувачи ќе влезат во конфликт заради грешка во комуникација. Во секој случај, морате да ги сослушате двете страни и да им помогнете да ги решат своите проблеми.

n Преговарање

Дебатирањето не значи карање. Може да биде и здрава расправа за две или повече опцоо во опкружувањето полно со меѓусебно почитување. Целта на дебатата не е секогаш да се порази противникот, клучно е да се изнесат вашите мислења и убедувања на најдобар можен начин. Така на вложувачите, партнерите и вработените полесно ќе им ги разјасните своите идеи.

Во деловниот свет преговорите се секојдневие, па затоа важи правилото дека што сте подобри во преговорите, тоа сте подобри во бизнисот. Полесно ќе успеете да обезбедите добри услови за изнајмување на канцеларија, да плаќате поразумни плати на вработените и да добиете подобри понуди од клиентите. За ефикасно преговарање не се важни за вистинските зборови, туку битен е и тајмингот, познавањето на клучните факти и секако самоувереноста.

n Посредништво

Иако поретко ќе бидете посредник отколку говорник, понекогаш ќе треба да решите одредени конфликти. Можеби ќе требате да разрешите некој конфликт

n Дебати

n Водење

Лидерот има многу одговорности, но во комуникацијата е најважно да оддавате самодоверба, доверб и страст. Луѓето ќе ги инспирирате со секојдневни пораки, јавни и приватни, и клучно е да се држите како лидери, со цел да го одржите својот моќен имиџ.

n Претприемачот мора

да биде поливалентен

Денеска постојат различни платформи за комуникација –телефонски повици, смс, електронска пошта, видео разговори, инстант пораки, Фејсбук, и треба да одберете која е насоодветна во која ситуација. Изборот на вистински медиум е многу важно.

n Слушање

Слушањето е веројатно најважна комуника-циска вештина, бидејќи е применлива во многу ситуации. Активното слушање помага во разговорот, дебатите, водењето, преговарањето и просредувањето, бидејќи со нив покажувате промисленост, емпатија и ангажираност на луѓето околу себе. Кога ќе ги совладате овие 10 клучни комуникациски вештини, ќе имате подобри изгледи да успеете како претприемач и бизнисмен. Како и кај секоја друга вештина, ниту комуникацијата не може да се усоврши без пракса. Затоа трудете се што повеќе можете и бидете свесни за секој свој настап.

nnn


40 ЛИДЕРИ

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

МУХТАР КЕНТ

ПОРАНЕШЕН ШЕФ НА COCA - COLA COMPANY

БРЕНДОТ ЗНАЧИ ВЕТУВАЊЕ. ДОБАР БРЕНД ЗНАЧИ ИСПОЛНЕТО ВЕТУВАЊЕ

Роден во Њујорк пред 68 години во семејството на турски дипломат, Мухтар Кент најголемиот дел од својата кариера го има поминато во светскиот гигант за производство на пијалаци, Coca - Cola. Од 2009 година до мај 2017 Кент беше главен извршен директор на корпорацијата, со што стана еден од најплатените менаџери во светот, со преку 25 милиони долари годишна плата.

На потрошувачите не им е повеќе битно само производот да е добар, тие сакаат да купуваат од компании што се раководат според нивните сопствени вредности.

Во време на економска криза, потрошувачите се приклонуваат кон брендови кои што ги саакат и им веруваат.

Coca – Cola единствен бизнис во светот за кого што ко ќе кажеш дека работиш за оваа компанија, кај и да си, никој нема да те праша, “а што е тоа?“

Ако постои избор помеѓу вода од чешма и пакувана вода, потрошувачот може да го направи тој избор. Во голем дел од светот, тој избор не постои.

Без инвестиции нема раст, а без раст нема вработеност.

Најдобрите идеи се надвор од нашата компанија. Нема утре без денес.

Брендот значи ветување. Добар бренд значи исполнето ветување.


41

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

РЕКОА ЗА... НЕУСПЕХОТ И СТРАВОТ ОД НЕГО

СÈ ШТО ПОСАКУВАТЕ СЕ НАОЃА ОД ДРУГАТА СТРАНА НА СТРАВОТ Се чини дека неуспехот е повеќе “популарен“ од успехот. Или барем ние така претпочитаме да го перцепираме. Неуспехот се обидуваме да го избегнеме по секоја цена, но вистината е дека нема успех без неуспех. Тој е патот по кој мора да изодиме во исполнување на нашите соништа. Неуспехот е многу битен. Треба да се искористи како пат до постигнување успех. Среќавам луѓе што се плашат да се обидат било што заради стравот од неуспех.

Болката заради неуспехот е привремена. Но, откажувањето трае вечно.

ЛЕНС АРМСТРОНГ поранешен шампион во велосипедизам

Џ.К.РОУЛИНГ

авторка на серијалот книги за Хари Потер

Врз неуспесите ја градите својата цврстина. Не гледајте во минатото. Не трудете се да ги заборавите грешките, но немојте да очајувате заради нив. Тие не смеат да ја цицаат вашата енергија.

Единствената вистинска грешка е онаа од којашто ништо не научуваме.

ХЕНРИ ФОРД

основач на компанијата Форд

ЏОНИ КЕШ

американски музичар

Победниците не се плашат од губење. Но, губитниците се плашат. Оние што избегнуваат неуспех, избегнуваат и успех исто така.

Неуспехот е тој што ти дава вистинска перспектива за успехот.

РОБЕРТ КИОСАКИ мотивациски автор

ЕЛЕН ДЕЏЕНЕРИС

американска ТВ водителка и глумица


Најбрзиот мобилен интернет насекаде во Македонија потврдено со мерењата на АЕК Сурфајте и истражувајте на најбрзата мобилна мрежа! А1 ви овозможува најбрз мобилен интернет насекаде во Македонија, потврдено со мерењата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Измерените параметри за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги за 2020 г. потврдуваат дека нашата мобилна мрежа има најдобри резултати за брзина на пренос на податоци. Брзината на мобилниот интернет на А1 е супериорна во 28 од вкупно 30 населени места, како и на сите патни правци, односно делници, каде се спроведени мерењата. Дополнително, покрај најбрзиот мобилен интернет, мобилната мрежа на А1 бележи и најдобри резултати за успешно реализирани и непрекинати повици, како и најдобар квалитет на говор. За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234 или посетете ја нашата веб страница www.A1.mk

www.A1.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.